Unique Magazine 61 (Preview)

Page 1

БРОЈ 61, декември 2014 · 35 ден

facebook.com

35 цена

#

ден.

sexting Rihanna БРОЈ 61 декември 2014

За модната храброст и смелоста сÈ да каже во лице

нова реалност Партнерот ги објави моите разголени фотки!

step by step

Отворете ги очите со шминка

колку е добар за врската?

snoozeс

Моден

овет Како до

Celebrity стил?

NEWhappy Beauty Birthday trend unique пет години ваш пријател декември 2014 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


декември

2014 Bue unique за претходниот

Без наслов, но...

32

117

Интервју

Водич за подароци

Моден едиторијал

52

62 Party fever

задолжително прочитајте 26 Збогум miss perfect Станете совршено несовршени 40 Паметни телефони Глупави корисници? 96 „Треба да

разговараме“ Не

секогаш значи нешто страшно 105 Празничен имунитет Здравје во новогодишните порции

Најдобра 30 Дали да го отворите ќесето... или не? 38 Учете од најдобрите: 10 нешта што милионерите ги прават секој ден

BEAUTY

80 Чекор по чекор: До покрупни очи со шминка 82 Нега со масло: Добро подмачкани 86 Beauty прирачник за забава

112 Заборави за

ТИ И ТОЈ

Селектирајте меморија

92 Секстингот (не) е лош за вас

да запаметиш

12 UNIQUE • декември 2014 •

94 Порно за одмазда

LIVING 102 Не, нема да се здебелите за празниците 104 Нарачајте пиво за здрав грб 108 Вежби во пар: Заедно сме посилни 110 Има ли опремата за вежбање рок на траење? 111 Што се случува во вашето тело кога подарувате? 114 Конзервиран vs. замрзнат зеленчук - која опција е поздрава?

Здраво Ивана. Ти пишувам (не ти се обраќам со „Вие“ бидејќи колку што сфатив, само година или две си постара од мене), само за да ти кажам дека го обожавам списанието Unique. Со нетрпение го чекам секој следен број и кога веќе ќе го земам во раце на моево лице веднаш се забележува насмевка. Не пропуштам ниту еден број. Од списанието дефинитивно имам што да научам - темите на кои пишувате премногу ми се допаѓаат, а посебно тоа што обрнувате внимание буквално на секоја тема. Во исто време е и модно списание и многу ми е мило што секогаш знам што е во тренд во моментот, се разбира, благодарение на Unique. Лично за тебе - ми се допаѓа твојот начин на пишување, посебно кога изгледа дека ни се обраќаш на нас читателите, искрено и многу реално. Можам само да ти кажам да продолжиш како досега и да ти посакам уште многу успеси. Се надевам дека ќе бидам една од многуте личности кои ќе те мотивираат да продолжиш со ова темпо, бидејќи знаеш да си ја работиш твојата работа најдобро што можеш. Сѐ најдобро и поздрав од мене, Симона Вукашиновиќ

Дали сте знаеле дека... 1 од 10 лица се заканува со објавување на интимните фотографии од поранешниот/та. Повеќе за порно одмаздите по раскинувањето прочитајте на страна 94. Контактирајте нѐ на:

contact@uniquemag.mk


Моделот Наталија Стојаноска позира со водичот на Unique за Mango Shopping Night (2012 год.)

На моето незаборавно патување во Келн на посета на фабриката Ford - прва станица Загреб

Olivia Palermo редакциски ја сакаме

На покана на Fashion Weekend Skopje, Модниот уредник Милена Танаскоска изработи елка во свој стил (2013)

СЛАВИМЕ Фотографот Марко Костовски и моделот Маја Сашек проверуваат дали има добра фотка

5

Зад кадарот на Марко Костовски

Денови и настани за паметење Снежана и Елена од маркетинг секторот на првата роденденска забава на Unique во ноќниот клуб 69

ГОДИНИ

Фотографот Марко Костовски го слика Франц во Станица 26

Како изгледа кога сликаме интервју

Секој месец Тања се дружи со нашите познати ѕвезди, но Даниел е резервиран и за приватна архива

Дани Димитровска со нејзиниот шминкер Даниел Николовски Три глави размислуваат подобро од една Како Струга нема друга, незаборавно дружење

Марко Костовски и Ања Калин тотално тимски

Секој модел има право да види како излегол на фотографија

Најголемиот предизвик во месецот - моден едиторијал Ова меѓу нас таа од зади не мора да знае Еве како ги мачиме згодните момци

16 UNIQUE • декември 2014 •


Декември

писмо од уредникот

П

Овде некој кажа нешто смешно

И ние велиме Like

Како изгледа кога ние треба да изигруваме модели

Елена и Снеже глумат сериозни

Специјален додаток за сите гурмани со 36 неповторливи рецепти, се надевам се уште го чувате

Насловни и додатоци За сите фит девојки креиравме додаток со вежби што го собира и во паричник

Во 2012 за нашите читателки изработивме специјален годишен хороскоп додаток

о мојата нова слика ќе заклучите дека месецов е посебен, за мене како уредник на Unique, за мојот тим и за вас верни читатели. Фрламе сенка на оваа Нова година, бидејќи Unique слави роденден. Ја комплетиравме раката со пет прсти и се надевам дека заедно ќе продолжиме да ја прераскажуваме оваа успешна приказна уште долги години. Низ нашите страни продефилираа речиси сите домашни музички и филмски ѕвезди кои нѐ воодушевија со својата работа, а последнава година особено внимание ѝ посветивме на модата како најмлада и перспективна сфера што улицата спонтано ни ја наметна како преокупација. Денес за мода општат и оние што не дизајнираат облека и оние што не дефилираат по модни писти и оние што не пишуваат за медиуми, денес за мода зборуваат сите и мажи и жени и млади и стари. Начинот на кој се облекуваме, однесуваме, излегуваме, начинот на кој сакаме да се храниме и живееме го документираме јавно преку фотографии на социјалните мрежи, бидејќи нашето секојдневие не е ништо помалку фабулозно од она на светските ѕвезди. Само пак ќе предупредам, не дозволувајте целата атмосфера да ве понесе и да се цементирате во реалниот свет за сметка на активниот виртуелен што го водите. Различните форми на љубов изразувајте ги исклучиво во живо. Често се случува да ме прашате зошто не сме направиле интервју со таа и таа јавна личност? Најтешко ми е да го одговорам ова прашање, бидејќи стравувам дека луѓето ќе го доживеат Unique како вообразено списание тешко за соработка. Ние сме тивки, не сме наметливи, не ги користиме другите медиуми и социјалните мрежи за да ве досадиме со информацијата дека излегол новиот број, половина од луѓето од тимот никогаш не сте виделе како изгледаат (бидејќи не објавуваме selfie од редакција на секои 10 минути во денот), а тоа дека сме го сликале Даниел Кајмаковски го знаат

оние што го купиле Unique. Немаме пракса цел месец однапред да ве освојуваме со информацијата дека во следниот број ќе читате интервју со најактуелниот лик во моментот, списанието не го прават тие три или четири страни ние внимателно ѝ се посветуваме на секоја страна, работиме вредно и фраерски осамнуваме на трафика трпеливо чекајќи да не земете во раце. А тоа вие го правите секој месец во сѐ поголем број што е доказ дека ја одобрувате нашата работа, а што е поважно сте публика што прави избор со своја глава. Ако направите ретроспектива на појавувањата на Rihanna за 2014-та (или било која друга светски позната жена) на настани, црвени теписи, списанија, на моменти ќе се запрашате дали е тоа истата девојка? Во еден момент целосно гола со минимум мејкап, а веќе во наредниот целосно трансформирана со тешка шминка и завиена во црно од глава до пети. Токму ова ние сакаме да го постигнеме со јавните ликови што одбираме да ви ги презентираме, целта ни е да ви ги прикажеме во поинакво или сосем ново светло под кое не сте навикнати да ги гледате. Тоа не секогаш е поврзано со изгледот, честопати разговорот е појдовната точка за различна и уникатна презентација. И тука е нашиот најголем предизвик на кој работиме од кога постои Unique, со некои гости го постигнавме 100% со некои до половина, а некои сѐ уште не можеме да ги убедиме дека е во ред да облечат шорц и да ја натопат косата во име на едно интервју иако нивниот стил е конзервативен. Ете ви го одговорот! Возбудливо, турбулентно, нервозно или среќно, низ различни емоции го завршивме и ова роденденско издание. Ви го нудиме за супер цена од 35 денари за сите да можете да читате далеку поквалитетни содржини од онаа дека Kim се труди да го сруши интернетот со голиот задник. Среќна Нова година драги читатели! • декември 2014 • UNIQUE 17


Maj

UNIQUEинтервју

Во модниот свет на Ристевска

Пишува

Тања Тодоровска

ште на самиот почеток на подготовките за интервјуто сфатив дека имам работа со професионалец - Маја беше подеднакво пријатна и спремна за соработка и по телефон како и на денот на самото фотографирање. Го испочитува договорениот датум и покрај настинката и целосно се согласи со идеите поврзани со шминката и фризурата кои го заокружија концептот на фотосесијата во која ја замисливме Маја уште од почетокот. По фотосесијата го комплетиравме интервјуто со разговор во кој како соговорник ја имав истата самоуверена девојка од пред фотоапаратот, но уште понепосредна и отворена за разговор. Ми откри дека манекенството ѝ е „стара љубов“ - првиот курс по манекенство и фотомоделство го завршила на само 8 години, но онаа Маја што денес ја знаеме е онаа Маја што на 15 години се зачленила во модната агенција „Мак Моделс“ чие заштитно лице е веќе шест години. Околу договорот што го потпишала на самиот почеток ни го кажа следново: 32 UNIQUE • декември 2014 •

За себе оваа дваесет и двегодишна убавица вели дека е многу самокритична, а токму тоа е она што ја тера да се усовршува, но лесно е човек да забележи дека Маја Ристеска не е ниту лажно скромна - свесна за своето искуство и успеси ни ја одгатна мистеријата како и зошто е една од најбараните и наплатени манекенки и фотомодели во моментов.

„Се нуди договор на девојка којашто менаџерката смета дека има одредени квалитети, нормално не на сите девојки. Ани препозна нешто во мене, ми понуди договор со којшто таа ме застапува мене, а јас ја застапувам нејзе - треба да бидеме коректни, да бидеме сериозни, навидум како при еден договор за работа. Треба да се остане на истата тежина, да не се менува физичкиот изглед, односно да се консултира околу тоа, а секако договорот подразбира и одредени стапки

како навремено исплатени хонорари во одреден временски период.“ 3 Можеби малкумина знаат, но Маја своето искуство го предава и споделува со сите нови членови во агенцијата. Очигледно е дека ужива во оваа улога на инструктор: „Многу е интересно, многу ме исполнува, особено сакам да работам со децата на најмала возраст. Часовите пред сѐ се многу важни за секојдневието на девојките, за правилно одење, правилно држење и чекорење, а понатаму и за она посериозното како глумата и позирањето. Сепак, зависи од секоја девојка индивидуално колку таа ќе се потруди да го промени или задржи изгледот за понатаму да работи како манекенка или фотомодел.“ 3 Побарав да ми каже во која улога подобро се снаоѓа, како манекенка или фотомодел, но сфатив дека барам нешто невозможно: „И манекенството и моделството се доста различни, но и слични категории. Мислам дека и во двете супер се пронаоѓам и двете подеднакво ме

исполнуваат. За манекенската улога пресудна е висината, потоа карактерот како и иновативноста на девојката, да знае да се трансформира, а за една девојка да биде фотомодел треба да има убаво лице, убаво да изгледа и едноставно да биде фотогенична.“ 3 Не е човек кој сака да планира сѐ однапред, па вели дека немала конкретни очекувања на самиот почеток на кариерата, иако забележува промена кај себеси: „Јас лично сум променета, физички, психички и умствено - созреана сум за да знам што треба да работам, а што не. Искуството го прави своето. Многу сум поопуштена, ја нема повеќе онаа трема пред камерите. За разлика од тогаш, денес кога веќе шест години сум пред камера сѐ е многу поубаво и попријатно.“ 3 Несвесно, повторно ја ставив во незгодна ситуација кога побарав да издвои некои од тие убави и пријатни искуства кои ѝ будат најубави сеќавања: „Буквално уживам во сѐ што правам бидејќи ако не ме исполнува не би го ни правела


UNIQUEинтервју Стајлинг: Милена Танаскоска Шминка: Дарко Мишовски Фризура: Хамзиќ Мурис Адо, Салон Hairdo Фотограф: Жарко Чулиќ

• декември 2014 • UNIQUE 33


Милена Танаскоска

МОДНА

АЛХЕМИЈА По повод обележувањето на петгодишнината на Unique, модниот уредник Милена Танаскоска ни открива една нова перспектива од зад сцената за тоа како тече снимањето на еден моден едиторијал. Таа се потсетува на омилените и незаборавни модни приказни спакувани во она што вие го гледате - фотографијата.

очетната точка за секоја фотосесија се менува на месечно ниво, зависно од тоа што ќе ни послужи како инспирација, дали новата сезона и новите трендови преземени од ревиите, некоја нова локација од која може да извадиме добра приказна или пак модел кој што го имаме замислено во некоја својствена улога. Секој месец прво ја посетуваме локацијата која сме ја избрале за да ги прецизираме кадрите или пак студиото го подготвуваме за сцените, а како крајна инспирација секогаш ни послужува и уличната мода и блогерите кои што моментално се движечки фактор во модниот свет и никако не смеат да се занемаруваат. Како инспирација може да послужи и конкретен стил во модата, годишно време, некоја ревија, лук бук или пак едиторијал кој што ни ги дал првенствените насоки. На пример, за едиторијалот со моделот Елена Гуговска во 44-тиот број на Unique што го сликавме во хотелот Арка, почетна точка ни беше едиторијал на Olivia Palermo за lifestylemirror.com каде што беше прикажан животот на девојка која што патува низ светот за да ги следи модните ревии и случувања, преку гламурозни комбинации во секој дел од денот. Честопати ме прашуваат како ги смислувам комбинациите, како сум се сетила да спојам две незамисливо споиви парчиња облека. Вистината е дека не се водам по правила, комбинациите ги подготвувам според еден клучен момент - гледам дали облеката е доминантна и во јака боја за да ѝ оставам предност или им дозволувам на потпетиците и деталите да бидат носечки парчиња на фотографијата. Сѐ зависи од тоа што ми е достапно по бутиците. Комбинациите помеѓу себе речиси секогаш имаат некоја заедничка нишка, дали тоа е бојата, кројот или пак стилот, за да создадат заедничка приказна. Но, ниту една комбинацијата не е целосна без карактерот на самиот модел и добро вклопената фризура и шминка. Повторно тука како инспирација ни служат последните трендови од пистите и заедно со тимот се советуваме дали тој правец би одго44 UNIQUE • декември 2014 •

варал на девојката која сме ја избрале и дали ќе може достојно да се пронајде во улогата. Идеите за шминка и фризура им ги презентираме на фризерите и шминкерите за да имаат скица по која би требало да ни ја подготват манекенката. Некогаш можеби нема да ја добиеме точната замисла, но тоа го прави секое сликање уште поинтересно зашто тогаш треба да вложиме максимална креативност и од тоа да извадиме најдобар производ. Преку секоја фотосесија се обидуваме на читателките да им пренесеме приказна за и тие преку облеката да се идентификуваат со моделот. Некогаш тоа е девојка излезена директно од пистите, меланхолична бохо девојка, disco queen, самоуверена трендсетерка или пак некој друг карактер кој се крие во приказната и преку кој ја добиваме целосната композиција. Поради тоа што секогаш производот во списанието треба да задржи одредени стандарди својствени за нашиот тип на списание, во смисла да биде модерно, свежо, достапно и носливо, фотографите се оние кои што се прилагодуваат на барањата на самите фотосесии. Во овие дефинирани рамки тие имаат дозвола да манипулираат со својата креативност. Консултирањето за кадрите, локациите, дефинирањето на моделите кои сакаме да бидат дел од нашите изданија, се неизбежни. Од 60 поминати броеви и над 200 фотографирани едиторијали јас сум дел од половина, и покрај тоа секое ново искуство го доживувам како да е прво. Нестрплива сум да видам како ќе изгледа крајниот резултат, особено кога сум договорила со фотографот да им додаде одреден ефект на фотографиите. Честопати и сама сум изненадена од резултатот, бидејќи додека се одвивало самото сликање ме гризела несигурност. Откако ќе ги добиеме фотографиите во редакција, задолжително ги коментираме со колегите, а втората рунда анализа се одвива кај мене дома. Најмногу ме усреќува кога ќе видам дека некој, кој никако не бил вклучен во процесот на изработка, се воодушевува на производот. Најискрените критики се врежуваат и не се забораваат.


07.2012

Елена Гугоска, фотограф Марко Маркоски „Зборуваме за моето второ сликање на моден едиторијал во Unique под менторство на Бојана Максимовска. Тука за прв пат ја запознав Елена и си помислив дека со оваа девојка би сакала да работам секој месец. Многу е пријатна, екстремно фотогенична и има свој уникатен шарм со кој веднаш ќе ве освои,“ се потсетува Милена.

• декември 2014 • UNIQUE 45


12.2011

Елена Трајановска, фотограф Марко Маркоски „Покрај Марко фотографот, на сликањето бев јас и тогашната модна уредничка Бојана Максимовска. Се сеќавам дека бевме многу исплашени дека нема да успееме да извадиме 6 кадри во една слаткарница. Кога на вратата се појави Еленче сите издишавме со олеснување, беше прекрасна и професионална како и секогаш. Ни откри дека планира да замине да работи во странство и ете ја денес ги освојува пистите во Милано, Париз и Њујорк. Секогаш ќе бидеме горди на фактот дека нејзината кариера стартуваше на нашите страни.“ се потсетува Ивана Попоска Главен и одговорен уредник на Unique.

06.2012

Бисера Димеска, фотограф Марко Маркоски „Е ова течеше глатко, сликавме во студиото на Марко Маркоски, а Бисера Димеска (тогашен модел на агенцијата Мак Моделс) ја нашминка талентираната Марија Ленчевска miss4makeup со која соработувавме извесен период,“ вели Ивана.

46 UNIQUE • декември 2014 •

покани за Бисера повремено се одѕива на нашитена агенција мод на н чле е не сликање, но повеќе


10.2014

Мартина Марковска, фотограф Жарко Чулиќ „Имав чуено за Мартина, но бидејќи е дел од белградската модна агенција Crystal Model Agency ми требаше време и доста енергија за да ја доведам во Unique. Жарко, со кој соработуваме веќе 5 броја, редовно слика за српски магазини и го познава главниот менаџер на агенцијата од кој добивме дозвола да работиме со неа. “ вели Милена, модниот уредник на Unique.

а сестра Марија овој пат позираше без нејзинат близначка Душица

05.2011

Марија Андоновска, Марко Маркоски Едиторијалот е сликан во ноќниот клуб Сектор 909 како заедничка идеја на Марко Маркоски, првиот официјален фотограф на магазинот Unique и тогашниот моден уредник Бојана Максимовска која ги смисли модните комбинации. За шминката и фризурата се погрижија неповторливите сестри од Студио Диенси.

• декември 2014 • UNIQUE 47


05.2013

Ивана Васовска, фотограф Димо Попчев

05.2014

Кристина Максимоска и Петар Стојковски, фотографи Марко Костовски и Ања Калин „Мислам дека засекогаш го овековечивме Градскиот Трговски центар, едиторијалов е потврда дека со добри модели, прецизно смислен концепт и фотографи што гледаат на нештата од поинаква перспектива, ќе излезат неповторливи фотографии што ве натераат да се прашувате за локацијата,“ вели Милена.

48 UNIQUE • декември 2014 •

„Ова е едно од поубавите искуства за мене од причина што имав прилика да работам со долгогодишната модна уредничка Бојана Максимовска. Нејзиниот весел карактер и сигурноста што му ја даваше на тимот, до ден денес се трудам да биде и моја особина. Со денови бевме заглавени во редакција за да добиеме официјална дозвола за да сликаме во катната гаража на City Mall, кога конечно се среди сѐ, забавата можеше да започне,“ вели Милена.


03.2012

Сара Маркоска и Андреј Клинчаров, фотограф Марко Маркоски „Колку бевме среќни кога Марко ни кажа дека успеал да најде стар автомобил, идејата на Бојана за ретро моден едиторијал и тоа како се исполни. Иако имав свои обврски ова беше сликање што не смеев и не сакав да го пропуштам. Многу работи се сменија оттогаш, Сара сега има голема самодоверба, се сеќавам колку беше несигурна во себе на ова сликање, а Андреј стаса и до Милано. Многу се смеевме, многу се забавуваме иако температурата не беше на наша страна,“ вели Ивана.

11.2013

Маја Ристеска, фотографи Марко Костовски и Ања Калин „Маја важи за голем професионалец, но имав некој принцип да ја резервирам за едиторијалите. Шминкерот Игор Марков ми наложи да му најдам модел со совршени црти и морав да ризикувам. Резултатот го пофаливте и вие на Facebook страната на Unique,“ вели Милена. • декември 2014 • UNIQUE 49


52 UNIQUE • декември 2014 •


• декември 2014 • UNIQUE 53


54 UNIQUE • декември 2014 •


• декември 2014 • UNIQUE 55


Модели: Елена Гугоска / Модна Агенција: Моделс Ин / Петар Стојковски / Модна Агенција: Моделс Ин / Ангела Ѓоргиева / Модна Агенција: Подиум / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотограф: Жарко Чулиќ / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Адо Мурис Хамзиќ – Hairdo Салон / Локација: Клуб “Сектор 909”

58 UNIQUE • декември 2014 •


• декември 2014 • UNIQUE 59


60 UNIQUE • декември 2014 •


• декември 2014 • UNIQUE 61


1 Игор Марков стои зад изгледот на првата девојка, Бисера Димеска. Златниот сјај е карактеристичен за новогодишната ноќ, како и избегнување на стандардното. Поигрувањето со бои, нијанси и форми овозможува уникатен и несекојдневен изглед кој е резервиран само за најхрабрите девојки. 76 UNIQUE • декември 2014 •


2

За вториот изглед се погрижи Јелкица Поповска која ја направи и фризурата и шминката на моделот од модната агенција Мак Моделс, Наташа Недановска. Во младешкиот дух, комбинацијата од бои и свежината на овој изглед ќе се пронајдат сите весели девојки на кои средното име им е: забава!

• декември 2014 • UNIQUE 77


Треба да разговараме Дискусијата на тема брак, деца и пари може да биде суштинска за вашата врска. Разговарајте очи в очи со партнерот. Каде води оваа врска? е едно од нај не-секси прашањата што може да му ги поставите на партнерот. Но, како што и Ниче велеше: Она што нема да ве убие ќе ве направи посилни. Истражувачите на University of Denver открија дека паровите кои зборуваат за нивниот статус од почетокот имаат подобра брачна врска од оние што ги оставиле нештата спонтано да се одвиваат. А токму вакви разговори треба да имате во текот на целата врска, вели ко-авторот на истражувањето, Д-р Galena Rhoades. Со други зборови, она што функционира кај обајцата кога сте адолесценти (читај: секс, било 96 UNIQUE • декември 2014 •

каде, во било кое време) - најверојатно нема да ви одговара кога ќе имате деца, кариера на патот и спална соба во која плашливото дете ќе сака да преспие. Најмногу од проблемите настануваат поради недостатокот на комуникација, па затоа проверете како да ги направите разговорите за дефинирање на статусот на врската без да треба да го изговорите она: Треба да разговараме.

Порака за себеси Верувале или не првиот разговор што треба да го направите пред да влезете во сериозна врска со некого е разговорот сами со себе,

Клише, разоткриено

Мислите дека мажите почесто ги избегнуваат разговорите за статусот на врската? Проверете дали сте во право според резултатите од анкетата на темата.

Мажи

66

жени

62

вели Д-р Thomas Bradbury, директор на UCLA Relationship Institute. Дали сте спремни да бидете дел од двојка? Како се чувствувате за моменталната работа, за социјалниот круг и семејството? Не мора сите ѕвезди да се перфектно наместени, но мора да бидете среќни со сопствениот живот пред да пуштите некој друг во него, вели тој.

„Што си ми ти на мене?“ Непријатно е да го направите разговорот за дефинирање на статусот, вели Rhoades. Може да бидете пријатели, пријатели со бенефиции, мувачи, со статус „комплицирано е“ и така натаму, но на многумина им се допаѓа недостатокот од дефиниција поради можноста од држење на опциите отворени. Сепак, клучно е да знаете на што


Unique ВОДИЧ ЗА

ПОДАРУВАЊЕ

50

совршени подароци За најважните луѓе во вашиот живот

• декември 2014 • UNIQUE 117


3a

жената број 1

Потсетете ја мајка ви дека може да биде секси

120 UNIQUE • декември 2014 •


3a

пријателката Нека биде блескаво и софистицирано

122 UNIQUE • декември 2014 •


Scotch & Soda палто 9.790 ден. Scotch & Soda кошула 4.890 ден. Replay фармерки 6.990 ден. Bata чевли 6.890 ден.

Maison &Scotch палто 11.590 ден. Bata чизми 8.690 ден.

124 UNIQUE • декември 2014 •


Maison & Scotch чанта 7.890 ден.

Diesel ремен 3.790 ден. Scotch & Soda кошула 4.890 ден. Hugo Boss палто 23.990 ден.

• декември 2014 • UNIQUE 125


Replay кошула 4.990 ден. Hugo Boss фармерки 9.990 ден. Scotch & Soda трегери 1.890 ден. Bata кондури 5.690 ден.

Guess фустан 7.990 ден. Bata чевли 5.690 ден.

126 UNIQUE • декември 2014 •


Gaudi кошула 6.690 ден. Gaudi хеланки 6.590 ден. Scotch & Soda трегери 1.890 ден.

Scotch & Soda кошула 4.890 ден. Replay фармерки 6.990 ден.

• декември 2014 • UNIQUE 127


Scotch & Soda кошула 4.890 ден. Replay ремен 3.190 ден. New Zealand панталони 5.990 ден. Bata чевли 6.290 ден.

Guess палто 15.690 ден. Guess панталони 8.890 ден. Guess чанта 7.190 ден. Bata чевли 5.690 ден.

Модели: Елена Гугогска, Моделс Ин и Вања Трампевски, Подиум / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотограф: Жарко Чулиќ / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Хамзиќ Мурис Адо фризерски салон Hairdo

128 UNIQUE • декември 2014 •


Replay кошула 4.990 ден. Diesel фармерки 12.290 ден. Diesel ремен 7.390 ден.

Guess фустан 8.790 ден.

• декември 2014 • UNIQUE 129


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.