6 minute read

ЛУЃЕ И КОМПАНИИ

Next Article
КАРИЕРИ

КАРИЕРИ

ИСТРАЖУВАЊЕ НА DELOITTE КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ РИЗИЦИ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ КОМПАНИИ

Дваесет отсто од испитаните главни раководители за ризици во финансиските компании навеле дека токму кредитниот ризик е најголем ризик чијашто важност за нивното работење ќе се зголеми во следните две години, се вели во истражувањето. Овој процент е најголем меѓу 16 – те различни категории на ризик. Се работи за силен пораст во перцепцијата, во однос на 3% во 2018 година.

Advertisement

Според двегодишното истражување на глобалната консултантско – ревизорска куќа Deloitte со наслов „Подвижна мета: Редефинирање на ризикот и отпорноста во време на постојана несигурност“, коешто се однесува на состојбата со управувањето со ризици во светскиот сектор на финансиски услуги, економиите се намалуваат, додека невработеноста расте, а кредитниот ризик стана главен приоритет на програмите за управување со ризици. Дваесет отсто од испитаните главни раководители за ризици во финансиските компании навеле дека токму кредитниот ризик е најголем ризик чијашто важност за нивното работење ќе се зголеми во следните две години, се вели во истражувањето. Овој процент е најголем меѓу 16 – те различни категории на ризик. Се работи за силен пораст во перцепцијата, во однос на 3% во 2018 година. Освен тоа, 62% од повисоките извршни директори што учествувале во истражувањето на Deloitte изјавиле дека

мерењето на кредитниот ризик ќе биде исклучително или многу важен приоритет за нивните организации во следните две години. Управувањето со кредитниот ризик е начин за ублажување на загубите преку одредување кои потенцијални клиенти со себе носат преголемо ниво на ризик, повисоко од нивото на толеранција којашто институцијата претходно го утврдила во било кој момент. Во подрачјата што извршните директори ги сметаат за такви коишто нивните организации особено тешко може да ги измерат спаѓаат: вреднување на колатералот, комерцијални кредити, деловни недвижнини, необезбедени кредити, позајмици со финансиско обезбедување и позајмици на средни претпријатија. „Финансиските организации се среќаваат со повеќе ризици од повеќе извори како никогаш досега“, вели Златко Базианец, раководител на хрватската канцеларија на Deloitte. „Пандемијата на Ковид - 19 го промени амбиентот на управување со ризикот и донесе неверојатен збир на нови предизвици за финансиските институции – тестирана е отпорноста на притисок и предизвиците на сè што е поврзано со ризикот.“ Тој напомнува дека 66% од испитаните извршни директори на банки сметаат дека намалувањето на квалитетот на кредитите ќе биде еден од трите макро – трендови со големо влијание во следните две години. „Брзиот економски пад, во комбинација со ненадејните промени во однесувањето на потрошувачите и работењето, може да доведе до тоа системите, програмите и моделите втемелени на податоци од пред пандемијата, да не можат повеќе точно да ја одразуваат стварноста после пандемијата на Ковид – 19. На финансиските организации ќе им треба силно управување со ризиците, а во исто време и агилност и спремност на редефинирање на своите традиционални пристапи во коренито изменето деловно окружување“, истакнува Базианец. Дванаесеттото издание на двегодишното истражување на Deloitte ги сублимира ставовите на главните директори за ризици или нивните колеги во 57 финансиски институции од цел свет, вклучувајќи банки, осигурителни компании и инвестициски куќи во период од март до септември 2020 година. Вредноста на целокупната актива на испитаните институции изнесува 27,2 милијарди долари, додека институциите што даваат услуги на управување со имот, имаат вкупно портфолио од 16,1 милијарди долари. Управувањето со податоците како предизвик

Иако скоро сите испитаници ги оценија своите институции како исклучително или многу ефикасни во управувањето со финансискиот ризик (единствен исклучок е кредитниот ризик), бројката падна на 65% за нефинансиски ризици, област што може да има сеопфатни финансиски и репутациони ефекти. Овој процент беше уште помал за специфични видови и аспекти на нефинансиски ризик како што се однесување и култура (55%), геополитички фактори (42%) и квалитет на податоците (26%). Само 61% од испитаниците веруваат дека нивните институции се исклучително или многу ефикасни во управувањето со ризиците за компјутерска безбедност и 87% од испитаниците изјавиле дека подобрувањето на нивната способност да управуваат со ризиците за компјутерска безбедност ќе биде

Дванаесеттото издание на двегодишното истражување на Deloitte ги сублимира ставовите на главните директори за ризици или нивните колеги во 57 финансиски институции од цел свет, вклучувајќи банки, осигурителни компании и инвестициски куќи во период од март до септември 2020 година. Вредноста на целокупната актива на испитаните институции изнесува 27,2 милијарди долари, додека институциите што даваат услуги на управување со имот, имаат вкупно портфолио од 16,1 милијарди долари.

исклучително или многу важен приоритет во следните две години. Со оглед на зголемената загриженост за климатските ризици, 38% од испитаниците ја наведоа загриженоста за животната средина, социјалните и управувачките ризици како еден од трите типа на ризици, заедно со кредитниот ризик и ризиците од сајбер безбедност, чиешто значење за нивните институции ќе се зголеми најмногу во следните две години. Ова е кумулативно поголем процент отколку за кој било друг вид на ризик, а сепак само 33% од извршните директори сметаат дека нивните институции управуваат со овој ризик исклучително или многу ефикасно. Повеќето институции се свесни дека треба да сторат повеќе за да се подобри управувањето со податоците и 69% од испитаниците изјавија дека зголемувањето на квалитетот, достапноста и навременоста на податоците за ризикот ќе биде исклучително или многу важен приоритет за нивната институција во следните две години. Само 26% од испитаниците веруваат дека нивните институции се исклучително или многу ефикасни во управувањето со квалитетот на податоците, додека само 8% од испитаниците веруваат дека нивните институции се ефикасни во користењето и управувањето со неструктурираните податоци. Институциите се под притисок поради приближувањето на датумот за престанување на објавувањето на стапките на LIBOR (крај на 2021

23

Брзиот економски пад, во комбинација со ненадејните промени во однесувањето на потрошувачите и работењето, може да доведе до тоа системите, програмите и моделите втемелени на податоци од пред пандемијата, да не можат повеќе точно да ја одразуваат стварноста после пандемијата на Ковид – 19. На финансиските организации ќе им треба силно управување со ризиците, а во исто време и агилност и спремност на редефинирање на своите традиционални пристапи во коренито изменето деловно окружување.

година во повеќето случаи). Според извештајот, финансиските институции „можеби ја потценија потребната работа и им се препорачува да се подготват за транзицијата“. Само 24% од испитаниците сметаат дека ажурирањата и развојот на технологијата / апликациите се крајно или многу тешки, додека 22% од нив размислуваат за ажурирања и развој на процедури и контроли на овој начин.

Кои промени се привремен одговор на пандемијата, а кои се долгорочни

Четириесет и пет проценти од испитаниците очекуваат зголемување на годишното трошење на нивните институции за управување со ризици во следните две години. Сепак, извештајот истакна дека притисокот врз приходите веројатно ќе ги зголеми напорите за „намалување на постојан пораст на трошоците за управување со ризици“. Затоа, 50% од испитаниците изјавија дека технолошките алатки ориентирани кон ефикасноста ќе бидат исклучително или многу важен приоритет за нивните институции во следните две години. Но, според истражувањето од последните години, институциите сè уште не ги вовеле овие технологии во доволен обем. Компјутерското работење во облак (cloud computing) се најчесто користени алатки (46%), а помал број институции изјавиле дека користат роботизирана автоматизација на процеси (29%), машинско учење (27%) или когнитивна аналитика (13%). „Постојат пет работи што финансиските институции од сите видови се обидуваат да ги разберат кога станува збор за управување со ризици: промени во поглед на квалификуваната работна сила, работата на далечина, заштитата на податоците, преминот кон дигитално работење и безбедноста на системите и програмите “, истакнува Базианец. На раководителите за управување со ризици им треба флексибилност за брзо реагирање на непостојаните економски услови и менување на деловните практики, додека истовремено мора да следат кои промени се привремени одговори на пандемијата и кои ќе станат долгорочни. Во блиското минато, не се сеќаваме на толку големи предизвици, особено на вакви променливи и динамични сили е заклучокот од истражувањето на Deloitte.

БРОЈКИ: 62%

од испитаните директори сметаат дека мерењето на кредитниот ризик ќе биде исклучително или многу важен приоритет за нивните организации во следните две години.

66%

од испитаните извршни директори на банки сметаат дека намалувањето на квалитетот на кредитите ќе биде еден од трите макро – трендови со големо влијание во следните две години.

87%

од испитаниците изјавиле дека подобрувањето на нивната способност да управуваат со ризиците за компјутерска безбедност ќе биде исклучително или многу важен приоритет во следните две години.

This article is from: