ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
238
НОЕМВРИ 2015
Неодржлива одржливост Сантијаго Калатрава - творец за кого не постојат апстрактни граници Градинка „Кочо Рацин“ - со љубов кон децата
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XI
БРОЈ 238 ПЕТОК 27.11.2015 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Архитектот и професор Мартин Гулески е дваесет и шесттиот лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Наградата на професорот Гулески му е врачена за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија. Како што истакнуваат познавачите на архитетурата и делото на Гулески, неговото творештво во сите области се одликува со многу труд, умеење, вештина, знаење, рационален ум и чувство за простор. Јазикот на кој говори, без разлика дали е преку цртеж, макета, проект или зборување, е јасен, чист, точен, издржан и прецизен. Во една реченица, станува збор за автор со целосна посветеност кон архитектурата. Новата градинка „Кочо Рацин“ во општина Центар претставува објект со долговечност и оригиналност во изведбата, единствен од ваков карактер на нашите простори. Реализиран со внимателно планирање, врвни материјали, целосна посветеност на стручните лица и, пред сè, голема љубов кон идните корисници. Градинката „Кочо Рацин“ ќе биде втор дом за децата од општина Центар. Сантијаго Калатрава е добитник на Европската награда за архитектура
за 2015 година. За него не постојат апстрактни граници. Архитект, инженер, уметник - тој е единствен во денешниот неразбирлив свет. Тој не е ни само уметник, ни само архитект, ниту само инженер. Тој е и едно и друго и трето. Тој е КАЛАТРАВА. Неспоредлив креатор во сите три области. Градежништвото е прва жртва на секоја општествено политичка криза. Така беше и на почетокот на осумдесеттите кога почна да се наговестува слободниот пад на оваа значајна стопанска гранка. Замираат инвестиции и значајни инфраструктурни проекти, а со нив и потребата од квалитетен инженерски кадар и современи технологии. Се распаѓаат градежните гиганти, цената на инженерскиот труд вртоглаво паѓа на понижувачко ниво, стекнатите знаења и искуства неповратно се губат, инженерската етика се распродава за бадијала, интересот за изучување на струката опаѓа, образованието доживува целосен крах. Царува импровизацијата... , пишува проф. д-р Горан Марковски од Градежниот факултет во својот текст „Неодржлива одржливост“.
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ГРАДИНКА „КОЧО РАЦИН“ - КАПИШТЕЦ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
238
НОЕМВРИ 2015
Неодржлива одржливост Сантијаго Калатрава - творец за кого не постојат апстрактни граници Градинка „Кочо Рацин“ - со љубов кон децата
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
90 ДЕНАРИ
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
ИНФО 8 МАРТИН ГУЛЕСКИ - АВТОР ЦЕЛОСНО ПОСВЕТЕН НА АРХИТЕКТУРАТА
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ГРАДЕЖНИШТВО 12
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
НЕОДРЖЛИВА ОДРЖЛИВОСТ
АРХИТЕКТУРА 20 ГРАДИНКА „КОЧО РАЦИН“ СО ЉУБОВ КОН ДЕЦАТА
АРХИТЕКТУРА 26
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
40 32 58
Печати:
САНТИЈАГО КАЛАТРАВА ТВОРЕЦ ЗА КОГО НЕ ПОСТОЈАТ АПСТРАКТНИ ГРАНИЦИ
Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ДРВНА АРХИТЕКТУРА 36 ИНОВАЦИЈАТА КАКО ДВИЖЕЧКА СИЛА НА НОВИОТ МУЗЕЈ НА УМЕТНОСТА ВО АСПЕН
ЕНТЕРИЕР 44
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
52
АКЦИСКИ КАНЦЕЛАРИСКИ СИСТЕМ
СООБРАЌАЈ 48
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
ТРАКТАТ ЗА ГЕНЕРИРАНИОТ СООБРАЌАЈ
ХОРТИКУЛТУРА 64 ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА ОД ЗИМСКИТЕ ОШТЕТУВАЊА
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Кате АНТЕВСКА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ
67
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ИНКЛУЗИВНИ-ЕКСКЛУЗИВНИ ГРАДОВИ“ ВО СКОПЈЕ
Урбаното е вештина на постигнување компромиси Градот никогаш не е завршен процес, туку секогаш отвора хоризонти за нови борби, на пример борбата меѓу економскиот интерес и граѓанското право на урбано живеење, борбата за зеленило, за видливост на невидливите жители, потоа борбата меѓу урбанистичкото планирање „од горе надолу“ и „од долу нагоре“ …
Р
Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА азлични интердисциплинарни истражувања и различни концепти за подобрување на квалитетот на животот и за поголема инклузивност на градовите, разменија 25-мина излагачи и многуте учесници на научната конференција „Инклузивни-ексклузивни градови“, која се одржа во Скопје, во специфичниот амбиент на Старата скопска чаршија. На овој редок настан за главниот град, се отворија многу прашања, за тоа како градовите да стануваат поинклузивни, што значи тоа, кога и зошто е потребно, и како се постигнува. Инклузивниот град, како дом на сите свои граѓани на секоја педа од својата површина, е можеби утописки концепт, но сепак, амбицијата на секој град е да ја зголеми синергијата меѓу неговите посебни делови, и што повеќе да ги елиминира деловите што се како исклучени од целината, без оглед дали самите се одвоиле од неа, или таа ги отфрла. Архитекти, урбанисти, активисти и други разговараа за овие теми кои го допираат не само просторното планирање, туку и економските и социјалните проблеми, културните специфики, политичките околности и многу други области. Многу причини поради кои на архитектурата, како што беше заклучено, веќе ѝ треба редефинирање, бидејќи таа сега се занимава со многу аспекти на општественото живеење. Посебен предизвик е да се најде компромис меѓу планирањето според принципот „од долу нагоре“, односно следење на непосредните потреби и интереси на локалното население при изработка на
6
ПОРТА
27 ноември 2015
плановите, и принципот „од горе надолу“, односно планирање според глобалните, универзални принципи и стандарди за квалитет. Првото е можеби подемократско, но може да не влијае позитивно на инклузивноста, дури може да поттикнува поголема ексклузивност, бидејќи ако секое маало самото си решава за својот развој, потоа е многу тешко сето тоа да се поврзе во еден град. Глобалното планирање, пак, е подобро за поголема инклузивност. Но сепак, треба да се стесни јазот меѓу политичарите како носители на одлуки, експертите и јавноста, при урбанистичкото планирање, како и да се подигне нивото на демократијата во тие процеси. Не е доволно само да се стави основниот нацрт на јавен увид во некоја канцеларија, кој за многумина можеби е неразбирлив, и да се смета дека јавноста го видела планот, туку локалните власти треба да се обидат што подобро да го информираат населението и да му ги објаснат своите идеи. Од другите заклучоци, нема сомнение дека отворените зелени јавни простори влијаат позитивно за зголемување на инклузивноста. Ниту дека е неопходен поголем простор за пешаци и за велосипеди. Треба да се најдат и нови пристапи за интегрирање на „егзотичните“ маала во рамките на градовите, односно на населбите што се супстандардни или поради други причини функционираат како да се одвоени од градот. А карактеристичен проблем за поновото време се и градовите што стареат, бидејќи треба да се приспособат на постаро население, кое потешко се снаоѓа во околината и потешко ги користи функциите на градот. Професорот Жоао Кабрал од Универзитетот во Лисабон, Португалија, истакна дека урбанизацијата низ целиот свет се редефинира како што императивите за акумулација на капиталот
инфо
Жоао Кабрал стануваат поглобални, поселективни и подискриминирачки. Урбаното, додава тој, е колективен проект, и е производ на преговори, имагинација, експериментирање и на борба. Во тој контекст, урбаното општество никогаш не е завршен производ, туку само отвора нови хоризонти. - Во услови во кои доминира пазарното вреднување на просторот, поради кои се потребни нови форми на компромис меѓу локалните фактори и државата, предизвикот е да се најдат соодветни модели на планирање кои ќе ја гарантираат општествената улога на земјиштето и нема да ја нарушуваат екологијата на територијата. На заедницата треба да ѝ се гарантира правото на пристап до информации за планирањето и на учество во одлучувањето. Но тоа не доаѓа само по себе, туку е потребна борба да се изгради, преку решавање на конфликтите и наоѓање компромиси - рече професорот Кабрал. Како што додаде тој, улогата на урбанистичкото планирање во услови на економска несигурност произлегува од различните култури на планирање и треба да создаде практика за носење одлуки во која на граѓаните ќе им се врати правото врз градот. Професорот Јован Ивановски од Архитектонскиот факултет во Скопје го стави сето тоа во контекстот на постсоцијалистичкиот развој на Скопје, истражувајќи како новите политички, економски и социјални услови влијаеја врз дизајнирањето и врз изградбата на објекти за домување. Како што објаснува професорот, треба да се има предвид дека изградбата на објекти за домување доживеа голема трансформација откако почнаа политичките и економските реформи од 90-тите. Почетокот на транзицијата го означи крајот на социјалистичкиот концепт на домување, и како последица на
Јован Ивановски
преминувањето кон демократија, државата ја загуби својата моќ речиси целосно да го контролира развојот, да биде планер, инвеститор, изведувач и да врши распределба на становите. Со тоа домувањето се претвори од инструмент на политичката идеологија и социјално право, во едноставен производ во пазарната економија. - Засилената улога на приватниот интерес во изградбата на објекти за домување по 90-тите години донесе претходно непознати практики за дизајнот и за користењето на просторот. Многу примери покажаа дека архитектурата веќе не е само резултат на ексклузивноста на планирањето на архитектите, туку и на спонтаните неплански практики на жителите, чии многубројни одлуки исто така го дефинираат просторот. Од една страна, ова може да се гледа како негативен феномен бидејќи ја намалува улогата на архитектите. Но од друга, тоа значи дека архитектонското проектирање треба да биде поинклузивен процес, и ние како архитекти можеме да имаме и корист ако успееме да ја редефинираме не само нашата улога, туку и улогата на станарите во него - потенцира Ивановски. Има речиси општ консензус дека колку повеќе јавни зелени површини има еден град, толку поголема е неговата инклузивност. Градските зелени површини, како што беше истакнато во презентацијата на професорката Дивна Пенчиќ, се дефинирани како јавни простори во урбаните зони што се главно пополнети со вегетација (за разлика од другите отворени простори) или директно се користат за активна и за пасивна рекреација, или имаат индиректно позитивно влијание врз околината. Во истражувањето на Пенчиќ се нагласува дека има големи разлики меѓу деловите на Скопје во однос на состојбата со зеленилото. Некаде таа е добра, како во Карпош, Чаир, Топанско Поле, Аеродром, на други места крајно лоша, како во Дебар Маало и Буњаковец, а во трети места, како делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров, просторите со индивидуални куќи со дворови придонесуваат за раззеленувањето, но има голем недостиг на јавни зелени површини. Состојбите се различни, но трендот секаде е ист, а тоа е кон сè поголемо намалување на зеленилото за да се обезбеди ново градежно земјиште. Само од 1998 до 2011 година јавното зеленило се намалило за 47 хектари. - Новите детални урбанистички планови веќе не предвидуваат подигнување нови зелени површини, како резултат на политиките за поефикасно користење на градските површини и зголемена густина укажа Пенчиќ. Од сето ова произлегува дека, да се постигне поголема инклузивност на градот воопшто не е лесна задача. Но понекогаш малите и едноставни решенија можат да направат многу голема разлика, особено за оние на кои им се наменети. Таков беше примерот што го презентираше португалската архитектка Жоана Пештана Лагеш, за населбата Тераш да Кошта во општината Алмада, на дваесетина километри од главниот град Лисабон. Станува збор за неформална населба, она што кај нас обично е познато како картон-маало. Тоа е дом на околу 300 жители, главно доселеници или со потекло од Зеленортските острови, како и помал број Роми. Направена е среде земјоделско земјиште, кое постојано се наводнува, но тие самите до неодамна немале пристап до вода за пиење. Архитектите собирале донации и им направиле јавна кујна, во која можат да ги задоволат сите свои хигиенски потреби и безбедно да подготвуваат храна. Сакале заедничка просторија за готвење и за јадење, бидејќи биле навикнати да живеат заедно. - Целиот проект ја направи заедницата повидлива. Почнаа да се истакнуваат како личности. Целта е наместо да бидат исклучени од градот, да можат како поединци да станат дел од општеството. Имаат фолклорни групи и други активности со кои се реализираат. Веќе се почнати активности за да им се обезбедат соодветни услови за домување. Не знам дали ќе останат таму или ќе бидат префрлени на друго место, но ова ќе им помогне и самите да се изборат за своите права - рече Лагеш. n 27 ноември 2015
ПОРТА
7
инфо
КРИСТОФ ФЕЛГЕР НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ
Приказни за проектирањето Архитектонските приказни презентирани од Кристоф Фелгер покажаа вистинска страст, посветеност и убавина на она што значи да се биде инженер, уметник и, пред сè, архитект. David Chiperfielld Architects совршено влегуваат во овие атрибути.
К
ако и многупати досега, амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје беше претесен да ги прими сите студенти и архитекти заинтересирани за предавањето „Stories about Designing“. Повеќе од 300 гости дојдоа во просториите на факултетот да го проследат излагањето на архитектот Кристоф Фелгер, партнер и дизајн директор на престижното архитектонско биро David Chipperfield Architects од Берлин. Во период од час и половина гостинот ја воведе публиката во светот на ова влијателно архитектонско биро. Во првиот дел од предавањето кусо ја опиша историјата на бирото, нивниот естетски и проектантски дискурс како и самата структура на работа на бирото. Во овој дел се зборуваше за чувствените вредности на творештвото,
за аспекти кои допираат до индивидуалното искуство на тактилното како и вредностите на контекстот, оние природните на пејзажот но и оние социјалните што ја следат и вреднуваат општествената реалност. Проектите за вилите на езерото Гарда во Италија и „вечниот“ проект за обнова и екстензија на музејскиот комплекс во центарот на Берлин, како и некои од првите проекти на фирмата во Јапонија и Англија, беа дел од примерите преку кои Кристоф Фелгер ги објасни и скицираше суштинските апекти на нивната дизајн логика.
Веќе во вториот дел предавачот се осврна на комплексноста на процесот на комплетирање на едно архитектонско дело. Односно, преку нивното искуство со проектот за повеќенаменскиот објект на козметичката корпорација Amore Pacific во Сеул, Кореја, Кристоф Фелгер ни откри дел од предизвиците на архитектонската професија. Поточно, публиката имаше можност да увиди како архитектонската идеја се зачнува, развива но и заштитува во сите фази на развивање на проектниот процес, од самиот почеток на задачата до нејзина реализација и вообличување во конечен архитектонски објект. Она што можевме да го констатираме на крајот на овој кус осврт за последното предавање одржано на факултетот, е дека архитектонските приказни презентирани од Кристоф Фелгер покажаа вистинска страст, посветеност и убавина на она што значи да се биде инженер, уметник и, пред сè, архитект. David Chiperfielld Architects совршено влегуваат во овие атрибути. n 8
ПОРТА
27 ноември 2015
инфо
МАРТИН ГУЛЕСКИ, ЛАУРЕАТ НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“
Автор целосно посветен на архитектурата
А
рхитектот и професор Мартин Гулески е дваесет и шесттиот лауреат на наградата „Андреја Дамјанов“, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Наградата на професорот Гулески му е врачена за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија. Свеченоста на доделување на наградата се одржа во црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ во Скопје. Пред многубројните гости за творештвото на Гулески говореше претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ која истакна: „Творештвото на Гулески во сите области се одликува со многу труд, умеење, вештина, знаење, рационален ум и чувство за простор. Јазикот на кој говори, без разлика дали е преку цртеж, макета, проект или зборување, е јасен, чист, точен, издржан и прецизен“. Според Раѓеновиќ-Јовановиќ, впечатокот што го остава професорот Гулески кај студентите е многу значаен. Белегот што го оставил во архитектонската школа е незаменлив, единствен и препознатлив. Образложувајќи ја одлуката на Комисијата за доделување на наградата „Андреј Дамјанов“ за 2015 година, нејзиниот претседател, архитект Вера Ќосевска ги нагласи сите значајни професионални карактеристики зад кои стои потписот на архитектот Мартин Гулески. „Пред нас се обелодени богатото и обемно творештво на една исклучително сестрана личност. Пред нас го имавме творечкиот опус на почитуван и талентиран творец, архитектот Мартин Гулески. Неговото творештво е создадено врз три основни, наизглед различни но, всушност, меѓусебно поврзани дејности: архитектонското проектирање и истражување, педагошката дејност и општествено-јавниот
Творештвото на Гулески во сите области се одликува со многу труд, умеење, вештина, знаење, рационален ум и чувство за простор. Јазикот на кој говори, без разлика дали е преку цртеж, макета, проект или зборување, е јасен, чист, точен, издржан и прецизен. ангажман“. Според Ќосевска, без претерување може да се каже дека професорот Мартин Гулески е еден од оние педагози преку кои се препознава една образовна институција. „Кај Мартин Гулески, како и кај сите вистински учители по архитектура, не постои поделеност меѓу проектот, исказот, цртежот и творбата, туку тие претставуваат единствена целина и потврда за целосна посветеност кон архитектурата“, истакна претседателот Вера Ќосевска.
Паралелно со неговото архитектонско творештво и педагошкиот ангажман каде што бил и продекан за настава на Архитектонскиот факултет во Скопје, архитектот Мартин Гулески е почитувана општествено ангажирана личност. Со неговата публицистичка дејност, тој е присутен во списанијата „А“ и „AIU“, член е на издавачкиот совет на списанието „Аршин“ и активен член во ААМ. Како резултат на неговата богата професионална биографија, извонредна личност со највисоки морални квалитети, и неговото добро познавање на Република Украина (каде што студирал и дипломирал), во 2003 година беше назначен за амбасадор на Република Македонија во Република Украина. Заблагодарувајќи се на наградата, архитектот Мартин Гулески изјави: „Јас чувствувам една потреба да се заблагодарам на сите мои учители, почнувајќи од прво одделение до последниот професор што ми беше на факултет. Меѓутоа, јас ги сметам за свои учители и сите оние со кои сум работел“. n 27 ноември 2015
ПОРТА
9
инфо
Обновен стариот амам во Тетово
Р
еставрацијата на стариот турски амам од XV век во Тетово е завршена. Со мали поправки и осовремeнувања на објектот, овој амам е пренаменет во галерија и сега така и функционира. Овој процес на негова обнова е поддржан од Турската интернационална агенција за соработка и развој – ТИКА. Оваа агенција, исто така, е
поддржувач на поправка, реконструкција и ревитализација на бројни објекти низ Македонија кои претставуваат културно и историско наследство од периодот на турско вледеење во Македонија. Токму со вакви проекти и реализации, беше остварена и изложба во овој амам каде беа презентирани бројни остварувања. n
ПРОМОВИРАНА КНИГА ОД ПРОФЕСОРОТ ГЕОРГИ КОНСТАНТИНОВСКИ
Патот на еден архитект
В
о амфитеатарот на Архитектонскиот факултет во Скопје беше одржана промоција на книгата „Патот на еден архитект“ на професорот Георги Константиновски, еден од најпознатите архитекти проектанти кој оставил длабоки траги во македонското архитектонско творештво. Промоцијата во присуство на голем број студенти, пријатели, колеги и почитувачи на творештвото на професорот Константиновски, ја отвори деканот на Архитектонскиот факултет, професорот Минас Бакалчев, кој во своето обраќање ја истакна улогата на професорот Константиновски во нашата архитектонска средина. Бакалчев, истовремено, даде еден краток осврт на самата книга, за нејзината важност како биографска содржина исполнета со развојниот професионален и реализиран пат на Константиновски, споредувајќи ја со слични издавачки остварувања на значајни имиња од историјата на светската архитектура. Во своето кратко обраќање, се осврна и на актуелната архитектонска состојба во Македонија, односно Скопје, констатирајќи ја како девалвација на самата професионална струка и нејзината важност во нашето општество. n
10
ПОРТА
27 ноември 2015
ПОРТА
архитектура
Неодржлива одржливост Дали е можно брзо и успешно присоединување кон современите текови? Дали е тоа воопшто можно после долготраен кризен период низ кој беа поткопани темелите на општествената и лична надоградба? Период во кој свеста е опсесивно опседната со еден единствен клучен збор – опстанок.
Скопски „надреализам“
В
проф. д-р Горан МАРКОВСКИ
реме е на интензивна глобализација и (пре)брз техничко-технолошки развој. Границите на можностите секојдневно се поместуваат. Границите на желбите уште повеќе. Трката по профит станува сè посурова и побескомпромисна. Приливот на огромен број информации сè потешко може да се следи и обработи, квалитетно да се контролира и детално да се анализира. Притисокот врз човекот и неговата животна околина станува сè поголем. Животот добива опасно забрзување. Овој тренд неумоливо го зафати и нашиот регион. Имајќи ги предвид неговата довчерашна состојба, сложеното историско наследство, како и специфичната културолошка матрица, може да се каже дека регионов се најде затекнат пред своевидна крстосница. Од
една страна, економска и стопанска заостанатост, научно-технолошка инфериорност, (пре)долга транзиција од еден покомотен општествен систем во друг, сосема поинаков, урнисување на општествениот и личниот морал, извитоперен систем на вредности, а од друга страна, желбата и потребата да се оди во чекор со развиениот свет, да се следат современите достигнувања, новите технологии, едноставно, да се избори опстанок во овој суров свет. Градежништвото е прва жртва на секоја општествено политичка криза. Така беше и на почетокот на осумдесеттите кога почна да се наговестува слободниот пад на оваа значајна стопанска гранка. Инфлации, девалвации, немаштии, војни, бегалци, приватизации... Замираат инвестиции и значајни инфраструктурни проекти, а со нив и потребата од квалитетен инженерски кадар и современи технологии. Се распаѓаат градежните гиганти, цената на инженерскиот труд вртоглаво
архитектура паѓа на понижувачко ниво, стекнатите знаења и искуства неповратно се губат, инженерската етика се распродава за бадијала, интересот за изучување на струката опаѓа, образованието доживува целосен крах. Царува импровизацијата. Од ваква подредена појдовна положба, градежништвото се обидува да се приклучи кон оние што во периодот на нашата деградација (не само стагнација) постигнаа значителен развој. Кон оние што претходно и по знаење и по вештини каскаа далеку зад нас, за да сега, во најдобар случај, бидеме само нивни потценети подизведувачи, послушни ученици на стручните собири или придружна, облигаторна квота во поголемите научно-истражувачки проекти. Инфериорна регионална лига на европската градежна елита. И, додека ние сè уште се занимаваме со основни ,,животни“ прашања како воспоставување контрола на (не)квалитет, (де)регулација на пропишаните процедури, (не)решавање на познати детали, нова (де)стандардизација и сл., развиеното градежништво е веќе заплиснато со некои нови (понекои помалку и ларпурлартистички) трендови кои звучат модерно, бомбастично, ,,in“: енергетска ефикасност, трајност, доверливост, робустност, одржливост, животно ориентирано проектирање... Целите се сè повисоки, предизвиците сè поголеми, критериумите построги. Дали е можно брзо и успешно присоединување кон овие современи текови? Дали е тоа воопшто можно после долготраен кризен период низ кој беа поткопани темелите на општествената и лична надоградба. Период во кој свеста е опсесивно опседната со еден единствен клучен збор – опстанок.
ОДРЖЛИВОСТА КАКО (НЕ)ВОЗМОЖНА МИСИЈА Терминот ,,одржлив развој“ станува сè поприсутен. И покрај тоа што не постои единствена и општо прифатена дефиниција, најчесто тој се споменува како развој кој треба да овозможи задоволување на денешните потреби, без притоа да го доведе во прашање задоволувањето на потребите на идните генерации, односно, развој кој подразбира рамнотежа помеѓу потрошувачката на ресурси и способноста за обновување на природниот систем. Оттаму, одржливиот развој најчесто се доведува во врска со заштитата на животната околина. Сето ова звучи многу убаво и покрај тоа што неизбежно потсетува на Одржливоста како пресек на повеќе множества
што е, после повеќедецениското назадување, грчевито борејќи се за опстанок во сегашноста, возвишено да размислува за иднината?
Лисабон „Ориенте“ 1990-1998 година
ОДРЖЛИВОСТА НИЗ ГРАДЕЖНИШТВОТО Градежништвото како стопанска гранка е можеби најдиректно поврзано со целите на одржливиот развој. Пред сè, преку заштитата на животната околина, редукцијата на емисија на штетните гасови при процесот на градење и во производството на градежните материјали, рециклирањето на отпадните материјали, пречистувањето на водата, редукцијата на буката, хуманиот урбанизам, енергетската ефикасност и др. Како предуслов, сето ова подразбира средено општество, економска моќ, високо развиена свест, квалитетно законодавство, современа стандардизација, добра едуцираност, вложувања во истражувања, големо знаење... Антитеза на актуелните состојби.
Законска (де)регулатива Добрата законска регулатива претставува основа за правилно насочување на развојот на градежништвото. Секоја задоцнета реакција, особено онаму каде доаѓа до промена на општествениот систем и на титуларот на сопственоста, создава услови за одредени девијантни појави и не ретко доведува до приспособување на законските решенија на интересите на поединци или групи. Еднаков е и ефектот од бројни, набрзина усвоени дополни и измени, кои создаваат чувство на нестабилност и неконзистентност.
Нестандардна стандардизација
,,секому според потребите“, постулат на едно општествено уредување кое во западната цивилизација, а од неодамна и на овие простори, беше ан блок прогласено за неодржливо. Можен ли е воопшто еден ваков хуманистички пристап во светот на денешниов неолиберален капитализам, кој профитот го има за свој главен и единствен мејнстрим? Дозволува ли хипокризијата, врз која за жал почива светскиот поредок, исполнување на овие возвишени цели? Може ли регионот, онаков каков
Стандардизираноста е гаранција за квалитет. Усвојувањето на европските стандарди се покажува како ни малку лесна и едноставна задача. Особено кога се работи за мали држави со скромни материјални и човечки потенцијали. Во моментов сме, може да се каже, во некаков стандардизациски расчекор кој создава сериозни проблеми, особено при реализација на позначајните инвестиции. Имено, сè уште важечките правилници не се повикуваат на веќе усвоените европски стандарди, туку на оние старите што формално се надвор од употреба. Случајот со еврокодовите може да послужи како архетипски пример. Непочитувањето на пропишаните стандарди и недоволно изградениот систем на контрола, доведува до нелојална конкуренција на пазарот, потфрлање во квалитетот на производите и како резултат на сè, до редукција на сигурноста, трајноста и употребливоста на градежните објекти. Производството на бетон, пропратено со начинот на негова (не)контрола е можеби најкарактеристичен доказ за наведеното. 27 ноември 2015
ПОРТА
13
архитектура Неконтролирано пореметување на природната околина
полека се претвора во моќно транзициско средство за исполнување желби, интереси, фрустрации... Сè повеќе дејствува во духот на олимпизмот: ,,повисоко, поголемо, посилно“ - уништување на просторот. Се редат објекти без ред, еден до друг, еден врз друг. Единствен критериум за квалитет станува степенот на исполнување на желбите на нарачателот. Просторот се дехуманизира. Уништува засекогаш.
Ризична градба на несигурни и неодржувани локации
Деконструкција на природата Неконтролираното, најчесто конценсионерско уништување на цели брда, и тоа во близина на населените места и покрај главните патни правци, пропратено со густи облаци прав и вознемирувачка бука, резултира со трајна промена на географијата и пореметување на воспоставената еко рамнотежа. Моќта и интересот на приватниот капитал се покажаа појаки и од природниот камен. Истовремено, непочитувајќи ги природните а ниту правните закони, животната околина безмилосно се силува, загадува и самоубиствено узурпира. Никнуваат бесправни градби на критични локации прераснувајќи во потенцијална опасност по безбедноста на луѓето.
Нехуман урбанизам Урбанизмот, како зачетник и своевиден регулатор на процесот на градење, од мултидисциплинарна, сериозна и крајно одговорна дејност, 14
ПОРТА
27 ноември 2015
Дехуманизиран урбанизам
Импровизацијата како стил Ниски цени, нелојална конкуренција, куси рокови, јавашлак, импровизација... Проекти, ревизии, контроли и надзори кои стануваат форма без содржина. Недостаток на знаење, самокритичност, одговорност, сериозност. Секој може сè. Храброст темелена на среќа. Резултат – небезбедни градби.
архитектура
Градење врз среќата како фактор
Дефицит на знаење – суфицит на импровизација
Енергетска полу-ефикасност Енергетската ефикасност (се разбира со право) сè повеќе се спомнува во современото градежништво. Наеднаш се појави плејада ,,врвни“ експерти од оваа област. Се нудат материјали, анализираат решенија, нижат приказни, пренесуваат ,,долгогодишни“ лични
Енергетска полу-ефикасност 27 ноември 2015
ПОРТА
15
архитектура искуства, за на крај сè да се сведе на дилемата: стиропор од 5 или 10 см. Ретко кој ги спомнува пожарната отпорност, трајноста, правилната монтажа. Важно е задоволување на формата. А потоа ... Велат дека убавината е во деталите. Добро решениот и изведен детаљ има големо влијание не само врз естетската компонента на градбите, туку и врз нивната трајност, употребливост и носивост. На нивната одржливост. За добар детаљ потребни се знаење, информираност, посветеност, сериозност, време. n
ДРУГИТЕ СМЕ НИЕ Одржливоста е процес кој е во директна корелација со развојот на општествената свест, етичките норми, степенот на знаење и сл. Нашиот регион сеуште се наоѓа во период на бесконечно мачна транзиција низ која исчезнаа бројни, макотрпно градени придобивки во областа на градежништвото. Се покажа дека беспоштедната трка по сé поголем профит, особено во де-регулирани средини, е обратно пропорционална на степенот на одржливост. Потребно е сериозно ресетирање во овој значаен стопански сектор. Почнувајќи од законската регулатива, стандардизацијата, ригорозната контрола на квалитетот, промена на свеста, па сé до мошне битното правилно и искрено позиционирање на скалилото на знаење како и неопходноста од почесто практикување говор (критика) во прво лице. Само така можат да се создадат вистински, а не само декларативни предуслови за правилно насочување кон процесот на одржливост и целосно прифаќање на цивилизациските вредности. Анти –детал
ПОРТА
ПОРТА
градежништво
Ново поглавје за ГЕИНГ КуК во Штип
Н
овото поглавје во работењето на ГЕИНГ Кребс унд Кифер е обележано со чинот на отворањето на регионалната канцеларија во Штип, кое се одржа на 11 ноември 2015 година, во пријателска и релаксирана атмосфера, во присуство на голем број гости, пријатели, соработници, претставници на институции и
вработени. Со ова компанијата ја оствари својата цел да се доближи до пазарот и да ги задоволи растечките барања на клиентите. Штип и источна Македонија веќе ја имаат можноста да бидат поблиску до услугите на ГЕИНГ Кребс унд Кифер, до широкиот спектар на експертизи, до напредно проектирање со имплементација на најсовремени методи и технологии, како и со примена на најсовремените градежни материјали, да ги надминат проблемите и предизвиците за кои класичното проектирање нема решение. Тимот од повеќе од 150 високостручни инженери, секој експерт во својата област, стои на услуга со своето знаење и искуство во решавањето на разновидните и комплексни состојби и предизвици. ПОЧЕТОЦИТЕ И ГЕНЕРИРАЊЕТО НА ЕКСПЕРТИЗИ ГЕИНГ како компанија е основана во 1994 година, кога започна со реализaција на проекти од областа на геомеханиката. Првите успешно реализирани проекти, го отворија патот за проширување на портфолиото на ГЕИНГ. Низ годините, стручноста, богатото искуство и знаење кое го поседуваат нашите инженери, му овозможија на ГЕИНГ денес да испорачува комплетни инженеринг услуги за
18
ПОРТА
27 ноември 2015
проектирање, надзор, ревизија и консултантство, во 10 области и повеќе од 60 експертизи. Освен во геотехниката, денес дејствува и во следниве области: хидротехника, патишта и железници, енергетика, рударство, животна средина, архитектура, урбанизам и енергетска ефикасност, геодезија и лабораторија. ИМС, ЛАБОРАТОРИЈА И ОПРЕМА ГЕИНГ Кребс унд Кифер како компанија ги презеде сите неопходни мерки за да им испорача на своите клиенти најдобри решенија, олеснувајќи го повратот на инвестициите. Континуирано се стреми за усогласеност со законските прописи, компатибилност на
градежништво домашните со европските и меѓународните стандарди, почитување на меѓународните принципи на работење, и спроведување на правилата и најдобрите практики во струката и услугите. Стремежот за квалитетно работење го реализираше преку успешно имплементирање на Интегриран менаџмент систем на меѓународни стандарди. Во 2003 година се случи имплементацијата на стандардот за управување со квалитет ISO 9001, потоа следеа сертификациите за управување со систем за Животна средина ISO 14001, и Заштита и безбедност при работа OHSAS 18001. Во 2011 година, се акредитираше Лабораторијата „ГЕИНГ КуК“ со меѓународниот стандард ISO 17025, со што се реализираше целта за оформување на модерна и современа лабораторија за испитувања за геомеханика, градежни материјали и животна средина по меѓународни стандарди. ГЕИНГ Кребс унд Кифер ги поседува сите потребни лиценци за проектирање, ревизија и надзор при инвестициски градежни проекти во Република Македонија, како и сите потребни овластувања за изработка на документации и проекти. Континуирано инвестира и во опрема за истражно дупчење, геодезија и изведба на бунари, мерење на енергетска ефикасност. Воведе употреба на современи решенија и материјали, проектирање со употреба на геосинтетици, геомембрани, габиони. ГЕИНГ нуди комплетни инженеринг решенија во доменот на подобрување на тлото, решенија за заштита и одводнување на градежни јами, потпорни ѕидови, истражни дупнатини и бунари, проектирање на темелни конструкции, како и решенија за стабилност на косини и насипи, санација на свлечишта.
ОРГАНИЗАЦИОНА СТРУКТУРА, ВРАБОТЕНИ Работењето на ГЕИНГ го поддржува организациска структура која
како систем е составена од пет сектори, 18 одделенија и девет служби, со главно седиште во Скопје. Во 1994 година се стартуваше со еден вработен, во 2004 година, на својот 10-ти роденден ГЕИНГ имаше 49 вработени. Денес, вкупниот број на вработени изнесува повеќе од 330. Во матрицата на ГЕИНГ, покрај стручноста, главни стожери на кои се темели функционирањето на сите претходно наведени ресурси се: квалитетот, професионалноста, иновацијата во услугите и решенијата за клиентите, посветеноста, објективноста, општествената одговорност и довербата, континуираното инвестирање во знаење и вештини, примената на стручноста и искуството, и почитувањето на вистинските вредности. Ова се носечките стожери на филозофијата на постоење и работење, кои успешно ја докажуваат својата вредност повеќе од 21 година. Сите овие вредности, целото искуство и стручност, ГЕИНГ ќе продолжи и во иднина да го споделува со своите клиенти, испорачувајќи комплетни услуги со кои ќе се олесни и унапреди животот и работењето на луѓето и компаниите во Штип и регионот. n
ПОРТА
архитектура
ПОРТА
НОВАТА ГРАДИНКА „КОЧО РАЦИН“ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
архитектура
Објект реализиран со љубов кон децата Крајниот производ претставува објект со долговечност и оригиналност во изведбата, единствен од ваков карактер на нашите простори. Реализиран со внимателно планирање, врвни материјали, целосна посветеност на стручните лица и, пред сè, со голема љубов кон идните корисници.
Н
Кире СЕКУЛОВСКИ, дипл.инж.град.
аредните страници ќе Ви посакаат добредојде во најубавата градинка во Македонија. Можеби звучи претенциозно, но од почетокот на градењето општина Центар си ја даде токму таа задача. Градинката „Кочо Рацин“ да биде втор дом за нашите деца. Замислена како топло,
ПОРТА
убаво, функционално место, за кое е одбран најубав мебел за децата, направени се оптимални услови за престој, децата да можат да се забавуваат, да учат, да се хранат здраво, да ги стекнуваат своите основни навики. Ќе престојуваат во светли соби, ќе имаат занимални на отворено, со двор во зеленило далеку од градската бучава и загадување. Истражувањата поврзани со детскиот развој, потврдуваат дека искуството со кое децата се соочуваат во раното детство е критичниот момент за долготраен успех во животот. Затоа општината презеде одговорност за обезбедување севкупен
ПОРТА
амбиент за градење вештини со кои тие полесно ќе се адаптираат во своето опкружување. Денес, повеќе од кога и да е, воспитувачите пред себе имаат особен предизвик да ги подготват децата за соочување со светот полн со предизвици. Наша задача е да им овозможиме учењето и играта да им бидат движечки сили, за брз развој и убаво детство. За успешен социоемоционален развој, најголемо значење има поддршката од возрасните. Крајниот производ претставува објект со долговечност и оригиналност во изведбата, единствен од ваков карактер на нашите простори. Објект реализиран со внимателно
планирање, врвни материјали, целосна посветеност на стручните лица и, пред сè, со голема љубов кон идните корисници. Градинката „Кочо Рацин“ е целосно новоизграден објект, со трипати поголеми димензии од старата градба која се наоѓаше на истата локација. Таа претставува комбинирана детска установа, чија големина и услови овозможуваат комфорно сместување и грижа за околу 250 деца, сместени во осум групи и три јасли. Во неа децата ќе добијат максимално безбеден и забавен простор. Направен е напор материјалите вградени во објектот, преку изборот на нивните карактеристики,
архитектура
За да не се заборави што имаше на местото на кое се изгради новиот објект на градинката„Кочо Рацин“, еве неколку бројки и факти. Објектот се наоѓаше на површина од 828 квадратни метри, обиколен со руиниран двор, неодржуван и со необновено зеленило, а од детски реквизити имаше само еден ’рѓосан брод. На прв поглед, тоа никако не смеело да биде објект во кој престојуваат деца. Условите во градинката беа очајни, со стари шпорети без еко аспиратор и стари машински инсталации, стари подови од паркет, на повеќе места пропаднат и откорнат, и ѕидови полни со влага. Кујната беше во многу лоша хигиенска состојба, а за запазување на хасап стандардите, воопшто не стануваше збор. Занималните беа на места со влага, а целата градинка беше изградена од азбест-цементни ѕидови, радиоактивни и исклучително штетни по здравјето на децата и вработените. Покривот беше во лоша состојба и на повеќе места прокиснуваше. 130 деца со години користеа застарена опрема и сите активности ги извршуваа во искршен и дотраен мебел. Санитариите беа во лоша состојба, а тоалетите без основни услови, ниту ги задоволуваа основните стандарди. Градинката не беше реновирана од 1964 година. Стариот објект е комплетно отстранет и тогашните 828 метри квадратни станаа 2.800 за новата градинка. Стариот објект засекогаш замина во историјата, отстапувајќи и место на најголемата и најсовремена градинка во нашата земја.
структура и соодветни бои, да создадат здрава средина и пријатна атмосфера. Распоредот на просториите е направен со цел да биде максимално искористен. Одделени по возрасни групи, има заеднички простории, простории за комуникација,
простории за стручен кадар, административни простории и економскотехнички простор. Организацијата на просториите исто така е приспособена за најмладите и дозволува непречено изведување на активностите. Надвор од објектот се наоѓаат дворот и игралиштето, конструирани функционално и естетски, со цел да им овозможи на децата безбеден и пријатен простор на отворено. Дворот е сончев и сместен во зеленило, заштитен од бучава, атмосферски влијанија и далеку од сообраќајниците. Занималните се опремени со мебел според високо поставените стандарди за детска заштита, изработен од висококвалитетни материјали. Плакарите, полиците, масичките и столчињата, со внимание се одбрани во живи бои, изработени со детали и фигури кои на детето ќе му асоцираат на домашна атмосфера во која ќе се чувствува пријатно. Централниот хол, кој е наменет за заеднички приредби и прослави, има трибина, гледалиште и централен простор. Во негов склоп се наоѓа и просторија за организација на настаните, зад која има простор за воспитувачите и негувателките со гардероби и санитарии. Карактеристики на објектот Конструкцијата е изведена од комбиниран систем од челик и бетон, а сите вградени градежни материјали и инсталации се со врвен квалитет, што дава поголема сигурност на објектот, негова долготрајност и максимално искористување на просторот. Задоволени се стандардите за противпожарна безбедност. Има топлотна и звучна изолација, заштита од влага и енергетска ефикасност. Покривот е со гарантирана противпожарност од 180 минути. Тројната изолација на објектот овозможува одржување на идеална температура без клима уреди. Во целиот објект има топловодно подно греење, автоматски регулирано со сензори, кое обезбедува константна и разновидна температура за попријатен престој на децата. Во сите занимални и јасли, поставен е електронски регулатор за топлина, кој овозможува температурата да се регулира различно, во зависност од потребите на децата. Подготвителни работи - Стариот објект, кој беше на површина од 828 квадратни метри и кој содржеше радиоактивни градежни материјали, е целосно отстранет, а на негово место е проектиран објект од 2.800 метри квадратни, со цел најмладите да добијат што покорисен простор. Земјени работи - Досегашните неповолности на теренот и влијанието на подземните води се 27 ноември 2015
ПОРТА
23
сведени на минимум преку комплетна замена на глинестото земјиште со набиени тампонски слоеви, потврдени од сертифицирани институти и лабаратории. Бетонски и армирано-бетонски работи Цврстата основа на објектот е осигурана преку темелењето со стопи и затеги, а високиот степен на заштита од атмосферски влијанија е постигнат преку квалитетна изолација, поставена меѓу две бетонски плочи. Челична конструкција - Со цел да се овозможи поголема сигурност и максимално искористување на објектот, целосната конструкција е изведена во систем на челични рамови. Термички хидроизолаторски работи - За дополнителна изолација и одржување на идеална температура без загуба на топлинска енергија, поставен е втор слој на хидроизолација на подната плоча, а над
ПОРТА
него е монтиран системот за топловодно подно греење. Браварски и столарски работи Фасадната столарија е опремена со трослојни UV рефлектирачки стакло пакети, со што се создава одлична звучна изолација, а како безбедносна мерка се изведени противпожарни врати според ПП прописите и регулативите. Гипсени работи - Зголемување на безбедноста на децата е овозможена преку користење на трослоен противпожарен гипс, а средината е осигурена со плафоните изведени со комбиниран систем Cleaneo Acustic. Обработка на ѕидови и плафони – Ѕидовите на занималните се обложени со акустичен хетероген винил, кој освен што ефективно го пригушува звукот, воедно е и долготраен антибактериски и антиалергиски материјал, кој помага во одржувањето на
хигиенските стандарди. Обработка на подови – 95 отсто од површина на градинката е обложена со подови од хетерогена винилна облога, која ги има истите позитивни карактеристики како и ѕидовите. Долготраен антибактериски и антиалергиски материјал кој помага во одржувањето на хигиенските стандарди. Покривни и лимарски работи – Врвно изработениот покривен пакет oд „Кингспан“ претставува редок исклучително квалитетен панел со гарантирана противпожарност од 180 минути, а за дополнителна заштита е поставен термоакустичен изолациски материјал. Фасадни работи – Фасадниот ѕид, покрај максимална термоакустична изолација овозможена од три различни термоакустични материјали, истовремено во целост одговара на намената на објектот и создава весела атмосфера за најмладите со својата шареноликост од бои. Дополнителни работи – Имајќи ја сигурноста како приоритет за децата, но и желбата нивниот престој во градинката, покрај безбеден, да биде и забавен, посветено е внимание и на деталите како отворени занимални, патнички лифт и имплементирање на сите норми за пристап на лица со посебни потреби. Кујна – Димензиите и опремата на кујната, што е поврзана со млечната кујна преку лифт, дозволуваат подготвување на 550 оброци по еден интервал, со што се обезбедуваат со храна децата во матичниот објект и во клоновите на градинката. Просторот на големиот двор е максимално исполнет со зелени површини, а еколошката определба на општината се демонстрира и со фактот што при изградбата на објектот, постоечките дрвја останаа недопрени. n
ПОРТА
архитектура
САНТИЈАГО КАЛАТРАВА ЛАУРЕАТ НА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА ЗА 2015
Творец за кого не постојат
апстрактни граници
Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.
Д
обитник на Европската награда за архитектура за 2015 година е Сантијаго Калатрава, архитектонска икона, визионер, теоретичар, филозоф и вистински уметник во инженерскиот и архитектонскиот експресионизам во светот денес. Оваа престижна награда ја доделува Европскиот центар за архитектура, уметност, дизајн и урбанизам и Chicago Athenaeum: Музеј за архитектура. Се доделува еднаш годишно на европски архитект „кој придонесува за нов правец во архитектурата, кој е 26
ПОРТА
27 ноември 2015
Архитект, инженер, уметник - лауреатот на Европската награда за архитектура е единствен во денешниот неразбирлив свет. Тој не е ни само уметник, ни само архитект, ниту само инженер. Тој е и едно и друго и трето. Тој е КАЛАТРАВА. Неспоредлив креатор во сите три области.
архитектура
Citi of Arts and Science (1991 – 2006), Валенсија, Шпанија
длабоко хуман и посветен на принципите на европскиот хуманизам“. Доделувањето на наградата се одржа на 17 ноември во Светскиот трговски центар во Њујорк. „Значајно е тоа што Европската награда за архитектура му одаде признание на Сантијаго Калатрава како архитект, инженер и уметник. Калатрава остави трага во долгогодишната модернистичка дебата за тоа дали архитектурата е инженерство или архитектурата е уметност. Архитектурата е инженерство и дефинитивно уметност. Кај Калатрава ги гледаме сите три дисциплини беспрекорно споени во една архитектонска практика. И навистина, овој архитект е совршен, современ уметник. Неговите градби не се само згради. Тие се моќни уметнички дела,
инспирирани од надарената рака на мајсторот и извајани од неговото супериорно, критичко око, неизмерно привлечно и жестоко интелектуално. Тој регуларно ја поминува линијата помеѓу уметноста и архитектурата. Неговите објекти често се нарекуваат скулптури, додека неговите скулптури и слики, скици на објектите“, изјави претседателот на Chicago Athenaeum, Christian Narkiewicz-Laine.
АРХИТЕКТ, ИНЖЕНЕР ... „Сакав да одам во уметничко училиште“, вели Калатрава. „Но еден ден отидов во една продавница, во Валенсија, и видов една мала книга со убави бои. Жолти и портокалови елипси на сина заднина. Веднаш ја 27 ноември 2015
ПОРТА
27
aрхитектура Мостот Alamillo (1987-1992), изграден за Ехпо ’92, Севиља, Шпанија
Железничката станица Stadelhofen во Цирих (1983 – 1990)
купив. Книгата беше за Ле Корбизје, чија работа беше откритие за мене. Видов слики од бетонски скали во Unité d’Habitation. Си реков, какво извонредно чувство за форма. Поентата на книгата беше да ги покаже уметничките аспекти на работата на архитектот. Како резултат на купувањето на оваа книга, јас се префрлив во архитектонско училиште“. Интересот за уметноста, чувството за естетика и форма, и значењето на малата книга, се константен фактор во целото негово творештво. Квалитети кои го прават единствен во светот на современата архитектура. Сантијаго Калатрава Валс (Santiago Calatrava Valls) е шпански архитект, роден 1951 година, во Валенсија. Неговото образование е големо како и неговото дело. Дипломирал архитектура на Политехничкиот универзитет во Валенсија во 1974 година. Потоа конструктивно инженерство на Швајцарскиот сојузен институт за технологија (ЕТН) во Цирих. Докторирал на технички науки во 1979 година. Во 1981 година основал сопствена фирма за архитектура и инженерство во Цирих, која подоцна ја проширил со канцеларии во Париз, Валенсија и Њујорк. Својата кариера ја изградил преку јавна архитектура и благодарение на конкурси преку кои претежно ги добивал проектите низ многу градови во Европа, Америка и Азија. Неговите почетни работи се објекти од нискоградба. Повеќе мостови, железнички станици... проекти чие ниво успеал да го подигне и да ги претвори во проекти со уметничка форма. Првата негова професионална победа е добивањето на конкурсот во 1983 година, за проектот на железничката станица Stadelhofen во Цирих (1983 – 1990). Мостот Alamillo (1987-1992), изграден за Ехпо ’92, Севиља, Шпанија, веднаш го привлече меѓународното внимание со впечатливиот 142 метри висок пилон, под агол од 58º, кој е доволно масивен за да го урамнотежи мостот, без потпори, само со 13 пара на кабли. Тој ги користи своите инженерски знаења и создава иновативни структури во бетон и челик, како пешачкиот мост Campo Volantin (19941997) во Билбао, Шпанија, со закосена параболична лачна структура и вкупен распон од 75 метри, мостот Lusitania (1988-1991) во Мерида, Шпанија, или Mujer Bridge (1998-2001) во Буенос Аирес, Аргентина. Значајни, пресвртни точки во неговата кариера и почеток на една серија проекти кои му донесоа меѓународен углед, се изградбата на комуникациската кула Montjuic, со симболичен облик на рака со олимписки пламен, изградена за Олимписките игри во Барселона 1992, и галеријата Allen Lambert (1987-1992), Торонто, Канада. Неговата инспирација да создава архитектонски објекти, со природни форми и ритми, е страст која е евидентна, посебно во едно од најпознатите дела, железничката станица на аеродромот во Лион, Франција, (1989-1994) со изглед и симболично значење на птица со раширени крила. Потоа следи кровот на Олимпискиот спортски комплекс во Атина, Грција (2001-2004), па Tenerife Auditorium (19912003), на Канарски острови, Шпанија, и Citi of Arts and Science 28
ПОРТА
27 ноември 2015
(1991-2006), Валенсија, Шпанија, кој вклучува Planetarum, Science Museum and L’Umbracle (1991-2000) и Opera Hous (1996-2006). На почетокот на 90-тите години, Калатрава почна да воведува подвижен аспект во неговите објекти. На пример во Кувајтскиот павилјон на изложбата Експо ’92, тој воведе сегментирани делови на кровот, кои се прегрупираат создавајќи различни форми и светлосни ефекти. Неговата прва зграда во Америка е Milwaukee Art Museum, Quadracci Pavilion (1994-2001), во Милвоки, Висконсин, САД. Објект кој содржи подвижни крила Brise Soleil, кои се отвораат и затвораат (66 м) и наликуваат на крилја на птица. Квалитет кој на овој објект достигна нови височини. Влезот на Калатрава во високиот дизајн започна со уникатната, иновативна, 54-катна твистинг кула Turning Torso (1999-2005) во Малме, Шведска, во скулптурална форма со извртување на „човечки ’рбетен
aрхитектура Пешачкиот мост Campo Volantin (1994 – 1997) во Билбао, Шпанија
Мостот Lusitania (1988-1991) во Мерида, Шпанија
столб“. Следат, Транспортниот центар во Светскиот трговски центар во Њујорк (2003-2015), подвижна, крилата структура која создава прекрасен отвор кон небото. За овој објект, бившиот извршен директор на Port Authority of New York and New Jersey, Joseph Seymour изјавил: „Ние мислиме дека тој е Де Винчи на нашето време“; Проектот за Chicago
Spire, Чикаго, САД, облакодер висок 610 метри, со 160 ката, кој требаше да биде највисок во САД, сè уште не е реализиран; Неговиот проект Florida Polytechnic University (2012-2015) во Lakeland, Флорида, САД, е награден како проект на 2015 година. Зградата за иновации, наука и технологија е главната зграда на Универзитетот и се состои од 26 наставни лаборатории и училници, 11 лаборатории за истражување, две соби за семинари, 17 соби за состаноци и 1.022 м² општа површина. Криволинискиот покрив на зградата вклучува сложен систем на кинетичко засенчување за ладење во зависност од локацијата на сонцето. Системот за засенчување, долг 76 метра, користи еден пар крила, кои можат да се движат за 113º и кои се кинетички направени од 94 алуминиумски перки. Периметарот на зградата е опкружен со геометриски перголи. Калатрава има дефинирано свој стил, помеѓу конструктивното инженерство и архитектурата. Тој тврди дека ја продолжува
Комуникациска кула Montjuic во Барселона (1992)
Mujer Bridge (1998 – 2001) во Буенос Аирес, Аргентина 27 ноември 2015
29
Галеријата Allen Lambert (1987-1992), Торонто, Канада традицијата на шпанските модернистички инженери како Феликс Кандела (Felix Candela, 1910-1997), Антонио Гауди (Antonio Gaudi,1852-1926) и Рафаел Гуаставино (Rafael Guastavino 1842-1908), со многу личен стил кој произлегува од бројни студии на човечкото тело и природата. Архитектонските критичари ја гледаат неговата работа како продолжение на неофутуристичкиот експресионизам на Еро Саринен (Eero Saarinen 1910-1961). СКУЛПТУРА ВО АРХИТЕКТУРАТА ... УМЕТНИК, СКУЛПТОР, СЛИКАР ... Калaтрава тврди дека архитектурата е комбинација на сите уметности во една. Неговите флуидни скици, слободни движења, понекогаш слични на Матис (Matisse, 1869-1954) , кои играат во воздухот, се жесток контраст на моќната, силна, убедлива геометрија на неговите згради. „Тие ме држат да размислувам за формата, обликот, густината, тие ја држат мојата острина. Сите се студии за моите згради“, изјавува. Неговите дела, скулптури и слики се изложуваат во најпознатите музеи во големите
градови во светот. Во 2005 година, Музејот за уметност Метрополитен, во Њујорк, одржа изложба на неговото уметничко и архитектонско дело, под наслов „Скулпура во архитектурата“. Калатрава изјави: „Мислам дека кураторот на изложбата Gary Tinterow, го сфати мојот начин на работа, бидејќи изложбата ја наслови ’Скулптура во архитектурата‘, а не обратно“. Во 2012 година, во Музејот Ермитаж во Санкт Петербург, се одржа изложба на неговата работа, како и изложба во Музејот на Ватикан во Рим. Во галеријата Марлборо во Њујорк, во мај 2014 година беа изложени делата на Калатрава. Осум од неговите скулптури, беа прикажани оваа пролет на Парк авенијата во Њујорк, помеѓу 52-та и 55-та улица. Изложби на неговите дела имаше во Германија, Англија, Шпанија, Италија и други земји. Milwaukee Art Museum, Quadracci Pavilion (1994 - 2001), во Милвоки, Висконсин, САД
30
ПОРТА
aрхитектура Железничката станица на аеродромот во Лион, Франција, (1989 – 1994
КОЈ Е САНТИЈАГО КАЛАТРАВА? ТАЈНАТА Е ВО ФИЛАНТРОПИЈАТА Несомнено и пред сè, уметник. Неговите бројни дела, гледани во мал размер, како модели, се извонредни скулптури. Реализирани во природна големина и во пејзажот на природата, оставаат впечаток на недостижни архитектонски истрели со неоспорен модернитет. И конечно, ако тие се посматраат во најмалите детали, во најскриените ќошиња, брзо ќе се констатира дека една невидлива нитка на инженерот, ги држи сите составни елементи во законите на механика и теоријата на конструкциите. Калатрава е сигурно и Скулптор и Архитект и Инженер. Тој е истовремено и Огуст Роден (Auguste Rodin, 1840-1917) и Френк Гери (Frank Ghery, 1929) и Густав Ајфел (Gustave Eiffel, 1832-1923). „Животот е како збирка на бисери“, вели Калатрава. „По патот ќе ги сретнете на разни места. Која е смислата на функцијата во архитектурата? Тоа е љубовта. Љубовта што еден човек ја дава на другите. Великодушноста на архитектот. Постои голема тајна во архитектурата, а тоа е нејзината филантропска природа. Филантропијата може да се разбере во однос на функцијата. Објектот добро функционира ако има љубов кон луѓето. Тајната на филантропијата во архитектурата е во нејзината функција. Убавината се дава преку интелигенцијата и интуицијата. Архитектурата е таа што ги прави убави дури и руините, таа е најапстрактна од сите уметности“. На 64-годишна возраст, Калатрава изјавува: „Многу од архитектите на кои им се восхитувам, најдоброто од себе го дадоа во нивната зрелост. Се надевам дека ќе го сторам истото“. И продолжува неуморно да работи. Во моментов работи на проектирање на шест километри долг мост во Доха, Катар, а неодамна беше избран да проектира и три моста во Wuhan, Кина ... n
Tenerife Auditorium (1991-2003), на Канарски острови, Шпанија
Транспортниот центар во светскиот трговски Центар во Њујорк (2003 – 2015).
Florida Polytechnic University (2012-2015) во Lakeland, Флорида, САД
Turning Torso (1999-2005) во Малме, Шведска ПОРТА
aрхитектура
С
м-р Енис Хоџа дипл.инж.арх.
оцијалниот контекст во кој се интерполира архитектурата во современото општество, диктира нови човекови потреби кои се рефлектираат врз архитектонскиот концепт. Брзиот развој на општеството има потреба од
32
ПОРТА
27 ноември 2015
ОБЈЕКТИ ОД ОПШТЕСТВЕН КАРАКТЕР ВО ГОСТИВАР
воспоставување нови архитектонски концепти. Трансформативните типологии претставуваат архитектонско истражување во примената и перцепцијата на постојните и развивање на нови типологии. Новите човекови потреби како во лингвистичка смисла - „социолекти“, така и во однос на социјалните навики „животен стил“, изразени низ трансформацијата на постоечките објекти и појава на нови програмски содржини,
укажуваат на потребата за развивање на нови методи за нивната акомодација во архитектонскиот концепт, просторна и програмска ре-дефиниција и трансформација на постоечката состојба и/или дефинирање на нов просторен архитектонски концепт во кој ќе биде акомодиран сетот на нови функции/програми. Обидот објективно да се претстават одделните аспекти кои влијаат врз
aрхитектура
Нови модели на архитектонски концепти Обидот објективно да се претстават одделните аспекти кои влијаат врз трансформацијата на веќе постоечката морфосинтакса на архитектонскиот објект или урбан фрагмент е проблемското подрачје на истражувањето – магистерски труд на кандидатот Ивона Крстеска под менторство на професор д-р Михајло Зиноски
трансформацијата на веќе постоечката морфосинтакса на архитектонскиот објект или урбан фрагмент е проблемското подрачје на ова истражување – магистерски труд на кандидатот Ивона Крстеска под менторство на професор д-р Михајло Зиноски, со работен наслов: Архитектонско истражување во областа на трансформативните типологии и дефинирање на нови програмскопросторни решенија на интегрирани 27 ноември 2015
ПОРТА
33
aрхитектура
архитектонски концепти на пример на градот Гостивар. Преку анализа на селектирани примери би се откриле сет постапки и правила кои ќе бидат применети за концепирање на нов типолошки интегриран модел / прототип. Градот Гостивар во изминатиот период, па се до денес, постепено станува пермеабилна структура која ги апсорбира сите промени кои ја афектираат архитектонско-урбанистичката слика. Во една состојба на збиена градска структура се појавуваат и празни простори кои се оставени негибнати, а имаат капацитет за вметнување на просторно-програмска интегрирана архитектура со комплексен карактер. Еден од тие празни простори во рамките на градот Гостивар е локацијата на стариот градски пазар, која е значаен атрактивен фрагмент од урбаниот простор на градот. Со својот празен простор постои како дел од колективната меморија на населението за нејзината некогашна функција. Архитектонскиот концепт се темели на креирање на објект со интегриран 34
ПОРТА
27 ноември 2015
aрхитектура
карактер, кој преку своите програми и формалност природно ќе се интерполира во контекстот од кој произлегува, притоа земајќи ја предвид колективната меморија на населението за постоењето на градски пазар и интеграција на оваа функција. Формалниот израз на објектот произлегува природно од самата локација. Вертикалната структура на архитектонскиот концепт ја претставува симболиката на освојувањето на просторот преку поставување акцент на локацијата, симбол дека таму се случува нешто ново, нешто што треба да ја засегне и привлече целата околина. Новите програмски содржини одговараат на новиот формален израз на локацијата постигнат преку вертикалата на објектите (што би бил идеален начин на решавање на објектите од јавен карактер во модерната). На ваков начин, со изразената скулптуралност на новиот архитектонски концепт, тој доминира и го освојува вниманието на градот и околината. Во високо урбанизираните средини, одговорот за изразување на објектите
треба да се бара во генерирање на концепт кој би се развивал по вертикала. Идеја за создавање вертикален град (Рем Колхас). Комплексот е поделен на три објекти, кули кои се во меѓусебна корелација поради програмите што ги содржат. Новиот модел на интегрирана структура во себе ги прима следниве функционални сегменти: угостителство, едукација, форми на колективно домување, трговија, администрација, програми од културата, библиотека и галерија. Сегментот од угостителство е застапен преку угостителските единици кои се појавуваат помеѓу диспаратните програми и се употребува како метод на интервенција за поставување точки на заеднички простори и пазарот како функција која е наследена. Концептот на вметнување ново, самореферентно тело и креирање нова урбана зона во рамките на градот Гостивар, е одговор на проблематиката на трансформативните типологии. Секој функционален ентитет, потребната програма за функционирање ја развива по нивоа, со соодветна големина и форма.
Програмските сегменти се суперпонираат по вертикала, на принцип кој е генериран од интензитетот на користење, односно нивото на интимност. Помеѓу одделните функционални целини се оставени слободни простори - поврзувачки мостови -sky loby- како точки на интеракција и социјализација. Ваквите, непрограмирани површини даваат можност за развивање на слободни активности и комуникација помеѓу различните корисници, а со тоа и ниво на интеграција на концептот. Овие простори преминуваат од еден во друг објект – притоа поврзувајќи ги во висина и по хоризонтала сите три ентитети на концептот. Со поврзувањето на кулите и во приземје преку примарната програма – пазарот, целиот архитектонски концепт функционира како единствен ентитет. Овој концепт е генериран за да биде исполнет со луѓе. Активностите, различноста, интеракциите, релациите, побудите, „културата“ на живеење, свесното и рутинското, намерното и случајното. Сето ова го прави објектот – организам. n 27 ноември 2015
ПОРТА
35
дрвна архитектура
Иновацијата -
движечка сила во креирањето
Архитектот Шигеру Бан го обликува објектот како хибридна конструкција со бетон-челик-дрво, затворен од две страни со стаклен ѕид, а сето тоа покриено со плетена фасада од дрво Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
Н
овиот музеј на уметноста во Аспен, Колорадо, е лоциран на видно место во центарот на високото гратче кое е еден од најпознатите зимско рекреативни центри во САД. Музејот е отворен во август 2014 година, а проектиран е од познатото архитектонско студио Shigeru Ban Architects. Шигеру Бан е познат по своите експериментирања со употреба на дрво и картонски туби во своите конструкции, па и во овој проект може да се забележи значителна употреба на овие природни материјали. Новиот музеј со вредност од 45 милиони долари го заменува стариот, кој се наоѓа во стара 36
ПОРТА
27 ноември 2015
НОВИОТ МУЗЕЈ НА УМЕТНОСТА ВО АСПЕН
фабрика адаптирана за изложбен простор. Новиот менаџерски тим на чело со Zuckerman Jacobson, во 2005 година ја предложува идејата да се пресели музејот во нов објект, а веќе во 2008 година е избран Бан со неговиот проект од вкупно 36 идејни решенија од различни архитектонски бироа. Ова е прв комплетиран објект на Бан во Северна Америка по добивањето на престижната награда за архитектура Прицкер во 2014 година. Шигеру Бан е еден од многуте успешни архитекти, како Eero Saarinen, Harry Weese, Herbert Bayer, а во поново време Peter Gluck, Jhon Lautner па дури и Renzo Piano, кои со своите архитектонски дела оставиле свој печат во Аспен. Архитектот Шигеру Бан го обликува објектот како хибридна конструкција со бетон-челик-дрво, затворен од две страни со стаклен ѕид, а сетоа тоа покриено со плетена фасада од дрво. Навидум, објектот е едноставна коцка вметната помеѓу градските улици, но сепак една од главните идеи на архитектот е таа да биде отворена кон околината. Објектот има вкупен простор од 3.000 м2, поделен на четири нивоа од кои едно подземно ниво, приземје и два ката. Целиот простор на подземниот дел, приземјето и првиот кат се пространи галерии за истакнување на разни уметнички дела, додека на највисокиот кат се мултифункционални простории и кафетерија. Највисокото ниво, исто така, е поделено на половина по дијагонала. Едниот дел е затворен, а другиот е голема отворена тераса која овозможува прекрасен поглед кон високите планини над Аспен. Главните дизајнерски обележја на музејот се дрвената конструкција на кровот, фасадата изработена од дрвени композитни плочи, конструктивните стаклени подови за дневна светлина, стаклениот лифт и друго. Од надворешноста, главна карактеристика на музејот е плетената фасада од композитни дрвени плочи. Материјалот на фасадата е направен од плочи изработени од пресуван микс од хартија и природна смола, обложени од двете
27 ноември 2015
ПОРТА
37
дрвна архитектура
страни со тенок фурнир од дрвниот вид Okoume (Aucoumea klaineana) и третирани со премачкувач со УВ заштита. Заради отворената фасада, во објектот е поставен иновативен систем за регулирање на температурата во галериите, каде уметничките дела бараат константна температура независно од надворешните температурни промени во текот на годината, кои можат да бидат и до минус 35 Целзиусови степени во зима. Тридимензионалната конструкција на кровот претставува иновација сама по себе. Конструктивните врски се изработени без видливи метални конектори. Овие врски конструктивната стабилност ја добиваат како резултат на 38
ПОРТА
27 ноември 2015
геометријата на целата конструкција, зајакнати со долги дрвени клинови и метални штрафови кои се внимателно поставени за да не се гледаат. Овој начин на изработка на конструктивните врски
дрвна архитектура
потсетуваат на традиционалните јапонски дрвни конструкции каде со помош на вештите раце на јапонските столари се изработувале стабилни врски без употреба на метални конектори. Тридимензионалната геометрија на кровната рамка е направена со свивање на дрвените конструктивни елементи под притисок на преса со специјално изработен калап. Бидејќи музејот нема постојана поставка, просторот треба да биде флексибилен за да може да се презентираат најразлични модерни изложби. Сите шест галерии се без столбови во средината за
максимално искористување на просторот и имаат висина од четири метри. Во најголемата од нив, која го зафаќа поголемиот дел од првото ниво, се изложени засолништа во вистинска големина, за бегалци од природни катастрофи или војни во светот, проектирани од Бан. Терасата што се наоѓа на врвот од објектот зафаќа приближно половина од основата. На неа може да се забележи мала градина со клупи и маси. Прекрасната тераса со поглед кон планините каде што се скијачките терени, претставува место за одмор, опуштање и разговор за впечатоците од уметничките дела. n
ПОРТА
репортажа
АНГКОР ВАТ
Мистериозната врска на Супериорноста на природата наспроти човековото планирање и градба, ги погледнува посетителите од секој агол и како да ги предупредува за минливоста на нашето постоење, за процесот на стареење, деконструирање во времето, за нашиот однос кон создавање на град, на миниуниверзум и неговото постепено исчезнување и враќање кон прапочетокот Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)
В
нимателно и незаборавено од времето се деконструира колажот од храмови во комплексот Ангкор во Камбоџа. Минливоста на човековите градби и градскот пејзаж е искуство од прва рака во прошетките низ комплексот. Супериорноста на природата наспроти човековото планирање и градба, ги погледнува посетителите од секој агол и како да ги предупредува за минливоста на нашето постоење, за процесот на стареење, деконструирање во времето, за нашиот однос 40
ПОРТА
27 ноември 2015
репортажа
градот и универзумот
кон создавање на град, на миниуниверзум и неговото постепено исчезнување и враќање кон прапочетокот. Дури и дрвјата од специфичен вид, фрлаат гранки кон земјата кои стануваат корени со јачина како бетонски столбови и ги уништуваат ѕидовите со сигурност и цврстина. Во април 1858 година, младиот француски ботаничар Анри Муо тргнува на патување од Лондон до југоисточна Азија, со цел да истражува различни растителни врсти во дивините на оваа територија. Покрај неговите сознанија и „откритија“ на впечатливи растителни
видови, следбениците на неговите патеписи ги обзема живописниот опис на огромни комплекси на храмови соединети со природата. За првпат тој му го открива на светот изгубениот средновековен град Ангкор во Камбоџа, неговиот романтичен, носталгичен и поетичен изглед. Во еден од своите патеписи запишува: „Еден од овие храмови, рамо до рамо со храмот на Соломон, роден од концептите на Микеланџело, треба да има почесно место на листата на најубави објекти. Тој е поголем во својата смисла од какво и да било културно наследство од Грција или од Рим“. 27 ноември 2015
ПОРТА
41
репортажа Денеска храмовите се еден од главните симболи на државата Камбоџа. Ангкор Ват, изграден околу 1150 година, претставува најголемиот религиозен комплекс на планетата Земја, покривајќи површина четири пати поголема од онаа на градот Ватикан. Прошетката низ Ангкор Ват започнува на велосипед или на тук-тук, и од самиот влез се чувствува испреплетеноста на минатото, сегашноста и иднината. Широките булевари со дрвореди коишто се меѓу-зоната на храмовите, изгледаат монументално и невообичаено европски. Кон крајот на XII век, Ангкор бил вистински метрополис со површина од 1000 м2 - до почетокот на индустриската револуција претставува најголемиот град во светот. Тој е главен град на империјата Кмер, којашто во тој период доминирала во јужно-источниот регион покривајќи ја територијата на Камбоџа, дел од Виетнам, Лаос, Тајланд и Мијанмар. Меѓутоа, раѓањето на градот, почетоците и концептот долго време се загатка за археолозите. Читањето на целосниот град е направено со помош на ласерско снимање на територијата. Откриени се невидливи контури на тлото на шумата на непознати храмови, невообичаено планирање во град на церемонијалните булевари, насипи и вештачки езера. Главниот храм во комплексот Ангкор Ват се состои од правоаголни енклави кои се надоврзуваат во планина од мали простори со алегорично значење. Стилот во којшто е изграден е класичен стил за кмерската архитектура: кули изработени во форма на лотоси, полугалерии за проширување на ходниците, галерии поставени на оските на движење, поврзувајќи се со затворените простори и крстовидни тераси кои се видливи на централната аксијала на храмот. Централното светилиште ја претставува планината Меру, светата планина каде што хиндуистичките богови живеат над центарот на универзумот. Петте врва на планината се претставени со петте кули на храмот. Ѕидовите во околината се работ на светот, а рововите се океаните на светот. Храмот претставува волшебна мапа на универзумот, неговите обвивки и хиерархија. Низ целиот храм ве сретнуваат слики-камени резби и скулптури на богови, сцени на битки, танцувачи, настани од хиндуистичката митологија. Градбите и скулптурите на Ангкор Ват се поставени соодветно на сончевите рамноденица и краткодневица. Ништо не изгледа претерано, додадено, тука во тишината се вкрстува целиот тајмлајн на постоењето, на човековата рака и дело, моќта на создавањето и моќта на природата да
42
ПОРТА
27 ноември 2015
го избрише сето она што е создадено. Водните канали коишто ги обвиткуваат храмовите се доказ за водно инженерство во големи размери, што е карактеристично за Кмерската империја. На крајот од средновековниот период се случуваат драматични климатски промени со екстремно суви и водни услови, поплави во градот и слабеење на структурата на виталната мрежа од водни канали. Градот е нападнат во 1431 година од Сијам (денешен Тајланд) и набрзо е напуштен. Во 15 век кралевите на Кмер го напуштаат градот и се населуваат на брегот каде што го градат новиот град Пром Пен, денешниот главен град на Камбоџа. Ангкор Ват е зачуван од страна на будистичките монаси, коишто во централната кула на храмот поставуваат голема скулптура на Буда. Благодарејќи на нивната внимателност, зачувани се
одредени делови од комплексот. Сепак, се чини ништо не може да го заштити храмот од природата. Шумата како уште поголем напаѓач со специфичните видови на дрвја кои ги кршат ѕидовите, полека го голта напуштениот град. Вообичаено, хиндуистичките храмови се со источна ориентација, за разлика од нив Ангкор Ват мистериозно има ориентација кон запад. Основата на комплексот Ангкор е огледало на ѕвездената консталација Драко во време на пролетната рамноденица во 1050 година пред
нашата ера. Градот е со специфичен план и претставува поглед одозгора надолу, поставувајќи го секој геометриски елемент на комплексот во одредена координата. Наспроти неговата физичка структура и дијалогот во кој природата е победник над човекот, посетата на Ангкор Ват и прошетките низ неговите храмови е длабоко индивидуално духовно искуство кое создава мапа на сопственото постоење и неговата рамка во времето, просторот, градот и универзумот. n
27 ноември 2015
ПОРТА
43
ентериер
КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ (3)
Акциски канцелариски систем
проф. м-р Мишко Ралев, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
К
ако резултат на диференцијацијата на производственото работење и порастот на сервисните фирми, како што се банките и консултантите, адвокатските фирми, компаниите за осигурување и провајдерите на здравствени услуги, исто како и зголемената улога на науката во бизнис администрацијата развиена во втората половина на 20 век, разните структурни задачи за складирање можат да се извршат во големи канцеларии со отворен план. Неперсоналната, строго хиерархиска и вертикално структурирана канцелариска просторија и стриктниот поредок на малата административна канцеларија, која обезбедува малку мотивација кај вработените и е во конфликт со модерното разбирање на работата, беа отстранети новите идеи беа инспирирани од неопходноста да се соработува на проектните задачи како тим. Тимовите се хоризонтално структурирани. Ова е изразено во широчината и отвореноста на големите простории. Тие креираат добра атмосфера како и транспарентност на работата. Канцелариите со отворен план ја имаат таа предност што вработените можат да се гледаат меѓу себе и брзо да разменуваат мислења и идеи. 44
ПОРТА
27 ноември 2015
РОБЕРТ ПРОПСТ, брендиран како пронаоѓач на канцеларијата - кабина, пред крај од својот живот рекол: „Една од најглупавите работи што можеш да ги направиш е да седиш во еден простор и да допуштиш светот да помине покрај тебе“
ентериер
Акциска канцеларија - различни висини на седење Канцелариите со отворен план би требало да промовираат соработка, дипломатија и комуникација, при што вработените, исто така, би требало да бидат повеќе мотивирани. Соработката и тимската работа се исто така изразени во канцелариите со отворен план преку аранжманот на работните маси. Тука, ниту една работна маса не е центар на просторијата, туку бројните работни елементи формираат бројни центри, со што структурата на просторијата се формира преку расфрлани еднакви работни простори. Но, само после неколку години стана јасно дека канцелариите со отворен план имаат недостатоци од аспект на работењето. Почетната еуфорија ѝ отстапи место на реалноста дека аранжманите со отворен план се тешки за концентрирање како резултат на континуирано движење на вработените и клиентите низ просторијата,
Распоред под различни агли - разноликост во просторот при што тие се бучни, нудат само неколку можности за адаптирање на светлото, температурата и работниот простор спрема индивидуалните потреби и обезбедува ограничена приватност. Затоа, во внатрешноста на канцелариите со отворен план се развија мали, заштитени простори. И покрај тоа, идејата за комуникација и тимска работа самата се етаблираше. Настрана од структурирањето на работниот простор, социјалната компонента која е карактеристична за канцелариите со отворен план, помага да се детерминираат канцелариската разместеност (аранжман) и структурата на елементите од мебел. Експанзијата на услугите, административните активности и должноста за складирање значи дека секоја акција, како приватна, така професионална - имаат и придружна канцелариска должност. Затоа, дваесеттиот век е време на развој на различните канцелариски форми, какви што се Различни можности на концентрација но и со заедничка работа
27 ноември 2015
ПОРТА
45
Влезна партија прием групните канцеларии, кабини во канцеларии со отворен план, канцеларии за две или повеќе лица, домашни канцеларии и мини канцеларии. Дизајнот на познатиот американски дизајнер Роберт Пропст, 19212000, (Robert Propst) претставува пресвртница во перцепцијата за канцеларија, a e наречен кабинa (cubicle). Кабините беа, всушност, функционалните единици на првиот структурен систем на канцеларии со концепт на отворен план наречен Акциски канцелариски систем (The Action Office System). Со него се редефинираат принципите за тоа како еден канцелариски простор би требало не само да се организира туку и како би требало да изгледа. Роберт Пропст радикално го трансформира канцеларискиот простор, а со тоа и
46
ПОРТА
27 ноември 2015
човековото однесување на работното место. Меѓутоа, односот на вработените кон ваквиот дизајн не бил секогаш позитивен, но, и покрај контрадикциите што се јавувале во јавноста, овој производ на познатата американска индустрија за мебел „Херман Милер“ (Herman Miller) се произведуваат повеќе од 40 години. Главната идеја на „кабините“ била да се зголеми флексибилноста и функционалноста преку комплетно подвижни канцелариски единици, при што плановите можат лесно да бидат ремодифицирани и реконфигурирани со едноставно демонтирање на постојната организација и монтирање на сосема нова според новите потреби на организациската работна структура на одредена компанија. Со ваквиот дизајн во далечната 1968 година, дизајнерот водел сметка и
ентериер покажал грижа за оние работници на кои сакал да им понуди многу пофлексибилен и флуиден модел на организација на канцеларискиот простор, кој требало да им излезе во пресрет на просторнофункционалните барања на различниот модел на одвивање на интелектуалната работа. Инаку, Кабината (Cubicle) на Роберт Пропст е мини канцеларија и претставува целосно опремена просторија од четири метри квадратни. Во оригиналниот дизајн на Акциската канцеларија (Action Office) на Роберт Пропст, кабината всушност била колекција на средно-големи прегради кои не го затворале комплетно работникот, туку биле наместени под одреден агол за да обезбеди индивидуален работен простор, за да се избегне чувството дека колегите ви го напаѓаат вашиот личен простор преку целиот работен ден. Генералниот распоред на канцеларијата на Пропст била креирана или под агол од 900 или под агол од 1200, така што вработените не гледале еден во друг. Со тоа тие се фокусирале подобро на работата што во тој момент ја работеле. Нормално, дизајнот-канцеларијата на Пропст продолжила да се развива и подобрува низ следните години, така што станала носител на едно златно време на ефикасната канцеларија, како што наведуваат авторите што ја следат еволуцијата на канцелариските простори. Новото нешто доаѓа на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, а тоа е појавата на персоналните сметачи кои од корен ја промениле технологијата на извршување канцелариски и административни работи. Она што се случило на полето на дизајнот на ентериер не го следело веќе споменатиот технолошки напредок. Имено, постојната акциска канцеларија само се поедноставува во квадратни простори со повисоки прегради, така што се креирале еден вид индивидуални канцелариски простори без влезна врата, ортогонално разместени низ просторот на канцеларијата со отворен план. Со ова само се извулгаризирала идејата на Роберт Пропст, при што се напуштила идејата за флексибилен и разновиден канцелариски простор со изразита компонибилност на структурните елементи. Преградите, кои биле извонредно дизајнирани и со мерка димензионирани, сега прераснале во масивни ѕидови кои ја креирале
Meтаформ портфолио наследник на кабината од 21век - Херман Милер
сликата на канцеларискиот пејзаж. Со ваквиот распоред и дизајн на кабините се нарушил и основниот концепт на акциската канцеларија споделување на информации и знаење помеѓу вработените, зашто тие имале своја лична канцеларија без каков било контакт со колегите околу себе. Ваквите канцеларии често ги нарекувале и „фарма со кабини“. Верзии на оригиналните акциски канцеларии сè уште се достапни преку нивниот производител, компанијата „Херман Милер“, една од најголемите светски произведувачи на мебел. Огромен број на лица во САД и денес работат во ваков тип на канцеларии. Во оваа компанија постојат скици на брилијантни идеи кои сè уште не се реализирани во американските канцеларии, зашто се поскапи од обичните, а корпорациите главно сакаат да ги скратат трошоците за да бидат конкурентни на глобалниот пазар или да го зголемат профитот. Роберт Пропст умрел во 2000 година брендиран како пронаоѓач на канцеларијата - кабина, а пред крај од својот живот рекол: „Една од најглупавите работи што можеш да ги направиш е да седиш во еден простор и да допуштиш светот да помине покрај тебе“. n
Рушење на коннцептот - монотони правоаголни простори
27 ноември 2015
ПОРТА
47
сообраќај
СООБРАЌАЈНИ ФЕНОМЕНИ
Трактат за генерираниот сообраќај м-р Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж.
Сообраќајните инженери по природа се мали социофоби. Тие добро знаат каде и како треба да се одвива сообраќајот, но, иако се и тоа како свесни, малку потешко прифаќаат дека во реалноста не мора неизоставно да биде така.
Дури и најчистиот ентузијазам екстрахиран од сеприсутниот терцет „сообраќајни инженери – трети лица – сива еминенција“, може да претставува основа, но малку потешко и гарант за еволутивно поместување во урбаниот сообраќаен сегмент. „Диносауруските“ пристапи во решавањето на некои сообраќајни потешкотии, јасно укажуваат дека градскиот сообраќај сè уште се толкува и дефинира премногу „тесно“. А квалитетното согледување и дефинирање, според некои други, може да биде половина решение. Доколку самосвесниот соговорник ве опомене дека урбаниот 48
ПОРТА
27 ноември 2015
сообраќај е нешто како крвоток на градот, немојте баш „од прва“ да му одобрите. Или пак, одобрете му само делумно од проста причина што овој популарен аксиом само делумно е точен. Во современите градови сообраќајот повеќе наликува на гас кој се труди да го окупира расположливиот простор онолку колку што ќе му биде дозволено. Нешто како љубопитно, размазено дете кое и покрај родителската забрана не може да се избори со нагонот да ѕирне и посегне во секое катче. Кога инфантилната психологија ќе стане неиздржлива, родителите одлучуваат да прошират по некој коридор и доѕидаат
сообраќај
една-две одаи. Детските очи на почетокот ќе бидат воздржани на појавата на новитетот, но љубопитноста влијае според сопствени закони. И најчесто победува, воспоставувајќи своја рамнотежа спроти родителската строгост. Стручниот, односно интимниот глас не треба да има проблем да го најдe својот пат до „контото“ на секоја намера нешто денешно да стане нешто поквалитетно. Проблем понекогаш може да направи желбата да се средат мислите што гребат и да се преиспитаат намерите што се наизглед безгрешни. Односно, да се направи мала обиколка низ „територијата“ на стручната материја.
Вообичаена матрица на дејствување Колку и да звучи нелогично, сообраќајните метежи покажуваат тенденција да воспостават рамнотежа. Тоа го прават така што го забавуваат понатамошното „таложење“ на возила во најоптоварените, т.н. врвни периоди. Состојба која повеќе се чувствува отколку согледува, и која претставува основа за интервенција кај некој „коридор“ или „одаја“. И тука е почетокот на вообичаената коб на многу градски сообраќајни елегии. Нивниот дистих води во две насоки на еден ист правец: проширување на постојните сообраќајници или нивојско разложување на исто така постојните крстосници. Покрај разликите од методолошки и технички карактер, овие интервенции ги карактеризира фундаментална сличност – обете најчесто се облога за проблемот, ретко и негов траен лек. Односно, само уште една екстензија на хроничниот circulus vitiosus на урбаните сообраќајни организми. Дијагностицирањето на сообраќајната „инфекција“ не треба да е тригер за автоматизам при посегнувањето во „домашната аптека“. Мудроста подразбира свест дека некои порази мора да се истрпат заради некои идни, поголеми придобивки. Тоа е суштината на далекувидоста. Од законитостите на кои се покорува урбаниот сообраќај и пошироките флуктуации на градскиот организам, ниту едно инфраструктурно решение нема да остане поштедено. Меѓутоа, дијалогот со нив, нивните
феномени, варијации и ефекти, може да биде од исклучителна важност за длабинска проценка на интервентниот „рок на траење“, а со самото тоа и нивната објективна целисходност. Кога „хардверот“ го обликува „софтверот“ Кога обемот на возила критично ќе „налегне“ на некој дел од сообраќајната мрежа, се работи на намалување на нивниот број во буквално или преносно значење. И бидејќи првата опција, од разноразни причини, сè уште нема допир со плодно тло, преостанува полукатарзата на инфраструктурната креативност која се сведува на едно – планиметриско или нивојско проширување на постоечкиот капацитет. Меѓутоа, зголемувањето на капацитетот на уличната инфраструктура има и своја неизбежна сенка – ново размножување на бројот на патувања токму во најоптоварените (врвни) периоди. Овој пораст, познат токму под името генериран сообраќај, континуирано експандира кон нова рамнотежа, кон наредниот еквилибриум, затворајќи уште еден циклус на надмудрување на релација сообраќај – сообраќајни инженери. Оваа генерирана „порција“ од возила во практика се сведува на две компоненти: пренасочен и индуциран сообраќај. Во својата суштина економскиот закон на побарувачка е болно едноставен: она што станува поевтино станува и попожелно. Намалувајќи го времето (видлив ефект) и оперативните трошоци на патување (невидлив ефект), зголемениот капацитет ги прави проширените сообраќајници попривлечни. Фетишизацијата на овој ефект потекнува од брзината на совладување на растојанијата, кога проширувањето се толкува како вишок простор, а тој, низ „валутна трансакција“, преминува во скратено време на патување. Од каде широката понуда на потенцијални социјално-сообраќајни ефекти е како на дланка. Патувачките навики, кои се под длабока импресија на возачката психологија, и наклоноста кон приватните возила се spiritus movens на тие функционални одеци. Додадениот капацитет, тој недостижен идеал на сообраќајните инженери, реагира со инстинкт на зајак пред скратеното време на патување, кое го фиксира пред да го претвори во солиден оброк.
27 ноември 2015
ПОРТА
49
сообраќај
Тоа како сирена го гали и мами патникот претворајќи го дури и периферискиот гранап со поретки артикли во лесно и исплатливо достижна цел. Тоа е моментот кога транспортниот систем доживува мал, тешко видлив срцев удар. Чувствувајќи ги новосоздадените услови, градските патници почнуваат да ја усвојуваат матрицата на однесување попозната како водено откривање, заклучувајќи логично дека уште еден, макар и половен семеен автомобил, не е веќе луксуз туку потреба. И тоа е тоа, онаа трансфузиона цевка закачена за вената на степенот на моторизација на еден град. Сообраќајните инженери по природа се мали социофоби. Тие добро знаат каде и како треба да се одвива сообраќајот, но, иако се и тоа како свесни, малку потешко прифаќаат дека во реалноста не мора неизоставно да биде така. Начекани на „лева нога“ на споменот
50
ПОРТА
27 ноември 2015
на непредвидливиот човечки фактор, знаат да изреагираат како славеник на чија штедра роденденска забава, наместо ветената Лејди Гага, сте им довлечкале кловн! Непредвидливоста на возачите е есенција на инженерската нелагода. И оној фактор на реметење на славата на инфраструктурниот зафат, кој во секоја пресметковна формула се јавува како симбол од некое вонземско писмо. Без неа возачките навики и рути на движење би останале непроменети, давајќи ѝ полна потврда на преземената интервенција. Со неа, се подотвораат портите на Браес зад кои клечи опомената од неговиот математички парадокс. Абонирајќи рамнотежа на двата сообраќајни текови, овој парадокс поставува еквилибриум на START – END времињата на патување било
сообраќај преку пунктот А било преку пунктот В. Притоа, бајпасот А–В е оној невралгичен линк чиј капацитет е доведен до граница на заситување и, според тоа, предмет на чудесен инфраструктурен зафат кој од оваа врска меѓу возачите ќе направи „барана роба“. По ова, не останува многу што би спречило добар дел од нив да се обидат да го надмудрат матичниот ток префрлајќи се преку А–В врската на рутата на соседниот. Исчашувајќи ги со тоа и квантитативната рамнотежа и времињата на патување долж двете рути, со нови закрчувања на други места. Се е тука, а како да станува збор за друга димензија. Да се гледа однадвор и да се разбере таа интерна логика која во практика го моделира урбаниот сообраќај, не е баш лесно. Како во сон. Додека трае потполно е логичен, дури по будењето стануваме свесни колку бил заводлив и несовршен.
Пораки од искуствените сознанија Професионалната скепса добива на речиси онтолошка тежина во рефлексиите на когнитивната сообраќајно-инженерска мудрост, која не е ништо друго, туку отпечаток на дисонантната ефикасност од играњето на картата на екстра инфраструктурен капацитет. Кога зголемената проточност постепено и неизоставно се претвора во зголемена достапност и ново оптоварување. Сите поединечни искуства се уникатни поседи кои до пола се техника – инженерска – од пола перформанс – возачки. Некои од нив потврдуваат сигурно трошење на барем 80% од додадениот капацитет. Цели 50% во првите пет години (Noland 2001). Други укажуваат дека намалувањето на времето на патување за 20% носи идентичен процент од нови, генерирани патувања (SACTRA 1994).
Трети, пак, го потврдуваат недоволниот бенефит на метрополитенските подрачја чии управи решиле борбата со сообраќајните метежи да ја сведат на засилени инвестиции во инфратсруктурниот капацитет (STPP 1998). Но сите ја содржат истата перспективна константа, која манирот на планиметриско односно нивојско проширување на елементите на уличната мрежа го позиционира спротивно од доктринарната цел за намалување на моторниот сообраќај, како темелник на одржливоста на секој современ град. Она што го очекуваме од проширената сообраќајница е всушност она што го очекуваме од нашите животи: дофаќање на целта со разумно време на минување, без попатни пречки и серпентини. И, по можност, без застои и покрај тоа што сме потполно свесни за извесните „бочни сили“ кои се јавуваат најмалку за да ни бидат од полза. Целата историја на надмудрување на сообраќајните инженери со своето до фрустрација љубопитно „чедо“, може да се сублимира во тоа „капацитативно ресто“ кое треба да остане како опиплив доказ на добрата намера и исправниот стручен приод. Овој трактат за капацитативниот авантуризам би требало да се заокружи со соодветна конклузија, како пресуда или пак како мудра насока. Која овој пат нема да ја има, поточно, неблагодарно е да ја има. Неблагодарно, во светло на несразмерот помеѓу резултатите што се побаруваат од оваа млада струка и саботираната можност и таа понекогаш да го каже финалниот збор. А младоста и идеализмот чинат идеален спој кој ги растерува сенките над стручната искреност. Но на ова поднебје, првото домино во низата многу поретко го туркаат инженерски прсти ... -крај-
ПОРТА
екологија
ПЛАНЕТАРНА ПРЕМИЕРА НА ПРОЕКТОТ RACING EXTINCTION
Документарец за загрозените видови и нивната заштита од масовно изумирање Планетарната премиера на RACING EXTINCTION на режисерот Луи Психојос на телевизиските екрани ќе се прикажува на 2 декември на Discovery Channel низ целиот свет, односно на сите 220 пазари каде се емитува Discovery Channel, вклучувајќи ја и Македонија .
52
ПОРТА
27 ноември 2015
Н
аучниците предвидуваат дека човекот ќе биде виновен за изумирањето на 50% од сите видови до крајот на векот. Веруваат дека сме веќе навлезени во шестата доба на изумирање во историјата на Земјата. Нашата доба се нарекува Антропоцена, или „Доба на човекот“, бидејќи доказите јасно упатуваат на тоа дека човекот е тој што предизвикува катаклизмички промени во околината и животинскиот свет. Како главни виновници, ние сме тие што можеме да ги запреме промените што сами сме ги создале и да ја зачуваме Земјата каква што ја знаеме. Со ,,Оскар“ наградениот режисер Луи Психојос (Louie Psihoyos) за филмот „Залив“ (The Cove), овој пат собира тим од уметници и активисти на тајна задача со цел откривање на скриениот свет на загрозените видови и нивната заштита од масовно изумирање. Патувајќи низ целиот свет, успева тајно да се инфилтрира во некои од најопасните црни пазари, како и да ја документира врската меѓу
емисијата на јаглен диоксид и изумирањето на видовите со помош на најсовремената технологија, а со цел да го смениме начинот на кој го гледаме светот. Друштвото за заштита на океаните (eng. The Oceanic Preservation Society, OPS), е групата што после наградениот документарен филм „Залив“ се враќа со нов револуционерен проект документарецот RACING EXTINCTION . Овие активисти имаат за задача да ги изнесат пред очите на јавноста двете главни причини за истребувањето на видовите. Првата е меѓународната трговија со диви животни како и лажните лекови и козметика кои се продаваат, а се на сметка на животот на веќе загрозените животни. Втората е емисијата на јаглен и скиселување на океаните, причина која никој од нафтените и компаниите за плински гасови не сакаат да ја видиме. „Како дете доставував весници за ’Дабјук Телеграф Хералд‘ (Dubuque Telegraph Herald), а веќе на 17 години добив шанса да изработувам слики во нивниот оддел за фотографија. На 20
екологија
години веќе станав фотограф за National Geographic. Сега сум во трка заедно со еколозите, да ја спасиме планетата да изгуби голем број на видови чија брзина е најголема по 65 милиони години кога Земјата ја погоди комета. Филмот може да биде моќно оружје на светот - оружје за масовна изградба. Мојата цел е радикално да го променам начинот на кој луѓето го сфаќаат документарниот филм. Со овој проект сакам да се позанимавам со најважниот проблем со кој светот се соочува - губењето на биолошката разноликост до епски размери. Комбинирајќи уверлив филм и револуционерна активациска кампања, сакаме да создадеме движење за промени“, вели режисерот Луи Психојос, кој со оваа амбициозна мисија ни го предочува нашето влијание врз планетата, истовремено инспирирајќи нè да ги прифатиме и примениме решенијата што би осигурале разновиден свет за идните генерации. n
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
најчудни градби
КУЛАТА ФРАЈТАГ ВО ЦИРИХ
Уникатна продавница за уникатни производи Бизнисмените Даниел и Маркус ги овластиле циришките архитекти Анете Спилман и Харолд Ешле да го изработат проектот за нивната необична и уникатна продавница „Кула Фрајтаг“. Потребно било доста време архитектите да ги убедат градските власти дека дизајнот на продавницата е добар, дека објектот ќе биде стабилен и безбеден, а необичниот дизајн нема да ги навреди жителите од околината и локалната заедница. Натка ЌОСЕВА , дипл.инж.арх.
Д
вајца швајцарски бизнисмени, Даниел и Маркус, во 1993 година започнале необичен и уникатен бизнис, производство на чанти и сите додатоци за нив, од материјал добиен со рециклирање на стари церади од камиони, внатрешни гуми од велосипеди, воздушни перничиња и безбедносни ремени. Чантите и другите додатоци за нив се изработуваат рачно, во сите големини и сите бои. Секое парче е уникатно, за што се грижат неколкуте дизајнери. Идејата за нивниот бизнис ја добиле во времето кога живееле во областа Цирих Запад, близу до мостот Хардбрук. Нивната фабрика се наоѓа токму во таа област и има 60 вработени. Во 2006 година Даниел и Маркус решиле да ги продаваат своите уникатни производи во продавница изградена од контејнери. Изборот на локацијата и дизајнот на објектот е во согласност со филозофијата на брендот Фрајтаг. Првиот живот на чантите бил на патиштата, а првиот живот на контејнерите бил исто така на патиштата или на железницата. Бизнисмените ги овластиле циришките архитекти Анете Спилман и Харолд Ешле да го изработат проектот за нивната необична и уникатна продавница „Кула
54
ПОРТА
27 ноември 2015
најчудни градби види целата област Цирих-Запад. Комуникацијата меѓу катовите е со еднокраки метални скали околу кои на четирите ката е организиран продажниот простор. Чантите се изложени на полици и на ѕидовите, според правилата на брендот Фрајтаг. Ентериерот е едноставен, но и необичен. Тој не конкурира на производите што се продаваат. Најважно во целиот ентериер е изложувањето на уникатните производи, и секој иден купувач може убаво да ги разгледа и проба. Архитектите обрнале внимание на осветлувањето на објектот, и внатрешно и надворешно. Пред две-три години производството на брендот Фрајтаг е збогатено со производство на фармерки и маици произведени од рециклиран текстил, и тие се изложени на еден кат од продавницата. Брендот Фрајтаг има и други продавници
Фрајтаг“. Потребно било доста време архитектите да ги убедат градските власти дека дизајнот на продавницата е добар, дека објектот ќе биде стабилен и безбеден, а необичниот дизајн нема да ги навреди жителите од околината и локалната заедница. Кулата Фрајтаг е изградена од 19 контејнери и висока е 26 метри. Ова е мини облакодер или како што често го нарекуваат „бонсаи облакодер“. Контејнерите употребени за градење на кулата се стари и ’рѓосани. Со многу труд, време и знаење, контејнерите се исчистени, зајакнати, заштитени од понатамошно ’рѓосување и пропаѓање, и кренати за да се формира кулата. Таа има четири ката продажен простор на кој се поставени 1.400 различни производи од брендот Фрајтаг. На најгорниот кат или рамниот кров е видиковецот од каде може да се 27 ноември 2015
ПОРТА
55
најчудни градби за своите производи во Швајцарија и во неколку земји низ светот, но дизајнот на „Кулата Фрајтаг“ е уникатен и единствен. Продавницата претставува икона на реурбанизираната област Цирх Запад или поранешната Индустриска област на
ПОРТА
градот Цирих. Можеби необично но реално. Кулата Фрајтаг функционира без проблеми веќе неколку години. n
рубрика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
екологија
МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКАТА МАПА НА ЗАГАДУВАЊЕ
Причините се знаат - решенија нема
С
Марина ВЕРУШЕСКА
поред најновиот извештај на Европската агенција за животна средина (EEA), загадувањето на воздухот во Европа има голема цена. Тоа сѐ уште останува главната опасност за животната средина, економијата, продуктивноста на работната сила и најважно, за севкупното здравје на луѓето. Неодамна, податоците на светската интернет-страница Нумбео, која се занимава со квалитетот на животот, го прогласија Тетово за најзагаден град во светот, податок кој ја прави Македонија темна густа дамка на европската мапа на загадување. Според извештајот на Светска банка за 2014 година, Македонија е на
58
ПОРТА
27 ноември 2015
екологија
Клучно е да се промени ставот на чекање некој друг да го реши проблемот. Проблемот се состои во тоа што, иако сите ја препознаваат алармантната состојба на загадување на воздухот, никој не се чувствува одговорен за неа.
прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Министерството за животна средина, постојано објавува високи вредности на аерозагадување во градовите во Македонија, со особен акцент на главниот град. Загадувањето во Скопје е високо поради многу фактори меѓу кои, доминантни се популацискиот раст и зголемување на бројот на возила, од кои повеќето се постари од 15 години. Што всушност може да се направи? Реалноста е дека е потребно многу повеќе од кампањи и ветувања од страна на градските власти. Овој проблем не се решава засебно, впрочем, тој зависи од социјалната и економска ситуација. Токму затоа, потребен е долгорочен акциски план. Од друга страна, граѓаните се дел од решението, и затоа се потребни информативни програми и обуки. Најпрво, клучно е да се промени ставот на чекање некој друг да го реши проблемот. Проблемот се состои во тоа што, иако сите ја препознаваат алармантната состојба на загадување на воздухот, никој не се чувствува одговорен за неа. Зошто сме во друштво на градови како Њу Делхи, а не со градови како Стокхолм? Според резултатите од најновата студија направена од британскиот Универзитет Суреј, Њу Делхи е најзагадениот град во светот. Од спротивната страна се наоѓа Стокхолм заедно со останатите скандинавски градови, како пионер во грижа за животната средина, кој се сосредоточува на долгорочна енергетската ефикасност и користење на обновливи извори на енергија. Системот функционира не само во форма на наметнати државни правила, туку и преку граѓанско ангажирање. Главен приоритет е енергетска ефикасност и инвестиции за нова технологија поврзана со животната средина, додека дел од мерките вклучуваат даночни олеснувања за тешката индустрија со цел да направат енергетски планови и да преземат чекори за да се намали користењето на енергија, и ангажирање на општински советник за рационално користење на енергија во домаќинствата. Додека Стокхолм своите индустриски зони ги прави градови со одржливо планирање, како на пример градот Hammarby Sjöstad, Македонија се соочува со неисправни мерни станици, недоволно финансиски средства и попуштање од страна на властите при исполнување на еколошките стандарди на големите фабрики како „Југохром“, „Рек“ и „Макстил“. Понатаму, воздухот секојдневно се загадува од сообраќајот, управувањето со отпад и составот 27 ноември 2015
ПОРТА
59
екологија за греење на домаќинствата. Краткорочни мерки се преземаат како: прскање на улиците со калциум магнезиум ацетат, инспекциски надзор, секојдневно миење улици, но потребен е долгорочен план, односно подобрување на економијата, со цел да се зголеми природниот капитал (квалитетот на воздух, почва, вода). Фактот од кој не може да се избега е дека, Македонија е земја зависна од фосилна енергија, во која над 80 проценти од енергијата доаѓаат од јаглен и нафта. Така, енергетиката и транспортот, базирани на фосилни горива, се главни извори на загадување. Друг проблем претставува застарената и неразвиена енергетска инфраструктура во поглед на производствени капацитети, како и преносна и дистрибутивна мрежа. Токму затоа, идните инвестиции во енергетиката вклучуваат изградба на нови термоцентрали и ревитализација на постоечките, мали хидроцентрали, ветерници, развој на преносната мрежа, соларни системи за топла вода, односно севкупно ефикасно користење на енергијата во сите сектори.
60
ПОРТА
27 ноември 2015
Во меѓувреме, останати системски мерки кои можат да се преземат во градовите, вклучуваат зголемување на мерките за техничка исправност на возилата, развој на
алтернативни видови на јавен транспорт, или по примерот на Европа, формирање на еколошки зони каде што не се дозволува возење на авотомобили. n
ПОРТА
најчудни градби
П Драган РИСТОВ
остојат многу куќи изградени во пустина. Ако пребарате на Интернет, ќе наидете на стотина примери. Притоа, секоја е специфична на свој начин и нуди карактеристики со кои се издвојува од другите. Но, ако наидете на една која е потпишана од Кендрик Бенгс Келог (Kendrick Bangs Kellogg), тогаш застанете за момент и видете какво чудо дизајнирал овој човек. Станува збор за уникатен дизајн на овој модерен и иновативен архитект, кој е преточен во вистинска пустинска куќа која се наоѓа во националниот парк „Дрвото Џошуа“ (Joshua tree) во Калифорнија во САД. Не само што е уникатна или претставник на чудните градби, таа амбиентално буквално се стопува со околината и има таква линија која одговара на пустинскиот карактер на локацијата. Нејзиниот примарен дизајн наликува на искршена школка, еден вид на карпести сводови и кровни елементи, па добивате впечаток дека куќата всушност е направена меѓу карпи кои природно се обликувани, а дополнително со човечки труд се направени сите други аспекти од овој објект. Некои велат дека наликува на ребра кои се издлабени во карпа. Како и да е, таа е стопроцентно вклопена во целото опкржување. Оваа пустинска куќа е градена пет години.
62
ПОРТА
27 ноември 2015
Најубавата пустинска куќа вредна три милиони долари!
најчудни градби соба со намена за спална, кујна или дневен престој е комбинација на природата со имагинацијата. Така на пример, кујната е одлично разиграна и е неконвенционална во форма, но вклопена и во поглед на користениот материјал, но и на боите. Дневниот престој наликува на дизајн од научната фантастика каде доминира голем ТВ екран зад кој се наоѓа фонтана која користи природен дотек на вода од дождовите, а спалната соба е приказна по себе. Се што се обидуваме да ви раскажеме со зборови паѓа во вода само со едноставно фрлање поглед на фотографиите од пустинската куќа. n
Конструкцијата почнала во 1988, а била завршена според оригиналниот дизајн на Келог во 1993 година. Први сопственици биле уметниците Беверли и Џеј Дулитл кои се вљубиле во природата, па го ангажирале Келог да им направи дизајн за нивниот нов дом. Во моментов куќата е на продажба за скромни три милиони долари! Но, освен што вреди за парите, и по оригиналниот дизајн, куќата ќе ве воодушеви и ако влезете во неа. Се што постои како класична
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
27 ноември 2015
ПОРТА
63
хортикултура
Заштита на растенијата од зимските оштетувања
Л
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.
адното, влажно и ветровито време во зима, може да причини големи штети на дрвјата и грмушките во градината. Засолнувањето на растенијата со употреба на слама, лисја и разновидни садови, може да помогне во голема мера да се спречи појавата на какви било штети во зимскиот период од годината. Во подрачја со поблага клима, одредени видови растенија може да презимат и на отворено само со минимална заштита, додека во ладните месторастења, дури и на издржливите растенија им е потребно да се заштитат. Особено на ризик се изложуваат растенијата што се одгледуваат во саксии и најразлични декоративни садови, кои поради ниските температури се изложени на премрзнување на кореновиот систем. Како еден од начините за заштита на растенијата, конкретно на палмите и бананите, е премотување на стеблото со соодветен материјал. Материјалите за зимска заштита најдобро е да се постават пред почетокот на појавата на првите мразеви. Во случај под заштитниот материјал да остане вода, може да Заштита од настане трулење на растението. премрзнувње Изборот на водоотпорен Исчистена и мулчирана површина
64
ПОРТА
27 ноември 2015
материјал кој на одредени места би имал мали отвори за вентилација и спречување на создавање кондензација е најдобриот избор за ваков тип на заштита. Заштитата на четинарите е слична како кај претходните растенија, со тоа што во овој случај за премотување би се користел конец кој би ги држел крошните собрани. Така врзани нема да го задржуваат снегот, со што нема да дојде до кршење и деформирање на одделни гранки. Чистењето од евентуално наврнатиот снег на четинарите и останатите дрвја со развиена крошна е задолжително во текот на целата зима. Покрај физичката заштита на растенијата во зимскиот период, треба да се внимава и со прихраната, односно одредени видови не треба да се прихрануваат со азотни ѓубрива при крајот на есента, бидејќи тоа го стимулира растот на растенијата, а тоа може да
Јутена заштита на растенија во жардињери
хортикултура
Mулчирање околу дрвја
причини штети во зимскиот период од годината. Заштитата на почвата е една од многу важните превентивни мерки во борба против зимските оштетувања на растенијата. Особено изложени се зелјестите растенија. Заштитата на почвата може да се изведе со употреба на најразлични огрански и неоргански материјали. При Pревентивно врзување на употреба на органски материјали четинари - заштита се изведува т.н. мулчирање на од мех. штети од снег почвата, со што покрај обезбедување на топлотниот режим на почвата во зимскиот период, се врши и заштита од ерозија, на терени осетливи на јаки дождови. Еден од начините да се спречи какво било оштетување на растенијата од зимските мразеви, е и изборот на место за засадување на одреден вид. Видовите како магнолија и камелија, кои цветаат рано на пролет, препорачливо е да се садат на месторастења кои се изложени на утринско сонце, со што би загревале раните пупки, што би резултирало со оштетување при доцни мразеви. Растенијата во саксиите и декоративните садови треба да се засолнат за презимување во суви, заштитени места. Како алтернатива на ваквата заштита, доколку немате услови за складирање преку зимата, е да се насадат во земја со или без саксија до следната пролет. n
ПОРТА
ПОРТА
aрт дизајн
Фотографии во кои минатото ја пресретнува сегашноста
Н
подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
ик Саливан, модниот уредник на списанието Esquire, во својот проект ja употребил фотографијата како мост кој го спојува минатото со сегашноста, и иконите на 20 век ги транспонирал во модерното
27 ноември 2015
ПОРТА
67
aрт дизајн време. Неговото перфекционистичко око и извонредното чувство за детали, во фотографскиот проект отвора директен дијалог на минатото и сегашноста. Имено, Саливен ги земал историските фотографии и ги „стопил“ во фотографија на која истата локација е прикажана во сегашно време. Иако овој тип на фотографска манипулација не е новост, Саливан се истакнал со своето неверојатно прецизно око, истенчено чувство за детали и со максимална посветеност, кадрите од историските фотографии совршено да ги смести во рамка на
ПОРТА
aрхитектура нивните современи верзии. Така, во серијата фотографии се најдоа призори снимени многу одамна на улиците и некои познати локации во Лондон, Њујорк, Париз ... Сепак, локациите овде играат споредна улога бидејќи како субјекти на фотографиите се издвојуваат значајни икони од светот на музиката, филмот и уметноста, како што се Боб Дилан, „Битлси“ , Кери Грант, Пабло Пикасо, „Ролинг стоунс“ и многу други. Така, низ фотографиите, овие великани успеале да допатуваат од црнобелото минато и да се најдат во модерниот свет во боја. n
27 ноември 2015
ПОРТА
69
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА