MANAGER.MK MANAGER
БР ОЈ 3 I ФЕВРУАРИ I 202 1
ЛУЃЕ И КОМПАНИИ
22
ИСТРАЖУВАЊЕ НА DELOITTE
КОИ СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ РИЗИЦИ ЗА ФИНАНСИСКИТЕ КОМПАНИИ Дваесет отсто од испитаните главни раководители за ризици во финансиските компании навеле дека токму кредитниот ризик е најголем ризик чијашто важност за нивното работење ќе се зголеми во следните две години, се вели во истражувањето. Овој процент е најголем меѓу 16 – те различни категории на ризик. Се работи за силен пораст во перцепцијата, во однос на 3% во 2018 година.
автор:
ИГОР ПЕТРОВСКИ
С
поред двегодишното истражување на глобалната консултантско – ревизорска куќа Deloitte со наслов „Подвижна мета: Редефинирање на ризикот и отпорноста во време на постојана несигурност“, коешто се однесува на состојбата со управувањето со ризици во светскиот сектор на финансиски услуги, економиите се намалуваат, додека невработеноста расте, а кредитниот ризик стана главен приоритет на програмите за управување со ризици. Дваесет отсто од испитаните главни раководители за ризици во финансиските компании навеле дека токму кредитниот ризик е најголем ризик чијашто важност за нивното работење ќе се зголеми во следните две години, се вели во истражувањето. Овој процент е најголем меѓу 16 – те различни категории на ризик. Се работи за силен пораст во перцепцијата, во однос на 3% во 2018 година. Освен тоа, 62% од повисоките извршни директори што учествувале во истражувањето на Deloitte изјавиле дека