ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А
317 ЈУНИ 2022
Тетово: Живот во урбана и еколошка катастрофа Salone Del Mobile: Висока мода и суперстар архитектура Енергетска криза или криза без крај?
Нека ни е честит јубилејот 70 години постоење на Асоцијацијата на архитекти на Македонија!
90 ДЕНАРИ
ПОРТА
СОДРЖИНА
20
28
ИНФО 7 ПРОЕКТ ИНТЕРКОНЕКТИВЕН ГАСОВОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА
РЕГИОНИ 8 АРХИТЕКТУРА 10 НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈОТ 70 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА ААМ!
АРХИТЕКТУРА 16 70 ГОДИНИ AСОЦИЈАЦИЈА НА АРХИТЕКТИ НА MАКЕДОНИЈА - AAM
36
СТАВ 20 ТЕТОВО: ЖИВОТ ВО УРБАНА И ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА
ГРАДЕЖНИШТВО 24 ПОТРЕБНИ СЕ ОРГАНИЗИРАНИ И БЕЗБЕДНИ ГРАДИЛИШТА
ГРАДЕЖНИШТВО 28 ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ АЕРОДРОМ БЕРЛИН БРАНДЕНБУРГ: ОД ПРЕДИЗВИК – ДО КОШМАР!
ГРАДЕЖНИШТВО 32 ДЕФИНИРАЊЕ НА ЕНВЕЛОПА НА ДВОСЛОЈНА ЛУШПА ПРИ ДЕЈСТВО НА СЕИЗМИЧКА СИЛА
46
52
SALONE DEL MOBILE 36 ВИСОКА МОДА И СУПЕРСТАР АРХИТЕКТУРА
УРБАНИЗАМ 42 ПРЕСЕЛБА НА ИНДУСТРИЈАТА ОД ЦЕНТРИТЕ НА СКОПЈЕ ВО НЕКОЈ ПОВЕТУВАЧКИ ЈУГ НА ЗАБОРАВОТ
ЕКОЛОГИЈА 46 ПЛАСТИКАТА Е ПОШТЕТНА ЗА КЛИМАТА ОТКОЛКУ ШТО СЕ МИСЛЕШЕ
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 49 ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ИЛИ КРИЗА БЕЗ КРАЈ?
УМЕТНОСТ 52 ГОЛЕМ ВЉУБЕНИК ВО ГРАДОВИТЕ, ИМ ПРИСТАПУВА КАКО НА ЛИЧНОСТИ
ХОРТИКУЛТУРА 58 МЕСТО КАДЕ ШТО СЕ СРЕЌАВААТ ИСТОРИЈАТА И ПРИРОДАТА
ПОРТА
25 јули 2014
58
ГОДИНА XVII
БРОЈ 317 ПЕТОК 28.06.2022 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Жешко лето и нов број на списанието Порта 3. Во него како и секогаш редовните рубрики градежништво, архитектура, екологија, но надополнети и со интересни четива од урбанизам, уметност, хортикултура. Бројот почнува со кратките информации. Важно е да се каже дека Друштвото на градежни конструктори на Македонија има нов претседател – Вонр. проф. д-р Дарко Наков, исто така информираме за проект Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција. Информациите за активностите на дел од локалните самоуправи и што се случува во нашите региони, каде се водат и битки за градежна парцела се следни на страниците на Порта 3. Продолжуваме најпрво со најважното, со голем јубилеј – 70 години Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ. Овој значаен јубилеј со свој текст ни го честита претседателот на ААМ, Мишко Ралев, а нашиот дописник од Ангија не потсетува на историјата и важноста на здружението. Следува став на нашиот млад дописник од Тетово, за тоа како живот во град кој е урбана и еколошка катастрофа ги брка младите. Рубриката градежништво ја почнуваме со пропустите и недостатоците на градилиштата низ земјата, што опасно влијае на безбедноста на сите чинители. Нашиот соработник од Берлин во овој број ни ја раскажува сагата за изградбата на новиот Аеродром Берлин Бранденбург, која траела цели 12 години и како еден предизвик се претвора во кошмар, кога несоодветно се применуваат законските прописи. Дефинирање енвелопа на двослојна лушпа при дејство на сеизмичка сила и нејзиното внесување во Rhinoceros3D и Grasshopper ја прави достапна како алатка за проектирање на формата уште при дефинирањето на самиот концепт за проектот, а применувајќи го конкретниот софтвер се овозможуваат анализи од аспект на асеизмичко проектирање. Ова истражување е дел од труд претставен на последниот Симпозиум на ДГКМ. Архитектурата ја почнуваме со се во едно, со она што всушност таа претставува, функција, дизајн, колективната одговорност, етика и еколошка одржливост,
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
поставување прашања и критика. И се тоа од прва рака, од најзначајното место во месец јуни - Salone Del Mobile во Милано. Продолжуваме со она без кое архитектура всушност и нема, урбанизам, нашиот вечно нерешен проблем. Овој пат, нашата нова соработничка говори за негативните ефекти на актуелниот ГУП и новиот закон за урбанистичко планирање. Ни посочува за префрлувањето на топката на локално ниво од страна на надлежните, без притоа да се обезбеди соодветен механизам и рестриктивна законска регулатива за да се обврзат со изработка на студија за оправданост на намените и ширење на индустријата надвор од постоечките капацитети, што само доведува до неконтролиран раст, намалување на квалитетот на земјиштето. Во рубриката екологија може да се прочита за тоа што одамна се знае, дека пластиката е штетна за климата. Но, она што уште повеќе загрижува се најновите сознанија на научниците од престижниот швајцарски универзитет ЕТХ Цирих, дека негативното влијание на пластиката врз климата и здравјето на луѓето е поголемо отколку што се мислеше. Енергијата е најактуелна тема периодов и најголем проблем за целиот свет, но се чини нерешлив, особено за нашата држава, а и зимата брзо доаѓа. Оттаму и прашањето, енергетска криза или криза без крај? Бидејќи со историски најниско производство на електрична енергија од државните електрани и изгубени години без изградба на нови енергетски капацитети, ја дочекавме енергетската криза и рекордните вредности на цените на електрична енергија на берзите. И повторно за архитектурата, но овој пат преку уметноста. Илустрации на светски градови создадени од Карло Станга, архитект, ислустратор, вљубеник во патувањето и градовите на кои им пристапува како на личности и вели: „Размислувам за градовите како за луѓе, мислам дека речиси сите така размислуваме, иако можеби за тоа не сме свесни“. Бројот го затвораме со рубриката хортикултура каде има интересно четиво за Lodhi Gardens, простран зелен парк лоциран во срцето на Делхи во мистичната Индија. Место каде што се среќаваат историјата и природата. ОД РЕДАКЦИЈАТА 317 ЈУНИ 2022
Тетово: Живот во урбана и еколошка катастрофа Salone Del Mobile: Висока мода и суперстар архитектура Енергетска криза или криза без крај?
Нека ни е честит јубилејот 70 години постоење на Асоцијацијата на архитекти на Македонија!
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Ангела СТЕФАНОВСКА Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Koсто ГРАОРКОСКИ Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: info@porta3.com.mk biroproekt@biroproekt.com.mk Тел: 071 252 641 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.06.2022 Број на примероци: 700
Насловна страница ЛОГО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА АРХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
инфо
Вонр. проф. д-р Дарко Наков – нов претседател на ДГКМ а 7.6.2022 год. со почеток во 12 часот во амфитеатарот на Градежен факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа Изборно собрание на Друштвото на Градежни конструктори на Македонија – ДГКМ. На истото присуствуваа 79 претставници од 18 институции, кои едногласно го избраа новиот претседател на ДГКМ – Вонр. проф. др Дарко Наков, како и останатите органи на друштвото: Извршен одбор, Надзорен одбор и Суд на честа. Со Изборното собрание претседаваше проф. д-р. Тихомир Николовски, а во работното претседателство беше и досегашната претседателка на ДГКМ проф. д-р. Мери Цветковска.
Н
ПОРТА
Новиот претседател се заблагодари за дадената поддршка и укажаната доверба и истакна дека честа, но особено одговорноста е навистина голема да се раководи со најбројното и друштвото со најдолга традиција од областа на градежништвото. Вети дека заедно со останатите претставници во органите на ДГКМ, ќе сторат се за да ја зачуваат традицијата со која располага друштвото кое е основано во 1976 година, но и дека ќе бидат воведени одредени новини, поттикнати од новите глобални трендови. Освен редовните симпозиуми, ќе бидат организирани стручни предавања со предавачи од земјата и странство, стручни
екскурзии, тркалезни маси, работилници/обуки за млади со поттикнување на поголема соработка помеѓу институциите, компаниите, но и меѓу друштвата и асоцијациите од сродните области на градежното конструкторство. n
Проект Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција ваа гасоводна делница претставува дел од Националниот гасификационен систем во Република Северна Македонија. Проектот Интерконективен гасовод Северна Македонија - Грција претставува проект со кој ќе се обезбеди сигурност во напојувањето со гас, како на Република Северна Македонија така и на регионот. Со оваа делница се обезбедува спој на постојната магистрална мрежа во РСМ со гасоводната мрежа во Грција. Појдовна точка на трасата во Северна Македонија е границата со Грција во близина на селото Идомени и градот Гевгелија каде завршува грчкиот дел од гасоводот. Завршна точка е веќе изградената блок станица (блок станица БС 7) на новиот гасовод Штип - Неготино, во близина на градот Неготино. Должината на трасата на гасоводот и 68 км и со пречник Ф700. Инвеститор на Проектот е НЕР АД Скопје - Национални Енергетски Ресурси, акционерско друштво за вршење на енергетски дејности, Скопје, во државна сопственост.
О
Важност на проектот: Поддршка на гасификацијата на земјата со обезбедување на интерконекциска точка што може да снабдува големи количини на гас за да се задоволи очекуваниот раст на побарувачката, l Обезбедува сигурност во снабдувањето со нудење диверзификација на извори на снабдување, l Обезбедува интеграција на пазарот со цел да им се овозможи на потрошувачите во Северна Македонија да имаат цени на гасот слични на оние на соседните земји, l Одржлив извор на енергија за земјата која има слаб индекс на интензитет на емисија. l
Согласно законската регулатива на РСМ е изработена соодветна техничка документација и постапка за Оцена на Влијание врз Животна Средина (ОВЖС) со цел да се утврди усогласеност со стандардите за животна средина и социјални аспекти, односно осигура дека
проектот ги вклучува сите потребни мерки за заштита на животната средина и социјалните аспекти како основен услов за добивање согласност за негова реализација. Покрај применетите национални законски барања исто така се применети Политиките за животна средина и социјални аспекти на Европска Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и Европска Инвестициска Банка. Изработен е Елаборат за трајна и времена експропријација со кое е утврдена потребата за пристап кон земјиште во општините Гевгелија, Богданци, Демир Капија и Неготино, односно соодветните катастраски оштини КО Неготино, КО Тимјаник, КО Дуброво, КО Тремник, КО Прждево, КО Чифлик, КО Дрен, КО Демир Капија, КО Петрово, КО Миравци вон град, КО Габрово, КО Смоквица, КО Прдејци, КО Негорци, КО Стојаково, КО Ѓавато, КО Богданци вон град и КО Богородица. Изработен е исто така План за вклучување на засегнати чинители и заедницата и консултации со јавноста за време на оцената на животна средина и социјални аспкети и развој на техничката документација согласно националната
законска регулатива и барањата на ЕБОР. Генерална поставеност на проектот е представена на следнaта сликa: Во рамки на процесот на вклучување на засегнати страни жителите имаат можност за доставување на прашања или загрижености преку соодветна комуникација и формулар кој ќе биде објавен на веб-страницата на одговорната институција за проектот Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) или во општините во Проектната област. Прашањата ќе можат да се поднесат во писмена форма и пополнување на формулар ќе биде достапен во општинската администрација на општините низ кои поминува гасоводот. Освен со писмен формулар, прашањата ќе можат да се поднесат и со контактирање со Одговорните инженери за проектот телефонски или лично. Контактите со Национални Енергетски Ресурси (НЕР АД Скопје) се следните: 1. Иво Шурбановски ivo.shurbanovski@mer.com.mk моб.: +389 75 269 754 2. Александар Апостолоски aleksandar.apostoloski@mer.com.mk моб.: +389 75 269 763 n 28 јуни 2022
ПОРТА
7
региони
Општина Штип и АД „Аеродроми“ во битка за градежна парцела еѓу Општина Штип и АД за аеродромски услуги „Аеродроми“ се води битка за градежна парцела. Претходната, но и сегашната локална власт на парцелата од 30 хектари сака да прави нова индустриска зона, додека пак „Аеродроми“ сакаат да постават сончеви панели за производство на струја. Земјиштето е државно и се протега меѓу приградската населба Три Чешми и Калимерово. Штипскиот градоначалник, Иван Јорданов порача дека на оваа локација на која има развиена инфраструктура и е на самиот влез и излез на градот Штип не треба да се постават фотоволтаици. Индустриската зона е на барање на бизнис-секторот, бидејќи Штип нема големи парцели во старите зони за изградба на фабрики. Општината почнала со изработка на нов Детален урбанистички план, но АД „Аеродроми“ веќе иницирале пренамена на земјиштето. Лани ова акционерско друштво во државна сопственост го променило и статусот, освен основната дејност поврзана со транспортот, добива и две нови – производство и трговија со струја. „Спорот треба да го реши Агенцијата за просторно планирање. Оттаму од нас се бара мислење за поставувањето на сончевите колектори, ние сме против, но сепак конечниот збор треба да го има агенцијата“, велат од Општина Штип. Интересот за изградба на фотоволтаици е огромен, фотоволтаични централи се очекуваат во атарите на селата Чардаклија,
М
ПОРТА
Калимерово, Криви Дол, Сарчиево и Љуботен. Во близина на Три Чешми, но на
сосема друга локација треба да никне фотоцентрала со моќност од 10 мегавати. n
Во една просторија на стариот амам почетоците на музејот за градот Дебар о стариот амам на Дебар започнаа почетоците на музејот за градот. Конечно почна да се реализира проектот за градски музеј, долго најавуван и од многумина ветуван. „Во една просторија на стариот градски амам, кој пред повеќе години беше реконструиран и пренаменет во галерија, започнаа првите чекори за реализација на дамнешниот сон, дебарчани да добијат историски и културен музеј“, изјави градоначалникот Хекуран Дука. „Оттука започнува остварувањето на сонот да имаме историски и културен музеј на Дебар. Општината ќе вложи максимални напори преку проекти од областа на културата да изгради модерен и заслужен музеј за овој историски град. Ги повикуваме сите граѓани и бизнисмени иницијативата да биде од нас самите и таа потоа да прерасне и да се развие во вистинска културна институција. Оние кои имаат разни артефакти за кои сметаат дека вреди да се изложат може да дојдат во Општината во единицата за општествени дејности. Добредојдени сте и за предлози и идеи“, велат од Општина Дебар. n
В
Реконструкцијата на коловозот на главниот уличен крак во село Логоварди во завршна фаза еконструкцијата на главниот уличен крак во село Логоварди, се реализира со средства од буџетот на Општина Битола, во вредност од над 7.000.000 денари, а подобрувањето на патната инфраструктура во ова место е дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ во Општина Битола во 2022 година. Како дел од проектот започна асфалтирањето на улицата во должина од 744 метри. Со инфраструктурните активности направени се бетонски одводни канали и пропусти, се прави приспособување на влезовите од објектите кон новата нивелета, а се врши и проширување на улицата, со што вкупната ширина ќе биде 4,5 метри. n
Р
ПОРТА
архитектура
Нека ни е честит јубилејот Сите ние архитектите и другите поддржувачи на архитектурата, како поединци и државата преку своите институции имаме обврска да се грижиме за опстојувањето на Асоцијацијата на архитекти на Македонија зашто претставува битен и незаменлив дел на нашето општествено живеење и е во коренот на нашите идентитетски карактеристики, нешто што нè прави полноправна заедница во меѓународни рамки Мишко РАЛЕВ, претседател на ААМ социјацијата на архитекти на Македонија – ААМ на 26.6.2022 слави значаен јубилеј, 70 години од своето постоење. Имено, со решение на Министерството за внатрешни работи на НР Македонија се одобрува основање и работа на Друштво на архитекти на Народна Република Македонија (ДАМ) со седиште во град Скопје, а со право на дејност на подрачјето на Народна Република Македонија. Формирањето на нашето здружение се случило само после седум години по завршувањето на Втората светска војна и три години од отпочувањето со работа на Техничкиот факултет во Скопје. И оттогаш еве веќе 70 години AAM претставува особен општествен чинител и покрај промените настанати со формирањето на Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија. На формирањето на Друштвото на
А
ПОРТА
архитекти му претходело формирање на Здружението на инженери и техничари веднаш после војната во април 1945 година, по што следувало и формирање Сојуз на здруженијата на инженери и техничари на Југославија, за подоцна да отпочне со формирање друштва на поодделните инженерски струки. Сите тие беа дел од номенклатурата на ССРНМ (Социјалистички сојуз на работниот народ на Македонија), сè до крајот на постоењето на Југославија. Друштвото на архитекти на Македонија - ДАМ, под тоа име работи сè до 1980 година кога се преименува во Сојуз на друштва на архитекти – СДАМ, кога се воспоставува нова организациска структура со формирањето градски друштва низ целата република. А во 1999 година, СДАМ се претвора во Асоцијација на архитекти на Македонија како современ облик на граѓанско здружување врз база на стручна профилација. Според евиденцијата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија со неа претседавале голем број на истакнати архитекти, меѓу кои постарите се веќе дел
од историјата на културата на нашата држава па да споменеме неколку: Сотир Томовски, Борис Чипан, Александар Жупан, Љубе Пота, Крум Томовски, Михо Чакеља, Душко Пецовски, Љубомир Томиќ, Славко Брезовски, Живко Поповски, Трајко Димитров, Александар Смилевски, Александар Никољски, Кирил Муратовски, Александар Карев, Панта Христовски, Венцислава Гаврилска, Вангел Божиновски, Вања Стефановски, Зоран
ДРУШТВОТО НА АРХИТЕКТИТЕ Е ФОРМИРАНО НА 26.6.1952
70 години постоење на ААМ!
Ивановски, , Тихомир Стојков, Драган Стојановски, Кокан Грчев, Даница Павловска, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, Мартин Пановски. Прв претседател на Друштвото на архитекти бил Сотир Томовски, еден од само петте архитекти кои работеле во Македонија од пред војната. Според проф. Борис Чипан, активностите на новооформеното Друштво во почетокот не биле чести ниту значајни, зашто главно се работело според политички директиви, а проблеми околу струката и немало, како дипломирале првите студенти на новоформираниот Технички факултет сите веднаш добивале работа. Прва позначајна активност било организирањето Собир на архитектите на Југославија во Охрид во 1958 година, на кој веќе почнале да се водат критички дебати и да се 28 јуни 2022
ПОРТА
11
организираат изложби на архитектонските творби во земјата и странство. Отпочнувањето со работа на Друштвото на архитекти на Македонија, професорот Крум Томовски во едно сеќавање ќе посочи дека е битен момент за архитектонското формирање и опстојување на тогашните нови генерации архитекти. Тоа се години кога се поставени основите врз кои се градела архитектурата како професија, како образование, време на афирмација и општествена валоризација. Со оглед на малиот број школувани архитекти кај нас, јавноста не била на чисто за тоа за каква професија станувало збор, повеќето разбирале дека се тоа некакви „цртачи“, но не повеќе од тоа. Затоа, според него, тоа биле години на самодокажување и афирмација на архитектурата како креативна професија и како зачетник на секој градбен процес, од идеја, план, проект и изведба. Друштвото на архитекти ја одиграло пионерската задача во толкувањето на суштествената улога на нашата струка и нејзините специфичности. Но, тоа станувало многу појасно како се зголемувала динамиката на поствоената изградба низ целата тогашна Југославија. Улогата на Здружението на архитекти била важен сегмент во едукација во професијата преку разни советувања, конгреси на одредени проектантски теми, а потоа и промоција на токму тие идеи низ концепти, проекти и изведени дела. Земјотресот во Скопје им носи нови ангажмани на архитектите, а со тоа и нов начин на делување на нашето здружение, настапува време на интензивна изградба, комуникација со светски познати и признати авторитети. Со тоа македонската современа архитектура станува препознатлива и признаена низ светот, и е предмет на стручни и научни истражувања и расправи. Асоцијацијата на архитекти е предводник на критичката професионална мисла и став, наспроти лаичките обиди за нејзина деградација и отфрлање на што бевме сите сведоци во изминатата деценија преку озлогласениот квазипроект „Скопје 2014“. ААМ навреме го препозна ваквиот ретрограден план и донесе Декларација со која го отфрли и го прогласи за непрофесионален и политички. Јасни се целите и задачите на ААМ и тие се декларирани во нејзиниот Статут. Според истиот целите, определбите и делокругот на работа на ААМ се подредени на поширокиот интерес за развој, унапредување и афирмација на архитектонската професија, како на територијата на Р Македонија така и во ПОРТА
меѓународни рамки. Во таа смисла ААМ особено се грижи за развојот на архитектурата и архитектонското творење во Македонија, афирмација на македонската архитектура и творештво во меѓународни рамки, следење на случувањата на полето на архитектурата и вклучување во современите текови на развојот на архитектонската мисла, теорија и практика, следење и унапредување на нивото на архитектонската едукација, практика и квалитетот на архитектонската продукција, а секако и следење и присуство во работата на органи и институции кои ја регулираат материјата на архитектонската практика и донесуваат прописи и закони од доменот на архитектурата, градежништвото и просторното планирање и давање релевантни мислења по однос на истите. Во Статутот на ААМ се наведени и други важни цели и одредби од делокругот на нејзината работа, со што се потврдува нејзината важна општествена улога во обликувањето и организацијата на изградениот простор градејќи ги идентитетските карактеристики на нашата материјална култура. Своите активности ААМ ги артикулира низ неколкуте институции кои низ децениите од своето постоење се етаблираа како важни културни настани како: АА – Архитектонската академија, во која членуваат доајени на македонската архитектура, носители на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“; Големата годишна награда која ААМ ја доделува на најдоброто изведено архитектонско дело во државата и секако најзначајната манифестација БИМАС – Биенале на македонската архитектура, презентација и валоризација на двегодишната продукција на архитектите од Македонија. БИМАС е и една од позначајните културни манифестации воопшто во нашата држава, која вообичаено се одвива низ петнаесетдневна разновидна програма, а завршува со доделување на „Гран – при“ награда за најуспешно реализирано архитектонско дело како и на други награди по категории. Асоцијацијата на архитекти на Македонија пред повеќе од 15 години беше и еден од основачите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на РС Македонија. Со тоа се воведоа нови правни и стручни критериуми во регулирање на инженерските професии. Но, тоа ни најмалку не го намали значењето на постоењето на ААМ, ПОРТА
напротив, дури и го зајакна. Зашто ААМ беше, остана и ќе биде најширокиот демократски форум за стручна дебата, кој навидум директно нема моќ да одлучува, но индиректно, преку учество со свои претставници во комисии и одбори како
ПОРТА
стручни тела во институциите кои законски одлучуваат за просторот има можност за влијание на струката во политички одлуки. ААМ отсекогаш јавно настапува со изградени стручни ставови во прилики кога станува збор за дејствија и активности во
просторот во кој живееме во насока на заштита на јавниот интерес низ подобрување на животните просторни услови на луѓето како колектив, имајќи ги предвид поединечните потреби и желби на секој од нас. Асоцијацијата на архитекти на Македонија е член на Меѓународната унија на архитекти (UIA), Регион 2, како и на Балканскиот архитектонски форум, со кој во моментот и копретседава и е придружен член на Архитектонскиот совет на Европа. Со тоа македонските архитекти се во постојан контакт со случувањата на полето на архитектурата во светот и активно учествуваат во меѓународните здруженија што е овозможено со нејзиниот статус на граѓанско здружение што е еден вид на невладина организација и како таква ѝ е овозможен пристап до разни меѓународни стручни активности. Во текот на овие 70 години постоење во Асоцијацијата членувале стотици архитекти. Затоа, сите ние архитектите и другите поддржувачи на архитектурата, како поединци и државата преку своите институции имаме обврска да се грижиме за опстојувањето на Асоцијацијата на архитекти на Македонија зашто претставува битен и незаменлив дел на нашето општествено живеење и е во коренот на нашите идентитетски карактеристики, нешто што нè прави полноправна заедница во меѓународни рамки. Седумдесет години постоење е пригода за славење секако, но и обврска да се продолжи и понатаму со активности на поле на афирмација и поддршка на македонската архитектура и на нејзините протагонисти преку заземање нивно достојно место во нашата општествена хиерархија. n
ПОРТА
архитектура
70 години Aсоцијација на архитекти на Mакедонија - AAM ААМ со својата архива, поранешни, сегашни и идни членови, Академијата на архитектите при ААМ, сродните организации и пошироката јавност може да стане носител на колективната меморија и достигнувањата на архитектурата на територијата на Северна Македонија што претставува не само основа за вреднување на архитектонската профресија локално, туку и пошироко д-р. Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. рз основа на Решението на Министерството за внатрешни работи на Народна Република Македонија број 12279/52 од 26.6.1952 година било одобрено основањето и работата на Друштвото на архитектите на Народна Република Македонија (НРМ) со седиште во Скопје и право на дејност на територијата на НРМ, кое сега на 26.6.2022 година како Асоцијација на архитектите на Македонија (ААМ) го одбележува својот 70годишен јубилеј.
В
ДРУШТВОТО НА АРХИТЕКТИТЕ БИЛО ОСНОВАНО ОД АРХИТЕКТИ КОИ БИЛЕ ОБРАЗОВАНИ НАДВОР ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА ЗЕМЈАТА Додека официјалното одбележување на овој значаен јубилеј е во тек, веројатно е пригодно да се потсетиме на одредени настани од историјата на архитектурата на овие простори коишто придонеле за основањето на оваа организација. Со оглед дека Друштвото на архитектите на НРМ 16
ПОРТА
28 јуни 2022
било основано само три години по отпочнувањето на првите петгодишни десетсеместрални студии по архитектура на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет на Универзитетот (Св. Кирил и Методиј) во Скопје во 1949 година, произлегува дека Друштвото на архитектите на НРМ било основано од архитекти коишто биле образовани надвор од територијата на земјата без оглед на нивното потекло. Ослободувањето и воспоставувањето на тогашната Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ) по Втората светска војна овозможило заинтересираните студенти од НРМ да се запишат на тогашните архитектонски факултети во Белград, Загреб и Љубљана, основани во 1846, 1919 и 1919 година респективно, што придонело за создавањето на првите повоени кадри потребни за обновата на од војната разрушената земја. И покрај тоа што зачетоците на високото образование на територијата на Северна Македонија можат да се следат и пред тоа преку Филозофскиот факултет во Скопје (1920-1941) основан во времето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, а подоцна, според
одредени извори, и преку Универзитетот „Цар Борис Трети“ во Скопје (1941-1944) во времето на Втората светска војна, не е познато дека тие нуделе студии по архитектура. Досегашните истражувања немаат укажано дали некој по потекло од територијата на денешна Северна Македонија се стекнал со формално архитектонско образование во рамките на Отоманската Империја на сегашниот Технички универзитет во Истанбул (се смета за
Петар Ј. Поповиќ
ДРУШТВОТО НА АРХИТЕКТИТЕ Е ФОРМИРАНО НА 26.6.1952
Капела во Штип, Петар Ј. Поповиќ третиот најстар технички универзитет во светот оригинално основан како Империјална школа за поморско инженерство во 1773 година) од 1845 година или пак на Мимар Синан универзитетот за применети уметности во Истанбул (основан како Школа за применети уметности по угледот на европските) од 1883 година. ПЕТАР Ј. ПОПОВИЌ ВЕРОЈАТНО БИЛ ПРВИОТ СО ФОРМАЛНО АРХИТЕКТОНСКО ОБРАЗОВАНИЕ Врз основа на истражуавњaта прозилегува дека Петар Ј. Поповиќ (1873-1945) роден во
Женска гимназија - Скопје
Прилеп, а израснат во Смедерево и во Белград во Кралството Србија веројатно бил првото лице родено на територијата на денешна Северна Македонија кое се стекнало со формално архитектонско образование. Тој пред 130 години во 1892 година се запишал на Техничкиот факултет при Високата техничка школа во Белград каде што дипломирал во 1896 година студирајќи првин инженерство, а потоа и архитектура. Според српскиот академик проф. д-р. Александар Кадијевиќ, Петар Ј. Поповиќ припаѓа на генерацијата на основоположници на развитокот на градежната струка на територијата
на Србија и Кралството Југославија. Тој работел во Министерството за градежиштво (1897-1927) од каде како началник на градежната служба се пензионирал, а од 1919 година паралелно работел и како хонорарен наставник на Архитектонскиот факултет во Белград на предметот Византиски стил. Во 1925 година бил избран за член на Српската кралска академија, а година дена подоцна и за дописен член на Масариковата прашка академија на трудот. Како архитект, тој се потврдил како авторитет во доменот на проектирањето, градителството, конзервацијата и наставно-научната работа. Неговиот богат творечки опус е релативно скромен во рамките на територијата на Северна Македонија и се сведува на снимањето и инспекцијата на историските црковни објекти, како и на конзерваторските работи на Куршумли ан во Скопје и на Манастирот Матејче. За жал, неговиот единствен изграден објект на територијата на Северна Македонија бил урнат во 1941 година кога оваа територија била управувана од Кралството Бугарија. Споменкостурницата на брдото Каленици во близината на Железничката станица во Штип била изградена (1925-1926) во спомен на паднатите војници на Кралството Србија во текот на Брегалничката битка (30.6.1913 - 9.7.1913) од Втората балканска војна. СЛЕДНИТЕ ДВА АРХИТЕКТИ СЕ СТОЈМИР С. СИМИЌ И СОТИР Т. ТОМОСКИ Врз основа на расположливите информации се чини дека следните два архитекти родени на територијата на Северна Македонија исто така дипломирале во Белград и тоа во 1924 година. Тоа биле Стојмир С. Симиќ (р. 1896 во Кратово) и Сотир Т. Томиќ (Томоски, р. 1899 во Битола).
Сотир Томоски 28 јуни 2022
ПОРТА
17
Од аспектот на професијата, како значеан потег може да се смета оној од пред крајот на Втората светска војна кога со одлука на властите на Федералната единица Македонија од 3.5.1945 година на членовите на Асоцијацијата на инженери и техничари им било дозволено да се занимаваат со проектирање и изградаба на објекти од високо и нискоградба.
Женска гимназија - Скопје Со оглед на годините на нивното дипломирање, тие најверојано биле и студенти на Петар Ј. Поповиќ. Расположливите информации укажуваат дека Ратислава Ч. Вохоска (р. 1914 во Скопје), по сопругот најверојатно Маѓаревиќ, дипломирала во Белград во 1938 година. За разлика од архитектот Сотир Томовски, за животот и делото на Стојмир Симиќ и Ратислава Вохоска многу малку се знае. Во рамките на овој текст невозможно е да се оддаде лично призание на сите оние по потекло од територијата на Северна Македонија или пак од други земји било архитекти или пак инженери коишто се занимавале со архитектонско проектирање и преку тоа придонеле кон развитокот на архитектурата како професија барем во изминатите 126 години од дипломирањето на веројатно првиот архитект Петар Ј. Поповиќ. Според податоците од Инженерската институција на Македонија на територијата на тогашната Градежна дирекција на Скопје во 1920 година имало барем 50 инженери и архитекти, што било доволно за да се основа Скопската секција на Здружението на југословенските инженери и архитекти. За жал,
18
ПОРТА
28 јуни 2022
засега, нивните имиња и имињата на основачите на Друштвото на архитектите на НРМ во 1952 година главно сè уште не се познати. ОСНОВАЊЕ НА ПРВОТО СРЕДНО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ - „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“ При одбележувањето на овој јубилеј не треба да се заборави и придонесот на средното техничко образование и на градежните и архитектонските техничари, од кои добар дел подоцна станале и архитекти. Во голема мерка нивното значење веројатно се гледа и во доблеста на тогашните ослободителни власти кои дури и во текот на Втората светска војна на 7.12.1944 година донеле одлука за основање на првото Средно техничко училиште во Скопје „Здравко Цветковски“. Дополнително на 10.6.1946 година биле донесени времени правила за завршниот испит во средните технички училишта, преку кои се отвориле можности за дооформување на средното образование на сите оние на коишто им било оневозможено поради војната, вклучително и на посетителите на бугарското средно техничко училиште во Битола во текот на Втората светска војна.
ПОРИГОРОЗЕН СИСТЕМ ВЕРОЈАТНО ПРИДОНЕЛ ДА Ѝ СЕ ДАДЕ ЗДРАВА ОСНОВА НА АРХИТЕКТОНСКАТА ПРОФЕСИЈА Следејќи ја законската регулатива од повоениот период може да се види дека воопшто не било лесно да се стане помлад техничар или помлад инженер/архитект во тој период. Така по завршувањето на формалното образование требало да поминат од 24 до 30 месеци стаж од кој најмалку12 месеци требало да бидат на проектирање, а најмалку 12 месеци на градилиште. Стручниот испит се состоел од писмен и двочасовен устен испит, при што писмениот испит за техничарите траел пет дена и тоа до по осум часа секој ден во кој период кандидатот требало во училница под надзор на испитната комисија, самостојно да изготви проект на помал објект вклучително со предмер и пресметка, и статички пресметки за носечките конструктивни елементи. Инженерите и архитектите биле малку „привилегирани“ во оваа смисла со оглед дека тие имале 15 дена рок за изработка на поголем проект од дома, но со истиот опсег на барања: проект вклучително со предмер и пресметка, и статички пресметки за носечките конструктивни елементи. Секој кандидат имал право на најмногу три обиди за полагање на стручниот испит за помлад техничар или инженер/архитект. Ваквиот тогашен поформален и поригорозен систем веројатно придонел да ѝ се даде здрава основа на архитектонската професија, која пак во повоениот период на ограничени материјални и човечки ресурси, сепак успеала да реализра голем број на објекти со кои и денес се гордееме.
ДРУШТВОТО НА АРХИТЕКТИТЕ Е ФОРМИРАНО НА 26.6.1952 Со официјалното реафирмирање на статусот на Сојузот на инженерите и техничарите во Македонија од 1949 година биле поставени и основите за професионално организирање на професиите од доменот на изградената средина, што довело до основање на Друштвото на градежни инженери и техници на НРМ во 1951 година, на Друштвото на архитектите на НРМ во 1952 година, Друштвото на електромашинските инженери и техници во НРМ во 1952 година и на Урбанистичкото друштво на НРМ во 1956 година. За жал не сите професионални здруженија основани во 1950-тите години сè уште опстојуваат, а и оние што опстојуваат се соочуваат со егзистенцијални проблеми, особено по пренесувањето на ингеренциите за издавање овластувања од државата на новоформираните стручни комори. Ова не е исклучиво македонски феномен и проблем, туку со иститот се среќаваат и другите поранешни републики на СФРЈ. Веројатно може да се каже дека ваквите состојби не се само одраз на воведувањето на стручните комори туку и на економското раслојување, деградацијата и уситнувањето на професиите во доменот на градежништвото и изградената средина, што делумно е и светски феномен. Во оваа смисла веројатно е потребно да се направат обиди за одредена поделба на ингеренциите помеѓу Комората и Асоцијацијата, за да се осмисли и обезбеди нивната иднина, како за потребите на идните генерации, така и за очувување на еве веќе 70-годишната традиција на Асоцијацијата на архитектите на Македонија.
ААМ со својата архива, поранешни, сегашни и идни членови, членовите на Академијата на архитектите при ААМ, сродните организации и пошироката јавност може да стане носител на колективната меморија и достигнувањата на архитектурата на територијата на Северна Македонија, што претставува не
само основа за вреднување на архитектонската професија локално, туку и пошироко. Нека ѝ е честит 70-тиот јубилеј на Асоцијацијата на архитектите на Македонија со најубави желби за нејзина понатамошна плодна и успешна работа! n
ПОРТА
став
Тетово: Живот во урбана и Нешто е труло во Тетово. Многу труло. Имам впечаток дека во мојот град најмногу е изразено тоа „свето тројство“ на корупција, импровизација и непрофесионализам, кое ја „јаде“ нормалноста во градот, а младиот човек го брка надвор
Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх. овод за ваквиот наслов и пишување ваков текст е неодамнешниот пожар на тетовската фабрика „Пофикс“, сместена во пространите објекти на поранешна „Македонија Табак“. Нам тетовчани веќе ни стана нормално по лошо да го гледаме нашиот град на националните телевизии. До толку лошите вести од градот ни станаа нормални, та веќе не се ни
П 20
ПОРТА
28 јуни 2022
растревожуваме онолку колку што природнo би се растревожиле жители на еден град гледајќи што сѐ се случува во него. Многумина дури воопшто ни „мува не ги лази“. Општата апатичност кажува доволно за нашите очекувања, не само од надлежните, туку и од самите себе како жители овде. ГРАДОТ ГО ИЗГУБИ СВОЈОТ И ОНАКА КРЕВОК ИДЕНТИТЕТ Но, да одиме по ред. Ако постои индикатор за тоа колку пати е намален општиот квалитет
на живот во една градска средина денес, во сооднос со, на пример, 1990 г., Тетово сигурно ќе биде на врвот на таа листа во Македонија. Претпоставувам и во цела бивша Југославија, па и пошироко. Некој би помислил дека тоа што Тетово мина низ воен конфликт најмногу се одразило на уназадувањето на градот. Лично сметам дека војната од 2001 г. не му остави на градот позначителни лузни од аспект на неговите урбани квалитети и воопшто градско живеење – настрана личните загуби кај дел од
„СВЕТО ТРОЈСТВО“ НА КОРУПЦИЈА, ИМПРОВИЗАЦИЈА И НЕПРОФЕСИОНАЛИЗАМ
еколошка катастрофа
населението, траумите или минорното менување на демографската структура директно поврзано со војната. Демографската структура се менувала и пред неа, а особено се менува во последните 10-тина години, што веројатно ни кажува дека настаните од 2001 г. немаат преголема врска со отселувањата од Тетово колку што општо се мисли. Како и да е, градот го има изгубено својот и онака кревок идентитет граден макотрпно низ неколку века. Градот растен спонтано, со убави дрвореди, зелени дворови и мирни сокачиња, во кој летните ноќи биле студени поради влијанието од Шара, во втората половина од дваесеттиот век добива и модерен шмек преку низата на храбри урбанистички потези и изградбата на неколку општествени објекти. Но сепак и по тој период на големи градежни зафати, претежно во 70тите години од минатиот век, за Тетово останува силно да важи фразата „Градот под Шара“. Таквиот епитет не бил само фигуративен и не бил само географска одредница каков што е денес. Битисувањето на еден град во подножјето на масивна планина како Шара, подразбирал најпрво чист воздух и константно струење на ветер, а потоа и чувство на населението за негување на чистотата, зеленилото и дрвјата, како и чувство за домаќинско уредување на сопствените дворови богати со цвеќиња кои ѕиркале низ оградите и ја комплетирале сликата за градот. Градскиот дух го
надополнувале културните настани, еснафското живеење, спортот и отменоста по која биле препознатливи жителите. Ронењето на таквиот дух коинцидирал со сронувањето на бившата држава. Да не делувам југоносталгично – имам впечаток дека југоносталгијата во последно време се доживува како непосакувана појава во нашево општество – но тука би нафрлил една теза во таа насока. Низ глава ми се провлекува еден став, не мој, став кој го имам чуено од повозрасни, дека најголеми губитници од распадот на Југославија, секој на свој начин, своевремено биле музичката група „Бијело Дугме“, ФК Црвена Ѕвезда и југословенската репрезентација во фудбал – сите од разбирливи причини. Сегашната состојба на Тетово, ми кажува дека и Тетово е еден од оние монументални „губитници“ од распадот на Југославија. Не би аргументирал дали, како и колку ова е вистина, но силната поврзаност на тонењето на градот во секоја смисла од распадот наваму, сигурно не може да биде обична случајност.
споменал отсуството на градски парк, недостатокот на отворени рекреативни зони и премалку културни настани на годишно ниво, но и елементарни работи како недостатокот на градинки или преоптоварените, дотраени и застарени инфраструктурни мрежи. Корените на сето ова се неминовно врзани со недостатокот на образование, криминалот, корупцијата, импровизациите и непрофесионализмот. Поразително е што овие појави се сраснати во населението како наши карактерни особини – одамна не се веќе само општествени или изолирани појави. Како да стана нормално да се импровизира во сѐ;
ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ОДРЕДЕНИ РАБОТИ КОИ ГО ПРАВАТ ГРАДОТ – ГРАД Мојата генерација, (1990) живеејќи во Тетово, го чувствува недостатокот на витални сегменти во урбаното живеење, но - уште потажно - сведочи за намалувањето или исчезнувањето на одредени работи кои го прават градот – град. Во прв план, би го ПОРТА
како да стана нормално дека треба да ги „почастиш“ административните службеници за тоа што ти завршиле работа за која секако дека се веќе платени од твоите даноци во форма на плата; како да стана нормално да бараш дупка во закон за да озакониш сомнителна трансакција. НЕГОВАТА СВЕТОСТ – АВТОМОБИЛОТ Посебна тема за разговор е сообраќајниот хаос и претворањето на Тетово во таков еден автоцентричен град, небаре има површина на Токио, па затоа автомобилот ни е неопходен за да ги совладаме сите тие „долги“ градски растојанија. Последново, околу неразумната употреба на автомобилот, веројатно има врска и со неговото негување како статусен симбол, што можеби најмногу придонесува да се користи од мнозинство од населението без реална потреба – но, не знам дали се работи за истакнување на личниот статус, општа мрзеливост или можеби некаков срам да бидеш затечен од познаник на тротоар, па да мора да му признаеш дека дента си се решил пеш да поминеш цели 800 метри за до работа без да го удостоиш автомобилот. Вака некако може да се објасни тетовската опсесија за возење, бидејќи едноставно невозможно е сите мои сограѓани да се дотолку зафатени, што одењето пеш низ релативно малото Тетово им одзема толку многу „драгоцено“ време од денот. Секако дека во ваквите тажни и нездрави навики, своја улога одигрува и отсуството на градска визија за дестимулација на користењето личен автомобил, што секако дека треба да оди рака под рака со стимулацијата на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај и воспоставувањето на ефикасен градски и приградски јавен превоз. Ставањето на автомобилот на пиедестал, неминовно повлекува бесценети зелени или други природни површини да се бетонираат со цел 22
ПОРТА
28 јуни 2022
да се добие паркинг-место плус за неговата светост – автомобилот. Хуманата димензија на градот е изгубена, потребите на автомобилот имаат приоритет пред потребите на човекот. Сечењето нa старите дрвореди под смешни изговори – како во неодамнешниот случај со осум децении стариот дрворед на улицата „Страшо Пинџур“, но и несоодветното одржување на буквално сите стари дрвја во градот, дополнително кажува за односот во градот кон зеленилото. КОРУПТИВНО И НЕПРОФЕСИОНАЛНО ПОВЕДЕНИЕ Погореспоменатите импровизации во работењето, корупцијата и непрофесионализмот, кои се присутни во Тетово години, па и децении наназад, почнуваат да го земаат данокот преку природните несреќи последно време. За волја на вистината несреќи се случуваат секаде, но имам впечаток дека само во вакви средини е
толку тешко справувањето со нив. Често се провлекува една теза која вели „земјотресите не убиваат, туку лошо изведените објекти“. Аналогијата е практично идентична за сите несреќи. Веројатно не би имало толкави штети од пожари, поплави или други несреќи кога сите објекти секаде во државата би се извеле согласно проектите и би се примениле сите заштитни мерки посочени и проектирани во разните проектни елаборати, а справувањето со несреќите сигурно дека би било поефикасно и поекспедитивно. Но, кај нас огромен дел од проектната документација знае да биде „мртво слово на хартија“, колку за да се обезбедат потребните одобренија или дозволи за работа. Ваквото коруптивно и непрофесионално поведение е присутно во цела држава на најразлични начини. Ако поплавите во Стајковци беа предизвикани од ретко видено невреме, сигурно дека штетите ќе беа помали доколку шумската полиција работела поажурно во децениите претходно и не дозволела Скопска Црна Гора да биде до таа мера соголена од дрвокрадци да не може ни малку да задржи од дождот во тоа невреме, а притоа одговорните проектанти, ревиденти, изведувачи и надзори на обиколницата професионално си ја завршеле својата работа. На Тетово и Тетовско му се случија поплави во неколку села годината пред тоа, а најкритично беше во селата Шипковица и Речица. Директната причина за појава на несреќата – природата; директната причина пак за обемот на штетата – дивата сеча на шума, дивоградбите, немањето инфраструктура. Веројатно и сообраќајните несреќи, како онаа кај Ласкарци или во Бугарија на „Беса Транс“, се комбинација од неколку фактори чии основни корени секогаш треба да се бараат во непрофесионализмот, корупцијата и импровизациите – но да не ја проширувам темата во туѓи експертизи.
ПОТОПЕНИ УЛИЦИ На Тетово му се случи и пожарот во модуларната болница – и пак, како последица на факторите погоре. Од друга страна, при секој поголем дожд во градот веќе наголемо се поплавуваат и оние улици кои претходно не биле поплавувани. Една од причините, освен дождот, секако дека е и немањето атмосферска канализација на прво место, но не треба да се занемарува еден друг феномен во Тетово, кој придонесува за ваквата состојба со потопени улици, а тоа е намалувањето на природните апсорпциони површини за атмосферските талози. Такви се приватните дворови во една урбана средина, кои не за џабе треба да се остават во голема мера озеленети, почвени, природни – непоплочени, небехатонирани – со тоа ѝ помогаат на градската инфраструктура
полесно да се справи со наглото количество на дожд во критични невремиња. Не постои градска атмосферска канализација која има капацитет да ги собере сите води кои одеднаш ќе се разлеат по улиците, не само од нивните површини, туку и од целосно бетонираните приватни дворови, кои секако имаат пад кон улицата. Затоа, меѓу другото, постои и Законот за урбано зеленило кој пропишува барем 20 % од сопствената парцела да ја оставиш природна. Настрана естетскиот момент и менувањето на градските визури во Тетово, кое освен со отсуство на зелени површини по дворовите, е засилено и со огромните ѕидови кои ги ограничуваат истите. Разбирливи ми се тие интимни причини за максимална приватност и нетранспарентни ѕидани огради. Но треба да се потенцира дека тоа, во комбинација со
нашето лошо поведение, тука – во ова климатско подрачје, во срцето на Европа, а не сред пустина – гради еден несреќен сплет на околности поради кој повторно се поплавија тетовските улици кон крајот на мај, по невреме по кое 100-тина куќи завршија со поплавени подруми. ВО ВАКВОТО ИМПРОВИЗИРАНО ЖИВЕЕЊЕ ИЗБУВНУВАЊЕ ПОЖАР НА АТРАКТИВНА ЛОКАЦИЈА ОТВОРА СОМНЕЖ И да го завршам кругот со лајтмотивот на овој текст – само еден ден по последните поплави, дојде пожарот во „Пофикс“. Не ги знам непосредните причини, но сигурно дека корените, како за самото избувнување на пожарот – така и за енормно тешкото справување со него – треба да се бараат повторно во „светото тројство“: корупцијата, импровизациите и непрофесионализмот. Не знаеме дали, како и колку биле запазени мерките за заштита од пожари и други несреќи, кои сигурно дека на хартија постоеле. Не знаеме ни што дишевме дента, додека надлежните нѐ убедуваа дека мерните станици не покажувале загадување. Секако дека во ваквото импровизирано живеење самото избувнување пожар на атрактивна градежна локација, независно што таа веќе е во приватна сопственост, со право отвора сомнеж кај јавноста, особено што сѐ уште не е донесен нов ДУП за локацијата. Нешто е труло во Тетово. Многу труло. Имам впечаток дека во мојот град најмногу е изразено тоа „свето тројство“ на корупција, импровизација и непрофесионализам, кое ја „јаде“ нормалноста во градот, а младиот човек го брка надвор. . n 28 јуни 2022
ПОРТА
23
градежништво
Потребни се организирани Пропустите и недостатоците придонесуваат за поскапа градба и небезбедна организација на градилиштата, која пак доведува градежната индустрија да биде при врвот по повредени и починати работници, за што одговорност речиси никој и не презема Косто ГРАОРКОСКИ, дипл. инж. арх. дна од темелните фази при изградба на објектите е добрата организација и изработката на шемата на градилиштата, но инвеститорите, проектантите, ревидентите, изведувачите, надзорот и инспекциските служби како да забораваат да ги исполнат своите професионални и законски обврски. Многу малку се посветува потребното внимание на речиси секое градилиште во земјава, особено во градовите на локациите каде што има тесни грла или на локации со целосна околна изграденост. Градилиштето е простор на кој се гради градежен објект или се изведуваат градежни работи и простор на кој се сместуваат машините за градење, градежните материјали за градба, работилници за припремни работи, инсталации потребни за градба, канцелариски простории, санитарни јазли, опрема и инсталации за безбедносен надзор или простор за чувар. Градилиштето треба да биде оградено и да има информациона табла со податоци за инвеститорот, проектантот, изведувачот на работите, надзорот, името и видот на објектот, податоци за градежната дозвола, почеток и завршеток на работите. Како резултат на пропустите на некои чинители во организацијата на изградбата на објектите, денес сè почесто гледаме и среќаваме градилишта каде што владее општ хаос, опасност од повреди, застој во изведување на работите, опасност од пожари, застој на функционирање на сообраќајот и околниот простор и слично. Честа е сликата на монтажа и движење на кранови и дигалки вон локацијата за градба на објектот, како и попречување, а дури и спречување пристапи кон соседните, веќе изградени објекти, со несоодветно складирани градежни материјали. Се узурпираат постојните паркинзи и
Е
ПОРТА
Сè ПОЧЕСТО ГЛЕДАМЕ ХАОС, ОПАСНОСТ ОД ПОВРЕДИ, ЗАСТОЈ ВО ИЗВЕДУВАЊЕ
и безбедни градилишта локалните улици, за што понекогаш се бара интервенција и асистенција на полициските органи, ги нема заштитните огради, оплатите против одрони, неретко изостанува обезбедување на градежната јама со шипови, или тоа се прави недоволно, а изостанува и потребното ноќно обележување и осветлување. Ретко се монтираат заштитни оплати за минувачите и за соседните објекти или соодветни заштитни скелиња за работниците и техничкиот персонал на објектот. Посебна приказна е траспортот на градежните материјали, особено при транспортот на бетон, цемент, вар, разни малтери, земја, песок и чакал, кога од пумпите за бетон, миксерите за бетон и камионите се истураат многу од набројаните материјали, кои потоа не се чистат и се разнесуваат во околните објекти, или преку воздухот се пренесуваат и во подалечната околина. За чистење и миење на транспортните средства ретко се преземаат активности. Неретко на градилиштата се среќаваат импровизирани електрични приклучоци, кои се потенцијална опасност за вработените и минувачите. Исто така на повеќето градилишта не се почитува обврската за носење лична заштитна опрема, а нема ниту соодветни информациони табли за градилиштето. Сите овие пропусти и недостатоци придонесуваат за поскапа градба и небезбедна организација на градилиштата, која пак доведува градежната индустрија да биде при врвот по повредени и починати работници, за што одговорност речиси никој и не презема. За ефикасно да се уреди и организира градилиштето, како и да се елиминираат повеќе од набројаните пропусти, потребно е да се изработи соодветен елаборат за уредување на градилиштето (план за уредување на градилиштето или проект за уредување на градилиштето) и истиот
ПОРТА
доследно да се реализира и контролира. За да се изработи успешен елаборат за уредување на градилиштето потребно е претходно да се изврши потребната анализа на локацијата и посебно да се посвети внимание на: - урбанистичките услови - сообраќајните услови (надворешен и внатрешен транспорт) - техничко-технолошки услови - геолошки услови Елаборатот за уредување на градилиштето како технички документ треба да содржи шематски приказ на градилиштето (шема на градилиште), опис за изведувачките работи, пресметка на потребните површини за складирање на градежните материјали и мерките за безбедност, противпожарна заштита - ППЗ и заштита при работа. Шемата на градилиште претставува детален приказ - ситуација, која во зависност од големината на локацијата се изработува во размер од 1 : 200 до 1 : 1.000, по потреба со додатни цртежи или скици, кои може да бидат изработени и во други размери. Шемата на градилиштето содржи: - димензии на градежната парцела - висински коти и нивелација на постојното земјиште - регулациони и градежни линии, положба и катност на објектите - положба и броеви на соседните катастарски парцели и згради и име на улиците - приказ на објектот кој се гради - распоред на опремата за работа - приказ на планираните привремени објекти - распоред на приклучоците за инфраструктура - места за складирање на градежните материјали - влез и излез од градилиштето со внатрешните сообраќајници Ако доследно ги почитуваме сите погоренаведени мерки секако дека ќе имаме добро организирани и безбедни градилишта.n ПОРТА
ПОРТА
градежништво
Изградбата на новиот Аеродром Берлин Бранденбург: од предизвик – до кошмар! Сепак се случува превид во реализацијата, преку кој надлежните државни органи, како во пресудната 2012 година, така и многу пати потоа, едноставно не можат да прогледаат низ прсти. Цврсто остануваат на ставот дека безбедноста е пред сè, исто како и законските прописи, кои мора да се почитуваат во целост во сите области на градежништвото, како и во делот на превентивна заштита од пожари
Горанчо ТОДОРОВ, дипл. град. инж. (Специјално за Порта 3 од Берлин) ерлин е град кој во годините после Втората светска војна па сè до октомври 1990 година бил поделен на два дела, Западен Берлин – кој припаѓал во БДР (Bundesrepublik Deutschland) и Источен Берлин – кој припаѓал во ДДР (Deutsche Demokratische Republik). Овие два тогаш засебни града, како во секој друг поглед, така и во инфраструктурен, со текот на годините се развиваале согласно политиките и потребите на истоимените држави. Во Западен Берлин освен постоечкиот Аеродром Темпелхоф, кој е изграден и пуштен во употреба во 1923
Б 28
ПОРТА
28 јуни 2022
ЧОВЕЧКИОТ ЖИВОТ И БЕЗБЕДНОСТА СЕ ПРЕД Сè година, во 1960 година полетува првиот патнички авион од Аеродромот Тегел, кој се наоѓа во северозападниот дел од градот. Во Источен Берлин со доадаптација и реконструкција на дотогашната фабрика за производство на авиони Хеншел, во 1947 се пушта во употреба Аеродромот Шонефелд, кој се наоѓа на јужната граница од градот во Сојузната Држава Бранденбург. По соединувањето на Германија и отстранувањето на границите, како и на ѕидот кој неприродно го делел Берлин на два засебни града, започнува предизвикот на урбанистичко, а со тоа и на инфраструктурно хармонизирање. За таа цел, речиси само еден месец по паѓањето на берлинскиот ѕид, се формира стручна
комисија за инфраструктурно реорганизирање на патничкиот и товарниот воздушен сообраќај во главниот град. Понатамошното функционирање на Аеродромот Темпелхоф, кој се наоѓа близу централното градско подрачје, се смета за критично и за таа цел веднаш интензитетот на сообраќајот е намален. Аеродромот Тегел, чија заштитна ограда на деловите до пистата се дели од станбените блокови само со еден булевар, повеќе е од јасно дека во еден проект за светска метропола нема место. Поради овие причини се започнува со планирање на нов концепт за централен Аеродром Берлин-Бранденбург, чија локација од сите стручни параметри најсоодветствува
со постоечкиот Аеродром Шонефелд, а со тенденција сите останати да се затворат. Главни аеродромски терминали Т1 и Т2 – план и изградба Идејниот проект за новиот централен Аеродром ги опфаќа во целост капацитетите на постоечкиот Аеродром Шонефелд (сега терминал - 5). Се планира уште една писта – јужна, меѓу која и постоечката – северна, се лоцираат нови два главни терминали Т1 и Т2 вклучувајќи и многу придружни објекти, како што се царински терминали, магацини, катни гаражи, хотели и сл. Железничката линија од станицата Шонефелд се продолжува до самата зграда на терминал-1 со што се овозможува брз и лесен трансфер на патниците како до центарот на Берлин така и до други градови од државата.
ПОРТА
После многу изработени студии и проекти, во септември 2006 год. се започнува со изведба на инфраструктурните објекти. Во месец април 2007 година главните терминални згради (Т1 и Т2) добиваат дозвола за градба, а по изработката на тендерска документација и изборот на изведувач, во јули 2008 год. се започнува со градба на истите. Планиран датум за пуштање на Аеродромот во употреба е 30 октомври 2011 година. Во 2009 година главните проектанти добиваат измена на проектната задача, односно новиот аеродром наместо капацитет од 22 до 25 милиони патници годишно, треба да има 27 милиони. Поради ова се менуваат изведбените проекти и истите се приспособуваат на веќе изградените делови од карабината, а датумот за пуштање на Аеродромот во употреба се поместува за 3 јуни 2012 год. Иако менувањето и надоградувањето на изведбените планови во текот на градба е стандардна и рутинска процедура кај сите чинители, односно учесници во проектот, сепак во овој капитален проект истото се покажало помалку успешно. При вршењето на редовните стручни контроли од страна на надлежниот државен стручен орган и стручните институти и фирми ангажирани од нив, се констатирани голем број на недостатоци, поради кои официјално на 8 мај 2012 година е одложено планираното пуштање во употреба на Аеродромот предвидено за 3 јуни 2012 година. Истото се пролонгира неколку пати, се до месец април 2020 година кога добива употребна дозвола, а официјално е пуштен во употреба на 31 октомври 2020 година. За утврдување на виновниците за големиот број на недостатоци кои придонесоа до огромни дополнителни трошоци и осумгодишно пролонгирање на пуштање во употреба на главните аеродромски терминали Т1 и Т2 се ангажирани сите надлежни институции на СР Германија и се преземени соодветни мерки и активности. Констатирани недостатоци во 2012 година при изградбата на новите терминали и нивно отстранување Дел од недостатоците кои се констатирани при интензивните контроли и надзор во 2012 година се следниве: Речиси 4.000 простории се погрешно нумерирани, кои се наоѓаат во делот каде терминалите се репроектирани. Нумерацијата кај овие простории е важна сама по себе, бидејќи истата ја следат вентилациските системи и затворачи, системите за дојава и превенција од пожар итн. Како резултат на репроектирањето се 30
ПОРТА
28 јуни 2022
Кај преграден масивен ѕид со отпорност на пожар од 90 минути е констатирано дека отворите предвидени за спроведување инсталации не се затворени.
добиваат услови за повеќе техничка опрема, а истото повлекува и повеќе електроинсталација, која за жал на некои места е поставена спротивно од правилата за превентивна заштита од пожар. На пример: каблите минуваат, односно се вкрстуваат со главна линија за греење или водовод (топла + ладна вода); некои траси содржат поголем број на кабли од дозволеното; кабли без соодветна отпорност на пожар и сл. Со цел отстранување на сите овие недостатоци, потрошени се дополнителни 90 км кабел и пропратно голем број неопходни припремни и завршни градежни работи. При монтажа на оваа дополнителна инсталација, се оштетени огромен број на противпожарни прегради (Brandschott) или пак поминуваат низ ѕид кој има отпорност на пожар од 90 минути, а самиот пробив не е обработен. Истите се констатирани од стручен надзорен тим со направени детални контроли на целиот објект, фотодокументирани и обележани во план, кои подоцна се репарирани.
Истите се санирани со противпожарен малтер.
Мора да се напомене, дека вакви слични недостатоци се евидентирани и на други преградни или носечки ѕидови, кои подоцна соодветно технички се санирани. Траси со кабли што се наоѓаат во плафонскиот дел од повеќе простории не се со дополнителна заштита од пожар, иако според концептот за превентивна заштита од пожар е предвидено. Со цел да се отстрани
недостатокот, истите дополнително се бандажирани со противпожарна фолија.
Во одредени простории е констатирано дека чистата висина на подигнатиот под е толку голема што треба да се постават во самиот под дојавувачи на пожар и распрскувачи. Бидејќи истото е оперативнотехнички особено комплицирано, а финансиски големо оптоварување, се одлучува, на деловите каде е потребно да се постави минерална волна отпорна на пожар > 1.000 °C и така да се добие потребната висина.
одредени места не функционирале во целост. Погоре се наведени само дел од групата на недостатоци кои се забележани при проверките пред техничкиот прием на Аеродромот во 2012 година. Инаку листата била многу долга и се состоела од неколку илјади точки. При крајот на 2019 година е пријавено на надлежните органи дека сите констатирани дефекти се отстранети. За таа цел, во периодот од јануари до крајот на март 2020 година на повеќе места во
главните терминални згради се вршат испитувања – симулација на пожар т.н. тестови на чад и загревање, каде присуствуваат сите надлежни чинители на проектот. Со ова се констатира комплетното однесување на објектот во случај на пожар вклучувајќи ги сите безбедносни системи за дојава и превенција, а појавените евентуални недостатоци се регистрираат и коригираат. После успешните тестирања и примопредадената техничка документација на надлежните државни органи, главните терминални згради Т1 и Т2 во месец април 2020 година, после осум години одлагање, добиваат употребна дозвола. Желбата да се направи централен аеродром во Берлин кој ќе биде конкурентен на најголемите и најатрактивни аеродроми во светот била преголема. Биле ангажирани најдобрите стручни лица, фирми, институти од цела СР Германија. Не се штедени ниту ресурси, а уште помалку финансии. Сепак се случува превид во реализацијата, преку кој надлежните државни органи, како во пресудната 2012 година, така и многу пати потоа, едноставно не можат да прогледаат низ прсти. Цврсто остануваат на ставот дека безбедноста е пред сè, исто како и законските прописи, кои мора да се почитуваат во целост во сите области на градежништвото, и во делот на превентивната заштита од пожари. Иако овој проект на крај чини милијарди евра повеќе од предвиденото, сепак човечкиот живот и неговата безбедност се пред сè! n
Многу продори на инсталации низ меѓукатната конструкција не се обработени согласно важечките прописи и стандарди за превенција од пожар. Ова особено е евидентно во деловите каде има подигнати подови и технички соби. Системите за распрскување како и за вадење на чадот во случај на пожар, на ПОРТА
градежништво
Дефинирање на енвелопа на двослојна лушпа при дејство на сеизмичка сила Дефинирањето на енвелопа е функција која е вградена во различни софтверски пакети, но за поставените цели неопходна е имплементација на методот во соодветен софтвер. Нејзиното внесување во Rhinoceros3D и Grasshopper ја прави достапна како алатка за проектирање на формата уште при дефинирањето на самиот концепт за проектот, а применувајќи го конкретниот софтвер се овозможуваат анализи од аспект на асеизмичко проектирање
Сл.1 Поединечни лушпи за квадратна основа потпрена на четирите агли: а) дејство од вертикална сила g и хоризонтална сеизмичка сила 0,45g во негативниот у-правец-зелена мрежа; б) дејство од различни товарни комбинации-црвена мрежа
Сл.2 Грешка во дефиниција на мрежата: A) дисконтинуитетот во геометријата на лушпата; Б) резултатот по корекцијата на влезните податоци 32
ПОРТА
28 јуни 2022
МЕТОДОТ ПРИМЕНЕТ ВО СОФТВЕРСКИОТ ПАКЕТ RhinoceRos 3D
Сл.3 Дефинирање на нови влезни точки преку проекција на точки од XY рамината врз лушпите во правец на Z – оската: А) темиња на мрежата од Kangaroo; Б) мрежа од унијата на проекции на лушпите; В) проекции од темињата на новата мрежа врз лушпите; Г) нови референтни точки Асс. м-р, Теодора МИХАЈЛОВСКА, Архитектонски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Проф. д-р, Владимир ВИТАНОВ, Градежен факултет, Универзитет “ Св. Кирил и Методиј” Проф. д-р, Ана ТРОМБЕВА – ГАВРИЛОСКА, Архитектонски факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” ри дејство на хоризонтални сеизмички сили геометријата на лушпите има клучна улога во нивното однесување, пред сè поради нивната лесна маса и големата геометриска крутост. И покрај тоа сеизмичкото оптоварување ретко се зема предвид при првичното одредување на формата на лушпите, иакo би можело значајно да ја подобри материјалната ефикасност и сеизмичките перформанси. Денес се развиени методологии кои генерираат форми за лушпи проектирани да ја носат сопствената тежина и сеизмичкото оптоварување преку 3Д модели на висечки мрежи добиени со метод на динамичка релаксација. Со примена на ваквиот пристап се дефинира геометријата на еднослојна лушпа со променлива дебелина или геометријата на двослојни меѓусебно поврзани потенки и полесни лушпи.
П
Во ова истражување е презентиран методот применет во софтверскиот пакет Rhinoceros 3D. Преку имплементација во виртуелната програмска околина Grasshopper и програмскиот јазик Python изграден е алгоритам кој за зададена форма на основа, дефинирани гранични услови и интензитет на сеизмичка сила генерира двослојна лушпа. Динамичката релаксација е изведена со примена на Kangaroo, кој е интегриранa библиотека на функции во Grasshopper, по што предложениот алгоритам од добиените лушпи од различни товарни случаи ја дефинира енвелопата на двојната лушпа. ДОБИВАЊЕ ПОЕДИНЕЧНИ ЛУШПИ СО МЕТОД НА ДИНАМИЧНА РЕЛАКСАЦИЈА Со цел добивање еневелопа на двојна лушпа, најпрво се дефинираат поединечните лушпи од различни товарни случаи. Во ова истражување земени се 5 различни товарни случаи: дејство само од сопствената тежина и 4 комбинации на дејство од сопствена тежина и хоризонтални сеизмички сили во двата ортогонални правци, во позитивната и негативната насока со интензитет на забрзување од 0,45 g. Алгоритамот за изведување на операцијата кој го користи Kangaroo е форма на динамична релаксација. Со комбинирање на сите сили кои дејствуваат на секоја точка се определува рамнотежата
преку постојаното поместување на сите точки сè додека силите не се избалансираат и движењето не престане, односно сè додека структурата не застане во статичка рамнотежа. Ова се случува на динамичен начин, така што движењето ќе осцилира околу рамнотежата, а амортизацијата се користи за да се отстрани енергијата и да се обезбеди конвергенција. Во типичните инженерски апликации на динамичка релаксација, саканиот излез е конфигурација на статичка рамнотежа за зададени гранични услови. Во разгледуваниот случај земена е квадратна основа која се потпира на четирите агли, која во Rhinoceros e искористена како основа за генерирање мрежа поделена на 10 х 10 полиња во Grasshopper. Дефинираната мрежа заедно со товарите се задаваат како цели на пресметувачот кој по пат на динамичка релаксација ги моделира лушпите. Вака добиените лушпи претставуваат влезни информации за алгоритмот кој како излезна информација ја генерира енвелопата на двојната лушпа. Имајќи предвид дека специфичните функции потребни за генерирање на енвелопата не се достапни во библиотеките на Grasshopper, програмиран е класичен алгоритам во програмскиот јазик Iron Python (верзија 2.7.3). 28 јуни 2022
ПОРТА
33
Сл. 4 Дефинирање на нови референтни точки: а) унијата на проекции-зелена површина; б) пресек на проекциите-црвена линија
Сл. 5 Конечни резултати од селектирањето на точките: А) точки кои дефинираат горна граница; Б) точки кои дефинираат долна граница ДИСКОНТИНУИТЕТ ВО ГЕОМЕТРИЈА Kangaroo како излезна информација генерира две листи: листа со точки-темиња и листа со линии кои ги поврзуваат точките со метод на триангулација. Бројот на темиња и линии е идентичен со бројот на темиња и линии кои ја формираа првичната мрежа на основата, што значи дека за добиените лушпи се добива листа на референтни точки-темиња кои треба да бидат анализирани за да се дефинира енвелопата. Првичниот пристап кон анализата беше групирање на точките во квадранти во однос на нивните х и у-координати, односно создавање листа од групи на точки каде што доколку х-координатата на одредена точка припаѓа во одредени граници и укоординатата припаѓа во одредени граници, тогаш точката припаѓа на одредена група на листата. Во визуелна смисла ова претставува ортогонална мрежа од квадратни полиња проектирана во хоризонталната ХY-рамнина 34
ПОРТА
28 јуни 2022
и сите точки, чии проекции во хоризонталната рамнина припаѓаат во границите на едно поле, формираат група. Добиената листа од групи беше анализирана така што беа разгледани сите точки во рамки на групата и алгоритмот ги издвојува точката која има најголема Z-координата и точката која има најмала Z- координата. Вака дефинираните точки алгоритамот ги сортира во две листи, листа на точки со најголема Zкоордината, која се користи за генерирање на горниот слој од лушпата и листа на точки со најмала Z-координата, која се користи за генерирање на долниот слој на лушпата. Поставениот алгоритам успешно врши селекција на точките, меѓутоа е зависен од првичната дефиниција на точките од Kangaroo, односно од првичната дефиниција на мрежата, при што како влезна информација потребно е да бидат дефинирани голем број на референтни точки. Во спротивно доколку бројот на
дефинирани точки не е доволен при нивното групирање се создаваат групи во чии рамки не постојат референтни точки од секоја лушпа, што резултира со дисконтинуитет на геометријата. При разгледувањето на одредени групи можно е да не може да се дефинира референтна точка од лушпата која во тој сегмент има најголема Zкоордината, што доведува алгоритмот да избере точка која не е вистинскиот максимум за тој сегмент, резултирајќи со грешка во дефиницијата на енвелопата (сл. 2). КОРЕКЦИЈА НА ВЛЕЗНИ ПОДАТОЦИ Со цел да се надмине проблемот на дисконтинуитетот на геометријата од првичниот алгоритам, разгледани се влезните информации-точки со кои работи, при што потребно е да се потврди дека за секој разгледуван сегмент се дефинира репрезентативен примерок на референтни точки.
При разгледувањето на овој проблем важно е да се нагласи дека пресметувачот на Kangaroo како резултат, преку листата од линии, ги генерира сите потребни информации за повторно да може да се дефинира лушпата како површина (мрежа), а не само како листа на референтни точки. Grasshopper дефинира мрежи користејќи структура на податоци: теме, точка на мрежата - лице, многуаголник. Оваа структура е едноставно листа на точки кои се групирани во многуаголници (триаголници или четириаголници) кои формираат една континуирана површина. Првично работата на алгоритамот е само со темињата на мрежата, користејќи ги директно како референтни точки. Кога листата на линии ќе биде применета за повторно формирање на мрежата се добива површина (лице), а не само листа од темиња, што нуди можност да се дефинираат неограничен број на точки кои припаѓаат на површината. За да се определат референтните точки од лушпите се користи вградена функција на Grasshopper: проекција на точка на површина, која овозможува која било дадена точка да се проектира врз зададена геометрија во насока на зададен вектор. Во конкретниот случај тоа значи дека доколку во хоризонталната рамнина се зададат серија од точки, истите можат да се проектираат на лушпите во насока на Zоската (сл. 3). Овој пристап нуди две предности. Имено, проектираните точките се фиксни во поглед на нивните х и укоординати за секоја од поединечните лушпи, со што се добиваат референтни точки кои имаат идентични х и у-координати, што овозможува надминување на проблемот со создавањето празнини, добивајќи референтни точки од сите лушпи кои постојат за дадените координати. Дополнително проектирањето точка на дадена површина е процес со кој софтверот работи многу побрзо и полесно, споредено со пресметувачот на Kangaroo, што води кон побрз резултат и овозможува добивање на многу поголема листа на референтни точки, односно многу попрецизна дефиниција на енвелопата. При дефинирањето на серијата точки важно е да се дефинира границата во која точките ќе бидат зададени, со цел да се добијат референтни точки од истата, за со сигурност енвелопата во целост да ги опфати сите лушпи. Како граница на референтните точки за добивање на горниот слој од лушпата го дефинираме делот од XYрамнината во кој постои барем една од лушпите, додека како граница за долниот слој на лушпата го дефинираме делот од
рамнината во која постојат сите разгледувани лушпи. Ова е неопходно затоа што во одредени сегменти постои само една од лушпите и во таков случај таа претставува дел од горниот слој на лушпата, а бидејќи нема присуство на други референтни точки истата би била одбрана и како највисока и како најниска точка. Границите се формираат земајќи ги проекциите на секоја од лушпите во XY-рамнината и дефинирајќи ја нивната унија и нивниот пресек. Точките се зададени како темиња на мрежа која е дефинирана од унија на криви на сите проекции од лушпите во хоризонталната рамнина. Оваа листа на точки е дополнета со точките од кривата која ја дефинира разликата од сите проекции во хоризонталната рамнина. Како излезни податоци се добиваат две листи со точки, кои го дефинираат горниот и долниот слој на лушпата, односно горната и долната граница на енвелопата, со што се надминуваат проблемите со дисконтинуитетот на геометријата и се добиваат прецизни и брзи резултати. РЕЗУЛТАТИ Најголема придобивка од имплементацијата на динамичката релаксација, како метод за создавање на формата, во раните фази на проектирањето значајно може да го подобри финалниот резултат на формата во однос на носивите карактеристики. Ваквите алгоритми се
наменети пред сè за архитекти проектанти и го намалуваат потребното време за изработка на проектот, овозможувајќи ефикасен процес преку кој брзо и едноставно се разгледуваат најразлични можни решенија на формата, кои секогаш ја имаат земено предвид зададената форма на основата, дефинираните гранични услови и интензитетот на сеизмичка сила. Додадена вредност на вака добиените форми, за разлика од произволно проектираните, претставува многу подобра основа за понатамошна разработка и конструктивна анализа, што значи помалку измени во процесот на проектирање и подобра контрола од самиот почеток. Дефинирањето на енвелопа е функција која е вградена во различни софтверски пакети, но за поставените цели неопходна е имплементација на методот во соодветен софтвер. Нејзиното внесување во Rhinoceros3D и Grasshopper ја прави достапна како алатка за проектирање на формата уште при дефинирањето на самиот концепт за проектот, а применувајќи го конкретниот софтвер се овозможуваат анализи од аспект на асеизмичко проектирање. Дополнително работењето во параметарски софтвер дозволува генерираните форми веднаш да бидат разгледани и од останати аспекти во однос на програмските барања, околината, осветлувањето, со што едноставно може да се усвои оптималната форма. n
ПОРТА
Salone Del Mobile
Висока мода и суперстар архитектура Колективната одговорност, етиката и еколошката одржливост се само генералните теми за кои дизајнот денес раскажува. Не само преку јазикот на естетиката и формата, дизајнот го напушта сè побргу рувото на убавото, дизајнот презема социјални и етички функции, строго е насочен кон искористливоста и одржливоста на материјалите, поставува прашања и критикува
Текст и фото: Бојана и Иван МИРКОВСКИ, Сопственици на Каре, Смарт Ливинг и архитектонското студио Суперблок (Специјално за Порта 3 од Милано) а дизајнот навистина му беше потребен грандиозен come back! Милано овој јуни тоа го покажа, навистина, после целата двегодишна фарса, Salone Del Mobile повторно ја покажа својата величественост во полн сјај! Откажувањето на 59-тата едиција во 2020 на најголемиот дизајн-настан во светот отвори плејада сериозни прашања за иднината на ова случување. Проткаено со несигурност и страв, пандемијата го затвори настанот и создаде голем немир и промени во самата организација. Во 2021 сепак, 59-
Н ПОРТА
тата едиција се одржа во помал и невообичаен формат во септември под насловот Supersalone. Тест-едиција во хибриден формат со голем број на откажувања од најголемите актери на дизајн-сцената, 2021 беше генерална проба за она што требаше да се случи во 2022 година! Пробата којашто предизвика големо неверување и скепса, беше насловена како неуспех на дизајн-сцената да се избори со условите кои пандемијата глобално ги наметна. sALone DeL MoBiLe 2022 БЕШЕ УСПЕХ КОЈ НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ Но, најверојатно она што на прв поглед е неуспех, создаде плодна почва и позитивна енергија за развој на тоа што се случи овој
ГРАНДИОЗЕН coMe-BAck НА ДИЗАЈНОТ! јуни. Проткаено со неверојатна енергија, која беше потиснувана две години, 60-тата едиција на Salone Del Mobile 2022 беше успех кој никој не го очекуваше. Оваа година бројот на посетителите ги изненади и најголемите оптимисти. Квалитетот, посветеноста, кохезијата како и желбата за заедништво и повторно враќање на сцената го направи своето. Преку 262.000 посетители го вратија во живот дизајнспектаклот и повторно го поставија во светската сценографија како најуспешен настан кој го слави zeitgeist-от. (Ре)старт на денешницата со очи насочени кон иднината, беше слоганот на едицијата која ја прослави шестата декада на овој настан. 60 години минати во длабока посветеност кон дизајнот кој пак денес, повеќе од кога било, е насочен кон социјалната одговорност и одржливоста. Салоне можеби прослави еден клучен момент, но тоа не значи дека го достигна својот максимум. Новите хоризонти кои оваа година произлегоа поставија нови предизвици, се појавија на виделина елементи на дизајнот кои претходно беа дефинирани со максимата на Саливан: формата ја следи функцијата или пак онаа на Ван дер Ро: помалку е повеќе... Во едно свое предавање Бјарке Ингелс го цитираше Филип Џонсон со неговата критика во тоа што архитектот/дизајнерот се престори, преку неговата култна реченица I am a whore, ги продолжи мислите на големите мајстори на архитектурата со неговата максима Yes is More. Бјарке, главниот протагонист на архитектонското студио БИГ преку следственоста од Саливан па сè до Џонсон го постави патот кон концептот на една нова, општествено прифатлива одржливост која тој ја нарече хедонистичка.
ДИЗАЈНОТ ПРЕЗЕМА СОЦИЈАЛНИ И ЕТИЧКИ ФУНКЦИИ Светот на дизајнот започна да размислува за нови концепти (секако во еден нов општествен контекст) и достигнувања за кои
дизајнот ќе треба да сноси одговорност. Колективната одговорност, етиката и еколошката одржливост се само генералните теми за кои дизајнот денес раскажува. Не само преку јазикот на
ПОРТА
естетиката и формата, дизајнот го напушта сè побргу рувото на убавото, дизајнот презема социјални и етички функции, строго е насочен кон искористливоста и одржливоста на материјалите, поставува прашања и критикува, дизајнот е теоретски двигател, парадигма на процесите од кои самиот тој е создаден. Материјализацијата и производството, техничко-технолошкиот процес на дизајнирањето се глобална тема, која на долго и на широко се преиспитува низ низа дебати, панел-дискусии, интервјуа, дизајнот денес е сечиво со две остри страници, истура и ја преполнува денешницата со вишок на тешко разградливи материјали за кои (треба) да сносиме одговорност! КАРНЕВАЛ НА ЧОВЕКОВОТО ПОСТОЕЊЕ ВО ЦЕЛАТА СВОЈА СУШТИНА И што е дизајнот ако не одговорност. Тоа го видовме во Милано, го осетивме на своја кожа, допираше до нас низ сите сетила: визуелно, хаптички, преку вкусовите, мирисот, целокупната атмосфера која низ различните квартови на Милано го продолжуваше она што се случуваше во саемскиот комплекс Ро дизајниран од Фуксас. Fourisalone како што локално Италијанците ја нарекуваат неделата на дизајн во Милано, е карневал на човековото постоење во целата своја суштина. Квартовите Тортона и Брера вибрираа физички преполнети со функции кои беа распостелени низ градското ткиво, вметнати во секоја пукнатина на градот, ги покажаа сите лица на дизајнот. Луксузниот бренд Дитре Италија со својата локација на Виа Солферино 21 во срцето на Милано во квартот Брера, организираше средба на дизајнери и архитекти, заедно со Лучеплан во заеднички изложбен простор покажаа софистицираност на едно поинакво ниво. Новите модели се инспирирани од органските форми, материјалите, не само оние кои се гледаат туку и конструктивните материјали на софите и фотелјите се од одржливо потекло, со поглед насочен кон иднината, како што Марија Поро, директорката на Салоне изјави и го постави годинешниот слоган! Брендовите кои многу добро ни се познати од светот на високата мода како Луи Витон се појавуваат како дизајери на животен стил со фантастични колекции за домот. Во изложбен простор поставен во историскиот простор гаража Траверси, Луи Витон ни претстави два фантастични новитета од колекцијата „Објекти номади“ како и поширока палета на нивните класични парчиња. Уште од своето деби во 2012 со колекцијата „Објекти номади“, како 38
ПОРТА
28 јуни 2022
нов концепт на иновативност на функционални парчиња мебел, Луи Витон продолжува со соработки со интернационалната дизајн- сцена како студиото на Марсел Вандерс и покажува уникатна комбинација од креативност и својата неприкосновена savoir-faire на високата мода. Брендот Лиу Џо уште од 2018 година создава мебел и дизајн-концепти за домот. Не пречекаа со насмевка, со топлина и некоја нова енергија која претходно не била присутна во светот на мебелот. Третманот на просторот во домот е како облеката, таа треба да прилега, да го дополни карактерот, да му вдахне душа на домот. Нивниот мебел и осветлување во исто време е prêt-à-porter и haute couture во исто време. Спој на безвременски дизајн кој се припојува до душата како што облеката се припојува со телото. Данскиот производител Дан Форм со својата строга и луксузна линија е олицетворение на современиот скандинавски дизајн кој своите инспирации започна да ги црпи од максимата на Ингелс, најверојатно таа хедонистичка одржливост на сограѓанинот од Копенхаген се пронајде токму во нивните модели на столови и маси. АРХИТЕКТУРАТА НЕ Е ВИРТУЕЛНА Висока мода и суперстар архитектура! Дразба на која никој не може да остане рамнодушен. Мебел-елементите кои Питер Цумтор ги дизајнирал за потребите на своето студио како и за неговиот проект бањата во Валс, во Милано заедно со компанијата Time&Style од Јапонија, ги претставија во форма на нова колекција за мебел за канцеларија. Изработени со специјална техника и јапонски материјали создадоа дистинктивни дизајни потпишани од архитектот Цумтор. Материјалите потекнуваат од земја, од нашата планета, ги има премногу. Сите тие потекнуваат од овој ПОРТА
наш свет. Од нив создаваме дом, склопувајќи ги во хармонија. Токму тоа е задачата на архитектурата. Архитектурата не е виртуелна! Ќе изјави Питер Цумтор. Неговата серија мебел/објекти која носи со себе функционална убавина е родена пред сè од потребата. И токму оттаму, одржливоста,
ПОРТА
функционалноста и одговорноста како неприкосновена тематика и носители на целокупната слика на Салоне едиција 60 беа ставени на пиедестал. Архитектонската тема која произлезе, не само како дискурс туку и како инсталација од голем размер, поставена во павилјонот 15, изведена и курирана од архитектот Марио Кучинела
под насловот „Дизајн со природа“ беше своевиден highlight. Свесни за трансформациите кои создадоа радикален пристап, нов пејзаж и состојба на умот која придонесе до промени во сите сфери, Марио Кучинела архитекти поставија нови концепти на трасформација и начин на кој ја населуваме нашата планета. Нашата (според зборовите на М.К.) улога во дизајнпроцесот е прекурсор на иднината на просторноста, низ своевиден обид да го (ре)изградиме комплексниот еквилибриум помеѓу територијата, градот и пејзажот. „Дизајн со природа“ ги истражува темите на циркуларната економија и реискористувањето, поставува нови тези за градот како резервоар и катализатор за иднината каде најголемиот дел од материјалите ќе биде создаван. Инсталацијата ни покажа три тематики: еколошка транзиција, домот како основното градиво ткиво и градот како рудник, поставени пространо воедно како пејзаж и простор за дијалог, прибежиште за дискусија, споделување, читање и мисловна рефлексија. На голема површина беа претставени, низ архитектонска нарација, материјалите кои ја дефинираат еколошката транзиција на градот. Воедно, инсталацијата носеше и социолошка димензија, неизбежна во новиот метадискурс и реалм во кој дизајнот сега се наоѓа. Просторот едноставно собираше луѓе, создаваше врзиво ткиво на односи и дијалози, просторот беше(е) катализатор за дизајн. Визијата на Кучинела архитекти беше создавање нов екосистем од кој дијзанот ќе учи, ќе стане интелигентен, ќе биде посветен на новата социјалност. Фундаменталниот концепт на дизајнот треба да се смени, треба да придонесе
знаењето да биде достапно и пристапно, да се пренесува преку новите технологии и преку употреба на нови генерации на материјали, крајната цел, како што вели Кучинела, треба да биде екосистемскиот know-how кој ќе ни дозволи да ја преиспитаме и реоткриеме природата! ШТО АКО НАПРАВИМЕ ПОДОБРО СО ПОМАЛКУ? Во ист контекст, плејада дизајнери го откриваа својот потенцијал, млади или пак веќе етаблирани имиња беа сценографијата низ која се движевме. Низ Тортона каде е сместен фантастичниот простор на Суперстудио Пју кој во последните години, како реминисценција на 70-тите години, стана епицентар на миланската недела на дизајн. Носител на случувањата референцирани како furoisalone и прекурсор на новата модерност. Со темата „Looking Ahead“ тимот зад ова големо случување кое секогаш го дополнува миланското Салоне, со новата едиција под палката на арт директорот Џулио Капелини. Urban Matter(s) просторните инсталации и колективна изложба курирана од студиото Materiallity претстави концепет кој беше вистинскиот zeitgeist на миланскиот спектакл. Постави прашања кои ја прочепкаа суштината од еден утопистички аспект: Што ако целиот отпад се престори во градив материјал? Што ако направиме подобро со помалку? Изложбата која воедно беше и филозофски дискурс со тема материјална редукција за полесен град најверојатно и како тема ги заокружи сите идејни концепти кои се вртеа во круг околу генералната суштина годинава: одржливост. Но и сето тоа, талкајќи низ бројните павилјони во саемскиот комплекс се
обидуваа да го раскажат. За аматерското око тоа можеби би било какафонија од форми, бои, материјали, но за тренираното архитектонско око тоа беа приказни кои создаваа еден нов социопросторен дијалог, поставуваа дискурси за новата форма и естетика, која длабоко во себе имаше многу повеќе од само боја и форма, носеше суштинска елементарност и мајсторски ги артикулираше современите потреби. Насекаде околу нас, токму таа геометриска соигра на кругот, беше во центарот на вниманието, но сепак суптилно и не агресивно проткаена низ функционалноста. Не случајно, низ имињата на дизајнерите во секој даден момент налетувавме на имиња на архитекти. Сè ми се чинеше дека повеќе беа присутни архитектите, суптилно ја отелотворуваа функционалноста. Кенго Кума, Колхас, Ингелс, Цумтор... беа насекаде околу нас. Венециско биенале за архитектура како концептуален амалгам со светот на дизајнот и високата мода. Сплотени во соигра, како онаа на објектот Dancing Tower на Гери кој го изгради во Прага и му даде прекар „Џинџер и Фред“.
Џинџер Робертс беше архитектурата, Фред Астер беше дизајнот. Нивната прегратка е новиот бран кој ечеше низ миланските улици, а Брера и Тортона сценографијата! Нè фасцинираше, но и зачудуваше. Марија Поро, претседателката на Салоне дел мобиле изјави: Создавањето на оваа едиција беше моќно емоционално доживување, со фантастична симболика и нова димензија. Преку овој настан создаваме наратива за градот веќе 60 години! Целиот дизајн кој нè преплавуваше навистина беше оправдан! Му даваше смисла на просторот кој го зафаќаше и создаваше. Меките бои и облите агли, букле штофовите со земјени тонови нè потсетуваа на домот, на блискост... Одржливоста и квалитетот беа сместени високо над естетиката. И токму така, се појави некоја нова естетика, нова форма, која сè повеќе ја осеќаме за блиска, позната, како отсекогаш да сме сакале да ја создадеме. Имавме чувство дека овој дизајн го познаваме отсекогаш. Имавме чуство дека овој настан се одигрува насекаде околу нас, дека е екстериторијален и безвременски. n
ПОРТА
урбанизам
НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ НА АКТУЕЛНИОТ ГУП И НОВИОТ ЗАКОН ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
Преселба на индустријата од центрите на Скопје во некој поветувачки југ на заборавот Префрлувањето на топката на локално ниво од страна на надлежните првостепени институции, без притоа да се обезбеди соодветен механизам и рестриктивна законска регулатива за да се обврзат истите со изработка на студија за оправданост на намените и ширење на индустријата надвор од постоечките капацитети, само доведува до неконтролиран раст, намалување на квалитетот на земјиштето, сквернавење на неговиот потенцијал и отежнување при имплементација на идни пошироки зафати при урбана обнова на Скопје
Бојана ПАЛИФРОВСКА, дипл. инж. арх. ндустријализацијата од историска гледна точка, можеби е еден од главните двигатели за развој на градските ткива. Моќна формативна алатка која води до засилена урбанизација преку создавање економски раст и можности за работа што ќе значи менување на демографската структура во градовите. Но, со оглед на трендот на
И 42
ПОРТА
28 јуни 2022
мигрирање се поставува прашањето до која мера, следењето на индустриската парадигма за машински град ќе претставува симбол за неговиот развој и идентитет, а до која закана по здравјето на неговите корисници. Во време кога трошоците за производство не се надоместуваат директно од производителот, имаат тенденција да се екстернализираат на товар на членовите на општеството, особено врз маргинализираните категории, кои го сносат најголемиот дел од
јавните трошоци предизвикани од нуспроизводот во индустријата (загаден воздух, вода и почва). Ваквите деструктивни практики ја наметнуваат потребата од реформација во зонирањето и преиспитување на иницијалните постулати во урбаната концепција сè со цел, елиминирање на социјалните феномени кои настануваат како резултат на економскиот фактор врз детерминирање на градската форма, еколошкиот расизам и општествената неправда.
КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА НА ОУП 1948-1965-1985 НА СКОПЈЕ За таа цел, доколку се воочи диспозицијата на индустријата во Скопје, низ планската документација хронолошки низ годините, таа зазема значајна улога во градењето на новата слика за градот. Во матрица на суперпонирања составена од станбена зона и зелена зона, индустриската зона со планот на Лудјек Кубеш 1948 година се дели на две главни зони: ⦁ градски сервиси долж течението на реката Вардар и ⦁ сегмент на тешка индустрија кон источната траса на желеницата. При изработката на Основниот урбанистички план од 1965 год. во планирањето на индустријата се применуваат наизменично два метода: ⦁ Mетодот за функционално сврзување на индустријата со постројки кои даваат суровини потребни за нејзините процеси (важен за распространувањето на индустријата во јужните делови од градот). ⦁ Mетод на пропорционалната распределба на индустријата во однос на станбените реони, како и намалувањето на оптоварувањето на јавниот сообраќај. Поради недостатокот од инфраструктурен развој особено во доменот на железничкиот сообраќај во западните делови од градот со домувањето, егзистира само лесна и незагадувачка индустрија. Делот од индустријата во источните делови на Скопје своевремено ќе го диктира развојот на станбените зони. Поради тоа ќе се јави потребата од планирање нови станбени населби, налик на Железара и Аеродром, кои ќе претставуваат нов извор на работна сила. Согласно Основен план на град Скопје – измена и дополнување (1985 год.) за позиционирање на индустријата се констатира следново: „Индустриските капацитети се лоцирани во три основни зони и тоа: југоисточна зона - десно од реката Вардар, североисточна зона - лево од реката Вардар и западна зона – помеѓу Скопје и населбата Ѓорче Петров. Досегашното територијално разместување на индустриските капацитети е неадекватно, не само поради тоа што е во судир со развојот на градот и со рационалното функционирање на животот на населението туку и поради ефикасното зачувување на човековата средина од загадување и бучава.“ Затоа со новиот ОУП 1985-2002 година ПОРТА
предвидени се шест индустриски зони, додека пак според планот, помал дел од капацитетите на таканаречената чиста индустрија и понатаму ќе се задржи во градските простори со тенденција за нивно дислоцирање (фабриката Алумина, Охис и металуршкиот комбинат Железара). Другите три зони кои се предвидуваат со овој план се наоѓаат во просторот меѓу селата Долно и Горно Коњари по текот на реката Пчиња (две помеѓу Скопје, Куманово и Велес, а третата меѓу селата Драчево и Зелениково). Вкупната површина наменета за индустрија до 2001 год. би изнесувала 1.995 ха или 1,1 % од вкупната територија на градот Скопје. Направените дислокации со ОУП на град Скопје од 1985 година придонесуваат за намалување на површината на индустриските зони на 1.200 ха до 2001 год., но вкупната индустриска површина на градот и натаму изнесува 2.000 ха т.е. 1,1 % од планскиот опфат на градот Скопје. Од аспект на индустријата зголемена е површината од 520 ха до 960 ха во периодот од 1965 до 1979 год. наменета за индустриско производство. Додека тенденцијата на претходната планска документација била решавање на индустријата во рамките на градот, во три зони, со принципот на дисперзија се лоцираат шест основни зони. Во рамките на потесното градско подрачје и понатаму ќе се задржат единствено капацитетите од чистата индустрија. ПЛАНСКИ ОДРЕДБИ ВО ГУП (2012-2022) ⦁ Согласно актуелниот ГУП на град Скопје 2012-2022 точка 4.3.7.4 „Плански определби за одржив развој на индустријата во градот“ стои: „Со стручна анализа на експертски тим со мултидисциплинарен состав, Градот Скопје и општините треба да ја разгледаат можноста за дислоцирање на загадувачките капацитети надвор од урбаниот простор на Град Скопје“. ⦁ Согласно точка 3.7.1.4 од ГУП на град Скопје 2012-2022 што се однесува на заштитата на животната средина стои: „Заштитата на животната средина во симбиоза со развојот и разместувањето на производните капацитети подразбира остварување на посебни цели: ⦁ дислоцирање на загадувачките капацитети; ⦁ намалување или целосно елиминирање на негативните output-и врз урбаниот простор на градот; ⦁ рециклажа на отпадот; ⦁ мониторинг на штетните емисии; 44
ПОРТА
28 јуни 2022
НЕГАТИВНИТЕ ЕФЕКТИ НА АКТУЕЛНИОТ ГУП И НОВИОТ ЗАКОН ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ ⦁ Вклучувањето на бесправно изградените индустриски објекти и нивното инкорпорирање во ГУ-от доведува до органско метастазирање на намената низ градските четврти. ⦁ Регулирањето на просторот без планска историја вон ГУП со урбанистичките проекти вон опфат за кои претходно се уредуваше со УПВНМ (урбанистички план вон населено место) и ЛУПД (локално урбанистичка планска документација), доведува до сецирање и губење на просторниот концепт и урбаната логика на просторот. Ваквите текови водат кон мултипликација на Гнамената (производство, дистрибуција и сервиси) како и на останатите во тактилните зони на ГУП-от што го оневозможува планското ширење детериоризирајќи го земјоделското земјиште, без притоа да се обезбеди соодветна и адекватна инфраструктура (нови траси на железнички, автомобилски и велосипедски сообраќај). Ваквото префрлување на топката на локално ниво од страна на надлежните првостепени институции, без притоа да се обезбеди соодветен механизам и рестриктивна
законска регулатива за да се обврзат истите со изработка на студија за оправданост на истоимените намени и ширење на индустријата надвор од постоечките капацитети, само доведува до неконтролиран раст, намалување на квалитетот на земјиштето, сквернавење на неговиот потенцијал и отежнување при имплементација на идни пошироки зафати при урбана обнова на Скопје, при што некогашните „спални соби на градот“ (Маџари, Ченто, Бутел, Влае, Пржино), сега самоиницијативно ќе бидат чувари на неговиот привиден обод како единствени одговорни за дисперзивното бледнеење на една идеја (Атинската повелба - ЦИАМ) за функционална градска матрица. ⦁ Немање соодветна визија и стратегија која ги следи модерните текови во планирањето, и инкорпорирање на различните секвенционални урбани изрази. (немање однос кон органски настанатите урбани ткива, урбанизмот од 80-тите распостелен во широки потези и овој денешниот кој во најмала рака претставува само утврдување на постојната состојба и слепа експанзија без ревидирање на начините како да се одржи градот во постоечките граници без да се намали вредноста на постоечкиот
изграден фонд). ⦁ Промената на политичкиот систем и суштинското детериоризирање на јавниот интерес, кој навидум го застапува ГУП-от. Процесите на приватизација и денационализација кои доведоа до масовен трансфер на имотите и реевалуација на сопственоста со што приватниот интерес го зазема приматот, односно директно го нападна јавниот интерес. Со феноменот на експанзијата на домувањето како доминантна намена и пропорционалниот раст на индустријата, ќе се јави диспропорција во изложеноста на негативни влијанија, па така наеднаш населбите кои биле градени наменски, да ја опслужуваат индустријата, со зголемување на густината на градската форма, од ден на ден прераснуваат во жаришта на енвироментална неправда, органски сраснувајќи со индустријата. (налик на Долината на ракот во Мисисипи, еквивалент на нашата Железара) Согласно податоците од Извештајот за здравјето на населението од 2019 година, доколку се земат предвид спроведените истражувања за ефектите од изложеноста на тешки метали, и последиците од истата, најчеста причина за смрт од малигни неоплазми, кај мажите во Македонија во периодот 2010-2019 година, е малигната неоплазма на бронхии и бели дробови со стапка на морталитет која се движи од 64,8 во 2010 година до 66,9 во 2014 година и 65,7 на 100.000 мажи во 2019 година. Во текот на 2019 година ЈЗУ Институт за јавно здравје ќе изврши мерења на железо и манган, како и на останатите тешки метали (олово, кадмиум, бакар, цинк, кобалт, никел и хром) во населба Железара, населба Горно Лисиче и населба Ѓорче Петров, при што ќе констатира дека во населбата Горно Лисиче (зона на домување) се регистрирани најниски концентрации на тешки метали во аероседиментот, додека највисоки во населба Ѓорче Петров и населба Железара. Иронијата да биде поголема, новите станбени објекти кои произлегуваат како резултат на хронолошка реализација на ГУП-
овите околу индустриските зони и актуелните практики на селективно зонирање, се презентираат како ексклузивни простори за живеење без притоа да се земат предвид горенаведените реперкусии по здравјето на луѓето. НАСОКИ КОН НОВИОТ ГУП (2022-2032) Следствено, а во пресрет на изработката на новиот генерален урбанистички план, неопходно е да се вградат итни мерки кои ќе придонесат за ублажување на ефектите од негативните урбани практики од минатото и тоа: ⦁ Сукцесивна инвентаризација на индустријата ⦁ Преиспитување на досегашните текови на ширење на индустриските капацитети во и вон ГУП ⦁ Концентрирање на зони надвор од јадрото на ГУП, каде ќе бидат строго утврдени параметрите при реализација на истите ⦁ Изземење на Г-намената од законот за постапување со бесправни објекти и неможност за издавање урбанистичка согласност за нивно задолжително инкорпорирање во границите на ГУП, доколку основната планирана намена по ДУП е некомпатибилна. ⦁ Разгледување на можноста за дислокација на постоечките капацитети според степенот на штета што ја предизвикуваат врз животната средина (несоодветен третман на отпадните води, штета врз амбиенталниот воздух, почвата итн.). ⦁ Разгледување на можноста за пренамена на постојните индустриски капацитети во намени од јавен карактер за дисперзија на централните јавни функции, главно во градски четврти со домување, нивно прогласување за културно наследство. ⦁ Изработка на хидролошки студии за речните сливови во ГУП и нивни водотеци (Вардар, Лепенец, Серава и Пчиња), прочистителни станици и заштитни појаси за намалување на штетите од испуштање на нуспроизводот при производството. ⦁ Утврдување на минимумот на зелени заштитни појаси околу индустриски зони
кои се во близина на градските четврти, со доминантно основна класа на намена А (домување), нивно континуирано зголемување и реализација во нови зелени оази на градот. ⦁ Инволвирање на Центарот за јавно здравје и на Институтот за психологија при изработката на ГУП за утврдување урбани области со ризик за живеење и нивно етапно оптимизирање за да се минимизираат штетите од ваквите влијанија врз популацијата. ⦁ Трансформација на нереализираните опфати во ГУП со намена Г (производство, дистрибуција и сервис) во намена Е (инфраструктура) за можност за донесување ДУП-ови со намена за фотоволтаични електрани. ⦁ Да не се возможни изработки на урбанистички проекти вон опфат за индустрии во тактилна зона на ГУП без притоа да бидат вклучени во постапката сите засегнати чинители. Одамна треба да се напушти моделот на имплементирање на тешката индустрија во градовите, особено ако не е тенденција на градот да ги манифестира и акцентира општествените разлики и централизираното развивање на градот, преку појава на енвироментален расизам. Наместо да ги девастира централните градски ткива, нужно е да го искористи нивниот адаптабилен потенцијал за пренамена во содржини од јавен карактер, кој не само што би ја зголемиле вредноста на станбените зони кои го опкружуваат туку и би ја иницирал физичката активност и мобилноста во урбаните блокови, доколку секако намерата на новиот ГУП гравитира околу начелата за создавање еден здрав град и нација, а не слепо инвентаризирање на и онака хаотичната градба и констатирање на катастрофалното непланирање на просторот. Можеби целта лежи во почитување на хронологијата на наслојување на претходните ГУП-ови, но не и на строго задржување доколку модерните текови на живеење диктираат поинакви потреби кај популацијата. Предизвикот кој сега му се наметнува на Скопје како и на останатите градски ткива опфатени со фрагментација и социјална неправда е при иден развој на урбаните јадра, да се стремат кон подобрување на стандардите и квалитетот на живот, без притоа да се нарушат карактерот и симболизмот на урбаните пејзажи преку ограничување на индустријата и нејзина итна преселба во некој поветувачки југ на заборавот. Зашто само така, ова општество ќе чекори кон подобрување на квалитетот на животот и обезбедување еколошка правда, зачувувајќи ги ресурсите за идните генерации. n 28 јуни 2022
ПОРТА
45
екологија
Пластиката е поштетна за климата отколку што се мислеше Причината е многу поголемата употреба на фосилни горива, пред сè на јаглен, во процесот на производство - и како суровини за изработка на пластични предмети и за снабдување на фабриките со енергија
Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА егативното влијание на пластиката врз климата и здравјето на луѓето е поголемо отколку што се мислеше, открија научниците од престижниот швајцарски универзитет ЕТХ Цирих. Причината е многу поголемата употреба на фосилни горива, пред сè на јаглен, во процесот на производство - и како суровини за изработка на пластични предмети и за снабдување на фабриките со енергија. Производството на пластика рапидно расте во последниве години. А најпроблематично е што производствениот процес најмногу се одвива во земји со неодржливи енергетски системи.
Н 46
ПОРТА
28 јуни 2022
Една третина од пластиката потекнува од Кина, која е водечки светски производител. Со оглед на тоа што нејзината енергија се базира на јаглен, фабриките за пластични производи користат огромни количини „валкана“ топлина и електрична енергија, што резултира со висок јаглероден отпечаток и сериозен придонес за глобалното затоплување. Покрај пластиката произведена во Кина, добар дел од растечката потрошувачка доаѓа од други новоиндустриски развиени земји како Индонезија, Индија и Јужна Африка, кои исто така се многу зависни од јаглен за производство на енергија. ЗГОЛЕМЕНА ПОБАРУВАЧКА Евтина, издржлива, лесна за дизајнирање, корисна... Ова се некои од добрите страни
на пластиката што ѝ овозможија да биде присутна на секој чекор денес - од пакување на храна до облека и играчки, па дури и делови за автомобили. Побарувачката за пластика ширум светот е зголемена за четири пати во последните 40 години. Тоа што многу се потпираме на пластични производи доведува до тоа дека тие сериозно ја оштетуваат нашата планета, особено кога се за еднократна употреба. Пластиката е петрохемиски производ кој се формира главно со преработка на сурова нафта, но и гас и јаглен. Така, процесот на производство всушност почнува на наоѓалиштата на фосилни горива. Во една швајцарска студија објавена во научното списание Nature Sustainability, истражувачите велат дека глобалниот јаглероден отпечаток од
НЕГАТИВНОТО ВЛИЈАНИЕ Е НАСЕКАДЕ пластиката се удвоил меѓу 1995 и 2015 година, достигнувајќи две милијарди тони еквивалент на јаглерод диоксид (CO2e). Според пресметките на научниот тим од Швајцарија, уделот на производството на овој материјал во вкупните емисии на стакленички гасови тогаш бил 4,5 отсто, што е повеќе отколку што претходно се верувало. Проблемот со претходните проценки е што во пресметката се користел просечниот енергетски микс во светот, кој е многу позелен од системите за производство на енергија во земјите од кои во моментов потекнува најголемото количество пластични предмети. „Јаглеродниот отпечаток на пластиката содржан во транспортниот сектор на Кина, индонезиската електроника и индиската градба се зголеми за повеќе од 50 пати од 1995 година“, предупредува истражувачот Ливија Кабернард. Токму зголемувањето на производството во овие земји е одговорно за повисокиот јаглероден отпечаток на пластиката во споредба со претходните претпоставки. Авторите на истражувањето, исто така, ги
побија поранешните хипотези дека приближно исто количество фосилни горива во пластичната индустрија се користи како суровина за производство на самиот материјал и за енергија - откриле дека двојно повеќе фосилни горива согоруваат за време на производството на пластика отколку во неговите суровини. СОСТОЈБАТА ВО МАКЕДОНИЈА Македонија има ниско ниво на селекција на отпад, што негативно влијае и врз управувањето со пластичен отпад утврдиле од Државниот завод за ревизија. Според ревизорите системот за селекција на отпадот е нефункционален и не обезбедува селекција, со што ѓубрето не може да се обработува. Ова го содржи заедничкиот извештај за управување со пластичниот отпад во Европа кој го објави Државниот завод за ревизија. Како што информираат оттаму ова е резиме на ревизии за пластичниот отпад извршени од 12 врховни ревизорски институции во Македонија, Албанија, Бугарија, Унгарија, Малта, Молдавија, Полска, Португалија, Романија, Србија,
Словачка и Турција. Според извештајот во две земји се утврдени случаи на нелегална испорака на пластичен отпад и тоа во Бугарија и Полска, а има информации за постоење диви депонии или несоодветно обезбедени депонии и согорување отпад од граѓаните, што резултира со загадување на воздухот и претставува опасност по здравјето на луѓето. Во овој дел се посочени Бугарија, Македонија и Полска. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија, објавен минатата година, вели дека рециклирањето на пластичниот отпад во Република Севрна Македонија е помало од еден отсто од вкупно собраниот отпад, поради што е потребно преземање иницијативи и активности за подобрување на состојбата. „Собраната количина на селектиран пластичен отпад во државата е минимална и претставува околу 1,4 отсто од вкупниот собран отпад во една година и во најголем дел е резултат на преземени дејства од колективните постапувачи и неформалниот сектор (индивидуални собирачи)“, се додава во Извештајот на ДЗР.
ПОРТА
ВЛИЈАНИЕТО НА ПЛАСТИКАТА ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО Половина од глобалниот јаглероден отпечаток на пластиката се должи на емисиите од јаглен. Ова не само што придонесува за зголемување на просечната глобална температура и го нарушува квалитетот на воздухот, туку го загрозува и нашето здравје. Поради согорувањето на јагленот, во воздухот се акумулираат екстремно мали штетни честички (ПМ-честички), кои можат да предизвикаат астма, бронхитис и кардиоваскуларни заболувања. Како што сè повеќе од оваа валкана енергија се користи за производство на топлина и електрична енергија во производството на пластика, така се зголемуваат и негативните здравствени последици. Во текот на набљудуваните две децении, глобалниот здравствен отпечаток на пластиката се зголеми за 70 отсто, што предизвика светската популација да живее со нарушено здравје поради загадениот воздух. Треба да се земе предвид дека енергијата во земјите производители,
48
ПОРТА
28 јуни 2022
особено во Кина, полека се менува на подобро за да се бори против климатските промени и дека најавените проекти за изградба на соларни електрани и ветерници би можеле значително да ги
намалат штетните емисии во производство на пластиката таму. Сепак, можеби е најдобро да се ослободиме од пластичните производи целосно затоа што нивните лоши својства не можат да се поништат со одржлива енергија. Секоја година човештвото генерира 380 милиони тони пластичен отпад кој завршува на депониите и во океаните. Со депонирање фрлени рибарски мрежи, пловци и шишиња на Пацификот, се формира голем тепих од ѓубре. Микроскопски мали честички од пластика, помали од зрно ориз, биле забележани и кај пчелите, потоа во пивото и во водата во шишиња, како и во рибата и кујнската сол. Со оглед на тоа што пластиката во најситната форма навлезе во нашиот синџир на исхрана, не треба да нè чуди што експертите ја пронашле во човечки измет, бели дробови и крв. Пластиката е пронајдена на највисоката и најдлабоката точка на светот. Иако нашиот секојдневен живот во голема мера зависи од пластиката, генерациите на нашите баби и дедовци би можеле да ни дадат увид во тоа како изгледал нивниот живот без неа, имајќи предвид дека масовното производство е почнато дури во 1970-тите. n
енергетска ефикасност
ОНИЕ ШТО ТРОШАТ ПОВЕЌЕ, НЕМА ДА ПОНЕСАТ И СРАЗМЕРНО ПОГОЛЕМ ТОВАР
Енергетска криза или криза без крај? Добиваме само соопштенија за висината на средствата кои се доделени за субвенции (како што бомбастично се комуницираше за 10-те милиони за инвертери, без притоа да се спомене дали и колку на пример се подобрил квалитетот на воздухот или се намалила потрошувачката на електрична енергија)
Даниела МЛАДЕНОВСКА о историски најниско производство на електрична енергија од државните електрани и изгубени години без изградба на нови енергетски капацитети, ја дочекавме енергетската криза и рекордните вредности на цените на електрична енергија на берзите. Огромни средства одлеани за увоз поради недоволно домашно производство, за потоа истата да се продава за потребите на домаќинствата по неколкукратно
С
пониски цени за да се одржи социјалниот мир. Но, во исто време и секојдневни уверувања дека нема недостиг на енергија и дека енергетската криза се менаџира. Дали е навистина така? Да се потсетиме на познатата изрека:не постои бесплатен ручек. Да, сметката секогаш доаѓа на наплата. Но се чини во нашево опкружување, многу ретко кај оној кој го направил трошокот, туку по грбот на најранливите. Дали обезбедувањето на електрична енергија на ваков начин е одржливо? Секако дека не е. Одржливото снабдување со енергија подразбира и разумна цена и минимален негативен ефект 28 јуни 2022
ПОРТА
49
врз животната средина. Јасно е, ние не исполнивме ништо од горенаведеното. Причини има многу, меѓу кои: лошо одржување на постоечките производствени капацитети, сериозно политичко влијание во менаџирањето на државните енергетски компании, непрофесионализам, лукративни интереси и секако исклучително бавна динамика во изградбата на нови енергетски капацитети. ПЛАНИРАНОТО И РЕАЛИЗИРАНОТО ВО ВРСКА СО ИЗГРАДБА НА НОВИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ За илустрација на последнава констатација, може да послужи споредбата на планираното и реализираното во врска со изградба на нови хидроцентрали согласно Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година (усвоена во 2010 година). Имено, според овој стратешки документ беше планирана изградба на следните хидроелектрични централи (ХЕЦ): ХЕЦ Света Петка (36,4 MW) во 2010 година, ХЕЦ Бошков мост (68,2 MW) во 2015, ХЕЦ Галиште (193,5 MW) во 2016, ХЕЦ Градец (54,6 MW) во 2017, и ХЕЦ Чебрен (333 MW) во 2019 година. Анализирајќи ги овие планови од денешна перспектива, само ХЕЦ Св. Петка е завршена и пуштена во работа во 2012 година, а за ниту еден од другите проекти не е започната изградба. Затоа и не треба да изненадува што согласно последното рангирање на World Energy Council, во однос на т.н. Energy Trilemma Index, кој обединува три индикатори со кои ги опишува енергетските системи на земјите во светот – енергетска сигурност, еднаквост и одржливост, за 2021 година, Македонија е рангирана на 57-мо место од вкупно 101 рангирана земја. Притоа, токму енергетската сигурност кај нас е најслабо рангираниот поединечен индикатор. Во последниот извештај на ОН за исполнетоста на целите на одржливиот развој, исто така не можеме да се пофалиме со добри резултати. Според седмата цел на одржливиот развој (SDG 7 – достапна и чиста енергија), замислата е сите да имаат достапно, сигурно, одржливо и модерно снабдување со енергија. Во 2022 година, Хрватска и Албанија се оценети дека добро напредуваат кон остварување на целите за 2030 година, Словенија, БиХ, Црна Гора, Бугарија, Грција, Кипар и Турција бележат „благ напредок“, а за жал
ПОРТА
Македонија и Србија бележат стагнација во доменот на одржлив развој на енергетиката односно SDG 7. СУБВЕНЦИИТЕ И ПОВЛАСТЕНИТЕ ТАРИФИ НЕ ТРЕБА ДА ПРЕДИЗВИКААТ ТОВАР ЗА ЦЕЛОТО ОПШТЕСТВО Субвенциите и повластените тарифи се секако мерки кои треба да овозможат поволни услови за стимулирање инвестиции во обновливи извори. Ова подеднакво е важно и кога станува збор и за големите производни капацитети, но и за зголемување на уделот на обновливите извори во финалната потрошувачка на енергија. Но, од друга страна тие мора да бидат така дефинирани и по вредност и по времетраење, што нема да предизвикаат поголем товар за целото општество, повеќе отколку што носат бенефит за определената категорија за која се наменети. Потребно е и следење на резултатите од овие мерки, и тоа врз основа на точно определени индикатори и цели кои треба да се постигнат. Во спротивно, добиваме само соопштенија за висината на средствата кои се доделени за субвенции (како што бомбастично се комуницираше за 10-те милиони за инвертери, без притоа да се
спомене дали и колку на пример се подобрил квалитетот на воздухот или се намалила потрошувачката на електрична енергија). БЛОК ТАРИФИРАЊЕ Најновата вест од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги – блок тарифирање. Во регионот, Србија и Косово веќе имаат вакво блок тарифирање. Додека во Србија, ваквиот тарифен систем постои веќе подолго од една деценија, Косово го воведе во февруари годинава како една од мерките за намалување на потрошувачката кај домаќинствата во екот на енергетската криза. Во Србија има зелена, сина и црвена зона. Во зелената влегуваат потрошувачите кои најмалку трошат – до 350 kWh, во сината од 350 до 1.600 а во црвената над 1.600 kWh. Блок тарифите важат и за евтина и за скапа потрошувачка, со тоа
што разликата меѓу скапата и евтина цена е 4 наспроти 1, односно скапата чини 4 пати повеќе од евтината. Во Косово има 2 блока – до 800 kWh и над 800 kWh месечно потрошена електрична енергија. Тоа што Косово за прв пат воведе вакво тарифирање во екот на кризата е за пофалба, за разлика од нас кои ја преспавме зимата и дури сега ги правиме анализите и расправите. Токму затоа, можеби и не се далеку од вистината тврдењата на критички настроениот дел од јавноста, дека зад овој проект се крие само намера на власта низ сложениот систем на блок тарифи да го затскрие и замаскира најавеното покачување на цената на струјата. Дополнително, предмет на дискусии кај нас е и дефинираниот пренизок праг на зоната со најниска цена, што укажува дека товарот нема да биде правично распределен, односно оние што трошат повеќе, нема да понесат и сразмерно поголем товар. ДАЛИ СЕ ИЗВЛЕЧЕНИ ПОУКИ ОД ЛОШОТО ИСКУСТВО И КАКО ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖИ? А дека изминатава зима можеше да биде поинаку, зборува примерот од регионот, односно од две земји кои не се многу поразлични од нас и во поглед на добро владеење, и во поглед на корупција и непрофесионалност во сите сфери. Но, само поради фактот што имаа стабилно производство од домашен ресурс – јаглен, во Босна и Херцеговина и Црна Гора електростопанските претпријатија остварија рекордни добивки од извоз на електрична енергија и профитираа од кризата. Клучното прашање веројатно е дали се извлечени поуки од ова лошо искуство и како ќе се продолжи? Донесувачите на одлуки мора конечно да сфатат дека во енергетиката планирањето е долгорочно, и резултатите не доаѓаат ниту преку ноќ, а најчесто ниту во периодот кој опфаќа еден изборен циклус. За жал, властите кај нас сакаат да планираат токму на таков начин – да осмислат и имплементираат мерки кои ќе им создадат задоволни гласачи, и тоа само до следните избори. Со таков пристап, ефектите и не можат да бидат поинакви. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака; ПОРТА
уметност
КАРЛО СТАНГА
Голем вљубеник во градовите, им пристапува како на личности
„Размислувам за градовите како за луѓе, мислам дека речиси сите така размислуваме, иако можеби за тоа не сме свесни. Всушност кога ги опишуваме градовите обично користиме придавки кои совршено им одговараат на луѓето: елегантен град, богат град, сиромашен град, нечист град, среќен град, убав град, грд град, насилен град, романтичен град итн.“ 52
ПОРТА
28 јуни 2022
Сања РАЃЕНОВИќ-ЈОВАНОВИќ, дипл. инж. арх. оден во Италија, Карло Станга отсекогаш имал огромна страст за цртање. По дипломирањето архитектура на Politecnico di Milano, најголемиот технички универзитет во Италија со околу 42 илјади студенти, го продолжува своето образование посетувајќи студии за уметност и дизајн. Тој се определил да се занимава со илустрација, за што самиот вели дека е неговиот креативен талент, негова судбина. Вљубеник во цртањето, смета дека доколку човек не обрнува внимание на својата најдлабока страст, тоа значи дека ќе си го оштети сопствениот живот. Професијата илустратор ја одбрал бидејќи смета дека во суштина среќен живот значи да се занимаваш со професија која ја сакаш, те прави среќен, и која во „секој случај би ја работел затоа што ти се допаѓа, дури и кога не би бил платен за тоа“. Тој на своите почетоци соработувал со Бруно Мунари, врвен италијански дизајнер, уметник и пронаоѓач кој придонел за основите во многу полиња на визуелните уметности. Соработката со Мунари за Станга претставувала неверојатно искуство што влијаело на неговиот начин да го види светот.
Р
ПОРТА
ИНСПИРИРАН ОД БОГАТСТВОТО НА АРХИТЕКТУРАТА Карло Станга уште од мали нозе покажувал јасен интерес за зградите и градовите. Роден во малото село Сончино во регионот Ломбардија, бил инспириран од богатството на архитектонски примери во неговото родно место, од средниот век, преку ренесансата, до барокот. „Можев да набљудувам голем број на архитектонски стилови“, вели тој и додава: „Покрај тоа, присуството на голем антички замок и големи градски ѕидини, ме натера многу да сонувам за фантастични градови како за оние во минатото, така и за оние во иднината“. Во основно училиште имал среќа да има учителка која умеела да го препознае неговиот талент, допуштајќи му слободно да се изразува. Често од него барала да направи цртежи на основните предмети на училишната настава. Карло сеќавајќи се на детството вели: „Обично бев наведнат со главата над голем лист хартија, голем колку килим, скицирајќи хировити сцени за старите Римјани, Француската револуција, дождовните шуми, Сончевиот Систем. Цртав со црн фломастер и моите соученици добиваа инструкции да ги обојат моите креации. Така, најчесто моите пријатели беа посветени на боење со убави бои, сите заедно со мене лежејќи на стомак преку листот“. На осумгодишна возраст, Карло за прв пат го посетил Рим. Градот на него оставил голем впечаток и трага, на некој начин ја запечатил неговата судбина во изборот на професијата. „Се чувствував многу ПОРТА
инспириран од овој прекрасен град, особено кога го посетив Пантеонот. Емотивното влијание на двеилјадигодишната бетонска купола со окулусот широк 9 метри од кој наизменично се менуваа дождот и сончевите зраци ме натера да се одлучам да станам aрхитект“, се сеќава Карло. Тоа е сон што тој успеал да го оствари, да дипломира архитектура и да работи како илустратор, архитект и автор на книги. Неговиот интерес уште од најраното детство делува некако пророчки кога ќе се види неговата работа со италијански списанија и весници и меѓународни клиенти од Европа и САД. Неговиот препознатлив стил постојано освојува награди за илустрација во Италија, а неговата работа е препознаена и од страна на The American Illustration Annual, добитник е на златниот медал на натпреварот Creative Quarterly #15 и на награди за извонредност во комуникациските уметности. Неговиот препознатлив стил на цртање е резултат на неговото искуство во архитектурата и студиите по уметност и дизајн. За тоа како се формирал неговиот стил Станга вели: „На самиот почеток не бев свесен за својот стил, како што милувам да кажам, својот јазик. Се се одвиваше мошне тивко и природно и секој нов цртеж беше како експеримент. Подоцна, кога сфатив дека луѓето сакаат да ми платат за моето уметничко дело, илустрацијата стана вистинска работа за мене и почнав посериозно да размислувам за својот
јазик. Всушност како илустратор и уметник, да се има единствен и препознатлив јазик, апсолутно е клучно“. РАЗМИСЛУВАМ ЗА ГРАДОВИТЕ КАКО ЗА ЛУЃЕ Станга остварил одлична соработка со издавачката куќа Moleskine, насловена „Обој го својот град“. Оваа соработка е реализирана во збирка книги, со илустрации на светски градови создадени од Карло. Проектот го отелотворува духот што зрачи низ целиот свет и овозможува повторно и повторно да се откриваат нашите градови. За соработката со Moleskine Карло вели дека е нешто што започнало сосема природно: „Имајќи предвид дека споделуваме исти интереси и теми. Отсекогаш користев скици од Moleskine во мојата работа, а покрај тоа сакам архитектура, скицирање, градски пејзажи, уметност, патувања. Ова се истите работи кои припаѓаат на имагинацијата на Moleskine. Ја делиме истата визија“. Карло е голем вљубеник во градовите, им пристапува како на личности: „Размислувам за градовите како за луѓе, мислам дека речиси сите така размислуваме, иако можеби за тоа не сме свесни. Всушност кога ги опишуваме градовите обично користиме придавки кои совршено им одговараат на луѓето: елегантен град, богат град, сиромашен град, нечист град, среќен град, убав град, грд град, насилен град, романтичен град итн. Покрај тоа градот има детство, адолесценција, зрело доба и старост. Исто така градот може да биде убиен и мртов, како Вавилон итн. Затоа кога му приоѓам на некој град се обидувам да сфатам каков е тој град како личност. Тоа е така затоа што кога цртам мојата главна цел е да ја пронајдам особеност и идентитет на таа урбана личност“. Со ваков начин на размислување започнува неговата соработка со Moleskine во 2015 година и е посветена на големите градови. Станга ја пишува и илустрира првата книга „I am Milan“, потоа следуваат „I am London“ и „I am New York“. Резултатот е замислен свет спакуван во книги, кои упатуваат на познати обележја на градовите преку „знаци како облакодери, влезови во метро, улични светла, семафори, референци на познати дизајнери и архитекти“. Тие се слика која Карло ја опишува како „комплицирана и шарена“. Бојата е важна во овие книги, при што Карло се држи до својата препознатлива ограничена палета на бои, „каде тоновите се многу светли и брилијантни“, како би прикажал „мошне жив свет, секогаш во движење“. Во неговите илустрации на градовите може да се најдат бои, сенки, општата атмосфера на градот концентрирани во само 60 или 70 слики, исто 28 јуни 2022
ПОРТА
55
како и многу портрети, чувства и моменти од животот на тој град. Запрашан ако е градот човек, кој е Милано, Карло ќе одговори: „Јас го замислувам Милано како средовечна жена, многу зафатена, елегантна, понекогаш премногу конзервативна и себична, не со особено отворен ум во споредба со нејзините европски колеги, но мошне подготвена да се подобри“. Карло Станга живее во Берлин и урбанизмот е во центарот на неговата работа. Секогаш патува и посетува многу урбани опкружувања кои континуирано му пружаат инспирација. Особено е воодушевен од квалитетот на градежните материјали во секој град што го посетува, присуството на зеленило и вода, разноликоста на луѓето и архитектурата, чувството на слобода кое го доживува во градовите, интензитетот на светлото и сенката, сè ова се различни впечатоци што секогаш го повикуваат да црта. Животот во Берлин го прави среќен. Ужива во одлично организираниот јавен транспорт, но претпочита да користи велосипед, возејќи низ повеќе од 1.500 километри велосипедски патеки. Исто така важно му е и пешачењето кое му овозможува да ги открие сите скриени и скапоцени места во градот. А Берлин му дава можност да го направаи тоа во многу зелена и жива средина. „Толку сум опуштен и задоволен шетајќи низ градот во кој живеам, што секогаш ми дава посебна и неисцрпна инспирација за мојата уметничка работа“, вели Карло. Во 2019 година за специјалното издание на италијанското списание за архитектура и дизајн Аbitare посветено на градот Милано, изработува дело за Salone del Mobile. Одлучува да се фокусира на проблемот со климатските промени, оддавајќи почит на изложбата „Скршена природа“ на Триеналето на Милано. Го илустрира миланскиот плоштад, поплавениот Piazza Duomo во сонливо расположение, со италијански иконски дизајнерски парчиња кои се појавуваат среде катастрофата и бел кит, симбол на природата, кој излегува од Галеријата Vittorio Emanuele II, прикажувајќи нов иден предизвик. Ова дело е насловено „Дизајнерска грижа“, со желба да се реши еколошкиот проблем со посвесно и поодржливо дизајнирање. КОРИСТИ ХИБРИДЕН МЕТОД НА РАБОТА Во 2019 година заедно со Domestika креира онлајн курс за илустрации каде ја објаснува својата визија, ги споделува своето искуство и метод на работа, а во 2021 година организира и втор курс посветен на перспективата. Неговата главна ПОРТА
цел е да ги инспирира учениците и да им помогне да ги осознаат својот вистински уметнички идентитет и личност, да достигнат уникатен стил и да бидат целосно свои без да копираат. Тој користи хибриден метод на работа, помеѓу аналогно и дигитално кој го предава на курсот. Сè уште црта со молив или со рапитограф, типични алатки за преддигиталните архитекти. Сака да го почувствува односот меѓу моливот и хартија, а вели и дека „раката работи на подобар и покомотен начин“. По изработка на цртежот во аналоген свет, скенира сè за да премине во дигитален свет, за да направи датотека во висока резолуција, која е флексибилна за понатамошни различни намени. Во 2021 година ја издава својата прва илустрација за деца, книгата „Заха Хадид“, која ја напишала Eloisa Guarracino, во издание на Raum Italic, Berlin и Maxxi, Rome.. n
ПОРТА
хортикултура
LoDhi GARDens, ДЕЛХИ, ИНДИЈА
Место каде што се среќаваат историјата и природата Lodhi Gardens е едно од најдобрите историски места во Делхи. Исто така е омилено место за локални џогери, утрински пешаци и љубители на јога. Градината е мошне популарно излетничко место за семеен пикник, додека мирниот амбиент го прави едно од најдобрите места за паровите во Делхи да поминат некои романтични моменти заедно
ПОРТА 3 odhi Gardens е простран зелен парк лоциран во срцето на Делхи. Во него се наоѓаат мавзолеите на двајца владетели, султани на Делхи, односно Mohammed Shah и Sikander Lodhi, заедно
L ПОРТА
гробница што се наоѓа на ова подрачје е на Sikander Lodi од династијата Lodi, која била изградена во 1517 година исто така од неговиот син, Ibrahim Lodi. Освен гробници овде се изградени и неколку други објекти за време на владеењето на Sayyid and Lodi. Кога царот Akbar го заземал тронот на Делхи, тој ги користел Lodhi Gardens како опсерваторија и ги чувал записите во библиотека изградена за оваа намена. Со текот на времето, областа околу овие гробници се развила во две села. Дури во 1936 година, кога Британците биле на власт, селаните биле иселени за да се обнови градината. Lady Willingdon, сопругата на Маркизот од Willingdon (тогашен генерален гувернер на Индија) ја уредувала областа и ја претворила во атрактивна градина. Градината е официјално отворена во 1936 година и го добила името Lady Willingdon Park во чест на нејзините напори. Кога земјата стекнала независност во 1947 година, паркот бил преименуван во Lodhi Gardens. Во 1968 година, градината е повторно уредена од Joseph Stein, американски архитект кој воспоставил стакленик во градината.
Sheesh Gumbad и Bara Gumbad
со други градби. Со импресивна архитектура и беспрекорна природна убавина, градината и градбите сместени во неа ја одразуваат славната средба на градот со историјата. Архитектонското наследство од околу 500 години и спокојното зелено опкружување ги прават градините Lodhi главна атракција во Делхи.
Историја Lodhi Gardens aka Lodi Gardens ја следат својата историја до 1444 година, кога гробницата на Mohammed Shah, владетел на династијата Sayyid, на ова место ја подигнал неговиот син и последниот владетел од династијата, Alaud-din Alam Shah. Уште една значајна
Архитектура Lodhi Gardens се простираат на површина од над 360 илјади квадратни метри и содржат многу градби од 15 век кои прикажуваат карактеристична архитектура за тој период во Индија. Мавзолејот на Sikander Lodi е со исламски и хинду архитектонски стилови. Проектиран со осум мали куполни структури, секоја украсена со завршница од лотос, украсени врвови на аглите, огромна централна купола и октогонална комора, гробницата е глетка 28 јуни 2022
ПОРТА
59
Мавзолеј Sikandar Lodi
Lodi Gardens 60
ПОРТА
28 јуни 2022
што треба да се види. Мавзолејот на Sikander Lodi црпи инспирација од гробницата на Sikander Lodi. Изграден во индо-исламски стил, исто така има октагонална форма со централна купола. Мавзолејот е затворено здание со куполен влез и има цртежи на ѕидовите кои се могулски. Се смета дека е првата затворена гробница во градина во Индија. Во средината на градините се наоѓа Bara Gumbad („Големата купола“), и не е гробница, туку е изградена како порта кон трите куполи кои се еден вид џамии или голем заѕидан ограден простор. Bara Gumbad е изградена во 1494 година за време на владеењето на Sikander Lodi, а тука е и резиденција која ја опкружува централен двор, каде што може да се видат остатоци од резервоар за вода. Наспроти Bara Gumbad е Shisha Gumbad („купола на огледала“) за конструкциујата која содржи гробови користени се глазирани плочки, чии станари не се јасно препознатливи (се претпоставува непознато семејство од
Мавзолеј Muhmmad Shah дворот на Sikandar Lodi или Bahlul Lodi). Бидејќи постои малку архитектура која датира од периодот на Sayyid и Lodi, Lodhi Gardens се важен археолошки локалитет. Денес Денес, Lodhi Gardens е едно од најдобрите историски места во Делхи. Исто така е омилено место за локални џогери, утрински пешаци и љубители на јога. Градината е мошне популарно излетничко место за семеен пикник, додека мирниот амбиент го прави едно од најдобрите места за паровите во Делхи да поминат некои романтични моменти заедно. Покрај мавзолеите и другите градби од 15 век, во овој парк може да се видат и над 50 видови пеперутки и птици и повеќе од 100 видови дрвја. Во моментов, Археолошкиот институт на Индија ја одржува градината. Мал дел од градината е означена како Национален бонсаи парк. Многу групи, училишта и организации од Делхи организираат прошетки во оваа градина. n
Athpula мост во Lodi gardens 28 јуни 2022
ПОРТА
61
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА