Unique Magazine 71 (Preview)

Page 1

БРОЈ 71, НОЕМВРИ 2015 · 35 ден

Alicia Keys

Притисок за совршенство

Zzzzz...

Ви недостасува квалитетен сон? БРОЈ 71 70 НОЕМВРИ октомври2015 2015

200+ Fashion Trendy модни парчиња

Мирисот на светот Омилените ноти

НОЕМВРИ 2015 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


ноември

2015

32

26 Интервју Наташа Петровиќ

Гордана Вренцоска

40

42

Bright lights big city

48

urban love story

задолжително прочитајте 80 Фатете нÈ ако можете / Ако имате алергија од планирање голема свадба? Добре дојдовте во клубот на двојките - бегалки! 94 Ви недостасува квалитетен сон? / Послужете се со овој наш водич за поубаво спиење 104 Филозофија на кафето / Ви ги претставуваме најпопуларните невообичаени кафиња, нивниот состав и калориската вредност 10 UNIQUE • ноември 2015 •

Најдобра 18 Монитор 22 Топли четива за студени денови

најдобра

24 Alicia Keys Жена од насловна

Згоден дечко на месецот Жарко Батиќ Ти и тој 84 Би го направиле ли ова за некого? 86 Моногамија 86 Тајните на секс експертите

Living

30 Пријателство за возрасен начин

98 Контрацепција за несакани совети

110 Забрзувачи на метаболизмот

Кариера

34 Исклучете се и релаксирајте се

Во неговиот ум

36 Тајните на неговото скриено богатство 38 Зошто тој се плаши од обврска

105 Трчајте! 108 Рецепти 110 Дестинација: Си беше еднаш... Најубавите замоци во Европа 114 Хороскоп

Издавач

Aдреса на издавач Мито Хаџивасилев Јасмин 20/14 Скопје Aдреса на редакцијата Ул. Митрополит Теодосиј Гологанов 60Б/8 Скопје contact@gmp.mk 02/5209 705 Основач и директор на Глобал Медиа Александар Попов aleksandar.popov@gmp.mk Продукција Главен и одговорен уредник Ивана Попоска ivana.poposka@uniquemag.mk Ивет Царо ivet.caro@uniquemag.mk Графички уредник Јовица Ризовски jovica.rizovski@gmp.mk Мода и убавина Милена Танаскоска milena.tanaskoska@uniquemag.mk Редакција Теодора Крстевска teodora.krstevska@uniquemag.mk Фотографиja Андријана Костова - Петровска Продажба на рекламен простор Снежана Божиновска snezana.bozinovska@gmp.mk Дистрибуција контакт: МПМ 02 / 3089-305 Глобал Mедиа 02 / 5209-705 ISSN 1857-6826 Печатница Европа 92 - Кочани адреса: Крижевска 52, Кочани датум на печатење: 20.10.2015 Број на печатени примероци: 9.000 Правни забелешки Списанието Unique излегува еднаш месечно со одобрение на сопственикот на правата - издавачката куќа Глобал Медиа. Unique е регистрирана трговска марка во сопственост на издавачот. Нејзиното користење на други места треба да биде во согласност со насоките на сопственикот. Информациите во списанието имаат забавен и информативен карактер. Точноста на информациите е проверена пред процесот на печатење. Пред користење на некои од советите поврзани со здравјето, препорачлива е консултација со доктор. Unique го задржува правото да ги објавува и ре-објавува материјалите и содржините генерирани од читателите на списанието. Списанието Unique заедно со списанието AutoFocus е дел од медиумите на Глобал Медиа.


unique younique

Mohиtop

Што да гледате, читате, слушате месецов...

ноемвриска селекција...

Акција, релаксација и престиж

#1

Spectre Возбудлив и уште од самиот почеток подготвен на критика, новиот филм за британскиот златен маж James Bond продолжува со помрачна и мистична нишка. Во филмот покрај веќе добро познатиот Daniel Craig, се појавуваат и Monica Belluci, Ralph Fiennes, Christoph Waltz и Lean Seydoux. Тајната служба е на тенки нозе, а Bond добива скриена порака која води до злогласна организација. Премиера: 06.11.2015

18 UNIQUE • ноември 2015 •

#2

Ellie Goulding Delirium По мегахитовите од 50 Shades of Grey турбулентната Ellie Goulding го најавува својот трет студиски албум наречен Delirium. Песната која го најави пристигнувањето на албумот е насловена „On My Mind“. Освен овој хит, на албумот ќе се најдат и други песни како „Aftertaste“„Keep Dancing“„Don’t Need Nobody“„Lost and Found“„ Devotion“. Промоција: 06.11.2015


unique younique

TV Уживање

Останатите серии во ноември...

Legends S02

Sean Bean се појави во улогата на Martin Odum, FBI агент кој го менува својот профил со секоја наредна задача, сѐ додека не се појави некој кој ќе го натера да се сомнева во својата свесност. Сега серијата продолжува со втора сезона во која ќе се појават актерите Winter Ave Zoli, Kelly Overton, Aisling Franciosi и Steve Kazze. Премиера: 02.11.2015

Mom S03

Matt Jones, Anna Faris и Allison Janney се појавуваат во третото продолжение на серијата за 30 годишна самохраната мајка која одвикнувајќи се од алкохол се обидува да си го среди животот во Napa Valley со поддршка од нејзината мајка. Урнебесна комедија за три генерации дело на извонредниот Chuck Lorre, познат по Two and a Half Men, Dharma and Greg и The Big Bang Theory. Премиера: 05.11.2015

#3

The Royals Спојот на анархија и монархија ќе биде видно претставен со премиерата на втората сезона на драмата за кралското семејство наречена The Royals. Што е следно за ова нефункционално семејство по смртта на King Simon? Креаторите на серијата најавуваат одмазда, интриги, многу сплетки и лаги. Премиера: 15.11.2015

The Librarians S02

Од авторот на интригантната Leverage, John Rogers минатата зима пристигна серијата The Librarians, која освои многумина. Сега, на почетокот на месецот се враќаат со втора сезона, па повторно ќе имате можност да ги видите Rebecca Romijn, Christian Kane, Lindy Booth, John Larroquette. Премиера: 01.11.2015 • НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 19


26 UNIQUE • ноември 2015 •

Накит: Swarovski, Шминка: Сим Салтирова, Фризура: Студио Allure, Стајлинг: Милена Танаскоска, Фотографија: Ани Дими, Локација: SOTTO, Облека: Кокев


Таа е девојка која предизвикува чувство на спокој и милина, девојка која плени со топлина и сјај во очите. Има само 27 години, а зад себе брои низа улоги во претстави и филмови. Својата младост и енергија ја пренесува на даските што живот значат, оживувајќи туѓи приказни и животи, а на нам гладните вљубеници во театарот ни овозможува кратко патување во магичниот свет на приказните. Зад спуштени завеси, надвор од тешката шминка, костимите и маските...

3 Кога првпат кај тебе се појави љубовта кон актерството? Некаде на возраст од девет години за прв пат имав прилика да бидам дел од една претстава наменета за деца која требаше да се изведува во склоп на една културна манифестација во Штип. Тогаш не го разбирав во целост она што го правев, но точно знаев какво чувство ми предизвикуваше додека се спремавме и подоцна кога го игравме истото. Пеперутки во стомак, испотени дланки, забрзано срцебиење, колена што откажуваат послушност. Сите симптоми на вљубеност и возбуда кои ги имам и денес секогаш пред да застанам на сцена. 3 Која е првата театарска претстава што си ја гледала? Не можам да се сетам на насловот на првата театарска претстава што ја имам изгледано, но се сеќавам на првата операПаљачи. Се сеќавам бидејќи во Штип многу ретко имавме и имаме за жал прилика да погледнеме нешто такво, но исто така и бидејќи тој ден заработив казна од моите загрижени родители зашто се вратив дома подоцна од дозволеното. 3 Која е првата улога што си ја изгирала, какво искуство беше тоа? Чорапче Чорапчевски е првата улога која ја имам изиграно и сѐ уште го паметам текстот од истата, како и чувството на страв дека нема да успеам од трема да го турнам капакот од кутијата од која што требаше да се појавам. 3 Да имаш шанса, со која светска или наша актер/ка би сакала да работиш? Кога би имала шанса би сакала да можам еден ден да работам

Пишува Теодора Крстевска

со Cate Blanchett, Javier Bardem, Meryl Streep ,Susan Sarandon , Michael Fassbender, Ralph Fiennes, Marion Cotillard, Tilda Swinton и уште многу, многу други . 3 Како би ја дефинирала љубовта? Како воздух без кој не би можеле да живееме. 3 Што за тебе е најважно во една љубовна приказна? Најважно е да се биде тука за другиот, да се почитува и да се љуби безрезервно. 3 Колку вистински љубови може да има една жена? Јас верувам дека сите ние имаме една сродна душа, една вистинска љубов со која сме поврзани на еден интуитивен емотивен план и сите ние низ животот талкаме за да се споиме со таа личност за да станеме едно. 3 Што е за тебе убавината? За мене убавината е она што го носиме во себе. Сјајот во очите и насмевката на лицата. Добрината и топлината што зрачи од секој еден од нас. 3 Што е она што те прави среќна, а што тажна? Среќна ме прават луѓето кои се дел од моето секојдневие, а тажна нечовечноста и неправдите кои си ги нанесуваме секојдневно ние луѓето. 3 Во што веруваш? Верувам во бајки, виножита и летечки килими. Волшебни ламби и духови. Деца што летаат и пирати. Магични чевли и џинови. Верувам во сѐ што потврдува дека сѐ е возможно ако доволно цврсто веруваме во себеси. • НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 27


Модел: Мартина Михајловска / Сталјинг: Милена Танаскоска / Асистент: Емилија Палашева / Фотографија: Ани Дими / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Адо Мурис Хамзиќ - Hairdo салон

Big City

Bright Lights

Под будното око на градот, уживајте во совршениот спој на модерното и елегантното, софистицираното и сексапилот.

42 UNIQUE • ноември 2015 •


• НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 43


44 UNIQUE • ноември 2015 •




• НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 47


Заљубете се во градот, во есента, во комбинирањето повеќе слоеви облека. Заљубете се во стилот, во нежната бохо вибрација. Заљубете се во урбаната џунгла.

48 UNIQUE • ноември 2015 •


• НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 49


50 UNIQUE • ноември 2015 •


• НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 51


магијата на

модел Сања Павел / шминка Зоран Шурбевски / фотографија Ани Дими

Ледена кралица Раскошно, моќно и неверојатно храбро. СÈ што ви треба е темно син кармин и впечатлив накит кој блескаво ќе го декорира вашиот врат.


Кралица на ноќта Црно и златно. Луксузна комбинација која никогаш не излегува од мода. Секогаш кога ќе сакате да имате кралски изглед одберете ја оваа варијанта драматични очи и нежен кармин.


Урбан гламур За да го постигнете овој ултра модерен изглед не ви е потребен голем напор. Дебела линија од металик жолт туш за очи во комбинација со кармин во топла кафена нијанса. Makeup директно од модната недела во Париз.


Црниот лебед Шминка инспирирана од црниот лебед. Ве знаат како нежната и топла принцеза? Време да ја запознаат вашата темна страна. Остар поглед, елеганција и беспрекорна префинетост. А за возврат? Воздишки, многу воздишки.


unique ти&тој

Би го нaпрaвиле ли овa за некого Да ги оставите семејството, пријателите, работата и градот и да се преселите во друга земја поради вашиот партнер? Подготвена ли сте за тоа?

К

ога животот не би нѐ соочувал со предизвици кои ќе нѐ протресат, кренат високо во облаците па ќе нѐ треснат силно од земја, веројатно би бил само една рамна линија без отчукувања, без пулс. Доаѓаат и такви моменти во животот кога треба да донесете одлука која ќе ја обликува вашата иднина. Кога имате 4 години, таа

84 UNIQUE • НОЕМВРИ 2015 •

одлука е дали да возите велосипед или да си играте со куклите, на 15 прашањето е да се стави шминка или не, на 18 на кој факултет да се запишете, на 22 дали тој е вистинскиот човек за вас. Да, тежината се зголемува пропорционално со возраста. Еден од тие моменти е и оној кога поради работата на вашиот партнер, треба да ја напуштите удобноста на гра-

дот кој со полна пареа го живеете, да ги оставите зад себе неделните ручеци во домот на родителите, да го оставите домот кој со партнерот го градевте и пред сѐ да донесете тешка одлука да ја напуштите работата која со многу љубов ја работите. Со неколку зборови, да се откажете од сопствениот живот. На почетокот веројатно ќе спиете со кнедла

во грлото неколку недели додека траат подготовките, скришно надевајќи се дека во последен момент преселбата ќе се откаже. Но, како полека го пакувате животот во кутии, така сфаќате дека ова можеби е најтешката работа која треба да ја направите и од која нема бегање. Експертите велат дека менувањето на местото на живе-


unique ти&тој ќе бидат во право. Ако не сте задоволна од сопствената кариера, можеби оваа преселба ќе ви отвори нови видици, ќе ви помогне да запознаете нови луѓе и ќе биде карта за нови можности. Но, ако ја сакате својата работа, веројатно веќе го чувствувате товарот на новиот почеток и докажување на ново работно место или нов правец во вашата кариера. И без разлика колку напнати и долги биле вашите расправии, очекувањата дека во моментот кога ќе стапнете на туѓо тло нештата ќе се сменат, се тотално погрешни. Присилени да го минувате времето еден покрај друг без чувството на спокој и интимност, додека со отворени очи гледате како емоционалната дистанца меѓу вас непрестајно расте. Нека не ве чуди ако се чувствувате фрустрирано од само тоа што лебот тука мириса поинаку. Со пристигањето можете да го одведете животот во два правци. Првиот веројатно се храни од вашата фрустрација, внатрешен конфликт и тивко

„Менувањето на местото на живеење поради кариерата е голем стрес. Менувањето на местото на живеење поради кариерата на партнерот е веројатно уште поголем, велат експертите“

ење поради кариерата е голем стрес. Менувањето на местото на живеење поради кариерата на партнерот е веројатно уште поголем. Така што, добредојдовте во точката на кршење на вашата врска. Веројатно е во ред да го мразите партнерот и да му се лутите и да му префрлате длабоко во себе, но со тоа ќе станувате само поогорчена, а сѐ уште сте на до-

машна територија. Самите подготовки за патувањето може да се претворат во расправии, викања и трескање врати. И стануваат сѐ почести. Од пријателите и семејството ќе добиете поддршка објаснувајќи дека тоа ќе биде прекрасно ново искуство за вас, дека ќе пронајдете нови страсти и ќе ви се отворат нови можности. И до некаде

избегнување на моменталната ситуација. Го мразите домот, храната, сопругот, одбивате да најдете работа само за да не ја прифатите промената, се чувствувате константно болни и ве нервира фактот што тука ги нема апчињата за грло што ги имаше дома. Караниците со партнерот стануваат сѐ почести и погласни, до моментот кога повеќе нема да збору-

вате, нема да трескате врати и фрлате чинии. Веројатно ќе живеете уште едно извесно време покрај него и двајцата гладни за љубов, емпатија и мир, сѐ до моментот кога ќе решите да се качите во авионот и да се вратите назад. И сѐ она што сте го граделе во изминатите години ќе го фрлите во вода. Другата опција е да сфатите дека и покрај тоа што вам ви е многу тешко, време е да помислите колку му е тешко нему. На своите плеќи го носи товарот на новото работно место каде треба да се докажува и плус ја носи грижата за вас, вашето здравје, вашата работа, сѐ она кое вие го жртвувавте за да дојдете тука со него. Не заборавајте го токму тој момент: Ако веќе решивте да жртвувате сѐ, тогаш зошто не одите до крај? Зошто не сте тука за него, да слушнете како му поминал денот, да споделите со него како вам ви поминал денот? Зарем ќе оставите вашата жртва да биде залудна? Кажете му кога ќе ви биде тешко и замолете го да ви помогне. Излезете на вечера во ресторан каде не го разбирате менито и забавувајте се. Бакнувајте се на улица како тинејџери бидејќи тука никој не ве знае. Дајте им шанса на работните места кои се нудат на пазарот. Кој знае, може ќе ви се допадне. Слободното време искористете го да правите работи кои не сте ги правеле вообичаено. Изнајмете веспа и шетајте по градот. Истражувајте, собирајте искуства, научете да готвите некое локално јадење. Зачленете се во клуб на читатели, најдете хонорарна работа на интернет, а вечерите минувајте ги со партнерот на удобниот кауч, со чаша вино, многу љубов и доволно секс. Нема да зажалите што ќе ѝ дадете шанса на вашата врска. Штом првично сте решиле да се врзете за овој човек, мора да вреди. • НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 85


unique living

Филозофија на кафето Седнувате во кафуле и пред вас илјада и една врста кафе. Високо калорични, ниско калорични, долго, кратко, лате, карамел, чоколадо. Чувствувате како да ви е потребен докторат за да одберете пијалак. За да ви го олесниме изборот решивме да ви ги претставиме најпопуларните интересни кафиња, нивниот состав и калориска вредност. tcha la tt Ma

e

rtado Co

62

калории

1 доза еспресо, 1 доза млеко на пареа

Избор на пијалак за хипстери. Ова шпанско кафе е на половина пат помеѓу macchiato и cappuccino. Нежно и пенесто...

80

Подготовка 1 полна лажица мача зелен чај во прав, 1 полна лажица жешка вода, 235 мл. млеко Шолја полна со здравје. Задолжително пробајте го овој егзотичен пијалак од јапонски зелен чај кој е полн со антиоксиданси.

240

Подготовка

Кога е најдобро време за кафе?

C

to

a f e m cchia af

калории

195 мг кофеин

Подготовка

1 доза еспресо, 2 дози млеко на пареа

Слично на latte, само со многу помалку млеко. Дупла доза еспресо прелиена со лесно пенесто млеко.

lletproof Bu

15

460

калории

320 мг кофеин

Специјално од тајното мени на Starbucks. И не заборавајте, консумирајте го само во моменти на огромен недостаток на сон.

3 дози еспресо, 2 дози вода

Со уште една доза на еспресо пред да се додаде водата. Силниот и опоен вкус на еспресото, разблажен со вода.

калории

Американо (1 доза еспресо, 3 дози вода), 3 дози еспресо

220

240 мг кофеин

en eye Gre

Подготовка

1 доза кафе 8 дози вода

калории

80мг кофеин

40

Подготовка

Зрната кафе за подготовка на овој пијалак со интензивен вкус, се приготвуваат со помош на специјален процес кој трае од 18 до 24 часа, наречен cold brew или (колку и да звучи чудно) варење во ладна вода.

10

калории

Ви здодеа обичното кафе latte? Brave e latte со микс на половина - половина млеко и крем на пареа. Големо задоволство за малите сетила.

200 мг кофеин

t white Fla

ng black Lo

Подготовка 1 доза еспресо, 1 доза млеко и млечна крема на пареа (50:50), 1 доза млечна пена

5

калории

мг кофеин

Breve

104 UNIQUE • НОЕМВРИ 2015 •

350

калории

185 мг кофеин

Подготовка

ld brew Co

калории

80мг кофеин

Подготовка

Еспресо прелиено со пена од млеко

Едно од најнарачуваните кафиња во Скопје, гледано од страна на скопските шанкери. Силно еспресо разблажено со богата млечна пена.

150 мг кофеин

Подготовка

1 шолја црно кафе, 35мл органски путер, 35мл кокосово масло

Кафе со висока масленост? Тајната е во тоа што ова кафе ќе ве држи сити долго време, а кофеинот ќе се испушта во телото полека.

Новите истражувања покажуваат дека помеѓу 10 часот наутро и 12 часот напладне или помеѓу 14 часот и 17 часот е идеално време за вашата дневна доза на кофеин. Доколку консумирате кафе рано наутро ќе го вознемирите хормонот за природно будење на телото. Предупредени сте!


проверка на формата Овие неколку совети на Henwood ќе ви помогнат да се чувствувате одлично додека трчате Вашиот поглед:

Гледањето надолу го криви вратот. Фокусирајте го погледот во една точка на 10тина метри од вас и замислете една нишка која ви го влече торзото кон горе. Вашите раце:

е редет Распочањата ги тр како што , а онакаи одговар е т в ј а вам не трч само а дена дв ед. по р

Мавтањето со рацете свиткани во лактите е само непотребно губење енергија, но не ги оставајте ни да висат без потреба. Идеалната позиција која нема да ви создава вкочанување на вратот и рамениците е со лакти свиткани под агол од 90 степени и опуштени зглобови. Вашиот расчекор:

Трчaјте! Трчањето е една од наједноставните активности. Потребни ви се само добар пар патики и опасна play листа. Сепак, и да не сте многу по трчањето, Олимпиецот John Henwood ви го препорачува следниов 5 неделен план со кој сигурно ќе истрчате 5км.

Не е едноставно, но обидете се да газите со средината на стапалото (не на прстите и не на петиците) така што тежината ќе ви биде насочена во средината. Со поголеми чекори поминувате подолги патеки за пократко време, но имате поголеми шанси да се повредите.

• НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 105


6-8 порции

1 700гр. одбрани мешунки по ваша желба (кафен или бел грав, грашок, леќа и сл.) кои ќе ги оставите преку ноќта да накиснат. 1 1/2 кафена лажичка мелен лут црвен пипер 1 1/2 супена лажица сув босилек 1 2 супени лажици морска сол 1 1 кафена лажичка мелен бибер 1 1/4 кафена лажичка чили 1 4 сушени лаворови листови 1 1 зелена и 2 црвени пиперки (исечкани и исчистени од семе) 1 1 лажица Виталиа мелено ленено семе 1 1 зелена чили пиперка 1 3 големи домати 1 2 супени лажици пире од домати 1 3 моркови исечкани на тенки парчиња

1 Ставете ги мешунките во длабок сад со вода и оставете ги да се варат околу 30тина минути, додека да омекнат. 2 Додадете го мелениот црвен пипер, босилекот, солта, чилито, биберот и лаворовите листови. Оставете да се вари околу 1 час. 3 Додадете ги пиперките, зеленото чили, Виталиа лененото семе, доматите и доматното пире и гответе уште 10тина минути. 4 На крај, додадете го морковот и гответе уште 5 минути. Спремно за дегустација.

108 UNIQUE • ноември 2015 •

одготвуват ап е ек

Bill Withers Raitt Lovely Day

До д

Пикантна супа од три вида мешунки

ајте... уш сл


готвуват ес под ка

1 Загрејте ја рерната на 180 степени. Загрејте 2 лажици масло во голем сад на средна температура. Додадете ги компирите и поросете ги со 1 лажица сол и чубрика и пржете ги околу 5 минути додека да добијат златна нијанса. Додадете го морковот и гответе уште 5 минути. Тргнете ги компирите и морковот настрана. 2 Додадете го останатото масло во истиот сад. Додадете го кромидот, поросете со 1/2 супена лажица сол и пржете околу 5 до 7 минути додека да омекне. Додадете го црвениот кромид и лукот и пржете уште 1 до 2 минути, постојано мешајќи. Додадете ја тиквичката, чилито, биберот, броколите, аспарагусот и една лажица сол, пржете околу 5 минути додека да омекне. 3 Додадете го сокот од пилешката супа, кељот и чубриката, оставете ги да вријат 5 минути. Тргнете ги од оган. Извадете 6 полни лажици од зеленчукот, а останата смеса пасирајте ја со супата.

јте... ша лу

Bonnie Raitt Something To Talk About

Дод е

За филот 1 3 супени лажици маслиново масло 1 175гр. млад компир 1 2 1/2 кафени лажици морска сол 1 1 супена лажица чубрика 1 1 морков 1 1 кромид 1 35гр. сечкан црвен кромид 1 3 чешни лук, ситно исечкани 1 1 тиквичка 1 1 црно чили пиперче 1 1/2 лажичка црвен и 1/2 лажичка црн бибер 1 1 големо парче брокола, раздвоено во мали парчиња 1 1/2 купче аспарагус 1 240 мл. сок од пилешка супа 1 1 куп кељ 1 3 цветови свежа чубрика

Пита со 8-10 зеленчук порции

За тестото 1 125гр. Виталиа пченично интегрално брашно1 1 1/2 кафена лажичка мелен рузмарин 1 1 кафена лажичка прашок за печиво 1 1/2 кафена лажичка бибер 1 1/2 кафена лажичка сол 1 300мл. полномасно млеко 1 115гр. путер 85гр. кашкавал

1 Измешајте ги брашното, рузмаринот, прашокот за печиво, биберот и солта, потоа додајте го млекото и измесете го тестото. 2 Намачкајте го калапот за печење со путер, распоредете го тестото и ставете го во рерна 3 минути. Остатокот од путерот ставете го во центарот на тестото и оставете природно да се стопи. Зеленчукот што го тргнавте настрана измешајте го со путерот и ставете го да се пече околу 15-20 минути, додека путерот да добие златна боја. Извадете го од рерна и додајте го кашкавалот. Печете уште 8-10 минути додека кашкавалот да се стопи. Сервирајте со пирето од зеленчук.


Château de Versailles, Франција

Кралот на сонцето и Marie Antoinette Сместен во...

Во срцето на едно од најбогатите предградија на француската престолнина е сместена величествената Палата на Версај, која нуди искуство за паметење. Кратка историја...

Си беше

еднaш Сместени во бајковитата природа, со шарм од кој застанува здивот и приказни кои ќе ви ја наежат кожата и стоплат срцето - најубавите замоци во Европа се вашиот изговор да избегате од градот на едно есенско патување кое ќе ви ги разбуди сите сетила 110 UNIQUE • ноември 2015 •

Палатата претставувала дом за неколку кралски семејства, па токму затоа претставува и симбол на системот на апсолутна монархија. Историјата на палатата започнува од 1682 година со Луј 14ти, уште познат како Кралот на сонцето и неговата потрага по простор за владеење. Атракции...

Да минете низ версајските градини, а да не го посетите имотот на Marie Antoinette е како да заминете во Париз, а да не ја видите Ајфеловата кула. Дозволете си да бидете маѓепсани од убавините кои ги нуди палатата, вклучувајќи ги Собата со огледала и Кралската одаја, а на северозападниот дел на имотот се наоѓа комплексот Grand Trainon, кој по наредба на кралот е изграден за неговата љубовница. Купете карти...

Најпаметна опција е да купите карти онлајн. Цените се движат на 30 евра, а имате карти и со вклучен превоз од Парис, со водич на англиски јазик, карти за дневна и вечерна тура и слично. Внимавајте: во вторниците, саботите, недели и за празниците ви е потребна посебна карта за влез во Градината.


Glamis Castle Шкотска

За Шекспировите фанови Сместен во...

Во селото Glamis, во областа Angus ќе ве пречека зелената трева и грандиозниот романтичен изглед на замокот Glamis.

Sant’Angelo Италија

Од Средниот век до Ренесансата Сместен во...

Замокот на ангелите е удобно сместен во прегратките на северниот влез на напатениот Рим, во близина на Ватикан. Мирно раскажува приказни за римските императори, доминацијата на црквата, борбата на ренесансата и модерното доба. Кратка историја...

Sant’Angelo е граден 4 години почнувајќи од 135 година од нашата ера по наредба на третиот римски император Адријан. Оваа величествена градба е вечно почивалиште на Адријан, неговата жена и

посвоениот син. За време на падот на Римската Империја е претворен во тврдина, која подоцна била преземена од страна на Папата и Ватикан, па е поврзана преку премин до Базиликата на Св. Петар. Атракции...

Дозволете грандиозноста на мостот на самиот влез да ве обземе. Разгледајте ја приказната на замокот која раскажува истовремено случки од времето на големите моќни императори, останати траги од црнилата на Средниот Век и борбите на ренесансата. Купете карти...

Купувајте онлајн. Цената почнува од 25 евра па нагоре, но има и други тури кои го вклучуваат замокот, а кои вредат да се погледнат.

Schloss Neuschwanstein, Германија

Мистериозниот замок на бајките Сместен во...

Боровите шуми на ридот над малото баварско селце Hohenschwangau со своите густи, разгранети дрвја го кријат најубавиот замок во цела Баварија, ако не и во светот Кратка историја...

Ludwig II, наречен кралот на бајките, живеел во комплетна самотија, изолирајќи се во својот замок. Иронијата на неговата приказна е што само 7 недели по неговата смрт, замокот во кој никој дотогаш

Кратка историја...

Приказните за замокот датираат од 14 век. Во него е раскажана целата историја за семејството Lyon. Glamis бил дом на Кралицата мајка Елизабета и принцезата Маргарет, како и седиште на случувањата во Шекспировата Магбет. Атракции...

Присуствувајте на некој од многуте организирани настани од страна на замокот, како Ноќта на вештерките или Шкотскиот божиќен базар. Купете карти...

Во зимските месеци турите и посетите на замокот се достапни во сабота и недела од 11 до 16 часот, а цената на билетите варира зависно од турата која ја посакувате и временскиот период во годината. Турите почнуваат од 8 па сѐ до 90 фунти.

не влегувал, бил отворен за очите на јавноста, а денес годишната бројка на посетители се искачува на 1.4 милиони годишно. Атракции...

3 ката историја раскажана преку архитектура, мечта и убавина. Започнете ја турата во Големата сала на троновите, па продолжете кон Кралската спална соба од која ќе ви застане здивот. Не поради сината свила која го облекува просторот, туку поради тематската декорација инспирирана од приказната за Тристан и Изолда. Купете карти...

Карти за посета на Neuschwanstein ќе најдете во самото село пред замокот. Внимавајте на точноста на турите, бидејќи се временски ограничени. Погрижете се да стигнете малку порано. Цената е од 12 евра па нагоре. • НОЕМВРИ 2015 • UNIQUE 111


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.