Македонска Ризница 49

Page 1

1


Македонска Ризница Во чест на 103 годишницата од Илинденското востание да си спомнеме за предците наши. УРЕДНИК: Благојче Андонов ДИЗАЈН и РЕДАКЦИЈА: Гоце Панговски

СОРАБОТНИЦИ: Ѓорѓи Ѓурчиновски Биљана Солунчевска Кристина Цонкинска Никола Анѓелкоски Стефанија Ацевска Наташа Алексовска

ЛОГО: Сашо Гачев ИЗДАВАЧ: Александар Стеванов

„Мислата дека треба да се напише нешто за Револуционерната организација ми го облева срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар што тоа не е самата Орранизација, туку Софија со својот цар, со своите министри и генерали, со својата државна, а не национална политика, ја погреба Македонија и ѝ причини огромни жртви во луѓе и материјални блага, а јас пак се чувствувам виновен за сите тие злосреќни што со моите другари станавме причина за револуционизирањето и, во последица на тоа, погубувањето на Македонија и Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух како тие луѓе не нѐ убија со камења откако го согледаа грозниот излез на нашата револуционерна иницијатива. Цела Македонија, како еден човек, со трогателна еднодушност тргна по нас, ни ја даде сета своја поддршка и својата морална доверба; ние го водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново, уште потешко ропство; и при такви, дијаметрално противположни резултати, пак да не нѐ обвинува, да не нѐ навредува, да не мрмори против нас - создавачите на Револуционерната организација, туку молчаливо и со полна покорност на својата судба, да си го подземе тешкиот голготски крст, - тоа предизвикува во мене адмирација, и велам: ,Македонци, вие не сте само херои, туку и светци. За вас сите жртви се заслужени.‘“ „Спомени“ - Иван Хаџи Николов

2


Во овој број ќе читате: Вооружувањето на четите на ТМОРО - ВМРО Ѓорѓи Ѓурчиновски .............................................................................................................................................................................................04

Литературен клуб „Изгрев“ Биљана Солунчевска .............................................................................................................................................................16

Интервју со Стефанија Ацевска Кристина Цонкинска............................................................................................................................................................. 18

Карикатура - Алберт Ајнштајн Никола Анѓелкоски ............................................................................................................................................................ 20

Поезија Наташа Алексовска .............................................................................................................................................................. 21

3


ВООРУЖУВАЊЕТО НА ЧЕТИТЕ НА ТМОРО-ВМРО Ѓорѓи Ѓурчиновски

4


Наместо вовед--Приказната за дедо Насе Бечваров: Јас се сеќавам, како дете малó, имавме ние нивје, волој, во тó време со волој се ораше земјата, немаше ни трактори, ни ништо. Јас имав осум години (1921 година) и секогаш, еден дедо мој, на мајка ми вујко, дедо Насе се викаше, ни ’и ораше нивјето. И ќе ме земеше мене сабајлето, да ода’ да му ’и заведа волојте прво, да тргна’, да заорат, иначе не одјá волојте. Требат да јајт мака чоекот инаку. И за време на одморот ко ќе ’и пуштеше, значи, волојте за да

се напрајт одмор, ми раскажуваше мене како поминал во Турчинот, со маќите од Турчинот шо ’и јадел. Се случило ова после една голема битка тука кај селово наше Цапари, пред Востанието. Јас го прашвав дали била битката на Пелистер, а дедо ми Насе, велеше: „Внучко, јас само една битка на Пелистер знам1, и таа пред Востанието, за друѓите ќе си прашаш друг, јас не бев тука за Востанието, сургун бев Дијар Беќир од Востанието до Уриетот.“ Ден после битката, ’и собрале селаните

_______________________________________________________________________________

1

Причината за тепањето било испрашување на селаните на село Цапари во врска со Првата Пелистерска Битка, на 23.04.1903 година (стар календар), кога на ужас на Турците селската чета од 30 души четници селска милиција се судрила со турскиот аскер и му убила 30 аскерлии: изворник- Мемоаръ на Вьтрешната Организация, Македония и Одринско (1893-1903), София, 1904 год. стр. 84: Битки во Битолскиот вилает:

Таа битка била иницијалната каписла за таканареченото Ѓурѓовденско клање во Битола, кога на првиот глас за Солунските атентати и вториот глас дека селаните од Цапари почнале востание, омразата на муслиманите излегла од контрола и се случило тоа што е веќе историја. -Даме Груев (1871-1906, Истражувања и материјали), Друштво за наука и уметност, Битола, 1981 год. стр. 112: Селото Цапари уште од м. март беше во востаничка состојба. Селската чета, составена од околу 250 души, добро вооружени милиционери, беше веќе мобилизирана и беше решила да објави востание, бидејќи луѓето немале друга работа во селото. Цапари даваше повеќе од 100 души ќумурџии кои одеа на работа кон грчката граница. Окружниот комитет им беше дозволил да одат и таа година, под услов да се јават за востанието веднаш штом бидат повикани. Кога им соопштиле дека таа пролет ќе се објави востанието, тие прибрале колку што можеле пари од изработениот материјал и со нив си купиле околу 250 пушки. Добро вооружени, тие тргнале кон грчката граница со по една пушка в рака, а другите натоварени. По канал пристигнале во селото. -Анастас Лозанчев, Спомени, ракопис во ИНИ, Скопје (Илинденското востание, Култура, 2003 год.) - стр. 58: ...Во Цапари над 300 души аскер и башибозук го напаѓаат селото-тепаат и убиваат. Селаните гладајќи дека ќе биде лошо, ги земаат пушките, формираат чети и под команда на своите десетари, тие 30 селани цели 12 часа им даваат отпор на Турците. Загинати-15 селани и 30 Турци. Ние го оставивме конгресот и сите заедно тргнавме кон Цапари да помогнеме, но не поминавме ни половина пат, нè сретнаа селани и курири кои ни река дека војската се повлекла, па ние се вративме да ја продолжиме работата. -Хр. Силяновъ, ОсвободителнитѢ борби...томъ први... стр. 332: Јадрото на востаничката сила претставуваа Смилево, Ѓавато, Цапари-меѓу најдобро организираните и вооружените села во Македонија. Само од тие три села излегоа над 600 борци кои водеа лути битки и дадоа непроценливи жртви. 5 5


што ги испофаќале низ село и ги однесле кај чешмата Брезоица, тá ет тука пот село, према Битола ко ќе одиш, и тамо зеле да ’и тепáт Турците. Ама на овој дедо ми, некој Турчин, заптија од Кажани, му велел: „Ко ќе те мавáт Турците, му вели, немој да рипаш, да скокаш, да ги пцуеш; првото мавнување, велит, легни, падни на земја и да не мрдаш ни со рака ни со нога. Инаку косќи ќе т’ искршат дури мрдаш.“ „И тие само што замавá по мене, внучко, јас паднав на земја и не мрдам, а брачет ми мој, Нóуме (Наум, Науме), рипаше тој, караше по ними, ама не можит, сила кадé-правина не ет, мавá, мавá, косќите му ’и скршија. После то’ мавањето, тие што останавме понанога, нè собрá на коњсќи коли, на волсќи, и нè отерá во Битола, нè затворија. Нóумета, брачет ми го остајле оти беше ’ногу тепан тој, не мо’еше тој, косќите му б’ја искршени. За да го куртулат, негојте дома гојдо заклале, кожата му ја одрале и го завиткале Нóумета во н’ја за да ги истрга кожата крвојте и сињилата од ќотекот турсќи. Едвај сиромав куртулил после неколку месеци дури се

накренал да можи да оди, толку ќотек шо изел. Сите друѓи селани шо нè затворија, нè напикá во овој затворот во Битола, во амамот турсќи шо ет.“ Туа седале, некое време, ги испрашвале, ги осудиле на 101 година и оттуа ги кренале и ’и потерале, шо знам, преку Грција, преку Турција, Ерусалим ’и терале онамо во Палестина, и најнакрај ’и отерале во Дијар Беќир. Седија таму годиње... По овај Уриетот шо беше, тогај се вратија назат, кој останá живи. ’Ногу мака истргале на патот за таму. Ко шо ’и носеле, сè пеш ’и терале, и чејли и опинци, с’исќинале, па кошулите и алиштата ’и ваделе од ними за да си завиткáт нешто на ноѕе, со тељои ги врзвале парталите на ноѕете, ама пак крв им капело. Али морат брате да се ојт пеш, сè пеш, никако на нешто да ги повозат барем за малку, никако, сè пеш. Е, дури биле во Дијар Беќир, не биле затворени, како шо биле во Битола, по карцерите и долапите, ами биле пуштени понекогаш да прошетáт низ градот, ама под куманда, со стражари. И така до Уриетот. На

6


враќање поминале низ Ерусалим, низ Ерусалим ’и прошетале, го гледале на Ристоса Крстот, го гледале тамо Гробот на Ристоса, тá црквата шо ет во Ерусалим, од едната ст’рна еврејска, од другата ст’рна Православна, така ми кажуваше. Секаде со него, овој дедо мој, носеше една библија, шо ја донесол оттамо, од Ерусалим, ја купил отаде, на славјансќи писана, со славјанско писмо писана, како по црквине наши, и ми ја читаше. Во книгата велит: „Ќе дојт, рече, антихристо’, ќе земит голем замав, народот цел, рече, ќе тргнит по него, ама тој знаеш, рече, кој ет? Ќе стојт на ридот со стомните, рече, со стомни големи, ќе ’и вика аргатите во полето, ќе му вели, елате кај мене вода да ви дáм! Ко ќе одат тамо-стомните празни! Ете, тој ет антихристо’... Ќе земит голем замав, ќе терат, ќе терат, ама после ќе с’изгубит. Со ова идење, рече, антихристо’ ќе с’изгубит, рече, ќе ’о нема никаде појќе. Пá, рече, Христос, ќе бидит победник! Пред да пропаднит антихристо’ ќе вати голема војна, и во неа нема да имат победима држава, да се рече дека победила, ами толку ќе се изуништат, и коњ да вјавнит чоек три дена и три ноќи да шетат, чоек не ќе најдит, а кај шо ќе најдит некој тој ќе викат: „Излегвајте мртви, да влегваме живи!“ И тогај жолтата раса ќе надвладé над цел свет. Е, тó ми го читаше од тá библијата тој дедо ми Насе. Од шо страдал од глад по патот до Дијар Беќир и назат, никако не даваше ни трошка леб да се фрли никако. Дури и да му паднеше некој залаг леб од рака или од уста, ќе го изофкаше оти паднал, ќе го дувнеше да ја зачисти пепелта од него и ќе го изедеше. Ете таков беше дедо ми Насе Бечваров!

Пред неколку месеци, откако претходно сретнав неколку референци за неа, имав можност да ја прочитам книгата на Keith Brown, Loyal Unto Death: Trust and Terror in Revolutionary Macedonia. Во неа, авторот, Кит Браун2, предизвикувајќи го востановениот шаблон (на западната

_______________________________________________________________________________

2

Кит Браун (Keith Brown) е професор на Институтот за Меѓународни Студии на Браун Универзитетот во Providence, Rhode Island, USA (Brown University’s Watson Institute for International Studies). Негови останати објавени дела се и уште: The Past in Question: Modern Macedonia and the Uncertainties of Nation, како и: Transacting Transition: The Micropolitics of Democracy Assistance in the former Yugoslavia. 7 7


историографија, но и митолошките мегаломански сништа за империи на ситната балканска боранија) за улогата на етничкиот и националниот идентитет во балканската историја, се сосредоточува на општествените и културни механизми на верноста (лојалноста) за да ги опише верноста, довербата и теророт-мрежите на тајните врски и заемната солидарност-кои што ги поврзувале печалбарите, селаните од најзафрлените села и нивните водачи во борбата за заедничката кауза. Лојалноста, како што вели Браун, била тајно создавана и одржувана преку чинот на полагање заклетва, архивирањето на секој чин и дело на Организацијата, трговијата со оружје, како и преку употребата и користењето на теророт-смртоносното насилство, против сите-и кон противниците и кон довчерашните созаклетници што ја прекршиле заклетвата. Самото постоење на книга која што ги

третира ТМОРО/ВМРО и нејзините методи на организирање, ширење на револуционерната мрежа, дејствувањето на четите, користењето и унапредувањето на ресурсите на теренот, покажува дека кај научниците и разно-разните агенции за меѓународно истражување од западните земји и до ден-денес постои интерес за Македонската Ослободителна борба од пред повеќе од еден век. Иако во самата книга се оперира со број на вооружување кое што само симболичен дел од она што всушност било набавено преку тајните канали од странство (само селото Цапари било снабдено со 250 грчки „гра“ пушки, а по аферата Мис Стон биле набавени неколку илјади манлихери), сепак пронаоѓањето на оваа книга имаше за мене и лично значење. Имено, долго време се трудам да пронајдам во нашата и странската историографија некаков податок за извесниот Насе Бечваров од

Патишта на (не)легалната трговија со определени типови на оружје во Отоманската Империја во периодот на Македонската Револуционерна борба 1893-1912 8 8


Каналите за снабдување на ТМОРО-ВМРО со оружје во периодот на Македонската Револуционерна борба 1893-1912 село Цапари, Битолско. Барав нешто повеќе од она што е веќе објавено во скоро сите зборници за Илинденското Востание, но немајќи никаков податок за него во објавените листи за Илинденските заточеници во „Амнестираните илинденци 1904 година“ (Превод и коментар: Драги Ѓоргиев.) Скопје, 2003, имав потреба да пронајдам податок повеќе што ќе ја потврди приказната на мојот дедо Михајло Танчевски за неговиот дедо Насе. Авторот на книгата Loyal Unto Death го сместува Насе Бечваров (а по сведочењата на преживеаните Илинденци, носители на Илинденска Споменица 1903 година), како организатор на трговијата со оружје во тие почетни десет години од постоењето на Организацијата, во прво време преку т.н. албанска врска, а потоа и преку т. н. грчка врска-најорганизираната, најдоброприкриената и најдолготрајната врска за

снабдување на Тајната-Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, која траела од завршувањето на грчко-турската војна во 1897 до Уриетот, цели 11 години. Вооружувањето на комитските чети на ТМОРО било горливо и комплицирано прашање oд повеќе аспекти. Прво, за само две-три години по создавањето на Внатрешната Организација, во Софија се формирал Врховниот Комитет. И покрај првобитната намера да ја организира многубројната македонска емиграција во Кнежевството, неговите раководители зазеле став за чекање на „братската помош“ од Бугарија, како единствен излез на Македонија од ропството, при што, според нивниот заклучок, немало потреба комитите на ТМОРО да се вооружуваат. Но раководството на Внатрешната Организација сакајќи да остане самостојно, се решило да се пристапи кон формирање на четниот 9 9


иститут и се започнало со вооружување на четите. Тоа бил најкомплексниот потфат на ТМОРО, подоцна, ВМОРО и ВМРО, за целото време на нејзиното постоење како Македонска ослободителна сила. Самиот начин како Организацијата се снабдувала со оружје дава несомнена слика за нејзините идеи, цели, методи. Во Бугарија, токму во тој период се извршила замена на вооружувањето на пешадијата и коњицата со понови модели. Додека застарените модели лесно се купувале и набавувале, новите брзометки воопшто не биле во слободна продажба, па поради тоа револуционерите вршеле грабежи на воените магацини. Од Бугарија доаѓале следните руски и австро-унгарски пушки: - Крнки (познати како „кримки“). Руската Крнка (во Македонија позната како „Кримка“) М1867 (калибар 15.4x40mmR) била преправен модел на пушката на чешкиот инженер Силвестер Крнка. Првобитниот модел на чешкиот изумител се полнел од устата на цевката, додека рускиот модел се полнел од страната на капсата, преку посебен капак. Заради овој детал, биле познати и како пушки „капаклии“, бидејќи иако била „капсалија“ (се користела капса-каписла, а не кремен за иницијално палење), некои капсалии сеуште се полнеле од устата на цевката, како што бил и случајот со сите „кременачки“. Овој вид на пушка многу брзо бил отфрлен од руската војска,

заменет со „берданките“ и како воен вишок била користена за „надворешно-политички цели“-во ослободителните борби на балканските народи, прво во Бугарија, а крајно и во Македонија, каде што своја последна намена имала во Илинденското Востание. Оваа пушка била со лоши особини, особено споредено со тогаш новите брзометни (репетирни) пушки. Бројни се сведоштвата на

Системот за полнење на пушките „Кримки“

„Кримка“, односно Крнка 10 10


учесниците во Востанието дека при почетните напади на востаниците голем дел од ранетите востаници биле токму од овие, таканаречени „кримки“ пушки; - Бердан тип 1 и Бердан тип 2 („берданки“) и тие биле најзастапени во самиот почеток на организираната борба сè до пред почетокот на Илинденското Востание, кога биле надвладеани од бројот на грчките „гра“ пушки. За нив веќе беше пишувано минатите броеви на „Македонска Ризница“. Ги молам за прошка авторите на текстот за берданките, но ќе си дозволам една исправка на нивниот текст. Имено, работилницата за поправка и изработка на пушки во Тетово, не служела за поправка и изработка на „берданки“, но исклучиво на „мартинки“, од едноставна причина што тоа била легална работилница, што постоела со дозвола на турските ослманлиски власти, додека „берданките“ биле пушки кои што никогаш не биле користени од турската војска, биле нелегално внесени во Македонија, биле користени од македонските востаници за уривање на турската држава, конечно тоа биле руски пушки и како такви не доаѓало предвид да бидат изработувани или поправани во легална работилница каква што била тетовската; -„Манлихери“ (Steyr-Mannlicher 1895 8x50mmR) во два вида: пешадиски-подолги и коњички-покуси (карабини). Додека муницијата за првите била релативно лесно да се самоизработи, муницијата за „манлихерите“ речиси 100% морала да се носи од Бугарија. Од Србија се носеле пушки од модифицираниот модел на Mauser M1878/80 10.15x63mmR, наречен „кокинка“, според мајорот Константин „Кока“ Миланович. Ваквите пушки доаѓале во Македонија во прво време (до Востанието) преку членовите на Организацијата кои што или биле на печалба во Србија, или пак не 11 11

можејќи да се снабдат со оружје во Бугарија, прво оделе да се снабдат во Србија, а потоа минувале во Македонија. Но присуството на овие пушки на теренот, особено се зголемило по започнувањето на српската четничка акција во Македонија после 1904 година.

Пушки „Кокинки“ Во самата Македонија имало неколку начини да се снабди оружје од самото место. Прво, турската војска штотуку ги заменила некои од старите модели на пушки-капсалии, еднометни пушки итн со таканаречените „манѕери“, најновиот модел на Mauser Gewehr 98 7.92x57mm. Со тоа биле ставени во трговија, јавно, или „на црно“ старите модели на „мартинките“ (Martini-Henry Mk I 11.43x55mmR). Овие пушки биле купувани и криумчарени за потребите на Организацијата преку таканаречениот „албански“ канал. Во спомените на Илинденците, се споменува некојси заптија (полицаец) од битолското село Кажани, Шабан, Албанец, кој што служел за врска и со надворешната набавка на оружјето преку албанските гори, и за врска со работилницата во Тетово. Работилницата во Тетово постоела за поправка и изработка на некаков модел на


„мартинки“, но нивниот квалитет спореден со оригиналните британски и американски модели бил значително послаб, така што и биле преименувани во „тетовки“. Од денешна гледна точка, можеби изгледа неверојатно дека еден претставник на отоманската власт бил дел од тајниот канал за набавка на оружје на ТМОРО. За да го објасниме тоа низ очите на еден од современиците на тоа време, доволно е да се препрочитаат книгите на Стале Попов, кои што иако не претставуваат историски извори од прв ред, сепак се засновани на сведоштва на Илинденците. Во некои од тие книги исто така се зборува за учеството на некои од турските заптии при набавката на оружјето. Како што може да се види од сведоштвата на војводата Крсте Ѓермов Шаќир, иако можеле да насетат дека оружјето

со т.н. пушка М48, која што пак е копија-наследник на германската Mauser Gewehr 98 7.92x57mm и нејзината турска варијанта. Еден друг аспект во врска со овие пушки е особено интересен да се спомне: Честопати се поставува прашањето, зошто комитите како извор на снабдување со оружје не го користеле заробувањето на оружје од турската војска, онака како што на пример, се правело за време на Народно-ослободителната војна. Главните причини за тоа може да се видат во упоритото настојување да се задржи тајноста на Организацијата пред сè, до последниот миг, а во меѓувреме да се вооружува народот, четите сè до оној ден на сеопштото востание, со најмала можна штета за народот, неговиот имот и живот. И во тоа свое настојување Тајната-

Пушката „Мартини-Хенри“, или „мартинка“ за рајата што се купува преку нив би можело во иднина да се употреби против нив самите, сепак претставниците на отоманската власт сметале дека нивната царштина е толку моќна што никакво оружје продадено на „ѓаурите“ не може да ја урне таа царштина, а биле до толку корумпирани што сметале дека „не е лошо ако може да се заработи добро на сметка на будалштината на ѓаурите“. Второ, одземените, запленетите, „маузериманѕери“ од турската војска. Во врска со техничките особености на ова оружје нема да зборувам многу, бидејќи речиси и да нема човек од поколенијата родени и матурирани во бившата држава Југославија, што не слушнал или не се сретнал

Внатрешната Организација и успеала делумно-сè до избувнувањето на т.н. Виничка афера во 1897 година, (значи цели четири години од основањето на ТМОРО) и аферите што потоа уследиле, отоманските власти немале поим што им се случувало пред носот. За тоа сведочат и некои од извештаите на странските конзули, на пример, во еден од извештаите на српскиот конзул се вели дека Турците во случајот (со набавката наоружје пред нивниот нос) се понеле како изневерениот сопруг-тие биле последните кои што дознале за целата завера на ТМОРО за тајно набавување на оружје. Па токму заради тоа, првите маузерови пушки, запленети од турскиот аскер, станале дел 12 12


од вооружувањето на четите на Организацијата имено после поголемите порази што аскерот ги претрпел во Илинденското Востание. Посебно се зборува за поголеми запленувања на „манѕери“ во Костурскиот и Леринскиот реон, по нападите врз Невеска, Клисура и останатите поразени турски гарнизони. Од Грција се криумчареле, таканаречените „гра“ или „грчки“ пушки-Fusil Gras Modèle 1874 M80 11x59mmR. Овие, таканаречени, пушки-острагуши, првобитно биле користени во француската војска во времето од 1874 до 1886 година. Своевремено биле технолошки надмоќни со компактноста на муницијата во кој биле заедно и куршумот (зрното), и фишекот со барутот, како голем напредок над пушките-кременачки и капсалии.

револуционери имале разработена мрежа за набавка и криумчарење на овој вид на пушки од Грција во Македонија. Тој канал за снабдување со оружје од Грција иако знаеле за неговото постоење, не можеле да го запрат ни турските аскери и полиција, ни андартските банди се’ до Младотурската Револуција 1908 година. По крахот на Уриетот, се започнала обнова на печалбарскоќумурџиските врски за повторно да се воспостави набавката на пушките „гра“. Овде треба да се спомене и една тажна, крвава епизода од постоењето на овој канал за снабдување со орује на Организацијата и народот. Во својата немоќ самите да ја најдат и прекинат линијата на снабдување на Тајната-Внатрешна Македонска Револуционерна Организација,

Турски „Маузер“, т.н. „манѕер“ Поради технолошка застареност во однос на германските „маузери“, после 1886 година пушките „гра“ биле заменети, прогласени за воен вишок и продавани меѓу другите и на Грција. Таму биле користени сè до крајот на 1897 година. Овој вид на пушки во грчката армија тогаш бил заменет со нови брзометни модели, затоа што во штотуку завршената Грчко-Турска војна од 1897, моделот „гра“ не се покажал успешен во судирот со новите модели што Отоманското Царство ги набавило од Германската Империја. Грчките „гра“ пушки така станале предмет на трговија и со нив биле снабдувани и андартските чети што учествувале во клањето и погромот во Македонија. Македонските

андартите не можеле да ги откријат ниту начинот на кој се вршела набавката на оружјето во самата Грција, ниту граничните премини на кои што се вршело префрлувањето на пушките, ниту линиите за дотур на зборните места. Самите ќумурџии, печалбари биле облечени во грчки алиштаносии, добро го познавале јазикот со што нивната камуфлажа била совршена. Постојат неколку зачувани фотографии на Цапарци облечени во очигледно грчки фустанели, скуфии (капи) и јанински опинци со пуфки. Едно од зборните места на печалбаритеќумурџиите било на планината Олимп (која што тогаш била на меѓата на Грција и Турција) од 13 13


Тасе Врчков (лево, облечениот во грчка носија) и уште еден селанец, двајцата од Цапари фотографирани во Битола, студио Леонида 1900 година турската страна, во близина на градот Катерино (денес Катерини). Во доцната зима на 1907, во месец февруари, една група на ќумурџии од селото Цапари, битолско се наоѓала токму во тоа зборно место. Тука тие биле опколени и претресувани од андартска чета, на која што некој ѝ го открил местото каде што оваа ќумурџиска група требало да се собере. Не успевајќи по кој знае кој пат да

открие каде овие ќумурџии го кријат оружјето кое што несомнено постојано било криумчарено внатре во Македонија, андартите измасакрирале петнаесет селани од оваа група. Во спомените на преживеаните преовладувало убедување дека предавникот на местоположбата на ќумурџискиот логор бил некој од соседните патријаршиски села на Цапари, но ниеден од нив, како по заклетва 14 14


не го откривале кој е. Дека селото Цапари било средиште на набавката на оружје за областа Ѓават-Кол (тоа се т.н. Битолски Горни села) сведочи и начинот на кој што српските власти го започнале своето владеење веднаш по протерувањето на Турците во 1912 година, особено во селата Цапари, Ѓавато и (Горно) Српци. Опколено од регуларната војска, селото Цапари било со денови претресувано од четниците на терористичката банда „Црна Рука“, кои што имале само едно барање-„предајте го скриеното оружје!“ И кога после страшни измачувања во кои што многумина селани, меѓу кои и Насе Гечев, селски војвода од времето на Востанието, биле убиени, поминала уште една група на „Црна Рука“ и им ги собрала дури и ножевите од по трпезите на селаните. Треба да се спомне исто така уште еден аспект кој што мислам дека е важен кога се зборува за вооружувањето на четите на ТајнатаВнатрешната Македонска Револуционерна Организација. Во колективното сеќавање на македонскиот народ, а тоа е народната песна, испеани се безброј песни и за вооружувањето што го имале народните борци-комитите. И додека за манлихерите, берданките, манѕерите, мартинките, се испеани толку многу песни, ниту една песна немам сретнато да е испеана за грчките „гра“ пушки, иако е историски факт дека според бројноста тие биле најбројните пушки во рацете на Илинденските востаници. Ете колкава била народната омраза и гнев кон грчката пропаганда и андартите-нејзината до гуша во крв извалкана рака.

Различни типови на пушки „гра“ или „грчки“ пушки (пешадиска, артилериска, коњичка)

3 Maj 2016 година Ѓорѓи Ѓурчиновски, Columbus, Ohio, USA

Војводата Манол Розов и комити вооружени со пушки „гра“ 15 15


Литературен клуб „Изгрев“

Во домот на културата „Илинден“ од Демир Хисар, речиси 26 години активно работи Литертурниот клуб „Изгрев“. Формиран е од страна на ентузијасти на 26 ноември 1993 година и оттогаш е еден од најактивните клубови. Од каде е името „Изгрев“? За тоа постои една кратка историја, која верувам ќе ви биде интересна. 1967/68 година, во Демир Хисар постоел литературен клуб „Полет“. Членовите на овој клуб имале свое гласило кое се викало „Изгрев“. Во нивна чест, а и како продолжување на нивното залагање да се шири и развива литературата и културата во Демирхисарскиот крај, на нашиот клуб му го дадовме името „Изгрев“, име кое е белег на едно творење и постоење. Имено, во тогашниот клуб „Полет“ членувале сите денешни наши истакнати поети и писатели, новинари и сл. а кои потекнуваат од Демир Хисар, како што се:

Радован Цветковски, Славко Крстевски, Љубе Цветановски, Тале Сотировски, Наќе Стојановски и многу други. Ова нивно гласило всушност е и нивен почеток во областа на литературата, од каде подоцна многу од нив прераснаа во врвни писатели, режисери, новинари и сл. Во нашиот клуб „Изгрев“ активно членуваат 30 членови, кои можат да се пофалат со своето творештво и активност, не само во Демир Хисар туку насекаде низ нашата татковина и надвор од неа. Поголемиот број од членовите имаат издадено свои книги, претежно поезија, но исто така имаме и заеднички збирки: „Везилка“, „Зреење на зборот“, „Узреан збор“ и „Зборови“. Имаме земено учество на повеќе поетски манифестации кои се одржуваат низ нашата земја, каде што не ретко сме освојувале и награди за нашето творештво. Посебно можеме да се пофалиме и со републички награди на 16 16


наши членови и на драмски дела поставени по сценарија на наши членови (Актерот на Европа 2016 Ресен „Умирам пеејќи“ за Наум МанивиловПреспански“ текст на Петре М. Андреевски, адаптација на Биљана Тодоровска). Покрај со творештво наши членови се и рецензенти и уредници на многу книги од автори не само од Демир Хисар, туку од сите краеви на Македонија. Традиционално, секоја година во месец ноември, клубот распишува награден конкурс за краток расказ по повод Месецот на книгата. На овај конкурс имаме сѐ повеќе учесници од сите краеви на Македонија и од дијаспората. Досегашни претседатели на клубот биле: Кире Огненовски (прв претседател), Роберт Филиповски, Зоран Котевски, Лидија Крстевска, а актуелен претседател е Биљана Солунчевска. Во мај 2003 година бевме гости во Виена, Австрија, на покана од наши сонародници, а наредната 2004 година, во септември, бевме во Јабука и Качарево, Србија, кај наши Македонци кои живеат во тие краеви. И на двете гостувања топло и срдечно бевме пречекани од нашите домаќини. Литературниот клуб „Изгрев“ е отворен за нови членови од сите делови на Р. Македонија и од дијаспората, како и за соработка со сите оние кои творат или го сакаат пишаниот збор. За таа цел ги повикуваме и покануваме сите љубители на литературата и културата да ни се придружат со свое членство и соработка. Претседател на Л.К. „Изгрев“ Демир Хисар Биљана Солунчевска

17 17


ИНТЕРВЈУ со писателката

Стефанија Ацевска

18 18


Како започна твоето „патување“ низ сопствените пишувани страници? Најверојатно затоа што животот ми бил учител кој ме научил како да се спознаам себе си подобро и како да ги опишувам разноликите чувства.

Колку пишувањето влијаеше на твојот целокупен живот и животно искуство? Пишувањето можеби влијаеше повеќе отколку што очекував. Ми помагаше во моменти кога ми беше потребно. Можам да се потпрам на пишувањето кога и да посакам, да напишам што мислам без да бидам осудена за мојата фантазија. Книгата е најдобар пријател! Кристина Цонкинска

Психологијата е твојата најчеста обработувана тема. Од каде црпиш инспирација за длабочините на човековата душа? Инспирацијата секогаш ми доаѓа ненадејно. Не можам однапред да планирам во колку часот и кој ден треба нешто да напишам. Ако е она, вистинското, искреното од мене, доаѓа кога најмалку го очекувам. Твоите два романи „Далеку од рај“ и „Анастасија“ зборуваат за две слични животни приказни. Дали тие настани се базирани на некои вистински случувања? Никогаш не пишувам според вистински приказни бидејќи сметам дека нечија приказна е интимна работа која што не би ја споделила доколку некој тоа не би го побарал секако од мене. Но, она што е вистинито е интензитетот и боите на чувствата во романите. Тие се вистински почувствувани, но не поради тие настани кои се пишувани. Дали можеби има и други теми на кои обожуваш да пишуваш? Најчесто ме интересираат психолошки теми, теми во кои главниот лик е некое чувство. Досега не сум се пронашла во некој друг вид. Можеме ли да очекуваме нешто ново за во блиска иднина? Во тек е трет роман, но не би знаела кога би го завршила. 19 19


Алберт Ајнштајн

Портрет карикатура, молив во боја на хартија

Никола Анѓелкоски

20 20


ПОЕЗИЈА

Наташа Алексовска ВЕРУВАЈ ВО СЕБЕ Верувај во себе кога ти е најтешко никогаш не губи надеж не се откажувај и предавај така лесно за ништо во животот дури дa немаш грб и поддршка од фамилијата, бидејќи кога – тогаш ќе дојдат и твоите 5 минути макар и цел живот ги чекала. Не потклекнувај на никакви коментари било да се од фамилијата или пријатели, кога ти се плаче - исплачи се набргу стани и врати се во нормала бидејќи никој нема да ти поверува на твоите солзи, дури може шеги на твој грб и мака да си направат затоа никогаш не подгазувај ги твоите способности туку исправи се Ти - млад болен човеку - биди горд на себе што никој друг ги нема твоите атрибути и квалитети, погледни во сонцето насмевни му се и кажи си во себе „повеќе не вреди за ништо и никого да се нервирам“ непотребно нервите да си ги губам го молам и довикувам кај и да е мојот ангел чувар побргу да дојде во мојот дом конечно да пристигнат моите долгоочекувани 5 минути, ете конечно ги дочекав иако чекав, чекањево се исплати - си даде свои резултати, сепак за жал во реалноста јас сè уште чекам, само се надевам и верувам во себе дека ќе ги дочекам.

21 21


КОЈА СУМ ЈАС?

без подгазување и било какво потресување, едноставно да се дружам со луѓето, таму каде што мислам дека е местото на секој млад човек па и на мене, ЈАС засекогаш ќе Ви ја дадам сета моја љубов од срце, каде ќе има само смеа заразно насекаде ќе се шири ’ко некоја заразна болест во позитивна смисла на зборот, насекаде ќе има само среќни и насмеани лица, никогаш повеќе тажни, иако некогаш заплачеме тоа ќе бидат солзи радосници од среќа и радост - не како досега од тага.

Се прашувам секој ден самата себеси - КОЈА СУМ ЈАС, одговорот е едноставен и лесен: јас сум само еден млад болен човек кој не смее да излезе на улица бидејќи луѓето му се смејат во лице поради неговиот изглед, не смее да излезе на кафе со пријателите бидејќи слуша како позади грб го озборуваат, секогаш гледа секој човек да го згази, повреди и разочара со секакви коментари на 1001 начин највеќе онаму каде што најмногу го боли. Но, еве тука сум ЈАС меѓу сите Вас – драги мои пријатели, се борам самата како знам и умеам со сите препреки во животот, не се жалам ќе се борам ако треба до крај, им препорачувам на сите луѓе да не молчат како мене цел живот, за да не се полнат во себе ко некој бункер, туку сите до еден на нозе да се кренат секогаш гласно и јасно својот СТАВ да си го кажат, да не дозволат како ЈАС да трпам секакви коментари и убоди на мојата кожа бидејќи мислам дека тоа не е во ред, барам само малку внимание и почиттување спрема овој млад болен човек од Вас – драги мои пријатели, не барам од никого, ниту од Вас – драги мои пријатели грб и поддршка за било што, само барам искрено пријателство, 22 20


ДЕТЕЛИНКА СО 4 ЛИСТА

и секогаш со восхит ќе зборуваат до некоја следна средба.

Ех, каде да ја најдам таа чудесна, волшебна, магична моја драга и ценета детелинка со 4 листа, во која полјана да одам да те пронајдам и наберам да ја поделам за среќа на сите луѓе од целиот свет, со една и единствена желба: да имаме секогаш едни спрема други слога, љубов и разбирање, секогаш среќа да ги служи и љубов на секој човек да делат притоа воопшто да не се штедат, нека ги спремат нивните две раце секого силно да прегрнат да се спојат и бакнат од срце нивните уста две и пријателски на секој човек да му подарат детелинка со 4 листа, aко на ист начин примат повратна прегратка и бакнеж тоа е одличен доказ – декa имаат покрај себе вистински пријател довек, тука на среќата ѝ нема крај, тогаш во тој момент сите луѓе од целиот свет ќе се фатат да заиграат заедничко оро – кој како знае и умее, засекогаш ќе си ветат самите на себе дека отсега ќе се тука еден за друг во добро и лошо, затоа е доказ детелинката со 4 листа и повторно да се сретнат да не чекаат да помине многу време за да се видат, затоа си закажуваат средба во блиска иднина, за крај за спомен сите пријатели се сликаат да имаат слика со која ќе се сеќаваат

Оваа моја песна за детелинката со 4 листа, лично ЈАС им ја посветувам на сите досега – мои драги пријатели и на сите пријатели кои понатаму во текот на животот ќе ги запознаам, на сите Вас од срце ЈАС Ви подарувам една детелинка со 4 листа, со една и единствена надеж дека нашето пријателство ќе трае завек, дури иако се исуши детелинката со 4 листа таа нема никогаш да изгуби од својот лик ќе биде пак онаа старата детелинка со 4 листа кога тогаш и на тој ден од срце Ви ја подарив на сите Вас – драги мои пријатели.

23 21


ПРЕГРАТКА

Ех, секој човек би копнеал да има секој ден таква прегратка, насекаде би ја барал само да е од вистински човек и пријател, бидејќи нема ништо подобро кога знаеш дека некого чекаш да дојде на твоите порти за да силно му се фрлиш во неговата прегратка.

Прегратката е прекрасна ако е вистинска - не лажна, едноставно ќе се препознае кога се спојат нашите души две срцето чука најсилно што може, во која двајцата трепериме - се тресеме од среќа, очите од радост ни заиграат ко ѕвездите на небо што најсилно светат и светат до крај ни ги осветлуваат нашите лица додека стоиме во мракот, кога се прегрнеме стоиме споени прашање е колку време, не е ни важно, важно е стоиме ко стрелките на часовникот споени точно на полноќ, само ние двајцата сме споени и не мрдаме за разлика од стрелките на часовникот, бидејќи прекрасно ни е на нашите срца и души одлично се чувстувуваме и се грееме од нашата прегратка ко радијатори кога ја постигнат највисоката точка на вриење и не би се никогаш разделиле од нашата прегратка сепак за жал мораме, кога душата преполна со емоции не може ни збор да каже, тоа е вистинска прегратка по која секој човек копнее со нетрпение ја очекува, на која постојано се надева и ја сака.

24 22


РИНГИШПИЛ

кога – тогаш се откачуваме и повторно почнеме да се вртиме на лево и десно, не е важно напред или назад, важно е сите се вртиме во круг додека сме живи до бесконечност, бидејќи му нема крај на тоа вртење туку само се вртиме и продолжуваме да вртиме, единствено кога ќе заминеме од овој свет тогаш нашето вртење престанува и за жал на вртењето му доаѓа КРАЈ.

Рингишпил е за деца и е супер се вртиш по цел ден кога сакаш и колку сакаш без никаква мака, никогаш не ти е досадно да се вртиш макар и во круг тука нема паузи, редови и чекање, таман кога помислиш да направиш пауза за миг однекаде се слуша некој глас како те довикува некој детски крик – ајде да се вртиме заедно да видиме кој повеќе ќе издржи и кругови ќе заврти, така повторно се вртиме во круг дури ноќта не нѐ фати забораваме на времето и часот, важно е да се вртиме до бесконечност, но, кога настанува мракот и повеќе ништо не се види за жал мора да го напуштиме нашиот рингишпил да се поздравиме и разделиме, секој да си тргне по својата патека до својот дом. А, на него му велиме довидување му закажуваме блиска средба во блиска иднина, бидејќи нема да го заборавиме му даваме чесен збор и ветуваме, кога повторно на него ќе се вртиме до бесконечност. Но рингишпил е и нашиот живот се вртиме напред и назад низ сите препреки, понекогаш знаеме да застанеме и тупкаме во место, 25 23


КОЈА СУМ ЈАС БЕЗ ТЕБЕ?

КЛУЧОТ НА СРЕЌАТА

Која сум ЈАС без тебе добро прашање е да се биде или не, како човекот кој не може да се движи без своите нозе и работи без своите раце, едноставно како некој да го замотал во некоја подебела ќеса му ја залепил устата со подебел фластер за да не може да зборува, како Сонцето кое не може без облаците тука е и ветрето понекогаш што им прави друштво, така и цвеќето не може без вода ако не го полее човекот бидејќи ќе се исуши до корен и воденицата што не може да меле на празно ако нема брашно, така е и со човекот кој не може да живее без леб и вода, како што доенчето плаче за мајчиното млеко, ние секојдневно не можеме да живееме без нашите прегратки и бакнежи, едноставно ЈАС така без тебе сум никој и ништо.

И, така едно утро јас рано се разбудив решена сум да тргнам макар да изгубам цели денови и ноќи да го најдам мојот клуч на среќата кој ќе биде засекогаш моја амајлија со него само успеси во животот ќе редам, така почна потрагата цврсто уверена во себе трчам со сите сили без престан барам по сите простории, под секое камче, грмушка и дрво, на секоја ливада, под секоја тревка. Иако целава сум во пот - маицава се залепи на мене сепак јас продолжувам да трчам, бидејќи немам време за губење и бидна приквечер на зајдисонце таман што седнав малку да одморам под една сенка од дрво одеднаш нешто над мојата глава светна го осветли заоѓањето на Сонцето мојот клуч на среќата, тука на мојата среќа ѝ немаше крај сепак на трчањето му дојде крај со среќен завршеток, иако изгубив цел ден во трчање не е за џабе го најдов тоа што го барав сега засекогаш е во моите раце отсега секаде со мене ќе го носам станав си го земав и ставив во мојот џеб, среќна си заминав назад по патот накај дома.

Затоа, кај и да си мој принцу те повикувам и довикувам дојди придружи ми се, бидејќи така засекогаш ќе е најдобро за нас двајцата.

26 24


НАДЕЖ

Мoжете:

Надеж се состои од 5 букви, со неа секогаш треба да живееме, легнеме и да се будиме, колку да е суров, горчлив, мизерен и лош животот што го живееме како горкото кафе што секој ден го пиеме, да не нѐ гали и мази нас самите луѓе ни задава секакви удари и да не е фер, колку и да гледаме секојдневно да се прават неправди притоа самите не можејќи ништо да си помогнеме, бидејќи луѓето секојдневно без осет нѐ повредуваат со секакви коментари, сепак тука не треба да застанеме и секогаш за било што во животот да не се предаваме, туку самите гордо да се исправиме и секогаш да се бориме никогаш за ништо надеж да не губиме, секогаш да живееме и да се надеваме за подобро утре, кога нашите соништа ќе бидат реалност и нема да останат само на соништа, секогаш за нашите права да се бориме, иако паднеме – со надежта бргу да станеме, сѐ додека сме живи имаме право во надежтта да веруваме, бидејќи надежта за секој човек последна умира.

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело. е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com

27 25


28


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.