ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА иван КуЦина:
90 денари / БРОЈ 198 / ПЕТОК 28.12.2012 година VIII
Нема веќе идеи за архитектурата како културна вредност пасКо Кузман:
Животот е ѕвездена прашина
Среќни новогодишни и божикни празници
рубрика
Иднината на градежништвото
20. издание на BAU пет децении успех
14 – 19 јануари во Минхен Светски водечки саем за архитектура, материјали и системи www.bau-muenchen.com D
Messe München GmbH . info@bau-muenchen.com . Тел. +49 89 949-11308 . Факс +49 89 949-11309
3ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје . kao@ahk.mk . Тел. +389 2 3228 824 . Факс +389 2 3296 790
ДЕ 2MKПОРТА
28 декември 2012
Следниот број на Порта3 излегува на 25 јануари
драги читатели, хардверот или, пак, мониторот? За археологот Паско Кузман, кој е добро познат за пошироката јавност, животот е ѕвездена прашина. На залезот на неговиот професионален ангажман направивме обид да излеземе малку од досега изречените зборови за него, и да слушнеме една поинаква, интимна приказна. Тој вели: „Македонија ја доживувам како , митска татковина на Аргонаутите , како татковина на најконтроверзните жители на ридестиот Балкан, како татковина на народ кој никогаш нема да го снема“. Македонците во странство. Архитектот Невена Брезоска одамна е замината од својата татковина и живее и работи во Канбера, Австралија. За својата кариера вели дека не е егзотична градина. За своите дела и работа, пак, дека својот работен век го гледа како нива добро изработена, со бескрајно класје, и дека тешко може да одвои кој клас е подобар од другиот. „Сето тоа класје го грее и храни мојот духовен и физички свет“, нагласува Брезоска. За односот на Австралија кон културното наследство вели: „Австралија во целина нема можности да се фали со антика, ренесанса и барок, и не се срами од тоа. Напротив, со голема љубов се негува сè што е останато од минатото, па макар тоа била и дрвена барака во која се стрижеле овците“. ,
Зад нас останува уште една година. Се надеваме дека во неа ги исполнивме вашите очекувања и бевме дел од вашите омилени четива. Годината што е пред нас ќе биде година на нови предизвици и за нас и за вас. Со надеж дека заедно ќе ги пребродиме полесно, ви ги честитаме претстојните празници и ви посакуваме се најубаво.. Архитектот Иван Куцина работи на белградскиот Архитектонски факултет. Почнал како предавач на теориските предмети за понатаму сè повеќе да се приближи кон експериментите и истражувањето. Него го интересира општеството, транзицијата, промената и развојот на архитектурата како еден од најзначајните сегменти на нашето општество. Каде се наоѓа архитектурата денес во Србија, а каде позицијата на архитектот, какви впечатоци носи од Скопје, дали проектот на Заха Хадид е промашена инвестиција и зошто одлучил да стане архитект, Иван Куцина раскажува за новогодишното издание на „Порта 3“. Oчекувањето на апокалипсата како никогаш досега го окупираше јавното внимание, а тоа не смее да се игнорира. Сценаријата со кои се калкулира се генерално десетина. Меѓу нив верувале или не, апокалипсата предизвикана од информатичката технологија котира прилично високо. Како е можно компјутерите да го предизвикаат крајот? Зарем е можно Autocad да ме убие? Оперативниот систем? Можеби
од редаКЦиЈата
Насловна страница: ХОТЕЛОТ rEFugE du gOÛTEr, ПОД МОН БЛАН, ФРАНЦИЈА
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА ИВАН КУЦИНА:
Нема веќе идеи за архитектурата како културна вредност
ПАСКО КУЗМАН:
Животот е ѕвездена прашина
Среќни новогодишни и божикни празници
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.
ПРИБЕЖИШТЕ НА МОН БЛАН
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
10
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
30
АРХИТЕКТУРА 20
Печати:
ИНТЕРВЈУ СО НЕВЕНА БРЕЗОСКА, АРХИТЕКТ МОЈАТА КАРИЕРА НЕ Е ЕГЗОТИЧНА ГРАДИНА
Маркетинг:
ИНТЕРВЈУ 30
АРХЕОЛОГИЈА 36
ПАСКО КУЗМАН: ЖИВОТОТ Е ЅВЕЗДЕНА ПРАШИНА
ТЕХНОЛОГИИ 46 АПОКАЛИПСА СЕГА!
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ
лектор: Костадинка СОЛЕВА
ГРАДЕЖНИШТВО 10
ВАЊА ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, УПРАВИТЕЛ НА БИРО ПРОЕКТ ДОО ПРОЕКТАНТСКА КУЌА ПОДГОТВЕНА ЗА НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
фоторепортер: Кире ПОПОВ
Автори: HErVÉ dEssiMOZ И THOMas BÜCHi
ИНФО 06
ИНТЕРВЈУ 14
Редакција:
новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
ЗНАЧАЈНА ИНСТИТУЦИЈА ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА НАЈВИСОКИТЕ СТАНДАРДИ
ИВАН КУЦИНА, АРХИТЕКТ НЕМА ПОВЕЌЕ ИДЕИ ЗА АРХИТЕКТУРАТА КАКО КУЛТУРНА ВРЕДНОСТ
ГОДИНА Viii
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
90 денари / БРОЈ 198 / ПЕТОК 28.12.2012 година VIII
БРОЈ 198 ПЕТОК 28.12.2012
14 36
46
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 28 декември 2012
3
инфо
Јубилеј на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија
Значајна институција за реализи
Претседателот на комората Блашко Димитров
Комората, со над 6.125 овластени инженери, може да ги врши сите функции и е подготвена за нострификација на секаков вид проекти. Досега се издадени 14.000 овластувања на професионални инженери од сите области.
В
о присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и голем број гости од инженерската фела во Македонија, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија го одбележа јубилејот – пет години од основањето. На свеченоста на поединци заслужни за развојот на Комората им беа доделени пригодни признанија. Комората на овластени архитекти и инженери во изминатите пет години се оформи во значајна институција за реализирање на највисоките стандарди во урбанизмот и градежништвото во Македонија, оцени министерот Јанакиески на свеченоста. Според него, воспоставувањето на Комората придонело за подобрување на состојбите во градежништвото. „Во изминатиот период успеавме да ги лиценцираме сите
6
3
ПОРТА
28 декември 2012
градежни компании, да воспоставиме една добра законска рамка, сите компании во Македонија се лиценцирани без оглед дали се работи за проектирање или за изградба. Исто така, создадовме можност странски компании да се лиценцираат во Македонија“, наведе Јанакиески. Идни значајни активности за Комората, најави тој, е примената на еврокодовите од областа на градежништвото, за чиј стручен превод минатиот месец заврши ревизијата. Претседателот на Комората, Блашко Димитров, истакна дека денес Комората, со над 6.125 овластени инженери и 120 инженери со потврдени странски овластувања, може да ги врши сите функции и е подготвена за нострификација на секаков вид проекти. „Досега имаме издадени 14.000 овластувања на професионални инженери од сите области. Исто така, имаме обврска да вршиме нострификација на странска Миле Јанакиески: На ред се еврокодовите
инфо
рање на највисоките стандарди проектна документација и потврдување на дипломи на странски инженери“, рече Димитров. Тој информира дека е во тек процес на усогласување на актите на комората со последните законски измени и дополнувања на Законот за градење и изработка на унифицирани правилници за добивање овластување. Покрај нострификацијата на проекти изработени според странски прописи и потврдување на овластувања на инженери од други држави, Комората се ангажира да овозможи признавање на овластувањата на нашите инженери за да можат да работат во странство. Таа е членка во Европскиот совет на инженерски комори, а од минатиот месец е потписник и на Спогодбата за инженерска иницијатива за регионална соработка, од која се дел и Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора. Според него, во изминатите пет години Комората беше организатор, покровител или помагач на повеќе од 20 семинари, конференции, симпозиуми или предавања на еминентни странски инженери од повеќе инженерски дејности. Во наредниот период Комората големо влијание ќе посветува на дополнителната и континуираната едукација на своите членови. Минатиот месец е завршена ревизија на стручниот превод на еврокодовите 1-9 од областа на градежништвото, а за наредната година е планирана едукација на членовите за примена на еврокодовите. Програмата „Постојано учење“ ќе биде постојана активност на Комората. Меѓу планираните активности на Комората е и изработка на регистар на инженерски занимања, во соработка со факултетите од техничките струки во Македонија, којшто треба да помогне при издавање овластувања на инженерите во иднина. Кадровскиот потенцијал и знаењата од техничките области даваат право да се размислува за формирање на посебни комисии за експертизи, стручни мислења и други доверени работи од значење за професионалната практика, како и Комисија за техничка арбитража при Комората.
Планиран е регистар на инжинерски занимања
Свои обраќања имаа деканите на Архитектонскиот и Градежниот факултет Тихомир Стојков и Милорад Јовановски
Признанија за поединци заслужни за развојот на Комората
3
28 декември ПОРТА
7
инфо
Стопанска комора на мал бизнис на Македонија
Со ефикасни материјали до зелени објекти
Во Македонија иако сè уште не е донесен правилникот за енергетска ефикасност тоа не нè ослободува од одговорноста да градиме зелени градби
О
д употребата на материјалите и технологиите зависи колку еден објект ќе биде енергетски ефикасен и ќе може да се нарече „зелен“. Ова беше вовед, но и заклучок на семинарот „Материјали и технологии за одржливи енергетски ефикасни објекти“, што го организираше Стопанската комора за мал бизнис на Македонија. Обуката за зелени објекти и што сè тие треба да поседуваат ја почна Жанина Стаменкова од „Делта проект“. Таа нагласи дека во Македонија, иако сè уште не е донесен правилникот за енергетска ефикасност тоа не нè ослободува од одговорноста да градиме зелени градби. „Од почетокот на овој месец во Австрија стана важечки
8
3
ПОРТА
28 декември 2012
енергетскиот пасош кој е обврзувачки за секој објект што се продава или издава. Тој треба да се достави во рок од 14 дена од потпишувањето на договорот. Доколку објектот нема таков пасош казната изнесува 1.450 евра. Во Македонија сè уште нема правилник за енергетска ефикасност, но мора да кажам дека сепак работите тргнаа на подобро. Веќе се правеше објект кој е енергетски ефикасен, а тоа е училиштето Христијан Тодоровски-Карпош“, нагласи Стаменкова. Кон тоа што се зелени објекти, се надоврза и Јанез Рихтер, директор на словенечката фирма „Рихтер“ која во поголемиот дел од Европа прави монтажни пасивни куќи. Според него, изградбата на пасивна куќа е инвестиција која не може да си ја дозволи секој човек, но сепак,
повратот на средства секако го има за неколку години. „За да се направи една пасивна куќа доста е важна локацијата, а потоа треба да се внимава да има што помалку можност за настанување на топлински мостови, стаклените површини да бидат свртени кон југ, да се направи планирање на негреани простори“, вели Рихтер. Како најпримерен извор на греење, според него, е компактниот систем. Токму системите за греење, ладење и вентилација на пасивните куќи ги образложи Егон Врабиќ од словенечката фирма „Нилан“ која работи на европскиот пазар. Примената и монтажата на топлотни пумпи и други уреди во енергетски ефикасните објекти во Македонија ја објасни Даниел Радески од фирмата „Термал комфорт“. К.С.Т.
награда за адора инженеринг од европсКата бизнис асоЦиЈаЦиЈа
Признание за бизнис репутација и успешно менаџирање
Е
вропската бизнис асоцијација ги прогласи Адора Инженеринг и генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец за најдобро претпријатие од градежништвото и најдобар
менаџер од Македонија во 2012 година. Ова реномирано признание на Адора Инженеринг и припадна за најдобра бизнис репутација, за успешно менаџирање и за динамичен раст на компанијата. Наградата, на д-р Чифлиганец, му беше доделена на
инфо престижната меѓународна манифестација „Најдобри претпријатија во Европа“ на свечена церемонија во кралската палата „Хофбурн“ во Виена, Австрија, во присуство на голем број претставници од повеќе земји во светот. „Ова признание особено ни значи, имајќи ги во вид огромните напори кои секојдневно ги вложуваме во ова кризно време и тешка бизнис клима, за обезбедување работа на пазарот со голема конкуренција, носејќи храбри одлуки. Поради тоа, ваквиот успех е вистинска сатисфакција и мотив повеќе за нас и за сите вредни менаџери и работливи луѓе од Македонија. Наградата е потвдра за Адора Инженеринг дека работи по светските стандарди, а за Македонија дека единствено вистинските вредности, кои ги препознава и признава светот, може да нè афирмираат и да нè однесат во семејството на ЕУ, што е приоритет на Македонија и македонскиот народ“, изјави д-р Ванчо Чифлиганец, генерален менаџер на Адора Инженеринг.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba 28 декември ПОРТА
3
9
градежништво
Прибежиште на Мон Блан Планинарскиот дом 'Refuge du Goûter', кој се наоѓа на 3.835 метри надморска височина, нуди модерно сместување за 120 гости на четири ката и претставува градба која целосно самостојно се снабдува со енергија и вода
Биљана Стојановиќ, дипл.град.инж.
П
ланинарскиот дом 'Refuge du Goûter' на францускиот алпинистички клуб е извонредна градба која со нетрпение се очекува да биде завршена во текот на наредната година. Причините за нејзината популарност се навистина многубројни; таа претставува градежен и архитектонски предизвик тргнувајќи од фактот што се наоѓа на највисокото градилиште во Европа, под самиот врв Мон Блан, огромните предизвици при нејзиното проектирање, лесната конструкција како и нејзината енергетска одржливост и независност, ја прават уникатна во поглед на технологијата, управувањето со ресурсите, како и обновливата енергија, и придонесуваат таа целосно да припаѓа на новата генерација на еколошки градби. Планинарите што сакаат да уживаат во овој планинарски дом ќе мора да почекаат
10
3
ПОРТА
28 декември 2012
до 2013 година, бидејќи иако најавувано за оваа година, неговото отворање се одложи за наредната сезона поради техничките проблеми со кои се соочија изведувачите.
ЛЕСНА КОНСТРУКЦИЈА
Планинарскиот дом 'Refuge du Goûter', кој се наоѓа на 3.835 метри надморска висина, односно 1.000 метри под највисокиот планински врв во Западна Европа, е лоциран токму на еден од најпопуларните правци, кои ги користат алпинистите во обид да го освојат врвот. Поради неможноста на претходната градба, изградена во 60-тите години на минатиот век, да ги задоволи потребите на сè побројните посетители, како и големата потрошувачка на енергија, се создала потребата од изградба на нов планинарски дом, проектиран од швајцарскиот архитект Херв Дезимон. Новиот дом нуди модерно сместување за 120 гости на четири ката и претставува градба
која целосно самостојно се снабдува со енергија и вода. Самата конструкција, пак, е показател како ресурсите можат да се зачуваат со помош на интелигентна лесна конструкција. Дезимон и инженерот Томас Бухи се одлучиле за конструкција од лепени ламелирани носачи, додека фасадата ја сочинуваат панели од не`рѓосувачки челик, фотонапонски и соларни елементи како и 55 кровни прозорци распоредени преку надворешната овална структура. Со замена на стандардните масивни греди со носачи од лепено ламелирано дрво е направена заштеда на материјали од цели 60 проценти. Префабрикуваните лесни дрвени конструкции кои се составен дел на зградата се транспортирани со хеликоптер и токму максималната носивост на хеликоптерот, која изнесува околу 500 килограми, била пресуден фактор при проектирањето. Носечката конструкција содржи околу 150 тони селектирано дрво.
градежништво
3
28 декември ПОРТА
11
градежништво
енергетсКа ефиКасност
Не треба да се занемари ни фактот што покрај уникатниот пристап кон изведбата, дополнителни причини кои го отежнуваат процесот на изградба се секако и временските услови, односно ограничување на пет до шест месеци работа во летниот период од годината, како и недостатокот на кислород.
12
3
ПОРТА
28 декември 2012
Енергетската ефикасност на објектот во прв ред се состои од добрата изолација. Тројните прозорски окна се дополнително опремени со осуммилиметарско стакло кое нуди дополнителна заштита од екстремните временски услови. Топлотната енергија која се користи во планинарскиот дом во најголем дел се добива од сонцето, односно од соларните панели (54 квадратни
метри) интегрирани во фасадата. Системот за снабдување на вода за пиење, исто така, се потпира на соларна енергија. Системот за топење на снег, кој работи на соларна топлотна енергија, го топи снегот сè додека има сонце. Водата добиена на овој начин се носи во зградата и се сместува во резервоар за вода со големина од 18 метри кубни, кој се наоѓа под зградата. Отпадната вода, пак, оди во мала пречистителна станица, каде биолошки се третира, се збогатува со кислород и на крај се филтрира. Добиената вода може да се користи за чистење на тоалетите или може да се врати во животната средина. Овој резервоар, исто така, служи и како голем сезонски резервоар на топлотна енергија нудејќи ѝ на лесната структура индиректна додатна топлотна маса. Фотонапонскиот систем од 97 метри квадратни го снабдува објектот со енергија. Освен горивото потребно за оваа единица, планинарскиот дом единствено зависи од надворешно снабдување на гас за потребите при готвење. Релативните трошоци за добивање на енергија потребна за да се нахранат 120 луѓе би биле доста високи. Модерен, економичен и еколошки, 'Refuge du Goûter' , иако сè уште незавршен, застанува во редот на градби како дел од глобалната иницијатива за нашата одговорност кон природата и намалување на еколошкото влијание колку што е можно повеќе.
рубрика
3
28 декември ПОРТА
13
архитектура
Интервју со Архитектот Иван Куцина
Нема веќе идеи за архитектурата како културна Архитектот Иван Куцина вредност работи на белградскиот Иван Куцина
Со што се занимава денес архитект Иван Куцина?
Најмногу се занимавам со школото и со експериментите во рамки на образованието. Затоа и студиото го поставив некако да биде во врска со реалните процеси како активен учесник кој се обидува да дејствува врз процесите, секако, онолку колку што може. На тој начин студентите практично се вклучени во тие текови на вистинските случувања во градот. Студентите сами ги прават работите и работат во јавните простори на градот, до таа мера што работат проекти кои инаку се работат, но да имаат одредени општествени ангажмани. Тоа е мојата примарна активност врзана за моите истражувања и пишувања кои почнаа од неформалната архитектура која се случи во Србија во деведесеттите години. Тоа е дискурс кој оди во правец на обидот да се развие човечки капитал и меѓу односите со луѓето да се дојде до некоја промена во градот, а не како денес низ бизнис со недвижности. Студиото е поставено да биде алатка 14
3
ПОРТА
28 декември 2012
со која се дејствува во градот. Во 2009 година бев во Америка, на „Парсонс“ како гостувачки професор, и таму видов дека исклучиво така се работи. Студентите се доведуваат во врска со организациите на граѓанското општество што имаат интерес да влијаат на работата и тогаш низ заедничка работа се остваруваат конкретни резултати. Тоа не се урбанистички студии, иако градот е предмет на дејствување. Во рамки на опкружувањето може да се прави сè, тоа е прашање на размери а не на дисциплина. Доста патувам во странство и искуството што таму ќе го стекнам го делам овде. Никогаш немав формално архитектонско биро, имав неформално биро со еден пријател кој се отсели во Шпанија во 2008 година, кога отпочна економската криза. Ние десетина години работевме проекти, сериозни работи. Некои од тие објекти се изведени, како музејот Мацура. И сето тоа беше работено со директни договори помеѓу клиентот и архитектот. Многу ми е од помош што имам работа во школо, па можам да се однесувам
Архитектонски факултет. Почнал како предавач на теориските предмети за понатаму сè повеќе да се приближи кон експериментите и истражувањето. Него го интересира општеството, транзицијата, промената и развојот на архитектурата како еден од најзначајните сегменти на нашето општество. Каде се наоѓа архитектурата денес во Србија, а каде позицијата на архитектот, какви впечатоци носи од Скопје, дали проектот на Заха Хадид е промашена инвестиција и зошто одлучил да стане архитект, Иван Куцина раскажува за новогодишното издание на „Порта 3“. м-р Ѓорѓе Јокиќ, дипл.инж.арх. (Србија)
архитектура Музеј Мацура, Нови Бечај, Србија
како „фриленсер“. Оваа година повторно воспоставив контакт со еден соработник кој е столар, и дојдовме до идеја да работиме дизајн на нови кревети, бидејќи јас работам и дизајн на намештај, изложби, урбанистички планови како и графички дизајн. Тоа всушност е само прашање на размери а не дисциплина.
Какви впечатоци носите од Skopje Architecture Week, каде бевте гостин и предавач? Тоа е еден интересен настан, кој го организира група архитекти кои главно се вработени на приватниот архитектонски факултет во Скопје. Тие се многу интересни и динамични, не се предаваат и покрај катастрофалната состојба која владее таму, и која е побизарна отколку кај нас.
Музеј Мацура, ентерриер
Кревет „Сара“, дизајн на Куцина
Настанот беше во зградата на Македонската опера и балет, зграда која е една од архитектонските скапоцености, а сега потполно запуштена зграда. Околу неа сега се овие нови згради, квази-историски објекти кои ја сокриваат. Гостите беа многу интересни и имаа многу нешта да кажат. Јас имав предавање за проектите за Сава маало; првото на ниво на студио, второто како миксер и третото во рамки на надворешна соработка. Интересно е тоа што ова е проект на идеи со учество на граѓаните во промена на условите во градот и неговата трансформација, тоа е модел на кооператива која може да го покрене одржливото производство, кое е некој облик на задруги. Поврзувањето на задругите за развој на градот е една нова тема и мене ми беше интересно тоа да го истражувам. Тоа е воведување на уште еден слој, кој е поблиску до обичните
3
28 декември ПОРТА
15
архитектура Семејна куќа Манчиќ на Авала
Практично таков пристап патентирал Лас Вегас, како приватна инвестиција, додека овде држата стои зад тоа. Тоа е само симболика, и тоа е многу интересно. Има таму архитектура која е над сето тоа, има многу нешта што не се добри.
Основа на семејна куќа Манчиќ
Кои се проблемите што ги имаат архитектите денес?
луѓе и во исто време е општествено покорисен од инвеститорската архитектура. Битно е тоа да заживее и останатите да бидат инспирирани од тој модел. Ми се чини дека во оваа криза нема ниту инвеститорска ниту државна архитектура. Можеби тоа е еден од излезите, за тоа многу се дискутира во светот, се објавуваат книги.
Каква е позицијата на архитектурата во Србија денес, архитектурата во регионот?
Во рамки на БИНА е организирана изложба на архитектурата на 21. век на државите во регионот. Повеќето држави ја поминаа „шок терапијата“ на наглата приватизација и промените во целокупниот систем, кој не е само политички, туку и самиот механизам на изградба на градот, тогаш и производите се слични, сето тоа 16
3
ПОРТА
28 декември 2012
е производ на одреден контекст. Некој има повеќе пари, некој помалку, па затоа некаде се поголеми зградите и слично. На пример, во Албанија постојат големи инвестиции, таму сега многу се гради иако инфраструктурата е лоша. Денес сите имаат пристап до порталите за архитектура и сите имаат исти примери на архитектурата. Сите се трудат да се угледаат на тоа, и денес се е слично. Постојат индивидуални разлики на поединци кои, сепак, се различни во своите средини. Главно се работи на обидите да се направи што попривлечна слика за да се привлечат „муштериите“. Ова што се работи во Македонија е државна инвестиција, што е многу интересно. Тое е еден популистички пристап кој им се допаѓа на луѓето, постојат 150 нови споменици во еден квадратен километар. Потрошени се сите пари за следните 50 години заради сето тоа.
Проблемот не е во дизајнот, проблемот е системски, позиција на струката. Архитектурата ја изгуби позицијата што ја имаше во социјализмот, некогаш архитектите имале позиција на привилегирана класа која ја размислува и реализацијата на работите што се корисни за општеството. Денес се потполно омаловажени и им служат на инвеститорите да произведуваат слики, кои ќе ги привлечат клиентите. Повеќе нема идеи за архитектурата како културна вредност, барем не во општеството. Ниту културата не ја сфаќаат така, а не пак архитектурата како култура. Архитектурата стана комунална дејност заради печатарство, како некое нужно зло, а никој во тој систем не гледа квалитет во опкружувањето и просторот како некоја вредност. Архитектите се некој вид диносауруси кои преживеале и сега го живеат времето во кое не припаѓаат, не само во вредносна туку и во професионална смисла. Денес архитектите се потсекција на секцијата проектанти на инженерската комора. Не само што е цената на архитектурата ниска, сè е девалвирано, архитектите не успеаја да се изборат за позиција. Колку се платени толку се и почитувани. Инвеститорот не само што наметнува програма туку и го менува она што вие сте го направиле, зема други проектанти. Вредноста на таквите објекти на крај се сведува на разубавување на фасадата а не на просторот. Она што постои како вредност се исклучоци.
архитектура Се занимавате со феноменот транзиција, таа беше и тема на вашата магистерска теза. Можете ли нешто повеќе да ни кажете зошто ја избравте токму транзицијата?
Затоа што тоа ми беше интересно. Во 1994 година, кога почнав да пишувам, транзицијата не беше актуелна како поим. Мојата теза е дека транзицијата како феномен е нешто што постои во текот на сите системи, а не само во преминот од еден во друг. Сакав да покажам дека модернистичкиот систем, кој има мошне исклучива доктрина, се обидува да го оформи светот по таа замисла. Дури и во таков тврд систем постои транзиција. Тоа е многу интересно, тоа ја менува нашата свест и идеологија бидејќи ги прифаќате промените како нешто во однос на што вие создавате, а не некоја есенција која треба да трае. Од филозофијата на суштината доаѓа филозофијата на релацијата. Односите стануваат она низ што вие доаѓате до вредностите, а не преку скриените суштини. Во тоа време (деведесеттите) мене ми беше интересно да покажам дека тоа распаѓање не почнало тогаш, и затоа го земав периодот помеѓу двете Светски војни, да ги прикажам транзициските текови во модернистичкиот правец. Исклучивоста на модернизмот ја прифаќаше новината како една вредност која треба да замени сè што е минато. Кај нас од старото и новото во транзицискиот микс настана хибрид, и тоа е многу интересно. Денес е време на транзиција која ќе трае можеби цели наши животи, бидејќи таа е непрекината, ние како архитекти мора ја прифатиме. На основа
на тоа мора да изградиме инструментариум на проектирање. Ние денес имаме инструментариум кој е заснован на модернистичката идеологија, кој тежнее на утврдување на работите а не на промените.
Ако транзицијата трае постојано, дали таа постои секаде?
Таа постои секаде, но секаде различно се манифестира, тоа е поле во кое елементите непрекинато можат да се судираат и исклучуваат. Тоа зависи од контекстот, манифестациите секаде се различни. Дивата градба потполно е нормална во Белград, на пример постои Рузвелтова улица покрај овој факултет, која беше граница на урбанистичкиот план на Белград од 1927 година, сè што е зад неа е дива градба. Илузија е дека ние некогаш сме биле поуредено општество. Читајќи ги текстовите за уредување на Белград после Првата светка воја, се доаѓа до тоа дека комплетно можат де се применат и денеска, како и после Втората светска војна. Тогаш системот беше построг, но не до крај, тука секои десет години ги менуваа плановите, на пример Нов Белград кој беше замислен како идеален град на крај стана некој вид на спонтан град каде елементите се мешаат. Таму каде што институциите не се силни, приватните интереси го преземаат приматот и настануваат некои чудни мутанти. Тоа е нашата одлика и мислам дека тоа треба да го прифатиме. Секако, не сме само ние такви. Според податоците на ОН, до 2030 година 70% од луѓето ќе живеат во градови, а најголем
дел во неуредени градови во најголемите градови на светот, Азија, Африка, Јужна Америка, дури ни Северна Америка не е уредена во класична смисла, не постојат урбанистички планови, постои планирање на градот од економски тип низ зонирање. Тоа што ние имаме идеја за планот е еден мал процент кон пристапот што главно е сконцентриран во Европа. Од дивоградбата не се плашам, таа е дел од системот, тоа не е грешка, тоа е дел од општиот феномен, кога институциите слабеат таа расте, тоа е едно цивилизациско наследство. Можеби тоа не е убаво но има еден вид енергија од која може многу да научиме. Билбордите се придружба на комерцијализацијата на градот, тие се јавуваат бидејќи носат профит, оној момент кога ќе престанат да носат профит, а тоа полека се случува, тие ќе исчезнат исто како и што се појавија. Во почетокот на седумдесеттите години на минатиот век во Лондон ги имаше
Туристичка населба Петровец, Црна Гора
3
28 декември ПОРТА
17
архитектура
Работна маса на Милорад Павиќ, дизајн на Куцина, 1990
масовно и потоа исчезнаа, денес таму се користат други медиуми за огласување. Комерцијализацијата не престана туку само го смени обликот. Тие и кај нас ќе исчезнат после претераната експлозија, додека има корист тие ќе постојат и ќе се множат. Во кој правец оди Белград? Еден од проблемите е инфраструктурниот, и тоа мора да се реши, како што се мостовите, новите железнички станици, метроата. Тоа се сè многу битни работи за функционирање на главниот град, тоа е ургентно бидејќи градот не се развиваше со брзината со која растеше. Од друга страна, ми се чини дека сè додека постои инвеститорската архитектура, таа ќе ги троши ресурсите на градот. Она што би било добро е јавните служби да ја сфатат вредноста на јавниот простор, а тоа не се само парковите и плоштадите, на местата каде што се одвива социјалната размена, тоа може да биде и внатре и надвор од зградата. Ако тие места се планираат паметно, тие можат и да произведуваат,
а не само да го трошат градскиот буџет, да се издржуваат и да вработуваат. Тоа е некој вид на креативно производство. ЕУ финансира нешто што се вика Social Enterprise, но не така што се даваат само средства, туку се вложува во општествени инвестиции, тоа е еден нов модел, новина која се воспоставува во Европа. Во последно време во Белград има многу проекти различни по својата природа. Центарот за промоција на науките е државна инвестиција и на добар начин се развива многу професионално, од жирито Кревет „Клара“, дизајн на Куцина
на конкурсот до развојот на проектот. Токму затоа што постои силен инвеститор, во вид на држава, тој го наметнува стандардот
Дизајн за изложба „Тајната култура на Лепенски Вир“, Народен музеј, Белград, 2008 18
3
ПОРТА
28 декември 2012
што може да биде модел за понатаму. Проектот „Облак“ на Соу Фуџимото е некој обид на градот Белград да ѝ парира на таа државна инвестиција, меѓутоа, избран е проект кој е многу скап и неорджлив, така што никогаш нема да се реализира. Тие ќе стават една интересна слика на портал и ќе кажат: еве го развојот на Белград. Слична е приказната и со другите проекти, од Заха Хадид до Либескинд, тоа треба да бидат примамливи слики за луѓето. Кај приватните инвестиции се работи за одземање на просторот од градот, иако во
тие проекти постојат јавни простори, тие тоа не се, туку се контролирани простори. Како што шопинг-мол не е јавен простор, луѓето таму доаѓаат за да трошат пари, а кај јавниот простор е битна социјалната размена а не паричната размена, а ниту еден од овие проекти ќе го нема тоа. Проектите што се познати во светот на некој начин се продолжение на ефектот Билбао, што одамна помина, ние него не го осетивме, брендирање на градот преку иконични градби, ние го фативме само крајниот сегмент од тоа. На пример кај проектот Билбао, постоела голема структурална реформа на градската управа и производство на просторот, која нема толку значајни слики и таа е носител на тие промени. Тоа е можно во одредени економски услови, во време на економска криза тоа е неможно, и се сведува само на иконична градба, какви што денес има безброј низ целиот свет. Последните неколку години е променета парадигмата, повеќе градовите не се брендираат на таков начин, мислам дека луѓето овде не размислуваат за тоа. Заха Хадид ги заробила инвеститорите секаде каде што градела,
архитектура Модел за хотелски базен, Режевичи, Црна Гора
Инсталација во јавен простор
во Рим за проектот на музејот Maxxi, буџетот е надминат три пати и практично нема да може повеќе ништо да се гради во наредните 20 години. Сега се останати само слики од тие иконични градови, кои не им служат на градовите туку на инвеститорите. Банките на нив ќе им дадат кредит, бидејќи така им изгледа посигурно, а инвеститорот попрво ќе ја ангажира Заха Хадид, отколку некој анонимен архитект кој можеби дури и подобро би го направил проектот. Самата градба, нејзиниот проект во Белград е едно од просечните дела, такви ги има многу низ светот, нема континент каде таа не направила нешто слично. Тоа нема да може да го брендира Белград, на некој начин тоа станува и визуелно загадување, тие „криви“ ги има секаде. Новиот мост е слична приказна, обидот да се создаде нов симбол на градот, влез во 21 век. Сепак, тоа е инженерски проект, прашање е дали тие пари можевме попаметно да ги потрошиме, тој е грандиозен, но далеку го надминува капацитетот на нашето општество, тоа е практично дупли мост, изгледа над
пропорциите на Белград, како да е граден за Њујорк а не за Белград. Мислам дека во вакво време не треба така да се пристапува.
Кои беа вашите архитектонски примери, професори и архитекти?
Постојат луѓе кои ме мотивираа и раздвижуваа, не да бидам ист како нив, туку во мене да пробудат одредено ниво на свест, да бидам каков што сум а не да сум како нив. Многу луѓе со кои работев влијаеја на мене. Милош Бобиќ кој ми беше ментор на магистерските студии, проф. Лојаница кој ми беше ментор на дипломската, проф. Кековиќ кој ме донесе на факултет зашто веруваше дека јас размислувам за архитектура. Тој веруваше дека теоријата е неопходна за архитектите. Ние имавме бескрајни разговори за архитектурата. Професорот Куниќ ми помогна да се снајдам на факултет и да сфатам како се работи тоа. Постојат некои луѓе кои во одреден период на животот влијаеле врз мене. Моментално на факултетот имам свое студио на Мастер студии, имам студио
на дипломски работи, изборен предмет на прва година на мастер студии и еден семинар на втора година на мастер студии. Освен тоа водам и работилници и учествувам во работата на неколку предмети. Гостувачки професор сум на Факултетот за медиуми и комуникации. Гледајќи, сум работел на сите години на факултетот, почнав со теорија и полека воведував практични вежби, и сè повеќе се сведуваше на истражување на реалноста. Не знам кога сум сфатил дека ќе бидам архитект, архитектурата ми беше забавна, и сакав да се занимавам со неа. Таа ми стана интересна дури кога запишав градежништво, па почнав да се движам низ архитектонскиот факултет, да одам на предавања и да ги гледам тие цртежи. Како студент по архитектура имате можност да се изразувате креативно, можете да дадете свое мислење за светот и луѓето низ проекти, а некогаш ќе направите нешто корисно и добро, тоа ме привлече. Никогаш не се видов себеси како архитект кој седи и црта, секогаш повеќе работев во глава, отколку што цртав.
3
28 декември ПОРТА
19
архитектура
Интервју со Невена Брезоска, Студио HBO+EMTB, Канбера, Австралија
Мојата кариера не е егзотична градина Јас својот работен век го гледам како нива добро изработена, со бескрајно класје, и тешко можам да одвојам кој клас е подобар од другиот. Сето тоа класје го грее и храни мојот духовен и физички свет. Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Австралија)
В
о овој број на „Порта 3“ имаме посебно задоволство да ви го пренесеме ексклузивното интервју со архитектот Невена Брезоска. Таа го споделува нејзиното работно искуство во една таква позната и значајна структура како што е Канбера Студио: HBO+EMTB. Невена Брезоска е родена во Скопје, каде има завршено Архитектонски факултет во 1978 година, и е ќерка на доајенот на македонскиот архитектонски модернизам, професорот Славко Брезоски.
Студиото HBO+EMTB е можеби едно од поагресивните формации кои може да се сретнат на подрачјето на Австралија и Азија. Прво, би сакал да ве прашам што значи за Вас да се биде дел од еден таков голем тим?
Гледано географски моделот застрашува, но во суштина е универзален, едноставен и сосема ефикасно работи сè додека се почитува неговата структура. Принципите на организација се универзални и добро поставени, и во секое време ефикасно се работи на релација самостојно работење и глобална интеракција. Секоја проектантска 20
3
ПОРТА
28 декември 2012
единица е и економска единица која се грижи за добивање, разработка и испорачување на проектот во локалната географска единица, но постои јака технолошка мрежа која нè обединува (крвоток). И не е случајно да се соработува на еден ист проект интерконтинентално со максимално искористување на предностите на специфични ресурси од различни студија на два различни краја на светот. Иако реферираме како Канбера студио ние сме оперативен дел од Глобал студио, единствен организам и однапред одредени оперативни механизми, кои се приспособуваат на локалните специфики. Сосема добро се снаоѓам со оглед на тоа што ги користам сите предности на современата технологија и тимската соработка.
Имате доста одговорна позиција, како се справувате со предизвиците што ви ги наметнува вашето биро?
Позицијата дојде со годините, искуството …ние сите се водиме како работни директори, односно водиме проекти и дополнително сме одговорни за нивна реализација и перформанса. Нашата
Канберска група е една капка во однос на збирната моќ на сите студија. Искуството овозможува полесна навигација во смисла на дефинирање задачи, организација на ефикасен тим, селекција на соодветни ресурси. И најважно од сè е да не се изгуби основниот мотив, што не дефинира како струка, да се изнајде најкреативен метод на решавање на проблемот. Импровизацијата и отстапувањето од правилата е повеќе исклучок отколку практика, се користат проверени патеки, соодветни на предизвикот, коишто се покажале успешни и креативно се дополнуваат со цел да се извлече максимум во процесот. Ние сме класичен економски модел - постои продукт, пазар, цена и нашиот сервис се развива околу тоа… добар дизајн е еднаков на добар бизнис.
Дали може да ни опишете како е структурирана вашата фирма со толкав обем? Како успеваат да се менаџираат обврските, динамиката и квалитетот на проектите и кои се проблемите со кои најчесто се соочувате? Во врска со ова веќе нафрлив некои детали. Динамиката на извршување на
архитектура Комерцијален објект 16 Marcus Clarke, Канбера
задачите е диктирана од надворешни фактори. Комплексноста на реализација на еден проект е голема. За жал, ние као архитекти, па и целата проектантска заедница сме многу слабо подготвени за она што е секојдневие во градежната индустрија - буџет, рок, координација…И пред сè, тимска работа со многубројните партиципиенти во изработка и реализација на проектот. Излегуваме од школските клупи со идеали дека ќе го испроектираме следниот Таџ Махал, а реалноста на
градежната индустрија е друга. Тука веќе човек треба да почне да балансира меѓу објективното и субјективното, меѓу реалноста и идеалите, меѓу можностите и желбите, економската реалност и идејната грандоманија. „Креативците“ си играат мајтап со зборот QA-quality assurance или стандарди за квалитет. И малите, па и големите организации мораат да имаат поставено и напишано систем на активности кои ги користат во реализација на своите услуги, од примање на задачата до нејзино финализирање, тоа се алманаси со страници кои се многу корисна алатка за секој менаџер. Не треба да си посебно талентиран и со посебни менаџерски афинитети за да се користи овој „прирачник“, кој се покажал како корисен инструмент во секојдневното работење. Проблем има секогаш и сегде и колку сакаш. Јас ги обожавам, ми даваат елан да ги совладам, да ја разберам суштината и да одговорам соодветно. Проблемот како збор звучи застрашувачки, но во суштина ја ангажира нашата ментална енергија за изнаоѓање креативни решенија. Проблем е нарачателот што сака шампањ, а има средства за пиво, проблем е проектот што требало да се заврши вчера, а клиентот сè уште не е на чисто што сака, проблем
е програмата што не дозволува време за соодветно проектирање и документација, проблем е секој ден на изведба кога се доцни со реализација…проблемите се во нас, околу нас, нема крај, секој ден е бомба. Има една убава поговорка: Господе дај ми спокој да ги прифатам работите што не можам да ги сменам, кураж да ги сменам тие што можам и, пред сè, мудрост да ја препознаам и согледам разликата.
Кои проекти би ги издвоиле како позначајни во вашата кариера, и кое е нивното значење во вашата професионална надградба?
Јас сум „со моливот во рака“ речиси 40 години. И сум заборавила што сè не ми поминало низ масата, од големи и мали проекти, од реализирани и нереализирани проекти. Мојата кариера не е егзотична градина со цветови од кои можам да бирам. Јас својот работен век го гледам како нива добро обработена, со бескрајно класје, и јас тешко можам да одвојам кој клас е подобар од другиот. Сето тоа класје го грее и храни и мојот духовен и мојот физички свет. Почнав како чирак во работилницата на татко ми, потоа во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, потоа во Канбера. Сум работела на сè и сешто, од безводни тоалети во пустината на Alice Springs до повеќекатни комерцијални објекти во
IP Australia, Канбера
ANU Innovations Building, Канбера Lyneham Performing Arts Centre, Канбера
DIaC Central Office, Канбера
3
28 декември ПОРТА
21
архитектура
UniHouse, концепт пејсаж, Канбера
Канбера. Не можам да се пофалам дека сум имала можности да бирам што работам, секоја задача за мене била и нова, и значајна, и со љубов сум ја работела, и сум се трудела да направам мал бисер од тоа, во рамките на некои сурови реалности на комерцијалната архитектура.
Имате работено на голем број проекти за заштита на културното богатство. Каков е пристапот на проектирање во однос на нивното културно наследство? И дали би
издвоиле по некоја карактеристика во начинот и методот на проектирање?
Јас во суштина не се квалификувам како "Heritage architect", тоа е веќе дефинирана субспецијаност. Меѓутоа секојдневно се судирам со проекти кои се на листата на објекти со културно наследство, како дел од нивно активно користење, како институцуионални објекти во главниот град. Специјалист консултант е секогаш присутен во тимот. Австралија во целина нема можности да се фали со
антика, ренесанса и барок, и не се срами од тоа. Напротив, со голема љубов се негува се што е останато од минатото, па макар тоа била и дрвена барака во која се стрижеле овците. На своето културно наследство гледаат со почит и гордост и не применуваат „пластични операции“ за да си го подобрат рејтингот или имиџот во светот. Австралијците се вредни луѓе, многу прагматични, економични и уживаат во активна пренамена на се што може да се рециклира. Постои строга регулатива во оваа област, таа се почитува и ги следи трендовите во светот. Секој објект кој е на листата на заштита, од која било причина, има изработено соодветен елаборат за она што смее и не смее да се интервенира во просторот. Суштината е да се стимулира активно користење. За таа цел, објектите треба да се адаптирани во согласност со постоечки стандарди и градежни кодови. Се тежи интервенциите да се минимални и неагресивни и во рамки на согласното, да не се во конфликт со програмата за заштита, и она што е ново да биде дистинктивно и да се врзува со времето, а не со минатото.
Имате голема соработка и со административниот и со државниот сектор, кои се позначајни проекти што ги имате изведено за нив? 22
3
ПОРТА
28 декември 2012
UniHouse надворешност, 3D модел, Канбера
архитектура Woods Bagot, спортски објект, Канбера
Канбера ја дефинира мојата „австралиска кариера“. Градот постои од почетокот на дваесеттиот век, наскоро ќе славиме 100 години од камен-темелникот. Тоа е без збор недоволно долг историски временски интервал за да се реномира како значаен урбан центар. Градот е сè уште во процес на дефинирање на својот градежен идентитет. И додека едни го дефинираат како "bush capital", Канбера е пред сè административен центар на Австралија, со концентрација на федералниот административен сектор, јавни институции од национален карактер и во последно време повеќекатни резиденцијални структури. Капиталните објекти се своевиден бисер во својот домен и градени со големи проектантски претензии, но во суштина правот сè уште не е стивнат и треба време да се изгради вистински идентитет на овој град. Овие елементи ја дефинираат и активноста на HBO+EMTB во локалниот градежен сектор. Јас работам и на нови објекти, но и на реновирање и адаптација на стари. Бидејќи сум работела во неколку проектантски студија би ги одвоила: Националниот музеј на Австралија, Манука крикет овал, повеќе комерцијални објекти - административни згради, Гунгхалине хостел и други објекти кои не знам колку се релевантни во контекст надвор од Канбера. Постојано работиме на модификации и адаптации во објектите на Новиот и Стариот парламент, Националната библиотека, Музејот на наука и технологија, Националните архиви и слично. Моите лични активности се локални.
Австралија во целина нема можности да се фали со антика, ренесанса и барок, и не се срами од тоа. Напротив, со голема љубов се негува сè што е останато од минатото, па макар тоа била и дрвена барака во која се стрижеле овците. искуство со некој проект во тој сектор?
Како фирма имаме искуство и го практикуваме тој пристап секаде каде што постојат можности. Австралија, според можностите е сè уште назад во овој домен, сè уште ѝ се дава предност на кратко досежната економска оправданост во примена на принципите за енергетска ефикасност и самоодржливост. Со
Колку HBO+EMTB го следат трендот на енергетска ефикасност и дали веќе имате Противпожарна станица, Канбера
спектакуларни исклуцоци сè уште се задоволуваат само мандаторни барања за енергетска самоодржливост. Јас лично не сум работела на проект каде што дизајнот е воден од енергетски модел, во многу случаи економската реалност била појака. Мојот личен став е дека иднината на оваа планета лежи во рацете на самосвесноста на сите дисциплини и станува наша должност
3
28 декември ПОРТА
23
архитектура
UniHouse надворешност, 2D модел, Канбера
поригорозно аплицирање на методи за енергетска ефикасност, и дека тоа наскоро ќе стане наша секојдневна практика.
Во Македонија се школувавте, а некое време и работевте како демонстратор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Продолживте во Заводот за урбанизам и архитектура во Скопје, каде што работевте околу девет години. Во Австралија заминавте кон крајот на 80-тите години на минатиот век. Кажете ни нешто за тие Ваши почетоци во Канбера?
Јас секогаш ќе останам сентиментално поврзана со Архитектонскиот факултет во Скопје, имам убави спомени од студиите и мислам дека излегов со многу здрави технички основи и универзална подготвеност во струката. Во Заводот за урбанизам имав можност да допрам инаква димензија на архитектурата, едно макровидување на проектирањето 24
3
ПОРТА
28 декември 2012
или таканаречено планирање на еден комплексен ентитет како што е градот и неговата околина. Имав можност да ја сфатам реперкусијата и меѓуповрзаноста на социо-економското и еколошкото влијание врз физичката димензија на градот. Во светот заминав со семејството, куферите и големата љубов кон архитектурата, спремна да го почнам својот нов пат и во копирница ако треба… Верував во себе, и бев упорна, и се излезе во ред, а можеше да биде и подобро и полошо. А се правеа компромиси, па и Рим не бил изграден во еден ден. Мојата страст за новото, за дизајнот и за градителството ме одржуваат и ден-денес.
Во последната декада од 20 век, Австралија се соочуваше со една од најголемите економски кризи од своето постоење. Како се одвиваа работите и колку ви помогна стекнатото искуство од Македонија?
Кога дојдов во Австралија таа веќе беше
влезена во криза, знам дека архитектите возеа такси за да опстанат, а јас веднаш се вработив и не знаев дека е криза. Дојдов, за жал, од земја каде кризите никогаш не престанале. Да речеме имав среќа или со својата наивност и страст ги обезоружав работодавателите, а преку глава ми поминаа уште неколку такви кризи, и сите тие во свое време беа најголеми. Сега не е само Австралија во криза, сега светот е во криза или едноставно балансот на економска сила се менува. И додека не се створи повторна рамнотежа ние градителите сме во првата боева линија. Сега знам многу повеќе за кризи, имам и локално (австралиско) и прекуморско (македонско) искуство. И повторно, како и секогаш, се потпирам на проверени орудија: вербата во себе, љубовта кон професијата, прагматичен пристап кон решавање на проблемите, не претенциозност… после секој дожд грее сонце.
архитектура ГЕЦЕ ГмбХ – Германия | ТП, ул. Николай Хайтов, No.34, ет.1| София, 1172 | Тел: +359 2 470 4373 | E
СИГУРНОСТ ПРИСТАПНОСТ
СИСТЕМИ ЗА АВТОМАТСКИ ВРАТИ GEZE - СЕРИЈА ЛИЗГАЧКИ ВРАТИ SLIMDRIVE Дискретната големина и совршенството - соединети во едно. GEZE нуди полн спектар автоматски врати со оператори, високи едвај 7 см, кои целосно одговараат на сите безбедносни барања и сертифицирани со стандардот DIN 18650. Висината дозволува невидливо вградување на вратата во секоја фасада.
Технологија за врати | Системи за автоматски врати | Системи за одведување на чад и топлина (Системи за одведување на чад - RWA) | Техника за безбедност | Системи од стакло
BEWEGUNG MIT SYSTEM
3
28 декември ПОРТА
25
дрвна архитектура
Едукативен центар за екологија и животна средина, Ралф Клеин парк, Канада
Пример за одржливост и етичко однесување кон околината
Необичноста на овој проект е тоа што проектот за објектот и проектот за најблиската околина се развивале во исто време. Просторот на кој сега се простира езерото Шепард, претходно било безлично поле без никакво посебно значење, додека материјалот што се ископал за да се направи езерото бил употребен за да се оформи околниот пејзаж.
Е
дукативниот центар за екологија и животна средина е архитектонско дело, кое се наоѓа на езерото Шепард во новиот Ралф Клеин парк, близу градот Калгари, во државата Канада. Ова вештачко мало езеро служи како прочистителна станица на атмосферската вода од градот. Објектот е изграден на самото езерце и изгледа како да плови на водата. Двокатниот центар се простира на скоро 2000м2, а во него има училници, изложбени простории,
26
3
ПОРТА
28 декември 2012
Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија административни и помошни простории, и претставува место за јавна интерактивна едукација за вештачките езера, проблемите со водата и водоснабдувањето, одржливост, етика на однесување со околината и животната средина.
Архитектура
Необичноста на овој проект е тоа што проектот за објектот и проектот за најблиската околина се развивале во исто време. Просторот на кој сега се простира езерото Шепард, претходно
било безлично поле без никакво посебно значење. Материјалот што се ископал за да се направи езерото бил употребен за да се оформи околниот пејзаж. На почетокот, центарот бил замислен како мала куќичка на самото езеро, но подоцна во проектната фаза преовладал предлогот дека со финалниот објект ќе може многу повеќе да им се понуди на посетителите и многу подобро да се реализираат сите замислени содржини, кои треба да ги содржи. Овој концепт еволуирал во остров опколен со вода, на којшто може
дрвна архитектура и искуство во проектирањето, но исто така, не помалку значајна е и нивната изведба, за да се постигне посакуваната ефикасност и елегантниот изглед.
Конструкција
Самата локација претставувала голем предизвик за проектантите. Фундаментите под езерото се направени од бетон и продолжуваат нагоре во вид на тенки столбови, кои ги поддржуваат двата ката. На пониски столбови се направени патеки, преку кои се влегува и излегува од објектот. Овие патеки се на висина од 600 мм од нивото на водата, и се проектирани така што можат да бидат потопени при поголем нанос на вода. Нивото на првиот кат е на висина од 930 мм над нивото на водата. Латералната стабилност се обезбедува
да се пристапи преку мали мостови. Во овој контекст, било предложено придонесот на Центарот во насока на одржливост да биде што поголем, а во исто време и да ја заштитува животната средина и околината. Дрвото како главен конструктивен материјал бил логичен избор, и објектот бил проектиран врз основа на знаење и огромно искуство на градење со лепени ламелирани носачи. Покрај еколошките предности и издржливоста што ги има дрвото, визуелните квалитети на материјалот овозможуваaт потполно откривање на конструктивните елементи, а со тоа зацврстување на врската на објектот со природата. Покажувањето на конструкцијата било протолкувано како дел од стратегијата самиот објект да стане дел од образовното искуство. Не само што откриените конструктивни врски прикажуваат како објектот е изграден, туку и откриените канали и водни инсталации прикажуваат како објектот функционира. Откриените конструктивни врски бараат многу знаење
со бетонските скали и со отворот за лифтот, кои се издигнуваат во средина на објектот. Исто така, има неколку точки каде што се зајакнува конструкцијата со бетонски ѕидови. На највисоката тераса можат да се забележат зелените кровови кои се состојат од слој на земја со длабочина од 150 мм на која растат најразлични растенија. На еден дел од кровот длабочината на земјата достигнува и до 300 мм, каде што можат да се засадат поголеми растенија, дури и помали дрвја. Над првото ниво, бетонските столбови се заменуваат со дрвени лепени ламелирани носачи. На неколку места, каде товарите се многу големи, се поставени челични носачи за дополнителна стабилност. Дрвените носачи се поставени точно над бетонските. Сепак, поставеноста
3
28 декември ПОРТА
27
дрвна архитектура
Ralph Klein Legacy Park
на носачите е неправилна во однос на распоните. Оваа неправилност најмногу се забележува во училниците, каде достигнува дури до 7,9 м, а модулот на објектот за носачите е 4,8 м. Димензиите на најголемите дрвени носачи достигнуваат 800x450 мм. На двете страни од објектот, конзолниот балкон е изграден со користење гредоред, кој се протега над главните носечки греди, наместо да се вкрути во нив. Оваа конфигурација ја намалува цврстината на подот и треба да се компензира со вкрутување на страниците од носечките столбови. Конструктивните елементи кои се изложени на надворешни атмосферски влијанија се специфицирани како надворешен материјал со посебна заштита. Целиот дрвен материјал е од видот ела.
Одржливост
Центарот за едукација е изграден 28
3
ПОРТА
28 декември 2012
со неколку интересни стратегии за одржлив дизајн, посебно во областа на искористување на водните ресурси. Неговата локација е одлична можност за едукација на посетителите за правилно искористување на водата. Објектот е регистриран во Канадскиот совет за зелена градба, додека неговото потполно регистрирање ќе се изврши по 12 месеци функционирање. Употребата на дрвото како градежен материјал придонесува во голема мера за еколошката вредност на објектот. Исто така, неговата ниска спроводливост на топлина овозможува подобра изолација и драстично ги намалува термалните мостови, кои можат да се појават на надворешните ѕидови. Со оваа карактеристика, дрвото ја зголемува енергетската ефикасност на објектот споредено со бетон или челик. Градењето, реновирањето и функционирањето на објектите
искористуваат најмногу ресурси од која било друга човечка активност. Секоја година, најмалку 40% од ресурси и произведена енергија се искористуваат за градежниот сектор. Ова произведува милиони тони на стакленички гасови, токсични гасови, загадена вода и други видови на отпад. Најшироко прифатениот метод за проценка на нивното влијание врз земјата е проценката на животниот циклус на материјалите. Оваа метода го проценува влијанието на различните материјали врз природата во текот на целиот нивни животен циклус – од набавка на репроматеријалите, преку производство на материјалот, транспортирање, инсталација, употребливост, и на крајот какво влијание имаат како отпад. Во сите овие проценки, дрвото од сертифицирани, обновливи шуми има највисоки оценки како материјал за градење.
архитектура
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
3
28 декември ПОРТА
29
интервју
Вања Дончева Рајатоска, управител на БИРО ПРОЕКТ ДОО
Проектантска куќа подготвена
П
ред десет години на македонскиот пазар на услуги од областа на проектирање, маркетинг и хортикултура се појави компанијата Биро проект, членка на групацијата АДИНГ. Започна со работа како мала компанија со големи идеи, која за кратко време успеа да најде начин да ги понуди своите иновативни решенија на пазарот. Во текот на своето десетгодишно постоење, Биро проект континуирано го зголемува бројот на клиенти, како и на вработени. Вработените во Биро проект денес претставуваат тим кој се состои од искусни професионалци и млади ентузијасти. Креативци, истражувачи, стратези, кои на најдобар можен начин излегуваат во пресрет на барањата и потребите на пазарот. Десетгодишниот јубилеј е повод за разговор со Вања Дончева Рајатоска, управител на компанијата.
На пазарот функционирате десет години. Какви се вашите искуства во однос на овој изминат период?
Започнавме со тројца вработени пред десет години. Работевме и се развивавме полека со рационално инвестирање во нови вработени. Сега сме тим од десет лица со претежно инженерски кадар. Несебично и со многу труд се посветувавме на секој проект, без оглед на неговата големина. Најважно ни беше клиентот да биде задоволен после секој реализиран проект. Tаа посветеност и професионалност ни овозможи стабилно да зачекориме во новата декада.
Работите во три различни области – проектирање, маркетинг и хортикултура. Каков е спојот на активностите?
Овие три области се тесно поврзани меѓу себе. Во тимот за проектирање работат архитекти и градежни инженери, секој докажан во својот домен на работење. Архитектите се познати по своите високи естетски мерила, па согласно тоа, од голема помош се сугестиите и насоките за дизајн и графичка подготовка на колегите од областа на маркетингот. Нивните дела, претежно изработка на рекламни материјали, маркетинг кампањи, веб дизајни и сл., се одраз на целокупната креатива во Биро проект. Секако, и дветe области имаат уметнички карактеристики во својата материја, така што соработката 30
3
ПОРТА
28 декември 2012
Вања Дончева Рајатоска
е навистина одлична и корисна за секоја страна. А работењето во полето на хортикултурното и партерното уредување, со помош на стручно лице од таа област, ја надополнува креативноста на инженерите. Идеите и решенијата се резултат на сродни професии и беспрекорна меѓусебна почит на колегијално и професионално ниво. Тимот што стои зад Биро проект е главната негова одлика за секој постигнат резултат и изготвен проект. Навистина сум горда на вработените и заедно се надеваме на уште многу заеднички успешни години.
на современи технологии и огромното знаење, односно помошта од повозрасните колеги, е од непроценливо значење кое ретко може да се сретне на нашиот пазар. Во денешно време, квалитетот на проектите не е на соодветно ниво, па затоа сметаме дека времето на квалитетни и издржани проекти допрва доаѓа, а Биро проект и понатаму ќе се докажува со својот квалитет и висока професионалност.
Во однос на проектирањето, кој е предизвикот за вашата фирма да опстојува на оваа наша архитектонска сцена?
Во текот на нашето десетгодишно постоење се занимававме најмногу со проектирање за сите фази, но и со реновирање и санација на станови, деловни простории и сл. Најголем проблем е нелојалната конкуренција и невоспостановен ценовник за нашите услуги. Во областа проектирање би
Тимот што работи во областа проектирање е склоп на млади инженери - архитекти и повозрасни, поискусни проектанти со многу прoекти зад себе. Таквиот состав со неуморни идеи, примена
Со кои проблеми се соочувате најчесто во вашата работа и колку сте задоволни од досега реализираното?
интервју
за новите предизвици требало да се вреднуваат трудовите според параметрите, како што се квалитет, искуство, портфолио на компанијата, стручните доусовршувања, структурата на вработените, роковите и секако цената. За жал, во овој период, последниот параметар игра најголема и најважна улога во одлуката на потенцијалните инвеститори за избор на проектантска компанија. Биро проект е лиценцирана и овластена проектантска куќа, која е подготвена за новите предизвици. Со постепениот раст и развој на компанијата, задоволни сме од нашето богато портфолио.
Каква е конкуренцијата на домашниот пазар, и сметате ли дека има доволно или премногу архитектонски бироа и студија, кои го покриваат нашиот терен?
Во Македонија има голем број проектантски студија кои функционираат и тоа ѝ дава поттик на нашата фела. Со посветеност во својот домен, со сериозен и темелен пристап за секој ангажман, со постојано следење на новите трендови и технологии, секоја компанија ќе си го најде своето место на пазарот. Конкуренцијата само ја зголемува нашата желба за поголем развој и успешност во оваа област и секако го подобрува нашиот квалитет, со кој се издвојуваме од останатите.
Со хортикултурата започнавте да работите последнава година. Има ли оваа област перспектива во нашата земја? Очекувате ли допрва да се развива?
Особено сме горди на започнување една нова област во Биро проект. Хортикултурата отсекогаш сме ја чуствувале како потреба во дооформување на нашите проекти од естетски аспект, осоебно за објекти каде е потребно вклопување во одредена средина и, секако, создавање амбинет од кој инвеститорот ќе биде воодушевен. Сметаме дека сè повеќе се бараат вакви услуги, особено кога во недoстиг на време, сите ние бараме професионалци и стручни лица кои најсоодветно ќе си го одработат своето. И хортикултурата и партерното уредување се сегменти кои го надополнуваат секој простор, било да станува збор за станбен простор, деловен простор или пак двор, градина, паркови и други видови приватни и јавни Проектирање и адаптација на производствен погон на Адинг Шими Парс, Техеран, Иран, 2010
Ентериер на Подолошки центар др.Ваис, Скопје, 2012
површини. И токму затоа нашата определба за оваа област, со комплетна услуга од дизајн до изведба, надзор и консултации од хортикултурното и партерното уредување, ја сметаме за оправдана.
Колку ги следите современите архитектонски и дизајнерски решенија и трендови, и колку се тие применливи во вашата работа? Сите три области во кои работи и дејствува Биро проект бараат постојано следење на најновите откритија и користење на вископрофесионални софтверски програми за проектирање, дизајн и подготовка на графички решенија и веб апликации. Покрај гореспоменатата структура на вработени, дел од нашиот тим вклучува и инженери со графичко и информатичко образование, така што во голема мера ни се олеснува примената на соодветни
3
28 декември ПОРТА
31
интервју Ентериер на студио за часовници OnTime, Скопје, 2012
алатки во дизајнирањето и проектирањето. Со оглед на можностите и потребите, се трудиме секоја година наша екипа да биде присутна на саемот за мебел во Милано Италија и саемите за градежништво во Германија, така што се обидуваме да го пренесеме нашето стекнато знаење и искуство кон клинтите што знаат да ја препознаат нашата креатива. Ентериер на стан во нас. Карпош, Скопје, 2012
32
3
ПОРТА
28 декември 2012
Биро проект е членка на групацијата АДИНГ. Дали за Вас тоа е предизвик кој ве мотивира или пак товар во секојдневната работа? Биро проект е членка на групацијата АДИНГ, која освен од матичната комапнија АДИНГ е составена и од уште неколку домашни и странски компании (Бизнис Центар Адинг, Инвест А, Адинг Бугарија и Адинг Белград). Оттука, Биро проект ја има
интервју
Проектирање на приватна куќа во населба Петровец, Скопје,2011
Проектирање на штанд на Деловен систем Адинг и комплетна маркетинг поддршка, Саем за градежништво, Скопје, 2011
одговорноста да го следи растот и развојот на групацијата АДИНГ. Ова од аспект на проектирањето подразбира изработка на техничка документација за континуирано проширување, изградба на нови или адаптирање на постоечките административни и производствени капацитети. Само за илустрација, 2008-2009 година беа изработени, а потоа и реализирани, проекти за нови производствени погони за АДИНГ Бугарија во Перник и АДИНГ Тимот на Биро проект
Персија во Техеран, Република Иран. Од аспект на нашиот маркетинг сектор, ова подразбира постојано водење, следење и координирање на целокупниот маркетиншки настап на групацијата, што вклучува серија континуирани промотивни активности и ПР операции на групацијата. Секако ова е голема одговорност за нас како компанија, но и предизвик со кој секојдневно се соочуваме.
Кои се вашите планови за во иднина?
Биро проект и понатаму ќе се труди,
пред сè, да се оддржи на овој пазар во овие несигурни и нестабилни времиња, преку ставање акцент на изработка на квалитетна техничка документација, соодветно технички и детално разработени проекти, креативни и иновативни маркетинг решенија, сето ова секако надополнето со огромно внимание, посветеност и сериозност од страна на вработените кон нашите потенцијални клинети. Поголем акцент наредната година ќе ставиме во развојот на маркетинг секторот, особено на информатичките услуги и онлајн маркетингот, кои се сè повеќе актуелни и барани. Секако, наредната година ќе се трудиме нашите можности и потенцијали да ги реализираме во големи проекти, кои ќе бидат наше идно задолжение и наша огромна мотивација за развој и раст на Биро проект.
3
28 декември ПОРТА
33
архитектура инфо милграбен, австриЈа Објект: Festival Hall in Erl Архитектонско студио: delugan Meissl associated architects Геометријата на оваа концертна сала е генерирана од топографијата на теренот, на таков начин кој истовремено ја покажува големата почит и внимание кон непосредниот контекст, односно веќе постоечкиот павилјон Passionsspielhaus. Диспозицијата на концертната сала и постоечкиот павилјон прават една конфигурација која врамува импресивен пејзаж, за чија возбудлива димензија особено придонесува стуктуралноста на концертната сала во корелација со природните елементи на пејзажот во заднина. Двата објекти се ориентирани еден кон друг со своите фронтални фасади така што меѓусебно преку визуелна интеракција си ја надополнуваат архитектонската артикулација. Фасадните асиметрични површини функционално го оформуваат внатрешниот простор според воспоставената програмска хиерархија и потреба за инсолација. Периметарот интегрира сервисни простории како фоаје, галерија, комуникации, додека во јадрото е сместена концертната сала во која се пристапува преку два влеза – транзит
на атмосферски и просторни промени кои го подготвуваат посетителот до максимална концентрација за динамиката на варијабилности и асиметрија кои го очекуваат во концертната сала.
ваЈнхоф, лаЈфхаЈм, германиЈа Објект: ulm synagogue Архитектонско студио: Kister scheithauer gross architects and urban Planners Во 2009 година израелската верска заедница во овој град донесе одлука да се изгради нова синагога за својата православна заедница во Улм, и заедно со локалната заедница беше инициран конкурс за идејно решение. Градската управа донесе одлука таа да биде лоцирана во градското јадро, на место каде имало синагога, која била уништена за време на Кристалната ноќ. Победничкото решение, имено денес изведено, во својот архитектонско-естетски израз во целост го почитува вернакуларот. Иако објектот во формална смисла е интровертна кубична маса, преку артикулирањето на фасадната површина со бинарната композиција од полно и празно со мотивите на автентичната еврејска орнаментика, негува уникатен експресивен карактер. Во овој волумен освен носечката програма – молитвен простор, приклучени се: Mikvah (ритуална бања), сала за состаноци, училишни и административни простории како и детски дневен центар со отворен и затворен простор за игра, поставен директно над сакралниот простор.
34
3
ПОРТА
подготви: анастасија ниКоловСКа 28 декември 2012
архитектура инфо сао паоло, бразил Објект: Bic Banco Headquarters Архитектонско студио: Kiko Salomão Овој проект за ентериерно уредување е изведен во просториите на една административна зграда лоцирана во банкарскиот дистрикт на градот Сао Паоло, која е одбрана да го вдоми новото седиште на Bic Banco, почитувана и добро позната бразилска банка. Во манирот на работењето на банката, чие мото е – да се направи нешто кое досега не е направено, коцептот за внатрешната архитектура на овој простор е употреба на нови генерички материјали и структури. Во таа насока овој проект претставува пример за симбиоза помеѓу технолошката апстракција и модерниот минимализам без имплементирање на експлицитни футуристички елементи. Сè се сведува на уникатен визуелен ефект и тивка убавина на модуларни структури.
сен-жил-Кроа-де-ви, франЦиЈа Објект: social housing Mervau Архитектонско студио: Tetrarc Architects Со цел да покаже дека една област може да биде целосно социјално ре-интегрирана во градското ткиво преку урбанистичко реновирање, студиото Tetrarch го предложил овој проект на социјално домување каде се врши алтернација, односно ниската станбена стуктура од трошни куќи која датира од 1960 година се заменува со станбени стуктури во низа, кои овозможуваат повисок стандард на живеење и поголем капацитет на станбени единици. Наместо воспоставување на доминантна хоризонтала која би била во судир со чувствителната околина, архитектите предложиле воспоставување на селце, каде периметрална диспозиција ќе имаат станбените структури, притоа формирајќи силна внатрешност корисна за развојот на социјалната интеракција меѓу резидентите.
лапа, сао паоло, бразил Објект: Maracanã House Архитектонско студио: Terra e Tuma arquitetos associados Оваа автономна станбена куќа е лоцирана во Сао Паоло, градот каде владеат екстраординарните урбани контрасти. Имено, архитектонските аспекти кои го чинат нејзиниот план и геометрија по својата природа и индивидуална прецепција претставуваат монотони догматски начела, но во оваа композиција чинат неповторлив станбен ансамбл. Објектот е нетранспарентен во својата досадна сива материјалност, транспарентен во стаклените површини, енергичен во графичката интервенција на фасадниот ѕид, кој измамува љубопитни погледи во оваа селско-пасторална населба. Геометриската разноликост во споредба со останатите традиционални куќи во соседството станува изненадувачки елемент. Таа не крие никаква територијална дефиниција туку напротив, самата е јавен настан, духовна експресија, инсталација која секој може да си ја присвои и понесе преку визурата од улицата.
3
28 декември ПОРТА
35
археологија
ИНТЕРВЈУ: ПАСКО КУЗМАН, АРХЕОЛОГ
Животот е ѕвездена прашина Македонија ја доживувам како митска татковина на „Аргонаутите“, како татковина на најконтроверзните жители на ридестиот Балкан, како татковина на народ кој никогаш нема да го снема, вели археологот Паско Кузман, кој е добро познат за пошироката јавност. Да излеземе малку од досега изречените зборови за него, и да слушнеме една поинаква, интимна приказна. Да се вратиме малку наназад, пред студентските денови, какви очекувања имавте од животот, од себе си?
Во гимназиските денови многу сонував.
Кате АНТЕВСКА, историчарка на уметност Немав јасно видение за иднината. Единствено што јасно сакав беше да бидам дел од големите светски експедиции: истражување на џунглите во Африка,
истражување на тајните на големите реки Амазон и Мисисипи, експедиција по пустината Сахара, експедиција во Азија по „патот“ на Александар Македонски, Самуилова тврдина, Охрид
36
3
ПОРТА
28 декември 2012
археологија
Златна маска и рака, почеток на V век п.н.е., Охрид
експедиција на Северниот Пол... Многу сакав да ги читам животописите на големите историски личности и многу сакав да го читам Ремарк. Единствено што вистински го планирав во животот беше до својата 30-та година (за која сметав дека е врвна старосна граница) да напишам пет збирки поезија и пет романи. Се разбира, сето тоа беше само сонување, додека патував по тогашната иднина.
Познато е дека пред да се запишете на Катедрата за археологија при Филозофскиот факултет во Белград, се обидовте и во медицината и во новинарството. Зошто токму археологија? Раскажете ни нешто повеќе за вашите студентски денови?
Археологијата ја одбрав затоа што поетично ми звучеше името на таа наука, затоа што поетично ми звучеше синтагмата „археолог и поет“ и затоа што тоа се случи во далечната 1968 година на славните студентски демонстрации во Белград, кога „Капетан Мишино здание“ беше центар на револуционерниот студентски свет во тогашна Југославија, кога моето учество во тие демонстрации ми ја промени целата моја животна филозофија. Инаку, претходно започнав да студирам медицина во Скопје, но на првиот час по анатомија не влегов во салата за сецирање и тогаш одлучив да ја напуштам медицината. Потоа запишав Правен факултет во Скопје од кога во паметење ми останаа предавањата на проф. Славко Милосавлевски, проф. Тодор Рушков, проф. Панта Марина... Во Белград на Правниот факултет се префрлив заради новинарство, но токму таа година се укина катедрата. Тоа беше
Златни негроидни обетки, III-II в. п.н.е., Горна Порта, Охрид
година кога Белградскиот универзитет, заради студентскиот занес на студентите од демонстрациите, беше прекрстен со името „Црвен универзитет Карл Маркс“.
освен археологијата, ваша љубов е и пишувањето, поезијата. Кажете ни нешто повеќе за оваа страст?
Поезијата ми е љубов од детството. Подоцна, во гимназиските и студентските денови, сфатив дека поетскиот свет е „бесмртна египетска пирамида во просторот“ и дека таа постојаност и „бесмртност“ ќе ме следат низ целиот живот. Не сум поради тоа многу среќен, оти вистина, ако вистински ја восприемаме, таа „не е привилегија, туку е проклетство“ кое те озарува... Зошто? Затоа што најголемата сласт се чувствува после напорна работа, напорен натпевар, напорна битка. Исто како во сексот... Така ја сфаќам
поезијата.
во време додека вие сте директор на управата за заштита на културното наследство, многу археолошки локалитети почнаа да се истражуваат интензивно, а со тоа многу археолози конечно добија работни ангажмани. ако треба да направите селекција, кои локалитети дадоа највредни артефакти?
Јас сум среќен што ова се случува во мое време и во времето на целата моја генерација археолози (помлади и постари, се разбира), но за ова сите ние заедно треба да им благодариме на условите во кои ги реализиравме археолошките проекти, да им заблагодариме на луѓето што разбраа што значи археолошкото културно наследство и културното наследство воопшто. Тоа е факторот без кој археологијата не можела никогаш, „меценството“, оној фактор кој ни обезбедил средства и услови за поголемите археолошки мисии, тоа е, ај да не бидам политички прозаичен, не факторот држава туку факторот татковина. Веднаш можам да кажам дека нема да селектирам ни еден археолошки локалитет, бидејќи сите, од свој аспект гледано, дадоа драгоцени резултати. Што се однесува до артефактите, секако, без размислување можам да направам редослед: некрополите кај Исар Марвинци, скопската тврдина Кале, Плаошник, Стоби... и така натаму.
Дали највредните пронајдоци ќе бидат изложени во новиот археолошки музеј?
Секако дека највредните пронајдоци ќе бидат изложени во новиот Археолошки музеј на Македонија. Освен што тука ќе бидат експонирани највредните Дедал, III в. п.н.е., Плаошник, Охрид
3
28 декември ПОРТА
37
археологија Светиклиментовата црква Св. Пантелејмон, Плаошник, Охрид
археолошки предмети од фондот на Музејот на Македонија, таму ќе сместиме и артефакти кои ги предложија музејските институции од цела Македонија, предмети од нивните фондови. Еве, да издвојам, таму ќе бидат изложени: веќе познатата Венера Пудика од Скупи (која ја отстапува Музеј на град Скопје), реконструирана римска кочија од Делчево (која ја отстапува НУ Завод и Музеј - Штип), многу значајни артефакти од Стоби, Хераклеја, Стибера, Охрид и други. Се надеваме дека ќе успееме и со „Александровиот саркофаг“ од Археолошкиот музеј во Истанбул. Покрај археолошките артефакти, кои се суштина на Археолошкиот музеј, богатство ќе претставуваат и придружните вредности: амбиентални слики со амбиенти од сите археолошки периоди, восочни фигури на познати личности од историските и археолошки периоди и амбиентални практични презентации од разни археолошки ситуации.
Малкумина знаат дека сте одличен нуркач 38
3
ПОРТА
28 декември 2012
и дека подводната археологија ви е драга. Во што се состои посебноста да се бараат трагите од минатото во езерските длабочини? Светот на тишините е идеална средина за патување низ времето. Во трите заливи
на Охридското Езеро, на кои се вршени подводни археолошки истражувања, постојат идеални услови за нуркање до бронзеното време од археолошката хронологија. Таму, на дното од езерото,
Релјефни чаши со соларниот симбол на Македонците, III-II в.п.н.е., Самуилова тврдина, Охрид
археологија под силниот притисок на водата, секако со моќта на професионалната имагинација, многу едноставно се влегува директно во праисториската димензија и се проучува бронзеното време во амбиентален бронзеновременски штимунг. Во таков амбиент се комуницира со жителите на палафитната населба, може со нив да се разговара на нивниот начин на комуницирање, може да се наслушнуваат другите довикнувања на луѓето, да се слуша плачот на децата, да се слушаат блеењата на јагнињата, да се види варењето на храна на огништата... со еден збор, да се биде дел од тој амбиент. Обично, враќањето во нашата временска димензија, кое се случува со силни подводни звуци, е разочарување на нуркачот каков што сум јас... Тогаш повторно сум меѓу артефактите, меѓу дрвените колци, меѓу многубројните коски на дното во Заливот на коските, меѓу сличните такви артефакти и меѓу разголените коски на удавената убавица Коза во Заливот на прчот, кој (прчот) обично стои на високата карпа покрај заливот, со солзи во очите тагувајќи по неговата удавена убавица, или разочарување од бетонот на плажата од XXI век, кога ќе излезам од езерото во Заливот на коските. Овие патувања може да ги оствари само археолог-нуркач, но во мојот случај никако без придружба на мојот пријател, човекот-амфибија, Милутин
Секуловски Миќо, со кого заеднички го разработивме системот за влегување во подводната праисториска димензија.
Охрид, ваше родно место и неисцрпен археолошки извор. Дали воопшто може да се издвои што е највредното од него или можеби што е најдрагото за Вас?
Охрид е мојот Волшебен рид. На повисокиот дел од охридскиот „камилски“ грб гордо се издигнува Самуиловата Тврдина, тој „замок“ од моето вапилско детство. Секое утро, од далечина, го сонував како дете. Кога одраснав, кога се „археологизирав“ ми беше допуштено да влезам во тајните одаи на „замокот“ и во подземните пештери на ридот. Таму откривме големи археолошки вредности. „Сонот“ од гимназиските и студентски денови ми беше Плаошник (како и на сите други охриѓани), огреани од светлината на Свети Климент Охридски. И пак, кога се „археологизирав“ го направив Тоа, се разбира заедно со сите мои сограѓани и современици, што го посакуваше безмалку целиот народ на мојата Татковина. Ја подигнавме Светиклиментовата црква среде сите минати цивилизации, а сега го подигнуваме Светиклиментовиот дух заедно со неговите скромни палати. Од движните археолошки вредности секако дека ја издвојувам златната маска (со златната ракавица и со седумдесетина други златни,
Паско Кузман, Заливот на коските
бронзени и железни предмети) од гробот 132 кај Горната Порта од Охридската крепост, златните маскирни предмети (златни „очила“, златна маска за уста, златен колан за `рбетниот столб и други златни и сребрени предмети) од гробот 167, исто така од Горната Порта на Охридската крепост, како и, секако, импресивниот
Праисториска палафитна населба во Заливот на коските, Градиште, Охрид
3
28 декември ПОРТА
39
археологија бронзен Дедал (Дајдал) од Плаошник.
Плаошник, Охрид
Многупати досега кажано, Македонија има огромно културно наследство. Да препоставиме дека сте само посматрач на оваа мала земја. Како би ја опишале?
Како митска татковина на „Аргонаутите“, како татковина на најконтроверзните жители на ридестиот Балкан, како татковина на народ кој никогаш НЕМА ДА ГО СНЕМА, како што посакуваат некои, од едноставна и проста причина: многу се силни темелите и многу е богата Куќата на Македонците, полна е со непроценливи археолошки богатства и уште со најскапоцениот камен на светот кој ја чува од сите зли духови на планетата.
Како стојат работите во поглед на објавување на публикации за културното богатство на Македонија? Дали можеби подготвувате некој проект кој ќе го ублажи недостатокот од ваков вид изданија?
Проектот „134 публикации за културното и природното богатство на Македонија“ ќе се реализира, се надевам, до крајот на 2014 година. Во меѓувреме, или во најскоро време, треба да се појави обемна публикација за македонската културна историја во три тома.
Дали сте задоволен од тоа што досега го постигнавте во животот, имате нешто недоречено, нешто што ве тера да го вратите времето наназад?
Задоволен сум од постигнатото, ама имам уште еден цел „универзум“ за реализација на мојата животна програма. Веќе работам на временската машина за
патување на Марс откаде ќе се осврнам кон обврските што ми останаа на Земјата и со таква Ајнштајнова димензија верувам дека ќе ги довршам сите големи замисли. За да ми е чиста совеста пред моите потомци.
Животот е...?
Ѕвездена ПРАШИНА.
âðåìå ïðåòâîðåíî âî óìåòíîñò
OnTime å ñïåöè¼àëèçèðàíî ñòóäèî çà äèçà¼í, èçðàáîòêà è ïðîäàæáà íà ¾èäíè ÷àñîâíèöè, êàêî è çàñòàïíèê íà ðåíîìèðàíèîò øïàíñêè áðåíä çà ¾èäíè ÷àñîâíèöè Nomon. Ñïî¼îò íà âðåìåòî, îáëèêîò è âèñîêèîò åñòåòñêè èçðàç íà ÷àñîâíèöèòå ãî èñïîëíóâààò àìáèåíòîò ñî ñâî¼àòà óíèêàòíîñò. Ñåêî¼ ïðîèçâîä îä êîëåêöèèòå Nomon è Signum ïðåòñòàâóâà åäèíñòâåíà êðåàöè¼à, ïîìèíàòà íèç ïðîöåñ íà ðà÷íà èçðàáîòêà, âî êî¼ ñå âãðàäåíè íå÷ó¼íè ìåõàíèçìè ïðîèçâåäåíè âî Ãåðìàíè¼à.
*OnTime å äåë îä ìàêåäîíñêàòà êîìïàíè¼à ÒÍ - Ò ïðèñóòíà íà ïàçàðîò óøòå îä 1992 ãîäèíà. 40
3
ПОРТА
28 декември 2012
www.ontime.mk
contact@ontime.mk
+389 75 431 135
спортски храмови
АРЕНА САМСУН, Самсун - Турција
Турција не запира со изградба на нови стадиони Сашо Кузмановски
И
нвазијата од нови фудбалски стадиони во Турција продолжува. Црноморскиот град Самсун до 2014 година треба да добие нов стадион, со капацитет од 33.000 места, кој ќе биде домаќин на фудбалскиот клуб Самсунспор, но исто така, и стадион на кој се очекува да бидат организирани и неколку други големи спортски манифестации. Според првичната проценка, сума од околу 43 милиони евра ќе биде инвестирана во изградбата на модерната арена, која треба да го замени досегашниот стадион во Самсун, „19 мај“. Новата арена Самсун ќе ги исполнува сите УЕФА стандарди и на неа ќе можат да се организираат натпреварувања под капата на европската фудбалска унија. Стадионот почнува да се гради на простор од 334 хектари, на кој интересно, скоро истовремено почнува да се гради и спортска сала од затворен тип со капацитет од 7.500 места. Истата е веќе пријавена како домаќин на светското првенство во теквондо кое ќе се одржи во 2014 година. Стадионот ќе биде типично фудбалски, без
атлетска патека, а оградите на централната и споредната трибина ќе бидат спуштени буквално до самиот терен за игра. Девет компании учествувале на тендерот за изградба на стадионот, а резултатите за победникот, компанијата што во 2013 година ќе почне да го гради, ќе се знаат во првите денови од новата година. Дизајнот на стадионот ќе биде во боите на фудбалскиот клуб Самсунспор, црвена и бела, а во проектот е вклучена и изградба на дополнителни 24 комерцијални објекти во негова непосредна близина. За вистинската спортска градежна
револуција во Турција говори и податокот дека покрај новиот стадион и затворената арена, Министерот за спорт и млади веќе објави дека од 2013 година почнува со изградба и на 30 затворени базени, 124 фудбалски игралишта со вештачка трева, како и нови 129 спортски сали. Тендерите се веќе објавени, а пресметките велат дека за реализација на овој голем проект ќе бидат издвоени повеќе од 430 милиони евра. Очигледно на Турците им е јасно што значи спортот и спортската инфраструктура за развој на врвниот спорт и покрај големата економска криза која го тресе светот.
ФАКТИ за АРЕНА САМСУН - Самсун, Турција Капацитет: 33.000 места Период на изградба: 2013 - 2014 Цена на градба: 43 милиони евра Инвеститор: Провинција Самсун Придружен објект: затворена сала со 7.500 места
3
28 декември ПОРТА
41
убави градови, музеи, галерии...
Државен музеј „Пушкин“, Москва
Ремек-дела од историјата на уметноста Историјата на формирањето на колекциите на музејот е неделива од историјата на московското колекционерство, и имињата како што се С. М. Третјаков, С. И. Шукин, И. А . Морозов Љупка Дуковска,
П
ушкинскиот музеј денес, во 2012 година, после сто историски бурни години, како еден од најубавите музеи во светот, е место во кое можат да се видат многу значајни збирки на уметнички колекции од светската уметност, од древните времиња до денес. Во современата експозиција на музејот е претставена опширна наставна колекција од гипсени копии од античкиот период, средниот век и епохата на ренесансата, оригинални сликарски дела, скулптури,
42
3
ПОРТА
28 декември 2012
графики и декоративно - применета уметност, како и многу значајни збирки на уметнички дела од странска уметност. Овие извонредни колекции се изложени во комплексот „Музејски град“ на „Волхонка“, во следните објектите: • Галерија на уметноста на земјите на Европа и Америка во 19 и 20 век, на „Волхонка“ бр.14, во објект од средината на 18 век. Во период 1890-1892, овој објект, кој е лева доградба на бившиот имот на кнезовите Голицини, бил преуреден од архитектот В.П.Загорски (1846-1912). А со поминувањето во
дипл.инж.арх.
владение на ГМИИ Пушкин, објектот бил комплетно реконструиран во период 1988-1993 година. • Оддел за лични колекции, сместен во објект споменик на архитектурата на 18 и 19 век, на „Волхонка“ бр.10. Во 1988 година објектот бил предаден во владеење на ГМИИ Пушкин, а од 1990 година почнала реконструкција и реставрација, која продолжила 15 години. Историјата на формирањето на колекциите на музејот е неделива од историјата на московското колекционерство, поврзано со имињата на
убави градови, музеи, галерии... познатите московски колекционери, како С. М. Третјаков, С. И. Шукин, И. А . Морозов. Интересно е дека во средината на 19 и почетокот на 20 век, во Москва се појавиле луѓе кои биле вистински љубители и познавачи на уметноста. Овие луѓе создавајќи ги своите збирки, нарачувајќи и откупувајќи слики, придонеле за создавањето на значајни уметнички дела. Заслужни се за создавање на многу светски признати дела во Европа. Својата земја ја збогатиле со сликарски дела од непроценлива важност. Го рашириле сознанието низ светот, дека рускиот народ знае да ја цени и препознае уметноста.
МОСКОВСКО КОЛЕКЦИОНЕРСТВО
Галеријата на уметноста на земјите на Европа и Америка во 19 и 20 век, во која се сместени овие познати колекции денес, ја преземала штафетата на московското колекционерство. Почетокот на формирањето на овие колекции е во средината на 19 век. Во тој период во Москва, помеѓу богатите деловни луѓе, постоел голем интерес за собирање на современи слики. Идејата била благородна. Собраните современи збирки на сликарство, во домовите на богатите московски љубители на уметноста, биле отворени за народот, достапни за секој што ја сака уметноста. Нивното создавање требало да придонесе за општо добро, за просветување на народот. Во овој период во Москва била
отворена и знаменитата галерија на Павел Михајлович Третјаков. Помалиот брат на Павел Михајлович Третјаков, Сергеј Михајлович Третјаков, исто така бил голем колекционер. Собирал дела на западно европските сликари, од средината и втората половина на 19 век. Поради својата работа, тој долго престојувал во странство, посебно во Париз. Го познавал тамошниот живот, се дружел со уметниците, ги поддржувал, им помагал, ги посетувал нивните изложби и откупувал слики. Посебен интерес покажал кон делата на Камил Коро, Ежен Делакруа и други мајстори. Друг голем колекционер бил Иван Абрамович Морозов. Почнал да купува слики на современите сликари од Париз во 1903 година. Создал целосна колекција на дела на современите сликари, а својот дом го претворил во музеј. Ги претпочитал делата на Пол Сезан, Морис Дени, Пиер Бонар... Но, најважната страница во историјата на руското колекционерство се отворила на крајот на 19 век, кога во Москва се појавиле дела на современата уметност на светско ниво. Во тој период, големината на овие сликари во Франција сè уште не била препознаена. Се воделе дискусии за признавање на импресионистите и постимпресионистите. Московските колекционери, со големо познавање и изострен осет за убавина, почнале да откупуваат слики од современите мајстори
во париските галерии. Меѓу првите колекционери, покрај Михаил Абрамович Морозов, бил и текстилниот магнат Сергеј Иванович Шукин, енергичен и страстен човек, кој се заљубил во француското сликарство. На почетокот на 20 век, од 1900 до 1910 година, Шукин станал сериозен покровител и нарачател на дела на два големи светски мајстори на 20 век, Анри Матист и Пабло Пикасо. Тој, со прецизен колекционерски осет, собрал колекција на ремек-дела. Неговиот дом го претворил во вистински музеј исполнет со првокласни дела. Слики од Моне, Пол Гоген... Неговиот дом одиграл голема улога како галерија. Уште до револуцијата Шукин решил да ја подари својата збирка на градот Москва. Славата на Москва како светски центар на колекционерство на современото западно сликарство ја создале и други приватни колекционери, како И.С. Остроухов, С.А. Пољаков и С.В. Шербатов. После 1917 година сите овие приватни колекции биле национализирани. После револуцијата, во периодот 1920-1930 година, биле организирани неколку изложби со слики на француски, италијански, германски, белгиски, чехословачки и полски мајстори. Овие активности биле прекинати со Втората светска војна и со Сталиновата кампања за борба со формализмот. На крајот на 90-тите години на минатиот век, збирката се зголемила и со дела на Василиј Кандински и Марк Шагал, кои ги подариле нивните семејства.
ЛЕ КОРБИЗЈЕ
Денес, благодарение на славните московски колекционери, во музејот се наоѓа една од најголемите колекции на импресионистички и постимпресионистички дела, вклучувајќи дела од Ван Гог, Гоген, Пикасо, Моне и Матис. Во овој музеј можат да се видат и други богатства и убавини. Тука е сè уште и Шлимановото богатство од
3
28 декември ПОРТА
43
убави градови, музеи, галерии...
ЛЕ КОРБИЗЈЕ
44
3
ПОРТА
28 декември 2012
античка Троја, коешто Црвената армија го конфискувала во 1945 година, од берлинскиот Пергамонски музеј. Во оваа јубилејна 2012 година, во главниот објект на музејот, беше поставена и изложба посветена на славниот архитект Ле Корбизје, „Тајни на творештвото. Помеѓу сликарството и архитектурата“. Изложбата ги анализира влијанијата и заемните дејствија на различните сфери на неговиот интерес, во областите на сликарството, урбанизмот, архитектурата, дизајнот на мебел и издателската дејност. Области кои на Ле Корбизје му обезбедиле посебно место во светот, во архитектурата и воопшто во светската култура на 20 век. Креаторот на „свет кој копнее да се роди“, автор на радикални архитектонски и урбанистички идеи, архитектот Ле Корбизје (1887 -1965), во шеесетте години на неговиот творечки живот, ги достигнал висините на совршенството во области на неговата творечка дејност. Создал повеќе од 400 проекти, од кои 75 биле реализирани во 12 земји низ светот. Објавил околу 40 книги и напишал стотина статии, а многу од нив и денес остануваат меѓу најважните и најчитаните текстови во современата епоха.
градежништво
Б
www.geze.com
3
28 декември ПОРТА
45
технологии
Апокалипса сега!
Д
околку го читате овој текст, тоа значи дека апокалипсата нè одминала или барем е одложена за некое подобро време. Вообичаено, преминот од една во друга година е одличен повод за сублимација на настаните што се случиле во годината што изминува, но овој пат очекувањето на апокалипсата како никогаш досега го окупираше јавното внимание, а тоа не смее да се игнорира. Затоа следи текст за настанот по кој ќе биде запаметена оваа фатална година. Сценаријата со кои се калкулира се генерално десетина. Меѓу нив верувале или не, апокалипсата предизвикана од информатичката технологија (ИТ) котира прилично високо. Знам што мислите: Како е можно компјутерите да го предизвикаат крајот? Зарем е можно Autocad да ме убие? Оперативниот систем?
46
3
ПОРТА
28 декември 2012
Трајче Стојанов, дипл.инж.арх. Можеби хардверот или, пак, мониторот. Во некакви чудни и крајно неверојатни околности можеби и тоа е можно. Но овде станува збор за нешто пософистицирано. Веројатно најпредизвикувачките сценарија се однесуваат на „отпаднатите“ роботи. Роботите некако сè уште спаѓаат под доменот на ИТ. Иако станува збор за вештачка интелигенција, поради некои добро познати хардверски компоненти управувани од софтвер, одомаќинето е роботите да се сметаат за компјутери. Како компјутерите можат да предизвикаат апокалипса? Дали (се) би биле во состојба да го победат човештвото и најважното прашање: зошто би предизвикале катастрофа? Сценариото вели дека има неколку начини и причини за евентуален „бунт“ на компјутерите. Сите тие тргаат од фактот дека компјутерите се развиваат со геометриска прогресија и дека прашање на време е кога човекот ќе изгуби контрола над нив. А како се тие направени
технологии
од човечка рака, можни се „багови“ и други софтверски грешки, па не е чудно ако тоа ни се врати катастрофално. Од друга страна, со развивањето на компјутерите „мислители“, можно е тие да откријат дека човештвото е закана за сè што чекори по планетава, па да се впуштат во „решавање на проблемот“ со нечовечки методи. Концептот „бунт на компјутерите“ постои уште од далечната 1968 година, кога Артур Кларк ја објави „2001:Одисеја во вселената“, култно дело од областа на научната фантастика. Во неа ХАЛ 9000, суперкомпјутер кој управува со вселенско летало ги елиминира астронаутите поради сомнеж дека може да биде исклучен. Очигледно дека 2001 година не ја дочекавме во таква светлина, иако многу работи се слични. Човештвото денес е многу повеќе зависно од компјутерите отколку што претпоставуваме. Транспортните системи, енергетската инфраструктура (нуклеарките на пример), системите за довод на вода, вентилација и слично се системи кои во голема мера се управуваат преку компјутерите. Колку сме зависни од нив, кажува и мислењето дека е доволна хаварија на софтверските системи на неколку светски познати банки за човештвото да дојде до степен на анархија и гладување. Експертите за вештачка интелигенција предупредуваат дека на роботите не смееме да гледаме со потценување. Иако одвреме навреме ќе се појави некоја демонстрација на хуманоиден робот кој се движи како 100-годишен старец и весело не поздравува, роботите се далеку од тоа. Во моќни лаборатории тие напредуваат до степен каде се софтверски потковани да учат и се развиваат постојано и автономно. Познато е дека Пентагон активно развива роботи-предатори во вид на моќни убиствени машини, подготвени за секоја ситуација, оставени 24/7 во најзафрлени предели да зададат смртоносен удар. Информациите што ги читавме изминатава година во најтиражните светски новини покажуваа дека иако во финансиска криза, САД вршат реформа на својата армија преку масовно снабдување со автономна напредна технологија. Впрочем, се покажа дека едно од најефективните средства во борбата со тероризмот се токму дроидите, беспилотните летала. Засега најреална (и веќе присутна) закана со апокалиптични последици е сајбер-војната, односно развој на супервируси кои можат да преземат контрола врз компутерите што се критични за човекот денес. Вирусите се особено ефикасно средство за нанесување на удар. Во случајот со Иран и неговата нуклеарна програма, софистицираните вируси се покажаа поделотворни отколку конвенционален масивен напад. Интернетот стана задна врата за влез на компјутерските војни искористувајќи ја позицијата на незаменлив детаљ од нашето секојдневие правејќи не поранливи. Познато е дека приватноста на Интернет е „мисловна именка“, дека комуникациите и активностите се следат и обработуваат, па определени експерти сметаат дури
и тоа дека на Интернет постојат „софтверски духови“, „пајаци“, скрипти избегани од контрола, кои собираат податоци за нас, не проучуваат, вршат анализи, дејствуваат. За некои од нив знаеме: Google AdSense, на пример, за други не сме ни свесни дека постојат, за трети само претпоставуваме. Овде, згодно би било да се спомне и проектот Web Bot, кој подразбира компјутерски програм за кој се тврди дека е способен да ја предвиди иднината преку следење на клучните зборови внесени на Интернет, користејќи ја на тој начин „мудроста на толпата“. Проектот бил започнат во доцните деведесетти години од минатиот век со цел да ги предвидува трендовите на берзите. Неговите креатори Клиф Хај и Џорџ Уре веруваат дека направиле машина за предвидување на настани, но технологијата и алгоритмите се сè уште тајна. Научниците велат дека нивниот проект е во најдобар случај псеудонаучен и несоодветен, додека поборниците велат дека програмата успешно ги предвидела настаните од 11 септември, цунами катастрофата, па дури и крајот на светот на 21 декември 2012 година. Се на сè, создадени се предуслови за настани кои би имале сериозни последици по животот на луѓето, а се однесуваат на ИТ индустријата. Поуките од катаклизмите во минатото нè научиле никогаш да не викаме никогаш.
3
28 декември ПОРТА
47
експерт
„СЕЦКАЊЕ НА ЖИВОТОТ“
Примената на новите компјутерски технологии денес ни овозможува 24/7 пристап до нашето работно место, при што животот на луѓето почнува да наликува на една голема 24-часовна торта исецкана на многу ситни парчиња од кои едното парче е за личниот живот, наредното е за работата, третото е за...
В
етровита и врнежлива вечер во Лондон. Желбата да не задоцните на вашиот воз Ве тера да брзате низ толпата луѓе со која веројатно делите слична определба да се стигне до саканата дестинација по долгиот и тежок работен ден. Дури и да Ви е пријатно, чувствувате оптовареност дека не смеете да задоцните бидејќи бирото Ви го купил најевтиниот можен билет за воз. Ако го пропуштите возот за кој важи тој билет, не само што ќе го изгубите билетот туку ќе треба да купите и нов по полна цена од околу 150 евра за тричасовното патување во втора класа. Во таа трчаница и метеж, со краток поглед и воздишка, поминувате покрај обновеното чудесно здание на хотелот „Мидланд гранд“ (Midland Grand Hotel), испроектиран
48
3
ПОРТА
28 декември 2012
д-р Владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. (Велика Британија) од прочуениот викторијански архитект Џорџ Гилберт Скот (George Gilbert Scott), во полихроматска фасадна тула во стил инспириран од италијанската готика. Проектот го добил на конкурс во далечната 1865 година, а објектот бил изграден во периодот 1868-1873 година. Просто не можете да верувате дека во 1962 година некој воопшто се осмелил да помисли да сруши ваков значаен историски објект за да може да изгради административен објект на истата локација. Објектот едвај бил спасен, благодарение на кампања на поетот Бетџeмaн (Betjeman) која резултирала во заштита на објектот, на исто ниво како и заштитата на Катедралата во Кантербури (Canterbury Cathedral) и Замокт Виндзор (Windsor Castle). Инаку, објектот се наоѓа пред железничката станица „Сент Панкрас Интернашонал“ (St. Pancras International).
КИНГ КРОС
Задишани пристигнувате во новото фоаје на станицата Кингс Крос (Kings Cross), отворено на 19 март оваа година во пресрет на неодамна изминатите Олимписки и параолимписки игри: Лондон 2012. Новото фоаје, испроектирано од Џон МакАслан (John McAslan), е дел од 600 милиони евра вредната обнова на овој железнички комплекс отпочната пред околу пет години. Белата челична просторна носечка конструкција испроектирана од бирото „Аруп“ (Arup), според „лондонскиот ивнинг стандард“ (London Evening Standard), потсеќа на наопаку поставен водопад во кој водата (челичната конструкција) извира од подот и се качува кон плафонот. Фоајето е полно со патници со искривени вратови и фиксиран поглед кон високо поставените дигитални огласни табли на
експерт кои се најавуваат заминувањата на возовите. Краткиот миг на задоволство што сте стигнале на време, скоро истовремено се заменува со чувството на незадоволство, со непријатноста од провевот и студенилото во фоајето, и неможноста никаде да седнете после трчаницата кон станицата. Со оглед на ограничените можности за седење, очигледно е дека инвеститорот и проектантот не сметале дека патниците можеби ќе треба да чекаат на нога подолго време, или пак се погрижиле кафулињата по периферијата на фоајето никогаш да не бидат празни. Веројатно и тоа е некоја опција, но само доколку навистина подолго треба да чекате со оглед на редиците да се нарача пијалокот и на редиците за седење.
ЧЕКАЊЕ
Додека нестрпливо се шетате горе-долу по фоајето, во обид колку-толку да се згреете, со поглед фиксиран кон огласните табли, одвреме-навреме погледнувате и на она што се случува околу вас и приметувате дека скоро повеќето седнати на малубројните метални клупи или студениот под, како и оние покомфорно сместени во кафулињата покрај периметарот на фоајето, ги имаат отворено своите умни мобилни телефони, е-бук читачи, таблет или лаптоп компјутери на кои нешто работат. Чекањето полека преминува во паника кога за возот што го чекате не се објавува дека доцни, но истовремено се преостанати само неколку минути до неговото поаѓање, а Вам сè уште не Ви е ни најавено од кој перон возот поаѓа. Во „играта на покер“ со своите патници, железничката станица конечно ја „открива картата“ и ги информира патниците од кој перон возот поаѓа, а тоа предизвикува
своевидно стампедо со оглед на тоа што околу 500 до 1.000 патници треба да истрчаат пристојна дистанца, и да влезат
во возот што треба да тргне за само две минути. Ваквиот пристап открива ново значење и толкување за поимот „во последен момент“ (just in time). Скоро во целосна согласност со Законите на Марфи (Murphy’s Law) сфаќам дека мојот вагон е претпоследниот - најодалечен. По неделната доза на интензивна физичка активност компримирана во само неколку минути, успевам да се сместам на претходно резервираното седиште токму на време да ја чујам официјалната најава дека возот поаѓа.
Марк Темплетон
ТЕХНОЛОГИИ
По неколку минути „правот“ слегнува и согледувате дека возот, уреден по принципот на авион, е преполн, со патници седнати по пасажите и проширувањата пред тоалетите. Среќните патници со место за седење, откако соодветно ќе ја одбележат својата територија, тргнуваат во „лов“ на својата вечера. По само неколку минути вагонот почнува да наликува (читај мириса) на ресторан во кој сите можни национални јадења се служат истовремено. Патникот до мене уживаше во своето мароканско ќофте со кус-кус, додека патниците во соседството имаа најразновидни менија, како на пример, сендвич и кесичка „чипсо“ со вкус на оцет, индиски кари со басмати ориз, пеперона пица, итн. Добро истренираниот персонал на возот се појави во правиот момент со ширум отворената црна кеса за ѓубре за да го прими вечерниот придонес кон некоја депонија. Нивното поминување ја најави новата фаза во патувањето, кога повеќето посегнаа по своите мобилни уреди. Потпомогнати со добра вградена батерија или полнач вклучен во приклучок за струја, а кој се наоѓа во секој ред за седење, во комбинација со УСБ модем или „Вај-фај“
мрежа, патниците ја отпочнаа својата следна фаза на работа, најчесто со кафето или англискиот чај деликатно поставени
на наслонот на преносниот компјутер. Мојот сопатник се симна во Јорк по околу двочасовно патување од Лондон. По неговото заминување, во нешто покомфорни услови, бев во можност да сe потсетам на информациите за пролетниот настап на главниот извршен директор на фирмата „Цитрикс“ (Citrix Synergy), Марк Темплетон, на конференцијата организирана од страна на фирмата за која работи и на која ја презентирал новата парадигма на работа и живот (Work-Life Paradigm), наречена „секцање на животот“ (Life Slicing), овозможена како резултат на примената на „клауд“ технологијата (Cloud Technology). Примената на новите компјутерски технологии, денес ни овозможува 24/7 пристап до нашето работно место, коешто пак почнува да предизвикува состојба во која работата сè повеќе се одвива и надвор од работното време. Притоа животот на луѓето почнува да наликува на една голема 24-часовна торта исецкана на многу ситни парчиња, при што едното парче е за личниот живот, а наредното е за работата, итн. Во која мерка дневната доза на торта ќе ја изедете за себе, а која за работното место, веројатно во голема мерка ќе зависи од низа фактори. Дали како резултат на ваквиот пристап работното место како такво полека ќе одумре и Вие ќе треба да се адаптирате на работење во автобус, во воз или пак во најблиското кафуле, се разбира само доколку соодветно е опремено со доволно приклучоци за струја за вашите мобилни уреди и добра „вај-фај“ покриеност, и доколку сте во милост кај сопственикот за постојано да Ви го чува „работното место“. Добредојдовте во времето на „секцање на животот“ и на новото работно место на иднината - секаде и секогаш?
Среќна Нова година!
3
28 декември ПОРТА
49
енергетска ефикасност
Десет совети за енергетска
В
ашата куќа или стан претставува систем од повеќе функции, кои обезбедуваат комфор според вашите потреби. Електричната енергија е неопходна за беспрекорно функционирање на домот, додека од друга страна, месечните сметки за електрична енергија се сè повисоки. Како да ја подобрите енергетската ефикасност во вашиот дом и притоа да заштедите и да ги намалите високите месечни сметки за електрична енергија? Најпрвин треба да ја разгледате вашата куќа или стан и следејќи ги следниве зададени совети да утврдите на кои позиции треба да се интервенира. Некои од овие совети се со поголема интервенција и инвестиција, која ќе се одрази врз домашниот буџет, па затоа пред да започнете со реновирање на вашиот дом, разгледајте како можете да ја подобрите енергетската ефикасност.
м-р Сања Лазова, дипл.инж.арх. Уделот на електричното осветление во вашиот дом е 11% од целосната сметка за електрична енерија. Иако уделот на светилките во вашиот дом во вкупната потрошувачка на електрична енергија е мал, сепак енергетски ефикасните (штедливи) сијалици кои се поскапи од традиционалните, траат подолго и трошат помалку енергија. Со тоа на долгорочен план ја намалувате потрошувачката на електрична енерија, а вооедно и заштедувате. Штедливите сијалици можете да ги најдете во секој маркет.
СОВЕТ 3: Замена на старите прозорци со нови прозорци
СОВЕТ 1: Изолација на ѕидови, кров и подрум
Најголема потрошувачка на електрична енергија имаме во зимскиот период кога го загреваме просторот во кој секојдневно се престојува или, пак, во летниот период кога сакаме да го оладиме просторот. За да се намалат губитоците на топлината треба добро да се проверат надворешните (фасадни) ѕидови, кровот, прозорците и подрумот. Во куќа или стан со лоша изолација губитоците на топлина се големи: 25% од кровот, 35% од фасадните ѕидови, 10% од прозорците, 15% од влезната врата и 15% од подрумот. Статистиките покажуваат дека со добро изолирани фасадни ѕидови, кров и подрум, многу е полесно да се загрее и олади просторот, а со тоа се намалуваат и трошоците. Допрете ги надворешните (фасадни) ѕидови и подрумските ѕидови дали се тие ладни, дали собираат влага, проверете го кровот, дали е добро изолиран, за да откриете каде се губитоците на топлина. Со поставување на термоизолација на надворешните (фасадни) ѕидови на неизолиран објект, може да се намали потрошувачката на електрична енергија до 40%. Доколку не можете сами, побарајте помош од стручно лице, за да ја подобрите изолацијата во вашиот дом.
СОВЕТ 2: Замена на традиционалните сијалици со штедливи сијалици
Прозорците имаат голема функција во секој дом. Тие обезбедуваат природната светлина да продре во просторот, служат за проветрување на просторот, преглед на околината, но вооедно и треба да го заштитат вашиот простор од надворешните влијанија и бучава. Како што претходно напоменавме, 10% од губитоците на топлината се остваруваат преку прозорците. Тоа е поради големата спроводливост на стаклото. Овие губитоци на топлина може да се редуцираат до минимум со заменување на старите прозорци со нови, кои имаат подобрени карактеристики и помагаат во намалувањето на губитоци на топлина, а со тоа се намалува и потрошувачката на електрична енергија. Со новите прозорци побрзо и полесно ќе се загрее просторот и значително 50
3
ПОРТА
28 декември 2012
енергетска ефикасност
ефикасност во вашиот дом ќе се намалат губитоците на топлина што се остваруваат преку прозрците. Моментално постојат голем број на видови на прозорци со подобрени каратеристики. Освен топлинска изолација новите прозорци обезбедуваат и подобрена звучна изолација. Постојат прозорци кои се двојно и тројно застаклени со термоизолациско стакло, опшиени со дрвена, алуминиумска или пластична (PVC) рамка, со исполна помеѓу стаклата од инертен гас – аргон, кој има улога на изолатор. Ваквите прозорци претставуваат термопакети кои обезбедуваат зголемена топлинска и звучна изолација и тие се енергетски ефикасни прозорци. Тие имаат голема отпорност спрема атмосферските влијанија и се долготрајни. Според техничките услови и стандарди во ЕУ, енергетски ефикасните прозорци се задолжителни во сите нови објекти.
просториите. Доколку немате поставено надворешни ролетни или капаци, направете го тоа, инвестицијата е мала, а на годишно ниво ви ги намалуваат трошоците за загревање на просоторот 5-7%.
СОВЕТ 6: Заменете ги старите апарати за домаќинство
СОВЕТ 4: Изолирајте ги старите прозорци
Доколку не сте во можност да ги замените старите прозорци, одлично решение кое можете и самите да го направите е да се постави дополнителна изолација. Изолацијата се поставува помеѓу рамката на прозорецот и рамката на која е поставено стаклото. Ваквата изолација ќе го спречи истекувањето на воздухот и ќе го подобри дихтувањето на прозорецот. Оваа изолација може да биде од сунѓереста или гумена трака. Овие траки за дихтување се многу едноставни за монтажа на старите прозорци и балконски врати. Траките се нудат во две основни дебелини од 2 мм и 5 мм, треба да се одбере соодветната дебелина на трака за да може да се затворат прозорците. Со ова успешно ќе ги намалите губитоците на топлина преку старите прозорци и балконски врати.
Апаратите што секојдневно се користат имаат вкупен удел од 23% од вкупната потрошувачка на електрична енерија. За да се подобри енергетската ефикасност во вашиот дом, кога набавувате нови апарати за домаќинството изберете ги оние што се А класа, односно изберете уред со висока енергетска класа. Апаратите се рангираат од А до Г класа. Почетно тие се поскапите апарати, но воедно и поекономичните апарати кои придонесуваат за намалување на секојдневната потрошувачката на електрична енергија. Секако, не мора да се заменат сите апарати во домаќинството, најдобро е да се започне со оние што имаат најголема потрошувачка на електрична енергија, а тоа се разбира е фрижидерот, машината за перење алишта и машината за перење садови.
СОВЕТ 7: Енергетски ефикасно загревање
СОВЕТ 5: Поставете надворешни ролетни или капаци
Со поставувањето на надворешни ролетни или капаци се намалува губењето на топлина преку прозорците. Особено во зимскиот период во текот на ноќта кога температурите паѓаат ниско, со затворањето на ролетните или капаците се намалува губењето на топлина во текот на ноќта. Додека пак, во летниот период ролетните и капаците спречуваат презагревање на
3
28 декември ПОРТА
51
енергетска ефикасност Загревањето на просоторот за живеење во зима има најголем удел од вкупната потрошувачка на електрична енергија, дури 43% од вкупната потрошувачка. Големите сметки за електрична енергија или за парно греење во зимскиот период, во вашата куќа или стан може да се намалат доколку изберете друг начин на загревање. Постојат неколку начини кои се економски исплатливи, односно енергетски ефикасни. За во становите што се загреваат со конвенционалните грејни тела (електрични панели или печки), поефикасно загревање е со поставување инфрацрвени панели. Тие се дури до 60% поефикасни од конвеционалните грејни тела. Предноста на загревањето со инфрацрвени панели е тоа што тие освен што го загреваат воздухот во просторијата, ги загреваат ѕидовите, плафонот, подот и предметите во просторијата. На овој начин и ѕидовите, плафонот, подот зрачат топлина која ја апсорбирале од инфрацрвените панели, а со тоа се обезбедува пријатна темепература во просторот. Почетно овие инфрацрвени грејачи се поскапи , но се поефикасни и побрзо загреваат, а со тоа и се намалуваат трошоците за електрична енергија. Секако, за загревање на просторот може да се искористат обновливите извори на енергија, како геотермалната енергија и сончевата енергија.
колектори кои ќе обезбедат топлина за загревање и загревање на водата во домаќинството. Со геотермалните пумпи се искористува топлината од земјата (температура 10-16°С до 3 метри длабочина) или од водата под земја и се користи за загревање на домот.
СОВЕТ 10: Променете ги навиките однос кон електричната енергија
СОВЕТ 8: Засадете дрвја во дворот
Доколку живеете во куќа со двор, засадете листопадни дрвја на јужната страна од куќата, листопадните дрвја во текот на летото ќе ве заштитат од топлите сончеви зраци и ќе спречат да дојде до прегревање на просториите. Создавајќи сенка на јужната фасада од куќата се намалува темепратурата во просториите и се одржува комфорна температура. Листопадните дрвја во зима со своите оголени гранки ќе дозволат продор на сончевите зраци кои директно ќе го загреат просторот. Додека пак, на северната страна засадете зимзелени дрвја. Зимзелените дрвја во зимскиот период го штитат објектот од влијанието на ладните северни ветрови и спречуваат пребрзо ладење на фасадата.
СОВЕТ 9: Обновливи извори на енергија
Наједноставен начин за заштеда на електрична енергија е користење на обновливите извори на енергија, како сонцето, ветерот и водата. Предноста кај обновливите извори е тоа што освен почетниот трошок за инсталацијата, нивното користење и бесплатно, а нивната енергија е обновлива. Искористувајќи го сонцето како обновлив извор на енергија, може да се постават фотоволтаични панели за создавање енергија или, пак, поставување на термални 52
3
ПОРТА
28 декември 2012
Доколку се внимава на односот спрема трошењето на електричната енергија во вашиот дом, месечната сметка може да се намали и до 10%. Со само неколку едноставни промени може да го постигнете ова и успешно да ја намалите месечната сметка. Практични совети кои може да ви помогнат: изгасете го греењето во собите во кои не простојувате, намалете ја температурата на термостатот за еден степен помалку од она што сте навикнати, гасете ги лаптоповите и компјутерите, кога се во мирување тие трошат струја. Изгасете го светлото кога ќе излезете од просторијата. Кога готвите изгаснете ја ринглата или рерната пет минути пред да биде готово јадењето, ринглата или рерната во наредните пет минути сè уште ќе бидат затоплени. Уклучувајте ја машината за перење кога е полна со садови и на економично миење, итн. Се надеваме дека овие неколку совети ќе ви дадат претстава за тоа како сами можете во вашиот дом да ја намалите месечната сметка за електрична енергија. Размислувајте долгорочно и подобрете ја енергетската ефикасност на вашиот дом. Вложените средства за подобрената енергетска ефикасност во вашиот дом ќе се вратат за кратко време.
енергетска ефикасност
3
28 декември ПОРТА
53
еко инфо рим
фотоволтаици за облачно време
Италијанската нафтена компанија Eni, го тестира првиот прототип на фотоволтаичен модул кој е подеднакво ефикасен при облачен и сончев ден. Новиот модул, наречен луминисцентен соларен концентратор, содржи посебен вид на флуоресцентен премаз кој подобро ја искористува сончевата енергија. Компанијата неведува дека модулите се подеднакво ефикасни во искористувањето и на директното и на дифузното сончево зрачење. Секој од постоечките прототипови има капацитет од 500W. (UPI)
париз
франција се свртува кон обновливите извори?
Францускиот претседател Франсоа Оланд, го претстави на јавноста предлогот за намалување на уделот на нуклеарната енергија од сегашните 75%, на 50% во 2020 година, со акцент на развојот на енергијата од ветерот и другите обновливи извори. Следува јавна расправа, која ќе трае во наредните 6 месеци. Но, првата реакција стигна веднаш, и тоа од енергетскиот сектор. Професионалците од оваа област укажаа дека во моментот Франција има една од најниските цени на електричната енергија во Европа (35% пониска од европскиот просек), како и ниска емисија на стакленички гасови, токму поради 58-те активни нуклеарни реактори. (energetika-net)
бон
E.On го шири бизнисот во турција
E.On откупи 50% од акциите што ги поседуваше австриски Verbund, во турската компанија Enerijisi, со главна цел зацврстување на својата позиција во овој регион. Производственото портфолио на Enerijisi опфаќа термоцентрали, ветерни паркови и хидроцентрали. E.On е погоден од одлуката на Германија за престанок на производството на електрична енергија од нуклеарни централи до 2022 година, и е во потрага по брзорастечки пазари. Согласно договорот, германската компанија треба да инвестира 150 до 200 милиони евра годишно, до 2015 година. (Energy Observer) 54
3
ПОРТА
28 декември 2012
еко инфо пеКинг
Кина го зголемува користењето на гас во секторот транспорт
Во Кина се зголемува користењето на гасот во транспортот. Кинеската влада воведе низа стимулативни мерки во оваа насока. Статистиката покажува дека во октомври 2012 бројот на бензиски пумпи на кои се точи ТНГ достигнал 385, што е двојно повеќе во однос на истиот период претходната година. Големата кинеска нафтена компанија Petrochina поседува една третина од овие пумпи, а потоа следуваат CNOOC и Sinopec. (Oil and Gas Eurasia)
загреб
ебор ќе ја финансира пломин 3? ЕБОР е спремен да издвои до 200 милиони евра за кофинансирање на изградбата на термоцентралата на јаглен Пломин 3. Ако се точни овие тврдења на некои од претставниците на големите банки, тогаш тоа ќе се толкува како дефинитивна потврда за непостоењето негативни влијанија на овој проект врз животната средина. Имено, речиси е неверојатно дека ЕБОР би учествувала во проект кој е еколошки дискутабилен. Со изградбата на Пломин 3, вкупниот капацитет на трите термоелектрани на оваа локација на Истра ќе достигне 710MW. Пломин 2 е во погон од 2000 година.
(Aktual)
мосКва
започна изградбата на Јужен поток
Со поставувањето на темелите на најголемата компресорска станица „Рускаја“ во близина на Црно Море, започна изградбата на гасоводот„Јужен поток“. Инвестицијата вреди 15,82 милијарди евра и треба да се заврши до крајот на 2015 година. Капацитетот на гасоводот е 63 милијарди нормални метри кубни, што претставува 10% од потрошувачката во Европа, а главната траса минува низ Бугарија, Србија, Унгарија, Словенија и Италија. (Deutsche Welle)
подготви: Даниела МлаДЕновСКа
3
28 декември ПОРТА
55
екологија
Интензивно се истражуваат нови типови бетон
Мов и лишаи ги освојуваат фасадните материјали Биолошкиот бетон е погоден за изработка на фасадите на зградите со различни бои, во зависност од населените организми. Со ваков тип бетон не мора да биде покриена целата фасада на зградата, туку може да се покријат одредени делови за да се добие своевидна „жива“ слика. Сашо Кузмановски
И
стражувачите од Structural Technology Group при Политехничкиот универзитет на Каталонија, Барселона, развија и патентираа тип биолошки бетон кој го поддржува природниот, забрзан раст на пигментираните организми, пренесе деновиве ScienceDaily. Материјалот што е наменет за изработка на фасади во регионите со медитеранска клима, нуди еколошки, термални и естетски предности пред другите градежни решенија. Материјалот ја подобрува енергетската ефикасност на зградите и помага да се намали нивото на СО2 во атмосферата. Според интернет-порталот ScienceDaily, истражувачите од Structural Technology Group се фокусирале на два материјали: првиот е конвенционалниот бетон базиран на портланд-цемент со кој тие добиле материјал со pH околу 8, а вториот материјал е произведен со магнезиумфосфатен цемент, хидрауличен конгломерат кој не бара третман за да ја намали pH, зашто е веќе малку кисел. Новата карактеристика на овој повеќеслоен бетон е што тој се однесува како природна биолошка поддршка за раст и развој на одредени биолошки организми, поточно одредени фамилии микроалги, габи, лишаи и мов. Идејата е веќе патентирана, посочува порталот, па сега тимот истражува кој е најдобриот начин да се промовира забрзаниот раст на овие типови организми на бетонот. Целта на истражувањето е да се забрза природниот процес на колонизација, за површината покриена со новиот бетон да добие атрактивен изглед за помалку од една година. Наредната цел на истражувачите ќе биде изгледот на фасадата направена со новиот материјал да еволуира со текот на времето, да ја менува бојата во зависност од годишното време и од доминантните
56
3
ПОРТА
28 декември 2012
фамилии од организмите што се населиле.
Три слоја од материјали
За да се добие биолошкиот бетон, освен pH вредноста, биле модифицирани и други параметри кои влијаат на способноста материјалот да биде населен со живи организми, како порозноста и површинската рапавост, пишува понатаму ScienceDaily. Добиениот резултат е повеќеслоен елемент во форма на панел, кој освен од структурниот слој се состои и од три други слоеви: првиот слој е водоотпорен слој кој е поставен врз структурниот слој и го штити од евентуално оштетување од влага. Наредниот слој е биолошкиот слој, кој поддржува колонизирање и овозможува водата да се акумулира во него. Тој се однесува како внатрешна микроструктура, има капацитет да ја зафаќа и задржува дождовницата, па го овозможува развојот на биолошките организми. Последниот слој е испрекинат завршен слој со обратна водоотпорна функција. Овој слој дозволува дождовницата да навлезе и не дозволува таа да избега. Така, водата стигнува до слојот што ќе овозможи раст на живиот свет.
Од аспект на заштита на животната средина, според ScienceDaily, новиот бетон го апсорбира и на тој начин го редуцира атмосферскиот јаглероден диоксид, благодарение на биолошкиот слој. Бетонот има капацитет да ја апсорбира и сончевата радијација со што овозможува да се регулира спроведувањето на топлина во внатрешноста на зградите. Биолошкиот бетон е погоден за декорација на фасадите на зградите со различни бои, во зависност од населените организми. Со ваков тип бетон не мора да биде покриена целата фасада на зградата, туку може да се покријат одредени делови за да се добие своевидна „жива“ слика. Бетонот може да се користи и во градините како декоративен елемент. Експертите коментираат дека новиот материјал е погоден за новиот тренд на изградба на вертикални градини, и тоа не само за новите градби туку и за реновирање на старите. За разлика од сегашните засадени фасади и системите на вертикални градини, новиот материјал го поддржува биолошкиот раст на сопствената површина, па не се потребни дополнителни носачи.
Fenn young designers award / FYDA
признанија
Трето место за студентот Филип Конески
С
тудентот на Архитектонскиот факултет од Скопје, Филип Конески го освои третото место на Fenn young designers award /FYDA/. Станува збор за натпревар одржан во Банкок - Тајланд. Fenn young designers award /FYDA/ за прв пат се организира во 2008 година и има за цел да ги промовира и да го помогне развојот на младите талентирани дизајнери, да ја презентира нивната работа и креативност во светски рамки. Конкурсот е отворен за младите
/25/, од Сиднеј - Австралија, која презентира концепт како да се реинтерпретира органското. Набљудувајќи ги пресеците на растенијата, нивната внатрешна структура и конструкција, Мина Ким заклучува дека органското е самодоволно и себично, но истовремено и недоволно, што го прави карактерно. Во него препознава основи и пресеци кои инспирираат архитектура. Од тука таа создава лендскејп дизајн, кој во суштина сам по себе ја има органиката на растенијата во неколку стотици пати зголемена димензија. Второто место е доделено на Силвиа-Софија Пламбриџ /22/ од Лондон, Англија. Нејзиниот проект е инспириран од функционирањето на цветовите, во случајов конкретно од цветот на ружата. Таа ја анализира структурата и процесите на функционирањето, и тоа го преточува во урбан, тремелемент, наменет за улични тремови. Заштитува од сонце и дожд, елементот ја реупотребува дождовницата, а ја апсорбира низ столбот и потоа ја користи за растенијата што го опседнуваат елементот. Тој може да се мултиплицира и да се употреби според конкретните теренски услови. Темата за оваа година беше ОРГАНИК, дизајн инспириран од природата. Во рамките на годинешниот конкурс, пристигнаа 280 проекти од 57 земји во светот, што говори за големината на конкурсот и неговата афирмираност во споменатите кругови. Изложбата се отвори на 13 декември во Банкок, Тајланд, и после неколку дена, резултатие и беа соопштени на јавноста.
автори од 18-33 години од целиот свет, барајќи нови дела од областа на архитектурата, графичкиот дизајн, продукт дизајн, ентериер, мода, уметност итн. Изложбата се отвори на 13 декември во Банкок, Тајланд, и после неколку дена, резултатие и беа соопштени на јавноста. Во образложението на наградата се вели: „Филип презентира концепт за семејно домување инспириран од физикусот и процесите на дрвото. Проектот насловен ЕКОРГАНИК, детално го анализира дрвото како „архитектонски проект на природата“ и го реинтерпретира вo употреблив самоодржувачки концепт. Објектот проеизведува вода за пиење, електрична енергија, храна, кислород, што го чини органски не само по формата, туку многу повеќе заради процесот на самоодржливост“. Првото место беше доделено на Мина Ким
3
28 декември ПОРТА
57
екологија
интервЈу со фирус мемед, диреКтор на државниот инспеКторат за животна средина
Животната средина не бира богат или сиромав
Во Скопје во последните години интензивно се вршат градежни работи и од нив има испуштање на ПМ 10 честички, кои најчесто ги надминуваат максимално дозволените концентрации Катерина СПаСовСКа-ТРПКовСКа Колкав предизвик е да се биде инспектор за животна средина во Република Македонија? Со какви притисоци се соочувате, економски, политички и други? За овие четири години како сум директор на Инспекторатот никој не ми се пожалил дека има политички или друг вид притисоци. Мислам дека проработува свеста и кај политичарите и кај функционерите општо дека инспекторите треба самостојно да си ја вршат својата работа, и дека тие треба да ги потпомагаат. Притисоци од типот на невладин сектор, граѓаните, исто така не се забележани, но често пати се обраќаат кај нас не знаејќи кои области ги покрива Инспекторатот за животна средина. Во таа смисла често предметите ги пренасочуваме на локално ниво.
Сè погласни се поплаките на скопјани од загадениот воздух. Какви сознанија во врска со тоа има инспекторатот и што презема?
Во однос на амбиенталниот воздух во Скопје, како и низ целата држава, можам да кажам дека инспекторатот будно ја следи состојбата. Согласно прописите вршиме контрола на стационарните станици. Во самите анализи кои ги добиваме од страна на субјектите што работат истражување, 30 отсто на емисиите на воздух во Скопје се испуштаат од мобилни извори, односно од моторни возила. Пред две години е донесен законот за квалитет на течните горива, и мора да кажам дека овој правилник позитивно влијае затоа што сега возилата не користат гориво кое нема повеќе сулфур и согласно тоа емисиите во воздухот се помали во однос на испуштањето на сулфур диоксид. Но, мора да кажам и тоа дека во Скопје во последните години интензивно се вршат градежни работи и од нив исто така има испуштање на емисии, особено на тие ПМ 10 честички кои се исклучиво нус производ на цврсти горива и градежни зафати од типот на движење на моторни возила со налепена земја на самите тркала, ископ на земјиште, товарање 58
3
ПОРТА
28 декември 2012
и истоварање на земја. Сето тоа влијае на испуштање на ПМ 10 честички кои најчесто ги надминуваат максимално дозволените концентрации. Во текот на месец август, Државниот инспекторат направи увид во сите мерни станици во Република Македонија кои се стационарни, тие се вкупно 17 од кои пет локации се во Скопје, две во Миладиновци и Мршевци и останатите низ внатрешноста. Мониторинг системот инсталиран во Лазарополе, кое се смета за најчисто подрачје, е показател за другите локалитети каде што се инсталирани мерните станици. При контролата во август, кога нема емисии во воздухот од типот на Топлификација, греење на граѓаните, мерните инструменти во Скопје покажуваат неколкукратно надминување на дозволените концентрации на ПМ 10 честичките и тоа е исклучиво производ од градежни работи кои се одвиваат во тој период. Исто така, во август не беа активни ниту Макстил, ниту друг извор на емитери. За жал, во зимскиот период економскиот и социјалниот аспект си го прави своето па луѓето одлучуваат да се греат со енергенси кои се цврсти горива како што се дрво, јаглен, брикети. Сето тоа е затоа што цената на електричната енергија и на Топлификација драстично се зголеми.
Се најавуваат нови инвестиции во туризмот кои, барем навидум, изгледаат како потенцијално опасни по животната средина, уште при градењето. Го имате ли ова предвид?
Инвестициите од типот на градење хидроцентрали во заштитени подрачја, национални паркови, инвестициите што се најавуваат во Охрид, Државниот инспекторат за животна средина будно
ги следи и при донесување на какви било списи ние учествуваме со наши мислења. Пример за Чебрене од страна на Управата за животна средина се даваат насоки за Фирус Мемед
екологија постапување. Во рамките на Охрид, кој е заштитено подрачје не само од нашето Министерство туку и од УНЕСКО, при инвестициите очекувани во развој на туризмот, исто така позитивните законски прописи ќе се применуваат во целост, да се обезбедат соодветните документи и доколку е потребно да се прават студии ќе се направат елаборати се со цел да не се деградира животната средина, да не се наруши балансот на симбиозното живеење на овој дел. Околу тоа дека ќе има хидроаеродром, треба да се произнесат експертите од областа и доколку е тоа возможно да се применува да, но мислам дека со самата негова појава негативно ќе се влијае во целата сфера на амбиентот во Охрид затоа што тоа е микро локација, а Охрид си има своја клима и езерото е приказна сама за себе и затоа треба да се внимава дали би било прифатливо тоа да се гради. Затоа треба да се направат дополнителни студии и анализи што би значело сето ова.
напредува ли решавањето на проблемот со 16-те жешки точки, односно со најзагадените места во државата?
Во однос со проблемот со 16-те жешки точки, Инспекторатот за животна средина и во овој дел дава несебичен придонес. За ОХИС како жешка точка имаше сега еден пилот проект за решавање на линданот и се деконтаминираше земјиштето. Се надевам дека ќе успее овој проблем во блиска иднина да се надмине. Исто така во Велес компанијата премина во друга сопственост и согласно законот за животна средина, ако еден субјект поседува А интегрирана еколошка дозвола или треба да ја добие, доколку не работи 12 месеци, постапката за добивање на оваа дозвола е сосема нова. Тоа значи дека сите процедури ги отпочнува од почеток. Инспекторатот ја следи состојбата во Метрудхем, правиме контроли на месечно ниво, дали има какви било активности во кругот на фабриката и сега можам да тврдам дека нема никакви активности ниту во единицата во Градско. Метрудхем се задолжени со решение да нè известат за какви било активности доколку се потребни да се преземат и сега за сега тоа се почитува. Во Лојане исто така ја следиме состојбата и сега за сега и тоа е под контрола.
одамна не се зборува за окта. Се подобри состојбата или се намали отпорот?
Со задолжение од страна на Државниот инспекторат за животна средина во рафинеријата Окта се инсталираше таканаречена клаус постројка или
десулфуризатор. Ова траеше околу една година зашто самото инсталирање имаше потреба од толку време. Со тоа проблемот во Окта и околу неа со испуштањето емисии со повеќе сулфур диоксид е надминат и нема веќе реакции од месното население дека има непријатна миризба. Ова е добар пример како можат да се надминат работите доколу се сака.
Се води ли грижа за заштита на извориштата? Со какви проблеми се соочувате на овие места и кое е она што е најзагрозено? Во делот на загадувањето, односно испуштањето на емисии во води, генерално ги следиме состојбите особено со рудниците, каменоломите, сепарациите. До скоро во Министерството за животна средина и просторно планирање имаше сектор за води, но надлежностите околу законот за води не беа во рамките на нашето Министерство туку во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Со згаснувањето на фондот за води и преземањето на дел од вработените, секторот за води зајакна и воедно надлежностите за имплементација на законот за води преминаа во делокруг на Министерството за животна средина и просторно планирање. Ние до пред еден месец немавме водостопански инспектор. Сега го решивме и тоа. Тој е надлежен исклучиво за вршење на контрола на водите генерално, но поконкретно за водите што се третираат во заштитени подрачја, национални паркови, изворишта. Ако зборуваме за изворите за водоснабдување на месното население тогаш тоа не е во делот на Инспекторатот, но и тука редовно земеме мостри од водите, ги даваме на анализа и доколку забележиме кој било тип на емисии веднаш ги известуваме надлежните. Во инсталациите како што се рудниците, Окта, Усје, кои имаат А интегрирана еколошка дозвола или се во фаза на добивање, тие се задолжени од наша страна редовно да вршат мерења и да ни ги доставуваат резултатите добиени од мерењата. И тука вршиме вонредни мерења за да ја следиме состојбата. Така на пример во Злетовица во месец август направивме контрола, земавме мостри и се утврди дека водата содржи ешерихија коли. Веднаш реагиравме до хидросистемот Злетовица, да преземат мерки за решавање на проблемот и да ја доведат водата до категорија која е безбедна за населението. Последните мерења во ноември покажаа дека нема присуство на бактеријата. Рудниците што вршат површински ископ се предмет на почести контроли од овој тип, затоа што при оваа дејност се создаваат
емисии, заматување на водите. Такви се рудниците САСА, Бучим и Тораница, и кај нив најчесто правиме вонредни мерења на водите. Но и тоа треба да се каже дека во Каменичка река локалитетот е таков што и без какви било зафати на субјектот САСА, кога се земени мостри од повисоките извори а и самата географска положба на реката, се покажа дека има присуство на олово во водата од изворите. Тоа е одраз на тоа што и водите кои извираат содржат олово затоа што има присуство на металот во земјата, но сепак тоа е во дозволени концентрации и затоа постојано се следи. На постојан надзор е и Злетовица затоа што се работи за вода за пиење на голем број население.
Што е со електронскиот отпад? Проработува ли свеста кај граѓаните за негово соодветно складирање?
Законот за електронски отпад е во сила и има комапнии кои ќе го собираат и складираат надвор од Македонија затоа што кај нас нема инсталции кои би го третирале овој вид на отпад. Треба од најрана возраст да се едуцира како да се постапува со овој вид отпад затоа што е доста присутен, почнувајќи од мобилните телефони, комјутерската опрема, сите видови батерии. Сето тоа треба правилно да се третира. Затоа со наше укажување веќе почна на повеќе локации собирањето на стари батерии и тоа е добро затоа што станува збор за сериозен проблем.
Како граѓанинот да дојде до вас?
Неминовна е соработката со граѓаните, невладиниот сектор, медиумите. Ова го зборувам одговорно затоа што сепак животната средина не бира нација, политичка структура, не бира богат или сиромав. Сите заеднички треба да тежнееме да го одржуваме она што нè опкружува. Ме радува фактот што во последно време појавите од типот бучава и непријатна миризба се намалија затоа што граѓаните тоа го доставуваат до општинските инспектори. Исто така, законот за отпад од пакување - уште од најрана возраст на децата да им се укажува дека секое пакување треба соодветно да се третира. Ако е стаклено пакување или пластика треба да има посебно место каде се складира. Сè ова ќе придонесе за решавање на отпадот што не засега сите, а е генерално проблем. Инаку, кај нас најмногу се јавуваат граѓаните да се жалат поради комшиска нетрпеливост, а всушност не знаат дека тоа не е во делокруг на нашата работа. Има и такви кои знаат да кажат дека на некоја река има заматување, во заштитено подрачје се пали оган и сето тоа навистина ни користи.
3
28 декември ПОРТА
59
хортикултура
ЗЕЛЕНИТЕ КРАЛИЦИ ПОД СНЕЖНАТА ОБВИВКА Филип Филипоски, дипл.шум.инж.
В
о зимскиот период, дури и кога ќе падне снег во градината, може да се создаде идилична композиција на снегот со растенијата. За доловување на еден таков пејзаж постојат најразлични растителни видови, кои со своите темнозелени или пурпурни листови и силно црвени, жолти и виолетови плодови, создаваат силен контраст на бесконечната белина која ја создава снегот. Овие моменти најдобро се доловуваат кога снегот не ги има во целост препокриено растенијата или во период кога тој почнува да се топи. Mahonia spp. - Махонија Махонијата претставува зимзелена грмушка, која е доста распространета кај нас. Листовите во зависност од сезоната ја менуваат бојата. На почетокот од годината се појавуваат мали ароматни цветови, собрани во густи гроздови, а подоцна од нив се формираат сино-виолетови бобици. Mahonia aquifolium е нискорастежна грмушка која најчесто се користи како прекривка за почвата. Преку зимата листовите стануваат пурпурно црвенкасти. Цвета во март – април, а цветовите се собрани во густи гроздести соцветија. Mahonia japonica е повисока и достигнува до 2 метри во височина. Успева на секаков вид градинарска почва, дури и на варовничка. Најдобро успева на засенети месторастења. Кастрењето не е неопходно, но ако има потреба добро го поднесува. За одржување на одреден форма на грмушката најдобро е да се крои пред април. Mahonia aquifolium наједноставно се размножува со делење на вкоренети изданци, додека останатите видови од овој род со зелени разници. Ilex spp. - Илекс Иако има голем број на вариетети кои имаат прошарени листови (пр.Iilex aquifolium „argentea marginata“ , Ilex aquifolium „silver queen“, Ilex aquifolium „golden milkboy“ и други), повеќето видови од овој род имаат темнозелени ливчиња, и светлоцрвни бобици по што се препознатливи. Овие грмушести растенија се спорорастежни. Најдобро се развиваат на засенети месторастења. Скоро сите илекси се дводомни, така што за да може да добиете плодови ќе мора да се насадат по неколку заедно. Во зависност од тоа каков ефект сакате да постигнете
60
3
ПОРТА
28 декември 2012
Ilex sp.
хортикултура Mahonia aquifolium
во градината, ќе зависи и изборот на видот. Доколку сакате една садница најдобро е да го изберете видот Ilex aquifolium „altaclarensis“ или Ilex aquifolium „pyramidalis“. Доколку сакате да групирате повеќе садници, најдобар ефект би се постигнал со употреба на вариететите со несоодветно име Ilex aquifolium „golden queen“, кој всушност е машка или Ilex aquifolium „golden king“, кој претставува женска единка. Исто така, тука може вреди да се споменат и вариететите како Ilex aquifolium argentea marginata кои имаат зелени листови со сребренкасти маргини, Ilex aquifolium „madam briot“, кој претставува голема грмушка со остри бодливи трнови, buy Ilex aquifolium „bacciflava“ кој има жолти бобинки и Ilex crenata „mariesii“ кој има црни бобинки. Добро го поднесува кроењето, дури и ако е подрастично. Се размножува со зелени резници, а вкоренувањето му оди многу споро. Taxus spp. Тисите се едни од најиздржливите иглолисни видови. Опстанува на екстремни температури и до -25ºС. Тисата е спорорастежен вид со тенка црвенкасто - кафеавкаста боја на кората и зелени иглички. Преку есента создава голем број на црвенкасти плодови. Без проблем го поднесува кроењето, поради што многу често се среќаваат спектакуларни топијарени креации од овој вид, Taxus baccata. Иако поднесува многу ниски температури и дава многу убав впечаток во снежниот недоглед, сепак со неа треба да се биде многу внимателен бидејќи поголем снег може сериозно да и нанесе физички оштетувања. Тие оштетувања се поболни кај топијарените форми по што може во целост да се деформира растението, а со тоа да се изгуби вашиот целокупен труд потрошен за создавање на едно „ремек-дело“. Taxus baccata
3
28 декември ПОРТА
61
совети
ЛИЧЕН ПЕЧАТ
У
бавите случувања долго се паметат. Се сеќавам на деновите пред Нова година кога на гости ни дојде тетка Борка, сестра на мојот свекор. Борка е една активна, подвижна, вешта и љубопитна жена со огромно количество на енергија и импресивна физичка сила за своите години. Долгите разговори со неа ми легнуваа како мелем на душата. Сакавме таа во нашата куќа да се чувствува како да е дома, а таа тоа го разбра и навистина куќата почна да ја доживува како своја. Потребата да се искаже себе си прво почна да ја покажува на цвеќињата во собата. Стануваше пред нас, ги преместуваше саксиите, ја претураше земјата од поголемите во помалите саксии и ги врзуваше големите разгранети листови да не висат. Троседот го потпре на ѕидот за подобро следење на телевизиската програма, а сликите ги поткрена повисоко бидејќи сметаше дека се поставени ниско. Потоа го „среди“ креативниот хаос во библиотеката така што со денови откако си отиде не можевме да го најдеме тоа што ни требаше. Еден ден Борка почна да плете прекривки од конец во мустри
62
3
ПОРТА
28 декември 2012
кои наликуваа на снегулките што надвор почнаа да паѓаат. Секое парче изгледаше единствено и спектакуларно. Плетеше брзо, а откако прекривките беа готови почна да ги реди по масичките, полиците за книги, телевизорот... И витражите на прозорците од кујната ги покри со белите плетени завесички, а на пултот во кујната редеше тегли и теглички за да и бидат при рака и да не мора постојано да ги бара. Фалеше само уште негде да закачи потковица или паунов пердув за среќа. Нејзините активности ги сметав за инстиктивна човекова потреба за дотерување, разубавување и организирање на просторот. Но, од друга страна, почувствував дека ја губам мојата индивидуалност, задоволството, личниот печат во домот и цврстите ставови за важни и неважни работи во животот. Мојот дом не беше мој. Навистина, во ентериерот не се работи само за естетиката. Тука има и многу филозофија, психологија, социологија... Со различните потреби, темпераменти, посебности на личностите, промените во трендовите, желбите, доживувањата на убавото, удобното и практичното се оформуваат
различни животни простори, а човекот е незамислив без сопствениот простор кој е услов за чувството на задоволство. Затоа во домот што претставува место за изразување на креативноста и севкупното сфаќање на животот, најважно е да се наслушнат потребите и желбите на оној што таму живее. Во него тој го гради идентитетот и остава личен печат. По две недели Борка си отиде. Јас го вратив домот во првобитниот изглед. Плетените прекривки ги врамив во слика и ги закачив во дневната соба. Кога и да погледнам во неа, се сеќавам на Борка и на она што всушност е суштинско и најважно. Деновиве, сеќавајќи се на гостинката, а полна со претпразнично расположение, налетав на зборовите на Стив Џобс на една новогодишна честитка. „Не дозволувај силните гласови на туѓите размислувања да го потиснат твојот внатрешен глас. И што е најважно, секогаш следи го твоето срце и интуиција“. Зборовите се најмалку совет за уредување на домот, но упатуваат на тоа дека без личната енергија во домот нема задоволство и среќа. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.,
bsavic@porta3.com.mk
најчудни градби
Сараевски мост кој ви вели „побрзај полека“
Ш
етајќи насекаде низ светот, барајќи возбудливи градби, се вративме дома, на Балканот. Местото што со децении се поврзуваше со војни и разурнувања, а имало многу историски важни градежни оставштини, ни го привлече вниманието со најновиот мост кој пред неколку месеци бeше пуштен во употреба во Сараево. Станува збор за пешачки мост преку реката Миљацка во Сараево, кој заради својот необичен дизајн има чест да биде дел од оваа рубрика. Името на мостот е „Фестина ленти“, а има уште поинтересно мото кое гласи „Побрзај полека!“. Мостот ги поврзува бреговите на оваа река, помеѓу Академијата на ликовните уметности со улицата „Радичева“. За неговите потреби уредено е и шеталиште од едната страна на реката. Мостот е од челична конструкција со стаклена ограда обложена со алуминиумски плочи-талпи. Должината му е 30 метри, а ширината од четири до седум метри. Иако изгледа едноставно, можеби и не толку импозантно, барем според критериумот големина и мегаломанство, сепак овој мост има шарм со кој заслужува внимание. Тој е идејно решение на студентите во втора година на ликовната академија: Амила Хрустиќ, Аднан Алагиќ и Бојана Канлика. Идејата им била да ги претстават
мостовите не само како физички објекти кои спојуваат две страни или, пак, она стандардизирано клише дека зближуваат и поврзуваат, туку да покажат дека низ еден ваков зафат може да се понуди и уметност. Идејата им се допаднала на градските власти и тие идејното решение го преточиле во градежен зафат кој резултирал со конструкција на мостот за кој се издвоени рекордни еден милион евра. Мостот привлекува големо внимание бидејќи претставува своевидна уметничка инсталација, и иако станува збор за целина,
Драган Ристов
има две страни кои се среќаваат на средина, преку проширување кое ги спојува двете печашки ленти. Постои и мало дрвено одморалиште, на двете страни, секако во модерен дизајн, што дополнително му дава модерен имиџ на мостот. Кој вели дека на Балканот не можат да се случуваат убави работи. БиХ и Сараево, кои беа познати по крвавите војни, оставија печат и на светската архитектура, бидејќи овој мост стана дел од секој можен вебсајт за архитектура, а веќе зад себе има бројни награди за дизајнот и идејата.
3
28 декември ПОРТА
63
излог
3
1 2
64
3
ПОРТА
28 декември 2012
излог
1. Шпанската архитектка Teresa sapey ја дизајнираше оваа божиќна светлечка елка која е во повеќе величини и е наменета за внатрешни и надворешни простори. 2. Дизајн на комода изработена од матиран обоен медијапан од фирмата Ligne roset. 3. Модерен и разигран дизајн на ламба во облик на мало кутре од Pana objects. 4, 5, 6. Корејското дизајнерско студио The:Zoom ја претставува нивната колекција на мебел, наречена ZiP во форма на патент, чија преувеличеност им дава нота на хумор на сите парчиња.
подготви: Сандра ДонЧЕва ТЕоХаРова, дипл.инж.арх.
4
5 6
3
28 декември ПОРТА
65
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 156/2012 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ ПРАВО НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ИЗГРАДБА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО СТАНБЕН ПРОСТОР И СО ДЕЛОВЕН ПРОСТОР ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА РЕПУБЛИКАТА – СКОПЈЕ ПРАВИЛНИК ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ, ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АЕРОДРОМ ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ОБЈАВА 05/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 157/2012
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 158/2012 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 102 (10.12.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, СТОВАРИШТА И СЕРВИСИ ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ОПШТИНА МАКЕДОНСКИ БРОД ОБЈАВА БР. 4 ЗА ДАВАЊЕ ПОД ДОЛГОТРАЕН ЗАКУП ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ, СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Е-2 ФОТОВОЛТАИЧНИ ЦЕНТРАЛИ
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТАНБЕН И СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС СО Г-2 НАМЕНА ВО КО ГРАДОШОРЦИ, ОПШТИНА ВАСИЛЕВО
ОПШТИНА САРАЈ ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БР. 1/2012 ОБЈАВЕНА ВО ПЕЧАТЕНИ МЕДИУМИ ФОКУС, УТРИНСКИ ВЕСНИК И ЖУРНАЛ НА 28.11.2012 ГОДИНА, КАКО И ВО СЛУЖБЕНИОТ ВЕСНИК НА Р.М., БР. 149/2012 ОБЈАВЕН НА 27.11.2012 ГОДИНА, ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ
ОДЛУКА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БР. 06/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 83/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за здравство, ул. “50-та Дивизија“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на болничка зграда на ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка. Контакт тел/факс: 02 3176-076, 02 3113-014, лице за контакт: Славица Т. Николовска. Јавно отворање на понудите на ден 03.01.2013 год. БРОЈ: 07-75/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Рехабилитација на државните патишта Р1104 и Р2133, Липково – с. Арачино, делница Арачиново – Никуштак – Ропалце. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска
66
Богдановска. Јавно отворање на понудите на ден 02.01.2013 год.
3
ПОРТА
28 декември 2012
БРОЈ: 02/2012 Назив на договорниот орган: АД Градски Трговски Центар, кеј 13-ти Ноември кула 2/4, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на идеен проект за изградба (изградба на терасата – петта фасада) и фасадно обликување на Г.Т.Ц. Контакт тел/факс: 3135-130, 3223-681, лице за контакт: Горан Ивановски. Плановите или проектите да се достават најдоцна до 25.01.2013 год.
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 30/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за култура, ул. “Ѓуро Ѓаковиќ“ 61, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Набавка на услуги за Изработка на Основен проект за објект Македонски Народен Театар – Театар Центар – Скопје за сите фази, согласно Проектната програма на Министерството за култура. Контакт тел/факс: 02 3240-519, 3226-920, лице за контакт: Јулијана Угриноска. Јавно отворање на понудите на ден 28.01.2013 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 159/2012
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА НАМЕНА Б2ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ, КО СТЕНЧЕ, ОПШТИНА БРВЕНИЦА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО НАМЕНА Г2-ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА – ПОГОН ЗА ПОЛНЕЊЕ МИНЕРАЛНА ВОДА СО ПРАТЕЧКИ СОДРЖИНИ И ЛИНИСКА ИНФРАСТРУКТУРНА ГРАДБА ВО КО КРУШЕАНИ, ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ
Назив на договорниот орган: ЈЗУ Општа болница Струмица, ул. “Малдинска“ 2, 2400, Струмица. ПРЕДМЕТ: Градежно занаетчиски работи за санација на кровна конструкција на дел офтамологија, одд. За уво, нос и грло, доградба на нервно и психијатрија, болнички ходници и болнички простории при ЈЗУ Општа болница Струмица. Контакт тел/факс: 034 347-281, 034 324142, лице за контакт: Стојан Новоселски. Јавно отворање на понудите на ден 04.01.2013 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 161/2012
ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА ПРАВО НА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА КАРПОШ ОБЈАВА БРОЈ 08/2012 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ
ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И ДРЖАВНА И ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО 2012 ГОДИНА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ИСПРАВКА НА ОБЈАВА БРОЈ 104 (15.12.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
БРОЈ: 25-3155/2012 Назив на договорниот орган: Општина Кочани, ул. “Раде Кратовче“ бр. 1, 2300, Кочани. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на патишта и улици во Општина Кочани. Контакт тел/факс: 033 274-001, 033 273-542, лице за контакт: Силвана Благонова. Јавно отворање на понудите на ден 09.01.2013 год.
БРОЈ: 07-77/2012 Назив на договорниот орган: Агенција за државни патишта, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Консултативни стручни анализи и мислења при проектирањето, изградбата и одржувањето на државните патишта во Република Македонија, стручни консултации при припремните работи за изработка на техничката документација, стручни консултации при изработка на техничката документација, рецензија на изработена техничка документација, давање на консултативни стручни мислења и анализи при градењето, одржувањето, надградбата – рехабилитацијата на коловозните конструкции на патиштата и објектите на нив и по потреба да врши контролни геомеханички, асфалтни и бетонски испитувања. Контакт тел/факс: 3118-044, 3220-535, лице за контакт: Жаклина Стефановска Богдановска. Јавно отворање на понудите на ден 01.02.2013 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 160/2012 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОБЈАВА БРОЈ 101 (8.12.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ БРОЈ: 09/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за Финансии, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Градење на објектот на Министерството за финансии. Контакт тел/факс: 02 3106-432, 02 3106-711, лице за контакт: Билент Мустафоски. Јавно отворање на понудите на ден 30.01.2013 год. БРОЈ: 23/2012
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 162/2012 ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИ ЗА ВКЛОПУВАЊЕ НА БЕСПРАВНИ ОБЈЕКТИ ВО УРБАНИСТИЧКО ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА