315

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

315 АПРИЛ 2022

Македонија е под сериозен ризик од суша Деменција - крадец на нашите спомени Диебедо Франсис Кере – добитник на наградата Прицкер за 2022 година



ПОРТА


СОДРЖИНА

8

14

РЕГИОНИ 6 ИНТЕРВЈУ 8 МАКЕДОНИЈА Е ПОД СЕРИОЗЕН РИЗИК ОД СУША

ГРАДЕЖНИШТВО 14 СВЛЕЧИШТАТА КАКО ПРИРОДЕН ГЕОХАЗАРД: ЕКОНОМСКИ ВЛИЈАНИЈА И МОЖНОСТИ ЗА ПРОЦЕНКА

ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 18

36

РЕЗУЛТАТИ ОД СТУДИЈАТА ЗА СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ОД 1963 И ЗА БИТОЛСКИОТ ОД 2022

АРХИТЕКТУРА 24 ДИЕБЕДО ФРАНСИС КЕРЕ – ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ПРИЦКЕР ЗА 2022 ГОДИНА

АРХИТЕКТУРА 30 ДЕМЕНЦИЈА - КРАДЕЦ НА НАШИТЕ СПОМЕНИ

АРХИТЕКТУРА 36 ИНДИВИДУАЛНА КУЌА СО ЕДИНСТВЕНА ЕНЕРГИЈА

АРХИТЕКТУРА 42

46

54

АРХИТЕКТОНСКO ПОЕМОЦРТАЊЕ: ПРОШЕТКА ВО СЕБЕСИ

УРБАНИЗАМ 46 МОЖНОСТ УЧЕНИЦИТЕ ДА ГО КАЖАТ СВОЕТО МИСЛЕЊЕ ЗА ЈАВНИОТ ПРОСТОР ВО НИВНИТЕ МААЛА

УРБАНИЗАМ 50 УРБАНО ШУМАРСТВО – СИНЕРГИЈА МЕЃУ ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИОТ РАЗВОЈ

ЕКОЛОГИЈА 54 ЗАГАДЕНО Е, НО ШТО СЕГА?

ДИЗАЈН 58 СПОЈ МЕЃУ ФИНИТЕ ЗАНАЕТИ И ТЕХНОЛОГИЈАТА

ПОРТА

25 јули 2014

58


ГОДИНА XVII

БРОЈ 315 ПЕТОК 29.04.2022 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и нов број на Порта 3. И овој пат со интересни четива во стандардните рубрики градежништво, архитектура, екологија. Вообичаено бројот го почнуваме со информациите за активностите на дел од локалните самоуправи. Млади екоиноватори добија средства за да реализираат решенија за заштита на водните ресурси. Битола ќе добие нов парк, а во Делчево се врши партерно уредување на градскиот парк. Во овој број може да се прочита интервју со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи кој дава одговори за состојбата со климатските промени, за националниот систем за рано предупредување од природни катастрофи, што да очекуваме во иднина повеќе сонце или студ, но и за тоа дека Македонија е под сериозен ризик од суша. Во рубриката градежништво има интересно четиво за тоа колку познавањето на теренот од инженерите е од неизмерно значење. Свлечиштата како природен геохазард: економски влијанија и можности за проценка. Во земјотресно инженерство ги пренесуваме резултатите од Студијата за скопскиот земјотрес од 1963 и за битолскиот од 2022, кои се направени врз основа на прашалници дадени на социјалната мрежа Фејсбук, а се од ИСОГКП. Во рубриката архитектура нашиот дописник од Лондон пишува за Диебедо Франсис Кере – добитник на Прицкер за 2022 година. Човекот кој истoвремено е и архитект и слуга, кој ги подобрува животите и искуствата. Во оваа рубрика може да се прочита и за Dementia friendly проектирање. Поддршката и третманот на заболените, вклучително и добропроектираните средини, може да им помогнат на луѓето со деменција да водат исполнет живот. Оформувањето средина погодна за лице со деменција бара добро разбирање на симптомите и на предизвиците. Експертите зборуваат за архитектонскo поемоцртање: прошетка во себеси, пет причини за преплетување на пишувањето и цртањето

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

или пет форми на неформално образование. Индивидуална куќа во Скопје има единствена енергија. Искуството на еден архитект влијае на квалитетот на проектот, но проектираната форма, содржина и функција се тие кои го формираат просторот. Учениците имаат можност да го кажат своето мислење за јавниот простор во нивните маала. Кампањата и акцијата за поубави населби и маала - проект „Наш град“ на учениците им овозможува преку работилници да се запознаваат со нова тема која е дел од нивното секојдневние, но е истовремено недоволно препознаена како важен фактор во нивниот развој. Преку едукативни содржини поврзани со градот и со просторот, во иднина би имале посвесни граѓани, кои би се грижеле за својата околина и град. Дрвјата во градовите се под постојана закана од забрзаната урбанизација. Урбано шумарство е синергија меѓу заштитата на животната средина и урбаниот развој. Во рубриката екологија повторно може да се прочита за еден од најголемите проблеми кај нас, а тоа е загадувањето на воздухот. Кристално чисто е во каква животна средина живееме, но што понатаму? Само со јасно и лесно достапни информации, може да почнеме со решавање каков било проблем. Како да се справиме со еден проблем што изгледа комплексен, долгогодишен и регионален - не се бори само Македонија со аерозагадувањето, туку сите земји од Западен Балкан. Овој број го затвораме со информации за саемот Мезон е Обже кој веќе 25 години се одржува во Париз. Оваа година специјално за Порта 3 нашиот соработник ги пренесува впечатоците од саемот на кој темата „Нов луксуз“ означува спој меѓу фините занаети и технологијата, при што умешноста на раката доведува до форма на луксуз кој е со една нога во минатото, а со другата во иднината. ОД РЕДАКЦИЈАТА 315

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Ангела СТЕФАНОВСКА Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Koсто ГРАОРКОСКИ Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: info@porta3.com.mk biroproekt@biroproekt.com.mk Тел: 071 252 641 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

АПРИЛ 2022

Македонија е под сериозен ризик од суша Деменција - крадец на нашите спомени Диебедо Франсис Кере – добитник на наградата Прицкер за 2022 година

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница ЗАЈЛЕМ ПАВИЛЈОНОТ ВО ТИПЕТ РАИЗЕ, АРТ ЦЕНТАР ЛОКАЦИЈА ФИШТАИЛ, МОНТАНА, САД (2019)

АРХИТЕКТ ДИЕБЕДО ФРАНСИС КЕРЕ ФОТО IWAN BAAN 90 ДЕНАРИ

Датум на печатење: 28.04.2022 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


региони

Млади еко иноватори со решенија за заштита на ет тима составени од деца и млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120 илјади денари за да го реализираат своето иновативно решение за подобрување и заштита на водните ресурси во заедниците во кои живеат и да ги намалат штетните ефекти од климатските промени, информираат од УНИЦЕФ. На онлајн-работилницата за креативно размислување младите иноватори беа избрани како дел од програмата АПШИФТ, при што десет тима составени од педесет средношколци од Скопје, Струмица, Тетово, Валандово, Прилеп, Велес и Берово учествуваа на тридневната работилница. Под водство на ментори и професори, сите тимови имаа можност да ги развијат своите идеи и да стекнат нови практични вештини. Петте најдобри тима кои добија средства за спроведување на своите идеи го вклучуваат иновативното решение за намалување на потрошувачката на питка вода за наводнување и одржување на училишниот двор и зоолошката градина преку возобновување на училишниот бунар

П

на средношколците од СУГС „Браќа Миладиновци“-Скопје. Тука е вброено и иновативното решение за собирање и искористување на

Битола ќе добие нов парк

дождовницата во подземни и надземни контејнери кои ќе ги користат за полевање на сопствените насади во дворовите на средношколците СОУ „Орде Чопела“-

Партерно уредување на градскиот парк во Делчево артерно се уредува градскиот парк и просторот пред Спомен-домот АСНОМ со што овој централен простор во градот, каде се одржуваат културно-уметнички настани и друг вид собири од

П а површина од 25 илјади метри квадратни почнаа работните активности со кои ќе биде уреден нов парк во Нова Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, информираа за динамиката со која ќе се уредува паркот кој покрај хортикултурно и партерно уредување, ќе содржи и спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување. Општина Битола, проектот ќе го реализира во две фази, во соработка со јавните претпријатија од градот. Со уредувањето на оваа површина, која во досегашниот период воопшто не беше уредена и одржувана, Битола ќе добие нова зелена површина, која е многу значајна за подобрување на квалитетот на животната средина, а граѓаните ќе добијат и ново место за одмор и рекреација, како и за игра и забава на најмладите. n

Н

6

ПОРТА

29 април 2022


водните ресурси Прилеп и СУГС „Владо Тасевски“-Скопје. Средношколците од ССОУ „Коле Неделковски“- Велес ќе работат на спречување на губитоците на вода во градскиот водовод во Велес преку инсталација на сензори во водоводните цевки кои ќе испраќаат директни информации до ЈКП Дервен преку системот SCADA. Основците од ОСЕУ „8 Септември“Тетово ќе работат на прочистување на водата за пиење во нивното училиште преку поставување на филтри. Во следните три месеци, тимовите од основци и средношколци ќе бидат поддржани од ментори при спроведување на нивните идеи. Програмата е финансирана од Шведска, ја спроведува УНИЦЕФ и здружението ЛЕАД во партнерство со Фондот за иновации и технолошки развој и со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Министерството за труд и социјална политика.. n

поголем обем, но е и место за прошетка и рекреација, ќе добие нов лик. Градежните работи за доуредување и санирање на пешачките патеки и хортикултурно оплеменување на зелените јавни површини, ги извршуваат екипи на ЈКП „Брегалница“. Се работи на санирање и бетонирање на оштетените пешачки патеки, санирање и бојадисување на летната сцена, како и хортикултурно уредување на парковската површина. Оваа активност се спроведува поради големите оштетувања на патеките, летната сцена кои со децении не се санирани, а целта на активноста е да се осовремени просторот. Исто така почнаа и работите на санација на фоајето на Спомен-домот АСНОМ, а се очекува и санацијата на кровната конструкција на домот со што комплетно ќе се заштити објектот кој не е саниран повеќе години. Исто така, во тек е засадување пролетни цвеќиња во парковите и јавните површини во градот Делчево, а планирано е засадување на над 1.200 пролетни видови цвеќиња и пролетно прочистување на зеленилото. n ПОРТА


интервју

Македонија е под сериозен ризик од суша За периoдoт пoмеѓу 2025 и 2100 година се очекува пад во врнежите, во сите годишни времиња и на годишно ниво, а најголемо намалување ќе има во текот на летото. Интензитетот на промените е најголем во најтоплиот дел од годината (во јули и август, можеби и воопшто нема да има врнежи), а во студениот период од годината се очекува намалување во врнежите од дури 40 отсто од просечните месечни количества М-р Ивица Тодоровски е директор на Управата за хидрометеоролошки работи од 3.8.2017 година. Роден е во Скопје на 13.6.1973 година. Средно образование завршил во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје, а додипломски и постдипломски студии завршил на Машинскиот факултет во Скопје. Долги години работи во ЈП „Македонија пат“ од кои 12 години како раководител на механизација. Како овластен инспектор за животна средина во Општина Бутел работи во наредните пет години. Од 2013 до 2017 година е член на Советот во Општина Ѓорче Петров.

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА фото: Киро ПОПОВ зминатиот месец се одбележа Светскиот метеоролошки ден. Какви сè активности имаше кај нас и во светот? n Светската метеоролошка организација е наследник на Меѓународната метеоролошка организација која е формирана во 1873 година. Од 1961 година, Светската метеоролошка организација го одбележува Светскиот метеоролошки ден - 23 март 1950 година кога стапува на сила Конвенцијата за основање на Светската метеоролошка организација со тема од значаен интерес, а

И

8

ПОРТА

29 април 2022

темата за оваа година беше „Навремени предупредувања за рана акција“. Целта е да се одбележат големите достигнувања на националните метеоролошки и хидролошки служби во усовршувањето на системите за рано предупредување во последните години. Истовремено се нагласува виталната работа на заедницата која работи на намалување на ризикот од катастрофи да осигура дека овие рани предупредувања водат кон рана акција. Управата за хидрометеоролошки работи, како национална служба која ги спроведува препораките на Светската метеоролошка организација во својата дејност за обезбедување функционален мониторинг на времето и климата, рана

најава на неповолните временски појави и прогнози на времето, Светскиот метеоролошки ден оваа година го одбележа со учество на виртуелниот вебинар организиран од Светската метеоролошка организација, на 23 март 2022, како и со скромен настан на Главната метеоролошка станица Охрид. Светската метеоролошка организација оваа година Светскиот метеоролошки ден го посветува на важноста на навремените предупредувања. Каде е Македонија на ова поле? n Светската метеоролошка организација минатата година објави опсежно истражување под наслов Атлас на смртност и загуби во економијата од непогоди предизвикани од времето,


М-р ИвИца ТодоровСКИ, дИреКТор на УправаТа За хИдроМеТеоролошКИ рабоТИ климата и водите. Според овие податоци, помеѓу 1970 и 2019 година, во светот имало повеќе од 11 илјади непогоди поврзани со времето, климата и водите, со нешто повеќе од два милиони смртни случаи и материјални загуби во износ од 3,6 трилиони долари. И нашата држава не е поштедена од последиците од екстремните временски услови. Сите се сеќаваме на екстремните врнежи и на поплавата во Скопската Котлина во 2016 година, кога покрај огромна материјална штета, беа загубени повеќе од 20-тина човечки животи. Во последните години, сè почесто сме изложени на интензивни и долготрајни топлотни бранови во летниот дел од годината, кога и максималните и минималните температури достигнуваат рекордни вредности, особено во урбаните средини. Од друга страна, недостатокот на врнежи ги иницира сушните услови и предизвикува огромна штета не само на земјоделскиот, туку и на енергетскиот економски сектор. Токму заради сето ова, Светската метеоролошка организација оваа година Светскиот метеоролошки ден го посветува на важноста на навремените предупредувања. Овие навремени предупредувања треба да водат кон рана акција од страна на институциите кои работат на намалување на ризикот од катастрофи. УХМР изработува прогнози и предупредувања во соработка со престижните светски и европски метеоцентри (како на пример Европскиот центар за среднорочна прогноза од Велика Британија), и ги доставува не само до јавноста, туку и до бројни институции за понатамошно постапување (ЦУК, Дирекција за заштита и спасување, министерства итн.). Успешноста на ваквите прогнози и предупредувања се во директна зависност од прецизните и континуирани метеоролошки мерења во мрежата на метеоролошките станици, но уште повеќе зависат од современите далечински (сателитски и радарски) информации. Токму затоа, УХМР во 2018 година изврши значителна надградба и осовременување на постоечките радарски системи. Понатаму, со учество во Европската програма на Еуметнет - Метеоаларм, УХМР на едноставен начин известува за можни екстремни временски непогоди (во летниот период ги вклучуваше жолта/портокалова/црвена фаза во

случаите на топлотните бранови, а Министерството за здравство преземаше понатамошни мерки и препораки за граѓаните). Како регион кој е исклучително често погоден од олујно невреме, проследено со појава на град, УХМР не само што обезбедува навремени предупредувања, туку и учествува во експерименталната програма за заштита од град применувајќи најсовремена метода на авионско

засејување на облаците. Последно, но исто така многу значајно е што УХМР во соработка со Светската метеоролошка организација, интензивно работи на прашањето на климатските промени. Во оваа насока, УХМР досега има изработено климатски сценарија за нашата држава, кои може да дадат корисни информации за разни сектори во поглед на нивната адаптација кон идните услови. 29 април 2022

ПОРТА

9


Има ли национален систем за рано предупредување од природни катастрофи? n Што се однесува до природните катастрофи поврзани со времето, УХМР спроведува протоколи за најава согласно стандардите на СМО, но за да се зборува

10

ПОРТА

29 април 2022

за сеопфатен национален систем за рано предупредување од природни катастрофи потребно е уште многу работа. Во последниве години, УХМР учествува во Проект за целосно операционализирање на националниот систем за рано предупредување од

природни катастрофи - МУЛТИХАЗАРД (South East Europe Multi Hazard Early Warning System (SEE-MHEWS), како дел од регионалниот систем на Југоисточна Европа, кој е пак дел од Глобалниот систем за предупредување од природни катастрофи на СМО. што велат досегашните мерења која година имало најмногу врнежи, а кои денови биле најтопли и најстудени. што е она што сè повеќе го имаме, сонцето или студот? И што да очекуваме во иднина? n Честопати споменувана е поплавата во Скопје од 1962 година, а во август 2016 година интензивните врнежи го достигнаа својот максимум во Стајковци. Според податоците на 6 август 2016 регистрираниот рекорден интензитет е со веројатност за ваква појава еднаш во илјада години. (На Главната метеоролошката станица во Скопје на Зајчев Рид е забележан рекорден интензитет за петчасовни врнежи (од 17 до 22 h) 84,5 mm. Апсолутниот рекорд на дневно количество на врнежи во Републиката изнесува 201 мм, забележан во јуни 2004 година во Гевгелија. Според податоците на УХМР и сушата и долготрајните сушни периоди без врнежи не се непознати во нашата Република. Изразениот дефицит на врнежи во периодот 1984 - 1994 значително влијаеше на земјоделското производство и на водостојот во акумулациите и природните езера.


Повеќегодишната анализа на временските и просторните карактеристики на сушите, потврдува дека Северна Македонија е под сериозен ризик. Од вкупниот број на анализирани години (околу 70), скоро во 30 отсто од годините е забележана појава на суша. Појавата на екстремно високи летни и екстремно ниски зимски температури е зачестена појава особено во последните години и се блиски до рекордните, eкстремно максималната температура на воздухот 45,7 степени Целзиусови измерена во Демир Капија во јули 2007 година или до апсолутно најниската -31,5 измерена во Берово во јануари 1954 година. Досегашните климатски сценарија укажуваат дека сосема сигурно ќе има постојано зголемување на температурата во периодот до 2100 година. Во споредба со периодот помеѓу 1961 и 1990, очекуваните промени во иднина ќе бидат најинтензивни во најтоплиот период од годината. За периoдoт пoмеѓу 2025 и 2100 година се очекува пад во врнежите, во сите годишни времиња и на годишно ниво, а најголемо намалување ќе има во текот на летото. Интензитетот на промените е најголем во најтоплиот дел од годината (во јули и август, можеби и воопшто нема да има врнежи), а во студениот период од годината се очекува намалување во врнежите од дури 40 отсто од просечните месечни количества. Која стопанска гранка е најпогодена од климатските промени? дали е тоа земјоделството, енергетскиот сектор, сточарството? n Во 2001 година се случи екстремна суша на целата територија на Републиката. Некои податоци покажуваат намалување на земјоделските производи во споредба со 1999 година. Ефектот на сушата, исто така, влијаеше на намалување на културите во 2002 година, како резултат на задоцнувањето на есенското засејување (во Југоисточниот Регион намалување на полињата за 43 отсто). Исто така, 2007 година почнала со неповолни хидролошки услови и се развила како година со јака и екстремна суша, особено во западниот дел на земјата. Во Пелагонискиот Регион, поради сушата биле под закана 8.500 хектари пченица, четири илјади хектари јачмен и 1.400 хектари ’рж. Загубите на пченица изнесувале 32 отсто. Валандовските плантажи (Вардарски Регион) биле

загрозени од сушата, производството на цреши било намалено на половина во Источниот Регион, како и производството на пиперки во Југоисточниот Регион. Се намалило нивото на водата во Преспанското и Охридското Езеро, а хидроцентралата Дебар-Шпилје го намалила производството на енергија за 14 отсто. Сушата била индиректна причина за многу шумски пожари кои речиси секоја година уништуваат 3.200 хектари шума. Колку метеоролошки станици има во Македонија и што покажуваат тие, кои делови од државата се најпогодени од високи температури и од намалување на врнежите? n Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) врши климатски и агрометеоролошки набљудувања. Располагаме со постојан класичен систем на метеоролошки мерења и со автоматски метеоролошки станици.

Метеоролошките набљудувања се изведуваат на повеќе од 194 станици и тоа: 19 главни метеоролошки, 7 климатолошки, 24 фенолошки, 94 дождомерни станици и 65 автоматски метеоролошки станици (АМС). Од особено значење е одржувањето и постојаното осовременување на националниот набљудувачки систем. УхМр објавува хидролошки, метеоролошки, климатолошки и агрометеоролошки информации, дава анализа и прогноза на времето. Меѓутоа УхМр има и други сектори како што е Квалитет на води, каде се врши мониторинг и се испитува квалитетот. Може ли да ни кажете до какви податоци доаѓа УхМр во однос на квалитетот на водите во Македонија? n Мониторингот на површинските води од реките, како дел од мониторингот на животната средина е законски регулиран и служи за следење на процесите што се 29 април 2022

ПОРТА

11


одвиваат во водите на овие површински водни тела, за да се постигне и одржи добар еколошки статус. Квалитетот на водите се мери на 20 мерни места, на реките Вардар, Треска, Пчиња, Крива Река, Лепенец, Елешка, Црна Река, Брегалница, Струмица, Радика и Црн Дрим. Целта на мониторингот на површинските води е обезбедување информации за: биолошките, физичко-хемиските, морфолошките и еколошките карактеристики на водните тела; за поддршка и валидација на процедурите за проценка на влијанијата врз водните тела; за проценка на долгорочните измени на природните услови во водните екосистеми; за проценка на долгорочните измени на водните екосистеми кои потекнуваат од интензивните човекови активности; за дизајнирање ефикасни и ефектни мониторинг програми. Квалитетот на водните тела според биолошките параметри, на годишно ниво се определува преку пресметување на EQR (Ecological Quality Ratio) со математички пресметки според средната годишна вредност добиена од вредностите на избраниот индекс, кој се смета за најрепрезентативeн за мониторингот на површинските води во државата, за секое мерно место засебно. Кај нас, за фитобентос, за најпогоден е избран индексот IPS - Indice de polutio sensibilité (Cemagref 1982), коj е еден од најчесто употребуваните индекси во мониторингот на површинските води во Европската Унија. Колку државата ги задоволува барањата за инвестиции во осовременување на опремата? Колку вие како Управа барате, а колку добивате? Има ли разбирање дека инвестирањето во нова опрема нè спречува од идни катастрофи? n Ние секако продолжуваме по планот и програмата кои претходно се усогласени со Светската метеоролошка организација. Осовременувањето и модернизирањето на метеоролошката мрежа секако ќе продолжи. Јакнењето на капацитетите на Управата е значајно со што би се подобрило обезбедувањето информации за состојбата на климатскиот систем. Осовременувањето на метеоролошката мрежа се одвива тековно, како би се вршело постојан мониторинг на климата и на климатските промени во Македонија. Според досегашните залагања на Управата, а благодарејќи на медиумите пишани и електронски, јавноста секогаш е навремено информирана за тековните и за идните состојби на времето и климата. n ПОРТА


ПОРТА


градежништво

поЗнавањеТо на ТереноТ од ИнженерИТе е од неИЗМерно Значење

Свлечиштата како природен геохазард: економски влијанија и можности за проценка Се цени дека во периодот помеѓу 2004 и 2016 година, повеќе од 55.000 луѓе го загубиле својот живот во свлечишта, без притоа да бидат анализирани свлечиштата предизвикани од земјотреси. вкупните штети од свлечиштата биле проценети на околу 20 милијарди долари на годишно ниво

вонр. проф. д-р Игор ПЕШЕВСКИ, дипл. инж. геол. вонр. проф. д-р Јован Бр. ПАПИЌ, дипл. град. инж. Градежен факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Катедра за геотехника

С 14

ПОРТА

цена од дебитантскиот филм на Квентин Тарантино беше исползувана за едно од првите т.н. „мемиња“ креирани на почетокот на пандемијата: 29 април 2022

човештвото е жестоко боксирано од коронавирусот, веднаш следуваат шлаканици од економска криза, а во заднина чека удар да зададе климата. За жал, во можност сме да сведочиме дека можат да дејствуваат и сплотено. Во природата се познати голем број на т.н. „геохазарди“ кои претставуваат појави или настани што го деградираат квалитетот

на околината и имаат одреден потенцијал за загрозување на луѓето, имотот и инфраструктурата. Најчести се поплавите, земјотресите, свлечиштата, снежните лавини, шумските пожари, сушите, вулканските ерупции, цунами брановите итн. Во најголем дел се генерираат како резултат на комбинација од неповолни природни фактори, а во одредени ситуации


може да бидат предизвикани и од страна на човекот. Без оглед дали се јавуваат парцијално или последователно, нанесуваат изразени економски штети. За илустрација на последиците од геохазардите во светски рамки, може да се напомене дека само во текот на 2020 година се регистрирани 313 природни катастрофи во 123 различни земји и региони: 193 поплави (61,66 %), 69 тајфуни и урагани (22,04 %), 19 позначајни свлечишта (6,07 %), 14 позначајни земјотреси (4,47 %), седум суши (2,24 %), шест многу големи пожари (1,92 %), три вулкански ерупции (0,96 %) и два настани на екстремни температури (0,64 %). Проценките покажуваат дека на таков начин, директно или индиректно, биле ефектуирани 98 милиони луѓе. Вкупните економски штети од овие настани се проценети на 173 милијарди долари, иако низ историјата се бележат и години каде овие бројки биле далеку поголеми. На европско ниво – според некои статистики – во последните три декади загубите се ценат на околу 400 милиони долари (и тоа само од поплави и земјотреси!). СвлечИшТа Нестабилностите на теренот, или попознати како свлечишта, во одредени региони од светот претставуваат доминантен вид на геохазард и се голем предизвик пред кој се исправени инженерите од повеќе технички области. По дефиниција, тоа се настани при кои доаѓа до откинување на лабилни делови од карпи или почви и нивно придвижување низ падините кон пониските делови од теренот. Тие се случуваат со или без предзнаци за поместувањето, и во терени кои се карактеризираат со неповолни геолошки, геотехнички и хидролошки услови. Најголем дел се иницираат после позначајни интензивни врнежи на дожд, брзо топење на снег, при земјотреси, големи шумски пожари (на пр., минатата година во Калифорнија) и сл., а во одредени случаи и како резултат на антропогени дејства. Големината им се движи од неколку метри кубни, па до повеќе милиони метри кубни. Се смета дека најголемото свлечиште се случило на планината Харт во – случaјно или не, најмалку населената држава во САД – Вајоминг, чиј волумен се проценува на повеќе од 2.000 km3, а материјалот се поместил дури 45 km, кој настан се одвил пред повеќе од 48 милиони години. За жал, САД и во современата историја го имаат приматот за најголемо свлечиште, активирано 1980 год., на планината Св. Елена, во рамки на вулканска ерупција.

Свлечиште во градот Санта Текла, во Ел Салвадор, појавено при земјотрес на 13.1.2001 год. (Извор: United States Geological Survey)

Расчистување на свлечиште што блокирало автопат во Кумамото, Јапонија, 16.4.2016 год. (Извор:Associated Press) За појави на свлечишта медиумите известуваат секојдневно од сите делови на светот. Се цени дека во периодот помеѓу 2004 и 2016 година, повеќе од 55.000 луѓе го загубиле својот живот во нив, без притоа да бидат анализирани свлечиштата предизвикани од земјотреси. Вкупните штети од свлечиштата биле проценети на

околу 20 милијарди долари на годишно ниво. Историјата бележи и масовни појави на свлечишта после случување на земјотрес, а еден скорешен пример е земјотресот со магнитуда од 7,8 по Рихтер, во Каикоура, Нов Зеланд, од 14.11.2016 година, при кој биле иницирани околу 10.000 свлечишта. Кај дел од нив, поради блокирани сообраќајници, помошта до населението или нивната евакуација, се одвивала по воздушен или морски пат. Поради вакви појави, а особено кога се случува нивно повторување или проширување на зафатот – што не е ретко, во понатамошното планирање на сообраќајот особено внимание се посветува на економските и на временските загуби на засегнатото население, а еден од задоцнетите заклучоци е дислокација и изведба на алтернативен пат, за што примери се наоѓаат во Шкотска, Словенија и др. 29 април 2022

ПОРТА

15


Свлечиште северно од Каикоура (Нов Зеланд) што оневозможило користење на државниот автопат бр. 1 (Извор: Environment Canterbury)

Блокирање на автопатот Свлечиште на патот Е-75 Катланово – Велес, Берово – Струмица, февруари 2013 год. март 2010 год.

Одрон на регионалниот пат Кочани – Делчево, ноември 2013 год.

Одрон на железничката пруга Гостивар – Кичево, март 2010 год.

Отсечен пат до село Брусник Битолско, април 2013 год.

Свлечишта на регионалниот пат М-5 Ресен – Битола, февруари 2010 год.

Одрон на автопатот Скопје – Тетово, кај с. Групчин, 2001 год.

Одрон на патот Делчево – Пехчево, април 2013 год.

Предупредување за свлечиште на патот М. Каменица – рудник Саса, февруари 2014 год.

МаКедонИЈа СпаЃа во ТеренИ Со прИроднИ предИСпоЗИцИИ За раЗвоЈ на СвлечИшТа За споредба, согласно неофицијални податоци, материјалните штети од геохазардите кај нас се ценат на повеќе милиони евра на годишно ниво. Имено, како резултат на сложените геолошко-тектонски, геоморфолошки, климатски и останати услови, и делови од територијата на Македонија спаѓаат во категорија на терени со природни предиспозиции за развој на свлечишта. Низ минатото, регистрирани се преку 600 такви појави кои на посреден или непосреден начин го загрозиле населението или инфраструктурата во земјата, нанесувајќи штети од најразличен обем: прекин на патен и железнички сообраќај, оштетување и рушење на индивидуални и колективни станбени објекти, оштетување и прекини на водоводна, комунална, гасоводна, телекомуникациска и електрична инсталација, деструкција на природен терен и обработливи земјоделски површини, загрозување на цели населени места или индивидуални куќи, а за жал, и загуби на човечки животи. Со цел да се избегнат или редуцираат понатамошни социоекономски загуби од свлечишта, инженери од повеќе технички дисциплини вршат истражувања со помош на најсовремени методологии, инструменти, компјутерски модели, географски информациони системи (ГИС) и други алатки. Проценката, детекцијата, карактеризацијата и мониторингот на свлечиштата се сметаат за мултидисциплинарни задачи кои се реализираат првенствено од страна на геотехнички инженери, а во тесна соработка со геолошки, градежни, геодетски, шумарски и други инженери. Потребата од деталноста при анализите придонела да се развијат повеќе поддисциплини за карактеризација на свлечиштата, па така на сите континенти се отворени поголем број на центри за истражување. Воедно, постојат и специјализирани здруженија и организации на инженери посветени на проблематиката на свлечиштата на глобално и на регионално ниво: International Consortium on Landslides, Adriatic-Balkan Network итн. Во нив се вклучени и компетентни лица од нашата земја.

Уништен пристапен пат до манастир Св. Петка, Оровник, 2010 год.

поЗнавањеТо на ТереноТ од доМашнИТе ИнженерИ е од неИЗМерно Значење Една од нивните препораки е актуелната светска практика и тренд: изработка на т.н. катастри на свлечишта и соодветни карти на подложност, хазард и ризик од свлечишта. Пример за ваква карта за територијата на

Затрупан автомобил на патот Маврови Анови – Дебар, февруари 2013 год.

Свлечиште на патот кон детско одмаралиште на Пелистер, 2010 год. 16

ПОРТА

29 април 2022

Блокирање на регионалОдрон на регионалниот пат ниот пат Маврови Анови – Маврови Анови – Дебар, февруари 2010 год. Дебар, февруари 2013 год.

Свлечиште на патот Кратово – Пробиштип, 2011 год.


Подложност на теренот кон развој на нестабилни појави

Легенда:

Карта на подложност кон нестабилни појави за територијата на Македонија (Извор: ELSUS1000 Верзија 1, според Gunther et al., 2013.) Македонија, подготвена во ГИС, е прикажана на следната слика. Која и каква методологија ќе се примени зависи од локалните и од регионалните услови на анализираното подрачје, па согласно на тоа, познавањето на теренот од домашните

инженери е од неизмерно значење при кои било анализи! На следните слики се прикажани неколку можни начини на детекција на свлечишта од различни извори на податоци и информации.

Со соодветна изработка, користење и правилно толкување на наведените карти, се создава можност за релативно прецизна проценка каде во иднина би можеле да се јават нови нестабилности. Со тоа се подобрува ефикасноста на службите за заштита и спасување, се предвидуваат навремени превентивни мерки и се дефинираат подрачја во кои не треба да се развива инфраструктурата или пак каде треба да се води особена сметка во поглед на соодветното фундирање и заштита на објектите од геотехнички и градежен аспект. Голем број на земји во светот, користејќи ги податоците од катастрите и картите на свлечишта, имаат воведено законска регулатива со која се утврдува т.н. прифатливо ниво на ризик од свлечишта. Станува збор за дефинирање гранични услови и критериуми за тоа колкаво ниво на опасност од свлечиштата е прифатливо. Сите симулации се вршат со податоци добиени од геотехничките истражувања на карпите и почвите, метеоролошките услови, состојбата на подземните води, наклонот на теренот, покриеност со вегетација, земјотреси и бројни други фактори на средината. Најмногу во овој поглед имаат постигнато Кина, Австралија, Канада, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, неколку земји од ЕУ, Малезија итн., каде во законите се воведени јасни и строги мерки за ограничување подрачја во кои е забранета изградба на објекти или дури и движење на лица, пропишан е начинот за заштита во претходно изградени подрачја, дефинирани се услови при кои се издаваат аларми за евакуација во потенцијалните ризични подрачја итн.

Мал броЈ на СТрУчнИ лИца од оваа облаСТ во ЗеМЈаТа Со дел од овие странски институции и А Б установи се воспоставени тесни соработки и извршен е одреден трансфер на знаења и искуства, што значајно придонесе кон делумно поставување на темелите за такво нешто и во Македонија. Сепак, поради сериозноста на проблемите поврзани со свлечиштата, нивната честа застапеност, потребата од посериозен третман на сите нивоа, и особено, малиот број на стручни лица од оваа област во земјата, неопходно е системот да продолжи да се надградува. За таа цел, треба да се забрза процесот за систематско институционално покривање, концентрирање на знаењето, редовно стручно и квалитетно кадровско освежување Г В и унапредување, како и стратешко Примена на алатки за детекција на нестабилности на терен: а) детекција на одронување планирање на образованието и долгорочната со помош на топографски карти во размер 1 : 25000; б) детекција на карпесто обрушуедукација, што би бил концепциски состав на вање со помош на Google maps; в) детекција на плитки свлекувања; г) детекција на одрони „вакцината“ против свлечишта. n со помош на ГИС-платформата на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ 29 април 2022

ПОРТА

17


земјотресно инженерство

Резултати од Студијата за скопскиот земјотрес од 1963 и за битолскиот од 2022 анкетата за скопскиот земјотрес е особено важна за да остане како траен документ за идните генерации, бидејќи вакви истражувања досега не се направени, а сведоци за оваа катастрофа ќе има сè помалку

проф. д-р Михаил ГАРЕВСКИ о последните 30 години еден милион луѓе се загинати од земјотрес. Намалувањето на бројот на жртвите највеќе зависи од квалитетот на градбите и од обученоста на жителите за тоа како треба да постапуваат за време на земјотрес. Во РСМ, во последните неколку години се случија повеќе земјотреси кои многу ги вознемирија граѓаните (Скопје, 2016, М = 5,3; Охрид, 2017, М = 5,1; Лерин – Битола, М = 5,4). Советите за

В 18

ПОРТА

29 април 2022

подготвеност за земјотреси, вклучително и вежби, имаат за цел да ги намалат повредите и да ја зголемат можноста за преживување. Во Македонија, а и пошироко во регионот иако целиот е постојано сеизмички активен, припремата на населението за тоа како треба да се однесуваат за време на земјотрес е многу мала дури може да се рече дека и не постои. Спорадично преку медиумите се даваат инструкции за тоа што треба да правиме за време на дејството на земјотресот. Некогаш ваквите штури објаснувања може да бидат дури и повеќе штетни отколку корисни доколку убаво не се објасни како треба правилно да се постапува.


ГраЃанСКа СеИЗМолоГИЈа Сознанија колкаво е нивото на знаење и Сл. 1 Предупреобученост на граѓаните за тоа како треба да дувања за постапуваат и како да се заштитат за време на земјотрес, земјотрес нема. Затоа ИСОГКП почна да развива ShakeAleret(USGS нова техника за собирање податоци од ) систем за заисториските земјотреси, а и за неодамнешните. падниот брег Појдовна основа за овие сознанија се на САД прашалниците кои ги пополнија граѓаните преку социјалната мрежа Фејсбук поврзани со скопскиот и со битолскиот земјотрес од 2022 година. Во продолжение најпрвин ќе бидат дадени техниките кои се користат за добивање извештаи од случени земјотреси, правење макросеизмички мапи и системи за тревога. Ќе биде објаснет и новиот пристап за колекција на извештаи од историските земјотреси. Од анализата на резултатите за однесувањето на граѓаните за време на скопскиот и битолскиот земјотрес донесени се заклучоци за нивото на знаење како да се спремат за земјотрес. Техники кои придонесуваат за редуцирање на ризиците од земјотреси Техниките кои придонесуваат за редуцирање на ризиците од земјотреси како што се: „рано предупредување за земјотрес“ (РПЗ) „дали го почувствувавте земјотресот“(ДПЗ) и брза локација на земјотрес преку Твитер, се методи кои се развиваат од 1999 година. Овие методи најдоа примена благодарение на интелигентните телефони, брзиот интернет и масовното користење на социјалната мрежа Твитер. Сите овие техники најпрво почнаа да се развиваат од страна на Геолошкиот институт на САД (USGS), а подоцна и од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар( EMSC). Техниката ДПЗ е од голема полза бидејќи многу брзо, во соработка со граѓаните, може да се добие мапа на сеизмички интензитет. Главната цел на ДПЗ е автоматски да собираат макросеизмички податоци врз основа на граѓани волонтери кои пополнуваат однапред подготвен формулар објавен на веб-страница. Софтверската заднина на пакетот ДПЗ е напишана во Python. Алгоритмот на ДПЗ овозможува прецизна подготовка на мапи со макроинтензитет. На овој начин, овој систем се интегрира со системот ShakeMap на USGS кој генерира мапи со помош на инструменти. LastQuake е повеќеканален автоматски информативен систем за земјотреси развиен од EMSC. Тоа е модерна подобрена верзија на информацискиот систем ДПЗ. Наместо формуларот што се пополнува во ДПЗ, во апликацијата LastQuake, во главното мени постои опција, подмени „Почувствував земјотрес“ каде секој степен на европската макросеизмичка скала е опишан со цртеж. Во зависност од тоа како корисникот на апликацијата го почувствувал земјотресот кликнува на цртеж кој највеќе одговара на соодветниот степен. Брзо откривање земјотрес е можно и преку Твитер бидејќи луѓето приватно или јавно испраќаат пораки во рок од десет секунди од локациите каде што се случил земјотресот. Сознанието за земјотресот преку Твитер, особено во регионите каде што нема густа мрежа за регистрација на настанот, е многу побрзо од официјалните информации добиени од сеизмолошките центри. РПЗ е техника којашто веќе функционира и e поприменлива за региони оддалечени од епицентарот отколку за епицентралните подрачја. Предупредувања за епицентралниот регион се случуваат само неколку секунди пред да се случи земјотресот при што нема доволно време за напуштање на објектот. Тоа се должи на големата

брзина на ширењето на земјотресните бранови. За пооддалечените региони, предупредувањето може да дојде и неколку минути пред да се почувствува земјотресот, но таквите замјотреси немаат скоро никаков ефект врз објектите. Ваквата тревога е активирана во Мексико Сити 2 минути пред да се почувствува земјотресот со M 8,2 (2017) чиј епицентар бил оддалечен 700 км. За разлика од земјотресите, тревогите за цунами се многу корисни бидејќи можат да бидат активирани неколку часови пред да дојде цунами бранот до населено место. Инаку во моментот егзистираат три вакви апликации (1) ShakeAleret развиенa од страна на USGS, (2) Мy Shacke развиена од страна на Сеизмолошката лабораторија на Универзитетот во Беркли, (3) и европската апликација Earthquake Network развиена во склоп на програмата Хоризонт 2020. Aпликацијата на USGS, за детекција на земјотресите користи скапи акцелероменти од мрежата за силни земјотреси на Калифорнија. За разлика од оваа апликација другите две на многу оригинален начин ги користат записите од акцелерометрите кои се вградени во денешните интелигентни мобилни телефони. На овој начин се создава огромна мрежа на сензори кои можат да регистрираат Земјино движење кое е резултат на земјотрес. Овие две апликации користат и посебни алгоритми за да направат разлика помеѓу земјотресни и други вибрации. дали се сеќавате? Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП), во моментот развива нов оригинален пристап со „враќање во иднината“ или техника која ја нарече „дали се сеќавате“ (ДСС). Техниката е исклучително ефикасна и преку неа може да се добијат корисни податоци за катастрофалните земјотреси од минатото, оштетувањата на објектите, но и за психолошката состојба на луѓето кои ги доживеале. Техниката поаѓа од претпоставката дека меморијата на луѓето кои ги преживеале катастрофалните земјотреси никогаш не се брише. Оваа хипотеза со првиот пилотпроект се покажа дека е потполно точна. Техниката која ја развиваме е ефикасна и брза бидејќи далечински може да се управува со ДСС. Техниката е многу слична на ДПС, но нашиот пристап е да се добијат детални податоци од граѓаните од епицентралното подрачје. Бројот на податоците кои се добиваат преку ДПС од епицентралното подрачје е мал поради фактот што граѓаните кои преживеале посилен земјотрес се во силен шок и не се подготвени да одговорат веднаш на прашањата. Со примена на нашата одложена техника, ние преку Фејсбук ги покануваме да пополнат детален прашалник многу подоцна по главниот удар. Развивањето на оваа техника е можно само со помош на социјалните мрежи како што се Фејсбук, Твитер или Инстаграм, а трошоците за истражувања се мали. 29 април 2022

ПОРТА

19


Сл. 2. Плакати за историските земјотреси користени во пилот-проектот „Враќање во иднината“ анкета за скопскиот земјотрес од 1963, М 6,1 Првиот пилот-проект за тестирање на методот ДСС кој ИСОГКП го развива се однесува на скопскиот катастрофален земјотрес од 1963 година за кој сѐ уште има живи сведоци. Тестирањето на техниката е направено преку Фејсбук во траење од 3 дена. Објавувањето се покажа неочекувано успешно со 305 пополнети прашалници. Медиумите како што се А1 он, и Аториз поопширно информираа за проектот кој го отпочна ИСОГКП и придонесоа за поголем одзив на граѓаните од РСМ и за тоа Институтот посебно им благодари. Покрај извештаите од сведоците на скопскиот земјотрес, техниката беше применета и на уште пет катастрофални историски земјотреси, агадирскиот земјотрес од 1960, вранчеа земјотресот од 1977, земјотресот во Ерменија од 1988 како и М 7,6 измитскиот од 1999 година. На сл. 2. се дадени плакатите кои се поставени на фејсбук-страницата на ИСОГКП за споменатите земјотреси. Анализите за овие земјотреси нема да бидат прикажани. За скопскиот земјотрес беа подготвени 35 прашања и некои од нив се специфични и се однесуваат само за овој земјотрес. Анкетата за скопскиот земјотрес е особено важна за да остане како траен документ за идните генерации, бидејќи вакви истражувања досега не се направени, а сведоци за оваа катастрофа ќе има сè помалку. Со користење на новата техника ДСС се добија некои додатни сознанија за карактеристиките на движењето на тлото и за силината на земјотресот кои не беа доволно нагласени досега. Овие сознанија се корисни имајќи предвид дека за скопскиот земјотрес не постојат никакви записи од инструменти за силни земјотреси. Пробното тестирање на техниката ДАЛИ СЕ СЕЌАВАШ се покажа дека е реално бидејќи зачудувачки е колку добро се сеќаваат граѓаните кои го преживеале земјотресот. Од анкетата може да се види дека тие го памтат секој момент од земјотресот кој се случил пред 59 години. Во анкетата едно од прашањата беше колку години имале испитаниците за време на земјотресот. Десетина искази се на граѓани кои тогаш имале само 3 години. Најстариот сведок кој го пополни прашалникот сега е на возраст од 87 години. 57,8 % од оние кои го пополнија прашалникот се жени. Едно карактеристично сознание за земјотресот е дека 61,7 % од сведоците не биле свесни дека станува збор за земјотрес. За скопскиот земјотрес има голема документација за оштетувањата на објектите и за нивната санација. Впрочем сите оние објекти кои не биле обележани со зелена боја се целосно санирани. Затоа голем дел од испитаниците одговориле дека во живеалиштата се вратиле 20

ПОРТА

29 април 2022

после една година. Меѓутоа за карактеристиките на земјотресот има многу малку сознанија. Во Скопје, во 1964 година, е одржана меѓународна конференција на која присуствувале најпознатите стручњаци по земјотресно инженерство од целиот свет, од Македонија и од тогашна Југославија. Оваа конференција подоцна е прогласена за прва европска конференција по земјотресно инженерство. Во Скопје на конференцијата е формирана Европската асоцијација по земјотресно инженерство (ЕАЕЕ). Подоцна сите овие специјалисти станаа големи пријатели на Скопје и Македонија, некои од нив беа и мои добри пријатели. За жал реалноста на животот е таква и денес ниту еден научник од нив не е веќе жив. На конференцијата чии материјали сѐ уште ги имам, има трудови за карактеристиките на земјотресот, но ниту во еден труд, а и подоцна и во литературата и во весниците никогаш не се спомна дека практично станува збор за два многу силни земјотреси кои се случиле едноподруго за многу краток временски период. Од одговорите на граѓаните со сигурност се заклучува дека постоеле два разурнувачки земјотреси кои се случиле еден по друг со временско растојание од 4 до 7 минути. На конференцијата проф. Никола Амброзис, од Империјал Колеџ од Лондон во една од своите дискусии претпоставува дека скопскиот земјотрес бил од типот на шок земјотреси (импулсен земјотрес) со времетраење од само 5 секунди. Од сведоштвата, т.е. од одговорите на граѓаните се покажува дека земјотресот траел најмалку 15 секунди. Можеби проф. Амброзис мислел само на разурнувачкиот дел од земјотресот? Проф. Н. Амброзис кој престојуваше како експерт на УНЕСКО подолг период во Скопје веднаш после земјотресот, ми беше добар пријател и жалам што никогаш не го разглобивме неговото искажување за должината на земјотресот. Подоцна градот Скопје, му се оддолжи на својот пријател и му ја додели наградата „13 Ноември“ за придонесот кој го даде во ублажувањето на последиците од земјотресот. Од дијаграмите прикажани подолу јасно се гледа дека постоеле два земјотреси. Се заклучува и за траењето на првиот и за времето кога се случил вториот кој бил скоро идентичен афтершок со првиот. Од исказите добиени од анкетата, а прикажани со графикони јасно е дека и двата биле со разурнувачка моќ. Во исказите скоро сите партиципиенти на прашалникот опишуваат дека имале тешкотии да ги отворат вратите од собите во нивните станови што укажува дека објектите претрпеле трајни деформации. Во моите интервјуа, најчесто прашање кое ми го поставуваат новинарите е дали причина за скопскиот земјотрес е поплавата од


1962 веруваат. Истото прашање го поставив и јас во анкетата. Добивме одговор дека 60,7 % од сведоците сметаат дека земјотресот е последица на поплавата од претходната година. Од исказите на сведоците сосема е јасно дека и најмалите деца доживеале огромна психолошка траума која ќе ја носат/носиме до крајот на својот живот. Во Студијата има многу опширно, во детали напишани сеќавања за вечерта пред земјотресот, за времетраењето на земјотресот и после земјотресот. Неколку сведоци пишуваат дека вечерта читале книга, и дека паметат која книга ја читале. Еден од нив ја читал книгата Пропаста на Атлантида. Истражувања поврзани со битолскиот земјотрес од 2022, М 5,4 За да може да се добие целосна слика за однесувањето на граѓаните, решивме повторно да ја примениме методата ДСС за умерен земјотрес којшто се случи неодамна. Техниката и во овој случај се покажа ефикасна бидејќи на прашалникот за битолскиот земјотрес одговорија 545 фејсбук-доброволци од кои 432 граѓани на Битола. За тоа како го почувствувале овој земјотрес одговориле и 47 граѓани од Скопје. Има одговори и од другите региони во РСМ, дури еден прашалник е пополнет од Кичево. Иако земјотресот беше послаб, од медиумите се доби впечаток дека граѓаните во Битолскиот Регион се многу вознемирени. Од дијаграмите најдобро може да се разбере какво било однесувањето и психолошката состојба на граѓаните. Првиот дијаграм сл. 4. е

Сл.4. Прашање за однесувањата за време на земјотрес во објект - битолска анкета добар индикатор за тоа колку граѓаните се обучени како да се однесуваат за време на земјотресот.

Сл.3. Санација на оштетени згради од скопскиот земјотрес 29 април 2022

ПОРТА

21


Сл.5. Мислење на граѓаните од Битолскиот Регион - кои градби се најдобри Анкетата покажува дека само 15 % од анкетираните сметаат дека треба да се излезе надвор за време на земјотрес. Останатите 85 % правилно размислуваат дека треба да се остане во објектот и да се засолнат. Изненадува што само 8,8 % од сите испитаници сметаат дека треба да се засолнат под маса. Инаку засолнувањето под маса кога градбата е проектирана да биде сеизмички отпорна е општа препорака на сите развиени земји (САД, Нов Зеланд, Јапонија). доверба во градите во р Северна Македонија Од одговорите може да се види дека трезвеното однесување за време на земјотрес најмногу зависи од довербата во квалитетот на градбите во кои живеат. На прашањето во кој период сметаат дека се градени најбезбедни градби во РСМ испитаниците најмногу веруваат во градбите кои се градени во периодот од 1964 до 1980 година. Јас бидејќи бев сведок на скопскиот земјотрес исто така го пополнив прашалникот и одговорив дека најмногу верувам во градбите направени меѓу 2014 и 2022. По однос на ова прашање сметам дека граѓаните вака се изјасниле поради недоволната информираност.

ПОРТА

Нормално е да се очекува драстична разлика во квалитетот на градбите градени пред и после земјотресот. Оттука произлегува дека граѓаните се информирани дека пред земјотресот при проектирањето не се земале предвид сеизмичките сили и знаат дека по земјотресот се воведени сеизмичките прописи за проектирање. Голем број од испитаниците сметаат дека во 80-тите се водела поголема контрола при градба. Се претпоставува дека нивната доверба кон градбите изградени по 80-тите се губи поради масовното градење и поради таканаречената урбана мафија која е бескрупулозна заради профитот. Но зачудува фактот што граѓаните имаат најголема недоверба во периодот од 2014 до денес. Ваквата недоверба е потполно неоправдана, и е можеби пропуст во анкетата што не беше поставено дополнително прашање да објаснат зошто сметаат така. Ваквиот одговор се должи на недоволната информираност. Јас во прашалникот одговорив дека токму градбите од 2014 до 2022 година се најквалитетни, поради Законот за градба и членот 4а преку кој се спроведува можеби најригорозна контрола во Европа на проектите и изведбата на градбите. Со законот од 2014 година, за секој објект да добие дозвола за градба мора да има позитивно мислење за проектот од страна на научен институт специјализиран во областа на сеизмички отпорни градби. За објектите поголеми од 300 м2, критериумите се уште поизострени. За нив покрај позитивно мислење за проектот, на терен уште двапати се проверува дали градбата се спроведува според проектот. Доколку се добие позитивно мислење за овие две контроли дури тогаш објектот може да биде предаден на користење. Од подеталната анализа на одговорите за скопскиот и за битолскиот земјотрес се очекува да се добијат корисни резултати за тоа во колкава мерка нашето население е спремно да се заштити од идните земјотреси и дали се потребни масовни обуки и вежби за граѓаните. Од првичната анализа на одговорите кои поради бројноста, се доволно репрезентативни се чини дека граѓаните не се доволно запознаени за тоа како треба да се однесуваат за време на земјотрес.. n


ПОРТА


архитектура

дИебедо ФранСИС Кере – добИТнИК на наГрадаТа прИцКер За 2022 ГодИна

Истoвремено е и архитект и слуга, кој ги подобрува животите и искуствата

„Фактот дека сте богат не значи дека треба да се расфрлате со материјал. Фактот дека сте сиромашен не значи дека не треба да се обидете да создадете квалитет“ Владимир Б. ЛАдИнСКИ, дипл. инж. арх. а 15.3.2022 во Чикаго, претседавачот на Хајат фондацијата, г-динот Том Прицкер, објави дека Диебедо Франсис Кере е добитник на 51вата Прицкерова награда за архитектура за 2022 година, која се смета за највисоката меѓународна награда за архитектура и е

Н 24

ПОРТА

29 април 2022

спонзорирана од Хајат фондацијата. Прв пат оваа награда е доделена на архитект по потекло од Африка. првИоТ од неГоваТа ЗаеднИца КоЈ поСеТУвал УчИлИшТе Лауреатот Францис Кере е роден во 1965 година во Буркина Фасо, една од најсиромашните земји во светот која е рангирана како 182 од 189 анализирани земји


Основното училиште Гандо , Буркина Фасо (2005)

Лео домовите за лекари во Лео, Буркина Фасо (2019) според Индексот на човечки развој на Програмата за развој на Обединетите нации за 2020 година, а според која Северна Македонија е рангирана на 82 место. Според објавата за наградата, Буркина Фасо се смета за земја без чиста вода за пиење, електрична енергија и инфраструктура, а уште помалку архитектура. Како најстар син на поглаварот на селото, архитектот Кере бил првиот од неговата

заедница кој посетувал училиште. Со оглед дека во најблискиот град Гандо немало училиште, тој на само седумгодишна возраст го напуштил своето семејство и заедница за да го посетува училиштето во Тенкодого. Неговата училница била изградена од цементни блокови и била несоодветно вентилирана и осветлена. Затворен со сто соученици со часови во екстремни климатски услови, тој се обврзал дека еден ден ќе ги направи училиштата подобри. Сеќавајќи се на своите училишни денови, архитектот Кере укажуава дека „Добра архитектура во Буркина Фасо е училница во која може да се седи, да има соодветно осветлување, да може да се влезе од каде се сака пред таблата или до клупата.“ За да го продолжи своето образование Францис Кере ја напуштил својата татковина и во 1985 година заминал за Берлин, Германија,

како стипендист за столарско занимање. Додека во текот на денот учел да прави покриви и мебел, тој навечер посетувал настава за средно образование. Последователна стипендија му овозможила да се запише да студира архитектура на Техничкиот универзитет во Берлин во 1995 година, каде завршил напредни студии во 2004 година. да Се ИЗГрадИ Со И За ЗаеднИцаТа Свесен за одговорноста која произлегува од неговиот привилегиран статус, архитектот Кере ја основал фондацијата „Градежни блокови за училиштата во Гандо“, која подоцна била преименувана во „Кере фондација“. Истата во 1998 година започнала да собира средства и да ги промовира правата на децата за пристојни училници, а ова резултирало во 2001 година во неговиот прв објект, 29 април 2022

ПОРТА

25


Центарот за здравје и социјална благосостојба во Лаонго, Буркина Фасо (2014) основното училиште Гандо во неговата татковина. Преку ова училиште изградено од и за жителите на градот, се смета дека биле воспоставени темелите на архитектонскиот пристап на Кере – да се изгради со и за заедницата, а со цел да се задоволат локалните потреби и да се ублажи социјалната нееднаквост. Како одговор на овој предизвик, тој понудил двојно решение – современо решение на објект кој може да се носи со екстремната топлина и лошото осветлување со ограничени ресурси, и социјална решителност да ги надмине сомневањата на заедницата. Меѓународното собирање средства преку неговата фондација во комбинација со отворање можности за локалното население, вклучително со можности за обука за занимања и занаети овозможиле да се одговори на овој предизвик. Училиштето било изградено од тули со голема термичка маса, направени од локална глина зајакната со цемент. Ваквиот пристап овозможил постудениот воздух да се задржи во објектот, а топлината да излезе преку плафонот од тула и издигнатиот кров со големи натстрешници овозможувајќи природна вентилација на објектот. Успехот на овој проект добитник на Ага Кан наградата за архитектура во 2004 година, веројатно најдобро може да се мери со фактот дека бројот на ученици во училиштето се зголемил од 120 на 700, а ова резултирало со последователни проекти за истото училиште, како домовите за учителите (2004), доградбата (2008) и библиотеката (2019). 26

ПОРТА

25 март 2022

KÉRÉ ARCHITECTURE Успехот на Основното училиште Гандо го поттикнало да го отвори своето проектантско биро Kéré Architecture во Берлин (2005), преку кое тој реализирал образовни и здравствени објекти во Републиката Бенин, Буркина Фасо, Мали, Того, Кенија, Мозамбик, Судан и Уганда. Неговите реализации покажале исклучителни резултати со оглед дека тие не само што овозможиле создавање училишта за образование на децата и локални здравствени установи за болните, туку и преку воспоставувањето на занимања за возрасните овозможиле да се поддржи и иднината на овие Стартуп Лајонс кампусот во Туркана, Кенија (2021)

заедници. Оттука, како значајни карактеристики на неговото творештво особено се сметаат неговата сензитивност кон биоклиматските карактеристики на локалната средина, одржливото проектирање приспособено на секој локалитет, како и долгорочните позитивни придобивки за локалната заедница. центарот за здравје и социјална благосостојба во лаонго, Буркина Фасо (2014), е карактеристичен по распоредот на прозорците со различни големини и на различни висини по фасадата на објектот, коишто овозможуваат убави погледи кон


институтот за технологија во Коудоугоу, Буркина Фасо (2022) пејзажот за секое лице во објектот - за докторот кој стои, за посетителот кои седи и за болниот кој лежи. Слично, во Бенге Риверсиде училиштето во Тете, Мозамбик (2018), фасадата е проткаена со мали отвори коишто се повторуваат, овозможувајќи светлината и транспарентноста да го поттикнат чувството на доверба кај студентите. библиотеката на основното училиште во Гандо, буркина Фасо (2019), се одликува со бетонски кров излеан околу мрежа на садови од традиционална керамика, а кои потоа биле извадени за преку овие кружни отвори да може да излезе топлиот воздух од објектот и да навлезе природното осветлување. Дополнително, фасадата од дрво од евкалиптус го обвива овој елиптичен објект, создавајќи флексибилни надворешни простори. Опера село во Лаонго, Буркина Фасо (2010)

Стартуп лајонс кампусот во Туркана, Кенија (2021), е кампус за информациски и комуникациски технологии, каде што објектот е изграден од локален камен и вклучува низа вентилациони кули преку кои се промовира природната пасивна вентилација во објектот за да се намали потребата за климатизација за заштита на ИТ-опремата во објектот. првата фаза на буркина институтот за технологија во Коудоугоу, буркина Фасо (2022), е изградена со ѕидови од глина, изведени на самото градилиште, со цел да се забрза процесот на изградба. Овие ѕидови од глина го подобруваат ладењето на објектот. Дополнително објектот е заштитен од сонце преку натстрешниците од дрво од евкалиптус, кои исто така го штитат објектот и од кусата сезона на дождови, при што дождовницата се

собира под нивото на теренот, за истата да се користи за иригација на манго-плантажата во рамките на објектот. Како други позначајни реализации на архитектот Кере на африканскиот континент се сметаат и Првата фаза на Опера селото во Лаонго, Буркина Фасо (2010), националниот парк во бамако, Мали (2010), Лицејот Шорџе средното училиште во Коудоугоу, Буркина Фасо (2016), Лео домовите за лекари во Лео, Буркина Фасо (2019) и други. Во моментов, во Порто Ново, Република Бенин, се гради неговиот објект на Националното собрание на Бенин, лоцирано во јавен парк и инспирирано од „палавер“ дрвото. Станува збор за дрво коешто во многу африкански заедници претставува и физичко и симболично место за собирање на заедницата,

Националниот парк во Бамако, Мали (2010)

ПОРТА


Лицејот Шорџе средното училиште во Коудоугоу, Буркина Фасо (2016)

Зајлем павилјонот во Типет Раизе арт центарот во Фиштаил, Монтана, САД (2019)

Националното собрание на Бенин

Зградата на Националното собрание на Буркина Фасо, во Квагадоугоу каде на мирен и конструктивен начин се разговара за работите од заеднички интерес, се одржуваат церемонии, но исто така се користи и како сцена за настапи и раскажување приказни. Решението на објектот овозможува додека Собранието заседава внатре во објектот, граѓаните да се собираат под големата сенка во базата на објектот. Зградата на националното собрание на буркина Фасо, 28

ПОРТА

29 април 2022

во Квагадоугоу се смета за најзначајниот и најамбициозниот проект на архитектот Кере досега, кој за жал сè уште не е реализиран. По уништувањето на претходниот објект во востанието од 2014 година, архитектот Кере испроектирал скалеста и чипкаста пирамидална зграда за собраниска сала со капацитетот за 127 лица во внатрешноста на објектот, но која поттикнува и неформално собирање надвор од

објектот. Објектот е дел од поголем урбанистички план, замислен да вклучи локална флора, изложбени простори, двор и споменик за оние кои ги изгубиле своите животи во протестите кон стариот режим. Творештвото на архитектот Кере вклучува и павилјони и инсталации во Данска, Германија, Италија, Швајцарија, Велика Британија и САД. Така тој во 2017 година го реализирал времениот Серпентај павилјон во лондон, којшто исто така е конципиран преку формата на дрво. Одвоените закривени ѕидови се оформени од модули во индиго боја, која се идентификува со сила во неговата култура и на лично ниво со бојата на облеката која тој ја носел како дете. Одвоениот кров се надоврзува на неговите објекти во Африка, додека внатре во павилјонот дождовницата се носи во централниот дел на конструкцијата нагласувајќи го глобалниот недостаток на вода. Зајлем павилјонот во Типет раизе арт центарот во Фиштаил, Монтана, Сад (2019), е натстрешница за посетителите на центарот каде тие може да се соберат во заштитена средина, за да разговараат, или пак да уживаат во своето опкружување во конструкција која ги евоцира внатрешните слоеви на дрвото. Сарбале Ке во рамките на Коучеча вали фестивалот за музика и уметност во Калифорнија, САД (2019), е уште еден пример на творба инспирирана од дрвата. Во превод „Куќата на прославата“ е конципирана според формата на шупливото баобаб дрво, ценето во локалната африканска култура заради своите лековити својства. СИМболИЗаМ под влИЈанИе на неГовоТо воСпИТУвање И ИСКУСТва Од погорниве примери може да се види дека и проектите на Кере надвор од Африка се проткаени со симболизам под влијание на неговото воспитување и искуства од Гандо.


Времениот Серпентај павилјон во Лондон (2017г.) Поетската експресија на светлото е константа низ творештвото на Кере. Сончевите зраци се филтрирани во објектите, дворовите и меѓупросторите со цел да се надминат жешките пладневни часови и да се понудат простори за смиреност и собирање. Покрај Ага Кан наградата за архитектура (2004), архитектот Кере, е добитник и на Глобалната награда за одржлива архитектура (2009), БСИ-швајцарската награда за архитектура (2010), Глобалната Холким златна награда (2012), Шелинг наградата за архитектура (2014), Меморијалната награда Арнолд Брунер за архитектура на Американската академија за уметности и книжевност (2017) и Медалот за архитектура на Томас Џеферсон фондацијата (2021). Архитектит Кере се јавува како гостин професор на универзитетите во Харвард и Јеил во САД и е иногурален шеф на Катедрата за архитектонско проектирање и партиципација на Техничкиот универзитет во Минхен од 2017 година. Тој е овластен член на Кралскиот институт на британските архитекти (2009), и почесен член на Американскиот институт на архитекти (2012), и на Кралскиот архитектонски институт на Канада (2017).

За жирито „Во свет во криза, помеѓу променливи вредности и генерации, тој нè потсетува на што било, и што несомнено ќе биде камен-темелник на архитектонската пракса: сензибилитет за заедницата и наративен квалитет, којшто тој може да го повика со сочувство и гордост. Преку ова тој овозможува наратив во кој архитектурата ќе стане извор на континуирана и трајна среќа и восхит. За подарокот кој тој го има создадено преку своето творештво, подарок кој го надминува оспегот на архитектурата како дисциплина, Францис Кере е именуван за лауреат на Притцкеровата награда за 2022 година.“ За г-динот Прицкер, „Архитектурата на Францис Кере е пионерска – одржлива кон планетата Земја и нејзините жители – во подрачја на екстремни ограничувања. Тој истовремено е и архитект и слуга, кој ги подобрува животите и искуствата на небројни граѓани во регион на светот кој понекогаш е и заборавен. Низ своите објекти тој ја демонстрирал убавината, скромноста, смелоста и иновацијата, и преку интегритетот на архитектурата и постапките, Кере достоинствено ја почитува мисијата на оваа награда.“

„Јас се надевам да ја сменам парадигмата, да ги поттикнам луѓето да сонуваат и да преземат ризик. Фактот дека сте богат не значи дека треба да се расфрлате со материјал. Фактот дека сте сиромашен не значи дека не треба да се обидете да создадете квалитет.“ - вели лауреатот Кере во одговор на објавувањето на наградата. „Секој заслужува квалитет, секој заслужува луксуз, и секој заслужува комфор. Сите ние сме меѓусебно поврзани и грижите за климата, демократијата и ограничените ресурси се грижи на сите нас.“ Прекрасно е да се види дека овогодишната Прицкерова награда за архитектура е доделена на архитектот Францис Кере, кој дава насоки за тоа како може да се осмисли и редефинира архитектонската струка за истата да може подобро да одговори на предизвиците на 21-виот век. n поддржано од Министерство за култура во рамки на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2022 година

Сарбале Ке во рамките на Коучеча Вали фестивалот ПОРТА за музика и уметност во Калифорнија, САД (2019)


aрхитектура

Деменција - крадец на нашите спомени

„архитектите имаат должност да проектираат објекти кои се инклузивни. наша обврска е да покажеме некаква отворена емпатија кон луѓето за кои проектираме и да се обидеме да го разбереме светот преку нивните искуства. Се разбира дека деменцијата е ужасна, но се работи за луѓе кои имале извонреден живот и тоа може да биде многу трогателно. Можеме да создадеме моменти на бескрајна убавина.“ (niall mclaughlin)

30

изгубено лице, нечиј родител, нечиј дедо

нЕВЕнА ГЕОРГИЕВСКА, дипл. инж. арх.

l многу луѓе со деменција можат да живеат и

Зошто се одлучив за ваков текст? Затоа што: l многу родители на мои блиски и пријатели имаат деменција. Блиските и пријателите страдаат со нив. l многу често, вртејќи по Фејсбук наидувам на објави и слики во кои се бара некое

подолго во својот дом и во сопствената заедница, доколку се создадат погодни услови l со исплатливи и практични решенија се промовира независност и одговор за безбедноста на лицата со деменција l со благосостојбата на лицето со

ПОРТА

29 април 2022


DEmEnTIA fRIEnDly проеКТИрање деменција, се подобрува и секојдневниот живот на семејствата Поддршката и третманот на заболените, вклучително и добропроектираните средини, може да им помогнат на луѓето со деменција да водат исполнет живот. Оформувањето средина погодна за лице со деменција бара добро разбирање на симптомите и предизвиците, кои вообичаено ги носи деменцијата, и почитување на искуствата на луѓето со деменција, нивните семејства и негуватели. Затоа, на почетокот да видиме со што се соочуваме. Деменцијата е синдром предизвикан од многу различни болести, меѓу кои најчести се Алцхајмеровата болест, мешаната деменција и васкуларната деменција. Деменцијата може да влијае на различни когнитивни способности и различните видови на деменција може да влијаат на различни делови од мозокот. Можеби нема двајца луѓе со деменција да ги имаат истите симптоми и искуства, но симптомите, за сите типови на деменција општо, вклучуваат: l нарушено рационално размислување, расудување и решавање проблеми l тешкотии со меморијата (на почетокот краткорочни, но со напредувањето на болеста долгорочни) l проблеми со учење нови работи l зголемена зависност од сетилата страв, анксиозност и зголемена чувствителност кон изградената и психосоцијалната средина. Во рана фаза, тешкотиите кои ги доживуваат луѓето со деменција се благи и остануваат незабележани, но како болеста напредува тие обично стануваат поизразени. На пример, секојдневните активности, како облекување, туширање, јадење, користење тоалет, активности со апарати, како подготовка на храна, перење алишта, земање лекови, користење телефон или шопинг, може да претставува вистински предизвик. Оштетувањето на париеталните лобуси може да резултира со апраксија или неможност различни дејства да се организираат во правилен редослед, како што се поставување маса, правилно облекување, соодветно користење на парите. Многу луѓе со деменција, може да имаат и други здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, Паркинсонова болест, дијабетес, па и други симптоми. Некои здравствени проблеми и болести може да доведат до дополнителни компликации, како што се губење на видот и слухот, мозочен удар и придружна парализа, инконтиненција, проблеми со пиење и јадење, неухранетост, отежнато одење, падови и повреди. Можеби овие симптоми не би биле важни,

архитектонски, ако сите пациенти со деменција се усогласат со стереотипот за седење и сонливост. Но, многумина страдаат од екстремен немир и возбуда, што ги принудува да талкаат секаде каде што е можно, а често и ноќе. Можеби овие симптоми не би биле важни доколку пациентите со деменција се држат надвор од „очите и ушите“, каде што нашето страшно општество вообичаено ги протерува. Проблемот, сепак, станува преголем за да се игнорира. Пред 30 години деменцијата беше состојба, не толку разбрана како денес и се претпоставуваше дека е нормален дел од стареењето. Состојба која влијае на меморијата, видот, слухот, рамнотежата, одењето, визуелното и просторното разбирање, ориентацијата и звучната диференцијација и може да предизвика халуцинации. Денес, ширум светот околу 46,8 милиони лица живеат со деменција, додека 9,9 милиони лица се новодијагностицираат со деменција секоја година. Се предвидува дека бројот ќе се дуплира за 20 години заради стареењето на популацијата, подигнувањето на свеста и дијагнозата. Се очекува дека до 2050 година, повеќе од 130 милиони лица ширум светот ќе имаат деменција. Алцхајмеровата болест е најчеста причина за деменција. Алцхајмеровата болест е голем проблем за општеството бидејќи стотици милиони старатели и членови на семејства се погодени заедно со пациентите, страдајќи емотивно, физички и финансиски. Д-р Габриела Новотни, невролог на Универзитетската клиника за неврологија, вели: „Ова е една од

најтажните болести, која ни ги краде сите спомени и сеќавања, со еден збор сето она што во животот ќе го заработиме... Алцхајмеровата болест ги краде спомените кои се последни запаметени.“ На крајот на животот, после сè што сте поминале, тешко е да се отфрли сѐ. Тешко е да се ослободите од домот, од спомените, од себе. Деменцијата останува еден од најголемите проблеми со кои се соочува сѐ постарата популација, предизвикувајќи поголема попреченост во подоцнежниот живот отколку ракот, срцевите заболувања или мозочните удари и зголемувајќи ги трошоците во здравството и економијата. Возрасната популација е значаен демографски фактор. Проектираниот раст на домаќинствата до 2033 година укажува дека висок процент од населението ќе биде над 65 години. Притоа, деменцијата не ги погодува само постарите луѓе, затоа што тоа не е само нормален дел од стареењето, туку е мозочно заболување и се смета за едно од предизвиците на здравствената заштита на 21-виот век. Се проценува дека ширум светот на секои четири секунди на некого ќе му биде дијагностициран тип на деменција. Се проценува дека во моментов во Македонија живеат најмалку 20.000 лица со Алцхајмерова деменција. Според податоците од електронскиот систем (Мој термин) во 2019 година, 11.267 лица ја добиле дијагнозата Алцхајмерова деменција. Две третини од нив живеат дома. И тие заслужуваат да живеат и да умрат достоинствено. Архитектурата мора да биде подготвена да им помогне.

Дијамант за деменција од Haugen/ Zohar Arkitekter, победник на конкурсот за проект за обвивка на трансформатор пред здравствниот центар за луѓе што страдаат од деменција 29 април 2022

ПОРТА

31


Losing myself - Павилјонот на Ирска на Венецијанското биенале во 2015 година - Niall McLaughlin & Yeoryia Manolopoulou

Обидувајќи се да ја подигнат свеста за оваа болест во светот, покрај останатите, и уметниците, архитектите, прават разни обиди да се комуницира и интерпретира промената на просторната перцепција предизвикана од деменција. „За да ги разбереме овие промени, прочитавме, истражувавме и испрашувавме. Разговаравме со широк опсег на луѓе невронаучници, психолози, здравствени работници, филозофи, антрополози, луѓе со деменција и нивните семејства - за деменцијата, мозокот и улогата на дизајнот во грижата за деменција.“ - Niall McLaughlin, при претставувањето на својата работа за ирскиот павилјон на Биеналето во Венеција во 2016-та година. Во нашето хиперкогнитивно општество, кое цени и бара брза адаптација и постојано учење, да се дијагностицира некаков вид на деменција 32

ПОРТА

29 април 2022

значи да се носи стигма на бескорисност и инвалидитет и покрај сѐ претходно постигнато. Тоа значи да се биде исклучен од заедницата, не само економски и социјално, туку и буквално, со преселување од дома во оддел за специјална нега. Без враќање и без друга опција, многу луѓе ги поминуваат последните години од својот живот во таква ситуација, зависни од помошта од другите. Неволно заробени во дадениот простор, тие доживуваат сè помалку промени на средината бидејќи повеќе немаат потреба или право да го сторат тоа. Со напредокот на деменцијата, животот надвор од дом за нега на стари лица станува сè понапорен и нивната животна сфера постепено се смалува. Во одреден момент, таа се собира меѓу ѕидовите на единицата за нега и продолжува до точка каде останува самата личност и нејзината непосредна телесна околина. Во доцната фаза

на деменција, една единствена соба станува целиот свет. Здравствени состојби и тешкотии, кои можат значително да влијаат на субјективното искуство со деменцијата, може да се влошат или подобрат со помош на изградената и на психосоцијалната средина. Вистински предизвик е да се проектира средина за задоволување сложени, разновидни и често различни потреби и приоритети на лицата со деменција и на нивните семејства/негуватели. Ние, како професионалци, треба да ги имаме предвид здравствените состојби и сензорните тешкотии, кои луѓето со деменција веројатно ќе ги имаат во нашиот иден објект и да ги процениме придобивките и недостатоците од нашите проекти. Физичката животна средина има особена улога во промовирањето на квалитетот на животот на луѓето со деменција и квалитетот на испорачаната нега. Околината може да влијае и да ги намали бихејвиоралните и афективните симптоми поврзани со деменција. Треба да се обрне соодветно внимание за да се задоволат сложените и единствени потреби на поединецот со деменција и нивните семејства/негуватели. Проектирањето за деменција е немедицински пристап, кој помага да се намалат некои од симптомите поврзани со деменција, како што се агитација, агресија, конфузија, инконтиненција. Стареењето на светската популација значи дека има зголемен број на луѓе кои живеат со деменција и актуелните методи за поддршка на луѓето со деменција се економски неодржливи. Треба да се работи заеднички за да развијат иновативни решенија за нега кои им овозможуваат на луѓето да живеат независно и добро со деменција. Со тоа ќе се штеди злоупотреба на многу лекови кои се препишуваат за смирување и ќе се подобри квалитетот на животот преку нефармаколошки третман. Alzheimer's Disease International го посвети својот Светски извештај за Алцхајмерова болест за 2020 година на проектирањето поврзано со деменција, со барање за вградување на доказите во упатствата за здрава животна средина: град кој поттикнува здраво и активно стареење преку градење и одржување здрава животна средина за сите генерации. Тоа би можело да го поддржи развојот на здрава мозочна функција од рани години, да им помогне на луѓето да го одржат когнитивното знаење во подоцнежните години и да го поддржат когнитивниот пад како што стареат. Како одговор на деменцијата, извештајот бара од националните влади, проектантските решенија да бидат вклучени во нивните национални планови, препознавајќи ги архитектонските проекти како витална, нефармаколошка интервенција. Во два тома и


84 проекти, извештајот разгледува дизајн на домови/ живеалишта, простори за дневна и резиденцијална нега, болници и јавни згради и простори. Извештајот гласно изјавува дека проектирањето за деменција е 30 години зад движењата за физички инвалидитет - и дека тоа мора да се промени. Како клучен одговор беше поднесен и Манифест „Достоинство во дизајнот - за лица кои живеат со деменција“ (слободен превод): „Како дизајнери, истражувачи, даватели на нега, приматели на нега и луѓе кои живеат со деменција, сфативме дека добриот дизајн за луѓето кои живеат со деменција подразбира почитување на нивното достоинство, автономија, независност, еднакви можности и недискриминација. Во извршувањето на овие цели ние ги цениме оние проекти: l кои ги земаат предвид сите потреби на индивидуата, заедницата и околината наместо оние кои се фокусираат исклучиво на деменцијата l кои имаат приоритет да им овозможат на луѓето со деменција да останат во нивните заедници и семејства, наместо изолирани во станбени и згрижувачки установи l што ги максимизираат меѓугенерациските интеракции наместо оние кои се обезбедени само за постари луѓе l кои се автентично кодизајнирани со луѓе кои живеат со деменција наместо проекти кои користат само експерти l кои се фокусираат на силните страни и способностите на луѓето кои живеат со деменција наместо оние кои се фокусираат само на компензирање на функционалните недостатоци l што ја нагласуваат слободата на луѓето кои живеат со деменција да донесуваат информирани одлуки за ризиците што сакаат да ги преземат наместо оние што се засноваат на дефиниција од трета страна за прифатлив ризик Овие вредности се поддржани кога проектирањето и планирањето одговараат на следниве принципи засновани на докази: l започнете го секој проект со визија за достоинствен начин на живот за луѓето кои живеат со деменција, l онаму каде што е договорено безбедносните мерки да бидат соодветни, дизајнирајте ги да бидат што е можно поненаметливи, l обликувајте ја околината со човечки размери заради максимална разбирливост и искористеност, l планирајте ја околината така да им олесните на луѓето да гледаат и да се движат таму каде што сакаат, l минимизирајте ја некорисната стимулација, l оптимизирајте корисна стимулација, l проектирајте околина која ќе ги интегрира

внатрешните и надворешните места кои стимулираат ангажирање и достапност, за лицето кое живее со деменција да се движи од едно на друго место, l дизајнирајте ги сите компоненти на околината да бидат што е можно попрепознатливи, l дајте им на луѓето можност да изберат да бидат сами или во група, l овозможете едноставен пристап и врска со локалната заедница.“ Голем дел од упатствата за проектирање, моментално достапни, се поткрепени само со истражувања спроведени во развиените земји и тие покажаа дека, наместо да се истражат искуствата на постарите луѓе, нивните семејства и професионалните негуватели, архитектите проектираат според претпоставени потреби и искуства на замислена повозрасна личност. А истражувањата за деменција, исто така, потврдија дека оваа состојба не е природен дел од стареењето, туку дека ризикот од нејзино развивање се зголемува со возраста. Алкохолот, пушењето, холестеролот и дијабетесот го зголемуваат ризикот од деменција, а загадениот воздух исто така е идентификуван како ризикфактор за здравјето на мозокот. Планерите и архитектите треба да ги користат алатките за проценка на влијанието врз здравјето за да планираат простори за превенција. Обезбедувањето зелени површини, активно движење и игра, населби за пешачење, подобрен биодиверзитет и квалитет на воздухот - сето тоа може да помогне во борбата против деменцијата. Индивидуално, повеќето луѓе со деменција сакаат да останат дома, а малкумина се одлучуваат за алтернативни форми на сместување по личен избор. Ова е секако предизвик за архитектите да дизајнираат живеалиште, кое ќе им овозможи на луѓето да стареат во место. За некои луѓе перцептивните

способности се менуваат предизвикувајќи проблеми со просторната свест, расудувањето околу растојанијата и препознавањето предмети. На ваквите проблеми може да им се пријде со следење на dementia friendly принципите на дизајн, кои треба да бидат широкодостапни за истите да може да бидат инхерентен дел од проектот, притоа максимизирајќи ги шансите луѓето да бидат безбедни и способни да преговараат за нивната животна средина. Размислувајќи однапред и земајќи ги предвид сложените причински фактори, зголемените стапки на дијагностицирање и мултидисциплинарниот опсег на терапии за деменција, луѓето кои живеат со оваа состојба и нивните семејства ќе имаат корист од координираната глобална реакција во секоја земја и во сите култури. Со повеќе од 30 години искуство во проектирање за деменција, Центарот за развој на услуги за деменција на Универзитетот Стирлинг ја издаде книгата Архитектура за деменција: 2008 - 2020, со уникатен избор на извонредни проекти од целиот свет. Секој од нив доби DSDC „Стирлингово злато“ за dementia friendly објект. Níall McLaughlin е еден од неколкуте архитекти, кој длабоко истражува и се занимава со овој проблем и тој смета дека и архитектите и клиентите треба да прават повеќе. „Извонредно е што грижата за животната средина за луѓето со деменција [не] се смета за апсолутно прво место за луѓето кои ангажираат архитекти“, вели тој. „Не дека има многу добри архитекти кои работат во оваа област“. И додава: „А и не гледам нешто многу интересни објекти проектирани за луѓе со деменција.“ Од Стирлинг универзитетот велат дека интересот за dementia friendly објекти е главно од клиенти, а не од архитекти. Не постои посебен интерес ниту за нивните проекти, ниту за нивните обуки. 29 април 2022

ПОРТА

33


DEmEnTIA-fRIEnDly проеКТанТСКИ прашања Проектирањето живеалиште за секој човек, без разлика на возраста, способноста или попреченоста, кое во исто време е достапно, употребливо и лесно перципирано од луѓето со деменција, е сложена задача. Следните осум точки треба да се предвидат при еден универзален дизајн во пристапот на проектирање живеалишта погодни за деменција: l поттикнување партиципативен пристап, каде луѓето со деменција, нивните семејства и негувателите учествуваат во процесот на проектирање l користење општоприфатени, познати насоки на проектирање со употреба на препознатливи карактеристики, согласно очекувањата на корисникот l поддржување персонализираност на околината заради подобрување на континуитетот на идентитетот l обезбедување смирена средина со особено внимание на намалување на акустичните и визуелните нарушувања l обезбедување добар визуелен пристап до клучните простори на живеалиштето или до важни предмети за потсетување l предвидување ненаметливи безбедносни мерки и соодветна технологија (Assistive technology - AT, Ambient Assisted Living - AAL, Telecare, Telehealth), заради обезбедување безбедна и сигурна средина l создавање посебни простори за различни домашни активности, со значење и функција кои се јасни и се памтат l обезбедување безбеден и пристапен отворен простор, воочлив однатре заради

ПОРТА

охрабрување за нивно користење Овие прашања мора внимателно да се менаџираат за да се обезбеди избалансиран пристап на проектите за живеалишта погодни за деменција. Имајќи ги предвид овие прашања, се обезбедува живеалиште кое ги задоволува специфичните потреби на луѓето со деменција, а притоа ги поддржува и другите корисници, членовите на семејството или негувателите. На сликата е прикажан типичен и универзален трисобен стан. Ништо спектакуларно во самиот проект. Но еве некои типични карактеристики на живеалиштата погодни за деменција, кои може да го направат типичното специфично: l обезбедување добри акустични услови со ориентирање на просторите подалеку од изворите на бука или со обезбедување високо ниво на звучна изолација l добар визуелен пристап до клучните простори и функции, како што се лифтови или скали во рамките на заедничките комуникации l оформување карактеристичен влез во станот - различна боја на вратата или препознатливи маркери за лесна дистинкција на влезот од другите комуникации l светло обоена влезна врата, различна и препознатлива. Истиот принцип да се користи и за останати простори како лифтови и врати кон скали l поставување завеси заради обесхрабрување на напуштање на живеалиштето во несоодветно време l обезбедување основа со добар визуелен пристап низ целото живеалиште l директен поглед кон бањата од креветот како визуелен знак за поттикнување на лицето да

го користи тоалетот кога е потребно

l завесата или ролетната на прозорецот да не

ја прикрива природната светлина и да обезбедува максимален поглед кон надворешноста l лесен пристап до безбеден и надворешен простор, балкон или тераса l стаклени кујнски елементи заради обезбедување визуелен пристап до содржината Ние не сме ни свесни што сѐ може да предизвика вознемиреност кај луѓето со деменција – црното чергиче на влез може да се сфати како непроодна црна дупка. Сината подна површина може да се доживува како вода. Белиот порцелански тоалет може да биде невидлив на заднина со бели плочки. Терапевтските простори се сметаат како средство за активирање на изгубената меморија. Позитивната терапевтска интервенција треба да ги препознае сите сетила: вид, мирис, допир, слух и вкус. Целокупното сценарио е приспособување и преживување, главно во контекст на објекти и градови кои не биле проектирани и изградена со деменција на ум. За разлика од улогата на индивидуалните живеалишта, прашањата на кои треба да се обрне внимание се околу пошироката населба и градот. Се разгледуваат и прашања за создавање градови погодни за деменција. Clare Cameron, која проектира dementia friendly објекти повеќе од 25 години, вели дека отворените простори се клучни за обезбедување визуелна пристапност за луѓето со деменција, нешто што треба да се вклучи од почеток во проецесот на проектирање. „Се зборува за визуелните знаци, како што се бојата, уметничките дела и предметите. Сите тие се важни, но сите тие се работи што може да ги направите во објектите откако ќе бидат завршени“, вели таа. „Мора да ги направите исправно другите пофундаментални работи, на пример, решението на основата на објектот, пристапот до зеленило и надворешен простор како безбедна средина“. Таа додава дека е многу важно да има низ објектот што повеќе визури кон надворешноста „за луѓето да знаат каде се во зградата, во кое време од денот е, какво е времето“. Dementia friendly проектирањето може да го намали бројот на „исклучително штетни“ несреќи како што се „сопнување и паѓање“ и да создаде места кои овозможуваат „брзо оздравување“. Ова потенцијално ќе доведе до значителни заштеди во здравствениот систем. Во Македонија, според податоците од процедурите за поттикнување изградба и отворање домови за стари лица на Министерството за транспорт и врски, во Македонија старото население има процентуално учество од 16,8 %. Најголем процент на старо население има во


Пелагонискиот Регион и тој изнесува 20,8 %. По него следуваат Вардарскиот, Источниот и Југоисточниот Регион со 18,1 % старо население. Најмал процент на старо население има во Полошкиот регион и изнесува12,2 %. За проектирање домови за стари лица во сила е „Правилник за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на установа за социјална заштита за стари лица“. Во член 7 став 1 се вели: „Станбените единици може да бидат проектирани како: 1. станбени единици за релативно здрави стари лица и 2. станбени единици за лица со потреба од помош и нега од друго лице“. Во истиот не е ни споменат зборот деменција. Од друга страна, можеме да забележиме дека во некои нови приватни домови за стари лица има посебни оддели за стари лица со деменција, односно, се вели дека се специјализирани за нега на лица со Aлцхајмерова болест и деменција. Во некои од нив се и вработени обучени негуватели. Сакам да верувам дека во недостаток на институционални нормативи, при оформувањето на физичката средина, проектантите ги искористиле светските искуства за на крајот да бидат реализирани објекти, кои за себе велат дека нудат „сместување во капацитети целосно приспособени за лица со деменција“. Животната средина е особено важна за луѓето кои живеат со деменција и ова сознание не смее да се игнорира. Целта треба да ни биде да се подобри одговорноста во проектирање на изградената и неизградената средина долгорочно. Потребна е посветеност во залагањето за важноста на инклузивноста и проектирањето на age friendly објекти. Верувам дека би било корисно да се препознае деменцијата како јавно здравствено прашање и да се користи проектирањето за да се одговори на некои од предизвиците. Ова ќе им овозможи на архитектите и на планерите да ги интегрираат принципите за проектирање за деменција на сличен начин како и „Правилникот за начинот на обезбедување непречен пристап, движење (хоризонтално и вертикално), престој и работа на лица со инвалидност до и во градби со јавни и деловни намени, градби со намена домување во станбени згради, како и градби со станбено-деловна намена“. За целосно разбирање на придобивките, постои итна потреба за критичка дискусија и понатамошни истражувања и архитектонски проекти со проектни програми кои ги предизвикуваат проектантите да се занимаваат со ова важно глобално прашање. За да се случи вистинска промена, потребни ни се и професионалните тела, Комора на ОАИ, ААМ и работа со специјализираните организации за да се осигура дека деменцијата и возраста се земени предвид во раната фаза на проектирање за сите

архитектонски проекти. Иако ова можеби звучи застрашувачки, сепак бенефициите, во финансиска смисла, за здравствените услуги и услугите на социјална поддршка, па и човечки во поглед на семејствата, пријателите и соседите кои се справуваат со предизвикот на деменција, се огромни. Сѐ во насока на поздрав живот на сите, за достоинствен живот на луѓето со деменција. Запознавањето со животот со деменција не само што може да им помогне на луѓето со деменција да се чувствуваат поудобно, туку може да ни помогне и нам, на архитектите, да го прошириме своето чувство за просторот, неговите граници и квалитети. Може да ни помогне во проширувањето на нашиот поим за животна средина кога ќе се види низ очите на оние што „живеат со предизвици“. Луѓето со деменција не се единствената заедница со посебни потреби и постојат многу начини на перцепција на просторот и архитектурата. Приближно 15 % од светската популација живее со одредена попреченост и со тоа и со различна перспектива и перцепција за нашата заедничка средина. Лицата со попреченост го сочинуваат најголемото малцинство во светот и

нудат добра можност да се разберат и обезбедат различни форми за пристапност. Во исто време, проектирањето за деменција е одлична шанса да се направи чекор назад и да се размислува за општеството како целина. Тоа е можност да го пренасочиме нашиот фокус назад кон основното, сетилно искуство на архитектурата, што е: да обезбеди засолниште и да ги збогати нашите животи. Околина која е безбедна, естетски пријатна низ материјали, светла, звуци или размери и пропорции корисни за сите нас, без разлика на дијагнозата. „архитектите имаат должност да проектираат објекти кои се инклузивни. наша обврска е да покажеме некаква отворена емпатија кон луѓето за кои проектираме и да се обидеме да го разбереме светот преку нивните искуства. Се разбира дека деменцијата е ужасна, но се работи за луѓе кои имале извонреден живот и тоа може да биде многу трогателно. Можеме да создадеме моменти на бескрајна убавина.“ (niall mclaughlin) *За сите нас кои имаме можност да направиме нешто повеќе и за себе за нашите блиски со деменција. n 29 април 2022

ПОРТА

35


архитектура

нов доМ во пржИно СКопЈе

Индивидуална куќа со единствена енергија

независно од стилот кој го преферира архитектот, постојат извесни лавиринти, очекувани и неочекувани стапици во архитектурата, под чие влијание ниту еден професионалец не смее да потпадне. Искуството на еден архитект влијае на квалитетот на проектот, но проектираната форма, содржина и функција се тие кои го формираат просторот „ГРАМОС дИзАЈн“ лада тричлена фамилија се вселува во својот нов дом после долго барање решение во многу архитектонски студија. После макотрпни анализи, семејството се одлучува да го започне својот сон со ателјето за проектирање и дизајнирање „Грамос Дизајн“, претставувано од архитект Димитар Грамосли. Почетоците на професионалната кариера на архитект Димитар Грамосли се во Белград во познатото ателје „Лампирис“ и во Црна Гора во архитектонското биро „ИНГ Инвест“. После неколку години работа надвор од земјава се враќа во Скопје каде го отвора своето ателје за проектирање и дизајнирање, кое нуди комплетна стручна услуга и квалитет според високи естетски критериум. Проектите кои се изработуваат се совпаѓаат со идеологијата на познатиот архитект Фанк Лојд Рајт: „Архитектурата е волја на една епоха, пренесена во просторот и начинот на живеење“. Делата се карактеристични по формата, пред сè, секогаш се следи слободата на изразување на линијата,

М 36

ПОРТА

29 април 2022

најзначајната линија е симетријата во проектирањето. Секој проект претставува распоред на простори со соодветни намени, кој ја отсликува креацијата на архитектот и инвеститорот соодветно на неговите барања и потреби. Со проектот се обликува и фасадата и ентериерот на објектот, кои се одраз на материјалите, духовните, социолошките и практичните потреби на корисниците на просторот, а притоа неминовно се спојуваат функционалното и убавото, рационалното и потребата. Независно од стилот кој го преферира архитектот, постојат извесни лавиринти, очекувани и неочекувани стапици во архитектурата, под чие влијание ниту еден професионалец не смее да потпадне. Искуството на еден архитект влијае на квалитетот на проектот, но проектираната форма, содржина и функција се тие кои го формираат просторот. Просториите треба да бидат планирани да ги задоволуваат пропишаните стандарди, поставени на начин кој овозможува природна светлина и вентилација. Организацијата во просторот треба да се заснова врз основниот принцип според кој влезот е неразделно поврзан со ходник, хол, антре, собата за дневен престој со трпезарија и кујна, а спалната соба со бања.


нов доМ во наСелбаТа пржИно Сите овие параметри ја отсликуваат и оваа индивидуална куќа во населбата Пржино. Поради топографијата, стрмен терен, куќата се развива на три нивоа, приземје, прв и втор кат и предвидени се два влеза, еден од најниското ниво, приземјето и еден на најгорното ниво, вториот кат каде се наоѓаат заедничките содржини. Но, да одиме со ред, влезот во приземјето го отсликува целиот раскош во оваа куќа. Нè пречекува голема масивна врата која нè внесува во домот, се влегува во простран хол, каде прегледно се поставени скалите кои нè водат на горните катови. Во приземјето се сместени и пространи гардеробери, гостински тоалет, утилити просторија. Гардероберот е сокриен зад скалишните краци, уредно поставен непречено да служи на намената. Холот е со врата директно поврзан со гаража за две возила. Просторот на влезниот хол е луксузно декориран, пречекувањето во домот е на високо ниво, уште при првото зачекорување во куќата. Овде преовладува белата боја која оддава чистота на просторот, проткаена со црни тонови на плочките како шаховско поле, темна комода, како декорација користена е второстепена пластика на ѕидовите, со детали како огледало и групација на стилски столови во црвена боја, кои смело се

истакнуваат на белата заднина. Материјалот од кој е изработен подот, ѕидовите и плафонот го даваат карактерот на целата куќа уште во антрето. На првиот кат се спалната соба, две детски соби и бањи. Предвидени се и помошни простории, како гардеробери и за детските и за спалната соба и утилити. Посветено е особено внимание на организацијата на спалната соба, имајќи предвид дека креветот не значи кама сутра, туку љубов, релаксација, фантазија, потребна е негова правилна ориентација во однос на страните на светот. Правилниот распоред на опремата во спалната соба, креветот, наткасните, огледалото, фотелјата, гардероберот, пријатната светлина како природната, така и вештачката, претставуваат важен елемент за емоциите кои треба да ги разбуди оваа соба. Проектирани се две бањи, едната наменета за децата, до која се пристапува од ходникот и една за родителите, поставена во дното на спалната соба до која се пристапува и преку гардероберот и директно од спалната. Тоалетот и бањите како најинтимни простори во домот треба да бидат уредни, да постои правилен распоред на елементите, а покрај одржувањето, за уредна бања во голема мера се значајни и материјалите применети на подот и на ѕидовите. Овие карактеристики придонесуваат за квалитетот на хигиената и одржувањето.

ПОРТА


Од спалната и детските соби овозможен е директен пристап преку лизгачки врати на заедничка тераса со прекрасни визури на Скопје. Продолжуваме на последното ниво, вториот кат. Како што е веќе напоменато, поради конфигурацијата на теренот и на ова ниво проектиран е влез во домот. Просторот на овој кат е отворен, без прегради, освен тоалетот и гардероберот. Тука се сместени содржините наменети за заеднички, социјален живот на целото семејство и пријателите, кои секогаш се добредојдени во овој дом. Овој заеднички отворен простор меѓусебно е одвоен со формата, димензиите и позициите на содржините соодветно на намената. Собата за дневен престој е удобен, простран простор со непречени погледи на Скопје. Прозорците се поставени од под до плафон со што е овозможено големо количество природна светлина, а исто така и менување на атмосферата во зависност од положбата на Сонцето. Одвоен е од делот за јадење преку голем камин кој е отворен од двете страни, и 38

ПОРТА

29 април 2022


кон дневната соба и кон трпезаријата, со што е овозможено во него да се ужива кога се користи кој било од овие простори. Трпезаријата и кујната се заеднички простор со директен пристап на тераса, одвоени меѓусебно со кујнски остров. Во склоп на просторот на ова ниво е сместена и работната соба, која воедно служи и како соба за домаќинот и пријателите, чие хоби е занимавање со лов. Па така можеме во одвоена просторија, поставена зад скалите и тоалетот, во која се влегува веднаш покрај влезната врата да пристапиме во еден друг свет, свет на ловџии, каде едниот ѕид е обложен со камен, за да вљубениците во лов ги потсетува на природа, а на ѕидовите се поставени птици и глави на животни, кои се значајни ловџиски трофеи. Стилот на овој ентериер за разлика од посмиреното обликување на фасадите, би можеле да го опишеме како мешавина на модерно и класично. Додека фасадите се прочистени од декорација и се всушност во една боја, сива, но во различни потемни и посветли нијанси, внатрешноста на куќата изненадува со белината и присутноста на дрвото, како подна облога, но и облога на ѕид. На белата подлога на ентериерот се истакнуваат декоративни елементи, класична профилација на плафоните, ѕидовите, каминот, кујнскиот остров. Можеме да видиме и различни парчиња мебел во потемни тонови, жолти фотелји, нитни на тапацир, стилски трпезариски столови и лустери кои луксузно висат од плафоните. n 29 април 2022

ПОРТА

39


комерцијален текст

Градежништвото во регионот се ориентира кон зелена архитектура и здрава средина еловната зграда Park Lane Office Center е модерен деловен објект со вкупна површина од 32.900m². Се наоѓа во еден од најбрзо растечките квартови во Софија, Бугарија и има одлична локација - близу до најголемиот трговски центар во градот и некои од најважните транспортни артерии. Канцелариските катови имаат флексибилен отворен простор со нето висина од 3,10 m. Секој кат има тераса и целосно застаклена фасада, која нуди прекрасен поглед на планината Витоша.

Д

40

ПОРТА

29 април 2022


Зградата е дизајнирана да ги исполни сите современи барања за деловна средина- класа А со висок стандард на завршна обработка и технички спецификации. Најсовремените технички системи кои се користат во нејзината конструкција овозможуваат пристап до големи количини свеж воздух во канцелариите. Постои и специјална технологија за УВ дезинфекција на воздухот. Овие спецификации го претвораат објектот во здрава зграда и

обезбедуваат удобна и безбедна работна средина за сите вработени и клиенти. Проектот е дело на архитектонско студио Планинг. Обвивката на зградата е застаклена висечка фасада Schüco FWS 50, според највисоките барања за енергетска ефикасност на профили, застаклување и звучна изолација. Вертикалните декоративни елементи во бронзена боја придонесуваат за подобрување на целокупниот енергетски модел и создаваат препознатлив изглед, кој наликува на

баркод. Вградените прозорци од системот Schüco AWS 114 Klapp Fenster обезбедуваат природна вентилација во целата зграда. Не случајно на крајот на 2021 г. ја освои наградата во категоријата „ЗГРАДИ СО ЕЛЕМЕНТИ НА ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА И ИНОВАЦИИ“ на најпрестижната манифестација од областа на инвестициските проекти, градежништвото и архитектурата во Бугарија - Националниот конкурс „Зграда на годината“.

29 април 2022

ПОРТА

41


архитектура

процеС на набљУдУвање И проеКТИрање

Архитектонскo поемоцртање: прошетка во себеси 5 причини за преплетување на пишувањето и цртањето или 5 форми на неформално образование ниту еден чувствителен архитект кој го познаваме не зборува за архитектурата академски, како гола наука, низ формули, треба-совети и правилници. оние неколку тивки и скромни, можеби не ги говорат, но ги запишуваат мислите за тоа како се чувствуваат, со минијатурни записки во своите скришни бележници

ПОРТА


Викторија БОГдАнОВА, давид СРАКАР али некогаш сте осетиле желба да „уловите“ мисла или чувство која протекува – не само низ Вашата глава туку - низ целото тело? Кога предолго работиме на компјутерот, подготвувајќи документација за некаков проект, во одредени моменти се поместуваме на другот дел од работната маса. Земаме налив перо во рака и почнуваме да цртаме и пишуваме што било. Ова не го доживуваме само како одмор, туку како пронаоѓање и создавање слобода, авторски отпор и уживање во проектирањето. Пронајдената и создадената слобода е уште повозбудлива кога форматот виси на ѕидот. Тогаш цртаме со целото тело. Чекориме. Стоиме. Се потпираме на ѕидот. Ни станува ладно, па се повлекуваме назад. Раката почнува да боли затоа што црта лебдејќи. Но телото е живо, оживеано од разбистрените мисли и чувства кои протекуваат низ него, истекувајќи кон хартијата како форма на кревок став. Зашто кревок став? За да биде жив, отворен и спремен да го прими во себе благословот на промена, и ако сакате – стремеж кон повисока вистина, зад границите на суетата. На факултет нè учеа дека градењето ставови е битно како градењето згради. Тоа што не знаеја да нè научат е да не се заѕидаме во лажна самодоверба, тврдоглава борба и слепа послушност. Кревкиот став е предуслов за раст и дијалог – како со другите, така и со самиот себеси.

Д

бавноСТ Бавноста е неопходна за да го почувствуваш животот како протекува низ тебе. Не метафизички, туку вотеловено, во најтелесна смисла на зборот: успори го чекорењето за само неколку минути, и пробај да согледаш што согледуваш. Кога вистински гледаме, присуствуваме во просторот толку интензивно што забораваме на самите себеси. Анксиозноста и значењето на прашањата Кога и Каде ќе стигнеме се разводнува до небитна, смешна и сувопарна информација. Во нашиот начин на создавање, кога пишуваме и цртаме надвор од компјутерот, го доживуваме проектот низ една нова призма на живот: за неколку минути или часови, престануваме да бидамe загрижени за рокот, за кореспонденцијата со потребите на жителите, за барањата на програмата. Пробуваме да заборавиме на сето тоа и да го замислиме проектираниот простор низ помешани претстави – скицата не е само основа, пресек или перспектива, туку сето тоа заедно. Ракописот зборува за чувството посакувано да се донесе со таа сцена, или пак прикажува именување на

некакви препознаени и преобмислени врски со постојната состојба на проектната локација. Поемоцртањата се архитектонски приказни, кои немаат цел да илустрираат или проповедаат ставови. Поемоцртањата копнеат да пробудат прашања, сомнежи, да отворат дискусија, да повикаат на ново согледување, населување и разбирање туѓо искуство, проживување туѓа перспектива. Кога се враќаме на екранот, проблемите кои сме ги оставиле таму не исчезнуваат, но целосно се трансформираат: од тешки равенки преминуваат во возбудливи слоевити решенија. Што е најбитно, тогаш, после поемоцртањето, во овие решенија присуствуваме не како во апстрактна техничка задача, туку како во живи и можни светови на кои сме им потребни со сета можна бавност која ја заслужуваат. Утрово во нашата работилница, ја видовме калата како срамливо отвора трета пупка месецов, и почувствувавме огромна желба да ги навадиме сите домашни цвеќиња. Не затоа што моравме (имаа доволно вода), туку затоа што чувствувавме дека им треба нашата совршена бавност. Сè останато може да почека. очУдУвање Очудувањето се случува кога населуваме еден поинаков поглед од оној на кој сме навикнати. Во литературата, очудувањето е карактеристика која ги одвојува текстовите со уметничка содржина од останатата литература. Очудувањето (руски

остранение) го вознемирува автоматското, стереотипно посматрање на кое сме навикнати, и го продолжува и успорува естетското искуство (Шкловски). Во нашиот архитектонски свет, очудувањето може да се случи во форма на привремено заборавање и напуштање на персоната која веруваме дека сме, со цел да ги населиме и разбереме и внатрешните состојби на личностите кои се засегнати со промената на просторот кој е предмет на преобмислување. Симултаното пишување и цртање овде се начини на мотрење на подлабоките слоеви на значење во тој простор. Погледнете ги со свежи очи движењата на детенцето кое си игра на просторите околу градинката која наскоро ќе ја градите. Нацртајте ги, и запишете што би чувствувале ако гледате низ неговите очи? Дали можете воопшто да го населите сеќавањето на самите себе како 3-годишно дете? Не се плашете од емоциите кои ви наидуваат. Запишете ги како сведоштво дека сте присуствувале во еден спонтан циклус на себеистражување. На овој начин, проектот престанува да биде надворешна обврска или професионална задача. Проектот за вашата градинка станува дел од тоа што сте, ви станува битен – испреплетен со еден подлабок степен на разбирање на вашите лични сеќавања. Последично, себеразбирањето доведува до подлабоко разбирање на актерите вклчени во вашeто идно градилиште: „театар“ градбени перформанси (Ван Ден Берге). Очудувањето низ поемоцртање, е исто така 29 април 2022

ПОРТА

43


оддалечување, воспоставување дистанца од непродуктивна задлабоченост во техничкиот цртеж. Според традицијата на Инуитите, кога сме лути, збунети или испаничени, треба едноставно да почнеме да чекориме, доволно долго за да ни избледи чувството на непријатност. Проблемот не исчезнува, туку се променува нашиот проблем и неговата големина. Во моментот кога проблемот избледува, Инуитите ја маркираат таа точка. Така, ја мерат должината на едно негативно чувство, согледувајќи го неговото значење преку едно кратко свртување наназад (Kagge). СебеИСТражУвање Можеби ова е најочигледната причина зошто пишувањето и цртањето се клучни за јасно согледување и критично размислување кога евалуирате одредена одлука при проектирањето. Дали можете да му верувате на писател кој пишува романи неповрзани со сопственото искуство? Ниту еден чувствителен архитект кој го познаваме не бега од сопственото искуство, туку крајно сериозно го сфаќа своето детство, своето присуство во просторот, своето во книгите; доволно храбар е да пишува и предава за тајните простори во дворот на баба му. Не познаваме чувствителен и зрел архитект кој не поминал низ процес на свесно рефлектирање на сопствените рани, трауми и тешкотии. Ако не поминете низ терапевтско расветлување, потиснатите неразбрани чувства се пренесуваат на вашите деца – и на вашите ученици. 44

ПОРТА

29 април 2022

Ниту еден чувствителен архитект кој го познаваме не зборува за архитектурата академски, како гола наука, низ формули, требасовети и правилници. Оние неколку тивки и скромни, можеби не ги говорат, но ги запишуваат мислите за тоа како се чувствуваат, со минијатурни записки во своите скришни бележници. Нашите најмили Учители, кога зборуваа за лични прошетки, медитации, книги, филмови и архитектонски потези, од аскетски воздржани професори се претвораа во деца, чија насмевка ја полнеше собата како тивко, свето ветување на внатрешна радост, за оние кои се спремни да ги срушат границите помеѓу својата Личност, и своето Творештво. СпрИЈаТелУвање Поемоцртањето е, исто така, станување пријател со самиот себеси. Значи прифаќање, осознавање, откривање на себеси од најсветлите до најтемните внатрешни сокаци, но истовремено значи и внесување на една блага смисла на хумор која ни овозможува да се насмееме кога сме премногу сериозни. Поемоцртањето архитектура не ослободува од тоа што ни е кажано или очекувано да бидеме, и ни помага да пораснеме низ тоа што сме. Според Дејвид Блајт, „Пријателството е огледало на присуство, и завет на проштевање.“ Вистинскиот пријател, успева да нè види во целата наша несовршеност, и обратно – ние го

гледаме во подлабоките слоеви на неговата личност, огледувајќи му ги нештата кои некогаш и самиот не може да ги согледа. Кога некого длабоко го спознаваме, кога дневно сведочиме и присуствуваме на неговото постоење, неопходно е континуирано, секојдневно проштевање на несовршеностите. Во оваа смисла, поемоцртањето создава една хигиенична навика, не само на простување на самите себеси и на отпуштање на замерките од минатото, кога не сме биле видени или препознаени во својата суштина, туку и простување на местата, собите, улиците, кои ни причинувале болка кога сме чекореле по нив. Tenzin Wangyal Rinpoche, современ Dzogchen учител, формулира еден термин наречен идентификација со болката (pain identity). Несогледувањето и неприфаќањето на таа болка, поместувањето на фокусот, бегањето од таа болка, носи само потиснати чувства кои несвесно ја контролираат нашата потсвест. Почнуваме да носиме одлуки базирани на страв, наместо на љубов. Напиши ја, нацртај ја болката. Пушти ја нека истече и нека се трансформира. Не ја разбирај како навреда, повреда, штета. Согледај ја како дар на кој си одговорен да одговориш. Дали ќе го држиш засекогаш или ќе го пуштиш да истече низ твојата хартија. Притоа, запрашај се: Kој е оној којшто страда? Ако одговорот е – моето его – сети се на следното: „Служењето е погрешно место да се бара признавање моќ.


Влегуваме во духовно служење, не заради тоа да го храниме егото, туку да го заобиколиме.“ (Wangyal, 107) Во архитектонската пракса, архитектурата често – во шега или со крајна сериозност – ја нарекуваме форма на служење, испосништво. Со искуството, сфативме дека страдањето е во огромен дел работа на егото. Служењето на егото е радикално различно од служењето на духот; како што често велат, не може да им служиш на два господари истовремено. СочУвСТвУвање Или критично сочувствување наспроти осудување. Ова е можеби најубавиот дар кој ви се случува низ поемоцртањето. Учите подобро да гледате, подобро да слушате, подобро да разбирате, наместо да осудувате. Како што вели Јунг, повеќето луѓе не сакаат и немаат време да размислуваат, и да разберат: затоа се одлучуваат да судат. Најдобрите процеси на учење сме ги доживеале со учители кои држеле (и употребувале) молив или наливно пенкало во рака при дискусијата за одредено просторно прашање. Наместо да мапирате што е погрешно (за ова сме добро тренирани од првиот студиски час), стремете се да предложите/скицирате поинаква реалност од конкретниот предмет на критика. Сè останато – слепо и сувопарно вербализирање како нешто погрешно - е одбранбен механизам кој е присутен како колективен начин на однесување во нашата професија – насекаде. А кога се браните – автентичната внатрешност на двете страни е блокирана; дијалогот/дискусијата се случува на површно и формално ниво. Поемоцртањето е начин на поврзување со таа внатрешност, продирање низ слоевите на маски кои не се наметнати како општествено наметната самоодбрана. Таму, зад самоодбраната, дискусијата со другиот понекогаш се случува како дијалошка волја за разбирање, тоа значи, гледаме и слушаме зад она коешто ни е кажано. Една вистинска љубљанска приказна. На натпревар за трчање на стадионот се пријавени деца со „нормални“ и со „посебни“ потреби. Едно од девојчињата со посебни потреби има физичка спремност да го освои турнирот и покрај менталните тешкотии. Натпреварот започнува. На самиот почеток, девојчето од тимот со посебни потреби паѓа на земја. Девојчето кое го држи првото место во текот на трката, во моментот кога гледа што се случило, почнува да трча во обратна насока кон својата пријателка. Ѝ помага да стане, и заедно трчаат до целта. Кој е победникот и што е тоа што се мери? Поставете си го ова прашање после секоја трка на колоквиуми, без разлика дали сте во тимот Критичари или во тимот Критикувани. n

Archi | Contemplatives е едукациска платформа која истражува креативни пракси на пишување, цртање и контемплација во архитектонското посматрање и проектирање, основана од Викторија Богданова (PhD, MArch,

architect) и Давид Сракар (BA pth., MAABS, logotherapist). www.archicontemplatives.com hello@archicontemplatives.com 29 април 2022

ПОРТА

45


урбанизам

Можност учениците да го кажат своето мислење за јавниот простор во нивните маала преку вакви работилници во училиштата, децата се запознаваат со нова тема која е дел од нивното секојдневние, но е истовремено недоволно препознаена како важен фактор во нивниот развој. преку едукативни содржини поврзани со градот и со просторот, ние во иднина би имале посвесни граѓани, кои би се грижеле за својата околина и град

Стојне ТОдОРОВСКА, Здружение КАЖИ КОГА Скопје д август 2021 година, Здружението КАЖИ КОГА Скопје, со поддршка од Амбасадата на САД спроведуваше кампања и акција за поубави населби и маала - проект „Наш град“ кој цели да поттикне поголема вклученост на граѓаните, особено и на младите во процесот на планирање и обликување на јавните простори во општините Аеродром, Кисела Вода и градот Делчево. Проектот

О 46

ПОРТА

29 април 2022

опфати серија од неколку активности меѓу кои, консултативни средби помеѓу граѓански организации, граѓани и општински власти, истражување на перцепцијата на граѓаните за јавните простори во целните општини, како и работилници за јавни прости и архитектура за ученици. Идејата за „Наш град“ се роди во време кога кафулињата беа затворени поради заклучувањето предизвикано од пандемијата, па единствените места за собирање на младите станаа токму јавните простори. Живеам во Ново Лисиче, но некое време престојував во Делчево каде, многу

позабележителна беше таа преселба на младите од терасите на кафулињата, на скалите, на ѕитчињата, клупите, по тревниците. Интересно ми беше што, дури и во овој пeриод кога сите, особено младите, беа излезени надвор во парковите, на игралиштата итн., некои од јавните простори и понатаму беа речиси празни, како и во периодот пред рестрикциите. Оттука и замислата дека нешто треба да се стори за во иднина да се избегне тоа градење паркови, плоштади или какви било места за дружба, спорт и рекреација кои, едноставно не привлекуваат луѓе.


КаМпања И аКцИЈа За поУбавИ наСелбИ И Маала - проеКТ „наш Град“ вКлУчУвање на ГраЃанИТе Во граѓанскиот сектор на пример, вообичаена пракса е секое решение да се бара преку процес на вклучување на граѓаните, како и преку дијалог со сите засегнати страни и особено со експертите. И иако не сум архитект, како вљубеник во архитектурата и дизајнот, добропознато ми е дека ова е пракса и во урбаното планирање во некои од развиените градови кои се препознатливи како одржливи, зелени и паметни. Ќе пронајдете бројни примери и искуства на архитекти, чии имиња стојат зад некои од најинтересните плоштади, паркови и други јавни простори за кои, клиентот или локална власт, од самиот почеток им наметнале услов да изнајдат конкретен начин да ги вклучат граѓаните во креативен процес на размена на идеи, потреби, искуства од кои, потоа ќе изработат и конкретно предлогрешение за просторот или едноставно самите тие го иницирале тоа. Оттука и бевме сконцентрирани на активности кои ќе бидат пример за еден таков креативен процес на размена и собирање искуства, идеи за изгледот, објектите, содржините и функциите на просторот во населбите во општините Аеородром и Кисела Вода и во Делчево, надевајќи се дека истите ќе бидат инспирација за самите општини, за самите архитекти во секторите за урбанизам и генерално за архитектите (младите особено), кои ќе го обликуваат и реобликуваат идниот изглед на нашите населби и маала.

рабоТИлнИцИ За ЈавнИ проСТорИ Со повеЌе од 200 УченИцИ Со овие идеи, стапивме во контакт со општините и со нивна помош, како и со помош на десет општински основни училишта во период од два до три месеци, организиравме работилници за јавни простори со повеќе од 200 ученици од осмо и деветто одделение на возраст од 13 и 14 години. За таа цел ангажиравме двајца архитекти кои, освен што одржаа неколку работилници, ни помогнаа да направиме концепт за кратко едукативно-информативно предавање за децата преку кое со конкретни и инспиративни примери за поп-ап паркови во Сан Франциско, улична плажа среде Париз, парклети среде паркинзи во Штутгарт, градини на покриви, џебни паркови меѓу згради, урбани општествени градини каква што е „Бостание“ во Ново Лисиче итн., на децата им зборувавме за архитектурата и функцијата на јавните простори, за улогата на граѓаните, младите и општините во планирањето, но и за одржувањето потоа, а зборувавме и за можноста токму архитектурата и зеленилото да помогнат во собирање на водата дождовница, намалување на буката, справување со топлотните бранови, избегнување на т.н. топлотни острови во градот. Инаку, вообичаено, перцепцијата за учеството на деца и млади во ваква тема,

особено инклузија на возрасната група која ние ја вклучивме, е дека нема да донесе корисни резултати, бидејќи, фантазијата на децата знае да излезе надвор од она што е реално и остварливо, што искрено и очекувавме, па и добивме неколку такви, да речеме, амбициозни предлози од ученици – мини- зоолошка градина во Аеродром и Горно Лисиче, зип-лајн, аквариум и сл., но одевме на тоа дека, дури и ваквите идеи треба да се земат предвид и да се толкуваат од општините и од архитектите како потреба на децата и младите од јавни простори кои се со поразигран дизајн, можеби шарени, впечатливи бои, форми и содржини кои нудат повеќе забава вклучително и адреналинска. Со поМош на архИТеКТИТе да ГИ едУцИраМе И ИнСпИрИраМе УченИцИТе Со таа мисла и со надеж дека ќе инспирираме поинакви јавни простори во иднина, но и поголема вклученост на граѓаните во нивното планирање, буквално ги обиколивме повеќето од училиштата низ Драчево, Кисела Вода, Аеродром, Ново Лисиче, Лисиче и Горно Лисиче и во Делчево. Во процесот, се обидовме со мала помош на архитектите да ги едуцираме и инспирираме учениците за потоа да ги оставиме тие, преку меѓусебна дискусија со соучениците да размислат и одлучат за конкретна предлог-идеја на која ќе работат,

29 април 2022

ПОРТА

47


на пример, нов парк или трансформација на постоечки парк во нивната населба или маало, детско игралиште, скејт парк, терени за спорт и рекреација, училишниот двор, да размислат за конкретната локација на која ја планираат нивната идеја, да размислат за материјалите од кои ќе бидат направени

ПОРТА

некои од елементите - урбаниот инвентар на пример. Децата ги поттикнавме да користат Google Earth, Google Maps, да пребаруваат примери низ интернет, а им прикажувавме и инспиративни видеа снимени во рамки на проектот со кадри од највпечатливите јавни простори како, Паркот на печурките во

Кисела Вода, паркот Пушкин, Расадник, Авионче во Ново Лисиче, кејот на Вардар во Аеродром, Паркот на езерата итн. Во едно од училиштата, „Димитар Македонски“ во Лисиче, една група деца дури побараа од нас да излезат во училишниот двор за да направат скица на просторот пред да размислат за содржините кои тие сакаат да ги има. Во други пак, сведочевме на толку интересни, забавни и инспиративни дискусии и презентации што, би било штета доколку ние пред сè, а потоа општините, не поддржат вакви активности во иднина кои, активно ќе ги вклучуваат децата и младите. Генерално, децата беа неверојатно многу заинтересирани, не само за значаен дел од примерите што им ги покажувавме за плејсмејкинг, туку и за промотивните видеа кои беа направени во рамки на проектот, токму за таа намена бидејќи, повеќето од кадрите на јавните простори се снимени од птичја перспектива, а децата тоа и ги интересираше, најмногу - како да го нацртаат паркот, клупите, игралиштето за фудбал и сл. Во училиштето „Рајко Жинзифов“ во Драчево имавме чест со нас да биде и професор по ликовно кој, самоиницијативно одржа многу кратко и одлично предавање за организирање на просторот - нешто на што и ги учи децата, кое беше толку инспиративно, што во иднина доколку продолжиме со ваков тип на активности, а се надевам дека ќе продолжиме, многу веројатно ќе вклучиме и ваков елемент. Во „Партенија Зографски“, по иницијатива на Општина Кисела Вода, во училиштето вклучивме кратко предавање за урбано планирање, кое го одржа советничка од Секторот за урбанизам на Општината. Од Општината беа активно вклучени на сите наши работилници, дури и по нивна иницијатива, темата за работа која им ја задававме на


учениците во училиштата таму беше Расадник. Иако реално и не може да се очекува дека овие, можеби 40 предлози за паркчиња, игралишта, скејт паркови, па дури и зип-лајн и сл. ќе бидат реализирани, се

надеваме дека општините ќе бидат инспирирани од некои од предлозите за конкретни промени, како и дека ќе увидат дека ваквите работилници и ваквиот начин на работа со децата и младите, како и

соработката со здруженијата може да им помогне во планирање на просторот и обликување на истиот според потребите и чувствата кои просторот им го буди на децата, младите, но и на возрасните. n

Ива пеТрУнова, архИТеКТ Урбан СоцИолоГ Мојата соработка со Здружението КАЖИ КОГА, е преку учество во проектот „Наш град“, проект за поубави населби и маала, кој има цел да поттикне поголема вклученост на граѓаните во планирањето, одржувањето и трансформацијата на јавните простори. За мене овој проект претставува голем чекор нанапред во кревање на свеста и актуализирање на проблемите во градот и населбите, проблеми кои ги засегаат сите граѓани. Посебно ме радува, што како едукатор на работилниците и воедно како архитект и урбан социолог имав можност да пренесам дел од моето занење и да помогнам да се отвори прашањето, како ги користиме јавните простори во градот и да се поттикне граѓанска вклученост во проектите за просторот во општините. Првата работилница беше наменета за жителите на општините Аеродром и Кисела Вода, додека втората серија работилници беа наменети за учениците од основните училишта од истите општини. Плодната дискусија која се отвори на првата работилница покажува дека граѓаните се заинтересирани за просторот во своите општини и би сакале да бидат консултирани за содржините и намените. Работилницата се однесуваше на акцентирање на важноста на просторот во градот, посебно во негова одржлива, еколошка и социјална смисла, а не само како празен физички

простор. Понатаму, се разгледуваа концепти од поразвиените земји за граѓански иницијативи поддржани од општините, кои би го унапредувале животот во градот. Еден таков позитивен пример е градината „Бостание“, која се наоѓа во Општина Аеродром. Работилниците во основите училишта беа посебно испиративни, бидејќи дадоа можност учениците да го кажат своето мислење во врска со јавниот простор во нивните маала. Учениците имаа можност да разговараат со едукаторите и со претставници од општините за својата визија и што би сакале да има повеќе, а што помалку. Истовремено се едуцираа за важноста на просторот и што сè можат да направат за тој да биде подобар. Беа едуцирани и што значи екологија и зеленило и дека нашите градови треба да се чисти и здрави за да бидат здрави и нивните жители. Посебно ме радува фактот, дека преку вакви работилници во училиштата, децата се запознаваат со нова тема која е дел од нивното секојдневие, но е истовремено недоволно препознаена како важен фактор во нивниот развој. Преку едукативни содржини поврзани со градот и просторот, ние во иднина би имале посвесни граѓани, кои би се грижеле за својата околина и град. Вакви проекти поттикнуваат љубов и грижа кон местото на живеење и ја зајакнуваат врската помеѓу граѓаните и маалото, го акцентираат заедништвото и го подобруваат соживотот.

даМЈан балКоСКИ, архИТеКТ УрбанИСТ Placemaking (мк. правење места/креирање места), претставува концепт во урбанистичкото проектирање кој овозможува граѓаните да имаат директна улога во донесувањето одлуки за јавниот простор, негово уредување, управување и одржување. За да се постигне тоа, треба да се најде модел и алатки за вклучување на граѓаните во планирањето, одржувањето и трансформацијата на јавните простори. Но исто така, за таа цел мора да се подигне и свеста на граѓаните и на општините за потребата од заедничко

планирање и одржување на тие простори. Па така, целта на работилниците што се организираа во рамки на проектот од страна на Здружението КАЖИ КОГА Скопје претставува почетна основа за иден развој на идеи за имплементација на концептот placemaking. Тоа е долгорочен процес кој бара организација на почести активности со граѓаните, со невладиниот сектор и градските власти. Според моите впечатоци, но и според реакциите на учесниците на работилниците, јасно е дека следните дејствувања ќе се случуваат кон подобрување на овие функции. 29 април 2022

ПОРТА

49


урбанизам

дрвЈаТа во ГрадовИТе Се под поСТоЈана ЗаКана од ЗабрЗанаТа УрбанИЗацИЈа

Урбано шумарство – синергија меѓу заштитата на животната средина и урбаниот развој Според последните достапни податоци од ееа, Загреб има три пати поголема застапеност на зелената инфраструктура во споредба со Скопје. во Скопје се забележува сериозен степен на пренамена на земјиштето. Голем број на зелени површини во центарот на градот се пренаменуваат во станбени или во други инфраструктурни објекти, додека пак во Загреб, масовно градење од тој тип се случува на периферијата. понатаму, за разлика од водно кое трпи масовна урбанизација особено во последната деценија, Медведница крај Загреб е релативно заштитена во овој поглед, а парк-шумата Максимир изобилува со дрвја

даниела МЛАдЕнОВСКА рбаното шумарство е сегмент од т.н. „зелена инфраструктура“. Посебно е важна улогата на дрвјата односно урбаните шуми наспроти тревниците, првенствено во однос на многу поголемиот учинок во апсорбирањето на полутантите од воздухот, кои предизвикуваат бројни респираторни

У 50

ПОРТА

29 април 2022

заболувања и според проценките на Светската здравствена организација, околу седум милиони предвремени смртни случаи. Но, и покрај неспорните придобивки на урбаното шумарство во подобрувањето на квалитетот на живот во градовите, дрвјата во градовите се под постојана закана од забрзаната урбанизација. За волја на вистината, одредени градови и региони имаат сериозен удел на зелени површини и дрвја (но и т.н. сини површини

односно езера и сл.), додека пак други (меѓу кои за жал и Скопје), не само што имаат хроничен недостаток на дрвја, туку и постоечките се честа мета на апетитите на градежните инвеститори. СКопЈе во долнИоТ дел од лИСТаТа Според неодамна објавените податоци од истражувањето на Европската агенција за животна средина (EEA), спроведено во соработка со Copernicus, при што се опфатени


38 главни градови во Европа, по застапеноста на вкупната зелена инфраструктура Загреб е на второ место веднаш зад Осло, а следуваат Љубљана, Хелсинки и Вилнус. На последните пет места се: Скопје, Приштина, Никозија, Атина и Валета. Во областа урбано шумарство, редоследот е Осло, Берн, Љубљана, Вилнус па Загреб. Според овој индикатор, Скопје е повторно во долниот дел од листата заедно со Тирана, Подгорица, Приштина, Атина, Никозија и Валета. Евидентно е дека југоисточна Европа е посебно ранлива кога станува збор за прашањата поврзани со урбаната инфраструктура. Од една страна и спецификите на климата сигурно не се најповолни за зачувување на зелените површини во овој регион, но дотолку повеќе треба да се има поголем фокус за овие прашања токму и поради фактот што е неопходно да се бориме и за ублажување на последиците од климатските промени. Дури и во самите градови, постои нерамномерност во однос на застапеноста на урбаното шумарство односно на вкупната зелена инфраструктура. Имено, јавните зелени површини се помалку застапени во подрачја чие население има понизок социоекономски статус. Иако Светската здравствена организација препорачува луѓето да живеат на максимална оддалеченост од 300 метри од зелени површини, сепак националните и локални препораки значително варираат кога станува збор за Европа. СТрУчњацИТе Се реТКИ во оваа облаСТ Секако, освен повисоката јавна свест и поставувањето на приоритетите кај донесувачите на одлуки, многу е важно образовниот систем да ја препознае и негува оваа дисциплина. На нашите универзитети урбаното шумарство не се изучува на додипломските студии, за разлика на пример од Загреб и Љубљана (оттука не треба да изненадуваат водечките позиции на овие градови во регионот согласно претходно цитираното истражување). Ретки се и стручњаците кај нас во оваа дисциплина. Една од нив е м-р Оља Папеш, која водена од

желбата да студира надвор од Македонија, а и поради хрватското потекло, одлучува да се образува токму во областа на урбаното шумарство, на Факултетот за шумарство и дрвна технологија при Универзитетот во Загреб. На овој факултет таа дипломира на насоката Урбано шумарство, заштита на природата и околината во 2019 година, а во 2021 година магистрира во истата област. Интересот за оваа наука кај неа е единствен спој на архитектурата и заштитата на природата, кој во нејзиното семејство се негува со генерации наназад. „Двете баби, Олга Папеш и Надежда Бадиева, иако по струка архитекти, уште од мали нозе ме учеа како да се однесувам кон околината во која живеам. Бидејќи живееја во куќи со двор, лесно ми беше да ја разберам вредноста на дрвјата и придобивките кои ги имаме доколку ги засадуваме и негуваме. Баба ми Олга Папеш (1933 - 2011, еден од најзначајните архитекти во постземјотресно Скопје, коавтор на проектот за објектот на Народна банка и добитник на наградата Андреја Дамјанов, н.з.), по која го добив името постојано ми зборуваше дека треба секој слободен момент да го искористам за прошетка во паркот или пак да се качам на некоја планина и притоа да носам ќеса и да го соберам секое ѓубре кое ќе го најдам во природата. Свесно или несвесно, верувам дека ова се дел од причините поради кои се одлучив да се образувам понатаму во оваа насока, за разлика од брат ми, Симон Папеш кој е

архитект, но секако и поради мојата желба да придонесам за урбан развој во синергија со човекот и природата“, вели м-р Оља Папеш. Со оглед на мојот повеќегодишен престој во Загреб, интересно ми е да направам одредена споредба во врска со застапеноста на зелената инфраструктура и грижата за истата, помеѓу Скопје и Загреб“, продолжува Папеш. „Имено, според последните достапни податоци од ЕЕА, Загреб има три пати поголема застапеност на зелена инфраструктура во споредба со Скопје. Исто така, загрижува фактот дека во Скопје се забележува сериозен степен на пренамена на земјиштето. Голем број на зелени површини во центарот на градот се пренаменуваат во станбени или во други инфраструктурни објекти, додека пак во Загреб, масовно градење од тој тип се случува на периферијата. Понатаму, за разлика од Водно кое трпи масовна урбанизација особено во последната деценија, Медведница крај Загреб е релативно заштитена во овој поглед, а парк-шумата Максимир изобилува со дрвја“, истакнува таа. Се разбира образовниот систем игра значајна улога и се рефлектира на состојбите кои ги забележуваме во Загреб и Скопје соодветно. Додека на Шумарскиот факултет во Скопје сè уште не постои студиска насока Урбано шумарство, на факултетот во Загреб оваа насока е активна веќе 15 години. Уште еден аспект кој сигурно придонесува за актуелните состојби е нивото на јавната свест и професионализмот кај сите 29 април 2022

ПОРТА

51


чинители инволвирани во урбанистичкото планирање“, заклучува Папеш. Нејзиниот професионален ангажман во Скопје е врзан со невладиниот сектор, но таа и натаму соработува со своите загрепски колеги на одредени проекти во Хрватска. Дополнително, според неа многу е важно одделно да се третира урбаното шумарство, како сегмент од урбаното зеленило, бидејќи неспорен е фактот дека учинокот на дрвјата во поглед на квалитетот на воздухот и ублажувањето на ефектот на „урбаните топлински острови“ е повеќекратно поголем отколку што тоа го прават тревниците. За жал, кај нас при урбанистичкото планирање се реферира само генерално – зелена површина.

Ако се користи индикаторот за површина на зеленило по жител, се смета дека 25 квадратни метри зеленило по жител овозможува здраво и хумано живеење. Тоа била и проекцијата за Скопје во Генералниот урбанистички план од 2002-та, но никогаш не дошла ни близу. Според официјалните податоци од ГУП 2012 - 2022, Скопје во 2011 имало 12,17 квадратни метри зеленило по жител според Пописот од 2002, односно 9,18 квадратни метри по жител сметано на 550 илјади жители, но во рамките на новиот плански опфат. Како проекција за 2022 е предвидено 18,5 квадратни метри зеленило по жител, или околу 17 квадратни метри според реалниот број жители. Слична е состојбата и со другите градови во Македонија. За да се

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака; ПОРТА

постигне ова, потребно е многу сериозна работа за подигање нови паркови, дрвореди и друг вид зеленило. Уште во 2019 година од страна на Град Скопје, а во соработка со УНДП презентиран е проектот „Зелен катастар“, за кој во тој момент е потврдено дека опфаќа 65.844 дрвја и 28.395 грмушки во градското зеленило, а најавено е дека истиот континуирано ќе биде предмет на надоградба и ажурирање. Од друга страна пак, направен е зелен катастар за градот Загреб и за Осијек каде е означено секое дрво кое е присутно не само во центарот туку и во поширокото подрачје на градот. За секое стебло се запишани детални информации: вид на дрвото на латински и на хрватски јазик, големина на стеблото, крошната како и височина на дрвото. Ваков информациски систем за зелени површини помага за ефикасно управување, одржување и планирање на јавните зелени површини. Дополнително се планира вклучување на граѓаните во ажурирање и пријавување штети на јавните зелени површини. Податоците се чуваат во базата на податоци, врз основа на кои е изграден геоинформациски систем во софтверот QGIS. (https://gis.zrinjevac.hr/) Не случајно, градовите кои вложуваат во урбаното шумарство, односно генерално имаат значителен удел на зелени површини и во континуитет се грижат за нив, имаат и висок квалитет на живот на своите жители. На пример, Виена во 2021 година ја понесе титулата Европски град на дрвјата (European City of the Trees – ECOT). Градското претпријатие за одржување на градските градини (MA 42), посветува големо внимание на „белите дробови“ на градот. Освен што се грижи за околу 500 илјади стебла, задолжено е и за планирање, изградба и одржување на стотици градски паркови. Направен е и попис на видовите дрвја кои добро поднесуваат вибрации, високи температури и други фактори карактеристични за урбани средини. Се разбира, Виена има и катастар на дрвјата, кој содржи информации за видот и височината на секое стебло, обемот на стеблото како и годината на садење. За крај, неизбежен е впечатокот дека иако Законот за урбано зеленило кај нас пропишува нормативи за застапеност на уделот на зеленилото при урбанистичкото планирање, сведоци сме дека зачувувањето на јавниот интерес во уредувањето и хуманизацијата на просторот е пред сериозен предизвик. Неопходен е поголем ангажман од страна на сите засегнати страни, вклучување стручни лица, јавни кампањи и слично, за да се иницираат промени. Дотогаш сите заложби на донесувачите на одлуки во оваа насока, за жал ќе останат само декларативни. n


ПОРТА


екологија

Загадено е, но што сега?

Само со јасно и лесно достапни информации, може да започнеме со решавање на каков било проблем. но што понатаму, е добитното прашање? Како да се справиме со еден проблем што изгледа комплексен, долгогодишен и регионален - не се бори само Македонија со аерозагадувањето, туку сите земји од Западен балкан Горјан ЈОВАнОВСКИ , МојВоздух копје, а и Македонија имаат загаден воздух. Ова веќе не е нешто ново или шокантно. Откако МојВоздух (или по ново AirCare) го демократизираше пристапот кон податоците за загадување на воздухот, на сите нам ни стана кристално чисто во каква животна средина живееме. Но, во мој стил, да се обидеме да ги поедноставиме проблемите со

С

54

ПОРТА

29 април 2022

мониторингот, изворите на загадување, штетата што не ја гледаме дека ни ја предизвикуваат, и најважно од сè - што понатаму? МонИТорИнГ Во Македонија има 21 активна мерна станица од државната мрежа на мониторниг станици. Има околу пет од универзитетската мрежа на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, и околу 30 волонтерски станици - нискобуџетни

станици поставени од страна на граѓани. Секој вид на станица носи свои бенифиции и проблеми. Државните и универзитетските се доста прецизни во своите мерења, бидејќи користат скапи инструменти и калибрации по интернационални стандарди. Но, скапата цена си носи проблеми како недостаток на резервни делови и мал број на вакви станици низ земјата. Волонтерските пак, се евтини сензори (околу 50 евра), и не се најпрецизни за да се користат во научни


КрИСТално чИСТо е во КаКва жИвоТна СредИна жИвееМе, но шТо понаТаМУ? истражувања, но даваат добра индикација дали загадување има или нема во местата кои државните сензори не ги покриваат. Сепак, има голем број на градови каде државните мерни станици не се присутни, и затоа има потреба од волонтерски: Охрид, Струга, Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Демир Капија, Свети Николе, Пробиштип, Кратово. А, во други пак, како Куманово, Тетово, Струмица, Прилеп и Гевгелија, има само по една мерна станица, преку која е тешко да се валидираат податоците што ги враќа таа станица. Што ако до неа стои камион на дизел? Таа ќе покаже високи мерења, иако тоа е само многу локално загадување и не ја отсликува состојбата на целиот град. Токму поради ова, волонтери набавуваат сопствени нискобуџетни мерни станици, кои ги покриваат сите оние населби низ градовите каде државата нема поставено станици.

може да ги постават на своите куќи/станови, а истите да бидат поврзани во дистрибутивната мрежа за електична енергија. И секако, да не го заборавиме РЕК Битола. Не може да зборуваме за греење на инвертер клими како зелен извор, ако ~75 отсто од струјата во Македонија е валкана, т.е. се добива од согодување на јаглен. Ние сме земја на сонцето, и мора да го искористиме тој потенцијал максимално со помош на соларни фарми и соларни панели врз покривите на зградите низ градовите. Имаме сонце на државното знаме, да го направиме тоа сонце дел од нашиот секојдневен живот! шТеТаТа по ЗдравЈеТо Е тука веќе наидуваме на најпроблематичниот дел од овој текст. За разлика од КОВИД-19, вирус чии последици се веднаш видливи,

последиците од аерозагадувањето (како и од климатските промени), се видливи дури понатаму во животот, по подолг период на изложување на него. И токму поради тоа, потешко е за сите нас сериозно да ја сфатиме заканата од лошиот воздух. „Па еве што, бев надвор, беше загадено, ништо не ми е“ - класична изјава од некој што мисли дека освен лошиот мирис, нема други негативни последници на ПМчестичките во воздухот. Но, 3.400 граѓани на државата умираат секоја година поради директни и индиректни последици на аерозагадувањето. Кога респираторниот систем е прв на удар, настануваат голем број на компликации кои може да резултираат со смрт. И нема безбедни групи, помлади или постари, сите го дишеме истиот воздух. Ако имаме КОВИД-19 и живееме во загаден град, нашите шанси да имаме

ИЗворИ на ЗаГадУвање Европскиот ревизорски извештај, или т.н. Финска студија, кажува многу директно дека индустријата во земјата е најголемиот загадуач, а потоа следуваат домаќинствата, и најмалку сообраќајот. Но, ретко кога ќе видиме извештај од државата со кој се вперува прстот кон индустријата и фабриките, најчесто тие извештаи зборуваат само за домаќинствата. Како да забораваме на студијата од ИРЛ во која се покажа каков мазут се гори, или бројните пријави од граѓани за фабриките (големи и мали) кои неконтролирано чадат во воздухот. За жал, законски овие фабрики не се обврзани да се под константен, 24-часовен, јавен мониторинг. Мерење неколку пати во годината со најава, не може да го прифатиме како правилен начин за мониторинг на нивните токсични емисии во воздухот. Ова бара Министерството за животна средина и просторно планирање да поднесе предлог-измени на законите кои Парламентот треба да ги изгласа и да ги обврзе сите индустриски објекти со А и Бинтегрирани еколошки дозволи, како и тие со елаборати за животна средина, да мора да вршат континуиран 24-часововен јавен мониторинг на нивните емисии во воздухот. За домаќинствата, веќе знаеме дека секакво согорување придонесува до загадување на воздухот, дали тоа се дрва, пелети, пластика или градежен шут. Транзицијата кон екоизвори за затоплување на домовите мора да почне што поскоро, и тоа мора да биде со помош на фотоволтаици кои домаќинствата ќе ПОРТА

Ја


смртни последици од вирусот растат за 19 отсто. Доколку сакаме да имаме бебе, жените имаат 10 отсто помали шанси да останат трудни ако дишат лош воздух, а и сперма-клетките на мажите не се поштедени бидејќи студии покажаа дека честичките на ПМ-10 и ПМ-2,5, освен што можат да навлезат во алвеолите на белите дробови, можат да стигнат и до тестисите и да ја намалат плодноста, да предизвикаат фетални аномалии и да ја зголемат веројатноста за спонтан абортус. Доколку, пак, имате веќе некоја хронична болест, посебно на респираторниот систем како астма, во никој случај аерозагадувањето нема да ви помогне во справување и живеење со истата. шТо понаТаМУ? Апликацијата МојВоздух од 2014 наваму константно нè информира колку е загаден воздухот. Да не беше таа, не дека е моја, но верувам дека борбата против изворите на загадувањето ќе одеше многу поспоро. Само со јасно и лесно достапни информации, може да започнеме со решавање на каков било проблем. Но што понатаму, е добитното прашање? Како да се справиме со еден проблем што изгледа комплексен, долгогодишен и регионален - не се бори само Македонија со аерозагадувањето, туку сите земји од Западен Балкан. 1. Консултирање со експерти Политичарите, во 99 отсто од случаите, немаат конкретно познавање на тематиката за сами да носат одлуки како да се справат со аерозагадувањето. Тоа треба да го прават експерти на темата, академици, еколози, кои ги знаат многу поинтимно причините и решенијата. Политичарите треба само да ги слушаат и да ги имплементираат нивните препораки. ПОРТА


2. Регионална соработка Лошиот воздух не е уникатен за Македонија, тој го има во сите земји од Западен Балкан, но и низ целиот свет. Клучно е да почнеме многу сериозна регионална соработка со овие земји, за доколку се покажала некоја мерка ефикасна во, на пример Сараево, истата да се примени и во другите градови низ Балканот. Нема потреба да измислуваме топла вода, доколку овие проблеми веќе се надминати на други места во регионот, само треба да ги копираме и приспособиме тие решенија. 3. Институциите да ги ставиме во експрес-лонец Не буквално, но притисокот кој мора да го извршиме врз нив, мора да биде константен и голем, доколку сакаме да ги мрднеме од позиција нула. Ова се однесува на тебе, читателу. Ти, не друг, треба да вршиш постојан притисок врз локалната и централната власт, и врз секоја институција поврзана со овој проблем. Воздухот сам нема да се исчисти, а ти ќе го дишеш сè додека не решиш да се активираш во оваа

борба. Но, нема да си сам. Тука се активистичките и екоорганизации кои го прават ова со години - приклучи им се, и дај го својот придонес. Моја желба е да нема потреба да зборуваме за загаден воздух за неколку

години отсега, туку да зборуваме за поубави теми. Но, ако сакаме тоа да е реалност, само пишување лути статуси на социјалните мрежи нема да го смени текот на настаните. Доста беше отров, се гледаме во борбата.. n

29 април 2022

ПОРТА

57


дизајн

mAIson&objET 2022 - „нов лУКСУЗ“

Спој меѓу фините занаети

во седум саемски хали и на придружниот настан „Мезон е обже ин де Сити“ (маршрута во париз на која беа прикажани речиси 90 престижни салони), саемот успешно ја обедини целата индустрија со претставување на внимателно курирани брендови кои прикажаа нови производи кои вреди да се забележат Јана АЦЕВСКА, дизајнер (Специјално за Порта 3 од Париз) еќе 25 години, саемот Мезон е Обже (Maison&Objet), со своите двегодишни изданија, ја спојува креативната енергија на дизајнерите и брендовите во Градот на Светлината и ја обединува меѓународната заедница за дизајн, декор на домот и начин на живот. Неговата основна цел е да го претстави

В

58

ПОРТА

29 април 2022

најдоброто од областа на дизајнот, да овозможи инспирација, да генерира бизнисрелации и да открие нови таленти, но пред сè да ги истакне новите трендови на полето на дизајнот и внатрешното уредување. Поставено под темата „Нов луксуз“, последното издание на Мезон е Обже (Maison&Objet), се одржа од 24 до 28 март 2022 година, во Парк десекспозисион д’Пари (Parc des Expositions de Paris). „Нов луксуз“ означува спој меѓу фините занаети и технологијата, при што умешноста на

раката доведува до форма на луксуз кој е со една нога во минатото, а со другата во иднината. Во визионерскиот дизајнерски свет, дизајнерите развиваат материјали рака под рака со физичарите, вградувајќи нишки од свила, бакар и LED во ткаенини и создаваат ексклузивни предмети. Во седум саемски хали и на придружниот настан „Мезон е обже ин де Сити“ (маршрута во Париз на која беа прикажани речиси 90 престижни салони), саемот успешно ја обедини


и технологијата

целата индустрија со претставување на внимателно курирани брендови кои прикажаа нови производи кои вреди да се забележат. Ова издание на саемот привлече 51.656 посетители од 136 нации и 1.811 брендови од 53 земји. И оваа година Мезон е Обже (Maison&Objet), потврди дека саемот останува место за споделување уникатни искуства и незаборавни моменти. Во рамки на ова издание на саемот особено беа атрактивни деловите наречени „Што е

ново?“, трендовски простори дизајнирани/курирани од Елизабет Лериш, Франсоа Бернар, Франсоа Делкруа (Elizabeth Leriche, François Bernard, François Delclaux) и, за прв пат, Жулиа Рузо (Julia Rouzaud), основач на ГудМудз (GoodMoods), каде внимателно одбраната селекција од брендови кои беа регистрирани на платформата и се изложуваат на овогодинешното издание на Мезон е Обже (Maison&Objet), им беа претставени на посетителите на иновативен и инспиративен начин.

Ова беше начин и за оние кои сè уште не беа подготвени да се приклучат на саемот да бидат забележани од целната публика. Покрај „Што е ново?“ посетителите и учесниците можеа да уживаат во ексклузивните делови со исклучителен дизајн како Бич Клаб (Beach Club) дизајниран од Тристан Оер (Tristan Auer) за Мираж Фрер (Mariage Frères), да ги вкусат печените моркови на инстаграм-ѕвездата, младиот париски шеф Жилиен Себаг (Julien Sebbag), кој самиот го надгледуваше поставувањето на чиниите во декор на седумдесеттите курирани од архитектот Жилиен Себан (Julien Sebban) Акронија (Uchronia), и да ручаат во ресторанот „Ла Куијер“ (‘La cuillière’), спој на две креативни сили – познатата италијанска архитектка, дизајнерка и уметнички директор Паола Навоне (Paola Navone) и архитектот Даниел Розензтрох (Daniel Rozensztroch). Главната атракција на овој ресторан беше фантастичната музејска колекција на лажици од различни делови на светот и различни епохи, или како што двајцата уметници споделија „го делат истиот вкус за популарни предмети што имаат историја“. 29 април 2022

ПОРТА

59


За крај секој можеше да направи медитативна пауза во извонредната инсталација од меѓународниот уметнички колектив ТимЛаб. Инсталацијата имаше простор исполнет со блескави јајцевидни форми наречени резонантни микрокосмоси на животот, кои сјаат и резонираат кога луѓето ќе ги турнат. На секое свое издание Мезон е Обже (Maison&Objet), именува дизајнер на годината, славејќи ја работата на најистакнатите таленти на меѓународната сцена за дизајн и декорација. Бидејќи не можеше да ја претстави својата инсталација при добивањето на признанието во септември 2020 година, Френклин Ази зазема централно место на ова издание со извонредното истражување на неговиот креативен процес наречено Ретро Футур (Retro Futur). Ретро Футур е уметничка инсталација која ги истражува креативните процеси на иднината користејќи алатки од минатото, повторувајќи го начинот на кој Френклин Ази ѝ пристапува на својата работа како архитект. Со сите сетила кои беа поттикнати од ова издание, Мезон е Обже (Maison&Objet), ветува дека повторно ќе продолжи да инспирира. Во

ПОРТА

следното, есенско издание споделено со Неделата на дизајн во Париз, програмата ќе биде засилена со нов проект наречен „Иднината на сцена“, посветен на извонредните нови компании вредни за забележување со нивните

иновации. Во откривањето нови таленти една од клучните мисии на Мезон е Обже, по претставувањето на шест јапонски дизајнери и еден јапонски занаетчија, наградите за таленти во подем ќе се фокусираат на Холандија. n


комерцијален текст

ВЕБИНАР ЗА АРХИТЕКТИ: Иднината на поплочувањето надворешни површини оттикната од досегашните успешни предавања и конференции, компанијата „Винербергер“ и оваа година организира стручен вебинар. На 19 мај, три врвни професионалки од Хрватска со нашите архитекти ќе ги споделат своите знаења и искуства во областа на надворешното уредување. Ова се трите теми: 1. Павер-елементи: квалитетот и поставувањето во функција на естетиката и трајноста. Користењето на врвни технологии за производство на готови павер-елементи резултира со производи со екстремно висок квалитет. Тука, голема е заслугата на контролата на квалитетот, која се грижи сè да биде на највисоко можно ниво: од материјалите што се користат, преку процесот на производство, па до крајните производи. При дизајнирање на поплочени надворешни површини, мора да се земат предвид сите функционални параметри на паверелементите за да се дојде до естетски прифатливо решение, кое ќе трае. Ивана Мухар, специјалист за контрола на квалитет во „Semmelrock Stein + Design“, Хрватска, преку конкретни реализирани проекти ќе покаже како урбаната средина може да се освежи со користење на производи за надворешно поплочување во многу бои и формати.

П

2. Одржливост на пејзажот и подобрување на урбаната микроклима. Во време кога климатските промени стануваат голем предизвик, на ниво на Европа, континуирано се зголемуваат зелените острови, се градат зелени покриви и паркинзи, а употребата на одржливи материјали со висок индекс на рефлексија на сончевата светлина (SRI - Solar Reflectance Index) станува долгорочен концепт за зелената инфраструктурна стратегија. Бетонот, како флексибилен и најчесто користен градежен материјал, бара да биде вклопен во таа стратегија. Ива Филиповиќ, пејзажен архитект во „Semmelrock Stein + Design“ – Хрватска, преку примери ќе објасни зошто поплочените надворешни површини, кои го поддржуваат природниот циклус на водата, се идеално и одржливо решение за уредување на прометните улици во урбаните средини. 3. Инспиративно уредување на отворени простори – Италија и Хрватска. Архитектот Ана Сламар има долгогодишно искуство во уредување на отворени простори на територијата на Хрватска и Италија. Според неа, поттикнувањето на квалитетното просторно планирање и архитектурата се основен предуслов за туристички и одржлив развој. Во нејзиното предавање за време на вебинарот, таа ќе направи осврт на примената на паверелементите Semmelrock на новоизградени и реновирани туристички објекти.

Зачувајте го 19 мај во вашите календари! Регистрирајте се за вебинарот на: www.wienerberger.mk

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА

www.ading.rs


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.