Auto Focus 88 (Preview)

Page 1

30

КАЛЕНДАР 2015 СО МОДЕЛИТЕ НА OPEL

денари

НАЈВАЖНИТЕ

Áðî¼ 88 • £ÀÍÓÀÐÈ 2015

премиери оваа година

СИТЕ НОВИ

ЈАНУАРИ 2015 30 ДЕНАРИ

МОДЕЛИ ВО 2015

ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ПРВИ ВО МЕСЕЦОТ

Мини PHAETON

40

НОВИ ! МОДЕЛИ

ЕКСКЛУЗИВНИ

AUDI PROLOGUE AUDI Q7

MERCEDES GLE COUPE

ФОТОГРАФИИ

CITROEN C5 CITROEN C4

TUV 2015 ИЗВЕШТАЈ

НАЈДОБРИТЕ И НАЈЛОШИТЕ

CITROEN C3

OPEL CORSA

Jeep Cherokee

Mazda CX-5

Nissan X-Trail

4 КРОСОВЕРИ ВО ДИРЕКТЕН ДУЕЛ

ТЕСТ НА КОНЕКТИВНОСТ 10 МОДЕЛИ ОД СРЕДНАТА КЛАСА

HAMACHI FLASH 200

Toyota RAV4

Audi A4 • Hyundai i40 • Infiniti Q50 • Lexus IS • Mazda 6 • Mercedes C-Class • Opel Insignia • Peugeot 508 • Renault Laguna • Skoda Octavia

AUTOBEST ЗА 2015

Престижното признание за петтата генерација на бестселерот


Фото на бројот Сериозен комплимент за новата генерација

Mondeo ќе одржува подобра цена од BMW 3 Series! Колку ќе вредат моделите од средната класа Цена

По 3 години и 50.000 км

% на вредност во однос на продаж. цена

Ford Mondeo 2.0 TDCi ECOnetic

22.490

13.025

42,7%

VW Passat 2.0 TDI BM **

23.740

9.600

41,6%

Audi A4 2.0 TDI

27.545

10.550

38.3%

BMW 318d SE

27.620

10.175

36,8%

Модел

• Цените се однесуваат на британскиот пазар и се изразени во фунти ** Пресметката се однесува на досегашната седма генерација на Passat Извор: CAP Automotive

Оваа проценка на CAP Automotive вели дека Ford Mondeo ќе има поголема повратна вредност по тригодишно користење од Volkswagen Passat, но и премиум моделите BMW 3 Series и Audi A4.

ondeo со својата нова генерација конечно влегува во фаза на комерцијализација низ Европа, а тоа очигледно ќе биде повеќе од одлична вест за оние кои ќе го изберат најновото освежување во понудата на Ford.Покрај сите предности, новитети и сериозниот технолошки

М

4

Јануари • 2015

напредок, Ford Mondeo добива дополнителни поени на своја сметка врз основа на анализата на експертите од британската компанија, CAP Automotive.Истата покажува дека по три години од користењето, новата генерација на Mondeo ќе има за 2.220 евра поголема повратна

вредност од својот претходник во истата ситуација. Уште поинтересно е што оваа проценка вели дека Mondeo ќе има поголема повратна вредност по тригодишно користење од Volkswagen Passat, но и премиум моделите BMW 3 Series и Audi

www.autofocus.com.mk


A4.Вредноста на Mondeo со 2.0 TDCi ECOnetic мотор по три години или 50.000 километри ќе изнесува 42,7% oд продажната цена, потоа следува VW Passat Bluemotion со 41,6%, Audi A4 со 2.0 TDI мотор и повратна вредност од 38,3%, а на последното место е BMW 318d со 36,8%.Уште поголема предност Mondeo добива

www.autofocus.com.mk

и при поголема мината километража за истиот период (100.000 км со бензински мотор). Mondeo со 1.5 EcoBoost има повратна вредност од 36,1% од продажната цена, а најслабо котира Audi A4 1.8 TFSI со 31,4%. Го очекуваме одговорот на ривалите, односно новиот Passat, како и фејслифт верзиите на A4 и 3 Series.

Јануари • 2015

5


Актуелно

C5

[СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА]

Комплетно новата лимузина ќе порасне за 12 сантиметри до должина од 4,9 метри и ќе понуди многу повеќе простор и комфор за патниците со хидропневматската суспензија.

ФранцуСКа револуциЈа

Citroen 2015-2017 година во наредните три години, францускиот производител планира комплетно освежување на C семејството арката со шевроните годинава започнува со процесот на целосно реновирање на своето C семејство. Откако DS самостојно продолжува во премиум сегментот, Citroen планира да ја освежи својата понуда со уште подобри автомобили. Покрај препознатливата дизајнерска филозофија, француската марка ќе профитира и од сериозните инвестиции во нова технологија.

М

16 Јануари • 2015

Новата стратегија на PSA значи и пензионирање на модели како C-Zero, Nero Multispace и C4 Aircross кои нема да добијат наследници, но во гамата ќе се појави малиот C1 Urban Ride и компактниот SUV кој

ќе го носи името C2-XR. Извори од Citroen велат дека главна ѕвезда во понудата ќе биде комплетно новиот C3 кој ќе се најде во продажба на средината на следната година, комплетно менувајќи го својот стајлинг,

Иако нема да има сериозни промени во однос на димензиите, идниот C3 ќе ја користи платформата на Peugeot 208, со намалување на потрошувачката и Co2 емисијата

но и целосната понуда која ќе биде надградена во него. Иако нема да има сериозни промени во однос на димензиите, идниот C3 ќе ја користи платформата на Peugeot 208, со намалување на потрошувачката и Co2 емисијата.Главната улога во однос на бензинските мотори ќе ја има 1.2 e-THP, додека очекувано дизел изборот ќе се состои меѓу 1.6 BlueHDi со 75 и 100 коњски сили.


Актуелно

C2-XR

[НОЕМВРИ 2017 Г.]

Динамичен SUV чија основа ќе биде новата генерација на C3 и во понудата ќе биде поставен под актуелниот C4 Cactus.

C3 Picasso

[МАРТ 2017 Г.]

Комплетно реновирање на миниванот кој ќе го добие модерниот дизајн на постариот брат C4 Picasso и ќе ги врати загубените позиции во сегментот.

C4

[СЕПТЕМВРИ 2017 ГОДИНА]

Фејслифтот пристигнува годинава како најава за следната напредна генерација

Новата стратегија на PSA значи и пензионирање на неколку модели Доколку PSA реши да започне со сериско производство на модели со HybridAir технологијата, C3 ќе биде еден од моделите кои ќе ја користат. Покрај освежениот C4 кој ќе пристигне годинава, на саемот во Париз следната 2016 година ќе ја видиме и новата генерација на овој модел, а до крајот на 2017 година се најавени и новите генерации на C5 и Berlingo.

C3

[АПРИЛ 2016 ГОДИНА]

Новата генерација на C3 треба да биде чекор понапред, а како свои најсериозни адути ќе ги има атрактивниот дизајн и подобрите бројки во однос на потрошувачката и перформансите. Јануари • 2015 17


Актуелно

Мини Phaeton

(2018 година)

Volkswagen сака да добие дел од колачот кој го делат модели како BMW 5 Series и Mercedes E-Class. Но, тоа нема да се обиде да го добие ниту со Passat, ниту со Phaeton, туку со потполно нов модел кој ќе биде позициониран меѓу споменатите модели. Луксузниот хечбек седан со Passat лице ќе добие соодветни мотори, а првичната намена би му била реализација на добри бројки во Кина и САД.

Volkswagen експанзија германците со квалитет и квантитет во битка за глобална доминација

ко некому никогаш не му недостасувале амбиции и пред себе имал долгорочен план за подобра иднина, тоа е групацијата Volkswagen. Така е и на почетокот на 2015 година, Германците постојано се надминуваат себеси достигнувајќи нови граници со сите свои брендови, а сега главен приоритет им е глобалната битка со GM и посебно Toyota. Затоа и основниот бренд Volkswagen останува основа за рапиден прогрес и платформа на која компанијата ги покажува своите најнови технолошки достигнувања. Наредниве три години, ќе бидат лансирани нови

А

Германците постојано се надминуваат себеси достигнувајќи нови граници со сите свои брендови, а сега главен приоритет им е глобалната битка со GM и посебно Toyota 18 Јануари • 2015

генерации на неколку многу важни претставници во портфолиото, но и активирање на нови модели со кои ќе се освојуваат и нови купувачи за што подобри продажни бројки и поголем профит. Tiguan ќе биде произведуван во најмалку три изведби, Polo ќе добие и кросовер, додека Beetle останува авангарден и во новите планови на Volkswagen. Дополнително ќе биде јасен и технолошкиот напредок во новите генерации на Tiguan и осмата генерација на Golf, а VW работи и на уште подобри TDI мотори и DSG трансмисија.Експанзијата ќе биде изведена преку користење на заедничките модуларни платформи, а тоа сигурно ќе донесе позитивни резултати за производителот.За комплетирање на целиот процес, германскиот гигант за сите свои брендови, наредните пет години ќе инвестира 85,6 милијарди евра, а најголем дел од тие пари ќе бидат инвестирани во германската инфраструктура. www.autofocus.com.mk


Актуелно нови Членови

НА СЕМЕЈСТВОТО

Покрај постојаното подновување на актуелното семејство, Volkswagen ќе го искористи наредниот период и за зголемување на понудата, пред се во SUV сегментот каде и се очекуваат најдобри продажни бројки.

Tiguan (Декември 2015) Покрај тоа што ќе изгледа потрендовски и ќе добие попривлечен дизајн, главна предност на новиот Tiguan ќе биде користењето на MQB модуларната платформа. Во новото издание на компактниот SUV ќе бидат вклучени и најновите и најекономични мотори на групацијата, како и технологија која веќе ја користат Golf, па и Passat. Покрај класичната изведба, новата генерација на Tiguan ќе биде проширена и со XL верзија со седум седишта, како и Tiguan CC кој ќе ја добие сега многу популарната купе силуета во SUV сегментот. Нема да биде изненадување ако VW се реши и за GTI и GDT изведби.

Taigun • Кросоверот базиран на

Up ќе биде најмал SUV во семејството и ќе се произведува на јужноамериканска територија. Со своите димензии ќе им парира на утврдените конкуренти од оваа класа, а најинтересна ќе биде верзијата со 1.0 TSI мотор.

Polo SUV • Концептот Т-Roc го најави идниот модел кој би бил познат како Polo SUV. Ривалот на Peugeot 2008 и Renault Captur би требало да се најде во продажба до 2017 година.

Golf 8 (Март 2018) Актуелната генерација ги остварува посакуваните резултати и ја продолжи успешната традиција, но следниот период Volkswagen ќе го искористи за подготовка на уште подобра, осма верзија на бестселерот. Нов инфотејмент систем, подобри мотори и врвна технологија и безбедносни асистенти ќе бидат дел од пакетот кој може да се очекува од новиот Golf.

Polo (Април 2016) Малку порадикален изглед и дизајнерска најава за поголемиот брат. Polo во новата генерација ќе профитира и од подобрата аеродинамика и уште побогатата опрема која ќе им ја понуди на купувачите. Како што е и очекувано во оваа класа, Polo ќе биде уште поштедлив.

Beetle Dune Coupe • Гер-

манската икона во ново издание, кое овојпат ќе биде понудено и како купе, односно кабриолет. Во продажба од крајот на оваа година.

Touran (Јануари 2016) Моноволуменот неодамна доби освежување, но тоа ќе биде и последен фејслифт пред промоцијата на новата генерација. Исто како Tiguan, Touran се префрлува на MQB платформата и најавите се дека ќе профитира многу од намалувањето на тежината од околу 100 килограми. Ќе ги користи моторите на седмата генерација на VW Golf, а дел од нив ќе бидат комбинирани со погон на четири тркала. www.autofocus.com.mk

Bulli • Можеби некој не очекуваше, но VW сериозно размислува за сериско производство на концептот Bulli. Модерниот транспортер ќе биде уште еден корисник на MQB платформата. Јануари • 2015 19


Новитети

Mercedes GLE Coupe

GLE Coupe е класичен и директен ривал на BMW X6 и тоа е реалност која лесно се воочува

Mercedes со одгов Саемот во детроит е локација која Mercedes ја користи за својата прва официјална премиера. Годинава на ред е моделот GLE Coupe

UV сегментот продолжува со својот растечки тренд, а во 2015 година не очекува дополнителна експанзија на модели, дел од нив и во понудата на премиум брендовите. Mercedes-Benz влегува во новата година со објавени детали за својот нов модел GLE Coupe кој ќе биде дериват на идниот GLE, односно фејслифтот на актуелната ML-Class која ќе го продолжи својот животен век со освежување, но и ново име. GLE Coupe е класичен и директен ривал на BMW X6 и тоа е реалност која лесно се воочува, задржувајќи ги елементите кои досега се покажаа како добитна комбинација, додавајќи ги своите индивидуални квалитети во однос на дизајнот, дозата луксуз во ентериерот, технологијата и моторите. Со фузијата на SUV и Coupе,

S

20 Јануари • 2015

Mercedes атакува на помладите купувачи, а првите фотографии најавуваат навистина импресивен конечен производ кој во однос на базата, добива одреден реинженеринг и адаптација кон поспортско и поагилно однесување на патот, вклучувајќи ги и промените на суспензијата и односот на степените на пренос. Иако X6 традиционално добива комплименти поради формата на задниот дел, GLE Coupe се истакнува со вградениот спојлер и хромираната рамка под него, што е само надополнето со светлосните елементи кои потсетуваат на SClass Coupe. Во однос на димензиите, претставникот на Mercedes е за 9 милиметри подолг, 14 милиметри поширок, но и 29 милиметри повисок од X6. Во ентериерот, GLE Coupe не само што не заостанува, туку www.autofocus.com.mk


Mercedes-Maybach Mercedes GLES600 Coupe

Премиера Новитети

димензии

MERCEDES GLE COUPE

BMW X6

Височина: 1.731 мм

Широчина: 2.003 мм

Широчина: 1.989 мм

Меѓуоскино рас.: 2.933 мм Должина: 4.900 мм

Меѓуоскино рас.: 2.915 мм Должина: 4.909 мм

ор за X6 Mercedes влегува во новата година со промоција на GLE Coupe

обезбедува уште полуксузна кабина во која преовладуваат квалитетните материјали, а вклучено е и LED амбиентално светло. 8-инчниот екран на допир во формат на таблет е поставен на врвот на конзолата, нешто што можеби повеќе ќе им се допадне на купувачите од екранот кај X6 кој е вграден во конзолата. Инаку Mercedes GLE Coupe доаѓа со 9-степен автоматски менувач и погон на четири тркала на една дизел и две бензински изведби, а најмоќниот претставник ќе биде GLE 450 AMG Coupe со кого германскиот бренд ја промовира новата содржина во својата понуда, AMG Sport изведбите кои ќе бидат нешто помеѓу класичниот и AMG моделот. Дизел изведбата GLE 350d 4MATIC ќе располага со 258, а основниот бензинец GLE 400 4MATIC со 333 коњски сили. GLE 450 AMG coupe ќе располага со 367 коњски сили и распределба на моќта кон двете оски во однос 40-60 за разлика од преwww.autofocus.com.mk

Височина: 1.702 мм

Во однос на димензиите, претставникот на Mercedes е за 9 милиметри подолг, 14 милиметри поширок, но и 29 милиметри повисок од BMW X6

8-инчниот екран на допир во формат на таблет е поставен на врвот на конзолата

Дизел изведбата GLE 350d 4MATIC ќе располага со 258 КС

останатите две изведби кај кои односот е 50-50. Би ни требале неколку страници за само да ги наброиме вклучените содржини кај GLE Coupe, но меѓу најважните се новата понапредна верзија на AIRMATIC воздушната суспензија, варијабилниот амортизација и DYNAMIC SELECT сетирањето кое овозможува пет различни модалитети на возење. Во однос на практичноста, багажниот простор на новиот GLE Coupe располага со капацитет од 670 литри, што секако прави разлика во однос на 580 литри кај X6.

Со GLE 450 AMG Coupe, германскиот бренд ја промовира новата содржина во својата понуда, а тоа се AMG Sport изведбите

AUDI

го потврди Q8 Откако BMW го скрши мразот со X6, a Mercedes подготви одговор со новиот GLE Coupe, во друштвото ќе се приклучи и Audi. Медиумите веќе ги објавија првите рендери за новиот модел Q8 чие сериско производство е потврдено од раководството во Инголштад, а автомобилот ќе се најде во продажните салони во 2018 година.Основата ќе биде новата генерација на Q7, а Q8 ќе биде SUV со поспортски изглед и со должина поголема од пет метри. Предвидена е и моќна RS изведба, а нема да биде изненадување и плаг-ин хибрид како дел од новото семејство.

Јануари • 2015 21


40

НОВИТЕТИ ВО 2015 Над 100 нови модели ќе пристигнат на европскиот, па и македонскиот автомобилски пазар оваа 2015 година. Помалку или повеќе, секој сегмент ќе донесе интересни премиери, или комерцијализација на автомобили кои веќе дебитираа во последниот квартал од претходната година. Трендовите нема премногу да се променат и оваа календарска година, па најмногу нови модели и освежувања се најавени во SUV сегментот и посебно меѓу кросоверите.

СУПЕР НОВИТЕТИ Audi A1

Hyundai i20

Citroen C4

Откако докажаа дека заслужено добиле место во Audi семејството, А1 и A1 Sportback ќе добијат освежување со што ќе ја добијат најновата технологија и безбедносни асистенти, како и нови или ревидирани мотори. Гаранција за успех се досега продадените 500.000 примероци од појавувањето на моделот.

Супермини моделот доаѓа во ново пакување. Ова повеќе се однесува на технологијата и механиката, отколку дизајнот, каде i20 ги задржува класичните линии, комбинирајќи ги со трендовски елементи. Ќе понуди бензински мотори со распон од 75 до 100 и дизел мотори со 75 и 90 кс.

Уште еден фејслифт за C4 со кој Citroen дополнително ќе го дотера својот компакт кој ќе добие мало освежување во однос на најновата технологија, инфотејмент системот и економичноста на моторите. Новитет ќе биде LED технологијата на предните, како и 3D ефектот на задните светла.

Opel Karl

BMW 1 Series

Германците решија да ја комплетираат својата понуда во A/B сегментот со автомобил кој е помал од Corsa и значително подостапен од Adam. Karl ќе биде мини автомобил како спој на модерното, економичното и практичното, спакувано во атрактивен дизајн. Како основа ќе биде искористена новата генерација на Chevrolet Spark. 24 Јануари • 2015

Освежување на премиум компактот кое ќе биде претставено уште на почетокот на годината и ќе биде последен фејслифт пред новата генерација. Со најновиот iDrive систем, поекономични мотори и мали дизајнерски интервенции, 1 Series ќе продолжи со својата офанзива.

Корејскиот адут во супермини класата во комплетно ново руво

Трендовите нема премногу да се променат и оваа календарска година, па најмногу нови модели и освежувања се најавени во SUV сегментот и посебно меѓу кросоверите Мини и Супермини Компакти Средна класа SUV Моноволумени Комби Спортски Луксузни www.autofocus.com.mk


Новитети во 2015

Новитети

Honda Civic Type R Заедно со фејслифтот на Civic, ќе стигне и долго очекуваниот нов Type R. Жешкиот хечбек ќе воодушевува со речиси 300 КС од 2.0 литарскиот i-VTEC мотор.

Peugeot 308 GT

Европскиот автомобил на годината доживеа очекуван комерцијален успех со оглед на квалитетите кои ги поседува. Оваа година пристигнува освежување за оние кои сакаат уште подобри перформанси, а GT изведбата ќе биде достапна со 1.6 литарскиот бензинец (0-100 км/ч за 7,5 секунди) и 2.0 литарскиот BlueHDi дизел агрегат.

Opel Astra Компактот ќе дебитира со новата генерација во Франкфурт и ќе го очекуваме во нашата земја на почетокот на следната година. Со намалена тежина од 100 килограми и меѓуоскино растојание од 2,7 метри, понудата на Astra ќе започнува со 1.0 литарскиот бензинец со три цилиндри и силина од 90 и 115 кс.

Renault Megane

Четвртата генерација на францускиот компакт ќе биде претставена до крајот на оваа година. Поставен на CMF2 платформата, најавен е со намалена тежина и нова генерација мотори со три и четири цилиндри. Футуристичкиот дизајн останува заштитен знак, а Французите ветуваат и помоќна спортска изведба.

Hyundai i30

Освежувањето на комплетната понуда на i30 доаѓа со порафинирани и поштедливи мотори, промени на дизајнот и додавање на i30 Turbo изведбата. Корејците го истакнуваат економичниот 1.4 литарски бензинец и нов 7-степен автоматски менувач.

www.autofocus.com.mk

Alfa Romeo Giulia

Футуристичкиот дизајн останува заштитен знак

Во 2015 година се очекува наследникот на Alfa Romeo 159, моделот кој веројатно ќе го носи името Giulia. Со големо значење за марката, Giulia ќе биде интересен нов член на средната класа и ќе донесе сериозна свежина во сегментот. Претставувањето го очекуваме во третиот квартал, а почетокот на продажбата на стартот на следната година.

Audi A4

Со дебито во Женева ќе бидат познати сите детали за автомобилот кој ќе ја користи MQB платформата. Со многу нова технологија, долг список системи за асистенција, нови поекономични мотори и помала тежина, A4 ќе биде еден од најинтересните новитети оваа 2015 година.

BMW 3 Series

DS 5

Покрај дизајнерското освежување, новитет на фејслифтот на „тројката“ ќе биде додавањето на трицилиндерски мотори во понудата. Најавена е и хибридна верзија која ќе користи 2.0 литарски бензинец, а во понудата ќе бидат вметнати и адаптивни LED светла.

Збогувањето со шевроните на Citroen и доминацијата на DS логото на маската само ќе го официјализираат осамостојувањето на DS. DS 5 ќе добие освежување во однос на и онака атрактивниот дизајн и BlueHDi мотори со EURO 6 норми

Јануари • 2015 25


tuv извештаj 2015 Dacia Logan Евтиното може да испадне скапо на подолг рок. Барем кога ќе ги видите резултатите од главниот тест

Романски гигант на дефекти

Dacia Logan

Производс тво: од 2005 до 2009, MC V до 2013

226 модели на детална анализа

заклучок Подвозје Романецот е конструиран здраво, освен суспензијата. Неисправностите на оските од суспензијата се над просекот што не е добро. Слични се резултатите и од системот за управување. Погонските вратила се просечни.

Мотори: од 68 (dCi) до 105 КС (16V) Цени: од 1.600 евра EuroNCAP (20 05):



недостаток: Контролата на стабилноста ESP не беше достапна

етко кој друг автомобил бил толку критикуван колку евтиниот Logan, на романската „ќерка“ на Renault - Dacia. При неговото појавување пред 10 години чинеше само 7.200 евра, а во 2009 чинеше само 100 евра повеќе. Тајната на штедењето: стара техника од Modus/Clio/Megan.Нема променлив багажен простор, во основната верзија недостасува серво управувач и странични воздушни перници. Најголем

Р

Во кабината на Dacia очекувано преовладува тврдата пластика

Светла Пред главниот тест, најлесна е проверката на светлата. Logan се уште е многу често критикуван по ова прашање од страна на TÜV.

за Logan, скоро 90.000 возила беа продадени без ESP.Тој што ги знае романските патишта, знае каков автомобил им треба: Воглавно силна шасија која што може да ги издржи и најсилните удари. Управувањето е непрецизно, а моторите се пргави. Тоа се должи на староста на компонентите. Квалитетот на бојата на седанот остава простор за сомнеж. Многу купувачи се жалат на проблеми со амортизерите.

Сопирачки Се појавува проблем кај дисковите, па поради тоа бројот на дефектите е повисок од посакуваниот просек. Добра оцена зарабоија кочионите водови.

ЗАКЛУЧОК Има и полоши автомобили. Но, ова не смее да биде изговор за секој трет Logan во седмата година да има значителни недостатоци. Управувањето е многу нестабилно, моторот и менувачот често губат масло, а издувниот систем е во црвена зона и кај поновите модели.

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕФЕКТИ НА МОДЕЛОТ ВО СПОРЕДБА СО ПРОСЕКОТ НА СИТЕ ПРЕГЛЕДАНИ АВТОМОБИЛИ

0 - просек во км.

без дефекти

Помали дефекти

Поголеми дефекти

Надвор од возна состојба

Модел

0

Модел

0

Модел

0

Модел

0

Модел

0

2-3 години

50.000

52.000

74,1

86,7

10,2

4,9

15,7

8,4

0,0

0,0

4-5 години

76.000

74.000

56,8

77,3

17,6

8,8

25,5

13,9

0,1

0,0

6-7 години

97.000

101.000

52,6

68,9

14,4

11,4

32,8

20,1

0,2

0,0

НАЈЧЕСТИ ДЕФЕКТИ ВО СПОРЕДБА СО ОСТАНАТИТЕ АВТОМОБИЛИ ОД ИСТАТА СТАРОСНА ГРУПА

Подвозје Осовини

Суспензија/ амортизери

Осветлување Управувач

Светла

Заштита на околината

Сопирачки Педал за сопирање

Сопирачки систем

Издув

Губење моторно масло

2-3 години 4-5 години 6-7 години

TUV извештај 2015 детално AutoFocus на своите читатели и годинава им претставува дел од резултатите на извештајот за технички прегледи на TUV на кој поминале над 8,5 милиони возила од 226 различни модели. Германците дисциплинирано и ревносно го анализираат секој проблем на одреден модел, а од извештајот може да се забележи трендот во однос на квалитетот автомобилите. 30 Јануари • на 2015

Боја за најдобри перформанси. Чиста петка

Добро, но не и перфектно

Прифатлива средина

Боја за сериозни проблеми. Повеќе Школска единица проблеми www.autofocus.com.mk


BMW 1 series

Иако е најдинамичен и најзабавен во класата, на тестот на TUV останува мирен

заклучок Подвозје Првите примероци паѓаа заради неисправност на кратките спони и често завршуваа над просекот на главниот тест. Корозијата на каросеријата не беше предмет на испитување на TUV. Оските, погонските вратила и амортизерите се покажаа како солидни. Светла Кај поновите модели се јавува зголемено трошење на сијаличките во предните светла. Кај задните светла и сијалички степенот на неисправности според TUV е, сепак, под просекот.

Динамичноста не го прави перфектен

BMW 1 series

Е81/Е82/Е87/Е88 Производс тво: 200 4 - 2013 година Мотори: од 102(114i) до 34 0КС (M) Цени: од 550 0 Евра

Сопирачки Лоши беа резултатите од брзото абење на кочионите дискови и слабиот материјал на кочионите црева

EuroNCAP (20 04):



диницата е единствениот автомобил во „голф клубот“ кој што доаѓа со заден погон и надолжно поставен мотор. Првиот фејслифт го доживеа во март, 2007-ма кога округлите светла за магла беа заменети со правоаголни и беше подобрен квалитетот на „евтината“пластика. Актуелната купе изведба и идната кабриолет изведба се именувани како 2 Series, задржувајќи го погонот на задните тркала. „Единицата“ настапува агилно во кривините. Мал хендикеп е острото управување, кое заедно

E

Топ моделот М располага со 340КС

Заштита на околината Неисправност на „ламбда сондата“ или катализаторот. Контролорот одби да направи тест за издувните гасови. Ова се особено се случува кај „единиците“ постари од пет години. Губењето на масло е уште еден проблем.

ЗАКЛУЧОК Некои проблеми со стартувањето на моторот се забележани во постарите модели до 2007-ма. Детектирани се истрошени дискови, неисправностите во системот за прочистување на издувните гасови и оштетувања на кратките спони.

Tuv извештаj 2015

со тврдата суспензија значително го намалуваат комфорот на патниците. Поплаки скоро и да нема. Но, што се крие под поклопецот? За секого има по нешто. Почнувајки

од пристојниот дизел 116d, па се до 123d кој што испорачува 204 КС во изведбата со bi-turbo. Шест-степениот мануелен менувач е задолжителен, но нема да згрешите и доколку се одлучите за автоматски. Палетата на бензински мотори ги вклучува малите 116i и 118i, потоа 130i и 135i(се нудат само во купе и кабрио верзијата) и спортскиот М coupe. Во моделите 116i до 2007 се случуваше прескокнување на ланецот, што е мошне опасно за самиот мотор.

Во кабината е како во „мала колиба“: дури и високите возачи можат комфорно да се сместат

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕФЕКТИ НА МОДЕЛОТ ВО СПОРЕДБА СО ПРОСЕКОТ НА СИТЕ ПРЕГЛЕДАНИ АВТОМОБИЛИ

0 - просек во км.

2-3 години

без дефекти

Помали дефекти

Поголеми дефекти

Надвор од возна состојба

Модел

0

Модел

0

Модел

0

Модел

0

Модел

0

47.000

52.000

90,8

86,7

2,7

4,9

7,3

8,4

0,0

0,0

4-5 години

70.000

74.000

83,4

77,3

7,6

8,8

11,3

13,9

0,0

0,0

6-7 години

96.000

101.000

71,9

68,9

10,9

11,4

17,2

20,1

0,0

0,0

8-9 години

112.000

118.000

64,1

59,8

10,0

13,3

21,5

26,8

0,0

0,1

-

133.000

-

52,5

-

15,3

-

32,1

-

0,1

10-11 години

НАЈЧЕСТИ ДЕФЕКТИ ВО СПОРЕДБА СО ОСТАНАТИТЕ АВТОМОБИЛИ ОД ИСТАТА СТАРОСНА ГРУПА

Подвозје Осовини

Суспензија/ амортизери

Осветлување Управувач

Светла

Сопирачки Педал за сопирање

Сопирачки систем

Заштита на околината Издув

Губење моторно масло

2-3 години 4-5 години 6-7 години 8-9 години 10-11 години www.autofocus.com.mk

Јануари • 2015 31


Тест

Volkswagen Passat 2.0 BiTDI BMT 4MOTION

Успехот ги зголемува

Осмата генерација пристигна и е решена да ги поместува гран Passat ja продолжува својата историја подолга од четири децении и „тешка“ над 22 милиони продадени примероци

роизводителите речиси задолжително ги употребуваат продажните бројки при промоцијата на своите модели со поголема традиција. Но, постојат и случаи кога би било и невкусно доколку тие бројки не се споменат, а еден од тие примери е Volkswagen Passat. Осмата генерација беше официјално претставена на Саемот во Париз, а за краток период пристигна и во продажните салони на македонскиот увозник „Порше Македонија“, за и на наш терен

П

36 Јануари • 2015

да ја продолжи својата историја подолга од четири децении и „тешка“ над 22 милиони продадени примероци. Голема е бројката и на песимисти и критичари кои генерации наназад се сомневаа во проектот Passat, за денеска семејната лимузина од Волфзбург да биде похаризматична и повиртуозна и да ги загрижува директните и индиректните ривали повеќе од кога било досега. Од она што го искусивме на нашиот тест, Passat со право пристигнува во улога

на предизвикувач на премиум ривалите од средната класа, интелигентно правејќи комбинација на квалитетите кои се добиваат во сериската опрема и достапните опции кои ќе бидат примамливи за оние кои сакаат малку повеќе и малку полуксузно. Новата генерација е поставена на модерната модуларна платформа MQB која покрај другите предности, во основа нуди важно просечно намалување на тежината од 85 килограми кај сите

Патниците на задната клупа ќе профитираат од зголеменото меѓуоскино растојание www.autofocus.com.mk


Volkswagen Passat 2.0 BiTDI BMT 4MOTION

Тест

амбициите

ниците Елегантна, но и динамична и спортска линија која освојува од прва

верзии. Автомобилот подготвен за продажба добива поголемо меѓуоскино растојание, поголем комфор и простор за патниците, а притоа е понизок и поширок, па покрај зголемениот простор за колената и главите на задната клупа, новиот Passat има пократок преден дел и дизајнерски линии со кои остава поспортски впечаток. Елеганцијата е задолжителна вредност кај овој Volkswagen, исто како и рационалwww.autofocus.com.mk

носта, комфорот и практичноста. Во кабината, секоја команда е на своето место, за најважните површини се избрани квалитетни материјали, а најважните функции се поставени и на мултифункционалниот управувач. Passat отсекогаш му давал приоритет на класичниот и прикладен изглед на просторот околу седиштето на возачот, па и овојпат избегнува трендовска „козметика“ која не би им се допаднала на традиционалните

фанови. Позицијата и комфорот во седиштето на возачот се типични за еден Volkswagen, тука не може да се бараат недостатоци, а премиум ефектот е подрастичен со автоматскиот менувач, електромеханичката паркирна сопирачка и големиот екран на централната конзола на кој во конкретниот случај имавме и навигација која функционираше одлично иако реално не ја употребувавме премногу (исто како и

Новата генерација е поставена на модерната модуларна платформа MQB што подразбира и намалување на тежината за 85 килограми Јануари • 2015 37


споредба

Тест на конективност

ШТО СПОРЕДУВАВМЕ ТЕЛЕФОН Важно беше да се провери дали контактите од телефонот можат да бидат прикажани на системот во автомобилот и дали од тука може да се пристапи до опциите за пишување на SMS и e-mail и дали постои USB приклучок за полнење. ОНЛАЈН АПЛИКАЦИИ Она што е важно во овој сегмент од проверките е дали автомобилот има опција за сопствена мобилна линија, дали системот поддржува диктирање на SMS и e-mail пораки и кога инфо-забавниот систем има пристап до апликации. НАВИГАЦИЈА Со оглед на напредокот на полето на навигацијата ни беше важно да провериме дали апликацијата за навигацијата од телефонот се прикажува на екранот во автомобилот. И дали вградената навигација во автомобилот има активен систем за прикажување на метежот во сообраќајот. АУДИО Кај аудио системот многу важно е да може да прифати информации од повеќе извори, односно дали има поддршка за приклучување на iPod, USB или Bluetooth. A она, што нам ни беше најважно, е дали музиката може да ја пренесува преку Bluetooth конекција. 40 Јануари • 2015

Скапи алатки за спас од 10 МОДЕЛИ ОД СРЕДНАТА КЛАСА

AUDI A4

HYUNDAI I40

INFINITI Q50

LEXUS IS

MAZDA 6

MERCEDES www.autofocus.com.mk


Тест на конективност

Споредба

е согласуваме! Денес технологијата со која се полнат автомобилите е отидена многу далеку. Повеќе не е важно само како автомобилот вози, туку и како ве води до одредената дестинација. Дали на време ќе ве предупреди за застој во сообраќајот? Дали ќе ве спроведе што побрзо избегнувајќи ги се почестите сообраќајни метежи? Дали ќе ве информира за градежни работи на пат? Денес сето ова е битно. И кога се купува автомобил треба да се внимава на овој важен сегмент. Минаа времињата кога навигацијата беше едноставен систем кој релативно лесно ќе ве насочи кон саканата дестинација, но сепак оставаше простор за грешка, или за непотполна информација, а предупредувањата за можни, пречки во сообраќајот ги добивавме благодарение на колегијалноста на останатите возачи. Но, времињата се сменија, начинот на кој функционира сообраќајот се смени. Па затоа дури и еден мал автомобил денес носи навигација, која дури и не мора да е фабричка, важно е што по сигурно, и што побрзо да се стигне до дома. Секако на една ваква од после поставена навигација може да и се простат мали грешки и не толку совршеното функционирање, но на

С

Traffic Message Channel е технологија преку која до возачите се доставуваат информации за сообраќајот во реално време. Кога овој систем е интегриран во навигацијата, тогаш таа ги користи информациите од сообраќајот за пресметување и одредување на рутата.

Навигацијате одамна не е едноставен систем

д сообраќаен стрес C-CLASS

OPEL INSIGNIA

www.autofocus.com.mk

PEUGEOT 508

RENAULT LAGUNA

SKODA OCTAVIA

автомобили кои чинат и по 40.000 евра со фабрички инсталирана навигација која исто така е многу скапа не треба да има простување. Таа треба да функционира беспрекорно од стартувањето на моторот, до неговото гасење по безболното пристигнување на саканата дестинација. Магичната формула е прикажување на информациите во реално време: каде има застој, како да се избегне, од која страна е подобро да се отиде за побрзо да се стигне до саканата дестинација. Затоа денес навигацијата добива информации во реално време за сообраќајната ситуација и е сигурен водич низ густиот сообраќаен метеж. Или, барем така треба да биде. Секако со плаќањето многу пари купувачот на нов автомобил со фабрички поставена навигација очекува дека возењето ќе се одвива без стрес. И дека тој удобно и брзо секојдневно ќе патува од својот дом до работа и обратно, патем оставајќи ги и земајќи ги децата од училиште и свратувајќи набрзина до супермаркетот. Но, вистината понекогаш е далеку од очекуваното. А и цените знаат да бидат вртоглави. Затоа и купувачите понекогаш се чини како да се премногу ситничави и би кажале со право. Но, да видиме колку навистина се интелигентни навигациските системи и уште поважно, колку чинат? Јануари • 2015 41


споредба

Тест на конективност

Цена:

10 место

Hyundai i40 Style тилот на Hyundai со текот на годиС ните стануваше се подобар и сега се наоѓа на едно прилично високо ниво.

Тоа што навистина вреди е особено високата резолуција на екранот на кого се прикажуваат информациите, но во оваа споредба за жал тоа е доволно само за последното место. Во поглед на навигацијата таа не добива информации во реално време, а услугата TMC* ја добива од несигурни извори што остава простор за грешки. Сметаме дека 3140 евра се премногу да се издвојат за застарени мултимедијални технологии.

Lexus IS 300H уксузната марка на јапонскиот производител Toyota со текот на годините покажа дека вредно

го заслужува местото во премиум сегментот како на полето на квалитет кој е неприкосновен, така и на полето на луксуз. Она во што предничи Lexus е хибридната технологија која е врвна. Но, истото не може да се заклучи и за навигацијата. Токму заради неа Lexus IS едвај се спасува да не биде последен, откако чини баснословно скапо. Навигацискиот пакет Lexus го нуди како опција во за 4600 евра поскапото нивото на опременост Executive Line, а кога ќе стигнете таму треба да доплатите.

Renault Laguna нтересно е тоа што иако се продава од 2005 година, неа инженерите за комуникации на францускиот производител ја апдејтуваат редовно и

42 Јануари • 2015

Навигацијата во i40 може да се добие и за 1500 евра, но само во пакетот на опременост Plus. Во останатите нивоа на опременост таа се доплаќа уште 1640 евра.

Индекс на оцени Телефон Онлајн/Аппс Навигација Аудио Системи за помош Меѓузбир Цена Вкупно бодови

Макс. 15 15 15 15 20 80 20 100

Бодови 7 0 9 11 10 37 9 46

2600 евра

Навигацијата во Lexus IS 300H чини 2600 евра, но само откако прво сте го одбрале поскапиот пакет на опременост Executive Line за кого треба да се доплатат уште баснословни 4600 евра.

Индекс на оцени Телефон Онлајн/Аппс Навигација Аудио Системи за помош Меѓузбир Цена Вкупно бодови

Макс. 15 15 15 15 20 80 20 100

Бодови 5 6 12 11 13 47 8 55

Цена:

8 место

И

евра

Цена:

9 место

Л

3140

ја одржуваат да биде свежа во светот на модерната технологија. Тие се многу практични во својот пристап и не сакајќи да измислуваат топла вода и притоа да згрешат му се обратиле на холандскиот специјалист TomTom. Навигацијата во Laguna поддржува апликации, чита SMS пораки и e-mail пошта на глас. Меѓутоа сето тоа функционира малку старински и ја покажува возраста па оние научени на модерните системи ќе треба да размислуваат повеќе.

990 евра

Навигацијата во Laguna, која во Renault ја крстиле R-Link и ја нудат и во останатите модели на концернот може да се добие за прифатливи 990 евра и тоа од основното ниво на опременост.

Индекс на оцени Телефон Онлајн/Аппс Навигација Аудио Системи за помош Меѓузбир Цена Вкупно бодови

Макс. 15 15 15 15 20 80 20 100

Бодови 10 7 15 11 5 48 16 64

www.autofocus.com.mk


Тест на конективност

Цена:

7 место

Mazda 6

о претставување на новата генераС ција на Mazda 6 јапонскиот производител направил огромен чекор напред во поглед на дизајнот, лесната конструк-

1500 евра

ција, штедливите мотори, паметните менувачи, високото ниво на безбедност и одличните возни карактеристики. Но, напредокот не е направен само на хардверот туку и на софтверот. Mazda нуди солиден навигациски систем кој може на глас да чита SMS пораки, а може да ја користи и интернет конекцијата на вашиот смартфон. Но, приклучувањето се чини прилично сложено и одзема многу време. Водењето низ сообраќајниот метеж заедно со свежите информации за состојбите е добро, но екранот е премногу мал за цена од 1500 евра.

поагресивно да настапи на Стариот континент и тоа со својот модел од средната класа Q50. Луксузот во Infiniti Q50 е неоспорен, а тука е и навигацијата со два екрани осетливи на допир преку кои се случува управувањето. На збор двата екрани се чинат како топ-понуда, но во реалноста тоа делува прилично збунувачки. Проблемот е поголем и затоа што нема информации за сообраќајот во реално време, а тука е и цената од 2400 евра.

кажуваат дека се во врвна форма. Најголемиот лав во актуелната понуда на

www.autofocus.com.mk

Макс. 15 15 15 15 20 80 20 100

Бодови 9 6 9 11 16 51 14 65

Кај Infiniti, исто како и кај Renault нема трикови од одделот за маркетинг. Навигацијата се нуди од основното ниво на опременост и неа експертите за формирање на цени ја проценуваат на 2400 евра.

Индекс на оцени Телефон Онлајн/Аппс Навигација Аудио Системи за помош Меѓузбир Цена Вкупно бодови

Макс. 15 15 15 15 20 80 20 100

Бодови 11 11 9 13 15 59 12 71

Цена:

1200

Peugeot 508 ранцуските стилисти преку својата

Телефон Онлајн/Аппс Навигација Аудио Системи за помош Меѓузбир Цена Вкупно бодови

евра

5 место

Ф лимузина од средната класа до-

Индекс на оцени

2400

Infiniti Q50 ознавачите на автомобилите го препознаваат Infiniti како луксузна марка на Nissan која одлучи малку

И кај Mazda постои трик во поглед на цената. За да се добие навигацијата по цена од 500 евра прво што мора да направи купувачот е да доплати за пакетот Touring кој ќе ве чини 1000 евра повеќе од основата.

Цена:

6 место

П

Споредба

евра

Peugeot не се срами ниту со техниката, посебно кога е во прашање современата електроника, односно прашањето за кое дискутираме. Системот за навигација дава солидно количество на информации за сообраќајот во реално време. Дури примерно е и времето за кое тие стигнуваат до возачот и ја прилагодуваат рутата. Сепак, патувањето низ системот е помалку интуитивно со што се намалува и можноста за обилно експлоатирање на апликациите, но состојбата е далеку од алармантна.

Системот за навигација заедно со телематиката кај Peugeot 508 може да се добие уште од основното ниво на опременост што е голема предност. Голем плус е и прифатливата цена од 1200 евра.

Индекс на оцени Телефон Онлајн/Аппс Навигација Аудио Системи за помош Меѓузбир Цена Вкупно бодови

Макс. 15 15 15 15 20 80 20 100

Бодови 10 12 11 11 16 60 15 75

Јануари • 2015 43


споредба

Шик кросовери

Стил и практичност Колку имаат стил, а колку се практични?

Auto Focus се обидува да даде одговор на ова интересно прашање кое се однесува на модерните кросовери кои заземаат се поголем удел во пазарниот колач наречен: продажба на автомобили одерниот начин на живот станува се покомплексен. Задолженијата на работа, во семејството, во друштвото и хобито го растргнуваат човек на повеќе страни и од него бараат да биде еден вид „multitasking machine” или во слободен превод, машина која исполнува повеќе задачи од еднаш. Секако сето ова е далеку од едноставно. Полно задачи кои за да се исполнат понекогаш бараат повеќе алатки, или пак, една повеќенаменска алатка. Поаѓајќи од оваа идеја господинот Тимоти Ледерман, во 1983 година почнал со производство на

М

46 Јануари • 2015

денес светски познатата повеќенаменска алатка: Leаtherman. Водени од истата идеја, но во светот на автомобилите, инженерите на Jeep десетина години порано во 1974 година на пазар го испратија првото спортско корисно возило, или SUV, моделот Cherokee. Интересно е што, до сега, најуспешната генерација на Cherokee, втората по ред, се појави токму во 1983 година. Таа е прогласена за едно од 20-те најуспешни возила на сите времиња, и за SUV со најуспешна форма. Форма која се претвори во еден вид стандард по кого се водат производителите

при создавање на SUV. И како што алатката на Leatherman им помага на авантуристите на едноставен начин да исполнат повеќе задачи од еднаш, така и модерните кросовери му помагаат на модерниот човек да ги исполни своите задолженија во општеството. Денес поимот SUV и поимот кросовер се испреплетуваат, а понекаде и се преклопуваат, па затоа, а можеби и заради звучноста поимот кросовер се повеќе се користи дури и кога се мисли на SUV. Не само меѓу обичните купувачи, туку ова се наметнува и од самите произ-

водители како некоја форма на маркетиншки трик. Но, така течат модерните текови, па и ние ќе им се приклучиме во оваа споредба на четири „multitasking” машини: Jeep Cherokee, Mazda CX-5, Nissan X-Trail и Toyota RAV4. ДИЗАЈН Оваа четворка на мускетари веќе со генерации е добро етаблирана на пазарот. Иако приказната за модерните кросовери почна пред триесетина години со Jeep Cherokee неговите конкуренти со текот на годините го надминаа во поглед www.autofocus.com.mk


Шик кросовери

Споредба

На CX-5 повеќе му прилега да биде паркиран пред ресторан, отколку да вози надвор од пат

Современиот информациски систем на Mazda лесно се врзува со смартфон

Внатрешноста е склопена во јапонски манир. Секој спој е изведен со хируршка прецизност

МИЛЕНИК НА GREENPEACE azda, не се вбројува во најголемите производители на автомобили, но од секогаш била препознатлива по својата уникатна технологија и сопствена филозофија на градба. Всушност марката од Хирошима ниту сака да оди кон остварување на вртоглави продажни бројки. Затоа пак сака да оди кон истоварување на вртоглаво добра технологија. Впрочем

M

таа е единствената автомобилска марка на светот која долги години возеше со Ванкел мотор. Сега ја нуди технологијата Skyactiv која подразбира лесна, а цврста конструкција, штедливи мотори и менувачи, квалитетни материјали и бионички дизајн. Сето ова го носи CX-5, прв самостоен кросовер на Mazda кој преку ноќ стекна голема публика и од него се бара примерок повеќе.

ПЛАСМАН Дизајн Пат и Терен Практичност Цена Вкупна оцена

на продажбите, ова пред се се однесува на Toyota RAV4 и на Nissan X-Trail. Можеби затоа што сакајќи да го задржи својот препознатлив печат Jeep малку талкаше во сферата на дизајнот и како да беше на страна од светските трендови. Така загуби дел од поклониците, посебно меѓу строгите европејци кои не простуваат вакви грешки. Но, денес работите изгледаат поинаку. Вмрежувањето меѓу Fiat и Chrysler ја создаде групацијата FCA – Fiat Chrysler Automobiles во која свежата европска крв донесе многу новини како на полето на техника, www.autofocus.com.mk

★★★★☆ ★★★☆☆ ★★★★☆ ★★★★★ ★★★★☆

така и на полето на дизајн. Новата генерација на поглавицата плени со својата појава. Ги носи сите обележја кои со себе ги наметнува модерното време, а од друга страна го задржува традиционалниот печат на возилото кое ја доби Втората светска војна. Со LED предните светла Cherokee делува вонземски. Како вселенски брод на некоја друга цивилизација во посета на планетата Земја. Тие одлично се вкомпонирани со традиционалната маска на Jeep со седум отвори и ја претвораат предницата во лик на ѕвер кој со разјапена челуст ја

MAZDA CX-5

Мотор: Дизел, 4-Цилиндри, 4-Вентили • Зафатнина: 2191 сс • Моќност: 110 kW/150 КС при 4500/ min • Макс. Вртежен момент: 380 Nm при 1800/min • Менувач: 6-Степен, рачен; • Погон: На четири тркала • Димензии, д/ш/в: 4555/1840/1670 mm, • Меѓуоскино растојание: 2700 mm • Tежина/ Носивост: 1475/630 kg • Приколка со сопирачки/без сопирачки: 2000/750 • Багажник: 503 1620 l • Забрзување: 0-100 km/h за 9,4 sec. • Максимална брзина: 197 km/h • Потрошувачка просек 5,2 l/100 km • Резервоар 58 l • Емисија на СО2: 136 g/km • Основна Цена 29980 евра

Лесната конструкција нуди солидни перформанси и ниска потрошувачка

Багажникот со своите димензии влегува во просекот на класата

демне својата жртва. Светлата LED дозволуваат хаубата да биде поставена ниско истенчувајќи го профилот на возилото и нагласувајќи ја аеродинамиката. Кусите превиси ја зголемуваат проодноста на терен и го претвораат во најспособниот кросовер во сегментот. Mazda CX-5, Nissan X-Trail и Toyota RAV4 носат подеднакво модерен дизај. Toyota како и Jeep со новиот RAV4 оди во насока на агресивност, додека Mazda и Nissan се малку посмирени. Нивните линии се флуидни и подеднакво одговараат на стилот на еден кросовер. Секако кога е

во прашање дизајнот за вкусовите не треба да се расправа, но сепак впечатливиот и единствен дизајн на Cherokee не остава простор за рамнодушност. ЗА ПАТ И ТЕРЕН Ако ви ставиле превез преку очи, ве седнале во Cherokee, превезот го тргнале и ви поставиле прашање: во кој автомобил седите? Не е исклучено дека одговорот би бил: во некој модел на Alfa Romeo. Ова не треба да чуди. Jeep го поставил Cherokee на истата модуларна платформа на која Alfa Romeo ја поЈануари • 2015 47


споредба

Шик кросовери

Освојување на врв од планина е дел од секојдневието за Cherokee. А од горе погледот секогаш е најубав

Кабината ја открива поврзаноста со европската школа на дизајн

Навигацијата дури и во најзафрлените места го покажува вистинскиот пат

СО ГЕНИ НА ВОЈСКОВОДЕЦ а се носат гените на една легенда која го носи епитетот: Победник во Втората светска војна, е чест, но и одговорност. Токму затоа инженерите на Jeep при создавањето на Cherokee ништо не препуштиле на случајот. Го зеле најдоброто што во својата програма го има алијансата FCA – Fiat Chrysler Automobiles и го прилагодиле на потребите на

Д

модерниот Cherokee кој исто така има за цел да стане легенда меѓу модерните кросовери. Најмногу заради напредните теренски способности уште од основната верзија со погон на четири тркала. Оние со поголеми барања можат да го надградат со редуктор, заклучување на предни и задни погонски вратила, заклучување на заден диференцијал и подигнато подвозје. Неповторливиот имиџ и иновативната техника ја оправдуваат цената.

ПЛАСМАН Дизајн Пат и Терен Практичност Цена Вкупна оцена

ставува Giulietta. Затоа и чувството зад волан збунува имајќи го во предвид сознанието за концептот на возилото и неговата намена. Cherokee солидно се справува со барањата на асфалтниот пат. Возната динамика изненадува дури и во остро одвозени свиоци. Ниту остатокот од конкуренцијата на ова поле не носи изненадувања во негативен контекст. Справувањето со секојдневните предизвици на пат е во склад со тековните норми на ова поле. Но, сепак треба да се има предвид дека се работи за возила чие тежиште е подигнато повисо48 Јануари • 2015

★★★★★ ★★★★★ ★★★★☆ ★★★☆☆ ★★★★☆

ко од обичен автомобил, а со тоа постојат одредени ограничувања и при можноста за совладување на свијоци и изведување на маневри при високи брзини. Mazda CX-5 на своите лесни нозе делува најагилно. Благодарение на концептот Skyactiv нејзината тежина застанува на 1475 kg. Nissan X-Trail и RAV-4

Неповторливиот имиџ и иновативната техника ја оправдуваат цената

JEEP CHEROKEE

Мотор: Дизел, 4-Цилиндри, 4-Вентили • Зафатнина: 1956 сс • Моќност: 103 kW/140 КС при 3750/ min • Макс. Вртежен момент: 350 Nm при 1500/min • Менувач: 6-Степен, рачен; • Погон: На четири тркала • Димензии, д/ш/в: 4624/1859/1670 mm, • Меѓуоскино растојание: 2700 mm • Tежина/ Носивост: 1921/529 kg • Приколка со сопирачки/без сопирачки: 1600/450 • Багажник: 412 1267 l • Забрзување: 0-100 km/h за 12,0 sec. • Максимална брзина: 189 km/h • Потрошувачка просек 5,6 l/100 km • Резервоар 60 l • Емисија на СО2: 147 g/km • Основна Цена 43200 евра

Техника на тврдокорен теренец. Jeep ниту кај Cherokee не сака да бега од своите гени

Големите агли на пристап и на напуштање му овозможуваат да ползи по карпи

се потешки за околу 200 kg, но се уште возат со релативно лесни нозе, додека масивните 450 kg плус на Cherokee се чувствуваат. За дополнителната тежина на Cherokee виновен е и концептот на погонот на четири тркала. Но, токму погонот е причината за напредните теренски способности на поглавицата кој се чини дека е незапирлив на терен. За волја на вистината и останатите бркаат работа на терен, но само ако барањата се умерени. Оние на кои им треба малку потврдокорен кросовер треба да се обратат во Nissan, a доколку барањата за

снаодливост на терен се ултимативни за сегментот тогаш адресата на Jeep е местото каде што треба да се појде. ПРАКТИЧНОСТ Концептот со најголемо меѓуоскино растојание го подигнува Nissan X-Trail на водечка позиција кога станува збор за просторот во внатрешноста. Згора на тоа во оваа група само Nissan предвидува трет ред на седишта. Токму затоа X-Trail ослободува најмногу место на задната клупа и во багажникот. Со оглед на семејниот концепт на www.autofocus.com.mk


Шик кросовери

Споредба

RAV4 успешно вози по патиштата и беспаќата ширум светот точно две децении и се уште незапирливо граби напред Распределбата на вртежниот момент е автоматска, но достапно е и заклучување на диференцијалот

Toyota конечно му поклонува ентериер каков што заслужува еден сериозен модел

ПРЕПОЗНАТЛИВ КВАЛИТЕТ ако Toyota не е производителот што го откри сегментот на спортски корисни возила, таа е првиот производител кој на пазарот испрати современ SUV од кого денес произлегуваат актуелните кросовери. RAV4 е првиот модел кој беше создаден да ги донесе до купувачот придобивките на еден SUV, погон на четири тркала и практичност, а воедно да

И

понуди возни својства и потрошувачка на еден автомобил. Сето ова надополнето со препознатливиот квалитет и издржливост на возилата на Toyota, му донесе на RAV4 светска слава. Денес на пат гази четврта генерација која го носи новиот дизајнерски стил на марката. Можеби острите линии повеќе ќе им се допаднат на американците, но Toyota од секогаш при создавањето на нови модели на ум го имала глобалниот пазар.

ПЛАСМАН Дизајн Пат и Терен Практичност Цена Вкупна оцена

кросоверите, децата и можноста од дома да се земат сите играчки, најмногу ќе му се радуваат токму на X-Trail. Неговата задна клупа лизга по должина и овозможува во зависност од потребите да се зголемува/намалува комфорот од зади, односно просторот во багажникот да се скрои според потребите. Доколку во багажникот не стои исправен опционалниот трет ред седишта тогаш Nissan поставува иновативен двоен под со кого багажникот може да се подели на два дела само со еден потег, а флексибилноста на подот www.autofocus.com.mk

★★★☆☆ ★★★★☆ ★★★★☆ ★★★★☆ ★★★☆☆

дозволува да се формираат дури 9 конфигурации за сместување на товарот. Mazda и Toyota ја заземаат златната средина по прашање на практичноста, додека Cherokee има најмал багажник и со крената и со спуштена задна клупа за што најмногу е виновен масивниот погон на четири тркала и резервното тркало во полн формат. ЦЕНА Jeep го позиционира Cherokee во премиум сегментот на компактни кросовери и токму затоа ценовно прилично отскокнува од вообича-

TOYOTA RAV4 Мотор: Дизел, 4-Цилиндри, 4-Вентили • Зафатнина: 2231 сс • Моќност: 110 kW/150 КС при 3600/ min • Макс. Вртежен момент: 340 Nm при 2000/min • Менувач: 6-Степен, рачен; • Погон: На четири тркала • Димензии, д/ш/в: 4570/1845/1660 mm, • Меѓуоскино растојание: 2660 mm • Tежина/ Носивост: 1680/540 kg • Приколка со сопирачки/без сопирачки: 2000/750 • Багажник: 547 1746 l • Забрзување: 0-100 km/h за 9,6 sec. • Максимална брзина: 190 km/h • Потрошувачка просек 5,6 l/100 km • Резервоар 60 l • Емисија на СО2: 147 g/km • Основна Цена 33990 евра

Излети во природа се секојдневие во кое заедно уживаат и возачот и автомобилот

Двобојните бандажи од 18 инчи се тренди и одлично се вкомпонирани во појавата

ената понуда. Но, не се само опременоста и квалитетот на материјалите кои влегуваат во понудата. На располагање стои единствена технологија на погон на четири тркала во кого се вградени гените на легендарната марка, со што се оправдуваат бараните 43200 евра. Реномето за успешен снаодливец на терен го следи и X-Trail, воедно Nissan со квалитетот на понудата исто така пука во премиум сегментот, за што соодветно и бара паричен надомест од 35250 евра за верзијата со погон на четири тркала. За да се седне зад волан

на докажаната Toyota RAV4 треба да се издвојат нешто помалку средства во однос на X-Trail. Toyota за својот кросовер бара 33990 евра за помоќниот дизел од 150 КС и погонот на четири тркала. Во групата ценовно најдостапна е Mazda CX-5 која ја симнува цената на под 30000 европски банкноти. Во Македонија за својот CX-5 бара да се издвојат 29980 евра за основниот модел со погон на четири тркала. Интересно e што дури и најскапиот CX-5 со дизел од 150 КС, погон 4x4 и рачен менувач е за 10 евра поевтин од Toyota RAV4. Јануари • 2015 49


Тема

Fiat 500X

Создавање на нов Кросоверот ќе биде еден од најважните модели за иднината на FCA групацијата

одерната реинкарнација на легендарниот Fiat 500 се покажа како вистински погодок за италијанската марка, а неодамна промовираниот 500X успева да ја пренесе магијата на мини заводникот во кросовер изведба со која Fiat атакува на нови потрошувачи,

М

но во сегмент каде е јасно дека и натаму ќе расте побарувачката. FCA е задоволна од пробивот на 500L, но не е тешко да се процени дека очекувањата од малиот SUV се уште поголеми, односно дека заедничката платформа со Jeep Renegade и италијанските

ново „пребројување“ во сегментот, па и нешто повеќе. Сето тоа поради сериозните напори на Fiat комплетно да изгради еден кросовер кој ќе има премиум апетити и во кој ќе се добива многу за инвестираните пари. Тоа се чувствува во кабината, при секој допир со користените материјали и позицијата на седиштата. Исто како што се чувствува и во однос на информациите кои возачот ги добива преку воланот, стабилноста

квалитети ќе бидат доволни за малку поголем исчекор, дури и на американскиот пазар. Со препознатлив дизајн кој го носи печатот на семејството 500, со рафинираност која е дополнителен комплимент и оф-роуд квалитети по потреба, 500X ќе предизвика

ИТАЛИЈА

БЕСТСЕЛЕР ВО

ЕВРОПА

ВТОР НАЈПРОДАВАН МОДЕЛ ПО PANDA

15.9%

Fiat 500 во бројки 4.0%

Пазарен удел во сегментот

2007

7.7%

80%

Вкупна продажба

ИТАЛИЈА

Пазарен удел во сегментот

2012

ДИЗЕЛ

1.455.000

22% 2.4%

БЕНЗИН

2014

БЕСТСЕЛЕР ВО

БЕСТСЕЛЕР ВО

ЕВРОПА

Fiat 500L во бројки

Пазарен удел во сегментот

2007

2014

Продажба надвор од Италија

19.9%

Трансмисија

2014

Мотори

Силина

Погон

2.0 Multijet

140 КС

9-степен (авт) / 6-степен (ман)

4X4

1.6 Multijet

120 КС

6-степен (мануелен)

4X2

1.3 Multijet

95 КС

5-степен мануелен

4X2

2.4 Tigershark

184 КС

9-степен автоматски

4X4

1.4 Multiair

170 КС

9-степен автоматски

4X4

1.4 Multiair

140 КС

6-степен мануелен

4X2

1.6 E-TORQ

110 КС

5-степен мануелен

4X2

55% 8.8% 2012

Пазарен удел во сегментот

2014

73.000

ОЧЕКУВАНА ПРОДАЖБА во 2015 година

примероци

ОЧЕКУВАНА ПРОДАЖБА во 2016 година

примероци

ГОДИШНО ПРОИЗВОДСТВО во 2015 година

96.000

130.000 примероци

* Извор: IHS Automotive

52 Јануари • 2015

www.autofocus.com.mk


Fiat 500X

бестселер во свиоците и комплетно новата суспензија подготвена и за оф-роуд предизвици. Дизајнот ќе биде предност на 500X во однос на пофункционалниот Renegade на пазарите каде ќе се продаваат паралелно, а IHS во својата проекција вели дека очекува да се продадат околу 73.000 примероци во 2015 година. Таа бројка ќе се зголеми во 2016-та година, што ќе биде добар почеток во сегментот на субкомпактни SUV

- Доколку го погледнеме Fiat 500, најчестата причина за не прифаќање на овој автомобил беа неговите димензии. Со 500X ќе го немаме тој проблем и очекуваме кросоверот да ја надмине продажната бројка на мини 500 моделот, - вели Џејсон Стоичевич, првиот човек на Fiat за Северна Америка. По 16-годишна пауза, италијанскиот бренд се врати на американскиот пазар во 2011 година, а му требаше двојно помалку време за

324 кг.

-21 кг. оптимизација

303 кг.

Тежина на шасијата со додатни елементи

30.1⁰ Референца за B-SUV сегментот

Една од примарните задачи на новиот 500X ќе биде да го докаже својот квалитет и на американска територија, а челниците на Fiat Chrysler се убедени дека нема простор за евентуална „канибализација“ со Renegade

Агол на рампа

Специјална шасија за 500X Fiat користи високо квалитетни материјали за шасијата на новиот модел. 73% од неа е направена од специјален челик во комбинација со други компоненти и легури, со што се добива потребната цврстина и робусност на шасијата, но и високо ниво на безбедност кој е приоритет во сегментот.

21.8⁰

22.3⁰

Fiat 500X Агол на заминување

Агол на приоѓање

27.0%

0.5%

други материјали

40.6%

Челик со голема цврстина

Ултра цврст челик

9.9%

Пресуван челик

21.9% Доработен челик со голема цврстина

Аеродинамичност

Клиренс Возачот е поблиску до асфалтот за 45 милиметри во однос на просекот во класата. Истовремено има 50 милиметри повеќе простор за возачот во однос на просекот во B-SUV сегментот.

45

0.34 CD НАЈДОБАР

mm

50 www.autofocus.com.mk

да ја надмине границата од 40.000 продадени примероци во однос на марки како Mini и Kia. Повеќе од јасно е дека Fiat 500X поседува се што треба за да се наметне како урбан кросовер со премиум елементи и сериозен квалитет, а ние ви пренесуваме дел од деталите кои производителот ги претстави на презентацијата пред новинарите во Милано, а на која ексклузивно присуствуваше и AutoFocus.

Оф-роуд карактеристиките како предност

Оптимизација на тежината на шасијата Иако не е направен компромис во однос на цврстината и квалитетот, 500X ќе профитира од диетата

модели кои 2014 година би требало да ја завршат со продажба од речиси 2 милиони примероци. Една од примарните задачи на новиот 500X ќе биде да го докаже својот квалитет и на американска територија, а челниците на Fiat Chrysler се убедени дека нема простор за евентуална „канибализација“ со Renegade. Напротив, тие тврдат дека Fiat во својата понуда добива нешто што ќе им се допадне на Американците.

Тема

во класата

mm

Јануари • 2015 53


Признаниjа

Opel Corsa

AUTOBEST 2015 Престижното автомобилско признание кое го доделуваат специјализирани новинари, годинава заврши кај новата генерација на германскиот бестселер

како ГласаШе Жирито на AUTOBEST Новинар Озрен Адамовиќ (Хрватска) Илија Селиктар (Бугарија) Крумислав Барзов (Македонија) Руди Карпат (Словачка) Младен Алвировиќ (Србија) Окан Алтан (Турција) Дан Вардие (Романија) Владимир Рибецки (Чешка) Петрос Суцис (Кипар) Пјотр Франковски (Полска) Олег Василевскиј (Украина) Винко Кернц (Словенија) Макс Кадаков (Русија) Борош Борисов (Унгарија) Јоанис Ставропулос (Грција) Вкупно

Opel Corsa

Hyundai i20

Skoda Fabia

Citroen C4 Cactus

72 59 68 69 67 53 69 63 66 63 66 67 79 68 65 994

57 62 63 62 63 83 57 57 64 59 60 52 45 64 58 906

47 59 54 56 55 46 60 64 55 59 60 62 76 58 60 871

64 60 55 53 55 58 55 56 55 59 54 59 40 50 57 830

втора AUTOBEST Победа за CORSA

2015

2007

1 Opel Corsa E

1 Opel Corsa D

2 Hyundai i20

2 Fiat Grande Punto

3 Skoda Fabia 4 Citroen C4 Cactus

еттата генерација на Opel Corsa е главниот лауреат на 13-то издание на еминентното автомобилско признание AUTOBEST кое го доделува жири комисија составена од 15 специјализирани новинари од Централна и Источ-

п

54 Јануари • 2015

3 Peugeot 207 4 Hyundai Accent

на Европа. Супермини бестселерот на германската марка беше премиерно претставан на последниот Саем во Париз, а уште пред почетокот на продажбата, Opel доби неверојатна бројка на нарачки од нетрпеливите купувачи

за автомобилот кој напредуваше во сите сегменти. - Новата Corsa докажа дека е фантастичен мал автомобил. Сите членови на жирито ги забележаа аргументите кои ја прават Corsa „бест бај“ автомобил

во Европа во 2015 година. Новата генерација е значајна еволуција во однос на претходната која ја доби AUTOBEST наградата пред седум години, - изјави Дан Вардие, основач и претседател на AUTOBEST.

www.autofocus.com.mk


Opel Corsa

Признаниjа

за Opel Corsa

Признанието ќе биде официјално доделено на свеченост во Загреб, а Corsa може да се пофали дека е првиот модел во AUTOBEST историјата кој стигнал до престижната награда со две последователни генерации (Opel Corsa ја доби

www.autofocus.com.mk

наградата и во 2007 година). - Ние сме убедени дека Corsa e најдобар мал автомобил, а AUTOBEST го потврдува ова и затоа сме горди, - вели Карл-Томас Нојман, CEO на Opel. Corsa во финалето доби повеќе

гласови од Hyundai i20, Skoda Fabia и Citroen C4 Cactus, а показател за тоа дека успеа да ги фасцинира членовите на жирито говори и фактот што доби највисока оценка од 12 од вкупно 15 новинари.

Јануари • 2015 55


Импресиjа

Audi Prologue

МНОГУ ПОВЕЌЕ од нов модел

...концептниот автомобил прикажан во Лос Анџелес е најава за луксузното купе A9, но и за филозофијата на новиот дизајнерски шеф на Audi, Марк Лихте и правецот во кој ќе се движи дизајнот на моделите од Инголштад

Кога пристигна во Audi, Марк Лихте најави дизајнерска офанзива. Неговата чиста филозофија и разбирањето на ДНК на Audi му овозможи да развие нова дизајнерска стратегија која отвора нови перспективи за нас. Таа е напредна и многу емоционална, а истовремено совршено ги претставува технолошката компетентност и квалитетот на брендот, Улрих Хакенберг, член на Бордот на менаџери на Audi AG

Динамично управување на сите тркала

Управувањето кое ги вклучува и задните тркала (до пет степени) обезбедува полесно маневрирање при паркинг брзини, поспортски карактер на пат со многу кривини и вклучува поголем комфор за возачот при поголеми брзини на автопат

Нов 48 V електро подсистем

Технологијата која наскоро ќе биде дел од автомобилите во сериско производство, а во која е вклучен генератор со чија помош ренегенерираната енергија од сопирачките може да достигне 12 kW 62 Јануари • 2015

Рачките не се потребни

Вратите се отвораат електро-механички кога возачот или патниците ќе допрат површина на која ќе има сензори

www.autofocus.com.mk


Audi Prologue

Импресиjа

Виртуелен кокпит

Дисплеј површина по цела широчина на инструмент таблата која е поделена на три екрани на допир. На левата страна од управувачот е дисплејот каде возачот ги има информациите за светлото и системите за асистенција, од десната страна се контролите за медиа системот, додека совозачот пред себе има екран на кој може да управува со инфотејмент содржините. Поставен е уште еден флексибилен OLED дисплеј, овојпат на централната конзола, а преку него возачот може да го контролира клима-уредот и други функции. Истиот маестрално интегриран во конзолата и е речиси невидлив кога не се користи.

Интелигентен софтвер

„Батлер“ програмот го идентификува возачот преку неговиот паметен телефон и го адаптира седиштето и клима уредот според неговите потреби. Истовремено препорачува музички избор и најчесто користени рути на движење.

Технолошко ремек-дело

Под поклопецот е сместен импресивниот 4.0 литарски TFSI мотор со 605 коњски сили и 700 Nm. Битурбо V8 агрегатот му овозможува на двотонското купе да стигне до стотка за фантастични 3,7 секунди.

Моќта на VW www.autofocus.com.mk

54

Бројот на модели на VW Group кои имаат Co2 емисија под 100 г/км.

10

милијарди евра инвестираше компанијата во истражување и развој во фискалната 2013/14

280

универзитети и институти за истражување со кои соработува VW Group

Ласерски LED светла Matrix технологијата обезбедува ласерски светла кои се иновација на Audi. „Зениците“ на светлата се формирани од проекторски леќи со кои се осветлува целата улица во висока резолуција, а долгите светла се засилени со кластер од пет пластични леќи поставени на долниот дел.

84

милијарди евра ќе инвестира компанијата во фабрики, модели и технологии до 2018 година

Јануари • 2015 63


Технологиjа

Mercedes

Иновации за поу Германскиот производител ќе претстави 12 нови автомобили до 2020 година. Тоа е одлична можност за имплементирање на новите технолошки иновации во своето портфолио

ремиум битката никогаш не мирува, а технологијата останува во фокусот на германските производители кои имаат голем дел од продажбата во овој сегмент. Mercedes влегува во 2015 година со продолжување на долгорочната стратегија во која технолошките иновации ќе бидат откривани со промоцијата на новитетите во својата понуда. Со Audi и BMW на радарот, Mercedes ќе ги следи и чекорите на Tesla во однос електричните автомобили, а нема да заборави ниту на развивање на проектот за автономни автомобили каде има предност пред конкуренцијата.

п

Актуелната генерација на C-Class и онака е навистина напредна во однос на технологијата, но тимот на Mercedes планира да промовира дополнителни системи во идните C Coupe и следната верзија на GLK која ќе го носи името GLC. Двата автомобили ќе ја добијат новата стерео камера на предниот дел со кој асистентите ќе имаат контрола на ситуацијата на 500 метри пред автомобилот. Во комбинација со

GLK и GLC ќе ја добијат новата стерео камера на предниот дел

радар и ултразвук, возачот ќе ги има информациите и за случувањата околу автомобилот, со што поголема заштита ќе добијат и пешаците, па и другите автомобили при послаба реакција на возачот. Како дополнителен комплимент за германскиот производител може да се наведе и плаг-ин хибрид изведбата на GLK која во 2016 година ќе биде претставена и во облик на класичната C-Class, a понудата на луксузниот подбренд Maybach ќе биде проширена и на GLE, односно фејслифтот на ML-Class. Покрај веќе најавениот CLA Shooting Brake кој пристигнува во продажните салони во текот

на оваа 2015 година, Mercedes ќе претстави и фејслифт на A-Class, додека истовремено подготвува нова платформа за моделите со погон на предни тркала која ќе дебитира со B-Class веројатно во 2017 година. Најавени се и поекономични мотори кои ќе обезбедат подобри перформанси, како и намалување на Co2 емисијата со која Германците ќе продолжат да го намалуваат просекот на флотата. Проектот кој Mercedes-Benz продолжува да го развива и подготвува за официјална промоција е автономниот автомобил кој во светот на мобилноста ќе донесе револуционерен чекор со кој воза-

Новата генерација на C-Class е еден од автомобилите на Mercedes чиј клима уред детектира тунел преку навигацијата или GPS. Во тие моменти го прекинува протокот на воздух преку вентилацијата, а опцијата автоматски се деактивира при излегувањето од тунелот кога во автомобилот веќе влегува свеж воздух.

Проектот кој Mercedes-Benz продолжува да го развива и подготвува за официјална промоција е автономниот автомобил кој во светот на мобилноста ќе донесе револуционерен чекор со кој возачот и патниците ќе почувствуваат еден нов вид на слобода, комоција и релаксација додека се наоѓаат во својот автомобил. Последниот чекор на Германците беше најавата за футуристичкиот и луксузен ентериер кој ќе биде реалност во автономниот дебитант

64 Јануари • 2015

www.autofocus.com.mk


Mercedes

бава иднина

ИНОВАЦИИТЕ КАКО ТРАДИЦИЈА

C-COUPE ПРИСТИГНУВА ВО 2015 ГОДИНА Купето од средната класа останува доследно на мисијата која Mercedes ја исполнува со сите изведби на C-Class. Истовремено, автомобилот со две врати има се што му е потребно за да им биде најмалку достоен ривал на претставниците на Audi и BMW.

1 3 2 1

Трикраката ѕвезда ќе биде фиксирана на ладилникот

Во споредба со димензиите на C-Class, купето ќе биде пошироко за четири сантиметри

2

Стерео камерата зад ветробранското стакло ќе овозможи уште поголема искористливост во безбедносните асистенти на C Coupe.

3

- Со овој визионерски концепт на ентериерот го дефиниравме луксузот на иднината. Направивме симбиоза меѓу реалниот и виртуелниот свет и ги реализиравме и ги имплементиравме најинтелигентните солуции во дизајнот, - вели Гордeн Вагенер, првиот човек на дизајнерскиот оддел во Daimler. Основата на иновативниот концепт се четирите ротирачки „лаунџ“ седишта свртени едно кон друго, со што возачот и совозачот во секој момент ќе можат да го свртат своето седиште и да разговараат со патниците на задните седишта. Crosswind безбедносниот асистент е предвиден за асистенција на при детектирање на силен страничен ветер кој може да влијае на влегување на автомобилот во спротивната лента. Функционира на брзини поголеми од 80 км/ч, а системот автоматски активира дел од ESP кој раководи си сопирачките на тркалата од страната каде е притисокот на ветерот

чот и патниците ќе почувствуваат еден нов вид на слобода, комоција и релаксација додека се наоѓаат во својот автомобил. Последниот чекор на Германците беше најавата за футуристичкиот и луксузен ентериер кој ќе биде реалност во автономниот дебитант и со кој овој проект ќе добие и една комплетно нова димензија. - Веруваме дека автономните автомобили ќе бидат централен фактор кон конечно комфорно возење www.autofocus.com.mk

без ризик од судири. Автономното возење го исклучува стресот и притисокот во сообраќајот во ситуации како градски метеж или возење на автопат. Истовремено, отвора нова можност за начинот на кој возачот и патниците ќе го минат времето во автомобилот, - вели Херберт Колер од Daimler AG. Во Санивејл, Калифорнија, Mercedes го претстави концептот за изгледот на ентериерот на кој работеле дизајнери, футурологисти и инженери.

Технологиjа

Автономното возење го исклучува стресот и притисокот во сообраќајот Внатрешноста на идните автономни автомобили ќе биде дигитална дневна соба, а ќе биде овозможена постојана комуникација меѓу возилото, патниците и надворешниот свет. Mercedes веќе го користи полу-автоматското управување во C, E и S-Class, па комплетната автономија на софтверот е реален следен чекор кој веќе беше тестиран и со S 500 INTELLIGENT DRIVE и тоа не само во Германија, туку и во Кина и САД.

Пред точно 75 години, започна посебно важно поглавје во историјата на Mercedes-Benz. Младиот инженер Бела Барењи добил можност од раководството на тогашниот Daimler-Benz да ги исполни своите најави за да имплементира сериозни иновации во однос на безбедноста. Во 1939 година Барењи го презема раководството на новиот оддел за развој на безбедноста, а достигнувањата на неговиот тим имале големо значење не само за Mercedes, туку и за сите учесници во сообраќајот. Иако неговото име не е толку познато во браншата, Барењи работеше за компанијата до 1974 година и зад себе остави 2.500 регистрирани патенти, најголем дел од нив поврзани со безбедноста на автомоби лите и со големо значење за безбедноста. Во 1941 година е претставена напредна каросерија, а потоа и поцврста заштитна рамка на кабината, за подоцна Mercedes започнува да ги користи и краш тестовите за контрола на нивото на безбедност.Во 1961 година, првпат се

воведени дисковите на системот за сопирање, патентиран е побезбеден систем за управување, а иновациите продолжија и по ерата на Барењи. Во 1978 година, во S-Class дебитира новата генерација на ABS системот кој од 1980 година е сериски вградуван во сите модели. Првото воздушно перниче за возачот дебитира ше во S-Class во 1981 година, а една година подоцна е претставена и мултилинк суспензијата на задната оска на Mercedes 190.Пред 20 години, германската компанија првпат ја понуди опцијата за сензор за дожд и ксенонск и светла, а истата 1995 година, S-Class Coupe беше првиот автомоби л со ESP во сериската опрема. Речиси секоја година Mercedes продолжи да го зголемува списокот на безбедносни асистент и, со што Германците продолж уваат да бидат пионери во овој сегмент и сигурно нема да запрат со својот придонес во толку важниот дел од индустријата. Јануари • 2015 65


Tema

ADAC тест на зимски гуми

Доверливото пред Влажна подлога

Снег

Мраз

Бучава

Потрошувачка на гориво

Абење

Вредност

Сува подлога

ADAC оцена

Најевтините гуми се далеку од најдобра опција. Покрај на цената, при изборот треба да им се даде значење и на неколку други елементи

15%

30%

20%

10%

5%

10%

10%

Continental Conti Winter TS850 Dunlop SP Winter Response 2 Michelin Alpin A4 Firestone Winterhawk 3 Esa+Tecar Super Grip 7+ Fulda Kristall Montero 3 Vredestein Snowtrac 3 Pirelli Snow Control S3 Sava Eskimo S3+ Hankook Winter RS Toyo Snowprox S943 GT Radial Champiro Winterpro Cooper WM-SA2 Star Performer SPTS Легенда:

Одлично

Continental Conti Winter TS850

Одлично балансирана гума со топ перформанси на влажна и замрзната подлога Солидна на снег Мало абење

68 Јануари • 2015

Добро

Задоволувачко

Dunlop SP Winter Response 2

Одлично балансирана гума со најдобри оцени за однесување на снежна подлога и економичност во однос на потрошувачката на гориво Посебно добра на влажна подлога

Слабо

Michelin Alpin A4

Одлично балансирана гума со најдобра оцена во однос на абењето Добра на влажна, замрзната и снежна подлога

Недоволно

Firestone Winterhawk 3

Одлично балансирана гума со најдобри оцена на замрзната подлога Добро се снаоѓа на влажна подлога Мала потрошувачка на гориво

Esa+Tecar Super Grip 7+

Релативно добра на снег и мраз Некогаш послаби перформанси на влажна подлога

Fulda Kristall Montero 3

Најдобра оцена на снежна подлога Некогаш послаби перформанси на влажна подлога

Vredestein Snowtrac 3

Релативно добро на мраз и снег Некогаш послаби перформанси на влажна подлога Побучна од ривалите

www.autofocus.com.mk


ADAC тест на зимски гуми

евтиното начењето на зимските гуми е големо и секој возач треба сериозно да размислува за својата и безбедноста на патниците доколку реши да го избегне менувањето на двата вида гуми. Овој тест на германски ADAC е направен на 14 видови зимски гуми со димензија 175/65 R14 која ја употребуваат малите автомобили.

З

Тестирани се перформансите во однос на сува, влажна, замрзната и снежна подлога, услови кои можат да не затекнат за време на зимата и често да создадат сериозни проблеми кои ја загрозуваат безбедноста и на другите учесници во сообраќајот. Покрај односот со подлогата, меѓу важните елементи се и абењето, бучавата како и влијанието врз пот-

Тестирани се перформансите на гумите во однос на сува, влажна, замрзната и снежна подлога

рошувачката на гориво, нешто што не може да се потцени кога се инвестира во зимски гуми кои треба да се користат и неколку сезони. Овој тест на ADAC е посебно интересен поради димензијата која се користи кај малите крстосувачи кои често ги гледаме во градскиот метеж и кои минуваат голем број километри во текот на годината.

Четири од тестираните модели заработија високи оцени поради својата балансираност и фактот што не покажаа слабости на тестот. Сепак сите имаат различни карактеристики и свои посилни страни

Оваа димензија на гуми ја користат: Alfa Romeo 145, 147, 155, Audi A2, Chevrolet Aveo, Spark, Kalos,

Citroen Berlingo, C3, Nemo, Fiat 500, Bravo, Brava, Fiorino, Panda, Punto, Ford B-Max, Fiesta, Ka, Hyundai Accord, Getz, i20, Pony, Honda Jazz, Civic, Kia Rio, Sephia, Lancia Delta, Ypsilon, Mazda 2, 323, MX5, Mitsubishi Colt, Galant, Nissan Almera, Micra, Sunny, Opel Agila, Astra (G,F), Corsa, Meriva, Tigra, Peugeot 1007, 206, 307, Partner, Renault Clio, Kangoo, Twingo, Wind, Seat Arosa, Ibiza, Mii, Toledo, Skoda Citigo, Fabia, Rapid, Roomster, Toyota Yaris, VW Fox, Golf 3, Lupo, Polo, Up

Pirelli Snow Control S3

Посебно добра на снежна подлога Релативно добра на влажна подлога Послаба на сува подлога

www.autofocus.com.mk

Sava Eskimo S3+

Добра оцена на снежна подлога Помала потрошувачка на гориво Послаба на сува и влажна подлога

Hankook Winter RS

Добра во однос на потрошувачката на гориво и абењето Послаби оцени на влажна, сува и замрзната подлога

Toyo Snowprox S943

Tema

Топ оцени на сува подлога Некогаш послаби перформанси на влажна подлога

GT Radial Champiro Winterpro

Релативно слаба на влажна, замрзната и снежна подлога Поголема потрошувачка на гориво

Cooper WM-SA2

Топ оцени на сува подлога Многу слаба на влажна подлога Релативно слаба на замрзната и снежна подлога

ЗАКЛУЧОК: Четири од тестираните модели заработија високи оцени поради својата балансираност и фактот што не покажаа слабости на тестот. Сепак сите имаат различни карактеристики и свои посилни страни. Continental Conti Winter TS850 освои добри оцени за однесувањето на сува, влажна и замрзната подлога, но се истакнува и според ефикасноста при потрошувачка на гориво, односно малото абење. Michelin Alpin A4 и Firestone Winterhawk 3 добија оцена „добар“, но сепак немаат слабости и се солидно балансирани, а гумата на Michelin e специфична и поради високиот отпор од абење. Esa+Tecar Super Grip 7+ е најдобра гума меѓу оние со оцена „задоволувачко“, пред се поради универзалните квалитети, додека Fulda Kristall Montero 3 и Vredestein Snowtrac 3 се најдоа во ова друштво поради послабите перформанси на влажна подлога. Cooper WM-SA2 и Star Performer SPTS не го минаа тестот поради најслабите оцени при возење на влажна подлога,

Star Performer SPTS

Многу слаба на влажна подлога Послаба на сува и замрзната подлога

Јануари • 2015 69



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.