Porta3 184

Page 1

Селски двор во Велмеј: Ново просторно пријателство Ми недостасува Јоханесбург

90 денари / БРОЈ 184 / ПЕТОК 01.06.2012 година VIII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ДИЗАЈНИРАЈТЕ И УЖИВАЈТЕ ПО ТЕРКОТ НА МОДНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МИЛАНО

Пол Танге: Нема причина зошто планот за Скопје не би се реализирал во иднина


рубрика

2

3

ПОРТА

01 јуни 2012


ГОДИНА viii

БРОЈ 184 ПЕТОК 01.06.2012 драГи читатели,

Редакција:

дом? Што бараат Британците од својот дом? Уште еден поучен текст, кој доаѓа од Велика Британија... А зошто на Хенри му е потребен дом, одговорот може да се најде во резултатите на најновото истражување „Како живееме денес: што им е потребно на луѓето и што очекуваат тие од нивните домови“, изготвено од страна на Ипсос МОРИ, организација специјализирана во областа на истражувањето на јавното мислење. Еден од соработниците на нашето списание беше во Јоханесбург, Јужна Африка. Од таму ви нудиме репортажа, авторско видување на тој град со сите негови маани и убавини. Авторот вели: „Ми се допаѓаат пешачките надвозници изведени во стилот на Калатрава, иако тука нема нов, значаен објект проектиран од светски познато архитектонско име. Се градат објекти во современ, модернистички стил, и иако се проекти на локални архитектонски студија, имаат примеси, влијанија од современите и реномирани светски архитекти како што се Рем Колхас, Френк Гери, Сантијаго Калатрава...“.

од редакциЈата

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: ГАЛЕРИЈА circa ON JellicOe, ЈОХАНЕСБУРГ Селски двор во Велмеј: Ново просторно пријателство Ми недостасува Јоханесбург

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 184 / ПЕТОК 01.06.2012 година VIII

Пред вас е најновиот број на нашето списание. Малку невообичаено за нас, но овој пат ви нудиме две ексклузивни интервјуа. И двете со повод. Пол Танге неодамна беше во Скопје. Таквиот повод не се пропушта, а да не се направи разговор со него. Еве го пред вас. Тој е оптимист и вели дека нема причина планот за Скопје, направен од неговиот татко, да се реализира во иднина... Вториот повод се лауреатите на Големата награда на 16. Биенале на македонската архитектура, Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља. „Селски двор“ во Велмеј е нивното наградено дело кое, сепак, е многу повеќе од двор. За Порта3 велат: „Архитектурата треба да тргнува од секојдневниот живот, да му помага, да го поддржува, но архитектурата е и оној механизам преку кој нашето секојдневие се впишува во времето, добива одговорност, се огледа во вечното... Сакавме класичниот образец на двор, перистил, да го поврземе со селскиот двор од Велмеј. Тој е приватен двор, меѓутоа и двор кој во одредени пригоди се отвора кон околината и го поддржува, пропушта или дури и го создава селскиот живот“. Зошто и на Хенри му е потребен

ДИЗАЈНИРАЈТЕ И УЖИВАЈТЕ ПО ТЕРКОТ НА МОДНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МИЛАНО

Пол Танге: Нема причина зошто планот за Скопје не би се реализирал во иднина

Автори: stuDiOMas architects + urBaN DesigNers

16

ИНТЕРВЈУ 16

ПОЛ ТАНГЕ: НЕМА ПРИЧИНА ЗОШТО ПЛАНОТ ЗА СКОПЈЕ НЕ БИ СЕ РЕАЛИЗИРАЛ ВО ИДНИНА

ДРВНА АРХИТЕКТУРА 21 ХЕРМАН КАУФМАН - ИНОВИРАЊЕ ПРЕКУ ЕДНОСТАВНОСТ

ЛАУРЕАТИ 28

МИНАС БАКАЛЧЕВ И МИТКО ХАЏИ-ПУЉА НОВО ПРОСТОРНО ПРИЈАТЕЛСТВО

21

фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

42

АРХИТЕКТУРА 32

Печати: Европа92 - Кочани

РЕПОРТАЖА 38

МИ НЕДОСТАСУВА ЈОХАНЕСБУРГ

I SALONI 2012 42

ДИЗАЈНИРАЈТЕ И УЖИВАЈТЕ ПО ТЕРКОТ НА МОДНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МИЛАНО

56

ЕКСПЕРТ 50

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

И НА ХЕНРИ МУ Е ПОТРЕБЕН ДОМ!

ЕКОЛОГИЈА 54

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ОТПАД - ЕКОЛОШКИ ПРОБЛЕМ ИЛИ ВРЕДНА СУРОВИНА?

ХОРТИКУЛТУРА 56

графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

БИНА 2012 – ЕНЕРГИЈА НА ГРАДОТ

НАЈСТАРИТЕ РАСТЕНИЈА ВО СВЕТОТ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

50

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


рубрика

4

3

ПОРТА

01 јуни 2012


3

01 јуни 2012 ПОРТА

5


инфо

Годишно собрание на Градежната комора при ССК

Сеад Кочан ќе продолжи да го афирмира еснафот Намалување на нелојалната конкуренција во градежништвото и зголемување на конкурентноста на своите членки, како на домашниот така и на глобалниот пазар, се само дел од заложбите на Кочан

Г

радежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија го одржа своето редовно Годишно собрание, на кое досегашниот претседател Сеад Кочан повторно ја доби довербата на своите колеги за да продолжи да го афирмира еснафот. Претседателот

Кочан се заложи за активно вклучување на компаниите членки во работните групи одговорни за донесувањето на новите законски регулативи, зголемување на конкурентноста на своите членки како на домашниот така и на глобалниот пазар, како и намалување на нелојалната конкуренција во градежништвото, се

со цел преку заедничка соработка да се оствари подобро позиционирање на пазарот на стопанството како битен економски фактор. На Собранието, членките на Градежната комора се осврнаа на резултатите од досегашното работење на комората, како што се донесување на клучни закони од областа на градежништвото кои значително придонесоа кон регулирање на одредени области и подобрување на економската стабилност во градежниот сектор. Притоа, нивните забелешки и сугестии во голем дел беа прифатени, докажувајќи се како рамноправен партнер во целиот тој процес и искажувајќи го своето задоволство од досегашната

Промовирана книгата „Топлински мостови во градежните конструкции“

Современи тенденции за заштита на животната средина и заштеда на енергија

С

о цел зголемување на свеста за заштеда на скапоцената енергија и промовирање на енергетската ефикасност во градежништвото, архитектот Петар Николовски ја промовираше својата книга „Топлински мостови во градежните конструкции“ која е базирана на неговата докторска дисертација. Енергетската ефикасност на градежните објекти, како едни од најголемите потрошувачи на енергија, е од посебен интерес во време на енергетска криза. Правилното третирање на топлинските мостови може значително да го подобри севкупното топлинско однесување на објектите и да придонесе за подобрување на нивната енергетска ефикасност. „Оваа книга ја третира современата проблематика во градежништвото, како што се топлинските мостови во градежните конструкции, и исто така е

6

3

ПОРТА

01 јуни 2012

директно поврзана со современата проблематика во светски размери, а тоа е заштита на енергија. Во книгата има огромен број примери и нивно графичко презентирање за сите можни случаи и конструкции и конструктивни системи. Затоа книгата треба да биде добро примена од професионалната јавност. Таа ќе придонесе за подобрување на неопходната стандардизација и нормативните акти, а исто така е и добра база за натамошни истражувања", истакна на промоцијата рецензентот инженер Предраг Гавриловиќ. Книгата, отпечатена во 500 примероци, има 330 страници, изработена е во колор техника и таа не е во продажба, туку се донира на сите заинтересирани лица и градежници кои се занимаваат со оваа проблематика. Издавач на книгата е македонскиот Институт за стандардизација. Поддршка

има од Министерството за транспорт и врски, Агенцијата на енергетика, Стопанска комора, Асоцијација на архитекти и општина Карпош, додека како спонзори се јавуваат неколку познати компании. К.С.Т.


инфо соработка со претставниците на Владата. Исто така, на седницата на годишното собрание беше ревидиран Управниот и Надзорниот одбор на комората. Во Градежната комора членуваат градежни компании кои се занимаваат со нискоградба, високоградба, проектантски бироа, компании кои се занимаваат со столарски работи. Градежната комора на Македонија се формира со цел да се намали нелојалната конкуренција во градежништвото. Комората е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација чија мисија е постојано да ја зголемува конкурентноста на компаниите членови на Комората, да го унапредува македонското деловно опкружување и да ја зголемува продажбата на производите на своите членки на глобалниот пазар. Комората, исто така, работи на подобрување на меѓународната соработка и на следењето на пазарот за градежништво, посебно во Југоисточна Европа, каде што македонските компании ќе можат да се презентираат и да учествуваат како што тоа веќе го прават последниве пет денеции. К.С.Т.

Сеад Кочан

Економско инженерство или инженерска економија?

Е

нергетската ефикасност самата по себе се наметнува на пазарот и сè повеќе добива на значење, бидејќи во основа го олеснува животот и ја заштитува природата и природните процеси. Денес, од огромно значење е станбените објекти, индустријата и сите системи да бидат енергетски ефикасни. Но, и покрај докажните исплатливи можности за намалување на потрошувачката на енергија со примена на енергетски ефикасни технологии, голем дел од потенцијалот во постоечките објекти останува неискористен. За да се применат овие технологии, секако, треба да има стручни лица кои најдобро ќе знаат кои мерки да се применат. Со трансформација на пазарот и развој на енергетската ефикасност како опсежен и важен сектор за економијата се појавува потреба од професионалци, кои ќе се занимаваат токму со она за што се обучени. Сето ова беше цел на расправата на учесниците на тркалезната маса „Економско инженерство или инженерска економија“, на која беа поканети експерти од академскиот сектор, професори од Машински факултет, Економски факултет, Технолошко-металуршки факултет,

Игор Петрушевски, локален координатор на проектот EUBUILD EE и Македонка Димитрова, национален истражувач за проектот

Електротехнички факултет, Факултет за бизнис и економија при УЈИЕ и ФБЕ. Учесниците дискутираа за начините на кои може да се изнајдат одговори за совладување на предизвиците што се

наметнуваат во практиката од областа на енергетската ефикасност. Решенија во образованието можат да се најдат со воведување на интердисциплинарни програми на факултетите каде што би се обучувале нови стручни кадри. Овие кадри, пак, би можеле најсоодветно да одговорат на предизвиците во областа на енергетска ефикасност. Овие интердисциплинарни програми би се состоеле од мешавина на предмети од инженерска и економска проблематика, за да се подготват кадри во двете насоки. Општата констатација во расправата на тркалезната маса беше дека во Македонија мора многу да се работи во оваа насока и дека треба многу да се промовираат бенефитите од енергетската ефикасност, како и од искористувањето на целокупниот потенцијал кој може да се најде во земјата. Организатор на овој настан беше проектот ЕУБилд Енергетска ефикасност кој е дел од програмата DG Enlargement на Европската комисија, во соработка со Машинксиот факултет - Скопје. Локален партнер и реализатор на проектот во Македонија е Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ. A.Ч.

3

01 јуни 2012 ПОРТА

7


скопје

Какви ефекти да очекуваме од естетските инвестиции преку Вардар?

Накитен мост како градски симбол? Што го прави еден мост туристички значаен, неговиот изглед или технолошките достигнувања во изградбата? Познавачите велат - мора да се спојат двата елементи. Мостот Гоце Делчев

С

о проценета вредност од 1,2 до 1,6 милиони евра, оградата на мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ ќе чини колку и целосната изградба на новиот мост меѓу Ѓорче Петров и Сарај, веднаш до дотраениот железен премин. Тоа е еднакво и на половина од сумата што се потроши за мостот што ги поврзува сајмиштето и транспортниот центар, последниот што се отвори во Скопје до сега. Градските власти се правдаа дека таа сума не е само за оградата туку и за подобрување на статиката, но тоа не ги запре критиките, ниту симболичните протести со лепење копии од евра. Досега, за да дотера два моста (Гоце Делчев и Мостот на револуцијата), градот потроши речиси 900.000 евра. Познато е дека мостовите стануваат големи туристички атракции во градовите што имаат значителни водни површини за премостување. Тие воодушевуваат со изгледот, но целта поретко им била да станат украс, туку да бидат врвно инженерско и технолошко решение за одреден сообраќаен, комуникациски проблем. Кога ќе го постигнат тоа,

8

3

ПОРТА

01 јуни 2012

стануваат светски обележја дури и додека се нови. Како примери може да послужат највисокиот мост во светот во Мијо, Франција, најдолгиот висечки мост Акаши Каикјо во Јапонија, но и нешто поблискиот до нас мост на Ада во Белград, Србија, кој е најдолг мост со еден столб, сите изградени во изминативе 15 години. Од друга страна, кај некои мостови било посветувано огромно внимание на естетиката, на пример Карловиот мост во Прага има над 30 статуи, а мостот Александар Трети во Париз го красат позлатени скулптури. Што ќе му донесе на Скопје украсувањето мостови? Дали тие ќе станат нови градски обележја или само накитени премини? Што го прави еден мост туристички значаен, неговиот изглед или технолошките достигнувања во изградбата? Зошто Камени мост бил и останал симбол на градот, само поради убавината или и затоа што во своето време бил врвно инженерско достигнување? Познавачите на оваа проблематика се согласни - во градски средини важни се и двата елементи. Но, тие истовремено ги споделуваат и резервите околу туристичкото, а подоцна и историското значење на трите разубавени

моста, како и на новите пешачки мостови. - Мора да постои синергија меѓу естетиката и технологијата за мостот да биде комплетен, а со тоа и значаен. Само со промена на оградата тоа не може да се постигне - вели професорот Горан Марковски, градежен инженер. Според Марковски, новите пешачки мостови можеле да станат обележја, но со поинаков пристап, ангажирање на светски познати градежници и слично. Тој не очекува ниту приближно дека некој друг мост ќе го достигне значењето на Камени мост, кого го издвојува автентичноста. Конзерваторот Васил Иљов посвети многу години на реставрирањето на Камени мост. За мостовите вели дека се инженерски зафати, стратегиски објекти, градски обележја и симболи на обединување. „Независно какви надградби им се прават, тие се секогаш привлечни. Мостот Гоце Делчев со години беше синоним за достигнување и подвиг“, додава Иљов. Но, иако вели дека сите работи на мостовите ќе придонесат за подобар амбиент во Скопје, не го дава приматот на Камени мост. Само вели дека многу му пречи начинот на кој е осветлен, бидејќи му личел на супермаркет.


скопје

Јужната обиколница - реактуализиран проект

Заобиколување на потребата од зеленило?

Е

кологистите и зелените политичари остро се спротивставија на изградбата на улица низ Водно, но според некои ставови, таа ќе биде корисна и за градот и за парк-шумата Му се заканува ли на Водно уште поголема узурпација и тоа не само со новоизградени објекти туку и со сообраќајница која треба да ги поврзе Кисела Вода и Сарај? Јужната обиколница која 10 години е зацртана во Генералниот урбанистички план дури сега почна да ја бранува јавноста, а екологистите и архитектите се со различни мислења околу нејзината изградба. Станува збор за улица, широка седум метри, која треба реонот кај „Панорама“ да го поврзе со населбата

Катерина Спасовска Трпковска

Жданец. Прашањето околу јужната обиколница го актуализираа „зелените“ политичари од Демократска обнова на Македонија. Нивниот став е дека на Водно не смее да се гради нова сообраќајница затоа што тоа ќе значи безмилосно и конечно уништување на парк-шумата. „Јужната улица, наместо заштита на границата на Водно, ќе значи освојување нов зелен простор. Особено, иритира најавеното поместување на границата погоре, за уште 50 метри, над т.н. шпанско село, што е симбол на арогантното газење на законите и безмилосно уништување на зеленилото на скопјани. И сега, во интерес на досегашните узурпатори и сопственици на раскошни дивоградби, се најавува ново легално освојување на

планината“, вели Тони Ристов од ДОМ. Тој изрази увереност дека ако улицата се помести за 50 метри погоре во шумата, тоа ќе значи нови згради од двете страни на таа сообраќајница, односно, како што посочи, сè дури не се исече и последното дрво и Водно не се претвори во бетониран рид. Еколозите се за нејзина изградба, но против поместувањето на сегашната граница. Нивниот став е дека на тој начин ќе постои разграничување на заштитениот дел од парк -шумата. Како пример на идентично уништен град од ДОМ ја посочија Атина, за која рекоа дека од некогаш прекрасен град со пошумени ридови, сега е еден од најзагадените со прекумерната урбанизација, што влијаело целосно да се смени и климата. Потребата од изградба на оваа јужна обиколница ја наметнува и Томе Костадиновски од фирмата „Конструктор“. „Потребно е да се заокружи обиколницата околу Скопје со изградба на јужната обиколница почнувајќи од Сарај преку Панорама до Усје. Со изградбата на оваа обиколница треба да се формира природната граница на градот Скопје со придружните урбани населени места со видно одбележана граница на парк-шумата Водно. Улицата треба да претставува физичка граница меѓу парк-шумата Водно и урбаните единици“, вели Костадиновски. Исто така, додава тој, формирањето на јужната обиколница ќе значи поврзување со идниот Сончев град и други населени места на јужната страна на Водно.

На плоштадот Карпошово востание поставен споменикот „Воин“

Филип го надрасна Александар

Н

а почетокот на Старата чаршија, на плоштадот Карпошово востание, е поставен споменикот на Филип Втори, со службен назив „Воин“. Свртен е кон својот син Александар Македонски, кој пак се извишува на неколку стотини метри од него, на плоштадот Македонија. Прикажан е во стоечка положба, со наметка и крената десна тупаница. Ова обележје е за шест метри повисоко од споменикот на Александар што е висок 23 метри. Споменикот „Воин“

е 13 метри, а постаментот 16 метри, и е највисок во проектот „Скопје 2014“. Во градежни стандарди колку десеткатница. Околу Филип Втори веќе се гради планираната фонтана заедно со три бронзени скулптури на војници, два лава и други два водоскоци, лево и десно од Камен мост. Цената за лиење во бронза на сите скулптури, заедно со другите трошоци и авторскиот хонорар, е пет милиони евра. За оформување на плоштадот Карпошово востание и уредување на околината е задолжена фирмата „Бетон“. Автор е Валентина Каранфилова-Стевановска.

3

01 јуни 2012 ПОРТА

9


региони

НОВА ПАТНА СПОЈНИЦА И НОВ ВОДОВОД ВО ЦЕНТАРОТ НА ШТИП

Ј

авното претпријатие „Штип проект“ постави рабници за новата спојка помеѓу населбите Дузлак и Баби. Ова е втора спојница со која населбата Баби се поврзува со Дузлак, а со тоа и поблиску до центарт. Со неа се крати патот по кој жителите од оваа населба доаѓаат до центарот на Штип, а со новата спојница ќе се скрати патувањето уште повеќе за луѓето од новите делови на населбата. Патот што ги поврзува двете населби е во завршна фаза на реализација. По поставувањето на рабниците, ќе следи поставување на асфалтна подлога, откако ќе биде завршен тендерот за избор на најповолен понудувач. „Станува збор за спојница од околу 250 метри. Присуството на сообраќај покажува дека сме имале право што во контиунитет направивме пополнување на процепот и негово тампонирање. Проектот е дел од програмата за работа на ЈП „Штип проект“ за 2012 година и за него се предвидени околу 10 милиона денари. Ќе биде уреден

10

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Нова спојница Баби-Дузлак

и тротоарот, а со поставувањето на асфалтот, ќе се овозможи и урбанизирање на околината“, изјави Тони Јовев, директорот на ЈП „Штип проект“. Новата спојница значително ќе го олесни патувањето до центарот на Штип, од населбата Баби преку Дузлак, посебно за оние жители на УЗ Баби, кои живеат во близина на индустриската зона, која гравитира кон новиот пат-спојница. Пред осум години беше направена првата патна спојница со која и физички се поврзаа овие две големи штипски наслеби. Во исто време, ЈП „Исар“ продолжува со поставување на водоводна и канализациона мрежа на улицата „Ванчо Прке“ во Штип. „Со оваа активност се врши комплетна замена на старата и дотраена водоводна мрежа. Инвестицијата е вредна околу 3 милиона денари.Согласно динамиката, работите ќе бидат извршени во определениот рок“, изјави Никола Мицевски, директор на ЈП „Исар“. Според Јовев, бехатон плочките се нарачани и истите ќе бидат навреме поставени по завршување на работата на ЈП „Исар“. Иако постојат можности за нивно поставување и сега, на делот од локацијата „Огледало“ до кривината, ќе се почека комплетно завршување на реконструкцијата на водоводната мрежа. „Причина е тестирањето на системот. Доколку бехатонот се постави

Драган Ристов

сега, а системот покаже дефект, ќе треба да се врши ново раскопување. Заради професионално извршување на работите, ќе се почека на тестирањето на водоводната мрежа по што ќе се изврши уредување на тротоарот“, додаде Јовев. Третата фаза предвидува уредување на тротоарот до локацијата НАМА, и во последната фаза, поставување на нов асфалт на целата улица „Ванчо Прке“.

Улица Сутјеска, пред и потоа


IZIIS SAGA-B

градежништво

Решение за Европа

EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.

Прецизно моделирање со AutoCAD import

• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk

www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје

Тел. 02 3107 721 Факс 02 3112 163 01 јуни 2012 ПОРТА

3

11


градежништво

Трговски центар „Скопје сити мол“

Екстериер и ентериер во заемна корелација Илија Божиновски, проект менаџер

Т

рговскиот центар „Скопје сити мол“, сместен во општина Карпош, e архитектонско и дизајнерско дело на Laguarda Low, интернационална архитектонска фирма со седиште во Далас, Тексас, САД. Основана во 2000 година, оваа компанија беше една од неколкуте странски компании, кои учествуваа на тендерот за проектирање на шопинг-центарот „Скопје сити мол“. Во конкуренција на повеќе познати светски компании специјализирани за развој на ваков тип објекти, менаџерскиот тим на „Балфин МК“ одлучи да им го додели проектот токму на Laguarda Low, во чие работно портфолио и професионално искуство се повеќе архитектонски решенија меѓу кои: Houston Pavilions, OC Bay, Phoenix City, Avenue Mall, Galleria

12

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Bucharest, Porta di Roma, Galleria Chengdu. Инвестицијата на овој објект чини околу 70 милиони евра, а самиот трговскиот центар е составен од еден паркинг (подземно ниво) и три надземни ката со продавници и локали за разонода и забава. Менаџерскиот тим на „Балфин МК“ заедно со локални архитекти директно учествуваа во креирањето на проектот, а сè со цел на Laguarda Low да им ги доближат навиките на локалното население имајќи го предвид фактот што „Скопје сити мол“ е прв и единствен шопинг-центар од ваков тип во Македонија. Особено тешка задача беше да се имплементираат овие навики во објект од вакви размери. Имајќи го ова како цел, се создаде затворен простор кој беспрекорно функционира со надворешноста преку големиот број стаклени површини. Појдовна идеја беше

да не се добие комплетно затворен објект туку напротив, огромна retail површина, чиј екстериер и ентериер ќе бидат во тесна корелација, со природна светлина преку големите стаклени површини. За изведба на конструкцијата е користен армирано-бетонски скелетон, конструктивен систем со модуларен распон од 8,1 метар и висина на надземните етажи од 6 метри. Фундирањето е изведено во најголем дел како армирано-бетонски тракасти темели поради солидната носивост на почвата. Покривањето се врши со ПВЦ фолија на рамен кров, на кој се сместени најголемиот број технички простории. Стаклото како и кровната хидроизолација што се употребуваат на објектот, прв пат се произведени во ноември 2011 година. Овие уникатности го вбројуваат „Скопје сити мол“ во јавни објекти кои овозможуваат


градежништво

максимална енергетска ефикасност. Што се однесува до противпожарната заштита, преземени се сите активни и пасивни мерки за заштита на објектот, за кои и големите светски компании кои влегуваат во трговскиот центар имаат пофални зборови. Во градењето се оди дотаму што сите кабли поставени во трговскиот центар се halogen free, кои во случај на пожар не испуштаат отровни гасови. При изградбата на овој објект се користени најсовремени градежни

материјали. Повеќето од нив за прв пат се употребени на овие простори, при што посебно внимание се однесува на начинот на нивната имплементација. Така, секој материјал мора да биде изведен според системското решение на самите прозиводители, што значи дека и целата гаранција околу квалитетот на изведените работи е обврска на самиот испорачател на материјалите. Исто така, статичката и асеизмичката стабилност на објектот е доделена на овдешни

проектанти, и е реализирана согласно правилниците, односно позитивните законски прописи на Република Македонија. Изградбата е во напредна фаза и се одвива според динамичкиот план, што претставува гаранција за планираниот термин за отворање, во третата четвртина од 2012 година. Сите дозволи и согласности за објектот се обезбедени во тесна соработка на локалните и централните власти, кои имаа особено разбирање и поддршка за овој проект.

3

01 јуни 2012 ПОРТА

13


градежништво

Свлечишта - закана која Санационите мерки претежно опфаќаат класични армирано-бетонски потпорни конструкции, но во последно време сè поголема примена наоѓаат потпорните ѕидови изведени од габиони, и т.н. систем на армирана земја...

В

о последно време, во Македонија е зачестена појавата на вакви нестабилни зони на природни косини или вештачки насипи кои во голем број случаи доведуваат до појава на поголеми или помали свлекувања на теренот. Причините за ваквите појави на нестабилности и свлечишта најчесто се од природен карактер, односно тие настануваат најчесто како последица на агресивното дејство на водата. Имено, како најчести причини за појава на свлечиштата во Македонија се наведуваат интензивните и долготрајни врнежи, топењето на снегот, како и зголемувањето на нивото на подземна вода. Во последниот период се регистрани неколку активни свлечишта во Република Македонија, а некои од нив се: свлечиште на патот Битола – Ресен, свлечиште на патот Дебар - Струга, свлечиште во близина на с. Ботун - Кичевско, свлечиште во близина на с. Магарево - Битолско, свлечиште на патот Ресен - Охрид и свлечиште во близина на Мавровско Езеро. Дел од овие свлечишта се санирани и стабилизирани, додека останатите се очекува да бидат санирани во иднина. Мерките и начините за стабилизација на свлечиштата се различни во зависност од големината, геометријата, физичкомеханичките карактеристики на почвата и местоположбата на разгледуваното свлечиште. Кај нас, од гореспоменатите

14

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Подготви: Трајче Стојанов, дипл.инж.арх. свлечишта, на свлечиштето на патот Битола – Ресен и на свлечиштето на патот Дебар – Струга се преземени мерки за нивна стабилизација. Свлечиштето на патот Битола – Ресен е санирано со помош на систем на армирана земја, додека свечиштето на патот Дебар – Струга е санирано со помош на шахматско поставена колова конструкција на самиот раб на коловозната конструкција. За останатите гореспоменати свлечишта во тек е изработката на решенија за нивна соодветна санација и стабилизација. Свлекување е процес на откинување и движење на откинатите маси долж падините и косините преку стабилна подлога под дејство на сопствена тежина, односно гравитацијата. Движењето се одвива по јасно изразена површина, односно зони на свлекување. Свлечиштата се карактеристични како појава, а со самото тоа и нивното санирање како проблем посебно се третира. Во природата често се случуваат, но сепак вниманието на нив се насочува кога тие ги загрозуваат човечките добра, односно постоечки објекти од високоградбата како и линиски објекти (патишта, железници и сл). Најчесто со свлекување се зафатени почвени материјали и распаднати карпи, но во исклучетелни случаи можна е појава и во здрави, компактни карпи. Свлекувањето се карактеризира со површина на лизгање (свлекување) по која се врши движењето на земјените, односно карпестите маси.

Многу често свлекувањето се активира по површини кои се на контактот помеѓу материјали со различни геомеханички, односно геолошки параметри. Па така, чести се случаите кога површината на лизгање е лоцирана на контактот помеѓу почвен материјал и карпеста маса. Површините на лизгање често се кружни или кружно-цилиндрични кога свлечиштата се јавуваат во почвени материјали, додека пак во покомпактни (дијагенизирани) почви или карпести материјали се јавуваат по рамни површини кои просторно гледано формираат т.н. клинови. Има многу причини за појава на свлечишта, а најголем дел од нив се поврзани со природата на почвените и карпестите материјали. Со оглед на тоа, голем дел од свлечиштата настануваат без влијание на антропогениот фактор, односно од создавање на услови по природен пат. Како една од најголемите причини може да се наведе присуството на подземна вода. Овој случај посебно е карактеристичен кога станува збор за почвени материјали и некои меки карпи кај кои водата влијае на намалување на јакосните карактеристики, а со самото тоа и на стабилноста на целиот терен. Најчесто, во ваков случај површината на лизгање и нивото на подземна вода се на иста длабочина гледано од површината на теренот. Доколку се врши категоризација на факторите (причините) што доведуваат до појава на свлечиштата,


градежништво

не смее да се игнорира ... Во Република Македонија веќе е изведена санација на свлечиште со примена на системот армирана земја на свлечиштето на магистралниот пат А-2 (претходно именуван М-5). тие според одреден критуриум можат да се категоризираат како геолошки, морфолошки, физички и антропогени. Во овие групи на фактори спаѓаат појавите како што се врнежи, ерозија, земјотреси, вулкански ерупции, промена на наклонот на природните косини (често при влијание на антропогениот фактор) и сл.

подолги прекини. Понекогаш, овој процес може да биде смирен за подолг период, кога зборуваме за смирени или стари свлечишта. Ако некое старо свлечиште е затрупано со друг материјал, станува збор за фосилизирани свлечишта. Чести се случаи на повторно активирање на старите свлечишта. Реактивирање настанува при

Слика 1. Основни елементи на свлечиште

Свлекувањето може да се одвива континуално, но почесто со пократки или

нагласена промена на надворешните влијанија, како зголемено влажење при

интензивни и долготрајни врнежи, топење на снег, високи нивоа на подземни води, зголемени потреси и при изведба на објекти од страна на човекот. На слика 1 се прикажани карактеристичните елементи на секое свлечиште. Како најкарактеристични се челната пукнатина, ножица на свлечиштето, депрсија и зона на издигање. Исто така, речиси редовна појава се и секундарните пукнатини. Најчесто санацијата, односно стабилизирањето на свлечиштата се врши со потпорни конструкции. Санационите мерки претежно опфаќаат класични армирано-бетонски потпорни конструкции, но во последно време сè поголема примена наоѓаат потпорните ѕидови изведени од габиони, и т.н. систем на армирана земја. Во Република Македонија веќе е изведена санација со примена на системот армирана земја на свлечиштето од 2010 година на магистралниот пат А-2 (претходно именуван М-5). Ваквото решение речиси секојпат е поекномично од класичните потпорни армирано-бетонски конструкции и наоѓа сè поголема примена кај нас. Станува јасно дека во иднина санацијата на свлечиштата сè повеќе ќе се базира на ваквиот концепт на решенија.


интервју

пол танГе ексклузивно за „порта3“

Нема причина зошто планот за Ско п „Градски ѕид“ е веќе применуван концепт во многу градови во Европа, Азија како и во античкиот свет. Концептот што мојот татко го применил во планот за Скопје претставува единствена интерпретација на „градски ѕид“, која според моето мислење е навистина креативна и интересна. андреа јаМаКоСКа, анастасија ниКоловСКа

„Н

ајзначајно при структурирањето на еден град е да се земе предвид значењето на просторот за комуникација, односно поврзаноста на градот со целокупната своја слика, поврзаноста на градот со остатокот од светот, што чувствуваат самите негови жители, кои се нивните потреби, бидејќи тие се главните креатори на градската структура“. Така зборуваше архитектот Пол Норитака Танге, неодамна, при посетата на Скопје, организирана спроти 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес и 100-годишнината од раѓањето на неговиот татко Кензо Танге. „Порта3“ го искористи неговото присуство за ексклузивно интервју, за кое Пол Танге со задоволство се согласи.

имајќи го предвид значењето на архитектот Кензо Танге кон конципирањето на модерната архитектура, кои аспекти од идеологијата и творечкиот опус на вашиот татко ви останале како наследство кое го имплементирате во вашата архитектонска и теоретска продукција?

 За мене е тешко од една страна да се идентификувам, а од друга страна пак да се издвојам од идеологијата на мојот татко, од аспект на мојата архитектонска продукција. Јас работев 25 години со мојот татко, при што низ бројните патувања со него уште како дете научив многу за архитектурата и нејзините неформални специфики. Градацијата на мојата архитектонска продукција е природна еволуција на сите работи кои ги научив од работењето со мојот татко и опстојувањето во негово непосредно опкружување. За мене една од неговите најважни лекции е дека архитектот при проектирање мора да ги земе предвид историјата, културата и значењето на местото каде што е зададена локацијата. Ова е концепт кон кој нашето архитектонско студио се придржува сè до денес. 16

3

ПОРТА

01 јуни 2012


интервју

о пје не би се реализирал во иднина повеќе пати во вашето предавање споменавте дека архитектот е само спроведувач на идејата и потребата на клиентот. на кој начин ја остварувате симбиозата помеѓу современите потреби на клиентот, современата архитектонска форма и уникатниот регионализам?

 Се разбира дека е предизвик, но токму тоа е она што ја прави архитектурата толку страстна потрага, за мене и за многу други. Еволуцијата на проектирањето настанува токму поради земањето предвид и имплементирањето на овие фактори во процесот. Потребно е време и желба да се отфрлат првичните идеи и замисли на архитектот за тоа како проектот треба да изгледа. Во нашето архитектонско студио функционира тимска работа. Со други зборови, кога се соочуваме со барањата и зададените параметри за нов проект,

тимот што работи на тој проект генерира неколку различни идеи, при што идеите на помладите архитекти се вреднуваат подеднакво како и на оние поискусните. Откако, во согласност со клиентот, ќе ја поставиме насоката на проектот, тимот продолжува да ја развива избраната идеја.

исто така, споменавте дека мастер-планот за Скопје е првиот мастер- план на вашиот татко, работен надвор од јапонија. Дали знаете со какви предизвици и проблеми се соочил тимот при изработката на овој проект и во колкава мера бил присутен емотивниот фактор, имајќи предвид дека еден разурнат град треба одново да заживее?  Не би можел да зборувам како емотивниот фактор влијаел врз мојот татко и останатите планери од тимот, бидејќи тоа е психолошка состојба за

која немам сознанија. Сепак, бидејќи десет години претходно мојот татко преку мастер-планот за Hiroshima Peace Park искусил и видел на своја рака како изгледа еден уништен град, тој најверојатно влегол во проектот за Скопје со голема чувствителност кон страдањата и потребите на луѓето од овој град. Чувствителност која друг архитект без претходно слично искуство, најверојатно, не би ја имал.

Мастер-планот за Скопје и мастер-планот за Болоња се работени врз основа на концептот „градски ѕид“. Дали сметате дека овој концепт како унифицирана типологија функционално може да се имплементира во различни географско-топографски подрачја, независно од градежниот идентитет на местото?  „Градски ѕид“ е веќе применуван концепт во многу градови во Европа, Азија како и 

„Градски Ѕид“, Скопје

Градовите се составени од луѓе, а луѓето по својата природа се несовршени и не се моделирани за утопија

Скици за планот на Кензо Танге за Скопје

3

01 јуни 2012 ПОРТА

17


интервју Hiroshima Peace Park

Hiroshima Peace Park

во античкиот свет. Концептот што мојот татко го применил во планот за Скопје претставува единствена интерпретација на „градски ѕид“, која според моето мислење е навистина креативна и интересна. Употребата на зборот ѕид не треба да се разбере во конотација на сегрегирање, напротив, ѕидот треба се разбере како обединувач и заштитник на старото градско јадро. Кензо Танге во своите проекти главниот акцент го става на отворени простори за јавни собири. Верувам дека овие простори за јавни собири сè уште се многу важен елемент за модерното општество, особено во време кога под влијание на технологијата луѓето се изолираат и живеат во виртуелна реалност. Мастер-планот за Болоња, пак, во суштина е многу различен. Тој се заснова на еден `рбет, кој претставува линеарна интерпретација на централниот простор за јавен собир, во овој случај не е нужно тој да има функција на заштитник на кој било дел од градот. 18

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Со оглед на политичко-економските фактори, кои оневозможиле комплетна реализација на планот за Скопје (од страна на тимот на Кензо Танге), дали сметате дека граѓаните на овој град се лишени од живеењето во модернистичка утопија и дали Скопје од тој аспект претставува недовршен град со изгубен идентитет?

 Мастер-плановите се проекти кои се генерираат во поширока временска рамка. Оттука, сметам дека нема причина зошто планот за Скопје не би се реализирал во иднина, се разбира со сите модификации кои ќе биде потребно да се изведат за тој да добие смисла во денешната слика за градот. Што се однесува до „модернистичката утопија“, сметам дека е речиси невозможно таа да се постигне, без разлика на социо-економските фактори во градот. Градовите се составени од луѓе, а луѓето по својата природа се несовршени и не се моделирани за утопија. Секако, ова не значи дека не треба да се стремиме

да го направиме градот колку е можно попријатен и пофункционален за сите.

Имајќи предвид дека наближува 50-годишнината од урбанистичкоархитектонската обнова на Скопје по катастрофалниот земјотрес, дали Вие заедно со своите соработници би помогнале кон дополнување на коцептот и идејата на тимот на Кензо Танге, секако, преку современа реинтерпретација?

 Доколку од мене биде побарано да го преземам проектот за мастер-планот на Скопје, би бил и повеќе од задоволен да го сторам тоа. Пред сè, поради непосредната поврзаност со Кензо Танге, но исто така, бидејќи сметам дека градот има одличен развоен потенцијал. Скопје е природно убав град со своите ридови и река, и колку повеќе го осознавам благодарение на неговите жители, толку повеќе сум подготвен за таква задача. Како одговор на вашето прашање дали јас и моите соработници би придонеле кон ре-


интервју концептуализација на планот преку современа реинтерпретација, јас би одговорил дека благодарение на нашата обученост, филозофија и почит кон Кензо Танге, би земале учество во еден таков проект, но се разбира единствено преку „современа реинтерпретација“.

Болоња, Италија

Од презентираните проекти на „Kenzo Tange associates” најголем впечаток ни остави проектот West Kowloon Arts and Cultural District, во Хонг Конг, како симбиоза на симетрија и логика имплементирани во една органска целина. Дали при дизајнирањето на концептот за овој дистрикт се водевте од сопствените просторни потреби, и дали се гледате себеси не само како креатор туку и како задоволен корисник на истиот?  Една од моите најсилни импресии за Хонг Конг е интензивnиот и енергичен уличен живот. Во овој момент градот бележи големи промени, масовна појава станува замената на старите вернакуларни згради со нови комплеси со мешовита намена. Блок по блок се менува структурата на уличните фронтови во Хонг Конг, а со тоа исчезнува духот и чувствителноста на градот. Токму заради тоа бев загрижен дека ќе исчезне карактерот на градот. Во рамки на проектот West Kowloon имавме можност да работиме на локација која зафаќа 44 хектари со должина од 1,5 километар. Секако, за нас предизвик претставуваше можноста да создадеме мастер-план кој ќе им овозможи на идните генерации на Хонг Конг да го доживеат тековниот сензибилитет на градот. Во состојба кога градот бележи масовни архитектонски промени и се ресоздава, мастер-планот за West Kowloon има за цел да биде реинтерпретирана верзија на уличниот живот на Хонг Конг, и од тој аспект да ги потсети корисниците за единствениот енегичен уличен живот на градот.

Употребата на зборот ѕид не треба да се разбере во конотација на сегрегирање, напротив, ѕидот треба се разбере како обединувач и заштитник на старото градско јадро

Во своето предавање напоменавте дека Скопје е длабоко поврзан со вашата фамилија, но ова е вашиот прв контакт со него. Каква импресија понесовте со себе овие денови разгледувајќи го градот што во текот на овие 50 години во своето ткиво ја акумулирал еклектиката на општествениот развој?

 Секако, постои една доза на жалење поради тоа што ми беа потребни толку многу години да го посетам Скопје, но сега кога конечно ја уживам таа можност би можел да кажам дека она што најмногу ме импресионира за градот се луѓето. Бев навистина топло и пријатно пречекан и поради тоа со себе ќе понесам многу повеќе силни впечатоци поврзани со жителите на Скопје, отколку со физичките аспекти на градот. Што се однесува пак на физичките аспекти, мастер-планот што го изработи мојот татко ми е близок и познат, но ми претставуваше особено задоволство да ја искусам просторната реализација на проект кој дотогаш имав можност да го гледам само на хартија. 

West Kowloon Arts and Cultural District

3

01 јуни 2012 ПОРТА

19


преземено

"Bauwelt"

Напад врз Кензо Танге

Д

о 1991 година Македонија беше дел од Југославија, а од 2005 година земјата е кандидат за влез во Европската Унија. Поради спорот за името со Грција (чиј северен регион го носи истото име), Македонија во ЕУ е призната под името ПЈРМ (Поранешна Југословенска Република Македонија). Целата постоечка архитектура во главниот град Скопје потекнува од модерната на времето на комунистичката ера, и актуелната Влада со задоволство сака да се ослободи од неа.

Автор: Lisa Deipenbrock

„Историски градби“

По повеќегодишна стагнација, сегашната Влада ја зафати еуфорија на градење. Под мотото „На еден европски град му треба историски центар“, почнувајќи од 2010 година централното градско подрачје почна да добива еден сосема нов лик. Младата држава Македонија сега сака да го засили својот идентитет со враќање кон едно глорифицирано минато: повеќето градби од „Скопје 2014“ формално се

Мастер-планот на Танге

Денешната слика на Скопје се базира на една катастрофа: во 1963 година голем дел на градот беше разорен од силен земјотрес. Со помош на Обединетите нации градот беше обновен и стана симбол на меѓународната солидарност. На меѓународниот конкурс за ново урбанистичко решение на градот победи проектот на Кензо Танге. Неговиот мастер-план требаше да ги избегне грешките на модерната: со респектирање на постоечките градски структури и интегрирање на новите објекти во блоковска структура, со преместување на функциите заради близина на снабдување, со оски на комуникација, оски на култура и образование, со домување во близина на центарот (во „Градски ѕид”, осумкатни станбени блокови) и со железничка станица од највисоко техничко ниво. Така, во шеесеттите години започна грaдење на едно Скопје со дух на оптимизам кон иднината. Меѓутоа, проектот на Танге никогаш не беше спроведен во целост. Празните простори со време беа пополнувани со други содржини и објекти, па функцијата, посебно во однос на сообраќајот, сè до денес е многу ограничена. Самиот Танге се дистанцираше од ова погрешно спроведување на неговиот проект, но неговите објекти и денес се препознатлива слика на градот. 20

3

ПОРТА

01 јуни 2012

базираат на времето на Српското Кралство (1882-1918) или на времето на Александар Велики. Секој слободен простор во центарот е пополнет со „историски“ градби и безбројни статуи, без какво било почитување на постоечките визуелни оски или пак одмерен сооднос објект-слободен простор. Градскиот плоштад, порано потполно пропорционален, во 2011 година доби статуа на Александар Велики, висока 22 метри. Оската од југ на плоштадот кон неговата северна страна се затвори со

два објекти како нова интерпретација на поранешни објекти и со еден нефункционален кружен павилјон. Две нови статуи на коњаници стојат на почетокот на стариот мост преку кој се стигнува на северниот брег на реката Вардар, каде што се наоѓа објектот на Операта и Театарот. Досегашниот впечатлив поглед кон овој бел објект (проект на словенечки архитекти од 1968 година) е затворен со еден ѕид на историски градби, новиот објект на Судот и Министерство за надворешни работи. Од другата страна, ѕидот продолжува со објекти на старо-нов театар и музеј на македонските борци, а северно од операта се гради статуа на Филип Втори, која треба да го надмине неговиот син Александар. „Скопје 2014“ не е функционален проект, измешани се функциите на постоечките, или на објекти кои можат да бидат интегрирани на друго место. Додатно на ова, нема транспарентен увид во проектот, единствена најава беше дадена преку YouTube (!) со визуелизација на планираните објекти. Проекти, податоци или преглед на трошоци воопшто не се објавени. Проценката на инвестицијата стигнува дури до 400 милиони евра, пари кои итно и се потребни на државата на други места, локалните модерни структури како архитектонско наследство се во лоша состојба и бараат итна санација, водењето на сообраќајот бара итно подобрување и слично. И покрај ова, заради силната кампања на Владата, населението ја поддржува оваа историзирана козметика. На граѓаните им се ветува еден европски град и им се дава надеж за нови работни места од очекуван пораст на туризмот. Архитектонскиот микс на векови дава барем по еден објект по вкус на секој граѓанин, кој така може да ги прифати овие градби. Протестите на архитекти и урбанисти тешко поминуваат. Нивните стручни толкувања не добија никаков одговор.


дрвна архитектура

Херман Кауфман иновирање преку едноставност

„Х

ерман Кауфман ја продолжува традицијата и работата на генерациите пред него. Тој гради со дрво, одржливо и прекрасно, со народот и за народот. Интернационалната награда Дух на природата му е врачена нему за неговата вредност која го надминува времето и границите. Беспрекорноста во деталите е восхитувачка, оценета врз основа на функционалноста, одржливоста, издржливоста и чувствителноста при изборот на материјал. Ова може да се постигне само со одлична комуникација помеѓу архитектот и градежниците“. Оваа изјава е дел од воведниот говор на финскиот професор по архитектура Мати Раутиола, претседател на жирито, по повод доделувањето на престижната награда Дух на природата на австрискиот архитект Херман Кауфман, како признание за неговата долгогодишна работа во промовирање на дрвото како градежен материјал и искористување на сите негови позитивни карактеристики.

Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија Архитектот Херман Кауфман е роден во 1955 година во малото гратче Ворарлберг во Австрија. Своето образование и професионална насока ја има стекнато во Инсбрук и во Виена, каде што студирал архитектура. Своето архитектонско биро го основал во 1983 година во Шварцах, заедно со архитектот Кристијан Ленц. Во творењето на Кауфман може да се забележат градби од сите димензии и категории, почнувајќи од најмали ресторани, станбени блокови, трговски центри, индустриски објекти, и сите тие конструктивно направени скоро целосно од дрво. Енергетската ефикасност кај објектите и сигурни конструкции секогаш биле приоритет во работата на Кауфман. Неговите први пасивни објекти биле изградени дури во раните осумдесетти години на минатиот век. Неговата општествена одговорност и професионална амбиција генерирале модерна архитектура, која не ја преовладува нејзината околина. Љубовта кон дрвото и неговите тајни му ја предал неговиот татко во семејната столарска работилница. Тој за себе вели дека доаѓа од столарско семејство

Херман Кауфман

и е архитект кој се чувствува подобро во работилница или на градилиштата, отколку во канцеларијата покрај работните маси. Интеракцијата на овие два света функционира на следниов начин: архитектот се труди едноставното да не стане банално, додека столарот се труди едноставното да не стане комплексно.  Планинарски дом Олперер

3

01 јуни 2012 ПОРТА

21


дрвна архитектура Планинарски дом Олперер

На алпскиот масив во Австрија, во близина на врвот Оплерер, повеќе од сто години на истата позиција се наоѓал планинарски дом, кој заради висината не било возможно да се интервенира значајно во негово реновирање. Во 2005 година за конкурсот за идејно решение на нов планинарски дом, Херман Кауфман преку своето мото „Иновирање преку едноставност“ проектирал нов планинарски дом комплетно направен од дрво. Заради висината и непристапниот терен, при проектирање на планинарскиот дом како најважни услови кои требало да се запазат биле брзината и едноставноста при градење и транспортот на градежните материјали. Дрвото како градежен материјал бил во потполност одговорен избор со што се запазиле и главните услови кои биле зададени од локацијата на градилиштето. Како потрврда дека главните услови биле запазени укажува и фактот што домот бил подигнат за два дена.

Мост на велосипедска патека

Овој мост ги поврзува општините Gaißau (Австрија) и Reineck (Швајцарија), што симболично ги поврзува и земјите Швајцарија и Австрија, а за изборот на материјал дополнително придонел и околниот регион кој е познат по изобилство од дрвен материјал и дрвната архитектура. Конструкцијата се состои од две потпорни точки премостени со конструктивен микс од дрво и челик. Мостот е комплетно прекриен што предизвикува интимно чувство при преминување и доживување на промена во околината. Мостот комплетно е изграден во фабрички услови, транспортиран и поставен на веќе направените потпорни точки.

22

3

ПОРТА

01 јуни 2012

01 јуни 2012 ПОРТА


дрвна архитектура Општински центар Лудеш

Почетната идеја за проектирање на еден ваков центар доаѓа од недостатокот на општествени градби во општината Лудеш, Австрија, каде би биле сместени сите поважни институции и рекреативни содржини. Во општинскиот центар покрај библиотеката, канцелариите на општината и малата сала, може да се најде и кафетерија со надворешна тераса, пошта, неколку продавници, простории за деца, канцеларии и соби за проби на локалниот хор и локални музички групи, со што се овозможува посакуваната фреквенција. Општината Лудеш има долга традиција во заштита на природните ресурси, па затоа и самиот објект е еколошки прототип. Не само што целосно е изграден од дрво и ги достигнува сите стандарди на пасивен објект, туку е надгледуван и целокупниот процес на градење со специјална програма каде големо внимание се посветува на самоодржливоста и заштитата на природните ресурси.

Станбен комплекс Олзбунд

Во малото гратче Дорнбирн, Австрија, се наоѓа станбената зграда проектирана од Кауфман, која е изградена од дрво и ги достигнува стандардите за пасивен објект. Зградата е проектирана како компактна единица за поголема заштеда на енергија во нејзиното функционирање. Конструкцијата е скелетна и на неа се монтирани стандардизирани префабрикувани елементи. Ѕидните и кровните елементи се со изолација од минарална волна со димензија од 35 см. На кровот се монтирани соларни системи кои во текот на цела година произведуваат две третини од енергијата што е потребна за загревање на вода. Времетраењето на градбата на целиот објект е четири месеци и петнаесетина дена. 

3

01 јуни 2012 ПОРТА

23


одговорна архитектура

EKO КУЌИ

ГРАДЕЊЕТО КАКО КОНСТРУКТИВНА ОДГОВОРНОСТ

Г

РАДЕЊЕТО ЗНАЧИ УНИШТУВАЊЕ НА ОКОЛИНАТА И ПРОСТОРОТ. Оваа понижувачка реченица имале можност да ја слушнат многу архитекти и градители за време на нивната кариера. Всушност, невнимателниот третман кон околината, односно животната средина, и заостанатите техники и технологии на градење кои се користат при изградбата на објектите, придонесуваат кон генерирање на оваа слика. Во исто време, една куќа создадена од човекот е највиталниот простор во нашите животи. Во неа се чувствуваме живи и во неа се одвива голем дел од нашиот живот. Заради овие причини куќата е

Натка Ќосева, дипл.инж.арх. повеќе од еден простор. Тоа е фрагмент од „конструктивна одговорност“, бидејќи не се работи само за место кое ги заштитува неговите жители, туку куќата е одговорна и за околината и треба да ги содржи ресурсите на хуманост. Во таа смисла, го поставувам прашањето дали со нашиот збор и дела може да се воспостави баланс помеѓу влијанието што го генерира архитектурата и животната средина. Можноста за грижа постои. Но, она што е реално за изведба во техничка смисла на зборот, во поголем дел е потешко да се применува во стварност. Kога сe гради и кога се бара баланс, и се сака да се изгради вистинска еколошка куќа, треба да направиме напор, често со долг временски период, за да се направат

многу пресметки и цртежи за она што се гради да биде разбирливо. За среќа, појавата на посилна свест во однос на животната средина, воведувањето на повеќе технички познавања за нови градежни технологии и примена на традиционални градежни методи, како и ориентацијата кон сонцето, резултира со сè поголем број на сопственици кои градат еколошки куќи. Секако, зборуваме за бројност која е мала во однос на другите држави, но се случува. Овие мали еко-куќи претставуваат прв чекор кон културата на одржлива и одговорна изградба. Ова не се базира само на употреба на природни материјали кои штедат енергија и кои не содржат загадувачи на животната средина, но

Биро Baufritz, Велика Британија, едносемејна куќа 24

3

ПОРТА

01 јуни 2012


одговорна архитектура Биро Baufritz, Велика Британија, едносемејна куќа

со нивното градење се воспоставуваат оази кои овозможуваат висок квалитет на живот. Има многу примери кои покажуваат колку пријатни можат да бидат еко-куќите од архитектонска гледна точка, а големиот избор на еколошки материјали им овозможува на архитектите да си одберат сопствен пристап.

ПАСИВНИ КУЌИ

Што ја прави еколошката куќа посебна? Освен изборот на градежните материјали и технологијата на градење, без двоумење тука е и употребата на обновливи извори на енергија, како и различните методи за зачувување и заштеда на енергијата. Голем број еко-куќи се опремени со колектори за вода, фотоволтажна инсталација , акумулатори, бојлери кои работат со биомаса, и ја редуцираат употребата на електричната енергија. Од пионерите што граделе еко-куќи може многу да се научи, а од нивната изградба произлегле градежни стандарди кои ја почитуваат животната средина. Ова се куќи кои, заради посебноста во нивната енергетска независност и во согласност со градежните стандарди, во некои европски земји се нарекуваат „пасивни куќи“. Енергетски независни куќи, кои

како мали хидроцентрали произведуваат повеќе енергија отколку што се потребите на самиот објект и нивните корисници, cе кулминација на развојот на еко-куќите. За нивна конструкција тие употребуваат главно природни и рециклирачки градежни материјали, а исто така применуваат и домашни градежни материјали за промовирање на регионален развој, и воспоставуваат нови начини на транспорт. Во продолжение на текстот е претставена селекција од мали еко-куќи, изградени согласно со тоа што е денес достапно на полето на архитектурата и градежништвото во различни региони и согласно барањата на идните корисници. Овие еко-куќи можеби ќе се сметаат како куриозитети уште некое време, но изградени на начин кој ја почитува животната средина ги поставуваат темелите на идните градби. Тие нè провоцираат да даваме нови предлози и решенија за нови еко-куќи.

Биро Baufritz, Велика Британија Eдносемејна куќа

Клиентите барале да изградат нова куќа за фамилија со три деца, а локацијата да е во природа. Единствено „невообичаено“

барање било да биде проектирана и изградена по еко-пријателски принципи, здрава куќа за здрав живот. Куќата е со едноставна правоаголна форма препознатлива по нејзината отвореност кон природата. Јужната страна, приземје и кат се целосно застаклени. Повеќенеменскиот дневен простор е ориентиран кон оваа страна и пред него има голема тераса. Греењето на објектот е решено со централно греење и камини, а како гориво се користат дрвени палети. За ѕидовите е употребена екстра дебела сертифицирана изолација. Фасадата е обложена со дрво. Партерот на објектот е обложен со дрвен под и чакал. Застаклените површини се поставени во алуминиумски рамки, а оградите се со челични профили. Природен камен и дрво се одбрани за обработка на ѕидовите и подовите во ентериерот. Сите дрвени ѕидни, подни и фасадни облоги се тестирани од емисија на загадувачи во воздухот CO2. Изведена е и интегрална заштита од електромагнетно зрачење кое е дел од програмата за оваа куќа. Целата фамилија, а особено младите жители на куќата се посебно задоволни бидејќи барале едноставна софистицирана куќа во природа наместо премногу луксузна куќа во населено место - град. 

3

01 јуни 2012 ПОРТА

25


одговорна архитектура Студио Bucholz McEvoy architects, Ирска

Еден од најголемите развојни проекти за домување во Даблин е во Елмпарк, а автори се архитектонското студио Bucholz McEvoy. Овој „мал град“ е планиран да се реализира како органска животна

средина, погодна за повозрасни луѓе. Моторниот сообраќај е планиран под земја, а објектите се поставени така да не се изгубат убавите визури. Објектите не се многу длабоки така што дневната светлина продира во сите простории. Проектирани се зелени заеднички градини на различни

катови дополнети со дрвени елементи и скулптури. Становите се нискоенергетски со многу мала потрошувачка на енергија. Имплементирано е централно греење со дрвени палети и соларни фотоволтажни панели. Изведен е посебен систем за управување и зачувување на енергијата. СТУДИО BUCHOLZ MCEVOY ARCHITECTS, ИРСКА

26

3

ПОРТА

01 јуни 2012


одговорна архитектура СТУДИО PICH-AGUILERA, ШПАНИЈА

Студио Pich-Aguilera, Шпанија Едносемејна куќа во близина на Барселона Тимот на Pich-Aguliera добил задача да проектира и да изгради станбен комлекс, комбинација на колективно и индивидуално домување со користење на разумно познавање за заштита на околината. Тие проектирале врз основа на програма добиена од Европската комисија за одржливи станбени објекти, каде фокусот бил насочен на енергетска заштеда, биоклиматологија и еколошки пријатна архитектура. Во дадениот пример на

едносемејна куќа, при изборот на градежни материјали се земени предвид одржливоста, рециклирањето и отсуството на зрачење на загадувачи, особено на CO2 во атмосферата и, секако, се одбрани прикладни регионални и климатски технологии. Во оваа куќа најмногу употребувани материјали се дрвото, табли од дрвени влакна и линолеум, со комбинација на алуминиум и челик. Греењето е механичко, а сите застаклени отвори имаат надворешна заштита од сонце со жалузини, комбинација од дрво и алуминиум. Сите простории се природно вентилирани, и се изведени со зелени

рамни кровови. За користење на водата се употребени современи технологии, а за греење на просториите и водата се поставени соларни и фотоволтажни панели кои се дел од целосната конфигурација на оваа еколошка куќа. Одржливоста е тестирана на употребените градежни материјали и технологии, а исто така се пресметани и сите трошоци за потрошената електричната енергија во процесот на градење, како и во процесот на производството на употребените градежните материјали и секако е тестирана и на емисијата на CO2 во атмосферата. 

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 01 јуни 2012 ПОРТА

3

27


интервју

Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља

НОВО ПРОСТОРНО ПРИЈАТЕЛСТВО

А

рхитектите, професори на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Митко Хаџи-Пуља и Минас Бакалчев се годинашните добитници на Големата награда за реализиран објект на БИМАС 2012. Според Комисијата на овогодишното биенале нивното дело СЕЛСКИ ДВОР во Велмеј, Дебарца, има педагошка сила која треба да отвори еден нов поглед на архитектонското творештво во Македонија. „Иако наизглед скромен, овој просторен асемблаж е состав на безвременското и секојдневното“, се вели во образложението на Комисијата. „Со изборот на оваа творба Комисијата одбра да реафирмира навраќање кон веќе заборавени вредности како што се заедништвото и пејзажот во секојдневното живеење, како заборавени културни обрасци. Оваа архитектура е поучна!“ Во интервју за „Порта3“, архитектите Митко Хаџи-Пуља и Минас Бакалчев зборуваат за нивниот награден проект, начинот на работа во тимот и архитектурата на овогодишното Биенале. 28

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Бојана Филиповиќ, дипл.инж.арх.

Сместени на работ на рамничарскиот предел во с. Велмеј, атриумот и перистилот на реализацијата имаат ненаметлив однос кон локацијата. Отворен кон пејзажот и врамен со колонада, втиснатиот круг станува двор, средиште, место за средба. Во нашиот разговор, архитектите го појаснија процесот зад овој проект.

 Атриумот и перистилот се архитектонски типови на внатрешни отворени простори во старата станбена архитектура, историски и искуствено дефинирани и профилирани низ времето. Сакавме тој класичен образец на двор, перистил, да го поврземе со селскиот двор од Велмеј, на границата со селото и долината и драматичните пејзажи во длабочината. Не со намера да го измениме во типолошка и естетска смисла, туку тој двор да го видиме на друг начин. Да ги видиме постојните вредности на местото, природните и создадени од човекот на нов начин. Во таа смисла сакавме да откриеме, а не да иновираме. Како еден вид инверзна археологија, да ја откриеме и реконструираме класичната тема во еден секојдневен селски двор од Велмеј. Што е она што го откривме? Еден кружен јаз, круг од вода во средиштето на дворот,

архетипска фигура која го симболизира времето и ја воведува вертикалата на светот, токму тука, на ова место, во овој двор. Една колонада, која го врамува средиштето, дава просторна дефиниција, го издвојува местото од околината, но едновремено го кадрира пејзажот на нов начин. Една улица која ја продолжува селската улица, прави палимпсест од траги, влегува на едната страна во дворот и излегува кон долината на другата страна. На тој начин, сите елементи кои постоеја добија одредена самосвесност: дворот доби средиште; границите рамка, колонада, која внатрешно го дефинираа дворот, но и го кадрираа околниот пејзаж; селската улица продолжувајќи низ дворот стана променада, врамена со колонада и засенета со лозница.

Во вашето излагање на БИМАС 2012 споменавте дека оваа архитектура „произлегува од секојдневието“. Каква е нејзината поврзаност со потребите на семејството Илоски и живеењето на заедницата?

 Архитектурата треба да тргнува од секојдневниот живот, да му помага, да го поддржува, но архитектурата е и оној


интервју Митко Хаџи-пуља

„СЕЛСКИ ДВОР“, ВЕЛМЕЈ, ДЕБАРЦА

механизам преку кој нашето секојдневие се впишува во времето, добива одговорност, се огледа во вечното. Камените ѕидови на селските куќи одговараат на потребата да се опстои на одредено место, но и сведочат за намерата, вештината, чувството каменот да се претвори во една самосвојна вредност која ќе опстои низ време. Архетипските фигури на тие стари куќи сведочат за суштественото во архитектурата. Семејството Илоски е едно од ретките што сè уште не само што ги одржува корените со селото, туку сака да придонесе и за своето присуство во него и за целината на заедницата. Тој е приватен двор, меѓутоа и двор кој во одредени пригоди се отвора кон околината и го поддржува, пропушта или дури и го создава селскиот живот. Во неколкуте фотографии од животот во дворот направени од сопственикот Илија Илоски, по повод Велигденската црковна литија, гледаме како од црквата Св. Богородица Пречиста, народот преку полето пристигнува во дворот.

проектот е согледан не само од естетски аспект туку и преку интеграција со она што го опкружува. Каква е

Минас Бакалчев

комуникацијата на атриумот со руралниот пејзаж и дефинираниот контекст?

 Овој селски двор станувајќи перистил, на одреден начин се реконтекстуализираше, се издвои од околината, добивајќи просторна и визуелна граница, но и околината доби своја враменост. Волшебната долина е кадрирана во низа интервали помеѓу столбовите на колонадата, безграничноста на природата добива човечка трајност. Класичните теми користени во проектот, повикувањето на архитектонскиот тип перистил и колонада, не се сами за себе цел, архитектурата не се исцрпува во нивната фигуративност, не се прикажуваат само како една архитектонска реторика, туку упатуваат на нивното значење кое е зад нив, на нивната временска длабочина, поточно на нивниот архаичен и безвременски аспект. Токму преку таа а-историчност сакавме да ги видиме вредностите во селото Велмеј, не само како питорескни слики на еден заборавен предел, туку како едно живо наследство, длабоко вкоренето во почвата и времето, кое можеби помалку покажува но многу повеќе обврзува. Така, преку методата „инверзна археологија“, ако еден двор

се претвора во архитектонски тип, перистил, тогаш од селото ќе изникне скриената палата. Токму таа вредност на местото сакавме да ја истакнеме. Дворовите во селото не треба да се класични перистили за да се разбере нивната вредност, полезност, поетичност, ниту селата да станат палати, туку треба ние да станеме свесни за конкретните материјални, просторни и природни вредности кои ги имаат.

Кој е клучниот пристап за материјализацијата на проектот?

 Се повеќе гледаме во материјалот како суштествен носител на архитектонскиот простор. Со материјализацијата сакавме да го поддржиме, но и предизвикаме воспоставениот материјален, сетилен ред на местото. Композицијата на материјалите во овој проект, со себе носи одредена противречност во однос на местото и темата. Употребени се „реди мејд“, метод и технологија на префабрикувани армирано-бетонски елементи, столбови кои по својата природа, идеологија, историска практика се спротивни на 

3

01 јуни 2012 ПОРТА

29


интервју интервенциите во мало мерило. Тоа се типични модернистички системи на градба. Но, токму тие готови елементи се претворија во столбови на колонадата, а нивната материјалност од природен бетон во продолжение на материјалниот пејзаж на местото. Наспроти готовите елементи, камените ѕидови и подови се од локален травертин на Велмеј, местен од една тајфа од Пустец, Мишко, Василе и Лазе. Во нивна изведба материјалот доби карактер на една лична ракотворба.

Како може да се опише пристапот кон вашата работа? Дали процесот на проектирање e тимска работа?

30

3

ПОРТА

01 јуни 2012

 Неодамна во еден разговор, нашиот пријател Роберт Михајловски искажа едно мислење за уметноста: уметноста е борба. Ми се допадна тој став и начинот на кој е кажан, онака искрено, непретенциозно, непатетично. И, ако би можеле слободно да го толкуваме, тоа би го кажеле и за архитектурата, за архитектонскиот проект, како борба со себе, со другите, со околината, но за сите нас заедно. Идеите се искажуваат лично, но нивниот дијалог е заеднички. Настојуваме процесот на проектирање да го оставиме отворен до крајни граници. Како секогаш да исчекуваме нешто. Дури и во текот на изведбата неизвесноста

може да биде поттикнувачка. Секако, тоа секогаш не е можно, ниту одобрувано од другите учесници на процесот. Но, дури кога проектот се прифати како заеднички предизвик, во кој секој момент може да се преиспита и предизвика, дури кога се излезе од рамките на работа која треба да се заврши, кога станува заедничка желба и страст за сите учесници, дури тогаш се можни автентични вредности.

Дали некогаш се навраќате на местата на вашите реализации и правите осврт на тоа како тие се прифатени?

 Александар Серафимовски за една своја ретроспективна изложба беше пред


интервју

голема дилема, како да ги прикаже своите антологиски дела кои во меѓувреме така драматично и насилнички се изменети. Како, култната слика од шеесетите, кулата покрај кејот на реката Вардар, да ги претстави денес кога се толку изменети од поединечните спонтани трансформации како и од третманот на целината? Се одлучи да ги претстави двете состојби, проектираната и тогаш постојната. Тоа е проблемот на архитектурата, таа нужно опстојува во време, не е замрзната слика во времето, но трансформациите во неа треба да се во дијалог со архитектурата во која се случуваат. Се плашам дека денеска имаме само фрагменти на монолог. Дури и во рамки на едно дело, се помалку авторската идеја е суверена и релевантна за неговиот краен исход. Таа подвоена реалност на архитектурата, на архитектот,

публиката и клиентот, укажува на кризата на целата култура во која дијалогот е последното нешто на кое се навраќаме.

Какви се вашите впечатоци од БИМАС 2012 и годинашната тема на архитектонска дискусија?

 Биеналето на Македонската архитектура е преглед на двогодишната архитектонска продукција и е значајна по самата панорама на рецентното архитектонско дело. Но, таа никогаш не треба да остане на тоа, туку треба да формира тема и со тоа да предизвика дискурс за одредени прашања на архитектурата. Да биде рамка на една активистичка, животна положба во однос на самата архитектура. Во таа смисла, двете вечери посветени на темата Архитектура на секојдневниот живот се најсветлите моменти на овогодишното Биенале.

Предавањето на професорот Гоце Аџи Митревски, за цртежот како секојдневно искуство, и промоцијата на книгата-каталог „Повторно наоѓање на градот/Б2 град“, од изложбата на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методи“, на првото архитектонско биенале во Солун, се два важни настани. Особено поттикнувачка беше втората вечер, мозаик на искажувања на низа автори за своето дело на планот на архитектурата на секојдневниот и за секојдневниот живот. Овие две вечери покажаа дека она што недостасува е живиот збор и личниот став за сопственото дело. Укажаа на важноста за формирање на една артикулирана самосвесна домашна сцена и архитектура која не е заднина на различните затапувачки говори, промоции, критики, контра-критики, туку дека се состои од активни личности, мислења и дела. 

3

01 јуни 2012 ПОРТА

31


архитектура

БИНА 2012 - Енергија на градот м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)

У

ште еден од настаните што ја одбележа пролетта кога е во прашање архитектурата, секако, е и белградската интернационална Недела на архитектура. Во периодот

од 19 април до 4 мај, на територијата на Белград, посетителите имаа можност да присуствуваат на различни содржини. Колку и да е градежниот сектор во криза, што може да се забележи на секој чекор, се чини дека архитектонските

настани не недостасуваат во главниот град на Србија. После манифестациите „Денови на Орис“, Саем на одржлива изградба, Салон на архитектура, Саем на градежништво, на ред дојде и Недела на архитектурата. Седма по ред, белградската интернационална Недела на архитектура, позната како манифестација БИНА, се одржа под слоганот „Енергија на градот“. Според зборовите на организаторот, „градот го прават неговото природно опкружување, мноштвото разновидни куќи, мрежата од улици и отворени простори, комуналната инфраструктура, како и различните луѓе кои го населуваат и градат, поврзувајќи се во општествени, културни, политички и економски системи. Со заемно дејствување и со размена помеѓу природата, градот и луѓето, се создава енергија која го одржува градот и која е неопходна за неговиот развиток“. Она по што се разликува БИНА од останатите настани, покрај времетраењето на манифестацијата, претставува квантитетот и различноста на содржините. Оваа година, како основен мотив на

„Педесет години на архитектурата на Лондон“ 32

3

ПОРТА

01 јуни 2012


архитектура

Стариот генералштаб

изложбата се најде градот, поточно неговата енергија, па и првата тематска групација на настанот - изложбата беше фокусирана на градот. Централната изложба беше наречена „Педесет години на архитектурата на Лондон“. Во галеријата „Прогрес“ на улица Кнез Михајлова, посетителите имаа можност да ги видат најважните примери на лондонската архитектура во последните педесет години. Со јасна поделба по декади, можеше да се види еволуцијата на архитектонскиот израз што го следела градот со величина на Лондон, преку повоената обнова, со големи и масивни објекти на брутализмот, хајтек архитектурата на Ричард Роџерс, до најсовремените дела на Заха Хадид и Ренцо Пијано, кои моментално градат во Лондон. Бидејќи централната тема беше градот како целина, на манифестацијата беа повикани предавачи кои од агол на градски авторитети раскажуваа првенствено за последната урбана трансформација на Лондон заради овогодишните Олимписки игри. Една од најинтересните изложби беше „Текстура на архитектурата на Берлин“, која настана сосема спонтано како реакција на впечатоците од патувањата во Берлин,

градот што стана еден од најзначајните претставници на европската современа архитектура. Архитектурата на овој град беше претставена на многу едноставен начин, но не низ призма на архитектонски објекти туку низ архитектонски текстури, фасади и импресии. Изложбата се состоеше во голем број фотографии на фасади кои се наоѓаат во Берлин, без можност на согледување на обликот на целиот објект туку само сегменти од неговата фасада,

што дава фокус на архитектонски елемент - текстура која често е ставена во втор план кога се посматра архитектурата. Освен овие две изложби, посетителите имаа можност да ја видат и изложбата „Необичен свет“, што претставува комбинација на фотографии, макети, станбени блокови и филмови. Тука се прикажаа објекти кои настанале во различни политички периоди, а повеќето од нив не се веќе во функција: Querbar,  „Текстура на архитектурата на Берлин“

3

01 јуни 2012 ПОРТА

33


архитектура Питер Бишоп

Ташмајдан

„Шетачки град“ „Шетачки град“

34

3

ПОРТА

01 јуни 2012


архитектура каде беше претставено бирото Querkraft од Австрија, со необичен концепт на изложба со централен елемент - бар, каде се служи вино и архитектура; „Разгледници од Европа“, која имаше за цел да укаже дека постои проблем во архитектурата и се однесуваше на заминувањето на стручните лица од Србија, и да ја претстави работата на осум архитекти кои потекнуваат од овие простори, но работат во други средини во рамки на професионалните и академските институции; „Годишни награди за архитектура и архитектонски и урбанистички конкурси“ кои претставуваат постојан програмски дел на Недела на архитектурата. Првиот дел е посветен на годишните награди за архитектура, а вториот дел овозможува увид во наградените конкурсни проекти. Втората целина се однесуваше на предавања кои оваа година беа многу разновидни. Паралелно со изложбата „Педесет години архитектура во Лондон“, гостуваа тројца предавачи од овој град. Петер Бишоп, заменик извршен директор на Агенцијата за развој на Лондон, кој зборуваше за транформацијата на дел од Лондон каде ќе се одржат Олимписките игри. Тој објасни дека трансформацијата на градот е многу сложен процес, и дека самата трансформација не е битна само додека траат Олимписките игри, туку најважниот процес ќе започне после Олимписките игри и ќе трае следните триесетина години затоа што основна цел е трансформираната зона да не стане урбано острово во опкружувањето во кое веќе се наоѓа неговиот интегрален дел. Вториот предавач од Лондон беше Марк Брерли, кој бил директор на Службата за проектирање на Лондон во 2008 година. Неговата функција одговара на функцијата градски архитект во Белград, тој координира со урбаните проекти и со менаџментот на урбаните промени. Тој зборуваше за искуството на Лондон и архитектонското влијание во домот на кризата, како да се работи во тешки моменти кога голем број инфраструктурни проекти мора да се сопрат. Според неговите зборови, кризата добро влијаела врз остварување на голем број микроурбанистички проекти од јавен простор, кои имаат за цел подобрување на животот на жителите во Лондон. Третиот предавач од Лондон беше Мајк Тејлор од архитектонското студио „Хопкинс“. Тој го претстави проектот на Велодромот за Олимиските игри што го сработи студиото „Хопкинс“. Посетителите имаа можност да слушнат како настанала идејата за проектот, како е направен објектот што претставува технолошка иновација во областа на

спортската архитектура, а во исто време користи наједноставни можни принципи. Покрај гостите од Лондон, во текот на Неделата на архитектура зборуваа и архитектот Бранислав Митровиќ, кој го претстави своето видување на енергија која ја има Белград, архитектот Петар Заклановиќ, кој веќе со години работи во холандското студио КСАР. Тој зборуваше за перспективите на изградба на трет Белград, на северниот брег на Дунав, како и за урбанистичките проекти на кои учествува, главно во растечките градови во Азија. Архитектонското биро „ТИМ 8“ го претстави својот проект за станбеноделовен комплекс со социјално домување во населбата Овча во Белград. Дејвид Грејем Шејн од Соединетите американски држави, зборуваше за глобалната перспектива која ја следи појавата на урбаниот дизајн како глобален феномен. Орхан Есен, архитект од Турција, зборуваше за развојот на Истанбул од 19 до 21 век. Се одржа и трибина во сеќавање на архитектот Ранко Радовиќ (1935-2005), а беа претставени и книгите: „Во идеи“ на авторот Милош Комлениќ, „Српски архитекти 2000-2010“ на Анамарија Ковенц Вујиќ, „Традицијатранзиција: употреба на наследството во архитектурата“ на Борислав Петровиќ и Иван Рашковиќ и „Филозофија на архитектурата“ на Ендрју Бенџамин. Темите на овогодишните предавања првенствено беа град, големи инфраструктурни проекти, трансформација и развој на градовите, повеќе отколку фокусирање на поединечни проекти. За посетителите што беа спремни поактивно да земат учество во овој настан, беа организирани работилници. Почнувајќи од работилницата за деца „Анимиран град“ што се занимаваше со перцепцијата на градот во свеста на децата; „Град и светлост“ каде учесниците правеа макети на Белград и Лондон и имаа можност да се запознаат со структурите на овие градови, положбата, односот спрема реката и потрошувачката на енергија; „Шетачки град“ каде децата облекуваа куќи од картони кои претходно ги направиле. Свои работилници имаа и средношколците и студентите. Учениците од средните училишта своето познавање од архитектурата можеа да го дополнат низ работилницата „Архитектонски приказни“, која имаше за цел да ги поттикне младите да размислуваат за просторот и градот во кој живеат; „Креативна употреба на градот“, истражувачка работилница каде што се испитуваа начините на користење на слободното време во јавниот градски простор. Студентите учествуваа во две работилници, „БИНА кабина“,

за употребата на евтини индустриски компоненти за изградба на павилјон и „Познато - видено со други очи“, потрага за простор со недостаток на интеракција и архитектонска интервенција на истите. Секако, најинтересен дел на овогодишната Недела на архитектура беа турите низ Белград. Она што ги разликуваше турите низ Белград во текот на оваа манифестација од класичното туристичко разгледување е начинот на кој се доживува градот, како и ексклузивноста на локациите. Пред сè, посетителите имаа можност да прошетаат низ каменоломот од римско време, на кој Турците му го дале називот Ташмајдан, каде се наоѓало засолништето на белграѓани во Првата светска војна и подземното засолниште на Вермахтовата Команда за југоисток во Втората светска војна, во придружба на новинарот Зоран Николиќ кој веќе со години се занимава со наследството на Белград со фокус на подземни објекти кои ги има многу; „Тура низ подземен Белград“ ги вклучи посетите на Римската дворана, бункерот од времето на Информбирото, Барутниот магацин и винскиот подрум од 19 век. Организирани беа и турите по Савскиот брег, Алејата на новите гробишта, Индустриските објекти во Белград, Воените објекти во центарот на градот и во затворените воени комплекси. Посетителите, во рамки на турите на посета на воените објекти, имаа можност да ја видат и реконструираната голема сала во зградата на Стариот генералштаб, каде за време на Втората светска војна бил сместен оперативниот штаб на Гестапо, а денес се наоѓа Воената разузнавачка агенција. Освен тоа, посетителите можеа да ги видат и најзначајните градби кои биле библиотеки и факултети, згради кои се проектирани како печатници, да ги посетат најзначајните локации на денешен Белград, како и да се запознаат со изгубеното наследство на Белград, локациите каде што се наоѓаа објектите како Народна библиотека, зградата на Јован Панџела, Ичкова куќа или Масонскиот храм во Јакшиќевата улица. Белградската интернационална Недела на архитектура имаше многу богата содржина, каде на најдобар можен начин е претставена енергијата на градот и историјата на Белград. Благодарејќи на обемната содржина и програма беше многу тешко да се посети сè она што овој настан им овозможи на посетителите. Одлично организиран настан со бесплатни содржини за различни групи на посетители, како што е белградската интернационална Недела на архитектура, покажува зошто е тоа еден од најзначајните архитектонски настани кои ги има Белград. 

3

01 јуни 2012 ПОРТА

35


одржлива архитектура

Градба со сламени бали Современиот пристап за градба со сламени бали почнал да се развива во доцните седумдесетти години од дваесеттиот век, по енергетската криза од 1973 година. Денес, градбите од сламени бали никнуваат насекаде низ светот, од Канада, Монголија, Русија, Словачка, па до Мексико, Германија, Австралија и Нов Зеланд. Димитар Самарџиев

Г

радбата со сламени бали, како градежна техника и пристап својствен за одржливата архитектура, со текот на времето се распространува низ целиот свет, поради достапноста, исплатливоста, обновливоста, исклучителната термоизолациска вредност и ред други полезни својства на материјалот. Токму овие атрибути беа повод за дводневниот настан на Архитектонскиот факултет во Скопје, составен од предавање, работилница, изложба, проекција на документарен филм и отворен разговор на темата Градба со сламени бали. За таа цел беше повикана Сиси Хајн, архитект и експерт за методите и техниките на градба со сламени бали, како еден од аспектите на одржливата архитектура. Таа беше носителката на настанот, како претставничка на германската Асоцијација за градба со сламени бали - ФАСБА. Настанот беше организиран од Г.О. Зелена

36

3

ПОРТА

01 јуни 2012

арка, Скопје, во соработка со Друштвото за македонско-германско пријателство и соработка, Скопје, а со пријателска поддршка од Гете институт, Скопје, и Архитектонскиот факултет, Скопје. Гостинката од Германија најнапред ја отвори изложбата со плакати кои ги прикажуваат разните аспекти на градбата со сламени бали. Потоа, одржа предавање и презентација во амфитеатарот, со кус историски вовед, по што понуди јасен преглед на својствата на сламените бали како градежен материјал, како и темелен осврт на основните техники за градба со сламени бали. Следниот ден во дворот на Архитектонскиот факултет, Сиси Хајн со помош на членовите на Зелена арка и активното учество од страна на студентите и останатите заинтересирани луѓе ја одржа работилницата, на која сите учесници практично можеа да ги испробаат основните техники за изградба на ѕид од сламени бали. Вечерта по

проекцијата на документарниот филм „Сламени глави“ од Хајди Шнел се отвори разговор меѓу Сиси Хајн и присутните во амфитеатарот на темата Градба со сламени бали, при што учесниците можеа да дознаат уште подробности во врска со тоа што конкретно ги интересираше. Документарно-едукативниот филм „Сламени глави“ од 2004 година, го прикажува современиот развој на ваквиот градежен метод во Германија. Се набљудува градбата на една куќа од сламени бали во Долна Саксонија, а преку понатамошни примери на куќи од сламени бали се објаснуваат и соодветните техники. Преку интервјуата со сопствениците, градителите, архитектите и експертите се разговара за многу важни прашања поврзани со тоа како да се намали еколошкиот отпечаток при изградбата со помош на сламените бали како одржлив и обновлив градежен материјал. Модерниот пристап за градба со сламени


одржлива архитектура бали првично бил применет во САД, поточно во Небраска, при крајот на 19 и почетокот на 20 век. Во тоа време биле произведени првите машини за балирање, а во регионот Сендхилс недостигало дрвна граѓа за изградбата на амбарите и домовите. Куќите од сламени бали на почетокот ги сметале за привремени градби, но набргу се докажале како удобни, издржливи и исплатливи, така што почнале да ги сметаат за трајни домови. Во текот на минатиот век куќите од сламени бали надживеале многу соседни згради со дрвена конструкција, а голем број се користат и денес. Најстарата куќа

од сламени бали во Европа е изградена во 1921 година, се наоѓа во Франција и во неа живее третата генерација од семејството што си ја изградило. Современиот пристап за градба со сламени бали почнал да се развива во доцните седумдесетти години од дваесеттиот век, по енергетската криза од 1973 година. Денес градбите од сламени бали никнуваат насекаде низ светот, од Канада, Монголија, Русија, Словачка, па до Мексико, Германија, Австралија и Нов Зеланд. Градителите сè позачестено го одбираат токму овој

градежен пристап поради тоа што е заснован врз евтин и обновлив земјоделски нуспродукт - сламените бали - методот за градба е релативно едноставен, па и почетнците може да го применат. При обработката на сламените бали се употребуваат малку синтетички хемиски средства, а нудат изолација која штеди енергија, па затоа им расте популарноста како градежен материјал, особено меѓу оние што сакаат самите да си ја изградат куќата и другите поддржувачи на одржливиот начин на живот. Градбата со сламени бали нуди здрави

и издржани градежни решенија кои не се штетни за животната средина. Растителната маса во составот на сламените бали во себе заробува одредено количество СО2 од атмосферата. Количеството енергија што се троши за производство на сламените бали е дури сто пати помало од количеството енергија потребна за производство на минерлна, стаклена и камена волна, полистирен или полистирол. Благодарение на врвните изолациски својства сламените бали, во контекст на дизајнот за пасивна соларна градба, значително ја намалуваат потрошувачката на енергија и со тоа го намалуваат испуштањето на штетни

гасови во атмосферата. Градежниот пристап при употребата на сламените бали, најчесто подразбира комбинирана примена и на други природни и обновливи градежни материјали како што се дрвото, глината, земјата, каменот и останатите материјали кои не содржат во себе штетни состојки по здравјето и околината. Асоцијацијата ФАСБА има околу 130 членови и работи како непрофитна организација со седиште во германското еко-село Зибенлинден, со цел да понуди постојана и ефикасна рамка за отворена соработка меѓу луѓето што се посветени на градбата со сламени бали. ФАСБА се

залага за слободен пристап до сите знаења поврзани со градбата со сламени бали, без ограничувања во облик на дозволи или патенти на соодветните градежни методи и техники. Како резултат од тоа што ФАСБА спроведува бројни научни истражувања и тестови на сламените бали како градежен материјал, уште во 2004 година успеваат, први во Европа, да добијат сертификат кој ја одобрува нивната употреба како материјал за исполнување на ѕидовите. Преку овие активности претставниците на ФАСБА дејствуваат како водечки познавачи и промотери на градбата со сламени бали во Германија и на меѓународен план.

3

01 јуни 2012 ПОРТА

37


репортажа

Јужна Африка

Ми недостасува Јоханесбург Александра Петровска, дипл.инж.арх. (специјално за Порта3 од Јоханесбург)

П

рвпат кога стапнав на почвата на Јужна Африка, во Јоханесбург, после девет и пол часовен лет, не ни очекував дека ќе го помислам ова - ми недостасува Јоханесбург. Но, Јоханесбург успеа да ме освои и да ги надмине моите очекувања, секако, со неговите позитивни и негативни карактеристики на постоење. Ми недостасува пространството низ кое се протега овој тримилионски град, каде што и најкратката дестинација со автомобил не изнесува помалку од 15 минути, каде што и во најголемиот сообраќаен метеж, пред и по завршување на работното време, улиците се полни, но сообраќајот си врви во најдобар ред, без застој и без свирежи на нервозните возачи. На раскрсниците, малите црни продавачи на сè и сешто, потсетуваат на скопското секојдневие, и иако сум десетици илијади километри далеку од дома, не се чувствувам

38

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Nelson Mandela Square

толку оддалечено. Не постои метро, ни тролејбус, па повеќето жители се возат со автомобили, а многу поретко со градски превоз, а туристите користат рент-а-кар. Ми се допаѓаат пешачките надвозници изведени во стилот на Калатрава, но сепак тука нема нов, значаен објект испроектиран од светски познато архитектонско име. На мое големо задоволство, се градат објекти во современ, модернистички стил, и иако се проекти на локални архитектонски студија, имаат примеси, влијанија од современите и реномирани светски архитекти како што се Рем Колхас, Френк Гери, Сантијаго Калатрава... Возејќи се покрај индустриската зона на градот, немам чувство дека проаѓам покрај разни машински и производствени погони. Фасадите се приказна за себе интересни идеи, едноставно изведени, без пренатрупаност и без премногу колоритност, истовремено гордо ја прикажуваат функцијата на објектот, а

сепак го немаат оној карактеристичен, стандарден изглед на фабрики. Мали фабрики до кои се стигнува преку долг дрворед и симпатични настрешници на паркингот за автомобили, им го разубавуваат секој почеток на работниот ден на работниците. Веднаш помислив колку посреќни би биле македонските работници кога би работеле во вакво опкружување - секојдневно проаѓање покрај шума, пауза на клупа во убаво уредена градина на фирмата и обезбеден паркинг-простор за сечиј автомобил.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Трагите од Светското фудбалско првенство одржано во 2010 година во Јужна Африка сè уште се свежи, почнувајќи од грандиозните стадиони изградени за таа намена, од кои главниот стадион собира и до 80.000 гледачи, и кој главно после првенството се полни само за концерти на светски познати ѕвезди и 


репортажа

Soccer City Stadium, Јоханесбург

Rosebank Rosebank

Nelson Mandela Square Design quarter

3

01 јуни 2012 ПОРТА

39


репортажа

Пешачки надвозник во стил на Калатрава

предизборни митинзи. Тука се и огромните панорамски тркала, чии кошници се направени во вид на фудбалска топка, па сè до вувузелите што сè уште можат да се најдат по рафтовите во продавниците.

ТРГОВСКИ ЦЕНТРИ

Во Јоханесбург трговски центри има во изобилство, секако, не служат само за шопинг, тие содржат и киносали, театри, казина, хотели, канцеларии, изложбени простори, а најубавиот дел претставува плоштад, кој е сместен околу трговскиот центар. Мене голем впечаток ми остави плоштадот „Нелсон Мендела“ во трговскиот центар Сандтон. Плени со едноставност, не е пренатрупан со

40

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Станбено домување

стандарден инвентар за плоштади, има само две клупи за седење, мали ресторани од двете страни и библиотека наспроти грандиозната скулптура на големиот Нелсон Мендела. Блиску до скулптурата има и фонтана која не е преголема, и е на ниво на пешачката патека, па така ако се занесеш и не внимаваш лесно може да „влезеш“ во фонтаната. Ми недостасува и трговскиот центар Design Quarter, наменет за салони за мебел, проектантски бироа и продавници со роба наменета за уредување на домовите. Функцијата на овој центар се насетува уште при неговата влезна партија - архитектонски минималистички уреден, но ефектен. Мис Ван Дер Рое

тука навистина би го почувствувал неговото мото „Помалку е повеќе“. Во неговата внатрешност преовладуваат стаклени површини, но не се чувствува презаситеност бидејќи одлично се вклопени со останатите делови изведени од друг материјал. Тука има и неколку кафулиња и кафе ресторани, кои се вклопени во целокупниот убаво спакуван дизајнерски кварт. Некои од нив се дури и тематски уредени. За да се доживее атмосферата во нив, потребно е да се присуствува лично, зборовите се одвишни.

КВАРТОВИ

Како и секоја светска метропола, и Јоханесбург има уметнички дел со галерии


репортажа Панорамско тркало

каде најчесто свои дела изложуваат локални уметници, а поретко европски уметници. Ја издвојувам галеријата CIRCA on Jellicoe Gallery како одличен пример за архитектонско галериско решение, и како вљубеник во неверојатните перспективи кои ги нуди, движејќи се по рампата од приземјето кон катот. Места за воодушевување има многу и за сечиј вкус, а секој кварт е приказна за себе. Ќе го издвојам квартот Rosebank, како еден од најновите квартови, кој мене ми остави најсилен впечаток. Движејќи се низ него, имав чувство како да се движам низ кварт во европска метропола. Улиците не се прешироки, дури може да се наречат и „улички“, нема многу паркинг места,

објектите се смели и интересни, а цените на апартманите - солени, од еден милион евра па нагоре. Престиж е да се живее во овој дел и со право е така. Инаку, освен ексклузивно апартманско домување, постојат и други видови на домување. Богатото население живее во поелитни населби со куќи, најчесто приземни или со плус еден кат, заградени со високи ѕидани огради, кои најчесто завршуваат со ограда со електрична струја, како превенција од напади и крадци. Средната класа живее во помали куќи, најчесто изградени во низа, без премногу претпазливи елементи за сигурност. Центарот на градот е исполнет со високи згради. Постојат и т.н гета за дел од најсиромашното црнечко

CIRCA on Jellicoe Gallery

население, кое живее во објекти налик и големина на стандардна гаража, најчесто без струја и вода. Овие гета се изолирани и изгледаат како да се фрлени среде пустелија, а до наредното најблиско населено место има неколку километри. Сето ова ме потсеќа дека апартхеидот и не е многу далечно минато за оваа држава, но работите се менуваат од ден за ден, а сонцето како никогаш да не престанува да грее, иако веќе е длабока есен. Има уште многу да се раскажува, но ќе ве оставам да го ставите овој град на вашиот список на следни дестинации и нема да зажалите. Јас секако повторно ќе го ставам на мојот список, ми останаа уште многу нешта недоживеани. 

3

01 јуни 2012 ПОРТА

41


дизајн

i salONi 2012, милано

ДИЗАЈНИРАЈТЕ И УЖИВАЈТЕ ПО ТЕРКОТ НА МОДНИТЕ ТРЕНДОВИ ВО МИЛАНО

В

о претходните два броја на „Порта 3“ прочитавте што се случуваше на I Saloni 2012 во Милано во месец април, наречен месец на дизајнот. Како и секоја година така и оваа, тимот на „Биро Проект“ беше дел од овие еуфорични случувања, па така во следните два броја ќе Ви го пренесеме искуството и модните трендови за претстојната година. Како што беше спомнато, саемот беше составен од шест изложби - дизајн, модерна, класика, бањи, кујни и изложувањето на неафирмираните

42

3

ПОРТА

01 јуни 2012

млади таленти. Во овој број ќе се задржиме на биеналните изложби, кои се менуваат секоја година, а тоа се бањите и кујните.

куЈни

Кујната како најкомплексен простор за опремување во домот оваа година доживеа мала промена. Повеќегодишната „статичност“ во смисла на формата е сменета и станува многу подинамична. Висечките елементи сè поретко се во рамна линија, забележувавме разигрување во смисла на поставеноста, играње со висините, комбинација со поживи бои,

Оваа година како саемски новитет на сите штандови можеше да се забележи присутноста на каменот како материјал, било да е природен или вештачки Сандра ДонЧева ТеоХарова, дипл.инж.арх. (специјално од Милано за Порта3)

игра на празно и полно, како и употребата на природните материјали дрво и камен во комбинација со метал, сјаен медијапан и стакло. Употребата на природните материјали доминира во секоја смисла, а „островото“ е навистина нагласено, па ретко можеше да се забележи кујна која не е решена на овој принцип, каде мијалникот или шпоретот се поставени на „острово“, па така кујната навлегува сè повеќе во зоната на дневниот престој. А над шанковите или „островата“, се поприсутно е поставувањето на XXL светилки кои изгледаат смело и импозантно во целокупниот ентериер.


дизајн Она што веќе полека се менува како тренд е изоставувањето на сјајниот медијапан, сè повеќе до израз доаѓа матираниот медијапан, како и се почестата употреба на металот како улога во разигрување на елементите. Оваа година како новитет на сите штандови можеше да се забележи присутноста на каменот како материјал, било да е природен или вештачки, па така

работните плочи често беа направени токму од камен. Ледот светилки како и минатата година беа застапени во сите внатрешни елементи на кујната или како скриено светло кај шанковите. Во поглед на боите во изборот на дизајнот на кујната, најчеста е употребата на белата боја во комбинација со дрвото, но присутна е и употребата на живи бои, особено

жолтата и црвената боја. Отворањето на вратичките беше со механизми на допир, вградени алуминиумски рачки, надградни алуминиумски рачки, жлебови на самите вратички наместо рачки, како и се поголемата примена на принципот на мал испуст на вратичките по вертикала што е и навистина поекономично (со изоставување на механизмите на допир). 

3

01 јуни 2012 ПОРТА

43


дизајн

БАЊИ

Посетата на халите наменети за бањи беа вистинско уживање, можеби затоа што претставуваа навистина големи и совршено уредени простори, кои не служат само како простори за извршување на хигиенските потреби, туку служат и за одмор и уживање. Можеа да се видат најразлични асесоари, 44

3

ПОРТА

01 јуни 2012

I SALONI 2012, МИЛАНО

уникатни радијатори, сауни, џакузи... Како материјал во бањите беше присутен мермерот и каменот како новитет (природен или вештачки) на површината на ѕидовите или пак како материјал за изработка на мијалниците. Кадите се самостојно поставени во средина на просторот со обли форми, а туш кабините и славините беа

вистинска уметност за гледање. Стаклените транспарентни прегради на туш кабините се присутни и оваа година. Асортиманот и квалитетот на изложените работи, кои беа прикажани во категоријата бањи, уште еднаш ја зацврстуваат оваа категорија како референцијална точка на еден од клучните сектори во италијанскиот животен стил. 


дизајн

www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk

3

01 јуни 2012 ПОРТА

45


рубрика

Б

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk

46

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk


рубрика

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk

3

01 јуни 2012 ПОРТА

47


технологии

Архитектите на Фејсбук

Сервис прифатен од архитектонската фела Сер Норман Фостер, Заха Хадид, Даниел Либскинд, Рем Колхас, се само дел од архитектонските првенци на денешницата кои се присутни на Фејсбук. Неговата популарност расте без оглед на пикантериите околу корпоративните активности. Трајче Стојанов, дипл.инж.арх.

„Ф

ејсбук“ е во центарот на вниманието изминативе две недели. Долго очекуваната јавна понуда на акции конечно се оствари (на 18 мај). Акциите што се нудеа по 38 долари ја поставија вредноста на компанијата на 104 милијарди долари. Марк Цукерберг, 27-годишниот основач на сервисот стана инстант милијардер. И тогаш стигна потопот. Акциите набргу почнаа да тонат (до моментот на пишување на текстот, акциите изгубија 20% од својата вредност). По се изгледа, „Фејсбук“ е преценет. Во меѓувреме се појавија најави за тужби

48

3

ПОРТА

01 јуни 2012

против „Фејсбук“, Марк Цукерберг и Морган Стенли (банката што ја водеше јавната понуда) за наводно прикривање на важни финансиски информации од своите инвеститори. И повторно Ворен Бафет, пророкот од Омаха, најпрославениот инвеститор во светот, се докажа на дело. Прашан дали ќе инвестира во „Фејсбук“ кога ќе излезе на берза, тој одговори дека никогаш нема да инвестира во компании од типот на „Гугл“ или „Фејсбук“, од проста причина што не може да ја процени нивната вредност. Токму тоа. „Фејсбук“ се мачи да ја постави својата вредност што повисоко. Во меѓувреме, одникаде се појави информација дека Марк Цукерберг се ожени. Свадбите се весели моменти.

Но поради тајмингот и поради венчалните фотографии без емоции, се појавија шпекулации дека тоа е уште еден спин, трик за да се покаже дека Марк созреал, дека „Фејсбук“ го води сериозен човек, а сè во обид да се стопира понатамошниот пад на акциите. Да нема забуна, Фејсбук со своите 900 милиони корисници е секако профитабилен, а со тоа и перспективен. Потресите на берзата не можат да го згаснат. Едноставно, Фејсбук е длабоко навлезен во нашето секојдневие. Дури и како професионалци, тој ни помага во нашата работа. Но, како Фејсбук е корисен за архитектите? Во својот напис „Фејсбук: Користење на социјалните мрежи за да се добијат/задржат проекти и талентирани


технологии

кадри“, објавен на веб страницата на Американскиот институт на архитекти (AIA), Џонатан Сагс ги објаснува подрачјата каде Фејсбук навистина е корисен: • Неверојатно брзо и ефикасно регрутирање на кадар. Огласите преку мрежата се шират исклучително брзо, а потенцијалните кандидати без разлика на нивното престојувалиште се пријавуваат скоро инстантно; • Ефикасна комуникација помеѓу членовите на тимовите, клиентите и соработниците; • Маркетиншка промоција преку поставување на огласи и корпоративни веб/инфо страници итн. На крај тој вели: „Од регрутирање преку

градење на брендот до завршување на работите, Фејсбук е алатка што никој не може да си дозволи да биде без неа. Приспособувањето на неа и забавувањето, често може да создаде вистински тип на колаборативна средина, што впрочем ја направи оваа социјална мрежа огромна денес. Присуството на Фејсбук може да ја направи вашата работа не само подостапна, туку дозволува пристап до целокупната поддршка и информации, што ќе ви помогне вашата дејност да расте, цути и да биде профитабилна. Бизнисот во рамки на денешниот меѓународен пазар сè уште ќе се одвива на вообичаениот начин, само не заборавајте да играте на патот наречен Фејсбук“.

AIA го користи Фејсбук уште од 2009 година, кога за прв пат го искористила сервисот за промоција на манифестацијата National Architecture Week. Со оглед на фактот што многу светски познати имиња од полето на архитектурата се присутни на Фејсбук, можеме да заклучиме дека сервисот е топло прифатен од архитектонската фела. Сер Норман Фостер, Заха Хадид, Даниел Либскинд, Рем Колхас, се само дел од архитектонските првенци на денешницата кои се присутни на Фејсбук. Неговата популарност расте без оглед на пикантериите околу корпоративните активности. На крајот на краиштата, Фејсбук е одлична идеја, а идеите се тие што го придвижуваат светот, не парите.

3

01 јуни 2012 ПОРТА

49


експерт

Британски искуства

И на Хенри му е потребен дом! Некои домаќинства не само што немаат доволно место за чување на предметите од сентиментална вредност, како на пример вештачката новогодишна/божиќна елка или венчаницата, туку во нивниот дом нема место ниту за чување на најосновните предмети за домаќинството, како даската за пеглање, кантите за рециклирање, па дури и за прехранбените производи д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

П

ознавачите на британското општество денес во Хенри ќе го препознаат фамилијарниот модел на правосмукалка. А зошто на Хенри му е потребен дом, одговорот може да се најде во резултатите на најновото истражување „Како живееме денес: што им е потребно на луѓето и што очекуваат тие од нивните домови“, изготвено од страна на Ипсос МОРИ (Ipsos MORI), организација специјализирана во областа на истражувањето на јавното мислење, а за потребите на Кралскиот институт на британските архитекти.

50

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Зошто и на Хенри му е потребен дом? Затоа што во дел од британските домови нема место за чување ниту на основните предмети во едно домаќинство, вклучително со место за чување на правосмукалка. Така, се наведува примерот за правосмукалка која се чува во куќата на мајката, одалечена 20 минути возење, или пак примерот на домаќинство кое ги чува прехрамбените прозиводи купени по дисконтна цена (купи едно доби едно бесплатно) во багажникот на автомобилот. Затоа во најавата за истражувањето објавена на веб страницата на Хоумвајз (HomeWise) што се наоѓа во рамките на веб страницата на Кралскиот

институт на британските архитекти, (www.architecture.com) се истакнува дека некои домаќинства не само што немаат доволно место за чување на предметите од сентиментална вредност, како на пример вештачката новогодишна/божиќна елка или венчаницата, туку во нивниот дом нема место за чување ниту на најосновните предмети во домаќинството, како даската за пеглање, кантите за рециклирање, па дури и за прехранбените производи. Во извештајот се идентифицираат осумте клучни работи кои им се потребни на луѓето и кои тие би сакале да ги имаат во своите домови денес. Тоа се:


експерт 1. Место за долгорочно и краткорочно чување на употребни предмети и лични предмети кои луѓето се одлучиле да ги чуваат за време на својот живот. 2. Наменски утилити простор за извршување на домашните работи како перење, сушење и пеглање на алиштата со место за чување на правосмукалка, но и место за чување на сметот и рециклирање на истиот. 3. Големи прозорци за природно осветлување, големи простории и високи таваници, кои најчесто во Британија се карактеристични за постарите објекти, а со оглед на тоа што чувството на простор (sense of space) се смета за витално за добросостојбата на луѓето. 4. Голем простор за дневен престој за социјализација преку заедничко јадење и пречекување гости, но и за релаксација при што се нагласува потреба од постоење барем на елемент отворено решение (каде дневната, трпезаријата и кујната меѓусебно се поврзани или сите заедно или барем по две) за да се овозможи пречекување на пријателите и семејството. 5. Решение на просторот кое ќе ги земе предвид електричните и електронските уреди кои се користат во домовите, со оглед на тоа што луѓето сакаат да имаат доволно штекери во домовите и место за чување на овие уреди, а за да се овозможи тие да си го уредат мебелот и просториите со различни распореди. 6. Простор за изолација каде човек ќе може да помине лично време за да се издвои од останатите членови на домаќинството. За сите старосни групи и особено во оние случаи каде повеќе генерации живат заедно, се смета дека просторот за изолација придонесува за чувството на добросостојба во нашите домови. Исто така се посочува и есенцијалната потреба за соодветна звучна излоација во рамките на и помеѓу домаќинствата. 7. Приватен надворешен простор или пристап до озеленет јавен простор во урбаните локации како значаен елемент за добросостојбата на сите, и особено клучен за семејствата каде родителите сакаат безбедно место надвор од објектот за играње на децата. 8. Можности за различни решенија за домовите. И покрај тоа што истражувањето идентифицирало одредени универзални потреби како постоење на флексибилен простор за пречекување на гости и социјализација, со истото биле утврдени и различни потреби и очекувања во зависност од местото на домаќинството во животниот циклус, големината и возраста на домаќинството и семејствата, како резултат на што не постои единствен стандарден распоред на дом кој ќе ги задоволи потребите на сите луѓе.

Резултатите од ова истражување не се изненадувачки. На пример потребата за простори за чување на предмети или пак потребата за поголеми простории во голема мерка се надоврзуваат на резултатите од претходното истражување во рамките на програмата Хоумвајз „Аргумент за простор“ од 2011 година. Со ова истражување се утврдило дека новите домови изградени од најголемите градежни фирми кои градат станови за пазарот се 8 проценти помали по големина од минималните препорачани големини на станбените единици, и дека домовите изградени во Британија се најмали по површина во споредба со домовите изградени во која било друга западноевропска земја. Потребата од простор за чување на сметот и неговото рециклирање станува се поизразена во Британија затоа што локалните власти се почесто го организиираат собирањето на сметот и на рециклираните материјали или еднаш неделно, или пак преку една недела, при што една недела се собира сметот, а другата рециклираното. Ваквиот пристап во однос на собирање на сметот одредени коментатори, барем делумно, го поврзуваат со определбите на локалните власти за финасиски заштеди, но несомено е дека ваквиот пристап создава проблеми бидејќи најчесто сметот и рециклираните материјали треба да се чуваат во рамките на домаќинството подолго време. Пред десетина години, во 2003 година, се направи обид за намалување на проблемите со бучава преку воведување на нови градежни прописи со кои се зголемија барањата за звучна изолација помеѓу станебните единици, со што состојбата делумно е подобрена, но ефектите се релативно ограничени со оглед на тоа што прописите важат само за новоизградени и новореконструирани објекти за кои важат нешто помалку ригорозни правила. Според Бен Пејџ (Ben Page), главниот извршител на Ипсос МОРИ, истражувањето сликовито укажува колку тесни и слабо испроектирани се поголем дел од домовите денес, и на исклучителните напори коишто ги вложуваат домаќинствата за да се справат со овие проблеми. Според него, Кралскиот институт на британските архитекти е целосно во право кога се обидува да укаже на оваа состојба. Веројатно британските домаќинства ќе треба да почекаат извесно време пред да можат да видат дали извештајот ќе резултира во посакуваните промени за подобро задоволување на нивните потребите и очекувањата во однос на домовите што сакаат да ги купат.

3

01 јуни 2012 ПОРТА

51


еко инфо белГрад

нуклеарен инцидент во „винча“ Работници од српскиот нуклеарен институт „Винча” биле изложени на зголемено радиоактивно зрачење како последица од инцидентот што се случил уште во средината на април, а властите цела недела успеале да го сокријат тоа од јавноста. Имено, работниците од овој институт кој работи во рамките на јавното претпријатие „Нуклеарни објекти Србије”, додека изведувале експеримент поврзан со ладењето на нуклеарно гориво, за само две минути биле толку озрачени колку што во нормални услови би биле озрачени за неколку недели. Вработените во „Нуклеарни објекти Србије”, тврдат дека во претпријатието владее целосен хаос и дека биле деградирани неколку од најдобрите стручњаци, а на нивни места поставени луѓе со недоволно искуство на полето на нуклеарната сигурност.

(вечерње новости)

софиЈа

1 gw од обновливи извори во бугарија Од јули 2011 година до денес, моќноста на бугарските електрани на обновливи извори е зголемена за 350 MW. Притоа, се очекува дека таа бројка до 1 јули 2012 година ќе се зголеми на вкупно 600 MW. Моменталната моќност на бугарските електрани на обновливи извори е 1000 MW, а најинтензивна е изградбата на соларни електрани, електрани на биомаса и хидроелектрани.

(новините)

стокХолм

две милијарди долари вложувања во хидроцентрали

Шведската енергетска компанија Vattenfall неодамна го презентираше својот амбициозен план за вложувања во зголемување на производството од хидроцентралите. Како што притоа се истакнува, предвидено е инвестирање на дури 1,93 милијарди долари во осовременување и зголемување на ефикасноста на постоечките хидроцентрали од 2013 година. Како еден од најголемите проекти се наведува реконструкцијата на хидроцентралата Storuman. Инаку, во вкупната инсталирана моќност на Vattenfall, хидроцентралите учествуваат со 20%, преку кои се обезбедува 41% од вкупните потреби на електрична енергија во Шведска.

52

3

ПОРТА

(HydroWorld) 01 јуни 2012


еко инфо пекинГ

решенија за чиста енергетика Кина ја заврши првата фаза од проектот Green Gen во Тијанџин, односно веќе ја изгради термоцентралата на јаглен со моќност од 250 MW што предвидува и постројка за зафаќање и складирање на јаглеродниот диоксид во земјата. Работите од втората фаза се веќе започнати, односно изградба на пилот електрана за производство на електрична енергија од водород. Третата фаза треба да биде комплетирана до 2020 година, а вкупната вредност на овој проект е 1,5 милијарди долари.

(oil and Gas eurasia)

Хелсинки

greenpeace против shell

Дваесет активисти на еколошката организација Greenpeace на 2 мај се врзаа за бродот Nordica, изнајмен од најголемата европска нафтена компанија Shell, во знак на протест против плановите за истражување нафта на Алјаска. Акцијата е спроведена во Хелсиншкото пристаниште, непосредно пред испловувањето на бродот кон Алјаска. (Voice of russia)

каракас

се гради кинесковенецуелска рафинерија

Најголемата кинеска нафтена компанија CNPC започна со изградбата на голема рафинерија за нафта во Венецуела, во соработка со венецуелската компанија PDVSA. Вкупната вредност на проектот е 9,3 милијарди евра, при што учеството на кинеската компанија е 60%, а останатиот дел е на венецуелскиот партнер. Тоа ќе биде најголемата кинеска рафинерија изградена досега, а е планирано да започне со работа во 2014 година. (energetika-net) подготви: Даниела МлаДеновСКа

3

01 јуни 2012 ПОРТА

53


екологија

Преспанско Езеро

Земјоделски отпад - еколошки Во светот постојат бројни примери на системи за интегрално управување со земјоделскиот отпад, каде што покрај намалувањето на влијанијата врз средината, се постигнуваат и позитивни економски ефекти, поради давањето на економска вредност на отпадниот материјал м-р Димитрија Сековски, дипл.инж.на жив.средина, раководител на проекти на УНДП

Земјоделските активности и нивното влијание врз животната средина

Земјоделското производство е еден од носечките сектори во државата кој обезбедува егзистенција и економска сигурност за голем дел од населението. Од индивидуална перспектива на самите производители, особено во регионите каде што тоа е доминанта економска дејност, станува збор за гранка од витална важност во обезбедувањето на потребните приходи. Сепак, земјоделскиот развој е неизбежно поврзан со бројни и често драматични влијанија врз животната средина, кои се резултат на трансформацијата на природните екосистеми во високо кондензирани агроекосистеми. Овие промени се причина за промена на хидролошкиот режим, како и зголемување на концентрациите на нутриенти и загадувачки материи. На тој начин, доаѓа до опаѓање на квалитетот на водните и другите поврзани екосистеми, од чијашто функционалност, пак, зависи и општествената добросостојба. Кај растителното земјоделско производство, влијанијата врз средината се резултат на неколку неизбежни практики и тоа: користење на агрохемикалии (пестициди и вештачки ѓубрива), користење на водите за наводнување, како и создавањето на земјоделскиот отпад. Постојат две главни категории на отпад поврзан со земјоделските активности – органски отпад и отпад од пакувања на пестицидите и вештачките ѓубрива. Во светот постојат бројни примери на системи за интегрално управување со земјоделскиот отпад, каде што покрај намалувањето на влијанијата врз средината, се постигнуваат и позитивни економски ефекти, поради давањето на економска вредност на отпадниот материјал (пр. преку производство на компост). Еден од првите обиди да се воведе

54

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Слика 1. Карта на користење на земјиштето во Преспа: земјоделското производство (виолетова боја) е најконцентирано во близина на сензитивните водни тела со што и влијанијата од отпадот и истекувањето од земјоделските површини се многу понепосредни (Извор: План за управување со сливот на Преспанското Езеро, УНДП 2012).

организиран систем за управување со отпадот од земјоделските активности, поточно од производството на јаболка, моментално се реализира во преспанскиот регион. Имено, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и преку финансиската

поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), во тек се активности за воспоставување на системи за управување со органскиот отпад и пакувањата од агрохемикалиите.


екологија

проблем или вредна суровина? Количини, влијанија и управувачки предизвици

Земјоделството, поточно производството на јаболка, обезбедува значителни приходи за преку 60% од населението на Преспа. На површина од околу 3.500 хектари, на годишно ниво се произведуваат од 70.000 до 100.000 тони јаболко. Притоа, се создаваат големи количини на земјоделски отпад и тоа: органски отпад, во вид на отпадно јаболко и остатоци од резидбата, како и опасен отпад, во вид на пакувања од пестицидите и вештачките ѓубрива. Во отсуство на организиран систем за управување со овие две категории на отпад, за долг временски период, тие претставуваат извор на сериозни притисоци врз водните и другите екосистеми. И самата локација на обработуваните земјоделски површини (во близина на водните тела), дополнително придонесува големи количини од отпадот да завршуваат во водните системи, а со тоа и езерото, стимулирајќи ги притоа процесите на еутрофикација и загадување со хемиски агенси (слика 1). Се проценува дека на годишно ниво се генерираат од 8.000 до 20.000 тони органски земјоделски отпад, од кои 80% му припаѓа на отпадното јаболко. Годишните количини на овој специфичен тип на отпад се од варијабилен карактер и се во директна корелација со побарувачката на јаболка на пазарот. Во годините со послаб пласман, овие количини може да достигнат екстремно високи нивоа, што покрај економските загуби, предизвикуваат огромен притисок врз животната средина. Исто така, моменталната практика на справување со другиот тип органски отпад, кој се создава како резултат на резидбата на овошките претставува закана за средината. Истиот во најголем број на случаи се согорува на отворено, со што покрај загадувањето на амбиенталниот воздух, го зголемува ризикот од пожари. Овие два типа на органски отпад може да се управуваат заедно (пр. со компостирање), или одделно (пр. производство на брикети од дрвените резидуи).

Од отпад до економски вреден производ

Неодамнешните студии за воведување на систем за управување со органскиот отпад од земјоделството, покажаа дека воспоставувањето на централна постројка

за компостирање е најпрактичното и најодржливо решение на проблемот. Ваквиот централизиран систем ќе овозможи не само решавање на проблемот со земјоделскиот, туку и органскиот отпад од другите сектори како што се индустриското производство, активностите во шумарството и потенцијално домаќинствата. Се очекува произведениот компост да може лесно да се пласира на локалниот пазар, при што моменталните цени на овој продукт ќе обезбедат приход кој ќе биде доволен за одржувањето на работата на целокупниот систем. Вкупниот проектиран годишен капацитет на постројката изнесува 8.000 - 10.000 тони зрел компост. Што се однесува до начинот на собирање и транспорт на отпадот, како најоптимално решение се смета воспоставувањето на 26 локални собирни места поставени во подрачјата со највисока просторна концентрација на создадениот отпад (слика 2). Моментално во тек е изградбата на пилот постројка за компостирање, која претставува само еден дел од целокупното решение на проблемот со органскиот отпад во Преспа. Со проектиран капацитет од 1.600 m3, оваа пилот потстројка ќе обезбеди решение за отпадот на ограничен простор кој ќе биде опфатен со 4 локални собирни места. Користењето на произведениот компост на земјоделските површини значително ќе го подобри квалитетот на почвата што е предуслов за поквалитетно производство, но и поефикасна заштита на водните тела од агрохемикалиите.

се изградени неколку локални собирни места за пакувањата од агрохемикалии, како и централно собирно место на кое безбедно се складираат без контакт со животната средина. Проектираниот капацитет на централното собирно место ќе овозможи складирање на овој тип на отпад за неколку години, по што истиот ќе треба да се транспортира до најблиската постројка за инсинерација. Функционалноста на овие системи за управување со отпадот од земјоделските активности зависи од неколку фактори, меѓу кои најважни се промената на практиката на нивно складирање од страна на производителите (подигнување на јавната свест) и ефикасната работа на инспекциските служби. Тоа е особено важно во првите фази од воспоставувањето на системите, бидејќи бројните општествено позитивни ефекти од нивното функцонирање ќе бидат гаранција за нивната одржливост. Овие иницијативи во Преспа се помеѓу првите обиди за воведување на вакви системи не само кај нас туку и пошироко во регионот. Според тоа, стекнатите искуства по однос на воведување, оперативните предизвици, финансиските аспекти и инструментите на одржливоста, ќе бидат од непроценлива важност и за другите региони со интензивно земјоделско производство. Слика 2. Мапа на оптималното решение за транспорт на отпадниот материјал до централната постројка за компостирање (Извор: Физибилити студија за воспоставување на систем за управување со органскиот отпад во Преспа, УНДП 2010)

Систем за управување со пакувањата од агрохемикалии

Согласно важечката регулатива од областа на управувањето на отпадот, овој тип на отпад се смета за опасен и поради тоа треба да се управува одделно од другите фракции кои се среќаваат во регионот. За таа цел, во Преспа

3

01 јуни 2012 ПОРТА

55


хортикултура

Најстарите растенија во светот

Филип Филипоски, дипл.шум.инж. Pinus aristata

Н

а Белите планини во Калифорнија, на околу 3.000 метри надморска височина, расте исклучително издржлив вид на бодлив бор, иглолисно дрво кое е познато под латинското име Pinus aristata ( фам. Pinaceae). Подоцна е востановено дека тоа е најстарото растение во светот. Вообичаено, овој вид достигнува до десет метри височина, но има и постари единки кои достигнуваат димензии поголеми и од гигантските секвои. Овој бор успева во исклучително тешки услови. Во области каде што годишните врнежи се само 250 милиметри, а почвата е сиромашна, карпеста. Надворешниот

56

3

ПОРТА

01 јуни 2012

изглед на единките се оформува под влијание на многу силни бури кои се развиваат на отворените падини. Зависно од вкусот на поединци, за некого тие претставуваат карикатури, а за други вистински ремек-дела на природата. Стеблото и гранките им се странично искривени, а деблото е засукано, со голем број надолжни пукнатини. На платото од полупустината Каибаб, која е изолирана од три страни со длабоки кањони, се наоѓа девствена шума од овој вид на бодлив бор. Таа создава прекрасна композиција заедно со карпите што навлегуваат во неа. Возраста на најстарата жива единка од видот Pinus aristata, која неодамна е отсечена, е

4.900 години, со што е прогласено за најстаро растение на земјата. Возраста на најстарите, веќе мртви дрвја, достигнува до 7.100 години. Одредувањето на возраста кај нив е покомплицирана за разлика од живите единки, при што се користи радиојаглеродна метода за одредување на староста на единките. Пронајдените мртви остатоци од овие борови на планините во Калифорнија имаат големо значење за науката. Така, врз основа на годишните варијации на димензиите на годовите, тие овозможуваат да се истражуваат климатските услови кои влијаеле на конкретното станиште пред цели 7.000 години. Годишните кругови кај овие борови се невообичаено блиски.


хортикултура На пример, на едно парче дрво од овој вид со ширина од само 2,5 сантиметри може да се избројат 75 прстени. Покрај оваа единка од видот Pinus aristata, постојат и голем број други единки и видови кои имаат достигнато „длабока старост“. Меѓу оние што заслужиле да се

најдат на листата од најстари растенија на светот вреди да се споменат дрвото со име Prometheus од видот Pinus longaeva, кое се наоѓало во Велер Пек, Невада. Тоа загинало во 1964 година, по преживеани 4.844 години. Уште една единка од видот Pinus longaeva, позната под името

Methuselah има достигнато возраст од 4.843/4.844 години. Тоа се наоѓа во Inyo Country во Калифорнија и моментално претставува најстарото живо растение. Во оваа листа преовладуваат голем број дрвја кои претежно растеле на посиромашни станишта, па како нивни најчести локации се сретнуваат Невада, Колорадо, Калифорнија во Соединетите американски држави, како и во пустинските делови од Чиле. Како најстаро растение кое се наоѓа на европска почва се смета Llangernyw Yew, од видот Taxus baccata. Тоа се наоѓа во северен Велс и е старо околу 4.000 години.

оХридскиот чинар

Во Македонија како најстаро дрво се смета познатиот Чинар во центарот на Охрид (Platanus orientalis). Според легендата него го има засадено лично св. Климент Охридски во IХ век. Староста на ова дрво се проценува на 1100 години. Во 2002 година истиот е оштетен под влијание на силниот ветер, по што е извршена санација на слабото атрофирано стебло, иако многу експерти тврделе дека санацијата требало да се изврши многу поодамна. Охридскиот чинар (Platanus orientalis) Prometheus

Methuselah

Taxus baccata во северен Велс

3

01 јуни 2012 ПОРТА

57


екологија

Последни подготовки пред Светскиот ден на животната средина

Зелена економија: Се вклучивте ли?

Т

емата на годинашното одбележување на Светскиот ден на животната средина, 5 јуни, е „Зелена економија: Се вклучивте ли?“ Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) ја дефинира зелената економија како економија која обезбедува подобар стандард за граѓаните и социјална еднаквост, и истовремено ги намалува ризиците во животната средина. Како што велат оттаму, растот и вработувањата во зелената економија се придвижувани од јавни и приватни инвестиции за намалување на емисиите на штетниот јаглероден диоксид и загадувањето, за зголемување на енергетската ефикасност и ефикасната употреба на ресурсите, и за спречување на загубата на биодиверзитетот и екосистемите. Но вистинското прашање, како што велат од Обединетите нации, е „Дали вие сте дел од зелената економија?“ Прашањето се однесува за секој од нас, поединечно. Светската финансиска криза која започна во 2007 година и сè уште е актуелна, според многу економисти, е најлошата финансиска криза од Големата депресија во 1930 година. Една од клучните лекции која може да ја научиме од ова искуство е дека повеќе не е опција

58

3

ПОРТА

01 јуни 2012

Елена Кузмановска бизнисот да го водиме како и досега. Затоа, Зелената економија е алтернатива и многу поодржлив начин за водење бизнис, коментираат од УНЕП. Иницијативата Зелена економија што ја води УНЕП беше лансирана во 2008 година и нуди разбирлив и практичен работен механизам, преку анализа и политичка поддршка за инвестирање во зелените сектори и во еколошка преобразба на секторите што не се пријателски настроени кон средината. Иницијативата Зелена економија има три главни активности - да се изработи извештај за Зелената економија и поврзани истражувања, кои ќе ја анализираат макроекономската состојба, одржливоста и намалувањето на сиромаштијата; да понуди советодавни услуги за премин кон зелена економија во одредени земји и да поттикне невладини организации, бизнис партнери и земји-членки на Обединетите нации да ја применат иницијативата Зелена економија. Според многу извештаи, Зелената економија, освен што има позитивно влијание врз животната средина и нуди опции за одржливост, претставува и средство за креирање милиони нови работни места. Така, според податоците на УНЕП, до 2008 година во само шест водечки земји (Кина, Данска, Германија, Индија, Шпанија и во САД) во

секторот со мала емисија на јаглерод се вработени повеќе од 2,3 милиони луѓе. „Додека светот се подготвува за Конференцијата за одржлив развој на Обединетите нации (Рио+20) Светскиот ден на животната средина е шанса да се нагласи потребата од промени кон поодржлив свет. Годинашната тема „Зелена економија: Се вклучивте ли?“ ја нагласува потребата секој да си ја одигра својата улога за да го одржи еколошкиот отпечаток на човештвото во планетарни граници. Светската популација брои 7 милијарди и може да порасне на повеќе од 9 милијарди луѓе до 2050 година. Ова ќе значи уште поголем притисок на веќе пренаселените градови, на природните ресурси, побарувачката на храна, вода и енергија. Ова ќе значи и дека уште повеќе луѓе ќе бараат пристојни работни места. Во моментов, во светот 1,3 милијарди луѓе се невработени или на пониски работни места. Одржливоста ни дава шанса на сите, преку балансирање на социјалната, економската и еколошката димензија на развојот. Со паметна политика и вистински инвестиции земјите можат да ја заштитат животната средина, да ја развијат својата економија, да отворат пристојни работни места и да го забрзаат социјалниот прогрес“, изјави во своето обраќање Бан Ки-Мун, генералниот секретар на Обединетите нации.


спортски храмови

АРЕНА „ЛИДС“ - Англија

Дизајн според струењето на ветерот Сашо Кузмановски

Е

дна од најсвежите спортски арени на Островот е арената „Лидс“. Се гради во непосредна близина на центарот на Лидс, град во западен Јоркшир, и според најавата, ќе биде првата спортска арена во Британија која ќе биде обликувана исклучиво според струењето на ветерот, што ќе ѝ даде и поголема безбедност и поголема енергетска ефикасност. Арената „Лидс“ ќе има капацитет од 13.500 места, а покрај спортските настани, во неа секако ќе може да се одржуваат и низа културни настани, концерти и големи собири. Од февруари 2012 година, Бристол и Лидс се два од најголемите англиски градови кои останаа без голема арена, па затоа и почна реализацијата на планот за изградба на ова ново спортско милениче. Од 1989 година имало неколку неуспешни обиди за изградба на арена, за конечно, градот да го стави во листата на 12 приоритети во планот од 2004 година. Инвеститор е градот Лидс, додека со арената ќе управува компанијата СМГ, која веќе стопанисува со спортски арени

и во Њукасл, Белфаст и Манчестер. Проектираните цели на СМГ велат дека арената „Лидс“ за 2-3 години ќе влезе во ТОП 10 на комерцијални спортски објекти во Европа. Новата арена се гради на темелите на зградата Лидс Метрополитен што беше урната во 2009 година. За изградба на новата спортска убавица градот вложи над 60 милиони фунти, а се очекува, според проектираните цели на стопанственикот СМГ, годишно да има обрт од 25 милиони фунти од нејзина комерцијализација. Во рамките на арената ќе биде изграден и супермодерен театар, повеќе конференциски сали, помала арена за состаноци и митинзи, медиа-центар и многу комерцијални објекти. Интересно, според проектот на арената „Лидс“ и најдалечните столчиња во

гледалиштето ќе бидат најмногу 68 метри од најдалечната точка на игралиштето, што за цели 30 метри е помало од традиционално дизајнираните арени, каде фокусот на најдалечната точка од гледалиштето до игралиштето се движи од 95 до 110 метри. Внатрешниот дизајн е флексибилен, што значи дека со рекомпонирање на капацитетот на трибините може да се добие многу поголем простор за други манифестации. Подот ќе добие два облика. Ротирачки дел со паркет за спортски натпревари во кошакра, ракомет..., втор под за тениски натпревари, и специјален систем за мраз за натпревари во уметничко лизгање и хокеј. Со дизајнот ќе биде овозможено во вечерните часови арената да свети во најразлични бои и нијанси.

ФАКТИ за АРЕНА „ЛИДС“ - Лидс Капацитет: 13.500 Период на изградба: 2009 - 2012 Цена на градба: 60 милиони фунти Придружни објекти: театар, конференциски сали, медиа-центар, комерцијални објекти Дизајн: Populos Инвеститор: Град Лидс

3

01 јуни 2012 ПОРТА

59


совети

МОДЕРЕН ПРОДАЖЕН ПРОСТОР Како ексклузивен дистрибутер на компанија за производство на бела техника закупивме продажен простор во голем продажен центар. Просторот не е одделен од останатиот продажен дел во кој има производи од други производители. Би сакале нашите производи препознатливи по техничката иновација и врвен дизајн да ги изложиме во простор издвоен како посебен штанд привлечен за купувачите. Предложете ни решение. Маркетинг служба на компанија за бела техника, Скопје

Е

ксклузивната линија на ладилници, стаклени површини за готвење и вградени рерни можете да ги изложите во простор кој ќе привлекува внимание. Уредувањето треба да биде едноставно со флексибилни, подвижни елементи и модерен дизајн. Употребете самостоечки банери (рамни) за преградување на делот без ѕид и сферни како заднина на ексклузивни производи. Оформете влез со натпис на фирмата осветлен со рефлектор. Името на фирмата може да биде и на високо поставениот банер во чело на просторот. На закосени иверици монтирајте термички плотни, а во продолжение на подестот наредете ги фрижидерите. Вградените рерни изложете ги челно под големиот банер со име на фирмата и рефлекторско светло кое го интензивира колоритот на банерот. На влезот од просторот поставете два цилиндри на кои ќе оставите ценовници и проспекти. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,

дипл.инж.арх.

bsavic@porta3.com.mk

60

3

ПОРТА

01 јуни 2012


З

а прв пат во оваа рубрика, ќе направиме мал спој на чудното со актуелното, односно со тазе новинарството. Деновиве на Интернет (во онлајн изданието на dailymail), хит е една куќа на дрво која ја изградил вљубеник во природата и шумите. До тука приказната е клише, звучи досадно... , се додека не откриеме дека градителот тоа го направил тајно и на туѓ имот, без да знае сопственикот на шумата. Според напишаното, младичот се вика Џоел Ален. Тој неколку месеци бил во потрага по соодветно дрво на кое ќе ја реализира својата идеја. И успеал во тоа, сместувајќи се во шумата Вистлер во Канада, која е на само неколку метри од домот на еден мултимилионер. Ален, кој инаку работи како компјутерски техничар, прво направил скалест модел на неговата елипсовидна куќичка на дрво, со цел да ја испита издржливоста на објектот. Со оглед на тоа што немал пари да купи имот, одлучил потрагата да ја сведе на шумата што има газда, но сепак да не биде толку очигледно и да биде далеку од патишта. По неколку месеци, успел во намерата и започнал со реализација на проектот. Прво ги монтирал држачите што ја носат целата конструкција на овалната куќичка, по што следела фазата на екстерно моделирање. Потрошил илјадници долари на надворешноста, додека вантрешноста ја направил од стари и искористени предмети кои ги наоѓал честопати и низ ѓубришта или зафрлени во туѓи дворови. Конечно, по неколку години, уникатната куќичка на дрво била готова и таа официјално го добила името „Хемлофт“. Кога го прашале, зошто ја направил куќичката, Ален одговорил дека како прво сакал да воспостави рационализација со природата и да направи нешто кое совршено ќе се вклопи во шумата, а подоцна сепак кажал дека не поседува никаков имот и дека јајцестата куќарка му е единствениот имот. Но, наместо куќичката да биде тајна, далеку од очите на јавноста, но и од стопанот на имотот, Ален се соочил со многу комплицирана состојба. Откако медиумите разбрале за куќичката, почнале да се нижат прилози на телевизија и на Интернет, и на крајот веста стигнала и до сопственикот на шумата. Сега, тој се заканува дека ќе го сруши тригодишното чедо на Ален, а со тоа ќе го остави без дом. И додека судбината на оваа мала, симпатична и навистина романтична куќарка е во неизвесност, Интернетот ја претвори во најинтересна дестинација за Канаѓаните, познати како еко-френдли нација, кои посакуваат да видат како може да се живее рационално со природата, во куќичката на дрво во западна Канада.

најчудни градби

ИЗГРАДИЛ КУЌА НА ДРВО, НА ТУЃ ИМОТ И ВО ТАЈНОСТ 3

Драган Ристов

01 јуни 2012 ПОРТА

61


излог

I Saloni 2012, МИЛАНО

1. Фотелја изработена од полиестер 65% и памук 35% за внатрешна употреба, или од ткаенина за надворешна употреба, обвиткани околу поцинкувана рамка. Ногарките се од не`рѓосувачки челик. Дизајнот е на Kenneth Cobonpue. 2. Столица направена од микрофибер, дизајнирана од Kenneth Cobonpue. 3. Ниски столчиња дизајнирани од индустрискиот дизајнер Konstantin Grcic за италијанскиот бренд Mattiazzi, направени од дрво, наменети за приватни и јавни, внатрешни или надворешни простори. 4. - 4а. Комода од Paolo Cappeli за италијанската фирма Miniforms. Овозможува приклучок за ТВ, компјутер, ipod, како и Bluetooth приемник кој овозможува конекција со кој било уред со безжичен систем. подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх.

1 3

62

3

ПОРТА

01 јуни 2012


излог

2

4

3

01 јуни 2012 ПОРТА

63


МАГИСТРИРАНИ И ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ. ВО ПЕРИОД АПРИЛ 2011 – АПРИЛ 2012 ГОДИНА. КОИ ЌЕ БИДАТ ПРОМОВИРАНИ НА 23-МАЈ 2012 ГОДИНА МАГИСТРИ ПО ТЕХНИЧКИ НАУКИ ОД ОБЛАСТА НА ГРАДЕЖНИШТВОТО ред бр 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18

бр на дипл 107 108 109 110 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120 121 122 123 124

ден на дипл 27.04.2011 28.04.2011 19.05.2011 13.06.2011 04.07.2011 08.07.2011 12.07.2011 15.07.2011 21.09.2011 21.09.2011 25.10.2011 03.11.2011 29.11.2011 12.01.2012 13.01.2012 23.02.2012 04.04.2012 06.04.2012

насока пж х пж к к к х пж к х к к к пж пж к х пж

име и презиме Метикош Дејан Димитриевски Драган Дроздовски Александар Маневска Кристина Фетаху Абдула Ристиќ Јелена Качески Зоран Копевски Марјан Бабамов Владимир Стојов Васко Богоевски Алексанар Ѓорѓиоски Кире Колевски Оливер Бакарема Стивен Христовска Елена Иванова Катерина Тилева Грозданка Ристов Ристе

МАГИСТРИ ПО ТЕХНИЧКИ НАУКИ ОД ОБЛАСТА НА ГЕОДЕЗИЈАТА ред бр 1 2 3 4 5

64

3

ПОРТА

бр на дипл 33 34 35 36 37

01 јуни 2012

ден на дипл 20.02.2011 29.06.2011 30.11.2011 23.12.2011 17.02.2012

насока гд гд гд гд гд

име и презиме Фармакоски Златко Стојановски Борче Рибароски Никола Тушев Александар Галазовски Стојче

ДИПЛОМИРАНИ ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ ред бр 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45

бр на дипл 3075 3076 3077 3078 3079 3080 3081 3082 3083 3084 3085 3086 3087 3088 3089 3090 3091 3092 3093 3094 3095 3096 3097 3098 3099 3100 3101 3102 3103 3104 3105 3106 3107 3108 3109 3110 3111 3112 3113 3114 3115 3116 3117 3118 3119

ден на дипл 12.04.2011 15.04.2011 18.04.2011 20.05.2011 04.06.2011 08.06.2011 27.06.2011 28.06.2011 14.07.2011 02.09.2011 06.09.2011 23.09.2011 23.09.2011 23.09.2011 27.09.2011 12.10.2011 12.10.2011 14.10.2011 19.10.2011 21.10.2011 26.10.2011 28.10.2011 31.10.2011 04.11.2011 11.11.2011 01.12.2011 14.12.2011 16.12.2011 26.12.2011 13.01.2012 01.02.2012 09.02.2012 21.02.2012 24.02.2012 28.02.2012 29.02.2012 01.03.2012 02.03.2012 08.03.2012 12.03.2012 13.03.2012 15.03.2012 21.03.2012 28.03.2012 30.03.2012

вид на студии ектс ектс ектс ектс ектс универзитетски ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс универзитетски ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс ектс

насока к к к к к пж к к пж к к к к х х к х к х к х к х к к к х к к пж к пж к к к х к пж пж к к к к к к

име и презиме Марија Настевска Љупчо Чемков Мартин Радоешки Наташа Петровска Тодорка Јанева Димитар Митровски Ѓоко Ефремовски Марко Марцикиќ Елена Цветановска Ана Страхиниќ Адмир Абедини Борче Стојиловски Зоран Крстевски Катерина Велеска Михаило Јовановски Горан Петковски Трајчо Костадинов Арбен Емини Александар Матвеев Раде Златески Љубенка Стојанова Бранко Јосифов Ненад Аритоновиќ Ивана Велиновска Цветанка Ничкова Маја Матеска Ѓорѓи Лапчев Николче Илиев Елена Станкова Атанас Трајковски Давидовски Мирослав Филиповски Никола Цветковски Борис Јангелов Горан Николова Елена Стефкова Светлана Коцев Гоце Трајковска Маја Костески Жарко Калчоски Филип Стамболиски Дарко Русески Светомир Чочороски Душко Стојмановска Марина Јованова Гордана


дипломирани Геодетски инженери ред бр 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41

бр на дипл 208 209 210 211 212 213 214 215 216 217 218 219 220 221 222 223 224 225 226 227 228 229 230 231 232 233 234 235 236 237 238 239 240 241 242 243 244 245 246 247 248

ден на дипл 07.04.2011 09.06.2011 01.07.2011 04.07.2011 04.07.2011 05.07.2011 07.07.2011 12.07.2011 31.08.2011 13.09.2011 16.09.2011 29.09.2011 04.10.2011 05.10.2011 05.10.2011 05.10.2011 06.10.2011 06.10.2011 06.10.2011 21.10.2011 26.10.2011 02.11.2011 02.11.2011 09.11.2011 12.12.2011 19.12.2011 20.12.2011 12.01.2012 16.01.2012 10.02.2012 16.02.2012 20.02.2012 21.02.2012 22.02.2012 22.02.2012 23.02.2012 28.02.2012 01.03.2012 05.03.2012 05.03.2012 12.03.2012

насока ектс/вт ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/вт ектс/вт ектс/вт ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/вт ектс/вт ектс/вт ектс/3 ектс/4 ектс/вт ектс/вт ектс/вт ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/3 ектс/1 ектс/3 ектс/вт ектс/4 ектс/вт ектс/3 ектс/вт ектс/4 ектс/вт ектс/вт ектс/3 ектс/3 ектс/3

презиме и име Златановски Златко Георгиев Иванчо Петреска Елена Бегалиноска Костадинка Најдов Никола Мичевски Љупчо Шокларовска Билјана Стефановски Владимир Гордана Јовановска Татјана Талеска Сашо Николовски Надица Мишеска Ѓорѓи Котавски Бојан Заковски Виктор Матовски Нијаз Даути Горан Мојсоски Блаже Спиров Дијана Марковска Никола Мимиев Горан Веселиновски Кирчо Паункоски Пецо Мурговски Мартина Галазова Даниел Петршевски Ѓорѓи Стамболиски Димче Костоски Џемил Ејупи Ванчо Златковски Николај Ежов Милан Милошески Недески Даме Стоименовска Маја Лаброска Билјана Манасиевски Драган Попчевски Мартин Петрески Сашко Паноски Стојмир Богоевски Дино Иљази Мајљинда Гочевски Виктор

дипломирани инженери по ГеотеХника ред бр 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12

бр на дипл 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50

ден на дипл насока име и презиме 04.07.2011 ектс Бошковска Рената 06.07.2011 ектс Димитриески Христијан 13.07.2011 ектс Ивановски Милорад 13.07.2011 ектс Томовски Игор 27.09.2011 eктс Јакимовски Столе 05.10.2011 eктс Цветковска Бојана 20.10.2011 ектс Станојковска Марија 20.10.2011 ектс Андоновска Јасминка 25.10.2011 ектс Соколов Слободан 01.11.2011 ектс Соколовски Златко 24.02.2012 ектс Пешевски Слободан 21.03.2012 ектс Георгиевски Горан

3

01 јуни 2012 ПОРТА

65


јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 60/2012

ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ ЛОКАЛНА, УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС “СЕПАРАТНА ПОСТРОЈКА СО ПРИДРУЖНИ ОБЈЕКТИ“ КО КУРИЈА, ОПШТИНА НЕГОТИНО

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БРОЈ 54 (09.05.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА СПА ЦЕНТАР – ВИНИЦА, СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН И БАЊСКИ ЦЕНТАР, КО ИСТИБАЊА, ОПШТИНА ВИНИЦА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА НАЦРТ ПЛАН-ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ГУП НА ГРАД ГЕВГЕЛИЈА, КО ГЕВГЕЛИЈА И КО МРЗЕНЦИ, ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

ИСПРАВКА НА ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА ВО ОПШТИНА КАРПОШ (ПОРАДИ НАПРАВЕНА ТЕХНИЧКА ГРЕШКА)

БРОЈ: 05-1395/2012 Назив на договорниот орган: Општина Илинден, ул. “9“ бб, Илинден, 1041. ПРЕДМЕТ: СЛУЖБЕН ВЕСНИК Ентериерно уредување и БР. 62/2012 опремување на Домот на култура во н.м. Илинден по систем “клуч на рака“. ОБЈАВА БРОЈ 58 (15.05.2012) Контакт тел/факс: 02 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА 2571-703, лице за контакт: ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ Весна Стојановска. СОПСТВЕНОСТ НА Јавно отворање на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА понудите на ден ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО 11.06.2012 год. ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА КУМАНОВО ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА

БРОЈ: 14-84/2012 Назив на договорниот орган: Општина Битола, бул. “1ви Мај“ 61, 7000, Битола. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на Црн Мост – Битола. Контакт тел/факс: 047 208-326, 047 235ОБЈАВА 02/2012 (11.05.2012) 723, лице за контакт: ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА Славица Димитровска. ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ Јавно отворање на СОПСТВЕНОСТ НА понудите на ден РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 08.06.2012 год.

ОБЈАВА БРОЈ 56 (12.05.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

66

3

ПОРТА

01 јуни 2012

НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, БРОЈ: 11/2012 ЗА ИЗРАБОТКА НА Назив на договорниот УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН орган: НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА Општина Гази Баба, Бул. ИЗГРАДБА НА СПОРТСКО “Александар Македонски“ РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО КО б.б., 1000 Скопје. СТАЈКОВЦИ И КО ЦРЕШОВО ПРЕДМЕТ: ОПШТИНА ГАЗИ БАБА Изградба, реконструкција, санација (градежноПРАВИЛНИК занаетчиски работи) и ЗА СТАНДАРДИ И тековно инвестициони НОРМАТИВИ ЗА објекти. УРБАНИСТИЧКО Контакт тел/факс: 3225-932, ПЛАНИРАЊЕ 3215-112, лице за контакт: Жанета Атанасовска. Јавно отворање на ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ понудите на ден НА ДОГОВОР ЗА 11.06.2012 год. ЈАВНА НАБАВКА

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 63/2012 УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ВИСИНАТА НА ЦЕНАТА НА ГРАДЕЖНОТО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ВИСИНАТА НА ПОСЕБНИТЕ ТРОШОЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОТУЃУВАЊЕ И ДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА

БРОЈ: 41/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за транспорт и врски, ул. “Црвена скопска општина“ 4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на потисен цевковод (потег од приклучна шахта до собирна шахта на градска водоводна мрежа) со вградување на хидромеханичка опрема и електрично напојување на бунарското подрачје Бегова Ливада, општина Прилеп, по принцип “клуч во раце“. Контакт тел/факс: 02 3145-451, 3226-392, лице за контакт: Ѓунул Сали. Јавно отворање на понудите на ден 13.06.2012 год. БРОЈ: 85/2012 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинден“ 82, 1000 Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на ул. “МАНАПО“. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Ирена Стоименова. Јавно отворање на понудите на ден 11.06.2012 год.


рубрика

ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА

КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!

ОХРИД О ХРИД - Билјанини Билјанини Извори Би Извори

СКОПЈЕ - Под Водно

– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2

- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место

СТРУМИЦА - Парк

- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2

Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“

Деловни простории - Имотен ен лист ли

СКОПЈЕ -Ново Лисиче

- АДОРА А Инженеринг-Скопје според пропишаните услови проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, услови на прое овозможува да бидете сопственик на Ви овозм ви високо-квалитетен функционален стан изграден по св светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стаб стабилност. -А АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.

СКОПЈЕ -Карпош

СКОПЈЕ- 50 Дивизија ја

СКОПЈЕСКОПЈЕ- Ново Лисиче СК

- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец. - АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.

СКОПЈЕ - Аеродром

СКОПЈЕ -50 Дивизија

СКОПЈЕ-Црниче

- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!

Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)

Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 02 3093 200, 02 5215 215, 072 204 024, 070 365 738, 075 240 003 Охрид 075 244 244 Струмица 034 523 335, 072 228 026

sales@adora.com.mk info@adora.com.mk

01 јуни 2012 ПОРТА3 www.adora.com.mk

67



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.