Македонска Ризница 48

Page 1

јули 2 016 годин а

48

857-83 14

Мак е Риз дон ниц ска а

ISSN: 1

Македонска Ризница, бр. 48

1


Македонска Ризница број 48 јули 2016 година Уредник:

Благојче Андонов Редакција:

Гоце Панговски Соработници:

Кирил Иговски Владо Јаневски Јордан Коцевски Дарко Богданов Весна Ничевска Андреј Манев Марко Стојановиќ Тања Вукобрат Васко Гичевски Лого:

Сашо Гачев Издавач и дизајн:

Александар Стеванов

Дните на искушението кои ги живееме, од нас, полека но сигурно, се трудат да го исцрпат и она малку што ни останало од разумот и чувството за убаво.Така црпејќи го она лесно исцрпливото со своите канџи овие дни продреа до исконското, човечкото, идеалот, слободата, мислата, разумот, креативноста и креацијата. Исконското пак се покажува преку делата на човекот. Преку нив авторот односно човекот ја покажува својата вистинска природа која е далеку од сивилото на нашето постоење. Таа е светла, исполнителна, целисходна и нејзина мета се сите оние кои што сакаат да ја испочитуваат, да ги проучат нејзините дела и да ја согледаат нивната суштина. Македонска Ризница како и секогаш досега така и во овој 48 број ни носи интересни содржини, исткаени од душата, убедувањата, мислата, идеалот за совршенството, стокмени во фонд на страници доволен да го задоволи но исто така уште повеќе да го разгори љубопитството и желбата за повеќе. Два сегменти кои се особено важни и кои го детерминираат човековото постоење. Во овој број во едно интересно единство се споени уметност, наука и пред се благ човечки збор кој некако станува и круна на целокупното претставено единство. Преку претставеното се согледува другата страна на човекот, онаа мирната и спокојна на која не и требаат пушки и куршуми за да достигне успех туку напротив успехот го постигнува преку слободниот простор на креативноста и работата која што е потребна за да се создаде креацијата. Тука лежи суштината на сè па и суштината на оваа наша Македонска Ризница. Таа ги сплотува поединостите, ги конвергира, ги сумира во еден интересен вез на позитивното, креативното и секогаш е слободна за секој кој што сака да се внесе во нејзините длабочини и да се издигне кон нејзините височини кои патем се општочовечки и сечии. Со читање си ја збогатуваме душата, со размислување за прочитаното си го надградуваме умот и рациото а пак кога ќе ја прелистаме и последната страница од понудениот ни материјал за читање и кога ќе си ја збогатиме и душата и умот од понудената содржина ете тогаш сме ние луѓето од сегашноста, луѓе на иднината. Со почит, Васко Гичевски 2


Македонска Ризница, бр. 48

Во овој број ќе читате:

Маџунот - лек за телото, храна за душата Кирил Иговски ...................................................................................................................................................... 04

Речиси среќниот чорап Владо Јаневски .................................................................................................................................................... 09

Интервју со стрип-сценаристот Јордан Коцевски Александар Стеванов .......................................................................................................................................... 10

ГОрски Александар Стеванов .......................................................................................................................................... 15

Среќен роденден дилан дог Александар Стеванов .......................................................................................................................................... 16

Најважната споредна работа во Светот Александар Стеванов .......................................................................................................................................... 20

Институцијата Девширме во Османлиската империја Васко Гичевски ..................................................................................................................................................... 26

3


Маџунот - лек за телото, храна за душата Автор:

Кирил Иговски

З

а лозарството може слободно да се каже дека е една од најстарите земјоделски гранки во Македонија. За тоа впрочем сведочи и историјата. Примамливиот вкус на грозјето и виното останал вткајан на овие простори од антиката па до ден денешен, потсетувајќи ги со тоа следните генерации на Македонци да продолжат со традицијата на одгледување на грозје. Народот грозјето пробал

да го искористи за различни намени - за исхрана како трпезно или суво грозје, за добивање на гроздов сок (шира), за вино и за добивање на оцет. Но вредната рака на македонскиот лозар на гроздовиот сок му нашла уште една примена добивање на маџун (гроздов слад), кој претставува природен засладувач и е карактеристичен само за Македонија. Не е познато од кога датира

4


Македонска Ризница, бр. 48

Винската карпа во Рашковац, кратовско. Овде се гмечело грозјето, а од долната страна на карпата бил направен мал процеп од кој се точело квалитетно вино и гроздов сок.

5


се загрее и почне да врие,на маџунот му се додава „бела земја“, варовник, кој во тиквешијата може да се најде на повеќе локалитети. Во неготиско „белата земја“ најчесто се зема од околината на селото Вешје. Додавањето на бела земја во маџунот е со цел да се неутрализираат киселените во гроздовиот сок и да се наталожат нечистотиите. Овој дел од подготовката е наречен „запрстување“. Освен бела земја, во маџунот може да се додава и пепел, но вака, голема е веројатноста дека нема да дојде до целосно прочистување и неутрализација на киселите од гроздовиот сок, па ваквиот маџун најчесто има киселкаст вкус. Сепак, ако мајсторот се реши да додаде пепел за прочистување на маџунот, препорачано е тоа да го направи со пепел од даб или од бука. Откако ќе се додаде белата земја, маџунот ќе почне да реагира и да создава пена. Пената е составена главно од неутрализирани киселини и нечистотии па мора да се одвојува од смесата се додека не престане да се појавува. Останатиот дел од нечистотиите ќе се наталожат на дното од садот со маџун. Маџунот се вари се додека не згусне. Потоа откако ќе се олади се претура во тегли или во стаклени шишиња.

Тегла наполнета со маџун производството на маџунот во Македонија, но се знае дека неговата употреба била масовна се до појавувањето на комерцијалната продажба на белиот шеќер. Производството на маџун било најмасовно во тиквешкиот и кратовскиот крај, каде најчесто се добивал од сортата “Кратошија“.

За хранливоста на маџунот. За добивање на маџун може да се користат различни благи сорти на грозје. Сепак, најпознат е маџунот кој се добива од црното грозје, меѓу кои најпозната е кратошијата.

Приготвување на маџун Оригиналниот маџун сè уште не е доволно застапен за комерцијална продажба, па главно се произведува во домашни услови и според домашни рецепти. Според старите македонски мајстори за добивање на 1 килограм маџун се потребни 7 литри шира. Ширата(гроздовиот сок) се цеди со помош на газа и се става во тенџере. Се вари на умерен оган со цел маџунот да ги задржи своите хранливи својства и да не карамелизира. Откако доволно ќе

За вкусот и квалитетот на маџунот добиен од бело и од црно грозје има подвоени мислења помеѓу старите мајстори, меѓутоа кога станува збор за лековитите својства една работа е сигурна - маџунот од црното грозје е поздрав. Тоа е така бидејќи белото грозје е посиромашно со минерали и анти­оксиданси, додека пак шеќерот и во двете сорти подеднакво е застапен. Меѓу познавачите

6


Македонска Ризница, бр. 48

Приготвување на маџун - чекор по чекор на маџунот, позната е изреката - “маџунот од бело грозје е храна, а од црвеното грозје е лек“.

ослободуваат при гмечење на грозјето за добивање на гроздовиот сок.

Маџунот е вистинска ризница на хранливи состојки која помага за подобрување на човековото здравје. За него се вели дека е хранлив како мајчиното млеко. Изобилува со минерали (калиум, натриум, калциум, фосфор, железо) витамини (Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, А, Д), енергетски супстанци, танини, антиоксиданси, овошен шеќер и органски киселини. Тајната на високата хранлива вредност на маџунот се крие во гроздовите семки кои ги содржат најголемиот дел од хранливите и лековити материи, а кои се

Маџунот е препорачлив за сите возрасти. Го зајакнува имунолошкиот систем кај децата, возрасните, но и постарите лица и спортистите. Помага при настинки и инфекции на респираторниот систем, психички нарушувања, прекумерна телесна тежина, анемија и болести на кардиоваскуларниот систем. Посебно се препорачува кај луѓе со нарушена функција на црниот дроб поради прележана жолтица, алкохолизам, цироза и прекумерна употреба на

7


Маџунот го пронаоѓа своето место и во утринскиот оброк - може да се прелие на леб со путер или маргарин, може да се користи како прелив за палачинки, може дури и да се измеша со топло млеко или чај. Може да се користи и во комбинација со макробиотски производи. На пример, може да се додаде во млеко со мусли или во овесни житарици. Меѓутоа со оглед на тоа дека е засладувач, најголема примена може да најде во слаткарството и слаткарската индустрија. Поради сè поголемото актуелизирање за штетноста од употребата на белиот шеќер во исхраната, голема е веројатноста дека маџунот повторно ќе се користи како основен засладувач, како во домаќинствата така и во слаткарската индустрија. Од засладувач за торти, колачи, па сè до засладувач во сладоледи и се останато што може да го создаде имагинацијата и вредната рака на слаткарот.

Маџун од кратошија лекови. Гроздовиот сок делува освежувачки кај пациенти со треска. Бидејќи има антиоксидативни својства делува и антиканцерогено. Се препорачува за зајакнување на имунитетот со што организмот е поотпорен на болести. Доволна е количина од 30 – 50 мл. за одржување на имунитетот, и количина од 100 мл. за опоравување и обновување на организмот. Во македонската кујна и во исхраната Маџунот како природен засладувач лесно го пронаоѓа своето место во македонската кујна. Во традиционалната тиквешка кујна најчесто се користи за засладување на познатите кавадаречки пешии и на кавадаречката раванија. Се додава и за засладување при варењето на ошав, кој претставува компот од сушени овошки. Се користи за засладување на лесно вариви закуски како што е сутлијачот. За Бадник, може да се користи како засладувач во варената пченица.

Кавадаречка раванија приготвена со маџун 8


Македонска Ризница, бр. 48

Речиси среќниот чорап Автор: Владо Јаневски 9


Интервју со стрипсценаристот Јордан Коцевски Автор:

Александар Стеванов

Пред половина година, во неформален разговор, еден македонски стрип-автор, во врска со процесот на создавање на еден стрип, ме пресече со зборовите: „Лесно е да се напише сценарио, оди нацртај стрип да те видам“. Вие како стрип-сценарист веројатно најдобро знаете да одговорите, зарем е до толку лесно да се напише сценарио за стрип?

Да беше така најверојатно сите илустратори ќе си пишуваа сами сценарија и немаше да има потреба од нас, сценаристите. Не е едноставно да се одреди што е полесно, сепак некој е надарен за една, а друг за друга работа. Да се сработи едно добро сценарио воопшто не е лесно, посебно кога имате интересна приказна која сакате да ја пренесете на публиката, а сте ограничени пред

10


Македонска Ризница, бр. 48 сè со простор и стилот на илустраторот со кого соработувате. Исто така треба да размислувате за дејството, дијалозите, карактерите и нивните односи, концептот и т.н. Јас пишувам и проза, и искрено потешко ми е да напишам едно стрип сценарио отколку еден расказ (и покрај тоа што во расказот како форма има многу повеќе нарација, описи и сл.)

можам да го завршам во неколку дена (ако не заглавам со некој важен дијалог), но претворањето на описната форма во сценарио може да ми одземе и месеци. Со ова го завршувам сценариото, но не и целиот процес, бидејќи се консултирам со илустраторот и правам одредени измени доколку се неопходни.

А сте пробале ли некогаш самите да нацртате стрип?

Доколку веќе претходно ја имате основната идеја, колку време ви одзема пишувањето на едно сценарио?

Имам, но тоа беше многу одамна. Мојот обид да цртам стрип беше главната причина поради која се решив да пишувам, а не да цртам. Тогаш сфатив дека има луѓе кои се надарени за едно, а некои за друго. Јас имав талент за цртање, но за жал цртањето луѓе ми беше слаба страна (за разлика од пејзажи и мртва природа). И тоа ме навраќа на одговорот на првото прашање, дека колку е нештото „тешко“ зависи од перцепцијата на тој кој одговара.

Идејата директно ги вклучува карактерите или носителите на дејството во стрипот, така што најпрво почнувам со нив. За секој лик имам одредена приказна која ги одредува неговите особини, а која приказна не мора да се открие во стрипот, што ми овозможува полесно да „влезам во карактер“ кога ги работам дијалозите и дејствието. Откако ќе го сработам овој дел ги пишувам дијалозите, додека дејствието измеѓу го сработувам како скица, во упростена форма. Вака сработениот текст го делам на сцени, односно слики, за потоа приближно да ги одредам страниците. Често сум опседнат со тоа како одредена целина треба да заврши, односно да почне наредната, што ми служи како рамка за распоредување на сцените во страници. Во оваа фаза на процесот повеќе се посветувам на дејството и навлегувам повеќе во детали околу тоа што треба да опфатат сцените. Потоа го прегледувам целиот текст и се обидувам да ги „натаманам“ страниците, односно гледам каде треба да се одземе или додаде нешто, дали има потреба да се скрати некоја сцена, да се рационализира одреден текст. Всушност ова е делот кој ми одзема најмногу време. Пишувањето

Во последните дузина години, македонската стрип-сцена како да достигна едно највисоко ниво досега. Според вас, дали моменталната продукција на стрип-дела и издаваштвото кај нас корелираат со авторскиот потенцијал?

Се сложувам со тоа дека македонската стрип сцена има достигнато највисоко ниво, но мислам дека може уште повеќе. За жал ние имаме голем број на добри илустратори и сценаристи чиј потенцијал не е доволно искористен, иако моменталната

11


издавачка сцена дава сè од себе. Верувам дека кога би имало услови за поголема стрип-продукција, тогаш би ималo повеќе луѓе кои се спремни да се посветат целосно на создавањето на стрипови.

со субвенционирање и поддршка на издавачката дејност. Меѓутоа деветта уметност не треба и не смее да се потпре само на ваквата поддршка доколку сакаме нејзин понатамошен развој.

Од друга страна, пак, дали продукцијата т.е. издаваштвото на стрипови е соодветно на побарувачката на пазарот?

Според мене недостига поголема агресивност, во смисла да се зголемат промоцијата и едукацијата. Мислам дека доволно долго кај нас на стрипот се гледа како „цртано романче“ и „литература за деца“. Неопходно е да се запознаат луѓето зошто стрипот се нарекува деветта уметност и да станат свесни за неговата комплексност и сите негови својства, од забавниот па сè до едукативниот карактер.

Колку и да сакам да кажам дека не е соодветно и дека треба да има повеќе стрипови на нашиот пазар, за жал ситуацијата е обратна. Всушност издаваштвото на стрипови е несоодветно на побарувачката, но во смисла дека се печатат изданија во поголем број отколку што се купуваат. Од моето искуство тиражот ретко надминува 200 продадени примероци. А се разбира печатењето на повеќе е и поевтино, така што кога би постоело поголем интерес за стрип тогаш верувам дека и трошоците (а со тоа и цените) би биле пониски, издавачите позаинтересирани, а стрип авторите позадоволни (од хонорарите нормално).

Кога на една познаничка, која и самата е уметник, ѝ споделив дека кај нас има киоск стрип-изданија на македонски јазик, стрипкнижарница, како и тоа дека повремено излегуваат стрипови на македонски автори, ми одговори дека никогаш не слушнала и покрај тоа што, според нејзино кажување, се интересирала за стрип. Дали стрипуметноста кај нас е доволно промовирана?

Доколку ве прашам што ѝ недостасува на македонската стрип-сцена, претпоставувам ќе одговорите „повеќе пари“. Покрај поголема финансиска поддршка, што друго недостасува, како предуслов, за забрзан развој на деветтта уметност на наше тло?

Одговорот на ова прашање, за мене е најважниот дел од одговорот на претходното. Стрип-уметноста кај нас не е доволно промовирана. Мора да се настапи со поагресивен маркетинг на пазарот со цел да се запознае нашата јавност со она што следува. Стрипот не е доволно застапен во ниту еден медиум, па затоа често се случува луѓето да не дознаат дека нешто се случува. Промовирањето на оваа уметност не може да се направи со единствено објавување на форум(и) и фејсбук

Доказ дека парите се проблем е фактот што издаваштвото на стрипови од македонски автори зачести откако Министерството за култура започна

12


Македонска Ризница, бр. 48 Страница 3

страници посветени на стрип, бидејќи луѓето тука секако ќе дознаат за настаните. Најважно е да се дојде до останатата публика. Затоа треба маркетинг, во целосна смисла, од производ до потрошувач, не само промоција.

с1: Ренди лево, со левата рака испружена према левиот агол од сликата-кадаров, со отворена дланка, главата свртена кон Хиро, во движење (оди да седне до Хиро). Хиро седнат како претходно, само трга од џоинтот.

Кој е вашиот рецепт за подигање на стрипкултурата во Македонија на едно повисоко ниво?

Р: Знам кај се збираат. Не ги виде сите курви што висат наоколу обидувајќи се да фатат паричка за да си купат ебан крек! Х: Не, не забележав. Треба да преземеме нешто.

Две капки маслиново масло, половина цеден лимон и едно гранче розмарин... Мојот одговор на ова прашање на некој начин ќе ги сублимира одговорите од претходните прашања, а тоа е едукација на луѓето за значењето на оваа уметност и поголема застапеност на стрипот во медиумите. Би додал уште и застапеност на стрипот во процесот на едукација на децата, бидејќи не само што може да им помогне во истиот, туку истовремено ќе помогне и за раѓање на љубов кон оваа уметност.

с2: Хиро лево, потпрен како на последната слика од претходната страна, со главата свртена кон Ренди. Ренди седнат до него, поглед нагоре (само поглед главата не) со зениците исто горе –како превртени очите, двете раце нагоре –ама не испружени туку крајот од прсти да дојде од прилика до крајот од темето на главата(в сушност свиткани лакта), паралелно во ширина на рамењата. Дланките со отворената страна кон лицето негово. Р: Вртам на ебаната ЅОЅ полициска линија, но цајканиве никако да ги извадат главите од продавницата за крофни. Дури им кажав дека ќе носам жица, но ме одбија.

Една страница од сценариото „Витези од соседството“ на Јордан Коцевски

с3: Хиро го гушка со левата рака, од лактот надолу висната преку рамото на Ренди џоинтот му е во таа рака, а левата рака потпрена на коленото од Ренди со дланката отворена на горе. Ренди

13


поднаведнат (за да дојде на иста висина ко неговата) го гледа в очи. Х: Браво, брат. И јас сум за акција. Кажви кај се и да одиме! капшн: Идејата да претепаме дилери ми звучеше кул. с4: Хиро мава со десната рака –тупаница на масата пред него. Х: Ајде да си го освоиме назад соседството! с5: Ренди ококорени очи, насмеан, со десниот показалец нагоре, пред лицето во стилот имам идеја. Р: Така –така е!! Но ова се опасни времиња Хиро, ќе ни треба екстра заштита.

Стрип табла нацртана од Дарко Богданов, според сценариото на Коцевски

14


Македонска Ризница, бр. 48

15


среќен роденден Дилан Дог Автор:

Александар Стеванов

И

ако банкарското салдо не му тежи стотици милиони долари, како она на Брус Вејн, алтерегото на Бетмен, ниту пак има надчовечки моќи и може да лета како Супермен, сепак тој е еден од омилените стрип-ликови, ако не и омилениот, меѓу љубителките на деветтата уметност, не само во Македонија. Се работи за Дилан Дог, романтичниот детектив на ноќни мори, карактеристичен по својата гардероба

- црвена кошула, црно сако и сини фармерки. За првпат овој лик се појавува во 1986 година во Италија, а оттогаш па до сега е преведуван на повеќе јазици, меѓу кои англиски, полски, шпански, турски и албански. Дилан Дог им е добро познат на македонските читатели уште од времето на бивша СФРЈ, преку киоск-изданијата

16


Македонска Ризница, бр. 48

на новосадски „Дневник“. Сепак, за првпат тој „прозборува“ на македонски јазик дури во новиот милениум, на 22 јули 2005 година, на страниците на стрипот „Доктор Ксабарас“, во издание на „Мега пресс 33“ од Скопје. Оваа македонска издавачка куќа објавува вкупно шест киоск-изданија со Дилан Дог, со пристапна цена, но и низок квалитет. Иако најавува седми број од стрипот за детективот на ноќни мори, без никакво известување, „Мега пресс 33“ засекогаш се губи од македонските стрип-

Појавата на Дилан Дог е можеби прв клучен момент во историјата на издавачот Серџо Бонели, кога се истражи нова, до тогаш непозната територија, настрана од вестерн/авантуристичката која во главно доминирала претходните децении. Уникатен концепт, уникатни приказни од детективскиот/ хорор жанр, приказни што остануваат долго >>> 17


>>> откако ќе се прочитаат. Тицијано Склави е автор од кого човек може да црпи непресушна инспирација, кој те тера на размислување, а Дилан е уникатен лик во светот на европскиот, па и на светскиот стрип, кој служи за пример како треба да се направи и како да изгледа интелигентен хорор стрип, кој и покрај периоди на пад на квалитетот на одредени приказни, и ден денес е релевантен, ете 30та година по ред.

Андреј Манев

Дарко Богданов, стрип-автор

радари, односно престанува да постои. Обид да го прероди овој стрип-лик во Македонија прави прилепската издавачка куќа „Варм комикс“, но без некој позначаен успех или воспоставен континуитет на издавање. Од април 2014 година, па до денес, благодарение на „М-комикс“ од Скопје, македонските вљубеници во стрипот одново можат да читаат стрипови со Дилан Дог на македонски јазик, а досега оваа издавачка куќа има објавено вкупно тринаесет стрипа со овој лик. Годинава Дилан Дог, кој е креација на Тицијано Склави, наполни 30 години, а по тој повод српското здружение „Свет стрипа“, во рамки на стрип-фестивалот во Крагујевац, организираше роденденски конкурс за најдобра илустрација со овој лик. Според известување од организаторот, на конкурсот се пријавиле 51 автор, а барем двајца од нив се од Македонија. Станува збор за Весна Ничевска од Скопје и Андреј Манев од Охрид. Нивните дела и претходно ги краселе страниците на „Македонска Ризница“, а во овој број ќе имате можност да ги видите нивните преубави илустрации со кои учествуваат на роденденскиот конкурс.

18


Македонска Ризница, бр. 48

Весна Ничевска

Дилан Дог го читам скоро од неговите почетоци, бев тинејџерка и буквално се навлеков на убавината и атмосферата на приказните и цртежите, целата идеја каде всушност чудовишта се вистинските луѓе, а хероите имаат многу слабости и не постои едноставен расплет, црно и бело, победа на злото над доброто, сè е многу покомплексно, таков беше и целиот концепт на стрипот. Магијата негова до ден денес ме следи и со задоволство читам нови и препрочитувам стари епизоди. Затоа кога видов дека по повод 30 годишнина од раѓањето на Дилан Дог се организира конкурс за илустрации во Крагуевац на таа тема веднаш се вклучив со едно мое ликовно видување. Најавена беше и изложба на пристигнатите дела која за жал не се одржа и освен наградените другите илустрации не беа објавени. Весна Ничевска, ликовен уметник

19


најважната споредна работа ВО светот Автор:

Александар Стеванов

Судејќи по насловот на овој кус напис, веројатно помисливте дека се работи за спортска статија поврзана со фудбал. Сосема логично, за повеќето луѓе фудбалот е најважна споредна работа во светот. Па сепак, постојат и такви за кои тоа е стрип-уметноста. А токму за тие луѓе, во периодот од 24 до 26 јуни, најважното случување во светот на стрипот беше Балканската смотра на млади стрип-

автори, која традиционално, по осумнаесетти пат се одржува во Лесковац, соседна Србија. Додека повеќето луѓе во Европа, па и во Македонија и покрај тоа што нашата репрезентација не успеа да се пласира, го следеа Европското првенство во фудбал во Франција, на Балканската смотра на млади стрип автори, на само 110 километри

20


Македонска Ризница, бр. 48 На 18-та Балканска смотра на млади стрип автори, одржана во периодот 24-26 јуни 2016 година, во конкуренција од рекордни 2326 учесници од 42 земји од просторот на Европа, Азија, Австралија, Африка, Севена и Јужна Америка, жирито во состав: претседател на жирито Александар Вачков (стрип-цртач и теоретичар), Милорад Вицановиќ Маза (стрип-цртач и илустратор) и Марко Стојановиќ (стрип-сценарист и теоретичар), ги додели следните награди: Меморијалната плакета Никола Митровиќ - Кокан во категоријата стрип-цртач ја доби Иван Коритарев од Софија, Бугарија. Дипломата во истата категорија ја добија Кристијан Дарстар од Брашов, Романија и Тодор Христов од Варна, Бугарија. Меморијалната плакета Никола Митровиќ - Кокан за илустрација ја доби Тања Вукобрат од Скопје, Македонија. Дипломата во истата категорија ја добија Рок Клева Иванчиќ од Љубљана, Словенија и Дарко Стојановиќ од Белград.

Плакат за Смотрата

Меморијалната плакета Никола Митровиќ - Кокан за сценариo ја доби Данаи Кристина Каледони од Атина, Грција.

од македонската граница, се рушеа рекорди. Минатата година на Смотрата учество зедоа 1709 автори од 36 земји со што стана најмасовна манифестација од тој тип во светот, за тој рекорд да го сруши оваа година, со вкупно 2326 учесници од 42 земји во светот, од Европа, Африка, Азија, Австралија и од Северна и јужна Америка. Учество

Дипломата во истата категорија ја доби Мара Јовановиќ од Подгорица, Црна Гора. >>>

21


>>> Меморијалната плакета Никола Митровиќ - Кокан за стрип-теорија ја доби Дарко Мрган од Бања Лука, Босна и Херцеговина. Дипломата во истата категорија ја доби Лука Видосављевиќ од Лесковац, Србија. Дипломата за најдобар дебитант ја добија Мина Давиќ и Јована Станковиќ од Лесковац, Србија. Плакетата Никола Митровиќ - Кокан за придонес на српскиот стрип ја додели организаторот (Лесковачка стрип-школа „Никола Митровиќ - Кокан“, пред Лесковачкиот центар за култура), независно од жирито и неа рамноправно ја добија Јован Стојановиќ од Париз, Франција и Живојин Тамбуриќ од Лондон, Англија. Жирито во состав: претседател на жирито Нинослав Миљковиќ (стрип-цртач и карикатурист), Предраг Станковиќ (стрип-теоретичар и книжевник) и Јурица Дикиќ (стрип-цртач и карикатурист), ја доделија наградата Миодраг Величковиќ Мивел за сатиричен стрип на Тошо Борковиќ од Белград.

Програма на Смотрата на Смотрата, со свои стрипови и илустрации, зедоа и автори од Македонија и тоа во троцифрен број. На 24 јуни, кој беше ден за одмор на репрезентациите кои учествуваа на Европското фудбалско првенство, во Лесковац беа претставени најновите македонски стрип-публикации, меѓу кои: „Стапче и Шишка“, „Цар Самуил“ и „Македонскиот стрип во едицијата Никад робом“. За ова беше известено на вкупно два македонски медиума, а она за што не беше известено, е уште поважно: на овој најмасовен стрип-настан, првата награда во категоријата најдобар млад илустратор, во случајот илустраторка, ја доби Тања Вукобрат од Скопје.

Од Македонија учествуваа нешто над сто учесници, а лично присуствуваа Никола Темков, Смиле Цветановски, Томе Трајков и Ване Трајков. Во програмата имаше претставување на два македонски издавачи: Стрип Квадрат и Стрип центар на Македонија. Марко Стојановиќ, член на жирито и организатор на Балканската смотра на млади стрип автори - Лесковац

На новинарите ова не им се виде како доволно значаен материјал за објавување, задолжените за промоција на стрип-културата во Македонија 22


Македонска Ризница, бр. 48 На Балканската смотра за стрип, три години по ред учествувам со илустрации и oваа година на мое огромно задоволство и чест, ја добив свечената плакета со ликот на Никола Митровиќ Кокан за „Најдобар млад илустратор“. Беа изложени неколку илустрации, изработени во текот на последната година. Балканската смотра е одлично место за сите автори, бидејќи им овозможува и простор на помладите автори да ја покажат својата работа и да напредуваат во текот на годините.

Taња Вукобрат со наградата заборавија да ги известат или, пак, виновни се фудбалерите од Велс? Веројатно одговорот е под „в“, но сега тоа и не е толку важно. По игра на случајноста ова незначително електронско списание кое го носи називот „Македонска Ризница“ ја има ексклузивната можност да ви ги претстави петте илустрации за кои Вукобрат беше наградена на 18-та Балканска смотра на млади стрип автори, а за кои верувам дека сите вие ќе се согласите дека се волшебно убави. И да, Португалија е европски првак во фудбал. 23

Затоа оваа награда има големо значење за мене и претставува резултат на мојата работа низ годините, што значи дека сум се подобрила и е одлична мотивација за мојата понатамошна работа. Тања Вукобрат, графичка дизајнерка и илустраторка


Тања вукобрат

24


Македонска Ризница, бр. 48

25


Институцијата Девширме во Османлиската империја Автор:

Васко Гичевски

Н

авидум чудно и на прв поглед збунувачки е да се нарече девширмето односно крвниот данок институција. Пред сè тоа се должи на низата предрасуди кои во нашиот образовен систем, но и пошироко се презентират како цврсти факти и воедно претствавуваат своевидно плашило и показател за лошото третирање на крвничката Османлиска Империја, па така и девширмето е

сведено на ниво на обичен измачувачки (најлош) данок кој Империјата им го наметнувала на христијанското население. Всушност девширмето не е чин на оправдување, но исто така не е чин и на крволочност до таа мера во која што кај нас на Балканот со особена ревност им се сервира на учениците преку учебниците.

26


Македонска Ризница, бр. 48 Основната причина за востанувањето на девширмето е пред сè недовербата на султанот кон припадниците на турската елита.1 Всушност припадниците на турската елита односно, пашите беговите и везирите, покрај тоа што се помошници на султанот тие се и негови претенденти за престолот па затоа и логично е да се бараат нови војници од кои подоцна би се произвеле османски великодостојници кои чесно би му служеле на султанот и на Империјата. Професорот Илбер Ортајли, пак, вели: Девширмата се појавила за задоволување на потребите на Империјата од спахии и јаничари, поточно од т.н. капикулски одреди бидејќи човечкиот и борбениот потенцијал морал постојано да се обновува.2 Според претходно наведеното но и со малку рационализам во расудувањето би се заклучило дека девширмето не произлегло од некаков хир на Османлиите за мачење на населението туку сосема спротивно произлегло од реалната и суштествена потреба за млад, здрав и силен воен – регрутен кадар со кој би се задоволиле потребите на османлиската војска. Овие потреби биле задоволувани главно од христијанското население, но не и од останатите религии пред сè поради фактот што христијанското население од крајот на XIV век па сè до укинувањето на данокот во XIX век било доминантно селско население за разлика од припадниците на другите религии кои главно живееле во градовите.

Али Амир Бег (1558) - Книга за Сулејман (Величенствениот), Истанбул, Музеј во палатата Топкапи, Регрутација на јаничари на Балканот

Регрутирањето исклучиво само на селското население главно се должи на фактот што 1 Philip Mansel, Constantinople, City of the World’s Desire, 1453—1924. John Murrey Publishers. 1995 2 Илбер Ортајли „Повторно откривање на Османлиите“, Алманах, Скопје, 2014, стр. 37

Најстарите записи во Османлиските архиви за собирањето на деца како еден вид на крвен данок се прв пат забележани во 1380 година за време на владеењето на султанот Мурат I. 27


децата од село се наоѓале во знатно подобра физичко-кондициона состојба и имале развиени подобри вештини, односно пред сè занаетчиски способности кои би ѝ биле од корист на Империјата.

карактеристики биле поставувани во Бирунот односно надворешниот дел на сарајот. Двете групи се стекнувале со соодветно образование според потребите и можностите и во нивното образование биле вклучени: верски предавања, калиграфија, стрелаштво, мечување, музика, книжевност, сликање, математика итн. Сметајќи дека секој еден од нив особено оние од внатрешниот дел на сарајот треба да се совршени во своето образование како што се и во нивната надворешна градба и изглед. Тука всушност се согледува оној антички идеал на образованието во Атина а тоа е човекот да е спој на физичка, надворешна убавина, но и на богата наобразба и душевна убавина.

Правило на девширмето било секогаш да се регрутираат здрави машки деца на возраст од 7 до 10 години под услов да ги имаат прележано карактеристичните детски болести (мали сипаници, заушки итн), да се со добра физичка градба и без инвалидитет, да се работоспособни итн. Односно во секојa смислa да се подготвени соодветно да одговорат на тешките барања кои им ги наметнувала улогата. Стратифицираното односно петрифицираното становиште дека девширмето се исполнувало само на Балканот или во поширока смисла „на територија на неверничките христијански земји“ не е повеќе толку цврсто. Со откривањето на сè поголемиот број на дефтери во кое се заведувале децата земени како девширме се согледува дека регрутација се вршела и во Анадолија предимно од припадниците караманските Турци кои се христијани, Кавказ, во делови од Египет итн. Со што се добива една поширока димензија и би можело да се каже една инернационалност во поглед на девширмето.

По завршувањето на начелната обука тие напредувале од едно одделение во друго се додека не го постигнат совршениот степен на образование за својата служба и потоа биле распоредувани на служба според нивните способости и степенот на стекнато образование. Оние поинтелигентните останувале на служба во сарајот додека останатите се испраќале на служба надвор од сарајот, по вилаетите, касабите, во јаничарските корпуси итн. Во текот на нивната наобразба тие се стекнувале со висока култура на однесување и говорење, меѓусебе се обраќале со вие, секогаш со пристојно држење и всушност со тоа се формирала таканаречената култура на османлискиот двор која била високо почитувана и во европските кралски дворови.

На чело на оваа разработена во секој аспект инстутуција стоел девширме еминот или во некои извори емин ага кој бил задолжен од султанот за прибирање на децата, нивно воведување во документацијата и носење до центрите за обука во Галата, Цариград, Едрене. Тука тие најпрво се конвертирале во ислам и добивале нови исламски имиња, нова облека и се распоредувале во две главни групи. Првата група биле децата кои биле особено интелигентни и надарени и тие останувале во Ендерунот односно во внатрешниот дел на сарајот додека втората група составена од деца со послаби интелектуални и физички

Бројките на деца кои биле собирани како данок никогаш не надминувале 5000 или во екстремни ситуации 6000 деца. Многуминиа од овие деца подоцна со напредувањето во службата имале можност за стапување и на највисоките должности на државата и да станат влијателни државници. Османлиската историја познава безброј такви примери но како позначајни би се навеле: Мехмет

28


Македонска Ризница, бр. 48

Битолско уметничко училиште паша Соколовиќ, Мимар Синан, Љутви паша, Кеманкеш садразам Мустафа паша, Мехмет паша Ќеприли итн. Во одредени случаеви се случувало и дел од девширмата да остане неписмена доколку таа во Бирунот била директно распоредена на извршување на војничка служба па така иако неписмени како што бил случајот со претходно наведените Кеманкеш паша и Мехмет паша Ќеприли

и покрај недостигот на образование тие станале садриазми - велики везири кои се истакнале со своите придонеси кон државата на секаков план. За разлика од нив пак имало и кадри од типот на Љутви паша кои и твореле дела со врвна книжевна вредност и биле бисери на османската и денес се бисери на турската книжевност.

29


Токму ваквата можност за напредување во висока служба и подобар живот бил чест мотив за давање на децата доброволно како девширме сè со цел тие да имаат подобар живот отколку што би имале во планинските предели на Кавказ или во пустините на Анадолија или пак во Албанија. Интересна е приказната за Ајаз паша од Албанија кој како дете бил земен за девширме и неговата мајка на тргнување му дала само еден пар стари и искинати чевли. Тој тие чевли ги зачувал и години подоцна кога станал паша и ги вратил наполнети со злато. Исто така и приказната на Мехмет паша Соколовиќ е интересна бидејќи тој откако се збогатил и станал угледен паша, му помогнал на неговиот брат да стане српски патријарх. Всушност се гледа дека девширмето претставувало на еден начин карта за излез од бедата и карта за добро образование и положба. Кон ова се приклучува и нашата приказна обработена во делото „Калеш Анѓа“ од Стале Попов каде што момчето Ангеле е земено за девширме и подоцна станува помошник на пашата.

занаетчиски училишта во кои со одличен квалитет ќе се образуваат идните воени кадри и помошниот персонал кој ѝ бил потребен на војската. Денес во градот Битола за ваквата појава ни сведочат бројните училишта кои се изградени од кои иако запуштено се истакнува Исљахането училиште кое подготвувало ученици кои биле занаетчии со занаети како кондураџискиот, терзискиот, дограмаџискиот и други. Со нив се задоволувале потребите на 30.000 војска која била сместена во старите турски касарни. Истото почнало со работа во 1900 г. и било финансирано од државни средства каде учениците покрај теорија изведувале и практични часови. Во училиштето биле примани само машки деца.4 Подеднакво значајна е и Воената гимназија во која што учел и Мустафа Кемал Ататурк и кое било едно од подобрите училишта во својот ранг на територија на Румелискиот ејает. Уметничкото училиште кое функционирало како дел од Исљахането обучувало ученици во занимања кои беа барани во тој период како: кројачи, столари, грнчари, инженери и телеграфисти.5 Сите овие големи објекти се изградени кога на власт во Битола како валии биле Ахмед Ејуб Паша и Абдул Керим Паша.

Девширмето со опаѓањето на силата на Османлиската Империја опаѓа па така според податоците кои ни ги нуди Евлија Челебија3 девширмето најголема бројка доживеало во времето на султанот Мурат IV, 8000, додека во XVII век таа бројка паднала на 1000, за во XIX век веќе целосно да биде укинато пред сè поради новите состојби во Империјата, бранот на реформи и секако влијанието на миграцијата село град со која голем број од селското население се преселило во градовите и овој факт не одел во полза на девширмето. Со укинувањето на јаничарските одреди во 1826 година повеќе не се ни укажувала ваква потреба за собирање на деца туку со создавањето на новиот воен систем низам и једид се создала потреба за отворање на нови воени и 3

Всушност според сè наведено, девширмето се карактеризира со неколку работи: - Секогаш ги опфаќало сиромашните слоеви и селските средини во кои доминантно живееле христијани (имало исклучоци кога се земале деца од градовте но само по предходно убедување и договор со еминот). 4 Според пишувањата на Ѓ.Д. Цолев 5 Димче Најдов „Битола низ стари разгледници“ НУ Завод и Музеј Битола

Парцијални преводи на Seyahatnameto 30


Македонска Ризница, бр. 48 - Се земале здрави машки деца на возраст од 7 до 10 години. - Децата го добивале најдоброто воспитание и образование кое тогаш во Османлиската Империја било достапно.

Мoжете:

- Имале можност за напредување во служба па и за стапување на највисоките државни функции и стапување во роднински врски со султанското семејство преку женење (Невшехирли Ибрахим дамат паша кој бил земен како девширме, а станал зет на султанот).

да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото.

Се согледува всушност дека девширмето не го има оној сатанизиран облик кој се претставува во балканската историографија, туку напротив има сосем поинаков облик на образование и обучување како и можност за напредување во службата. Во никој случај од денешен аспект ваквиот начин на регрутирање не е прифатлив ниту е за оправдување, но сепак ова е еден од карактеристичните белези на една империја која што постоела во еден временски период од историјата.

Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).

Под следните услови:

Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.

Е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com

31


32


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.