Македонска Ризница 45

Page 1

април 2016 г одина

45

857-83 14

Мак е Риз дон ниц ска а

ISSN: 1

Македонска Ризница , бр. 45

1


Македонска Ризница број 45 април 2016 година Уредник:

Благојче Андонов Редакција:

Гоце Панговски Сашо Гачев Соработници:

Наталија Бороникова Александар Талески Дарко Богданов Викторија Петровска Тхе Мичо Издавач и дизајн:

Александар Стеванов

Списанието „Македонска Ризница“ веќе неколку години се обидува пред вас, читателите, да го преоткрие, оформи и презентира сето она што ние како редакција сметаме дека е вредно и заслужува особено внимание. Содржината на „Македонска Ризница“ е прецизен баланс од поезија, историја и уметност и избор од најдоброто од македонската култура во определен момент. Веруваме и сме убедени дека овие нови страници и содржини, само мал дел од македонскиот дух и гениј, ќе успеат да ве заинтересираа, да предизвикаат и да поттикнат желба за да дознаете нешто повеќе. Пред вас овајпат ви ги претставуваме: Интервју со Наталија Бороникова, македонистка од Русија, каде што ќе можете да погледнете низ очите на другите и да видите како тие ја перцепираат македонската култура и јазик. Во нејзините зборови може да се почуствува искрениот и топол приод и интерес кон македонскиот јазик и култура воопшто. Дарко Богданов, еден исклучително талентиран и посветен стрип артист кој во овој број зборува за списанието за стрип „Макстрип“ и неговото значење за македонската стрип култура. Интервју со поетесата Викторија Петровска во кое таа ќе ви ја открие својата страст кон пишаниот збор и уметноста. Наше особено задоволство ни е да ви го претставиме и стрип авторот Михајло Димитриевски. Веруваме дека ќе останете фасцинирани од неговите стрип табли и талентот што го поседува. И бонус за крај: „Кокан“, фонт изработен од Александар Стеванов, илустратор во подем кој заслужува особено внимание. Со почит, Сашо Гачев 2


Македонска Ризница , бр. 45

Во овој број ќе читате:

Интервју со наталија бороникова Александар Талески и Александар Стеванов ................................................................................................... 04

Збор, два за едно списание за стрип Дарко Богданов ..................................................................................................................................................... 12

интервју со поетесата викторија петровска Александар Стеванов и Благојче Андонов ....................................................................................................... 14

галерија: стрип-табли и илустрации Михајло Димитриевски ........................................................................................................................................ 16

„Кокан“, фонт Александар Стеванов .......................................................................................................................................... 50

3


Интервју со наталија бороникова Автори:

а. талески и А. Стеванов

1. Ќе сакате ли накратко да им се претставите на читателите на „Македонска Ризница“?

одбранив теза на тема поврзана со теориjата на jазикот. Сега сум вработена како доцент на катедрата по општа и применета лингвистика при Филолошкиот факултет на Пермскиот државен национален истражувачки универзитет, каде што држам предавања и семинарски вежби по општа лингвистика, историjа на лингвистиката, методика на рускиот jазик како странски, споредбена

Се викам Наталиjа Бороникова, родена сум во Перм, во 1973 година. По специjалност сум филолог, предавач на руски и словенски jазици. Имам завршено на Филолошкиот факултет при Пермскиот државен универзитет. Во 2002 г.

4


Македонска Ризница , бр. 45 граматика на словенските jазици, македонски jазик, руски како странски. Моите научни интереси се поврзани со теориjа на граматиката, деиксисот, извици и македонски jазик.

2. Зошто, како и кога се одлучивте за изучување токму на македонистиката? Уште како студентка се запишав во група по македонски jазик каj професорката Марина Поварницина, ученичка на Рина Усикова, еден од авторите на тритомниот македонско-руски речник. Во текот на четири години студиравме македонски како втор jазик (првата специjалност е руска филологиjа). Оттогаш започна и нашиот интерес кон македонистика: нашата професорка не запозна со спецификата на македонскиот jазик, раскажуваше за книжевноста и културните особини на Македониjа, имавме можност да земаме учество во летните школи при Меѓународниот семинар по македонски jазик, литература и култура. Потоа македонскиот jазик стана и предмет на интерес и во научен план. Од нашата група две студентки ги поврзаа своите судбини со македонистиката: доцент Мариjа Проскурнина се занимава со македонска книжевност, додека предметот на моите истражувања е македонскиот jазик.

3. Која карактеристика на македонскиот јазик најмногу Ве фасцинира? (вклучително и омилен македонски збор?) Аналитизам. Посебно различните разговорни граматички форми поврзани со цртава, како што на пример се споредбените степени на имиња, глаголи итн.: помаjстор, по напред, по сакам итн. Двоjни предлози. А посебно многу ми се допаѓа

5


народни песни кои особено Ви се допаднале?

двоjното членување во разговорниот jазик (од типот овоj моjов, нашето семеjството). Моjот омилен збор е џагор.

Што се однесува за народните песни, овде сум стандардна, како и сите странци: „Македонско девоjче“, „Елено, ќерко, Елено“, „Ако умрам ил загинам“.

4. Освен македонскиот јазик, што друго поврзано со Македонија најмногу Ве интересира? Многу ми се допаѓаат луѓето, гостопримливи се, отворени, насмеани. Секогаш со задоволство доаѓам таму.

6. Ви се случува ли сѐ уште да слушнете некој нов, за Вас непознат македонски збор? На пример некој збор од дијалектите или архаичен?

5. Ве интересира ли можеби и македонскиот фолклор? Дали можеби постојат некои македонски

Се разбира, кога читам или слушам нешто, постоjано се сретнувам со нови единици, конструкции, не само диjалектни или архаични, туку и жаргонски, и разговорни, често се консултирам со своите

6


Македонска Ризница , бр. 45 македонски приjатели.

7. Кое е Вашето омилено литературно дело на македонски автор, зошто и нешто околу тоа? На македонски сакам кратки форми, посебно раскази од Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Митко Маџунков, Ермис Лафазановски, Румена Бужаровска. Тие сосема се различни, но интересни се од гледната точка на jазикот.

8. Како на девојка од Русија, на која мајчин јазик ѝ е рускиот, постои ли некој аспект на македонскиот јазик кој најтешко го совладавте? Наjтешко ми е да ги совладам членските форми, зашто оваа jазична црта не постои во рускиот, постоjано грешам. Друго е темпоралниот систем на македонскиот, овде исто така постоjано треба да користам логика.

9. Од Вашата досегашната комуникација со Македонци, сте забележале ли некои јазични и правописни грешки кои најчесто ги прават? Се сеќавам на еден случаj од минатото, кога едно момче ми обjасни што означува фонетскиот принцип на писмото. Пополнувавме анкета во Македониja во врска со еден лингвистички експеримент, во анкетата имаше и неколку прашања за учесникот на истражувањето. Едно момче на прашањето „Ваше занимање“ одговори „кенлер“. Сакав да го поправам „Не е кенлер, туку е келнер“, меѓутоа, гордото момче достоинствено одговори „Еее немоj, ти не знаеш што е фонетскиот принцип на

7


писмото, на македонски како се зборува, така и се пишува“. Сега пред да правам забелешки треба да помислам на фонетскиот принцип.

10. Како Македонец?

би

го

опишале

современиот

Политички активен, европеизиран, нерамнодушен.

11. Од кога во Русија се изучува македонистиката? Каде и колкав е интересот за неа? Проучувањето на македонскиот jазик во Русиjа пред сè е поврзано со Московскиот државен универзитет. Со изучувањето на македонскиот jазик се занимаваа А.М.Селишчев, С.Б.Бернштеjн, В.М.Илич-Свитич, но почетокот на македонистиката започна со деjноста на Рина Усикова кога таа почнала да го предава во 1967 година, откако го научила практично во Скопје и jа одбрани кандидатската дисертација. Во 1975 година се отвори специализациjа по македонски jазик на филолошкиот факултет во Москва. Токму во Москва биле подготвени специjалистимакедонисти, научници и преведувачи Елена Верижникова, Марина Поварницина, Олга Панкина и др. Р.Усикова е автор на научната граматика на македонскиот jазик, и автор и главен и одговорен уредник на македонско-руски речник во три тома. Други поважни македонистички центри се во Санкт-Петербург, Воронеж, Перм, Саратов. Во Москва македонскиот jазик се предава како главен предмет, во Санкт-Петербург како втор словенски jазик, во други центри како изборен предмет. Секогаш има заинтересирани во изучувањето на jазикот, се надевам, ќе имаме сили да го

8


Македонска Ризница , бр. 45 моите македонски колеги на гости.

13. Кога ќе се спомне името Македонија, на што прво Ве асоцира? Планини и езеро, цркви и манастири.

14. Според Ваше мислење, што обичниот човек од Русија знае за Македонија, за нејзината историја, јазик и култура? И обратно, што обичниот човек од Македонија знае за Русија? За Македониjа просечен човек речиси ништо не знае, освен, можеби за името. Кога започнуваме да го учиме jазикот, започнуваме и да обjаснуваме каде се наоѓа земjата, на што личи jазикот, какви се Македонците итн. Портретот за современата Русиjа е формиран од медиумите, сите знаат за нашиот претседател, нашата големина и далечина, природните богатства и убавината на девоjките. Мислам, знаењата се многу површни, би требало заемно да ги продлабочуваме.

15. Неодамна, во Македонија беше промовиран новиот македонски правопис. Доколку имавте можност да ги ѕирнете промените, кое е Вашето мислење за нив? продолжиме своето занимање.

За жал уште немав можност да го ѕирнам, само читав и гледав рецензии на интернет, знам дека речникот е значително променет во споредба со изданието од 1998 година, тоj е осовременет од лексичката гледна точка, внесени се промени во различни правописни норми, во транскрипции и транслитерации. Во врска со тоа од сè срце

12. Што Вашите пријатели и семејство мислат за вашето занимање? Ме поддржуваат, со задоволство ги пречекуваат

9


10


Македонска Ризница , бр. 45 сакам да им честитам на колегите од Институтот за македонски jазик.

за развојот и афирмацијата на македонистиката на меѓународен план?

16. За разлика од сега, пред триесетина години и повеќе, во македонските училишта масовно се изучуваше рускиот јазик. Запознаени ли сте со некои иницијативи за зголемување на изучувањето на рускиот јазик во рамки на македонскиот образовен систем?

Сметам дека да. Сите македонисти прекрасно го знаат Меѓународниот семинар по македонски jазик, литература и култура, коjшто функционира речиси 50 години. Деjноста на Семинарот е поврзана со афирмациjата на македонскиот jазик во светот, голем броj современи македонисти првпат го посетиjа Семинарот како студенти, а сега стручно се занимаваат со проширување на македонистиката во своите земjи, преведуваат, го проучуваат македонскиот jазик.

Се сомневам дека станува збор за зголемување на изучувањето на рускиот јазик. Како што знам интересот за рускиот jазик се намалува, помладите генерации сега речиси не го знаат рускиот. Во оваа смисла интересни се различните државни иницијативни програми за проширување на рускиот jазик во светот, исто како и образовните програми на рускиот jазик (на пример од Институтот на Пушкин), размената на студенти.

19. Дали сметате дека македонистиката напредува и се движи во добра насока? Се надевам, ќе работиме.

20. 17. За вас сигурно не претставува непознаница дека македонскиот јазик, како јазик, е негиран од страна на еден од соседите на Македонија, а со тоа индиректно е негирана и науката која Вие ја проучувате. Како експерт за македонскиот јазик, кое е вашето мислење околу тоа?

Да jа сакаат своjата татковина и да ги чуваат своjот jазик и своите национални особини.

Како може да се негира jазикот, културата, името и историjата на цел еден народ? Задача на македонистите-лингвисти како научници е да се проучува системот на македонскиот jазик, преку jазикот наjjасно се одразува спецификата на народот коjшто го користи и неговата култура.

18.

Што би им препорачале на Македонците?

Доволно ли се грижи македонската држава

11


збор, два за едно списание за стрип Автор:

Дарко Богданов

„М

акстрип“ е еден од најзначајните моменти во македонската стрип-историја, затоа што пред сè е прва македонска ревија што е посветена исклучиво на стрип, и што имала континуитет во излегувањето, редовно секој месец во скоро 5 години постоење. Исто така е обид да се создаде простор каде македонските автори би можеле да ги пласираат своите дела во одредена мера, па во

списанието продефилирале како и реномираните, така и во тоа време нови непознати автори, од кои некои понатаму продолжија со творење и станаа поважни претставници на поновата генерација. Јас лично доста покасно се запознав со списанието, во години кога веќе воопшто не излегуваше на трафики, од тезгите со стари книги и стрипови.

12


Македонска Ризница , бр. 45 Најголемо разочарување ми беше аматерскиот однос кон објавените стрипови (лошо отпечатени, често некои броеви ужасно бледи, катастрофално дополнително нашлакани растери и полутонови кои неверојатно многу го намалуваа квалитетот и разбирливоста на таблите, а и уживањето во цртежот...). И покрај сите недостатоци, списанието е камен-темелник на стрип-сцената на независна Македонија, и често служи како инспирација за подоцнежните стрип-ревии кои следуваа, како и некој поттик на авторите за понатамошна работа, со што како резултат се случи можеби најголемото раздвижување на македонскиот стрип во првите десетина години од 21-от век. „Макстрип“ е место каде многу стрип-љубители се запознале за првпат со делата на наши великани како Филипов, Димано, Топуз а и други автори, на македонски јазик, и поради тоа е единствен пример во македонската стрип-историја, списание кое задолжително треба да се архивира како документ, да се направи достапно макар и на електронски начин до публиката. Од една страна за да се знае дека не сме паднале од дрво, за новите генерации кои не знаат српско-хрватски да може да читаат стрипови на својот јазик, а од друга страна да служи како почетна точка за слични проекти и стрип-ревии во иднина, еден вид водич за да се знае што треба, а што не треба да има во една стрип-ревија.

25 февруари, 2016 година, Виница

13


Интервју со поетесата Викторија петровска Автори:

А. Стеванов и Б. Андонов

1. Доколку не се бавевте со пишување поезија, која друга уметност би ја одбрале за ваше изразување?

она што ми ја полни душата и листовите хартија.

Па вака, за мене поезијата не е професија. Таа е едноставно начин на живот. Пишувањето ми е потреба. И доколку не би се бавела со пишување сигурно на некој сличен начин ќе сум го пренесувала

2. Роберт Л. Стивенсон рекол дека виното е флаширана поезија. Што друго за вас е поезија? За мене поезијата е како огледало во кое можат

14


Македонска Ризница , бр. 45 да се видат сите совршени несовршености, збор недоречен, книга недопишана, тема недопеана...

3.

Постои ли рецепт за добра поезија?

Рецептот за добра поезија е едноставен. Потребно е малку желба да седнеш да напишеш, инспирација и погоден момент, малку повеќе талент и секако многу читатели.

4. Што мислите за новите медиуми, помагаат ли во ширењето на пишаниот збор или сепак сметате дека вистинско место за поезијата е во книгите? Цврсто стојам на тоа дека местото на поезијата е во книгите. Немам ништо против, а и самата знам понекогаш да седнам на компјутер и да прочитам нешто добро. Но, сепак нели чувството кога во раце држиш книга и го пиеш омиленото кафе е незаменливо.

5.

Што од поезија читате во последно време?

Во последно време повеќе сум посветена на правото и Правниот факултет кој си бара своја посветеност и внимание. Но знам да се релаксирам и да седнам да прочитам нешто за душа. Нешто што ме смирува и прави бар на момент да ја избегнам реалноста.

15


галерија: стрип-табли и илустрации Автор:

Михајло Димитриевски

Ептен кратка биографија: роден Битола, 1978. Цртам од мал. Платен за прв стрип во „Студенски збор“ околу 1997. Дизајнер, илустратор, сториборд артист, гејм артист и се шо е поврзано со истото. „Еднооки“, „Петко 5+“, „Кока Кола“, „Мeкдоналдс“ - т.е. имам работено на сите побитни брендој кај нас и на Балканот. Илјадници илустрации за разни производи од смоки до игри од светски брендој (наскоро то) емисии, анимирани серии, спотови и цртани филмови... Моментално работам како арт директор во студиото за анимација „Lynx“ од Скопје-во кое го работиме првиот македонски долгометражен цртан филм (се надевам) и илустратор на еден куп игри посебно на таканаречени „друштвени игри“. Линк до пејџот ми на фесбук. 16


Македонска Ризница , бр. 45

17


18


Македонска Ризница , бр. 45

19


20


Македонска Ризница , бр. 45

21


22


Македонска Ризница , бр. 45

23


24


Македонска Ризница , бр. 45

25


26


Македонска Ризница , бр. 45

27


28


Македонска Ризница , бр. 45

29


30


Македонска Ризница , бр. 45

31


32


Македонска Ризница , бр. 45

33


34


Македонска Ризница , бр. 45

35


36


Македонска Ризница , бр. 45

37


38


Македонска Ризница , бр. 45

39


40


Македонска Ризница , бр. 45

41


42


Македонска Ризница , бр. 45

43


44


Македонска Ризница , бр. 45

45


46


Македонска Ризница , бр. 45

47


48


Македонска Ризница , бр. 45

49


50


Македонска Ризница , бр. 45

Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Напомена: Кликнете на сликата лево, за да го преземете латиничниот фонт „Кокан“, правен според ракописот на српскиот стрип-автор Никола Митровиќ - Кокан

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com

51


52


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.