Т 2017
АВГУС ГОДИН А ISSN: 1
857-83 14
МАК Е РИЗ ДОН НИЦ СКА А
51
Македонска Ризница број 51 август 2017 година Уредник:
Благојче Андонов Редакција:
Гоце Панговски Лого:
Сашо Гачев Соработници:
Јордан Коцевски Биљана Солунчевска Никола Анѓелкоски Дарко Богданов Иван Вељковиќ Томислав Османли Јагода Василева Весна Ничевска
Наместо вовед: „Да, за македонскиот роб се коваат нови окови, од неговата слабост и незнаење се прави трговија, сите за нас ги топат своите стрели со отров и ни поставуваат стапици, една од друга повешти и позадушувачки, како на горска дивина - добро тогаш ние ја примивме фрлената ракавица и објавуваме војна на живот и смрт. Ние ги знаеме многу добро непријателските средства и тие на народните џелати, затоа што секој од нас ги носи неизлечивите траги од нив на своите меса. ...Ако си удрен - треба да удриш, ако си уапан, уапи и ти, уапи, собирајќи го во својата уста сиот јад на долго време предизикуваното раздразнување, така што забот каде ќе ти довтаса, смртоносна рана да отвара: ако си пронижан со сачми, пронижувај ти со ѓуле. ,Подобро заб, токолку трева. Подобро џелат отколку жртва!‘...“
Јули 1898 год. „Глас“, број 1 весник на МТРК
Издавач и дизајн:
Александар Стеванов
2
Во овој број ќе читате:
БАЛКАНСКА СМОТРА НА МЛАДИ СТРИП АВТОРИ Јордан Коцевски .................................................................................................................................................... 04
ДИОДОР ОД СИЦИЛИЈА, КНИГА 17 Гоце Панговски ..................................................................................................................................................... 10
ВИОЛИНА - ПОЕЗИЈА Биљана Солунчевска ............................................................................................................................................ 18
КЛИНТ ИСТВУД - ПОРТРЕТ КАРИКАТУРА Никола Анѓелкоски ............................................................................................................................................... 19
СТРИП-КОЛОНИЈА ВО РАШКА, СРБИЈА Александар Стеванов .......................................................................................................................................... 20
ФЕСТИВАЛ ЗА СТРИП И КАРИКАТУРА ВО ПРИЗРЕН Дарко Богданов ................................................................................................................................................... 22
МАРГИНИ (MARGINE) Иван Вељковиќ .............................................................................................................................................. 24 (28)
РЕЦЕНЗИЈА НА „ДЕВОЈЧЕ НА МЕСЕЧИНАТА“ Томислав Османли ............................................................................................................................................... 32
РЕЦЕНЗИЈА НА „ДЕВОЈЧЕ НА МЕСЕЧИНАТА“ Јагода Василева ...................................................................................................................................................34
НА „ТИ“ СО АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ Редакција ...............................................................................................................................................................36
3
Македонска Ризница , бр. 51
БАЛКАНСКА СМОТРА НА МЛАДИ СТРИП АВТОРИ, НАЈПОПУЛАРНА СТРИП-МАНИФЕСТАЦИЈА НА БАЛКАНОТ Автор:
ЈОРДАН КОЦЕВСКИ
„Б
алканската смотра на млади стрип автори“ во Лесковац, Р. Србија, претставува стрип настан кој ги обединува стрип авторите од Балканскиот Полуостров, но и пошироко. Иако во насловот стои поимот „млади стрип автори“ (под кој се подразбираат автори чија возраст е под 30 години), тоа се однесува на натпреварувачкиот дел од настанот, додека „Смотрата“ е наменета
Македонска Ризница , бр. 51
за сите оние кои се занимаваат со стрипови. Програмата на овој настан опфаќа трибини за дебата и размена на искуства околу оваа уметност, предавања од реномирани стрип автори, претставување на ситуацијата со стрипот во одделни земји на Балканот и нивните автори и сл. Покрај тоа манифестацијата вклучува и две изложби. Првата е изложба на делата од сите
4
учесници на манифестацијата, која се одржува во рамките на галеријата на Лесковачкиот културен центар, додека втората изложба е тематизирана и посветена на претставување на стрип сцената на одредена држава и се одржува во галеријата на Народниот музеј. Овој настан вообичаено се одвива преку викенд и трае три дена.
на Смотрата, не само што успеа да ја претвори манифестацијата во една од најстарите на Балканот, туку истата прерасна и во најмасовниот стрип настан на просторите на Југоисточна Европа. Оваа година од 30.06-02.07 беше одржана деветнаесетта по ред Смотра, која со импозантниот број од 2760 учесници, стрип автори од вкупно 54 земји од сите континенти го постави новиот рекорд по број на учесници.
Здружението на љубители на стрипот и пишаниот збор „Никола Митровиќ Кокан“, како организатори
5
Македонска Ризница , бр. 51
„Стрип квадрат“. Нејзините сопственици, Темков и Јовчески, ги промовираа своите изданија кои излегоа во продажба од претходната Смотра до овогодинешната, а истовремено проговорија и за предизвиците со кои се соочуваат издавачите на стрипови во нашата земја. На истата трибина авторите Богданов и Коцевски го промовираа својот стрип албум „Витези од соседството“, кој беше издаден од „Стрип квадрат“. Од посебно значење за нашата земја е успехот на Јасна Николова од Скопје, која беше наградена за најдобар дебитант. Со цел да дознаеме која е тајната зад популарноста на оваа Манифестација, разговаравме со тројца македонски стрип автори: Дарко Богданов и Никола Темков (илустратори) и Јордан Коцевски (сценарист), околу значењето кое „Балканската смотра на млади стрип автори“ го има за нив, мотивациите и придобивките од посетата, како и повеќе околу тоа што беше впечатливо за нив од овогодинешната манифестација. Тоа со што и тројцата автори се согласуваат е главната причина која ги привлекува да присуствуваат на овај настан, а тоа е дружењето. Тие истакнуваат дека Смотрата им овозможува непосреден контакт помеѓу професионалците од областа на стрипот, запознавање на многу луѓе професионалци и почетници од областа, размена на мислења и ставови и другарување во опуштена атмосфера. При тоа, како што истакнува Богданов, се „создава една голема стрип фамилија“, посебно поради тоа што иницијалните контакти прераснуваат во повторни средби.
Како претставници на нашата земја беа присутни стрип авторите Дарко Богданов, Јордан Коцевски, Никола Темков, Игор Јовчески, Јован Секуловски и Златко Крстески. Отварањето на Манифестацијата започна со трибината за состојбата на македонската сцена и промовирањето на изданијата на единствената издавачка куќа посветена исклучиво на стрипови во Македонија,
Македонска Ризница , бр. 51
Ваквата атмосфера на Смотрата, според Богданов е главната причина што Лесковац станал регионален центар на стрип уметноста во која секој автор, афирмиран или почетник, со голема желба сака да присуствува и да биде дел од фестивалот. Тоа го потврдува и Темков, кој истакнува дека
6
покрај аматерите, тука може да се најдат и врвни професионалци преку кои може да се научи и види доста, како што се Дражен Ковачевиќ, Бане Керац, Игор Кордеј итн. Тој исто така истакнува дека придобивките можат да се огледаат и во практични резултати во насока на пробивање на странскиот пазар, бидејќи на овој настан присутни се издавачи и стрип агенти, како што е „Чаба
Копецки, преку кој плејада од српски автори успеаа да земат работа за францускиот пазар“. За сите интервјуирани македонски стрип автори, личните контакти се главната придобивка од посетата на манифестацијата, со тоа што Коцевски посочува дека за него, како стрип сценарист тие имаат уште поголемо значење, бидејќи сценаристите се констатно во потрага по „наредната жртва која ќе
7
Македонска Ризница , бр. 51
го црта“ нивното сценарио.
Во однос на највпечатливите моменти од овогодинешната сметра за македонските стрип илустратори тоа претставувала Изложбата на данскиот стрип, за кого претходно релативно малку знаеле и имале можност да се запознаат со автори кои воопшто не знаеле дека постојат и работат. При тоа Темков истакнува дека слична била и реакцијата во 2015та година кога во рамките
Доста интересно е што Богданов и Коцевски укажуваат на тоа дека присуството на една ваква манифестација, во која голем број на талентирани луѓе не само што разговараат и се дружат туку и творат, често им претставува мотивација и инспирација за работа.
Македонска Ризница , бр. 51
8
на Балканската смотра била одржана Изложба на македонскиот стрип, на која тој бил селектор. Богданов во рамките на впечатливите моменти истакнува и еден личен, емотивен, момент за него, а тоа е трибината на Игор Кордеј, а посебно делот во кој тој зборува за неговите култни стрипови од 80те, а кои се едни од најголемите влијанија врз неговиот стриповски израз. За разлика од нив сценаристот Коцевски, како впечатлив момент го истакнува запознавањето со турската стрип сцена, а посебно сознанието дека „и покрај големината на турскиот пазар, тамошните стрип автори се соочуваат со речиси истите проблеми како и ние, односно малата продажба на стрипови и потешкотиите околу издавањето на авторски стрип“. При тоа додава дека пријатно изненадување оваа година бил своевидниот „перформанс“ за време на отварањето на изложбата, кога четири стрип илустратори на различни страни од Галеријата на културниот центар цртале „во живо“. За крај можам само да кажам дека повеќе од јасно е што е тоа што ја прави Балканската смотра на млади стрип автори толку посебна и зошто нејзината популарност постојано расте, така да воопшто не се сомневам дека наредната Смотра ќе има уште поголем број на учесници од последната.
9
Македонска Ризница , бр. 51
ДИОДОР ОД СИЦИЛИЈА КНИГА 17 П О ГЛ А В ЈА 9 8 - 1 0 1 Превел од англиски и подготвил:
ГОЦЕ ПАНГОВСКИ според англискиот превод на Чарлс Брадфорд Велс, објавено во: Diodorus of Sicily: in Twelve Volumes. VIII, Books XVI.66-95 and XVII. trans. C. Bradford Welles, Loeb Classical Library 422 (Cambridge, MA: Harvard University Press / London: William Heinemann, 1970), 401-411.
98. Потоа Александар презеде поход против Сидраките и луѓето познати како Малијци, коишто се многубројни и воинствени племиња. Ги најде тој нив мобилизирани со сила од осумдесет илјади пешадија, десет илјади коњаница и седумстотини кочии. Пред пристигнувањето на Александар тие биле во војна помеѓу себе, но како што тој наближувал, тие постигнале мир, давајќи си
Македонска Ризница , бр. 51
и прифаќајќи десет илјади девојки, за преку склучување бракови да постигнат пријателство. Но, и покрај тоа тие не излегоа да се борат заедно, туку меѓу нив настана кавга за тоа кој да командува и се повлекоа во соседните градови. Александар се доближи до првиот град и помисли да го освои набрзина, но еден од
10
јасновидците по име Демофон, дојде кај него и го извести дека му се претскажало од многу предзнаци дека голема опасност му се заканува на кралот од рана што ќе ја добие за време на нападот. Тој го молеше Александар, засега да го остави тој град и да го насочи својот ум кон други активности. Кралот го прекори за намалување на ентузијазмот
кај војниците, и тогаш, ја поведе војската во напад, одејќи на чело кон градот, желен да го совлада со сила. Опсадните орудија беа бавни во нивниот поход, но тој веќе проби една од портите и беше прв што се втурна во градот. Уби многу бранители и спотерувајќи многу од другите пред него почна да ги гони кон калето.
11
Македонска Ризница , бр. 51
Македонците се‘ уште беа зафатени со борби крај ѕидините. Александар зграпчи скала, ја наслони на ѕидините од калето и се искачи нагоре држејќи лесен штит над главата. Беше толку брз во ова така што се искачи на врвот од ѕидот пред бранителите да можат да го спречат. Индијците не се осмелуваа да му пријдат на дофат, туку фрлаа со копја и гаѓаа со стрели по него од далеку. Тој се тетеравеше од силината на нивните удари кога Македонците подигнаа две скали и почнаа во голем број да се искачуваат по нив, но и двете се скршија и војниците паднаа на земјата.
Во тој момент Пеукест, еден од гардистите, којшто се качи на друга скала, беше прв што го заштити кралот со својот штит. По него наеднаш дојдоа и многу други, тоа ги исплаши домородците и го спаси Александар. Градот беше заземен набрзина. Во бес заради повредата на нивниот крал, Македонците ги убија сите што им се најдоа на патот и го наполнија градот со трупови. Кралот лежеше беспомошен многу денови додека се залечи и Грците коишто беа населени во Бактрија и Согдијана, коишто долго се жалеа на нивното битисување меѓу луѓе од други раси и коишто сега начуле дека кралот умрел од повредите, се побунија против Македонците. Формираа група од три илјади мажи и се изнамачија на нивниот пат кон татковината. Подоцна, после смртта на Александар, тие беа масакрирани од Македонците.
99. На тој начин кралот остана сам, и храбро направи нешто што ретко се очекува и заслужува да се спомене. Му се чинеше дека би се прекинала неговата традиција на успех кога би се симнал од ѕидот назад кон војниците без ништо да постигне. Напротив, тој скокна сам со својот оклоп во внатрешноста на градот. Додека Индијците го опкружуваа во толпа, тој ги издржуваше нивните напади без проблем. Од десната страна се заштитуваше со едно дрво што растеше блиску до ѕидот, а од левата со самиот ѕид и на тој начин ги одвраќаше Индијците, покажувајќи таква храброст како што се очекува од крал којшто зад себе веќе има познати дела. Тој беше решен, дури и ако ова биде неговата последна битка, да ја овенча со слава. Прими многу удари по шлемот, и не помалку по штитот. По извесно време беше погоден од стрела под градите и совладан од ударот падна на едно колено. Индиецот што го погоди, помислувајќи дека е беспомошен веднаш дотрча и го нападна, Александар го зари својот меч во слабините на човекот, задавајќи му смртна рана. Индиецот се струполи, а кралот се дофати до една гранка во близина и подигајќи се на нозе ги обесхрабри Индијците да дојдат поблиску и да се борат со него.
Македонска Ризница , бр. 51
100. Александар се излечи од своите рани, принесе жртви на боговите, и одржа голема веселба за неговите пријатели. Додека се пиеше се случи еден интересен настан што вреди да се спомене. Помеѓу придружниците на кралот имаше еден Македонец по име Кораг, мошне силен, којшто многу пати се имаше истакнато во борба. Неговиот темперамент беше наострен заради пиењето и тој го предизвика на поединечна борба Диоксип атињанинот, атлет којшто имаше освоено круна во најврвните игри. Како што е за очекување, гостите на веселбата ги поттикнуваа и Диоксип прифати. Кралот го одреди денот за натпреварот и кога дојде времето се собра огромен број на луѓе за да го види спектаклот. Македонците и Александар навиваа за Кораг зашто тој беше еден од нив, додека Грците го поддржуваа Диоксип. Двајцата се упатија на местото за слава, Македонецот облечен во неговиот скап оклоп, додека атињанинот гол, неговото тело намачкано со масло, носејќи добро
12
балансиран стап.
да е Арес, додека Диоксип се одликуваше со чиста сила и спремност, и заради неговиот стап наликуваше на Херакле.
Двајцата мажи изгледаа одлично со нивните прекрасни тела и плам за борба. Сите нестрпливо очекуваа, што би се рекло, борба на богови. Со неговото држење и брилијантноста на неговото оружје Македонецот предизвикуваше терор како
Како што се доближуваа еден кон друг, Македонецот го фрли своето кратко копје од далечина, но другиот малку го наведна своето тело
13
Македонска Ризница , бр. 51
и го избегна ударот. Тогаш Македонецот го исука своето долго копје и тргна во напад, но Гркот, кога дојде во близина на дофат, го удри копјето со својот стап и го скрши. После овие две загуби, Кораг беше приморан да ја продолжи борбата само со својот меч, но кога посегна по него, другиот скокна кон него и со својата лева рака му ја зграпчи
Македонска Ризница , бр. 51
раката со која Кораг посегна по мечот, додека со десната рака Гркот му ја поремети рамнотежата на Македонецот и го натера да го изгуби стојалиштето. Како што падна на земјата, Диоксип му стапна на вратот и држејќи го својот стап во вис погледна кон гледачите.
14
101. Толпата беше вознемирена поради вчудоневидувачката брзина и супериорност на вештината на овој човек, и кралот даде знак да го пушти Кораг, потоа го растури собирот и си замина. Тој беше очевидно изнервиран од поразот на Македонецот. Диоксип го ослободи својот паднат противник и го напушти полето за борба како
јасен победник, опсипан со ловорики од своите сонародници, зашто им донесе заедничка слава на сите Грци. Судбината, сепак, не му дозволи долго да се гордее со својата победа. Кралот стануваше се‘ повеќе непријателски расположен кон него, и пријателите на Александар
15
Македонска Ризница , бр. 51
и сите други Македонци на дворот, љубоморни на победата, го убедиле еден од прислужниците да скрие златен пехар под неговата перница, потоа, за време на следниот симпозиум го набедија за кражба и преправајќи се дека го нашле пехарот, го ставија Диоксип во срамна положба. Тој увидувајќи дека Македонците се заеднички против
Македонска Ризница , бр. 51
него, го напушти собирот. По кратко, си дошол во своите одаи, му напишал писмо на Александар за измамата којашто му била направена и им го дал на неговите слуги да му го однесат на кралот, по што си го одзел животот. Бил лошо посоветуван да ја прифати борбата еден на еден, но бил уште по лекомислен што си го одзел животот на ваков начин.
16
Затоа многу од оние кои го навредувале, исмевајќи ја неговата будалаштина, рекле дека била тешка судбина, да имаш голема сила на телото, но малку разум.
неговите добри квалитети, и сега откако умрел зажалил за човекот кого што го запоставил додека бил жив. Откако веќе немало никакво значење, Александар ја открил вредноста на Диоксип, наспроти злонамерноста на неговите обвинители.
Кралот го прочитал писмото и многу се налутил за смртта на човекот. Често жалел по
17
Македонска Ризница , бр. 51
Виолина Тажно свири виолината, а солзи се слеваат од очите. Тажно свири виолината, а таму далеку во бескрајот навираат спомените. Се нижат еден по друг како пеперутки во лет разиграни, разлетани, но сепак недофатни. Во ноќта се слуша само гласот на виолината која ја свири песната на неспокојот, на едно време толку блиско секому, но недостижно, а сакано и нежно чувано длабоко во срцето, каде никој не може да го допре, ништо не може да го извалка. Стои така чисто како светилиште, само понекогаш ќе затрепери да навести дека постои. Ќе ја разгали душата во слатка тага и бол и повторно ќе ја слушне песната на виолината во бескрајот на своето постоење. Биљана Солунчевска („Бранувања“)
Македонска Ризница , бр. 51
18
КЛИНТ ИСТВУД Портрет карикатура, молив во боја на хартија
Никола Анѓелкоски 19
Македонска Ризница , бр. 51
ГОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА НА СТРИП-КОЛОНИЈА ВО РАШКА, СРБИЈА Автор:
АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ
О
д 26 до 30 јули, во организација на Канцеларијата за млади, во соработка со Клубот на ликовни уметници, одржана беше шестата по ред стрип-колонија во Рашка, Република Србија. И на оваа, како и на колониите од претходните две години, не изостанаа учесниците од Македонија. Покрај претставници на стрип-школите од Лесковац, Врање, Белград и домаќинот Рашка, имаше и такви
Македонска Ризница , бр. 51
испратени со посредство на Стрип центар на Македонија - Велес, а на покана на организаторот Горан Трајковиќ, со што манифестацијата придоби меѓународен карактер. „Еден од најголемите успеси на СЦМ - Велес во своето досегашно делување е токму отворањето на македонската стрип-сцена надвор од нејзините
20
граници. Впрочем Македонците се драги гости на стрип-фестивали, смотри и колонии во околните земји. Се радувам кога гледам како младите цртачи од Македонија вредно учат од такви величини како што се Владимир Весовиќ и Бојан Ѓукиќ, но и разменуваат искуства со свои врсници од други земји. По којзнае кој пат се потврди тезата дека македонската стрип-сцена има иднина, а со малку повеќе позитивна енергија работите ќе дојдат на свое место“, изјави Томе Трајков, проект-менаџер на СЦМ - Велес.
„Беше интересно, иако ми требаше време да се навикнам. Добив шанса да се спријателам со луѓе од различни возрасти и места и да научам нешто ново со нивна помош. Мислам дека ова позитивно влијаеше на мене и мојот стил и сега се чувствувам послободно и посигурно во тоа што го цртам“, изјави учесничката на оваа колонија Евгенија Трајковска од Скопје. Најдобрите дела создадени за време на работилницата, според најавата, ќе бидат објавени во новиот, петти по ред број на „Ras comic“, кој се очекува да излезе идната година. На страниците на ова списание, во издание на Центарот за култура, образование и информирање „Градац“, меѓу другите, свои стрипови досега имаат објавено и македонските автори Александар Стеванов и Дарко Богданов, а со стрип табла застапени биле и Ване Трајков и Ѓунај Абдулов.
Петдневното дружење и работа на учесниците се одвиваше во живописниот амбиент на Семетешкото езеро, каде заедно со практичниот дел се одржаа и предавања и презентации поврзани со стрипуметноста. Излагачи оваа година беа стрипавторот и публицист Бојан Ѓукиќ и карикатуристот и графички уредник Никола Костандиновиќ кои своите знаења несебично ги споделија со младите стрип автори.
21
Македонска Ризница , бр. 51
ГОСТИ ОД МАКЕДОНИЈА НА ФЕСТИВАЛ ЗА СТРИП И КАРИКАТУРА ВО ПРИЗРЕН Автор:
ДАРКО БОГДАНОВ
О
д 29 до 31 јули во галеријата „Хамам“ во Призрен, се одржа по 14-ти пат меѓународниот фестивал за стрип и карикатура. Претставници од Македонија оваа година беа сценаристот Јордан Коцевски, и цртачите Дарко Богданов и Весна Ничевска. На овогодинешното издание покрај гостите од Македонија беа присутни гости уметници од Косово, Албанија, Бугарија и
Македонска Ризница , бр. 51
Турција. Официјалното отварање на фестивалот, доделувањето на дипломи на учесниците и изложбата со делата на гостите беше на 29 јули во 19:30 часот, а изложбата во галеријата „Хамам“ беше отворена за посетителите во текот на целото траење на фестивалот. И со ова издание на фестивалот се продолжува континуитетот на гостување на македонски автори и афирмација
22
на македонскиот стрип и неговите достигнувања, како и во минатите години. Фестивалот за стрип и карикатура е во организација на здружението „Џенет комикс“ и косовскиот стрип автор и карикатурист Гани Сундури од Призрен.
23
„МАРГИНИ“, РЕЦЕНЗИЈА НА СТРИП-АЛБУМОТ „ВИТЕЗИ ОД СОСЕДСТВОТО“ Автор:
ИВАН ВЕЉКОВИЌ
П
остои таков момент кога работите едноставно ќе легнат на свое место. Кога едноставно ќе се поклопат.
причина и содржина на читателот своето поле за играње да му го пренесе на нималку пријатен начин, со стил кој во исто време успева да биде и алтернативен и мејнстрим.
Моето пријателство со авторот од Македонија по име Дарко Богданов најмногу почна од заедничките интересирања. Дарко се поигрува со мракот, во темнината, под превезот кој ретко кога се крева. Го покажа и докажа неговото искуство со авторскиот стрип албум „Modus Vivendi“. Покажа дека има Македонска Ризница , бр. 51
Превод: Дарко Богданов
Дојде уште еден момент кога некои работи легнуваат на свое место. Кога се поклопуваат. Влегува на сцена уште еден автор, сценаристот Јордан Коцевски. Човек чија смисла за хумор е скоро еднакво мрачна како... па, неговите мрачни 24
приказни. Коцевски знае каде да боцне, а Богданов знаеше како тоа да го обликува. Настана (во најголема мерка) нивниот компендиум од кратки приказни „Мрак Хумор Тишина“. Компендиум кој почнува, продолжува и завршува елиотовски, да не речам елиотијански – прво со мачна замраченост, потоа со смеење скоро до солзи, па потоа не со земјотрес, а со цимолење. Албумот заслужува внимание не толку како уникат на македонската стрип сцена колку што е совршена слика и прилика на Ерос и Танатос, угнездени некаде помеѓу на места клаустрофобичните, а на места бескрајните кадри.
(а поразлични ликови Богданов и не може баш да свари; тоа му е безмалку заштитен знак) се придружува на својот ортак Ренди во мисијата да го извадат своето маало од беда. Секаде наоколу курви, дилери, крадци, рекетари, џган. На Ренди му е преку оној орган од сè што се случува во местото каде израснал, па во моментот што од нафиксан афект, што од легитимно преливање на чашата зема оружје и тргнува во одмазда. Клучен елемент е „тргнува“, бидејќи истото се пресекува и завршува во средината на една од редовните рации на локалните цајкани. Меѓутоа, Хиро овде го
Веќе погодувате, доаѓа следниот момент кога понешто горе-долу легнува на свое место. Кога многу работи се поклопиле. Влегува Хиро Шимада, автор кој е пријател на Коцевски, а покрај тоа е и автор на двете кратки приказни кои послужиле како основа за делото за кое овде ќе стане збор. Имено, приказните „A Walk of Sin“ и „Drug Raid“ станаа костурот и потпората на најновото издание на мрачниот македонски двоец со име „Витези од соседството“ (слободен превод може и „Рицарите од маалото“ но го нема вистинскиот призвук). Изданието овој пат на свој грб го презеде моментално единствената издавачка куќа во Македонија која издава исклучиво македонски стрипови, „Стрип Квадрат“ од Скопје и нејзиниот водач Никола Темков. Солидна книшка од нешто помалку од шеесет страници со сè меките корици. Со наменски изработен фонт специјално за овој стрип албум. Со додатни табли од првата работна верзија на албумот, од пред не толку многу, но стриповски премногу години. Хиро Шимада е исто така и името на првиот од двајцата клучни актери на „Витезите“. Неимпресивно човече со очила и долга коса
25
дочекува својот крај во неочекуваниот момент на човечност, еден од наизглед ретките во заразеното соседство.
овој полски продукт. Имено, протагонистот од „Hatred“, вицкасто наречен „The Antagonist“, има долга црна коса, носи мантил, има груб глас, цел тон наоружување и желба да го убие народот во неговото соседство поради летаргијата во која западнал светот. Нема друг мотив, само убивање. Спомнувам дека е неодоливо ова да се поврзе со „Витезите“, бидејќи главниот лик од играта физички личи повеќе на по мирниот и по прибран Шимада отколку на по блискиот за идентификација Ренди. Од друга страна, говорот на Џеф може да повлече паралела со секој разочаран млад човек кој одбрал лош пат и се држи до истиот чисто ете онака. Совршено би се уклопил во „Trainspotting“ ако беше Шкотланѓанец.
Следната приказна е лишена од херои, барем во вистинската смисла на зборот. Ситната риба Ник е на работа, каде што доаѓа некогашниот опасен дилер Џеф. Двајцата тргнуваат на мисија да ограбат еден локален дилер, додека спие да му украдат што хероин, што пари. Нормално, се случува гужва, и нормално дилерот завршува раскрварен и онесвестен, и нормално клучниот лик – долгокосиот Џеф – го дочекува крајот на единствениот начин. Нараторот на приказната овде е сепак Ник, но тој скоро излегува од фокусот во последните неколку табли.
Ултимативно, приказните внатре во „Витезите“ зборуваат за малите промени внатре во цивилизацискиот дел од кој сме се одрекле. Самата помисла дека постојат цели градови заградени со бодликава ограда каде цвета криминалот го тера човек да се замисли до каде одиме како вид. Одеднаш места како Марвеловиот Мадрипур не делуваат толку смешно. Безаконието можеби им делува на затупените анархисти како спас од сите општествени болки, но во практика е само покана за смрт. Хиро Шимада и Џеф го покажаа со својот личен пример. Нивната смрт е нецеремонијална. Еден лежи на патот без мудри последни зборови, другиот е само најден предозиран. А секундарните актери скоро ништо не преземаат по тој повод. „Витези од соседството“ не се модерна бајка со меланхоличен, но среќен крај. Тие се пресек на нашето ѕверство кое не дава на читателот да дише. Сепак, во поглед на креативноста, овој албум би го ставил за едно скалило пониско од „Мрак Хумор Тишина“. Иако некои решенија во приказната се доста креативни, го нема тоа размавнување со сета сила како во претходникот. Цртежот е исто така нешто од Богданов на што читателите веќе
На задната корица на „Витезите“ стои дека овој албум е прв во ноар стил на територијата на Македонија, во стилот на Брубејкер и Азарело. Со ова не би се согласил. Имено, ноарот е повеќе пригушен, со тешки контрасти, укочена атмосфера, со ликови кои се повеќе архетипски отколку реални личности. „Витезите“ во таа смисла не се ноар. Имаат елементи, тоа да, но како и сите стрипови од овој тип, се лична приказна рамкирана со жанровски принципи. Ликовите и во двете приказни се повеќе локални. Атмосферата е навистина мрачна (својствено и на двајцата автори), но не е ноар мрачна; повеќе е секојдневна, рутинска, онаа која има излези, но на ликовите им се недостижни. Нема многу позитивност во албумот, дури и кога Шимада (ликот, не писателот) се бори макар за некаков нејзин привид. Се забележуваат и некои релативно познати елементи на суперхеројштината. Неодоливо е да се помисли дека Ренди од првата приказна е како главниот актер од поновата видео игра „Hatred“, но приказните настанале значително порано од
Македонска Ризница , бр. 51
26
навикнаа. Точно е дека преработената верзија е супериорна во поглед на кадрирањето и цртежот во споредба со почетната (што и се гледа од додатоците на крајот на албумот), таблите не се немирни, проникливи, ни громогласни како во „Мракот“. Еден интересен детал кој би го издвоил е Минјолинското одвојување на приказните со илустрација наместо поднаслов. И двата цртежи претставуваат сублимација на клучниот лик и неговиот крај, и иако ова не е цртачкиот врв на Богданов, добро ја вршат работата.
да легнат на свое место. Да се вклопат. Јордан Коцевски и Дарко Богданов го спомнаа можниот репринт, дополнетото издание на овој стрип. Ова нема да биде само првиот нивен стрип кој доживува репринт со дополнување, туку историски ќе биде и првиот целосно македонски стрип кој добива ваков третман. Тоа не е мала работа, поготово за стрип за малите луѓе и нивните мали трагедии. А тој дополнителен материјал уште од старт е наменет да не биде само дополнителен, туку можеби и клучен, и со него ќе биде затворен кругот на работите кои легнуваат на своето место. Кои се поклопуваат. Кои постојат.
А пред крајот дојде и моментот уште некои ситници 27
Македонска Ризница , бр. 51
„MARGINE“, RECENZIJA STRIP-ALBUMA „VITEZOVI SUSEDSTVA“ Autor:
IVAN VELJKOVIĆ
P
ostoji taj trenutak kada neke stvari prosto legnu na svoje mesto. Kada se jednostavno uklope.
stilom koji opet nekako uspeva da bude alternativan i glavnotokovski u isto vreme.
Moje prijateljstvo sa autorom iz Makedonije zvanim Darko Bogdanov je mahom počelo iz zajedničkih interesa. Darko se poigrava u mraku, u nevidelu, pod koprenom koja se retko kada diže. Pokazao i dokazao je njegovo iskustvo autorskim albumom „Modus Vivendi“. Pokazao je da ima razloga i materije da svoje igralište prenese čitaocu na nimalo prijatan način,
Došao je još jedan trenutak gde su neke stvari prosto legle na svoje mesto. Gde su se uklopile.
Македонска Ризница , бр. 51
U sliku je ušetao još jedan autor, scenarista Jordan Kocevski. Čovek čiji je smisao za humor umalo podjednako turoban kao...pa, njegove turobne storije. Kocevski zna gde da žacne, a Bogdanov je 28
znao kako to da oblikuje. Nastao je (pretežno) njihov omanji kompendijum pričica „Mrak Humor Tišina“. Kompendijum koji počinje, nastavlja se i završava onako eliotovski, da ne kažem eliotijanski – prvo teskobnom pomrčinom, te smehom još malo pa do suza, pa onda ne tutnjem, već cviljenjem. Album je vredan pažnje ne toliko kao unikat na makedonskoj strip sceni koliko kao savršena slika i prilika Erosa i Tanatosa, negde ugnježdenim između ponekad klaustrofobičnih, ponekad beskrajnih kadrova.
kreće u odmazdu. Ključan element je „kreće“, pošto se ista saseca u korenu i umire usred redovne racije lokalnih plavaca. Međutim, Hiro ovde dočekuje svoj kraj u neočekivanom trenutku ljudskosti, jednom od naizgled retkih usred zaraženog susedstva. Naredna priča je pak lišena heroja, barem u pravom smislu te reči. Omanja riba Nik je na poslu, gde dolazi negdašnji zajebani diler Džef. Obojica se otisnu na zadatak da opljačkaju jednog lokalnog dilera, da mu dok spava pokradu što heroin, što novac. Naravno, ispadne tarapana, i naravno diler završava raskrvavljen i onesvešćen, i naravno ključni lik – dugokosi Džef – dočekuje kraj na vrlo jedinstven način. Narator priče je ovde ipak Nik, ali on maltene ispada iz fokusa u zadnjih par tabli.
Već pogađate, naišao je naredni momenat gde je štošta kudgod leglo na svoje mesto. Gde se puno toga uklopilo. Enter Hiro Šimada, autor koji dođe prijatelj Kocevskom, a uz to i autor dve kratke priče koje su poslužile kao osnovica za delo o kome će ovde biti reč. Naime, skaske „A Walk of Sin“ i „Drug Raid“ su postale kostur i oslonac najnovijeg izdanja makedonskog mračnog dvojca s nazivom „Vitezovi susedstva“ (slobodan prevod, može i „Riteri komšiluka“ ali nema taj prizvuk). Izdanje je ovaj put na sebe preuzela trenutno jedina strip izdavačka kuća u Makedoniji pretežno za domaći strip, „Strip Kvadrat“ iz Skoplja i njen vožd Nikola Temkov. Solidna knjižica od nešto manje od šezdesetak strana sa sve mekim koricama. Sa namenski odrađenim fontom posebno za ovaj strip. Sa dodatnim tablama iz radne varijante albuma od pre ne mnogo, ali stripovski previše godina.
Na zadnjoj korici „Vitezova“ stoji da je ovaj album prvi u noir stilu na prostorima Makedonije, u stilu Brubejkera i Azarela. Sa ovim se ne bih složio. Naime, noir je znatno, znatno prigušeniji, sa teškim kontrastima, ukočenom atmosferom, likovima koji su više arhetipovi no ličnosti. „Vitezovi“ u tom smislu nisu noir. Imaju elemente, to stoji, ali su, kao i svi stripovi ovog tipa, lična priča oivičena žanrovskim načelima. Likovi iz obe priče su lokalniji. Atmosfera jeste mračna (svojstveno obojici autora), ali nije noir mračna; više je svakodnevna, rutinska, onakva kakva ima izlaze, ali su likovima nedostižni. Nema mnogo pozitivnosti u albumu, čak i kada se Šimada (lik, ne pisac) bori za makar privid neke.
Hiro Šimada je takođe i ime prvog od dva ključna aktera „Vitezova“. Neimpresivni čova sa naočarama i dugom kosom (a drugojačije likove Bogdanov ni ne vari; to mu je maltene trejdmark) se pridružuje svom ortaku Rendiju u misiji da svoj komšiluk povade iz bede. Svud unaokolo kurve, dileri, pljačkaši, reketaši, gamad. Rendiju je preko onog organa sve što se dešava u mestu gde je odrastao, te u trenutku što nafiksanog afekta, što legitimnog prelivanja čaše uzima oružje i
Vide se i poneki relativno poznati elementi superherojštine. Neodoljivo je pomisliti da je Rendi iz prve priče poput glavnog aktera video igre novije proizvodnje „Hatred“, ali su priče nastale znatno ranije od ovog poljskog sočinjenija. Naime, protagonista iz „Hatreda“, vickasto nadimaknutog „The Antagonist“, ima dugu crnu kosu, nosi kaput, ima grub glas, tonu naoružanja i želju da pobije narod
29
Македонска Ризница , бр. 51
u svom komšiluku zbog letargije u koju je svet upao. Nema daljeg motiva, samo ubijanje. Pominjem da je neodoljivo ovo povezati sa „Vitezovima“, pošto glavni lik iz igrice više liči na mirnijeg i pribranijeg Šimadu nego na bliskijeg po identifikaciji Rendija. Sa druge strane, Džefova govorancija može da vuče paralele sa svakim razočaranim mladićem koji je odabrao tupav cilj i držao se istog čisto radi onako. Savršeno bi se uklopio u „Trejnspoting“ da je Škotlanđanin.
crtački vrhunac, vrše posao dobro. A došao je pred kraj i trenutak da još neki stvaruljci legnu na svoje mesto. Da se uklope. Jordan Kocevski i Darko Bogdanov su pomenuli mogući reprint, dopunjeno izdanje ovog stripa. Ovo neće samo biti njihov prvi strip koji doživljava reprint sa dopunom, već će istorijski biti i prvi čisto makedonski strip koji dobija ovakav tretman. To nije mala stvar, pogotovo za strip o malim ljudima i njihovim malim tragedijama. A taj dodatni materijal, namenjen još od starta da ne bude samo dodatni, već možda i ključni, biće zatvoreni krug stvari koje ležu na svoje mesto. Koje se uklapaju. Koje postoje.
Ultimativno, priče unutar „Vitezova“ govore o sitnim promenama unutar odavno odreknutog dela civilizacije nam. Sama pomisao da postoje čitavi gradovi oivičeni bodljikavom ogradom gde kriminal cveta natera čoveka da se zamisli dokle idemo kao vrsta. Odjednom mesta poput Marvelovog Madripura ne deluju toliko smešno. Bezakonje možda tupavim anarhistima deluje kao spas od svih društvenih boljki, ali je u praksi samo poziv na smrt. Hiro Šimada i Džef su to ličnim primerom pokazali. Njihove smrti su neceremonijalne. Jedan leži na putu bez mudrih zadnjih reči, drugi je samo nađen predoziran. A sekundarni akteri im maltene ništa ne preduzimaju povodom ovoga. „Vitezovi susedstva“ nisu moderna bajka sa melanholičnim, ali srećnim krajem. Oni su presek našeg zverstva koji ne daje čitaocu da diše. Ipak, glede kreativnosti, ovaj album bih stavio u klasu ispod „Mraka Humora Tišine“. Iako su neka rešenja u priči znatno kreativna, nema tog razmahivanja kao u prethodniku. Crtež je takođe nešto oko čega su čitaoci Bogdanova već navikli. Tačno je da je prerađena varijanta superiorna i po kadriranju i po crtežu u odnosu na početnu (što se iz priloga na kraju stripa da videti), nisu vragolasti, niti pronicljivi, niti gromopucateljni kao u „Mraku“. Jedan interesantan detalj koji bih odvojio jeste Minjolinsko odvajanje priča putem ilustracije umesto davanjem podnaslova. Oba crteža predstavljaju sublimaciju ključnog lika i njegovog svršetka, i mada ovo nije Bogdanovljev
Македонска Ризница , бр. 51
30
31 Македонска Ризница , бр. 51
Две табли од стрип-албумот „Витези од соседството“.
РЕЦЕНЗИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „ДЕВОЈЧЕ НА МЕСЕЧИНАТА“ Автор:
ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ
С
ликовницата, реализирана преку ликот на апстрактно, правдољубиво девојче од прикаските кое ја напушта планетава за да се вивне во вселенскиот ѕвезден свет во кој се чувствува посреќна одошто на Земјата кадешто владеат неправдата и насилието, во себе носи доволно потенцијал да разгали, но и да навее тажни чувстав на начинот на кој, секако подетализирано, тоа го
Македонска Ризница , бр. 51
чини „Малиот принц“ на Сент-Егзипери. Откако ќе нѐ прошета по галаксиите кои блескаат во заднината од бистриот, јасен, воедно топол и астрономски актибичен цртеж на соѕвздијата во неколкуте големи наративни табло-страници на Стеванов, авторот ќе ја продлабочи емоционалноста на својата твобра воведувајќи го и вториот лик, оној на момчето кое и таа ноќ ја поминало под ѕвездите“,
32
чекајќи ја онаа „која му значела повеќе од сѐ“. Има една метафизичка тага во оваа куса повест, која низ збор и цртеж стои во позадината на оваа одлична творба која во таа нејзина димензија не останува да биде наменета само за најмладите. Таа потсетува на нашата возвишеност и на ѕвездениот сјај на правдољубивата млада хероина, Девојчето на месечината, но и девојчето со сончева морална светлина во себе; а веднаш потоа и на кревкоста и кусовременоста на човечкото постоење „под ѕвездите“. Тука се излачуваат топлите вербовизуелни чувствувања на длабокиот и сензитивен автор: неговото творечко преоткривање на есенцијата на онаа прочуена Кантова претстава и восклик – „Ѕвезденото небо над нас и Моралниот закон во нас!“. Тој подзаборавен идеал истечен во сѐ поголемите морални фуги и стерни на ова совремие, и на неговата меркантилност, профитерство, на владејачкиот прагматизам и егоизам...
Иако во мала и куса форма Стеванов успева во зафатот да ги претстави тие вредности пред својот млад читател. Останува на тој млад читател да му се овозможи пристапот кон ова одлично осмислено, мало но слоевито веро-визуелно дело, кое пред сѐ поучува на ѕвездените својства на вистинските човечки вредности, но и на системот кој нѐ возбудува со илјадници години и кој ни ги полни очите со сјајот на раскошниот канделабр чудесно заблеснат на ноќното небо над нас...
Низ својата нежна поетска творба и пристап, Александар Стеванов нѐ потсетува на вистинските вредности во кои спаѓаат сочувственоста, сенсот за другиот, дури и за другоста, за љубовта и за моралот кои имаат вистински космички димензии. Во соѕвездијата на Стеванов блескаат највисоките човечки и етички вредности. На нив авторот нѐ потсетува преку тажната приказна за девојчето коешто, како она со кибритчињата за себе, согорува како ѕвезда од чиј сјај ќе се нахрани добродетелта, радоста и расположбата на страдното човештво. Како во расказот на Оскар Вајлд „Славејот и розата“ саможртвата на единката им донесува радост на сите, во приказната на Стеванов – освен на едно момче кому ќе му недостасува онаа што се престорила во сјајна ѕвезда меѓу галаксиите... Философскиот восклик на Емануел Кант и тажната чувстеност на Оскар Валд, претставени на само осум стрипувани страници!
33
РЕЦЕНЗИЈА НА СЛИКОВНИЦАТА „ДЕВОЈЧЕ НА МЕСЕЧИНАТА“ Автор:
ЈАГОДА ВАСИЛЕВА
И
ако насловот би сугерирал дека се работи за дело од жанрот научна фантастика, „Девојче на Месечината“ повеќе е чувствителна бајка сместена во вселената. Авторот на делото, според прикажаното, не си дал за цел објаснување на непостоечки концепти и не го користи истото за предвидување на технолошки изуми, ами алегориски ни дава една задлабочена и филозофска претстава за човекот, кој, како што вели Протагора, е мерило на сите ствари, а воедно
Македонска Ризница , бр. 51
потсетува и на подзаборавените, а така потребни, етички вредности. Главниот лик во сликовницата, едно малечко девојче, преку своите патешествија во универзумот всушност патува до работ на сопственото битисување и ги пробива границите на човечноста. Тоа чекори по полуистражениот терен на моралноста и праисконските митови, а со него, по тој најсуштествен пат, патуваме и сите ние, заедно осознавајќи што значи да се биде човек во огромниот универзум. Девојчето во сликовницата, 34
на некој начин, е модел за микрокосмос во универзалниот макрокосмос, своевиден показател за релативноста на големините и величините, впрочем како и самата сликовница.
задолжително само најмладите. Убавите шарени бои се само површен слој, а зад нив се крие искрена приказна, која, за оние позадлабочените, е поставена на фон од знаења и нови приказни. А како целовитоста би се заокружила, неизбежен трет елемент на „Девојче на Месечината“ е нејзината интерактивност, прикажана преку миниквизот и прашањата кои наративот ги поставува. Исто како и мудрецот во народните преданија, сликовницата не ни го дава во изобилие тоа што би си го посакале, туку она што ни е неопходно. Таа нема да нѐ направи посреќни и подоволни од сопственото постоење, туку ќе ни ги прошири хоризонтите и ќе ни отвори нови видици, без разлика на годините. Наместо готови решенија оваа сликовница нуди простор за дебата со читателот, правејќи од него ко-автор на целата приказна и правејќи го вистински побогат за едно ново невообичаено, но сепак автентично искуство.
Освен наративниот елемент во оваа малечка, а сепак огромна сликовница, присутен е и едукативниот, иако суптилно прикажан и безмалку секогаш во втор план. Преку прецизните прикази на сите современи соѕвездијата на ноќното небо, како и на најсјајните ѕвезди поставени на шаренило од допадливи космички сцени, авторот како да сака да го всади тоа знаење во потсвеста на читателите. Се чини дека тој во сликовницата нарочно не претерува во опширноста на научните знаење, имајќи предвид, како што вели словенечкиот филозоф и психоаналитичар Славој Жижек, дека сигурен начин за едно дело да се уништи, е истото целосно да се заврши. Информациите во оваа сликовница не се енциклопедиски и таа е далеку од завршена приказна. Во неа го нема целиот живопис на Јуриј Гагарин прикажан преку негова илустрација, ниту пак детален опис на секое едно соѕвездие. Но ова не е недостаток, напротив. Сето тоа може да се најде во безброј други книги, а во денешно време, преку Интернетот е само на миг оддалеченост од секој од нас. Но она што ова дело го содржи во навистина завидни количества, а со тоа го прави и посебно, е нешто можеби и повредно. Тоа е поривот кон знаењето кој што милно го изнудува од читателот и нежното будење на сечија сонлива имагинација. А имагинацијата е поважна од знаењето, како што вели големиот физичар Ајнштајн, затоа што без имагинација, нема ниту знаење, а ниту, пак, нови сознанија.
Самата сликовница е нацртана во модерен стил, соодветно за една нова современа генерација на читатели со изострен вкус и големи очекувања. Целата реализација на делото е грижливо и посветено изработена и со одмереност, кој, веројатно е најсоодветен збор за целокупниот визуелен печат на сликовницата. Цртежите во неа нити се хиперстилизирани, со што негативно би се повлијаело на самата детска креативност преку наметнување на одредени шаблони на приказ, за што малкумина водат грижа, а ниту, пак, ултрареалистични, во кој најголем дел од најмладите тешко би се пронашле. „Девојче на Месечината“ е типичен пример дека едно дело не се мери само по бројот на страниците. Всушност тоа е повеќе од само сликовница. Нурнувајќи се во неа ќе откриете дека станува збор за еден цел универзум од емоции, идеи и знаења.
Исто како што самото дело е повеќеслојно, така и целната група кон која авторот се обраќа не се
35
Македонска Ризница , бр. 51
НА „ТИ“ СО СТРИП-АВТОРОТ АЛЕКСАНДАР СТЕВАНОВ Автор:
РЕДАКЦИЈА
В
о овој број ви претставуваме интервју со Александар Стеванов, кој покрај што е издавач на оваа електронска публикација која во последно време излегува кога ќе ѝ текне, туку е и стрипавтор. За неговите последни активности од областа на деветтата уметност, како и за најновите стрипслучувања во земјава ќе можете да прочитате на следните неколку страници, во интервјуто кое што
Македонска Ризница , бр. 51
редакцијата на „Македонска Ризница“ го направи со него. 1. Иако подолго време се бавиш со стрипуметноста, дури годинава излезе твоето прво самостојно издание – стрип-сликовницата „Девојче на Месечината“?
36
Да, на крајот од месец мај, во НУ-УБ „Гоце Делчев“, Штип и скопскиот локал „Кафе Ли“ беа одржани промоции на ова издание и со оглед на врнежливото време со кое во тој период беше зафатена Македонија мислам дека беа многу добро посетени, а се продадоа и не мал број примероци. Всушност „Девојче на Месечината“ требаше да биде објавено уште во 2015 година, но со тогашниот издавач имавме некои разминувања во ставовите и не успеавме да ја договориме завршницата.
Во една малечка сликовница се крие еден голем свет, бесконечен свет на идеалите, светот на сонувачите. Како и „Малиот принц“, тоа малечко девојче е полно љубов за сите, за целиот свет и сите суштества во него и за сите други планети и ѕвезди. А едно момче сонува за таа совршена љубов изгубена меѓу ѕвездите. Во време на подем на материјализмот, една ваква слатка, нежна, поетична сликовница е ѕвезда која ако допре до нечие срце ќе посее семе на поубав свет и секое такво срце засекогаш ќе засвети меѓу ѕвездите. Ова е естетски
Инаку би сакал да го појаснам терминот со која ова дело беше претставено во медиумите: „Девојче на Месечината“ колку е стрип, толку е и сликовница, ако не и повеќе. Со издавачот „Стрип квадрат“ од Скопје компромисно го нарековме „стрип-сликовница“, конфузен поим кој за чудо совршено добро послужи во случајов. Според некоја поширока дефиница ова дело би можело да се вброи и во стрип. На пример стрип-историчарот Дејвид Кунзл допушта дека едно дело би можело да биде стрип дури и во случаите кога на една страница има само еден панел. Други стрипавторитети, пак, делово не би го вброиле во стрип имено поради таа „маана“, затоа што нема повеќе панели на една страница. Иако сакам да експериментирам со пробивање на зацртаните граници на оваа уметност односно медиум мене првенствено битна ми е приказната. Во случајов причина за ваквото формалистичко решение беше токму наративот, односно беше во насока да се овозможи некој и поинаку да ја сфати приказната, по сопствена желба, отфрлувајќи ги фантастичните елементи. 2. Можеш ли накратко да ни кажеш за што се работи?
37
Македонска Ризница , бр. 51 38
Две страници од стрип-сликовницата „Девојче на месечината“.
39
Македонска Ризница , бр. 51
привлечна, духовно богата и научно поучна сликовница за секоја возраст.
5. А од каде ја доби инспирацијата за ова дело? Човек во својот живот секојдневно е изложен на радијација од најразлични извори. Не го користам зборот „радијација“ во негативен контекст, како некоја штетна појава, впрочем и светлината е токму тоа, електромагнетна радијација со специфична бранова должина, туку во недостаток на посоодветен збор на кој би се сетил, да посочам дека никој од нас не е остров сам за себе и дека сите ние трпиме надворешни влијанија. Сите тие влијанија, исто онака како што призмата ја прекршува светлината, се прекршуваат во нас и на некој начин нѐ менуваат односно придонесуваат да станеме она што сме. „Девојче на Месечината“ е моја креација, но јас сум резултат, покрај на својот геном, и на сите тие надворешни влијанија, дел од кои веројатно и премногу апстрактни за да се разберат.
Весна Ничевска, дипломиран ликовен уметник
Па баш и не. Самиот наслов „Девојче на Месечината“ открива и повеќе одошто треба. Се работи за едно навистина кратко и слатко дело, што ако кажам нешто повеќе се плашам дека би открил сѐ. 3. Или со други зборови, ќе треба да ја прочитаме за да дознаеме? Само доколку сакате. „Девојче на Месечината“ за изнајмување може да се најде во НУ-УБ „Гоце Делчев“, Штип и во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје, а може да се купи од стрипарницата „Бункер“ во Скопје или директно од издавачот „Стрип квадрат“.
При процесот на создавање на едно дело јас речиси никогаш не сум претерано самосвесен како би ја прибележал секоја инспирација, односно влијание. Всушност таквото поведение би немало никаква цел, па дури и би било контрапродуктивно. Но сега, во ретроспектива, за форматот на изданието несомнено како урнек ми имаат послужено дизниевите сликовници од едицијата „Библиотека срнче“, објавени кон крајот на осумдесеттите години, во чие друштво имам поминато неброени часови. За визуелниот изглед на делото, односно за локациите и годишното доба во кое се случува веројатно ме има инспирирано советскиот анимиран филм за поларното мече Умка, кој што убеден сум дека го паметат повеќето мои врсници. За вселенската компонента сигурно ми влијаела и мојата љубов кон научната фантастика и фасцинираноста од ѕвезденото ноќно небо.
4. Но зарем „Девојче на Месечината“ не е за деца? За деца, за возрасни, нема некоја разлика. Големата фејсбук-мудрост (инаку е на Урсула Ле Гвин) вели „креативниот возрасен е дете што преживеало“. И јас, а верувам и многумина други можат да се пронајдат во ваквата дефиниција, а би додал и дека штом некој возрасен напишал нешто, макар и за деца, нема причина зошто некој друг возрасен не би можел да го прочита.
Македонска Ризница , бр. 51
40
За приказната пак... Всушност за приказната и не се сеќавам, но се сеќавам дека во тоа време некако како да почна да ми пречи тоа што речиси сите дотогашни протагонисти во моите стрипови биле момчиња, па решив нешто да сменам и да направам еден во кој главниот лик би бил девојче. 6. Што е специфично за „Девојче на Месечина“ освен тоа што е т.н. стрип-сликовница? Ова е некое хибридно дело од повеќе аспекти. Покрај наративот има и едукативен елемент. Во него се прикажани сите современи соѕвездија на ноќното небо, за што се консултирав со Скопско астрономско друштво, односно со нивниот член Филип Парталовски, кој беше и повеќе од љубезен. Меѓутоа ова не е дело кое се труди да биде комплетен водич за ноќното небо, а поскоро да послужи како поттик за понатамошни позадлабочени истражувања. Интерактивниот елемент е застапен преку забавен квиз на крајот од делото, а можеби најинтересно за најмладите би било тоа што има две страници со самолепливи сликички, со кои можат да создадат сопствени приказни.
Ѕвездените пространства од памтивек претставувале и мистерија, и инспирација за човештвото. Не малку дела на ликовната уметност се проткаени со таа мистичност што ѕвездите и општо вселената ги инспирирале, како и дела од литературата во која прв Жил Верн се „дрзна“ да помисли на пат до месечината и ѕвездите, за со почетоците на филмската уметност, уште еден сонувач по име Жорж Мелие за првпат од тоа да направи и филм. Кон средината на дваесетиот век и вселенската трка помеѓу
И во случај да не ме прашате, да спомнам дека за реализацијата на ова дело должам благодарност до нашиот познат писател, публицист и стриптеоретичар Томислав Османли, кој напиша прекрасна рецензија, каква не можев ни да замислам, при тоа давајќи низа значајни совети. Би ги спомнал и Весна Ничевска, Дарко Богданов, Сашо Гачев и Јагода Василева кои исто така напишаа преубави рецензии за што сум им бескрајно благодарен, како и Гоце Панговски кој што ми помогна за лектурата. Не би смеел а да не го спомнам Министерството
41
Македонска Ризница , бр. 51 42
Табли од стрипот „Надежта е нешто пердушесто“ објавени во третиот број на „Стрип Алманах“.
43
Македонска Ризница , бр. 51
за култура на Република Македонија во чија годишна програма „Девојче на Месечината“ беше поддржано, како ни издавачката куќа „Стрип квадрат“ од Скопје од каде не само што се нафатија да го објават ова невообичаено дело туку и ми дадоа максимална креативна слобода. И секако, би сакал да се заблагодарам и на сите оние кои што дојдоа на промоциите, кои купија примерок или барем пројавија интерес за изданието.
САД и СССР уште повеќе се популаризира астрономијата и интересирањето за вселената, кое пак доведе до развојот на модерната научна фантастика во секој медиум и форма. „Девојче на Месечината“ претставува едукативна стрип сликовница, да ја наречам, која со својот концепт, иновативност и креативност и обработка од страна на авторот достоинствено се надоврзува на слични дела од минатото. На еден непретенциозен и шармантен начин е погодена златната средина, со едукативниот, ликовно уметничкиот и забавниот момент. Ова е дело кое е и повеќе од потребно на македонскиот пазар, свеж момент и уште еден отпор кон масовната декаденција која ги зафатила и едукативниот и културниот, и општо системот кај нас. „Девојче на
7. Ако за првото издание со твој потпис ти требаа 6-7 години, за второто ти беше потребен само еден месец. Како успеа? Доколку алудирате на третиот број на „Стрип Алманах“, каде што сум носечки автор, односно автор на сите сценарија, би рекол дека навидум делува дека е така, но само навидум. Иако „Стрип Алманах“ излезе еден месец по „Девојче на Месечината“, неговата реализација траеше доста подолго. Дел од стриповите дури и беа завршени без воопшто да знам дека би доживеале премиера токму во него. 8. Претпоставуваме дека и за ова издание не би ни открил за што се работи? Е овојпат грешите. „Стрип Алманах“, кој е во издание на Стрип центар на Македонија – Велес, е публикација чија намена е поттик на новото македонско стрип-творештво. Во претходните два броја, сценарист беше Ване Трајков, а во овој трет број великодушно ми понуди јас да ги напишам сценаријата. Во него објавени се повеќе кратки стрипови, од кои повеќето реализирани годинава или лани и објавени премиерно во изданието, а нивни цртачи се Мирко Бојаџијевски, автор чија афирмираност имам впечаток дека не соодветствува со големината на неговиот талент и огромен потенцијал, Дарко Богданов, со кого имам
44
одошто во целиот претходен век, што доволно јасно ја опишува ситуацијата со македонската стрип-сцена, зарем не?
Месечината“ е издание за кое нема старосни граници, секој кој ќе го поседува, ќе биде побогат на многу нивоа.
10. Не би спореле со тебе, но би можел ли да наброиш дел од тие стрипови? Иако испечатени на самиот крај од 2016 година, на почетокот од оваа година промовирани беа две изданија на скопската издавачка куќа „Стрип квадрат“. Тоа се стрип-албумите „Бесмртните“ на Диме Иванов – Димано и „Витези од соседството“
Дарко Богданов стрип-автор
соработувано на повеќе претходни стрипови при што крајниот резултат секогаш ги надминувал очекувањата, Весна Ничевска, со која всушност и ги започнав своите први посериозни чекори во светот на стрипот, Катерина Николовска – Тери, млада илустраторка и дизајнерка со завиден број реализирани сликовници и Наташа Коњевиќ, сликарка од Босна и Херцеговина (Република Српска), со изграден и специфичен стил, која во моментов е на магистерски студии во Белград. Жанровски стриповите објавени во третиот број на „Стрип Алманах“ се најразлични, од научна фантастика, преку детска басна и црна комедија, па до воена драма зачинета со трошка надреализам. Но покрај стриповите во ова издание е објавен е напис за првиот нам познат стрип создаден на македонско тло, од чие што објавување годинава се навршува јубилејот - 80 години. 9. Како по однос на македонскиот стрип ја оценуваш 2017 година? Оваа година уште не е завршена, а во неа досега објавени беа повеќе македонски стрип-албуми
45
Македонска Ризница , бр. 51
Македонска Ризница , бр. 51 46
Табли од стрипот „Сламберленд“ објавени во третиот број на „Стрип Алманах“.
47
Македонска Ризница , бр. 51
на авторскиот тандем Дарко Богданов и Јордан Коцевски. Интересно да се спомне е дека „Витези од соседството“, кој имаше три промоции, во Виница, во Охрид и во Скопје, за кратко време се распродаде целосно, а како што најавуваат самите автори наскоро се очекува овој стрип-албум да доживее и второ издание. На почетокот од април Стрип центар на Македонија – Велес објави четири стрип-албуми, од кои три на македонски автори: „Итар Пејо, книга 2“ на Диме Иванов – Димано, „Цар Гаврил Радомир“ на Миле Топуз, „Убавите нешта“ на Раде Дичоски и „Зад црното сонце“ на српскиот автор Срѓан Николиќ – Пека, кој минатата година на салонот во Велес го освои првото место. Исто така во издание на Стрип центар на Македонија – Велес излегоа два броја од магазинот „Стрип Креатор“ и еден број од „Стрип Алманах“, а како независни изданија промовирани беа „Црната Аурора“ и четвртиот дел од „Фацизам“.
Стрипот „Девојчето на Месечината“ ќе ве поведе на патување низ соѕвездијата преку невиниот поглед на детската љубопитност и меланхоличноста. Не верувам дека некој ќе остане рамнодушен на пристапот и талентот на авторот кој успеал да ни ги доближи небото и неговите тајни на толку едноставен начин. Приказната нѐ води низ почетокот на човечкото сознание за вселената и она што нѐ опкружува и нашиот порив за нови откритија и простори, каде ние како луѓе сме подобри во нашето постоење.
Во дел од стрип-случувањата би го вброил и отвoрањето на стрип-фестивалот во Лесковац токму од македонските автори Јордан Коцевски, Дарко Богданов, Никола Темков и Игор Јовчевски, објавувањето на два стриповски фонта „Топуз“ и „Дарбог“, учеството на македонски стрип-автори на фестивалот во Призрен, како и на работилница во Рашка, и вклучувањето на оваа уметност, преку стрип-изложба и штанд, на „Д Фестивал“ во Дојдан, заслуга на Стрип центар на Македонија – Велес, односно на Томе Трајков. До крајот на годината би требало да излезе и еден стрип на Никола Темков, како и графичката новела „Дан Фадил“, во издание на шкотската издавачка куќа „Комик бру“ во чија реализација учествуваа и неколку Македонци. Имајте предвид дека ова е само фрагмент од
48
видливиот дел од сантата на македонскиот стриппотенцијал. Добар дел од македонските стрипавтори се имаат префрлено на илустрации или концепт-дизајн, а дел од нив работат во студиото за анимација „Линкс“, на реализација на првиот долгометражен македонски филм „Јон Вардар“. Еднаш во шега на режисерот Гоце Цветановски, инаку и самиот стрип-автор, му реков дека тој е главниот виновник за забавениот раст на македонската стрип-сцена на што ми одговори дека тоа е така само дур да се реализира анимираниот филм. Потоа новостекнато искуство и работна рутина на сите стрип-автори вклучени во проектот, тој забавен раст уште веднаш ќе го надоместат. 11. Значи ли тоа дека иднината македонскиот стрип ќе биде посветла?
Почетокот на времето кога човекот погледна и разбра дека таму горе можеби се крие неговата суштина и прапочеток и времето кога сфати дека може да го оствари својот сон напуштајќи ја Земјата, првата стапка, „вселенското проодување“, толку наивно и со искрена желба на дете. Ова дело нуди една симплифицирана филозофска мисла и поглед на работите воопшто. Особено интересен е делот во кој девојчето одлучува да се врати пак на Земјата исполнета со неправди и несовршенства, притоа знаејки ја цената што ќе ја плати за повторното враќање. Враќањето е согорување, а согорувањето е светлина која ја осветлува Земјата како некој голем тресок или далечна супернова и повторен крај и почеток на вселената, непрекинат круг на раѓање.
на
За разлика од македонските меѓународни аспирации, како што се членство во Европската Унија или во НАТО, каде некој друг треба да даде амин за нивна реализација, иднината на македонскиот стрип, без оглед дали би била посветла или не, зависи единствено од нас. Каква ќе ја направиме, таква ќе биде. Кога велам дека зависи од нас не мислам само на македонските автори, кои што имаат навистина голем потенцијал и за чија реализација е потребен само скромен стимул, ами и на издавачките куќи кои се сврзно ткиво помеѓу авторот и читателите. Со добро осмислена стратегија за промоција на стрипот кај нас, издавачите ја имаат таа можност да делуваат и во насока на подигање на стрипкултурата меѓу пошироките маси, но и да дадат неопходен поттик за ново македонското стриптворештво. И секако, иднината на македонскиот стрип зависи пред сѐ од нашите читатели, група во која би можеле
49
Македонска Ризница , бр. 51 50
Табли од стрипот „Сламберленд“ објавени во третиот број на „Стрип Алманах“.
51
Македонска Ризница , бр. 51
да се вбројат сите писмени луѓе, вклучително и оние кои се стрип-автори. Впрочем, создавањето на едно дело има смисла единствено ако некој го прочита, па без читатели стрипот и не би постоел.
Префинетоста во расказот на еден суптилен начин потсетува на Егзипери и неговиот мал принц, а илустрациите ни отвораат еден прекрасен фантастичен свет.
12. За крај, би ни открил ли дел од твоите идни планови поврзани со стрипот? Моментално работам дизајн на неколку стрипалбуми и пишувам книга за историјата на македонскиот стрип која се надевам дека наскоро ќе ја види светлината на денот. Можам да откријам и дека веќе некое време преговарам со една мала издавачка куќа околу објавувањето на „Девојче на Месечината“ на американскиот пазар. Всушност јас би ви ги открил сите мои планови, но во тој случај нема да има повод за ново интервју идната година, зарем не?
Сашо Гачев дипломиран драматург
52
Мoжете: да споделите – да умножувате, дистрибуирате, јавно да го прикажувате или јавно дигитално да го прикажувате делото. Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело). Некомерцијално — Не смеете да го користите ова дело за комерцијални цели. Без адаптирани дела. — Не смеете да го промените, трансформирате или да го адаптирате ова дело.
Е-пошта: makedonska.riznica@yahoo.com
53