229_

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

229

ФЕВРУАРИ 2015

Тадао Андо - мајстор на бетонот, светлината и убавината Убави објекти се градат и надвор од Скопје Хoтел „Театар“ во Битола – традиција со модерен комфор


ПОРТА



градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ГОДИНА XI

БРОЈ 229 ПЕТОК 27.02.2015 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Во денешно време, можеби е најпаметно при проектирање театарски згради да се тргне од наједноставното - да се зачува она што се има и што е сè уште прифатено како општа вредност! Проектантите на тетарот во Велес го направиле токму тоа. Ги зачувале вредностите на театарот од дваесеттиот век со сите негови вредности. Што е најважно, Велес доби нов театар, а се покаже дека убави објекти се градат и во внатрешноста на државава. Во централното градско јадро на Битола, сочувано и заштитено како културноисториско подрачје, се издигнува нов репер на традиционален хотел со модерен комфор. Тоа е новиот градски хотел „Театар“, кој е изграден во стилот на традиционалната архитектура. Постоечкиот објект на локацијата е урнат, а на негово место е издигната сосема нова градба. Објектот е со дрвени масивни порти, зад чии високи камени огради се открива прекрасниот двор уреден со префинет вкус и традиционални обележја кои ја следат естетиката на објектот. Минатата година Париз беше важна точка за уште еден светски

познат архитект, за Тадао Андо. Беа организирани две негови изложби, една во Bon Marche, од 30 август до 18 октомври, и втората од 3 септември до 26 јануари годинава во Центарот Помпиду. Цртежи и модели од негови главни проекти беа претставени во Бобур, како дел од изложбата „Modernite plurielles“, а во Bon Marche беше прикажана неговата работа на островот Наошима (Naoshima). Навистина, 2014-та беше париска година за големиот јапонски архитект Тадао Андо. Мајстор на бетонот, светлината и убавината. Лани јавноста во државава се занимаваше со „самоосветлувањето на фреските“ во црквата Св. Димитрија во Скопје. Тоа беше повод за расправи во јавноста, тврдења дека „Господ замешал раце“, дека „било тоа некаков знак“, дека „всушност не е ништо необично“ и слично. Феномен што остава дилеми, „чудо“, термофизика или...

ГРАДЕЖНИШТВО 6 ОДЕЊЕ ПО ВОДА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Насловна страница: BENESSE HOUSE MUSEUM, НАОШИМА, ЈАПОНИЈА, 1992

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА) фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.

Автор: ТАДАО АНДО

6

АРХИТЕКТУРА 12

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

УБАВИ ОБЈЕКТИ СЕ ГРАДАТ И НАДВОР ОД СКОПЈЕ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

АРХИТЕКТУРА 28 ТАДАО АНДО: МАЈСТОР НА БЕТОНОТ, СВЕТЛИНАТА И УБАВИНАТА

Печати:

АРТ 42

Маркетинг:

ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА ВЕЛИКАНОТ МИКЕЛАНЏЕЛО

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АРХИТЕКТУРА 46 ХОТЕЛ „ТЕАТАР“ ВО БИТОЛА – ТРАДИЦИЈА СО МОДЕРЕН КОМФОР

СООБРАЌАЈ 50 СЛАТКО-ГОРЧЛИВ РУБИКОН КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СОВЛАДА

ХОРТИКУЛТУРА 76 ВИЛИТЕ НА ЕЗЕРОТО КОМО

12

46 76

58

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 900 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


градежништво

МОСТ ДО ОСТРОВОТ МОН СЕН МИШЕЛ, ФРАНЦИЈА

Одење по вода

Архитектонскоконструкторскиот тим создал виртуозна конструкција, задоволувајќи ги функционалноста, техничкото совршенство, естетиката и хармонијата со природниот пејзаж Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

М

остот „Мол“, по проект на Dietmar Feichtiner Architects и Schlaich Bergerman und Partner, го соедини, но во стварноста и го раздели, островот Мон Сен Мишел со копното. Мон Сен Мишел е остров на

6

ПОРТА

27 февруари 2015


градежништво

северозападниот брег на Франција и една од најпознатите светски културни и природни атракции. Зашеметувачката убавина на пејзажот и единствената и најбрза плима и осека во Европа, се магнет за туристите на островот на средновековната бенедиктинска опатија. Но изградбата на браната со која се поврзува островот со копното, како и браната на устието на реката Куенон во непосредна близина, го доведоа во прашање опстојувањето на споменикот. Тие ги задржуваа песокот и тињата, ја зголемуваа висината на морското дно, со што островот се соединува со копното и го губи својот култен статус. Конкурсот за изработка на деликатното инженерско решение - да се обезбеди пристап на туристите до островот, е од 2002 година, а градежните активности почнуваат дури во 2011 год. Наместо браната изградена кон крајот на 19 век, се изведе тенок порозен „мол“ со должина од 1.841 метри. Од почеток се движи по должината на брегот, дозволувајќи им на посетителите да уживаат во погледот, а потоа го сече теснецот меѓу островот Мон Сен Мишел и брегот на Нормандија. Должината на самиот мост е 765 метри. Во тек на целата должина столбовите на мостот се со иста висина и се вклопуваат во хоризонтот без да се наруши  27 февруари 2015

ПОРТА

7


глетката. Во време на плимата тој практично лежи на површината на водата, што значи дека во тој период островот во вистинска смисла на зборот е остров. Со цел да се олесни природното истекување на песокот и тињата (за да се зачува статусот на островот), беше потребно да се сведе на минимум дебелината на отпорот, за што е создаден сложен конструктивен дизајн. На длабочина од околу 30 метри се набиени 67 пара шипови – бетонски пилони со дијаметар од 1,2 метри, на кои се потпираат 134 челични столпчиња со дијаметар од само 24,4 сантиметри. Секој пар столбови е на растојание од 12 метри. На нив се потпираат вкрстени 8

ПОРТА

27 февруари 2015

челични носачи. Завршната бетонската конструкција е со асфалтна коловозна обработка. Ширината на централниот коловозен дел е 6,5 метри (на самиот крај е 8,5 метри), а од страна, како балкони, се решени пешачката и велосипедската патека со ширина од 4,5 и 1,5 метри. Коловозната површина е одвоена од пешачкиот дел со бетонска бордура која служи како најдолга клупа во светот. Под клупата се наоѓа скриено диодно светло, кое во вечерните часови го „води“ посетителот кон силно осветлениот остров. И покрај тоа што структурата на мостот може да издржи товар од 38 тони, дозволен сообраќај е само со шатл автобуси.

Се разбира, конструкцијата на мостот „Мол“ ги обезбедува и сите потребни инсталациони водови за вода, електрика и телекомуникациски врски, кои се поставени под бетонската конструкција. Може да се каже дека архитектонско-конструкторскиот тим создал виртуозна конструкција, задоволувајќи ги функционалноста, техничкото совршенство, естетиката и хармонијата со природниот пејзаж. Мостот е пуштен во употреба за пешаци во јули 2014 година, а неодамна е комплетно завршен. Цената на чинење на проектот е околу 37 милиони евра. Мон Сен Мишел ја подигна и онака својата величественост, а секако и долговечност. n


Изолациони панели и фасади Спортски центар „Јане Сандански“, Скопје

Спортска сала, Краљево, Србија

www.kingspan.mk

Фабрика за вода, “MG MIVELA”, Трстеник, Србија


градежништво

Хидротехничка инфраструктура за ТИРЗ Делчево Подготвиле Билјана ЃОРЃЕВИЌ, дипл.град.инж., Тања РИДОВА, дипл.град.инж., Павле ПАВЛОВСКИ, дипл.град.инж., (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

Извод од планската документација на ТИРЗ Делчево

10

ПОРТА

27 февруари 2015


а со потребни објекти

В

о рамките на новите технолошко-индустриски развојни зони во Република Македонија, ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл (ГЕИНГ), за Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, изработи Инфраструктурни проекти за надвор од зоната и Основни проекти во и надвор од зона за: сообраќајна инфраструктура во зоната, патека за интервенции, сообраќајно поврзување на ТИРЗ Делчево со основната патна мрежа на Р.Македонија, ограда со придружни елементи во зоната, хидротехничка инфраструктура со потребни хидротехнички објекти, електроенергетска и телекомуникациска инфраструктура, улично осветлување, здружено заштитно заземјување и периметарска заштита, дистрибутивен гасовод за природен гас за ТИРЗ Делчево. Вкупната документација се состои уште од елаборати за заштита од пожари, експлозии и опасни материи во тек на изведба, елаборати за заштита на животната средина како и елаборати за заштита при работа. Предвидената индустриско-развојна зона се наоѓа во близина на град Делчево лоцирана лево од патот кон селото Габрово, Блатиште, КО Делчево, општина Делчево. Зоната се протега на површина од вкупно 20,8 ha. Хидротехничката инфраструктура за ТИРЗ Делчево се состои од: - Водоснабдителен систем за санитарна и ПП вода - Водоснабдителен систем за техничка вода - Атмосферска канализациона мрежа - Фекална канализациона мрежа и - Систем од ободни канали за заштита од површински атмосферски води кои гравитираат кон локацијата на зоната Системот за санитарна и ПП вода е предвиден да се снабдува со вода од постоечки водоснабдителен систем Делчево -

Габрово кој минува во непосреднa близина на зоната. Системот го сочинуваат приклучок на постоечка линија, пумпна станица за зголемување на притосокот во мрежа, циркулациона мрежа, потисно повратен цевковод од мрежа до резервоар и резервоарски простор од 200 m3. Со техничкото решение предвидени се хидранти за противпожарна заштита, кориснички приклучоци за секоја од парцелите како и објекти за правилно функционирање на системот. Потребите од техничка вода за зоната ќе се обезбедат од бунарско подрачје кое е во непосредна близина на р. Брегалница. Со потисен цевковод потребните количини од бунарското подрачје ќе се дистрибуираат директно во мрежа. Овие количини зоната ќе ги користи за полевање на зелени површини како и миење на внатрешните сообраќајници. Во фекалната канализациона мрежа ќе се испуштаат санитарните отпадни води и отпадните води од технолошките процеси. Истите претходно пречистени ќе се испуштаат во примарната канализациона мрежа. Со проектната документација се предвидени приклучоци за секоја парцела. Во атмосферската канализациона мрежа ќе се прифаќаат атмосферските води од коловозот и тротоарите на улиците преку улични сливници и примарна атмосферска канализациона мрежа. Надвор од зоната собирниот колектор за атмосферска канализација поминува низ сепаратор за масла. Фекалните и атмосферските води надвор од зоната пречистени се спојуваат во заеднички колектор кој ги одведува до реципиентот р. Брегалница. Површинските атмосферски води прифатени со ободните канали преку ретензионен Површинските атмосферски води прифатени со ободните канали преку ретензионен базен и преливна шахта се испуштаат во атмосферската канализациона мрежа. n

ПОРТА


aрхитектура

ВЕЛЕС ДОБИ НОВ ТЕАТАР

Убави објекти се градат

12

ПОРТА

27 февруари 2015


aрхитектура

т и надвор од Скопје Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

Во денешно време, можеби е најпаметно при проектирање театарски згради да се тргне од наједноставното - да се зачува она што се има и што е сè уште прифатено како општа вредност! Проектантите на тетарот во Велес го направиле токму тоа. Ги зачувале вредностите на театарот од дваесеттиот век со сите негови вредности

П

о неколку години градба и во тешки економски услови се изгради новиот театар во Велес, кој е еден од најмодерните во нашата земја и е работен според светски стандарди за ваков вид објекти. Автори се архитектите Илија Стојчевски и Моника Стојчевска. Во времето на Google и на пребрзиот Интернет, многу информации ни стануваат подостапни, ни се менува полека и начинот на размислување! Иако информациите ни доаѓаат дома, преку нашите компјутери или мобилни телефони, некои работи поминуваат покрај нас без да бидат забележани или без да им се посвети доволно внимание. Вниманието на обичните луѓе, но и на нас архитектите, како да е свртено кон објектите што се изведуваат во Скопје. Ако нема некаков повод, како доделувањето на годишната награда за архитектура, нема да забележиме дека и надвор од Скопје се гради и дека се создаваат навистина добри и современи објекти. Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ се наоѓа на улицата „Благој Ѓорев“, во непосредна близина на Младинскиот парк. Изграден е на локација од 3.543 м2 со бруто површина на градба од 1.764 м2. Како и повеќето објекти во градот, и театарот е изграден на терен во пад, во правец југ север. Локацијата за градба на театарот се протега во еден тесен урбан појас и заради тоа објектот е поставен непосредно до улицата од која го дели тротоар со ширина од 2,50 метри. Влезот во театарот е од аголот на објектот. Влезот е нагласен со ротонда и купола над неа. Службениот влез за вработените како и пристапот кон економскиот влез се од сервисната улица која го обиколува објектот. Волуменот на објектот ја следи конфигурацијата на теренот создавајќи функционална архитектонска композиција. Функциите на театарот се развиваат на пет нивоа: визба, сутерен, приземје, први и втори кат. На приземјето се наоѓаат театарското фоаје со билетарницата, гардеробите и скалите. Тука е сместено и гледалиштето кое има 292 седишта. Малата сцена е со капацитет од 102 седишта. Тука се сместени и сите 27 февруари 2015

ПОРТА

13


14

ПОРТА

27 февруари 2015


aрхитектура придружни функции за успешно функционирање на еден современ театар,  како гримиорни, гардероби за глумци, репетициона сала, санитарии и комуникации. На првиот кат на кој се доаѓа преку скали од фоајето се сместени две ложи и галерија со 60 седишта, гримиорни, кафе кујна и канцеларии за вработените. На овој кат се наоѓаат и три апартмани до кои се доаѓа преку посебен влез и скали. Апартманите се поврзани со интерна врска со останатите простории на театарот. На вториот кат се наоѓаат кабините за тон и светло, машинската сала, соби за електрика и помошни простории. Во сутеренот се наоѓаат тоалетите за публика, бифето, кројачницата и пералната, потсценскиот простор, оркестрата, столарската работилница и други помошни простории. Во визбата се сместени гардеробите за помошните служби, работилници, агрегатите, котлара и резервоар за гориво. Многу појавни облици го заменија единствениот модел на театарот каков што го знаевме. Поимањето за театарот денес нема повеќе единствено значење, туку за секоја конкретна ситуација означува систем на ставови кои се крајно субјективни, важат само за тој момент и не можат да се воопштуваат. Градењето на архитектонската структура мора да се приспособува кон новите тенденции на театарот и театарската претстава. Ниту за архитектите ниту за архитектурата на театарската зграда во целина нема друго 

27 февруари 2015

ПОРТА

15


aрхитектура решение, туку за секој поединечен проект, за секоја поединечна тетарска куќа, да си постават себеси и на сите околу нив стотина прашања; за театарот, за општеството, за моралот и естетиката, економијата и театарската технологија, прашања за архитектурата. Во театарот, како и во градењето, се чини барем засега, како да поминало времето на далекусежните, божемни видовити прогнози. Преостанаа само уште мали предвидувања на пократки рокови. Во денешно време, можеби е најпаметно при проектирање театарски згради да се тргне од наједноставното: да се зачува она што се има и што е сè уште прифатено како општа вредност! Тоа несомнено може да се примени и на сè она што спаѓа во културно наследство кое на архитектурата ѝ го оставил театарот на дваесеттиот век – пред сè на идејата за простор и просторни односи на сцената и гледалиштето. Проектантите на тетарот во Велес го направиле токму тоа. Ги зачувале вредностите на театарот од дваесеттиот век со сите негови вредности, а градот Велес, кој има долга театарска традиција и добра театарска публика, доби навистина извонреден театарски објект. n

16

ПОРТА

27 февруари 2015


aрхитектура

Факти за театарот: „Јордан Хаџи Констатинов - Џинот“, Велес Локација: улица Благој Ѓорев бб – Велес Автори: архитект Илија Стојчевски и архитект Моника Стојчевска Инвеститор: Министерство за култура на Република Македонија

27 февруари 2015

ПОРТА

17


урбанизам

PREMIDOOR 88

Подигачко-лизгачки системи

Л

профилот од 88 мм, според искуството од претходниот систем PremiDoor од 70 мм. Рамката на овој лизгачки систем се карактеризира со масивен профил со длабочина на вградување од 88 мм, односно вкупно 21 см, што обезбедува висока стабилност и одлични изолациски вредности. Сето тоа со ниска видлива линија на рамката. Отпорен на удари од дожд, ветер и надорешна бучава, PremiDoor 88 е нова генерација на подигачко-лизгачки системи. Системот е базиран на новата технологија на дихтување, со нови материјали со посебни карактеристики, за да овозможи подобрено дихтување. Во директна споредба на можностите за топлинска

изгачките системи ви овозможуваат потполно ново доживување на просторот, внатре и надвор. Без разлика дали е тоа шарена природа или контури на градот, големите стаклени површини ја бришат границата на надворешниот и внатрешниот простор. PremiDoor 88 е иновативен подигачко-лизгачки систем, со можност за потполно отворање и затворање, со одлични изолациски вредности и со висока архитектонска естетика. Еден е установен тренд во архитектурата – желба за што поголеми, континуирани застаклени површини и повеќе отвореност.

Со елементи со катна висина до 2,90 м - Висока стабилност на елементите од под до таван - Нискиот видлив профил на рамката овозможува повеќе светлина и поголеми соларни придобивки - Висок отпор на торзија и свиткување - Можно оптоварување до 400 кг зависно од оковот

18

ПОРТА

27 февруари 2015

Меѓутоа, ваквите површини мора да ги исполнат сè построгите барања за енергетски заштеди. За да го исполниме бараното и да овозможиме големи стаклени површини, го создадовме системот PremiDoor 88 со дебелина на

Оптимални енергетски заштеди - Коефициент на пренос на топлина на рамката од Uf = 1,2 – 1,3 W/m2K, со можен мак. Ud = 0,8 W/m2K - Позитивен климатски баланс со чисти CO2 заштеди - Ја зголемува и ја одржува вредноста на имотот


урбанизам

за живот без бариери изолација, новиот систем е за 32% подобар од претходната генерација, а и повеќе во споредба со конвенционалните системи. Предностите на последната генерација прозорски ситеми 88+ се искористени за развој на овој нов лизгачки систем. Развиен е потполно нов WPC праг кој дава клучен придонес за извонредни изолациски својства на целиот систем. Веќе подолг период се развиваат системи на ПВЦ профили за прозорци и врати базирани на калциум цинк како стабилизатор, наместо тешките метали како што е олово. И PremiDoor 88 е базиран на калциум цинк „greenline“ стабилизатор. Овој пристап овозможува

компатибилност со животната средина и одржливост, бидејќи ваков систем може во целост да се рециклира, што е уште една од важните цели кои ги исполнува PremiDoor 88. Friedrich E.v. Garnier е филозоф на боите и основач на органската палета на бои. Неговата теорија е основа за колекцијата бои v. Garnier која може да ви ја пружи PremiDoor 88. Покрај колекцијата v. Garnier, PremiDoor 88 може да се усогласи со речиси сите изведби на фасади на објектите, без разлика дали се работи за класична бела боја на рамката, чисти бои, структурални дрво декори или алуминиумски надворешни облоги во РАЛ тонови. n

„Луѓето не можат да живеат таму каде што замјата ја изгубила својата боја“. FRIEDRICH ERNST V.GARNIER

27 февруари 2015

ПОРТА

19


aрхитектура

ВРАЌАЊЕ ВО ЖИВОТ НА ХОТЕЛОТ „ИЛИНДЕН“

Зошто убавата идеја застана во завршна фаза?

20

ПОРТА

27 февруари 2015


aрхитектура

Лихварската логика на банката е друга ... Го срушија нашиот висококредитен рејтинг, финансиски нè исцрпија, го направија кредитот нефункционален, го разнишаа нашето макотрпно создадено реноме на македонски бренд, оставија без работа 35 вработени кои не можевме веќе да ги плаќаме и, што е најважно, ја оставија една од најзначајните инвестиции за Крушево, незавршена 27 февруари 2015

ПОРТА

21


aрхитектура Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

С

è започна кон крајот на 2006 година, со враќање на меморијата и купување на руинираниот, но со голема традиција, хотел „Илинден“ во Крушево, идејата повторно да заживее и да му се врати старото реноме. Пред започнување на проектот и донесување на конечните одлуки, направена е сеопфатна анализа на природните, општествените и економските погодности на Крушево и неговата околина, разгледани се неговите ресурси и потенцијали, проучена е долгогодишната туристичка традиција, и врз база на сето тоа е направена целокупната техничка документација и е изготвена инвестициона програма и економски елаборат. Со проектот е предвидена целосна реконструкција на постоечкиот објект, негова доградба и надоградба, проширување на капацитетот и содржините, како и вградување на меѓународно пропишаните стандарди за хотели од висока категорија со 4 ѕвездички. Со инвестиционата програма, планиран е хотел кој ќе работи цела година во сите сезони со планирани околу 40 вработени и со можност да ангажира повеќе десетици крушевски семејства како кооперанти за производство и достава на познатите домашни специјалитети и органски производи од незагадената екосредина. Планирана е инвестиција од 3,7 милиони евра за сите фази на реализација, почнувајќи од купување на постојниот објект со земјиштето што му припаѓа, изработка на урбанистички планови и целокупна техничка документација, плаќање на сите давачки кон државата и општината, целосна реализација на комплексот со сите фази, негово партерно и ентериерно уредување, како и комплетно опремување до пуштање во употреба. Целокупниот процес требаше да трае 18 месеци, а завршувањето на хотелот и пуштање во работа беше планирано во втората половина на 2009 година, во периодот на манифестацијата „Крушево еко-град“. Како носител и организатор на реализацијата беше одредено проектантското биро „Ателје Ајвар“, a како изведувач „Компанија ХРРМ“ од Скопје, со планирано учество на 15 до 20 партнерски изведувачки и подизведувачки фирми со преку 150 вработени. Идејата и големиот ентузијазам за „враќање во живот на хотел Илинден“ беa поткрепени и со соодветна економска анализа за начинот и организацијата на идното работење, планираните инвестиции, нивно враќање и амортизација на материјалните добра. Економскиот елаборат покажа дека се работи

22

ПОРТА

27 февруари 2015

Влезен хол и рецепција

Винарија


за перспективен и профитабилен проект со можност да ги врати вложените средства за осум до 10 години. Во тој момент тоа беше една од најголемите инвестиции во Македонија планирана од домашни инвеститори. Направена е финансиска конструкција со планирана кредитна линија, сопствени вложувања и поддршка на нашите партнерски фирми, како и на нашите изведувачи и подизведувачи со делумно кредитирање во материјали и работна рака. - Целокупниот елаборат го презинтиравме на бордот на Алфа банка чии коминтенти бевме во тоа време. Најодговорните претставници на Алфа банка дојдоа на самото место, ги анализираа и ги усвоија проектите, инвестиционата програма и економскиот елаборат, одредија кредитна рамка и кон крајот на 2007 година одобрија средства со рок на враќање од 10 години. Го ставивме под залог Хотелот и целокупниот наш службен и приватен имот во Скопје, ние бевме задоволни, банката стана наш стратешки партнер со конкретна финансиска поддршка која ќе овозможи завршување на проектот. Барем ние мислевме така, оптимисти и занесени идеалисти, - велат сопствениците на „Ателје Ајвар“, и продолжуваат: „Оптимизмот ни го влеваше Инвестиционата програма изготвена врз реална основа која се потпираше на исклучителните можности за туристичка понуда во тек на целата година, особено на главните - зимската и летната сезона, но и на периодите помеѓу, погодни за конгресен туризам, подготовка на спортисти, поддршка на параглајдерски натпревари од светски ранг, можности за лов и риболов, спорт и рекреација. И сето тоа

поткрепено со престој во исклучителни услови на еколошки чиста природна средина на Крушево – ЕКО и ЕТНО град, по цени за престој од 20 до 40 евра, во зависност од сезоната, приспособени на домашните посетители. Така беше конципиран и проектот за престој во домашна атмосфера и амбиент со домашни специјалитети и врвна услуга, но воедно со комфор кој овозможува удобен и пријатен престој и одмор. Сите предуслови беа исполнети“. Веднаш започнува реализацијата и до средината на 2008 год., после тешка и обемна реконструкција, главните градежни работи беа при крај, финансиската поддршка се одвиваше непречено под контрола на стручниот тим на банката, кој ги следеше фазите на реализација и одобруваше средства за продолжување. „Последните средства ни беа одобрени во средината на 2008 година, на половина од договорената кредитна рамка. Од тука започнаа маратонските преговори, нашите убедувања и аргументи, дека не постои никаква причина за прекин на соработката, дека се работи за перспективен и профитабилен проект, дека реализацијата напредува и пред роковите, дека сме вложиле многу повеќе наши средства од договореното и дека сите обврски навремено се подмируваат, останаа залудни, како ехо во празно. Изговори имаше безброј, од промена на раководниот тим, се менуваше неколку пати, повторна анализа на проектот, преиспитување на вложените средства, сомнежи дека вложените средства нема да можат да се вратат, па сè до зависност за одлуките од централата во Атина“, велат од „Ателје Ајвар“. Од банката не одговараат на нивните

писмени барања за продолжување на кредитирањето, банката без ниту еден аргумент на нејзина страна не дава никакво официјално писмено образложение. Во меѓувреме, на многубројните состаноци даваат усни ветувања дека соработката ќе продолжи и дека и тие прават напори и се залагаат за тоа. „Во тој момент не знаевме, а и не верувавме, дека ветувањата се лажни и дека сето тоа е дел од тактиката за наше целосно финансиско исцрпување. Нашиот оптимизам не стивнуваше, продолживме со реализација, вложивме сè што сме заработиле во претходните две децении, го вложивме и нашиот личен имот, а на крајот и нашето реноме кај нашите партнери кои влегоа со нас во проектот. Реализацијата продолжи со успорено темпо. Со сопствени залагања успеавме да го рационализираме планираниот буџет за околу 20 проценти, но сепак до крајот на 2009 година веќе беа реализирани преку 80 проценти од градежно-занаетчиските работи или околу 60 отсто од вкупно планираните работи. За поткрепа на целиот проект, со стручниот тим на ЕБРД изготвивме елаборати за Еколошка заштита и Енергетска ефикасност на хотелот, кои беа високо оценети од нашите експерти, а и од одговорните за целиот балкански регион. Од нив добивме и препорака да аплицираме за значајни средства од ЕБРД од кредитната линија отворена за таа намена, со која се нудеше и грант од 15 до 20 проценти од искористените средства, се разбира доколку бидат исполнети зададените услови“. „Сите предуслови беа тука, зацртани во самиот проект а и во тековната реализација. Со оглед на исклучително чистата природна средина во која се наоѓа, ни беше предочено  27 февруари 2015

ПОРТА

23


ветување финансирањето да се продолжи до затворање на кредитната рамка. Од својата монополска позиција банкарите поставуваат услови, а ние, од незавидната позиција во која бевме доведени, прифативме“, велат од „Ателје Ајвар“. Исплатени се сите побарувања за да може одново да се започне со нова рамка и со ветената финансиска поддршка. Во „Ателје Ајвар“ нагласуваат: - Не ни помислувавме дека не добивме писмена гаранција за тоа, најважно беше да продолжиме, да го завршиме хотелот и да го ставиме во функција. Несфатливо за нас, а најверојатно нормално за нив, не знаеме по кој пат банката не го одржа своето ветување. Не можевме да веруваме дека здравиот разум не може да надвладее и дека завршен хотел, во функција, кој може сам да ги исплатува своите обврски, вреди многу повеќе од незавршен кој не може да проработи и генерира само трошоци. Во декември 2012 година, значи цела година од реструктуирањето на кредитот и последното ветување за продолжување на кредитирањето, компанијата добила и писмен документ, односно известување, дека не можат веќе да ги кредитираат. „Каква иронија, четири и пол години, од средина на 2008 година, откако

Фитнес центар и базен

дека со реализација и вградување на планираните еко и енергетски системи, хотелот има можност да стане прв хотел во Македонија со еко ознака. Сите што работат во туризмот знаат што значи тоа, висок меѓународен рејтинг, престижна понуда и престижни гости. За жал, ниедна банка која располагаше со наменските средства не ни излезе во пресрет, за што значително придонесе и нашата банка која со својот некоректен однос во меѓувреме го наруши нашиот кредитен рејтинг. Освен тоа, врз основа на условите зададени со новиот генерален план за град Крушево, порачавме нов Детален урбанистички план, кој е во постапка на усвојување, а со кој ќе се овозможи дооформување на локацијата и перспективен развој со проширување на сместувачкиот капацитет на хотелот“. Но ништо од сето ова не го промени односот на банката, па реализацијата запираше, а преговорите бесполезно продолжуваа сè до крајот на 2011 година. „Тогаш банката реши да ангажира овластена фирма која ќе изврши проценка на вредноста на извршените работи на хотелот. Проценката направена по пропишана методологија, како што е наведено во извештајот на проценителот, покажа трипати поголема вредност од средствата што ги должевме на банката во тој момент, а за петпати поголема вредност ако се заврши хотелот. Па така, на почетокот на 2012-та предложија реструктуирање на кредитот со 24

ПОРТА

27 февруари 2015

Спа центар


Крушевска соба

престанаа да нè кредитираат, тие нè известуваат дека повеќе не можат да нè кредитираат. Банката што стана наш партнер и од која очекувавме, пред сè во сопствениот интерес, да остане лојална на проектот до негово завршување, со својата некооперативност и со крајно некоректната деловна политика, се претвори во немилосрден лихвар“, велат од компанијата. „А лихварската логика е друга ... Го срушија нашиот висок кредитен рејтинг, финансиски нè исцрпија, го направија кредитот нефункционален, го разнишаа нашето макотрпно создадено реноме на македонски бренд, оставија без работа 35 вработени кои не можевме веќе да ги плаќаме и, што е најважно, ја оставија една од најзначајните инвестиции за Крушево, незавршена. И сето тоа и на сопствена штета, наместо да имаат стабилен коминтент, кој во минатото им носел големи профити, а во иднина би можел уште поголеми, банката, со лихварската логика, сето тоа го анулираше и влезе во една сомнителна и неизвесна процедура“, тврдат во компанијата. И што сега? - се прашуваат во компанијата. Можеби сме непоправливи оптимисти, можеби сме занесени и наивни идеалисти, можеби сме биле, како во многу случаи, пред времето, но сигурни сме дека овој проект ќе стане успешна приказна, дека Крушево го заслужува тоа и дека ќе придонесе во општата заложба да се врати неговото место меѓу лидерите на туризмот во Македонија. За таа цел сè уште се залагаме, преговараме, нудиме партнерство под поволни и флексибилни услови, и се надеваме дека потенцијалните партнери ќе ги најдеме меѓу љубителите на Крушево и меѓу сите што ќе го

препознаат овој проект како позитивен и профитабилен, и ќе најдат свој интерес со учеството во него.

ШТО ТРЕБА ВСУШНОСТ ДА ПРЕТСТАВУВА ХОТЕЛ „ИЛИНДЕН“ Замислете дека е завршен, што сè би можел да ви понуди. Тоа најдобро ќе може да се презентира преку презентација од ентериерот на дел од планираните содржини: - Сместувачки капацитет за 140 гости во комфорни и удобни соби, студија и апартмани. - Ресторан со кујна опремена по најсовремени стандарди, но со домашни крушевски и македонски кулинарски специјалитети. - Конференциска сала за симпозиуми и конгреси, која, за поголеми манифестации, се поврзува со ресторанот во една функционална целина. Просторна тераса која ги обединува и ресторанот и конференциската сала. - Аперитив бар со сала за доручек поврзан со влезниот хол и со сопствена тераса. - Интерен фитнес со затворен базен на кој преку големите застаклени површини се надоврзува зеленилото на Коријата. - Спа центар, отворен и за надворешни гости, опремен со сауни, турски бањи, базенџакузи, боксови за масажи, салони за одржување и убавина, како и лекарска ординација. - Вински бар и кафе слаткарница кои може да работат независно од другите содржини, а со својата местоположба се пристапни за сите посетители. - Крушевска соба во поткровјето, голем

двовисински простор, дневна соба на хотелот, преку лифт директно поврзана со кујната, со шанк, отворен камин и просторен чардак со панорамски поглед на цело Крушево. - И сите технички, придружни и помошни простории, сè до простори за чување реквизити за скијачи, параглајдисти и ловџии, пристапни директно од паркинг просторот. Замислувајте и уживајте!!! Редакцијата на „Порта 3“ со сиот свој капацитет ќе стори сè оваа сторија за големиот ентузијазам на АЈВАР, борбата за остварување на еден убав архитектонски проект кој е многу повеќе од тоа, да дојде до своја завршница. Заради крушевчани, заради носталгијата, но и заради иднината на местото каде што е нашата најславна историја, заради сите нас. Инвеститори, туристички оператори, разбудете се! Пред Вас е убав, економски исплатлив проект. Голема чест е и Вие да бидете дел од историјата, носталгијата, иднината... n

27 февруари 2015

ПОРТА

25


ПОРТА


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

38

ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


aрхитектура

Мајстор на бетонот, светлината и убавината

Архитектурата е универзален јазик, прашање на геометријата, но исто така и на духовноста. Во зависност од околностите, може да изберете квадрат или триаголник, но во реалноста, резултат на сето тоа треба да биде место кое зборува со човековото срце... Едноставност на волумени и форми, непрекинат дијалог со елементите: вода, небо, ветер ... две изложби во Париз ... 2014-та париска година и за јапонскиот архитект 28

ПОРТА

27 февруари 2015


ГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ - ТАДАО АНДО, ЈАПОНИЈА

Mузеј на современа уметност, остров Наошима , Jaпонија

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

М

инатата година Париз беше важна точка за уште еден светски познат архитект, за Тадао Андо. Беа организирани две негови изложби, една во Bon Marche, од 30

август до 18 октомври, и втората од 3 септември до 26 јануари годинава во Центарот Помпиду. Цртежи и модели од негови главни проекти беа претставени во Бобур, како дел од изложбата „Modernite plurielles“, а во Bon Marche беше прикажана неговата работа на островот Наошима (Naoshima). Навистина, 2014-та беше париска година за големиот јапонски архитект Тадао Андо.

aрхитектура

Значајни години во животот и кариерата на планетарниот архитект Тадао Андо: • 1941 година, роден во Осака, Јапонија Според негови кажувања, желбата да стане архитект ја добил на 15-годишна возраст, после реновирањето на нивната стара куќа и доживувањето на нејзината метаморфоза. Школувањето на универзитет било финансиски неизводливо. Се обидувал да заработи на разни начини, дури и како боксер. Во една столарска работилница ја изучувал обработката на дрвото. Во исто време посетувал дополнителни часови по цртање. Постојано вложувал во своето самообразование. Тој е самоук архитект, без официјално архитектонско образование. Една книга на Ле Корбизије, која ја открил во книжарница во Осака, создала желба да го запознае големиот архитект лично. Тргнал за Париз во 1965 година со транссибирската железница. Прво во Москва, па Финска, Швајцарија... во Париз стигнал на почетокот на септември. За жал, неколку дена по смртта на Корбизје. Неговото разочарување било големо. Не го запознал големиот архитект лично, но го открил Париз и вербата во хуманизмот на архитектурата.  27 февруари 2015

ПОРТА

29


aрхитектура После посетата на Notre-Dame-du-Haut во Ronchamp на Корбизје, која била преполна со верници, открил дека архитектурата може да има посебна функција. Открил дека волумените и светлината се од суштинско значење. Посебно светлината што ѝ дава живот на архитектурата. Го продолжил патувањето... Африка, Индија, Сингапур... открил дека земјата е огромна.... ништо не личи на Јапонија. Желбата да биде градител останала, но по ова патување сфатил дека на општеството може да му се служи и преку архитектурата. • 1969 година, архитектонско биро Tadao Ando Architect & Associates На дваесет и осумгодишна возраст го отворил своето архитектонско биро во Осака. Едноставност на волумени и форми, непрекинат дијалог со елементите: вода, небо, ветер ... повеќе од 200 објекти и многу награди кои ја илустрираат оваа филозофија, се резултат на неговата досегашна работа. Индивидуални куќи, општествени објекти и мноштво музеи кои восхитуваат во Европа, во САД и посебно во Јапонија. Меѓу позначајните проекти се: „Row House in Sumiyoshi“ (Azuma House) во Осака, двокатен бетонски објект завршен во 1976 година. Една од првите работи, за која добил признание од Јапонската асоцијација на архитекти. Објект во кој се појавува неговиот иден стил. Примена на мазни бетонски ѕидови, големи стаклени површини, доведување на природата во контакт со

Rokko Housing I,II i III, Роко, Кoбe, Јапонија

Храм на вода, Аваји остров, Хиого, Јапонија 30

ПОРТА

жителите. Станбениот комплекс во реонот Роко, недалеку од Кобе, изграден е на планината Роко, на падина закосена шеесет степени, во три фази. Дизајнот на Rokko Housing I (1983), Rokko Housing II (1993) и Rokko Housing III (1999), илустрира примена на традиционални архитектонски тврди и меки материјали, контрасти на светло и темно, спротивности на отворено и затворено. „Црква на вода“ (1988), христијанска црква на островот Хокаидо. Коцкаста, бетонска капела со еден цел стаклен ѕид, кој го води погледот кон езерото (формирано со пренасочување на природниот поток), кон челичниот крст во средина, кон далечината... Пејзажот го интегрира природниот амбиент, градината, водата и архитектурата. Се смета за ремек-дело на современиот јапонски пејзажен дизајн. Еден од најпознатите дизајни на Андо е „Црквата на Светлината“ во Осака (1999). Мала христијанска црква, со површина од 113 м², која се состои од три бетонски правоаголни кутии (5,9 х 17,7 х 5,9), пресечени со ѕид под агол од 15º кој го дефинира влезот. Ремекдело кое се вклучува во филозофските рамки на Андо помеѓу природата и архитектурата. Ја користи Зен филозофијата. Двојната природа на постоењето. Архитектура на дуалноста. Просторот во капелата е дефиниран од контрастот помеѓу отвореното и затвореното. Светлината влегува од отвор во форма на крст, во бетонски ѕид кој се протега вертикално од под до плафон, и хоризонтално

27 февруари 2015

Dream chair, Шишу музеј, Наошима , Јапонија

Простор за медитација, Париз, Франција, 1995 г.


aрхитектура ориз, се појавува езеро со лотосови цветови, затворени во овална бетонска конструкција. Формите се симболични. Некои скриени, некои јасни. Припаѓаат на будистичката доктрина на најстарата јапонска филозофска традиција. Лотосот е симбол на небото. Ја претставува појавата на Amida Буда, кој според верувањата носи порака од небескиот рај. Објектот претставува радикална промена во илјадагодишното градење на храмови во Јапонија. Иако јапонските и христијанските цркви имаат различни карактеристики, Андо ги третира на сличен начин. Тој смета дека не треба да има разлика во проектирањето на верска или станбена архитектура. Живеењето во куќа не е само функционално прашање, тоа е и духовно. На духовните места луѓето наоѓаат мир во нивниот ум, како и во нивниот дом, во нивната татковина. Тој сака луѓето лесно да го доживуваат духот и убавината на природата преку архитектурата. Верува во неговата теорија за улогата на архитектурата во општеството. од ѕид до ѕид. Овој пресек на светлината и ѕидот, создава свесност за длабоката поделба помеѓу духовното и световното во секој од нас. Преку светлината тој креира нови просторни перцепции, еднакви ако не и подобри од неговите бетонски структури. Во оваа минималистичка архитектура, празнината во вид на крст изведена во бетонски ѕид, ориентиран на исток, е единствен верски симбол во црквата. Карактеристика на ентериерот е длабоката „празнина“. Многумина велат дека е вознемирувачка. За Андо идејата за „празнина“ е нешто различно. Таа е наменета за преод во областа на духовноста. „Храм на Вода“ (1991) се наоѓа на северниот дел на островот Awaji, Hyogo, Јапонија. Помеѓу шума од бамбус, планини и полиња со

Mузеј на модерна уметност, Форт Ворт, Тексас, САД, 2002 г.

• 1992 година, павилјон на Јапонија на Светската изложба во Севилја, Шпанија, и почеток на проектите на островот Наошима (Naoshima) Павилјонот за меѓународната изложба во Севилја, Шпанија, во 1992 година, е негов прв објект изграден надвор од Јапонија и прв објект изграден од дрво. Четирикатниот Павилјон на Експо 92, се сметал за една од најимпресивните и најголемите дрвени градби на светот (60 х 40 х 25 м). Почеток на проектите за островот Наошима, претставени на изложбата во Bon Marche, во Париз, во 2014 година. Од 1992 до 2010 година, Тадао Андо е учесник во реализацијата на возвишената идеја на Soichiro Fukutake, основач на Benesse Art Site Naoshima. Господинот Фукутаке, загрижен за

иднината на регионот, успеал преку уметноста да го оживее островот Наошима и два негови соседни острови (Inujima и Teshima). На жителите на островите им дал поддршка за вработување и останување. На негово барање, генијалецот на јапонската архитектура Тадао Андо, на островот Наошима изградил четири музеи, хотели „Benesse Houses“ и една куќа на уметноста „Art Houses“. По дваесет и пет години, овие острови претставуваат уникатни уметнички места во светот. Универзум на убавина и длабоко спокојство. Андо вели: „Еден од моите предизвици беше дијалогот со природата, затоа моите дела речиси не се гледаат, тие се базирани на оваа област. Уметноста, земјата и пејзажот се целосно поврзани. Островот е место на кое секој може да размисли за својот идеален свет. Често се зборува за Зен, тој универзум е во нашето срце. Никој не може да го дефинира нашиот Зен универзум, секој го бара својот. Да се отиде во Наошима, е добра можност да се почне со ова истражување“. • 1995 година, награда Прицкер За високи индивидуални достигнувања во областа на архитектурата, во 1995 година ја добил престижната Прицкерова награда. Целата награда во износ од 100.000 долари, Андо ја поклонил на настраданите од земјотресот во 1995 година, во Кобе. Во 1995 година, во Париз, по повод педесетгодишнината од формирањето на УНЕСКО, Андо го дизајнирал познатиот простор за медитација, во кој луѓето од целиот свет, од сите раси и религии, можат да се молат за мир. На локација од 350 м², создал објект изграден од бетон, со површина од 33 м², во форма на цилиндер (дијаметар 6 м и висина 6 м). Чист и едноставен, апстрактен простор кој сугерира мир и духовна слобода. Во годините што следуваат реализирал голем број значајни објекти низ целиот свет, за кои добил високи признанија. Некои од изведените проекти* и добиените награди** се дадени како прилог на овој текст. Доминантни материјали во неговите објекти се бетонот, стаклото и водата. Бетонот, симболичен материјал на 20 и 21 век, груб и тежок, во неговите конструкции е нежен како свила. Светлината, водата, ветерот и бетонот коегзистираат до совршенство. Во областа на дизајнот на мебел, во 2013 година беше претставена столица од соништата (Dream Chair). Скулптурална дрвена столица, уметничко дело, дизајнирана од Тадао Андо за данскиот производител на мебел Carl Hansen & Son. Ова е прв дизајн на јапонскиот архитект наменет за производство, и прва соработка на данскиот производител со дизајнер кој не е од Данска. Идејата за нејзиното креирање е објаснета со  27 февруари 2015

ПОРТА

31


„Црква на вода“ , Хокаидо, Јапонија, 1988 г.

„желбата на Андо да ги поттикне луѓето да одвојат повеќе време за сонување“. Во досегашната кариера, тој предавал архитектура на Универзитетите Јеил, Колумбија и Харвард. • 2014 година, две изложби во Париз Денес тој е еден од најголемите. Неговото име е помеѓу десетте најголеми живи архитекти во светот. Париз му ги отвори своите порти. Центарот Помпиду и Bon Marche, во 2014 година организираа изложби на кои беа прикажани проекти, цртежи и модели, создадени од ѕвездениот јапонски архитект Тадао Андо. На 72 години, после четириесетгодишна кариера, Тадао Андо го следи својот карактеристичен минималистички стил. Аскетски чисти форми, каде што убавината е

ПОРТА

водечка сила ... кон хуманизмот во архитектурата што може да го промени општеството.

* Прилог на некои од изведените проекти на Тадао Андо Пулицерова Фондација за уметност, Сент Луис, Мисури, САД, 2001година; Театар Армани, Милано, Италија, 2002 година; Зграда за модерна уметност во Форт Ворт, Тексас, 2002 година; Piccadilli Gardens, Манчестер, Англија, 2002 година; Фондација Langen, Нојс (Neuss), Германија, 2004 година; Центар за дизајн и современа уметност (21 21 Design Sight), Токио, Јапонија, 2007; Телевизиска кула, Небесно дрво, (Tokyo Skytree), Токио, Јапонија, 2009; Музеј Аурора, Шангај, Кина, 2013; Институт Кларк, Williamston, Масачусец, САД, 2014 година ...

** Прилог на некои од добиените награди Награда на Архитектонскиот институт на Јапонија, 1979 година; Japanes Cultural Design, 1983; Медал Алвар Алто, 1985; Награда на јапонското Министерство за образование, 1986; Mainichi Art Prize, 1985; Isoya Yoshida Award, 1988; Златен медал на Француската академија за архитектура, 1989; Art Priz, Осака, 1990; American Academy and Institute of Arts and Letters, 1991; Почесен соработник на Американскиот институт на архитекти 1991; Carlsberg Architectural Prize, 1992; Јапонска Гранд-при награда за уметност, 1994; Прицкерова награда за архитектура, 1995; Preamium Imperiale, 1996; British Architects Royal Gold Medal for Architecture, 1997, AIA златен медал, 2001... n


ПОРТА


урбанизам

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (6)

Урбана населба

Семејни куќи како базични урбанистички елементи проф. д-р МИРЧЕ КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.

Т

рансформација на семејната куќа. Дом како основна просторна капсула во која егзистира човекот. Отсекогаш домот е индивидуална просторна целина и се поистоветува со семејството како основна општетствена клетка на човековата заедница. Идеална слика за пријатен дом е интимен простор за развој на семејството со свои специфични белези и препознатливост во обликувањето на домот, како синоним за удобно, пријатно, топло, сигурно, свое, со што се поистоветува како семејно гнездо за сигурен развој на семејството. Семејните куќи се организирани најнапред во руралните населби, како куќи со дворови, а потоа со развојот на градовите се оформуваат и во градските нaселби. Во руралните населби

34

ПОРТА

27 февруари 2015

Резиме на развојот на семејните куќи низ времето: дом како елементарна просторна клетка за развој на семејството; умерен развој на семејното домување во селските населени места; процес на развој на градовите со зголемување на зоните за домување како резултат на миграции, со едновремено напуштање на станбениот фонд во селата; спонтано оформување на станбени простори; игнорирање на бесправната градба; процес на оформување на викенд-куќи; зафаќање на плодно земјиште за развој на семејното домување; градење на куќи на рамен терен; период на транзиција; приватизација на станбениот фонд; нецелосно обликување на семејните куќи и недоволно уредување на околината; потреба за поголем квалитет на семејното домување. Следат некои аспекти на третманот на семејните куќи.


урбанизам

Населба во Kалифорнија

просторниот развој на семејните куќи, третирани како селски стопански целини, имаат воздржан развој и диспозицијата на ткивото на куќите и дворовите е приспособено со спецификите на непосредната околина. Со развојот на индустријата и интензивирање на миграциите, се напуштаат селските огништа и се оформуваат нови живелишта во градовите. Покрај примарното домување, како потреба за поблизок контакт со природата, се одвива процес на изградба на Типови семејни куќи

Куќи како станбен мозаик

Населба во Kалифорнија

викенд-куќи за секундарно домување за време на викенди и одмори. Трансформацијата на семејната куќа се одвива со процес на стагнација на изградба на семејни куќи во руралните населби, поинтензивен развој на семејните куќи се одвива во градовите (како паралелен процес на изградба на станови во станбени структури во градовите) и процес на стагнација на изградба на викенд-куќи. Од аспект на третман на програмските содржини на семејната куќа, покрај одржливо димензионирање, се согледува појава на нерационално оформување на содржини за неколку генерации, со начин на градење кој не е во корелација со реалните можности, и многу објекти остануваат недовршени, со што се создава неповолна слика на населбите со низа на необликувани фасади на куќите. Недоволниот степен на уредување е присутен на различни нивоа, од уредување на околината, преку недоволно уредените дворни места, сè до необликувани фасади на семејните куќи, кои немаат и соодветна топлинска изолација и се енергетски неефикасни објекти. Преод од семејна куќа кон станбен мозаик. Куќата е основен елемент во системот на домување и таа е урбанистички детерминирана. Идентификацијата со куќата е едноставна и непосредна, преку нејзината индивидуалност. Кај семејното домување улицата ги поврзува куќите сочинувајќи соседство, низа на куќи како гроздови, оформувајќи го ткивото на населбите. Локациски куќата е поставена во

рамки на дворот, што претставува непосредна околина на куќата, која е нераскинливо поврзана со надворешноста. Симбиоза. Куќата може да биде самостојно лоцирана, како двојна куќа, куќа во низа, како куќа со внатрешно двориште - градина, со различни можности за поврзување и формирање станбени амбиенти. (Слика 3 Типови семејни куќи) Во основа, семејната куќа треба да го следи развојот на семејството преку различни просторни трансформации во текот на времето, а во рамки на дворното место. Растењето на семејната куќа е можно со доградба од една или повеќе страни, потоа со надградба со еден кат или повеќе, или комбиниран начин на зголемување на станбениот простор, во зависност од потребите, урбанистичките можности на локацијата и со почитување на соседските релации, кои во голем број случаи не се почитуваат доволно. Потребата за заградување е исконска потреба на човекот, а се поврзува со ефикасна заштита и обезбедување на сигурен дом. Со постепеното заградување на дел од дворот за станбени потреби се врши преод од самостојна семејна куќа кон куќа колаж, која е организирана како низа од станбени затворени и отворени простори. Во рамки на локацијата, а според обликот и големината на дворното место, можни се различни просторни солуции за организирање на станбените потреби за развој на семејството. Реализираните примери на семејни куќи од различни делови на светот го потврдуваат тој приод, со што се промовираат низа можности за организирање на семејните куќи. Во такви ситуации мерилото од две станбени нивоа најмногу се применува како најповолно мерило за развој на семејството, и е погодно за примена на различни волуменски композиции, според оптималните можности на секоја локација одделно и соседските релации. Тенденции кај семејните куќи. Кога се анализира третманот на семејната куќа како најизразен урбанистички елемент во изградената средина, се констатира процес на зголемување на волуменот и добижување на куќите. Преод од габарит кон површини за градење. Најбитен сегмент при лоцирање на семејната куќа е позицијата на површината за градење во рамки на дворното место, а особено обликот и големината на површината за градење (порано габарит), во која површина е можна изградба на куќата. Се согледуваат одредбите од Правилникот за стандарди и нормативи за планирање од 1997 година  27 февруари 2015

ПОРТА

35


урбанизам истражувања и проекти, дизајнираат виртуелна иднина, а со реализација на нивните проекти се обликува реалната иднина. Вечен креативен предизвик доближувајќи ја виртуелноста и реалноста.

Денвер

и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање од 2012 година. Во текот на 15-годишниот период се констатира тенденција за зголемување на волуменот на семејната куќа низ следните параметри: зголемување на процентот на изграденост на локацијата од 60% на 70% (според Правилникот од 1997 и од 2012); зголемување на височината на куќата од вообичаените приземје и кат на приземје и два ката и поткровје (10,2 метри); двојно зголемување на коефициентот на искористеност на земјиштето за семејни куќи од 1,4 на 2,8; намалување на минималното растојание на соседни станбени куќи од 6 метри (3 метри од граница на парцела) на 1,2 метри од граница на парцела, што сè заедно означува видно зголемување на станбениот волумен, со што се намалува индивидуалноста на куќите и се намалуваат оптималните релации на соседските објекти. Секако, треба да се потенцира дека најголемиот Битола

36

ПОРТА

квалитет на семејното домување е токму индивидуалноста на куќата, а ако таа се намали, се намалуваат квалитетите на семејното домување. Тоа е процес кој се менува и со зголемување на апетитите на инвестоторите и со трансформирање на семејните куќи во повеќесемејни куќи со вклучување и на други семејства, се намалува или се губи првобитниот мотив за обликување на семејните куќи и се намалува изворниот квалитет на домувањето. Ефикасното организирање на семејните куќи е постојан предизвик и постојано ќе се усогасува со современите тенденции на живеењето. Нама урбанистички, архитектонски и обликувани модели кои се неменливи, туку има само суштинска потреба за современ дом за развој на семејството, организиран во различни просторни, природни и општествени услови. И во тоа е предизвикот за архитектите, да креираат оптимална архитектура за хумано домување. Архитектите, преку своите Крушево

27 февруари 2015

Соседски односи. Интересни за опсервација се соседските односи кај организирање на семејните куќи, со изразени релации кај традицијата, кога со купување на земјиште за изградба на куќа се пропишувал и односот со соседите и максималните волуменски релации и инфрастуктурни поврзувања. Во зависност од гледната точка, се јавуваат различни гледишта кога се работи на сопствена и соседна парцела и семејна куќа. Двојниот однос е изразен со максимално зголемување на волуменот и близината до соседот кога се работи за сопствената локација на семејната куќа, и барање за минимален волумен и поголема оддалеченост кога се работи за куќата на соседот. Парадокс во однесувањето. Различни позиции и различни постапки. Кога ние градиме сакаме да биде колку е можно поголемо, а кога гради соседот бараме да биде колку е можно помало. Таквата перцепција мора да се менува во насока на подеднаков третман, без разлика за која локација се однесува. Предизвик кој треба да се реализира. Процес на урбана обнова. Искуствата од примената на процесот на урбана обнова покажуваат дека таа е многу изразена во земјите на Западна Европа, особено во Франција, Данска, Германија, Велика Британија, Белгија, Холандија и во други земји каде се врши обнова на цели урбани модули и блокови, градени во поранешниот период. Вообичаено се врши обнова со внесување на нови содржини, обликување на дворните места и околината, редизјнирање на фасадата со современи материјали и со примена на


урбанизам

Израел

еколошки и енергетски прифатливи системи. Се применува комбиниран систем на обнова со внесување на најсовремени технолошки достигнувања според принципите на одржлив развој. Обновувањето на населбите со семејни куќи е постојан процес, како на самите куќи со процес на доградби и надградби, така и на сообраќајниците и инфраструктурата, со цел да се обликува соодветна хумана средина. Таквиот пристап подразбира посебна грижа за секој објект, групација на објекти и амбиенти. Со примена на различни архитектонски концепти ќе се овозможи креативен пристап кон секоја куќа одделно, со различни архитектонски проекти, што во основа одговара на индивидуалниот карактер на семејното домување. Промовирање на различност на идеи. Хуманизација на семејното домување. Почитувајќи го традиционалното искуство, се сугерира надоградување на органскиот концепт на архитектурата и урбанизмот, кој е близок до менталитетот на луѓето и затоа улогата на креаторите на урбанистичкоархитектонскиот простор е да ја промовираат и практицираат традицијата на мало мерило, блиско до човекот, со изразен квалитет на просторот. Мерилото нема потреба да се зголемува, а акцентот Велес,Куќа на Рацин

Урбани населби со куќи во Данска и Америка

да се насочи кон квалитетот на станбената куќа и оптимално организирање на градината како активен сегмент и составен дел на семејната куќа. Тоа е мисија која треба да се вткае како македонски придонес во мозаикот на европски вредности, со што ќе се одбележи како континуитет на хуманата архитектура која е нагласена од голем број истражувачи и архитекти во текот на минатиот период, со натамошно обликување на хумани урбано архитектонски амбенти, како одлика на овие простори. Активности за зголемување на квалитетот на семејното домување: - унапредување на индивидулноста како изворен квалитет на семејното домување; - поефикасна изработка на детални урбанистички планови на станбени населби со семејни куќи, со суштинско

вклучување на граѓаните и оптимално респектирање на соседските релации и спроведување на планските решенија со примена на принципот на оптимален волумен на семејните куќи; - промовирање на различни видови домување во семејни куќи, со акцент на зголемување на квалитетот на семејната куќа и уредување на градината; - перманентен процес на обновување и модернизирање на семејните куќи, со примена на доградба и надградба и квалитетно организирање на дворните места како и станбените населби во целина; - почитување на архитектонската традицијата на семејните куќи, со примена на идеите на традицијата во современа станбена архитектура. n (Продолжува) 27 февруари 2015

ПОРТА

37


aрхитектура

Ново Маало

- оаза на градско

живеење!

Дали во еден град кој подлегнал на глобализацијата и модернизацијата на современото време може да се интерполираат фрагменти од традиционалното?

М

агистерскиот труд на кандидатот Енис Хоџа, изработен под менторство на професор д-р Минас Бакалчев, со наслов Обновување на станбените фрагменти на примерот на Ново Маало, Скопје, е воден од тезата дека, современите градови се составени од мноштво фрагменти од различни времиња и различни социјалнокултурни заднини, па така се наметнува и прашањето дали во еден град кој подлегнал на глобализацијата и модернизацијата на современото време може да се интерполираат фрагменти од традиционалното? Како елементи кои го трасираат патот до изработката на оваа магистерска тема, се јавува идејата да се вметнат што повеќе фрагменти од минатото, и оваа градска четврт во центарот на градот во што поголема мера да потсетува на Скопје од минатото, но сепак во една модерна интерпретација. Елементите што се црпат од минатото и се интерполираат на оваа локација се: вметнување на ниска станбена текстура интерпретирана

ПОРТА

преку типот на повеќедворни куќи, кои истовремено овозможуваат и враќање на социокултурниот елемент на домување во „заедница“. Нуклеус фамилија не е самата по себе животна социјална форма. Се до пред неколку години, човековото општество беше базирано на екстензивната фамилија, фамилија на најмалку три генерации, со родители, деца, внуци, чичковци, тетки и братучеди, сите живеат заедно во


едноставно или слободно, здружено многукратно домаќинство. Но денес луѓето патуваат стотици километри за да се оженат, да се стекнат со образование и да работат. Во аналитичкиот дел на овој труд детално се анализирани различни видови на куќи и домување од најразлични временски рамки. Така се црпат знаења од антиката преку куќите во Пиреја и Олимп, во светски рамки, како и од антиката во Македонија

преку анализа на куќите во Стоби и Хераклеа. Се црпат знаења и од традиционалната македонска куќа преку примерот на охридската куќа „хангар“. Исто така, во овој аналитички дел се разгледани и примери од модерната архитектура, како повеќедворните куќи од Лима, Перу како и куќата Азума на јапонскиот архитект Тадао Андо. Во вториот дел на трудот е анализирана пошироката и потесната околина на локацијата, како и морфолошката и структуралната конфигурација на самата локација. Детално се анализирани постојните објекти, нивната диспозиција кон улицата, диспозицијата на објектот во парцелата, структурата на населението што домува во моментов на оваа локација, а исто така направен е и историски осврт на маалото. Третиот дел, пак, го објаснува решението што се предлага за овој дел од градот и целите што треба да се постигнат. Како важни сегменти во решението се јавуваат неколку од мострите на Кристофер Александер, кои би придонеле за поголема удобност и функционалност на решението, па така во средиштето, во суштината на ова решение, се поставува фамилијата како главен и водечки сегмент, поставувањето на објектите во помали групи во рамките на маалото, со што драстично се зголемува чувството на припадност почнувајќи од маалото, блокот па се до куќата и фамилијата. Исто така се вметнуваат и голем број на зелени површини како јавни, достапни за сите граѓани, така и приватни во рамките на атриумите и кровните градини. Како противтежа на овие куќи, на одредени позиции се  27 февруари 2015

ПОРТА

39


aрхитектура

услови на експанзија на главниот град, може да се постигне со поставувањето на вакво ретко градско ткаење сочинето од ниска едносемејна станбена структура. Со ваквиот невообичаен потег би се задржале квалитетите што постоеле и постојат на ова делче од градот. Со одредени елементи се овозможува да се зачува автентичноста на ова маало, но истовремено на неговите жители им се овозможува да живеат во објекти кои ја претставуваат модерната архитектура, со модерни концепти кои во никој поглед не заостануваат зад современите начини на домување. Со ваквиот концепт им се овозможува на жителите на Скопје да живеат во центарот на градот, во непосредна близина на сите градски случувања, а истовремено да бидат изолирани од градскиот метеж, градската врева и пренаселеност. n

поставуваат вертикални елементи со компатибилни и јавни намени, со што се надополнува ликот на модерно и софистицирано решение. Како содржини, кои како дополнување се јавуваат во кулите се соби за привремено сместување, студентски соби, библиотека, инфо-центар, ателјеа за архитекти и уметници и сл. Во партерот, пак, се јавуваат поголем број површини за социјализација и дружење како спортски терени за кошарка, одбојка на песок, постаменти за привремено и трајно поставување на скулптури изработени во локалните ателјеа, кои распоредени во партерот претставуваат мала отворена уметничка поставка. Предвиден е, исто така, и мал пазар со режимско работење како и јавни паркинг простори за гостите во ова маало. Желбата да се создаде од Ново Маало една оаза која во центарот на градот би овозможила едно несекојдневно градско живеење во 40

ПОРТА

27 февруари 2015


ПОРТА


дрвна архитектура

Државни објекти проектирани во духот на зелената архитектура Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија

ПОРТА


дрвна архитектура

Ф

едералниот центар во Сиетел, Соединетите Американски Држави, е еден од објектите кои влегуваат во фаза на обновување со новата директива за

обнова на државните објекти. Со овој акт (American Recovery and Reinvestment Act - ARRA) e предвидено да се ревитализира инфраструктурата на државата и да се отворат нови работни места за граѓаните на САД. Проектот за обнова на објектот е изведен со помош на селектирани тимови од архитекти и инженери за да се постигнат највисоките стандарди на градбата и, секако, да се подигне нивото на иновативност и дизајн на службените објекти, со што се обрнува посебно внимание на зелената архитектура и енергетската ефикасност. Овој објект ќе служи како регионален центар на армиските инженери на северозападниот дел од САД. Aрхитектонското решение создава основа за нови повисоки стандарди во американското градежништвото, проектирајќи одржливи објекти со високи перформанси и економска оправданост. Изведувачот на објектот Sellen Constructions е избран преку конкурс во кој пресудни се високите критериуми за квалитет на објектот и секако времетраењето на градбата. Проектантскиот дел е завршен за помалку од 18 недели од страна на архитектонското студио ZGF Architects LLP. Високите критериуми кои се наметнати од страна на инвеститорите и одличните проекти кои се изработени од архитектонското студио и изведувачот, на објектот му донесе LEED (Leadership in Energy & Environmental Design) златен сертификат за задоволување на највисоките стандарди во полето на енергетската ефикасност и екологијата. Формата на основата на објектот,  27 февруари 2015

ПОРТА

43


во вид на потковица, креира отворен и комуникативен простор во средината. Дизајнот на објектот овозможува одлична основа за добра енергетска ефикасност, исто така претставува функционална и флексибилна целина. Ентериерот на објектот е проектиран да создаде чувство на колективност и заедништво, со тоа што просториите за одмор и рекреација се поставени во срцето на зградата. Секако, највпечатлив детаљ е дрвото, кое е избрано како главен материјал во ентериерот и дел од конструкцијата. Дрвото употребено во ентериерот на објектот е преземено од старите објекти што се наоѓале на таа локација, и е рециклирано за да може да се употреби повторно. Исто така, рециклирано дрво се користи и во изработката на скалите и патеките што се во централниот атриум, поврзувајќи ги нивоата на начин кој поттикнува комуникација и соработка на работниците во објектот. Заедничкиот простор во средината на објектот е предвиден како основна поврзувачка точка помеѓу различните работни оддели, кои во старите објекти биле превидени како посебни целини. На овој начин, архитектите успеваат да ја зголемат комуникативноста и продуктивноста на вработените. Конструкцијата на објектот е проектирана со 205 округли столбови со дијаметар од 45 сантиметри, кои се вкопани во земја дури 45 метри. Силниот фундамент на објектот е предвиден за да се заштити од земјотресни влијанија и лизгање на земјиштето. Искуството покажало дека во тој регион лизгање на земјиштето може да придонесе значителни штети, па затоа се зема предвид во сите фази од процесот на проектирање. Покрај примарните 44

ПОРТА

27 февруари 2015

функции на челичните столбови, кои се длабоко вкопани во земјата, проектантскиот тим и тимот изведувачи предвидиле дека на овој начин ќе може да се употреби геотермалната енергија од земјата. Овој план предвидувал инсталирање на 135 цевки внатре во столбовите, кои завршувале директно во машинскиот систем на објектот. Системот со цевки овозможува од земјата да се добива доволно вода за ладење и греење на просториите за да може да се исклучува еден дел од уредите за ладење и греење, со што значително се заштедува средства. Овој проект, меѓу другото, е значаен и затоа што претставува прв објект во регионот кој комбинира искористување на геотермални системи за ладење и греење со конструктивни елементи. Воедно, проектот е еден од деветте во САД, што е потврда за посветеноста на државните политики за промовирање на одржлива архитектура, за помагање на заедницата и унапредување на користењето на чиста и економски оправдана енергија. Секој аспект од проектот на објектот е дизајниран за да се создаде ефикасно и пријатно работно место со модерни и одржливи стандарди на работно место. Во исто време новиот проект го раздвижува и оживува стариот кампус кој броел неколку оштетени згради кои биле скоро неупотребливи. Со тоа не само што од корен се променија условите за работа во тој дел, туку и новите објекти многу придонесуваат за подобрување на човековата околина и драстично намалување на трошоците за нивно функционирање. n


ПОРТА


архитектура

ХОТЕЛ „ТЕАТАР“ - БИТОЛА

Tрадиционален хотел со модерен комфор

Постоечкиот објект на локацијата е урнат, а на негово место се издигнува сосема нова градба. Објектот е со дрвени масивни порти, зад чии високи камени огради се открива прекрасниот двор уреден со префинет вкус и традиционални обележја кои ја следат естетиката на објектот 46

ПОРТА

27 февруари 2015

Ивана ГРУПЧЕ, дипл.инж.арх.

Б

итола е град кој едноставно освојува. Во срцето на овој наш стар конзулски центар, силно се чувствува пулсот на историјата и шармот на старите сокаци со силуети на преубавата традиционална архитектура. Тука се мешаат старото и новото, историското и модерното, традиционалното и авангардното. Овој град гордо чекори кон иднината, чувајќи ја својата богата ризница на култура, архитектура и историја. Токму во тоа централно градско јадро, сочувано и заштитено како културно-историско подрачје, се издигнува нов репер на традиционален хотел со модерен комфор. Тоа е новиот градски хотел „Театар“, кој е

изграден во стилот на традиционалната архитектура. Проектиран од архитектот Михаел Димитровски, овој објект изникнува во чипкастото урбано милје кон крајот на 2013 година. Постоечкиот објект на локацијата е урнат а на негово место се издигнува сосема нова градба. Објектот ве пречекува широко со своите дрвени масивни порти, зад чии високи камени огради се открива прекрасниот двор уреден со префинет вкус и традиционални обележја кои ја следат естетиката на објектот. Надворешното обликување на објектот е условено од Министерството за култура Управа за културно наследство, чии препораки се следени при изградбата на објектот. Концептуално објектот е замислен како мал, семеен хотел кој со својот амбиент, услуги и флексибилност ќе одговори на современите потреби на своите клиенти. Објектот се состои од визба, приземје, кат


архитектура и поткровје. Просторот од 100 м2 во визбата, што има отворен карактер, припаѓа на „Интимен театар“ на режисерот Софија Ристевска, како прв независен приватен театар во Македонија кој функционира во сопствен простор. Истиот тој простор може тематски да се трансформира како мултифункционална сала за состаноци, банкети, предавања, концерти итн, сето тоа во склоп на ограничениот простор кој треба да одговори на бројните програмски содржини на хотелот. Приземјето го содржи чардакот на хотелот со екстензија кон холот каде е сместен хотелскиот бар. На катот и поткровјето се сместени десетте соби, секоја различна со засебен идентитет. Од нив седум се еднособни опремени со „твин“ или „дабл“ кревети, две двокреветни (со брачен кревет) и една трикреветна, или вкупен капацитет од 18-21 легло. Конструкцијата на објектот е армиранобетонска со безгреден систем. Доминира употребата на природни материјали како мимикрија на старото градителство, па така надворешните ѕидови на приземјето се изведени од речен фугиран камен кој е поставен на надворешната страна од армирано-бетонското платно. Од 

ПОРТА


нужно за оформување на логична слика за целиот објект. Во холовите е употребен локален гранит - тип Мариово. Декоративните елементи во јавните простори се изработени од дрво, следејќи ја локалната традиција. Украсните елементи на фасадата како и прозорците и вратите, исто така, се изработени од дрво, по нарачка. Подовите на дворот и чардакот се изработени од камен. Со голем сензибилитет за естетика, вметнати се декоративни предмети со етно потекло најчесто од Битола и битолскиот крај. Овој хотел како да позајмил парче од мозаикот на минатото, доловувајќи слика на вистинското богатство на нашата традицонална архитекура во еден модерен контекст на стил и живеење. 

внатрешната страна платното е обложено со гипс-картонски плочи монтирани на метална потконструкција, со поставување на термоизолација. Надворешните ѕидови на катот се изведени од керамички блок, со поставување на термоизолациона контакна фасада, обложени со гипс-картонски плочи од внатрешна страна. Сите преградни ѕидови се изведени од гипс-картонски плочи на метална потконструкција. Надворешниот лик е преточен и во внатрешноста на објектот, иако тоа не е зададено во условите од Министерството, но 48

ПОРТА

27 февруари 2015

е


Добре дојдовте во иднината на градежништвото

Сува градба - Малтери - Глет маси - Фасадни системи - Подни системи - Поплочување - Градежна хемија

Ве покануваме на Саемот на градежништво Скопје - 2015 3-7 март, хала бр.1 Ние во Кнауф верно го следиме брзото темпо на градежништвото и на Вашите нови потреби им излегуваме во пресрет со нови производи и системи. Повелете на нашиот штанд да Ви ги презентираме новитетите за поквалитетна, полесна и побрза, а сепак енергетски исплатлива градба за Вас и за идните генерации.

ПОРТА

ПОРТА ПОРТА


сообраќај

СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПАРКИРАЊЕ – ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОГЛЕД (2)

Слатко-горчлив Рубикон кој треба да се совлада Еволутивниот расчекор помеѓу бројот на возила и урбаните површини по кои тие се движат или на кои стојат го дефинира односот паркинг побарувачка – паркинг понуда. Кај динамичните современи градови, во чиј строј се исправа и Скопје, мирот помеѓу двете ривалски условености се „купува“ низ трансформација на пристапната парадигма

З

Ненад ТОНИЌ, дипломиран сообраќаен инженер

аобиколувањето на регулативниот потенцијал на паркирањето води до неколку мотиви. Објективните, со тоа и поблиските до планерскиот резон и процес, се наѕираат од класичното terra incognita непознавање на причинско-последичните зависности помеѓу стационарниот сообраќај и комплексните урбани форми и системи. Приправничкото инстистирање на псеудонаучниот норматив за минимален број на паркинг-места, ја разбива постулатната арматура на просторното планирање. Поради ригидната природа, овој минимум не е употреблив како механизам за оптимално валоризирање, користење и развивање на вредниот просторен ресурс. Перспективата како рамковна планерска ориентација, далеку го надминува неговиот еднократен хоризонт. Ниту пак неговиот скромен дострел може да изврши влијание врз идната просторна дистрибуција на урбаните функции и врз проектираните ефекти од нивното операционализирање. Ноншалантноста кон една масовна појава, која произведува сè освен неутрални урбани ефекти, добива на тој начин димензии на архидилема. На мерната скала на парадоксалноста, таа на паркирањето му обезбедува завидно висока позиција.

ХРАБРОСТ И ИСЧЕКОР Статусот на „потреба“ докажува дека паркирањето мора да се задоволи, па сегментот што авторот се обидува да го „разниша“ не е содржан во премисата дали, туку на кој начин. Бидејќи во облигативниот спој на паркирањето и неговиот припаѓачки норматив тој, наместо флексибилен бенефит за перспективно дејствување, препознава конфликт со одложено дејство. Еволутивниот расчекор помеѓу бројот на возила и урбаните површини по кои тие се движат или на кои стојат, го дефинира односот паркинг побарувачка – паркинг понуда. Кај динамичните современи градови, во чиј строј се исправа и Скопје, мирот помеѓу двете ривалски условености се „купува“ низ трансформација на пристапната парадигма. На тој 50

ПОРТА

27 февруари 2015

начин, барем дел од непријатниот баласт на потчинетост на моторниот сообраќај, ќе се ублажи во корист на концептот во кој сообраќајот зазема пофлексибилен став кон градот. Колку и да изгледа така, паркирањето не е егзактен „спорт“, чија непредвидливост може да се униформира на крилата на сегашната имплементациска општост. Подобреното ефектуирање тука веќе задира во методолошките постулати и нивната вештачки наметната недопирливост. А за тоа се потребни малку храброст и неколку „апостолски чекори“.

МЕТОДОЛОШКО ЛИБЕРАЛИЗИРАЊЕ Паркирањето не е последица на каприците на возилата, туку на дејствата на нивните возачи. Во градски услови тие дејства се ефектуираат во наменски објекти, па суштински неприкосновената зависност помеѓу


сообраќај

паркирањето и објектите, која го анулира возачот како субјективен фактор, е лесно да се детектира. Ваквиот методолошки резон ја става на проба оправданоста на минимумот во планерскиот концепт. Регулативниот потенцијал на една „потреба“, поставен на нормиран услов кој првенствено служи како алиби за градење на објекти, исклучувајќи ја потребата за активен увид во резултантните флуктуации на нивното функционирање, делува неозбилно. Секој поединечен однос локална власт – инвеститор е мал историјат на договори и условувања,

кој автоматски се ослободува од секаква пост-градежна одговорност од моментот кога тој минимум ќе се задоволи. Особено доколку истиот се покаже како просторно и финансиски неоправдан (освен „медот“ во форма на комуналии, за институционалните процедури останатите просторно-земјишни и градежно-оперативни финансиски елементи не постојат). А одговорноста, слично како и употребната вредност на паркирниот норматив, не смее да биде еднократна. Латентниот паркирен во овој случај може да прерасне во тешко решлив сообраќен проблем веќе во наредниот период. А кој може да се предупреди низ континуирано следење и моделирано балансирање на паркингпотребите на големите генератори на стационарен сообраќај. Активното одржување на функционалниот баланс помеѓу објектите, нивниот паркирен feedback и, преку него, потесното опкружување се остварува низ наслушнување на нивниот технолошки „биоритам“ и следење на, во практика нерамномерните, паркинг-потреби. Логиката на претходното го сведува суштинското планерско дејствување на ниво паркирање–објект/група на објекти/помала зона. Таквото локализирање на планерско-организацискиот третман на стационарниот сообраќај отвора можност за рамномерно распоредување на периодичните паркирни амплитуди на непосредниот, строго ограничен простор со препознатлива резерва на капацитет, а под прецизно дефинирани оперативни услови. Наметната на инвеститорот во форма на минимум, таа резерва претставува точка без повраток и можност за преиспитување. Третирана флексибилно во просторен и временски контекст станува „кредитна обврзница“ за долготрајна соработка на релација генератор (инвеститор) – регулатор (локална власт). Трансформирана во неискористен капитал добива слобода за договорно пренасочување заради амортизирање на проблемите на припаѓачката зона, кои, на пример, ги наметнува самиот генератор. И, што е посебно важно, прави продор низ лимитираниот потенцијал на деталното урбанистичко планирање во кое стационарниот сообраќај и процедурално и ефективно „слепо“ завршува. Паркинг-системот на еден град е комплексна структура од поединечни чинители, а неговата ефикасност е збирен ефект на нивните. И тоа е тоа, оној слатко-горчлив Рубикон кој треба да се совлада.  27 февруари 2015

ПОРТА

51


ПОРТА


ПОРТА


Koja e вистинската

автор: проф. арх. Петар Муличковски

54

ПОРТА

27 февруари 2015


архитектура?

автори: архитекти Жарко Чаушевски и Филип Богатинов

27 февруари 2015

ПОРТА

55


ЕДНА ПОЈАВА ВО НАША ЦРКВА КАКО ФЕНОМЕН ШТО ОСТАВА ДИЛЕМИ

„Чудо“, термофизика или... Во услови на промена на термофизичките параметри во внатрешниот амбиент на црквата, некои од материите што ги имаат истите термофизички параметри, како амбиенталната загреаност на воздухот, почнуваат да ја менуваат својата агрегатна состојба. Поради ширењето на парафинот при втечнување, доаѓа до намалување на деблината на слојот што замаглува, а и поради тоа доаѓа и до осветлување на фрескоживописот проф. д-р Стефан ПОЦЕВ

М

инатата година, јавноста во државава се занимаваше со „самоосветлувањето на фреските“ во црквата Св. Димитрија во Скопје. Тоа беше повод за расправи во јавноста, тврдења дека „Господ замешал раце“, дека „тоа било некаков знак“, дека „всушност не е ништо необично“ и слично.

56

27 февруари 2015


Табела 1. Термофизички параметри на некои парафини (5) Cp – Специфичен топлотен капацитет, J/gr 0K, Q – Кумулативна (скриена) топлина, J/gr. Тип на парафин*

До 18

46-50

52-54

58-62

62-70

70-75

T-на втечнување при загревање 0C

28 27,5

41

49

46

37

30

T- на стврднување при ладење 0C

-

43

53

60

62

75

Cp - (т.7,50C)’J/gr 0K

-

2,48

1,97

2,10

1,82

2,06

Cp- (т.800C)’J/gr 0K

-

2,76

2,10

2,49

2,17

2,34

Q - J/gr

214-290

228

220

206

201

169

*)броевите за типот на парафините во табелата се однесуваат на бројот на јагленородните атоми во хемиската формула на парафинскиот синџир.

Едни велеа едно, други друго, а беше повикана и науката. Но до денес, никој официјално не се изјасни што „чудо“ беше тоа во црквата. Поради фактот што ништо не е интервенирано на фреските во црквата, многу често истражувачите индентификацијата ја бараат преку хемиската анализа на материите, а многу ретко како некоја настаната структурна или агрегатна промена. Таквите промени се особено збунувачки кога се случуваат во нашите духовни храмови на фрескоживописот (ФЖ), како што тоа е случајот со црквата Св. Димитрија во Скопје. За утврдувањето на вистината за настанатите промени, потребно е да се знаат сите материи кои се користени во црквата и нивните можности да се трансформираат со промената на термофизичките параметри во интериерот. Во нашите духовни храмови многу одамна парафините, темјанот и некои други материи се многу употребувани. Во претходните периоди палењето на свеќи беше исклучиво внатре во црквите, а последните десетина години тоа не е дозволено. Парафините при горење на свеќата ја менуваат својата агрегатна состојба од цврста во течна. Гасовите од согорувањето заедно со капки од течен парафин, како и саѓи, се транспортираат во просторот и можат да дојдат во контакт со поладните површини како

и со ФЖ, со што настанува кондензација и замаглување. Оваа појава може да биде реверзибилна. Фрескоживописот, пак, е сочинет од различни слоеви од пигменти нанесени при живописувањето (3). Постарите храмови се живописувале главно со пигменти од метални или оксиди на металите, фино сомелени прашоци со соодветни бои. Некои термофизички својства на користените материјали Парафините се алкени и претставуваат заситени јагленоводороди со генерална формула CnH2n+2. Ако во формулите се содржат 5-15 јагленоводородни атоми, парафините се во течна состојба, а оние со над 15 јагленоводородни атоми се во цврста агрегатна состојба со точка на топење од 230 до 670C (4). Парафините се шират кога преминуваат во течна агрегатна состојба, за разлика од водата, која се шири кога замрзнува. Парафините имаат многу низок напон на пари <0,1 mmHg до температури околу 60-800C и многу малку испаруваат. Обично, класификацијата на парафините се врши според нивната чистота, рафинираност, точка на топење и сл. Од структурна гледна точка се аморфни материи, но формулите се сочинети од синџири на јагленоводороди. Парафините

се од различно потекло, но оние што денес најмнoгу користат се спореден производ при процесот на рафинирање на нафтата. Од Табелата 1, јасно се гледаат промените на температурите на втечнување и стврдување при ладење и загревање. Генерално, имаме неизедначени температури при агрегатна трансформација на тврдо/течно и обратно (на пр. парафин тип 52-54 при загревање се топи на 490C, при ладење се стврднува на 530C и сл.). Промената на специфичниот топлотен капацитет (Cp) според типовите на парафините, се менува од цврста до течна агрегатна состојба (на пр. парафините од типот 46-50 во цврста состојба при 7,50C имаат 2,48 J/gr 0K, а при течна на 800C имаат 2,76’J/gr 0K). Високата специфична топлина во споредба на течните со тврдите парафини е во согласност со високиот степен на вибрација на јагленоводородни синџири во течна агрегатна состојба и е поради потребната енергија за совладување на van der Waals-овите сили. Што е во согласност со повисоки топлотни вредности за парафините во течна, во споредба со оние во цврста агрегатна состојба. Со втечнување на парафините се зголемува неговата способност на складирање на топлина (на пр. види Табела 1, кумулативната (скриената) топлина поради агрегатната трансформација за парафините тип 18, Q е 214 -290 J/gr, а за тип 70-75, Q е 169 J/gr), што претставува додатна топлотна енергија за одржување на течната агрегатна состојба. Во Табелата 2, дадени се специфичните топлотни капацитети на другите материи заради компаративно уочување на разликите за различни материјали (6). Табела 2. Специфичен топлотен капацитет J/gr 0K Материја Бакар (Cu) Бетон Вода при 250C

J/gr 0K 0,38 0,88 4,19

Материја Парафин Злато (Au) Сребро (Ag)

J/gr 0K 2,5(срд.) 0,13 0,23

Вредности за способноста на складирање на топлината по единица маса (Q) значи акумулационен топлотен систем и е дел од топлината за да се случи феноменот на чистењето на ФЖ. Способноста на парафинот да складира повеќе топлина, се зголемува со примесите (саѓите, прашината и сл.) (7). Високиот специфичен топлотен капацитет овозможува складирање на топлина при мали температурни промени од складирање до испуштање (течно/цврсто). При понатамошното истражување на појавата беа собрани и коефициентите на топлинската проводливост (k) на материите, кои се содржат во ФЖ, за да се објасни,  27 февруари 2015

ПОРТА

57


што осветлувањето се случува кај металните пигменти. Од податоците воТабела 3, очигледна е големата разлика на коефициентите на топлинската проводливост на некои материи што се содржат во ФЖ. Разликата на (k) е за неколку стотина пати. Како на пример, коефициентот на топлинската проводливост (k) на златото (Au) е 1055 (180C) kJ/h-m-0 C, а на калциум карбонатот е 8,5 (200C) kJ/h-m-0C. Кај металите се многу повисоки вредностите за k од оние за неметалите.

Влијанието на амбиенталните услови врз осветлувањето на фрескоживописот

Генерално, промената на амбиенталната температура внатре во црквата е битниот фактор за транспортот на составните компоненти во воздухот. Гасовите при горењето на свеќите се од согорениот парафин (CO,CO2, водена пареа и топлина) и еден многу мал дел парафински пареи, како и ситни капки од течен несогорен парафин. При согорувањето на парафинот од свеќата, ако втечнатиот парафин околу фитилот количински е поголем од онаа течна фаза што се троши при согорувањето, тогаш согорените гасови заради загреаноста носат со себе и несогорен течен парафин. Во колку е потопло во интериерот на црквата, топлиот воздух и составните парно гасни компоненти можат да се транспортират до ФЖ, а некои од нив и да се кондензираат на него. Бидејќи во воздухот имаме прашина, саѓи од согорениот парафин, нешто течен парафин, водена пареа, саѓи од темјан и сл., сите овие состојки поради кондензацијата се дел од онечистувањето на површината на ФЖ. Така ФЖ по многу богослужби во црквата се замаглува од кондензираниот парафин заедно со онечистувањата од воздухот. Изгледот на осветлениот фрескоживопис Општа констатација е дека ФЖ се самоочистил само на некои делови и на некои позиции во црквата. Најголемо чистење во интериерот на црквата се јавува во просторот помеѓу вратите, близу до прозорците и сл., што е резултат на постоење на услови на проветрување. Изразито очистени површини се површините на сребрениот и златниот пигмент на ФЖ. Поради што дошло до самочистење на фрескоживописот Ако ФЖ е потопол и не доаѓа до кондензација на него (нема замаглување), тогаш имаме состојба на втечнување (топење) на тенкиот слој што е веќе кондензиран од порано на ФЖ. Во услови на промена на термофизичките параметри во внатрешниот амбиент на црквата, некои од материите што ги 58

ПОРТА

27 февруари 2015

Табела 3. Коефициенти на топлинската проводливост за некои материи, k ( kJ/h-m-0C) Материи Воздух Вода Злато (Au) Железо (Fe) Бакар (Cu) Сребро (Ag) Алуминиум (Al) Графит Парафин Калциумкарбонат Гипс Песок

Температура 0 0C 0,08 2,14 1394 1507 728 604 0,88 -

18 0C 1055 243,3 -

имаат истите термофизички параметри, како амбиенталната загреаност на воздухот, почнуваат да ја менуваат својата агрегатна состојба. Таков на пример е парафинот со ниска температура на топење (Т0C), изразита голема специфична топлина (Cp) и кумулативна (скриена) топлина ( Q) при течна состојба (Види Табели 1 и 2), како и коефициентите на топлинска проводливост (k) на пигментите за втечнување на тенкиот слој парафин на ФЖ. Поради ширењето на парафинот при втечнување, доаѓа до намалување на деблината на слојот што замаглува, а поради тоа доаѓа и до осветлување на ФЖ. Оваа појава настанува поради топлиот воздух, заедно со гасовите во внатрешноста на црквата, при што ФЖ е потопол или еднакво топол како гасовите. Поради ветреењето што ја нарушува рамтотежата на напонот на парите на гасовите и водената пара, а во согласност со Raoultовиот закон за парцијалните притисоци на пареите над материите се случува поголемо испарување и транспорт на топли гасови. Факти поради што се случила оваа појава - Ниските точки на омекнување и топење на парафинот, што ја помага појавата на осветлување да се случи како резултат на амбиенталнталната температура и

20 0C 1,55 1,17

30 0C 8,52 -

38 0C 2,26 -

100 0C 0,12 2,43 1059 228,2 1356 1482 741 542 -

климатските промени. - Способноста на парафините во течна состојба да се шират, како нивна особина. - Најчистите делови од ФЖ се слоевите на златниот и сребрениот пигмент, што е во согласност со коефициентите на топлопроводноста (види Табела 3). Површините на таквите пигменти се однесуваат како загреани површини на кои побрзо се втечнува тенкиот слој од парафинот. - Осветлувањето на ФЖ е обратен процес – реверзибилен процес од онечистувањето, ако се повторуваат соодветните термофизички параметри. - Особините на парафините да складираат топлина со втечнување, при што и се шират, а што предизвикува редукција на дебелината на замаглувањето. - Изразита активност на градба, уништувањето на зеленилото околу црквата ја потпомогна климатската промена и на објектот. - Процесот на осветлување (очистување) е многу спонтан, но приметлив на деловите од сребрениот и златниот пигмент. Појавата на втечнување на парафинот и малите димензии на ширење на парафинот при втечнување се дискретни, но и волшебни за човечкото око. 


www.fabrikakarpos.com.mk

26 декември 2014

ПОРТА

79

ПОРТА


спортски храмови

MILAN STADIUM - МИЛАНО, ИТАЛИЈА

„Росонерите“ градат свој дом Сашо КУЗМАНОВСКИ

Н

а почетокот на февруари оваа година, раководството на еден од најголемите италијански фудбалски клубови „Милан“, и официјално го претстави планот за изградба на нов стадион. Концептот развиен од страна на заедничките тимови на италијански и меѓународни докажани имиња во оваа сфера од архитектурата, предвиде изградба на стадион во рамките на еден повеќенаменски комплекс. Една од основните компоненти на која најмногу се повикуваа и сопствениците на клубот, но и жителите во околните места каде треба да се гради стадионот, е тој да биде комплетно опкружен со високо-изолациски материјал за да не се наруши животот на локалните жители. Исто така, еден од критериумите при реализација на идејниот дизајн-концепт на стадионот (кој сè уште е во развојна фаза), е новиот дом на „Росонерите“ да има капацитет од максумум 50.000 места (се претпоставува дека капацитетот ќе биде околу ФАКТИ ЗА "СоДо Арена“ - Сиетл, САД Капацитет: 18.500 места 48.000), Период на изградба: 2016 висината на Цена на изградба: 490 милиони евра објектот да не Дизајн: ХОК (360 architectures) надминува 30 Проект менаџер: Chris Hansen's Group метри и да има неколку нивоа под стадионот, кои ќе се искористат за повеќе намени. Локацијата на која ќе се гради новиот фудбалски храм на „Милан“ е во областа Фиера Милано, но сè уште се чека конечната одлука на градските власти. Ако се оди според планот, до 2018 година „Милан“ би можел да се пресели на новиот стадион, кој има планиран буџет за изградба во висина од 320 милиони евра. Љубителите на „Милан“ се изјаснија дека не сакаат футуристички дизајн, туку нешто потрадиционално кое сериозно ќе се одрази и на историјата и на менталитетот на италијанските љубители на фудбалот. Неколку развојни дизајни се презентирани, но семејството Берлускони допрва ќе го направи финалниот избор. Одлучено е дизајнот да го направи компанијата „Аруп“, која на 4 февруари беше презентирана како стратешки партнер во овој проект на ФК „Милан“. Покрај стадионот, „Аруп“ ќе разработи и план за изградба на хотел, спортски колеџ, ресторани, игралишта за деца, зелени површини и отворени простори за јавна употреба. Најавено е дека новиот стадион ќе обезбеди уникатно искуство за гледачите, со особено внимание за оние што ќе добијат најсовремена технологија и услови за следење на натпреварите. 

60

ПОРТА

27 февруари 2015


рубрика

Б

26 декември 2014

ПОРТА

39

39


eксперт

ДАНОЧНАТА ПОЛИТИКА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ АРХИТЕКТУРАТА

Даночна архитектура Несомнено е дека даночната политика отсекогаш влијаела врз архитектурата, но можеби не толку директно и изразито како во периодот од XVII до XIX век кога постоеле даноци на огништа, тапети, тула, стакло и прозорци д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)

А

рхитектурата отсекогаш била одраз на општеството и средината во која се создавала. Врз неа секогаш влијаеле климата и релјефот, локалните гео-морфолошки карактеристики, локалната флора и фауна, техничките и технолошките можности, материјалната и финансиката моќ, религијата и идологијата, политиката и владетелите, влијателните лица во општеството, креативноста и визијата на архитектот, како и многу други фактори. Веројатно еден од помалку познатите фактори е поврзан и со даночната политика и нејзиното влијание врз архитектурата. Несомнено е дека даночната политика отсекогаш влијаела врз архитектурата, но можеби не толку директно и изразито како во периодот од XVII до XIX век кога постоеле даноци на огништа, тапети, тула, стакло и прозорци. Некои од овие биле локални во рамките на една земја, додека другите биле регионални или пошироко. Сите овие даноци се форми на даноци на имот коишто постоеле во историјата.

ДАНОК НА ОГНИШТА (IX-XVII) Данокот на огништа бил распростренет и долго применуван данок на имот во одредени земји во Европа во минатото. Така, данокот на огништа (капникон -kapnikon) по првпат се споменува во рамките на Византиската империја во времето на владеењето на Никифор I (Nicephorus I) кој владеел во периодот 802 - 811 година. Данокот се наплаќал од домаќинствата без оглед на нивната финансиска моќ. Со оглед на тоа што овој данок веќе бил воспоставен во времето на Никифор I, се смета дека можеби потекнува од VII век. Данокот на oгништа (фоаж – fouage) се наплаќал и во Франција помеѓу 1342 и 1349 година, кога личните трошоци на Кралот на Франиција за мирази, благодарност, одржување на палатата, патни трошоци и облеката го трошеле севкупниот приход на кралот. Дополнително, кралските финансии не биле во можност да се справат со трошоците на војната и државните службеници, од каде произлегла потребата за дополнителни даноци во форма на данок на огништа. И во Франција проценката на данокот се вршела врз основа на домаќинставата, но вообичаено била наплаќана како еднократен износ од страна на градот, а градските власти го организирале прибирањето на данокот. Петеровиот пени (Peter’s pence, англо-саксонскиот hearth-penny или латинскиот Denarii Sancti Petri) бил „доброволен“ данок на огништа кон Римокатоличката црква, кој бил воведен од Саксоните 62

ПОРТА

27 февруари 2015

во Англија пред да се прошири во други земји. Во Англија првите пишани документи за овој данок потекнуваат од писмото на Кралот Кануте (Canute, Cnute the Great, 985 или 995-1035), кралот на Данска, Англија и Норвешка, до англисиките свештеници од 1031 година, иако постојат податоци дека форма на овој данок била наплаќана и порано во други кралства. Во Англија данокот од еден пени се наплаќал за секое огниште или домаќинство еднаш годишно, заедно со годишна наемнина од 30 или повеќе пени. Наплатата на овој данок кон Римокатоличката црква дефинитивно била укината во 1559 година од Кралицата Елизабета I (Elizabeth I, 1533-1603). Во 1871 година Папата Пие IX (Pope Pius IX) ја формализирал практиката за верниците да даваат финансиска поддршка на престолнината на папата, Ватикан, при што редовните придонеси оделе за потребите на локалната црква, а еднаш годишно Петеровиот пени одел директно за Ватикан, при што тој се собирал во денот недела кој е најблизок до 29-ти јуни. Според извештаите на Римокатоличката црква во 2006 година биле донирани над 101 милиони долари преку Петеровиот пени. Нова форма на данок на огништа - данок на оџаци бил воведен во Англија во 1662 година за финасиски да се поддржи кралското домаќинство на Кралот Чарлс II (Charles II). Данокот на огниште изнесувал два шилинга (24 пени) по огниште или печка годишно и се плаќал во две еднакви рати на 29 септември и на 25 март, и на почетокот не предвидувал даночни ослободувања, кои подоцна биле воведени за да се намали оптоварувањето на посиромашните.


eксперт квадратен јард (околу 0,84 м2) површина, за до 1809 година да се зголеми 12 пати и да стане 12 пени, односно еден шилинг, или околу 3,80 евра по квадратен јард површина според вредностите од 2015 година. Оние што не биле расположени да го плаќаат овој данок, можеле да го избегнат доколку купувале необработен тапет и потоа сами да го украсат со печати со декоративни форми. Данокот бил укинат во 1836 година.

ДАНОК НА СТАКЛО (1746-1845)

Данокот не бил популарен затоа што за да се утврди основицата за плаќање требало да се изврши увид во објектите. Обидите за избегнување на плаќање на данокот преку блокирање на оџаците било казниво со наплаќање на двојно зголемен данок. Данокот на огништа во Англија бил укинат во 1689 година, а продолжил да се наплаќа во Кралството на Ирска до почетокот на XIX век.

ДАНОК НА ПРОЗОРЦИ (XVII-XX) Данокот на прозорци бил воведен во Англија и Велс во 1696 година од Кралот Вилијам III (William III. Оргинално овој данок бил со две компоненти: фиксна која се наплаќала во износ од два шилинга по куќа, и варијабилна која зависела од бројот на над 10 прозорци во куќата. Така, еден износ се плаќал за помеѓу 10 и 20 прозорци, па за над 10 прозорци и слично. Со текот на времето, фиксниот дел на данокот бил променет за да ја земе предвид вредноста на објектот, а варијабилната основица, според бројот на прозорците, исто така се менувала со текот на времето, така што од 10 се намалила на седум за да се покачи на осум. Данокот не бил многу популарен со оглед на тоа што се сметал за данок на светло и воздух. Во Англија данокот бил укинат во 1851 година. Слични даноци постоеле во Шкотска од 1748 и во Франција помеѓу 1798 и 1926 година. Избегнувањето на плаќање на овој данок се состоело во заѕидување на прозорците или пак во правење на таканаречени „слепи прозрци“, кои биле правени со цел ѕиданата исполна во прозорскиот отвор да се замени со прозорец во некои подобри времиња или по укинување на данокот.

ДАНОК НА ТАПЕТИ (1712-1836) Се разбира, потребата од собирање на финансиски средства за карлството или државата никогаш не престануваат, туку само се менуваат. Доколку данокот на огништа влијаел на објектите преку намалување на бројот на огништа, но и преку тоа колку простории можат да се користат во текот на целата година, данокот на тапети влијаел на внатрешното уредување на објектите во земјата. Кралицата Ана (Queen Anne, 1665-1714) владеела во периодот од 1702 па се до нејзината смрт во 1714 година. Таа го започнала своето владеење како Кралица на Англија, Шкотска и Ирска, за по прогласувањето на Законите за унија (Acts of Union), преку кој кралствата на Англија и Шкотска се обединуваат во единствена суверена земја позната под името Велика Британија, на 1.5.1707 година, да стане Кралица на Велика Британија и Ирска. За време на нејзиното владеење бил воведен и данокот на тапети. Основицата на оданочување се пресметувала според површината на ѕидовите на објектот покриени со декориран, печатен или обоен тапет. Данокот на тапети бил воведен во Велика Британија во 1712 година и на почетокот изнесувал едно (пре децимален империјален) пени за секој

Неколку децении по воведувањето на данокот на тапети, во 1746 година бил воведен и данокот на стакло, во времето на владеењето на британскиот Крал Џорџ II (George II, 1683-1760), Крал на Велика Британија и Ирска. Данокот изнесувал над 300 проценти на вредноста на стаклото, кое тогаш се продавало според својата тежина. Од една страна, тоа придонело за производство на предмети од стакло кои се поделикатни, со воздушни празнини во дршките на чашите и сл. Самиот данок на стакло бил критикуван од медицинската професија, со оглед на тоа што тие сметале дека станува збор за данок на светло кој резултирал во намалување на природното осветлување во домовите, особено на посиромашните слоеви на општеството. Данокот бил укинат во 1845 година.

ДАНОК НА ТУЛА (1784-1850) Се разбира, инвентивноста на оние задолжени за прибирање на даноци е непресушна. Доколку данокот на стакло влијалел на големината на прозорците на објектите, а данокот на тапети влијаел на внатрешното уредување на објектите во Велика Британија, новиот данок резултирал во значително поголеми промени во архитектурата, градежништвото и индустријата на градежни материјали. Имено, за време на своето владеењето, Кралот Џорџ III (George III, 1738-1820), за да го помогне водењето војни во американските колонии, во 1784 година вовел данок на тула, при што се плаќал данок од четири шилинзи (48 пени) за секои 1.000 тули во еден објект. Се разбира, за да се намали даночното оптоварување, призводителите на тула почнале да ја зголемуваат големината на тулите, така што почнале да се прават тули и со големина од 28 х 12,5 х 8 см. Како резултат на ова, Владата вовела ограничување на големината на тулите од 2.500 см3 по тула. Се смета дека данокот на тула имал значителни последици врз помалите производители на тула кои не можеле да ги продадат веќе произведените количества на тула со помала или повеќе од пропишаната големина. Освен што големината на тулата влијаела врз изгледот на објектите, во доменот на архитектурата влијаела да се оди повторно кон изградба на објекти од дрвена конструкција, завршно обработени со дрвени облоги. Данокот на тула бил укинат во 1850 година, бидејќи се сметало дека негативно влије врз индустрискиот развој на земјата. Веројатно, единствена предност од ваквите даночни политики денес имаат историчарите на архитектурата, со оглед на тоа што преку карактеристиките на објектите полесно се овозможува временското датирање на објектите од градителското наследство. Доколку сте создале свое мислење за даноците од минатото, потсетете се на денешните, каде освен данокот на имот, базиран врз проценетата градежна вредност на објектот, се плаќа и данок на додадена вредност за изработениот проект, купените градежни материјали, работната рака плус данокот на приход, додадена вредност, подарок, наследство и што ли уште не. Во оваа смисла, веројатно најдобро е да се потсетиме на зборовите на бившиот претседател на САД и полимат Бенџамин Франклин (Benjamin Franklin, 1706-1790), кој во своето писмо до францускиот физичар и писател Жан Батис Лерој (Jean Baptiste Leroy) од 1789 година напишал: „Во овој свет ништо не е сигурно освен смртта и даноците“.  27 февруари 2015

ПОРТА

63


технологија

AUTODESK ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА НА ЛИЦЕНЦИРАЊЕ

Трајните лиценци заминуваат во историја Почнувајќи од први февруари следната година, новите комерцијални самостојни (standalone) апликации ќе можат да се купат единствено преку претплата, позната како Desktop Subscription програма Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.

В

ременски неограничените, односно трајните лиценци (perpetual licenses) на производите на Autodesk (AutoCAD, Revit, 3DS Max, Civil3D итн.) заминуваат во историјата. Во известувањето од 4 февруари годинава, Autodesk објави дека почнувајќи од 1 февруари следната година, новите комерцијални самостојни (standalone) апликации ќе можат да се купат единствено преку претплата, позната како Desktop Subscription програма. Во соопштението се вели: „Нашите клиенти подолго време бараа поголема флексибилност и поголема вредност од нивните софтверски инвестиции. Преминот кон претплата му овозможува на Autodesk да ги испорача и двете барања, но и унапредено корисничко искуство и полесен пристап кон пошироко портфолио на технологијата“. Ваквиот потег на Autodesk беше очекуван со оглед на тоа што претплатничката програма односно изнајмување на софтвер се нуди уште од 2013 година, а претставниците на Autodesk во неколку наврати напоменаа дека компанијата размислува за целосен премин кон претплатничко лиценцирање. За бизнис логиката поради која Autodesk се реши да ја прекине продажбата на временски неограничените лиценци, говореше Ендрју Анагност, сениор потпретседател за индустриска стратегија и маркетинг при Autodesk, во неговото излагање на Autodesk Investor's Day во октомври 2014 година. Тој посочи дека досега претплатничката програма е исклучително успешна и дека бележи исклучителен раст. Во основа, со оваа програма Autodesk сака да ја активира пасивната база на свои корисници која брои околу 2,9 милиони корисници кои купиле софтвер, но не се претплатници, т.е. не го надградуваат

64

ПОРТА

27 февруари 2015

софтверот или тоа го прават сосема инцидентно, односно нередовно. Во моментот кога Autodesk ќе прекине со продажба на временски неограничени лиценци, оваа корисничка група се очекува да се приклучи на претплатничката програма. Ако во просек еден корисник од пасивната група ѝ носи околу 240 долари годишно на Autodesk, со негово активирање тој би носел околу 310 долари годишно. Навистина охрабрувачки бројки за компанијата. Дополнително, за успехот говори и фактот што 30% од претплатничката база се нови корисници, односно корисници кои досега не купиле ниту еден софтвер на Autodesk. 51% од корисниците својата претплата ја реализирале онлајн преку Autodesk eStore, продажен канал кој станува мошне интересен за иден развој. Но што од оваа новина имаат корисниците? Да го земеме за пример AutoCAD LT 2015 како најпродаван софтвер во светот. Доколку денес се решиме истиот да го набавиме преку онлјан продавницата на Autodesk (http://www.autodesk.com/store), временски неограничената лиценца би не чинела 1.200 евра без вклучен данок (се разбира до 31 јануари 2016 година). Претплатничката програма, пак, ни нуди можност да ја користиме најновата верзија на софтверот со годишна претплата од 360 евра без данок, или пак со месечна претплата од 45 евра без

данок. Тоа значи дека со 1.200 евра колку би платиле за трајна лиценца, би го финансирале користењето на апликацијата во период од околу три години, и тоа секогаш најновата верзија. По тие три години, се претпоставува дека корисникот на трајна лиценца би ја сметал апликацијата за застарена и дека би се решил да купи нова верзија. Годишната претплата од 360 евра по лиценца е препорачана од Autodesk, како опција за лиценцирање која дава најголема вредност за корисниците. Впрочем, на месечно ниво издатокот по лиценца би изнесувал 30 евра. За компаниите каде AutoCAD LT (и останатите LT верзии) е главниот софтвер кој се користи, ваквата опција е веројатно доста прифатлива. Но ако тоа е некој друг софтвер, тогаш ситуацијата е поинаква. Корисниците на комплетниот AutoCAD ќе треба да одвојат околу 1.910 евра по лиценца годишно, корисниците на 3DS Max или Maya ќе треба да одвојат околу 1.560 евра годишно, додека корисниците на Revit LT ќе одвојат по 600 евра по лиценца годишно, сите цени се без данок и земени од е-продавницата на Autodesk за европското подрачје. Компаниите што ја чувствуваат динамиката и неизвесноста на опстојувањето на пазарот, новината ќе ја примат со олеснување. Доколку бројот на нивните вработени варира во текот на


технологија

годината, на краток или среднорочен план, менаџирањето на потребниот број на лиценци би бил строго оптимизиран според потребите. Од друга страна, доколку компанијата користи периодично и други софтвери на Autodesk, тогаш наместо да ги купува лиценците, може да се претплати на нив на месечно или пак на квартално ниво без да прави непотребни трошоци. Независните професионалци, познати како фриленсери, можеби ќе ќарат од новината претплатувајќи се на софтверот што им треба само во периодот кога ќе бидат ангажирани. Од друга страна, помалите компании и професионалци кои не се соочуваат со промени, имаат постојани клиенти и не очекуваат турбуленции на бизнис полето во иднина, веројатно ќе се почувствуваат ограбени од неможноста да се поседува трајно право на користење на софтверите за кои даваат пари. Впрочем, не е мал бројот на оние што сметаат дека обновата на софтверите е

контрапродуктивна и крајно непотребна, особено обновата на годишно ниво. Затоа во годинава што следи, односно до укинувањето на временски неограничените лиценци на први февруари 2016 година, корисниците би требало да направат анализи за утврдување на стратегијата за користење на Autodesk софтвери во иднина. При правењето на анализите треба да се земат предвид и многу надворешни фактори, како што се барањата на клиентите и регулативата, можностите на хардверот, очекуваниот раст или пад на порачките, трендовите во индустријата, развојот на технолошките добра, алтернативните софтвери итн. Со некои софтвери, како што е тоа случајот со Revit платформата и нема баш некој избор. Тимската работа во Revit побарува сите вклучени во проектот да имаат иста верзија на софтверот бидејќи Revit не поддржува зачувување на фајловите во претходен фајл

формат, каков што е случајот со форматот AutoCAD dwg. Корисниците на едукациски лиценци нема да бидат опфатени со најавените промени. Воведувањето на претплатничко лиценцирање, поточно исклучувањето на можноста да се купуваат трајни лиценци и не е нешто што се случува преку ноќ. Оние што ги следат трендовите во технологијата, свесни се за брзото темпо на развој и постојаните промени кои се случуваат небаре секојдневно. Во своето воведно обраќање на Autodesk Investor's Day 2014, извршниот директор Карл Бас се осврна на продорот на новите технологии како што се мобилната и „облак“ (cloud computing) технологија. Така, бројот на корисници на cloud-претплатата двојно се зголемил за само една година. Од нив 30% се сосема нови корисници. Сосема е можно препорачано софтверско лиценцирање во наредната деценија да биде користењето на софтвери во „облак“, а наплатата да зависи од бројот на часови на користење на апликациите. Треба да се напомене дека Autodesk не е ни првата, ни последната компанија која воведува исклучиво претплатничко лиценцирање. Можеме слободно да очекуваме дека софтверот испорачан на цд или двд ќе исчезне во блиска иднина, дека софтверската пиратерија ќе доживее тежок пораз и дека хардверот ќе стане смешно евтин во споредба со софтверот. Она што загрижува е тенденцијата на компаниите што создаваат електронска содржина, за неа да наплаќаат поединечно (или временско ограничено) користење и тоа преку онлајн сервиси достапни до милијарди луѓе на планетава. Проблематичното не е во воведувањето на претплатничкото лиценцирање, туку во исклучувањето на трајните лиценци. Проблематичното е во стремежот (и можностите) за постојано богатење на компаниите, несразмерно во однос на вложеното или пак во однос на вредноста што се испорачува. Autodesk како и многу други ИТ компании во моментов бележат рекордни вредности на нивните акции. Повеќе за прекинувањето на трајните лиценци на: http:// www.autodesk.com/products/perpetuallicenses

27 февруари 2015

ПОРТА

65


ПОРТА


ПОРТА


eкологија

КИРИЛ МИНАНОВ, ЗДРУЖЕНИЕ „ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ“

Иднината е во електромобилите, Околу исплатливоста да се вози електромобил, Минанов објаснува дека, ако едно моторно возило од 1.200 кубни сантиметри троши безоловен бензин во вредност од 500 денари на 100 километри, неговиот електричен еквивалент би потрошил 50 денари

Е

Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА дна од моралните дилеми со која се соочуваат граѓаните што се сметаат за еколошки освестени, е што од една страна не сакаат да ја загадуваат околината и се борат за нејзина заштита, а од друга, имаат потреба да возат автомобил, која не можат да ја задоволат на друг начин. Какви решенија им стојат на располагање? Можат, водени од маркетингот, да преминат на „поеколошки решенија“, како возила на безоловен бензин без сулфур, кои исто така би трошеле помалку, а со тоа и би имале помал придонес во загадувањето. Во рекламите за автомобили, горива, адитиви и други средства, често се користат термините „екологија“, „еколошки“ и слично. Но постои ли нешто еколошко во македонскиот автотранспортен систем? Во оваа смисла, дали ако нешто загадува помалку од нешто друго може да се нарече еколошко, како на пример дека безоловниот бензин е „еколошка верзија“ на обичниот бензин или тука, пред сè, се важни минималните стандарди на одржливост. Според Кирил Минанов од невладината организација „Електромобилност“, три фактори се клучни за загадувањето, и тоа индустријата, транспортот и местоположбата на средината за која говориме, на пример за Скопје. „Безоловните бензини не се еколошки. По согорувањето на јаглекарбонатите во воздухот, водата и земјата, се исфрлаат тешки јаглеродни, азотни, сулфурни и други отрови. Според тоа, на маркетиншките трикови на крупниот капитал треба да одговори државата со најрадикални мерки. Македонските граѓани треба да знаат дека „Македонија вози за да се полни буџетот“. Електричната енергија во оваа смисла е најблагородна, но производството на електрична енергија од фосилни горива ќе мора комплементарно да се заокружи со радикални еколошки стандарди“, вели Минанов.

68

ПОРТА

27 февруари 2015

Тој додава дека во македонскиот транспортен систем има мал процент еко-возила како електролокомотиви, главно како железнички транспорт. Поврзувањето на градските јадра низ цела Македонија со електротранспорт треба да биде приоритет, да се свртиме кон железницата и тоа строго електротранспорт, за што во Македонија има капацитет да се прават делови за електромобилната индустрија, како и електрични возила од различни рангови. Минанов дава објаснување дека, според бројни студии бројот на електрични возила до 2050 година ќе биде половина од вкупниот број на возила на патиштата низ светот, а до 2025 година според други постојат апроксимирани бројки дека ќе бидат произведени од 90 до 130 милиони електромотори за електрични возила. „Се работи за експоненцијална индустрија, и сметам дека е голема шансата за македонските научни и инженерски кадри од повеќе дисциплини да се покажат и докажат. Од друга страна, цената на горивата е меѓу клучните мотиви зошто луѓето би возеле електрично возило. Да не ги заборавиме батериите или другите технологии како горливи ќелии или, пак, истражувањата на графенот, што даваат надеж дека технологијата рапидно ветува дека ќе дојдеме во позицијата каде електричните возила ќе бидат секојдневие за сите. Горивото што се плаќа за изминати сто километри за возила со мотор за внатрешно согорување споредено со електромобил е десет спрема еден. Каква ќе биде ситуацијата и стратегиите за производство на нафта и деривати на светско ниво, според тоа што го читам, ќе се знае до крајот на првиот квартал од 2015-та. Тоа што ние како држава треба да мислиме е дека на секои десет години Македонија мора да инвестира од 1,5 до три

милијарди евра во енергетиката како одржливост и одговор за сопствените потреби на луѓето во државата“, објаснува Минанов. На прашањето дали малите држави со ниво на развој како Македонија имаат доволно капацитет да работат на ова поле, и дали има подобри услови за целосни производствени линии или за конверзија на постојни модели на возила, Минанов вели дека може да се прават и конверзии таа идеја да ја преземат малите електромашински работилници и сервиси, а може и да се произведуваат делови за електромобилната индустрија, најинтересни се електричните мотори, но има потенцијал и за производство на електрични возила од повеќе калибри. Што се однесува да регулативите, тој додава дека низ рацете на врвните експерти при Институтот за моторни возила и хомологација при Машинскиот факултет во Скопје, пред шест години се поминати сите закони од областа и тие се веќе важечки и синхронизирани со европските регулативи и директиви и се дел од македонското законодавство. Потребно е само формирање на кластер за електрични возила. Околу исплатливоста да се вози електромобил, Минанов објаснува дека, ако едно моторно возило од 1.200 кубни сантиметри троши безоловен бензин во вредност од 500 денари на 100 километри, неговиот електричен еквивалент би потрошил 50 денари. Значи, коефициент десет спрема еден. Но сепак, постои и скриен трошок, односно батериите што треба да се менуваат по одреден број полнења, за што Минанов се согласува дека секоја технологија има еден клучен проблем, со електровозилата тоа се батериите. „Тие се тешки, робусни и скапи, се полнат специфично, за што е


eкологија

а не во лажната екологија

битно да се земе предвид температурата како својство, а за одржувањето е потребно посебна култура. Но, темата батерии е мошне интересна за производство на ниво на Македонија, при што ако имаме производство на електровозила, ќе

треба да се размислува и за производство на обични, но и тракциски батерии и батериски модули кои би можеле да користат и за акумулирана електрична енергија за сончеви колектори, но и други апликации“, вели тој.

Сепак, управувањето електрично возило бара поголема одговорност, редовно полнење, бидејќи со едно полнење тој ги задоволува потребите најмногу за еден до два дена возење во градски услови, но Минанов вели дека има неколку мотиви зошто е ова добро, да возите електровозило кое е секси, иновативно и прогресивно и кое не загадува, полнењето не е идеолошки проблем, туку технички и треба да се остави на техничките лица тоа да го решат. „За полначката инфраструктура предлагам веднаш да се пристапи кон брзи полначи од 24, 36 и 72 киловати и кои на поединечни места на инсталација треба да бидат ДЦ полначи. Според мојата пресметка, за ова од државата во наредните пет до седум години треба да се издвојат не повеќе од пет милиони евра, но доколку тоа се истражувачки проекти произлезени од универзитетите и доколку полначката инфраструктура и апаратите ги произведеме ние тука во Македонија. Значи говориме за не повеќе од 100 полначи тактички распоредени низ територијата на Македонија, како прв бран. Вториот бран, може да почека“, ја заокружува Минанов приказната за користа од електромобилите. n

ПОРТА


совети

Соба за тројца браќа Како да ја организираме собата за нашите три деца? На катот од куќата во која живееме, поголемата просторија од 22 м2 би ја намениле за нив. И покрај тоа што собата е голема и изгледа дека има место за сѐ, ни треба вашата помош. Семејство Максимовски, Скопје

В

о секој дом кој го сметаме за комфорен, добро организиран и во кој можеме да се чувствуваме пријатно и расположено, важно е секој член од семејството да има дел кој ќе го смета за своја

територија. Добро е што поголемата просторија сте ја намениле за децата. Просторијата може да се подели на два дела. Првиот поголем дел ќе биде наменет за најстариот син. Централно покрај подолжниот ѕид се поставува кревет кој со ниска преграда ја дели собата на два дела. Преградата визуелно го дели просторот, но овозможува и удобно седење на креветот преку ден. Плакарот-мост околу вратата завршува во линија на преградата, а е доволно простран за сместување на гардеробата и постелнината за трите деца. Убаво е креветите да немаат фиоки за постелнина, туку да се подигнати од подот заради полесно одржување на хигиената. Освен креветот, делот од собата за најголемото дете има аголна маса и ноќно орманче. Во вториот дел од собата сместени се креветите на кат под агол за двете помали деца. Долж ѕидовите има полици за книги, украси, играчки и слики. Покрај креветот се поставува ноќно орманче, најубаво направено по мерка, во кое ќе се сместат сликовници и играчки. Работната маса за ученикот е во продолжение на креветот. Ваквата организација на мебелот ќе ослободи доволно простор на подот за игра. Мебелот е најдобро да се изработи од природно дрво по мерка. Покрај креветите, на работните маси поставете ламби кои ќе обезбедат доволно светлина. Инвестирајте во квалитетна постелнина од природни материјали со осмислени бои и шари. Ефектно изгледа кога креветите, завесите и мебел штофот на столчињата се од иста ткаенина со комплементарни шари. Пријатниот амбиент на собата како стимул ќе придонесе децата да го развиваат чувството за убаво, сопствените вештини, секоја работа да ја работат вдахновено, да изнаоѓаат решенија за тешкотиите и секоја вечер да заспиваат задоволни. .  Билјана Стевковска САВИЌ, дипл.инж.арх. bsavic@porta 3.com.mk

70

ПОРТА

27 февруари 2015



aрт

Изложба посветена на великанот Микеланџело Алесандро Алори -The Dream, after Michelangelo, 1578

Ив Клајн L’Esclave de Michel-Ange, 1962

В

Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

о галеријата „Бундескунстхале“ во Бон, Германија, отворена е изложба der gottliche.hommage an Michelangelo на која може да се погледнат делата на најголемите и највлијателните автори од историјата на уметноста: од Караваџо, Рафаел и Рубенс, преку Роден, Сезан и Мур, па сè до современите германски уметници како Липерц или Штрут. Цртежи, масла на платно и скулптури го покажуваат начинот на кој тие му се восхитувале на Микеланџело – и како го интерпретирале. На тој начин, творештвото на Микеланџело, погледнато со очите на различни уметници, ќе биде претставено во чудно, ново и разновидно светло. А митот за него ќе добие свој облик. „Покажуваме како Микеланџело влијаел врз другите уметници, а не него самиот“, објаснува директорот на музејот во Бон, Тајниер Волфс. Тоа е и целта на оваа изложба која би можела да биде германска изложба на годината. Во секој случај е единствена. Бидејќи толку ремек-дела - икони на историјата на уметноста - сигурно нема да можат толку брзо повторно да се видат на едно место. Музеите и фондациите, во чија сопственост се овие дела, со тешко срце се одвоиле од нив за потребите на изложбата во Бон. Меѓу нив се и многу значајни институции на класичната и модерната уметност, како што се парискиот „Лувр“, „Мома“ од Њујорк или виенската „Албертина“. Подготовките за изложбата траеле цели пет години. Изложбата е отворена на 6 февруари и ќе трае до 25 мај. 

72

ПОРТА

27 февруари 2015


aрт Кандида Höfer Accademia Firenze 2008

Вали Експорт, Кnit Madonna, 1976

Федерико Цукари Michelangelo as Moses , 1580

Караваџо John the Baptist , 1602

27 февруари 2015

ПОРТА

73


интервју

Д-Р ДРАГАНА Д. ЧИФЛИГАНЕЦ, РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖЕН СЕКТОР ВО АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ

Време е за

паметно домување n Осум години сте во „Адора инженеринг“,

период со големи промени во Вашата кариера и во развојот на компанијата. Што мислевте кога започнавте да работите и дали тогашните очекувања Ви се остварија? -Ретроспективата на мојот работен ангажман во „Адора инженеринг“ и анализите покажуваат дека во овој период компанијата оствари вистински подем, голем развој и најдобри остварувања, искачувајќи се на врвната, лидерска позиција во високоградбата во Македонија и регионот. Во 2015-та продолжуваме со нови инвестициски проекти во општина Аеродром, каде до изградените три наши објекти, започнуваме со изградба на уште четири нови станбено-деловни објекти, на атрактивна локација, на само 15 минути пешачење од главниот плоштад во метрополата. Скопската општина Аеродром е многу привлечна за купувачите, со развиената инфраструктура, сообраќајниците, јавниот превоз, модерните услови за живот и достапноста на институциите за граѓаните. Годинава започнуваме со реализација на уште еден нов проект, за изградба на голем станбено-деловен објект во поразличен стил, на влезот на општина Кисела Вода, во централното подрачје на Скопје, што е капитален инвестициски проект. Потврда за остварените цели кои си ги поставив кога дојдов во компанијата, се илјадниците наши купувачи кои, според анализите, задоволни од нас, нè препорачуваат на другите, а ќе се согласите, усмената препорака од лично искуство вреди најмногу и значи најголема доверба за компанијата. „Адора инженеринг“ последните пет години постојано е меѓу 20-те најуспешни и најбрзорастечки компании во Македонија, со бројни национални признанија и меѓународните награди. Меѓународната валоризација е потврда дека сме успеале во заложбата да ги воведеме европските стандарди во работењето и со следење и

74

ПОРТА

27 февруари 2015

примена на современите технологии и иновации да им овозможиме и на граѓаните на Македонија да домуваат безбедно, квалитетно, здраво и штедливо, што е светски тренд во изградба на зелените домови, со зелените технологии за таканареченото паметно домување. Ова беа моите предизвици, очекувања, желби и цели што си ги поставив, среќна сум што со тимот на „Адора инженеринг“ успеавме во мисијата, но секако, има уште многу простор за подобрување на работата.

n Лидер во градежниот сектор -

високоградба, меѓу најуспешните компании во Македонија, синоним за сигурен и квалитетен дом. Кој е крајниот дострел на „Адора инженеринг“? -Среќните купувачи и задоволните граѓани, за кои постоиме и работиме, се највисокиот дострел што постојано се трудиме да го достигнеме, нудејќи им дом кој го заслужуваат, а тоа е сигурниот и квалитетен дом, изграден

од градежниот бренд „Адора инженеринг“, како трајна вредност со долгорочни придобивки за многу генерации и за многу децении. Ние ги почитуваме нашите купувачи, со кои постојано негуваме директна комуникација, отворени за сите информации за детално запознавање со нашата понуда, преку едукација со која сакаме да ја зголемиме упатеноста на граѓаните за тоа што треба да знаат кога избираат нов дом, а од друга страна, радосни сме што успеавме да ги подигнеме на повисоко ниво и стандардите за квалитетно домување во Македонија. Целта на компанијата е да им понуди на купувачите повеќе од она што им следува со законските нормативи во областа на градежништвото и високоградбата, како што беше изградбата на енергетски ефикасните домови уште пред да биде тоа вклопено во македонското законодавство. Наш дострел е што почнавме како пионери во воведувањето на еко домовите, ја изградивме првата енергетска станбена зграда и ги добивме првите енергетски пасоши А-


интервју класа во Македонија, сертификат со кој и официјално се потврдува драстично намалената потрошувачка на енергија за греење и ладење и заштеда на пари, од што во ова не баш лесно време за живеење, најголеми придобивки имаат станарите и животната средина. Наша гордост е што на купувачите им обезбедуваме безбедни домови со врвна асеизмичка стабилност, докажана со вештачки земјотрес, што како прва и единствена компанија во Македонија го реализиравме заедно со реномираниот ИЗИИС. Со овие достигнувања, како препознатливи вредности на „Адора инженеринг“, ја остваруваме нашата мисија за постојани иновации во работата, според современите стандарди и европски трендови, како императив на компанијата. „Само делата се вистина“ - веќе 13 години одѕвонува ова мото. Се потврдува ли тоа во практиката или има и нешто друго што е вистина? n Мотото Само делата се вистина, под кое растеше „Адора инженеринг“, како животно мото на сопственикот и генерален директор проф. д-р Ванчо Чифлиагнец, се потврдува секојдневно, зошто делата зборуваат сами за себе, и многу повеќе им се верува отколку на зборовите. За ова сведочат преку 30-те објекти кои ги изградивме со 1.600 станови, како и вредните донации за заедницата, двете саат кули во Ѓорче Петров во Скопје и Струмица, фонтаната Македонија во Кисела Вода, православниот храм Св. Јован Крстител на кејот на реката Вардар, во општина Аеродром во Скопје, и спомен-обележјето Фаќач на крст, симбол на Богојавленската традиција на брегот на Охридско Езеро, во древниот Охрид, како светско наследство, под заштита на УНЕСКО. Вистина се делата што ги градиме и кои остануваат за идните генерации, вистина се домовите во кои живеат илјадници семејства во Скопје, Охрид и Струмица, кои во овие домови растат, се радуваат и нижат успеси, кои ние ги

доживуваме како едно големо и топло семејство наречено „Адора инженеринг“.

генерации, поради што сметам дека градителството во Македонија има добра иднина.

За вредностите на „Адора инженеринг“ многу е зборувано и тие се препознатливи. Дали подготвувате нешто ново, некоја нова вредност по која ќе ве препознаваме во иднина? n Еден од императивите што секогаш нè води напред е поставувањето повисоки цели во работата за остварување нови вредности, како што е проектирањето и изградбата на паметните домови, со посветена работа, иновативност, упорност и храбро прифаќање нови предизвици. „Адора инженеринг“ постојано подготвува нешто ново, како во областа на градежништвото и високоградбата, така и во други бизнис дејности, за што е потребна отвореност, но пред сѐ опсежна анализа, истражувања и планирање. Нашите идни активности ќе бидат втемелени на долгогодишното искуство и визионерството на менаџментот, како и на следењето на потребите на современиот човек во новото време на живеење.

Како носител на продажбата и на маркетингот, можете ли да ни кажете како оди продажбата на становите изградени од „Адора инженеринг“. Колку станови продадовте со вашиот тим заедно во минатата година и дали е полесно да се изгради или продаде еден стан? n Со продадени 302 станови, минатата година е остварена рекордна продажба во 13годишното постоење на градежната компанија „Адора инженеринг“. Ланскиот биланс на продажба е за 11 % повисок од продадените станови во 2013 година, што е потврда за постојаниот нагорен тренд со кој „Адора инженеринг“ се развива секоја година. Зад овие резултати во продажбата стои професионален менаџерски тим со висока стручност во областа на недвижностите и продажбата, како и професионалците во маркетингот и комуникациите со купувачите и јавноста, кои се трудат понудата на станови и деловни простории да ја направат подостапна и попривлечна за купувачите. Се разбира дека за да се продаде и промовира еден вреден производ како стан, тој прво мора да се проектира, да се инвестира и да се изведе проектот, за што се потребни искусни архитекти-проектанти, стручњаци за недвижности, градежни, електро, машински инженери и геолози, економисти, правници и други профили и најмногу вредни и искусни градители. Секој си го има своето место и заслуги за изградбата на еден убав и квалитетен дом, важно е добро да функционира секоја алка во овој синџир и затоа не може да се каже што е полесно или потешко, дали да се изгради или продаде еден стан. Уште повеќе зашто нашата филозофија е да изградиме паметни домови, во кои се чувствува љубовта, посветеноста, енергијата и грижата на градителите. n

Во која насока ќе се оди во градителството во Македонија? n Конкуренцијата во македонското градителство резултира со селектирање на добрите, квалитетни и успешни компании, кои се издвоија со сериозниот професионален пристап во работата и квалитетот што го нудат во современите градби. Наша проценка е дека единствено компаниите што ќе се истакнат со брза, квалитетна и стандардизирана градба, ќе опстанат и ќе просперираат на македонскиот пазар на недвижности, од што корист ќе има македонската економија, а најмногу граѓаните. Во услови кога секојдневно се менува амбиентот во кој живееме и работиме, кога за ништо нема гаранција, градежниот сектор и недвижностите се најсигурна инвестиција и најцврст влог на граѓаните, од што корист имаат повеќе

ПОРТА

75


хортикултура

Вилите на езерото Комо Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.

Н

а бреговите на езерото Комо од далечното минато па до денденес се наоѓаат елитни вили со пространи градини, најчесто изградени во каскадна форма поради конфигурацијата на теренот, украсени со медитерански и егзотични видови на растенија и скулптури. Во периодот помеѓу XVI и XVIII век, голем број на племенити фамилии од близината на Милан, започнуваат со изградба на летни престојувалишта на брегот од езерото. Освен во минатото, и ден-денес предизвик за голем број светски познати личности е да поседуваат имот на езерото Комо.

ВИЛА СЕРБЕЛОНИ Изградена во 1605 година, оваа вила се наоѓа на највисокото место во Белаџио. Припаѓа на фондацијата Рокфелер и служи за одржување на конференции и студии. Големиот парк, составен од речиси 18 км патеки, кој ја краси оваа вила е отворен за јавноста од април до октомври. Во него може да се сретнат голем број медитерански видови, како медитеранскиот чемрес (Cupressus sempervirens), маслинки (Olea sp.) солитерно насадени, како и жива ограда, најчесто искроена во геометриски стил, во форма на лавиринти, а внатрешноста исполнета со цветни видови. Поради местоположбата, погледот кон езерото од градината на оваа вила претставува посебно доживување и неповторлива убавина. 76

ПОРТА

27 февруари 2015

ВИЛА БАЛБИАНЕЛО На врвот од ’ртот Лено, се наоѓа импозантната Вила Балбианело, која е изградена во 1700 година по наредба на кардиналот Дурини. Денес оваа вила е во сопственост на ФАИ. Таа ја има една од најубавите позиции на езерото, која дава прекрасен панорамски поглед. На најгорниот кат од имотот се наоѓа музеј за изложување на уметнички дела. Градината ја карактеризираат тераси и балустради кои ја следат линијата на нерамниот терен збогатен со стрмни карпи.


ВИЛА МЕЛЦИ Оваа вила е изградена од кнезот Франческо Мелци, и до ден-денес е во приватна сопственост. Потписник на ова дело е архитектот Албертоли. Изведбата започнала во 1808 а во 1810 година била отворена за посетители. Градината е во форма на каскади, збогатена со тропски егзотични видови и непроценливи скулптури. Во кругот на вилата има и фамилијарна капела која е отворена за посетители.

ВИЛА КАРЛОТА Ова ремек-дело е изградено во 1600 година по нарачка на фамилијата Клеричи. Подоцна имотот е префрлен во сопственост на принцезата Маријана од Холандија, која вилата и ја поклонува на својата ќерка Карлота како свадбен подарок. Во градината на оваа вила можат да се сретнат најразлични растителни видови од речиси целиот свет: цитруси, камелии, палми, колекции од бамбусови видови и слично. Градината има посебна убавина во периодот април - мај кога расцветуваат околу 150 видови на азалеите што ја красат градината. ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.