10 minute read

Македонската компанија „Иновејшн“ досега разви два продукти за подобрување на здравјето на луѓето

Next Article
PROFILE

PROFILE

34

МАКЕДОНСКАТА КОМПАНИЈА „ИНОВЕЈШН“ ДОСЕГА РАЗВИ ДВА ПРОДУКТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО ЕЦГАЛЕРТ „ДОКТОР ВО ВАШИОТ ЏЕБ“ И ГЛУКО - МЕРЕЊЕ НА ШЕЌЕР ВО КРВТА БЕЗ БОЦКАЊЕ

Advertisement

Тимот на „Иновејшн дооел“ на чело со проф. Марјан Гушев веќе 15-тина години работат на технолошки решенија коишто ја подобруваат благосостојбата и здравјето на луѓето. Соочувајќи се со бројни предизвици, но и со помош на Фондот за иновации, компанијата досега разви два успешни проекти: уредот за мониторинг на работата на срцето, „ЕКГалерт“, како и најновото решение, сензор за неинвазивно мерење на нивото на гликоза во крвта, „Глуко“.

автор: ИГОР ПЕТРОВСКИ

Периодов особено внимание во пошироката јавност, а не само во стартап екосистемот на Македонија предизвика веста дека домашна компанија развива решение за мерење на нивото на шеќер во крвта, преку неинвазивна метода, што значи, без боцкање. Се работи за „Иновејшн“, иновативна компанија за технолошки решенија, предводена од проф. Марјан Гушев, и нивниот проект „Глуко“, односно, медицински уред којшто мери ниво на гликоза во крвта со помош на безжичен ЕКГ сензор. Уредот ќе може да го користи секој пациент во домашни услови, без притоа да има потреба да ги нарушува своите дневни активности. Со истиот уред се мери и работата на срцето и нивото на гликоза во крвта. „Ние веќе реализиравме прототип на продукт за неинвазивно мерење на гликоза. Она што ни претстои е инвестиција во демонстрација на продуктот во големи размери, а потоа негово усовршување и сертификација како медицинско средство.“, вели проф. Гушев за „Капитал“. Инаку, „Глуко“ доаѓа по уште еден продукт во областа на медицинската заштита што го развија во „Иновејшн“, ЕКГалерт (ECGalert), уред за мониторинг на работата на срцето. ЕКГалерт е проектот на којшто Гушев и неговиот тим работат од крајот на 2015 година наваму. Идејата започнала со размена на искуства помеѓу Гушев и неговиот ментор, проф. Јуриј Тасич од Словенија, каде што тој организирал фирма која има цел да произведува мал самонослив ЕКГ сензор, но поради недостиг од експертиза, воспоставил соработка со македонските партнери за обработка на податоци, развој на соодветна програма за следење на работата на срцето, како и истражување и развој на алгоритми за детекција на типот на срцевите удари и аритмии. „Поттикнати од можноста да се развие нешто сосема ново кое ќе придонесе за благосостојба и подобрено здравје на луѓето, ние се зафативме со истражувачко развојни активности и го формиравме нашиот тим од 6-10 постојано вработени, како и дваесетина хонорарно ангажирани експерти.“, вели Гушев. Спој на академско знаење и претприемништво

Главните придобивки на продуктот што го создале во „Иновејшн“ се: uМожност за континуирано следење на работата на срцето во реално време за пациенти кои не се хоспитализирани, односно во услови кога тие непречено можат да ги остваруваат своите активности. (ова досега е можно само во услови на интензивна нега во болниците) uМожност за долготрајно следење на работата на срцето во подолг период (ова досега е можно само со имплантирани ILR уреди) uМожност за секој пациент да има уред сам да ја следи работата на срцето со уред сличен на оној кој мери притисок (досега мерења на срцето со најмалку еден ден е можно преку амбулантно доделување на Холтер ЕКГ систем) Предизвиците коишто ги решавале биле многубројни,

ПРОФ. МАРЈАН ГУШЕВ

основач и директор на „Иновејшн“ Поттикнати сме и од идејата дека компании кои развиле продукти со многу помали перформанси биле продадени за стотици милиони, и цврсто веруваме дека и нашата компанија и создадениот продукт може да се вреднува во овој обем. Во моментов задоволни сме од иницијалната продажба на софтверот, започнавме со дистрибуција во болници во Индија, Велика Британија, Шпанија и Украина. Сфаќаме дека е потребно да се инвестира повеќе за комерцијализација на продуктот и бараме партнери за истото.

од идејата да се справат со „големи податоци“ (Big Data), при што истовремено се пренесуваат и обработуваат многу податоци со голема брзина; потоа да се направи веб-базиран систем кој прикажува графика во реално време, да се создадат алгоритми за детекција и конечно автоматизиран систем кој отстранува шум и дава само-дијагностички резултати, односно продукт кој многумина го замислуваат како доктор во вашиот џеб (A doctor in your Pocket), како што вели Гушев. Фондот за иновации и технолошки развој им помогнал на тој пат на развој на технолошките решенија во два наврати, прво за развојот на ЕКГалерт системот во периодот од 2016 до 2017 година, и потоа за проектот Глуко од крајот на 2018 до крајот на 2020 година. „Благодарни сме што имаа осет да ја почувствуваат возбудата на нашиот тим дека создаваме нешто што навистина има голем придонес во општеството воопшто.“, вели Гушев. Инаку, приказната за Иновејшн Доо (Innovation) почнува уште пред 15 години, односно во 2006-та, кога е основана како „спин оф“ компанија од страна на три универзитетски професори (ФИНКИ) и започнала да работи во Бизнис Инкубаторот за Трансфер на Технологии (Yes инкубатор). Набргу се прошириле активностите и тимот се фокусирал на развој на софтверски решенија и консултантски сервиси. Долго време компанијата работела со производство на посветени софтверски решенија за одделни потреби на стопанството и владата, како на пример, софтвер за избори, и веб апликации и сервиси за одделни клиенти.

35

36

ПОТРЕБНА Е ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА НА СТАРТАП ЕКОСИСТЕМОТ

Прашањето останува, што кога ќе создадеме продукт, како да се продаде и комерцијализира. Тука паѓаат најголемиот број на идеи и надежи.

Сопственикот на „Иновејшн“ вели дека за разлика од порано, кога тие почнувал, и кога условите за развој на еден стартап биле скромни – пружање помош пред сè во простор, сметководствени услуги и сл. – денес има значителен напредок за развој на стартап сцената, односно се овозможува на сите оние кои имаат добри идеи да најдат помош како да ги реализираат. „Но, сепак мислам дека е потребна и поголема поддршка од владата и бизнис заедницата воопшто. На пример, владата би можела да ги помогне сите идеи и желби и на пример, да финансира поднесување патенти за заштита на интелектуалната сопственост, а бизнис заедницата да се отвори со систематско финансирање на идеите за комерцијализација. Имено, кај нас постојат многумина млади со идеи и интелектуални способности, нема кој да ги заштити, и нема кој да им даде вистинска поддршка кога станува збор за комерцијализација на направениот продукт. Прашањето останува, што кога ќе создадеме продукт, како да се продаде и комерцијализира. Тука паѓаат најголемиот број на идеи и надежи.“, смета Гушев.

ЕКГалерт е проектот на којшто Гушев и неговиот тим работат од крајот на 2015 година наваму, а тоа е уред за мониторинг на работата на срцето. Една од придобивките е можноста за континуирано следење на работата на срцето во реално време за пациенти кои не се хоспитализирани, односно во услови кога тие непречено можат да ги остваруваат своите активности. Ова досега е можно само во услови на интензивна нега во болниците.

Поради големиот пораст на преку 30 вработени во првите 6 години, компанијата се поделила на два дела: iVote, која продолжила со производство на посветени софтверски решенија и софтвер за избори, и Иновејшн Дооел, (основана од проф. Марјан Гушев) со визија да работи на истражување и развој во полето на веб сервиси во облак и примена во медицината, овозможувајќи продукти за подобро здравство, благосостојба и продолжен век за живеење. Во последните 6 години нивната мисија се движи од производство на продукт за следење на работата на срцето, кон мисија за следење на нивото на гликоза преку неинвазивни и самоносливи ЕКГ сензори. Во потрага по бизнис партнери

Во „Иновејшн“ досега се обиделе неколку пати да добијат финансирање од Европската комисија во рамки на програмата Horizon 2020 за мали и средни фирми, и два пати добиле Печат на одличност (Seal of Excellence) за нашиот предлог проект, што значи дека евалуацијата го оценува нивниот проект со највисока оценка, но во моментот не биле во состојба да финансираат, иако сесрдно препорачале тоа да се направи од други фондови. „За жал, ние го сфативме дека со други зборови, затоа што Македонија не е дел од ЕУ, фондовите, сепак ги даваат на нивни членки.“, вели Гушев. Во последните 6 месеци интензивно бараат партнери, VC инвеститори и слично, сфаќајќи дека треба да се вложи многу за успешна комерцијализација, а пред се’ и настап во високо развиените земји, вклучувајќи ја и САД. „Поттикнати сме и од идејата дека компании кои развиле продукти со многу помали перформанси биле продадени за стотици милиони, и цврсто веруваме дека и нашата компанија и создадениот продукт може да се вреднува во овој обем. Во моментов задоволни сме од иницијалната продажба на софтверот, започнавме со дистрибуција во болници во Индија, Велика Британија, Шпанија и Украина. Сфаќаме дека е потребно да се инвестира повеќе за комерцијализација на продуктот и бараме партнери за истото. “, вели нашиот соговорник, проф. Марјан Гушев. Плановите за комерцијализација и пробив на пазарите во Европа изминатиов период сепак се намалиле поради ограничената можност за движење среде Ковид пандемијата. Сепак, тимот на „Иновејшн“ колку што е можно преку онлајн активности успева да ја прошири свесноста за постоењето на нивните продукти и полека започнува со продажба. „Од друга страна имаме уште еден план за формирање на мониторинг центар со некоја здравствена установа, каде нашиот продукт ќе биде достапен до широката популација во Македонија. Можноста за предупредување и рано откривање на срцеви аритмии може да спречи долготрајни последици, па дури и комплексни здравствени ситуации или смрт. Затоа сметаме дека на сите оние кои имаат срцеви проблеми, може да им се пружи здравствена нега надвор од болничкиот третман со интензивна нега, односно во домашни услови. “, објаснува Гушев.

Професионалната заштита започнува во моментот кога ќе одберете доверлив комуникациски партнер. Доколку веќе ја имате одбрано мрежата на Македонски Телеком, важно е да знаете за SafeNet - дополнителна услуга за заштита на интернет од штетен софтвер, закани и хакерски напади. Услугата е достапна и за деловните корисници, коишто преку пакетот SafeNet OFFICE добиваат можност да ја осигураат фиксната мрежа на компанијата.

КАКО ДА ГО ЗАШТИТИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС ОД САЈБЕР ЗАКАНИ?

Дигитализацијата секојдневно го менува светот. Начинот на кој комуницираме, работиме, плаќаме сметки и учиме е сменет, а интернет конекцијата стана најважниот елемент во новиот, поврзан свет. Затоа, безбедноста на интернет станува приоритет број еден како за поединците така и за бизнисите. Кога поседувате сопствен телефон или компјутер, размислувате само како да ги заштитите вашите податоци од заканите коишто демнат додека пребарувате на интернет. Меѓутоа, кога имате бизнис безбедноста е уште поважна затоа што треба да ги заштитите вашите вработени и клиенти од можни хакерски напади и злоупотреби. Затоа, на вашата компанија ú е потребна целосна заштита на мрежата, со која доверливите податоци и важните информации секогаш ќе бидат заштитени од манипулација. Професионалната заштита започнува во моментот кога ќе одберете доверлив комуникациски партнер. Доколку веќе ја имате одбрано мрежата на Македонски Телеком, важно е да знаете за SafeNet - дополнителна услуга за заштита на интернет од штетен софтвер, закани и хакерски напади. Услугата е достапна и за деловните корисници, коишто преку пакетот SafeNet OFFICE добиваат можност да ја осигураат фиксната мрежа на компанијата. SafeNet Offi ce е услуга којашто е достапна за сите нови и постоечки деловни корисници на пакетите Magenta 1 Business и е наменета за да го обезбеди протокот на податоци преку фиксната интернет мрежа на Македонски Телеком. Таа работи така што автоматски ги препознава заканите и опасностите (како „фишинг“ пораки, шпионски програми (spyware), злонамерни програми (malware) итн., истите ги отстранува и за тоа го известува корисникот. Услугата е вградена во самата мрежа на Македонски Телеком, а тоа значи дека за нејзино активирање не се потребни дополнителни уреди, ажурирања на софтвери и инсталација. Сѐ што е потребно е да ја активирате SafeNet OFFICE преку Telekom MK апликацијата за потоа да можете безгрижно да учествувате во онлајн размената и извршувањето на работните обврски. Довербата во сигурноста на уредите не е доволна бидејќи вистинската закана доаѓа од она што го правите додека сте на интернет. Во време кога една сомнителна електронска порака може да им предизвика огромна штета на вашите податоци, па дури и да ги избрише или злоупотреби, бидете исклучително претпазливи како ја користите интернет технологијата. Кога ќе настане напад, секоја секунда се брои и претставува трошок. Најважно е вашиот бизнис да е сигурен и затоа не се дозволени компромиси. Уште денес заштитете го вашиот бизнис со SafeNet OFFICE од небезбедна содржина и од активности коишто можат да предизвикаат штета на вашето работење.

This article is from: