ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
220 МАЈ 2014
Благоја Дончев: АДИНГ - барометар на пазарот во регионот и пошироко Ако сакаш да одиш брзо, оди сам, но ако сакаш да стигнеш далеку, тогаш оди со група... БИМАС 2014 - Има градење, нема архитектура, нема Гран при
90 ДЕНАРИ
Стамбено деловен објект Аеродром” “ општина Аеродром
Професионална изведба, ексклузивен дизајн. Станови со квадратури од 41 до 72m2
ПОРТА
Митрополит Теодосиј Гологанов 130 1000 Скопје тел. +38923122452 моб. +38971326773 моб. +38970214369 факс. +38923122410 contact@zikol.com.mk zikolnedviznini@t-home.mk www.zikol.com.mk 30 мај 2014
ГОДИНА X
БРОЈ 220 ПЕТОК 30.05.2014 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Има градење, нема архитектура, нема Гран при. Вака, во една реченица може да се опише сѐ она што се случуваше на 17. Биенале на македонската архитектура. Стручната комисија донесе заклучок никому да не му ја додели наградата Гран при на БИМАС 2014, бидејќи, како што беше истакнато, сите изложени дела поседувале индивидуални квалитети, но ниту едно не било на нивото потребно за највисокото признание. Интересно, дури и оваа вест присутните архитекти и други гости во салата на Музејот на град Скопје ја прифатија без посебна реакција, изненадување или разочарување. Сето тоа е реалната слика на она што ни се случува со архитектурата. Сепак, не треба да застанеме и да се откажуваме, беше ставот на архитектите по завршувањето на манифестацијата. „АДИНГ како традиционално извозна компанија, може да се каже дека е како ’лaкмус или барометар‘ на состојбите на пазарот во регионот и пошироко, со оглед на тоа што со нашите производи сме присутни многу долги години во сите земји на Балканот и во повеќе
држави од бившиот Советски Сојуз, како и во Иран и арапските земји“, вели Благоја Дончев, генерален директор на компанијата. Во изминатите 45 години АДИНГ ја профилираше својата производствена програма, по што е препознатлив на пазарот, како на домашниот така и на странскиот. Со проектот „Нови профитабилни бизниси АДИНГ-2019“, се очекува дека во тој период компанијата ќе добие „профитабилен бизнис“ од нови производи и технологии. „Ако сакаш да одиш брзо, оди сам, но ако сакаш да стигнеш далеку, тогаш оди со група...“, вели архитектот Звонко Тасевски и додава: „Од исклучителна важност за формирањето на секој архитект, во почетокот се поднебјето и личностите што го опкружуваат, со што поголем проток и збир на информации кои ги впива“. Тој долги години е во приватниот сектор, што му овозможува длабинско нуркање во сите случувања на архитектурата тука, како и површинско загазување во неа, надвор. ОД РЕДАКЦИЈАТА
ИНФО 06
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: NATIONAL SEPTEMBER 11 MEMORIAL & MUSEUM, ЊУЈОРК
ПОРТА Г Р А Д Е Ж Н И ШТВ О А Р Х И ТЕ КТУ Р А Е КО Л О Г И ЈА
220 МАЈ 2014
Благоја Дончев: АДИНГ - барометар на пазарот во регионот и пошироко Ако сакаш да одиш брзо, оди сам, но ако сакаш да стигнеш далеку, тогаш оди со група... БИМАС 2014 - Има градење, нема архитектура, нема Гран при
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ 90 ДЕНАРИ
фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
Автори: DAVIS BRODY BOND, SNØHETTA
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.
06
БИМАС 2014 ИМА ГРАДЕЊЕ, НЕМА АРХИТЕКТУРА, НЕМА ГРАН ПРИ
ИНТЕРВЈУ 16
БЛАГОЈА ДОНЧЕВ: АДИНГ - БАРОМЕТАР НА ПАЗАРОТ ВО РЕГИОНОТ И ПОШИРОКО
ГРАДЕЖНИШТВО 26 КОНВЕНЦИОНАЛНИ ТЕХНИКИ ЗА ПОЕВТИН ТУНЕЛ
16 36
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
40
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
АРХИТЕКТУРА 42
ПОТСЕТНИК НА ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА ОД 11 СЕПТЕМВРИ 2001 ГОДИНА
ДРВНА АРХИТЕКТУРА 46
АЕРОДРОМ ВО ДУХОТ НА ПРИРОДАТА
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
Маркетинг:
ЗВОНКО ТАСЕВСКИ, АРХИТЕКТ
ПРОЕКТИ 40
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
Печати:
СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 36
ПРОЕКТ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА ПОТОПЕНАТА ЦРКВА „СВ. НИКОЛА“
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
46
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
градежништво
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
4
4
ПОРТА
30 мај 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
градежништво
Б
30 мај 2014
ПОРТА
5
5
инфо
БИМАС 2014
Има градење, нема архитектура, нема Гран при
Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА, Наталија ЗАФИРОСКА
Стручната комисија донесе заклучок никому да не му ја додели наградата Гран при на БИМАС 2014, бидејќи, како што беше истакнато, сите изложени дела поседувале индивидуални квалитети, но ниту едно не било на нивото потребно за највисокото признание Авторите на победничките проекти на БИМАС 2014
Ц
елото 17. Биенале на македонската архитектура помина во знакот на паралелните светови, од кои едниот е динамичен во создавањето архитектура која е под лупата на силна критика, а другиот е апатичен и одвај се одржува во живот. И крајот на Биеналето помина така. И на последната вечер, кога се доделуваа наградите за учесниците, дојдоа до израз овие поделби. Имено, стручната комисија донесе заклучок никому да не му ја додели наградата Гран при на БИМАС 2014, бидејќи, како што беше истакнато, сите изложени дела поседувале индивидуални квалитети, но ниту едно не било на нивото потребно за највисокото признание. Интересно, дури и оваа вест присутните архитекти и други гости во салата на Музејот на градот Скопје ја прифатија без посебна реакција, изненадување или разочарување. Како да беа свесни дека во овие услови, во сегашната состојба во која се наоѓа архитектурата во Македонија, ова беше неминовниот расплет на биеналето. Исто така, не се доделија ниту наградите за реализиран индустриски дизајн и за урбанистички план или проект. Сепак, беа доделни другите награди. Наградата за реализирана внатрешна архитектура
6
6
ПОРТА
30 мај 2014
Ентериерна реконструкција на управна зграда на ГД Гранит АД Скопје, Фаза 1
инфо
Клиничка bолница - Штип
- ентериер им се додели на авторите Максим Наумовски и Оливер Илиевски за проектот Ентериерна реконструкција на управна зграда на ГД „Гранит“ фаза 1. Од областа на архитектурата наградата им се додели на авторите Љиљана Митровиќ и Горана Митровиќ, консултантите Миодраг Митровиќ и Невена Ѓеорѓиевска заедно со соработниците Иво Антониевиќ, Срѓан Митровиќ и Филип Недевски за проектот Клиничка болница во Штип. Наградата за проект од областа на дизајнот им се додели на авторите Бранислава Ѓорѓевиќ, Елена Пазарџиевска, Марија Димитриевска и соработникот Стефан Тодоровски за проектот „City box“. На годинешното Биенале се доделија и две специјални награди. Првата отиде во рацете на авторите Дејан Ивановски и Филип Јовановски со соработниците Димитра Јовановска и Ивана Васева за проектот Монтажна галерија „САС“. Втората специјална награда им се додели на авторите Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља, Саша Тасиќ, Виолета Бакалчев и Никола Стрезовски за објектот Православен храм црква „Свети Илија“ во село Говрлево, Скопје. „City box“ е идеен проект за киоск кој треба да биде нов урбан елемент во јавниот градски простор. Со неговата едноставна и компактна форма има за цел да не се наметне во околината, но со ефектот што го создава да ја засили својата појава и да создаде идентитет и мрежа на визуелно препознатлив облик, е објаснувањето на Бранислава Ѓорѓевиќ. А, за потребата од искористување на јавниот градски простор говори и Дејан Ивановски кој вели дека доминацијата на културните институции може да гуши и токму затоа нивниот проект за Монтажна галерија е она што му недостасува на градот. Организаторите на БИМАС и архитектите што секоја вечер ги посетуваа изложбите и предавањата на нивните домашни и странски колеги воопшто не
беа изненадени од одлуката на Комисијата да нема главна награда. Сето тоа е реалната слика на она што ни се случува со архитектурата. Можеби е и апатично, но сепак треба да сме свесни и дека многу средства се одлеваат во проекти за кои не сакаме да разговараме и затоа квалитетот опаѓа. Сепак, не треба да застанеме и да се откажуваме, беше ставот на архитектите по завршувањето на манифестацијата. А, во време кога многу се говори за архитектурата и урбанизмот, во време кога сите мислат дека сè знаат за овие области, кога насекаде се гледаат нови објекти и новонашминкани зданија, на БИМАС беа оние што навистина ја разбираат и знаат оваа област и можат да си го кажат својот збор и да дебатираат. БИМАС е единствената манифестација во Македонија која го презентира архитектонското творештво и која ги собира и запознава архитектите. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ вели дека 17. Биенале на македонската архитектура се одржува во еден можеби деликатен момент во архитектонското творештво, момент кога е важно да се зборува за архитектурата, момент кога се создава архитектура која ги игнорира архитектите и се брани од нив, момент кога паралелно се создаваат два сосема спротивни света, две сосема различни слики. „Архитектите се пред големо искушение да создадат архитектура, а да се борат и со паралелниот свет и со уште еден друг свет, во кој архитектурата неретко се доживува во вид на приватна вила која треба да личи и на црква и на трговски центар. Насекаде е присутно чувството на потрошувачкиот однос кон стварноста, а мноштвото од информации на кои сме изложени доведува до слабеење на можноста за критика и расудување“, истакнува Раѓеновиќ-Јовановиќ. „Архитектурата не смее да се омаловажува, поедноставува, упростува, маргинализира, да се сведува на слика, дизајн, плакат, парола. Светот и времињата секогаш се менувале, CITY BOX киоск
30 мај 2014
ПОРТА
7
7
инфо „Скопје 2014“, проект во дел на една општина, во еден главен град, во една држава. Темата на БИМАС 2014 „Паралелни светови“ изгледа како да се однесува само на тој паралелен свет во архитектурата во центарот на нашиот главен град. Но, дали е тоа единствениот паралелен свет, гледан од аспект на архитектурата? Дали е одговорно од наша страна да зборуваме за паралелниот свет на „Скопје 2014“, а да не зборуваме и за паралелниот свет на „енергетски ефикасните“ станбени згради со недоволен пробив на сончева светлина? Без дефинирани принципи и стандарди во архитектурата, ниту еден поединец, архитект, не може да се занимава достојно со сопствената професија без разлика дали се работи за проектант, професор, урбанист, надзор, референт или критичар, додаде Пановски.
ЗЕЛЕНА ГРАДБА - ОДРЖЛИВИ ГРАДОВИ
Галерија „Cac“
времињата поминуваат, а архитектурата останува. Таа е слика на времето и не може да биде различна од моментот кога е создавана. Никакво лошо време не може да го спречи добриот творец“, додава Раѓеновиќ-Јовановиќ. Овогодишниот селектор на БИМАС Билјана Филиповска го даде своето мислење за тоа што треба да е суштината на архитектурата. „Секоја зграда треба да биде употреблива, функционална, тоа е предуслов на архитектурата, но без композиција, без концепт кој ги спојува елементите во игра на една целина, останува гола утилитарност. Мора да има доживување на целината, а не само врзување со визуелното; тука се мемориските слики, атмосферата во просторот, допири, мириси. Суштината на архитектурата сепак е рамката во просторот, дали треба да биде гласна, дали треба да биде иновативна во својата форма по секоја цена или да биде тивка, да се стопува во просторот и да ја гради хармонијата со својата околина“, вели Филиповска. За времетраењето на Биеналето во просториите на Музејот на град Скопје, посетителите имаа можност да видат 112 трудови на разнообразни проекти и реализации, но, меѓу нив не беше презентирано творештвото на проектот „Скопје 2014“, кое според организаторите, постои како паралелен свет. Еден дел од проектите се дел од забрзаната комерцијализација на архитектонското творештво, додека други проекти се вешти компјутерски визуелизации на архитектура која останува на рамниште на идејно-визуелното. Филиповска објаснува дека истовремено, покрај квалитетното творештво на веќе афирмираните професионалци, се препознаваат и извонредни архитектонски креации на тимови од млади архитекти кои се појавувааат на архитектонската сцена. Мартин Пановски, претседател на организациониот одбор на БИМАС 2014, вели дека изминатите години многу се пишувало и говорело за архитектурата. Но, сето тоа ограничено на една тема, на проектот 8
8
ПОРТА
30 мај 2014
Серијата предавања на годинешниот БИМАС почна со американскиот професор Норберт Лечнер, експерт во енергетски одговорниот дизајн на архитектура, кој посебен акцент става на соларната архитектура вклучувајќи ја дневната светлина. За него еден дизајн е одржлив само ако го исполнува условот да биде одговорен кон соларната енергија. „Една од причините зошто треба да се грижиме за еколошкиот дизајн е заштедата на пари и влијанието на глобалното затоплување“, нагласи Лечнер. Според податоците на Лечнер, објектите се виновни за 50 отсто од глобалното затоплување, бидејќи најголемиот дел од енергијата се троши за нивно одржување. Еден начин да се намали овој процент, според него, е ориентацијата север-југ на објектите и нивното боење во бела боја.
ИДЕНТИТЕТИТЕ НА СЛОВЕНИЈА
За архитектонската состојба во Словенија свое предавање одржа архитектот Миха Дешман. Тој зборуваше за проблемот со пронаоѓање на идентитетот на малите држави како што се Црква Св. Илија, Говрлево
инфо ФРАНЦУСКИ МОДЕЛ ЗА СОРАБОТКА СО АРХИТЕКТИТЕ
Административен објект на ФФМ „КУЌА НА ФУДБАЛОТ“
Македонија и Словенија. Дешман вели дека Словенија тежнее кон европските земји примајќи ги влијанијата на околните држави и градови, и затоа е во вечно трагање кон сопствениот идентитет. Тој ги спомена двете клучни фигури преку кои ја препознаваме Словенија, а тоа се Јоже Плечник и Франц Прешерн. „Словенија има три основни идентитети кои подоцна се рефлектираат на нејзината архитектура и имаат директно влијание врз материјалите што се користат. Така, влијанието од Алпите го наложуваат користењето на дрвото како извонреден материјал, додека медитеранското влијание го гледаме во употреба на каменот, и секако влијанието од исток што го препознаваме преку сламата и земјата како градежен материјал“, објасни Дешман. Во деведесеттите години на минатиот век многу млади архитекти и студенти живееле надвор во западниот свет каде собрале инспирација и идеи и се вратиле во Словенија за да направат промени. Според Миха Дешман, истото треба да се случи со Македонија зашто само така може да се поправи состојбата на македонската архитектура, која е очигледно во криза. Урош Лобник и Томаш Канцлер ја претставија современата архитектура во Марибор во последните 20 години. Урбанистичкиот развој на Марибор бил поттикнат од големите амбиции на градските власти тој да стане еден од најуспешните градови во Средна Европа. Поради тоа тие и решиле да го номинираат за европски град на културата во 2012 година и за европски град на младите во 2013 година (градот ги доби овие титули), како и за организатор на зимската универзијада во 2013 година (оваа номинација беше откажана од финансиски причини). За проектите се распишуваат меѓународни конкурси, на кои, освен домашните, победувале и архитекти од Унгарија до Мексико. Визијата за градот е да продолжи да се развива преку згуснување на урбаното ткиво, со цел да се зголеми квалитетот на животот и да се обезбеди поголема одржливост во искористувањето на просторот.
Соработката со архитектите е особено значајна за еден град да добие вистински изглед. Во добро осмислен град добро се живее. Оној град што има обична архитектура, различна и искрена, тука има место за сите да живеат. Ова е објаснувањето на францускиот архитект Мишел Лару за тоа како властите на еден град треба да размислуваат при уредувањето на просторот. На предавањето што беше дел од БИМАС, Лару објасни како градот Бордо успешно соработува со архитектите. „Пред да се избере урбанист кој ќе го осмислува изгледот на еден кварт, тој има средби со луѓето што живеат таму за да можат да ги кажат нивните интереси за тој дел од градот. Потоа се издава брошура во која се запишани сите нивни желби и барања и која бесплатно им се дели на граѓаните. Дури потоа на конкурс се бира урбанистот и тој дава објаснување што од барањата може да се реализира во тој кварт, а што не. Откако ќе се постави таа рамка на проекти, со луѓето се сретнуваме кога ќе почне градбата“, објаснува Лару. Транспарентноста при изборот на проектите во Бордо е на највисоко ниво. Лару вели дека во Градот имаат вработено урбанист кој се има обврзано дека никогаш нема да гради во Бордо, а поради тоа што нема никакви интереси донесува вистинки одлуки. „Сите барања за дозволи за градење стигнуваат до него. Тој е главниот што кажува што може да се направи, а што не. Така имаме добри проекти и добра соработка со двете страни, и со урбаниостот и со граѓаните што сакаат да градат“, вели Лару.
ЧИЛЕ - ЗЕМЈА СО МНОГУ АРХИТЕКТИ
Архитектурата е секогаш современа, таа е надворешно средство што нè поврзува. Со ова објаснување чилеанскиот архитект Франциско Дијаз го почна претставувањето на архитектурата во неговата земја во последните години. „Чиле е земја со многу Викенд куќа во Љубаниште
30 мај 2014
ПОРТА
9
9
инфо пренамена на земјоделско земјиште во градежно, и тоа донесе да се изградат многу предградија кои наликуваа на американските. Третиот период, од 1990 до 2008 година, е „туш“ и тогаш Чиле е претставник на неолиберализмот. Периодот на „будење“ е од 2008 до 2014 година и е четвртиот по ред, кога почна да се осовременува градот.
МОЌ, ГРАД, АРХИТЕКТУРА
Под овој наслов почна предавањето на архитектот Петар Арсиќ од Архитектонскиот факултет во Белград. „Моќта е таа што е клучна за развојот на градот. Екстремна, ирационална и неконтролирана моќ може да бидат опасни и погубни за целата држава и народот, додека хуманистички насочена и развојно продуктивната моќ се корисните. Затоа е неопходно да се следи односот и влијанието на власта и моќта на градот, градскиот јавен простор и архитектурата“, смета Арсиќ.
ДОСТОЈНА И РЕАЛНА ЦЕНА ЗА ПРОФЕСИЈАТА
Нова Џамија
архитекти, но тие не знаат каква е нивната улога, не знаат што народот сака, не знаат да станат активни чинители. Чилеанските архитекти не знаат урбанистички да го наредат градот“, вели Дијаз. Чилеанската архитектура од 1964 до 2014 Дијаз ја дели во четири периоди и секој од нив има свое обележје. Првиот период е од 1964 до 1974 година и се нарекува „соништа“, а тука се издигнуваат зградата „Порталес“ и градбата на Обединетите нации. Вториот период, од 1974 до 1990 година, е „ноќна мора“, кога во време на диктатура се донесува законот за
КНАУФ - ДОБРИ ПРИЧИНИ
Годинешната тема на БИМАС, „Паралелни светови“, беше доволен предизвик за архитектите да дебатираат за проблемите што ги имаат, а кои секогаш почнуваат од недоволната исплатливост да се направи проект. Како да направиме да може да се живее од проектирање, беше прашањето на архитектот Дејан Ивановски на кое се надоврзаа и други негови колеги. Архитектите треба да проектираат за цена која е достојна и реална. Архитектите треба да се обединат за да се дојде до една цена и така да почне да се вреднува нашиот труд. Исто така, сите правилници и ценовници да одат преку Комората на овластени архитекти и инженери, а конкурсот да излезе од јавна набавка. Ова беа заклучоците што произлегоа од дебатата „Паралелни светови“.
Кнауф на БИМАС ја претстави Дијамант плочата и готовите пакувани глет маси. Дијамант плочата се користи во градежните системи со високи барања во областа на заштита од пожар, бучава, постојаност при влага, механичка отпорност и противпровална заштита. Таа најчесто се користи во училишта, детски градинки, спортски објекти, болници, хотели, банки и јавни објекти каде има зголемена фреквенција на луѓе. Друга новина од Кнауф се и производите на „Шитрок“, кои се готови пакувани глет маси и има два типа, Супер финиш и Финитура. „Овие глет маси се секогаш со ист квалитет, компактна густина, брза употреба, лесно сушење и впивање на бои“, вели Блажен Зотовски од Кнауф.
10
10
ПОРТА
30 мај 2014
екологија
IP Centrex виртуелна телефонска централа
Модерно решение за комуникација во компании IP Centrex е модерно решение за бизнис корисници што овозможува комуникацијата во и надвор од компанијата да биде многу поефективна со трошење многу помалку ресурси и намалување на трошоците за меѓусебно комуницирање во компанијата. Телефонската централа ја обезбедува Македонски Телеком преку својата телекомуникациска опрема, со што компаниите немаат потреба да купуваат своја централа, па дополнително заштедуваат на електрична енергија, како и на трошоци за сервисирање и одржување. Услугата овозможува ефикасен и економичен начин на комуникација меѓу вработените, со сопствена нумерација, со брзо меѓусебно бирање со кратки броеви (локали кои можат да бидат на повеќе различни локации), со многу поволни цени за разговор или бесплатно, како и редица дополнителни функционалности како префрлање, пренасочување, распределување на повиците итн. Активирањето и деактивирањето на функционалностите корисниците ќе можат да го прават удобно и лесно од нивната канцеларија преку безбеден интернет веб портал, или по потреба преку продажната и техничката корисничка поддршка на Македонски Телеком. Услугата може да се користи и со обични аналогни и со IP телефони преку која било технологија, бакар, оптика итн. IP Centrex овозможува безгрижна и флексибилна комуникација, од денес веќе нема потреба од купување и одржување телефонска централа за вашите канцеларии. За повеќе информации, јавете се на телефонскиот број 120 или појдете во најблиската Телеком продавница.
30 мај 2014
ПОРТА
11
11
инфо
Црквата Св. Јован Крстител во Ново Лисиче донација на Адора Инженеринг
В
о сабота, 14 јуни 2014 година, ќе се освети и пушти во употреба новиот црковен храм Свети Јован Крстител, изграден на кејот на реката Вардар, во новиот парк со авион, во Ново Лисиче, општина Аеродром во Скопје. Се работи за донација на градежната компанија Адора Инженеринг, чиј ктитор е генералниот директор и проф. д-р Ванчо Чифлиганец. Чинот на осветувањето ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со почеток во девет часот, а на
свеченоста се очекуваат жители на општина Аеродром и граѓани на Скопје, како и високи претставници на државата и локалните власти. Изградбата на православниот црковен храм Свети Јован Крстител во Скопје е дел од многубројните општествено одговорни проекти на Адора Инженеринг.
Адора Инженеринг доби меѓународна награда за градежништво во Мадрид
А
дора Инженеринг ја доби високата меѓународна награда за градежништво што на генералниот директор и проф. д-р Ванчо Чифлиганец за забележителни бизнис активности, посветена и успешна работа, во Мадрид, 12
12
ПОРТА
30 мај 2014
Шпанија, му ја додели еминентниот Клуб на лидерите во глобалната трговија. Најуспешната компанија во високоградбата во државава е прва и единствена градежна компанија од Македонија што според анализите и препораките на водечките бизнис лидери во светот, го доби ова престижно признание.
„Интернационалната награда за градежништво од Клубот на глобалните трговски лидери, за Адора Инженеринг е уште една меѓународна афирмација и потврда дека е препознаен и вреднуван квалитетот на работа на компанијата на меѓународно ниво, што претставува признание за градежниот бизнис и за Македонија. Наградата за компанијата е посебно значајна зaшто доаѓа од клуб со 7.500 членови од 95 земји и се однесува на градежната дејност со која Адора Инженеринг успешно се занимава 12 години, како пионер во воведувањето и примената на иновациите за сигурно, квалитетно и економично домување. Меѓународната награда за градежништво е сатисфакција и поттик Адора Инженеринг да продолжи и натаму со изградбата на елитните станбено-деловни објекти според европските стандарди и технологии во корист на станарите, граѓаните, животната средина и пошироката заедница“, истакна проф. д-р Ванчо Чифлиганец по примањето на наградата во Мадрид на деловниот форум, на кој учествуваа 150 претставници од 30 земји од сите континенти. Оваа награда за градежништво е уште едно интернационално признание за Адора Инженеринг по европските награди што за најуспешно претпријатие и најуспешен менаџер компанијата ги доби од Европската бизнис асамблеја во 2012 година.
книги
ПОЛИЕТИЛЕНСКИ И ПОЛИПРОПИЛЕНСКИ - ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ - ГАСОВОДНИ СИСТЕМИ - KAНАЛИЗАЦИСKИ СИСТЕМИ ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА ПО СИТЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ СТАНДАРДИ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
30 мај 2014
ПОРТА
13
13
региони
Ново живеалиште на лисицата и ракунот во Зоолошката градина Битола
К
ако дел од активностите на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Зоолошката градина Битола, во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин - Зоо Иноватива“, беше и изградбата на новото современо живеалиште на лисицата и ракунот. Изградбата на живеалиштето започна во месец септември 2013 година, а комплетно беше завршено кон средината на април оваа година. Новото живеалиште на лисицата и ракунот е изградено во согласност со стандардите и препораките на Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми–ЕАЗА, во која Зоолошката градина од Битола има статус на кандидат за членство во фаза на реконструкција. Новото изградено живеалиште е комплетно оспособено за два различни
14
14
ПОРТА
30 мај 2014
вида на животни - лисица и ракун. Лисицата, чие латинско име е Vulpes Vulpes, ќе има расположлива површина од 12 м2 затворен дел и 58,5 м2 отворен дел. Ракунот, со латинско име Procyon lotor, ќе има расположлива површина од 14 м2 затворен дел и 43 м2 отворен дел. Новото живеалиште создава атмосфера која е поблиска до природата и природните услови во кои живеат овие две животни. Тоа ги исполнува сите потребни безбедносни услови, односно оневозможува директен контакт помеѓу животните и посетителите. Живеалиштето е изведено од природни материјали, камен и дрво, кои се вклопуваат во околината и претставуваат одраз на амбиенталната средина на животните. Со архитектонскиот дизајн и функционалноста, објектот претставува уникатна замисла на две живеалишта за две различни животни во еден објект со големи дворни површини. Внатрешноста на просторот наменет за престој на
животните е изведен според сите потребни стандарди за конкретниот вид и е поврзан со надворешно дворно место, исто така уредено според потребите и навиките на животните. Објектот има лесен пристап за посетителите што сакаат да ги набљудуваат животните, но и за лицата што се грижат за нив. Едновремено, употребените градежни материјали обезбедуваат енергетски одржлив простор. Финансиските средства за изградба на живеалиштето на лисицата и ракунот се обезбедени преку проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин - Зоо Иноватива“, кој се имплементира во рамките на Програмата за прекугранична соработка Грција – Македонија 2007 – 2013, Компонента 2 на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија. Носител на проектот е Центарот за развој на Пелагонискиот регион.
региони
Во рамките на овој проект, одобрени се финансиски средства за изградба на уште пет други живеалишта за животните: мајмуни, мечка, рис, тигар, лав и фарма за домашни животни. Покрај изградбата на живеалиштата, во рамките на проектот во фаза на изградба се и двата комплементарни објекти - Порта и Билетара во Зоолошката градина Битола. Проектите за сите објекти ги изработи проектантското биро „Есперанца дизајн“, Битола. Во текот на месец мај, Центарот
за развој на Пелагонискиот регион започна со изградбата на останатите пет живеалишта предвидени со овој проект. Новиот изглед на дел од живеалиштата ќе претставува атрактивна можност за жителите во Пелагонискиот регион за посета на Зоолошката градина Битола. Покрај реконструкцијата на дел од живеалиштата на животните во Зоолошката градина Битола, проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/
Лерин - Зоо Иноватива“ има нагласен едукативен карактер. Во текот на месец мај, ќе бидат поставени и 10 промотивно едукативни табли кои ќе им послужат на посетителите во Зоолошката градина да се запознаат со карактеристиките на животните, да научат повеќе за нивните основни биолошки фукнции, еко системот во кој живеат и многу други интересни но помалку познати факти за нив. Ве покануваме да ја посетите Зоолошката градина во Битола и да се запознаете со нејзиниот нов изглед!
30 мај 2014
ПОРТА
15
15
интервју
БЛАГОЈА ДОНЧЕВ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АДИНГ
АДИНГ - барометар на пазарот во регионот и пошироко Четириесет и пет години постоење на една фирма се години на искуство, знаење и потенцијал да се продолжи по утврдениот пат со сигурни чекори
П
риказната за компанијата АДИНГ започнува во далечната 1969 година. Со петмина вработени. Нивната визија била да се направи компанија која најпрво ќе почне со пласман, а потоа и со производство на специфични хемиски материјали за градежништво, кои сè дотогаш не биле привилегија ниту на една македонска компанија. Во мај таа година е регистрирана работната единица КГК „Инженеринг“, како дел од матичното претпријатие КГК од Карловац, Хрватска. Две години подоцна таа се припојува кон ОХИС и продолжува да работи под името ОХИС ООЗТ „Инженеринг“. Почнува и производството на првите количества пластични малтери. Во 1978 година во ОХИС настануваат низа трансформации и тогаш се издвојува во самостојна работна организација Р.О. „Инженеринг“, регистрирана за производство на адитиви и други хемиски
16
16
ПОРТА
30 мај 2014
Дејан БУЃЕВАЦ производи за градежништво и инженеринг. Во 1980 година го менува името во „Адитиви инженеринг“ или скратено АДИНГ. Веќе во 1982 година се изградени производствени хали, лаборатории, гардероби, кујна, базно производство... Но секоја успешна приказна минува низ премрежија. Па така и АДИНГ. Најтешкиот период за неа е од 1987 до 1989 година, кога се случи хаварија во која загинаа седуммина нејзини вработени, при експолозија во производствениот погон. Компанијата е во целосен колапс. Тогаш АДИНГ оди повторно во составот на ОХИС. Но, големата компанија со текот на времето ја гуши малата. Па затоа, по напорна битка со бирократизираните структури, младите кадри на АДИНГ успеваат да се раздружат од ОХИС. Од 1990 година приказната за АДИНГ добива нов здив. Речиси од нула започнува да се испишува нова страница од историјата на компанијата. Финансиите, репроматеријалите и останатите
ресурси се сведени на минимум. Благодарение на огромната желба, ентузијазмот на младиот раководен тим и вербата во некогашниот сон, АДИНГ започнува со консолидирање на своите редови. Се обновуваат контактите со старите пазари и странски партнери, но во 1992 година повторно удри кризата во поранешна Југославија. Секогаш отворен за нови идеи и иновации, АДИНГ во изминатите 45 години прерасна во редок пример на македонска компанија, лидер во својата област во регионот на Југоисточна Европа. Впрочем, тоа го кажува и слоганот на компанијата, да се биде состојка на секоја градба, притоа настапувајќи визионерски, храбро и посветено во работењето. Компанијата од 2006 година до денес ја води Благоја Дончев, кој својот работен век го започнал во АДИНГ, притоа поминувајќи низ сите скалила на компанијата, за денес успешно да се справи со предизвиците на модерното време.
интервју По повод овој значаен јубилеј, разговараме со Благоја Дончев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АДИНГ.
Господине Дончев, деновиве се навршуваат 45 години од основањето на АДИНГ, компанија на чие чело денес сте Вие. Во неа сте речиси целиот Ваш работен век. Можете ли да издвоите некои моменти, кои според Вас се најзначајни за она што е АДИНГ денес?
Четириесет и пет години постоење на една фирма се години на искуство, знаење и потенцијал да се продолжи по утврдениот пат со сигурни чекори. Тие 45 години АДИНГ се развиваше во опкружување кое носеше многу турбуленции, со промените од еден во друг општествен систем, со распаѓање на една голема држава и раѓање на нова, а притоа проследени со војни и транзиција која сè уште трае. АБ преднапрегнати прагови, Скопје, Македонија
Разладни кули, РЕК Битола, Македонија
Во тој период имавме многу успеси но и падови, кои нè направија поцврсти и отпорни за да можеме и понатаму да бидеме фирма - лидер во Југоисточна Европа со мотив тоа и да останеме. Несреќата во 1987 година во фабриката на АДИНГ во која загинаа седум наши вработени, можеби беше најтешкиот период за АДИНГ. Но успеавме да се преродиме како феникс, за две години ги саниравме последиците со помош на тогашниот ОХИС, и во 1990 година ја започнавме новата историја на АДИНГ, во време кога Македонија стануваше независна држава, а фирмите се трансформираа од општествени во приватни на акционерски принцип. АДИНГ беше една од првите пет фирми во Македонија кои успешно ја завршија приватизацијата. Таа стана сопственост на вработените на многу транспарентен и
правичен начин, без потреси и превирања бидејќи сите вработени имаа еднакви шанси да учествуваат во приватизацијата спрема тогашните закони. Со 100% акционерски капитал продолжи подемот на компанијата, чувствувајќи ги сите транзициски тешкотии и кризни години сè до денешниот 45-годишен јубилеј.
Неодамна во едно интервју го споменавте проектот „Нови профитабилни бизниси АДИНГ 2019“. Можете ли да ни кажете нешто поподробно за него, за неговите цели, но и за очекувањето од неговата реализација? Во овие 45 години АДИНГ ја профилираше својата производствена програма, по што е препознатлив на пазарот, како на домашниот така и на странскиот. Сакајќи да ја прошириме нашата дејност, на почетокот на оваа
Тениско игралиште - Х.Гранит, Охрид, Македонија
Споменик Македониум, Крушево, Македонија
30 мај 2014
ПОРТА
17
17
интервју АДИНГ, панорама на управна зграда и фабрика
година го промовиравме проектот „Нови профитабилни бизниси АДИНГ-2019“, петгодишен период кога АДИНГ ќе одбележи 50 години од своето постоење, со цел да добиеме идеја од поединци и фирми за заеднички профит во која било област која не е слична со дејноста на АДИНГ. Очекуваме и се надеваме дека во тој период ќе добиеме „профитабилен бизнис“ од нови производи и технологии, кој ќе донесе добивка и на АДИНГ и на доносителот на идејата. Оптимизмот доаѓа поради тоа што ние имаме потенцијал, инфраструктура во Македонија и во многу земји во регионот и пошироко во светот.
Конкуренцијата е немилосрдна. Тоа сигурно го чувствувате при вашиот настап на пазарите дома и во регионот. Што преземате за да ѝ парирате, и на тој начин да ја добиете битката со неа? Кризата ја изостри конкуренцијата во Македонија и во останатите земји, и Газпром, Москва, Русија
18
18
ПОРТА
30 мај 2014
придонесе фирмата да се бори на пазарот со силни светски „бренд“ компании, но и со нелојална и „мануфактурна“ конкуренција која може да егзистира само во услови на транзиција. Нашиот одговор на оваа состојба е: квалитетни, стандардни и конкурентни производи по сите европски и светски критериуми, знаејќи дека само таквиот пристап може да нè одржи на пазарот. Веќе и сами знаете дека поминува времето на случајни и „транзициски фирми“, кои во транзициските земји сè уште можат да произведуваат и да продаваат лоши производи под мотото „сега да заработам и утре ќе работам нешто друго“. Ние го одржавме брендот и сега наша конкуренција се главно најдобрите европски и светски производители со кои тешко се бориме бидејќи големите инженерски проекти во регионот (автопати, брани и други големи проекти), потпомогнати од своите држави кои ги кредитираат проектите,
ги елиминираат помалите фирми како АДИНГ. Но ние сме тука и се бориме за дел од „колачот“ со нашето инженерско присуство на терен и докажување дека не сме помалку способни од нив.
Во вашата компанија секогаш му се посветувало големо внимание на развојот. Како стојат работите на овој план денес? Можеме ли да зборуваме за некои нови производи на компанијата?
Развојот на компанијата во сите нејзини делови, поточно во производствената програма е од висок приоритет бидејќи само тоа може да носи перспектива. Усовршување на постојните производи и нивна замена со нова генерација е основната грижа во нашиот институт и инженерите од техничка примена задолжени за пазарот. Имаме воведено нови адитиви од најновата генерација, нови формулации во хидроизолациите, епоксидните системи, противпожарните
Тунел Свети Рок, Хрватска
интервју
„Ние сме една од ретките македонски компании што се осмели да инвестира надвор од Македонија. Отворивме фирма во Перник - Бугарија каде се произведуваат еден дел производи од нашата производствена програма. Со оваа инвестиција АДИНГ доби фирма во ЕУ, со што треба да ги зголеми можностите за поголем пласман во Бугарија, Романија и поради добрите сообраќајни врски во Казахстан. поминат „школата на АДИНГ“ и да станат дел од тимот што успешно ќе го одржи и продолжи успешното работење на АДИНГ.
системи како и во многуте помошни производи за градежништво.
Каква е структурата на вработувањата во компанијата, и колку е за Вас важен приемот на новите стручни кадри?
АДИНГ е инженерска компанија во која доминираат градежни инженери, архитекти, технолози, хемичари и друг високо стручен кадар. Тие се главни носители и двигатели на развојот. Најголема грижа посветуваме токму на инженерскиот кадар и скоро секоја година примаме млади инженери од наведените струки со цел брзо да ја
Работата и пласманот на производите во странство се посебен предизвик за секоја компанија. Последниве години уште повеќе, поради економската криза. Како и колку успева АДИНГ да се соочи со тој предизвик? АДИНГ како традиционално извозна компанија, може да се каже дека е како „лaкмус или барометар“ на состојбите на пазарот во регионот и пошироко, со оглед на тоа што со нашите производи
ХЕЦ Св.Петка, Македонија
сме присутни многу долги години во сите земји на Балканот и во повеќе држави од бившиот Советски Сојуз, како и во Иран и арапските земји. Нашите проценки се дека и оваа година ќе биде кризна и тешка, особено на Балканот, во Украина и во Русија (кризата околу Украина е неизвесно што ќе донесе). Во Иран, каде отворивме партнерска фирма со ирански партнери и изградивме фабрика, добро почнавме, но тоталните санкции не ни дозволија една добра инвестиција да заживее и моравме фабриката да ја ставиме во мирување. Единствена светла точка е Цементно - бетонски автопат, Тараз, Казахстан
30 мај 2014
ПОРТА
19
19
интервју Се надевам дека Кинезите што ќе ги градат автопатите во Македонија ќе го почитуваат договорот за учество на домашни фирми. Очекуваме АДИНГ да биде вклучен на овие проекти преку македонските фирми „Гранит“, „Бетон“ и „Трансмет“, бидејќи тие се веќе ангажирани, а АДИНГ има одлична соработка со нив, вели генералниот директор на АДИНГ, Благоја Дончев. Казахстан, каде сме долго присутни со наши производи и со техничко-инженерски инструкции на многу проекти кои се градат - повеќето бетонски автопатишта, каде што неколку години сме етаблирани и докажани партнери на најголемите нивни проекти. Исто така, очекуваме дека ќе реализираме поголем извоз во Либија каде досега немавме пласман, како и во Узбекистан. Во овој момент најголеми градилишта се Македонија и Србија во инфраструктурните проекти, во опаѓање е Косово, во Бугарија, Романија, Црна Гора и во БиХ многу помалку се гради, а Хрватска речиси и да нема поголема инвестиција. Големи проблеми ни предизвикуваа честите предвремени и непланирани избори во државите каде работиме бидејќи големите проекти се главно државни инвестиции и во такви околности има застои во работата, а особено во финансирањето.
Колку влијае украинската криза на пазарите на кои сте присутни во тој регион?
Во Украина АДИНГ беше присутен долги години, но во последно време немаме извоз поради несигурноста и големите курсни разлики како последица на обезвреднување на домашната валута. Сегашната криза веќе се одразува на нашиот извоз во Русија, вредноста на рубљата паѓа во однос на доларот и еврото, нашите 20
20
ПОРТА
30 мај 2014
производи стануваат неконкурентни спрема домашните. Тоа се веќе знаци, дека може да дојде до нарушување на европскиот пазар - зголемување на цените на главните енергенси и репроматеријали кои ги користиме во процесот на производство.
Вашата компанија, иако не е голема, е една од ретките во земјава која има свои фирми во странство. Како работат и колку тие придонесуваат кон нејзиното успешно работење? Колкав е извозот и каков е односот процентуално меѓу домашниот и странскиот пазар?
Ние сме една од ретките македонски компании што се осмели да инвестира надвор од Македонија. Отворивме фирма во Перник - Бугарија каде се произведуваат еден дел производи од нашата производствена програма. Со оваа инвестиција АДИНГ доби фирма во ЕУ, со што треба да ги зголеми можностите за поголем пласман во Бугарија, Романија и поради добрите сообраќајни врски во Казахстан. Како што веќе споменав, фабриката во Иран беше наша втора инвестиција во странство, а за која сега бараме најповолно решение како да продолжиме со работа. Извозот на АДИНГ во последните пет години се движеше од 45 до 70%. За жал, кризата во последните три години го успори нашиот раст на извозен план, со надеж дека оваа година намалувањето ќе запре и дека тој ќе биде минимум 51% од вкупниот пласман што од секојпат бил наш предизвик, повеќе да продаваме и да се докажуваме надвор од Македонија, со што го докажуваме „можното“ но најтешкото, да бидеш прифатен и успешен надвор од државата со пласман на производи, „спакувана памет“ во готов производ, со македонски бренд и потекло од Македонија. Тоа нешто е
„привилегија“ на побогатите европски земји, а нас ни е „дозволено“ само декларативно.
Градежништвото кај нас е во постојан подем последниве години. За тоа зборува и растот на учеството на градежништвото во БДП. Дали тоа се одрази и врз работењето на АДИНГ? За разлика од странските пазари, домашниот пазар за градежништвото успеа да овозможи една експанзија која создаде услови тоа да преживее, но и овде да ги почувствува во повеќе наврати ударите на неликвидноста на фирмите потпомогнати со скржавоста и скапата финансиска поддршка на банките. АДИНГ на домашниот пазар го реализираше планот и очекуваме тоа да се случи и оваа година.
Од Владата се најавени големи инфраструктурни зафати. Дали сте подготвени за учество во нив и какви се Вашите очекувања во однос на нив?
Големите инфраструктурни проекти кои се во тек и кои се отпочнати, како и повеќе најавени странски инвеститори, даваат надеж дека ќе има можности, но со една голема резерва од наше искуство дека каде има големи проекти таму се и „големите играчи“ од странство, односно доаѓа и голема конкуренција на понудувачи на производи и услуги, а државата не може да ја најде формулата домашните фирми да имаат „мала привилегија“ во случај кога се гради со наши пари. Се надевам дека Кинезите што ќе ги градат автопатите во Македонија ќе го почитуваат договорот за учество на домашни фирми. Очекуваме АДИНГ да биде вклучен на овие проекти преку македонските фирми „Гранит“, „Бетон“ и „Трансмет“ бидејќи тие се веќе ангажирани, а АДИНГ има одлична соработка со нив.
интервју
30 мај 2014
ПОРТА
21
21
градежништво
ТУНЕЛ „БРЃАНИ“
Најзастапен метод за изградба на тунели на Балканот
Никола УЗУНОВ, дипл.инж.град. АДИНГ АД
„Планината спие. Внимавајте да не ја разбудиме“, Непознат тунелски работник
В
о 60-тите години од минатиот век, воведен е нов концепт во тунелоградбата. За првпат развиен во Австрија од професорот Rabcewicz, две децении порано е познат како “Neue Osterreichiche Tunnelbauweise” (Нова австриска метода на тунелоградба - НАТМ) или едноставно “Shot-Crete” метода. НАМТ го потенцира значењето на прсканиот бетон во тунелоградбата. Ваквата комплетно нова филозофија на градење на тунели се базира на „мобилизирање“ и користење на носивоста на самата стенска маса како потпора на тунелот за време на градењето и експлоатацијата. Во моментот НАМТ е најзастапениот метод за изградба на тунели на Балканот. Само на патните коридори во Србија моментално се изведуваат 10-ина тунели.
22
22
ПОРТА
30 мај 2014
Во прилог, за илустрација даваме некои факти и фотографии од актуелната изградба на тунелот „Брѓани“ кај Милановац. Тој се наоѓа на Коридорот 11, на делницата Љиг - Прељина. Неговата должина е 455 m (x2 цевки). Главен изведувач е „АзВирт“ - Азербејџан, а подизведувач „Планум“ - Белград. НАМТ е базирана на пет основни принципи: 1. Основната носивост на тунелот е обезбедена од околната стенска маса Конструкцијата на тунелот предвидува две нивоа на потпора – Примарна и Секундарна подграда. Заеднички, двете подгради формираат т.н. „носечки прстен“ - тридимензионална сферна лушпа во внатрешноста на стенската маса. За таа цел, првата - прелиминарна подграда мора да биде флексибилна и да овозможи редистрибуција на
напрегањата и деформациите во внатрешноста на карпите додека не се постигне нова состојба на рамнотежа. Подградата не смее на себе да ја презема тежината и да претставува потпора на тунелот. НАМТ комплетно ги отфрла класичните масивни тунелски потпори. Примарната подграда е составена од систем на челични анкери фиксирани во околната карпа и фиксирани на арматурна мрежа. Дополнително, во зависност од категоријата на карпа низ која се пробива тунелот, можно е да се искористат челични лакови – ременати. Преку ваквата конструкција се аплицира прсканиот бетон. Секундарната подграда од лиен бетон се поставува по стабилизацијата на стенската маса, со цел да обезбеди дополнителна потпора и безбедност. Помеѓу примарната и секундарната подграда се поставува водонепропустлива мембрана за хидроизолација.
градежништво 2. Сочувување на стабилноста на карпестата маса Сочувувањето на стенската маса се постигнува со внимателно ископување и што побрзо поставување на примарната подграда. 3. Профилот на тунелот мора да биде заоблен 4. Примарната подграда мора да биде флексибилна Зацврснувањето на примарната
подграда се постигнува не прку зголемување на бетонскиот пресек, туку преку подобрување на анкерирањето во околната стенска маса. 5. Константно мониторирање на состојбата во текот на изведбата и експлоатацијата.
АНКЕРИ ЗА ФИКСИРАЊЕ НА ПРИМАРНАТА ПОДГРАДА Современите анкери кои се користат
Анкер
во тунелоградбата – НАМТ, воедно претставуваат „бургија“ и перфорирана цевка преку која се врши инјектирање на цементен материјал во околната карпа. Материјалот за инјектирање претставува суспензија на цемент, вода и адитив ИНЈЕКТИНГ-К. Адитивот има улога на пластификатор (го намалува водоцементниот фактор), ја подобрува разливноста на материјалот, ја спречува сегрегацијата и издвојувањето на вода од мешавината, го намалува/компензира собирањето на инјекционата смеса.
Опрема за инјектирање
БЕТОН ЗА ИЗВЕДБА НА ТУНЕЛИ
ПРСКАН БЕТОН
Постојат два главни типа на бетон суштински за НАМТ • Прскан „торкрет“ бетон за примарната подграда • Префабрикувани бетонски елементи или Insitu бетонирање (на самото место) за изведба на секундарната подграда
Прсканиот „торкрет“ бетон е специјално дизајниран да се вградува со користење на опрема за респрскување под притисок. Се користи во тунелоградбата, за стабилизација на косини или бетонирање на комплексни форми, санации, итн.
Тестирање на прскан бетон
„Робот“ за апликација на прскан бетон 30 мај 2014
ПОРТА
23
23
градежништво Апликација на прскан бетон
Услови за дизајнирање на прскан бетон Со цел да се постигне квалитетен и економичен торкрет бетон, кој ќе овозможи брзо и безбедно градење на тунелот – неопходно е правилно да се одберат следните параметри при дизајнирањето: • Избор на метод на апликација („сува“ или „мокра“ постапка); • Правилна формулација на бетонската мешавина; • Дебелина на слојот за апликација; • Тип и доза на адитив за забрзување на врзувањето на бетонот; • Тип и доза на другите адитиви: суперпластификатор, аерант, микро- фибри, минерални додатоци (пр. микросилика), итн. Услови за квалитет на прсканиот бетон 1. Рани јакосни карактеристики Развојот на раните јакосни карактеристики се суштински за правилна апликација на торкрет бетонот. Постигнување на почетни јакости во текот на првите неколку минути по апликацијата овозможуваат „надглавно“ прскање, изведба на подебели слоеви, прскање на бетонот преку активни продори на вода. Раната јакост исто така гарантира сигурност во текот на градењето. Конечно, брзото врзување Апликација на прскан бетон
24
24
ПОРТА
30 мај 2014
Апликација на прскан бетон
го намалува „отскокот“ - растур при вградувањето, на тој начин сериозно влијаеќи на економичноста на градењето. Раните јакости на бетонот се постигнуваат со користење на адитив за забрзување на почетокот на врзувањето на бетонот (во првите 6 до 60 минути). 2. Крајни јакосни карактеристики vs. пумпабилност на прсканиот бетон Крајните јакости на бетонот пред сè зависат од водо/ цемнтниот фактор (W/C) на бетонот - понизок (W/C) гарантира повисоки јакости на бетонот. Во спротивност, обработливоста на бетонот со понизок (W/C) фактор е ниска доколку не се зголеми со користење на адитиви за редукција на вода - пластификатори и суперпластификатори. Истовремено, готовиот прскан бетон мора да ги задоволи и следните перформанси: • Континуиран прираст на јакоста • Трајност и водонепропустливост на прсканиот бетон • Отпорност на мрзнење • Хемиска отпорност • Отпорност на пожар
градежништво
porta3.mk
Читајте не` онлајн!
10 години ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ, РЕДАКЦИЈАТА ВИ НУДИ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА НА СПИСАНИЕТО ПО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ, КОЈА ЌЕ ТРАЕ ДО КРАЈОТ НА ЈУЛИ. ЗА ПРАВНИТЕ ЛИЦА ПРЕТПЛАТАТА ИЗНЕСУВА 800, А ЗА ФИЗИЧКИТЕ 700 ДЕНАРИ ПО ПРИМЕРОК.
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
30 мај 2014
ПОРТА
25
25
градежништво
ОСВРТ КОН ТЕХНОЛОГИЈА НА ИЗВЕДБА НА ПОДЗЕМНА СООБРАЌАЈНИЦА ВО СКОПЈЕ
Конвенционални техники за поевтин тунел Планирањето на сообраќајот во големите градски средини е комплексна работа која вклучува голем број анализи и користење на специфични постапки за планирање на проектите во овој домен асистент м-р Златко ЗАФИРОВСКИ, дипл.град.инж.
Г
олемите градови се двигатели на економските активности, места каде најмногу се инвестира и каде мерењата на макроекономските показатели покажуваат висока корелација помеѓу економската ефикасност и демографската големина на градот. Планирањето на сообраќајот во големите градски средини е комплексна работа која вклучува голем број анализи
26
26
ПОРТА
30 мај 2014
и користење на специфични постапки за планирање на проектите во овој домен. Урбанистите и одговорните субјекти за урбанистичкото планирање и уредување на просторот секогаш се пред големиот предизвик да најдат неопходен компромис помеѓу концепциите на град кој произведува, град во кој се домува и живее и град кој е атрактивен за посета. Во рамките на овогодишниот JOBFAIR, од страна на студентската организација
БЕСТ беа одржани неколку повикани стручни предавања, а поради атрактивноста и актуелноста, свое место најде и темата „Подземна сообраќајница во Скопје, осврт кон технологија на изведба“ со детален осврт на сите варијанти во фаза на проектирање на поврзувањето помеѓу булевар „Партизански одреди“ до Комплекс банки. Презентацијата ја реализираа професор д-р Дарко Мославац и асистент м-р Златко Зафировски од
градежништво Градежниот факултет во Скопје. Анализираните сообраќајни пресметки покажаа дека за модел на сценарио до 2030 година, дневно на потегот исток-запад во централното градско подрачје циркулираат повеќе од 14.000 возила. Водени од желбата за скратување на времето за патување на овој дел од градот, се донесе одлука за изградба на подземна сообраќајница. Од направените две подваријанти на варијантата „А“ и варијантата „B“, и вкупното чинење на секоја поединечно, како и од направените мулти-критични анализи, произлезе и варијанта „C“. Оваа варијанта е најкратка и најевтина од предходно понудените, со самиот факт што нема објекти над тунелот долж трасата. Овој последен предлог предвидува почеток на трасата кај ротондата кај „Пошта“, кај мостот „Гоце Делчев“ покрај кејот на реката Вардар, и да излегува кај Комплексот банки. Тунелот е долг 900 м, источната рампа е со должина од 220 м, а западната рампа е долга 183 м. Хоризонталното решение (ситуацијата на трасата) оди паралелно со пешачката патека по должината на брегот на реката Вардар и зад постојниот потпорен
ѕид. Минималниот радиус на хоризонталната кривина е Rmin=100 m во зоната на рампите и Rmin=225 m во тунелот. Вертикалното решение (нивелетата) има наклон од 6% во зоната на рампите и 0,5% внатре во тунелот. Минималниот радиус на вертикалните кривини е 800 м. Критериумот што треба да се исполни е коловозот да биде минимум 7,5 м под површината на теренот. Покрај тоа, во зоната на Камени мост нивелетата треба да биде минимум 9,5 м под површината за да помине под темелите на мостот. Во оваа подземна сообраќајница се предвидени стандарди за изградба и реконструкција на јавни сообраќајници, Европската директива 2004/54/ЕС во која се дефинираат минималните безбедносни барања за тунели во транс-европската патна мрежа, критериуми за хидроизолација на тунели спрема AFTES како и сеизмичките критериуми. За изградба на тунелот ќе се користи конвенционалниот метод т.н. “cut & cover”. Во тунелот ќе има 0,75 m широка пешачка патека за двата правца, 3,5 m ширина на сообраќајна лента по правец, ленти за застанување со ширина 2,0 m за двата правца и средна
разделна лента, вклучувајќи комплетен систем за одводнување. Овој тунел во рамките на Директивата 2004/54/EC ќе содржи: излез за итни случаи во случај на незгода, вентилација и придружна опрема, комплетно осветлување, опрема за сигнализирање (на влез и на излез), автоматско детектирање на загадување или пожар, станица за итни случаи, радио комуникациски систем, контролен центар и др.
ОПИС НА МЕТОДОТ НА ГРАДБА НА ТУНЕЛОТ
По анализирањето на разните опции за обезбедување на стабилност на тунелскиот ископ, од инјектирање до TBM (Tunnel Boring Machines) машини, најдобра опција за длабоко поставени тунели од техничка гледна точка е примената на затворени штитови под притисок (EPB). Штитовите под притисок гарантираат стабилност на челото на ископот и спречуваат продирање на вода внатре во тунелот. Сепак, многу високата цена на ваквите машини (дури и употребувани) направи да биде отфрлена ваквата
30 мај 2014
ПОРТА
27
27
градежништво опција за градење на тунелот. Според направените проценки, опцијата со примената на методот Cut&Cover, за изградба на еден метар должен од тунелот цената изнесува 18,000 €/m, додека опцијата за изградба на еден метар должен од тунелот со EPB машини изнесува приближно 36,000 €/m (со вклучена цена на самата машина). Со оглед на тоа што нивелетата на новата сообраќајница е проектирана со максимална длабочина од 10 м, оптимална метода за изградбата на тунелот е методот Cut&Cover. Предност на оваа метода е тоа што се применуваат конвенционални техники на градење, механизација и персонал. Самото тоа води до заштеди на пари и време, бидејќи сите потребни средства се лесно достапни. Фактот што се применуваат вообичаени техники на градење, исто така води до безбедност за време на градењето на тунелот. Вообичаени фази на оваа метода на градење се следниве: - Фаза-1: Почетен ископ и изведба на ѕидови од шипови; - Фаза-2: Изведба на горна плоча и нејзино затрупување (после минимум 7 дена) и враќање на површината на теренот во првобитна состојба, што овозможува непречено одвивање на сообраќајот; - Прва фаза на ископ под горната плоча; - Изградба на времени потпори; - Втора фаза на ископ под горната плоча; - Конструкција на темелна плоча; - Инсталации во тунелот и завршни работи.
28
28
ПОРТА
30 мај 2014
КУПУВАЈТЕ ДОМАШНО ВО ДОМАШНИ МАРКЕТИ градежништво
НАЈДОБРОТО ОД МАКЕДОНИЈА
30 мај 2014
ПОРТА
29
29
градежништво
Геодетски работи во рамките на Основен проект за патишта и останати инфраструктурни објекти м-р Александар НЕШЕВСКИ, дипл.геод.инж., ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје Игорчо СТОИМЕНОВ, дипл.геод.инж., ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје Миладиновци-Куманово
Г
еодетските активности во функција на Основниот проект се проследени со низа стручни работи кои имаат за цел обезбедување на квалитетни и прецизни податоци со висока точност, кои ќе послужат за понатамошно проектирање, пренесување на проектот на терен, расчистување на имотно-правните односи, со крајна цел реализација на проектот и добивање на одобрение за градење. За да се реализираат/извршат претходно наведените активности, потребно е да се изработат следниве видови на геодетски елаборати и проекти: • Набавка на дигитални топографски карти • Изработка на проект за оперативен полигонски влак и негова изведба • Изготвување на геодетски елаборат за ажурирана геодетска подлога • Изработка на проект за геодетско обележување на елементите на трасата • Изработка на проект за геодетско обележување и оскултација
30
30
ПОРТА
30 мај 2014
на објекти на трасата • Изготвување на геодетски елаборат за потполна и/или непотполна експропријација • Изготвување на геодетски елаборат за нумерички податоци Претходно наведените видови на геодетски елаборати и проекти не се изработуваат секогаш според дадениот редослед, односно тие се изработуваат според потребите и намената на Основниот проект. Дигиталните топографски карти претставуваат современ продукт на геодетската картографија, кои наоѓаат примена во многу сфери, па и во проектирањето на патишта и другите инфраструктурни објекти. Дигиталните топографски карти се од големо значење при проектирањето, со тоа што даваат детален приказ со задоволителна хоризонтална и вертикална точност на останатите значајни објекти кои постојат на трасата и кои треба да се земат предвид при самото проектирање
на патот или инфраструктурниот објект. Дигиталните топографски карти во размер 1:25000 се изработени врз основа на аерофотограметриско снимање извршено во јули 2004 год., додека процесот на изработка на картите за целокупната територија на Р.Македонија е завршен во декември 2011 год. Оперативниот полигонски влак претставува основна геодетска мрежа која се користи при проектирањето и изведбата на патишта и другите инфраструктурни објекти. При проектирањето и изведбата на оперативниот полигонски влак следи рекогносцирање и стабилизација на точките од влакот според важечките Правилници за основни геодетски работи/геодетски премер. По стабилизацијата на точките од оперативниот полигонски влак следат низа геодетски мерења и израмнувања на мрежата од точки кои потоа се користат за сите понатамошни геодетски активности поврзани со патиштата и другите инфраструктурни објекти.
градежништво
Неготино-Демир капија
Ажурирана геодетска подлога претставува катастарски план во актуелниот размер за даденото подрачје, надополнет со нанесена хоризонтална и вертикална снимена фактичка состојба на самото место. Ажурираната геодетска подлога се изработува врз основа на мерења извршени од оперативниот полигонски влак, и е неопходен предуслов за изработка на квалитетен проект за патишта и останати инфраструктурни проекти. Ажурирана геодетска подлога се изработува од страна на лиценцирана геодетска фирма, според Закон за катастар на недвижности (Сл. весник на РМ бр.55/13 од 16.04.2013) и Правилник за геодетски работи за посебни намени (Сл.весник на РМ бр.159/13). Проект за геодетско обележување на елементите на трасата ги содржи сите карактеристични елементи на трасата и претставува основа за пренесување на проектираната ситуација на самото место, т.е. на карактеристичните елементи на трасата. Обележувањето на карактеристичните елементи на трасата се врши врз основа на мерења од оперативниот полигонски влак. Проект за геодетско обележување и оскултација на објекти на трасата ги содржи
ПВЕ Богданци
податоците за сите позначајни објекти на трасата, како што се мостови, тунели итн., кои треба да бидат посебно третирани од геодетски аспект. За веќе споменатите видови на објекти, потребно е да се изработи микротригонометриска мрежа за секој објект поединечно во согласност со Правилниците за основни геодетски работи/геодетски премер, која потоа ќе се користи и како основа за пренесување на проектот на терен, а и како основа за понатамошни следења и оскултации при употребата и експлоатацијата на објектите. Елаборат за потполна и/или непотполна експропријација претставува катастарски план во актуелниот размер за даденото подрачје, надополнет со нанесен дефиниран плански опфат во кој е планирано да се одвива градбата, кој воедно претставува експропријациона линија и врз основа на таа линија се врши парцелизација и се изработува предлог нова состојба за опфатените катастарски парцели. Зависно од потребите на проектантот, покрај потполна/трајна може да се појави потреба и од непотполна/ времена експропријација. Со комплетирање на елаборатите се пристапува кон нивно предавање во надлежните институции и
решавање на имотно-правните односи со сопствениците на парцелите за што побрзо отпочнување со самата градба. Експропријација се изработува од страна на лиценцирана геодетска фирма според Закон за катастар на недвижности (Сл. весник на РМ бр.55/13 од 16.04.2013) и Правилник за геодетски работи за посебни намени (Сл.весник на РМ бр.159/13). Елаборат за нумерички податоци претставува катастарски план во актуелниот размер за даденото подрачје, надополнет со нанесен дефиниран плански опфат во кој е планирано да се одвива градбата, кој воедно претставува градежна парцела и врз основа на неа се врши парцелизација и се изработува предлог нова состојба за опфатените катастарски парцели. Со комплетирање на елаборатот врз основа на претходно решени имотно-правни односи се пристапува кон предавање на елаборатот во надлежните институции и добивање на одобрение за градење. Нумерички податоци се изработуваат од страна на лиценцирана геодетска фирма според Закон за катастар на недвижности (Сл.весник на РМ бр.55/13 од 16.04.2013) и Правилник за геодетски работи за посебни намени (Сл.весник на РМ бр.159/13).
30 мај 2014
ПОРТА
31
31
енергетска ефикасност
ЕНЕРГЕТСКА САНАЦИЈА НА ОБЈЕКТИ
Модернизација со енергетско ефикасни мерки Енергетската санација на кулата на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, доведе до заштеда на енергија од 71 процент и нејзин премин од D во B класификација според енергетските сертификати. Со ваков пристап на заштеда, Република Македонија би добила значаен придонес во заштедата на енергија, што е обврзана да ја исполни до 2020 година.
Постоечка состојба
м-р Катерина ПЕТРУШЕВСКА, дип.инж.арх.
П
оимот модернизација на зградите според енергетско ефикасни принципи, објаснува еден севкупен опфат на комплексни активности интегрирани системски во објектите. Според Џејмс Хенсен и др. (Hensen et al. 2004), интервенциите кај зградите се најдобро планирани доколку преземените мерки се анализираат како еден целосен ентитет, а не како засебни потсостави кои не се во можност да создадат систем во функција. Затоа, енергетската ефикасност претставува тимска мултидисциплинарна интегрирана работа каде учествуваат тимови од разни технички профили: архитекти, машински, електро и градежни инженери. Во овој текст е потенцирана и значајната улога на архитектот–авторот на архитектонскиот израз на фасадата на еден објект и начинот на идното планирање на
32
32
ПОРТА
30 мај 2014
енергетско ефикасен дизајн. Според Јуриј Хазука (Hazucha 2010), 90% од зградите во Европа се изградени пред 1990 година каде според енергетските сертификати спаѓаат во "D" или "F" категорија, што значи незадоволително или многу неекономично. Причината за оваа ситуација лежи во фактот што во минатите години не се внимавало на цената на енергенсите која
била незначителна, но во денешни услови претставува голем товар на населението и државата, па оттука и се поставува прашањето - дали ќе модернизираме? За почеток треба да се анализира состојбата на објектот, како и методологијата на модернизација, од причина што таа треба да овозможи повраток на вложените средства. Во Република Македонија, според
енергетска ефикасност Обновена состојба
статистичкиот годишник, потрошувачката на енергија кај зградите изнесува 39%. Од неа 31% оди на станбени згради, а 71% од енергијата во зградите оди на енергија за греење. Според европската директива 2010/31/EU, градежниот сектор претставува можност за големо реконструкционо сценарио, заради заштеда и контрола на енергијата и стакленичките гасови. За полесно да биде интегрирана енергетската ефикасност, поставени се механизми како што е европската директива, правилници за енергетски карактеристики на згради, енергетски контроли, софтверски пресметки и енергетските сертификати кои транспарентно ќе ја прикажат потрошувачката на целокупната енергија. Воедно ќе претставуваат маркетиншки инструмент кој ќе ја регулира или одржува цената на недвижностите. Покрај законските регулативи, постои видување на проблемот со вклучен историско интерпретативен метод кој се однесува на станбените градежни структури. Преку ваков пристап се класифицира видот, составот на материјалите и потрошувачката на енергија во зградите. Александар Кнежевиќ и Жељка Хрс Борковиќ (Knezevič и Borkovič 2009:17) експлицитно потенцираат дека „Активностите за зголемување на енергетската ефикасност со зголемена топлинска заштита кај зградите треба да се насочи кај зградите градени пред 1987 година“. Кај нас најпогодни за енергетска санација и модернизација се оние станбени згради кои се градени од 1970 до 1980 година. Тие се покажале со најголема потрошувачка на енергија за греење и многу слаби енергетски перформанси. Според Бојан Миловановиќ (Milovanovič н.п.), постојат неколку критични позиции во изведбата кај постоечките згради, кои низ годините метастазирале и го оштетуваат животниот век на објектот, а лошо влијаат врз енергетската ефикасност. Поважни проблеми кои треба да се увидат се: недоволно изолирање на фасадата на зградата, влагата, влијанието на топлинските мостови, несоодветно вградена и дотраена изолација, дотраеност на прозорците и вратите, не изолирани и оштетени кровови и рамни тераси, подови над негреани простори, подови на тло, балкони итн. Оваа состојба во која се наоѓаат постоечките згради, денес e неодржлива. Со енергетско обновување ќе се добие огромен потенцијал за енергетска заштеда, а со тоа и можност за осовременување на стручниот кадар, почнувајќи од главните мајстори архитектите, сè до изведувачите. 30 мај 2014
ПОРТА
33
33
енергетска ефикасност
Како пример на примена на горенаведеното, можеме да го посочиме пристапот за енергетска санација на кулата на булеварот „Партизански одреди“ број 76, во Скопје. Станува збор за станбен објект кој претставува типска станбена кула изградена од „Пелагонија“ во почетокот на седумдесеттите години од минатиот век, во населбата Карпош 4. Основата развива решение со централно лифтовскоскалишно јадро обиколено со четири станбени единици. Кулата по должина на фасадата е ориентирана на исток – запад. Врз база на опсервација на дадената зграда и дополнителни истражувања, во вид на интервју со куќниот совет, со посета и преглед на одредени станбени единици и делови од станбената зграда, утврдено е дека на јужната страна се наоѓаат спални простории кои за време на летниот период се прегреани. Спалните ориентирани 34
34
ПОРТА
30 мај 2014
на северната страна се со недостиг од топлина и светлина. На западната и источната страна се ориентирани дневните, трпезариите и помошните простории. Западното и јужното сонце во летните периоди предизвикува прегрејување. Конструкцијата на објектот е од армиранобетонски плочи, столбови и греди. Спаѓа во редот на објекти кои се изградени после земјотресот. Овие објекти се рангирани како најповолни за обнова според енергетско ефикасни принципи, бидејќи се сметаат за потрошувачи на енергија за греење од 150-300 kWh/ m², потенцираат Кнежевиќ и Борковиќ. Утврдени беа материјалите од кои е изведена зградата. Потоа е направена анализа на состојбата на градежните елементи: кров, рамна проодна тераса, надворешен ѕид од шуплива тула, надворешен ѕид од армирано-бетонско
платно, меѓукатна конструкција над подрум, меѓукатна конструкција помеѓу станови (греани простории), балконска конзола, прозорци и врати на фасада. Покрај увидот на состојбата на градежните елементи и зградата воопшто, изработен е проект на постоечка состојба. Тој ќе послужи за подетален увид и пресметка на коефициентите на пренесување на топлина U, споредени со Umax, како и годишната потрошувачка на енергија за греење. Направен е преглед на состојбата по изминати 40 години користење на станбената зграда и пресметани се коефициентите за премин на топлина и потрошувачката на енергија за греење, според Правилникот на општина Карпош. Според пресметките, објектот е енергетски неефикасен и кога би се класифицирал во енергетските пасоши би добил D класификација.
енергетска ефикасност ПОСТОЕЧКА СОСТОЈБА НА ПОТКРОВЈЕ
Со модернизација на објектот со енергетско ефикасни мерки, санација, реконструкција и правилно одржување, се заштитува објектот од влага и мувла, а се добива и заштеда на топлотна енергија. Треба да се истакне дека стандардите и коефициентите за премин на топлина, од 1972 година кога е градена станбената зграда, не одговараат на денешните барања и пропишани правилници за енергетски карактеристики на згради. Направен е проект и за санација на кров, со предлог за проширување на станбените простории на поткровјето и реконструкција на фасадата на зградата. Во него се вградени повеќе енергетско ефикасни мерки. Со добиените резултати од пресметките се интегрира избрана изолација со соодветни коефициенти за премин на топлина U на секој градежен материјал. Потоа добиваме точна претстава за заштедата на одлив на енергија со вградување на топлинска изолација со точно пресметана дебелина на слојот. Предложена е обнова на сите градежни елементи од кои е составена зградата,
како и дополнителни мерки за заштита од сончево прегрејување, пожар и квалитетот на внатрешниот воздух. Проектирана е нова кровна конструкција под која се надополнети и проширени станбените единици од поткровјето. Предложен е нов кровен покривач, нова облога на фасада, облога на плафон кај подрумските простории, замена на прозорците
и вратите на фасада со двослојно застаклување и интегрирани ролетни, како и перголи на балконите за дополнителна заштита од сончево прегрејување. Доколку во просториите воздухот има поголема релативна влажност од 60%, при преминот низ надворешните конструкции тој има голема количина на водена пареа која
се впива во материјалот или изолацијата на ѕидот. За да се постигне заштеда и да се спречат вентилационите загуби, предвидена е механичка вентилација, уред со систем на предгрејување и прочистување на воздухот. При споредбата на коефициентите на премин на топлина со максимално дозволените од правилникот, исполнети се условите или делумно се исполнети. Заштедата изнесува 71% или премин од D во B класификација во енергетските сертификати. Со ваков пристап на заштеда, Република Македонија би добила значаен придонес во заштедата на енергија од 9%, што е обврзана да ја исполни до 2020 година. Како што истакнува Сара Дарби (Darby 2006), дека има потреба од дополнителна едукација на однесувањето на станарите за енергетската ефикасност, така е присутна и потребата од едукација за добивките од преземените мерки. Зградите како носители на културната и социјалната состојба на едно општество, треба да се третирани одговорно од сите инволвирани структури во процесот на одржување на животниот век и квалитетот на живеење во нив.
30 мај 2014
ПОРТА
35
35
современи македонски градители
ЗВОНКО ТАСЕВСКИ, АРХИТЕКТ
Ако сакаш да одиш брзо, оди сам, но ако сакаш да стигнеш далеку, тогаш оди со група... Дејан БУЃЕВАЦ
Ц
елокупното работење на архитектот Звонко Тасевски, константната креативна упорност и искуствените прецизности се создаваат и се резултат на неговите мисли, движења и ориентација. Самиот си створил, како што вели, позитивен ментален простор со можност за континуирано полнење при уловот на мистериозни субјективни визии и желби. Роден е во Скопје, каде што и дипломирал на Архитектонскиот факултет. „Од исклучителна важност за формирањето на секој архитект, во почетокот се поднебјето и
36
36
ПОРТА
30 мај 2014
личностите што го опкружуваат, со што поголем проток и збир на информации кои ги впива“, вели Тасевски. Долги години е во приватниот сектор, што му овозможува длабинско нуркање во сите случувања на архитектурата тука, како и површинско загазување во неа, надвор.
Кој е Вашиот херој?
Поединци херои постоеле, затоа што имале дефиниран начин на создавање или нам само така ни се чини. Денес, овде кај нас, херој кој сè уште низбрдо јалово јуриша е самата архитектура. Ретки се оние што можат да ја поведат и
упатат кон врвот. Целта само навидум во почеток е јасна. Секој пробив е херојски.
Ваше мислење за македонската архитектура денес?
Сите сезони од серијата „Ѕвездени патеки“. И денес и утре... се сплеткавме во клопче... прекин на струјно коло кое сепак некаде, понекогаш, искри, дава краткотрајна на миг светлина, едвај достапна за тромавото око...
Набројте три, според Вас, најзначајни објекти од македонската архитектура?
Старата железничка станица - сведоштво
современи македонски градители со нарушена пропорција, Сеизмолошки завод на Водно - постојна „стабилна“ пропорција, Градски ѕид - елемент на вечна идеја и потег.
Што претставува за Вас архитектурата во светот?
Проектирањата во моменталните услови се "gigabyte" инсталации.
Функцијата паѓа, тоне. Водечки склопови се буквална софтверска графика-проект, моќна финансискоизведбена "just once" машинерија и градски татковци. Функција не бараат, бараат брзина, бараат „невидено кај комшијата“, бараат туристи и профит. После настојуваат, против пајажината да ги пополнуваат со настани
овде-онде празните зданија.
Каков е односот на младите кон архитектурата?
Главни актери во „Ѕвездени патеки“ како и сите ние. Сакаме група, припадност во нешто успешно. Исклучително се следат дневните светски случувања во дизајните и завршените објекти.
Деловен објект Grawe, Скопје
Деловен објект Улица Рузвелтова Деловен објект со магацински простор, Скопје
Трговски центар Алби, Приштина 30 мај 2014
ПОРТА
37
37
современи македонски градители Но исто како и фудбалерите, некои стануваат напаѓачи, некои внимателни организатори, а некои се закотвуваат во одбранбена линија. Како и да е, тежнението е или да се дофати што поголема проектантска куќа (особено надвор) и да се дојде некако до фазата самостојно проектирање, се разбира со подготвен и колку е можно посилен карактер, или веднаш во старт да се започне самостојна активност.
Што не се гледа на фотографија, а е интересно за Вашите објекти?
Целта на секој архитект преку својот објект, внатрешност и надворешност, ставена во објектив или не, е секако да Ви препушти самите да ги разоткриете и прочитате говорот и носечката идеја... Но еве, инсистирањето на работење во тим, во група, повеќе „моливи на иста хартија“, нас ни ги донесе големиот број завршени
објекти и трудови. Не може толкава референтна листа самостојно да ја направите. Тимски имаме капацитет да бидеме извонредни, да го одбереме својот став, да го одбереме најдоброто користење на времето и талентот и да пораснеме. Соработката ја одреди нашата состојба и веруваме дека тоа се гледа преку фотографиите, или во живо, кај објектите.
Skopje City Mall
Skopje City Tower
Palma Mall, Тетово
Фабрика за производство на автобуси Van Hool, индустриска зона Бунарџик
38
38
ПОРТА
30 мај 2014
современи македонски градители На кој проект работите во овој период?
Елитната станбена населба „Сончев град“ во Сопиште, како и Бизнис центарот со општинска зграда „Емпорио“ во Ѓорче Петров. Некако не зафати бранот на изградбите на шопинг центри во Скопје и околината. Во континуитет се работи, употребувајќи ги искуствените и пред сè светски принципи на изработката на проекти за објекти со оваа намена. Би ве изненадил ако ви
кажам дека е шести по ред!
НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:
Ваши архитектонски планови?
Само да не дозволиме да бидеме фатени во стапицата на секојдневието, да дозволиме затапеност, исплашеност или рамнодушност... да овозможиме на малиот круг околу нас да живее во поголемо изобилство, со поотворени визии и дух на надеж...создавајќи...
2012 Голема годишна награда за реализирано архитектонско дело за 2012: Трговски центар "City mall" - Скопје 2012 Признание за посебен придонес во архитектурата АСК 2012: Трговски центар "City mall" - Скопје 2011 Признание за посебен придонес во архитектурата АСК 2011: магацински објект со администрација „Велковски“ - Скопје
Сегмент од населбата Сончев град, Сопиште
2011 Признание за посебен придонес во архитектурата АСК 2011: Трговски центар "City plaza" - Скопје 2010 Голема награда за архитектура на Град Скопје 2010: Деловен објект "Grawe" - Скопје
Викенд населба Брезовица, Косово
Резиденцијален објект, сега Полска амбасада, Водно, Скопје
2009 Голема награда за архитектура на Град Скопје 2009: Резиденцијален објект - Водно, Скопје 2008 Голема годишна награда за реализирано архитектонско дело за 2008: Комерцијален објект „Гетро-2“ - Гостивар 2004 Награда за најдобар реализиран ентериер на БИМАС 2004: Бутик "Miss sixty & energie" - ГТЦ, Скопје
НАГРАДИ НА ЈАВНИ И ПОВИКАНИ КОНКУРСИ:
2010 Трета награда на јавен конкурс: Редизајн на фасада - Управна зграда на Стопанска банка - Скопје 2007 Прва награда на повикан конкурс: Проект за ентериерно уредување на хотел „Кермес“ Скопјеентериер на БИМАС 2004: Бутик "Miss sixty & energie" - ГТЦ, Скопје 30 мај 2014
ПОРТА
39
39
проекти
Проект за заживување на Кристијан ЈОРДАНОВ, дипл.инж.арх.
Ц
рквата „Свети Никола“, која е потопена во Мавровското Езеро, е извонреден пример на православен храм од преродбенскиот период на македонската архитектура. Изградена е во 1850 година од рекански мајстори во некогашното Мавровско Поле. Концепирана е како трокоробна црква со петострана апсида и кула камбанарија на западниот влез. Иконостасот е изработен од познатиот зограф од мијачкото село Тресонче - Дичо Зограф. Храмот живеел активно, со редовни богослужби повеќе од еден век, сè до 1952 година, кога е изградена вештачката акумулација Мавровско Езеро, со што објектот бил целосно потопен. Од тогаш
40
40
ПОРТА
30 мај 2014
до денес, повеќе од половина век, црквата е ставена надвор од употреба. Заради варијабилниот водостој на езерото, поголемиот дел од годината црквата е потопена и непристапна, со исклучок на неколку месеци кога водата целосно се повлекува и црквата станува пристапна по копно, но небезбедна за посетители. Кога во 1952 год. започна првата етапа на полнење на езерото, а со тоа и потопувањето на црквата, биле заборавени дрвениот иконостас и иконите како и книги и други црковни предмети кои подоцна биле извадени и конзервирани. Во моментов објектот претставува своевидно обележје на езерото. Тоа е познатата „потопена црква“ која е зачудувачки добро сочувана и покрај тоа
што повеќе од половина век е под вода. Оваа слика постојано е публикувана во разни туристички промотивни материјали, а се најде и на листата на најмагичните напуштени верски објекти во светот, која ја објави угледниот интернет-медиум во САД, „Хафингтон пост“. Нашите неофицијални истраги низ државните институции покажаа дека за објектот скоро и да нема никаква техничка документација и пишана историја. Освен што е евидентиран како споменик на културата, овој објект нема никакво друго значење и третман од државните институции за заштита на културното наследство. Во последната катастарска снимка на РМ, црквата воопшто не е регистрирана како постоечки објект. Реализацијата на овој проект ќе означи
проекти
потопената црква „Св. Никола“
препознавање и грижа за културното наследство и во тој контекст ќе прати позитивна слика за нашата земја. Црквата во едно населено место отсекогаш означувала место на собирање и централна точка околу која се организира верскиот живот. До ден-денес, меѓу локалното население постои чувството дека местото е свето и жителите сè уште ја доживуваат црквата како „жив“ објект. Несомнено е дека објектот претставува извонреден примерок на македонската архитектура од средината на 19 век, и заслужува да биде соодветно заштитен и реафирмиран. Со оглед на тоа што на 500 метри од потопената е изградена нова црква, сметаме дека овој објект треба да биде реконструиран и адаптиран во
современ центар за културни случувања, изложби и други настани кои ќе го збогатат животот во овој регион. Идејата на овој проект е да се врати во живот објектот, да се санира и заштити како архитектонско наследство, со тоа што ќе се зaдржи црквата во својата првобитна форма, ќе се санираат ѕидовите и ќе се изведе кровна конструкција од современи материјали (стакло, алуминиум), кои ја здржуваат оригиналната силуета на црквата, а своето обликување го базираат на образецот на некогашните шкрилести плочи со кои првобитно била покриена црквата. Околу објектот се развива камена обвивка која го „прегрнува“ во манирот на типичен православен манастирски комплекс и ја задржува атмосферата на некогашното
светилиште, и тоа во две варијанти: 1. Камена обвивка која е скулптурално обликувана со стаклени продори кои го задржуваат допирот со водата и отвораат погледи кон прекрасната околина. 2. Камена обвивка која е обликувана во вид на систем на подвижни ѕидови кои во зависност од варијабилноста на водостојот се регулираат по висина, со што постојано се менува атмосферата и доживувањето на црквата. Пристапот е предвиден од двете критични точки минимален водостој, кога се влегува од кота на плато, или од ниво на максимален водостој, со што се создава галерија која кружи околу црквата и овозможува едновремено отворање на погледи кон дворот и кон природното опкружување. 30 мај 2014
ПОРТА
41
41
архитектура
НАЦИОНАЛЕН МУЗЕЈ „11 СЕПТЕМВРИ“ - ЊУЈОРК
Потсетник на големата трагедија
Националниот музеј „11 Септември“ е за сите нас што бевме сведоци на настаните и за идните генерации кои за првпат ќе се сретнат со трагичниот настан како историја, но, кои мора да доаѓаат овде, да разберат дека тоа се случи, дека беше нешто реално и ужасно, нешто што никогаш не смее да се повтори 42
42
ПОРТА
30 мај 2014
И
ако од 11 септември 2001 година поминаа повеќе од 13 години, сликата што ја видов на телевизискиот екран тој ден, сликата на рушењето на Кулите близначки во Њујорк не исчезнува од пред моите очи, не бледее од моите сеќавања. Пред очите на целата светска јавност исчезнуваше симболот на Њујорк, симболот на новата технологија, на напредокот на техниката, на современата архитектура. Тој тажен ден беше нападнат Светскиот трговски центар на Менхетен, центарот на светската моќ, бизнис, слава... , трагедијата беше ужасна. Покрај разрушувањето на двете 110-катни Кули близначки, беа загрозени и другите објекти на локацијата на Светскиот трговски центар (СТЦ). Уништени или оштетени беа објектите СТЦ 7, СТЦ 6, СТЦ 5, СТЦ 4, хотелот „Мариот“ на СТЦ, православната грчка црква „Свети Никола“, како и некои околни објекти. Од нападот загинаа вкупно 2.977 луѓе, од кои само во Кулите близначки во Њујорк, 2.606 луѓе. Приближно 16.000 луѓе, кои според Комисијата 9/11, се наоѓале во пониските зони на СТЦ во моментот на нападот, беа евакуирани од
екипите за спасување. Преживеале. Загубата на човечките животи беше ненадоместлива. Материјалната штета огромна. Засекогаш се изгубени значајни архиви и бесценети уметнички дела од 20 век, како на пример скулптури од Огист Роден (1840-1917), Александер Калдер (1898-1976) и дела од многу други познати уметници. Разрушените објекти создадоа илјадници тони отпад. Од тоа 50% беше градежен отпад, 40% стакло, 9,2 % целулоза, 0,8% азбест како и олово, жива и др. Пожарот што продолжуваше неколку месеци, во атмосферата исфрли големо количество на диоксин и полициклични ароматични јаглеводороди. Некои од овие материјали се канцерогени и можат да предизвикаат заболување на бубрезите, срцето, на црниот џигер и на нервниот систем. Подоцна кај некои од спасителите, како и жителите на најблискиот регион, се појавија вакви заболувања. Брзо после терористичкиот напад и разрушувањето на кулите, градоначалникот на Њујорк Рудолф Џулиани, гувернерот на државата Њујорк Џорџ Патаки и претседателот на САД Џорџ Буш, изјавија дека погодената локација Граунд - Зиро
архитектура
од 11 септември 2001 година
ќе биде повторно изградена. Во ноември 2001 година е формирана Корпорација за развој на долниот Менхетен (LMDC), задолжена да го контролира процесот на возобновување на комплексот на Светскиот трговски центар. Досега на локацијата веќе се изведени или се во фаза на изградба објектите: СТЦ 1, СТЦ 2, СТЦ 3, СТЦ 4, СТЦ 5, СТЦ 7 и Меморијалниот центар и национален музеј „11 Септември“ .
НАЦИОНАЛЕН МУЗЕЈ „11 СЕПТЕМВРИ“
На 21 мај 2014 година, после долго очекување, отворен е за јавноста Националниот музеј „11 Септември“, кој е дел од Националниот меморијален центар. Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио (Bill de Blasio) во соопштението изјави: „Музејот е за сите нас. За тие што беа сведоци на настаните, со сопствените очи или на ТВ, и сè уште се борат да најдат смисла во тоа. Тој е за идните генерации кои за првпат ќе се сретнат со трагичниот настан од 11 септември како историја, но, кои мора да доаѓаат овде, да разберат дека тоа се случи, дека беше нешто реално и ужасно, нешто што никогаш не смее да се повтори“. Проектанти на подземниот музеј, кој
Љупка ДУКОВСКА, дипл. инж. арх.
се наоѓа на околу 21 метар под земја, се архитектите од фирмата „Дејвис Броди Бонд“ (Davis Brody Bond). Приодот, што е преку влезниот павилјон, е дизајниран од страна на фирмата „Снохета“ (Snoheta) од Осло, Норвешка. Влезниот павилјон е проектиран во деконструктивистички дизајн, што делумно потсетува на урнатите објекти на 11 септември. Амбициозниот проект зафаќа површина од 10.312 м², во внатрешноста на „археолошкото срце“ на Светскиот трговски центар. До подземниот музеј, посетителите ќе се спуштаат со рампа. Музејот требаше да се отвори на 10-годишнината од нападот, во 2011 година, но отворањето беше одложено поради финансиски спорови, проблеми во градбата и штети предизвикани од ураганот Сенди. Во музејот има две главни изложби. „In Memoriam“, во која се одава почит на загинатите 2.983 лица во терористичкиот напад од 11 септември какo и нападот од 1993 година. Втората изложба зборува за случувањата за време и по нападите. Содржи артефакти од 11 септември 2001 година, како на пример делови од челик од разрушените кули. Оваа потресна историја се раскажува преку монументални и лични предмети, фотографии, аудио 30 мај 2014
ПОРТА
43
43
архитектура
и видео снимки, сведоштва и сувенири. Како дел од музејот се над 10.000 предмети, 23.000 фотографии, 1900 часови на усна историја и 500 часови на видео материјали и филмови. Исто така, изложени се над 3000 фотографии од луѓето кои загинаа во нападите, вклучително и последни пораки, картички, телефонски снимки и друго а кои припаѓале на жртвите.
НАЦИОНАЛЕН МЕМОРИЈАЛЕН ЦЕНТАР „11 СЕПТЕМВРИ“
Десет години после трагичните терористички напади на Светскиот трговски центар во Њујорк, на 11 септември 2011 година, беше отворен Националниот меморијален центар „11 Септември “. Денес на местото на разрушените Кули близначки се наоѓаат две огромни фонтани, со димензии еднакви на основите на разрушените кули, (околу 4.047 м² секоја посебно). Меморијалните фонтани близначки се најголеми вештачки водопади во Северна Америка. Проектот на архитектите Мајкл Арад (Michael Arads) и Питер Волкер (Peter Walker) бешe одбран на конкурс на кој имаше 5.200 учесници од 63 нации. Интересната идеја на авторот, првобитно наречена „Одраз на отсуство“ (Reflecting Absence), е две длабоки празнини, отворени во центарот, кон длабочината на земјата, симболично да го претставуваат отсуството на Кулите близначки. Во 44
44
ПОРТА
30 мај 2014
архитектура овие импозантни празнини, дизајнирани како огромни водопади, шумот на каскадното спуштање на голема вода, треба да го симболизира шепотот на речиси 3.000 лица кои ги нема, кои исчезнаа, кои трагично загинаа пред очите на целиот свет. Идејата е да се создаде незаборавен простор за вечно помнење на овие невини жртви. Жртви на лудилото на тероризмот, чии имиња се испишани на парапетот околу фонтаните, како потсетник дека ова е место на вечна жалост. Ова дело е плод на авторите, младиот американско-изреалски архитект Мајкл Арад, архитектот за хортикултура Питер Вокер од Kалифорнија, како и голема стручна екипа на многу други инженери, специјалисти во разни области, кои интензивно работеа неколку години на овој проект. Имало и разни критики, забелешки, несогласувања. На пример, критики дека водопадите се непрактични, длабоки и опасни јами. Забелешки од членовите на семејствата на жртвите за местото на меморијалниот простор за испишување на имињата на нивните блиски. Или изјавата на главниот архитект на СТЦ 1, Даниел Либескинд
дека идејата за „Одраз на отсуство“ не се согласува со неговата визија. Плановите се ревидирани неколку пати, направени се компромиси, неопходни кај вакви големи проекти, но оригиналниот концепт е задржан: водопади кои се спуштаат во огромни празнини, како симболи на сè што е изгубено во терористичките напади. Членовите на семејствата на жртвите останале активно вклучени во текот на уредувањето на меморијалот и врежувањето на имињата на загинатите. Според хортикултурното решение на плоштадот на меморијалниот центар, засадени се 400 дрвја кои го претвораат во атрактивен, живописен, еколошки зелен простор, со многу ниско и високо зеленило, пешачки патеки и многу светлина неопходна за животот што продолжува. Изградбата на меморијалниот центар е во период 2006 - 2011 година. На официјалниот сајт запишани се следните зборови: - Паметење и почит кон илјадниците невини мажи, жени и деца, кои загинаа во страшните напади на 26 февруари 1993 и 11 септември 2001. - Почитување на местото на
трагично загинатите луѓе. - Признание на издржливоста на преживеаните, на тие што го ризикуваа својот живот заради спасување на други, на нивната храброст и благодарност на сите што помогнаа во тешките моменти. - Нека живее споменот и духот што ќе биде вечен светилник, потврда за бесценетоста на животот, да ја засилува решеноста за да се сочува слободата и да биде инспирирација за искоренување на омразата, нељубезноста и нетрпеливоста. Три месеци по отворањето, меморијалниот центар бил посетен од над милион посетители, а досега го посетиле повеќе од дванаесет милиони луѓе. Инаку, за изградбата на музејот биле потрошени 700 милиони долари, а за негово оддржување ќе бидат потребни 60 милиони долари годишно, што е за 15 пати повеќе од сумата потребна за оддржување на гробиштата на воените великани во Арлингтон. Само обезбедувањето на музејот чини 10 милиони долари годишно. Затоа и оправдани се реакциите за големата сума на влезниот билет, кој чини рекордни 24 долари!
30 мај 2014
ПОРТА
45
45
дрвна архитектура
Аеродром во духот на природата
Аеродромот Jackson Hole се разликува од класичните аеродроми во светот со самото место каде што е изграден, материјалите што се употребени за негова изградба и интимната атмосфера која ја доловува во огромното пространство
А
еродромот Jackson Hole е единствениот аеродром во Соединетите Американски Држави, што се наоѓа во национален парк. Националниот парк Grand
46
46
ПОРТА
30 мај 2014
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипл. инж. по дрвна индустрија Teton, каде што се наоѓа аеродромот, има стриктни закони и прописи кои не дозволуваат градбите да надминуваат висина од 5,5 метри, што претставуваше еден од најголемите предизвици при проектирање на аеродромот. Како објект стациониран во
национален парк, тој треба да задоволува високи стандарди за заштита на животната средина, а исто така со неговиот дизајн да ги рефлектира културните вредности на регионот. Како резултат на задоволување на овие критериуми, објектот се здоби со
дрвна архитектура 6 7
5
3
8
ОСНОВА 1. службен паркинг 2. паркинг 3. билетарница 4. просторија за багаж 5. администрација
1
2
4
6. загубен багаж 7. просторија за чекање 8. простор за такси
реномиран сертификат за квалитет и заштита на околината (LEED Silver certificate). Исклучителната убавина на природата и пространоста на планинскиот масив Тетон се основната инспирација за концептот за објектот како едноставна градба, во која
ќе се користат околните материјали и ќе биде во хармонија со околната природа. Дизајнот на ентериерот и екстериерот кореспондира со надворешноста создавајќи една целина. Аеродромот Jackson Hole се разликува од типичните аеродроми со самото
место каде што е изграден, материјалите што се употребени за негова изградба и интимната атмосфера која ја доловува во огромното пространство. Употребата на дрвото во овој објект е крупен фактор во доловувањето на амбиентот. 30 мај 2014
ПОРТА
47
47
дрвна архитектура
Дрвото е употребувано во објектот како основен градежен материјал. Во просторијата каде се пријавуваат патниците, конструкцијата е изработена од лепени ламелирани округли столбови од северноамериканска ела со дијаметар од 60 сантиметри. Столбовите се изработени со висока софистицираност со цел да се долови рафиниран модерен изглед наспроти конвенционалниот рустичен дизајн. Гредите, пак, се со правоаголна форма на пресек, изработени од истиот материјал, и се поврзани со столбовите со стандардни метални конектори за ваков
48
48
ПОРТА
30 мај 2014
вид на конструктивна врска. Едноставноста и јасноста на конструкцијата е видлива по целата должина на 75-метарскиот терминал и кулминира со петметарската надворешна стреа. Надворешната стреа конструктивно е решена со истите греди кои се во внатрешноста, тие продолжуваат надвор каде за потпора се поставени округлите столбови од ентериерот, а пак за вкрутување, на влезната фасада се поставени коси елементи, исто така од дрво. Таванот е обложен со локални дрвни видови одбрани заради нивните декоративни својства, со богат
колорит и текстура која се совпаѓа со конструктивните елементи. Таванските облоги се распоредени и поставени со цел да се подобрат акустичните својства на внатрешните простории. Ентериерот е исто така уреден со дрво во духот на природното. Интересни ентериерни детали се клупите за седење, кои се направени од лепени ламелирани греди од демолирани стари објекти. Едно од главните прашања при градба на објекти каде што главен конструктивен материјал е дрвото, како овој, е секако заштитата на дрвото во надворешни и внатрешни услови. Овој проблем е дотолку потежок заради специфичноста на овој објект, кој се наоѓа во планински предел каде е изложен на екстремни атмосферски услови. За таа цел архитектите се погрижија овој проблем да го решат најдобро што може со консултирање на експерти и разни производители на заштитни средства. Покрај заштитата од атмосферски влијанија и влага во ентериерот, исто така големо внимание се посветува на заштитата од пожари. Заштитата од пожари кај дрвото се прави со нанесување на заштитен слој на површината или со длабоко импрегнирање на заштитниот премачкувач под притисок. Импрегнирањето обезбедува постојана заштита бидејќи премачкувачот навлегува длабоко во структурата на дрвото и трајно го заштитува од пожари. Овие
дрвна архитектура
заштитни средства, кога се изложени на пламени јазици или висока температура, испуштаат незапалив гас и водена пареа кои го забавуваат развивањето на огнот. Кај дрвото при горење на површината се формира јагленисан слој кој бавно навлегува во неговата внатрешност, со што не се компромитира веднаш конструктивната стабилност на дрвото. Оваа природна карактеристика на дрвото во комбинација со импрегнирање на заштитни материи, го прави дрвото безбеден избор за конструктивен материјал. Оваа безбедност се потврдува и со сертификати издадени за секој објект
посебно, кои гарантираат дека стабилноста на зградата нема да се доведе во прашање по 30, 60, 90 или 120 минути. Сертификатите се издаваат од специјализирани лаборатории каде се прават тестови на разни примероци. Покрај единечните примероци, тестови се прават и на цели конструктивни целини, како на пример тест за куќа во која се подметнува пожар и се следи и документира целиот процес на развивање на пожарот. Од овие испитувања се извлекуваат многу информации за подобрување, не само на дрвните конструкции туку и за производителите на заштитни средства -
информации како да ги подобрат своите производи со цел да се зголеми безбедноста на објектите и луѓето што ги користат. Најновите продукти кои можат да се најдат на пазарот се препознатливи по нивната повеќенаменска употреба. Средствата што се користат за заштита од пожар, претставуваат и заштита и од други проблеми, како на пример заштита од влага, заштита од инсекти, термити, габи и слично. Трендовите на оваа индустрија се движат во насока да се создаде еден производ, кој ќе може да извршува повеќе функции одеднаш со задоволителен квалитет.
Покрив на столетието ВАШИОТ TOХДАХ®-ПАРТНЕР ГО ИМА:
Секогаш НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ за Вашиот покрив!
ТОНДАХ Македонија АД | MK - 2310 Виница | Тел.:+389(0)33/361332 49 мај 2014 ПОРТА Факс: +389(0)33/361780 | office@tondach.com.mk | 30 www.tondach.com.mk 49
експерт
НАВРЕМЕНОТО ПЛАЌАЊЕ НА ДОГОВОРНИТЕ ОБВРСКИ НЕ Е ПРОБЛЕМ САМО ЗА МАКЕДОНИЈА
Поголема финансиска сигурност за малите и средните претпријатија Проблемите сврзани со задоцнетото исплаќање на договорните обврски се присутни и во развиените земји. За ова најдобро говори фактот што само недела дена пред стапувањето на сила на Законот за финансиска дисциплина во Република Македонија, на 22 април во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска се потпиша Повелбата за плаќање во низата на добавувачи во градежништвото.
Н
а почетокот на месец мај, Република Македонија го одбележа стапувањето на сила на Законот за финансиска дисциплина (Сл. Весник на РМ, бр. 187 од 30.12.2013 година). Според вицепремиерот и министер за финансии м-р Зоран Ставрески, од овој закон се очекува значително да ја подобри ликвидноста на македонското стопанство. Ова ќе се постигне не само преку воведување на рокови за плаќање на обврските помеѓу субјектите од приватниот сектор, туку и во оние случаи кога приватните субјекти
50
50
ПОРТА
30 мај 2014
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
работат со државата. Од воведувањето на задолжителни рокови (обврска да се плаќа во предвидените рокови, плаќање на прекршочна казна и камата во случаи на отстапување од тие рокови) се очекува дека ќе се престане со неплаќањето на обврските, практика која не само што не е добра за една пазарна економија, туку која го нарушува и нормалното функционирање на стопанството во земјата. Според одредбите на законот, приватните субјекти ќе треба да потпишат договор со кој ќе се обврзат да ги плаќаат меѓусебните обврските во рок од 60 дена или пак да се договорат плаќањето да го
извршат во подолг рок, но којшто нема да биде подолг од 120 дена. За разлика од приватните фирми кои оваа обврска ја имаат од денот на стапувањето на законот во сила, оваа обврска ќе важи и за приватните фирми и државните институции, но ќе се применува од подоцна. Од 1 јануари 2016 година оваа обврска ќе почне да се применува и за јавните установи и претпријатија, трговските друштва формирани од државата, општините, Фондот за здравствено осигурување и други слични организации. За непочитување на одредбите од Законот, предвидени се строги казни
експерт од 5.000 до 10.000 евра (во денарска против вредност) за правните лица, за трговците поединци од 1.500 до 3.000 евра, а за одговорните лица предвидена е глоба во износ од 750 до 1.500 евра. Се разбира, проблемите сврзани со задоцнетото исплаќање на договорните обврски не се карактеристични само за Република Македонија и земјите во транзиција. Тие исто така се присутни и во развиените земји. За ова најдобро говори фактот што само недела дена пред стапувањето на сила на Законот за финансиска дисциплина во Република Македонија, на 22 април во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска се потпиша Повелбата за плаќање во низата на добавувачи во градежништвото (Construction Supply Chain Payment Charter). Станува збор за повелба која на доброволна база ќе треба да ја прифатат правните субјекти потписници, со што тие ќе се обврзат да ги почитуваат обврските што произлегуваат од неа. Според повелбата, се воведува обврска потписниците во рок од 30 дена да ги исплатат договорните обврски, со тоа што до овој рок ќе се дојде етапно. Од потпишувањето на повелбата настапува обврска договорните обврски да се исплаќаат во рок од 60 дена, за тој рок од јуни 2015 да се намали на 45 дена, а дури од јануари 2018 да отпочне да се применува рокот за исплата на договорните обврски од 30 дена. На овој начин ќе им се овозможи на правните субјекти постепено да се приспособат на новонастанатите обврски. Рокот за плаќање на договорните обврски од 30 дена е договорен од страна на
Деби Абрахамс
Советот за лидерство во градежништвото (Construction Leadership Council), стручно тело формирано за да ја спроведе владината стратегија за градежната индустрија. При што, оваа основна определба е една од единаесетте „обврски за праведни исплати“ (Fair Payment Commitments) кои произлегуваат од повелбата. Тука спаѓаат и оние обврски во кои не се задржува процент од плаќањето до истекот на основниот гарантен рок, да не се одолговлекува со плаќањето, но и самото плаќање да се врши по електронски пат. Секој правен субјект потписник на повелбата, исто така, се обврзува да биде подложен на надворешен надзор како би можело да се следи во која мерка се спроведуваат определбите во практика. Девет гиганти на британската градежна индустрија се имаат согласено да ја потпишат повелбата, меѓу кои се Barratt Developments, Kier, Laing O'Rourke и Skanska. Според Петер Хансфорд (Peter Hansford), главниот советник на британската влада за градежништво, оваа повелба укажува на обврската што Советот за лидерство во градежништвото ја има кон малите и средните претпријатија и значајната улога што овие претпријатија ја имаат во рамките на градежната индустрија. Сериозноста на проблемот со задоцнето плаќање на договорните обврски најдобро ја има илустрирано спроведената меѓупартиска истрага предводена од членот на британскиот парламент Деби Абрахамс (Debbie Abrahams MP). Во рамките на неа било утврдено дека во 2012 година правни субјекти должеле над 43 милијарди евра на милиони мали и средни претпријатија во земјата, како резултат на задоцнетото плаќање на договорните обврски со просечен долг проценет на околу 43 илјади евра по претпријатие, при што приватниот сектор и особено градежната индустрија се покажало дека биле најголемите должници, иако било забележано дека и локалните власти и одредени министерства не ги плаќале на време своите договорни обврски. Според Абрахамс, ефектот на задоцнетото плаќање може да има катастрофални последици за малите и средните претпријатија со оглед на тоа што ваквите претпријатија претставуваат 98 проценти од сите организации во стопанството на Обединетото Кралство. Овие претпријатија вработуваат 45 проценти од сите вработени во земјата и придонесуваат со 46 проценти во националниот доход во доменот на приватниот сектор. И покрај ваквото значење на малите и средните претпријатија, се проценува дека околу 4.000 вакви
претпријатија пропаднале како директна последица од задоцнетото плаќање на договорните обврски во рамките на економската криза од 2008 година, а дека во 2012 година речиси 124 илјади вакви претпријатија пропаднале како резултат на задоцнетото плаќање на договорните обврски. Од тука произлегуваат и залагањата на Абрахамс британската влада колку е можно поскоро да отпочне со применувањето на Европската директива за задоцнети плаќања од 2013 година, според која, јавните субјекти мораат да ги платат своите договорни обврски кон приватните деловни субјекти во рок од 30 дена, додека приватните деловни субјекти мораат да ги испалатат своите договорни обврски во рок од 60 дена. Слични се состојбите и во Република Ирска, каде на 29 јули 2013 година бил донесен новиот Закон за градежни договори. Преку овој закон се воведува обврската со подзаконски акти да се донесат законски обврски за навремено плаќање на договорните обврски во случаи кога договорната вредност на работите е поголема од 10 илјади евра, но и воведување на форум за пресудување во случаи кога треба да се разрешат споровите околу плаќање на договорните обврски. Како што може да се види, задоцнетото плаќање на договорните обврски се чини дека е универзален проблем со кој се соочуваат сите економии во светот. Се разбира, секое општество се обидува да изнајде свој начин како ќе ги надмине проблемите со кои се соочува, без оглед дали тоа ќе биде преку донесување на закон, каков што е случајот во Република Македонија и Република Ирска, или пак преку доброволни повелби чијашто успешност во најголема мерка ќе зависи од тоа дали клиентите ќе почнат да ги избегнуваат градежните фирми што не се потписнички на повелбата или не. 30 мај 2014
ПОРТА
51
51
технологии
ДРЖАВАТА НА ПАТ ДА ГО ФАТИ ЧЕКОРОТ СО ЕВРОПА
Софтвери за енергетски
М
акедонија е на пат да го фати чекорот со земјите од Eвропската Унија во делот на енергетската ефикасност (ЕЕ) на згради. Долго очекуваниот Правилник за енергетски карактеристики на зградите (во пакет со Правилникот за енергетска контрола) постои речиси една година, а веќе привршуваат и обуките на првата генерација на енергетски контролори во Македонија. Тоа значи дека во наредните месеци ќе се исполнат сите предуслови за започнување на енергетска контрола на градежниот фонд во Република
52
52
ПОРТА
30 мај 2014
Македонија со крајна цел - енергетски ефикасна Македонија. Согласно домашната законска регулатива, сите нови згради и градежни единици (од Член 3 на Правилникот за енергетски карактеристики на згради) треба да бидат најмалку „C“ енергетска класа, а дополнително се дефинирани и максималните дозволени коефициенти на пренос на топлина (“U”-вредностите) за различни градежни елементи. Ова значи дека покрај значајната улога која ја имаат енергетските контролори, проектантските тимови имаат голема одговорност пред законот и инвеститорите да водат сметка за енергетските перформанси на зградата при проектирањето на новите објекти. Со оглед на тоа што трендовите во ЕУ се движат кон градење на енергетски сè поефикасни згради (згради со потрошувачка блиска до нула), притисокот врз проектантите и во Македонија сè повеќе ќе се зголемува и ќе се бара исклучително познавање и примена на проблематиката на енергетската ефикасност при проектирањето. А секогаш кога се среќаваме со комплексна проблематика, на помош ја повикуваме информатичката технологија. Во минатото, архитектите во земјава за брза пресметка на енергетските карактеристики на архитектонските конструкции ги користеа популарните софтверски алатки на производителите на термоизолациони материјали KnaufTherm и URSA Градежна физика. Среќна околност е што овие компании побрзаа да ги ускладат своите апликации со тамошната (српска, хрватска итн.) законска регулатива (слична на македонската) која ја третира енергетската ефикасност, па денес имаме сериозни софтверски алатки. Од друга страна, корисниците на Archicad во Македонија веќе извесно време ги користат благодетите на апликацијата што во себе содржи опција
технологии
ефикасна Македонија за енергетска евалуација, а опционо тука е и ECO Designer STAR додатокот што овозможува сериозно енергетско моделирање на дизајните. Предноста од користењето на Archicad е во можноста да се оптимизира енергетската потрошувачка на замислениот објект уште во текот на концептуалното дизајнирање. Сите досега спомнати апликации можат да им помогнат на архитектите кон проектирање на енергетски поефикасни згради, но енергетската контрола бара поспецифични софтвери. Врзано за земјава, мора да се спомене апликацијата МСМ ЕКО 1, домашен производ развиен целосно според барањата на домашната регулатива за енергетска контрола на згради и што е најважно: апликацијата е на македонски јазик. Апликацијата се очекува да биде на интернетплатформа во облик SaaS (Software as a Service). Сепак, во светот постојат стотици апликации кои ја третираат заштедата/потрошувачката на енергијата. Олеснителна околност во случајов е што енергетската ефикасност е глобален проблем, па постојат голем број институции кои софтверите, што самите ги развиваат и користат, бесплатно (freeware) ги отстапуваат на јавноста за постигнување на заедничката цел и општо добро. Така на пример, на веб страницата (apps1.eere.energy.gov/buildings/tools_directory/alpha_list.cfm) на одделот за енергија при американската влада (US Department of Energy), објави листа на 416 софтверски алатки корисни за унапредување на енергетската ефикасност на зградите. На листата има многу бесплатни софтвери, а меѓу нив има и такви кои се исклучително моќни и корисни:
• Design Advisor е бесплатна online алатка развиена од •
реномираниот Massachusetts Institute of Technology, која служи за пресметки на енергетските перформанси на објектите во фаза на концептуалното проектирање, земајќи ги притоа предвид барањата за греење, ладење, осветлување итн. EnergyPlus претставува моќна и сеопфатна платформа за симулација на потрошувачката на енергијата на зградите. На неа работат мноштво комерцијални и бесплатни апликации и
Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.
додатоци со секаква намена, но и со можности за поврзување со други апликации (на пр. AutoCAD, SketchUp итн.). RETScreen е еден од попопуларните софтвери за пресметка на енергетските карактеристики на згради во светот (има околу 135.000 корисници во 222 земји во светот). Го развива Natural Resources Canada, а она што е најинтересно за нас, е што софтверот содржи климатски податоци и за Македонија (згора на тоа е и бесплатен). Lesosai 7 е швајцарски софтвер кој од 1984 година се користи за одредување на енергетска ефикасност на згради според регулативата на Швајцарија, Франција, Луксембург итн. Го развива швајцарската компанија E4Tech. Апликацијата се продава како комерцијална, но се нуди и во тест и демо верзија. Дополнително компанијата произведува и други модули и апликации. Меѓу нив попозната е USai 3, апликација која ја пресметува “U” вредноста на конструкциите според EN ISO 6946, EN ISO 13786, EN ISO 13788 и SIA 180, а го пресметува и ризикот од појава на кондензација. ArchiWIZARD е алатка за термичка симулација на зградите, особено корисна за оптимизација на дизајните на објектите во однос на потрошувачката на енергија. ENSI EAB е дел од палетата на норвешката компанија ENSI, која е веќе позната и популарна во Македонија поради неколкуте пилот проекти за енергетска ефикасност на објекти направени со нивните софтвери. Autodesk® Ecotect® Analysis е современа алатка за одржливо проектирање со одлични можности за моделирање и оптимизација на енергетски ефикасните дизајни. Се на се, апликации се многу за да можат да се претстават квалитетно во една статија. Од друга страна се поставува прашањето дали мноштвото различни апликации може да придонесе за различни резултати за енергетските карактеристики на ист објект (особено при вршење на енергетската контрола). Во доменот на шпекулацијата е дека во земјава се размислува за воведување на еден национален софтвер за енергетска контрола, по примерот на други европски земји. Како и да е, факт е дека огромен потенцијал за унапредување на енергетската ефикасност постои кај неефикасниот градежен фонд во земјава кој чека на сертификација и реконструкција.
•
•
• • •
30 мај 2014
ПОРТА
53
53
хортикултура
МАГИЧНАТА ПРИКАЗНА ЗА
К
ога во Холандија ќе се спомне градот Лисе, тоа најчесто се поврзува со лалето. Се наоѓа на половина час оддалеченост од Амстердам. Самото место и неговата околина претставува еден од најстарите производители на лале, бидејќи почвените и климатските услови се многу погодни за прекрасните луковичести цвеќиња. Гледано од птичја перспектива тие изгледаат како пространи цветни килими во најразлични бои. Близу до Лисе се наоѓа месноста Кекенхоф, каде што секоја година од април до мај се одржува најголемата цветна изложба. Имено, станува збор за дворец кој е познат и како „Дворот на Европа“ или „Европска градина“. Toj е најголемиот цветен парк во светот. Се простира на површина од повеќе од 30 хектари, а секоја година се садат повеќе од пет милиони цветови.
54
54
ПОРТА
30 мај 2014
ИСТОРИЈА
Кекенхоф е изграден во 15 век, на површина од тогашните ловишта. Првенствената намена му била да претставува извор на билки кои се користеле во кујната на грофицата Жаклин од дворецот Хајнат. По нејзината смрт, богатите трговци го презеле имотот и оттогаш, паркот променил повеќе сопственици. Денешната форма градината ја добила во 1949 година од страна на тогашниот градоначалник на градот Лисе. Идејата била да се направи изложба од цвеќиња, каде што одгледувачите од цела Холандија и Европа ќе можат да ги покажат своите хибриди.
АТРАКЦИЈА
Денес во дворецот има четири градини во кои може да се види целокупната историја и традиција на одгледување на
лалето во Холандија. Дворецот е отворен за посетители преку целата година, но најдоброто време во годината за посета на овој дворец е април или мај, кога цвеќињата се во полн цвет. Фантастични групации од лалиња, зумбули, нарциси, каранфили, примули, и многу други видови на цвеќиња во текот на овие два месеци буквално ќе ве опијат со својот огромен спектар на бои и благите мириси. Изложувачите што учествуваат во уредување на дворецот се дел од холандските производители, кои во моментов бројат околу 90. На секој производител му се доделува определена површина за декорирање. Тие површини се со најразлични аранжмани, па затоа нема ни едно катче кое е слично на друго. Дури се оди и до таа мера што секоја година одредена површина е различно уредена од претходната година.
хортикултура
ДВОРЕЦОТ КЕКЕНХОФ
Кекенхоф е една од главните туристички атракции во Холандија, која прима повеќе од 700 илјади посетители годишно. Тука може да се сретнат нови хибриди
на цвеќиња, алеи во должина од 15 км, ресторани, музички претстави, театар, со што ги задволува вкусовите и на најпребирливите. За оние што сакаат да
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж.
ги видат прекрасните цветни аранжмани, треба да ја посетат опсерваторијата во рамките на дворецот од каде глетката и доживувањето се неповторливи.
30 мај 2014
ПОРТА
55
55
спортски храмови
НАЦИОНАЛНАТА АРЕНА ВО СКОПЈЕ,
„Филип Втори“ на картата на УЕФА за Еуро 2020
М
акедонската убавица, Националната арена „Филип Втори“ и официјално влезе меѓу 19-те кандидати за организација на дел од натпреварите на европското првенство во фудбал во 2020 година. Стадионот што конечно ја доживеа својата вистинска слика со доизградбата во 2011 година, по кандидатурата на Фудбалската федерација на Македонија се најде меѓу стадионите на кои по шест години ќе се играат средбите од првата фаза на првото европско првенство, кое практично ќе се одржи низ цела Европа. Идејата на европската куќа на фудбалот (УЕФА), јубилејот 60 години од првото ЕУРО да се одбележи со завршница на првенството во 13 европски земји, полека добива завршница. На 26 април, УЕФА и официјално ги потврди земјите, градовите и стадионите што влегуваат во последниот филтер до изборот на дефинитивните 12 стадиони на кои ќе биде организирана првата фаза на ЕП 2020 и плус уште еден стадион на кој ќе биде завршната рунда на првенството. Два стадиони се кандидати за завршната фаза, а тоа се еден од најголемите стадиони на Стариот континент, лондонски „Вембли“ кој има капацитет од 90.000 места и беше изграден во перидот 2002 - 2007 година, како и прекрасната арена „Алијанц“ во Минхен, Германија (67.812 места), која беше специјално изградена за потребите
56
56
ПОРТА
30 мај 2014
Сашо КУЗМАНОВСКИ за организација на светското првенство во 2006 година. Овие два стадиони одат во директен дуел за организација на финалните средби на ЕУРО 2020, додека 19 градови и стадиони ќе се борат за 12 места во листата на организатори од т.н. прва фаза на првенството.
спортски храмови
КАНДИДАТ ЗА ДОМАЌИН НА ЕП ВО ФУДБАЛ ПО ШЕСТ ГОДИНИ „ФИЛИП ВТОРИ“ - ТРЕТ НАЈМАЛ СТАДИОН
Покрај Скопје и „Филип Втори“, во конкуренција за организација на овој дел се уште неколку атрактивни спортски храмови во повеќе делови на Европа. Интересно е да се напомене дека „Филип Втори“ е трет, но од дното, според капацитетот од сите пријавени стадиони кои претендираат да станат дел од ЕП по шест години. Официјалниот капацитет на нашиот стадион е 33.460 места, а помали стадиони од нас пријавија само Белорусија („Трактар“ Минск, капацитет: 16.500) и Бугарија („Овча Купел Арена“ - Софија, капацитет: 16.000). Сепак, и Белорусите и Бугарите најавија дека ќе има реконструкција и доизградба на стадионите и зголемување на првичниот капацитет до 33.000 места, но веројатно тоа ќе зависи од тоа дали и двата града ќе добијат поддршка за организација на некој натпревар на првенството. Близу со капацитетот на нашата Национална арена се и стадионите „Паркен“ во Копенхаген (38.065) и „Изтадион Теди“ во Ерусалим (34.000), за кој има најава дека ќе биде проширен до 50.000 места. Со оглед на тоа што изминатиов период засилено се работи на илуминацијата на „Филип Втори“, со што треба да заврши и последната, трета фаза од изградбата на нашиот најголем спортски објект, Македонија и Скопје се сериозен кандидат за добивање на место меѓу оние 12 стадиони кои во 2020 година ќе организираат по некој меч од првата фаза на популарното ЕУРО. Конечната одлука за „функционалноста“ на „Филип Втори“ и организацискиот капацитет на Македонија, но и на останатите кандидати, УЕФА треба да ја донесе во септември оваа година, за кога се најавени и последните инспекции на сите пријавени стадиони.
КОЈ ЌЕ КОНКУРИРА ЗА ДОМАЌИН НА ЕП 2020? ДРЖАВА
ГРАД
СТАДИОН
КАПАЦИТЕТ ИЗГРАДЕН ВРЕДНОСТ
Англија
Лондон
Вембли
90.000
2007
943 мил.евра
Велс
Кардиф
Милениум
74.500
1997
148 мил. евра
Италија
Рим
Олимпико
72.698
1990
Русија
Ст. Петерсбург Газпром арена
69.500
2015
719 мил. евра
Азербејџан
Баку
Баки Олимпија
68.000
2015
600 мил. евра
Германија
Минхен
Алијанц арена
67.812
2005
340 мил. евра
Унгарија
Будимпешта
Ференц Пушкаш
56.000
2016
114 мил. евра
Романија
Букурешт
Национална арена
55.600
2011
235 мил. евра
Шпанија
Билбао
Сан Мамеш
53.332
2013
160 мил. евра
Холандија
Амстердам
Амстердам арена
53.052
1996
140 мил. евра
Шкотска
Глазгов
Хемпден Парк
52.063
1999
Ирска
Даблин
Авива
51.700
2010
Белгија
Брисел
Национална арена
50.000
2018
410 мил. евра
Шведска
Стокхолм
Френдли арена
50.000
2012
300 мил. евра
Данска
Копенхаген
Паркен
38.065
2009
85 мил. евра
Израел
Ерусалим
Изтадион Теди
34.000
2011
80 мил. евра
Македонија
Скопје
Филип Втори
33.460
2011
62 мил. евра
Белорусија
Минск
Трактар
16.500
1968
Бугарија
Софија
Овча Купел
15.992
2004
30 мај 2014
ПОРТА
57
57
репортажа
НОВОТО СРЦЕ НА ПАРИЗ Во центарот на Париз, близу до „Лувр“ и центарот „Бобур“, на местото на некогашниот отворен пазар наречен „Стомакот на Париз“, се реконструира контроверзниот трговски центар Les Halles. Проектот предвидува комплетно завршување на работите до 2016 година. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ, дипл.инж.арх.
bsavic@porta3.com.mk
О
тидов во Париз со спакувани слики и очекувања за него создавани преку книгите на славните француски автори, уметноста на импресионистите, храната, модата и филмот собирани од детството до денес. Откако се вратив, не почувствував разочарување бидејќи Париз навистина е магичен град полн енергија, симбол на богата историја, убавина, култура но и живот на висока технологија, што никаде во светот не се живее поубаво. Сена го дели градот на лев и десен
58
58
ПОРТА
30 мај 2014
брег – левиот поврзан со уметничкиот дух, студентските немири од 1968 година и Сорбона, и десниот, традиционално поврзан со бизнисот, берзата, трендсетерските бутици и ресторани. А во самото срце на Париз, блиску до „Лувр“ и центарот „Бобур“, на местото на некогашниот отворен пазар наречен „Стомакот на Париз“, се реконструира контроверзниот трговски центар Les Halles. Во 1986 година, на местото на поранешниот пазар е изграден трговски центар по проектот на француските архитекти Visconi и Willerval. Но, поради тешкото снаоѓање во него, лошиот пристап
и непријатниот амбиент, не бил добро прифатен од јавноста. Во 2007 година се распишува конкурс за редизајнирање на Les Halles. Како победници на конкурсот се јавуваат Patrick Berger и Jacques Anziutti. Проектот е познат како La Canopee, а го добил името заради органскиот изглед на архитектурата на надземниот дел од комплексот. Изразот „canopy“ вообичаено се употребува за да го опише горниот појас на шумата, кој е во директен контакт со воздухот и сонцето. Проѕирната покривна конструкција, токму како горниот слој од шумата, ќе ги врзува двата објекта и двориштето меѓу нив.
репортажа Комплексот ќе содржи 6.300 м2 продажен простор, музички конзерваториум од 2.600 м2, хипхоп центар од 1.400 м2, 1.050 м2 за библиотека и 1.000 м2 за разни работилници и центар за глуви и наглуви лица. Надземниот приод до комплексот е преку реконструираниот парк, а реорганизиран и зголемен е за 50% и подземниот сообраќај за полесно поврзување со центарот. Проектот предвидува комплетно завршување на работите до 2016 година. Градилиштето било организирано во 2011 година, кога се почнало со уривање на павилјонот Willerval, и се почнало со реконструирање на подземните комуникации. Во 2012 година е реконструиран северозападниот дел на паркот и е почната изградбата на двата објекта. Следната година се изградени нови влезови и е завршена конструкцијата на Центарот. Во моментов се реновира источното крило на паркот и се реконфигурира патниот сообраќај. До крајот на годинава е планирано завршување на ентериерното уредување. Комплетното завршување би било со завршувањето на паркот и огромната метро станица. Несомнено е дека со овој комплекс, зелените платформи покрај Сена, зелените градини на покривите, зелените вертикални фасади и зеленилото на запуштените места покрај пругите, Париз добива еден нов лик за кој досега не сме знаеле.
30 мај 2014
ПОРТА
59
59
најчудни градби
Најлуксузниот планинарски дом на светот
К
ога човек ќе слушне за планинарски дом, веднаш во главата создава слика на мала планинарска куќичка, најчесто направена од дрво, со камин и дрвена маса. Но ако случајно одите во Швајцарија, на уникатните Алпи, тогаш можете и да се изненадите. На височина од 2.795 метри, или некаде на средина од врвот Монте Роса (висок 4.634 метри), ќе наидете на објектот што е познат како Монте Роса Хат. Објектот е појдовна точка или одморалиште во сопственост на Швајцарскиот алпски клуб, од каде почнува потешкото искачување кон околните шест врвови. Она што особено доаѓа до израз е токму нашиот вовед, бидејќи наместо дрво како градежен материјал, ќе се изненадите колку стакло е искористено за да се направи овој објект кој е типична илустрација на луксуз. Планинарскиот дом првично е изграден во 1895 година, но по 114 години, дури во 2009 година е направена темелна реконструкција од која боли глава. Ако на ова се додадат импозантните бројки околу самата градба, тогаш не само што имаме чудна градба, туку и еден вид на Гинисов рекордер во овој
60
60
ПОРТА
30 мај 2014
Драган РИСТОВ домен. Имено, сиот градежен материјал за реконструкцијата е испратен со воз до последната станица Зермат, а од таму до самиот врв, на западната страна на Маунт Роса, до локацијата, биле потребни три илјади летови со хеликоптер за транспортирање на околу 40 работници и целиот материјал. Објектот има пет
ката, целиот е од стакло, а неговата основа е од висококвалитетен челик. Врз него е поставена втора основа од дрво, вклучително и внатрешноста, која исто така е од дрвени материјали и предмети. Структурата има спирална форма, на која е надоврзана и надворешната школка од сребрено-алуминиумски панели.
најчудни градби
На тој начин, 90% од енергијата што се троши во објектот се обезбедува од сонцето како извор, со дополнителни соларни панели на планинскиот раб. Вишокот на енергија се складира во посебна просторија која има улога на гигантски акумулатор кој има толку струја, што може да трае со денови.
Ист е случајот и со водата што се добива од топење на снегот, преку собирен резервоар кој се наоѓа на 40 метри височина над објектот. Низ самиот објект постојат инсталирани цевки кои, заради високата темперетура која ја постигнуваат сребреноалуминиумските стакла, се загреваат и го топат снегот, и овозможуваат не само вода,
туку и топла вода за рекреација и капење. Со последните надградби е предвидено, освен за планинарските друштва, објектот да се користи и како научно-истражувачка станица за студентите од Универзитетот во Цирих. Освен истражувањето, тие практично ќе се запознаваат со процесите на заштеда на енергија и обновливи извори.
30 мај 2014
ПОРТА
61
61
саеми
SALONE INTERNAZIONALE DEL MOBILE 2014, МИЛАНО
Дизајн за сечиј вкус Овогодишниот саем во Милано донесе многу идеи и отвори нови иницијативи, чие влијание наскоро ќе се одрази врз водечките современи пазари. Темата на овогодишната манифестација е „Да го нахраниме градот со нови идеи“. Таа претставува увод во светската изложба ЕКСПО 2015 која ќе се отвори следната година. подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
С
о овогодишниот 53. саем за мебел "Salone Internazionale del Mobile 2014", во светот познат под името "iSaloni", Милано уште еднаш потврди дека е престолнина на дизајнот и модата, а "Milan Design week" со сите содржини покажа дека е најголем меѓународен „излог“ на мебел, дизајн и мода во светот. Овој саем секоја година во сè поголем број ги собира интернационалната публика, професионалците, дизајнерите, производителите и дистрибутерите.
62
62
ПОРТА
30 мај 2014
Настанот претставува огледало на најновиот домен во дизајнот и во него учествуваат илјадници изложувачи. Ова шоу на дизајнот вклучува и низа тематски настани, меѓу кои е и "SaloneSatelite", каде своите дела и дизајнерски остварувања ги промовираат млади дизајнери и студенти од сите делови на светот. Темата на овогодишната манифестација е „Да го нахраниме градот со нови идеи“ и таа претставува увод во светската изложба ЕКСПО 2015, која следната година ќе ја обележи светската културна и модна престолнина и ќе го потврди клучното место на глобалната
културна сцена – градот Милано. Оваа титула градот ја доби и оваа година – во неколкуте саемски денови понуди индустриска разноличност, даде нови дизајнерски правци и беше епицентар на размени и идеи. Над 350.000 посетители од 160 земји уживаа во новите колекции на мебел, кои се одраз на креативноста и иновацијата.
СВЕТСКИ ИМИЊА НА САЕМОТ
Традиционално, саемот беше поделен во три стилски категории: модерен, дизајн и класичен, со изложби на кујни и бањи кои се одржуваат секоја втора (парна) година.
саеми
Водечки италијански и светски секторски призводители, реномирани компании, но и ексклузивни модни брендови ги изложија своите нови производи и со тоа дадоа нови смерници во уредувањето на современата сцената на ентериерите. Меѓу нив беа "Vitra", "Magis", "Cassina", "Morosso", "Knoll", "Kartell", "Kvadrat", "Poltrona Frau", "Casamania", "Diesel", "Fendi", кои во соработка со познати дизајнери (Konstantin Grčić, Patricia Urquiola, браќата Bouroullec, Philippe Starck...), презентираа впечатливи новитети. На саемот можеа да се видат најновите достигнувања во дизајнот, како во
обликувана така и во технолошка смисла.
НОВИ КУЈНИ - ОГЛЕДАЛО И СТАТУС НА СТАНАРИТЕ
На 20. издание "EuroCucina" (The International Kitchen Furniture Exhibition), меѓународна изложба на кујнски мебел, во четири павилјони на саемот можеа да се видат различни решенија на врвни произведувачи на кујни. Меѓу нив беа "ValCucine", "Scavolini", "Doimo Cucine"... Од видените и анализираните идеи и функционални решенија, доминира акцентот на „социјализација“ и зближување на
повеќе корисници – спрема распоредот на елементите и кујнските блокови, што индиректно сè повеќе се потенцира. Со тоа големото острово или комотниот пулт стануваат "meeting point" во кујнската зона. Не ретко габаритните трпезариски столици се изведени со употреба на материјал кој со својата диспозиција сè повеќе се интегрира во кујнскиот простор. Од ова произлегува дека кујните постепено ги заменуваат дневните престои во симболична и репрезентативна смисла огледало и статус на станарите. Внимание се посветува и на најситните детали. 30 мај 2014
ПОРТА
63
63
саеми Висок квалитет на обработка и максимална трајност се параметрите што се нудат на потрошувачите и клиентите. Додаток на "EuroCucine" претставуваше асортиманот на "FTK -Technology for the Kitchen", „Технологија за кујна“, посветен на вградени електрични апарати и аспиратори, со различни прототипови и идеи за новото доба на hi-tech кујни. Куните, кои отсекогаш биле функционални зони во домовите, сега се ориентирани кон иднината со користење на авангардни технологии и со примена и комбинација на материјали. Материјалите и нивната обработка се бројат на стотици – преку ексклузивни,
64
64
ПОРТА
30 мај 2014
егзотични видови на дрво, комбинации на различни отпорни метали, до ретки видови на камен. Иако современиот материјал е дефиниран преку наведените параметри, комбинациите со класични елементи можеа да се забележат во помал број. Но индустриските детали, „суров“ изглед во комбинација со патинирани нијанси, изгледаа свежо, совршено вклопени и избалансирани со завршна обработка, попривлечни од кога било.
БАЊИ – СОБА ЗА ОДМОР
На меѓународната изложба на бањи, "Salone Internazionale del Bagno", беа претставени
сите новитети на мебел и опрема за бањи. "Salon del Bagno" ја претстави еволуцијата на бањата од исклучиво функционално место до просторија диктирана да преземе различни функции вредни за инвестирање во технолошка и естетска смисла. Бањите стануваат соби за одмор, кои даваат совршена атмосфера на мини спа центар. Изложено беше најдоброто од дизајнерскиот опус на мебелот за бањи, туш-кабини, сауни, хидромасажерски кади, славини, подни и ѕидни облоги. Материјалите и нивните комбинации оддаваат наративна димензија, без оглед на присуството или отсуството на дезен и шари. Со комбинација
саеми на боите и контрастите се добиваат складни ентериерски композиции кои зрачат со едноставност и ексклузивност. Меѓу изложувачите можеа да се видат "Geberit", "Graff", "Gessi", "Kartell by Laufen", додека продуктите на звучните дизајнерски имиња како што се Philippe Starck, Jasper Morisson, Albert Navara, ги комплетираа колекциите на водечките компании во областа на дизајнирање на опремата за бањи.
SALONESATELLITE
Во павилјоните каде изложувачите ги претставија најновите продукти за опремување на дневните зони, доминираа
композиции дефинирани со дискретни, обоени акценти или применети материјали и завршни обработки. Осветлувањето се третира како рамноправен елемент во ентериерот, не како дополна и секундарна опрема. Светлата се внимателно одбрани и усогласени со мебелот – во обликот, формата, материјалот, бојата. "SaloneSatellite" ја раскажа приказната на младите дизајнери, кои ги претставија личните визии на продукт дизајнот – дизајнирајќи ја иднината. Овогодишната тема, на која креативните млади луѓе одговорија на интересни и многубројни начини, беше "Design,
Innovation + Craftsmanship". "Salone del Mobile" е секако глобален модел за уредување на ентериери ширум светот, признат ексклузивен излог на најновите достигнувања во опремувањето, со широк спектар на производи со врвен квалитет во секој стилски израз. Овогодишниот саем во Милано донесе многу идеи и отвори нови иницијативи, чие влијание наскоро ќе се одрази врз водечките современи пазари. Тоа влијание го прави овој саем еден од најкомпетентните и најважните настани, како во областа на дизајнот на мебел и ентериери така и во комплетниот дизајн сектор на придружна опрема.
30 мај 2014
ПОРТА
65
65
книги
Второ издание на книгата “Dams and Appurtenant Hydraulic Structures”
В
о текот на март 2014 година во издание на англискиот издавач CRC Press, Taylor & Francis Group, од печат излезе второто издание на книгата “Dams and Appurtenant Hydraulic Structures” („Брани и придружни хидротехнички објекти“), од македонскиот автор Љубомир Танчев, редовен професор во пензија на
Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Книгата дава комплетен приказ на сите видови брани и придружни хидротехнички објекти, како и на принципите за нивно компонирање за да се овозможи заедничко ефикасно работење. Задржана е структурата на книгата од првото издание, така што материјалот е поделен во пет дела и 35 глави. Петте теми во одделните делови се: I - Брани и придружни хидротехнички објекти – општо; II - Насипни брани; III - Бетонски брани; IV - Хидромеханичка опрема и придружни хидротехнички објекти; V - Хидројазли. Во одделните глави се разгледуваат прашања поврзани со проектирањето, градбата, набљудувањето, одржувањето и реконструкцијата на различни видови насипни и бетонски брани, хидромеханичката опрема, преливните и испусните објекти, специјалните хидротехнички објекти, компонирањето на објектите во склоп на хидројазлите, акумулациите, влијанието врз околината и нејзината заштита. Во книгата се внесени и резултатите и искуствата од долгогодишната
научно-истражувачка и применувачка работа на авторот во полето на хидротехничкото инженерство. Првото англиско издание на книгата излезе во 2005 година, како превод од македонски јазик (со извесно приспособување и иновирање) на книгата „Брани и придружни хидротехнички објекти“ (1999) година, за која авторот во 2000 година ја доби највисоката награда за научни достигнувања во Републиката „Гоце Делчев“. Текстот во второто издание е целосно ревидиран и внесени се најважните нови достигнувања на полето на проектирањето, анализите, градбата и набљудувањето на браните, развиени во последниве десет години во светот, така што второто издание содржи 1116 страници, односно 250 страници повеќе во однос на првото. Во книгата, паралелно со светската практика на градба на брани и придружни хидротехнички објекти, детално се прикажани и богатите искуства од градбата на браните во Македонија, почнувајќи од најстарата – Матка (1938 година), до најновите – Кнежево (2011) и Света Петка (2012). Повеќе информации за книгата може да се најдат на WEB страната на издавачот: www.crcpress.com/9781138000063
Основи за стандардизацијата и сродните активности
К
омората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 30 мај 2014 година во 12 часот, во „Порта Македонија“ ќе ја промовира книгата „Основи за стандардизацијата и сродните активности“, дело на м-р Соња Черепналковска, дипл.град.инж, Лилјана Хаџиевска-Антовска, дипл.ел.инж. и Весна Поповска, дипл.инж.технолог. Рецензенти на книгата се професор д-р Рубин Талески, професор д-р Валентина Гечевска и професор д-р Бато Камберовиќ. Овој прирачник ја обработува комплексната материја од областа на стандардизацијата и вклучува преглед на историјатот на стандардизацијата, целите на стандардизацијата,
66
66
ПОРТА
30 мај 2014
меѓународните и националните стандардизациски тела, процесот и начинот на донесување на стандардите и врската на стандардизациските документи со останатите правни документи. Покрај тоа, во текстот се обработени теми кои се тесно поврзани со стандардизацијата: инфраструктурата за квалитет, оцената на сообразност и врската на Светската трговска организација (СТО) со глобализацијата на стандардизацијата. Прирачникот ќе може да се користи како дополнителен извор на знаење и компетенции за компаниите, институциите, менаџерите, инженерите во пракса, како и за студентите во процесот на нивното образование.
30 мај 2014
ПОРТА