БРОЈ 73, јануари 2016 · 35 ден
БРОЈ 73 70 јануари октомври 2016 2015
unique style boost Над 250 парчиња облека неопходни оваа сезона
јануари 2016 35 ДЕНАРИ
ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО
ЗА ЖЕНИ - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА
Liu Jo Капут/ Mango Обетки/
Издавач
64
Makeup trending
101 Што јадат тие?
44 Drama Queen
34
68
Интервју Тино Костадиновски
Интервју Ивана Лисак
задолжително прочитајте 26 годината на жените / Неколкуте настани и жените кои ја обележаа 2015та година. 41 За добар почеток на годината / Згоден дечко на месецот Благојче Ѓорѓиевски 94 Нова мета / Темните кругови под очите - како да се ослободите од истите 106 Јога / дел од вашето секојдневие 112 Дестинација / Еден поинаков Божиќ
Дистрибуција контакт: МПМ 02 / 3089-305 Глобал Mедиа 02 / 5209-705
Younique
Ти и тој
16 Ние одбравме... Парчиња за сезоната
78 Запознајте ги родителите
20 Најубавото од Божиќ: Филмови, серии, настани
80 Нова терапија за двојки?
22 Време е за книга 23 Подготвени сте за моден квиз?
Најдобра
84 Справете се со осаменоста
Living 86 Дали вашиот партнер ќе биде добар татко?
28 Unique Style Boost Дамите со стил
92 Недела богата со вкусни оброци
33 6 начини како да уживате во времето за себе
96 Одберете го совршениот подарок за празниците
38 Дали вашиот дом е доволно чист?
98 Дали вашите заби ве прават постари? 113 Хороскоп
12 UNIQUE • јануари 2016 •
Aдреса на издавач Мито Хаџивасилев Јасмин 20/14 Скопје Aдреса на редакцијата Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 60Б/8 Скопје contact@gmp.mk 02/5209 705 Основач и директор на Глобал Медиа Александар Попов aleksandar.popov@gmp.mk Продукција Главен и одговорен уредник Ивана Попоска ivana.poposka@uniquemag.mk Ивет Царо ivet.caro@uniquemag.mk Графички уредник Јовица Ризовски jovica.rizovski@gmp.mk Мода и убавина Милена Танаскоска milena.tanaskoska@uniquemag.mk Редакција Теодора Крстевска teodora.krstevska@uniquemag.mk Фотографиja Андријана Костова - Петровска Продажба на рекламен простор Снежана Божиновска snezana.bozinovska@gmp.mk
ISSN 1857-6826 Печатница Европа 92 - Кочани адреса: Крижевска 52, Кочани датум на печатење: 22.12.2015 Број на печатени примероци: 9.000 Правни забелешки Списанието Unique излегува еднаш месечно со одобрение на сопственикот на правата - издавачката куќа Глобал Медиа. Unique е регистрирана трговска марка во сопственост на издавачот. Нејзиното користење на други места треба да биде во согласност со насоките на сопственикот. Информациите во списанието имаат забавен и информативен карактер. Точноста на информациите е проверена пред процесот на печатење. Пред користење на некои од советите поврзани со здравјето, препорачлива е консултација со доктор. Unique го задржува правото да ги објавува и ре-објавува материјалите и содржините генерирани од читателите на списанието. Списанието Unique заедно со списанието AutoFocus е дел од медиумите на Глобал Медиа.
Ва ш
и
ета на пал бо а ат
Трансформирајте ја
Сите варијанти на
Мешаме бои! Вашето сликарско
Топ совет Кој вели дека силната смарагдно зелена не одговара со бујната темно жолта?! Комплетирајте со чизми со различен дезен.
U
Топ совет Топ совет
На вообичаената работна комбинација од сина кошула сиви панталони и црни чизми, додадете интересен капут со лимон жолта боја во која е содржана есента. Разиграјте!
Одберете тонови кои прават да се чувствувате пријатно - Темно пастелните зелени панталони и кошулата со интересна розова боја, совршено.
U
18 UNIQUE • јануари 2016 •
U
комбинирањето
платно е вашата гардероба.
U
Топ совет Зашеќерете со пастелни бои. Шеќерната или бебешка розова е секогаш полн погодок со слична загасена сива и богата бордо нијанса на чанта. Играјте со чевлите.
Топ совет Бојата на тутунот е новата црна. Така, наместо да се одлучите за здодевни црни панталони со оваа опуштена сина кошула, додадете сина панталони со боја на тутун и подготвени сте!
U
Топ совет Не ги блокирајте боите така што ќе одбирате еднобојни парчиња и секогаш сигурни варијанти. Графичкиот принт е во мода. Искористете го тоа!
U
• јануари 2016 • UNIQUE 19
new year
а к л а в у ж о л с unique Каде е Cara?
Овде сум!
Помогнете и на Kendall 26 UNIQUE • јануари 2016 •
Kendall е заглавена на почетокот на овој моден лавиринт и се обидува да ја најде својата пријателка Cara за да одат на забава. ` да го пронајде својот пат, преку низата гламурозни Помогнете и славни личности.
10 sandorka
8 W deranson J
9 Rurbebry
7 pitchesrhro nkea
Моден анаграм
6 derem
5 mrya atrktzouan
4 shotpop
3 ouhes fo dhoalln
2 monsie cohra
1 ileiam stwicadke
London Spring 2016
Решение: белата чанта е поинаква боја, 4 е заменета со 1, венче кај третата девојка во предниот ред, часот на заминување на таблата, натписот на блузата кај дечкото, приврзокот на белиот куфер, двете чанти се црвени
Пронајди ги разликите Направивме 7 мали разлики во долната слика од модниот спектакл на Chanel за пролет 2016. Можете ли да ги пронајдете?
unique најдобра
Сигурни ли сте дека ги знаете сите дизајнери кои се претставија на модната недела во Лондон? Овие имиња мора да ги знаете! Ние малку ги измешавме буквите за да ве повериме.
• јануари 2016 • UNIQUE 27
Решение: Emilia Wickstead, Simone Rocha, House of Holland, Topshop, Mary Katrantzou, Erdem, Christopher Kane, J.W. Anderson, Burberry, Roksanda
unique интервју
Тино
Костадиновски актерот кој нe смее до солзи. еланхоличен Пишува тажен свет Теодора Крстевска
во кој владее трагедијата и драмата. Реалност која го ништи духот на човекот и ги брише сеќавањата на детската безгрижна среќа... Чекај, што збориш бе? Врати се назад, искористи ја онаа мала доза на лудило и сврти ја другата страна на маската. Добредојдовте во театар Комедија, месото каде што се бега од здодевната реалност, местото каде смеата и забавата е секојдневие, местото каде животот е убав.
Fast talk
> Најдобар пријател? Атанас
> Театар или филм? Театар
> Љубов или страст? Страст
> Омилен пијалак? Јamison
> Најсекси актерка? Eva Green
unique интервју
За кариерата...
За животот...
>Кога првпат се поја-
>Како изгледа живо-
ви љубовта кон актерството? Само што завршив средно и поима немав што да запишувам. У Орце иам завршено и поима немав што да бидам, претходно сакав 1500 работи ама ништо и викам ај што да бидам? Ај глумец ќе идам да бидам. >Која е првата театарска претстава што си ја гледал? Одамна беше тоа у театар за деца и млади мислам дека беше... Дали беше таа старата „Убавицата и Ѕверот“ или „Могли“ ама ич не ми текнува. А у понова историја имаше една легендарна у МНТ баш у овој објект „Буре Барут,“ таа е прва претстава што ми оставила впечаток дека театарот е нешто посебно. Не е обична ствар. >Која е првата улога што си ја изгирал, какво искуство беше тоа? Еј првата улога не ни беше тоа улога на академија бев прва година и 30 луѓе бевме у МНТ и бевме 80 студенти и глумци и првата улога ми беше у една као сцена кај што беа боговите грчки и бев Хермес и немав текст и знаеш што ми беше улогата претрчував натаму наваму толку. А првата улога улога ми е у професионален театар исто у МНТ Јаша од Вишнова градина Чехов. Тоа е прва улога улога. >Каде се гледаш за 10 години? Тука на истово место
пошо веројатно нема да го реновираат театаров уше 10 години, у гримиорна кај мене. >Дали некогаш си размислил да се откажеш од актерството? Да пред секоја премиера тоа обавезно. Лоша психологија на глумци кога пред премиера ништо не им се свиѓа, ништо не им чини и размишљаат да се откажат од професијата. Сите глумци до еден, веруј, така и јас пред секоја премира викам готово, ова не е за мене јас си одам, чао. >Каков е односот со колегите? У театар сите сме моја генерација ко шо глеаш, од 25 до 30 години сме повеќето, тоа значи дека уште имаме ентузијазам за работа и првин сме другари, а после сме колеги. >Ривалство, тепање за улоги, задгрбни сплетки? Има нормално, театарот ти е као у оние трагедиите на Шекспир, братот си го убива таткото, таткото братот. Истото се случува у театар позади сцена. Тоа нема криење. Има ножеви у грб, има лактање, има ривалство, ако си малце паметен и ако го свртиш тоа ривалство на позитивната страна ондак тоа ќе те направи ти да напраиш поише, тоа е онаа позитивна конкуренција. Тоа е ако си малку паметен ќе можеш тоа да го напраиш, а ако си глуп, ќе праиш злобни работи, ќе забиваш нож у грб и сл.
>Дали веруваш во
љубов? Верувам, да. >Колку вистински љубови може да има еден маж? Па може да има повеќе вистински љубови, ако збориме за љубов кон жена конкретно поима немам, субјективно од маж до маж. Според сите морални норми една. За мене бројка сакаш да ти кажам? Од две до четири. >Дали си заљубен? Да, среќно во една, една што вреди од две до четири. >Што треба да поседува една девојка за да го привлече твоето внимание? Па да ми се смее на смешките прво, ако моите глупи смешки и се смешни значи дека ги прифатила моите мани у старт. Не треба да се бави со физички изглед, зошо ако се бави со физички изглед никад нема женска да фатам. >Смртно си вљубен во девојката на твојот најдобар другар и таа во тебе. Што би одбрал, љубов или пријателство? Пријателство, секогаш нема љубов што може да заебе пријателство, секое пријателство заебано од љубов не е вистинско пријателство.
тот на еден актер? Ужас, многу лошо, најлошиот живот е тоа. Не, се шалам. Стануваш мртов уморен сабајле, многу ти се спие. Увек каснам на проба, сите ми се љутат, имам некој проблем со станување. И доаѓаш у театар пиеш едно кафе и влагаш у рудник и забораваш на сè што се дешава и после коа ќе искочиш надвор више е стемнето. И после доаѓаш вечер играш претстава, ќе си отидеш дома, ќе имаш кошмари, ќе бладаш нешто, пак ќе станеш, отприлика така. >Во што веруваш? Во себе. >Дали си направил некогаш грешен избор за кој се каеш? Да, коа станав глумец. >Сакаш ли да читаш? Која е твојата омилена книга? Ејј омилена книга, пет да ти набројам може? Значи многу...А автори да ти набројам? Достоевски све возможно што постои, Чехов... „Иванов“ сигурно. Сакам контра книги од тоа што сум јас. Ако по природа сум весел сакам многу депресивни и темни книги, поима немам зошто. Филмови сакам весели, книги тажни, поима немам зашто. >Што е она што те прави среќен, а што тажен? Тажен многу ме праи лоша претстава, значи нема ништо потажно од тоа да играш у лоша претстава. Имам
пуно искуства ама нема ништо потажно од лоша претстава, да знаеш дека претставата е лоша и нечини и да мораш да ја играш. У принцип тоа ме прави многу тажен. А среќен, што ме праи среќен бе? Пуно работи ме праат среќен, тешко прашање еј... Знаеш што ме праи среќен многу? Коа ќе улетам у некоја весела атмосфера има оговарање ама опасно со клизачи оговарање и коа ќе се уклучам, е тоа ме праи многу среќен и многу ме опушта, коа оговараме некој ми е фантастично. >Колку е тенка линијата помеѓу трагедијата и комедијата? Малку, малку е тенка. Па, не е финтата колку е тенка линијата, него секоја една ствар у себе содржи и трагедија и комедија зависи која стана ја изнесуваш. Тоа е истата ствар, само која страна ја покажуваш. Една тема, едно чувство или еден муабет, една дешавка има и трагична и смешна страна. Зависи од која страна ги вртиш работите. Како и ние луѓето, имаме и смешна и тажна страна зависи као се покажуваме. >Кога маските ќе паднат, што останува? Какви се овие прашања кои ме тераат да размислувам? Со прашањава филозофска книга да издадеме. Па ваљда останува она духот, карактерот, вистинскиот ти. • јануари 2016 • UNIQUE 35
Фотографија: Ани Дими / Стилист: Милена Танаскоска / Асистент: Емилија Палашева/ Модел: Ана Калачоска / Модна Агенција: Моделс Ин / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Hairdo салон / Локација: МОБ
• јануари 2016 • UNIQUE 49
Периодов сите сме опседнати со светки. Внесете го овој магичен детаљ и во вашата гардероба. Едноставен, топол џемпер прекриен со ѕвезден прав.
Супер мини здолниште кое му пркоси на студот. Откачете ги здодевните панталони и истакнете ги вашите совршено долги нозе.
Доволно голема за да ги собере сите неопходни нешта кои ви се потребни во текот на денот и жешко црвена за да ја разбие зимската монотонија.
елегантната црна со жешката црвена Внимателно одберете и направете неодоливо секси комбинација.
Времето во овој период од годината знае да биде непредвидливо. Не дозволувајте снегот или дождот да ве изненадат. Секогаш во својата чанта носете мини чадор кој ќе ве заштити од непријатностите на зимата.
Црно бела ролка која одлично се вклопува во секој аутфит. Дефинитивно ова е парчето кое е must have за оваа сезона.
Елеганцијата не секогаш се поврзува со високите потпетици, деновите некогаш се премногу долги, а вашите нозе премногу уморни. Овие балетанки се доказ дека удобното и убавото одат заедно
Француска класика и префинетост Стилот на безвременската Audrey Hepburn збогатен со весели бои.
Trending Spring 2016
За време на онаа недела кога го славевме 80тиот роденден на Lancôme, регионалната мејкап артистка на брендот Ивана Лисак беше наша гостинка која со својата извонредна техника и искуство ги нашминка нашите модели инспирирана од светските модни трендови за пролет 2016. Модели: Јана Јоскоbска / агенција: моделс ин / Марија давчевска Шминка: Ивана Лисак, Lancôme / фризура: студио allure
Темно розова варијанта
seal it
with a kiss Marchesa
Постапка Клучен момент во овој изглед е карминот, но секогаш внимавајте да е нанесен на совршена подлога. За таа цел, пред да ја нанесете течната пудра, коректорот и пудрата во прав, ослободете се од нееднаквостите на лицето со серум за лице и серум за очи. Очите дефинирајте ги со молив за очи и молив за веѓи, а за заводлив сјај нанесете сенка во златесто – кафена нијанса. Не заборавајте на маскарата. Карминот за усни и руменилото во основа ја имаат сличната нијанса - темно розова. 64 UNIQUE • јануари 2016 •
Нијанси, контури, лакови
Into the blue
Јonathan Saunders Постапка Свежината која ја создава сината боја и автентичноста кога е поставена на горниот капак од окото создаваат изглед кој ветува погледи и воздишки. Исклучително за храбрите, задолжително нанесете серум за очи и серум за лице, но никако не ја заборавајте базата за шминка на која ќе ја нанесете течната пудра, коректорот и пудрата во прав. Со сенката за очите ќе создадете дополнителна база која ќе му даде длабочина на окото, а потоа нанесете го тушот во жестока сина боја по должината на трепките на горниот капак. Надополнете со кармин, руменило и молив за веѓи. • јануари 2016 • UNIQUE 65
Нежно освојување
s moky lavender Jill Stuart
Постапка Кога креирате ваков изглед, инсистирајте само очите да бидат впечатливи, а сепак нежни. За таа цел употребете крема за лице и крема за околу очи, пред да ја нанесете течната пудра и пудрата во прав. Сенката за очи е клучниот елемент на кој треба да внимавате да ја нанесувате од трепките кон веѓите (слично како кога креирате smoky eyes.) Нежно додадете туш за очи, молив за веѓи и маскара како би ги дефинирале очите. На лицето суптилно нанесете руменило и кармин.
Lancôme Poudre Majeur Excellence 01 Пудра во прав за лице 2.800 денари
Топлина, насмевка, сексапил
Rosy cheeks
Alexander McQueen Постапка Јапонската поп култура го практикува овој тренд каде најистакнат елемент од целото лице се токму јаболкцата. Откако ќе нанесете серум за лице и крема за околу очи, нанесете ја течната пудра и пудрата во прав. На очите нанесете сенка, туш за очи, молив за веѓи и маскара, а на усните сјај. За да го постигнете изгледот, руменилото во нежна розова боја нанесете го над јаболкцата, веднаш под окото.
unique ТИ&ТОЈ
Q1
Мажите со половина поголема од __ см. имаат 22% помалку сперма од останатите мажи 80
100
110
A
В
C
Q4
Колку повеќе сперма произведуваат мажите кои вежбаат 15 часа во текот на неделата, за разлика од оние кои воопшто не вежбаат? B)
44%
В. Ако не одите во теретана поради вас, направете го тоа поради вашите потомци. Според едно истражување, мажите со половина поголема од 100см произведуваат 22% помалку сперма од просечно. Добра вест: вежбањето еднаш во неделата може да го доведе вашиот струк до 9395см, што ќе резултира со поголема потенција.
Q2
68%
A)
Како станувањето родител влијае на вашата заработка? A)
C)
Ја зголемува
75%
B)
Ја намалува
C)
Не влијае
A. Можеби нема да ви изгледа така убаво кога ќе фрлите илјадници денари на количка за првите неколку месеци, но едно истражување покажува дека платата на новопечените татковци се зголемува за 19%.
Q3
Што ѝ прави пушењето на вашата сперма? A)
Ништо
B)
Ја деформира
C)
Ја прави појака
B. Мутираното е добро сѐ додека остане во X-Men. Но, мутирана сперма? Едно истражување покажува дека мажите кои пушат ги зголемуваат шансите за нефункционални и деформирани сперматозоиди.
88 UNIQUE • јануари 2016 •
B. Вежбањето може да ви помогне да ја подобри количината на спермата за 3 пати повеќе. Го поттикнува телото на излачување повеќе тестостерон и го подобрува крвотокот. Не дека ви се потребни повеќе причини за да вежбате.
Q6
Q5
Колку пати позаинтересирани ќе бидете од вашиот татко? A)
B)
C)
Х2 Х4 Х8 C. Истражувањата покажуваат дека денешните татковци се 8 пати повеќе инволвирани во животите на своите деца од нивните татковци пред 30 години. Поголемиот контакт со детето го подобрува неговиот ментален развој.
Колку часа поминати пред телевизорот неделно го намалуваат бројот на сперматозоидите? A) 5 B) 10 C) 20
B. Едно истражување на Харвард покажува дека мажите кои гледаат во малите екрани 20 часа неделно имаат 44% помалку сперматозоиди од оние кои не гледаат толку. Можеби е време да паузирате со Walking Dead маратонот.
Q10 Q7
За колку проценти исхраната богата со витамин Ц може да ја заштити спермата од оштетување? C)
A)
20%
B)
12%
33%
A. Едно истражување покажува дека мажите кои внесуваат повеќе витамин Ц во својата исхрана имаат 20% помалку шанси од ДНК нарушување на нивната сперма.
Q8
Која е најдобрата возраст за бебе? A)
Q11
Биолошки гледано, кој има најдобра сперма? Колку школки треба да изедете A) за бројот на сперTobey Maguire матозоиди да се покачи за 74%?
Пред 25
B)
Jon Hamm
B)
26-29 C)
C)
30-40
6
C)
C. Мажите кои имаат деца на помлади години имаат повисока смртност кога ќе достигнат средни години, според едно истражување. Деца после 30.
Q9
За колку проценти се зголемува бројот на сперматозоиди ако носите боксерки наместо обична долна облека? A)
Arnold
A)
10 A. Истражувањата покажуваат дека мажите со тенки лица имаат поквалитетна сперма. Очигледно луѓето не можат да бидат и ултра потентни и ултра мажествени.
B)
20
C. Мажите кои имаат проблеми со плодноста и кои внесуваат дополнителни 66мг цинк во текот на денот, имаат 74 повеќе сперма. Една голема школка содржи 11мг цинк.
Q12
Дали треба вие да станете или тоа треба да го направи вашата партнерка во текот на ноќта кога бебето плаче?
5%
B)
A)
taa
вие
B. Таа треба да стане. Недостатокот од сон влијае многу полошо кај мажите отколку кај жените. Тоа значи дека доколку станувате вие, ефектите од неспиењето ќе ги чувствувате многу подолго отколку кога тоа би го правела таа. Но, не кажувајте...
C)
B)
24%
50%
B. Универзитетот во Манчестер откри дека носењето на полабава долна облека ја подобрува спермата за 24%. Анализата во која учествуваат 2249 мажи покажа дека мажите кои имаат помалку квалитетна сперма носат тесна долна облека.
Q13
Слушајте внимателно... Дали мажите со понизок тон на гласот имаат понизок или повисок број на сперматозоиди од просекот? A) Повисок
B) Понизок B. Мажите со подлабок глас се оценети како посекси од страна на жените, но често бројот на сперматозоиди им е под просекот. Една теорија е дека имаат вишок тестостерон, со што се забавува создавањето на сперма. • јануари 2016 • UNIQUE 89
unique living
Мета
Целете кон отстранување на подочниците. За тоа ви е потребна вистинска стратегија Дали знаевте дека делот од кожата околу очите старее 36% побрзо од останатиот дел од лицето? Колку и да не сакаме да си признаеме, дебелите сенки под очите стануваат сѐ почеста појава кај жените. Вината ја препишуваме на стресот, брзото темпо на живот и недостатокот од сон. И иако не сме далеку од вистината, време е да ја најдете вистинската причина и да се ослободите од подочниците до колена.
Причина
Причина
Навиката на спиење
Брчки
Алергии
Една од најчестите причини за појава на подочници е токму недоволното спиење. „Добриот сон е клуч за дневното функционирање. Спиењето е една од најважните манифестации на здравје во секојдневието. Последиците на ненаспаност и премореност се отчитуваат на лицето и телото: генерална премореност, подочници, пад на имунитетот,“ вели д-р. Дејан Филиповиќ, специјалист дерматовенеролог од Санте Плус Дерматологија. „Подочници може да се јават и при спиење заради собирање и згуснување на течности во ткивото околу очите, што многу поинтензивно се случува при спиење на стомак. Многу важен момент е правилната положба при спиење – спиење на грб со користење на перница за главата да биде подигната над нивото на телото,“ објаснува д-р. Филиповиќ. Поправање на штетата: Обидете се со крем богат со витамин А и масажа. Доколку сѐ уште ги забележувате подочниците, обидете се со Карботерапија која делува на циркулацијата.
Кожата со годините станува како хармоника – кога ќе ја оптегнете е мазна и бела, но кога е собрана веднаш станува потемна. Според д-р. Филиповиќ, подочниците се често причина на стареење на кожата „Метаболизмот забавува што поттикнува дегенеративни промени, спуштање на лицето и продор на масното ткиво од очната шуплина,“ вели тој. „Брчките, подочниците и поопуштена кожа на лицето се забележуваат после 35-тата година на живот.“ Поправање на штетата: Ако сте од похрабрите и не се плашите од иглите, д-р. Филиповиќ препорачува полначи (филери) на база на хијалуронска киселина (цел е вбризгување на основниот градежен материјал кој го надополнува изгубениот волумен, ја прикрива пигментацијата и поттикнува развој на нов колаген), лифтинг на средниот дел на лицето, блефаропластика – со цел отстранување на вишокот на кожа и масното ткиво кое продрело од очната шуплина.
„Секоја состојба која предизвикува иритација на очите, може да придонесе за појава на подочници заради триење и чешање на кожата во тоа подрачје, па и некои видови алергии,“ вели Филиповиќ. Триењето предизвикува уништување на црвените крвни зрнца со што се менува бојата на кожата. Тест: Дали подочниците се резултат на алергија може да утврдите истовремено со самото дијагностицирање на видот на алергијата. Поправање на штетата: За можната појава на алергија на било што, разговарајте со вашиот матичен лекар. Иритацијата на очите често се јавува кога ја вадите шминката, па внимавајте секогаш да одбирате производ кој не ја иритира кожата. Нанесувајте го без никакво триење. Внимателно, со тапкање отстранете ја шминката. Друг начин: обидете се со Ласерски третман (Фракциски аблативен ербиум ласер, Фракциски аблативен CO2 ласер, Фракциски неаблативен ласер, Ербиум ласер, Q-switched ласер).
94 UNIQUE • јануари 2016 •
Причина
Консултиравме експерт Разговаравме со: д-р. Дејан Филиповиќ, специјалист дерматовенеролог од Санте Плус.
Како да ги прикриете полесно Светските мејкап артисти имаат совршена стратегија како инстантно да се ослободите од темните кругови со малку магија на пудрата
1 Нанесете пудра Нанесувањето на пудра по коректорот ќе ја отстрани целосната моќ на коректорот. Пудрата нанесувајте ја пред коректорот.
2 Основа Нанесете прајмер со пигмент под очите и на очните капаци за да ја изедначите нијансата на кожата. Плус, коректорот и сенките ќе траат подолго.
3 Третирајте Со прстот до малиот прст со благо тапкање нанесете го коректорот под очите. Ако кожата е дехидрирана, нанесете малку крема за очи во коректорот.
4 Внимавајте За да не завршите со бели кругови околу очите, размачкувањето продолжете го до јаболкцата. Не ги заборавајте внатрешните агли на окото – онаму каде е најтемно.
5 Размачкајте Зацврстете ја течната пудра и коректорот со малку пудра во прав без пигмент. За да стои во текот на целиот ден.
Што всушност претставуваат подочниците? Подочниците се естетски проблем што настанува заради повеќе причини, кои, често, се здружени. Подочници во права смисла настануваат поради слаба циркулација, бавен метаболизам, како и поради различноста во градбата и обоеноста на кожата. Тие означуваат застојни промени поради слаба циркулација и слаба лимфна дренажа и заради зголемениот хидростатски притисок, крвта продира низ ѕидот на крвните садови во ткивото, каде се разградува и настанува пигментација, односно темни кругови под очите. Тоа се пигментирани или обоени подочници. Кај некои луѓе преовладуваат само застојни промени без продор на крв во ткивото. Тоа се застојни подочници кои се манифестираат со отекување под очите. Често, со време, заради отеченоста, настанува вишок на кожа под очите, а подоцна доаѓа до здружување на обоеноста на кожата и отеченоста. Како резултат на што сѐ можат да се појават? Постојат повеќе фактори кои влијаат на појавата на подочници: генетика – некои луѓе наследуваат склоност за појава на темни и отечени подочници, надворешни фактори, последица на стареење, болести – многу често, подочниците се прв показател на тоа дека постои некој проблем, нарушен баланс во организмот или дури и сериозна болест (проблеми со бубрезите, сериозна анемија, кардиоваскуларни болести, болести на штитната жлезда, алергии, стрес, хормонски пореметувања). Дополнителни фактори се: недостаток на нутриенти (недостаток на храна богата со витамини А, Ц, К, Е), пушење, конзумација на алкохол, плачење. • јануари 2016 • UNIQUE 95
unique living
Јога „Практикувањето на јогиските вежби е грижа за себе. Ќе Ве научат како да ја чувате својата енергија и како да го најдете внатрешниот мир. Така, работејќи со себе, секојдневието може да стане предизвик да ја откриете радоста и мудроста на живеењето“.
B
Пишува Теодора Крстевска
ерувам дека една од вашите новогодишни резолуции беше дека во Новата Година ќе започнете со вежбање. Јануари е вистинско време за да почнете со исполнување на ветеното. Што велите за источна филозофија и зен култура? Само за вас разговаравме со една од најдобрите јога инструкторки во Македонија и подготвивме програма со вежби за секој дел од денот кои ги демонстрираше моделот Елена Гугоска. „ Јогата, поточно практикувањето на асаните, техниките да дишење, концентрација, релаксација и медитација ги одржуваат и
телото и умот во добра форма, витални и исполнети со животна енергија. Тоа значи да се живее здраво, со ентузијазам, во добро расположение и со мир во душата,“ вели Лидија „ Филозофијата на јогата допира до неспознатливото со умот, а мене токму тоа ме интересираше. Чувствував дека во позадината на перцепцијата на секојдневното живеење постои нешто поинакво, суштинско што ја дава смислата на постоењето. Јогиската практика ме направи посензибилна за вистинските квалитети на концентрираниот ум и ми го отвори суптилниот свет на интуицијата, на душата.“
Експерт Лидија Георгиева Јога Центар lidijageo@gmail.com Мантра - Благодарам! Ја изговарам и кога сум среќна и кога сум несреќна! Совет - Никогаш не се откажувајте од соништата! Чудата се случуваат! Магијата е насекаде околу нас, треба само да се осмелиме да посегнеме по неа.
Програма по нарачка
Претпочитате да вежбате наутро, попладне или навечер? Одберете ја совршената комбинација од вежби направени само за вас и започнете!
За добро утро Посветете си 20-тина минути на себе за да ја активирате својата енергија и да го почувствувате внатрешниот мир
3+6+1+9+2
106 UNIQUE • јануари 2016 •
Попладне Направете неколку вежби за да ја обновите енергијата и го освежите умот.
5+10+9+8+2
Навечер Вежбите ќе ви помогнат да го ослободите заморот, телесниот и менталниот. И повторно да го најдете внатрешниот мир.
9+4+8+7+2
unique living
Шминка: Симона Салтирова Фризура: Дарко Allure Фотографија: Ани Дими
• јануари 2016 • UNIQUE 107
unique living
Јога код
Спремни? Секоја вежба има своја придобивка. здрав. придобивки освежува 'рбетни заболувања внатрешен мир рамнотежа концентрација енергија
Совет: За да избегнете повреда задолжително направете истегнување пред да почнете со вежбање.
2 1
Кралски танц Ова е одлична вежба за зголемување на стабилноста на телото Застанете со составени стапала, ослободете ја напнатоста од телото и смирете го дишењето. Гледајте на едно место пред себе. Свиткајте ја едната нога, фатете ја кај глуждот на стапалото. Малку наведнете го телото и повлечете ја потколеницата наназад и благо нагоре. Левата рака испружете ја пред себе, благо нагоре. Останете во рамнотежа на една нога. Истото повторете го и со другата нога.
108 UNIQUE • јануари 2016 •
3
Риба Положба на воинот
Свесно следење на дишењето Седнете во седечка положба: прекрстете ги нозете, исправете го ‘рбетот, брадата благо спуштете ја кон градната коска и поставете ги дланките над колената. Затворете ги очите. Отпуштете го целото тело. Почувствувајте дека положбата ви е удобна и почнете да го следите дишењето. Важно е да ја задржите концентрацијата на дишењето, да сте свесни за секое вдишување и издишување. Не размислувајте. Кога ќе сфатите дека сте ја изгубиле концентрација, повторно вратете се на дишењето. Останете 10 мин. Кога сакате да завршите, кажете си дека постигнатиот мир го задржувате па растегнете се.
4
Зајакнуваат мускулите на натколениците. Се ослободува напнатоста од градниот кош и се активира енергијата на срцевиот енергетски центар. Оддалечете ги стапалата на растојание од околу 4 стапки со лицето свртени кон десното стапало, а левото е завртено за околу 45 степени. Спружете ги рацете покрај главата со составени дланки. Исправете го грбот. Свиткајте ја десната нога спуштајќи се надолу така што натколеницата и потколеницата се под прав агол. Левата нога е спружена. Дишете континуирано. Задржете ја положбата 3 до 5 дишења. Истото повторете го и со левата нога. Повторете ја вежбата уште еднаш.
Не ја практикувајте ако имате зголемена функцијата на тироидната жлезда, треба да се практикува ако е намалена функцијата на тироидната жлезда. Зајакнуваат грбните мускули, се стимулира подлабокото дишење. Легнете на грб. Составете ги стапалата. Рацете доближете ги до телото и потпирајќи се на нив, свиткајте се наназад, подигнете го градниот кош кон горе и поставете го темето на главата на подот. Доближете ги лактите што поблиску до телото, потпирајте се на нив, а дланките поставете ги со споени прсти над колковите. Користете ги грбните мускули и рацете за да ја одржите положбата. Што помалку тежина нека паѓа врз главата. Останете околу половина минута. Ослободете ја напнатоста и дишете длабоко и рамномерно.
unique living
5
7
Кобра
Дишење
Легнете на стомак со споени нозе, дланките под рамената, лактите покрај телото. Главата спуштена со челото на подот. Вдишувајќи, ја движите брадата кон напред, кревајќи ја главата, а телото виткајте го кон назад. Дишете нормално. Користете ги грбните мускули, не се потпирајте само на рацете. Останете 5-6 секунди. Издишувајќи спуштете ја прво брадата на подот, па челото. Одморете се 2-3 секунди. Вежбата повторете ја 4-5 пати. Потоа одморете се лежејќи на стомак.
Не ја практикувајте вежбата ако едната или двете ноздри се слабо проодни. Седнете удобно со исправен ‘рбет. Дишењето нека стане длабоко и спокојно. Показалецот и средниот прст ставете ги на челото меѓу веѓите. Издишете низ двете ноздри. Со палецот затворете ја десната странично и направете пет дишења. Вдишување и издишување е едно дишење. По петтото, затворете ја со четвртиот прст левата ноздра и дишете низ десната. Повторете уште еднаш, по пет дишења низ секоја ноздра.
6 Положба на триаголник Оддалечете ги стапалата околу три и пол стапки. Рацете кренати во висина на рамениците , паралелни со подот и дланките кон подот. Десното стапало ротирајте го за 90 степени. Раце во права линија, па издишувајќи десната рака спуштете ја кон десното стапало. Дланката поставете ја пред стапалото или потколеницата. Свртете го лицето кон левата подигната рака, а левото рамо повлечете го наназад за да ги исправите плеќите. Дишете континуирано. Задржете 10 секунди. Вдишувајќи, вратете го десното стапало, па левото ротирајте го околу петата во лево. Повторете го истото на левата страна.
8 Обратна положба Не ја практикувајте доколку имате висок крвен притисок, висок очен притисок, сколиоза или други ‘рбетни заболувања Легнете на грб. Составете ги стапалата, рацете доближете ги до телото, дланките поставете ги на подот. Повлечете ја брадата кон градната коска. Свиткајте ги нозете и подигнете ги кон горе и наназад и подигнете го телото додека тежината не дојде на горниот дел на плеќите. Нозете се спружени кон горе, косо во однос на подот. Поставете ги дланките зад карлицата. Задржете ја положбата додека ви е удобно. Ослободете ја напнатоста од телото. Дишете рамномерно и длабоко.
9 Планина Вежбата ги зголемува еластичноста и виталноста на телото. Поставете го телото на колена кои што се споени и на дланките кои што се поставени во ширина на рамената. Растојанието меѓу рацете и нозете е колку што е должината на телото. Со долниот дел (оној дел на којшто газите) прстите на стапалата поставете ги на подот, па вдишувајќи подигнете ја карлицата нагоре и издишувајќи истегнете се потиснувајќи го телото наназад. Нозете нека останат исправени и колку што може спуштете ги петите кон подот. Останете неколку секунди; дишете континуирано. Потоа подигнете ја едната нога и колку што може исправете ја кон горе. Задржете ја неколку секунди па спуштете ја. Истото повторете го со другата нога. Повторете го подигнувањето на нозете уште еднаш.
10 Лак Вежбата го зајакнува целото тело. Не ја практикувајте ако имате висок крвен притисок и ‘рбетни заболувања. Легнете на стомак. Оддалечете ги колената и фатете ги стапалата кај глуждовите. Прстите на рацете треба да бидат споени. Поставете ја брадата на подот. Подигнете ги нозете влечејќи ги потколениците нагоре. Тоа ќе го подигне и телото. Останете неколку секунди па спуштете се. Нека останат дланките на стапалата и одморете се неколку секунди па повторно направете ја вежбата. Повторете ја 4-5 пати.
• јануари 2016 • UNIQUE 109
ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА
СПИСАНИЕТО - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА