5 minute read

КАРИЕРИ

Next Article
COVER STORY

COVER STORY

СТЕ БИЛЕ “ДЕТЕТО ШТО ВЕТУВА“, НО... 7 ПРИЧИНИ ЗОШТО ПАМЕТНИ И ВРЕДНИ ЛУЃЕ НЕ ПОСТИГНУВААТ ЗНАЧАЕН УСПЕХ

Има многу фактори што влијаат на постигнувањето успех, без оглед дали успехот значи добра кариера, одлични врски со луѓето, или пак одлично здравје. Да, паметта е дел од тоа, како и работливоста. Но, има и нешто повеќе од само овие две компоненти на успехот. Со помош на entrepreneur.com ви посочуваме седум можни причини зошто не можете да постигнете успех, и покрај тоа што сте паметни и вредни.

Advertisement

УУште од мали веројатно сте живееле и пораснале со уверувањето дека ако паметните луѓе работат напорно и се развиваат во средина што ќе го негува нивниот талент, на крајот успехот е неизбежен. Сте ги набљудувале другите луѓе со помислата, „Еј, оваа личност ќе направи големи нешта.“ Но, како што сте созревале, сфаќате дека не мора да е баш така. Ќе излезе на крајот дека многу малку луѓе што сте ги познавале како интелигентни и со силна работна етика, всушност постигнале нешто позначајно во животот. Останатите, едноставно тераат онака, добро накај просечно. За жал, многумина само лутаат наоколу, не знаејќи кој правец да го фатат. Можеби и самите сте еден/една од овие. Има многу фактори што влијаат на постигнувањето успех, без оглед дали успехот значи добра кариера, одлични врски со луѓето, или пак одлично здравје. Да, паметта е дел од тоа, како и работливоста. Но, има и нешто повеќе од само овие две компоненти на успехот. Со помош на entrepreneur.com ви посочуваме седум можни причини зошто не можете да постигнете успех, и покрај тоа што сте паметни и вредни.

Најлесно е да се држите до луѓето што ги знаете долго време. Си ги знаете своите животни приказни и може да се смеете заедно на интерните шеги и сл. Проблемот со старите пријателства е што истите идеи, истите соништа или страсти се рециклираат постојано, и не сте во можност да си отворите нови перспективи надвор од вашиот меур. Веројатно е тешко одеднаш или за кратко време да запознавате многу нови луѓе, но почнете малку по малку. Зададете си лесно остварлива цел на почетокот, да речеме, да запознаете по една нова личност неделно.

ИМАТЕ ОТПОР КОН ПРОМЕНИ

Ако се наоѓате долго време во иста средина, многу потешко ќе се прилагодите на нешто ново. Добрата вест за вас е што промената отвора пат кон нови можности и иновации. Наместо да давате отпор кон промените, гледајте како да го извлечете најдоброто од нив. Можеби ќе налетате на некоја “дупка“ во пазарот што треба да се затвори или пак ќе ви се отвори нова перспектива за вашата иднина и понатамошен развој. Бидете отворени за нови концепти и љубопитни за нов свет околу вас.

НЕ САКАТЕ ДА РИЗИКУВАТЕ

Паметните луѓе често одбираат сигурна варијанта во животот. Ја избираат истата професија како своите родители или врсници, или пак одбираат кариера што се смета за адекватна во нивната средина. Иако ова гарантира некаков степен на сигурност, може да биде многу здодевно. Многупати слушаме од паметни луѓе како се жалат дека нивната работа не ги исполнува и дека сакаат нешто друго да пробаат, но се плашат. Ако се двоумите околу тоа дали да нагазите во непознато, помислете си каков би бил вашиот живот после години и децении доколку не преземете никаков ризичен чекор. Дали ќе жалите за тоа, или ќе бидете среќни со својата одлука?

ВЕРУВАТЕ ДЕКА ЗАСЛУЖУВАТЕ УСПЕХ ВРЗ ОСНОВА НА ВАШИОТ БЕКГРАУНД

Оние што биле добри ученици во школо обично мислеле дека пред нив е светла иднина, затоа што сите околу нив ги тапкале по рамо, од родителите, роднините, професорите, па сè до сосетката од другиот влез, величајќи го нивниот потенцијал. Ова изгледа добро на почетокот, но има и некои негативни последици. Сигурно сте слушнале луѓе или самите сте го мислеле тоа, дека заслужувате нешто затоа што сте интелигентни или имате добро образование и сл. Очекувате успехот да биде неизбежен за вас, благодарение на вашиот бекграунд, квалификации, итн. За жал, реалноста не функционира така. Во суровиот и студен свет, не постигнувате успех поради сопствениот потенцијал. Резултати се добиваат врз основа на комбинација од неколку фактори: напорна работа, стратешко размислување, и малку среќа.

ПОСТОЈАНО СЕ ЗАНЕСУВАТЕ ПО ШТО И ДА Е ВОЗБУДЛИВО ВО МОМЕНТОТ

Она што го имаат заедничко сите успешни луѓе е тоа што мразат да губат време. Паметните луѓе се премногу свесни за скапоценоста на своето време, затоа што времето и напорот потрошени на една работа, би можеле да значат потенцијално пропуштање на нешто друго. Од една страна тоа е добра особина, но може да значи и дека ќе се залетувате по секоја потенцијално добра прилика, не завршувајќи ги работите до крај од претходната. Да се почне било каков нов потфат или бизнис авантура е тешко, и надминувањето на пречките по патот бара трпение. Фокусирање на една цел носи многу подобри резултати на долг рок одошто да се скока од една на друга работа, па да ви здодее и таа последната, па да се бара нешто ново постојано.

НЕ МОЖЕТЕ ДА ДОНЕСЕТЕ ОДЛУКА

Да се биде паметен и вредно да се работи може да значи отворање на многу врати. За жал, и имањето премногу опции може да биде ограничувачки фактор исто како и да имате премалку опции. Изобилството на опции ви отежнува при донесувањето одлука што да правите. Како резултат, паѓате во искушение да скокате од еден во други избор за да видите што ви одговара. Има луѓе ќе сменат еден куп работни места или претходно ќе се запишат на пет факултети едно по друго, и после десет години пак не знаат што со себе. Наместо да се лута низ многу опции, се препорачува прво да се тестираат работите. Разговарајте со други луѓе и истражувајте малку пред да донесете големи одлуки, за да знаете дали конкретната опција одговара на вашиот карактер, навики, животен стил и сл.

НЕ ВЕРУВАТЕ ВО СЕБЕ

Изненадувачки, но паметните луѓе знаат многу често да ги потценуваат своите способности. Тие се сопствени најголеми критичари, често заробени во уверувањето дека не можат да постигнат повеќе. Паметните луѓе имаат прилично строги стандарди кога станува збор за нивната работа. Кога и да работат на некој проект, тие имаат обичај да ставаат под лупа и најситни детали и постојано да се премислуваат околу крајниот исход. Ова на прва изгледа како добра особина, но често повеќе ги влошува работите одошто помага. Перфекционизмот може да ги кочи луѓето од напредувањето кон нивните цели или да ги спречи воопшто и да започнат нешто. Но, да се почне нешто секогаш е подобро од чекањето да се случи нешто.

This article is from: