ИТАЛИЈА
Неодолива чаша вино
БЕЛГРАД Билбордград
90 денари / БРОЈ 172 / ПЕТОК 16.12.2011 година VII
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
КИНЕМАТОГРАФИЈА И АРХИТЕКТУРА
Најлесниот олимписки стадион во светот
www.porta3.com.mk
Ј А
В У В
Ј А
! Е
У С Т Ш И О И Т Б А А П Р ПЛ 0 0 О Т С Е 8 и
р на
де
а т ла
п т е
Р П
на
пр
ш и д
ОТ РОМКИ“ Д О АЕР Р ВЕЛИ ЛИК ДА НОВ рАената џамија ќе се Н СА ШаЌ СО рации К Е А КУ КИидните гене „АЛ за С ПРчВувОаДза Марио Бота РИ БР ОД НТЕЈНЕИЈА Преку јазикот т, КО ЕДОН на просторо та К на ли т А ет н св метријатаи М ВО бие гео
го
м в ив а иот вр л р о латн овт Неп под з
КИТЕ БРИТАНСТИ ЌЕ АРХИТЕК РААТ СЕ ЕДУЦИНОВА СПОРЕД ЕЛНА Т ЗАДОЛЖИГРАМА ПРО
ина VII 21.10.2011 год
ШТВО ГРАДЕ ГРАДЕЖНИ Ж А АРХИ НИШТВО УР КТ ТЕ И РХ ТЕ А ЕКОЛ КТУРА А Ј ЈА ГИ ЛО О О О ГИЈА ТВ ЕК НИШ РА ДЕЖ ГРА ТЕКТУ И А Соработувајте АРХ ОГИЈ Л ЕКО
промотивна цена за студенти 800ДЕН.
на VII
за повеќе информации 11 годи
porta3@porta3.com.mk
.11.20 9 / ПЕТ ОК 04
а VII дин 1 го 201
жиро сметка: 300000001995035 Комерцијална банка АД Скопје
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
со Порта3 - претставете ги вашите проекти, размислувања, дизајни, иновации, интерни настани... Ве очекуваме!
168 / ПЕТОК
90 денари / БРОЈ
уплати на:
рам комунициката со публи
КИ
мир НИКОЛОВС проф. д-р Тихо
а
от Закон з
ВА!
02 3109 311
www.porta3.com.mk
„Л ЗАСОЛ ИНА“ ОД ПР НИШТЕ ИР КАТАС ОДНИ ТРОФ И
БРОЈ 172 ПЕТОК 16.12.2011
ГОДИНА VII
Насловна страница: OLYMPIC AND PARAOLYMPIC STADION, ЛОНДОН, В.БРИТАНИЈА
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, дрвја и лозја. Винаријата „Феуди ди Сан Грегорио“ е архитектонска скапоценост потпишана од јапонскиот архитект Хикару Мори и Италијанецот Маурицио Зито, кои дизајнирале простор како голема и елегантна современа катедрала, делумно закопана со цел подобро да се интегрира со околниот пејзаж. Хаотично поставените билборди не се обележје само на Скопје. Белград станува Билбордград. Тој се менува секој ден – билборди и реклами се новите елементи на градскиот пејзаж кои стануваат сè понападни, менувајќи го полека, но значително неговиот изглед. Олимпијадата во 2012 година беше причина за изградбата на најлесниот олимписки стадион во светот. Импозантниот лондонски стадион е претставник на „тивката“ архитектура која егзистира без премногу да привлекува внимание кон себе, што веројатно е добро со оглед на тоа што олимписките натпреварувачи се оние што треба да бидат во центарот на вниманието.
ГРАДЕЖНИШТВО 18 МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИМА СТАДИОН ПО СВЕТСКИ ТЕРК
ИТАЛИЈА
Неодолива чаша вино
БЕЛГРАД Билбордград
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
90 денари / БРОЈ 172 / ПЕТОК 16.12.2011 година VII
Челик. Бетон. Челик и бетон. Се јавува нов-стар градежен материјал. Дали дрвото е градежен материјал на иднината? Во некои држави како што се Данска и Финска, законските регулативи дозволуваат станбени згради изградени од материјали од дрво со висина до четири ката, додека во Швајцарија тој лимит изнесува шест ката. Во Англија пак, највисоката станбена зграда од дрво изнесува седум ката. Што ги обединува архитектурата и филмот? Архитектурата е согледувана како дел од секвенци од настани, како динамичен процес. Мобилноста, како кинематографска форма, е основата на овие пристапи во архитектурата. Со промена на релацијата помеѓу просторната перцепција и движењето, панорамската уметност, ‘подвижната’ архитекура и филмот остварија движечка слика која е обединување во мапата на модерното. А што пак неодоливата чаша вино и архитектурата? Одговорот ќе го најдете во репортажата од Италија. Секој елемент на подземната визба „Часкина Аделаиде“ е инспириран од имитирањето на природата: покривот е целосно покриен со трева, а геометријата на структурата потсетува на
КИНЕМАТОГРАФИЈА И АРХИТЕКТУРА
Најлесниот олимписки стадион во светот
архитектонска компанија: POPULOUS
ОД РЕДАКЦИЈАТА
Редакција: главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Весна КОСТОВСКА надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Aлександра ШЕКУТКОВСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Леонида Пенка БАША Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх.
18
РЕПОРТАЖА 22
НЕОДОЛИВА ЧАША ВИНО
АРХИТЕКТУРА И ФИЛМ 26
КИНЕМАТОГРАФСКИ СЛИКИ И АРХИТЕКТУРА
22
УРБАНИ ПЕЈЗАЖИ 30
38
БЕЛГРАД - БИЛБОРДГРАД
АРХИТЕКТУРА 38
ДРВО - ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ НА ИДНИНАТА
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: Европа92 - Кочани
ЕКСПЕРТ 50
ОИ 2012 ЛОНДОН / ИЗГРАДЕН НАЈЛЕСНИОТ ОЛИМПИСКИ СТАДИОН ВО СВЕТОТ
60
ХОРТИКУЛТУРА 56
ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОДИНИ ВО ЦВЕТ
Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk
УМЕТНОСТ 60
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.
ИСКЛУЧИТЕЛНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КЛИМТ ВО ВИЕНА
жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
56
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
рубрика
4
3
ПОРТА
16 декември 2011
инфо ОтвОренО писмО дО претседателОт и дО надзОрниОт ОдбОр на КОмОрата на Овластени архитеКти и Овластени инженери на републиКа маКедОнија
Деградирање на инженерската професија Почитуван Претседателе, Почитувани членови на Надзорниот одбор, Во врска со одржаниот состанок на Одделениeтo на градежни инженери на Комората на кој е извршен избор на претставниците од Одделението во Собранието на Комората и раководител на Одделението, изразуваме негодување за начинот и постапката на кој истиот е спроведен. Најпрво сакаме да ги изнесеме фактите како се одвиваше постапката за избор: • Состанокот беше закажан на 28.11.2011, три дена пред неговото одржување, најпрво во салата за состаноци на Фондот за патишта, за еден ден подоцна да се презакаже во амфитеатарот на Технолошкометалуршкиот факултет. Членовите на Комората за состанокот, времето и местото на неговото одржување, беа информирани преку негово објавување на веб страницата на Комората. • Накнадно, состанокот беше огласен и во Дневник од 30.11.201, на ден пред неговото одржување. • На состанокот од вкупниот број на членови на Одделението на градежни инженери присуствуваа околу четириесетина членови и истите избраа претставници во Собранието на Комората, како и раководител на Одделението. Начинот на кој се одвиваше и беше спроведен изборот на претставниците од Одделението на градежни инженери за Собранието, поттикнаа многу дилеми за работата на Одделението и неговото актуелно раководство. Имено: • Според Статутот на Комората Член 9 Став 3 изборот на претставниците на професионалните одделенија се врши на начин утврден со акт на Комората. Актот треба поблиску да го регулира начинот и постапката на кој се врши избор на претставниците. Имено, преку ваквиот акт треба точно да се прецизира колку дена претходно треба да биде закажан изборот, кој има право да учествува во постапката за избор, како се спроведува гласањето и слично. Ваквиот акт треба да биде транспарентен за сите членови на Комората, што значи дека истиот треба да биде јавно објавен. 6
ПОРТА
3
16 декември 2011
Начинот на водење на постапката за избор на претставници во Собранието на Комората од Одделението на градежни инженери е потценувачки за целото членство на Одделението. Органите на Комората треба да преземат соодветни чекори за надминување на ваквата состојба во рамките на статутарните одредби • Ваков акт во телата на Комората досега не е донесен. • Во отсуство на ваков акт и непостоење на какви било правила според кои ќе се изврши избор на претставниците, како што и погоре нагласивме, раководството состанокот го закажа три дена пред неговото одржување. • Начинот и времето на објавувањето на состанокот не овозможи соодветна информираност на најголемиот дел од членовите, што може да се заклучи и од бројот на присутните на состанокот. Знаејќи дека во Одделението на градежни инженери членуваат околу 1800 члена, присутните 40 члена на состанокот претставуваат само 2,2% од вкупниот број на членството. • Сите членови на Комората при постапката за издавање на овластување покрај поднесување на сите законски пропишано потребни документи, приложуваат и лични податоци. Покрај место на живеење, членовите доброволно приложуваат e-mail адреса и контакт телефон, а се со цел навремено информирање за сите случување поврзани со Комората. • Сите членови на Комората, на домашна адреса, го добиваат списанието ПРЕСИНГ. Значи дека постои начин членовите да бидат благовремено информирани, особено кога се работи за состанок на кој треба да се изберат преставници од Одделението во Собранието на Комората, како и избор на раководител на Оделението. • Зачудува и изборот на место за одржување на состанокот. Имено, амфитеатарот на Технолошкометалуршкиот факултет е со капацитет од околу 100 присутни. • Според Статутот на Комората, Член 39, Став (1), овластен инженер има право да бира и да биде избран во телата на
Комората. Доколку членството беше навремено информирано на состанокот ќе присуствуваа значително поголем број членови и постапката за избор на претставници од Одделението во Собранието на Комората, како и изборот на раководител на Одделението ќе имаше соодветна транспарентност и легитимност. Имајќи го предвид Член 27, Став 4 од Статутот на Комората дека, професионалните одделенија со своето дејствување не смеат да им нанесуваат штета на членовите на Комората, а водени од дилемите поттикнати од настаните кои се случија минатиот четврток, сметаме дека треба отворено и јавно да се постават следните прашања: • Како е спроведена постапката за избор и како се избрани претставниците од Одделението на градежни инженери, во отсуство на акт за спроведување на изборите. • Зошто актуелното раководство на Одделението на градежни инженери, поседувајќи ги сите неопходни податоци за своето членство, не изврши благовремено и соодветно информирање на сите членови за дневниот ред, времето и местото на состанокот. • Дали со присуство на само 40 члена од вкупно 1800, им се дава неопходен легитимитет на избраните 25 претставници да ги засатапуваат и усогласуваат заедничките интереси на целото членство. • Како е можно, според начинот на кој беше огласено одржувањето на состанокот, од вкупно 40-те присутни члена да присуствуваат предложените и избрани 25 претставници, кои го спровеле и изборот на раководител на Одделението. • Зошто новоизбраниот раководител не се одважил и не ги информирал ново избраните претставници за постигнатиот
договор од пред четири години за правичната застапеност на раководителите на Одделенијата. • Дали со извршениот изборот на раководител на Одделението на градежни инженери, без почитување на договорот за правична застапеност, се отворат нови недоразбирања во Комората. Според Член 64, работата на Комората е јавна, а јавноста на работата на Комората се обезбедува преку постојано информирање на членовите за работата на Комората. Нетранспарентното објавување на времето и местото на одржување на состанокот за избор на претставници во Собранието на Комората од Одделението на градежни инженери е во спротивност со горе цитираниот член од Статутот. Сметаме дека ваквиот начин на водење на постапката за избор на претставници е потценавучки за целото членство на Одделението на градежни инженери, и дека органите на Комората треба да преземат соодветни чекори за надминување на ваквата состојба во рамките на статутарните одредби. Предлагаме: • Комората да донесе акт со кој ќе биде регулиран начинот за избор на претставници од Одделенијата во Собранието на Комората. • Донесениот акт, како и Статутот на Комората да бидат транспарентно објавени. • Да се почитуваат постигнатите договори по однос на правичната застапеност. • Изборот на претставници за Собранието да биде повторно одржан, согласно донесениот акт. • Членовите на Одделението да бидат информирани за состанокот најмалку 15 дена пред неговото одржување. Комората според Статутот ја чува честа, угледот и правата на овластените инженери и ја развива професионалната етика. Сметаме дека водената постапка за избор на претставници ја деградира до крајни граници инженерската професија. Токму поради тоа сметаме дека органите на Комората ќе постапат чесно, преземајќи ги сите неопходни чекори. (Во прилог на писмото е доставена листа на потписници која и е позната на редакцијата)
инфо КОмОрата на Овластени архитеКти и инженери ниКаКО да се пОдгОтви за Отчет
Изборното собрание на Комората се одлага во недоглед
И
зборните седници на одделенијата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери за избор на претставници во нејзиното собрание предизвикаа многу реакции кај нејзиното членство. Најнапред, на самиот ден на одржувањето на седниците реагираа архитектите, кои и не ја одржаа својата седница и ја одложија за некој нареден термин, а деновиве во Редакцијата на „Порта3“ стигна и отворено писмо потпишано од неколку десетици градежни инженери членови на Комората. Тие бараат изборот на претставници во Собранието на Комората повторно да се одржи, притоа укажувајќи дека, меѓу другото, целата постапка не била водена транспарентно, била во судир со Статутот и свикана набрзина и слично. Блиски до овие ставови беа и реакциите на присутните на изборната седница на Одделението на архитектите. Архитектот Александар Смилевски вели дека во дискусијата „беше истакнато некоректното закажување на состанокот за кој многу членови на Комората од Скопје и другите градови на Република Македонија не биле навремено информирани и поканети, и останаа надвор од состанокот. На состанокот беа присутни шеесетина членови на комората, што претставува минимално присуство, ако се има предвид членството кое брои 1.760 архитекти и урбнисти, членови на комората“. Смилевски смета дека ваквиот однос на Управниот одбор на Комората на овластени архитекти и инженери на Република Македонија говори за еден лежерен, несериозен, нетранспарентен начин на работа на Комората во целина со што се загрозува реализацијата на планирани проекти (ценовник на
Комората во сегашниот состав работи шест години. Изборно собрание требаше да се одржи уште пред две години. А проблемите се напластуваат. Тоа најдобро го знаат нејзините членови и посебно на Управниот одбор. проектантските услуги) и демократските права на сите членови на Комората. Според него, оттаму е произлезен и заклучокот дека членовите на Комората треба регионално да се организираат и пропорционално на бројот на членови во Комората да партиципираат во изборот на делегати кои ќе ги претставуваат на изборното собрание на Комората. Инаку, според статутот на Комората одделението за архитектура партиципира со 25 делегати во Собранието на Комората. Тој смета дека организацијата со регионално групирање, предлагање, избор на делегати и тела на Комората бара дополнителна активност во организацирање на региони, односно кои градови ќе припаднат на кој регион. Сето ова наложува дополнителни активности на Комората како и поместување на терминот за одржување на изборното Собрание на Комората. За жал, поради пат надвор од државава, не успеавме да разговараме со претседателот на Комората Страхиња Трпевски, за негов став околу овие реакции. Досегашниот претседавач на Собранието на Комората, професорот Горан Марковски вели дека Управниот одбор на Комората, врз основа на актите и одржани седници ја определил процедурата и
начинот на организирање на Собранието од одделенијата, и е определен бројот на претставници. Таа информација е ставена на веб страницата на Комората и објавена во дневниот печат. Тој вели дека треба да се води сметка за територијална, полова и правична застапеност. Овие критериуми се почитувани на седницата на одделението на градежни инженери, а згора на тоа е водена сметка меѓу претставниците да има и членови од поголеми градежни компании и други. Марковски жали што „Станува правило да имаме проблеми со Одделението за архитектура при изборните собранија. Архитектите се договориле на својата седница за начинот како ќе ја спроведуваат постапката. Она што јас апелирам, како досегашен претседавач на Собранието е тоа да се направи што побрзао. За да се избегне вакуумот во работата на Комората. Не би сакал ова собрание да помине без присуство на архитекти“. Што се однесува до предлозите на градежниците во петицијата, според Марковски такви или слични барања можеле, како и кај архитектите, да бидат поднесени на изборната седница. „Вакви петиции во полузатскриена форма можат само да и наштетат на Комората“,
вели тој. Инаку, Марковски со задоволство констатира дека Комората во изминатиот период стоеше настрана од политиката и додава „не сум сигурен дека со ваквите постапки од одредени групации ќе биде постигнато спротивното“. Оттука и неговата надеж дека сите овие разлики во мислења ќе бидат успешно надминати и дека во наредниот период Комората со уште поголем успех ќе ги зачува интересите на еснафот. Конечно, Марковски смета дека „би било фер оние што „се залагаат“ за почитување на одредени норми и статутарни одредби самите да се држат до нив. На пример, плаќањето на членарината. Од големиот број членови помалку од половина ја имаат платено годишната членарина“. Комората во сегашниот состав работи шест години. Изборно собрание требаше да се одржи уште пред две години. А проблемите се напластуваат. И горните реакции покажуваат дека нешто чкрипи во работата на Комората. Тоа најдобро го знаат нејзините членови и посебно на Управниот одбор. А тие се најповиканите нив да ги решат. Се разбира, доколку не чекаат некој однадвор. Во таков случај решението воопшто нема да зависи од нив, а тие ќе треба да го спроведуваат. 16 декември 2011 ПОРТА
3
7
регион
Штипјани во април со нов плоштад Градежната механизација започна со обновата на плоштадот„Слобода“ кој е стар над четири децении
Г
Драган Ристов
радежната фирма „Бетон“ - Штип почна со реконструкцијата на градскиот плоштад „Слобода“. Градежната оператива прво почна со рушењето на старата фонтана која била поставена пред 40 години, а за само една недела, комплетно се демонтирани распаднатите и дотраени мермерни плочи. За штипјани, предизвикувачка глетка со оглед на долгогодишните желби градот да добие пристоен и нов плоштад. Александар Арсовски од одделението за Локален економски развој (ЛЕР) при општина Штип, одговорен за проектот изјави: „Плоштадот ќе биде поплочен со нови гранитни плочи, ќе има нова
10
ПОРТА
3
16 декември 2011
фонтана, која ќе биде поставена каде што сега е споменикот на Александар Македонски, а тој ќе се помести кај постојните трафики. На плоштадот ќе има клупи, нова водоводна и електрична инсталација“. Реконструкцијата на штипскиот плоштад ќе чини околу 310.000 евра и е дел од прокетот „Реконструкција
и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“, кој е финансиран од кредитот од Светска банка. Илија Бреслиски, директор на ГП „Бетон“, изјави дека ќе го испочитуваат рокот за реконструкција: „Нашата оператива сериозно се зафати со проектот и мислам дека во април ќе бидеме
сведоци на едно убаво нешто за Штип. На крајот на краиштата и јас живеам овде и имам голем интерес ова да го направам и за себе, а и за моите сограѓани“. Од технички аспект, плоштадот „Слобода“ зафаќа површина од 2200 квадратни метри, односно е со приближни димензии 39 метри во ширина и 54 метри во должина. Плоштадот се предвидува да се обработи со гранитни плочи како подна облога поради карактеристичноста на самиот материјал применлив за вакви простори. Постоечките мермерни плочи вградени на бетонска подлога со цементна заливка на плоштадот се во многу лоша состојба и функција, со што во прашање ја доведуваат и неговата намена и користење. Новопроектираното техничко решение за реконструкција опфаќа комплетна замена на: постојната инфраструктура, на постојната подна облога, дислокација на постојната фонтана, додавање на нови функционални целини, а на
регион
јужната страна се предвидува и мало проширување кон исток, каде што се планира преместување на постојниот споменик на Александар Македонски и има место за поставување на слични знаменитости. Новина е поставувањето на клупи за седење, односно организиран дел за мали трговски активности и дел од ниско
зеленило. Креативноста за новиот дизајн на плоштадот е ограничена, пред сè, и заради самата негова позиционираност. Тој се наоѓа помеѓу три згради, а отворен е единствено во делот кон коритото на река Отиња. Проектантот „Техноформа“ од Штип успеал да извлече максимум од ваквата
позиција на плоштадот и да вметне нови содржини кои ќе го променат ликот на центарот на Штип. Една од тие содржини се клупите и дрвјата што ќе бидат од двете страни. Висинските разлики помеѓу сите нивоа кои се денивелирани се решени со скали и пристапни рампи, односно целокупната кота на плоштадот е во една рамнина, само денивелацијата се јавува при приодните делови на јужната страна, од кејот. Одводнувањето на атмосферските води претставува проблем при интензивни врнежи од дожд и топење на снегот. Постојната електрична инсталација не ги задоволува денешните потреби и функции на плоштадот како место каде што се случуваат сите збиднувања во текот на целата година. Скромното електрично осветлување не ги задоволува нормите и стандардите на улично осветлување потребно за нормално одвивање на сите активности кои се случуваат на плоштадот.
Минималното осветлување е доволно само за краткотрајно задржување на граѓаните или брзо проаѓање низ него со што се губи неговата функционалност. Со овој проект се предвидува изработка на електрични инсталации за осветление, енергетика, автоматика и заштитно заземјување. Главната задача е да се изгради енергетска мрежа за напојување на новопредвидените канделабри, разводната табла за сценски настапи, декоративни подни светилки, халогени светилки за осветлување на споменикот и фонтаната, кои се приклучени на главната разводна табла ГРТ, изведена во модуларна изведба со степен на заштита IP65, поставена на страничниот ѕид на зградата на УЈП, на местото на постоечката (старата) РТ. Постоечката атмосферска и фекална канализациона мрежа ќе биде приспособена во новото техничко решение и таа ќе остане да функционира, а се предвидува замена на капаците на постоечките шахти кои треба да се демонтираат и заменат со нови метални капаци кои ќе се вклопат во новиот декор на платото на плоштадот. Постоечката фонтана на плоштадот со решетката за атмосферските води и шахтата за пумпата ќе бидат демонтирани бидејќи со новото техничко решение фонтаната се поставува на јужната страна од плоштадот. Следна фаза се самите изведбени работи. Овде е вклучено нанесување на нов тампон слој со набивање, изведба на нова инфраструктурна инсталација, изработка на нови носечки конструктивни елементи за новопредвидената фонтана и спомен обележја, дооформување на нивелетските нагиби, поврзување и тестирање на водоводните и електричните инсталации и слично. Со оглед на брзото одвивање на работите, до Нова година е предвидено да заврши отстранување на старите елементи, по што ќе се премине на инфраструктурата. Паралелно со овој проект, наскоро ќе се распише меѓународниот тендер и за изградбата на платформите и уредувањето на коритото на реката Отиња. Плоштадот е дел од овој проект со кој комплетно ќе му се даде нов дизајн на центарот на Штип. 16 декември 2011 ПОРТА
3
11
градежништво
Неопходност од зајакнување на основниот конструктивен систем Вероника ШЕНДОВА, Живко БОЖИНОВСКИ, Михаил ГАРЕВСКИ, Голубка НЕЧЕВСКА ЦВЕТАНОВСКА
В
о трудот се презентирани истражувањата за процена на стабилноста на постојната конструкција на објектот Собрание на Република Македонија, со цел дефинирање на можностите и условите за негово надградување. Врз основа на пропишаните барања во важечката техничка регулатива, извршените истраги и анализи во текот на реализацијата на проектот и севкупните сознанија за однесувањето на овој вид на објекти во сеизмички активни региони, дефинирана е неопходноста од зајакнување на основниот конструктивен систем. По укажаната потреба за зголемување на просторот за извршување на функциите на Собранието на Република Македонија, е изработен Идеен проект за доградба, надградба и адаптација на објектот од „Македонијапроект“ АД Скопје. Со оглед на тоа што се работи за објект од највисока категорија во однос на неговата функција, изграден пред 70 години и во неколку наврати доградуван, адаптиран и реконструиран, проценката на постојната стабилност на објектот на Собранието на Република Македонија претставува сложена, специфична и одговорна задача. При реализацијата на оваа задача се користени, пред сè, сите расположиви податоци (техничка документација, пишана и фото документација, искази на стручни лица) и се извршени неопходни истраги на постојната состојба на објектот со цел да се идентификува основниот носечки конструктивен систем. Врз основа на прелиминарни анализи и со примена на сознанијата за однесување на ваков вид објекти во сеизмички активни подрачја, а почитувајќи ги барањата дадени во
14
ПОРТА
3
16 декември 2011
Како што тоа се согледува низ постојната техничка, пишана и фото документација за состојбата на објектот на Собранието на Република Македонија, општ е впечатокот дека при неговата изведба, доградба, реконструкција и адаптација се користени сите сознанија за проектирање и примена на материјали во сообразност со тогаш важечката регулатива. По земјотресот е извршена санација, но не и конструктивно зајакнување на објектот. важечката техничка регулатива во земјата, како и позитивните европски стандарди, констатирани се можностите и условите за дополнителни оптоварувања на објектот кои произлегуваат од планираната доградба, надградба и адаптација.
Што вели иСторијата на објектот Оригиналниот објект на денешното Собрание на Република Македонија бил изграден во периодот 1936-1939 година, како масивна ѕидана конструкција во форма на нерпавилен
Слика 1. Авионска снимка на објектот на Собранието на РМ
петаголник со внатрешен двор, (сл.1) и со катност сутерен, приземје и два ката. Основниот носечки систем на објектот се состои од масивни ѕидови во двата ортогонални правца, внимателно распоредени, но со помала застапеност на носечките ѕидови во попречен правец. Ѕидовите во сутеренот (до ниво на терен) се бетонски со дебелина од 70 cm, а на приземјето и двата ката се од полна тула во варов малтер со димензии 51cm, 51cm и 38cm соодветно. Меѓукатните и кровната конструкција претставуваат монолитни армиранобетонски ситноребрасти таваници. Во сите поединечни ламели на објектот (северна, западна, источна, југозападна и југоисточна), постојат четири подолжни ѕидови со иста дебелина, додека носечките ѕидови во попречен правец се наоѓаат редовно на аглите на објектот, и повремено по
градежништво должината на ламелата. На сите агли на објектот димензијата на ѕидовите е зголемена, а во линија на едниот од внатрешните ѕидови во средината и на крајот на ламелите се јасно поставени столбови. Во продолжение на главниот влез, како составен дел на оригиналниот објект, е изградена Главната Сала (Сала 1) која претставува армирано-бетонска рамовска конструкција со исполна од полна тула. Во 1954 година е изведена првата доградба и адаптација на оригиналниот објект. Во продолжеток на Главна Сала е доградена Сала 2, како посебна армирано-бетонска конструкција. Во истиот период е извршена и адаптација на северозападниот и севеороисточниот агол на објектот. Со отстранување на делови од постојната ѕидарија и вметнување на нови армирано-
носечките ѕидови со смеси на база на цементен малтер и различна флуидност во зависност од ширината на пукнатините; инјкетирање на бетонските елементи; санирање на бетонските елемети со „препакт“ постапка на деловите што биле здробени; преѕидување на здробени делови на носечките ѕидови; рушење и повторно ѕидање на преградни ѕидови во продолжен малтер; појачување на преградните ѕидови со целосно фугирање со продолжен малтер; преднапрегање на неколку ѕидови од првиот кат; зацврстување на надѕидоците и санација на оштетените оџаци. Со оглед на извонредната можност за увид и пристап до основниот носечки систем, значајна констатација на изведувчот е дека се работи за „солидни масивни ѕидови од тула во комбинација со бетонски серклажи и столбови“.
недостаток на точни податоци, особено за армирано-бетонски елементи, дава приближна, но сепак доволно точна оцена на факторот на сигурност“. Резултатите од оваа статичка анализа покажуваат дека за вкупна сеизмичка сила, пресметана согласно тогашните прописи како 12% од вкупната тежина на објектот, глобалниот фактор на сигурност на целокупниот објект може да се процени на износ 2. Во периодот 1964 - 1965 година, согласно предмерот и пресметката изработена од ГП „Бетон“, продолжила санацијата на салите во објектот на Собранието со нивна адаптација. Не постои техничка документација во прилог на овој предмер и пресметка од која прецизно може да се утврди за кои позиции станува збор, но од делот за градежни работи очигледно е дека при
констатирано дека „глобалниот носечки систем на објектот како целина го сочинуваат бетонски ѕидови во сутерен и ѕидови од тула во приземјето и катовите зацврстени со вертикални и хоризонтални армиранобетонски серклажи, систем познат во литературата како врамена ѕидарија“. Покрај останатите анализи и согледувања, во оваа студија се сумирани резултатите од испитувањата на квалитетот на вградениот бетон. Испитување на квалитетот на тулите, малтерот и арматурата не е извршен. Во заклучните напомени изготвувачите на оваа студија, согледувајќи ја солидната изведба на оригиналниот објект и подоцнежните доградби и реконструкции, пристојниот квалитет на вградени материјали, солидно изведената санација на објектот, уважувајќи го зголемениот коефициент на стабилност, како и Слика 2. Истражни сонди на пиластри во ходник, (лево тула, десно АБ столб)
бетонски столбови, на дел од внатрешниот двор е изведена Свечената (Кристална) Сала, (сл.1). На местата каде се остранува постојната ѕидарија е извршено зајакнување со поставување на заместителни хоризонтални челични профили. За време на скопскиот земјотес во 1963 година, објектот на Собранието претрпел значајни оштетувања. Комплетни информации за обемот и интензитетот на оштетувањата како и детален опис на применетиот начин на санација е даден во документацијата на ГП „Конструктор“ од Марибор. Иако се наоѓал во зоната со најголеми оштетувања и комплетни рушења на објекти за време на земјотресот, објектот на Собранието имал голем број конструктивни оштетувања и тоа најмногу во приземјето, неговата стабилност била нарушена, но оштетувањата биле проценети како поправливи. Санацијата на објектот предвидувала: инјектирање на
Паралелно со реализацијата на санацијата на објектот, се вршени експериментални лабораториски испитувања во ЗРМК, Љубљана, на ѕидни елементи кои имале за цел да ја верифицираат избраната постапка и да дадат елементи за анализа на постингатиот ефект на санацијата. Врз основа на овие резултати, со кои е покажано дека главно се зголемува носивоста на смолкнување во попречните пресеци на ѕидовите, (од =0.7kg/cm2 до максимум =1.4kg/cm2), како и врз основа на податоците од терен, во извештајот е констатирано дека објектот со реализираниот начин на санација не само што се повратил во првобитна состојба туку е и со зголемена носивост и отпорност на гравитациони и сеизмички влијанија. Како доказ прикажана е апроксимативна пресметка на стабилноста на објектот за сеизмички влијанија, која и покрај „комплексноста на зградата и
санацијата на салите е предвидено и зајакнување со нови армиранобетонски хоризонтални и вертикални елементи. Од усмени извори (не постои документација) добиени се сознанија дека на делот од внатрешниот двор помеѓу источната ламела и салите 1 и 2, во текот на 1967 година се доградени салите 3 и 4, (сл.1), како посебни армирано-бетонски конструкции кои се потпираат на видливи армирано-бетонски столбови од сутерен до ниво на први кат. За време на реконструкцијата на сутеренските простории во североисточниот агол на објектот во 1996 година, кога се имало пристап до повеќе елементи од основниот носечки систем, е изработена Студија за техничките услови за надградба на кат над објектот од страна на АД „Македонијапроект“, Скопје. Во делот од студијата што го третира конструктивниот аспект, е
оценката дека подоцнежните реконструкции и адапатации не ја нарушиле стабилноста, упатуваат на можност и изводливост на надградба на кат над оригиналниот дел од објектот. Притоа се упатува на разгледување на повеќе варијантни решенија кои се изводливи и лесни без присуство на големи корисни товари, и истото го условуваат со детално снимање на геометријата и дополнително испитување на квалитетот на вградените материјали. Врз основа на заклучоците од оваа студија е изготвен Идеен проект за доградба, надградба и адаптација на Собранието на РМ од страна на АД „Македонијапроект“, Скопје, со кој се предвидува доградба и надградба на Сала 2, надградба над петоаголниот габарит, Кристална Сала, Сала 3 и над холот помеѓу Салите 3 и 4. Во проектот најголем дел од оваа надградба се планира да се потпира на постојните конструктивни елементи. 16 декември 2011 ПОРТА
3
15
градежништво
Слика 3. Местоположба на идентификувани АБ вертикални серклажи во југозападна ламела
Технички мерења и иСТраги Поагајќи од суштинската разлика помеѓу „обичната“ и „врамената“ ѕидарија во однесувањето при земјотресни дејства, па оттука и ограниченоста на дозволената катност во сеизмички активни подрачја од една страна, и деталниот преглед на доставената техничка документација од друга страна, основна цел на извршените технички мерења и истраги е да се идентификува основниот конструктивен систем на петаголниот габарит, оценет како најкритичен за планираната надградба. Конкретно, тоа значи пронаоѓање и идентификување на споменатите армирано-бетонски вертикални серклажи кои би го сместиле носечкиот систем на постојниот објект во „врамена ѕидарија“. Поради големината на објектот е одлучено истрагите да се вршат само на приземјето и само на југозападната ламела која е репрезентативна за најголем дел од објектот. Имајќи ја предвид секојдневната функција на објектот и неможноста да се дојде до носечките елементи без деструкција на ентериерот, е одлучено најголем број на информации да се добијат со примена на современа опрема за недеструктивни тестирања (Proceq Profometer 5), а потоа индикациите да се потврдат со минмален број истражни сонди кои подразбираат отворање шлицови до носечките 16
ПОРТА
3
16 декември 2011
елменти. (сл.2) За избраната ламела е извршено комплетно снимање по целата должина, со цел добивање на што поголем број информации. Врз основа на констатциите од овие истраги и од последователните истражни сонди е утврдена местоположбата на постојните АБ вертикални елементи во мерената југозападна ламела (сл.3).
конСТаТации за поСТојнаТа СоСТојба на објекТоТ И покрај присуството на вертикални армирано-бетонски елементи, кои се во поголем обем застапени кај главниот влез (северна ламела) и во главната сала, носечкиот систем на петаголниот габарит спаѓа во категоријата „обична ѕидарија“, затоа што обемот, местоположбата и квалитетот на вграден матријал (бетон и арматура) на АБ вертикалните елементи не може да ги задоволи условите пропишани за носечки систем од „врамена ѕидарија“,(член 97-102, ПИОВС 81). Оваа категоризација на ѕиданите објекти е усвоена многу подоцна во споредба со периодот на градење на објектот. Но кога се проценува неговата постојна стабилност заради надградба, неопходно е да се дефинира носечкиот систем согласно оваа категоризација, поради тоа што сите барања и ограничувања во важечката регулатива кај нас, како и во еврокодовите е директно поврзна со
основниот конструктивен систем. При сите подоцнежни доградби, реконструкции и адаптации (Свечена сала, сали 2, 3 и 4) се користени армирано-бетонски конструктивни системи. Сепак, треба со сигурност да се утврди дали сите овие објекти претставуваат посебни конструктивни целини одделени од постојната со фуги, или делови од нив се потпираат на постојната оригнална ѕидарија, особено поради фактот што претставуваат различни конструктивни системи со различно однесување при сеизмички дејства. Како што тоа се согледува низ постојната техничка, пишана и фото документација за состојбата на објектот на Собранието на Република Макеоднија, општ е впечатокот дека при неговата изведба, доградба, реконструкција и адаптација се користени сите сознанија за проектирање и примена на материјали во сообразност со тогаш важечката регулатива. По земјотресот е извршена санација, но не и конструктивно зајакнување на објектот. Објектот е солидно и постојано одржуван, адаптиран и реновиран. Во извештајот на ЗРМК, Љубљана, е констатирано дека објектот со реализираниот начин на санација е со зголемена отпорност на гравитациони и сеизмички влијанија. Оваа констатација е докажана преку апроксимативна статичка пресметка при што за глобалниот фактор на сигурност на објектот е добиена вредност 2. Меѓутоа, на вредноста на
факторот на сигурност директно влијае износот на вкупната сеизмичка сила во основата на објектот. Вкупната сеизмичка сила при пресметките во 1963 година е земена како 12% од вкупната тежина на објектот, односно вкупниот сеизмички коефициент изнесувал 0,12, што било во согласност со законската регулатива во тоа време. Кога денес би ја спровеле истата логика, за вкупниот сеизмички коефициент би добиле вредност 0,30 (член 23, ПИОВС 81), односно за глобалниот коефициент на сигурност вредност помала од единица. Оттука произлегува дека постојниот објект на Собранието на Република Македонија е со ограничен капацитетет на носивост и непознат капацитет на деформабилност, параметри заначајни за процена на постојната стабилност.
можноСТи и уСлови за надградба на објекТоТ Од статичка гледна точка, секој објект може да се надгради, но дали ќе треба и во колкава мера да се зајакне постојната конструкција, зависи најповеќе од основниот носечки систем, конфигурација и карактеристики на носечките елементи и квалитетот на вградените материјали, како и од избраното конструктивно решение за надградбата. Во согласност со Законот за градба, при реконструкција, а особено при надградба на постојни
градежништво објекти, неоходно е првенствено да се докаже отпорноста на постојниот објект за гравитациони и сеизмички влијанија. Со оглед на тоа, прв услов за надградба на објектот на Собранието е анализа на стабилноста и доказ за отпорноста на постојната конструкција. Во поглед на можноста за надградба во зависност од носечкиот систем на објектот, важечкиот Правилник за изградба на објекти во сеизмички активни подрачја го дефинира дозволениот број на катови во зависност од степенот на сеизмички интензитет. Така за IX степен на сеизмичност не се дозволени објекти од „обична ѕидарија“, додека за објекти од „врамена ѕидарија“ е дозволена катност П+2, (член 111, ПИОВС 81). Со оглед на тоа, втор услов за надградба над петаголниот габарит, е доследно конструктивно зајакнување на постојната
конструкција од ниво на темел. Со оглед на функцијата што објектот на Собранието отсекогаш ја имал, тој претставува објект од прва категорија (член 4, 7 ПИОВС 81), за кој е потребно коефициентот на сеизмичкиот интензитет да се дефинира со посебни истражувања. Со вака дефинираниот сеизмички влез, како трет услов, потребно е да се изврши динамичка анализа со вклучена надградба и да се дефинира динамичкиот одговор, што е особено важно имајќи предвид дека станува збор за делови со мешовити конструктивни системи, градени во различни временски периоди. По сето ова може да се заклучи следново: Објектот на Собранието на Република Македонија постои веќе 70 години. После змејотресот во 1963 година објектот бил саниран, но не и конструктивно зајакнат. Во периодот на неговото
постоење објектот доживеал многу измени, доградби и адаптации и притоа сериозни интервенции во носечката конструкција. При која било идна интервенција на овој објект, нивото на прифатлив сеизмички ризик, односно нивото на проектирана сеизмичка заштита треба да се дефинира од страна на корисниците во функција од планираниот период на експлоатација. Од аспект само на задоволување на законската регулатива пред сè, како што е претходно образложено, за да се надгради петаголниот габарит на објектот е неопходно да се изврши конструктивно зајакнување на постојната конструкција. Во рамките на проектот за доградба, надградба и адаптација на Собранието на РМ, во склад со техничките нормативи за изградба на објекти, како и заради доследност во третманот на објект
неопходно е да се извршат: - геотехнички истраги со дефинирање на сеизмички параметри, - евалуација на сеизмичка отпорност на постојната конструкција за дефинираните сеизмички параметри и - да се дефинира техничко решение за конструктивно зајканување. n проф. д-р вероника Шендова Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р живко божиновски Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р михаил гаревски Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р голубкaнечевска цветановска Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
градежништво
нова трева и атлетСка патека на арената „Филип втори“
Македонија ќе има стадион по светски терк Спортскиот стадион ќе се разликува од одреден број стадиони од другите држави по тоа што ќе биде еден од ретките во кој ќе има бушење на самите бусени и поставување на свилени конци, а истовремено тревниот терен ќе биде загреван, вели Цветко Грозданов
П
Весна Костовска
о изградбата на трибините и зголемувањето на капацитетот на некогашниот Градски стадион, минатиот месец започна реализацијата на втората фаза од проектот за докомплетирање и осовременување на Националната арена „Филип II Македонски“. Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, под чија капа е арената „Филип Втори“, ги почна работите за поставување нова трева и модерен систем за
одржување на фудбалскиот терен, како и целосна реконструкција на атлетските патеки, во согласност со прописите на спортските федерации. Со оваа реконструкција теренот ќе има добра изолација и дренажа, а под новата трева ќе се постават грејачи кои при ниски температури ќе овозможат брзо одмрзнување на теренот. Директорот на Акционерското друштво Цветко Грозданов, за „Порта3“ даде одговор на неколку прашања кои се однесуваат на техничките карактеристики, безбедноста и инволвираните страни во градењето на македонскиот спортски храм.
Тој истакна дека овој зафат предвидува целосно нов фудбалски терен, целосно нова атлетска патека и ново борилиште. „Тоа значи дека тревниот терен ќе биде целосно отстранет, ќе се извршат ископи до длабочина од 95 см и ќе се постави глина во која ќе бидат поставени перфорирани цевки со кои ќе се врши дренажа. Над самите цевки ќе се постават два слоја тампон со различна гранулација, а над овие слоеви ќе се постави мешавина од песок 70% и земја 30%, во која ќе биде поставен грејниот систем за загревање на тревата. Над него ќе биде поставен бусен „проткаен“ со свилени конци. Што се однесува до атлетската
патека, наместо досегашните шест ќе бидат поставени осум атлетски патеки. Патеките ќе бидат од леан тартан и ќе бидат поставени атлетските борилишта, согласно правилникот на Светската атлетска федерација. На овој терен ќе можат да се одвиваат врвни меѓународни натпревари“, рече Грозданов. Со оваа реконструкција и претходните градежни зафати, арената „Филип Втори“ ќе застане рамо до рамо со светските спортски храмови. На нашето прашање кои се специфичните карактеристики по што ќе се разликува арената од останатите стадиони, Грозданов објасни дека спортскиот стадион ќе се разликува од одреден број
градежништво стадиони од другите држави по тоа што ќе биде еден од ретките во кој ќе има бушење на самите бусени и поставување на свилени конци, а истовремено тревниот терен ќе биде загреван. Во проектот за реализација на втората фаза од реконструирањето на спортскиот терен како изведувач се јавува ДГ Бетон АД Скопје, а исто така во изградбата на овој проект се консултирани странски компании и експерти од областа на градењето на стадиони. „Автори на проектот се целокупниот тим архитекти вработени во Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката во Секторот за градба и уредување на градежно земјиште, заедно со архитектите од проектантското биро на АД „Македонијапроект“ и во консултација со други одредени изведувачи кои изведуваат познати спортски терени во Хрватска,
Србија, Словенија, Велика Британија и Грција“, информира Грозданов. Со оглед на тоа што станува збор за стар објект, на прашањето дали се направени потребните сеизмички испитувања и колку публиката може да се чувствува безбедно на трибините на овој објект, Грозданов укажа дека стадионот е безбеден. „Што се однесува до безбедноста
на објектот, бидејќи станува збор за реконструкција на стар објект, во соработка со Градежниот факултет од Скопје беа поставувани одредени инструменти со кои беше вршено испитување на самиот објект во различни услови и мерењата покажаа безбедност на високо ниво во објектот. Националната арена „Филип Втори“ е градена по сите
светски стандарди што значи дека публиката е безбедна. Се надевам дека во догледно време со обезбедување на финансиска конструкција трајно ќе бидат поставени вакви инструменти кои во секој момент би ни укажале доколку има некои девијантни појави на кој било дел од арената“, изјави тој. Вкупната инвестиција во втората фаза на проектот се проценува на 3,5 милиони евра. Директорот на акционерското друштво најави дека на крајот од 2012 или најдоцна на почетокот од 2013 година е планирано да стартува и третата фаза на проектот, односно фасадното обликување на арената, за што ќе бидат потрошени околу осум милиони евра. Грозданов ни посочи дека третата фаза на реконструкцијата предвидува фасадно обликување со кое ќе се добие вистински грандиозен лик како што доликува на еден ваков објект, кој е национално благо на државата.
дневник
20
3
ПОРТА
16 декември 2011
дневник
3
16 декември 2011 ПОРТА
репортажа
ВиНСКиТЕ ОБЛАСТи НА иТАЛијА
Неодолива чаша Франческо Читро, дипл.град. инж (Италија)
вино
С
тари и силни раце, избрчкани од жешкото летно сонце. Крвта не тече во овие раце, туку супстанцијата што опива со векови - виното. Виното силно тече низ „Чизмата“, другото име под кое многумина ја нарекуваат Италија од ладните Алпи до топлата Сицилија. Големиот број на лозови насади ја исполнуваат со бои секоја област, одбележувајќи ја истовремено нејзината култура. Културата на виното, цврсто поврзана со територијата на која е домаќин, ја означува трансформацијата на географските места, давајќи на секое место свој идентитет. Опиени од неговите мириси, се придружуваме на авантура испреплетена од емоции и магични архитектонски појави.
стаклената површина која дава удобност и засолниште на ентериерите, но сè уште нè остава слободни и ни дозволува да се вратиме и да го прочитаме хоризонтот. Транспарентноста ја задоволува љубопитноста, но исто така е симбол на таа чистота која ја наоѓаме во лозовите насади, во подрумите, во стаклото.
ОБЛАСТ ЛАНГЕ Така, доаѓаме до областа Ланге, што се наоѓа на северозападниот дел на Италија. Тука виното Бароло со интензивна арома е шира. Во подрумот фармерите го складираат свежо собраното и созреано грозје. Овде се случува уникатен феномен: грозјето што се претвора во вино, создава звуци на „хорска песна“ и ферментира. Од овие отвори се појавува скапоцен камен - тоа е подземната визба „Часкина Аделаиде“. Секој елемент е инспириран од имитирањето на природата: покривот е целосно покриен со трева, а геометријата 22
ПОРТА
3
16 декември 2011
ТОСКАНА
Најновата визба „Колемасари“ претставува ремек-дело на биоинженерингот
на структурата потсетува на дрвја и лозја. Глетката е пред нас. Ние сме гледачи од надвор, но во исто
време учествуваме во здивот што доаѓа од животот, од неговото срце преку транспарентноста на
Понатаму одиме во живиот регион на Тоскана. Среќниот начин на живеење кај локалното население е одразено во карактеристиките на познатото вино Чианти. Тука не е само познатата и историска визба „Петра“, дизајнирана од архитектот Марио Бота, која го збогатува пејзажот. Тука, исто така, се наоѓа и најновата визба „Колемасари“ за која сите се сложни дека претставува ремек-
репортажа
Секој елемент на подземната визба „Часкина Аделаиде“ е инспириран од имитирањето на природата: покривот е целосно покриен со трева, а геометријата на структурата потсетува на дрвја и лозја
дело на биоинженерингот. Визбата е сместена како дрвена кутија помеѓу ниските планини во тосканскиот пејзаж, и изгледа како простор ископан во рид од кој се појавува еден бел елемент. Во кафезот од тенки и лесни бетонски столбови и греди, кои се комплементарен дел од ридот што љубоморно ги чува своите производи, се вршат културни активности поврзани со виното како знаењата за дегустација на вино, проучувањата на неговите научни аспекти или само уживање во дружељубиви вечери.
Биоклиматските карактеристики се решенијата што го предводеа овој проект. Температурата и вентилацијата во дрвената градба се регулира со ѕидни завеси. Природното дрво ја филтрира директната светлина од ниското зрачење на сонцето. На овој начин, визбата „Колемасари“ се доближува до еден модерен пристап кој гарантира природно производство и складирање на вино. Одејќи кон југ сонцето станува пожешко, а тоа резултира со побогати и вкусни вина. Длабоко во Кампанија сè уште постои моќта на култот кон богот Дионис од Магна Грециа. Украсната градба на грчкиот бог се доживува како мистично воздигнување и екстаза. На земјата како сè уште да се познаваат чекорите од танцувањето на грчката химна во чест на богот Дионис. Бачантите, таканаречените Дионисови ученици, уживаа во друга димензија, пиејќи го локалното вино Таураси. Визбата „Мастроберардино“ е повеќе од винарија, тоа е музеј. Столетната визба, благодарение на уметничките дела на Рафаеле де Роса, Микози и Доина Мариа Ботез, привлекува посетители од целиот свет. Обмислувањето е главна карактеристика на работната околина. „Скапоценоста“ мирува и го калеми својот карактер сè додека не дојде времето да се соочи со надворешниот свет, со богатсво на акумулирани чувства за време на долгиот развоен период. Овие скапоцености ќе донесат порака, античка и моќна порака, која избегнува компромиси и површност: пораката на виното, крвта на земјата, карактеристика на територијата. Кампанија феликс, таканаречена од Римјаните, ни дава уште едно ремек-дело со винаријата „Феуди ди Сан Грегорио“. Ова е место за средби и знаења, ова е еволуција, ова е лабораторија на идеи и култура. Суштината е во тоа да се зачува традицијата во производство на висококвалитетните вина како Аглианико, Фиано ди Авелино и Греко ди Туфо. Инвеститорите сакаат преку традиционалното 16 декември 2011 ПОРТА
3
23
репортажа
Визбата „Мастроберардино “ е повеќе од винарија, тоа е музеј. Столетната визба, благодарение на уметничките дела на Рафаеле де Роса и Доина Мариа Ботез, привлекуваат посетители од целиот свет.
производство на вино да се врати некогашниот успех. Винаријата е архитектонска скапоценост потпишана од јапонскиот архитект Хикару Мори и Италијанецот Маурицио Зито, кои дизајнирале простор како голема и елегантна современа катедрала, делумно закопана со цел подобро да се интегрира со околниот пејзаж. Собата за дегустација е стаклена кутија сместена во центарот од каде може да се видат наредените буриња. Во воздухот на оваа просторија како сè уште да се слушаат звуците на познатиот композитор од 16 век,
Карло Гесуалдо. Посетата е навистина возбудливо искуство кое продолжува во цветната градина и градината на покривот од билки, изградена во визбата каде можете да доживеете екстаза од вино во придружба на јога часови на отворено. За помалку од две децении винаријата „Феуди ди Сан Грегорио“, сместена на југот од Италија во регионот Кампанија, се позиционираше на врвот со успешна и радикална ревитализација во оваа историска винска област. Оваа винарија се смета за една од најнапредните и
иновативни имоти во Италија, каде виното се прави од древните сорти на грозје. Прекрасна стара визба, гурмански ресторан, соба за дегустација, продавница за вино, градини, па дури и надворешен амфитеатар се предвидува да ја направат „Феуди ди Сан Грегорио“ водечка дестинација за патување на голем број посетители, кои почнуваат да го откриваат овој прекрасен и фасцинантен регион на Италија. Секој внатрешен ентериер е осмислен од страна на меѓународно почитуваниот тим на Масимо и Лејла Виганели и
имплементиран од најдобрите занаетчии. Модуларна и линеарна во дизајнот, ефектот е стилски и бескрајно функционален. Но, за жал, на италијанската територија се имаат случено многу непријатности, очигледни деструктивни ефекти. Оваа земја ќе доживее лошо искуство во однос на зачувувањето на традицијата, и по мое мислење, штетата е предизвикана од слабите вински претприемачи, кои ги копираат победничките вински модели како што се Чианти и Бордуах, кои отидоа подалеку од регионалните
Познатата визба „Петра“, дизајнирана од архитектот Марио Бота
24
ПОРТА
3
16 декември 2011
репортажа
граници. Овие менаџери едноставно репродуцираа реплики на стилски и маркетинг решенија, а тоа се случи и во нивната архитектонска работа. Повеќе од јасно е дека е полесно да се потпрат на „формат“, на веќе познати работи, на еден вид „франшизна“ област, која за секој нов предмет на производството одредува пакет на промотивни активности. Тие заборавија дека секое делче во Италија има свои особености кои треба да се слушаат. За секое парче во областа е дадена моќна вредност низ времето. Ние сме резултат на историските настани
кои се случиле низ вековите, од кои секој оставил траги зад себе, видливи или скриени докази кои се изразени преку културата, обичаите и историјата. Така е и за виното и лозјето, оваа врска е толку тесна, што тие се ограничени во дефинирани области (како што се направени и административните граници). Балконое е пример, на кој размислувам често пати. Јас верувам дека временската прогноза влијае на социолошките и психолошките аспекти. Тоа е причината поради која во Медитеранскиот регион сакаш да живееш на отворено, и имаш тенденција да бидеш посоцијален и пријателски расположен. Ова е исто така причината поради која луѓето се „озборувачи“ - тие сакаат да набљудуваат што другите прават. Токму во погледот лежи едноставниот дизајн на балконот, кој може да биде одвишен на северот, но е од „витално значење“, на југот. Доколку ова се „избрише“, тоа би значело повредување на локалните жители. Една мала критика за оние што ќе се одлучат за овие архитектонски решенија бидејќи тие не се почитуваат, никогаш не ги движат очите нагоре и не ги читаат лицата на луѓето за да ги разберат што сакаат. Архитектурата е направена од можноста да се слуша. Истото важи и за виното. Тоа е длабоко вкоренето во почвата, која е поврзана со климата и навиките на луѓето за одржувањето во живот. Презентираните проекти, за жал, се дел од ретките примери на можностите на архитектите, кои сепак треба да ги земат предвид реалните услови, како што се производството и маркетингот на производот што би можеле да бидат клучното решение за овој проблем. Во некои случаи, тие беа во можност да ја разберат повторната употреба на антички рурални комплекси, додека во други случаи, дури и предлагаат нови и модерни згради. Тие знаат што бараат, природата и свесноста, кој е балансот помеѓу традицијата и напредокот.
Винаријата „Феуди ди Сан Грегорио“ е архитектонска скапоценост потпишана од јапонскиот архитект Хикару Мори и Италијанецот Маурицио Зито, кои дизајнирале простор како голема и елегантна современа катедрала, делумно закопана со цел подобро да се интегрира со околниот пејзаж.
16 декември 2011 ПОРТА
3
25
архитектура и филм
КИНЕМАТОГРАФСКИ СЛИКИ И АРХИТЕКТУРА Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх.
„Во почетоците на нашата работа, почнавме да разговараме за филмовите, за сликите во филмовите - имено, дојдовме до сознание дека поголемиот дел од нашето искуство, или недостаток на традиција е преземено од искуството на градот и местото како што е претставено во филмот. Нашите модели, особено оние што ги правиме за видеозапис, стануваат архитектонски слики кои се дел од искуството на набљудувачот. (...) Токму филмот, еден од најзначајните феномени на популарната култура, ја промени перцепцијата на архитектурата.“ Жак Херцог („Разговори со Жак Херцог“, Теодора Вишер, 1988
А
рхитектурата е согледувана како дел од секвенци од настани, како динамичен процес. Мобилноста, како кинематографска форма, е основата на овие пристапи во архитектурата. Со промената на релацијата помеѓу просторната перцепција и движењето, панорамската уметност, ‘подвижната’ архитекура и филмот остварија движечка слика која е обединување во мапата на модерното. Тие претставуваат совршен пример за опиплива форма на просторот – практика на „транспорт“, која пренесува однос помеѓу движење и емоција. Оттука, визуелната култура има важна улога во кореографијата на „доживуавање на просторот“ – мобилизација која го оформи модерното осознавање на градот. За да се потенцира генеалошката панорама на
урбаната култура, градот треба да се постави во поширок контекст во историјата на движечките слики. Нашето поимање на околината го преземаме како од реалниот свет така и од подвижните слики на платно или телевизија. Режисерите и филмските теоретичари, особено по дваесеттите години од минатиот век, ја вклучуваат улогата на архитектурата и градот во филмот како дел од mise-en-scene и создавањето на просторност и длабочина на дводимензионалното платно. Од друга страна, влијанието на филмот врз архитектурата се појавува во архитектонската теорија во осумдесеттите години. Меѓу првите, Бернард Чуми, под влијание на филмската теорија (како архитектонските експерименти во монтажните техники на Сергеј Ајзенштајн), ги објавува своите сознанија во теоретскиот манифест „Manhattan Transcript“.
2046, Вон Кар Ваи, 2004 Термални бањи во Валс, Питер Зумтор, 1996 26
ПОРТА
3
16 декември 2011
архитектура и филм РАМКА и ФОРМАТ „Рамка подразбира две нешта – приспособен, цврст или ограничувачки оквир и врамената материја – испитувачка, искривена и изместена.“ БеРНАРд ЧуМи („Тематски студии за архитектура – Секвенци“,1983) Враменото, во филмската секвенца, станува кинематографска илузија на перспектива, од една страна, и очигледните просторни односи во рамки на сликата, од друга страна. Сликата во голема мера влијае на филмскиот простор и неговата длабочина, бидејќи големината, уредувањето и структуирањето на формите се прикажани во меѓусебен сооднос и во релација со димензијата на форматот. Различни режисери експериментираат со влијанието на формата врз сликата; ова не е дефинирање на вистинскиот детаљ на сликата, туку во исто време може да ја означи внатрешната состојба на протагонистите. Со стеснување на полето во сцените на филмот „2046“ , режисерот Вон Кар Ваи преку создавање на клаустофобичен ефект во сцените, демонстрира колку од просторот преостанува за внатрешните превирања на неговите актери, а чувството на
осаменост ќе го засили со прикривање на лицата на соговорниците. Кај архитектурата, местоположбата може да биде статична – кога врамениот поглед на просторот станува слика или преку движење гледачот така добива можност за субјективно искуство на секоја секвенца. Кинематографски ефект на врамување употребуваат Анет Гигон и Мајк Гејер за музејот Линер во Швајцарија. Прозорскиот отвор, кој вооквирува изложбен простор во музејот, го нагласува сценирањето на гледачот како дел од изложбата или фокусот на гледачот кон стаклениот ѕид, со ефект на просторот како во кино. Сличен резултат постигна Питер Зумтор во проектот за термалните бањи во Валс. Во собите за релаксација секоја столица е позиционирана пред еден прозорец. Чувството за тоа да се биде дел од околината што се набљудува, е создавање на илузија, како во филмот така и овде – со цел да се биде вовлечен во неа. Во случајот на Ле Корбизје линерните прозорски отвори можат да се идентификуваат со форматот на филмското платно. ефектот на перспективата на филмската камера во објектите на овој архитект не се постигнати со статичен поглед, туку со
Холандска амбасада во Берлин, Рем Кулхас, 2004
перцепција на просторот во движење. Во таа смисла, низата од хоризонтални оквири е аналогија на серија филмски кадри, со континуирано движење низ променадна архитектура. На сличен начин, Рем Колхас го применува овој принцип на Холандската Амбасада во Берлин. Континуитетот на движење од првиот до десетиот кат на објектот, се оцртува на фасадната обвивка и овозможува лебдечка, перспективна перцепција во движење.
ПРОСТОРЕН КОНТиНУиТЕТ/ ДиСКОНТиНУиТЕТ „Одбивам објектите да бидат неподвижни. Нашето задоволство доаѓа од движењето низ него, за да направиме објектот да се движи за возврат, додека уживаме во сите комбинации на неговите делови. Како што варираат, колоните се вртат, длобочините се повлекуваат, галериите лизгаат: илјада визии бегаат.“ ПОЛ ВАЛеРи („Вовед во методот на Леонардо да Винчи“, 1895) Монтажата, како дизајнирана кинематографска патека која креира визуелни премини и дејствија, е организирачка сила на приказната што ја истакнува во себе наративната
линеарност на филмот. Таа овозможува поврзување на различните места и времиња во единствено движење и целосност на кинематографскиот простор. Реконструиран физички континуитет на реалниот свет во филмот му ја претставува на гледачот илузијата на реалност. искреноста и објективната репрезентација на реалноста води кон транспарентност на филмот, а ненаметливата класична монтажа го пренасочува вниманието на гледачот кон филмската приказна. Кадрирањето може да креира и различни просторни перспективи на истиот настан, што ги руши принципите на континуитет. Во случајот на францускиот режисер Ален Ресне, е да се прикажат различни заднини во различни кадри, но во иста движечка сцена. Релокацијата така создава просторна и привремена манипулација на просторот. Покомплексни примери на овие алтернативи се „decoupage classique“ на францускиот режисер Жан-Лик Годар (класична конструкција како синтеза на монтажа и mise-en-scene) и филмовите на Нувел Ваг, за кои е значајна монтажата по логиката на размислување, а не по логика на време и простор. Создавајќи невообичаени асоцијации, тие ја прекинуваат илузијата за реалноста.
Pierrot le fou, Жан-Лик Годар, 1965
„Не постои архитектура без акција, нема архитектура без настани, нема архитектура без програма. да појаснам - архитектурата не постои без насилство.“ БерНард Чуми („Насилство во архитектура“,архиформ, 1981) 16 декември 2011 ПОРТА
3
27
архитектура и филм
Дијаграм на секвенци за филмот Алекдандар Невски, Сергеј Ајзенштајн
Тој пристап кон филмот, не како референца на која било слика, туку како нивно подредување, ја разделува самата претстава од објектот што таа го претставува. Адекватен пример би биле и експериментите во интелектуалната монтажа на Сергеј Ајзенштајн и неговиот концепт за внатрешен говор и вербални слики, кои се блиски до внатрешните монолози на Џејмс Џојс, архи-писмото на Жак дерида и несвесното кај Сигмунд Фројд и Жак Лакан. Типично за овие независни и авангардни филмски автори е двојното кодирање или двојната артикулација на филмската слика или раскинување со идеологијата на реализмот и репрезентацијата. Со објективна презентација на настаните се разоткрива и субјективниот начин на кој тие настани минуваат низ свеста на ликот, што во филмот, според Ајзенштајн, може да оди уште подалеку од внатрешниот говор на „улис“ на Џејмс Џојс. Сергеј Ајзенштајн работи со јак симболизам, кој е препознаен, осознаен и интерпретиран од страна на гледачот. Во својата теорија на дијалектичката мисла, Ајзенштајн верува дека фотографска слика не му служи на филмот. Според него, е потребно да се уништи реализмот на филмот за истиот да се доближи до реалноста. Во односот на архитектурата и филмот, Ајзенштајн го привлекла анализата на Огист Шоиси за Акропол. Со консекутивните перспективи, слично како комбинирање на кинематографски слики, со секоја секвенца извира нова импресија. Според него, „Акрополис е совршен пример на еден од најстарите филмови, 28
ПОРТА
3
16 декември 2011
постапно компониран слика по слика.“ Неговата импресионираност со анализата на Шоиси, ја споделува и Ле Корбизје преку практикување на оваа кинематографска перцепција на архитектурата. „Во мојата работа јас размислувам како што Ајзенштајн размислува за филмот, особено во случајот каде движењето и перцепцијата се рефлектираат, откриваат и дејствуваат.“ - вели Ле Корбизје. Континуираното движење низ рампата во вила „Савој“ на Ле Корбизје, ја разоткрива како внатрешната поврзаност на просториите на објектот, така и континуитетот на внатрешниот и надворешниот простор. Хомоген, нелимитиран допир на внатрешен и надворешен простор е видлив во една од првите континуирани секвенци во филмската историја – финалето на филмот „Професија: Репортер“ на режисерот Микеланџело Антониони. Камерата следи внатрешност на соба, полека излегува низ решетките на прозорецот, со неприметен преод од внатре кон надвор, и со вртење околу надворешниот плоштад сега сме свртени кон собата, но овој пат од надворешна страна. Она што е значајно за овие кадри, вон техниката на снимање го постига самата снимка, на начинот на кој се елиптично поврзани сите елементи на нарација. Преку употреба на филмска методологија, особено на дијалектичката монтажа на Ајзенштајн, Бернард Чуми поставува нови архитектонски концепти. Во својата книга „Manhattan Transcripts“, тој разгледува четири независни параметри
Професија-Репортер, Микеланџело Антониони, 1975
и преку нивно поинакво преклопување и интеракција ги преточува во движење и динамично поимање на архитектурата. Тој воведува серија на прекини, кои тој ќе ги нарече дисконтинуитети, помеѓу движење и простор, човек и објект. Според архитектот, програмот, просторната перцепција, движењето и случувањата се вклучени во архитектурата симболично, па дури и формално. Во архитектурата на паркот тој прави спој на различни автономни системи. За разлика од вообичаената методологија, во која дизајнот е резултат на различни трансформации, Чуми го поставува дизајнот како почетна точка, за потоа, преку серија на трансформации, да ја конструира реалноста. Со проектот за паркот Ла Вилет во Париз, тој докажува дека архитектурата може да се поима вон традиционалните правила на хиерархија, композиција и ред. Концептот на Ла Вилет е остварен преку аналогија на филмска монтажа – спој на индивидуални елементи, чија фрагментарна независност дозволува голем број комбинации. Оттука, просторната и програмска трансформација на кинематографијата,
ќе резултира со кинематографска променада. „Секој гледач го доживува проектот преку сопствена интерпретација (согласно психоаналитички, социолошки или други методологии) и како и во филмот, во неговата архитектура не постои апсолутна вистина, бидејќи секое значење е во функција на индивидуалното.“ – појаснува Чуми. Структурите на паркот немаат поединечна референца или асоцијација, со што овозможуваат сензорен и субјективен диверзитет.
НАРАТиВНА ДРАМАТУРГијА „Не постои архитектура без акција, нема архитектура без настани, нема архитектура без програма. Да појаснам – архитектурата не постои без насилство.“ БеРНАРд ЧуМи („Насилство во архитектура“, Архиформ, 1981) Зборот насилство, според Чуми, е директна метафора за движењето на телото низ просторот. Со негово физичко присуство, со директна врска со она што го допира или му се
архитектура и филм
Вила Савој, Ле Корбизје, 1928-1931
Парк Ла Вилет, Бернард Чуми, 1982-1998
заканува, просторот станува доживеано искуство. Филмот ја раскажува приказната во дефинирана временска рамка, каде секвенците се непроменливи и логички лимитирани. Драматургијата во архитектурата, од друга страна, е динамична. Нејзиниот набљудувач слободно се движи низ просторот, на начин на кој архитектот ги има монтирано неговите поглавја. Патувањето низ физичкиот простор станува серија на дискурзивни секвенци на дејствија. На тој начин, архитектонскиот простор е драматуршки структуиран и се базира на визуелната нарација на неговата ментална мапа. И како што во филмот и во литературата, нарацијата треба да се раздвои на надворешна и на внатрешна перспектива, така и во читањето на архитектурата постои двојна визија – онаа на самиот простор и онаа на учеството, во која просторот директно се доживува. Според Волтер Бенјамин, објектите се согледуваат на двоен начин – преку употреба и преку перцепција или поточно – тактилно и визуелно. Оттука, интеракцијата меѓу филмот и архитектурата лежи во раскинување на границите помеѓу дигиталниот и материјалниот свет и нивната специфична перцепција.
ПРОСТОРЕН НАСТАН „Објект во кој ништо не е дизјнирано во секвентни серии е депресивна архитектура“ РуДОлФ АРНхАјм („Динамика на архитектонската форма“, 1977) мотивационите нишки за дизајн на објектот за уметничкиот центар „ле Фресно“ на Чуми не се очекуваните процеси или употребливоста на објектот, туку местата што лежат помеѓу. Проектот соединува различни елементи – училиште, лабораторија и старата зграда на „ле Фресно“, со цел да предизвика случајни настани и просторна различност. Пред гледачот се отвораат приказни, во кои преку неговите искуства и мемории, симултано открива нови. хетерогеноста во дефинирањето на архитектурата – простор, дејствие и движење – создава настан, место на шок или место на откривање на самите себе. И како што кинематографските структури на Чуми поставуваат нова перцепција во архитектурата, филмовите на Антониони или Годар истражуваат и се дизајнирани на повеќе наративни нивоа, за да му овозможат на гледачот емотивна интерпретација и рефлексија. Киното – номадска архива на слики – стана дом на ’движечко’ истражување. место за обожување на местото. Оваа
движечка географија е производ на умот. Културното ткаење е на многу начини трага на меморијата, вниманието, имагинацијата, и влијанието на тие жители-патници кои го пропатувале во различни времиња. Тоа е интертекстуален премин кој ги носи сопствените интерпретации во своето ткаење на екраните што се преклопуваат. Опипливиот отисок останува на овој движечки пејзаж; во неговите преклопувања, пукнатини, нивоа - ги држи остатоците на она што е проектирано во секој премин, вклучувајќи ги и емоциите. Во историјата на мобилниот простор, човекот е во потрага по одреден контекст, може да отиде таму, имагинативно, па дури и филмски, за да биде трогнат, надополнет или држан. Во филмското патување ние сме вовлечени во тек на емоции и искуство. Затоа филмот и градот се поврзани во колективен план на сеќавања. Во оваа размена помеѓу архитектонскиот ѕид и филмското платно, се бараат места на меморија. Оваа архитектура дише во овој премин и нивоа на материјално доживеан простор во движење. Оваа архитектура е абсорбирачки екран. Тоа е екран на движечки слики. Атмосфера на расположенија. Атлас на емоции. Вистинско кино. n
16 декември 2011 ПОРТА
3
29
aрхитектура
УРБАНи ПЕјЗАЖи
БЕЛГРАД - Билбордград
С
м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх.
екое место има некоја репутација. Таа може да биде позитивна, негативна или како во повеќето случаи комплексна. Врз репутацијата на некое место влијаат многу фактори кои не мора да имаат директна врска со архитектурата на градот, како што се социјалните, политичките или хигиенските услови. За разлика од репутацијата, првата импресија за накој град има врска со изгледот на самиот град, архитектурата, зградите, улиците, парковите и со сите останати елемнти кои го формираат
тој град. Српскиот архитект Милутин Борисављевиќ (1889-1969) во својата книга „Златни пресек и други есеји“ вели: „... Се чини дека сите досегашни естетичари ја негираа можноста за постоење на научна естетика, тврдејќи дека естетското чувство е чисто индивидуално и укажуваа дека de gustibus non est disputandum (за вкусовите и боите не се дискутира). Таквото мислење е погрешно. Луѓето, секако, не се идентични, но не се ни различни: тие се, значи, слични. На основа на таа сличност, тие го создаваат човечкиот вид. Според тоа, научната естетика е воз-
За вкусовите не се дискутира? Белград е град кој е рушен 40 пати, град со кој владееле многу народи, град кој го променил потполно својот лик повеќепати досега. денес, Белград е двамилионски град кој има слични проблеми како и повеќето градови со слична големина. Белград се менува секој ден – билборди и реклами се новите елементи на градскиот пејзаж кои стануваат сè понападни, менувајќи го полека, но значително неговиот изглед.
30
ПОРТА
3
16 декември 2011
aрхитектура
можна. Таа сигурно нема да биде за поединечен вкус, туку наука за општиот вкус условена со статистика ...“ Бидејќи луѓето се слични, тие со векови ги прераскажувале убавините на градовите што ги посетувале, се раскажувало за светлата на Париз, каналите на Венеција, уметничкиот дух на Фиренца и импресиите за многу други градови. Колку е архитектурата битна за изгледот на градот се гледа и од желбата некои градови да бидат драматично реконструирани. Со планот на барон Осман од средината на 19 век, Париз потполно го променил тогашниот изглед во модерен град со широки булевари, италијанските архитекти работеле проекти за новата престолнина на Русија – Санкт Петерсбург, Хитлер сакал потполно да го промени изгледот на Берлин. А денес, градовите во Азија во потполност го менуваат својот изглед, како од урбанистички причини така и од желбата на арапските шеици да го импресионираат светот со новата слика на своите градови. Според некои податоци, Белград е
рушен околу четириесет пати. денешниот изглед на градот речиси и нема допирни точки со цртежите на Белград од периодот на 16 и 17 век, на кои се гледа дека Белград имал долен и горен град опкружен со ѕидишта што се наоѓале покрај бреговите на дунав и на Сава, со типична средновековна организација на просторот – неправилни тесни улици, збиени згради, високи кули на црквите и плоштади на кои се одвивал јавниот живот на градот. Белградската тврдина сè уште постои со видливи остатоци од градот што некогаш се наоѓал во рамки на нејзините ѕидишта. После три века турско владеење Белград е ослободен, и во 1841 година станува престолнина на Кнежевство Србија кога почнува и неговиот развој. Белград е граден според правилен план со прави и широки улици и булевари кои формираат правоаголни блокови со правилни парцели. Во тоа време, Белград доживува една од најзначајните промени во својата историја, ја добива управната зграда на Србија, која во 1882 година станува кралство. Се гради
железничка станица, железнички мост на Сава, водовод, воведено е електрично осветлување и тргнал првиот трамвај. Значаен настан за архитектурата во Белград индиректно била и Октомвриската револуција во Русија, кога голем број архитекти доаѓале во Кралството СХС. Благодарејќи на образованието што го имале, руските архитекти добивале работи на изградба на монументални градби за потребите на дворот и државата. Некои од делата што и денес имаат голема улога во изгледот на Белград се зградата на Владата на Србија, Министерството за надворешни работи, ентериерот на Народна Скупштина (Градско собрание), Стари двор, Хотел Москва, Хотел Балкан ... Во овој период Белград се развива како и другите европски градови. Покрај монументалните згради со неокласичен стил, тој добива и многу дела кои припаѓаат на рационалниот правец во архитектурата кој е присутен во европа во тој период. После Втората светска војна, Белград забрзано се шири и се развива. Освен обновата на срушените делови на стар Белград, се гради и Нов Белград, се исполнува празниот простор на рамнината помеѓу Белград и Земун. друмскиот сообраќај добива сè поголемо значење, така што улиците добиваат нов изглед приспособен на новите транспортни средства – автомобили, автобуси и тролејбуси. Така, Белград станува еден голем мозаик во кој на едно место можат да се видат остатоци од средновековна тврдина, монументални градби од некогашното кралство, сецесија во архитектурата, предвоен рационализам и интернационален стил на повоената архитектура, турска калдрма и модерни сообраќајници. Сите тие елементи ја создаваат сликата на градот, кои доминираат во помала или поголема мера во зависност кој ги посматра тие елементи. Со почетокот на распаѓањето на бивша југославија, Белград доживува голем естетски пад. Како многу значајни елементи на градскиот пејзаж се појавуваат продажни киосци и многу изразени нелегални доградби на зградите. Покрај затворањето на терасите и доградби на цел кат на зградите, познати се и многу екстремни примери. Така, на белградската Карабурма инвеститорот на зграда од два ката доградил 16 декември 2011 ПОРТА
3
31
aрхитектура
уште плус четири. Нормално, постоечката конструкција на зградата тоа тешко би го издржала, па однадвор се додадени бетонски столбови кои треба да го издржат товарот. друг одличен пример на дивоградба беше изградба на куќа со кос кров на кровот на станбена зграда од шест ката. Не постои дел од Белград кој нема пример на дивоградба. Белград доби и таканаречена најголема дива населба на Балканот – населбата Калуџерица што во потполност е изградена без градежна дозвола. Последните десетина години обемот на дивоградби е намален, најпознатата куќа на зграда е срушена, но Белград во тој период добива нова „естетска чума“. Тоа се рекламните билборди. Почна со сомостојни билборди (печурки) кои стојат на празен простор. Покрај периферните делови од градот каде што инаку и стојат билборди, во Белград билбордите имаат значајно место и во самиот центар на градот. Освен класичните билборди, белградските бандери покрај сообраќајниците имаат и рекламни паноа. Автобуските стојалишта исто така имаат рекламни билборди, а се забележува и голем број на помали билборди кои изгледаат како надворешно авто32
ПОРТА
3
16 декември 2011
Белград нема јасно дефинирана регулатива каде и како можат да стојат билборди буско стојалиште. За да бидат работите уште полоши, голем број автобуси на јавниот градски превоз во потполност се средени и изгледаат како една голема подвижна реклама бидејќи нивните стаклата се прекриени. инвентивноста во рекламирањето се гледа и во тоа што на многу згради се наоѓаат огромни перфорирани рекламни паноа врз дел од фасади каде има прозорци. Ако притоа се додадат и елементи кои се присутни и во другите градови, како што е поставување на светлечки реклами на крововите од зградите, може да се дојде до заклучок дека белграѓани се опкружени со реклами. Без разлика во кој дел од градот се наоѓаат, некои од овие елементи ќе бидат присутни, а на накои места сите тие елементи можат да се најдат наеднаш. Голем број слики, реклами за банки, мобилни оператори, минерални води, продавници за техника, супермаркети, кафе и други работи секојдневно се при-
сутни. Билбордите станаа составен елемент на сликата за Белград, и скоро веќе никој не ги приметува како нешто туѓо, нешто што не се вклопува или ја нарушува сликата за градот. јавното рекламирање постои во многу градови низ светот. Некои од локациите се и светски познати по тоа, како плоштадот Piccadilly Circus во Лондон или Times Square во Њујорк, каде што се наоѓаат голем број реклами или дигитални билборди на самите згради. Впечатокот е дека Белград нема јасно дефинирана регулатива каде и како можат да стојат билборди. Така, може да се случи неколку билборди да стојат во ред еднододруго, или да го нарушат сообраќајот бидејќи ги затскриваат семафорите, а често го одвлекуваат вниманието на учесниците во сообраќајот. Покрај естетскиот мозаик на улиците, различните елементи на градскиот пејзаж како и архитектурата од различни стилови, кои впрочем и придонесуваат за неговата автен-
тичност и го креираат неговиот идентитет, Белград има несреќа што му се наметнати голем број рекламни елементи кои агресивно доминираат со улиците. Сето тоа придонесува кон уште поголема конфузија и обезвреднување на убавините што Белград ги поседува, а кои фигуративно се наоѓаат под рекламните паноа и зад рекламните билборди. Фигуративно речено, белграѓани на сето ова гледаат низ ситни дупчиња на рекламите што ги прекриваат градските автобуси, а она што пропуштаат да го видат додека се возат со градскиот превоз секогаш можат да го видат на автобуските стојалишта и на бандерите покрај сообраќајниците. да не биде премногу старомодно, во последните неколку месеци се поставени неколку дигитални билборди низ Белград. Некому и тоа му е малку. Наскоро Србија ја очекуваат избори, така што градските улици ќе бидат полни со пароли и насмеани лица на политичари. Од тие пароли и лица, белграѓани нема да можат да си го видат градот, онака како што сакаа оние луѓе кои ги поставиле темелите на модерниот Белград пред повеќе од сто и педесет години. n
репортажа
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија
ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др
3
16 декември 2011 ПОРТА
33
репортажа
34
3
ПОРТА
16 декември 2011
архитектура инфо репортажа
3
18декември ноември 2011 16 2011 ПОРТА ПОРТА
35 35
35
старо скопје
маџир маало
Мирисот на пожолтените дуњи
П
Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.
онекогаш, одвреме навреме, кога ќе ме обземе носталгија, ќе прошетам низ старите скопски маала, или низ она што денес е останато од нив! И секогаш, кога и да поминам, повторно го чувствувам оној далечен здив од моето детство. Ме обзема како мирисот на пожолтените дуњи наредени одозгора на старите шифоњери во некогашните спални соби. Ги нема шифоњерите, а и дрвја со дуњи сè помалку има по дворовите. Но, сеќавањата се тука. И што и да ви раскажува некој за старите скопски маала, или пак да напише, зборовите уште утре можат да го сменат својот ред и своето значење, но сликата за нив секогаш ќе остане во паметење. Едно од старите, ако не и најстаро скопско маало е Маџир маало. Се наоѓа од десната страна на реката Вардар, во самиот центар на градот, а чиниш дека е многу далеку од него. Овде како сè да застанало во оние „стари добри времиња“. Ноемвриски работен ден е, сè уште топол и сончев! Од некоја куќа се
36
слуша радио со звуци на одамна заборавена македонска песна од седумдесеттите. Некој оддалеку некого довикува. Ветерот го носи мирисот на Вардар, онака заматен и измешан како и самиот Вардар, со мирисот на ручек кој некаде во некоја куќа се приготвува, низ старите калдрмисани улички. Некоја жена пере во дворот. Зад оградата, на една жица затегната меѓу куќите, на ветерот си играат чорапите и чаршафите, гаќите и кошулите, си играат испрани во бистрите води од маалската чешма. Играат на ветерот, размавтани на скопското ноемвриско сонце кое се обидува да ги исуши. Така растреперени на ветерот ме потсетуваат на избледени бајраци, кои даваат знаци дека во маалото сè уште се живее, дека сè уште има живот. Покрај една од куќите, едно старо дрво ги испружило своите потемнети гранки како да се испружени раце на некој стар просјак. Една мачка се качи на неговите гранки и прескокна некаде во дворот. Во првиот самрак чавките гракајќи ќе слетаат на него, и ќе не потсетат дека доаѓа зимата.
маџири Маџир маало. Хрониките за Скопје велат дека во 1873 година, кога била изградена железничката линија Солун – Митровица, почнал да се населува и овој дел од десната страна на реката Вардар. Маџир маало или Мухџир маало било изградено од муслимански доселеници наречени Маџири. Се доселувале од Босна, но и од други краишта на тогашна Турција, а после Првата светска војна, со
повлекувањето на Турците се доселиле Македонци. Доселениците ја оформиле новата улица наречена Бошњачки сокак. Во маалото имало џамија, наречена Мухаџир џамија, подигната од Турци бегалци од Ниш, барем така се зборува. Се сеќавам на една џамија, која е срушена по земјотресот, но не се сеќавам како се викаше. Во маалото имало неколку јавни чешми, а во повеќето дворови во куќите постоеле бунари.
Паметам по нешто од старото Маџир маало, од времето на моето детство, од она пред земјотресот, но денес многу нешта се изменети. Ги нема или се останати многу малку од некогашните жители на ова маало, барем оние што јас ги паметам, или пак можеби сум ги заборавил? Променети се старите куќи, капии и дворови, старомаалските чешми ги нема. Куќите пропаѓаат или се напуштени, куќи во кои некогаш се живеело, се правеле свадби, се
раѓале деца, умирале луѓе! Во својот од низ времето и просторот секој дел од градот ги менува условите на живеење, луѓето си одат и доаѓаат. Времето открива и заборава, населува или напушта некои делови од градот. Ја раскажува и Маџир маало, како неодминлив дел од Скопје, својата приказна, додавајќи ги зборовите и мислите на луѓето што живеат тука, или што се отселиле. Приказните се составен дел од животот, било да се
вистинити или измислени! Ги меша преданијата со докажани и познати работи, со непознати и измислени, ги раскажува своите приказни. Тие приказни ни помагаат подобро да ги запознаеме сопствените корени. И Маџир маало има свои легенди и преданија, свои приказни како се градело и кој живеел тука, весели и тажни приказни. Ако многу од приказните и не се точни и вистинити, барем секогаш се интересни.
37
архитектура Детал дрвна конструкција
Градежен материјал на иднината Во некои држави како што се Данска и Финска, законските регулативи дозволуваат станбени згради изградени од материјали од дрво со висина до четири ката, додека во Швајцарија тој лимит изнесува шест ката. Во Англија пак, највисоката станбена зграда од дрво изнесува седум ката. Александар Черепналковски, дипл.инж. по дрвна индустрија
Ш
умарството и дрвната индустрија можат многу да и помогнат на Европската Унија да ги достигне целите на договорот од Кјото за заштита на животната средина и намалување на емисијата на јаглероден диоксид. Не само со зголемувањето на шумските капацитети, туку и со употреба на градежен материјал, кој за време на целиот свој животен циклус впива јаглероден диоксид од атмосферата. Постојат три основни критериуми, кои треба да се запазат при изборoт на градежен материјал во однос на загадување на човековата околина. Тоа се: енергијата употребена за производство на материјалот, способноста на материјалот да зачува енергија во периодот на неговата употреба и рециклирањето и финалниот одпад кој ќе се добие од тој материјал по неговата употреба. Ова е комплексен процес на којшто владите од Европската Унија сè повеќе обрнуваат внимание,
38
ПОРТА
3
16 декември 2011
и со нови регулативи се поттикнува развојот и употребата на еколошки материјали во архитектурата и градежништвото. Со овие регулативи се овозможува во процесот на проектирање да се утврди влијанието на одреден материјал врз животната средина при употребата и рециклирањето, и да се спореди со трошоците за градба и одржувaње во периодот на употреба.
проценка на циклусоТ на упоТреба Со помош на оваа проценка може да се пресмета влијанието на компонентите употребени во градбата, во животната средина. Проценката станува се поважна со самото тоа што сè повеќе се бара од проектантите, како задолжителен дел при проектирање на објектот и изборот на материјали од кои тој ќе биде изграден, да се земе предвид од каде доаѓа материјалот, како се употребува, сè до финалното рециклирање или фрлање како отпад.
Метропол Парасол, Севилја, Шпанија изграден 2011, архитект J. Mayer
ТриТе основни криТериуми за проценка на циклусоТ на упоТреба можаТ да се поделаТ на следниов начин: Продукциска фаза
фаза на уПотреба
екстракција
Потрошувачка на енергија рециклирање
крајна фаза
Продукција
термални својства
обновување
трансПорт до градилиште
одржување
отПад
архитектура
Овој пристап не може секогаш да се употреби во споредба на материјали кои доаѓаат од различни земји, бидејќи многу од земјите имаат различни клими, извори на енергија, различни проектантски обичаи и регулативи, инфраструктура, политички влијанија и методи на градба. Сите овие фактори ќе имаат
влијание врз проценката на циклусот на употреба на материјалот. Продукциска фаза – енергијата потрошена за екстракција, продукција и транспорт на материјалот Енергијата употребена за екстракција и продукција на материјалот се вика
енергeтски учинок. Во генерална смисла, што повисок енергетскиот учинок, тоа повеќе емисија на јаглероден диоксид во атмосферата при добивање на материјалот. Во споредба со други материјали како што се челик, бетон, алуминиум и пластични маси кои имаат многу висок енергетски учинок, дрвото има многу понизок, а во
зависност од степенот на обработка на дрвото може да има и негативен енергетски учинок благодарение на впивањето на CO2 од атмосферата за време на неговото растење. Кај материјалите како што се челик и алуминиум, дури и во нивната фаза на рециклирање има потреба од големи количини на енергија. 16 декември 2011 ПОРТА
3
39
архитектура Фаза на употреба Европските влади сè повеќе донесуваат легислативи за подобрување на термалната ефикасност и намалување на енергијата за време на употреба на зградата. Ова се одразува највеќе на фасадната ефикасност на објектот и се пристапува исто кон сите видови на материјали. Но сепак, природните термални својства на дрвото ја прават зградата поисплатлива при градење на енергетски ефикасни градби отколку бетонски блокови, тула или друг вид на материјал. Покрај тоа, трослојни прозорци можат поедноставно да се произведат од дрво, а пак подовите од дрво овозможуваат подобра топлинска изолација од бетонски. Ова е особено практикувано во ладни клими, каде со интелегентно проектирање и употреба на изолационен материјал се постигнуваат пријатни услови за живеење и на надворешна температура под нулата. Крајна фаза Дрвото и дрвните материјали имаат единствена крајна фаза. Покрај рециклирањето во нуспроизводи како пилевина, или дрвни честички за плочи, многу други производи можат да се добијат од рециклирано дрво. Исто така, дрвото може да се искористи и како замена за фосилните горива за добивање на енергија, притоа испуштајќи ја количината на CO2 во атмосферата што првично ја отстранува. Вкупна цена на објектот од производство до рециклирање Во процесот на развој сè повеќе ќе се бара баланс помеѓу влијанието на животната средина и финансиската исплатливост. Овој принцип е често употребуван и овозможува споредување на трошоците на проект, кој треба да биде направен со временскиот период на користење, земајќи ги предвид сите релевантни економски фактори на иницијалниот влог и трошоците за одржување. Заедно со проценката на циклусот на употреба, овие два принципи можат да дадат темелна економска анализа и анализа на влијанието врз животната средина, и да овозможат поедноставување на одлуките што треба да се донесат за отпочнување на процесот. Она што може да изгледа како поприфатлива цена на првичната инвестиција во процесот на проектирање, може трошоците за одржување и на крај за рециклирање да бидат значително повисоки. 40
ПОРТА
3
16 декември 2011
Инфобар, Еспо, финска
Капела св. Хенри Турку, Финска
Еколошки комплекс на куќи
Објект на хармонија, Забранетиот Град, Кина изграден 1695
архитектура
' ! ! ' ( " ) ! ' ( " # ) ! ' # &
" ' ! & # " # # " ($ # ' ' ! ' I " ' ' & " # " '
$ $ " % " #
Детал од Сенатот во Кардиф, Велс
) 2
0
2
4
6
tCO2/m3 !
!
CO2
!
0
100
Колку CO2 може да се спречи користејќи дрво? Енергијата што се користи при градење на објект, вклучувајќи производство на материјалот, транспортот и подигнување на објектот, е значително помала кај објектите изградени од дрвени материјали отколку останатите алтернативни материјали. Од следниот графикон може најсликовито да се види колку тони CO2 се испушта во атмосферата при производство на следните материјали: Шуми во светот Шумите во светот покриваат приближно 40 милиони км2, или кажано во проценти околу 30% од копнената површина на Земјата. Опаѓањето на шумите е пред сè заради непрописната сеча во тропските дождовни шуми. Шумите во светот се распространети нееднакво. Десетте држави со најголеми шуми содржат 2/3 од целокупниот шумски капацитет во
200
300
400
светот. Засади две до три дрјва годишно и биди CO2 неутрален! Во просек еден Европеец е одговорен за испуштање на 12 тони CO2 во атмосферата на годишно ниво. Додека едно созреано дрво, подготвено за сеча може да апсорбира приближно 5 тона CO2. Со засадување на две до три дрвја годишно, просечниот Европеец ќе живее CO2 неутрален живот доколку, се разбира, се дозволи дрвјата да пораснат до нивниот полн капацитет. За жал, во шумите новите насади некогаш се сечат и се употребуваат за добивање на хартија, композитни материјали и друго. 1м3 дрво отстранува два тона CO2 од атмосферата Кога дрвото се употребува наместо челик или бетон, има две големи еколошки придобивки. 1. Приближно еден тон CO2 се
апсорбира во еден метар кубен дрво за време на неговото растење. 2. Во просек еден тон CO2 помалку се испушта во атмосферата за производство на еден метар кубен материјал од дрво во споредба со материјали како челик или бетон. Ова значи дека два тона CO2 помалку се испуштаат во атмосферата со изборот на дрвото како материјал во индустрии како што е на пример градежништвото. Понатаму, уште една, трета голема придобивка е тоа што на крај од употребата на дрвото, тоа може да се искористи за добивање на топлинска енергија, заменувајќи ги проблематичните фосилни горива и природен гас. Многу држави во Европа веќе поставија обврзувачки закони да го намалат испуштањето на CO2 според Протоколот од Кјото, а тоа важи и за изборот на материјалите за градба. Во многу случаи, ова придонело за поголема употреба на дрвото како материјал за градење, во замена за челик и бетон. Во некои држави како што се Данска и Финска, законските регулативи дозволуваат станбени згради изградени од материјали од дрво со висина до четири ката, додека во Швајцарија тој лимит изнесува шест ката. Во Англија пак, највисоката станбена зграда од дрво изнесува седум ката. n 16 декември 2011 ПОРТА
3
41
ентериер
Омилена комбинација во последно време текст: доц. д-р Елена НИКОЉСКИ ПАНЕВСКИ дипл.инж.арх. фото:Владимир СЕКУЛОВСКИ
Ванила и какаО
М
ногумина од нас се вљубуваат на прв поглед во оваа комбинација. Има многу причини зошто е тоа така, а некои од нив се потребата за едноставност, или пак страв од експериментирањето со бои. Која и да е, причината зошто нашиот денешен објект е во доминација на завршниците на крем и какао ефектот, со мирна заднина од бели ѕидови, е затоа што таа му обезбедува на објектот ексклузивност, современост, елеганција и малку строгост во доминација на чистите линии во просторот. Кога на убавата завршница и квалитетниот материјал ќе му ги претпоставите параметрите на современиот дизајн, како добра пропорција и размер, тогаш резултатот е одличен.
42
ПОРТА
3
16 декември 2011
Секогаш потенцираме дека е најдобро доколку се тргне од добрата организација на просторот, односно од проектот, па потоа, второстепено да размислуваме за декорација на истиот. Во случајот со овој стан, добриот проект овозможил целиот простор на дневната со кујната функционално да се вклопат: значи кујната, трпезаријата и аголот за конверзација. Дневната е опремена со аголна гарнитура во светло крем јука, како и останатиот мебел во овој простор. Кујната е само еден сегмент од дневната зона, сместена во ниша со сопствен прозорец токму во висина на работната плоча. Технички, комплетно опремена да исполни барања на едно мало домаќинство, функционално и софистицирано дизајнирана. Таа е
реализирана со потполно пополнување на едниот ѕид од просторот во форма на плитко „П“. Во оваа кујна нема воопшто високи елементите, бидејќи и фрижидерот е низок. Тие започнуваат со елементот за работа, па тој за готвење и за миење, за на крајот блокот да заврши со фрижидерот. Во насока на висока функционалност, просторот е опремен со плакари-ѕидови (прегради), каде што едниот плакар е со стандардна длабина од 60см, а другиот со 45см. Избран да бидат изведени во комбинација на ефекти крем и кафено. Ефектите се нанесени врз фајн лајн фурнирите за да се потенцира нивниот модерен дизајн. Изборот на влезот во просторот да поставите ор-
и
- извонредниот избор на в
- застаклени врати во
мани со отклопни врати и во завршница која се стопува со ѕидовите е добар, бидејќи истиот оптички се проширува. Животот во просторите со отворен план каде што има минимум прегради помеѓу зоните како тука, драматично ја зголемува перцепцијата на ентериерот. При ваквата постапка важно е да не се занемари приватноста и конзистентноста на другата зона во станот, а тоа е ноќната. Нашите животи не мируваат. Работните обврски, семејните услови и начинот на кој го користиме сопственото слободно време, можат значително да се менуваат од година в година. На пример, бебе во семејството гарантирано ќе ги нокаутира повеќето домаќинства. Со или без деца, потребата за
поседување повеќе простор се зголемува, а вкусовите се редефинираат. Опкружувањето кое еднаш ни прилегало, може многу бргу да не ги исполнува нашите нови потреби и желби. Луѓето велат ,,најдобро е да се преселиш во нов стан". Меѓутоа, не е ниту практично, ниту возможно да се преселите во нов стан, секогаш кога вашиот ќе заглави во исполнување на новите потреби. Во секој случај, многу е веројатно и новиот стан да не ни одговара сосема. Ова е моментот кога ви е потребна стручна помош. Случајот на нашиот денешен стан говори токму за една извонредна соработка помеѓу проектот и реализаторите на ентериерот, што е единствената причина заради која крајниот резултат е позитивен. ПОРТА 16 декември 2011
3
43
наука
миХаил Токарев: 100 Години модерна арХиТекТура (123)
иТалиЈа (12)
Ренцо Пијано со помош на своите соработници победува на големи меѓународни конкурси за исклучително значајни објекти. По изградбата на големиот трговски центар Берси 2 во Париз (-1990), тој го подига огромниот Интернационален аеродромски терминал Кансаи во Осака (19881994). Упорното експериментирање со нови форми и конструкции, тој го доведува до совршенство кај овој објект. Врз вештачки создадениот остров, извитканата силуета на објектот се простира во должина од 2 km. И покрај огромните димензии, со помош на моќната конструкција на хај-тех архитектурата, внат-
Книга 2: Достигнувањата на оДДелните зеМји – резимирани извадоци
решноста на овој објект е исполнета со светлина. Меѓународната слава на Р. Пијано се потврдува и во обновата на Берлин, каде што го изработува регулациониот план за Потсдамер плац (1992-1997), кој опфаќа капитални објекти кои ги проектираат светски значајни архитекти. За истиот плоштад тој прави проекти за неколку објекти (1998), а во претходната година веќе го има подигнато седиштето на фирмата Дебис (19941997), кое иако има лесна структура, во извесна мера се наметнува над околината. Со една необична концепција Р.
Р. Пијано. Интернационални от аеродромски терминал Кансаи, Осака. Изглед и внатрешност
Пијано победува и на конкурсот за Културниот центар Џибау во Нумеа, Нова Каледонија (1991-1998), кој е сместен во борова шума покрај брегот на Тихиот Океан. Од густата шума изникнува една серија бараки во вид на пресечени бочви, што Р. Пијано. Седиштето на компанијата Дебис, Берлин
Р. Пијано. Културниот центар Џибау, Нумеа, Нова Каледонија
А. Наталини. Банката во Алѕате, Бријанца 44
ПОРТА
3
16 декември 2011
претставува стилизирана интерпретација на традиционалната домашна селска населба. Со таквата структура е овозможена поефикасна климатска контрола во однос на сонцето и ветерот што доаѓа од океанот. На прагот на новиот милениум, од ателјето на Р. Пијано произлегуваат уште многу значајни проекти, како што се: реконструкцијата на седиштето на УНЕСКО во Париз (1994), административниот облакодер со станбени објекти во Сиднеј (1996), адаптацијата и доградбата на Уметничкиот музеј во Харвард, Кембриџ, Масачусетс (1957), Музејот на Паул Кле во Берн, Швајцарија (1999) и други. адолфо наталини покажува свој начин за поврзување со класичната традиција, употребувајќи строги форми и колосален растер на банката во Алѕате, Бријанца (1985). Целата армирано-бетонска конструкција на овој објект е обложена со гранитни плочи во две нијанси, кои прават хоризонтали на фасадите. Таквите експерименти тој ги спроведува во рамките на групата Суперстудио (1966-), чии членови стануваат професори на Универзитетот во Фиренца.
рубрика
Б
3
16 декември 2011 ПОРТА
45
рубрика
Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница
29ти Ноември бр.60
www.porta3.com.mk
е-маил: office@tondach.com.mk
Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk
ДООЕЛ ТАТЈАНА
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
liting@t-home.mk
070 387 535 070 385 585
Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk
HY PERDESMO®
ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА
Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com
канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги
„ГВ“ ДООЕЛ
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти
ќ“ лам.2, 1/1-2 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје
15 , 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф 46
3
ПОРТА
16 декември 2011
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
спортски храмови
3
16 декември 2011 ПОРТА
47
технологии
Компаниите што ги знаевме како производители на бела техника (фрижидери, машини за перење и слично), денес меѓу другото се и производители на компјутери и телефони, додека пак оние што беа поим за производство на компјутери, денес произведуваат сè и сешто. Во тој дух, во 2012 година големите ИТ компании најавија влез во телевизијата преку пуштање во продажба на GoogleTV, односно AppleTV
ИТ предвидувања за 2012
Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.
Д
али некогаш сте се запрашале зошто користиме глувче (mouse), тастатура... ? Зошто не би можело да биде поинаку? Зошто не можеме да цртаме со молив и линијар врз екранот? Зошто да не му зборуваме на компјутерот? Можно ли е тоа? Какви се плановите на ИТ производителите? Кои се предвидувањата? За предвидувања не секогаш ни се потребни видовити луѓе. Некогаш е доволно да се следат трендовите и врз основа на случки од минатото, може да се предвиди
48
ПОРТА
3
16 декември 2011
траекторијата во иднината. Некогаш е уште полесно: единствено е потребно да се биде доволно информиран. Во светот на ИТ индустријата ништо не останува скриено. Информациите на овој или оној начин протекуваат, иако нивната веродостојност секогаш треба да се зема со доза на претпазливост. Сепак, за моја среќа и да згрешам, никој нема да настрада. Убавината кај предвидувањата или пак ревизијата на случките, е во тоа што тие ни овозможуваат барем за миг да ги согледаме причинско-последичните врски на настаните и да разбереме како тие ни го обликуваат животот. Некогаш се случува нешто уште позначајно, откриваме
(предвидуваме) како настаните ќе ни го променат животот. Во ИТ светот, 2012 година се очекува да биде прилично интересна, а истото важи и за Македонија. Така, до година се очекува сервисот за електронско плаќање PayPal да стане достапен и во земјава. Имено, поради евидентирани злоупотреби со кредитни картички во Македонија, PayPal одбива да го направи нивниот сервис достапен и за нас, иако тој е веќе достапен за голем број земји за кои не би сте го очекувале тоа. Иако летово беше лиферувана информација дека влезот на PayPal е веќе завршена работа, сепак тоа не се случи. Зошто е битен PayPal? PayPal е
систем за електронско плаќање кој се смета за исклучително сигурен и е општо прифатен. Без него Македонците се отсечени од електронската трговија која е во исклучително брз пораст во светот. Практично, без овој сервис нашата електронската трговија, внатрешна и надворешна, е осудена на стагнација. Токму електронската трговија во светот во 2012 година се очекува да направи вистински бум. Ефектите веќе се чувствуваат: трговските објекти чувствуваат притисок, цените паѓаат, клиентите се намалуваат и на крај пропаѓаат многу бизниси. Но, електронската трговија цути: цените се атрактивни бидејќи трошоците се минимални, производите се
технологии достапни 24/7, лесна е споредбата со цени во други е-продавници итн. Впрочем, видете го темпото со кое се отвораат електронски продавници во светот. Тој тренд неминово ќе ја зафати и Македонија, иако во 2012 година се очекува благ пораст на електронската трговија во Македонија, поттикната со проектот на Владата на РМ за финансирање на 50+50 електронски продавници.
НОВИТЕТИ Во 2012 година го очекуваме Windows 8, оперативниот систем кој ќе мора да биде навистина совршен за да го надмине одличниот прием на неговиот претходник Windows 7 кај корисниците. Секогаш кога Microsoft објавува нова верзија на својот оперативен систем, настанот е проследен со огромен интерес. Колку само за споредба, Windows XP излезе во 2001 година, Windows Vista во 2007 година, додека Windows 7 во 2009 година. Иако нема некоја изгледна шема по која Microsoft ги издава новите верзии, распонот од 2-3 години е доволен да создаде доволно голем интерес за она што е ново. Што е ново во 8ката? Доволно е да се напомене дека Microsoft го смени досегашниот начин на навигација и манипулација во графичкиот интерфејс во оперативниот систем со воведување на нов, т.н Метро стил. За него нема што многу да се
пишува, бидејќи првичните информации се штури, но според виденото, никој нема да остане рамнодушен. Меѓу другите новитети се и поддршката за процесорите ARM, како и инкорпорирањето на Windows Store во самиот оперативен систем. Од сето видено, останува впечатокот дека Microsoft се подготвува за новата генерација на компјутери, кои ќе имаат екран осетлив на допир, без разлика на големината на екранот, компјутери кои ќе го користат Интернетот поинтензивно, и најважното од комерцијален аспект - компјутери кои ќе служат како средство за шопинг. Ако до сега, под ИТ се подразбираше Интернет, софтвер
и хардвер (составен од компјуетри, печатачи, скенери и модеми/рутери), во 2012 година такво разграничување нема да постои. Компаниите што ги знаевме како производители на бела техника (фрижидери, машини за перење и слично), денес меѓу другото се и производители на компјутери и телефони, додека пак оние што беа поим за производство на компјутери, денес произведуваат сè и сешто. Во тој дух, во 2012 година големите ИТ компании најавија влез во телевизијата преку пуштање во продажба на GoogleTV, односно AppleTV. Иако концептите им се за нијанса различни, идејата е дека телевизорите ќе станат мултимедијални прегледници кои ќе се користат за гледање филмови, шоуа, прегледување на фотоси, користење на интернет и преку него, комуницирање во слика и глас со други луѓе. Компаниите својот профит го гледаат во нудење на услуги и производи преку нивните интернет продавници, каде меѓу другото ќе изнајмуваат мултимедијални содржини (филмови, музика и слично). Кога сме веќе кај интернет продавниците, уште еднаш ќе напоменам дека сите релевантни ИТ компании полагаат
огромни ресурси и напори во „разработување“ на нивните интернет продавници. Сосема е извесно дека електронската трговија долгорочно ќе биде во фокусот на вниманието на ИТ компаниите.
ПРЕЗЕМАЊА Како шпекулации, во 2012 се најавени големи преземања на компании. Најскокотливата меѓу нив е шпекулацијата дека Apple ќе го презме HP, најголемиот светски производител на персонални компјутери. За Microsoft го спремаат Yahoo, со кого веќе имаше едно неуспешно преземање, додека Google го мерка Twitter. Со силен интензитет сè повеќе се шушка и за преземањето на Tmobile од страна на АТ&Т. Иако од посочените шпекулации можат да се воочат намерите на компаниите и нивните стратегии, со неверојатното темпо со кое се одвиваат промените, едноставно се е можно. Сведоци сме на големи бранувања во ИТ. Од точка каде што сме денес, сè потешко станува за предвидување кое ќе се случи краткорочно, бидејќи е огромен бројот на компании кои работат во полето на ИТ индустријата. Особено е важно што тие ја вовеле иновацијата како круцијалнен фактор за преживување на пазарот, па согласно на тоа напливот на иновативни технологии кои се борат за доминација е огромен. Едно е сигурно - не чека светла ИТ иднина, иднина со можности и неверојатни идеи. 16 декември 2011 ПОРТА
3
49
експерт
ОлИМПИскИ ИгРИ лОНдОН 2012 - ОлИМПИскИ И ПАРАОлИМПИскИ сТАдИОН
Импозантниот лондонски стадион е претставник на „тивката“ архитектура која егзистира без премногу да привлекува внимание кон себе, што веројатно е добро со оглед на тоа што олимписките натпреварувачи се оние што треба да бидат во центарот на вниманието. Од друга страна, стадионот, барем делумно, е и одраз на сегашното место на Обединетото Кралство во светскиот економски поредок, како и на времето во кое живееме, карактеризирано со глобалната економска криза.
д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
Изграден најлесниот олимписк
M
ојра Старки од Сториџ во Херефордшајар, жена на 84-годишна возраст која има собрано околу 11.500 евра за добротворна организација која им помага на заболените од рак на градата да се справат со физичките и емоцијалните проблеми сврзани со болеста, е една меѓу првите лица во Обединетото Кралство на Велика
50
ПОРТА
3
16 декември 2011
Британија и Северна Ирска, на која ѝ е понудено да биде носител на олимпискиот факел за Олимписките игри - Лондон 2012. Таа во својата 83-та година го има завршено својот прв мартон, кога одејќи со помош на своите два бастуна 2.000 пати ја заобиколила зградата на локалниот дом во селото во кое живее. Госпоѓата Старки е една од 8.000 лица кои ќе бидат селектирани од пријавените 37.000, а на кои ќе им биде
понудено да го пренесат олимпискиот факел на 12.880 километри долгата патека низ Обединетото Кралство. Според официјалната програма, олимпискиот факел треба да пристигне од Грција во Обединетото Кралство на 18 мај 2012. Носењето на факелот низ земјата ќе почне на 19 мај 2012 година, а ќе кулминира со официјалното палење на олимпискиот оган на свечената церемонија на отвoрањето на
Олимписките игри - Лондон 2012 на 27 јули 2012 година. Церемонијата на официјалното отворање и затворање на Олимписките игри ќе се одржи на Олимпискиот и параолимпискиот стадион (Olympic and Paraolympic Stadion) во Стратфорд (Stratford), чијашто изградба започна во мај 2008 година, а заврши на 29 март 2011 година. Објектот, во конфигурацијата за олимиските игри, е
експерт
иски стадион во светот со подна површина од 108.500 квадратни метри, од кои 46.830 квадратни метри се во затворени простори. Изградбата на овој објект чинеше околу 570 милиони евра и во неа учествуваа над 240 британски деловни организации и над 5.000 лица кои во период нешто помал од три години го завршија овој објект во договорениот рок и за цена пониска од расположивиот буџет. Објектот е изграден по принципот
испроектирај и изгради (design and construct), при што носител на проектот е градежната фирма Sir Robert McAlpine, поддржана од архитектонското биро Populous (кои се и проектанти на Олимпискиот стадон за Олимписките игри во Сиднеј), Buro Happold како проектанти за нискоградба, градежни конструкции и градежни инсталации, пејзажните архитекти Hyland Edgar Driver и консултантите за планирање Savilles
Hepher Dixon. Изградбата на сите објекти и инфраструктурата за Олимписките игри е финансирана од Националната лотарија, преку Дистрибутерот на олимпискта лотарија, Министерството за култура, медиуми и спорт, Градоначалникот на Лондон и Агенцијата за развој на Лондон. Според министерот за култура, медиуми и спорт, Џереми Хант, „Олимпискиот стадион е зачудувачко централно дело на
Олимпискиот парк... Ова е уште еден клучен ден за проектот Лондон 2012 и покажува дека Британија се наоѓа на челото на градежништвото во светот“. Олимпискиот и параолимпискиот стадион, навистина е централниот објект на Олимпискиот парк. Станува збор за 60 метри висок објект со основа во форма на елипса со должина од 315 метри по подолгата, и 256 метри по пократката оска. Објектот е лоциран на (полу) остров 16 декември 2011 ПОРТА
3
51
експерт со површина од околу 16 хектари опкружен со вода од трите страни, до кој водат нови пет главни мостови кои ќе ги насочат посетителите кон објектот. Како резултат на ваквиот пристап, стадионот ќе може да се види од сите приоди, што навистина ќе му даде главен фокус во рамките на олимписките игри. 33 објекти биле срушени и 800.000 тони почва (доволни за зградата на Royal Albert Hall девет пати да се наполни) ископани и однесени од градежната парцела пред да се отпочне со изградбата на стадионот. Објектот е испроектиран на начин кој овозможува тој да биде флексибилен и да може да се користи во разни конфигурации по завршувањето на Олимписките игри. Во моментов сè уште не е познато кој ќе биде сопственикот или корисникот на објектот по завршувањето на игрите. Дел од вградената флексибилност на објектот произлегува од архитектонскиот пристап, при што долната половина на објектот е направена од масивна армирано-бетонска конструкција во чијшто состав се наоѓаат трибини со капацитет од 25 илјади седишта. Горната демонтажна половина на објектот е направена од метална конструкција која вклучува трибини со капацитет од 55 илјади седишта, кои заедно со „фиксните“ трибини од долната половина на објектот го даваат вкупниот капацитет на објектот од 80.000 места во конфигурацијата за Олимписките игри. Долната половина на објектот ја носи мрежа од 5.000, до 20 метри долги, армирано-бетонски шипови, додека 112 скалести челични елементи ги носат 12.000 префабрикувани армиранобетонски елементи од кои се формирани трибините на кои се инсталирани седиштата во црна и бела боја. Кровната решеткаста конструкција е направена од 28,15 метри високи и 30 метри долги, челични елементи тешки по 85 тони, кои биле поставени на испроектираното место со помош на кран кој може да подигне товар од 1.350 тони. Објектот е покриен со кровна конструкција од кабловска мрежа која овозможува дел од објектот да биде покриен со кров со површина од 25.000 квадратни метри направен од 112 елементи од бел флексибилен материјал, со цел да се овозможат подобри услови за атлетичарите и да се заштитат 2/3 од посетителите. Монтажата на текстилната кровна покривка била доверена на тим од 23 искусни „алпинисти“. Од далечина објектот остава впечаток на кралска круна украсена со 14 52
ПОРТА
3
16 декември 2011
пирамидални елементи насочени кон небото. Всушност, станува збор за 14 кули во кои се сместени 532 рефлектори за да се овозможи соодветно ниво на осветлување на стадионот според телевизиските стандарди. Секоја од овие кули е 28 метри висока и 34 тони тешка. Тие фронтално се во форма на бувата „А“, направена од челична конструкција која е поставена така што врвот на кулата се наоѓа 70 метри над нивото на теренот на стадионот. Кулите меѓусебно се поврзани со мрежа од челични кабли кои од далеку тешко можат да се забележат, со што се нагласува ефектот на „круната“.
експерт
Во рамките на стадионот се лоцирани околу 700 соби и простори, вклучително со соблекувални и мрежа од 32 тоалетиблокови лоцирани низ објектот. За соодветно да се опреми објектот со потребните инсталации во него се вградени 11 километри канализациони цевки, 12 километри вентилациони канали, 33 километри кабли за компјутерската мрежа и 338 километри кабли за струја. Сепак, според аналитичарите, се смета дека стадинот ќе биде запаметен по тоа што ќе биде најлесниот досега изграден олимписки стадион во светот со само 10.000 тони челик вградени во објектот.
Разбирлво, квалитетот на стадионот ќе се цени и според кавлитетот на тревникот и атлетските патеки. Во овој случај тревникот е со површина од 6.300 квадратни метри и бил поставен во рок од три дена, од 360 ролни тревник израснат во Сканторп со специјална комбинација на семиња за трева (Perennial Rye Grass, Smooth Stalk Meadow Grass и Fescue Grass). Атлетските патеки ќе се постават поблиску до почетокот на Олимписките игри за да се заштитат од евентуално оштетување до кое може да дојде во периодот до јули 2012 година кога стадионот ќе се опремува, тестира и подготвува за
претстојните Олимписки игри. Според претседателот на Комисијата за координација на Меѓународниот олимписки комитет Денис Освалд, станува збор за „Фантастичен стадион. Како домаќин на церемониите за отворање и затворање, овој простор ќе ги обезбеди првите и последните спомени кои многу луѓе ќе ги имаат за лондонските игри и без двоумење ќе обезбедат одлична сцена за игрите“. Олимпискиот и параолимпискиот стадион во Лондон не се обидува да се „натпреварува“ во архитектонска смисла со „Гнездото“ на архитектите Herzog и de Meuron изградено за
потребите на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Импозантниот лондонски стадион на Populous е претставник на „тивката“ архитектура која егизстира без премногу да привлекува внимание кон себе, што веројатно е добро со оглед на тоа што олимписките натпреварувачи се оние што треба да бидат во центрот на вниманието. Од друга страна, стадионот, барем делумно, е и одраз на сегашното место на Обединетото Кралство во светскиот економски поредок, како и на времето во кое живееме, карактеризирано со глобалната економска криза. n 16 декември 2011
екологија
РАПИДНИОТ РАСТ НА ЧОВЕКОВАТА ПОПУЛАЦИЈА ЈА УНИШТУВА ПЛАНЕТАТА Никола Нешкоски, дипл.инж. на жив.средина/еко-менаџер
E
косистемот на планетата Земја се наоѓа во проблематична состојба. Една од причините лежи во огромниот пораст на бројот на жители, особено во овој век. Влијанието на премногу луѓе присутни на Земјата е повеќе од очигледно, а потрошувачката или подобро кажано нерационалното искористување на ресурси е сè позастапено. Иако технологијата оди вртоглаво напред, сè уште не се најдени опции за „спас“ на Планетата. Зошто? Дали е поради фактот што технологијата е создадена од луѓе за луѓе, при што барем во моментов, луѓето повеќе се загрижени за моменталниот профит, отоколку за идните штетни ефекти, кои ќе се осетат врз животната средина, но и врз самите нас. Бројот на жители е зголемен од една милијарда и шестотини илјади во 1900 година, на речиси седум милијарди во 2011 година. Рапидниот раст на бројот на жители доведе и до рапиден раст на технологии, кои ја подигнаа и економијата како област после Втората светска војна.
54
ПОРТА
3
16 декември 2011
Порастот на индустријата и производството доведе до зголемено искористување и употреба на јаглен и нафта, и аналогно на ова зголемено количество на јаглероден диоксид, метан и други стакленички гасови. Од огромен интерес за целокупното човештво е да се најдат решенија, кои ќе придонесат за стабилизација на преголемата населеност на Земјата. За да се воведе некаков ред во поглед на пренаселеноста треба да се остварат следниве чекори: ширење на образование кај девојчињата, социјална и политичка слобода на жената (да може да придонесе во семејните, општествените и државните одлуки), висок степен на преживување на новороденчиња (при што родителите ќе бидат цврсто уверени дека нивните деца ќе доживеат старост), можност за жената сама да одреди колку и кога ќе раѓа деца. Овие четири чекори се меѓусебно поврзани и само доколку се работи на сите нив одеднаш, може да се очекуваат позитивни резултати. Факт е дека пренаселеноста е најчеста појава во слабо образованите земји, во
екологија
земјите со низок приход, како и во земјите во развој. Во неразвиените и сиромашни земји, непрекинатиот раст на населението претставува огромен притисок и врз животната средина и врз општеството. Во овие земји сиромашните земјоделци се принудени да преживеат со тоа што ќе се бават со остварување на приход преку продажба на дрва, односно преку сечење и палење на шумите. При овој процес, се губат огромни региони со шуми, региони кои веќе нема да имаат способност да го апсорбираат јаглеродниот диоксид, региони кои веќе нема да бидат способни да претставуваат дом на многу растителни и животински видови. Зошто? Сè се случува поради нас, луѓето. Колку повеќе нè има, толку е поголема опасноста од уништување на Земјата.
МИгРАцИјА Од сЕлО ВО гРАд Една од најважните теми во поглед на климатските промени, претставува решавањето на проблемот наречен
зголемена потрошувачка на енергија. Луѓето кои живеат во села трошат помалку елетрична енергија во однос на луѓето кои живет во град. Луѓето кои мигрираат од село во град со самото ова си ги менуваат и животните навики, при што влегуваат во еден систем на потрошувачко општество. Современата урбанизација ја форсира употребата на автомобили, наместо да промовира разни одржливи алтернативи на транспорт. Аналогно на ова доаѓа до зголемени површини под асфалт и бетон, сообраќајни метежи, зголемени емисии на стакленички гасови, загадена животна средина. Зголемениот раст на човековата популација доведува до зголемен број на проблеми. За да ја добиеме правата слика за тоа што навистина се случува во денешниот све, ќе треба да ја анализираме следнава поговорка: ,,основниот принцип врз кој се базираат нацрт-плановите на повеќето од градовите на денешницата е – само нека ни се среќни автомобилите!“ Вистинито, но и жалосно.
16 декември 2011 ПОРТА
3
55
хортикултура
гРАдИНИТЕ БучАРТ
Повеќе од 100 години во цвет
В
Филип Филипоски, дипл. шум.инж.
о период кога обврските кон градината се сведени на минимум, „Порта 3“ ќе ви претстави една од најграндиозните и најубави градини во светот, со цел да ви ја разбиеме монотонијата и да ви ги оттргнеме мислите од студено време. Верувам дека честопати сте ја сретнувале сликата „Сункен градина“ на голем број интернет сајтови, списанија и телевизиски програми. Сте се
56
ПОРТА
3
16 декември 2011
прашале која е оваа градина и каде се наоѓа? На површина од неверојатни 22,3 хектари на островот Ванкувер во Канада, се наоѓаат светски познатите Градини Бучарт.
ИсТОРИјА На почетокот од ХХ век, цементниот магнат Роберт Пим Бучарт го основал својот бизнис во близина на богатиот варовнички рудник „Тод Инлет“ на островот Ванкувер, и таму во 1904 година со својата фамилија
го изградил својот дом. Во 1907 година, во тоа време познатиот јапонски дизајнер Исабуро Кишида ја изградил прекрасната градина за чај „Џорџ парк“ во Викторија. Оваа градина претставувала атракција и право место за уживање меѓу тамошното население, а голем број на видни жители меѓу кои и Џени Бучарт (сопруга на Роберт Бучарт) побарале од Кишида да им изгради јапонска градина на нивните имоти. Така во 1909 година, Џени заедно
хортикултура со Кишида ја проектирале градината „Сункен“ во близина на домот на Бучартови, на површината каде што се наоѓал веќе исцрпениот каменолом. Таа била комплетно изградена во 1921 година. Роберт, нејзиниот сопруг, исто така се приклучил во разубавувањето на градината. Имено, тој бил познат како голем љубител на птици, па своето хоби го пренел во градината, изработувајќи проект за поставување на куќички за птици, кои ги донел од најразлични страни на светот. Подоцна, Бучартови својот дом го нарекле „Benvenuto“ („Добредојдовте“). Градината почнала своите први посетители да ги прима во 1926 година. Во тоа време, градината била многу популарна, па имала и по 50.000
посетители годишно. Со текот на времето, градината се надоградувала и се проширувала. Така во 1926 година, тениските терени ги замениле со италијанска градина, а зеленчуковата градина ја замениле со голема градина од рози. Во 1953 година, километри од подземна инсталација е поставена со цел да се обезбеди ноќно осветлување по повод 50годишнината од градините.
дЕНЕс Денес во градините сезонски се користат преку 100.000 цветни единки од повеќе од 700 видови, па затоа не е ни чудно што привлекуваат и преку еден милион посетители годишно. Иако важи за градина која има случувања и динамика во сите четири сезони,
Бучартови поради својата уникатност и креативност нудат пет сезони. Станува збор за волшебна програма која ја нудат преку Божиќните празници, па затоа тој период е претставен на репертоарот како петта сезона. Во големата понуда која ја нуди градината можете да најдете ресторан, кафетерија, сезонски штандови, забава за најмладите и сл. Исто така, во склоп на градината постои и голема тревна површина која е наменета исклучиво за одржување на концерти. Во текот на летото градината нуди единствена авантура од 45-минутно крстарење по брегот истражувајќи ја историјата на Тод Инлет и дивиот свет во водите на Брентвуд Беј. Од пролет до есен градината е отворена за секаков вид на уметници. Тие може да ги изложуваат своите дела во рамките на прекрасниот амбиент, кој го нуди градината. Во градината постојат и древни дрвја. Станува збор за Cathaya argyrophylla, Metasequoia glyptostroboides и Wollemiа nobilis. До 1955 година Cathaya argyrophylla се сметал за фосилен вид, сè додека група кинески ботаничари не откриле живи единки. Денес, овој вид е распространет во делови од Кина и се смета за редок, но не загрозен вид. Metasequoia glyptostroboides е откриен како фосилен вид во делови од Кина во 1944 година, а некоја година подоцна се откриени и живи примероци. Бучартови овој вид го добиле како поклон од Градското зеленило на Викторија во 1950 година. Wollemiа nobilis претставува вид со необични интересни темнозелени четини. Истиот прв пат е пронајден во околинта на Сиднеј. Бучартовата градина е така дизајнирана да ги задоволи и исполни сите сетила, дури и на најпребирливите посетители. Тоа може да биде прекрасното зеленило на новите листови на пролет, дополнети со брилијантни цвеќиња во најразлични бои, на блескавите садници врамени и склопени во тревниците, со надразнување на носот од илјадниците мириси на летото, црвено-кафеавата и златна есен, разубавена со менување на бојата на сончевата светлина или пак задоволствата на магијата на Божиќ. 16 декември 2011 ПОРТА
3
57
архитектура музеи
е Создаванма Животвите! Покри
www.zinco.de
070 216 945 info@zepekomak.com.mk
58 58
58
3 3
ПОРТА ПОРТА
04 ноември 2011 16 декември 2011
www.zepekomak.com.mk
занимливости
Новогодишно декорирање на домот Александра Петровска, дипл.инж.арх
Н
овогодишните празници се на прагот и веќе секого го има фатено предновогодишно расположение. Но, пред да се почне со прославување, потребно е да се долови новогодишната славеничка атмосфера со убаво украсување на домот. Секако, прва асоцијација за новогодишно украсување на домот е новогодишната елка како неизбежен детаљ во сечиј дом во овој период од годината. Елката може да биде природна или вештачка, а најдобро е вештачка елка во внатрешноста на домот, а природна елка во дворот, со што нема да се уништи природното виреење на живата елка во природата. Украсувањето започнете го со поставување сијалички на елката, а потоа продолжете со поставување на украсни ленти и лампиони. Врвовите на гранчињата може да ги украсите со еднобојни панделки. Внимавајте да не претерате со украси во премногу бои и премногу различни форми и дизајни, за да не изгледа елката натрупано и кич. Најдобро е елката да содржи украси во две или најмногу три бои. Под елката не заборавајте да ставите фигури на Дедо Мраз, Снешко и убаво завиткани подароци. Новогодишното декорирање на домот може да го продолжите со закачување на украсен венец на влезната врата, и ѕвончиња или панделки на останатите врати во домот, закачување на чорапче за подароци на каминот, сијалички на прозорците во детските соби и новогодишна икебана на трпезариската маса. На овој начин, домот и официјално е спремен за новогодишната прослава.
16 декември 2011 ПОРТА
3
59
уметност
ина т год ио ар 2 - авн лик 201 најсл ки с на трис авс
в а т с т у Г им л К Фотографија на Густав Климт од 1914 година
ИЗЛОЖБИ ВО 2012
П „Портрет на Адел-Блох Бауер I“,
60
ПОРТА
3
16 декември 2011
подготви: ДејанБуѓевац
о повод 150 години од раѓањето на Густав Климт, следната година во осум музеи во Виена ќе бидат поставени посебни изложби посветени на овој славен уметник. Така, во Музејот на историја на уметноста, музејот Леополд, Албертини, Австрискиот театарски музеј, Куќа на уметници, Виенскиот музеј, Австрискиот етнографски музеј и во Белведере, ќе бидат презентирани слики, скици и многу други нешта поврзани со творештвото на Климт. Густав Климт (14 јули 1862 - 6 февруари 1918) е австриски сликар и симболист. Во 2006 година, неговата слика „Портрет на Адел-Блох Бауер I“, била продадена за 135 милиони долари, и е третата најскапа слика во историјата. Исто така, слика од Густав Климт, која била украдена од нацистите и неодамна била вратена на внукот на познатиот сликaр, е продадена за 40,4 милиони долари на аукција во Њујорк. Климт бил најславниот и најбараниот виенски сликар на сите времиња. Не постоела дама од високото општество, која не сонувала да биде портретирана во неговиот ласкав стил. Но Климт, цел живот живеел со мајката и со трите немажени сестри. Имал многу љубовници, од проститутки до славни дами. Сепак, целиот живот бил посветен интензивно на Емили Флеге, млада виенчанка која имала свој салон за висока мода во центарот на градот, во палатата позната како La Casa Picola. И пишувал 20 години, седум пати дневно. Никогаш не се венчале, ниту живееле заедно. Кај Климтовите актови обично препознаваме два типа на модели: црвенокоса, заоблена и со бел тен, а од друга страна, темна темнокоса. Тие ликови се идеализирани, помалку стереотипни, секогаш нагласено еротизирани, пасивни во сексуалните пози, посебно кога лежат и се одмораат.
Во Музејот на историја на уметноста во јубилејната година ќе се организира изложба посветена на вториот период од творештвото на Климт, од 1886 до 1897 година. Изложба, која во центарот на внимание ќе има 13 значајни слики и нивни скици, и ќе трае од 14 февруари до 6 мај. Со наслов „Климт лично. Слики - писма - увиди“, се планира изложба во Музејот Леополд од 24 февруари до 27 август. Со оваа поставка, организаторите планираат со помош на светски познати слики и дописи од патувања да фрлат поглед на Климт во однос на неговиот приватен живот. Во сопственост на музејот се наоѓа и оставнина од неговата животна сопатничка Емили Флеге, која опфаќа фотографии, разгледници и писма. Виенската Албертина од 14 март до 10 јуни, на посетителите ќе им се претстави со изложба, која зборува за цртачките вештини на Климт. Насловот на изложбата е „Климт - цртежи“. Големата популарност на цртежите на Климт се базира, пред сè, на опојната сензуалност на неговите женски актови. Во Австрискиот театарски музеј, посетителите ќе можат да ја видат изложбата „Против Климт. Nuda Veritas“. Се работи за познатата слика и ретко прикажувана во јавност „Nudа Veritas“ од 1899 година, која стигнала во овој музеј благодарение на оставнината на Херман Бар, писател, драматург и театарски/книжевен критичар. Виенскиот музеј за изложбата „Климт. Колекција на Виенскиот музеј“, во периодот од 16 мај до 16 септември, планира во потполност да ја отвори за јавноста својата исклучителна збирка на дела од Климт. Меѓу нив, и најважното уметничко дело „Портрет на Емили Флеге“ од 1902 година. Како хит на изложбата ќе биде поставен и цртеж на мртвиот Густав Климт од австрискиот експресионистички сликар и графичар Егон Шиле (1890-1918).
уметност
Портрет на Емили Флеге“ од 1904
„Мајка и дете, 1905
„Бакнеж“, 1907-1908
Цртеж на Климт од Егон Шиле
Од 25 мај до 14 октомври во Австрискиот етнографски музеј ќе биде изложена збирка од текстилни шари на музата на Климт, Емили Флеге. Таа истовремено била и модна дизајнерка, а потекнува од просторите на југоисточна Европа. Во Куќа на уметниците, од 6 јули до 2 септември, на јавноста ќе ѝ бидат достапни многу уметнички и биографски елементи од животот на Климт, кои се зачувани во форма на документи, писма и фотографии. Сместени се во архивот на Куќата на уметниците, најважното Здружение на уметниците на Средна Европа. Инаку, во Долниот Белведере во тек е изложбата со наслов „Густав Климт/Јозеф Хофман: Пионери на модерната“, посветена на интензивната соработка меѓу овие двајца уметници која започнала со формирањето на виенската сецесија во 1897 година, а престанала со смртта на Климт во 1918 година. Изложбата ќе трае до 4 март следната година. Во Горниот Белведере од 15 јуни 2012 година до 6 јануари 2013 година се планира да биде поставена уште една изложба насловена „150 години Густав Климт“. „Пријателки“, 1916
„Нуда Веритас“, 1899 16 декември 2011 ПОРТА
3
61
совети
60 60
230
30
10 10
ПО МЕРКА
10 20
60
osnova
60
Јованови, Скопје
izgled
КУЈНА
Во новиот стан треба да нарачаме кујна која ќе биде изработена по мерка. За овој мал простор, ве молиме да ни дадете предлог за функционална кујна во основа, избор на ѕидни и подни плочки и избор на материјали од кои ќе се изработи кујната.
60
150
П
ри планирањето на кујната, најдобро е да се избегнат сите можни грешки, зашто почнувајќи од погрешен избор на боја, па сè до грешно пресметани мерки, може да платите многу повеќе отколку што сте планирале. За просторот во вашиот стан, најдобро е кујната да е во форма на буквата Г. Прв, десно од влезот, поставете го фрижидерот. Потоа следува работна површина, садопер, повторно работна површина, термичка плоча и на крајот висок елемент со рерна и микробранова печка. Долните елементи содржат по две фиоки, а горните елементи одат во висина на вентилационата цевка. Над нив има маска од медијапан по целата должина на кујната. Со оглед на тоа што просторот е мал и недоволно осветлен, изберете светли бои на медијапанот за финална обработка.
varijanta1
4 3 12 3 12 312 3 25 10 44
3
ПОРТА
3
16 декември 2011
55
75
10
267
varijanta2 izgled
62
80
Постоечките подни и ѕидни плочки, кои се во беж боја не мора да ги менувате, а за нијанса посветла нека биде бојата за корпусот и лицето на елементите. Горната плотна може да биде потемна (црвен гранит). Проблем ќе прават ѕидните плочки кои завршуваат 10 см пониско од долната ивица на висечките елементи. Но, бидејќи кујната е отворена кон трпезаријата во која ѕидот може делумно да се обложи со декоративен камен во неправилна форма, тој може да продолжи и како фриз над ѕидните плочки. Светло поставено под елементите ќе биде функционално и ќе ја потенцира едноставната убавина на кујната. Билјана СтевковСкА САвиќ , дипл.инж.арх. b.savic@porta3.com.mk
најчудни градби
К
Драган РиСтов
ога човек има опсесија, а секако и пари, чудните идеи кои многумина би ги сметале и за налудничави, стануваат атракција и хит. Во сојузната држава Охајо во САД има многу чудни градби, ама ретко индивидуални проекти стануваат нешто посебно. Не само дом за некој, туку и пример на заедницата, магнет за посетители. Објектот што го претставуваме нема посебно или уметничко име. Едноставно е познат како Питер Б. Луис, според човекот кој ја изградил можеби најчудната куќа на светот. Луис, кој работел низа години како шеф на осигурителната компанија „Прогресив“, добил уникатна креација од својот долгогодишен пријател, големиот Френк Гери. И тоа сосема по игра на случајот. Гери добил задача да го дизајнира ентериерот на куќата на Луис, но тоа никогаш не се случило. Наместо ова, Гери тргнал со идеја да му направи комплетно нов дом на својот пријател. Во објектот, кој на крајот чинел неверојатни 62 милиони долари, дури 37 милиони долари се дадени од сопственикот Питер Луис, а преостанатите се обезбедени од љубопитни инвеститори. Резултатот бил импресивен. Куќа за која и ден-денес во кампусот „Каса Вестерн“ во Кливленд се мисли дека е музеј или уметничка
ОД ОБИЧНА КУЌА ДО ФАКУЛТЕТ ЗА МЕНАЏМЕНТ галерија, а можеби и сала за промоции, па дури и споменик на модерната архитектура. Но откако ќе ја дознаат историјата, луѓето посебно се фрапирани кога на крајот ќе им се каже дека сопственикот на објектот (Питер Б. Луис) ја претворил оваа симпатична куќарка од „скромни“ 46.300 м² во факултет за менаџмент. Значи, не е ниту музеј, ниту арт
галерија, ниту пак куќа на „сенилен“ богаташ, туку модерна високошколска установа која привлекува големо внимание. Секој обид да се дефинира или да се пронајде некаква структурност во објектот, верувајте... не дава резултат, бидејќи комбинацијата на црвените англиски тули и различните форми на кровно-метални структури, креира
слика на општ хаос. Секако, тоа е невозможно, и не смеете да помислите дека некој си играл како му паднало на ум, бидејќи како што знаеме Френк Гери не е обичен архитект, туку славен дизајнер на објекти од типот на Гугенхајм музејот во Билбао во Шпанија. Посебно е импозантна внатрешноста на објектот, бидејќи нема просторија која наликува една на друга. Заради искршената и несиметрична кровна структура, малиот влез и импозантниот голем хол, секоја соба, хала или училница е приказна за себе. Во вечерни услови, вклучувањето на внатрешните светилки дава посебен тон или расположение со оглед на чудните прекршувања на светлоста. Ова во комбинација со надворешноста, пред сè заради принципот на одбивање на светлината од рефлектирачките типови на метал или алуминиум, овозможува несекојдневна глетка која вреди да се види. 16 декември 2011 ПОРТА
3
63
излог
Колекција на светилки - полици претставени како „фамилија“ (полица-мајка, полица - татко и полица - син). Дизајнот е на украинското студио „Decorkuznetsov Studio“.
Кокеt ја претставува оваа трпезариска маса наречена „Интуиција“, со постамент како спирала од две бои на метал
64
ПОРТА
3
16 декември 2011
Сингапурскиот дизајнер Alvin Huang ја креираше оваа динамична и елегантна форма на „фотелја“ од фиберглас, инспириран од движењата на брановите.
Трпезариска маса, која како постамент има метален кафез исполнет со гранитен баласт, кој и дава стабилност на масата. Benjamin Hubert е дизајнерот на Gabion масата за De La Espada
Sicis се експерти за мозаични плочки, па затоа и оваа скулптурална ламба изгледа зачудувачки. Динамична фигура на мистериозна жена во „облека“ од високата мода, а осветлувањето доаѓа под големата шапка, рефлектирајќи ги сјајните плочки и правејќи магичен ефект.
ПОДГОТВИ:
Сандра ДончевА теохАРовА , дипл.инж.арх.
16 декември 2011 ПОРТА
3
65
jaвни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 164/2011 ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ЗА 2011 ГОДИНА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА 2011 ГОДИНА
ОГЛАСИЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 65/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџивасилев Јасмин“ бб., 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Доградба на ОУ “Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ Општина Арачиново – Скопје. Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118-414, лице за контакт: Игор Николоски. Јавно отворање на понудите на ден 26.12.2011 год. БРОЈ: 176/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка и монтажа на заштитна ограда и канделабри, на мост на река Вардар, помеѓу улиците “Војвода Васил Аџиларски“ и “Стив Наумов“, по конкурс за избор на идејно решение бр. 112/09. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 20.01.2012 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 166/2011 ОБЈАВА БРОЈ 2 (26.11.2011) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА СЕМЕЈНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ОБЈАВА БРОЈ 3 (26.11.2011) 66
ПОРТА
3
16 декември 2011
ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ИСПРАВКА на ОБЈАВА број 1 (18.11.2011) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА ВО ОПШТИНА ГРАДСКО
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 12/2011 Назив на договорниот орган: Општина Велес, ул. “Панко Брашнар“ бр. 1, 1400, Велес. ПРЕДМЕТ: Изработка и ревизија на Урбанистички планови. Контакт тел/факс: 043 232-406, 043 232-966, лице за контакт: Пенчо Јаневски. Јавно отворање на понудите на ден 20.12.2011 год. БРОЈ: 42/2011 Назив на договорниот орган: Општина Петровец, ул. “1“ бб, 1043, Петровец. ПРЕДМЕТ: Изградба на водоводна мрежа. Контакт тел/факс: 02 2562-239, лице за контакт: Дарко Тинтоски. Јавно отворање на понудите на ден 27.12.2011 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 167/2011 ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИКЕНД КУЌИ ВО ОПШТИНА БЕРОВО
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 168/2011 ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И ДРЖАВНА И ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2011 ГОДИНА
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
БРОЈ: 06/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за правда, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Набавка за изведување градежни работи – реконструкција и адаптација на северна фасада и реконструкција и доградба на дел од просториите на објектот на Министерство за правда. Контакт тел/факс: 02 3106-590, 02 3110-437, лице за контакт: Катерина Таневска. Јавно отворање на понудите на ден 29.12.2011 год.
БРОЈ: 07/2011 Назив на договорниот орган: Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, бул. “Партизански одреди“ бр. 2, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на надзорен орган за вршење на стручен технички, квалитативен и квантитативен надзор при изградба и развој на ТИРЗ “Скопје 1“ и ТИРЗ “Скопје 2“. Контакт тел/факс: 02 3104-641, 02 3104-642, лице за контакт: Ненад Ѓорѓевиќ. Јавно отворање на понудите на ден 03.01.2012 год.
БРОЈ: 15-19209/2/2011 Назив на договорниот орган: Фонд за здравствено осигурување на Македонија, ул. “Македонија“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Ревизија на проект и надзор за реконструкција и санација на објекти. Контакт тел/факс: 389 2 3289-008, 02 3289-048, лице за контакт: Николче Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 22.12.2011 год.
БРОЈ: 34/2011 Назив на договорниот орган: ЈКП Водовод Битола, ул. “Климент Охридски“ бб, 7000, Битола. ПРЕДМЕТ: Градежни асфалтерски работи. Контакт тел/факс: 227-448, лице за контакт: Елица Илиевска. Јавно отворање на понудите на ден 22.12.2011 год. БРОЈ: 10/2011 Назив на договорниот орган: Општина Бутел, ул. “Бутелска“ бр. 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба и реконструкција на фекална, атмосферска и канализациона мрежа. Контакт тел/факс: 02 2616-868, 02 2634-674, лице за контакт: Богица Златановска. Јавно отворање на понудите на ден 03.01.2012 год.
БРОЈ: 62/2011 Назив на договорниот орган: ЈП Комуналец – Кавадарци, ул. “Индустриска“ бб, 1430, Кавадарци. ПРЕДМЕТ: Набавка на Градежни машини Скипови (мал и среден). Контакт тел/факс: 043 410-351, лице за контакт: Невенка Ралева. Јавно отворање на понудите на ден 28.12.2011 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 169/2011 УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА ПОСЕБНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП ОДЛУКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТ – КОМБИНИРАНА ПОСТРОЈКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА И ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
БРОЈ: 28/2011 Назив на договорниот орган: Општина Гевгелија, “Димитар Влахов“ 4, 1480, Гевгелија. ПРЕДМЕТ: Хортикуларно уредување на “Булевар Гевгелија“ во Гевгелија. Контакт тел/факс: 034 213-843, 034 213-899, лице за контакт: Митко Дојчинов. Јавно отворање на понудите на ден 27.12.2011 год. БРОЈ: 165/2011 Назив на договорниот орган: АД МЕПСО, ул. “Орце Николов“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на постоечки објекти и простории за сместување на опремата за раздвојување со ЕВН. Контакт тел/факс: 3149-617, 3111160, лице за контакт: Христо Кордаловски. Јавно отворање на понудите на ден 10.01.2012 год.
рубрика
3
16 декември 2011 ПОРТА
67