Unique Magazine 69 (Preview)

Page 1

БРОЈ 69, септември 2015 · 35 ден

La Dolce Vita

Луксузни места за талкачите

Emma Stone

БРОЈ 69 септември 2015

Срцето на холивудската комедија

beauty Tpehдobи последните совети од експертите

Fashion School Issue

есенска Модна лекција

Sex poбotи

љубовта во новата ера

според расположението септември 2015 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


2015

Time to shine

22

35 задолжително прочитајте 26 Sorry I'm not sorry / Премногу често кажувате извини? 30 Работа од соништата / Ја добивте работата од соништата, што сега? 68 Haute Trends / Највештите раце од македонската сцена на убавина говорат за новите трендови 84 Sexting / Како мобилниот телефон влијае на вашиот сексуален живот 6 UNIQUE • септември 2015 •

42

50

Голем едиторијал

Балетска приказна со Мими Поп Алексова

64

Издавач

Мејкап едиторијал

септември

Интервју Тања Кокев Најдобра

16 Emma Stone најубавата холивудска комичарка 18 Време за себе 19 Мртви уморни

Во неговиот ум

38 Manthropology

77 Шаренила

Ти и тој 79 Новата ера на сексуално задоволство 82 Холивудски орален секс 88 Вашата (уште) појака половина

Living

40 Згоден дечко на месецот: Михаил Ангеловски

92 Прирачник за здрав и среќен живот

95 September mood board

Beauty

72 Чудесната молекула 73 Педикир во 5 до 12 74 Светло vs. темно 75 Мирисот на модните писти

97 Бебе: сега, подоцна или никогаш? 106 La Dolce Vita – луксузни дестинации 110 SPF за вашите очи

Aдреса на издавач Мито Хаџивасилев Јасмин 20/14 Скопје Aдреса на редакцијата Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 60Б/8 Скопје contact@gmp.mk 02/5209 705 Основач и директор на Глобал Медиа Александар Попов aleksandar.popov@gmp.mk Продукција Главен и одговорен уредник Ивана Попоска ivana.poposka@uniquemag.mk Ивет Царо ivet.caro@uniquemag.mk Графички уредник Јовица Ризовски jovica.rizovski@gmp.mk Мода и убавина Милена Танаскоска milena.tanaskoska@uniquemag.mk Редакција Теодора Крстевска teodora.krstevska@uniquemag.mk Фотографиja Андријана Костова - Петровска Продажба на рекламен простор Снежана Божиновска snezana.bozinovska@gmp.mk Елена Бојаџиева elena.bojadzieva@gmp.mk Дистрибуција контакт: МПМ 02 / 3089-305 Глобал Mедиа 02 / 5209-705 ISSN 1857-6826 Печатница Европа 92 - Кочани адреса: Крижевска 52, Кочани датум на печатење: 18.08.2015 Број на печатени примероци: 9.000 Правни забелешки Списанието Unique излегува еднаш месечно со одобрение на сопственикот на правата - издавачката куќа Глобал Медиа. Unique е регистрирана трговска марка во сопственост на издавачот. Нејзиното користење на други места треба да биде во согласност со насоките на сопственикот. Информациите во списанието имаат забавен и информативен карактер. Точноста на информациите е проверена пред процесот на печатење. Пред користење на некои од советите поврзани со здравјето, препорачлива е консултација со доктор. Unique го задржува правото да ги објавува и ре-објавува материјалите и содржините генерирани од читателите на списанието. Списанието Unique заедно со списанието AutoFocus е дел од медиумите на Глобал Медиа.


T

Таа е толку едноставна, а толку гламурозна истовремено. Со префинето истенчен вкус и високо чувство за мода, вљубеник во уметноста, дизајнер кој постојано ги турка своите граници. Со нејзината иднина светла како белите тонови на импресионизмот, Тања Кокев би можела да се опише како грижлива мајка и сопруга и храбар и одлучен дизајнер со постојана жед за естетика. Кокев е бренд во Македонија кога станува збор за облеката. Упорноста и трудот се нејзина јака карактеристика, а за тоа зборуваат годините успех во дизајнирањето облека и самиот факт дека е првата јавна личност во Македонија која има свој парфем. Сега, еден чекор во поинаква насока, Тања Кокев ќе лансира своја линија на чевли. И не застанува тука...

22 UNIQUE • септември 2015 •

Тања е облечена во моделите од најновата колекција на Кокев


KOKEB Првата дама на модата

За талентот , за стилот , за уметноста... 3Од кого го наследивте талентот за дизајн, онаа потреба за задоволување на чувството за естетика? 3Не верувам толку во талент, колку во надградба на талентот со многу работа и вложување. Сигурно дека еден дел е наследен од мојата фамилија, но сѐ понатаму е негување на талентот со секојдневен труд. 3Колку години Тања Кокев е присутна на македонската модна сцена? 3Следната година славиме 10 години Кокев, ќе одбележиме со добра ревија и уште подобра забава. 3Вашите колекции се често инспирирани од некој уметнички правец или нешто поврзано со уметноста. Имате ли омилен уметнички правец и зошто токму тој? 3Од првиот момент кога ги погледнав и изучував сликите на француските импресионисти, знаев дека тоа е мојот омилен сликарски правец и омилен период низ вековите, тоа е златното доба од филмот на Woody Allen, период на голема интелектуална креативност, каде интелектот и креативноста се во една прекрасна љубовна афера. 3Која е ваша омилена стилска икона? 3Lauren Hutton, Diane Keaton, Jackie Onassis, Carla Bruni, Greta Garbo… 3Како би го дефинирале стилот? 3Како многу скапоцен дар од Господа, навистина верувам во реченицата „Или го имаш, или го немаш.“ За жал или среќа, не се купува, може да се поднаучи, но тука некаде е максимумот.

За новата колекција, новите успеси, новиот бран на модата... 3Подготвувате нова колекција. Може ли да ни кажете нешто повеќе за тоа? Кога да ја очекуваме? Што ве инспирираше за нејзиното создавање? Како и каде ќе биде претставена? 3После 10 години дизајнирање венчаници и свечени тоалети, за прв пат Кокев ја најавува својата прва линија секојдневна гардероба. Станува збор за есен зима 2015/16, во пастелен, но неинтензивен зимски колорит, ткаенини потпишани од Chanel, Valentino и Armani, а дизајн Кокев. Ткаенини кое се изработени од 100% природни материјали, кашмир, свила, бејби волна, алпака, па имаме дури и бамбус во ткаенините на Chanel. Презентацијата ќе биде на големо модно шоу, во Куршумли Ан во соработка со Македонски Народен Театар, во режија на Дејан Пројковски и Македонска Филхармонија со песни аранжирани од феноменалниот Џијан Емин. 3Лансирате своја линија на чевли. Ме интересира зошто се одлучивте на ваков чекор? И ако може да ми раскажете нешто повеќе за тоа? 3Кога се работи на гардероба како секојдневно парче, чевлите се неизоставен дел. Мора да е сѐ некако во комплет едно со друго. И секако, фактот дека чевлите се многу битен дел од секојдневието на секоја жена, па и на мене и тука дизајнирањето имаше мотивација плус. Многу е различно од дизајнирањето облека, станува збор за еден мал предмет кој треба да е совршено склопен, многу добро изра-

ботен, бидејќи чевлата е мало уметничко дело. Ги изработивме во Италија, од најдобриот квалитет на кожа, ги вклопивме во боите на колекцијата, дадовме печат на Кокев и наскоро бидејќи чевла без чанта некако не оди, ќе почнеме и со дизајнирање на чанти, па да ја заокружиме и таа целина. 3Што очекувате од новата колекција на облека и чевли? 3Очекувам пред сѐ клиентите да го забележат квалитетот на моите производи, тоа ми е најважно. Да се види резултатот од големиот труд на сите вработени во Кокев, нашата посветеност и љубов кон ова што го работиме. Секако да не бидеме само романтични, очекуваме да допреме до публиката и секако да оствариме добра продажба. Мислам дека постигнавме едно навистина многу високо ниво на квалитет и се надевам дека ќе поставиме добри критериуми.

За жената, мајката, љубовта... 3Каква според вас, треба да биде успешната жена? Што е успешна жена? 3Мислам дека пред сѐ секоја личност, треба да биде во една добра релација со сама себе, да се сака себеси и да знае што сака од животот. Тоа е основниот предуслов за успех. Понатаму е сѐ одлука и уживање во убавините што таа одлука ќе ги донесе, или решавање на последиците ако се покаже како погрешна. Треба секогаш да бидеме свесни дека имаме избор и паметно да одбереме понуда. Мислам дека и почитувањето на другите луѓе носи • септември 2015 • UNIQUE 23


man•thro•pol•o•gy Вашиот водич до мозокот на мажите

Што го привлекува?

бизарни работи што ги палат мажите Ни на крај памет не би ви паднало дека вашите бушави плетенки го возбудуваат, зар не? „Обожавам девојки облечени во ролка и панталони. Некако изгледаат мистериозно. Се прашувам што ли се крие под облеката?“ Мартин, 26. „Секој пат кога ќе слушнам некоја девојка како потпевнува добивам наплив на сексуална возбуда.“ Давид, 27 „Кадрава и бушава коса. Тоа значи дека таа е девојка која се подготвува многу брзо.“ Алек, 29 „Неверојатно секси ми е изгледот на девојката наутро, сонливите очи моментално ме соборуваат. Има нешто неодоливо во тој природен, незаштитен изглед.“ Марио, 20

Мали, секси совети

Brody Jenner споделува 3 работи кои секоја жена треба да ги знае за сексот 38 UNIQUE • септември 2015 •

„Кога девојката која постојано носи леќи, ќе ме изненади со нејзините очила. Ми делува како да сум со некоја тотално различна страна од неа.“ Дамјан, 27

1 23 Не бидете срамежливи „Со мојата девојка одамна тајно посакуваме секс во тројка, но и двајцата бевме премногу срамежливи да признаеме. Таа прва собра храброст и го изнесе предлогот на маса. Пробавме и морам да признам дека беше неверојатно.“

Допирајте го вашето тело „Вие сакате секс, но тој не е расположен? Започнете да мастурбирате пред него. Звучи лудо, но не сте свесни колку ќе го запалите. Ви кажувам од искуство и што е најинтересно, овој трик пали секој пат.“

Секси играчки „Мал број на мажи се чувствуваат навредено доколку предложите зачинување на сексот со некоја играчка, но доколку му објасните дека само сакате да внесете забава, а не дека тој не ве задоволува, верувајте, ќе наидете на одобрување“


Сакаме да ни пишувате

4 пораки кои секој маж потајно посакува да ги добие Тажно, но вистинито: Преку глава ни е од пораките од типот „Што правиш?“ Не мора баш секогаш да биде вака. Јас сум во новиот бар. Музиката е супер. Нарачав пиво за двајцата... Зошто пали: Делувате

кул и опуштено. Ако му недостасува забава секогаш ќе знае дека може да се потпре на вас. Ако навистина му се допаѓате без размислување ќе го прифати предлогот. Ако не? Тогаш, не знае што пропушта. Среќа што си му најдобар другар на мојот брат, инаку до сега ќе беше во неволја. Со мене. Зошто пали: Да се впуштите во ваква

авантура, делува како многу лоша идеја (разгледана од сите можни страни), но знаете ли колку ќе му ја разбудите фантазијата со самото спомнување на можноста. Следниот пат кога ќе се сретнете очекувајте искрите меѓу вас да се разгорат (којзнае можеби тајната авантура и не е така лоша идеја) Само што гледав Magic Mike. Channing Tatum e секси, но јас претпочитам да те гледам тебе како се соблекуваш. Те чекам за еден час. Зошто пали: Самото тоа што имате валка-

ни мисли за него е доволно да го излуди. Плус замислете колку посебно ќе се чувствува, знаејќи дека повеќе би сакале да го гледате неговото голо тело, отколку телото на некој напумпан актер. Јас. Ти. Вечер. Breaking Bad. Пица. Те чекам

Што навистина сакаат во кревет Замислете ја вашата листа на работи кои го прават сексот совршен. Сега погледнете ја листата на мажите. Забележувате сличности? Орален секс

10% од мажите

сакаат да доживеат оргазам преку орален секс (пред било која друга сексуална активност)

18% од жените

сакаат да доживеат оргазам преку орален секс (пред било која друга сексуална активност)

Водење љубов

92% 88% од мажите сакаат да имаат романтични чувства кон партнерка која не им е само за жежок секс.

од жените го сакаат истото. Не ви се верува дека мажите се толку чувствителни, нели?

Предигра која трае...

Зошто пали: Воопшто не го прашувате дали сака да дојде. Вашата самодоверба прави да бидете сигурни дека ќе се појави. Мажите се слаби на самоуверени девојки. Како да направите вашите пораки да изгледаат посекси? Едноставно заборавете на прашалниците!

61

мажите процент од убов на љ во ат ва веру - и тоа без прв поглед зад чаша ат иј кр да се во! пи е дв и ил

Тој сака

18 m h.

Taa сака

19 m h.

• септември 2015 • UNIQUE 39


Нова модна сезона, нов почеток, нов стил! Костимите за капење заменете ги со наметки, јакни, капути и чизми. Трикот е во повеќе слоја облека, а комбинирањето – уживање. Мириса на есен!

42 UNIQUE • септември 2015 •


• септември 2015 • UNIQUE 43


44 UNIQUE • септември 2015 •


• септември 2015 • UNIQUE 45


Модел: Ангелина Блажевска / Модна Агенција: Подиум / Стајлинг: Милена Танаскоска ; Асистент: Емилија Палашева / Фотографија: Ани Дими / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Адо Мурис Хамзиќ - Hairdo салон Локација: С.у.Г.С. „Никола Карев“

46 UNIQUE • септември 2015 •


• септември 2015 • UNIQUE 47


time to shine

Симбиоза на модерното и елегантното за секоја пригода со неодоливата привлечност на најновата колекција на Swarovski





Блеснете во боите на есента

шминка: игор марков Модел: ангела карова

Иако есента е на прагот, тоа не значи дека забавата мора да запре. Нагласете ги очите со светкава сенка во златни тонови, а усните нека бидат во нежна бледа нијанса. Ќе изгледате луксузно без многу напор. Разбушавете ги локни и спремни сте да го освоите подиумот.

makeup Оваа есен природната убавина и женственост се во центарот на вниманието. Запаметете помалку е повеќе! 64 UNIQUE • септември 2015 •


Модел: Ангела Карова / Шминка: Игор Марков / Фризура: Студио Allure / Фотографија: Ани Дими

Природно и сензуално Зарем има нешто поубаво од природен изглед? Вашиот потеменeт тен дозволува малку шминка, па затоа дозволете си одмор од силната и тешка шминка. Лабави локни во комбинација со минималистичка шминка во неутрални тонови. Сè што ви треба се нежно нагласени очи во кафени тонови, малку бронзер на образите и блед кармин. • септември 2015 • UNIQUE 65


Усни кои маѓепсУваат Секогаш кога се двоумите каква шминка да одберете, полн погодок се нагласените усни. Истакнете ги контурите на лицето со земјени тонови, а во центарот на вниманието нека бидат вашите усни во неодолива боја на виното. Усни кои мамат на бакнување!

66 UNIQUE • септември 2015 •


Назад во 60тите Внесете малку од оној стар холивудски гламур, инспирирајќи се од шминката која и беше заштитен знак на Audrey Hepburn. Црниот туш никогаш не излегува од мода, а во комбинација со кармин во нежно розова боја ќе направи да изгледате како холивудска дива.

• септември 2015 • UNIQUE 67


unique ти&тој

Sexting

Епидемија на новото време Сте се запрашале ли некогаш како мобилниот телефон влијае на вашиот љубовен живот? 2000 мажи и жени учествуваа во едно британско истражување. Резултатите: застрашувачки и симпатични! 84 UNIQUE • септември 2015 •


unique ти&тој рисетете се дали последниот убав љубовен состанок на кој бевте на било кој начин го вклучуваше вашиот мобилен телефон. Се договоривте да се видите преку пораки, а после состанокот следеа уште неколку слатки, флертувачки пораки со цел да се заблагодарите за прекрасната вечер. Можеби дури и „кренавте слушалка“, знаете на оној старомоден начин? Без разлика дали сте во брак со години или пак никогаш не сте користеле апликација за интернет состанување, вашиот љубовен живот е зависен од вашиот мобилен телефон. Понекогаш изгледа како да сте четворица во врската: тој, вие и вашите два телефони. Следствено на ова се раѓа и прашањето: Дали оваа четворка функционира хармонично? Или вашиот љубовен живот би бил подобар доколку би поминувале помалку време зад екраните? Истражувањата извршени на 1000 мажи и 1000 жени ни даваат одговор на дилемите околу праќањето секси пораки, душкање низ неговиот телефон и сè останато поврзано со сексот, љубовта и паметниот телефон.

Се допишуваме постојано 90% од мажите и жените секојдневно комуницираат со својот партнер преку пораки. 43% од нив праќаат минимум 10 пораки дневно. Да бидеме реални, не се сите пораки со жешка и секси содржина. Некои од нив се бизарни и крајно неромантични како на пример: „Што сакаш за вечера?“ или „Дали денес ќе одиме во теретана?“ Можеби изгледа банално, но сето планирање и постојано допишување е многу продуктивно бидејќи ја одржува поврзаноста со партнерот. Dr. Debby Herbenick, професор на Indiana University вели: „Додека сте на патување, си праќате слики. Кога сте зафатени на работа одржувате контакт преку пораки. Ова ја враќа врската во живот, а партнерите ја одржуваат постојано.“ Но, целата оваа поврзаност значи дека...

27% од мажите и жените ги покажуваат своите голи слики на пријателите

...нашите телефони се постојано со нас 84% од паровите спијат со телефонот на дофат, додека 40% велат дека телефоните им се на маса додека се на романтична вечера. Правилата за користење на телефоните не се многу популарни. Само 21% од паровите имаат ставено лимит кога се работи за користење на телефонот во присуство на партнерот. Dr. Michelle Drouin, психолог кој се занимава со влијанието на технологијата врз врските вели дека сериозно е загрижувачки податокот за времето што се посветува на телефонот: „Спо-

ред последното истражување, 63% од луѓето имаат номофобија. Тоа е страв дека ќе останат без своите мобилни телефони,“ вели таа. Несомнено сме зависни. Dr. Drouin советува да ги оставиме телефоните настрана секогаш кога сме во можност: „Допишувањето многу често го заменуваме со вистинска комуникација. Ако целата ваша врска се сведува на допишување, тогаш дефинитивно имате проблем.“

70% од младите помеѓу 18 и 29 години имаат пратено барем една непристојна порака (45% имаат пратено слика од своето голо тело)“

Сите праќаат пораки со секси содржина 67% од мажите и жените велат дека пратиле барем една секси слика или порака на својот партнер (на ова поле мажите и жените се скоро еднакви во бројот на пратени пораки.) Да разјасниме: Не постои само еден вид на sexting - од флерт до експлицитен повик за секс, од срамежливи до голи фотографии. „Голем број жени претпочитаат да праќаат суптилни фотографии бидејќи така се чувствуваат поубаво.“ вели Dr. Herbenick. Новинарката на New York Times, Jenna Wortham собрала колекција од фотографии кои партнерите си ги праќаат меѓу себе за проектот на кој работела наречен „Everybody Sexts“ и дошла до следниов заклучок: „Тоа се фотографии кои ја будат фантазијата. Срамежливи и затскриени. Никаде нема знаци на порно.“ 39% од мажите и жените имаат разменето секси фотографии барем еднаш, но со различен исход. „По жешкиот состанок сочинет од многу бакнежи и допири, кога се вратив дома, тој ми пиша ‘Прати ми слика од тебе.’ Без многу размислување му пратив секси срамежлива слика на која се гледаше мојот гол задник. Одговорот кој го добив гласеше: ‘Мислев да ми пратиш слика од твоето лице, но сепак изгледаш одлично. Ми се допаѓа.’ Бев засрамена како никогаш претходно.“ вели Lucy, 29. Но, и мажите се соочуваат со вакви (ако не и полоши) sexting проблеми. Penny, 31 раскажува: „Еднаш момчето ми прати слика од својот пенис, но јас го заборавив телефонот во собата и пораката ја немав видено со часови. Тој најверојатно се засрамил, бидејќи откако не добил одговор на неговата слика, во моето сандаче пристигнаа уште 10тина очајни пораки во кои објаснуваше колку му е жал што ми пратил таква слика, дека е идиот, да ја избришам, да не помислам дека е манијак и слично. Му објаснив дека е сосема во ред што ми ја пратил фотографијата (со оглед на тоа што бевме во врска неколку месеци, воопшто не беше чудно). Но можам само да претпоставам колку пател кутриот цела ноќ. Да пратиш гола слика и при тоа да не добиеш одговор мора да е најлошото искуство.“ • септември 2015 • UNIQUE 85


Super

Органската, здрава исхрана е добра за вас тука нема ништо спорно. Но, не се залетувајте по втората порција - храната богата со нутритивни вредности не е ослободена од калории! Дали внесувате премногу од добрата храна?

3

а појадок изедовте суперзелено протеинско смуди; џиновско авокадо и салата со киноа за ручек и колаче од житарки за вечера. Се чувствувате задоволни, нели? Целата оваа чиста исхрана прави да се чувствувате доблесно?! Кожата ви е посјајна од кога и да е, варењето беспрекорно, но има еден мал (добро, не баш мал проблем) - фармерките како да ви стануваат сè потесни! Како е возможно ова? Па зарем јадењето на оваа, таканаречена, чиста храна не е она што сите холивудски супер слаби Instagram ѕвезди го поддржуваат? Она на кое се потпишуваат со две раце? Веројатно не е сѐ така едноставно како што изгледа. Во случај да не сте знаеле чистата/органска храна не е некаков вид нова диета, туку начин на живот кој се состои во избегнување разни додатоци во замена за цела, вистинска нерафинирана храна. Откако цела деценија беше активна, ниско калоричната храна без масти, збогатена со вештачки засладувачи и додатоци кои предизвикуваа

102 UNIQUE • септември 2015 •

XPAHATA


unique living шеќерот во крвта постојано да варира и да нѐ оставаа со зашеметени глави, кончено излезе од мода. Сега во тренд е чистата/органска храна која навидум изгледа како да ветува здрав живот, сѐ додека не застанете на вагата. Тука, килограмите почнуваат да се качуваат.

Смуди експерт Секоја необработена, сирова храна , спаѓа во групата на суперхранa. Оваа храна е богата со нутритивни вредности и од истата не ви е потребна голема количина. Како пример земете ја зелената алга Хлорела- само 1/4 кафена лажичка дневно е повеќе од доволно! Вистината се крие во тоа што чистата храна има повеќе калории од обичната, преработена храна. Но, проблемот е во тоа што ваквиот вид на храна не доаѓа заедно со листа на нутритивни вредности и процент на дневно препорачана количина.Недостатокот од водич, доведува до претерано внесување на овој вид храна и аналогно на тоа голем број калории. Ете од каде доаѓаат тие плус 5кг. Писателката на книгата за веганство „Superfood,“ Julie Montagu вели: „Секако дека суперхраната ќе ве здебели, секоја храна ќе ве здебели доколку ја внесувате неконтролирано.“ На пример ако ставите во блендер путер од бадеми, протеин во прав (што многу често е составен од мелени јаткасти плодови и семиња), кокосово масло и пола авокадо, добивате течна калориска бомба која содржи повеќе од 700 калории кои ќе ги внесете уште пред да може телото да ги регистрира. Смудито е одличен начин за да се скрие високо калоричната храна. Ова не значи дека треба да го исклучите од исхраната. Напротив, тајната е во тоа да не се консумираат огромни количини. Мала порција смуди базирано на кокосова вода е

Внимавајте на порциите, од вистинската суперхрана ви е доволна само мала порција сосем доволно. Montagu има златно правило - еден зелен џус и една порција суперхрана (од сината коцка) дневно. Таа избегнува високо калорична храна како што е маслиновото масло и јаде само мала количина на јаткасти плодови (бразилските ореви се богати со селен, кој ни е потребен за одржување на здравјето на тироидната жлезда, но доволни се само три ореви дневно, за да ја добиете дневно препорачаната доза на селен.) Morgan го ограничува и внесувањето на овошје, а својата доза на добри маси ја добива од половина авокадо за појадок (цело авокадо содржи премногу масти за еден оброк.) „Кокосовото масло е уште една работа на која треба да внимавате“ додава таа „Составено е од средна количина на масни киселини, кои лесно се дигестираат и го забрзуваат метаболизмот за цели 10%, но не ви требаат 2 супени лажици во вашето смуди, 1 лажица е сосем доволна. “Слатката храна како колачињата од кафени зрна грав (богата со железо, фолна кислелина и магнезиум плус 100гр. нерафиниран шеќер од кокосова палма кој има низок гликемиски индекс) е резервирана за да се почестите неколку пати во текот на неделата.

Рецепт за успех Не сите слатки колачиња кои спаѓаат во групата на суперхрана се еднакви. Внимателно проучете го рецептот за да избегнете качување на ки-

Следете го овој водич и престанете да качувате килограми Основата Порција: 200мл Смуди: 1

или

Кокосова вода

или

Бадемово млеко

Овесно млеко

Зеленчуци Порција: една рака Смуди: 1

или

или

Кељ

Спанаќ

Краставица

Овошје Порција: една рака Смуди: 1

или

Шумско овошје

или

Јаболко

или

или

Круша

Киви

Банана

Прашок Порција: 1 кафена лажичка Смуди: 1

или

или

Мака

Полен

или

или

Спирулина

Семе од баобаб

Какао семки

Масти Порција: 1 супена лажица (од кокосовото 1 кафена лажица) Смуди: 1

или

или

или

или

Кокосово Путер од Јаткасти масло кикирики Авокадо Чија семе плодови

Протеини Порција: 1 црпалка Смуди: 1

или

Сурутка

или

Коноп

Кафен ориз

• септември 2015 • UNIQUE 103


unique living

La Dolce Vita Понесете го високиот стил, желбата за патување и секако, златната картичката без лимит. Најлуксузните места за префинет вкус на Европско тло. Нурнете во луксузот

Најдоброто место за култура

Севилја

Одберете ја бидејќи ќе ви го исполни срцето. Едноставно, станува збор за најубавото мало гратче во Европа кое можете да го посетите. Мало, но совршено компактно, каде секој сантиметар е една прекрасна фотографија. Преплетените улици немаат никаква смисла, но андалузиската архитектура, екстравагантноста и колоритниот артдеко стил не ве оставаат рамнодушни. Неопходна е посета на Alcazar, кралската палата во Севилја која потполно ќе ве маѓепса. Летата во Севилја се жешки, но затоа септември е одлично време за посета. Воздухот е топол и мириса на портокал. Убавиот Boutique Hotel Corral del Rey, со огромен двор е совршеното место за престојување за да ги искусите сите убавини на Севилја. (Corral del Rey, од 196 EU по соба за една вечер)

Најдоброто место за: дизајн

Копенхаген

Веднаш зад екстериерот кој наликува како да ѝ припаѓа на некоја арапска палата, Nimb Hotel е храм на нордискиот ентериер. Бакнати со убавините на градините Tivoli, секоја од 17те соби крие модернистичка керамика и антички шарм, палета на топол сив колорит, префинето обработени дабови елементи и камените подови кои се шик и смирувачки истовремено. Во градот ќе ги најдете уникатните бутици, рамо до рамо со луксузните дански брендови како Hay и Gubi. Но, по долгиот ден лутање низ преплетените мали улици на стариот град, не пропуштајте да уживате во миговите со книга пред големиот хотелски камин. (Hotel Nimb, од 870 EU по соба за една вечер) 106 UNIQUE • септември 2015 •


Најдоброто место за авантура

Исланд

Што имаат Noah, Interstellar и Thor заедничко? Локацијата на снимање – прекрасниот авантуристички Исланд кој беше седиште на голем број сцени од култната најпопуларна серија во последно време Game of Thrones. Веројатно поради својата грандиозност, пространата природна убавина која маѓепсува и чувството дека се наоѓате на друга планета, Исланд е холивудски сценски миленик. За луксузните авантуристи освежување е прошетката со хеликоптер над полињата со лава, зелените полиња и снежните планински врвови од каде извираат жешки реки. Дозволете со својата убавина да ве занесат високите серии водопади и плажите од црн песок кои со трепнување би ги инспирирале креативните дизајнери од Dior за најновата колекција на висока мода. Истражувајте ги зелените полиња додека ветрот ви ја бушави косата, јавајќи нескротливи коњи. Дозволете си неспоивите убавини да ви ги наполнат сетилата.

Најдоброто место за релаксација

Езерото Комо

Италијанската реплика на Андерсеновиот Grand Budabest Hotel, е The Grand Hotel Tremezzo кој со својата замислена убавина гледа кон гордите чемпреси и пастелните фасади на гратчето Bellagio. Удобно сместен под сенките на 100годишниот парк, златестиот екстериер на Tremezzo е прегрнат од опојните мирисни облаци на магнолии и зеленики. Од пријатниот и пријателски хотелски персонал па сѐ до храната – богато ризото со шафран и торта Valentina (десерт од чоколадо и бадем кој го носи името на ќерката на сопственикот.) Чувството на шарм и традиција тлее низ хотелскиот воздух. На само еден час оддалеченост од миланскиот аеродром Malpensa, езерото Комо нуди прекрасни прошетки со брод за разгледување на околните куќи, вили и палати на кои сериозно ќе им позавидете. (Grand Hotel Tremezzo, од 450 EU по соба за една вечер)


unique living

задоволства Лето е. Сакате овошна салата, пудинг или желе од јагоди? Не грижете се, имаме по еден рецепт за сите.

Bon Appetit.

Розово желе од шампањ

Ви недостасуваат желе бонбоните во различни бои кои ги јадевте како деца? Ова слатко задоволство кое дефинитивно не е резервирано за децата, а вам многу ќе ви се допадне. Лесно, ароматично со вкус на лето, фантастична опција за забава во дворот. Само запомнете: ако сакате да ја намалите количината на шеќер, користете екстра сув шампањ. Така ќе добиете само 2гр. шеќер по порција, додека со слаткиот шампањ ќе имате дури 8гр.

Процес

Порции 6 Калории

23

Масти

0 гр.

Јагле хидрати

36 гр.

Хранливи влакна

36 гр.

Состојки

w w w w

5 листа желатин, 500мл. розов шампањ, 150гр. шеќер во прав, шумско овошје (јагоди, малини, капини - по избор)

112 UNIQUE • септември 2015 •

1 2

Листовите желатин оставете ги да стојат во ладна вода. Отпијте една голтка од шампањот, а остатокот ставете го лонче и оставете го да зоврие. Откако ќе зоврие, запалете го (како што прават

секси готвачите од 24kitchen) и оставете целиот алкохол да испари.

3 4

Тргнете го од оган, додадете го шеќерот и мешајте додека не се растопи. Исцедете ги ливчињата желатин и изматете ги во жешката течност.

5

Истурете го желето во чаша за коктел или шампањ и по желба додадете неколку парченца шумско овошје. Оставете го во ладилник околу 3 часа.

6

Сервирајте го со или без шумско овошје


unique living

Овошна салата од праски и рикота Најдобриот начин да јадеме праски, а притоа да не ни истече целиот сок по рацете е да ја исечкаме праската на тенки парченца и да ја збогатиме со малку рикота. Несекојдневна супер овошна салата.

Порции 2 Калории

150

Масти

3 гр.

Процес

Јагле хидрати

19 гр.

Хранливи влакна

2 гр.

Состојки

од 1 голем лимон, wСок нане, w72 ливчиња wЗапраски, 130 гр. рикота, wмед,сервирање: ливчиња нане

СОВЕТ

За да спречите нането да потемни, наросете го со неколку капки лимонов сок неколку часа претходно.

1

Истолчете го нането со сокот од лимон на ситни парченца. Оставете да стои 15 минути, а потоа исцедете и одвојте ги ливчињата нане.

2

Исечете и излупете ги праските и ставете ги во сад. Полијте ги со сокот од лимон и нане, измешајте и оставете ги да се оладат околу 20 минути.

3

Декорирајте ја чинијата со рикота, наредете ги праските, додадете мед и украсете со ливчиња нане. Спремно за послужување.

Зачинет пудинг од сливи Замислете вкусот на крцкави пувки , зачинет со сладок, густ прелив од сливи. На ова додадете го егзотичниот мирис на каранфилчето и ќе добиете пудинг од соништата. Хармоничен спој на ароми.

Порции 4 Калории

360

Масти

0 гр.

Процес

Јагле хидрати

67 гр.

Хранливи влакна

3 гр.

1

Загрејте ја рерната на 200C. Пресечете ги на половина сливите и излупете ги, потоа ставете ги во сад за готвење. Додадете ги зачините, виното и шеќерот. Печете 20 минути.

2 Состојки

w81 сливи, цимет, w6 стапче каранфилчиња, w375мл црвено вино (од wсортатаслатко ruby port), лажици кафен шеќер, w3Засупени пувките: 2 белки и 110гр wшеќер во прав

Изматете ги јајцата, додадете го шеќерот и мешајте убаво. Ставете ја смесата во ладилникот додека е потребно.

3

Над секоја слива додадете малку од смесата. Ставете ги сливите во рерна, а температурата намалете ја на 120C и печете 30 минути. • септември 2015 • UNIQUE 113


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.