8 minute read

PROFILE

Advertisement

СОЗДАДОВМЕ ИНОВАТИВНО РЕШЕНИЕ ЗА МНОГУ ПОЕДНОСТАВНА КОНСТРУКЦИЈА НА КРОВНИ ГРАДИНИ

Вертикалните градини се едно од најатрактивните хортикултурни решенија на градинарскиот центар „Фоја“

Неколкугодишната идеја за инстант вегетативни модули за екстензивни кровни градини, благодарение на поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР, компанијата успеа да ја претвори во реалност. Во фаза на реализација е иновативниот индустриски дизајн со комерцијално име Семпервел, производ, за кого што сопственикот на „Фоја“, Ѓорги Самарџиев, вели дека има голем развоен потенцијал.

автор: ИГОР ПЕТРОВСКИ

Градинарскиот центар „Фоја“ е компанија со долгогодишно искуство во доменот на хортикултурата. Компанија која покрај градинарски центар, проектира, изведува и одржува најразлични пејзажни проекти од цветни корита, паркови до вертикални и кровни градини. Создава креативни и рационални решенија за различни типови на градини. Ги следи светските трендови, активна е во земјава во едукација на граѓаните за потребата од зелена и чиста животна средина. Неколкугодишната идеја за инстант вегетативни модули за екстензивни кровни градини, благодарение на поддршката од Фондот за иновации и технолошки развој ФИТР, компанијата успеа да ја претвори во реалност. Во фаза на реализација е иновативниот индустриски дизајн со комерцијално име „Семпервел“, производ, за кого што сопственикот на „Фоја“, Ѓорги Самарџиев, вели дека има голем развоен потенцијал. „Овој тип на производ е познат во светот. Но, нашиот индустриски дизајн е уникатен, практичен, функционален и траен и претставува новитет кај нас, но и во многу други балкански и европски држави.“, вели Самарџиев. Во што е суштината на новиот производ на „Фоја“? Подигањето на екстензивни кровни градини во принцип се прави со одвоени фази на изведба, ни објаснува нашиот соговорник. Прво се поставуваат дренажно акумулационите елементи, па се качува и поставува на супстрат и на крај се садат или постилаат готови ролни со перени (растенија). Со цел да се намали времето поминато на градилиште, да се намалат трошоците за реализација и други непредвидени трошоци, во „Фоја“ дошле на идеја сите три фази однапред да бидат направени во расадник. Дренажно акумулационите елементи (еден вид гајбички) да бидат претходно исполнети со супстрат, посадени и одгледани до целосна покриеност на површината од растенијата – покривачи. Така подготвени од расадник се пакуваат на палета, се транспортираат до објектот и со едно качување одеднаш сите три фази се пренесуваат на кровот.

Овој начин на озеленување не е непознат во светот. Но е недоволно распространет, посебно на Балканот. Нашиот индустриски дизајн е уникатен, практичен, функционален и траен. На пазарот ќе се појави наесен оваа година. Наменет за мали и големи градини, едноставен е за монтажа. Глобалната идеја е екстензивните кровни градини да бидат физички, материјално и технички подостапни. Масовно да се проектираат и изведуваат, бидејќи ефектите од нив се многу корисни не само за сопствениците туку и за сите нас, за целата заедница.

„Дизајнирани се лесно и цврсто да се спојуваат. Имаат можност да бидат поставени на систем за полевање. Отпорни се на предвидливо механичко оптоварување од движење и товар, како и на екстремно ниски и високи температури. Наменет e за мали и големи градини, едноставен е за монтажа. Глобалната идеја е екстензивните кровни градини да бидат физички, материјално и технички подостапни. Масовно да се проектираат и изведуваат, бидејќи ефектите од нив се многу корисни не само за сопствениците туку и за сите нас, за целата заедница.“, објаснува Самарџиев. Со пласманот на овие инстант вегетативни модули тој вели дека на домашниот пазар ќе понудат лесно достапен и конкурентен производ. „Брзината на имплементирање на овој нов производ не можеме да ја предвидиме. Но сигурно е дека со продуктот ‘Семпервел’ индиректно ќе ги промовираме кровните градини на едно повисоко ниво и потреба. Интересот на сите нови инвеститори очекуваме да биде зголемен, а со тоа зголемена и понудата од други сродни компании. Позитивната конкуренција ќе биде катализатор на масовна употреба и поквалитетен и побрз развој на кровните градини. Секако, имаме потенцијал и за извоз, затоа што производи со врвен квалитет и реална цена секојпат се барани на пазарот со зголемен интерес. Извозот на растенија подлежи на посебен режим, посебно со ЕУ. Со државите вон ЕУ со кои имаме регулирана соработка, потенцијалниот извоз очекуваме да биде поедноставен.“, смета Самарџиев. Официјалната продажба на „Сепмервел“ се планира за наесен годинава. Иако пандемијата предизвика извесно нарушување во временската рамка на реализација на планираните проектни инвестиции, сепак во „Фоја“ веруваат дека ќе ја пресечат лентата според првичниот план. Остварен сонот од студентските денови

Поддршката што ја искористија од ФИТР е прва поголема што ја добиле досега и за која во компанијата веруваат дека ќе има видлив ефект за сите засегнати страни. „Срдечно ја поздравувам идејата на оваа институција како потенцијална финансиска ‘еурека’ за многу компании. Низ годините сигурно ќе се појават дополнителни рафинирани модели на поддршка. Посебно позитивно го ценам моментот дека средствата треба да бидат вратени преку прометот од проектот, бидејќи тоа ја зголемува одговорноста на компаниите и акумулацијата на истите ќе значи можност за поддршка на други нови компании и проекти во иднина.“ вели Самарџиев и додава дека малите и средни компании заслужуваат и поквалитетни можности на финансирање од банките, посебно во делот на адаптација на поддршката согласно природата на нивната дејност, а не самите компании да се адаптираат на однапред утврдени финансиски пакети. Самарџиев раскажува дека заедно со сопругата Христина ја основале „Фоја“ во 2005 година, како семеен бизнис. „На идејата и претходеше 5 годишна професионална работа во други хортикултурни компании и визијата и љубовта од студентските денови дека еден ден ќе имам свој расадник, градинарски центар, каде ќе произведуваме и нудиме здрави и среќни растенија, преку изграден доблестен бренд за висок квалитет и доверба.“, вели Самарџиев.

ПРИДОБИВКИТЕ ОД КРОВНИТЕ ЗЕЛЕНИ ГРАДИНИ СЕ ОГРОМНИ

Кога сме кај кровните градини, сопственикот на „Фоја“ вели дека има позитивен тренд во прифаќањето на овој тип хортикултурни решенија во земјава, но се’ уште е далеку од тоа да биде широко распространет. Причината за тоа ја гледа во недоволната информираност, цената , изборот и достапноста на материјалите кои се неопходни за подигање на кровни градини. „Инаку, придобивките од кровните градини се големи, како за инвеститорите, така и за целата заедница и се гледаат преку: зголемена корисна зелена површина, потенцијално место за краток одмор и релаксација; заштитена кровна изолација; помала потрошувачка на енергија за греење и ладење; намалена бучава и слободна прашина , помала рефлексија на сончевите зраци и автоматски намалена топлина во атмосферата; рамномерно и редуцирано слевање на дождовницата на улиците и во канализацијата – намалена опасност од поплавување; поддршка на локалниот биодиверзитет .“ За масовно подигање на свеста и потребата од кровните градини неопходно е донесување на итна законска регулатива со која официјално ќе се заштити постојното градско зеленило и ќе се уреди озеленувањето на идните урбани зданија како задолжителна компензативна мерка за трајно заробената зелена површина, инсистира нашиот соговорник Самарџиев.

На почетокот биле само неколкумина вработени, постепено низ годините тимот растеле и сега „Фоја“ има 35 вработени. Повеќето колеги се со долг стаж во нашата компанија, на што Ѓорги посебно се радува, бидејќи верува дека кадарот на една компанија е најголемиот капитал што истата го поседува. Започнале со широк асортиман на хортикултурни услуги и производи кои низ годините ги усовршувале и дополнително ги збогатувале. Од проектирање и пејзажно уредување, трговија со растенија, одржување, пошумување, па се’ до кровни и вертикални градини. „Тој момент на широк фокус на различни хортикултурни активности, преносно на факторот дисперзиран ризик, придонесе бавно, но сигурно да растеме. Денес важиме за препознатлива компанија, голем градинарски центар со љубезен и пресретлив персонал.“ Пандемијата ја зголеми продажбата на цвеќиња – граѓаните имаат повеќе време за хоби

Градинарскиот центар е повеќе од 90% ориентиран кон индивидуални потрошувачи и деловни субјекти, затоа што според Самарџиев, многу од институционалните и општински тендери од областа на хортикултурата индицираат на сива зона, и затоа се претпазливи во тој сегмент. Разликите во барањата на клиентите се повеќе изразени од аспект колку клиентите се запознаени со хортикултурата и потребите на растенијата, независно дали се физички лица или правен субјект. „Многу подобро и побрзо ги препознаваме и усогласуваме желбите и потребите со сите оние кои претходно имале теоретско или практично искуство. Во исто време сите тие решенија се и реални. Затоа настојуваме преку непосредни информации и презентации, преку директна комуникација и преку медиумите индиректно да делуваме советодавно на сите потенцијални клиенти со афинитет за подобро да ги препознаат своите можности и вредностите на уредени - озеленети простории и површини.“, истакнува Самарџиев. Компанијата имала можност и за извоз на своите услуги. Во 2018 година изработиле хортикултурен проект со пејзажно уредување на помал комплекс на вили и една индивидуална куќа во Опатија, Хрватска. Ѓорги вели дека предизвикот го прифатиле првенствено за да го споредат сопствениот капацитет со тамошните компании. „Проектите успешно се реализираа. Но во иднина за извоз на овој тип на услуги заклучивме дека е неопходно претставништво или непосреден договор со тамошни сродни компании. Секако по претходно добро анализирана економска оправданост. “ Го прашав мојот домаќин за крај, иако можеби требаше уште на самиот почеток, за тоа како се справуваат со пандемијава, колку корона – кризата го погоди овој бизнис сектор. „Засега добро се справуваме. Пандемијата се одрази со намален број на големи хортикултурни проекти, но од друга страна имаме зголемена малопродажба на растенија. Граѓаните иако ограничени во активностите, имаа повеќе слободно време. Се свртија повеќе кон домот и хобија кои им причинуваат релаксација. Тоа придонесе да се амортизираат последиците во нашиот сектор и годината да ја завршиме слично на претходната, 2019. “

This article is from: