МАЈ 20 НА
16 ГОД И
46
857-83 14
МАК Е РИЗ ДОН НИЦ СКА А
ISSN: 1
Македонска Ризница , бр. 46
1
Македонска Ризница број 46 маj 2016 година Уредник:
Благојче Андонов Редакција:
Гоце Панговски Лого:
Сашо Гачев Соработници:
Стаменка Менче Трповска Владо Јаневски Даница Дана Крстеска Дејан Крстески Васко Ташковски Јордан Коцевски Глигор Глигороски Издавач и дизајн:
Александар Стеванов
Во последно време кога се зборува за нашиот, македонски идентитет, често се навраќаме на Александар Македонски и на големата античка Македонска Империја. Тоа го среќаваме на многу разни медиуми, радио, телевизија, интернет... И некако во целиот тој занес како да заборавивме дека на територијата Македонија живееле луѓе уште во неолитот и палеолитот кои твореле и се изразувале, дека сме постоеле и во римското време и имаме римски градови, дека тука бил и Самоил и Византиската Империја и дека пет векови сме поминале низ „мелницата на култури“ на Отоманската Империја. Меѓутоа Македонија не е само историја и борба за идентитет. Во Македонија се создава, се пее и игра, се ужива и се љуби, се слика, поезијата ја допира душата, приказните се искрени, а уметноста е возвишена. Ние сме борбени, со неизмерен спортски дух и желба за успех. Македонија е ризница на прекрасни и безбројни нешта... Електронското списание „Македонска Ризница“ ја претставува Македонија во вистинското светло, како земја со тешко минато, полна со уметнички души и борбени спортисти. Затоа секој број од ова списание за мене е уникатен и различен од било кое друго. Овој, 46-ти број на „Македонска Ризница“, иако нема да не информира и запознае со делови од нашата историја, сепак ќе нѐ поведе на едно прекрасно патување кое започнува со поезијата на Стаменка Менче Трповска чии стихови ќе ве затворат во некое непознато темно место, за потоа да ви кажат дека сепак постои светлина доколку ја побарате. Од хумористичниот свет на „Речиси среќниот чорап“ ќе нѐ одведе во реализмот на сликите на Даница Дана Крстеска, чија изложба е промовирана, за потоа да нѐ изненади со петте волшебни светови на Васко Ташковски претставени во галеријата на неговите слики. А на крајот, овој број, ќе нѐ однесе до Јапонија и духот на каратето, претставени преку праксата на оваа вештина од страна на Глигор Глигороски. Опуштете се, и уживајте во патувањето. ЈОРДАН КОЦЕВСКИ 2
Македонска Ризница , бр. 46 Во овој број ќе читате:
ПОЕЗИЈА: СТАМЕНКА МЕНЧЕ ТРПОВСКА Благојче Андонов .................................................................................................................................................. 04
РЕЧИСИ СРЕЌНИОТ ЧОРАП - СТРИП Владо Јаневски ....................................................................................................................................................... 15
ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА: „20 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО“ НА ДАНИЦА ДАНА КРСТЕСКА Редакција .............................................................................................................................................................. 16
ГАЛЕРИЈА: ПЕТ СЛИКИ НА ВАСКО ТАШКОВСКИ Благојче Андонов ................................................................................................................................................... 18
ИНТЕРВЈУ СО КАРАТЕ-МАЈСТОРОТ ГЛИГОР ГЛИГОРОСКИ Јордан Коцевски .................................................................................................................................................. 24
3
ПОЕЗИЈА: СТАМЕНКА МЕНЧЕ А К С В О П Р Т Подготвил:
БЛАГОЈЧЕ АНДОНОВ
4
Македонска Ризница , бр. 46
Кога сѐ друго зборува Зошто толку ме импресионира тишината? Зошто тој момент на молк е толку моќен? Прашања кои сѐ уште не ми се одговорени Но не ни барам одговор, туку уживам во истиот Во моментите на тишина Кога и душата си ја слушам Понекогаш и плачот на моето срце Болките кои треперат пред Создателот Раните сѐ уште не излечени И оние дупки и празнини кои не се пополнети Но и мирот кој ми се мота низ ќелиите на мозокот Среќата која ми тече низ вените Си го слушам и своето постоење Понекогаш и своето заминување Но таква е тишината, тој момент на молк Кога се друго зборува, а јас молчам. март, 2016
5
Велат... Велат времето лечи сѐ, но јас велам не. Велат сѐ ќе помина, но не на овој свет. Велат ќе биде подобро утре, но зошто тоа да не биде денес. Сите нешто велат, но ни самите не веруваат. Но љубовта е таа која помага и лечи секаква рана. Љубовта е таа која простува сѐ и прегрнува кога најтешко е. Која нѐ прави подобри луѓе И нѐ учи да сакаме. Ни дава шанса да се поправиме и кога секојдневно грешиме. Не прави среќни кога љубиме И нѐ теши кога губиме. Љубовта е сѐ што ни е потребно Ама баш сѐ на овој свет. март, 2016
6
Македонска Ризница , бр. 46
Распни ме Распни ме за моите гревови Распни ме, ги имам многу Заковај ме на крстот твој Оној крст кој ти го направи Од сопствените гревови На тој крст распни ме Заковај ги клинците Во моиве две раце Крени го крстот, нека боли Овој свет е полн со болка И еве ти се давам, распни ме Ништо нема да ти речам Но, само едно не заборавај За мојот и твојот грев Веќе некој плати Пред многу години Никогаш не заборавај! јануари, 2016
7
Не постоиш Сакам да те видам пред да заминам од местото каде живеам творам и постојам. Сакам да те видам пред да си заминам од овој свет никаков празен и без љубов. Сакам да те видам лице да ти допрам, да те гушнам и да заспијам. Сакам да те видам, запознаам и почувствувам во себе. декември, 2015
8
Македонска Ризница , бр. 46
На Водно Шума и насекаде дрвја Воздух тежок за дишење Калта се лепи на патиките А птиците шушкаат во лисјата Кои го исчекуваат своето паѓање И прелетуваат од едно на друго дрво Создаваат симфонија од звуци Кои ја нарушуваат тишината Која владее во шумата. Недостасуваше уште волкот Со своето виење да го обележи Својот терен на живеење. А јас бев среќна И се радував На птичките кои летаа И си ја покажуваат љубовта Која ја имаат во тие мали тела. декември, 2015
9
Често помислувам Често помислувам Дека нема да можам Да издржам болка Да сакам бескрајно Да одам некаде далеку Да оставам луѓе блиски Да простам и кога не треба Да гушнам просјак Да кажам не сакам Да чекорам по мраз Да одам по вода Да напишам песна Да кажам ве сакам Да мислам на сите А да сакам само еден. Често помислувам Дека нема да можам Но се трудам да успеам Во сето тоа што го сакам. декември, 2015
10
Македонска Ризница , бр. 46
Да можев Камо да можев нешто да направам Тагата од нивните срца да ја откорнам
Камо да можев и животот Да го дадам за да вратам
Да не почувствуваат повеќе болка
Некого од таму горе
Да не почувствуваат повеќе солза.
За овде среќата да ја искуси.
Камо да можев, макар на кратко Душава да ја дадев за нивната среќа Да се смеат често, да се радуваат Да чекорат во љубов и кога не можат.
Камо да можев, само да можев Сето тоа би го сторила И доброволно себе си би се лишила Од овој живот на земјава.
Камо да можев да напишам Симфонија која насмевка се вика И да ја отсвирам на виолина За нивната среќа. Камо да можев да се качам Високо на некоја планина
декември, 2015
Да ги напишам нивните имиња И ничкум да паднам и за нив да молам.
11
Успеав ... Што и да ми кажеш Колку и да ми докажеш Не можеш да ми покажеш Дека љубовта не боли Дека љубовта не бара жртва Товар на грб да носиш И да издржиш јуначки Храбро да чекориш По овој свет никаков И да не речеш боли И да не потклекнеш И да не се откажеш Кога си дошол до крајот Па да речеш успеав Да прегрнеш ближен Да изустиш те сакам И големо благодарам На оној кој секојдневно Ти помагал од горе. октомври, 2015
12
Македонска Ризница , бр. 46
Не сакав Не сакав да се вратам Од тој град, од таа земја Каде што бев своја И никогаш посреќна. Не сакав горкиот вкус На црнилата и злобата Од многуте души празни Да го почувствуам пак. Ни тагата што овој град Секојдневно ја носи Не сакав моето срце Да ја почувствува одново. Ни лошиот збор Кој ме убива полека Кој прави да се чувствувам Лошо и грозно. Навистина не сакав Да се вратам повторно На местото каде што Одамна знам дека не припаѓам. јануари, 2016
13
Има ли таков тек смртта? Како да гледам како една душа страда по друг
а?
Има ли ред во овој неред?
Како да гледам како мајка страда по дете? Како дете страда по мајка или татко? Има ли ред во овој неред?
Кога бев мала мислев дека
Зашто смртта е толку скапа
Некои работи не умираат
И мора да се плати со толкава болка?
Предмети, луѓе и животни
Не ми е гајле за мене
Мислев дека луѓето живеат бесмртно
Јас ќе бидем најсреќна кога земјата ќе ме
Дека не умираат во очите на луѓето
проголта
Пораснав, и чинам истото го мислам
Но гајле ми е за луѓето околу мене
Се надевам дека не умираат.
Кои душата им е распарчена
Па зар сме родени да умреме?
Како стакло скршено на парчиња
Живееме ли да умреме?
И тагуваат по своето изгубено.
Страдаме ли за да умреме?
Смртта е убава кога лично ја доживуваме, да,
А зар радоста не ли е убава?
Но проклета кога ќе дојде прерано!
Среќата во срцето кога трепери, нели е тоа убаво?
февруари, 2016
Но зар и тогаш умираме? Некој на млади години Некој на стари години Но сите еден ден умираме Има ли некаков ред? На пример како што реката тече Во еден правец и не се менува
14
Македонска Ризница , бр. 46
Автор:
ВЛАДО ЈАНЕВСКИ
15
: А Б Ж О Л З И А ЛИКОВН “ О В Т Ш Е Р О В Т „20 ГОДИНИ НА ДАНИЦА А К С Е Т С Р К А ДАН Автор:
РЕДАКЦИЈА
16
Македонска Ризница , бр. 46
На 3 јуни, со почеток во 20 часот, во галерискиот простор на Центарот за култура – АСНОМ во Гостивар, отворена е изложбата на ликовни дела со наслов „20 години творештво“ на авторката Даница Дана Крстеска. Публиката во Гостивар имаше прилика да ужива во уметноста на Дана, преку големиот број на дела претставени на самата изложба. Во нејзините слики човечката фигура и мртвата природа заземаат видно место без строго определените академски норми. Поседува сликарски талент кој е вроден, сигурни потези на платното и сензибилитет кој се простира од бруталната рационалност до лирска експресија. Работи лазурно, реализам, поретко апстракција. Ја преферира техниката масло на платно. Нејзините дела како ликовен израз предизвикуваат комбинација од меланхолија, тага, но и надаж, претставени со доза на личен идентитет. Преку своите слики таа создава една поинаква реалност која е одраз на нејзината индивидуалност. Даница Дана Крстеска е родена на 28 август 1963 година во Гостивар. Со сликарство активно се бави повеќе од дваесет години. Има учествувано на бројни групни изложби и културни манифестации. Нејзините дела може да се најдат во многу галерии и приватни збирки, сопственост на колекционери и љубители на уметноста во нашата земја и во странство. Живее и работи како самостоен уметник во Гостивар. Изложбата е поддржана од Министерството за Култура на Р. Македонија.
17
ГАЛЕРИЈА: ПЕТ СЛИКИ НА ВАСКО ТАШКОВСКИ Подготвил:
БЛАГОЈЧЕ АНДОНОВ
1. Вертикално растење- 2011 платно 145х115см 2. Медитеран-2015 платно 80х100см 3.Техничко-биолошки пејзаж 2003 платно 100х125см 4. Морско пристаниште 2009 платно 150х200см 5. Брод 2004 платно 100х125см
18
Македонска Ризница , бр. 46
19
20
Македонска Ризница , бр. 46
21
22
Македонска Ризница , бр. 46
23
О С У Ј В Р Е Т ИН КАРАТЕТ О Р О Т С Ј МА ГЛИГОР И К С О Р О Г ГЛИ Приредил:
ЈОРДАН КОЦЕВСКИ
Глигор Глигороски е роден на 14 април, 1980 година, во Охрид, Република Македонија. Иако го завршува Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, неговата вистинска страст и професија е каратето. За прв пат со оваа боречка вештина се сретнува кога имал 13 години, а неговата целосна посветеност кон каратето на 20-годишна возраст го доведува до титулата сенсеи на неговото доџо,
карате- до клуб „Шидокан“. Воден од големата желба оваа вештина да ја учи од самиот извор, од самото основање на клубот па сè до денес, го следи врвниот мајстор Седашиге Като 9-ти дан – шеф инструктор на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација (ИЈКА), кого за прв пат го запознал 1995 година. По негова препорака
24
Македонска Ризница , бр. 46 Глигор заминува на едногодишна специјализација во Кумамото, Јапонија каде положува за 4-ти дан. Глигор во своето 23-годишно непрекинато тренирање посетува преку 40 интернационални семинари кои го подигнуваат нивото на неговото мајсторство на ниво на интернационален инструктор, која титула ја стекнува во јули, 2013 година во Бургас, Република Бугарија со успешното полагање за 5-ти дан. Кога не тренира или подучува карате, Глигор е целосно посветен на своето семејство. 1. Колкава е твојата посветеност на каратето и колку „жртвуваше“ за да дојдеш до титулата сенсеи (учител)? Мојата посветеност на каратето е целосна. Тренирам без прекин веќе 23 години, со сѐ поголем ентузијазам и љубов секоја година. Исклучиво и професионално се занимавам со карате тренингот, како и со предавање на карате вештината на моите следбеници. Уште рано открив дека ме исполнува и ми носи радост кога своето знаење ќе го пренесам на другите, а победите на моите ученици често ме радувале дури повеќе и од своите победи. Така што, титулите сенсеи (учител) и шихан (главен инструктор) беа мои уште пред да ги добијам. 2. Какво беше чувството да се живее во духот на каратето во Јапонија цела година и токму таму да се добие 4-ти дан? Јапонија е прекрасна земја со прекрасен народ, кој го чувствувам како свој. Едногодишниот престој таму ми беше остварување на сонот и бесценето животно искуство. По препорака на сенсеи Садашиге Като и на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација бев испратен на карате специјализација во Кумамото, Јапонија.
25
26
Македонска Ризница , бр. 46
27
28
Македонска Ризница , бр. 46
29
Една година вежбав карате заедно со мои врсници Јапонци во Кумамото Будокан , држев тренинзи на група помали деца во карате клубот „Решикан“, а му бев и асистент на мојот ментор и сенсеи Шуитсу Оказаки при обучувањето на карате тимот од средното школо „Токаи“ во Кумамото. Специјализацијата успешно ја завршив положувајќи за 4-ти дан пред 6-члена комисија на Јапонската Карате Федерација. Кога се вратив ИЈКА ми го верификува и потврди 4-от дан. Инаку сите данови (мајсторски степени) од 1-ви до 5-ти дан и мене и на мојот брат Данко ни се од сенсеи Садашиге Като, нашиот учител.
Калачоски 2-ри дан, Наум Мишески 2-ри дан, Александар Димоски 2-ри дан, Јована Стојаноска 2-ри дан, Маја Ќипровска 2-ри дан, Кристијан Ангелоски 1-ви дан, Наум Стенкоски 1-ви дан, Надица Глигороска 1-ви дан, Крсте Ѓорчески 1-ви дан, Климент Калачоски 1-ви дан. Инаку клубот во своето постоење има земено учество на три светски првенства на ИЈКА, две европски првенства и шест интернационални турнири. Имаме освоено вкупно 71 медал од кои 18 златни, 17 сребрени и 36 бронзени медала, меѓу кои 3 титули, 2 светски јуниорски шампиони во кати и еден европски шампион во сениори ката.
3. Дали беше лесно да се донесе одлука да се бавиш исклучиво со карате и со кои предизвици се соочуваше при тоа?
5. Вашиот клуб учествувал на повеќе меѓународни семинари, а бил и организатор на неколку. Може ли на кратко да ни кажеш за некои од нив?
На 31 мај 2000 година заедно со мојот брат Данко Глигороски го отвориме Карате-до клубот „Шидокан“ кој е член на Интернационалната Јапонска Карате Асоцијација (ИЈКА) и главен претставник на истата за Македонија. Одлуката да се занимавам исклучиво со карате дојде лесно и спонтано. Уште од првиот тренинг го засакав каратето и уште тогаш знаев дека тоа е мојот животен пат. Инаку предизвиците и тешкотиите секогаш биле од финансиски карактер, тоа се проблеми со кои мислам дека се соочуваат сите спортисти, сите кои тренираат некоја боречка вештина. Потребна е силна волја и истрајност за да се опстои.
Учеството на меѓународните семинари е од најголема важност за нашиот клуб. Од семинарите се постигнува потребното искуство и квалитет на каратето, како и постојаната надоградба и усовршување. Сме учествувале на над 40 меѓународни семинари со Като сенсеи како главен инструктор, а сме биле организатори на 4 меѓународни семинари. Би го издвоил како особено значаен семинарот во Охрид во 2009 година кој го водеше Като сенсеи и на кој семинар каратистите од нашиот клуб вежбаа на високо ниво, за што беа пофалени после успешното полагање за црни појаси (според мене и ден денес едно од најдобрите полагања за црн појас што ги имам видено).
4. Знам дека вашиот клуб има многу достигнувања и медали, па би те замолил да ги издвоиш најголемите ваши успеси.
6. Овој август вашиот клуб ќе биде организатор на уште еден меѓународен семинар. Кои се вашите очекувања?
Поголем и повреден успех од самите медали ми се изградените ученици, кои од почетници прераснаа во врвни каратисти. Меѓу најистакнатите се: Наум
На 27 и 28 август, 2016 година, организираме семинар во Охрид со шеф инструкторот на ИЈКА
30
Македонска Ризница , бр. 46 Шихан Садашиге Като 9-ти дан. Целта на семинарот е да го надоградиме квалитетот на каратето на сите учесници на семинарот. Во два дена планирани се четири тренинзи, секој тренинг ќе биде по 2 часа. Каратистите кои не го виделе Като сенсеи ќе имаат можност да го видат за прв пат, а останатите повторно да се сретнат со него и да уживаат во карате мајсторството кое го поседува. Семинарот е од отворен карактер, добредојдени се сите љубители на каратето без разлика од која асоцијација се. Засега најавени се учесници од Босна и Херцеговина, Бугарија и Италија. Се надеваме да ни се приклучат и други клубови од земјава и од странство.
31
32
Македонска Ризница , бр. 46 Sadashige Kato Shihan 9th Dan 3 in Kato Shihan was born on July 22nd 194 ous fam ld wor the d Kochi, Japan. He attende ed train and o Toky Takushoku University in . Urui and a azaw Kan under Sensei Tsuyama, ng stro very was Sensei Kanazawa’s influence rs and he won a place on the JKA Instructo rs ucto Instr the of Course. Upon completion any Germ in h teac to t Course, Kato Shihan wen UK. and in 1966 he was sent by the JKA to the ent Kato Shihan (Master) has now been resid out ugh thro te kara in England and teaching h the world for more than 40 years during whic f Chie ld Wor late the time his loyalty was to 9th an Shih Asai o Instructor for IJKA, Tetsuhik Dan, until his sad passing in 2006. ed Kato Shihan is the only person to have pass a an, Shih Asai er an 8th Dan grading und ’s Asai of ity plex com l testament to the technica some examinations and Kato Shihan’s awe ter. mas abilities as a true karate in At the 2007 IJKA congress meeting held of year one wing Budapest, Hungary, follo an respect for Asai Shihan 9th Dan, Kato Shih IJKA of tel man the was asked to take over World Chief Instructor. ty Whilst it was Asai Shihan’s unbelievable abili Kato is and was it , to demonstrate his style has Shihan’s ability to interpret and teach, that ity ular pop gain and seen the organisation grow gry hun still are who ors with the karate instruct and, for knowledge. His unique style of teaching n toka Sho of il deta al attention to the historic for t mus a s inar sem karate make his coaching every serious Shotokan karateka. 33
Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.
Е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com
34