236

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

236

СЕПТЕМВРИ 2015

Дубравка Бјеговиќ: Идните генерации ќе оценат дали сме направиле квалитативни промени Со панорамски трамвај до Цареви кули Осум станици се премалку за сите валканици


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


Тел: 047 225353 /047 225354 e-mail: kobil@t-home.mk web: www.kobil.biz

години

l

l l l l

ПОРТА

Брза и квалитетна изведба на челични конструкции и покривачки работи за индустриски и стамбени објекти Изведба на типски објекти Продажба и монтажа на термоизолациони панели со полиуретанска изолација и минерална волна Изработка на најразлични видови метални производи Логистички услуги со автодигалки


ГОДИНА XI

БРОЈ 236 ПЕТОК 25.09.2015 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Секоја втора година почетокот на октомври е „резервиран“ од страна на Друштвото на градежни конструктори на Македонија за одржување на големата меѓународна конференција. Токму тој настан е повод да ви ја претставиме Дубравка Бјеговиќ, професор на Градежниот факултет при Универзитетот во Загреб, која ќе биде една од главните гости на конференцијата. Станува збор за научник, истражувач и педагог со големо искуство, познат и далеку од границите на нејзината Хрватска. Со само 30 години искуство во изградбата и во одржувањето пречистителни станици за отпадните води, на Македонија ѝ останува да изоди уште многу долг пат за целосно да ги заштити водотеците, езерата, вештачките акумулации и природата воопшто, од штетното влијание на човековите активности. Но, осум пречистителни станици се премалку за сите валканици. Веќе подолго време во општината Ѓорче Петров на самиот кружен тек, од десната страна движејќи се кон излезот на градот, се гради новата зграда на бизнис центарот „Емпорио“. Се очекува тој да стане ново секојдневно собиралиште на жителите од населбата. Станува збор за објект со кој, поврзувајќи ја содржината

со неговиот архитектонскиот израз, архитектите од ДСЦ успеале да доловат целосно доживување, она што не може да се изрази во квадратни метри и сувопарни бројки. Пресложен како целина, градот Скопје може до некаде да си го дозволи луксузот на „локалните“ сообраќајни решенија да им доделува повисоки „еполети“. Но само оние „генералските“ се носители на квалитативниот екслузивитет „од целината – за целината“. Институционалното расположение и сообраќајноинженерската снаодливост се вистинските носители на одлуката со кој квалитет (ќе) патуваме низ главниот град и колку тоа (ќе) нè чини. Помеѓу кои постои врзно ткиво од, на моменти, зачудувачки површна перцепција на некои стратешки решенија кои веќе „грепкаат“ за поконкретна артикулација. Во минатиот број на „Порта 3“ пишувавме за археолошкиот локалитет Цареви кули кај Струмица. Во овој број ви претствуваме едно решение на панорамски трамвај до кулите. Со транспортниот систем се предвидува на релативно кратко растојание од 200-300 метри да се овозможи брз и еколошки подобен пристап до историските ископини.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

236

СЕПТЕМВРИ 2015

Дубравка Бјеговиќ: Идните генерации ќе оценат дали сме направиле квалитативни промени Со панорамски трамвај до Цареви кули Осум станици се премалку за сите валканици

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ

лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

ИНФО 6 НЕОПХОДНА УРГЕНТНА САНАЦИЈА НА НЕКОИ БРАНИ

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ГРАДЕЖНИШТВО 8

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

ДУБРАВКА БЈЕГОВИЌ: ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ЌЕ ОЦЕНАТ КАКВИ ПРОМЕНИ СМЕ НАПРАВИЛЕ

ГРАДЕЖНИШТВО 18 СО ПАНОРАМСКИ ТРАМВАЈ ДО ЦАРЕВИ КУЛИ

38

Печати:

48

АРХИТЕКТУРА 26

Маркетинг:

54

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

НОВИОТ КОЛOСЕУМ НА ВЕЧНИОТ ГРАД

АРХИТЕКТУРА 34

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

НОВО СЕКОЈДНЕВНО СОБИРАЛИШТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

УРБАНИЗАМ 42 ЦИРИХ-ЗАПАД: ОД ИНДУСТРИСКА ДО ЛУКСУЗНА ОБЛАСТ

ЕНТЕРИЕР 54 КНИГА + МАСА + ПРОСТОР = КАНЦЕЛАРИЈА

ЕКОЛОГИЈА 62 ОСУМ СТАНИЦИ СЕ ПРЕМАЛКУ ЗА СИТЕ ВАЛКАНИЦИ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Кате АНТЕВСКА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ

66

74

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

КОНФЕРЕНЦИЈА - СОСТОЈБАТА СО ВОДОСТОПАНСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА

Неопходна ургентна санација на некои брани Секогаш треба да се има предвид дека, поради активниот однос на браните со водата, ако бидат запоставени, тие стануваат многу ранливи конструкции и за само неколку години се јавуваат огромни оштетувања

Работна сесија на конференцијата, Градежен факултет, Скопје, 18.9.2015 проф. д-р Љупчо ПЕТКОВСКИ , Градежен факултет – Скопје

С

поред сегашната состојба на големите брани во државава, може да се констатира дека за дел од нив е неопходна санација во идниот период, но потребни се и други мерки и активности, сè со цел да се гарантира безбедност во нивната близина со разумен прифатлив ризик. Ова беше констатирано на Меѓународната 6

ПОРТА

25 септември 2015

конференција што се одржа во Скопје во организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ или MACOLD), под мотото „Состојбата со водостопанската инфраструктура“. Конференцијата ја отвори професор Љупчо Петковски, претседател на ЗМКГБ, кој ја искористи можноста да ги поздрави учесниците на неа. Ним им се обрати Нурхан Изаири, министер за ЖСПП во Влада на РМ, кој го истакна значењето на изградените брани во Македонија, како и потребата од нивен мониторинг и

навремената санација на детектираните оштетувања. Пригодно обраќање до учесниците на Советувањето со посакување на успешна и плодотворна работа имаа традиционалните поддржувачи на манифестациите организирани од ЗМКГБ, професор Дарко Мославац, декан на Градежниот факултет во Скопје и Блашко Димитров, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р. Македонија. За Конференцијата на тема „Состојбата со водостопанската инфраструктура“ пристигнаа поголем број реферати, од кои


инфо 18 се прифатени од Меѓународениот редакциски одбор и се отпечатени во Зборникот посветен на Конференцијата. Рефератите се на македонски и на англиски јазик, а се подготвени од експерти од Македонија, Словенија, Бугарија, Хрватска и Косово. На Конференцијата, на која присуствуваа околу 90 учесници, во четири работни сесии, имаше успешни презентации и интересни дискусии по рефератите. Сето тоа овозможи размена на искуство и знаење, особено значајно за помладите кадри од водостопанската и хидротехничката фела, што претставува основна мисија на ваквите настани. Посебен интерес предизвикаа темите за географски информационен систем на езерата во Македонија, проектирањето на хидроцентралите на реката Сава, Словенија, што може да се имплементира во енергетски развој на Вардарската долина, методологијата за оскултација на бетонски брани, однесувањето на малите брани при поплавите во Бугарија, како и други теми, од практични примери за рехабилитација на реки, санација на свлечишта кај доводни канали и планирање на хидроенергетски објекти во состав на изградени системи со акумулации до софистицирани статички анализи на брани со примена на спојни елементи. Учесниците на конференцијата се запознаа со хидротехнички проблеми кои

во голема мерка се слични во балканскиот регион, како и потребата од воведување на „технички пасош“ за секоја брана и избегнување на кој било облик на непрофесионализам при изработка на документација поврзана со браните или управување со хидросистемите. Покрај теорискиот дел на Конференцијата, успешно беше спроведен и практичен дел, со стручна посета на хидројазелот Св.Петка. Од страна на работниот тим на ЕЛЕМ, Подружница ХЕС Треска, беа презентирани основните податоци на хидројазелот, детали од изведбата и проблеми со технологијата на бетонот, како и параметри од почетниот период на користењето на браната со придружните објекти и хидроцентралата. Според прегледот од 2014 година за општата состојба на браните и придружните објекти во Република Македонија, околу 20% од постојните значајни брани се во незавидна сигурносна состојба. Според приоритетот за санација, за околу 11% од изградените брани, оштетувањата се од таков карактер што е неопходна ургентна санација, а за околу 27% постојат недостатоци кои не би требало да се толерираат на подолг рок. Оваа Конференција беше потребна за сите што се инволвирани во хидротехниката и водостопанството, сè со цел да се подигне прагот на одговорноста кон

изградените брани. Големите брани или браните од посебен интерес за државата имаат огромно значење за Република Македонија. Овие брани, од една страна, се клучни објекти на водостопанството, а од друга страна се градежни објекти со најголема потенцијална опасност за низводната речна долина. Затоа, очекувањата, како на јавноста така и на хидротехничката фела, се големите брани постојано да бидат во одлична кондиција. Ако се следи хронологијата на изградбата на брани во РМ, може да се забележи дека 2/3 од изградените големи брани во РМ се постари од три децении. Меѓутоа, не би требало да се извлече погрешен заклучок дека нашите брани се доста стари и дека бројните и скапи санациски работи во идниот период се неминовност. Имено, браните се исклучително цврсти и трајни градежни објекти, односно безвременски конструкции, секако доколку постојано се грижиме за нив. Секогаш треба да имаме предвид дека, поради активниот однос на браните со водата (филтрација и променлив хидростатски товар од осцилациите на водното ниво), ако бидат запоставени (без оскултација и навремена санација), тие стануваат многу ранливи конструкции и за многу кус временски период (за само неколку години) се јавуваат огромни оштетувања. n

Стручна посета на брана Св. Петка, ЕЛЕМ, Подружница ХЕС Треска, 19.9.2015 25 септември 2015

ПОРТА

7


градежништво

ДУБРАВКА БЈЕГОВИЌ, ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЗАГРЕБ

Идните генерации ќе оценат дали сме направиле квалитативни промени

Мислам дека скоро сите млади луѓе се позитивни во своите ставови, но опкружувањето во кое денес живееме и создаваме се променило и постојано се менува, и тие приспособувања не се лесни. Затоа, оцената за сегашната генерација да ја оставиме за некое друго време, со надеж во целокупната благосостојба. 8

ПОРТА

25 септември 2015


градежништво Мостот на Паг

Мостот на Крк

И

нститутот за градежништво во Загреб долги години соработува со колегите во Македонија, а професорката Дубравка Бјеговиќ како нивен главен репрезент активно се вклучува во заедничките активности на конференциите што ги организира Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Kако плод на долгогодишната соработка е Спогодбата потпишана во 2012 година помеѓу Градежниот факултет во Скопје и Градежниот факултет во Загреб. Во пресрет на 16. Меѓународен симпозиум на ДГКМ, ја замоливме професорката

Бјеговиќ да сподели дел од своите искуства со читателите на „Порта 3“. Морам да нагласам дека имав среќа да завршам факултет во времето кога започнуваше интензивна изградба на бившата држава, како во областа на инфраструктурните објекти така и во индустриските постројки, а сите тие се такви конструкции каде младите инженери можат многу да научат. Би сакала, во оваа пригода да ги споменам истакнатите имиња на тогашното конструкторство, со кои имав среќа да работам, инженерот Илија Стојадиновиќ и професорот Станко Шрам, вработени во „Мостоградња“, зад кои останаа неколку светски значајни мостовски конструкции. Во текот на образованието, на мојата идна кариера влијаеја неколку професори, меѓу кои сакам да ги истакнам професорите Златко Костренчиќ и Круно Тонковиќ од Градежниот факултет во Загреб и професорот Згага од факултетот за машинство и бродограбда во Загреб, и тоа

не само заради извонредните предавања туку и заради нивниот однос кон студентите и нивната грижа за нив не само во текот на студиите туку и нивното следење на кариерите на бившите студенти. Нивното несебично залагање за сè она што води кон напредување во струката и науката остави трага и на моето однесување во текот на работата. Во подготвителниот период за влез во европската заедница, Хрватска требаше да го приспособи својот образовен систем во т.н. Болоњски систем. Болоњскиот процес во Европа бараше и кај нас наставата да се приспособи кон тој процес, што доведе до многу промени во начинот на изведување на наставата без претходна проверка дали има услови за спроведување на наставата според барањата за работа со мали групи студенти со постојан ангажман како на студентите така и на наставниот кадар. Добрите идеи, без претходна подготовка, честопати не даваат  25 септември 2015

ПОРТА

9


градежништво

Врвен научник и педагог Стадион Шалата

П

рофесорката Дубравка Бјеговиќ е едно од ретките имиња на просторите од поранешната држава Југославија, која постигна врвни резултати, научни и педагошки, како во Хрватска така и на меѓународен план. Во својата кариера таа вршела значајни функции како на Универзитетот така и во научни институции. Била декан на Градежниот факултет, директор на Заводот за материјали, претседател на научниот одбор во Институтот за градежништво на Хрватска и др. Таа е член на многу хрватски и меѓународни асоцијации, а активно учествува во работата на Научниот одбор за сообраќај при Хрватската академија за наука и уметност, секретар е на одделот за градежништво и геодезија при истата академија, а учествува во работата на EFC (European FederationofCorrosion) и е член на работната група EFCWP 11CorrosioninConcrete (од 2066 година).

Стадион Максимир

Бјеговиќ работела на национално ново во многу истражувачки проекти поврзани со новите материјали во градежништвото, нивниот развој и заштитата на системите за бетонски конструкции, како и проектот за огноотпорни тунелски елементи и др. На меѓународно ниво, таа била координатор на проектот FIRETUNNEL,FIRECON – Огноотпорен бетон направен од згура од челичната индустрија, во рамките на програмата на ЕУ – ЕУРЕКА. Професорката Бјеговиќ, исто така е координатор и активно работи во низа хрватски и меѓународни проекти од областите на градежниот отпад, рехабилитацијата на автопати, звучните бариери, 10

ПОРТА

25 септември 2015

тестирање на армиран бетон во морска околина, испитување на фасади при пожари, вентилирани фасади, користење на разни компоненти во бетонот. Во наставата според Болоњскиот систем држи предмети на додипломски и дипломски студии по технологии на бетонот, трајност на конструктивните материјали, технологија на санации и зајакнување и заштита од пожари. На постдипломските студии таа е раководител на постдипломските специјалистички студии за Пожарно инженерство, кои ги воведе во соработка со повеќе сродни факултети од Хрватска и со гости- професори, меѓу кои и професорката Мери Цветковска од Градежниот факултет во Скопје. Во областа на стручната дејност, како раководител на


градежништво

фабрика за ѓубриво во Кутина лабораторијата за бетон во Заводот за бетонски и ѕидани конструкции ИГХ во Загреб, нејзините главни активности биле сите испитувања од подрачјето на бетонот и компонентите на бетонот; потоа како раководител на лабораторијата за врзива и корозија на материјали, главните активности биле истражувања во областа на врзивата, истражувања во областа на трајност на градежните материјали на база на минерални врзива, истражувачки работи на конструкции (мостови Паг, Шибеник, Крк, поморски објекти, пристаништа, проекти за заштита на армиранобетонски конструкции), проекти за санации (мост Крк), консалтинг и надзор во изведба на армирано-бетонски и санациски работи на спортски објекти: СРЦ Шалата (со активно учество на инженерски тим и со примена на материјали од Адинг), стадион Максимир, трговски центар Importane галерија, фабрика за ѓубриво во Кутина и др. Од сето погоре кажано, може да се заклучи дека подрачје на главен интерес на професорката Бјеговиќ е развој на нови градежни материјали, трајност и одржливост на конструкциските градежни материјали и конструкции, и пожарно инженерство. Сето тоа со денешната терминологија би можело да се класифицира како подрачје на одржлива градба. Како автор или коавтор, професорката Бјеговиќ објавила две книги, три учебници и скрипти, 16 поглавја во книги и повеќе од 300 научни трудови.

Иновативна употреба на гумени компоненти во бетонски елементи

очекувани резултати. Слично се случи и кај нас, со примената на Болоњскиот процес, така што нашата градежна оператива не ги препознава таканаречените првостепенци, односно инженери кои завршиле прв степен (три години) на образование и многу ретко ги вработува. Заради тоа, скоро сите студенти продолжуваат да го студираат вториот степен и добиваат титула магистер која е изедначена со некогашната магистер на науки. За жал, тоа не е споредливо. Лично сметам дека, речиси сите млади луѓе се позитивни во своите ставови, но опкружувањето во кое денес живееме и создаваме се променило и постојано се менува, и тие приспособувања не се лесни.Затоа, оценката за сегашните генерации да ја оставиме за некое друго време, со надеж во целокупната благосостојба. Сепак, треба да се истакнат и добрите страни на тие промени во наставниот план, на чија основа е формиран и Заводот за материјали, по примерот на некои европски факултети (ETH Zürich, Stuttgart i dr.); смерот Материјали во градежништвото, со намера да се пробуди знаењето кај студентите за материјалите, нивното однесување во конструкцијата какo и можноста за оценка на состојбата на конструкцијата и нејзината евентуална потребна санација. Во тој контекст, студентите добија низа обемни предмети кои досега биле во многу мал опфат, на пр. Физика на згради, или воопшто не се слушале на Градежниот факултет, како на пр. Управување со квалитет, Теорија и технологија на санации или Заштита од пожари. Со новата програма се настојува на студентот да му се приближи она што е сега актуелно во градежништвото, а тоа е подобрување на зградите во поглед на термичката ефикасност која е поврзана со опасноста од пожар кај високите објекти. Имено, честопати високите објекти заради термичката ефикасност се обложуваат со запаливи изолации кои во случај на пожар можат да нанесат многу големи штети, како материјални така и по здравјето на луѓето, па дури и жртви на смрт. Токму тоа беше една од причините за воведување на Специјалистички последипломски студии на Пожарно инженерство, исто така во склоп на Заводот за материјали. Исто така, со новата програма се настојува да се даде знаење и за одржување на станбениот фонд, но и за инфраструктурните објекти. Имено, во текот на некогашните студии ги научивме студентите добро да проектираат  25 септември 2015

ПОРТА

11


Јавно испитување на однесување на фасадите во случај на пожар

и изведуваат, а она што недостасуваше во целокупното градителство, тоа е спознанието дека наследството треба и да се зачува со процес на одржување. Идните генерации ќе оценат дали сме направиле квалитативна промена. Но таа промена не

зависи само од стекнатото знаење туку и од расположливите финансии за извршување на таа работа, па би се осмелила да кажам дека на пр. за историски објекти кои треба да се зачуваат, потребни се средства од

општествената заедница. Дали ги имаме? Колку и кога можеме да ги ангажираме? Тоа се прашања вон моето дејствување. За сите промени и новини треба да се оствари голем ангажман, не на поединец туку на сите, а јас тоа го имам во Заводот за материјали на Градежниот факултет при универзитетот во Загреб. Имам среќа да работам со млади луѓе кои имаат многу знаење, ентузијазам и волја за работа, и кои ќе донесат унапредување во науката и струката, а тоа и мене како најстар член на Заводот ми дава снага и волја за работа со нив, не гледајќи колкав ангажман тоа бара. Но она што е уште поважно, е потпората што ја добивам од своето семејство, особено од сопругот кој секогаш ме поддржуваше и поттикнуваше. n Редакција на Порта 3

26 декември 2014

12

ПОРТА

25 септември 2015

ПОРТА

39


ПОРТА


градежништво

ПРИЧИНИ ЗА МАЛА ТРАЈНОСТ НА ДИЛАТАЦИОНИ СИСТЕМИ НА МОСТОВИ

Помирување со стварноста Досега ниеден проблем поврзан со обработка на дилатациони фуги на стара подлога (санација), или нова подлога (нови објекти) не е решен со унифицирани системи. Мора да се придржуваме кон модифицирање на систематскиот систем на дилатационите фуги, да го приспособиме спрема разните услови на разни географски локалитети. Најпродуктивен начин за надминување на проблемот е практичното искуство, создадено преку негативни и позитивни резултати.

Оштетувања на подвижни лежишта од челичен мост

Оштетување на належна попречна греда од масивен столб

Јасминка МИЛАНОВСКА, дипл.инж.град. Лидија ТАСЕВСКА

П

роблемот за краток, функционален период на досегашните системи за обработка на дилатациони фуги е присутен на целиот светски пазар. Основна причина за проблемот е што, подготвените системи не се во состојба сто насто успешно да се приспособат кон сите климатски услови, кон сите конструктивни системи и на секаква состојба на подлогата. До сега, ниеден предложен дилатационен систем, не го издржал целиот функционален период на мостот. Досега ниеден проблем поврзан со обработка на дилатациони фуги на стара подлога (санација), или нова подлога ( нови 14

ПОРТА

25 септември 2015

објекти) не е решен со унифицирани системи. Мора да се придржуваме кон модифицирање на систематскиот систем на дилатационите фуги, да го приспособиме спрема разните услови на разни географски локалитети. Најпродуктивен начин за надминување на проблемот е практичното искуство, создадено преку негативни и позитивни резултати. Искуствените резултати се база за формирање на правец кон избор на нова модифицирана идеја, која преку анализа, измена и дополнување на дел од постојниот недоволно успешен систем, ќе го надмине делумно или целосно проблемот. Секој проблем е проблем сам за себе. Тој се надминува со детална анализа за причините што придонеле за негово создавање.

ФУНКЦИЈА НА ДИЛАТАЦИОНАТА ФУГА

Самиот збор дилатација означува континуирано движење. Движењето е во функција на температурни промени, сообраќајно оптоварување, смолкнување или движење на почвата, ветер, итн. Движењето е во сите правци подолжно, попречно, вертикално, а во зависност од формата на конструкцијата и торзионо. Покрај движечките услови, дилатацијата кај мостовите е изложена и на механички оптоварувања. Таа треба да биде приспособена, оптоварувањата да ги прими од сообраќајот, да ги пренесе и предаде на мостовската конструкција без нејзино оштетување.


градежништво

Оштетување на крило и чело на масивен столб

Оштетување во зона на дилатација проследена со корозија на арматура

ɫɤɪɢɟɧɢ ɚɫɮɚɥɬɧɚ ɩɨɞɥɨɝɚ ɒɢɧɢ ɨɞ ɝɭɦɟɧ ɟɥɟɦɟɧɬ Ɂɚɰɜɪɫɬɟɧɢ ɟɥɚɫɬɨɦɟɪɢ ȿɥɚɫɬɨɦɟɪɢ ɜɨ ɲɢɧɢ Ɏɭɝɚ ɱɟɲɟɥ ɩɪɟɨɞɧɚ ɬɪɚɤɚ

Ɉɡɧɚɤɚ L M H * ** N/A

M L

Ɇ

L* L L* L

H M H

L* L L* L

N/A N/A N/A

L* L L* L*

L

M

L L

L L L L

L L

L L L L

Ʌɟɝɟɧɞɚ Ɂɧɚɱɟʃɟ ɧɢɫɤɨ ɫɪɟɞɧɨ ɜɢɫɨɤɨ ɩɪɚɜɢɥɧɨ ɩɪɨɟɤɬɢɪɚɧɚ ɮɭɝɚ ɩɪɚɜɢɥɟɧ ɬɢɩ ɧɚ ɩɪɢɰɜɪɫɬɭɜɚʃɟ ɧɟ ɩɨɫɬɨɢ

H L M

M L M M

L L L

L L L L

M L L

L L L L

H M M

M L M M

L L** L

M L L L

M L** M

M L L M

Ɉɩɬɟɪɟɬɭɜɚʃɟ ɧɚ ɨɫɨɜɢɧɚ N 1

H M** H

H M M H

L L** L

L L L L

M L** M

L L L M

H

MH

MH

MH

L

M

H

M**

LM

MH

MH

L

L

M H

H

M

L

L

M

L

LM

LM

H

H

L

MH

H

H

L

MH

M

H

M

H

H

H

H

H

H

M

MH

LM

MH

L

MH

MH

N/A

M

MH

LM

MH

L

L

L

L

MH

M

MH

H

L

M

H

L

H

Со досегашниот потценувачки третман поврзан со улогата на дилатационата фуга кај мостовите од страна на инвеститорите (одржувачи), проектантите (креатори) и изведувачите (реализатори), создадени се услови за забрзано оштетување на мостовските конструкции и потконструкции. Според податоци од многу светски институции, кои извршиле анализи на функционирање на разни дилатациони системи во различни изведбени и експлоатациони услови, како и искуството на стручниот тим од „Синтек специфик“,

L L

L

L

H

H

L

MH

L L

L L

Ʌɟɩɟʃɟ ɢ ɩɪɢɰɜɪɫɬɭɜɚʃɟ

Ɏɪɟɤɮɟɧɰɢʁɚ ɤɨɥɨɜɨɡ ɬɪɚɤɚ

ȼɟɪɬɢɤɚɥɚ

ɉɪɢɩɪɟɦɚ ɧɚ ɬɟɪɟɧ ɢ ɫɬɪɭɱɧɨɫɬ

ɏɨɪɢɡɨɧɬɚɥɚ

ɂɧɫɬɚɥɚɰɢɨɧɚ ɬɟɦɩɟɪɚɬɭɪɚ

Ɋɚɫɩɚɼɚʃɟ ɢ ɤɨɪɨɡɢʁɚ

ɏɨɪɢɡɨɧɬɚɥɚ

ȿɪɨɡɢʁɚ ɨɞ ɜɪɟɦɟɧɫɤɢ ɭɫɥɨɜɢ

Ⱦɢɧɚɦɢɱɤɨ

ɋɨɫɬɨʁɛɚ ɧɚ ɩɨɞɥɨɝɚ

Ɍɟɪɦɢɱɤɨ

Ɍɢɩ ɧɚ ɮɭɝɚ

ɋɨɨɛɪɚʅɚʁ ɧɚɞ ɮɭɝɚɬɚ ɉɪɨɟɤɬ ɧɚ ɮɭɝɚ

Ⱦɜɢɠɟʃɟ ɧɚ ɮɭɝɚɬɚ

ɂɡɛɨɪ ɧɚ ɦɚɬɟɪɢʁɚɥ

Ɏɭɧɤɰɢɨɧɢɪɚʃɟ ɧɚ ɪɚɡɧɢ ɬɢɩɨɜɢ ɧɚ ɞɢɥɚɬɚɰɢɨɧɢ ɫɢɫɬɟɦɢ ɜɨ ɪɚɡɥɢɱɧɢ ɭɫɥɨɜɢ ɩɪɟɡɟɧɬɢɪɚɧɢ ɫɟ ɜɨ Ɍɚɛɟɥɚ ɡɚ

заклучокот е дека: просечниот експлоатационен период на дилатационите фуги е пет години. Податокот е загрижувачки во однос на амортизациониот период на мостовските конструкции. Загрижувањето во економска смисла не е толку големо доколку веднаш се преземе акција за поправка на дефектите, но загриженоста е голема од забрзаниот процес на деградација на елементите од мостовската конструкција, кои индиректно или директно се поврзани со дилатационите фуги.  25 септември 2015

ПОРТА

15


градежништво ПРОПУСТИ НА ДИЛАТАЦИОНИ ФУГИ ВО ПЕРИОД НА ЕКСПЛОАТАЦИЈА Пропустите главно се проектантски, изведувачки и од надзорниот орган, како претставник на инвеститорот. Проектанските пропусти се присутни на новопроектираните мостови. Причината е недоволно посветеното внимание на улогата на дилатационите фуги во системот

на функционалноста на мостовските конструкции. Како и изборот на дилатациониот систем според проспектниот материјал, не водејќи сметка околу условите што треба да ги задоволи дилатациониот систем. Прилог кон овој пропуст се ориентационите податоци презентирани во горенаведената табела. Изведувачите на новите мостови треба да му укажат на проектантот за

Недоволен слој од полимер асфалт над дилатациониот зазор (мин. 8 см)

евентуалните пропусти преку градежен дневник. Пропустите, пак, на мостовите што се во функција, се голема одговорност за изведувачот, ако тој ги предлага методологијата за санација и изборот на дилатациониот систем, а притоа да не изврши детален увид на самото место и да ги согледа причините за дефектите. Обично, причини за дефектите се: 

Неадекватна ширина на дилатациониот зазор во однос на можноста на одбраниот дилатационен систем. Резултатот е тешко оштетување на дилатациониот елемент.

Појава на подолжни и попречни пукнатини во транзициониот малтер е погрешен избор на материјал

16

ПОРТА

25 септември 2015


градежништво

Недоволен слој од полимер асфалт над дилатациониот зазор (мин. 8 см)

Неадекватна ширина на дилатациониот зазор во однос на можноста на одбраниот дилатационен систем. Резултатот е тешко оштетување на дилатациониот елемент.

Исфрлање на анкерите од дилатациониот елемент поради неадекватно анкерување и неадекватна должина на анкерите

Оштетување на дилатациониот систем од зимско одржување , оштетување на неопренскиот слој на дилатациониот елемент.

УСЛОВИ ЗА НАМАЛЕН СТЕПЕН НА ДЕФЕКТИ ВО ДИЛАТАЦИОНИТЕ СИСТЕМИ Обврската за помали дефекти и продолжен експлоатационен рок на дилатациониот систем, вообичаено припаѓа на проектантите и изведувачите преку следните обврски: • Дилатациониот систем мора да одговара на статичните експлоатациони услови и сообраќајните оптоварувања. • Дилатациониот зазор (простор) мора да биде со рамномерна ширина во цел хоризонтален и вертикален правец. • Дебелината на асфалтниот слој мора да биде усогласена со дилатациониот систем.

• Одводот на атмосферската и процедната вода мора да се отстрани преку дренажа и лира вон дилатациониот зазор. • Нивото на дилатациониот систем треба да биде 3,0 мм под коловозната површина. • Транзициониот малтер од еластомерните дилатациони системи мора да биде компатибилен со сите допирни материјали (асфалт, неопрен, метал). • Инвеститорот преку службите за одржување при најмали дефекти да презема мерки за нивно отстранување. ЗАКЛУЧОК Нормално е дилатационата фуга да има помал експлоатационен век во однос на

мостот. Зголемен број на материјали со различни карактеристики во еден дилатационен систем дава намалена едновремена отпорност кон оптоварувањето (механички, атмосферски, агресивни динамички влијанија и УВ зрачења) во однос на основниот конструктивен материјал од мостовската конструкција. Тоа ќе значи, производителите, проектантите и изведувачите да се помират со присутната стварност, и да се откажат од понатамошен ангажман за изнаоѓање можност за надминување на постојните недостатоци и да понудат нови дополнувања на постојните системи или комплетно нови системи. n 25 септември 2015

ПОРТА

17


градежништво

АРХЕОЛОШКОТО НАСЛЕДСТВО ВО СТРУМИЦА ПОБЛИСКУ ДО ПОСЕТИТЕЛИТЕ

Просторна поставеност на ридот на кој е археолошкиот локалитет Цареви Кули

Со панорамски трамвај до Цареви кули

Поширок простор во кој се прават проучувањата за проектот 18

ПОРТА

25 септември 2015

Со транспортниот систем се предвидува на релативно кратко растојание од 200-300 метри да се овозможи брз и еколошки подобен пристап до историските ископини. Анализите покажуваат дека проектот економски е оправдан и ќе донесе голема корист за општината, но и за целиот Југоисточен плански регион за развој на туризмот


градежништво

Симбол на градот

И

здигнати на доминантна позиција над градот, Царевите Кули сведочат за древноста, историјата низ која живеела и се издигнала Струмица. Каде и да сте во градот, не може а да не ја забележите оваа величествена тврдина која претставува повеќеслојно наоѓалиште од различни временски епохи – од праисторијата па сè до доцниот среден век. Овој археолошки локалитет се наоѓа на јужната страна на Струмица, на зарамнето плато на врвот од ридот, кој мошне стрмно се издига над градот, на просечна надморска височина од околу 450 метри, од каде е можна прегледност над целата Струмичка котлина, што овозможувало едновремена контрола над трите влеза во градот.

Иако, најзначаен историски симбол на градот Струмица, овој објект не доби третманот од институциите сразмерно на неговото значење. Првите напори за целосно археолошко истражување и за обезбедување на пристапност до тврдината ги направи Општина Струмица во рамки на реализацијата на проектот „На патот на предците”, финансиран од CARDS програмата на ЕУ, кога освен споменатите активности беше извршена и конзервација на најкритичните делови од тврдината. Оваа година, Општина Струмица реализираше уште една фаза од севкупните напори за оживување на најпрепознатливиот белег на Струмица. Со средства обезбедени

од ИПА програмата за прекугранична соработка, а во рамки на реализацијата на проектот Наследство, беше изработена сеопфатна техничка документација за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на тврдината Цареви Кули која е во согласност со наодите од претходно реализираните истражувачки процеси. Во согласност со овој проект и расположливите средства, оваа година беа реализирани неколку активности за реконструкција на бедемските платна од тврдината Цареви Кули, и тоа: оформување на влезните партии на северната и јужната страна од тврдината вклучувајќи ја реставрацијата и делумна реконструкција на југозападната кула, целосна реконструкција на северната кула и конзервација и реставрација на делови од западниот бедем на тврдината. Показател за сериозниот ангажман и пристап на општина Струмица во областа на заштитата на културно - историското наследство, се и дефинираните идни конкретни проекти за оживување на тврдината. Пред се, целосно завршување на реставрацијата и реконструкцијата на тврдината, осветлување на тврдината заради потенцирање на објектот сразмерно на неговото значење, хортикултурно уредување на локалитетот и изградба на панорамско трамвајска линија Струмица - Цареви Кули за која подетално пишуваме во овој број на списанието. Физибилити студијата за оваа линија е финансирана од Програмата за Регионален eкономски развој во Македонија (ГИЗ РЕД), која се спроведува од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ).

проф. д-р: Зоран КРАКУТОВСКИ, дипл.инж.град.

А

рхеолошкиот локалитет Цреви Кули се наоѓа во непосредна близина на Струмица, на западната страна од градот. Овој историски локалитет е лоциран на рид со надморска височина од 410 до 440 метри што е 154 до 184 метри над надморската височина на која се наоѓа градскиот урбан простор (н.в. од 256 метри). До археолошкиот локалитет Цареви Кулиима можност да се пристапи по постоечкиот асфалтен пат, кој е со доста кривини и мошне големи наклони на нивелетата, што условуваат просечната 

Преглед на различните транспортни системи влечени со челично јаже 25 септември 2015

ПОРТА

19


градежништво Карактеристики на изградени системи фуникулар во различни земји Карактеристики

Neuchâtel (Swizerland) Тип

Должина на трасата (м) Ширина на колосек (м) Висинска разлика (м) Максимален наклон (%) Број на возила -кабини Максимална брзина (м/сек) Капацитет на возило

Место Saint Imier Zagreb (France) (Croatia)

реверзибилен една каб.

330 1,6 46 34 2 8 126

743 1,0 351 60 1 5 60

Pau (France)

реверзибилен реверзибилен

66,0 1,2 30 52 2 1,5 28

103 1,0 26 30 2 1,5 30

Извор: web Internet

Современ изглед на фуникулар железницата на Монтмартр во Париз брзина на моторните возила да не е поголема од 30км/час. Должината на овој пат, мерена од улиците на Струмица до археолошкиот комплекс и предвидените спортски и угостителски терени во неговата околина, е околу 7,1км. Големата висинска разлика на локалитетот Цареви Кули во однос на теренот на кој се лоцирани урбаните содржини во градот Струмица налага потреба од примена на специјален транспортен систем кој на релативно кратко растојание од 200-300 метри ќе овозможи брз и еколошки подобен пристап до историските ископини.

Косите наклонети лифтови претставуваат модифицирана форма на фуникулар железница со само едновозило-кабина за транспорт на патници. Разликатаод конвенционалните лифтови е во тоа што со овој транспортен систем трасата може да биде

СПЕЦИЈАЛНИ ТРАНСПОРТНИ СИСТЕМИ ЗА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ НА КРАТКИ РАСТОЈАНИЈА Транспортни системи влечени (придвижувани) со кабел – жичари, се широко применувани за транспорт на луѓе во планински области каде релјефните облици се со изразито стрми наклони на падините. Во последните години овие транспортни системи многу се користат и во урбаните средини, а исто така нивна голема примена може да се најде и на аерoдромите. Системот фуникулар може да биде со две возила кои функционираат на реверзибилен принцип или само со едно возило кое се движи по иста инфраструктурна патека и во двете сообраќајни насоки т.н. фуникулар со континуирано движење. Панорамскиот фуникулар се смета дека е дел од градскиот јавен транспортен систем за превоз на патници (пример, РАТППариз Метро). Во долната табела даден е преглед на карактеристиките на Улична мрежа во Струмица изградени фуникулар во во близина на археолошчетири града во киот локалитет Цареви Швајцарија, Франција и Кули Хрватска. 20

ПОРТА

25 септември 2015

Пример за наклонет лифт


градежништво Основни карактеристики на кабловски влечени системи за превоз адаптирана на теренот.Овој систем широко се применува особено во урбани средини за совладување на кратки делници со стрми наклони. Така на пример косите лифтови можат да обезбедат поврзувања помеѓу хотели, резиденцијални комплекси, простори за паркирање или железнички станици. Предности на косите лифтови се: мал потребен простор, сигурен, комфорен, со мала потрошувачка на енергија, мали трошоци за одржување, тивок во употреба, нема потреба од оператор-возач, отпорен на влијанија од природата, лесен транспорт на инвалидски или колички за бебиња, можни наклони за совладување до 600, адаптибилност на постојните теренски услови. Негативна страна е малиот капацитет за превезување на патници (максимум до 30 патници/кабина). Долната табела дава информации за граничните вредности за примена на кабловски влечени урбани транспортни системи. Овие лимити водат сметка за важечките ЕУ стандарди за кабелски ситеми за патнички превоз, а оние за наклонети лифтови водат сметка за ЕУ стандардите за лифтови

Положба на Коридорот 1 за траса на новиот транспортен систем

Положба на Коридорот 2 за траса на новиот транспортен систем

Максимални вредности Тип Фуникулар континуиран Реверзибилен фуникулар Наклонет лифт

Возна брзина Должина на м/сек. делница (м) 10-14 10-14 1,5-5,0

5000 5000 300

Капацитет патници Капацитет /возило патници/час 50 450 30

5000 8000 500

Извор: Klaus Hoffmann, 2006

ПРОЕКТИРАЊЕ НА ТРАСАТА НА ПАНОРАМСКИОТ ТРАМВАЈ Наклонети лифтови се специјални варијанти на жичара (funicular) каде има само едно возило кое се движи и ги превезува патниците. Возилото е влечено од челично јаже кое е прикачено на електричен мотор сместен на повисоката станица. На тој начин се влече возилото по инфраструктурата. Бидејќи кај нас во државата нема правилници и законска регулатива за ваков вид на транспортни системи, за проектирање користени се правилници од Швајцарија и од ЕУ. Проектирањето на трасата за панорамскиот трамвај е направено земајќи ги предвид проектните услови и ограничувања кои произлегуваат од аспект на изграденост на просторот и пристапност до базната станица, археолошки ограничениот простор за истражување, пристапност и локација на горната станица, вкрстување со други инфраструктурни објекти, ерозивни осетливи зони, влијанија врз животната средина, како и потребата трасата да биде добро поставена за да може панорамски да се гледа градот Струмица. Од аспект на изграденост на просторот, најгуста изграденост со објекти индивидуални куќи е во подножјето на ридот Цареви Кули. Оваа густа изграденост со куќи условува да се избере локација за 25 септември 2015

ПОРТА

21


градежништво трасата каде таа најмалку би ги загрозила постоечките објекти. Индивидуалните куќи се простираат и се многу блиску една до друга по цела должина на уличната мрежа во подножјето на ридот. Лоцирањето на базната станица се наметнува како особено битен проектантски услов заради непристапноста во просторот, како од аспект на изграденоста во просторот така и од аспект на релјефот. Од тие причини, утврдени се два просторни коридори за повлекување на варијанти за трасите и тоа: Коридор 1 кој се наоѓа на северната страна од ридот каде е предвидена базна станица во непосредна близина на Ловниот дом. Коридор 2 кој е на западната страна од ридот и каде базната станица се предвидува во близина на постоечката улица Васил Главинов и отворениот одводен канал за прифаќање на атмосферските води од околните ридови. Локацијата на горната станица, која треба да овозможи едноставен приод до археолошко историскиот локалитет Цареви Кули, е утврдена во соработка со одговорниот археолог кој ги прави археолошките истражни работи на локалитетот. Од досегашните истражни работи утврдена е линијата на вториот бедем на кулите. Локацијата на станицата е избрана за да не навлезе во просторот во кој се вршат археолошките ископи. Оваа локациј на горната станица е фиксирана и направен е увид на самиот терен. Локацијата на горната станица е фиксна точка за сите повлечени варијанти и истата не се менува во ниту една варијанта на трасата. Нејзината надморска височина е на кота од 443,07м. Имајќи ги предвид овие проектни услови и настојувајќи со трасата да се редуцира потребата од градење на големи објекти, изработени се шест варијантни решенија. Врз база на повеќекритериумска анализа која ги зема предвид сообраќајните, финасиските, техничките фактори и аспектите за влијание на проектот врз животната средина, најдобро оценета е варијантата 3 за која е направена анализа Трошоци-Користи (Cost

22

ПОРТА

25 септември 2015

Траси на повлечените 6 варијанти за новиот транспортен систем Benefit Analysis) за да се провери економската оправданост на проектот. Анализите покажуваат дека проектот економски е оправдан и ќе донесе голема корист за општината, но и за целиот Југоисточен плански регион за развој на туризмот. n


ПОРТА


градежништво

ИНЖЕНЕРСКО-ГЕОЛОШКИ И ХИДРО-ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА И ИСПИТУВАЊА ЗА САНАЦИЈА НА СВЛЕЧИШТЕ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ КРАТОВО - ПРОБИШТИП

Подготвилe: Сашо ГЕОРГИЕВСКИ, дипл.инж.геол. Љупчо Зрлев, дипл.град. инженер (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

С

влечиштата како современи геолошки процеси се честа појава и претставуваат сериозен проблем од аспект на деградација и дестабилизација на теренот. Нестабилноста на теренот често доведува до оштетувања на патишта, мостови, железнички пруги, но можат да загрозат и цели населени места. Пред да се направат неопходните мерки за санација на свлечиштата според прецизна проектна програма, се прават инженерскогеолошки истражувања и испитувања. Сите aктивности во нашата држава се работат по методологија која е во согласност со техничката регулатива и македонските стандарди. За санација на свлечиштето на регионалниот пат Кратово – Пробиштип, во 2014 година се извршени инженерско-геолошки и хидро-геолошки истражувања и испитувања. Од теренските работи се извршени следните активности: геодетско снимање на теренот, инженерско-геолошко и хидро-геолошко картирање на теренот, изведба на истражни дупнатини и бунари и геофизички истражувања. Изведени се вкупно 11 истражни дупнатини и пет истражни бунари. Сите овие истражувања во однос на геоморфолошки и геотехнички аспект со структурно-тектонските карактеристики се сублимирани со цел утврдување на факторите што се 24

ПОРТА

25 септември 2015

причина за нестабилноста на теренот и неговото свлекување. При геолошкото картирање на локацијата и околниот терен, регистрирани се: андензитски туфови, ингимбрити, бречи, дацитоиди и мал делувијален покривач. Направени се и следните лабораториски испитувања: определување на содржина на вода, определување на волуменска тежина на цврсти честички, определување на гранулометриски состав, опит на директно смолкнување, едометарски опит со инкрементално товарење, консолидиран триаксијален опит на водозаситени почви и точкаста јакост на притисок на карпестите маси. Направени се и теренски испитувања за јакосните карактеристики на карпестите маси со употреба на Шмитов чекан, а определени се и структурно-тектонските карактеристики. Параметрите на јакост на смолкнување „ϕm“ и „сm“ се определени по емпириски критериум на лом на карпестите маси по Hoek & Brown. Вредностите на аголот на внатрешно триење (ϕm), кохезијата на масивот (сm) и глобалната стабилност на карпeстиот масив (σcm) , исто така се добиени со примена на критериумот на лом според Hoek & Brown (2002). Модулот на деформација на масивот (Erm) е пресметан со емпириската формула на Hoek & Diederichs (2006). Од истражувањата се добиени податоци за геолошкиот индекс на јакост (GSI), јакост на притисок (σp), константата (mi), факторот на нарушување на масивот (D). Од аспект на сеизмичност на локацијата, истражуваниот терен припаѓа на осмиот степен според MCS скалата и припаѓа на групата на претежно стабилни терени изградени од седиментни маси со постојани физичко-механички особини. Од хидро-геолошки аспект направена е категоризација на литолошките


градежништво

членови, каде се регистрирани слабо водопропустливи делувијални седименти, водонепропустливи карпести маси (андензитски туфови распаднати со пукнатинска порозност) и водонепропустливи карпести маси (андензитски туфови компактни со пукнатинска порозност). Од инженерско-геолошки аспект литолошките членови се поделени на неврзани и полуврзани карпести маси (делувијалниот покривач) и цврсто врзани карпести маси (матичните туфови). Утврдени се условите на ископ, а резултатите се следни: • површински распаднатите туфови според ERMR класификацијата се во III категорија каде можат да се копаат и лесно риперуваат, • компактните туфови се во IV категорија каде може да се риперуваат и да се минираат со растресување.

На истражуваната локација според ГН 200, застапени се следните категории на материјали: делувијални седименти кои спаѓаат во III категорија, површински распаднатите андензитски туфови кои спаѓаат во IV и V категорија и компактните андензитски туфови класифицирани во V и VI категорија. На истражуваниот терен се развиени следните современи инженерско-геолошки процеси и појави: процеси на испирање и ерозија во делувијалните седименти, влажни зони помеѓу делувијалните седименти и туфовите, тектоника, тензиони пукнатини, рамнини на свлекување, контура и правец на свлечиштето и сл. Свлечиштето е со димензии: широчина во зона на патот 70 m и должина 45 m и истото припаѓа во групата на средно плитки свлечишта. За активирање на свлечиштето клучна улога одиграле повеќе фактори. Делот од патот каде што се појавува свлечиштето е оштетен и деградиран, морфологијата на теренот е неповолна од аспект на тоа што под оштетената коловозна конструкција има косина, тектоника и дополнително трупот на патот е изведен на насип со голема височина. Дополнително влијание има и нерегулираното одводнување, особено во делот на најкритичната зона, каде практично и постоечкиот одводен систем е комплетно нефункционален. Како резултат на филтрацијата на водата низ насипот, доаѓа до негово заситување при што се зголемува волуменската тежина и се намалуваат јакосните параметри на материјалите, посебно на контактот помеѓу насипниот материјал и матичната карпеста маса. Тука се создава ослабена зона која претставува површина вдолж која се активира механизмот на свлекување. Сите истражувања и испитувања се обработени и презентирани во Елаборат за геотехнички истражувања и лабораториски испитувања. n

ПОРТА ПОРТА


архитектура

Новиот колосеум

Н

м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)

а почетокот на летото, во Рим се одржа презентација на новиот стадион на фудбалскиот клуб Рома. Рим, познат како вечниот град, во исто време е дом на два фудбалски клуба, Рома и Лацио. Тие долги години го делат олимпискиот стадион кој се наоѓа на север од градот. Фудбалскиот клуб Рома одлучил да инвестира во свој стадион, кој ќе се наоѓа на југ, помеѓу квартот ЕУР и римскиот аеродром, токму каде што се наоѓаат и навивачите на тој клуб на јужната трибина на постоечкиот стадион. Идејата за преселба од урбаното градско јадро стана многу популарна последниве години. Покрај тоа што стадионите заземаат 26

ПОРТА

25 септември 2015

Пред приближно два милениуми, во тогашниот главен град на Големата империја, изграден е објект кој даде форма за илјадници денешни објекти ширум светот. Објект со елипсовидна основа, со сцена и гледалиште. Прототипот на современите спортски арени го изградиле Римјаните и оставиле нешто што ќе стане симбол на една империја, која оставила неизбришлив белег во историјата на цивилизацијата. Денес, во истиот град се создава современа арена, нов колосеум на вечниот град.


архитектура

на вечниот град

вредно градско земјиште, често се функционално употребливи само за настани како што се утакмици или концерти, што во денешно време е недоволно тие објекти да бидат одржливи, пред сè во економски поглед. Освен тоа, овие објекти бараат и комплексна придружна инфраструктура бидејќи треба да се обезбеди пристап и престој за повеќе десетици илјади луѓе, што во повеќето случаи не е лесно во урбаните градски средини, каде што се наоѓаат голем број стадиони изградени пред повеќе децении. Новиот стадион е само еден од објектите во новиот дел на градот, кој носи назив „Тор ди вале“ (Tor di valle), каде што се наоѓа хиподромот во мошне запуштено опкружување. Интерванцијата зазема простор од близу 125 хектари, во непосредна близина на реката Тибар и претставува инвестиција од преку милијарда евра. Од целокупниот простор, околу две третини ќе бидат зелени површини. Покрај големата зелена површина која доминира со просторот, јасно може да се забележат и две структури кои се суштински за новиот дел од градот, а тоа се спортскиот комплекс на стадионот со придружните објекти и спортските терени, и новиот деловен блок. Стадионот е проектиран како модерно здание за 60.000 посетители, десет влезни точки и паркинг за 7.000 возила. Архитектурата на објектот се заснова на употреба на современи материјали како челик и стакло, со дополнителни архитектонски елементи од камена „обвивка“ која со својата форма ја интерпретира сликата на античкиот колосеум. Дел од стадионот ќе биде покриен со тефлонска структура која ги штити посетителите од временските прилики. За разлика од сегашниот стадион, новиот објект ќе биде отворен во текот на цела година бидејќи проектот предвидува ресторани, барови и продавници. Дел од комплексот ќе го сочинува и новиот трениг центар со два фудбалски терени каде што ќе тренираат првотимците од Рома. Спортскиот дел на проектот го потпишува американското архитектонско студио „Меис“ (Meis) од Њујорк, кое има проектирано голем број спортски арени. Модерниот објект ги исполнува современите стандарди во проектирање спортски објекти, кои денес многу повеќе се мултифункционални објекти отколку класични простори за одржување спортски настани, а истовремено со својот архитектонски израз е потсетник на најславната арена на античкиот свет. Архитектонскиот тим имаше интересен предизвик, да направи нов спортски објект кој за нијанса ќе има повеќе од останатите спортски објекти – симболичка поврзаност  25 септември 2015

ПОРТА

27


со римскиот колосеум. Се чини дека успеале во тоа, со употребата на камената обвивка на која се воочува јасна хоризонтална поделба на три дела, со голем број вертикални отвори. Вториот дел од интервенцијата се состои од деловниот комплекс со кој доминираат три облакодери. Проектот е на светски познатото студио „Либескинд“ (Libeskind) од Њујорк. Трите облакодери, високи до 220 метри, ќе бидат видливи од автопатот што води од римскиот аеродром кон центарот на градот. Симболички, тие ќе ја претставуваат модерната „капија на градот“. Архитектонскиот израз на формата доаѓа од идејата на римскиот градежен камен блок ил конџо (il concio). Конџо е претходник на денешните префабрикувани елементи. Тоа биле камени блокови обликувани така што можат директно да се користат во изградбата. Биле користени за лакови, куполи или фасади. Еден каман блок со својата геометрија директно налегнува на соседниот камен блок. Трите објекти претставуваат три дела од единствениот камен блок, кои се раздвоени и поставени во форма на триаголник, со заеднички јавен простор во средишниот дел. На долното ниво се наоѓа трикатен подиум со голем број продавници и ресторани. Модерната тенденција на современите облакодери вклучува и голема количина зеленило, кое се наоѓа во внатрешноста на објектот како дел од зградата во вид на вертикално зеленило. На тој начин, засадените дрвја во атриумскиот простор со повеќекатна форма, истовремено ќе овозможат единствен поглед кон градот, како и регулирање на климата во просторот преку природна заштита од сонце и филтрирање на воздухот. Деловниот комплекс „Тор ди вале“ ќе биде 28

ПОРТА

25 септември 2015

уште еден во морето слични деловни квартови кои постојат ширум светот. Неговата убавина и посебност се огледуваат во тоа што неговата симболичка вредност –

капија на градот – ќе има одредена улога во доживувањето на луѓето што доаѓаат во Рим, град кој не е познат по високи објекти. Истовремено, симболиката за три дела од


еден камен блок нема да биде видлива за сите, но облакодерите со својата форма, сепак, ќе бидат поразлични од стандардните облакодери, макар во фактот што композициски сочинуваат една целина. Новиот стадион свечено ќе ги отвори своите порти на почетокот на фудбалската сезона 2017/2018 година, кога првите навивачи на познатиот римски клуб ќе ги заземат своите позиции за долги низа години. Тогаш Рим ќе има свој модерен колосеум подготвен да прими и угости десетици илјади луѓе, во новиот кварт опкружен со зеленило. Дали целиот проект ќе биде успешен, ќе покаже времето што во овој град остава видливи траги речиси два милениуми. Кога ќе се играат завршните утакмици на сезоната, во текот на пролетта 2018-та, во трите облакодери веќе ќе бидат засадени дрвјата, првите корисници ќе се вселуваат, а завршните работи ќе бидат во тек. Милиони луѓе ќе доаѓаат како и секогаш во Рим, преку

аеродромот „Леонардо да Винчи“ и многумина ќе се прашуваат што претставуваат оние три високи згради од левата страна. Цело време колосеумот ќе биде на истото

место како и во претходните два милениуми, како еден од најголемите симболи на една цивилизација, која дала форма на она што денес го викаме „модерен стадион“. n

ПОРТА


aрхитектура

БЕЛИОТ ГРАД НА ТЕЛ АВИВ

Како историјата може да влијае на географијата Историјата на Тел Авив, што е презентирана како архитектонска историја, може да се набљудува како поширок процес во кој физичкото обликување на Тел Авив и неговите политички и културни конструкции се поврзани и играат одлучувачка улога во конструкцијата на случајот, на алибито и апологетиката на израелските живеалишта низ државата

Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)

Градот е секогаш реализација на приказните што ги раскажува за себеси“. Бел град Црн град Архитектура и војна во Тел Авив и Јафа,

В

ШАРОН РОТБАРД

о јули 2003 година делови на Тел Авив-Јафа беа прогласени за дел од светското културно наследство на Унеско. Одлуката беше донесена врз основа на неговите специфични обележја, квалитетот на градско планирање од 20 век и бројката од 4.000 модернистички објекти. Следствено, градската администрација и туристичката индустрија ја искористија етикетата „Бел град“ за брендирање и заокружување на историски и архитектонски вредносна приказна. Во летото 1984 година,

30

ПОРТА

25 септември 2015

кураторот Михаел Левин ја започна приказната за Белиот град на Тел Авив. Подготвени со тенок каталог за изложбата, краток текст и скромен изложбен простор, Левин успева да ги помести границите како куратор тој сосема го трансформира начинот на кој граѓаните на Тел Авив гледаат на сопствениот град. Наеднаш, преку ноќ Телaвивјаните стануваат бескрајно горди на градското културно наследство од модерната и сопствената адреса на живеење. Живеејќи во сенката на стариот град Јафа, исцртувањето на Белиот град јасно создава диференцијација помеѓу сивилото на предградието, историскиот град Јафа и Белиот град на модерната. Едноставните објекти, „белите кутивчиња“ преку ноќ стануваат рудници на злато и бизнис за недвижности роден од воздух. На преминот од 19 во 20 век, старото пристаниште на Палестина, Јафа, постои како мини град со мешовита популација на христијани, Евреи и муслимани. Заради зголемувањето на популацијата и нехигиенските услови, еврејските фамилии се населуваат надвор од границите во населбите Неве Цедек, Неве Шалом и Крем Ха-Тејманим на северот од Јафа.


aрхитектура

Градот се преименува во Тел Авив во 1910 година земајќи го своето еврејско име од книгата на Теодор Херцл „Altneuland“ ( Старо-нова земја). Романот е продолжение на текстот од Херцл за имагинарен Еретц Израел/Палестина и објаснува детално тотална утописка програма на европска неолиберална израелска населба зачната во Палестина. Во продолжение на тоа, именувањето на Тел Авив и целосната реализација на оксиморонот на Херцл стои како автентичен пример за тоа дека книгите всушност можат да реализираат градови. Во 1925 година Патрик Гедес го презентира новиот мастер план за градот. Во овој период исклучително бројните преселби на еврејски имигранти носат многу архитекти кои пристигнале во Палестина со своето знаење за модерната архитектура и германскиот Баухаус. Од големо значење е тоа што, како што напишал Михаел Левин во својата статија „Архитекти кои го донесоа Баухаус во Израел“, само неколкумина од архитектите го заокружиле сопственото образование на институцијата Баухаус. Иако Баухаус истакнува јасна опозиција на користењето на терминот „стил“, Израел останува можеби единственото

место во светот кое го популаризира и во кое егзистира Баухаус стилот. „На Блискот Исток сè е поврзано со територија – со потребата за наоѓање дом“. Територијата на Белиот град се протега на трите главни булевари Ротшилд, Шен и Бен Гурион, каде што има најголема концентрација на објекти изградени во интернационалниот стил. Без пауза, еден до друг, во секој објект за домување се препознаваат основните принципи на новата архитектура според Ле Корбизје: слободно проектираното приземје, рамниот кров кој можат да го користат жителите на куќата, лентовидните прозорци и слободниот дизајн на фасадата. Во 2000 година на улицата Дизенгоф се отвора Баухаус центарот кој служи како платформа за создавање на свесност за архитектонското наследство и катализатор на културен и уметнички развој. Баухаус центарот е поделен на четири делови: 1. Библиотека каде што има значителен број на публикации поврзани со еволуцијата на градот; 2. Галерија - која презентира документарни изложби за Тел Авив и неговата архитектура, култура, луѓе, дизајн и фотографии; 3. Архитектонски тури низ градот кои се насочени кон трите главни  25 септември 2015

31


aрхитектура булевари и 4. Продавница која нуди различни дизајн колекции како и простор за локални уметници и дизајнери да ги прикажат и продаваат сопствените производи. Следејќи ја картата на Баухаус центарот со обележаните објекти кои се вредни да се посетат, индивидуално се добиваат малку поинакви впечатоци за Белиот град. Повеќето од објектите се наоѓаат во многу лоша состојба и сè уште не се реконструирани и заштитени и покрај максималната популаризација на модерната архитектура. Многу мал број од објектите се всушност бели, познатиот архитект Жан Нувел при своето пристигнување и погледување на Тел Авив забележал: „Ми кажаа дека градов е бел. Дали гледате бело? Јас не гледам ништо бело“. Во последните години УНЕСКО упатува сериозни и критички забелешки за облакодерите што се градат во близина на објектите од модерната архитектура, како и загриженост за задржување на автентичноста на градскиот асамблаж. Слично како и кај многу светски територии, економскиот успех и финансиските придобвки наспроти реконструирањето и зачувувањето на архитектонското наследство, сè уште го имаат главното влијание на урбаните места. Сепак, живеењето во средина со толкава концентрација на модерна архитектура, споделувањето на секојдневието во таква сценографија е повеќе од задоволство и желба за секој архитект. Јонатан Мендел во својата статија „Фантазирајќи за Израел“ во London Review of books потенцира дека Тел Авив е ембрионот на Јафа односно дека: „Тел Авив е најверојатно најнапредниот и космпополитски од сите палестински градови, со пристаниште, со индустрија, со интернационален образовен систем и активен културен живот. Во 1949 година кога Јафа бил скоро потполно празен град (само 4.000 жители останале од 70.000), Израелската влада одлучила да ги спои двата града во еден метрополис којшто ќе се нарекува Тел Авив-Јафа. Со ваквата одлука Бен Гурион не само што создал нов Тел Авив кој бил „дел“ од библиската Јафа, туку и засекогаш го избришал палестинскиот град. Импликациите на оваа историографија одат многу подалеку од историјата на модерната архитектура или нејзиниот превод во локалните

ПОРТА

традиции и се вкоренети во политичката историја на Средниот Исток и државата Израел. Историјата на Тел Авив, што е презентирана како архитектонска историја, може да се набљудува како поширок процес во кој физичкото обликување на Тел Авив и неговите политички и културни конструкции се поврзани и играат одлучувачка улога во конструкцијата на случајот, на алибито и апологетиката на израелските живеалишта низ државата. Во таа смисла, истражувањето на историјата на Тел Авив ги прикажува политичките бои на модернистичката архитектура и архитектурата на Израел коешто истовремено покажува како историјата може да влијае на географијата. Како една приказна може да создаде стар-нов град. n


ПОРТА


архитектура

ОБЈЕКТ „ЕМПОРИО“

Ново секојдневно собиралиште Поврзувајќи ја содржината со архитектонскиот израз на објектот, архитектите од ДСЦ успеале да доловат целосно доживување, она што не може да се изрази во квадратни метри и сувопарни бројки

34

ПОРТА

25 септември 2015


архитектура

на жителите од Ѓорче Петров

С

Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

екогаш се зборувало, кога се гради, добро е, затоа што просторот на кој се гради живее и дише. Градот Скопје дише со полни бели дробови и на своите рамења носи многу градилишта кои го менуваат неговиот изглед, неговата содржина и функција. Фокусот на јавноста последниве години кај нас како да беше главно усмерен кон проектот Скопје 2014? Загледани во овој, за наши услови, огромен проект, не погледнувавме и не забележувавме што се случува на полето на архитектурата надвор од центарот на Скопје, а уште помалку во другите градови на Македонија! Со сè она што се случува во Скопје, барем нам архитектите ни се чини како архитектурата свесно или несвесно, наметливо или ненаметливо, се оддалечува од својата рационална природа. И додека со Скопје 2014 се враќаме кон користење на класични технологии, правење на сценографија за одредени партиски потреби користејќи веќе одамна одминати архитектонски изрази кои во денешно време изгледаат анахроно и невкусно, има исклучоци, за среќа, кои употребуваат нови експресивни форми врзани за новите технологии. Веќе подолго време во општината Ѓорче Петров на самиот кружен тек, од десната страна движејќи се кон излезот на градот, во правец на паркот стои оградена локација. Тоа е местото каде што се гради новата зграда на

бизнис центарот „Емпорио“, во кој еден дел е наменет за општинската административна зграда. Овој проект е реализација на договорот за јавно и приватно партнерство помеѓу општината Ѓорче Петров и компанијата „Трансмет“ од Скопје, која воедно е и изведувач на градежно-занаетчиските работи на објектот. Трговските или бизнис центри полека но сигурно станаа неизбежен дел од нашето секојдневие. Се градат насекаде, каде што има можност и потреба од нив. Тоа се места кои покрај функционалните значења за многу посетители претставуваат општествени собиралишта, места за прошетка, простор за забава или, едноставно, бегство од секојдневието. Тие денес станаа нови храмови на современиот потрошувачки стил. Се поврзуваат со купување и забава, со трошење и уживање на сопственото слободно време. Замислени како места во кои може да се проведе целиот ден во комбинација со купување, забава и рекреација. Тие стануваат нови центри на собирање, центри подалеку од центарот на градот. Проектот на овој административно-деловен комплекс, кој се состои од два објекта на приземје и пет ката, архитектонско и визуелно поврзани, е на архитектите од познатото проектантско студио ДСЦ од Скопје. Објектот го конципирале како бизнис центар со низа различни комплексни содржини. Поради разноликоста на содржините и функциите што треба да ги опфати центарот, проектантите направиле функционална поделба по хоризонтала и вертикала. Содржините се јасно диференцирани, а пристапите до одредени функции се третирани според очекуваниот број на посетители. Концептот на пешачка улица, околу која гравитираат трговски и деловни содржини, се протега низ двата први ката на овој центар, додека на третиот и четвртиот кат се наоѓаат исклучиво деловни простории. На петтиот кат, освен деловни содржини, проектирани се и мултинаменска сала, пет бизнис апартмни наменети за деловни гости, како и фитнес и спа центар наменет за вработените и за гостите на центарот. Со галопирачка изградба на згради и заземање на зелените градски површини, градините полека се селат на крововите. И на нивото на вториот кат на бизнис центарот, проектирани се две кровни градини кои се наоѓаат на западната и северната страна. Тие придонесуваат за квалитетот на просторот како и за квалитетот на работата во општинската зграда, која е во директна визуелна  25 септември 2015

ПОРТА

35


комуникација со овие две кровни градини. Да направиш градина на кровот, да посадиш дрвја, грмушки и зеленило кое ќе расте над бетонот, да го вратиш во живот просторот што ѝ е одземен на природата, е голем предизвик за архитектите, кои при проектирањето пристапиле со голем ентузијазам. Центарот има две подземни нивоа кои се наменети за супермаркет, технички простории

и паркинзи за вработените и посетителите. Општинската зграда е вториот дел од комплексот. Таа се состои од приземје и четири ката. Освен канцеларии, санитарии и помошни простории за вработените и посетителите, зградата има и аудиториум со мултинаменска сала за 80 луѓе. На првиот кат се наоѓа атриум кој се протега и низ останатите катови. Завршува со купола преку

која целиот простор добива дневно светло. Еден архитект е успешен онолку колку ќе успее да „зароби“ повеќе природна светлина во својот објект. Овде тоа е направено со многу умешност и знаење. Просторот добива атмосфера и амбиент, предизвикува чувства. Добрите архитекти се препознаваат по тоа што успеваат кај луѓето да предизвикаат чувства, да го бараат и да го најдат она што не го познаваат; до детали, проектирајќи го, и со своите цртежи да го прикажат објектот што постои само во нивните глави. Целиот комплекс е изведен во армиранобетонска конструкција, со столбови и греди. Фасадната обвивка на објектот е внимателно проектирана. Употребени се природни материјали како травертин, дрво, стакло, а на места се поставени вертикални бетонски елементи обоени во бела боја. Фасадата е вентилирана, а на делот кај што се поставени сервисните ходници таа е контактна, додека кај влезните партии таа е структурална стаклена фасада. Преку фасадата целиот комплекс одлично се вклопува во урбаната матрица како и органско поврзување со целиот пејзаж. Правците од кои поаѓаат постоечките пешачки текови и точките на нивните вкрстувања биле едни од појдовните основи при проектирањето. Целиот објект воспоставува врска помеѓу старото и новото, помеѓу постоечкиот парк, пазарот и околните

Oснова на приземје

36

ПОРТА

25 септември 2015


објекти. Постоечките целини се третирани како единствен простор со цел на подоцнежна трансформација на одделни структури и создавање на можности за оживување на сите потенцијали на просторот. Постигнат е визуелен континуитет и целосна интеграција на просторот, негова синхронизирана употреба од страна на различни категории на корисници,

како и остварување на висока безбедност на пешаците. Новиот бизнис центар „Емпорио“, откако ќе биде во целост изграден, ќе стане ново секојдневно собиралиште на жителите од Ѓорче Петров и пошироко. Поврзувајќи ја содржината со архитектонскиот израз на објектот, архитектите од ДСЦ успеале да доловат

целосно доживување, она што не може да се изрази во квадратни метри и сувопарни бројки. Ќе го следиме објектот од фаза на градба сè до неговото свечено отворање. Целиот комплекс на објектот се простира на 15.000 м2 бруто развиена површина, од кои околу 11.400 м2 припаѓаат на бизнис центарот и 3.600 м2 на општинската зграда. n

Oснова на втори кат

25 септември 2015

ПОРТА

37


културно наследство

СЕЛОТО ЈАНЧЕ ОД ДОЛНОРЕКАНСКИОТ КРАЈ

Архитектура градена по вертикала

Енис ХОЏА, дипл.инж.арх.

Н

е треба и понатаму да се бараат докази и оправдувања за тоа дека мијачкиот крај е регион од каде се раѓаат врвни мајстори и архитекти. Генијалноста на мијачките мајстори и нивните извонредни градби дури го имаат воодушевено и големиот Ле Корбизје, кој патувајќи низ тој регион, за архитектурата од мијачкиот крај вели дека е една од најимпресивните во тоа време. Изработена од локални материјали кои можат да се најдат во непосредна близина, кои биле обработени до совршенство од рацете на вештите мајстори, оваа традиционална архитектура и денес ги воодушевува сите оние што ги

38

ПОРТА

25 септември 2015

Во последните неколку години, во Јанче заживува изградбата, или реконструкцијата на постојните стари куќи, на начин на градба со кој се служеле старите мијачки мајстори. Веќе неколку објекти во селото се реконструирани со материјали кои биле користени во минатото. Вештите раце и на сегашните мајстори, речиси по ништо не заостануваат од мајсторите од познатата Мијачко - Дебарска школа


културно наследство

посетуваат овие села и чија професија или пасија е архитектурата. Селото Јанче е едно од низата села од Долнореканскиот крај. Toa е едно од најстарите населени места од овие мијачки простори, за кое датираат информации стари повеќе од пет века. Стационирано на стрмните падини на планината Бистра, ова село се наоѓа на надморска височина од 760

метри и од сите страни на селото се надвиснуваат високи планински и карпести врвови кои само ја надополнуваат и така преубавата природа која го опкружува и прекрасниот амбиент. На теренот кој е со голем пад во ова село, речиси еден врз друг се редат објектите. Гледано од патот Гостивар – Дебар, ова село се надзира над бујното зеленило и како да

ѕирка од внатрешноста на планината. Секоја од куќите се „бори“ и го добива својот дел од сонцето. Секоја куќа е добро осончена, добро проветрена и позиционирана. Кога се гледа во селото од дистанца, изгледа како да се развива по вертикала, а не по хоризонтала. Постојат повеќе „катови“ на кои куќите од ова село се поставени. Генијалноста, која нас нè воодушевува, не е само во поставеноста  25 септември 2015

ПОРТА

39


културно наследство

на објектите, туку во тоа што ова не е урбанистички планирано и уредено место, а истовремено, урбанистички гледано, ги задоволува сите прописи и хумани правила на кои нè учи урбанизмот. Како што и погоре наведовме, секоја од куќите ужива идеални услови од аспект на осонченост, проветреност и пристап до објектот. Генијалноста на оваа народна архитектура не е само во тоа. Во низата карактеристики кои ја класифицираат оваа архитектура во генијална, се и начинот на изведба и материјалите што биле користени. Овие објекти се градени од природен делкан камен кој овде го има во изобилство. Од камен се

40

ПОРТА

25 септември 2015


културно наследство

градени најчесто долните делови на куќите и општо на сите објекти. Камените блокови кои се наоѓаат на аглите се попрецизно обработувани, додека пак оние од внатрешноста на ѕидните површини се погрубо обработени. Како што е објаснето и во учебниците по македонска традиционална архитектура, во приземните и подрумските делови од куќите се јавуваат сосема мали прозорски отвори. На катовите, кои служеле за домување, користени се дрвените бондручни системи како конструкција, додека пак исполната на ѕидовите е изведена од плетена трска и кал. Во калта била мешана и слама, па во ваква комбинација овој

материјал е одличен изолатор и од ниските температури во текот на зимата, кои во овој регион знаат да бидат доста сурови, но и од високите летни температури. Како покривен материјал на објектите од ова село, како и од целиот мијачки регион, се јавуваат камените плочи, кои совршено наредени една врз друга формираат природен пад на водата и без никаков друг изолатор не ѝ дозволуваат на водата да навлезе под покривот во објектот. Во поново време, последните неколку години, во Јанче заживува изградбата, или реконструкцијата на постоечките стари куќи, на начин на градба со кои се служеле старите

мијачки мајстори. Веќе неколку објекти во селото се реконструирани со материјалите кои во минатото биле користени. Вештите раце и на сегашните мајстори, речиси по ништо не заостануваат од мајсторите од познатата Дебарска школа или попрецизно Мијачка школа. Главниот „виновник“ за ваквиот тренд во Јанче и целокупниот развој и напредок е италијанскиот повратник во ова село Тефик Тефикоски – Туто. Туто инвестирајќи во изградба на хотелски и ресторански капацитети го „оживеа“ ова село кое речиси беше во изумирање, додека пак со своите вешти раце и големото знаење за традиционалниот начин на градба, освен животот во ова село, ги враќа и традицијата и начинот на градење со локални материјали Посетата на Јанче, како и на целиот овој регион, може да биде едно позитивно и воодушевувачко искуство. Преубавата природа по течението на реката Радика, густата вегетација, високите планински врвови и, секако, карактеристичната македонска традиционална архитектура се доволни причини кои можат да ве натераат да го посетите овој регион и да уживате во сите убавини кои ги нуди и ги пружа како на дланка. Задоволсвото ќе ви биде загарантирано. n

ПОРТА


архитектура

РЕУРБАНИЗАЦИЈА НА ПОРАНЕШНАТА ИНДУСТРИСКА ОБЛАСТ ЦИРИХ-ЗАПАД

Од индустриска до луксузна област

Просторот помеѓу станбените згради В и С Натка ЌОСЕВА, дипл.инж.арх.

О

бласта Цирих - запад се протега западано од центарот на Цирих, помеѓу реката Лимат, железничката пруга и полињата што се граница и крај на градот Цирих. Областа Цирих- запад почнала да се оформува пред околу 200 години, како дел од градот Цирих. Од 1912 година прераснува во индустриска област т.н. Цирих Запад или Цирих 5. Годините помеѓу 1890-1966 се најславните години за тешката индустрија. Се произведуваат машини по високи стандарди, кои им овозможуваат на големите индустриски сили да го колонизираат светот со своите производи и да остваруваат големи профити. Цирих Запад односно Цирих 5 станува

42

ПОРТА

25 септември 2015

Крајот на индустриската ера и многуте економски кризи придонесуваат да се затворат голем број индустриски и производствени објекти, а со тоа се влошува и социјалната структура Трансформацијата на индустриските простори не е некоја новина. Во светот има многу примери на индустриски зони, кои ја изгубиле својата намена, да се реурбанизираат и да станат места - градски центри во кои ќе бидат вградени сите обележја на еден современ, модерен, па дури и луксузен живот. Во еден од минатите вроеви на Порта3 пишувавме за различните видови на трансформација на запуштени индустриски простори. Во овој број ви нудиме еден конкретен пример, како индустриска зона во швајцарскиот Цирих, прераснува во модерна област за живеење. На сето тоа му претходеле дебати, разговори, преговори, со учество на државата, стручната јавност, бизнис заедницата, граѓанските здруженија. За на крај да се донесе одлука за реурбанизација. За разлика од кај нас, каде што за урбанизацијата и реурбанизацијата се разправа во тесни кругови, далеку од очите на стручната фела и граѓаните. Порта3 и во идните броеви ќе ви претстави вакви и слични зафати, а ќе се обиде да обработи и мкедонски примери на реурбанизација.


Воден базен во центарот на паркот,,Фингстваид“

Станбена зграда ,,Фингсвајд“ В киклопот на индустриската ера во Цирих, но и во Швајцарија. Крајот на индустриската ера и многуте економски кризи придонесуваат да се затворат голем број индустриски и производствени објекти, а со тоа се влошува и социјалната структура во индустриската област Цирих - запад. Индустријата не е веќе тоа што била пред 1966 година.

Станбени згради ,,Фингсвајд,, В и С Центарот на Цирих сега е во близина на раселената и напуштена индустриска област Цирих – запад. Деиндустријализацијата во Швајцарија остава 400 км2 изграден простор, но веќе неупотреблив. Што со овој простор денес, а и во иднина? Тоа е прашање кое си го поставувале градските власти во Цирих, а решението е голем предизвик и за нив.

Градските власти на Цирих набрзо по пропаѓањето на индустриската облaст Цирихзапад започнуваат процеси на анализирање, проценки и валоризации на областа, за сите изградени објекти и инфраструктура. Одржани се многу дебати, форуми, разговори, преговори, кои ги иницира и организира градот Цирих заедно со сопствениците на имотите и  25 септември 2015

ПОРТА

43


Парк Фингсваид

земјиштето во Цирих- запад, а потоа е вклучена и пошироката стручна јавност, претставници на политичките партии, претставници од бизнис заедницата, претставници од државните служби и претставници од други граѓански здруженија. Проценето е дека напуштената индустриска област Цирих Запад е голем потенцијал за идниот равој на градот. Решено е поранешната индустриска област Цирих - запад да се реурбанизира со мешавина од повеќе различни намени на просторот, а се очекува реурбанизацијата понатаму да го поттикне развојот на оваа напуштена област. Новите планирани намени се: дизајн и медиумска сцена, забава и култура, гастрономија и хотелиерство, урбано домување, спорт и занаети и нови бизниси кои заедно треба да формираат една нова атрактивна област во градот. Од индустриска област, реурбанизацијата треба го трансформира

просторот во луксузна област. За таа цел, пред да започне реурбанизацијата на поранешната индустриска област Цирих-запад, направен е и усвоен Концепт за развој со развојни цели од страна на Градот Цирих заедно со сопствениците на имотите и земјиштето во индустриската област, и другите претставници од различни целни групи. Концептот за развој е објавен во 2000 година. Тој е усвоен и е основна рамка за натамошната реурбанизација на индустриската област. Во реурбанизацијата на оваа област, сите учесници треба да ги почитуваат позитивната законска регулатива за планирање на просторот и принципите од усвоениот Концепт за развој на поранешната индустриска област Цирих–запад, неговите насоки и цели, а тоа се: - Просторот да се планира за различни дејности и намени како: дизајн и култура,

Зградта ,,Фингваид“, А ,во позадина кулата ,,Моби“ 44

ПОРТА

25 септември 2015

-

-

-

урбано живеење, гастрономија и хотелиерство, спорт и рекреација, трговија и бизниси. Мора да се испланира и изгради потребна инфраструктура, да се испланира развојот на јавниот превоз, да се измени или адаптира постојната сообраќајна мрежа, да се испланираат доволно јавни отворени простори и да се реши управувањето со отпадот. Сите објекти и инсталации да се испланираат така што ќе може да се користат подолг временски период со голема флексибилност. Развојот на индустриската област е триаголник на одржливоста со добра кондиција помеѓу три области: економија, социјала и екологија. Да се испланираат доволно јавни отворени простори кои ќе придонесат за поврзување на различните намени и целини, и ќе

Зградите ,,Фингвајд,, А,В и С (лево) , зградaта ,,Магхоф“ (десно)


архитектура

оформат нова трансформирана современа урбана рамка. - Да се внимава на максимална пропустливост на пешаците со доволно пешачки површини, патеки, тротоари. Да се обезбедат доволно велосипедски патеки. - Зградите, инфраструктурата и јавните простори треба да бидат со висок квалитет, да се направи избор на квалитетни проекти и дизајн, а исто така и конечната реализација односно изградбата да е со висок квалитет. - Да се направи ревалоризација на просторот и постојните објекти. Развојот на поранешната индустриска област треба да се реализира во еден здружен кооперативен процес меѓу сите учесници и засегнати страни. Дадени се и клучните параметри, како геометриски големини. Површината на областа Цирих-запад изнесува 1.450.000 м2. Од тоа, со реурбанизацијата треба да се изградат површини со следните намени: - Станбена површина 203.000 м2 (од тоа 103.000 м2 за продажба, а 100.000 м2 посебна станбена површина) - Деловен простор за бизниси 556.000 м2 - Површина за продукција 196.000 м2 - Површина со паркови и отворени јавни простори 452.000 м2 - Површина за паркирање 186.000 м2 - Разни други површини 15.000 м2 Со реурбанизацијата, на подолг временски период, во оваа област е планирано да има 8.000 жители и 40.000 вработени. Областа Цирих 5 во последните 10 години интензивно се гради, како ниедна друга област во Цирих. Градот ги координира и контролира големите комплексни градежни проекти, а исто така и помалите приватни проекти, со цел да се

обезбеди висок квалитет, да се реализираат зацртаните цели и да се овозможи слободен проток на информациите. Еден од неколкуте делови (урбани целини) од Цирих запад, кој е веќе изграден и е приватна инвестиција, е станбеноделовниот објект „City West. Тој сe граничи со железничката пруга, на север со паркот 

Хотел Ренесанса

Просторот пред хотел Ренесанс и зградата 51 25 септември 2015

ПОРТА

45


архитектура и сообраќајницата „Фингстваид“ и делот „Магхоф“. Во овој дел се изградени три големи станбени блокови „Фингстваид“ A, B и C, станбено-деловната кула „Моби кула“, станбениот блок „Maгхоф“, комерцијалниот објект „Зграда 51“ и хотелот „Ренесанса“. „City West“ има 600 станови, канцелариски простор за 1.400 работни места и хотел со 300 соби. Во 2011 година, прво е пуштена во употреба станбено-деловната кула „Моби кула“ со висина од 81 метар и 24 ката. Приземјето е со површина од 1.400м2 и е со неправилна многуаголна форма. Лоцирина е покрај пешачката патека, железничката пруга и паркот „Фингстваид“. Во приземјето и мезанинот се сместени деловните простории, а на катовите станбениот простор. На најгорните катови се луксузните станови со хотелски сервисни услуги. Во есента 2013 година, пуштени се во употреба трите станбени згради и тоа „Фингстваид“ A и B, кои имаат вкупно 143 станови за продажба. Истата година пуштена е во употреба и станбената зграда „Фингстваид“ С, која има 75 станови за изнајмување и деловен простор со корисна површина од 1.400м2, исто така за изнајмување. Сите три станбени згради се со издолжена, различна неправилно прекршена форма во основата и катност П+6. Обработките на фасадите на сите три станбени згради се сосема различни, различни материјали и различен колорит. Паркирањето е во подземните нивоа. Во 2012 година, околу постојниот парк „Mагхоф“ е почната изградба на станбениот блок на источната страна, кој треба да го дооформи внатрешното двориште - постојниот парк „Магхоф“. Изграден е станбен блок, кој во основа е со правилна правоаголна форма, и катност П+9. Паркот останува во полуотворениот простор помеѓу станбените блокови, кои се поставени во форма на буквата П. Пуштен е во употрба 2015 година. Има 220

Станбена зграда А

станови. Паркирањето е во подземните нивоа. Во склоп на „City West“ е и хотелот „Ренесанса“ со капацитет од 300 соби. Тоа е еден од хотелите во ланецот „Meriot“, но управуван од швајцарска фирма. Зградата 51 е деловен објект. Основата и е квадратна и е со внатрешно двориште. Зградата има деловна површина од 16.000 м2, продажен простор од 800 м2 и угостителски простор од 700 м2. Во зградата работат вкупно 1.000 луѓе. Паркот „Фингстваид“ беше пуштен во употреба на 5 септември 2015, со што се завршува и заокружува изградбата на станбено-деловниот „City West“ во областа Цирих запад. Паркот е со долгнавеста форма и претставува границата на делот „City West“ на север кон останатите делови во Цирих - запад. Изграден е на место на поранешна градина според плановите на пејзажните архитекти Доминик Чиги и Карола Антоан и е првонаграден на јавниот конкурс за паркот „Фингстваид“ во 2009 година. Победничкиот проект го зема предвид рамниот терен на локацијата за паркот, но предлага сосема нов релјеф – нова топографија. Паркот е денивелиран , спуштен во однос на теренот на „City West“ и железничката пруга. Централното место го зазема голем округол воден базен, а околу него се развива површина т.н. „ливада“

Зградата ,,Магхоф“ со паркот

ПОРТА

озеленета со нови дрвја автохтони за овој дел и една површина со инсталација од преживеаните стари дрвја. Мала меморија кон минатото на овој дел. Паркот е добро поврзан со пешачки и велосипедски патеки со соседните квартови. Денивелациите на теренот и поврзувањето со соседството е со широки скали, рампи и терасовидни бедеми на кои се изградени површини за разни атрактивни игри со велосипеди, ролери и тротинети. Паркот ќе им овозможи дополнителни активности на жителите и ќе ја подигне вредноста на квартот. Во него се предвидени многу атракции за забава и рекреација на жителите, а се посадени автохтони зеленила и дрвја, кои многу одамна на истиот простор се одгледувале, а со тоа овој дел ќе потсетува на некогашните полиња и бавчи во Цирих- запад. Во скора иднина непосредно до паркот е планирана изградба на основно училиште. На оваа површина моментално има поставено подвижни дрвени цвеќарници и мини зеленчукови градини, за станарите на ,,City West“, кои имаат желба во слободното време да се занимаваат со цвеќарство или градинарство. Мала меморија кон минатото. Иако делот „City West“ го оформуваат пет станбени згради , хотел и еден деловен објект кои имаат огромни димензии и волумени, сепак нивната големина и волумен не се доживува така, заради големите отворени простори околу и меѓу нив. Архитектурата на сите објекти е со геометриски форми, правилни или неправилни, со примена на различни материјали и изведено многу квалитетно и прецизно. Сето ова дава една урбана и префинета слика на делот ,,City West“. Се вели дека швајцарските архитекти го преземаат водечкото место во планирање на просторот и архитектурата во Европа па и пошироко, а тоа секако може да се види и доживее најмногу со реурбанизацијата и изградбата на Цирих-запад, односно поранешната индустриска област и нејзината трансформација од област која била долги години индустриски киклоп во современа трендовска и луксузна област. n


ПОРТА


урбанизам

АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (12)

ЈАВНИ ПРОСТОРИ ВО УРБАНА СРЕДИНА

Плоштад во Пиран

Со комбинирање на различни дизајни при организирање на јавните простори, ќе се придонесе за менување на урбаното сивило на градовите, со трансформирање во пооптимистички градови, со похумани јавни простори, со што ќе се зголеми квалитетот на урбаната средина 48

ПОРТА

25 септември 2015

Ј

проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх. авните простори, особено просторите за движење на граѓаните, од ниво на тротоар до ниво на плоштад, се битни содржини на човековите населби. Јавните простори имаат социјално – интегративен карактер, бидејќи преку нив се изградува колективен идентитет на граѓаните, кои на тие простори комуницираат. Тоа се простори наменети за користење од страна на сите граѓани. Според застепеноста, позиционирање во ткивото на градовите, поврзаноста, пристапот и слободното користење од сите граѓани и нивно суштинско вклучување при донесување на одлуки од значење за јавните простори, се формира мерило за степенот на демократичност во едно општество. Особено е битна содржината на јавните простори во центрите на градовите, во почетниот период тие биле сакрални, а во подоцнежниот период центрите сè повеќе се секуларизирале. Центарот има улога на општествена интеграција и социјализација на граѓаните. Развојниот пат на јавните простори се движи паралелено со развојот на градовите. Со нивната трансформација се менува структурата на јавните простори во урбаната средина. Јавните простори имале важна улога уште во древните цивилизации. Во античкиот период имало две жаришта на јавниот живот: акропол (митско-сакрално средиште) и агора (политичко-управно световно средиште). Со текот на времето повеќе се развива агората со различни содржини (правни, управни, трговски, стопански, културни и сл.). Во стариот Рим се врши специјализација на улици и плоштади според функцијата, со изразен развој на трговските активности (трговски улици). Жариште на општествениот живот во Рим бил форумот, во кој се слеваат сите градски улици и кој е


урбанизам

Плоштад во Фиренца Плоштад во Струмица

окружен со јавни објекти. Во Рим се живеел интензивен јавен живот на отворените градски простори. Црквата во средниот век зазема централно место и во градовите се организира црковно и световно средиште на градот. Во ренесансата доаѓа до развој на јавниот живот во градовите, а јавните простори биле

проектирани и градени со деталност и внимание. Континуитетот на градовите се отсликува во развојот на јавните простори и нивно вклучување во современиот урбан развој на градовите. Во услови на проширување на градовите, се зголемуваат потребите за движење и се развиваат обемни сообраќајни мрежи, и со патување со автомобил човекот многу помалку го доживува градскиот простор, во однос на малите градови каде се практикува пешачко движење и каде непосредно се доживуваат јавните простори. Оформувањето и одржувањето на јавните простори не е само прашање на содржина и социолошка потреба. Акцентот е насочен кон јавните простори, особено во централните делови на градовите, заради фактот што центрите на градовите се фокусни локалитети каде се упатуваат граѓаните во различни поводи; тоа се делови на градот каде е предодредено дека треба да се искаже и чуе мислењето на граѓаните. Во тие делови на градовите се сместени најголем дел на државни институции, кои се експоненти на државата и затоа непосреден начин да се искаже негодување или радост на граѓаните се токму улиците и плоштадите во центарот на градот. Во крајна линија, на улиците и плоштадите отсекогаш се истакнува во најголем степен урбаното живеење, а посебно е тоа изразено во медитеранските простори (заради климатските услови и традицијата), а така е и во Македонија, каде дел од градското живеење се одвива на улиците 

Плоштад во Краков

Плоштад во Санкт Петерсбург

Плоштад во Албукерк, Њу Мексико

25 септември 2015

ПОРТА

49


урбанизам Урбан сквер во Денвер

и плоштадите, како отворени урбани простори. Битна е локациската поставеност и мрежата на јавните простори, а не само нивниот површински квантитет, изразен во метри квадратни пешачки патеки или плоштади. Битно е функционирањето на тие простори во врвните користења, кога има најголем број луѓе (за време на манифестации од различен карактер), и како во таква ситуација функционира јавниот простор, согледан од комуникациски до безбедносен аспект. Сè повеќе расте свеста на луѓето за значењето на јавните простори, за нивната припадност на сите граѓани и за нивната улога во урбаната средина. Во глобални рамки, а и во наши услови, сè повеќе е евидентно зголемувањето на интересот на граѓаните кон тие простори во урбаната средина. Односот на сите субјекти и поединци кон јавните простори треба да се третира како елемент на урбана култура. Во периодот на транзиција, во 90-тите години, битните промени во сопственоста имаа влијание врз просторното организирање на јавните простори, со максимално користење на секоја локација и помало внимание кон јавните простори. Периодот на транзиција се карактеризира со истакнување на профитабилните интереси на инвеститорите за секоја локација, со намалено внимание кон јавните простори. Со зголемување на свеста за јавните простори на глобален план во последната декада, се зголемува грижата на јавноста за секој метар квадратен јавен простор, особено ако тоа се прави за изградба на објекти. Потребно е посоодветно нормативно регулирање и оптимални стандарди за третманот на јавните простори во урбаната средина и зголемување на активното непосредно вклучување на јавноста односно на граѓаните во донесувањето на одлуки кои се однесуваат особено на јавните простори, кои припаѓат на сите граѓани. Треба да се актуелизира аспектот на заштита на постојните јавни простори, за да се спречи натамошна пренамена во градежни цели и да се мотивира оформувањето на нови јавни простори во урбаната средина, на ниво на град, урбани реони, урбани заедници, квартови и соседства. Треба да се мотивира дисперзијата на јавните простори, со систем на скверови со соодветна урбана опрема и континуирана мрежа на пешачки и велосипедски патеки. Потребни се интервенции во урбана санација на несоодветно опремени јавни простори со организирање места за седење, заштита од атмосферски влијанија, безбедност на јавните простори, соодветна хигиена на јавен простор, организирање јавни тоалети, со опремување на просторите со урбана опрема и нејзино одржување, како дел на урбаната култура.

ОФОРМУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ ЈАВНИ ПРОСТОРИ Многу е битно да се врши перманентно одржување на јавните простори, особено на просторите за движење на пешаци. Од увидот во состојбата со јавните пешачки површини, се констатира дека преовладува асфалтот, како завршна обработка, кој од еколошки аспект е неповолен за пешачки површини и се промовира примена на различни природни материјали, со соодветна колоритна обработка на пешачките површини, дизајнирани според функцијата и со регулирана денивелација на градскиот под за непречено движење и на лица со посебни потреби, со 50

ПОРТА

25 септември 2015

Плоштад во Берово

Урбан сквер во Њујорк примена на различна текстура при обработка на површините, особено при преод од пешачка површина кон сообраќајна површина (кај пешачките премини), и со така дизајнирани патеки, тротоари и плоштади ќе се придонесе за подобар квалитет на урбаната средина. Значи, потребно е суштинско менување на обликувањето на јавните пешачки простори. Покрај перманентно одржување на постојни, потребно е засилено оформување на нови јавни простори, особено покрај оние улици каде сè уште нема тротоари и каде не е безбедно движењето на пешаците, а такви примери има во секој град. Значењето на просторите за пешаци е особено изразено при изведување на безбедно преминување преку изразени собраќајници, како што е примерот со изградба на пешачки мостови над улиците или подземни пешачки премини под улиците.


Пешачка површина во Осиек

Пешачка површина во Веркорин (Швајцарија)

Пешачка површина во Порторож

Пешачка површина во Чикаго

КОРИСТЕЊЕ НА ТРОТОАРИ ЗА БЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НА ПЕШАЦИ Функцијата на тротоарите е обезбедување непречено движење на граѓаните, од една градска локација до друга. Во многу случаи, тротоарите се користат и за други намени, особено за паркирање на автомобили. Тоа е особено изразено во централните подрачја на градовите, каде скоро секој тротоар се користи за паркирање, а тоа и се наплатува, и наместо простор за пешаци се користи како паркинг простор. Во таква ситуација, пешаците немаат каде да се движат по тротоарите и се движат на улица, што директно влијае врз безбедноста на граѓаните. Додатен проблем е користењето на урбана опрема по тротоарите (маси и столици поставени на тротоарите), која се издава и на тротоари кои немаат елементарни услови за тоа, и наместо пешаците нормално да се движат по тротоарот, тие се протнуваат помеѓу масите и столовите или ја користат улицата, значи се оневозможени да го користат својот простор. Со тоа, пешаците мораат да се движат на улица и да ја доведат во прашање својата безбедност, заради парцијални интереси на инвеститорите и на надлежната управа (заради одредени средства), а се намалува или оневозможува движењето 

Пешачки мост над сообраќајница во Истанбул 25 септември 2015

ПОРТА

51


Плоштад во Билбао

Мултинаменски плоштад во Кордоба

Засенчен плоштад во Севиља

на пешаците по својот простор. Значи, за остварување на непречено движење по тротоарите, треба да се вклучат граѓаните, со организирана граѓанска активност за своите права за градски простор кој припаѓа на сите граѓани и сите имаат права и обврски да се ангажираат за тој простор. Јавниот карактер на тие простори е во фактот што тротоарите припаѓаат на пешаците. Значи, нема паркирање по тротоари, нема маси и столови, туку има користење на тој јавен простор за безбедно движење на граѓаните, по добро денивелирани тротоари. Активност која треба да се реализира, а времето ќе покаже дали можат граѓаните да се изборат за тоа свое право на јавен простор, кој долго време е узурпиран. До кога?

ЈАВНИ ПРОСТОРИ И ЈАВНОСТ Заради карактерот на јавните простори, особено на просторите за движење на граѓаните низ урбаната средина, од ниво на патека, тротоар до ниво на плоштад, е неопходно потребно активно вклучување на јавноста при организирање и избор на активности на јавните простори. Тоа особено треба да се изрази при донесување на 52

ПОРТА

25 септември 2015

детални урбанистички планови, каде треба да се нагласи јавниот интерес, особено за карактерот на јавните простори наменети за сите граѓани. Потребна е измена на законската регулатува, со нормативно обезбедување и практична реализација на задолжително суштинско вклучување на јавноста при утврдување на концептите, особено на јавните простори. Тоа е неопходно потребно како придонес во процесот на натамошна демократизација на општеството. При организирање на јавните простори, треба да се подобри третманот на лицата со посебни потреби, од ниво на плански поставки до финална реализација, со особен акцент на поволното движење по тротоарите и соодветен пристап особено до јавните објекти. Со комбинирање на различни дизајни при организирање на јавните простори, ќе се придонесе за менување на урбаното сивило на градовите, со трансформирање во пооптимистички градови, со похумани јавни простори, со што ќе се зголеми квалитетот на урбаната средина. . 


ПОРТА


eнтериер

КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ Лондон

КНИГА + МАСА + ПРОСТОР = КАНЦЕЛАРИЈА Интердисциплинарниот дискурс кој ги третира работните простори влијае врз дизајнот на неговите физички компоненти, но улогата на архитектурата произлегува и од еден доста елементарен факт кој вели дека најголемиот дел од работното време на современиот човек се одвива во канцелариски простор Вон.проф.м-р. Мишко Ралев, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

К

онфигурацијата на силуетата на современиот град најчесто е структурирана од современите канцелариски згради кои доминираат над урбаниот пејзаж, а меѓу кои најпрестижни се зградите на глобалните корпорации или финаснсиските институции (банки, осигурителни компании, разни инвестициски фондови, глобални брендови). Тие ја манифестираат економската моќ и вербата во иднината, претставувајќи се себеси како институционален симбол и урбана икона. Честопати, во ваквиот тип на згради се имплементираат најразвиените градежни технологии во специфичен архитектонски јазик, позиционирајќи се како најпрогресивни

Св.Жером 54

ПОРТА

25 септември 2015


eнтериер

архитектонски творби на денешницата. Внатрешните работни средини на овие згради се карактеризираат со богата комплексна структура на простори за да ги исполнат сложените потреби на организациската разноликост на работната сила, распоредена во бројни оддели во зависност од организациската поставеност на одредена компанија, при што се креира богат социјален живот во зградата, зајакнувајќи ги и подржувајќи ги средбите и интеракциите помеѓу корисниците на просторот, отсликувајќи ја новата ера на развојот на глобалното општество кое сè повеќе преминува од „информатичко општество“ во општество

Градска силуета

кое современите теоретичари го нарекуваат „општество на знаење“ (Knowledge Society). Но и низ историјата бројни теоретичари од областа на „организациското однесување“ ја препознале архитектурата, поточно ентериерот како важна компонента за благосостојба на индивидуите (вработените) и организациите. Тие ја посматрале архитектурата од поширока перспектива, испитувајќи ја во услови на нејзините главни функции како што се: а) заштита и сигурност, безбедност; б) социјален контакт; в) симболичка идентификација; в) задоволство и г) растеж, напредок. Со тоа тие сметаат дека архитектурата и ентериерот можат да имаат карактеристики на систем за поддржување на средината преку олеснувањето на работата. Во случај да се прифати оваа теза за точна, тогаш архитектурата може да влијае како на внатрешните така и на надворешните аспекти на работата, и како таква таа игра важна улога во организациската ефективност, а пак дизајнот на ентериерот се

потенцира како важен или битен елемент во олеснувањето на социјалните и комуникациските шеми внатре во организациската структура на компаниите. Секако дека интердисциплинарниот дискурс кој ги третира работните простори влијае врз дизајнот на неговите физички компоненти, но улогата на архитектурата произлегува и од еден доста елементарен факт кој вели дека најголемиот дел од работното време на современиот човек се одвива во канцелариски простор. Тој е најзастапениот вид на работен простор воопшто во објектите од јавен карактер. Освен во деловните објекти, каде е основен тип на простор, канцеларијата ја има и во фабричките, стопанските, болничките, школските, спортско-рекреативните и во секаков друг тип на нестанбени објекти. Во неа се раководат компаниите, во неа се изработуваат проекти и дизајни, се утврдуваат политички платформи и стратегии, се одвиваат сите бирократски процеси во управувањето со цивилните општества низ сите нивни сегменти и, конечно, се одвиваат стручно-научни истражувања за глобален опстанок и развој на човештвото. Но, со брзиот развој на информатичките и комуникациските технологии, денес и оние простори во кои се одвиваат други функции, како што се болничките амбуланти и ординации, школските училници, кафетериите и останатите угостителски локали, аеродромските лобии, во голема мера се трансформираат во канцеларии. Традиционалните канцеларии се користеле за да се надгледуваат сметководствените или продажните активности, во нив се одвивале административни активности преку кои се раководело производството, продажбата и дистрибуцијата на материјалните добра. За разлика од нив, во модерните канцеларии се создаваат, управуваат и контролираат интелектуалните производи кои не мора директно да содржат материјални добра, како што е логистиката, сите видови на дизајн, креирање и развој на софтверски технологии и развивање на проекти значајни за цивилното општество. Ако современата канцеларија, од аспект на дизајн на ентериери, е создадена од пред околу сто и педесет години, се поставува прашањето каде се почетоците на канцеларијата и на што е таа резултат. Според Хајо Акоф (Hajo Eickhoff), познатиот германски филозоф и историчар на културата, корените на канцеларијата како простор за одвивање на одредена интелектуална активност односно како професионална институција досегаат до 13-от век. Но корените се уште постари, имено, околу 400-та година св. Жером, тогашен калуѓер, го превел Стариот завет на латински – Вулгата, дело кое станало многу барано за да резултира 25 септември 2015

ПОРТА

55


eнтериер со огромна побарувачка од тогашните манастири. Зашто манастирите во тоа време претставувале вистински претпријатија во кои освен основната религиозна функција се одвивале и други социјални и економско производствени функции кои создавале материјални и интелектуални добра. Во овие верски институции се одвивала огромна и значајна копирачка и преведувачка дејност – се преведувале, а потоа и копирале сите значајни дела на античката култура. Со тоа манастирите во тоа време претставувале значајни производствени и културни центри, при што нивните челници – опатите биле почитувани, а што е и позначајно, и моќни исто колку и бискупите или дури и кралевите. Книгата, масата и просторот се основните елементи кои ја создаваат канцеларијата, кои денес се појавуваат во видоизменети форми, но сè уште задржувајќи ја својата суштина на примарни канцелариски алатки. На овие основни, низ текот на историјата се додавале и други елементи: хартијата, мастилото, брисачот, кожата, садот, обичните и моливите во боја, за да денес многуте од овие елементи и алатки бидат делумно или целосно заменети од персоналниот компјутер. Книгата е причината за постоењето на канцеларијата, односно нејзиниот основен елемент, која за да биде во функција треба да биде поставена на некакво парче мебел кое пак се наоѓа во некаква просторија. Масата е тоа парче мебел на кое се поставува книгата. За да се заштити книгата, која во минатото се пишувала со рака, а кориците биле правени од дрво прекриено со декорирана кожа и заради тоа имала непроценлива вредност, масата се прекривала со ткаенина која ја штитела корицата од оштетувања. Парчето ткаенина на француски се нарекувало бура, збор од кој подоцна ќе произлезе модерниот поим биро, исто така француски, кој денес е сининим за канцеларија. Просторот е третиот елемент од оваа конститутивна тријада кој произлегува од т.н. скрипториум (scriptorium, lat.) – просторија за пишување која подоцна го добива своето име по споменатото парче ткаенина – бура, за да подоцна се трансформира во биро. Во 19 век во Франција со ова име се именувале и самите работни простории, при што и денес се употребува со две значења: биро означува работна маса, но го означува и работниот простор во кој таа се сместува. Во македонскиот јазик зборот биро исто така се употребува и како ознака за маса за пишување, но и за одредени владини служби, на пример: Биро за јавни набавки. Во доцниот среден век со стабилизирање на условите во општеството, а како резултат на неговиот комплексен развој се јавила потребата од објекти со посебна намена какви што се 56

ПОРТА

25 септември 2015

Библиотека Лауренцијана Мелк


eнтериер болниците, колеџите и универзитетите во кои посебно место претставувале библиотеките и како просторни единици, но и како институционални во кои се развивале специфични професии за кои биле потребни одредени простори и опрема. За разлика од средновековието, во кое канцеларијата во својата примордијална фаза се наоѓала во манастирите, ренесансата од причини кои се добро познати на сите, донесува специфичен тип на простор или просторија која веќе може да ги детерминира елементите на она што подоцна ќе се нарекува канцеларија. Во тоа време во ваквите простории покрај пишувачките активности се одвивале и одредени пресметки. Алатки и материјали кои се користени се оние од манастирските бури – мастило, перо, хартија, брисач и боја на кои се додаваат и: сметалка или абакус, размерник и восок за печати и печат. Канцеларијата прв пат се јавува во резиденцијалните објекти – градските палати на богатите семејства во вид на „studio“ – просторија за интелектуална или канцелариска работа, или за приватна конверзација, обично во склоп на приватните апартмани сместени на првиот кат – piano

Антверпен - канцелариска зграда

nobile, катот на кој било сместено семејството. Нов пресврт во развојот на човековото општество претставува периодот на 18 век, со појавата на индустриското производство кое развива нови професии, така што канцелариската работа не претпоставуваше само трговија и комерција туку се појавуваат и инженерските професии, образованието и секако јавната администрација. Тогашните контори и кабинети го менуваа својот организациски и содржински лик. Она што го

одредува внатрешниот простор како ентериерно организирана средина, покрај примарните елементи, е секако мебелот и опремата. Поставени во соодветен меѓусебен однос градат композициско функционални единици или системи одредувајќи го карактерот на истиот. Во овој историски период новата структура на просторот развива нов тип на мебел: висока клупа, столици и биро-клупа прекриена со текстил. Бирото претставува клупа која како компактна канцелариска единица изискува минимален простор, а се состои од површина за пишување, фиоки, полици за хартија во форма на ескритоари (фр., секретери). Кон клупата се додаваат и столиците, кои во прво време биле инспирирани од староегипетските и римските тронови и престоли. Модерниот облик столиците го добиваат со нивно индустриско – масовно производство во втората половина на 19 век. Продолжува Од овој број Порта3 во неколку продолженија ќе објавува текстови за внатрешно уредување, со посебна нагласка на уредувањето на административните простори.

ПОРТА


рубрика

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

38

38

ПОРТА ПОРТА

26 декември 2014

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


ПАРКИНГ СИСТЕМИ Изнајмување и продажба

адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


сообраќај

СКОПЈЕ - ЕКСПРЕСНИТЕ МАГИСТРАЛИ

Просторна диспозиција на магистралните коридори

И

Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж. нституционалното расположение и сообраќајноинженерската снаодливост се вистинските носители на одлуката со кој квалитет (ќе) патуваме низ главниот град и колку тоа (ќе) не чини. Помеѓу кои постои врзно ткиво од, на моменти, зачудувачки површна перцепција на некои стратешки решенија кои веќе „грепкаат“ за поконкретна артикулација. Во потесна смисла заради нивна недвосмислена и, со самото тоа, долготрајна презервација. Пошироко, за доброто на мултилатералната природа на урбаниот сообраќаен систем наместо за неговото парцелирање и фрагментација. Пресложен како целина, градот може до некаде да си го дозволи луксузот на „локалните“ сообраќајни решенија да им доделува повисоки „еполети“. Но само оние „генералските“ се носители на квалитативниот екслузивитет „од целината – за целината“. Лично, не верувам во постоењето на сили

60

ПОРТА

25 септември 2015

СООБРАЌАЈ Д.О.О. Пресложен како целина, градот може до некаде да си го дозволи луксузот на „локалните“ сообраќајни решенија да им доделува повисоки „еполети“. Но само оние „генералските“ се носители на квалитативниот екслузивитет „од целината – за целината“. кои не сакаат сообраќајот во Скопје да успее. Премногу заверенички и едноставно за мојот вкус. Вербата во моменталната потреба, која со стратешкото инженерство понекогаш нема допирни точки, ми е далеку помила. Сооднос чии празнини и недоречености се пополнуваат со повремени идејни „рапсодии“ кои го занишуваат сообраќајното клатно на овој град, на прв поглед, во сосема логични но сепак, од стратешка гледна точка,

дискутабилни насоки. Креирајќи решенија создадени нешто од корист, малку од драматургија, кои за современите урбани сообраќајни доктрини се држат повеќе со прстите наместо да ги грабнат како гума за спасување. Можеби токму претходно наведеното е една од причините зошто жителите на Скопје својот сопствен сообраќај го доживуваат како фатум, нишајќи се во неговото перцепирање


сообраќај

Булевар „Крушевска Република“ - локалитет Ново маало

помеѓу екстремот на „хаосот“ и новиот, цивилизиран миг на препознавање на сообраќајната рамноправност на пешаците. Од субјективното терминолошко „алиби“ за, се сомневам, личната произволност во сообраќајот до поширокото возачко прифаќање на еден од системските аксиоми, како благ отклон од генерално негативниот јавен став. Сообраќајот во Скопје, сите оние што редовно му ги „мерат“ улиците едноставно, како да сакаат по малку да го мразат. Можноста ваквата граѓанска перцепција да е ехо на режиските дисонанти од институционално потекло, кои, и покрај добрата намера, го декласираат впечатокот за јавната, наспроти селективната сообраќајнотранспортна полезност, самата се наметнува. Токму како и чувството дека менталната езотерија на ова поднебје повеќе се перцепира како цел, помалку како алатка за локално приспособување на пошироките позитивни искуства во изградбата и организацијата на еден современ и одржлив урбан сообраќај. Некои практични дејства исфрлаат сомнеж за објективниот потенцијал на дел од тековните транспортно-инфраструктурни тенденции и решенија. Кои, освен што анимираат, со својата изненадност и инвентивност под знак прашање го доведуваат движењето кон единствената перспектива, кое само по себе, белки, треба да се подразбира.

ЕДНА ВИЗИЈА КАКО ПРИМЕР

Булевар „Крушевска Република“ - локалитет Maџир маало

Концептот базиран на постоење на `рбетни носачи во форма на експресни магистрали е еден од последните големи инфраструктурнопланерски продукти наменети за овој град; булеварите „Крушевска Република“ (1), „Македонија“, алијас „Јужен Булевар“ (2) и „Никола Карев“ (3) се замислени како сообраќајни транспондери на поголемите градски растојанија без интерференција со комуникациите од понизок ранг. До толку голем изгледа, што по толку години од неговото официјално лиферување не успеваме ниту да го реализираме до крај, ниту да го обориме до крај. Без оглед на моменталниот распоред на силите за и против него. На тој начин сите кои професионално ги „макаат“ прстите во просторно-развојниот казан на градот Скопје, а притоа да не мора безусловно да се инженери, учествуваат по малку во трансформација на визијата во илузија која, наместо да центрифугира, почнува да пречи. И во берзански стил да овозможува тумбање на градските сообраќајни приоритети преценувајќи ги и девалвирајќи ги наизменично, низ инката на една оригинална релативност „за секоја пригода“. Во потпирањето на клучните решенија на 25 септември 2015

ПОРТА

61


сообраќај Булевар „Крушевска Република“ - локалитет Крњево

едноставни логични поставки има некаква слатка иронија. Тргнувајќи во нивно игнорирање се инфицираме со она слепило за грандиозноста на шумата затскриена зад првото дрво кое го одвлекува вниманието. Лековитоста на оваа „`рбетна визија“ е лабораториски стерилна: оној што патува на поголеми градски растојанија – интерен транзит – нема никаква потреба да интерферира со локалниот односно со патникот кој само минува од една градска зона во друга. Канализирањето на транзитниот сообраќај низ магистралните коридори го отстранува непотребниот вишок од возила кој, во спротивно, ја оптоварува пониската инфраструктура, доведувајќи одредени нејзини сегменти до граница на оперативиот капацитет и, потенцијално, до прекомплексни решенија за „кратки патеки“. Лексички поедноставено до максимум: она што нема потреба да биде тука, не треба да биде тука!

СЕНКИ НА ПОШИРОКИОТ КОНТЕКСТ Секој град е еден оригинален Јанус. И има две лица, своја „фасада“ и своја „внатрешност“, 62

ПОРТА

25 септември 2015

урбана структура и невидливи сили и законитости од кои таа произлегува. Своја сага и свое пророштво, како свест за себе и иднина која треба да се дофати. Идентитетот и функционалноста секој град ги бара во тие начелни рамки. „Куцањето“ на самосвеста се јавува како природна манифестација кога рамките стануваат потешко видливи или претесни. Во услови на непостоечки попис на пример, чија измаглица го затскрива неопходниот квантитативен темелник. Или пак помеѓу деловите на една фрагментирана и, на моменти, неконзистентна визија за развој, чија студиска вертикала – ГУП за градот Скопје – дофрла во овој момент само до зад аголот, до блиската 2022 година. Прогнозите на наведениот планерски „законик“ би требало да зазвучат метално остро, налик на рибарското ѕвоно кое се потегнува на појавата на, за скромната големина на пловилото, критично висок бран. Тоа еднозвучие воопшто не крие дека градската сообраќајна мрежа може за 15-ина години да се соочи со 25% поголем демографски притисок, кој потенцијално ќе продуцира нови 50 и кусур илјади „резидентни“ возила. И, како резултат на

тоа и заднинските случувања во регионот, кој зне колку нови транзитни движења. За град без класична развојна стратегија и со нејаснозагрижувачка демографска перспектива, низ чии капии секое денешно утро поминуваат, според проценките, повеќе од 94.000 возила од регионот, некои сообраќајни решенија се добри, а некои едноставно зимзелени. За чија реализација треба да се гребе и гризе. Бидејќи само тие 94.000 возила секојдневно генерираат повеќе од 180.000 патувања низ улиците на градот. Непостоењето на внатрешни транзитни коридори не значи автоматски и бришење на транзитните патувања. Нивната способност за мимикрија само ќе ги преточи во колоните возила под чија „тежина“ постоечките крстосници чкрипат или пак допрва ќе зачкрипат како стари, дрвени кревети. Терајќи нè, можеби, како град да го изгубиме од предвид дури и своето недостојно рангирно место на неумоливите европски

еколошки табели. Времето, портмонето и нервите на секој жител или посетител на градот, кој во работен ден мора да го помине растојанието од стоковната куќа „Мост“ до хотелот „Континентал“ на пример, стануваат квалификувано свесни за апсурдноста на ова прашање ...

АЛЕРГИЈА И МЕДИКАМЕНТ Токму поради нивната стратешка природа, изворната полезност на одделни концепти може да дејствува сонливо. Во тој простор помеѓу сонот и јавето, сомнежот и потценувањето лесно се гнездат. Таа полезност секако ќе се разбуди, но тој процес не се мери во денови, а јавето што следи е димензионирано да прескокне децении. Алергиската реакција на споменот на овие три столбни сообраќајници повремено може да добие на интензитет, а тоа елегантно да се сведе на ниво на судир на мислења. Но не е природно тој судир да излегува од техничкиот контекст, ниту пак да ги доведува до работ на планското опстојување. Игнорирањето на причините за настанок на овие три магистрални


сообраќај

Булевар „Македонија“ - локалитет Стара Железничка станица

Булевар „Македонија“ - локалитет Буњаковец „побратими“ по судбина, несомнено креира проблеми кај постоечките крстосници. И за нив може да се употреби заменски сообраќаен „медикамент“, кој во форма на проект за регулација на собраќајот на една крстосница или пак за проширување на делница, ќе ги ублажи болките. Привремено, до хоризонтот на оние две-три децении до каде максимално може да дофрли прогнозерската смелост на проектните решенија. Со скриена надеж дека пошироките градски флуктуации, кои по правило се прехрануваат и со „порции“ ефикасност на сообраќајната инфраструктура, сепак ќе бидат доволно милозливи. Или, пак, да се посегне по „вакцина“ со долгорочно дејство,

која опасноста од повторување на инфекцијата ќе ја сведе на минимум. И која, се разбира, ќе чини, бидејќи е решение кое не тргнува кон иднината, туку доаѓа од неа. И бидејќи е темелно становиште, а не променлива карактерна категорија ... Повторувањето на заменската терапија може да стане „мајка“ на уште еден градски мит – мит за отсонуваниот, а непороден концепт на трите магистрали. Изговорот што се потпира на непостоење на финансиски средства, едноставно, „не држи вода“. Финансиската моќ, која за помалку од десет години овозможува повторно реконструирање на главниот градски плоштад, го губи правото да се повикува на

„празни џепови“. Токму заради сето ова, би било долгорочно полезно носењето на пресудни заклучоци и изградбата на јавната перцепција за градскиот сообраќај уште еднаш да се премерат низ аршинот на овие три „брзи“, „експресни“ или како и да милувате магистрали. Малку е веројатно дека севкупноста на поединечните пандански решенија може да парира на нивната севкупна функционална вредност. Овој град веќе покажал дека поседува волја за повремени револуционерни исчекори во сегментот на урбаниот сообраќај. Прашање е дали постои издржана причина зошто тоа не би се повторило и во овој случај.  25 септември 2015

ПОРТА

63


експерт

РАДИКАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ПРАКТИЧНОТО ИСКУСТВО ВО СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ ПО АРХИТЕКТУРА

Време за промени ЕУ подготвува нова директива која претставува одговор на основните предизвици на пазарот на труд ширум Европа, карактеризиран со паралелно постоење на големи недостатоци од стучни лица во комбинација со високо ниво на невработеност, особено помеѓу помладите луѓе

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)

П

ред десет години, на 30 септември 2005 година, беше објавена Директивата 2005/36/ЕЦ на Европскиот парламент и Европскиот совет од 7 септември 2005 за признавање на професионалните квалификации. Непосредно по објавувувањето на оваа директива, отпочнала работата на новата директива за признавање на професионалните квалификации. Десет години подоцна се наѕира доаѓањето на нова директива за која се очекува да биде донесена во јануари наредната година. За Мајкл Браинер (Michael Brainer), член на Европската комисија одговорен за Внатрешниот пазар и услуги: „Мобилноста на добро квалификуваните професионални лица е клучен извор на развој. Токму заради ова многу е важно тие да можат да одат онаму каде има работа. Новата директива ја зајакнува рамката преку која 64

ПОРТА

25 септември 2015

професионалните квалификации ќе можат да бидат признати на брз, ефикасен и проверен начин“. Според него, со новите правила се постигнува вистинската комбинација на зголемена мобилност и заштита на потрошувачите и пациентите. А новата директива претставува одговор на основните предизвици на пазарот на труд ширум Европа, карактеризиран со паралелно постоење на големи недостатоци од стучни лица во комбинација со високо ниво на невработеност, особено помеѓу помладите луѓе. Затоа, тој смета дека новата директива ќе помогне во надминувањето на овие предизвици. Според сегашниот систем, лицата што сакаат да се пријават во земја на Европската заедница каде што нивната професија е регулирана, треба да поднесат барање до одворните организации во таа земја, а тие треба да донесат одлуки за признавање на квалификациите во зададените рокови во зависност од професијата во прашање. Според новите правила, сите информации за признавање на професионалните

квалификации ќе треба да бидат достапни на јавноста преку Еден контакт (Single Point of Contact) или преку веб странците на одговорните организации, при што сите земји членки на ЕУ ќе бидат обврзани да отворат центри за помош, каде ќе можат да се добијат совети за индивидуалните случаи. Професионалните лица коишто ќе сакаат да се вработат во својата професија во друга земја, ќе бидат во можност да ја отпочнат постапката за признавање на нивните кавлификации во својата земја. Одоворните организации во матичната земја ќе ја проверат пријавата со придружните документи, пред неа да ја препратат до земјата во која лицето сака да се вработи. Како резултат на ова се смета дека процесот на признавањето на професионалните квалификации ќе се забрза, а во случаи кога определените рокови нема да се запазат, признавањето ќе оди по автоматизам. Истовремено, професионалните лица коишто сакаат времено или понекогаш да работат во други земји на Унијата, по завршувањето на постапката за признавање на своите професионални квалификации, ќе можат во период од 18 месеци да работат во повеќе земји на Европската Унија. Една од најголемите новини, што ќе проилезе од новата директива, е воведувањето на таканаречената Европска професионална картичка (European Professional Card). Притоа не станува збор за физичка картичка, туку за една виртуелна, базирана врз централна електронска база на податоци, преку која одговорните организации во матичната земја и земјата


експерт

домаќин ќе можат да ги споделат информациите за професионалните лица на едно место, при што одлуката за признавање на професионалните квалификации ќе ја носи земјата домаќин. Европската професионална картичка во форма на електронски сертификат ќе биде достапна за одредени професии на доброволна база. Друга голема новина е дефинирањето на минималните услови за практично искуство и формално образование на одредени професии, вклучително и архитектите. Дополнително, со новата директива ќе се воведат услови за признавање на практичната обука од една во друга земја, како и механизми за заштита на потрошувачите и пациентите преку споделување информации и испраќање пораки за предупредување на оние професионални лица чиишто акции довеле до загрозување на безбедноста на пациентите или пак безбедноста на децата во нивна грижа, или пак се суспендирани по овие основи. Како резултат на новата директива, секоја земја членка ќе треба да изготви листа на регулираните професии, но и да изврши евалуација на пречките за пристап во регулираните професии од професионалните лица од други земји членки, како би можеле да се преземат мерки преку кои овие пречки би се отстраниле. Една од регулираните професии во ЕУ е и онаа на архитектите и со новата директива се додефинираат минималните услови за практично искуство и формално образование, со што би се хармонизирале

условите во рамките на ЕУ. Во оваа насока, во март годинава Советот на Кралскиот институт на британските архитекти организираше отворен форум на којшто се разгледувала иднината на архитектонското образование во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во контекстот на воведување на новата директива за признавање на професионалните квалификации во ЕУ и предлозите содржани во рамките на Прегледот на архитектонската едукација во земјата, изготвен од страна на Кралскиот институт. Така, од септември 2016 година се очекува дека ќе престане да функционира постојниот систем базиран на трите делови на испитот на Кралскиот институт, според кои, првиот дел на тригодишни додипломски студии резултираше со доделување диплома за Бечелор по уметности, науки или архитектонски студии, по кои следуваше едногодишен период на стекнување практично искуство, пред да се отпочне со вториот дел на двегодишни постдипломски студии, кој по старо водеше до диплома по архитектура или диплома за Бечелор по архитектура, а по ново води до Мастер по архитектура. По ова следува вториот едногодишниот период на стекнување практично искуство и вонредни студии за да се пристапи кон полагање на третиот, завршен дел на испитот со кој кандидатот се стекнува со правото да се лиценцира како архитект. Според новото, се воведува радикална интеграција на практичното искуство во

наставната програма, така што пропишаното практично искуство ќе треба да се интегрира во рамките на академските студии, коишто по седум години поминати во редовно образование и практика ќе водат до квалификацијата Мастер по архитектура, вредна 300 кредити според Европскиот кредит трансфер систем и правото на стекнување лиценца како архитект. Со ова, трите циклуси на студирање по старо ќе се заменат со два циклуси на студирање по ново, при што високообразовните органзации ќе можат да нудат две опции за студирање. Петгодишни редовни во комбинација со двегодишна практика во струката или, пак, четиригодишни редовни студии во комбинација со тригодишна практика во струката, при што, за една година практика во струката ќе имаат можност да се стекнат со академски кредит еквивалентен на едногодишни студии во областа. Според Харис (Harriss, 2015), можни придобивки од новиот пристап се изедначувањето на пристапот со оној во другите земји на ЕУ, но и можност за евентуално укинување на практиката со која понекогаш на студентите им се оневозможува стекнување на соодветно практично искуство, па тие се принудени подолго да работат за помала плата како студенти и не се во состојба да се лиценцираат како архитекти. Оттука, се проценува дека очекуваните промени ќе донесат поголема флексибилност по однос на организација на архитектонските студии од страна на високообразовните институции, но и дека истовремено се создава простор образованието на архитектите да еволуира во насока која најдобро ќе го потпомогне создавањето на економски компетитивна и социјално одговорна професија. Со оглед на тоа што Р. Македонија во рамките на своите активности за правна хармонизација со законите на ЕУ веќе има донесено Закон за признавање на професионалните квалификации, допрва ќе треба да се види како новата директива на Унијата ќе се преточи во нашите локални закони, и како ќе се трансформира архитеконското образование во земјата за да се усогласи со она на земјите од ЕУ. Седумте факултети за архитектура во земјата, заедно со Комората на овластени архитекти и инженери, и Асоцијацијата на архитекти на Македонија и ресорските министерства ги чека одговорна и значајна работа во претстојниот период, особено затоа што Република Македонија е една од ретките земји во светот со двостепен систем за лиценцирање на архитектите. 25 септември 2015

ПОРТА

65


технологии

Софтвер на претплата за поголема флексибилност или? Почнувајќи од 1 февруари 2016 година, поголем дел од апликациите на Autodesk ќе можат да се купат само преку временски ограничена претплата, додека останатиот дел од портфолиото ќе биде достапно за трајни лиценци до 31 јули 2016, датум по кој временски неограничените, односно трајните лиценци на Autodesk целосно заминуваат во историјата

В

Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх. о контекст на најавеното укинување на трајните (временски неограничени) лиценци на продуктите на Autodesk, на почетокот на септември годинава, компанијата објави уште едно соопштение со кое се заокружува планот за целосно воведување на претплатата како единствена опција за лиценцирање во иднина. Во соопштението се вели дека почнувајќи од 31 јули 2016 година, Autodesk ќе ги укине трајните лиценци и за преостанатите апликации кои не беа опфатени во првобитните листи, а се однесуваат на портфолиото Autodesk Design & Creation Suites, продуктите од ЛТ фамилијата како и извесен број на самостојни апликации како што се Autodesk® Alias® Design, Nastran, Vault Professional, VRED Professional итн. За своите идни корисници, „компанијата ќе обезбеди нови, поедноставени опции за претплата, со што корисниците ќе можат да пристапат до повеќе апликации и да ги делат лиценците како што тоа го прават и денес – стекнувајќи

66

ПОРТА

25 септември 2015


технологии едноставност, достапност и флексибилност од претплатата“. За потсетување, почнувајќи од 1 февруари 2016 година, поголем дел од апликациите на Autodesk ќе можат да се купат само преку временски ограничена претплата, додека останатиот дел од портфолиото ќе биде достапно за трајни лиценци до 31 јули 2016, датум по кој временски неограничените, односно трајните лиценци на Autodesk целосно заминуваат во историјата. Ова е една од покрупните промени кои ги презеде компанијата во последно време, со што дефинитивно ќе биде пресвртна точка. Во контекст на најавите, Ендрју Анагност, потпретседател за Индустриска стратегија и маркетинг во Autodesk, изјави: „Начинот на кој дизајнираме и ги создаваме производите се менува секоја индустрија е пореметена од промените во производството, побарувачката и производите. Autodesk ја прифаќа оваа нова норма и го еволуира својот бизнис за да можат корисниците да просперираат со нивниот. Давајќи им на корисниците флексибилност да се претплатат на софтверски решенија кои прецизно им одговараат на нивните потреби ги позиционира да се натпреваруваат во новата ера“. Имајќи во предвид дека софтверот претставува значаен фактор во работата на компаниите од областа на архитектурата, градежништвото и инженерингот, како и фактот што токму Autodesk има најголем удел во продажбата на специјализираните софтвери во светот, промените во лиценцирањето дефинитивно ќе имаат влијание и врз водењето на бизнисите.

Очигледно дека лиценцирањето и набавките на софтвер ќе бидат ставка во буџетите на компаниите секоја година, и со оваа ставка ќе мора внимателно и мудро да се управува бидејќи потребите од софтвер можат да бидат и енормно високи. За македонски услови, се чини дека промените што ги најави Autodesk и немаат некое посебно влијание кое ќе ги натера компаниите да преземат чекори за полесно справување со новата состојба. Фактот што Македонија не е членка во Европската Унија, во моментов претставува олеснителна

околност бидејќи за нашиот пазар важат пониски цени за софтверите на Autodesk (но и други софтверски производители). Како пример колку цените се важни, во соседна Бугарија која има сличен стандард како и во Македонија, но е членка на ЕУ, пробивот на Autodesk производите е сериозно ограничен, пред сè поради високите цени на софтверите кои не кореспондираат со нивната куповна моќ. За состојбата со софтверите на Autodesk кај нашиот источен сосед, најдобро кажува фактот што во Бугарија нема ниту еден Авторизиран тренинг центар за AutoCAD, Civil3D или Revit (освен за 3DS Max и Maya). Бидејќи без софтвер компаниите денес не можат да работат, особено оние во проектирањето, исклучително е важно компаниите да ги соогледаат условите и да постапат соодветно. Оние проектантски и градежни компании во земјава кои со години немаат промени во работењето (дејноста) и кои софтвер купуваат ретко или периодично, веројатно би требало да размислат за набавка на трајни лиценци, искористувајќи го периодот што следи од 4-5 месеци (или 10-11 во зависност од софтверот). Компаниите, пак, што се сретнуваат со големи промени во работата, тешкотии во обезбедувањето на финансии, веројатно би се одлучиле за претплата. Од друга страна, постојат и други софтвери кои претставуваат поевтина алтернатива на Autodesk софтверите, кај кои нема најава за укинување на трајните лиценци. Како и да е, роковите истекуваат. Софтверот чини пари. Потребно е мудро да се постапи. 

25 септември 2015

ПОРТА

67


ПОРТА


ПОРТА


екологија

ПРЕЧИСТУВАЊЕ НА ОТПАДНИТЕ ВОДИ

Осум станици се премалку за сите валканици Од Министерството за животна средина информираат дека се во тек тендерските постапки за шест проекти за изградба и за надградба на пречистителни станици, проширување и рехабилитација на канализациските мрежи, како и за одвојување на атмосферските од фекалните води Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

Пречистителна станица во Куманово

70

ПОРТА

25 септември 2015


екологија Пречистителна станица во Куманово

С

о само 30 години искуство во изградбата и во одржувањето пречистителни станици за отпадните води, на Македонија ѝ останува да изоди уште многу долг пат за целосно да ги заштити водотеците, езерата, вештачките акумулации и природата воопшто, од штетното влијание на човековите активности. Водата се користи интензивно во сите урбани центри во државата и во речиси сите поголеми и погусто населени рурални населби во домаќинствата, за индустриски и за други потреби. Тоа што останува од неа по човековата експлоатација, и што се враќа во природата, најчесто е со крајно незадоволителен квалитет. Реките и другите водни површини се загадуваат и на мнигу други начини, вклучително и со постојаното исфрлање тони комунален отпад во нив, што би значело дека отпадните води од човековите населби не се нивни единствен загадувач. Но без да се реши проблемот со нив, не би се постигнала крајната цел ниту со сите акции за чистење речни корита. Поглавјето за животната средина е едно од

најкомплексните и најскапите поглавја за пристапување кон Европската Унија и бара големи финансиски средства за достигнување на поставените стандарди. Но, од целото поглавје најскапи се областите за управување со отпадот и управување со водите. Во Македонија постои национална стратегија за води 2011-2041 која го регулира управувањето со водите и влијае врз институциите од областа на управувањето со водите. Еден дел од таа стратегија е и прочистувањето на отпадните води. Системите за прочистување на отпадните води се особено значајни за човештвото бидејќи постои голем здравствен ризик од енормно дневно производство за отпадна вода. Решенијата опфаќаат пречистителни станици. Во Македонија немаат сите градови и општини пречистителни станици за отпадни води. Првите пречистителни станици во Македонија се изградени во 1985 и 1988 година во Враништа и тоа за реоните Охрид, Струга, Трпејца, Пештани и Лагадин за над 90 илјади население, а процесот на прочистување е механички и биолошки. Втората пречистителна станица е изградена во 1989 година во Дојран и ја прочистува водата

механички, билошки и хемиски. По неколку години пауза, изградбата продолжила во 2000 година во Свети Николе и Македонски Брод, потоа во 2005 година е изградена во Ресен за реонот на Јанковец, Царев Двор и Езерани, и која водата ја прочистува само механички и биолошки. Во 2007 година се изградени пречистителни станици во Куманово и Кривогаштани, а во 2010 година во Берово. До сега Македонија располага само со тие осум пречистителни станици за отпадни води. Според податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, во тек на изградба се пречистителни станици во Волково, Гевгелија и Прилеп. Најновата пречистителна станица што ќе почне да се гради ќе биде во Струмица, но тоа ќе се случи дури кон средината на идната година. Капиталниот инфрастуктурен проект вреден 9,8 милиони евра е во фаза на пронаоѓање на изведувач на градежните работи за што е распишан меѓународен тендер кој трае до 21 идниот месец. До крајот на годинава ќе биде избрана компанија која ќе ја гради пречистителната станица, а по нејзиниот избор во периодот од јануари до јуни 2016 година  25 септември 2015

ПОРТА

71


eкологија ќе се изработи основниот проект, додека изградбата ќе трае до јули 2017 година. Финансиските средства се обезбедени преку неповратен грант од Европската Унија. Што се однесува до останатите градови од Македонија, тие засега се без пречистителни станици и за нив има само планирани проекти за изградба. На оваа листа се Скопје, Тетово, Битола, Радовиш, Кочани, Делчево, Гостивар, Кичево, Дебар, Кавадарци, Штип и Велес. Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека е почната тендерската постапка за шест проекти и тоа за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Радовиш и проширување на приоритетната канализациона мрежа. Други проекти се рехабилитација и проширување на канализациона мрежа во Куманово и Берово, надградба на пречистителната станица за отпадни води во Враништа и проширување на колекторскиот систем за Охридското Езеро и одвојување на фекалната и атмосферската канализација за градовите Охрид и Струга. Во оваа листа е и изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Струмица. Вкупната вредност на проектите изнесува 42 милиони евра и се предвидени во рамките на Оперативната програма за регионален развој 2007-2013 година, ИПА компонента - план Б. Од МЖСПП велат дека градежните работи за сите овие проекти би требало да почнат до крајот на оваа година.

Пречистителна станица во Царев Двор

СКОПЈЕ ЈА ЧЕКА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА Градот Скопје својата пречистителна станица треба да ја добие дури во 2020 година. Проектот за изградба на пречистителна станица за Град Скопје е во тек и се одвива според предвидената динамика, велат градските власти. Француската компанија EGIS работи на студија за изградба на пречистителната станица во градот Скопје, која ќе вклучува физибилити студија, анализа на придобивки и трошоци, студија за оцена на влијанието за животна средина и техничка документација за изградба на станица за пречистување на отпадните води, образложуваат од Градот. Основната задача на студијата е да го дефинира најдобриот пристап за финансирање, изградба и работење, како и управување со станицата за третман на отпадни води која ќе опслужува повеќе од 600 илјади жители, преку избор на најсоодветни финансиски и технолошки модалитети за спроведување на работните активности. Исто така, студијата треба да обезбеди висококвалитетни и одржливи решенија со кои се решаваат проблемите поврзани со третманот на отпадните води и управувањето со милта во услови на најмали оперативни трошоци и трошоци за одржување. 72

ПОРТА

25 септември 2015

Пречистителна станица во Ново Село Досега, од страна на консултантот се изработени два извештаи односно воведниот и извештајот за опции за третман на отпадната вода и третман на милта. Во рамките на овој извештај се разгледани повеќе варијантни решенија, од кои, базирајќи се на одредени критеруми за евалуација како и на SWOT анализата, предложени се две решенија кои, пред сè, обезбедуваат ефикасен третман на отпадните води од Град Скопје во согласност со стандардите и барањата на националното законодавство, како и на Директивата за третман на урбани отпадни води. Во тек е процесот на избор на најсоодветно решение за кое во наредниот период треба да се изработи соодветна техничка документација на ниво на Основен проект, и студија за оценка на

влијанијата врз животната средина и анализа на трошоци и придобивки, додаваат од градот. Локацијата на пречистителната станица е дефинирана во ГУП за град Скопје и се наоѓа по должина на левата страна на коритото од реката Вардар во општина Гази Баба, во Трубарево, што е до источната граница по урбанистичкиот план за Град Скопје.

ЕВРОПСКИТЕ ГРАДОВИ ИЗЛЕГУВААТ ОД КАЛТА Во извештај на Европската агенција за животна средина се идентификувани 585 големи градови во Европа, кои испуштаат количество на отпадни води еквивалентно на 150.000 жители. Според тие податоци, од големите градови доаѓаат околу 45 отсто од


eкологија вкупно испуштените урбани отпадни води на континентот. Од тие 585 градови, околу 91 отсто го имале најдобриот достапен систем за третман на отпадните води. Голем напредок на ова поле има токму во последниве години, бидејќи во 2010 година, на пример, само 11 од вкупно 27-те главни градови на земјите-членки на ЕУ можеле да кажат дека целосно ги исполнуваат предвидените стандарди за третман на овие води. Во некои се забележува проблемот со

недоволно разгранета канализациска мрежа или капацитети за пречистување. Букурешт, на пример, град со над два милиони жители, ги испуштал отпадните води без никаква обработка до 2010 година. Во 2011 година е почната да се гради пречистителна станица, и се очекува да биде завршена до 2017 година. Во меѓувреме, се надградиле и се осовремениле пречистителните станици на Софија и на Будимпешта. Се реконструира и станицата на Сараево. Од друга страна, во

Србија, само 16 отсто од населението било поврзано со пречистителни станици, а отпадната вода од големите градови, вклучувајќи ги и Белград, Ниш и Нови Сад, слободно се испуштаат во реките. Инаку, според податоците од 2010 година, градови како Атина, Вилнус и Братислава имале повисоко ниво на исполнетост на стандардите за третман на урбаните води, од метрополите како Лондон, Брисел или Рим. 

ПОРТА


aрт дизајн

ЛАВИРИНТ ОД СОНЧОГЛЕДИ ВО МУЗЕЈОТ „ВАН ГОГ“ ВО АМСТЕРДАМ

Нов простор и нова инсталација подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

О

творен во 1999 година, музејот „Винсент ван Гог“ го освежи својот изглед со вредна инвестиција. Имено, музејот во Амстердам доби ново модерно крило кое неодамна е отворено за јавноста. Инвестицијата, вредна 20 милиони евра, значи дополнителни 800 квадрати простор кој овозможува поголем прилив на посетители. Директорот на музејот Axel Rüger, задоволен од конечниот резултат, изјави: „Имавме ограничен буџет и само 18 месеци за изведба на работите. Предворјето сега има пространа гардероба и модерен музејски дуќан со 500 нови артикли. Новата инфраструктура, секако, ќе овозможи и подобра посетеност“. Во чест на отворањето пред музејот е направен лавиринт од 125.000 сончогледи, како посвета на познатото дело на Винсент ван Гог. Преку овој лавиринт од сончогледи се доаѓа до новиот влез на музејот. 74

ПОРТА

25 септември 2015

Лавиринтот зафаќа речиси половина од плоштадот и содржи три скриени „соби“ со музика и фотографии од процесот на градењето на музејот. Свеченоста е организирана по повод отворањето на новиот влез во музејот и 125-годишнината од смрта на холандскиот сликар. Музејот „Ван Гог“ е основан во 1973 година и се наоѓа на музејскиот плоштад во Амстердам. Во него е прикажана најбројната колекција на


aрт дизајн

делата на Ван Гог во светот. Овој музеј е еден од најпосетените во Амстердам но и во светот. По смрта на Винсент ван Гог, останува богато наследство од неговите дела, околу 900 слики и 1100 цртежи. Некои дела се подарени, некои продадени, а преостанатите дела ги наследува неговиот помлад брат

Тео, трговец на уметнички дела , кој умира шест месеци подоцна, оставајќи ги делата во наследството на својата вдовица Johanа van Gog Borner. Таа ги продава сликите, организира изложба на Ван Гог и ја одржува колекцијата на дела кои подоцна ги наследува нејзиниот син Vinsent Vilem van Gog. Во 1925 година тој ја 

25 септември 2015

ПОРТА

75


aрт позајмува колекцијата на музејот Stedelijk во Амстердам, каде што беше изложена многу години, додека не е префрлена во музејот „Ван Гог“ во 1973 година. Музејот „Ван Гог“ го сочинуваат две згради. Оригиналната конструкција е дело на холандскиот архитект и дизајнер на мебел, Herit Ritveld, во 1963 година. Една година подоцна тој умира, а музејот за посетители е отворен дури во 1973 година. Во 1998 и 1999 година музејот е обновен по проект на холандскиот архитект Martien van Gor. Втората зграда, крило за изложби во облик на елипса, ја направил јапонскиот архитект Кишо Куросава во 1999 година. Двете згради се поврзани со подземен ходник.. 

76

ПОРТА

25 септември 2015


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ɨɲɱɭɴɫɧɰɫ ɲɱɧɰɫ ɴɫɴɵɨɯɫ

ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.