ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
Честити празници
90 ДЕНАРИ
239
ДЕКЕМВРИ 2015
Мартин Гулески: Добрите архитекти секаде се добри! Еко-равенка со велосипедска непозната Дејвид Чиперфилд: Глобален архитектонски и културен бренд
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XI
БРОЈ 239 ПЕТОК 25.12.2015 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Пред вас го имате последниот број на „Порта 3“ за оваа година. Во изминатите 12 месеци се трудевме да ги задоволиме вашите барања и вкусови и се надеваме дека успеавме во тоа на обострано задоволство. Редакцијата на списанието ви ги честита претстојните празници со надеж дека и идната година заедно ќе споделуваме повеќе убави моменти во архитектурата, градежништвото и екологијата. И во овој број на „Порта 3“ ви нудиме четива за кои се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. Кога некој нов објект со својата градба ќе се вклопи и ќе ја задржи автентичноста на чаршијата без да ја наруши, тоа е голем успех и за архитектот и за инвеститорот. Станува збор за хотелот „Буши ресорт и спа“ во Скопје. Тој го надополнува вистинското богатство на чаршијата скриено во тесните и кривулести улички, живописниот изглед на дуќаните, старите анови, цркви и џамии. Архитектот Мартин Гулески е добитник на наградата „АндрејаДамјанов“ за 2015 година. Тој како проектант и истражувач е присутен, без малку, половина век во нашата земја, но и во странство.
Гулески создава архитектура во интернационален стил, кој во своите рамки овозможува флексибилност на секој талентиран творец, со можност за истакнување на својата особеност, која е видно присутна во неговото творештво. Борбата против урбаното аерозагадување почнува со неговото детектирање и премерување, и тоа е единствената исправна логика.Таа логика треба да се прифати и апсорбира за да може да понуди целисходен одговор, кои тоа системски елементи треба да се чепнат, кои полиња да се скратат, кои склопови да се приспособат, а кои делови да се исполираат. Токму така и по тој редослед. Сето тоа за да се реши еко-равенка со велосипедска непозната. Што после „Скопје 2014“? „Порта 3“ од наредниот број ги отвора своите страници за анализи и коментари на оваа тема, со нагласка на иднината, со размисли за решенија, а не дневно-политички коментари. Повелете искажете се, а ние со задоволство ќе ги објавиме вашите гледања. Од Редакцијата ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ХОТЕЛ „БУШИ РЕСОРТ И СПА“, СКОПЈЕ
ПОРТА
239 ДЕКЕМВРИ 2015
Мартин Гулески: Добрите архитекти секаде се добри!
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Еко-равенка со велосипедска непозната Дејвид Чиперфилд: Глобален архитектонски и културен бренд
Честити празници
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Кире ПОПОВ 90 ДЕНАРИ
лектор: Костадинка СОЛЕВА
АРХИТЕКТ: БИЉАНА ЈОРДАНОВА ФОТО: АНГЕЛ
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
СИТНОВСКИ
ГРАДЕЖНИШТВО 10 НАНО РЕВОЛУЦИЈА ВО СВЕТОТ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
АРХИТЕКТУРА 14 МАРТИН ГУЛЕСКИ: ДОБРИТЕ АРХИТЕКТИ СЕКАДЕ СЕ ДОБРИ!
АРХИТЕКТУРА 20 ХОТЕЛ „БУШИ РЕСОРТ И СПА“- УРБАНА ОАЗА ВО СТАРАТА ЧАРШИЈА
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
30
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
26 56
АРХИТЕКТУРА 36
Печати:
ДЕЈВИД ЧИПЕРФИЛД: ГЛОБАЛЕН АРХИТЕКТОНСКИ И КУЛТУРЕН БРЕНД
Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
УРБАНИЗАМ 46 МОЈОТ ЧАНГ МАИ
ЕКСПЕРТ 52 КОГА СОБАТА НЕ Е СОБА?
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
42
СООБРАЌАЈ 56 ЕКО-РАВЕНКА СО ВЕЛОСИПЕДСКА НЕПОЗНАТА
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
АРТ ДИЗАЈН 70 ЕДНА СОСЕМА ПОИНАКВА ПЕРЦЕПЦИЈА НА ДРАМСКИОТ ТЕКСТ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ
70
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
БАЛКАНСКО АРХИТЕКТОНСКО БИЕНАЛЕ 2015, БЕЛГРАД
Регионално поврзување на архитектонската мисла Во Белград, од 7 до 14 декември се одржа второто по ред Балканско архитектонско биенале. Главна тема на изложбата беше „Големо а“. Оваа регионална смотра повторно ги собра архитектите, урбанистите, просторните планери, дизајнерите, историчарите на уметност од целиот регион но и пошироко од границите на Балканот. Освен учесниците од Хрватска, БиХ, Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија, Грција и Турција, БАБ ги угости и учесниците од Велика Британија, Германија и Русија. Марко СТОЈАНОВИЌ , директор на БАБ ФОТО: ЈОВАНА МИЛЕТИЌ
В
о Белград, од 7 до 14 декември се одржа второто по ред Балканско архитектонско биенале. Домаќин на манифестацијата беше Југословенска кинотека, во чија зграда се одржаа главната архитектонско-дизајнерска изложба и научната конференција, како и многу предавања и работилници. Биеналето свечено го отворија градскиот урбанист на град Белград архитект Милутин Фолиќ, директорот на Музејот на југословенска кинотека Марјан Вујовиќ, авторот на реконструираната зграда на Југословенска кинотека архитект Павле Васев, комесарот на БАБ архитект Татјана Мрџеновиќ и директорот на БАБ Марко Стојановиќ, историчар на уметноста. Оваа своевидна регионална смотра повторно ги собра архитектите, урбанистите, просторните планери, дизајнерите, историчарите на уметност од целиот регион но и пошироко од границите на Балканот. Освен учесниците од Хрватска, БиХ, Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија, Грција и Турција, БАБ ги угости и учесниците од Велика Британија, Германија и Русија. Единствена фирма од Македонија која учествуваше во изложбениот дел на манифестацијата, беше архитектонското биро „РАДО Инжеренинг“ од Скопје со проектот Architecture Tailored by The Government, Balkan, City Without Water. Главна тема на изложбата беше „Големо а“. На прв поглед поигрувањето со формата и значењето, насловот на изложбата го привлече вниманието на актуелната архитектура на просторот на Балканот. Од една страна, големите остварувања на полето на архитектурата доживеаа материјализација во мали димензии, а од друга
страна, се појавуваат остварувања многу големи по својата површина, но затоа не толку впечатливи на полето на архитектурата. Новина на БАБ 2015 беше изложбениот сегмент на ентериер и мебел, на кој на публиката ѝ беа презентирани авторите со најсовремени решенија во областа на мебел и осветлување, но и проекти на најсовремените јавни и приватни ентериери од Велика Британија, Србија, Црна Гора и Грција. Меѓу другите настани, се издвојуваше изложбата OUTSIDE, на која на специфичен начин преку слајдови се прикажуваа проекти од повеќе јавни регионални конкурси, кои никогаш не освоиле некоја награда ниту пак се изложувани пред публика. Оваа изложба е одржана во просторот на Културниот центар 6
ПОРТА
25 декември 2015
инфо Гран при Урбанизам OLYMPIC VILLAGE REGENERATION AND ITS INTEGRATION IN THE MUNICIPALITY OF ARHANAI Christina Maria Kontagianni Атина, Грција Специјално признание Урбанизам MOSAIC SQUARE Група автори Ema Alihodžić Jašarović, Abaz Dizdarević Црна Гора Гран при Архитектура SPORTS HALL град Крк, остров Крк, Хрватска тим Архитектонско биро TURATO, Хрватска Специјално признание Архитектура BUS AND RAILWAY STATION, во Нов Белград Тим PROASPECT Vladimir Lojanica, Milan Lojanica, Sonja Pešterac Marija Mijović, Srđan Marlović (assistant) 3D model Vlada Lukić, Србија Специјално признание Архитектура REAL ESTATE ADMINISTRATION HQ во Подгорица Тим Petar Arsić, Tanja Vrbnik – Brkić, Danilo Arsić, Србија
Драгстор. Посебно внимание привлече конкурсот и работилницата „BASIC BALKAN ARCHITECTURE“, на која победниците на конкурсот, млади автори од Австрија, поставија задача да се изработат едноставни столици од користени парчиња дрвена граѓа. Овој конкурс и работилница беа реализирани од страна на галеријата КОЛЕКТИВ. Останатите настани, како што беа работилниците на тема минимализам во архитектурата и дизајнот и други актуелни настани, се одржаа во просторот на
Југословенска кинотека и Архитектонскиот факултет во Белград. До следното Балканско архитектонско биенале, очекуваме дека оваа идеја на регионално поврзување, размена на информации и искуства, како и натпреварувачкиот дух, ќе заживее на уште позначајно ниво и дека во одреден момент ќе му конкурира и на Биеналето во Венеција. Ако се потрудиме доволно, сè е возможно. Следете нè и понатаму на сајтот: www.balkanarchitecturalbiennale.rs
Доделени наградите за најдобри инженери и архитекти
Н
а свечениот јубилеј по повод осум години од основањето на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Комората додели пет плакети на инженери за нивниот придонес во развојот на инженерската струка. Добитници на наградите се: · Георги Константиновски, од одделението за архитектура, добитник на наградата „Борис Чипан“ · Здравко Јаковлевски, од одделението на градежни инженери, добитник на наградата „Александар-Цане Ангелов“ · Саша Накиќ, од одделението на инженери по електротехника, добитник на наградата „Станимир Јовановски“ · Миле Младеновски, од одделението на машински инженери, добитник на наградата „Илија Черепналковски“ · Шабан Алиу, од одделението на градежни инженери, добитник на плакета за придонес во развојот на инженерската струка. 25 декември 2015
ПОРТА
7
ПОРТА
КОМОРАТА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СÈ УШТЕ НЕ ДОНЕЛА ЦЕНОВНИК НА УСЛУГИТЕ
став
Кому не одговара да се знае цената на услугата?
В
о врска со нашиот став објавен пред два броја во ова списание, да бидеме искрени, очекувавме жестока реакција и демант на поголем број наши забелешки од страна на Комората, но еве изостана. Во овој број продолжуваме со нашите видувања за различни теми поврзани со работата на нашата комора. Се прашуваме, како може сите комори (на адвокати, нотари, стоматолози и др.) да имаат свои ценовници, а само „нашата“ да нема свој ценовник? И на кого тоа не му одговара? Да видиме преку една мала анализа: На сите членови на Комората, без разлика дали се од јавен или приватен сектор, им одговара бидејќи, нормално, со овој ценовник ќе се етаблираат цените на услуги далеку подостојни од овие моменталните. На државата, исто така ќе и одговара овој ценовник, т.е. повисоките цени ќе обезбедат и повисоки плати на инженерите, со тоа повисоки придонеси од платите, даноците на фирмите и слично. Инаку, според кажувањата од Комората, една од причините за недонесувањето на овој ценовник, е и немањето појдовна основа за тоа и воедно, дека тоа не било така едноставна постапка и дека барало силни анализи за да нешто не се згрешеи при неговото донесување. А нели се појдовна основа „сините“ таблици уште од поранешната ни држава, што секој директор на проектантско биро тогаш ги имаше во својата фиока? Да појасниме, овие „плави“ таблици се всушност документи во кои беа дефинирани процентите (бодовите) на поделба на секоја фаза од проектирањето пооделно и тоа во однос на различен тип на објект. Ќе требаше само да се обезбеди цена на еден бод, да се потврди оваа цена од страна на Владата и ценовникот ќе беше донесен за час. Но еве, ако тоа можеби беше донекаде за оправдување до јануари 2014 година, од овој датум веќе не е така. Од тогаш, имаме едно големо олеснување при дефинирање на појдовната основа за донесување на ценовникот. Имено, во јануари 2014 година со одлука на Владата, се прифати и донесе Ценовник на ИЗИИС за услугите при издавање на „Позитивно мислење за механичката и сеизмичката заштита на објектите во РМ“. Ние веднаш дадовме предлог да се искористи овој момент во донесувањето на ценовник на Комората, по следниот принцип: Ова „Позитивно мислење“ е дефакто супер-ревизија на проектот статика. Ако цената на ревизијата е 20% од цената на
проектот, тогаш станува јасно дека цената на проектот статика може да се земе дека е петпати повеќе од цената на ова „Позитивно мислење“ издадено од ИЗИИС, а за кое ќе повториме, има утврден ценовник од Владата на РМ. Потоа, ако според „сините“ таблици, се знае за кој тип на објект, колку учествува проектот статика, а колку учествуваат останатите фази, лесно ќе дојдеме и до цените за проектирање и за останатите фази, а со тоа и до цената на комплетното проектирање. Притоа, и да има помали или поголеми недоследности во цените за изработка на некои поспецифични проекти (далноводи, брани и сл.), со текот на времето тие ќе се „испеглаат“. Во секој случај, каков било „лош“ ценовник да се донесеше до сега, ќе беше подобар од оној што го нема!
Според кажувањата од Комората, една од причините за недонесувањето на ценовникот, е и немањето појдовна основа за тоа, и дека тоа не било така едноставна постапка и барало силни анализи за да нешто не се згреши при негово донесување
И
сто така, предлагаме членувањето во сите управувачки органи на Комората да е волонтерско, односно за присуствата на членовите на седниците на овие тела да не се исплаќаат дневници, посебно затоа што „нашата“ Комора е непрофитна организација, па на тој начин би останале повеќе финансиски средства во касата, кои потоа може да се искористат за други подобри идеи и цели. Волонтирањето треба да биде предуслов што ќе треба однапред да го прифати секој член кој ќе биде кандидиран за некое од местата во органите на управување на Комората. На овој начин, сметаме дека ќе дојдат луѓе на кои не им е до ситни профитерства (дневници), туку луѓе кои навистина ќе работат на унапредување на Комората. Инаку, од останатите забелешки и проблематики кои се провлекуваат низ секојдневната работа и практикување на архитектите и инженерите, а посебно на оние
од приватниот сектор за кои и после осум години Комората не може да истурка законски решенија, само ќе ги нафрлиме следниве: l Нелогичноста на законското решение, на пример, овластен архитект да врши надзор на објект за фаза конструкција и да контролира, патем речено, дали е добро вградена арматурата!? И истиот тој архитект има законска можност да врши надзор над изградба, на пример, на хидро-брани!? l Нелогичноста, на пример, овластен градежен инженер, насока - патишта, да прави ревизија на проект за зграда од високоградба!? l Нелогичноста, градежен инженер кој нема испроектирано ниту еден мост, да може да проектира мост, само затоа што има овластување „A“ стекнато преку референтна листа на проекти од високоградба!? l Нелогичноста на законското решение, да нема потреба за ревизија на проект, како и надзор за индивидуални куќи под 300 м2, затоа што ако хипотетички се сруши објектот заради неквалитетна градба (за разлика од една поголема зграда) бројот на жртви ќе е мал!? А ако има проект за поткровје од 25 м2 како дел од некоја зграда, потребна е ревизија на проектот и надзор, бидејќи зградата е голем објект над 300 м2!? l Нелогичноста за индивидуални куќи под 300 м2, фирмата изведувач да дава изјава на нотар дека таа гарантира за безбедноста и сигурноста (статиката) на објектот, а од друга страна, законски не го обврзува да има вработено градежен инженер, конструктивна насока, туку доволно е само да има вработено двајца инженери од која било друга струка, на пример, еден архитект и еден машински инженер, кои патем речено, на овој начин се ставени во матпозиција да гарантираат за безбедноста (статиката) на објектот!? l Нелогичноста само со 5 (пет) изработени проекти, на пример, проекти за пет поткровја или проекти за пет мали куќички, млад инженер да се здобие со овластување за проектирање на висококатница од 100 ката!? Сите овие погоре опишани сериозни забелешки (пропусти), од кои повеќето и опасни по безбедноста и животот на граѓаните, и понатаму останува да провејуваат во практиката. Дали еден ден, некој ќе сноси одговорност, останува времето да покаже. n 25 декември 2015
ПОРТА
9
градежништво
НОВИ МАТЕРИЈАЛИ
Нано револуција во светот на градежништвото Градежниот сектор беше меѓу првите кој е идентификуван како ветувачка област за примена на нанотехнологијата уште од 90-тите години. Во областа на градежните материјали посебни резултати се очекуваат кај бетонот и композитните материјали.
Н
Даниела МЛАДЕНОВСКА анотехнологијата се занимава со истражување на материјата на нано ниво. Тоа е наука за исклучително малите честички и нивна практична примена. Се работи на ниво на нанометарска скала, односно милијардити делови од еден метар. Поинаку кажано, нанометар е величина за која може да порасне брадата на еден човек додека тој го подигне до своето лице приборот за бричење. Материјалите со овие мали димензии се однесуваат поинаку отколку во стандардни величини. Малку технологии создадоа толкав интерес и имаат привлечено толкави средства, како што тоа ѝ успева на нанотехнологијата во последните 10-15 години. Глобалната трка за преземање на водечката улога на, според многумина, новата индустриска револуција сè уште трае и е неумолива. САД се во водство, но не заостануваат многу Јапонија, Кина, Индија и Русија. Градежниот сектор беше меѓу првите кој е идентификуван како 10
ПОРТА
25 декември 2015
градежништво ветувачка област за примена на нанотехнологијата уште од 90-тите години. Во областа на градежните материјали посебни резултати се очекуваат кај бетонот и композитните материјали. Извесно е дека нанотехнологијата ќе одигра важна улога во развојот на следните генерации на материјали со високи перформанси. Со додавање на наночестички во бетонот, може да се добие многу поконзистентен материјал кој има подоби механички својства и помалку е подложен на деградација од класичниот бетон. Развојот на јаглеродни наноцевки и други напредни материјали би можел радикално да влијае врз градежниот дизајн и перформанси. Целокупната разлика помеѓу конструкцијата и обвивката, на пример, би можела да исчезне доколку се развијат ултралесни, суперјаки материјали кои истовремено би одговориле и како конструкција и како обвивка. Со помош на јаглеродните наноцевки, слоеви со дебелина на лист хартија може да носат цели згради. Веќе се создадени наноцевки кои се 250 пати појаки од челикот, десет пати полесни, и кои се транспарентни. Сличен напредок се остварува и на полето на стаклени, пластични и бетонски материјали. Нанопремази кои нудат заштита за дрво, стакло, метал, бетон и текстил Австралиската компанија „Nanotec“ произведува низа нанопремази за заштита на дрво, метали, стакло и текстил. Нивниот производ „nanoZ“ е транспарентна индустриска цинк оксид нано-дисперзија
за функционално премачкување заради заштита на материјалите од UV зрачење и микроскопска деградација. Поевтини паметни прозорци кои ја менуваат бојата Научниците од Националната лабораторија за обновливи извори на енергија на САД создале нов, поевтин метод за изработка на електрохроматски прозорци со помош на нанотехнологијата. Ова решение нуди големи заштеди на енергија кај прозорците и стаклените фасади.
Стакло и бетон кои се чистат сами Овој вид стакло на себе има премаз од наночестички на кои нечистотијата не може да се задржи, елиминирајќи ја со тоа потребата од скапото и опасно рачно перење на прозорците и стаклените фасади на високите згради. Голем број компании имаат вакви самочистечки стакла кои користат нанотехнологија. Самочистечкиот бетон, пак, има наночестички од фото-каталитички титаниум оксид кои не дозволуваат задржување на прашина на површината. Нанокомпозитен челик Овој вид челик е поотпорен на корозија од конвенционалните челици, и може да ги намали трошоците до 50%. Исто така, количината на челик потребна за изградба може да биде пониска за 40% во споредба со конвенционалните челици. Бетон кој „јаде“ смог Бетонот што го елиминира смогот од околниот атмосферски воздух се произведува со примена на нанослој од титаниум диоксид на бетонот, што иницира каталитичка реакција која уништува многу загадувачи во контакт со бетонската површина.
25 декември 2015
ПОРТА
11
градежништво Две жени во Кина се официјално првите жртви на нанотехнологијата. Тие работеле во слабо проветрена фабрика каде со прскање се нанесувале полиакрилни бои кои содржеле наночестички. Со долготрајно изложување на овие околности, жените добиле смртоносна количина на наночестички во своите организми. Вдишаните нано честички се депонираат во човековиот респираторен систем, и значителен дел од тоа се депонира во белите дробови. Наночестичките потоа можат да се преместат од белите дробови и на другите органи како мозокот, црниот дроб, слезината, па дури на фетусот кај бремените жени. Податоците за тоа колкава е зачестеноста на трансферирање на наночестички од белите дрбови кон другите органи се мошне лимитирани во стручната литература, но евидентно е дека се работи за високо ниво на зачестеност, особено ако времето на изложеност е подолго.
Покрај поволностите, наноматеријалите носат и ризици при користењето. Наночестичките, за жал, ќе бидат вдишани и апсорбирани од страна на кожата при допир со оние материјали кои ги содржат, како на пример кваки, прозорци, паметни ѕидови, фасади или слично, не само при користењето туку и при нивното производство. Наночестичките можат да навлезат во организмот и преку водата, доколку таа се филтрира со комерцијално достапните нанофилтри. Најновите истражувања го анализираат цврстиот отпад кој настанува при производството на металофулерени и фулерени и се занимава со прашањето дали овие материјали претставуваат потенцијален ризик за луѓето.
12
ПОРТА
Чадот произведен од возилата ослободува токсини (отрови) во животната средина.
Кога плочите се изложени на Кога врне, мала количина светлина, фото-катализаторите го од органските остатоци забрзуваат процесот на оксидација се измиваат од кровот. за да се намали загадувањето.
градежништво
Наночестичките можат да предизвикаат воспаленија на белите дробови и проблеми со срцето. Не помалку важни се и негативните влијанија на наночестичките врз животната средина.
Во секој случај потребен е сериозен пристап кон намалување на штетните ефекти од наноматеријалите, бидејќи доколку тоа не се стори, нанотехнологиите нема да придонесат за одржлив развој и покрај евидентните економски и технички придобивки. n
25 декември 2015
ПОРТА
13
aрхитектура
МАРТИН ГУЛЕСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2015
Добрите архитекти секаде се добри! Гулески, како проектант и истражувач, е присутен, без малку, половина век во нашата земја, но и во странство. Тој создава архитектура во интернационален стил, кој во своите рамки овозможува флексибилност на секој талентиран творец, со можност за истакнување на својата особеност, која е видно присутна во неговото творештво. Во дел од неговите проекти и истражувања е изразена и спрегата меѓу архитектонското национално наследство и современиот интернационален стил во архитектурата. Редакција на Порта 3
Д
обитник на овогодишната награда „Андреја Дамјанов“ е архитектот Мартин Гулески. Ова признание секоја година се доделува за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството кај нас. Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што му беше врачено признанието, беше преполна со почитувачи на неговото дело, пријатели и колеги. Изборот на добитникот го направи петчлена Комисија во чиј состав беа минатодишниот лауреат на истата награда, архитектот Вера Ќосевска и нејзините колеги Искра Ефремова, Влатко П. Коробар, Миодраг Митровиќ и Ѓоко Радовановиќ. Во образложението на наградата жирито нагласи: „Кај Мартин
14
ПОРТА
25 декември 2015
Проекти и признанија
А
рхитектот Мартин Гулески во својата богата професионална кариера е автор на повеќе од 100 проекти и 20 реализации. Учествувал и е наградуван на повеќе од 20 домашни и меѓународни конкурси. Србија, Хрватска, Црна Гора и Иран се држави каде учествувал и освојувал награди. Типски школи во СР Б и Х, Сараево, 1976, Рекреативен центар „Бундек“, Загреб,1977 – откуп, Музеј на град Белград, Белград, 1977, Спомен дом, Жабљак, 1977 – откуп, Национална библиотека Пахлави, Техеран, 1978, Национална и универзитетска библиотека, Загреб,1978– откуп, Спортска сала Задар, Задар, 1983 – откуп, и други. Особено значење во професионалното работење во групата, подоцна и во Ателјето Ајвар, имаат двете самостојни изложби 10 и 25 години архитектура во рамките на биеналните манифестации на ААМ во просториите на Националната галерија Даут пашин амам и Музејот на современата уметност во Скопје. Учествува во работата на летни школи, архитектонски работилници, архитектонски манифестации, изложби, издавачки редакции на архитектонски списанија и е член на разни стручни комисии. Добитник е на двете најпрестижни награди што ги доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија - Големата годишна награда за архитектура на ААМ во 2000 година, како и Гран при на БИМАС 2002 година и двете за објектот на Гимназијата „Нова“ во Скопје (проект работен со професорот Влатко П. Коробар). Во 2008 и 2010 година е дел од тимовите што ја претставуваат Република Македонија на Венециското биенале за архитектура, и тоа во 2008 година како соавтор на проектот „Метамак отсечоци“, и во 2010 година, како педагог на проектот „Учење од архитектурата“.
Гулески, како и кај сите вистински учители по архитектура, не постои поделеност меѓу проектот, исказот, цртежот и творбата, туку тие претставуваат единствена целина и потврда за целосна посветеност на
архитектурата“. Рационалноста како особеност на неговата архитектура е основа и на неговиот пристап во подучувањето на новите генерации архитекти. Таа рационалност го олеснува прецизното
пренесување на пораките, но истовремено е алатка преку која може полесно да се навлезе во сета сложеност на архитектонскиот проект. Според жирито, станува збор за сестрана личност, чие 25 декември 2015
ПОРТА
15
творештво е создадено врз три основни, наизглед различни но всушност, меѓусебно поврзани дејности: архитектонското проектирање и истражување, педагошката дејност и општествено-јавниот ангажман. Гулески, како проектант и истражувач, е присутен, без малку, половина век во нашата земја, но и во странство. Тој создава архитектура во интернационален стил, кој во своите рамки овозможува флексибилност на секој талентиран творец, со можност за истакнување на својата особеност, која е видно присутна во неговото творештво. Во дел од неговите проекти и истражувања е изразена и спрегата меѓу архитектонското национално наследство и современиот интернационален стил во архитектурата. Во творечкиот опус на Гулески видно место зазема активното и успешното учество на многубројните архитектонски конкурси, како и јавните настапи уште од 1967 година во нашата земја и во странство. Учествува во тимот што ја претставува Република Македонија на Венециското биенале во 2008 и 2010 година, а изложува и три пати во Салонот за архитектура во Белград. За своите проекти е добитник на повеќе награди за архитектура, како и за реализирани објекти и истражувања. Неговото творештво ја потврдува аксиомата на познатиот римски архитект и градител Витрувие: „Ниту талент без наука, ниту пак наука без талент не можат да создаваат архитектура“. Претседателката на ААМ Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, за Гулески ќе каже: „Професорот Гулески и ако не го познавате, или ако случајно се разминете со него или пак го слушнете како зборува, 16
ПОРТА
25 декември 2015
веднаш знаете дека е архитект. Го поседува оној сјај во окото, онаа страст и опседнатост со архитектурата низ сите нејзини начини на изразување, цртеж, говор, предавање, макета, проект, објект. Тоа тој не може да го сокрие, едноставно излегува од него. Тоа го препознаваат и неговите колеги и неговите студенти. Впечатокот што го остава кај студентите е многу значаен. Белегот што го оставил во архитектонската школа е незаменлив, единствен и препознатлив. Кај идните архитекти тоа останува за цел живот, таа позитивна трага
влијае врз нивното натамошно творење“. Мартин Гулески е роден во Струмица во 1945 година, a своето основно и средно образование ги завршил во Скопје. Вонучилишните активности во макетарските секции во рамките на основното училиште и пионерскиот дом Карпош, претставуваат неизоставен дел од неговото дополнително образование. Љубовта кон архитектурата, најверојатно му е влеана таму уште при првата средба со архитектонските градби, преку изработка на нивни макети во просториите на ателјето на тројца архитекти
aрхитектура кои, покрај својата професионална активност, неформално учат неколку ученици од основно училиште за да ја совладаат вештината на изработка на макети од хартија. Гулески дипломирал на Архитектонскиот факултет при Политехничкиот институт во Лвов, Украина, во 1969 година. Студентските години ќе остават значајно влијание врз формирањето на неговиот иден професионален однос, каде што клучно место зазема педагошкиот и професионалниот однос на повеќе професори. Можноста за заедничката работа со нив на реални проекти, задолжителните практични градежни обуки по секоја учебна година, а особено преддипломската практична работа во траење од половина година во едно од проектантските бироа во градот, го комплетираат неговото професионално образование. Доброволното учество во работата на еден од студентските градежни одреди во траење од два месеца, со успешна реализација на неколку објекти, најдобро сведочат за квалитетот и сестраноста на петгодишното образование. Студискиот престој на Московскиот архитектонски институт, во траење од една учебна година, ги проширува и продлабочува познавањата за состојбите во архитектурата од периодот на советската авангарда и претставуваат база за натамошното усовршување на сопственото образование. Својата проектантска кариера Мартин Гулески ја започнува веднаш по дипломирањето, во проектантското биро „Пелагонија проект“. Во 1972 година е
избран за асистент на Архитектонски факултет Скопје на Катедрата за Проектирање на општествени згради. Магистрирал на Архитектонскиот факултет во Белград, Србија, во 1986 година, а во 1991 година го брани својот докторски труд на тема „Проблемот на флексибилноста на просторот на повеќенаменските згради за култура“ на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што е избран за доцент во 1992 година. Има блиска соработка на секој план и во секакви околности со професорите Борис Чипан, Славко Брезоски, Живко Поповски и Михајло Волканов, и асистентите (денес доценти и професори), Анета Христова
/Поповска), Михајло Зиновски,а потоа и со голем број наставници и асистенти од наставниот колектив на факултетот, при изработката на околу 40 проекти. Сето тоа во текот на повеќе од три децении, претставува постојан растеж и надградба на личниот професионален профил. Веројатно омилен дел од работата во областа на архитектурата е несебичната желба за пренесување на знаењето и умеењето на генерациите што доаѓаат. Успешното извршување на оваа задача воедно значи и благодарност кон сите негови учители. Заминувањето на Гулески во Лвов, Украина, може да се каже дека е по сила на приликите. Катастрофалниот земјотрес
ПОРТА
во Скопје во 1963 година направи речиси цела генерација студенти да заминат на студии надвор од Скопје. Кои во градови на бившата Југославија, кои во странство, а не мал број, 30 студенти, како што вели самиот Гулески беа стипендијанти на Владата на Советскиот Сојуз, како донација за Скопскиот универзитет во тие тешки времиња. Во 1976 година тој соработува со групата „Ајвар“, која станува најголем приватен проектантски бренд. Оттогаш почнува неговата дружба со добри професионалци, пријатели, која носи и резултати. Од 1991 година Мартин Гулески е постојан соработник во проектантското биро „Ателје Ајвар“ во Скопје. Работата со групата „Ајвар“ за него претставува натамошна професионална надградба, основа за теоретски поуки во паралелната педагошка работа и обратно, проверка на учебната материја во практичната дејност. „Ако е така, тоа е голема чест за мене“, одговара Гулески на тврдењето дека генерации студенти го паметат како асистент, професор, колега, пријател, што можеби е неговата најголема животна оставштина. Проектите и делата остануваат да сведочат за едно време на творештво. За архитектот Гулески тоа се проектите изработени со професорот Влатко Коробар. Реализираната зграда на гимназијата „Нова“ во Скопје и нереализираниот проект за комплексот на Амбасадата на Република Македонија во Анкара, Република Турција. За „Скопје 2014“, кого архитектонската фела го отфрли априори како големо урбанистичко и архитектонско промашување, 18
ПОРТА
25 декември 2015
архитектура и за тоа дали после „Скопје 2014“ е можно едно „Скопје 2020“ со нови светски проекти да го „покрие“ стореното, Гулески вели: „За овој проект не треба воопшто да се разговара. За ниту една негова димензија. Само треба да се каже дека тој е пример како не треба да се работи, и толку. Имав еден професор на факултет, кој уште тогаш ни кажуваше дека, како што има примери од кои се учи како треба, има и примери од кои се учи како не треба. Е, ова е токму она што не треба“. Абасадорувањето во Украина е дел од општествено-политичката активност на Гулески. „Мислам дека претседателот Трајковски сакаше да му испрати на тогашниот претседател на Украина некој што ја познава неговата држава. Јас таму живеев пет години, мојата сопруга е од таму, и тоа ја дополнува сликата. Сериозна, одговорна и престижна активност за достоинствено претставување на татковината надвор од нејзините граници“, вели Гулески. На тврдењето дека архитектонски анонимуси направија карикатурални животни дела во македонската архитектура денес, и прашањето дали може наш архитект да биде конкурентен надвор, одговорот е кус: „Добрите архитекти секаде се добри!“ Што после „Андреја Дамјанов“? „Работа како и пред тоа“, вели Гулески, истакнувајќи дека му е чест што ќе биде претставен на страниците на ПОРТА 3. Лауреатот Гулевски во моментов е професор по договор на Американскиот колеџ во Скопје. n
30 октомври 2015
ПОРТА
19
архитектура
ХОТЕЛ „БУШИ РЕСОРТ И СПА“, СКОПЈЕ
Урбана оаза во старата
20
ПОРТА
25 декември 2015
чаршија
Кога некој нов објект со својата градба ќе се вклопи и ќе ја задржи автентичноста на чаршијата без да ја наруши, тоа е голем успех и за архитектот и за инвеститорот Ангел СИТНОВСКИ, архитект
К
ога преку Камениот мост од скопскиот плоштад поминете низ влезот на Старата скопска чаршија, како да влегувате во некој друг свет. Иако има раздвиженост, се чувствува смиреност и се е некако побавно. Овде утрата мирисаат на тукушто сварено кафе, на бурек и симит погача. Подоцна се појавуваат мирисите на кебапите на Дестан, и разноразните специјалитети од другите кафеани. Се слушаат, иако поретко, звуците на ковачите и лимарите, се довикуваат мајсторите. Но вистинското богатство на чаршијата се крие низ тесните и кривулести улички, живописниот изглед на дуќаните, старите анови, цркви и џамии. Ја сакам Старата чаршија. Тука како сè уште да не е уништена душата на градот, место каде што многу работи започнуваат 25 декември 2015
ПОРТА
21
и завршуваат. Опстојува се уште, иако има загубено доста од својот шарм во ова време на транзиција, а многу стари занаети исчезнаа засекогаш од овие простори. Чаршијата привлекува голем број луѓе, особено туристи. Во неа се тргува, но таа е и место за одмор, прошетки, средби. Сакам да шетам по нејзините улички, да гледам во излозите на дуќаните и во луѓето што минуваат. Уличките ве предизвикуваат да шетате, да разгледувате и откривате места кои не сте ги забележале порано. Ова е дел од Скопје кој чиниш, како да живее во времето кога е создаден. Се чини како времето да застанало овде и дека нема некои големи промени. Но и тука, од време на време се гради. Еден од новоизградените објекти во Старата чаршија е хотелот „Буши ресорт и спа“. Сместен на атрактивна локација, во старото јадро на чаршијата, веднаш под Мустафа пашината џамија, во соседство со црквата Свети Спас, повеќе од една година работи успешно овој хотел со 5 ѕвездички. Хотелот има 48 соби. Однадвор тој изгледа воздржано, вклопен во опкружувањето, но веќе внатре чувството е сосема поинакво.Замислен како урбана оаза, хотелот нуди одмор од хаосот на градот. Собите, рецепцијата, рестораните како и останатите простории во хотелот визуелно 22
ПОРТА
25 декември 2015
се раскошни и елегантни, опремени со модерен мебел, со изобилство на текстури и нијанси на бои. Посебен акцент е ставен на севкупниот амбиент и естетско доживување на просторот, во кој секоја просторија се третира поединечно, со што се создава посебна атмосфера. Собите за гости се светли и прозрачни, а ходниците се малку затемнети и мистични. Она што веднаш го привлекува
вниманието на посетителите на овој хотел се поставените и со вкус избрани уметнички слики, внимателно поставени низ целиот хотел, како и лустери и украси на Swarovski elements. Влијанието на уметноста врз естетиката на хотелот е присутна низ целиот простор, и заедно со архитектонските елементи создава на моменти драматични контрасти и разиграни просторни секвенци кои експериментираат со различни аспекти на светло. Светлото во проектот игра важна улога, особено интересен детаљ се оградите на скалите направени од оникс и осветлени од внатре. Заедно со деталите од Swarovski elements, поставените витражи и уметнички интервенции придонесуваат просторот да зрачи со современост и космополитизам. Ѕидовите се обоени во бела боја, што е во контраст со подовите обложени со 25 декември 2015
ПОРТА
23
архитектура
гранит, мермер или травертин во потемни нијанси. Многу од ѕидовите и столбовите се обложени со дрво во боја на венге. Хотелот во целост е опремен со слична палета на бои и текстура, со што се создало едно интимно опкружување во кое посетителите се чувствуваат како во елегантно уреден дом, за разлика од класичните и конфекциски уредени хотелски соби на кои сме навикнале. Присутноста на камен,
24
ПОРТА
25 декември 2015
гранит, мермер, стакло, облоги од дрво и начинот на нивната примена, оддаваат почит кон архитектурата на чаршијата и градот во кој се наоѓаат. Фантазијата и реалноста комуницираат совршено вклопени низ уметничките интервенции и секојдневните предмети. Со својот единствен пристап, хотелот „Буши ресорт и спа“ ветува препознатлива понуда каква што досега не сте доживеале, а која
ќе ги задоволи и најпробирливите гости. Впрочем, хотел со 5 звездички мора да ја оправда профинетоста и богатството во изразот и примената на материјали, како што ја наметнува намената на овој хотел. Хотелот располага со ресторан за гостите што ноќеваат во него, како и ресторан кој е отворен за поширока публика. Со извонредната локација на хотелот, кој изгледа како да ја надвиснува
сместена во аголот кон влезот, уште еден архитектонски детаљ кој го чини овој хотел поинаков. Хотелот е граден четири години во духот на традицијата на чаршијата. Заедно со архитектот Биљана Јорданова, идеите ги добивале патувајќи низ светот и гледајќи многу светски хотели, вели Лалип, најстариот од браќата Буши. Хотелот веќе ја потврди својата успешност кога е прогласен за најдобар хотел во Македонија. Неговиот ресторан во изборот за најдобар ресторан е прогласен за втор најдобар во македонската богата понуда на ресторани. n
чаршијата и визуелната и стварната физичка поврзаност со неа, од вториот ресторан се пружа прекрасен поглед кон Старата чаршија и градот. Навечер, кога ќе се запалат светлата низ градот глетката е уште поубава, мистична и романтична. Во склоп на хотелот се наоѓа извонредно опремен спа центар, со внатрешен базен, парни бањи, солена соба, сауна како и соби за тајландска масажа. И, она што овој хотел го чини поинаков од останатите во градот, е неговата преубава надворешна тераса наменета за сите оние што во скопските топли денови сакаат да пијат кафе и да се дружат на свеж воздух. Сместена помеѓу хотелот и високиот ѕид од камен подигнат спрема Мустафа пашината џамија, оваа тераса нуди мир и поглед кон џамијата и убавата и необична фонтана
ПОРТА
25
архитектура
ИЗВОНРЕДЕН ПРИМЕР ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА „МРТОВ“ ОБЈЕКТ
Од руина до дом во кој секој би посакал да живее Овој пример може да биде поттик за нас, во иднина да направиме вакви храбри, иновативни и креативни интервенции на нашите стари традиционални објекти кои во Македонија ги имаме во изобилство
В
м-р Енис ХОЏА , дипл.инж. арх.
26
ПОРТА
о светот сè почесто сме сведоци на примери каде голем број објекти од минатото, кои се стари и руинирани, се обновуваат користејќи ги придобивките на
25 декември 2015
новите начини на градба, добиваат нови и современи ликови, па истите објекти наеднаш од руина се претвораат во домови во кои секој би посакал да живее. Извонреден пример на ваква санација и ревитализација на еден стар објект е интервенцијата врз една селска штала во Велика Британија. Овој објект се наоѓа во Брогшејн во Северна Ирска и е
пренаменет во едносемејна куќа. Проектанти на ова извонредно архитектонско дело се архитектите од тимот на архитектонското студио McGarry – Moon Architects, кои потекнуваат од едно мало место во близина на градот Колреин во Северна Ирска. Нивната идеја е водена од постоечката состојба на шталата. На почетокот тие се
архитектура соочиле со една руинирана и доста оштетена градба од која сопствениците сакале да направат современ и удобен дом во кој во иднина би живееле. Задачата на овој тим одлични архитекти во секој случај не била лесна, но тие на многу промислен и одмерен начин успеваат да се справат со сложената задача. Идејата за спој на традиционалното и современото го прави ова архитектонско решение извонредно. Тие паметно ги искористуваат предностите на постојната состојба. Преубавиот начин на кој е изѕидана оваа штала му дава дополнителна естетска вредност на објектот. Задржувајќи и санирајќи ги постоечките ѕидовите, тие прават извонреден потег кој му дава дополнителна вредност, природност и топлина на овој објект. Опусот на ѕидање е исто така интересен поради тоа што тој користи камен речиси целосно, со исклучок на аглите, каде за попрецизно ѕидање се користат полни тули наместо делкан камен. Интервенцијата за ре-изградба на овој објект се состои во вметнување на целосно нова конструкција во рамките на постоечките ѕидови. Сепак, поради староста на објектот и неговите оштетувања, овие ѕидови не можеле да се употребат како носечки. Аналогно на ова, носечката конструкција е целосно изведена од челик, така што таа е независна од постоечката градба. Проектантите се ослободуваат од вишокот камени ѕидови, па така онаму каде тие се потребни ги задржуваат, додека непотребните делови од ѕидовите како и постоечката кровна конструкција ги отстрануваат. Оваа новопроектирана куќа сега се развива на две нивоа. Во приземјето, покрај влезот и влезната партија со гардероба и ветробран, и вертикалните комуникации кон катот, се јавуваат и две спални соби, бања и посебна просторија која служи како гардеробер. Ова ниво е опкружено со постоечките ѕидови каде се искористени и постоечките отвори, па така, тука се јавуваат релативно мали прозорски отвори. На катот пак, е поставена една голема родителска спална соба во чиј склоп влегуваат тоалет и бања, а останатиот простор е целосно отворен и транспарентен и конзолно издаден кон надвор, што му дава акцент на јавен простор од куќата, кој е наменет, покрај другото, и за прием на гости. Овој голем простор, каде се сместени дневниот простор, трпезаријата и кујната, се одликува со пространост, поврзаност 25 декември 2015
ПОРТА
27
архитектура
ПРВ КАТ
ПРИЗЕМЈЕ
и отвореност. Поради падот на теренот, главниот влез во куќата е на полуниво, од каде со по еден скалишен крак се пристапува кон приземјето, надолу, и кон катот, нагоре. Ентериерното решение на овој простор исто така е извонредно. Користејќи чисти и јасни форми и материјали, ентериерот е јасен и топол. Користењето на белата боја во комбинација со изобилство на дрво, дава пријатна атмосфера во внатрешноста. За дополнително затоплување на амбиентот, физички и метафорички, задолжен е каминот кој зазема централна позиција во просторот. Глетката кон него во зимскиот период дополнително влијае на перцепцијата на просторот како топол. Овој пример нека биде поттик за нас, во иднина да направиме вакви храбри, иновативни и креативни интервенции на нашите стари традиционални објекти кои во Македонија ги имаме во изобилство. Нашата архитектура од почетокот на 20 век ни нуди извонредни услови за вакви и слични интервенции на неа, со што ќе ја обновиме, оживееме и ќе ѝ го продолжиме нејзиниот век на траење. n ПОРТА
Што после „Скопје 2014“? „Порта 3“ ги отвора своите страници за анализи и коментари на оваа тема, со нагласок за иднината, со размисли за решенија, а не дневно политички коментари. Предност имаат архитектонската, градежната и уметничката фела ...
И
така ... би „Скопје 2014“. Најголемиот политичко архитектонски проект во независна Македонија се заврши. Или можеби сè уште не. Има простор за нови скулптури, можеби нови сензации... Се направија повеќе „големи“ објекти во централното подрачје на главниот град. Архитектурата и урбанизмот дефинитивно загубија. Дали архитектонската фела стори доволно за да се спречи архитектонскиот Дизниленд? Во нерамноправната битка и без вистинска помош на стожерот на архитектонската школа и творештво - Архитектонскиот факултет, поразот беше неминовен. Архитектонските анонимуси по диктат на политиката го сторија своето недело. Некогашните архитектонски бардови, професорите Чипан, Муличковски, Поповски, Константиновски.. одамна ги нема или се во својот животен зенит (секоја чест за Георги Константиновски и неговата донкихотовска војна). Нивните наследници не се ни обидоа вистински да се спротивстават, а младите архитектонски борци, прогресивни и агресивни, беа игнорирани и поприлично притиснати. И се случи тоа што се случи. Големи урбанистички грeшки, архитектонски кичерај, изведувачки грешки, за квалитетот на скулптурската рашомонијада не вреди ни да се зборува. Што после „Скопје 2014“? Може ли нешто да се поправи или можеби Скопје ќе биде туристичка атракција по својот шунд во централното подрачје? Можеби со нови, светски проекти, во некое „Скопје 2020“..., да се контрираат и засенат постојните? Како да се спречи во иднина да не се случи повторно политиката да ја води aрхитектурата? Може ли враќањето на функцијата Главен градски архитект, со зголемени ингеренции и под капата на aрхитектонската фела, да е можно решение? Дали...? n
ПОРТА
архитектура
СЕДИШТЕ НА ФАБРИКАТА RUBINETTERIE BRESCIANE ВО ГУСАГО, ИТАЛИЈА
Простор со чувство на гордост и задоволство на вработените „Ние го трансформиравме сонот во реалност и ја обновивме нашата столетна претприемачка традиција. Нашата надеж е дека тоа може да биде поттик за создавање благосостојба“, вели Алдо Бономи, претседател на MD Bonomi Group. Сузан ЛАМБЕРТ Фотографии: Масимо КРИВЕЛАРИ
30
ПОРТА
25 декември 2015
архитектура
Н
еодамна во местото Гусаго, провинцијата Бреша, се изгради нов објект на водечката компанија за производство на вентили во Италија, Rubinetterie Bresciane Bonomi, што воедно претставува првата зелена компанија на територијата на Ломбардија. Индустрискиот комплекс е лоциран долж стариот автопат Padana Superiore и местото на идниот автопат, кој ќе ја поврзува Бреша со Бергамо и
Милано (Bre-Be-Mi). Дизајнот на комплексот, седиште на фабриката, изработен од архитектот Џанфранко Сангали (Gianfranco Sangalli), вклучува изградба на објекти кои ќе се користат за производство на вкупна површина од 53.300 квадратни метри, поделени во дел за фабрика и дел за канцеларии и сервисни простории. Овие нови простории ќе ѝ овозможат на компанијата Rubinetterie Bresciane Bonomi и понатаму да го развива својот бизнис, кој за првпат е започнат во 1901 година.
25 декември 2015
ПОРТА
31
архитектура
„Ние сакавме новото седиште во Гусаго да биде едноставно, ефикасно и да обезбеди максимална безбедност. Целиот простор кој е дизајниран како место за работење придонесува за чувство на гордост и задоволство на вработените. Ние го трансформиравме сонот во реалност и ја обновивме нашата столетна претприемачка традиција. Нашата надеж е дека тоа може да биде поттик за создавање благосостојба“, вели Алдо Бономи (Aldo Bonomi), претседателот на MD Bonomi Group. Објектот е поставен на локација која зафаќа површина од 117.500 квадратни метри, вклучувајќи места наменети за јавни површини кои зафаќаат 23.400 квадратни метри, односно 20 проценти од целата површина на локацијата. Вкупно 16.600 квадратни метри се искористени за поставување на зелени површини, паркинг простори и пристапни патеки. Новиот објект, кој зафаќа околу 30.000 квадратни метри, е 32
ПОРТА
25 декември 2015
архитектура распределен во простори за производство и магацин со бруто површина од 4.200 метри квадртани и површина од 1.300 метри квадратни на приземјето каде што се поставени сервисните простории и канцеларии. На целиот волумен дополнително се додадени уште 22.000 квадратни метри слободен простор каде што се очекува фабриката да се прошири во иднина. „Проектот има есенцијален карактер кој ги интегрира потребите на компанијата во комбинација со минималниот избор на архитектонски решенија“, вели архитектот Џанфранко Сангали (Gianfranco Sangalli). СВЕТЛА МЕТАЛНА РЕШЕТКА РАМНОМЕРНО ЈА ОПФАЌА ФАБРИКАТА Целиот комплекс на компанијата Rubinetterie Bresciane Bonomi се карактеризира со употреба на метални елементи. Нејзината фасадна структура е изработена од челик со цел да се покрие ширината од 40 метри со еден единствен распон. Овој тип на дизајн овозможува максимално искористување на природната светлина. На надворешната страна, огромната текстура е изработена од микро перфорирана метална површина. Ваквиот начин на покривање на објектот принудува на решавање на посебни инсталациони техники и детали кои тежнеат кон тоа да ја истакнат хоризонталната димензија на волумените, прекината само со вертикалниот развој на магацинот којшто е висок 17 метри. Единиците за производство ги дефинираат „крилата“ на објектот, а канцелариите и сервисните простории отскокнуваат од целокупната композиција, бидејќи се поставени на приземјето во насока на оските на автопатот Padana Superiore.
25 декември 2015
ПОРТА
33
СТРУКТУРАЛНАТА РАМКА КАКО ИСТАКНАТА КАРАКТЕРИСТИКА НА НОВОТО СЕДИШТЕ НА ФАБРИКАТА Канцелариите и сервисните простории, иако се сместени во склоп на самиот објект, се издвојуваат со нивната поставеност паралелно со автопатот. За разлика од волумените каде што е сместен одделот за производство во фабриката, тука имаме метална решетка која е одвоена од структурата на ѕидот и закачена преку рамка од челични прстени кои се повторуваат, со исклучок на местата каде што се отворите. Исто така, додаден е бетонски ѕид кој ги заштитува најдолните делови од волуменот. Во делот каде што е поставена кафетеријата, решеткастиот принцип на 34
ПОРТА
25 декември 2015
архитектура
покривачки систем речиси целосно се елиминира како еден вид ерозија во самата маса, нагласувајќи го присуството на предниот двор и големите прозорски отвори. На крајот на објектот каде што е лоциран влезот, само структуралната рамка е оставена видлива, а металната решетка е целосно отстранета.
АРХИТЕКТУРАТА И ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО КАКО ВИРТУОЗЕН ПРИМЕР Во период на финансиска криза, реконструирањето на здрава врска помеѓу архитектурата и економијата се смета како позитивно искуство. Всушност, проектот претставува еден од најсимболичните случаи на виртуозен однос помеѓу културата и
претпријатието, помеѓу архитектонската продукција и претприемништвото. Исклучително важен фактор, особено во бизнисот, е познавањето на одличното производство коешто ќе ги предизвикува интернационалните пазари и истовремено ќе воспостави позитивно влијание на локацијата каде што се наоѓа. n
25 декември 2015
ПОРТА
35
архитектура
ДЕЈВИД ЧИПЕРФИЛД, АРХИТЕКТ
Neues Museum, Берлин, 1997-2009
Глобален архитектонски и Во делото на Дејвид Чиперфилд вредноста е во квалитетот, трајноста – како материјал, но и како форма и идеја, и пред сѐ во неговата суптилна присутност во градскиот (или рурален) пејзаж, во приказната кон која се надоградува, и која низ архитектонски елементи ја подраскажува, најчесто оставена на лична интерпретација на прецизните детали 36
ПОРТА
25 декември 2015
архитектура Посветеноста, искреноста и љубовта кон сопствената професија, на сите вклучени во процесот на создавање архитектура – во контекст кој овозможува нејзино некорумпирано остварување, резултира со објекти во чие присуство можеме да уживаме
River and Rowing Museum, Хенли на Темза, 1989-1997 Toyota Auto Building, Кјото, 1989-90
културен бренд
М
Гордан ВИТЕВСКИ, дипл.инж.арх и претставува големо задоволство да го претставам Дејвид Чиперфилд (David Chipperfield) и одново да се навратам на неговата „Теоретска практика“ која ја промени мојата позиција кон архитектурата како културна дисциплина и вештина на градењето. Наместо поетично да го насловам текстот, би издвоил дел од насловите на објави во реномирани списанија и книги кои даваат воведна нота за делото на Чиперфилд: „Modern Classic“ (The Architects’ Journal, 5.2015), „Simple, Ordinary, Complex“ (David Chipperfield Monograph, 2013), „Common Ground“ (Venice Biennale, 2012), „Form Matters“(Deyan Sudjic and David Chipperfield, 2010)... Делото на Чиперфилд е исклучително
физичко, дело чие доживување е најискрено кога ќе се види, допре, кога ќе се зачекори низ него или кога ќе се види светлината како лизга по грижливо наредените тули или блокови префабрикуван бетон со специфична гранулација. Во неговото дело вредноста е во квалитетот, трајноста – како материјал, но и како форма и идеја, и пред сѐ во неговата суптилна присутност во градскиот (или рурален) пејзаж, во приказната кон која се надоградува, и која низ архитектонски елементи ја подраскажува, најчесто оставена на лична интерпретација на прецизните детали. Овие доживувања се резултат на деликатна и посветена работа, на Дејвид Чиперфилд и неговиот тим архитекти кои заедно го откриваат патот кон добар архитектонски објект низ интензивна соработка со клиентите и многубројните страни вклучени во создавањето архитектурата – како процес. Преку неколку одредници, накусо ќе го поминеме процесот на созревање, и создавање на Дејвид Чиперфилд
како глобален архитектонски и културен бренд. 1985-2009 По студиите на Architectural Association, „експериментална школа“ за архитектура во Лондон, и искуството работејќи во фирмите на Ричард Роџерс (Richard Rogers) и Норман Фостер (Norman Foster), во 1985 година Дејвид Чиперфилд го отвора своето архитектонско студио во Лондон. Во првите неколку години Чиперфилд работи објекти од помал размер. Преку проектите за бутици на Исај Мијаки (Issey Miyake) и неколку семејни куќи, во ерата на експериментирање со новите технологии за градење, Чиперфилд се навраќа на вештината на работа и експериментирање со основните градежни материјали и едноставни форми со значително влијание од Мис ван дер Рое (Mies van der Rohe) и Адолф Лос (Adolf loos). Кон крајот на деведесеттите, следејќи го градежниот бум во Јапонија, Дејвид го преместува својот фокус - и размер на работа, кон истокот. Од 1988 до 1992 создава неколку објекти од општествен карактер во Јапонија (Gotoh Museum во Чиба, Toyota Auto Building во Кјото, Matsumoto Headquarters Building во Окајама). Во контекстот на градови во непрекинат раст и нејасен урбан пејзаж, јапонските објекти на Чиперфилд 25 декември 2015
ПОРТА
37
aрхитектура воведуваат возбудлив внатрешен пејзаж, изграден од композиции од плочи и столбови, излиени во in-situ бетон, со што се надоврзува на естетиката на Тадао Андо (Tadao Ando) и резонанци од европското движење Де Стил (De Stijl). Во почетокто на деведесеттите Чиперфилд се враќа во Европа. Добива можност да го изгради својот прв објект од општествен карактер во Велика Британија, The River and Rowing Museum во Хенли на Темза, местото каде се одржува традиционалната трка помеѓу кајак тимовите на престижните Оксфорд и Кембриџ. Во традиционалниот англиски контекст, Чиперфилд претставува модерен, воздржан објект кој со својот волумен и материјализација поставува суптилен дијалог со традицијата. Сложениот контекст на европскиот град, помеѓу традицијата, континуитетот и развојот е терен за следните архитектонски истражувања на Чиперфилд. „Традицијата како акт на колективна свесност за вредноста, значењето на заедничка одлука, е закон почитуван од сите, закон од колективна вредност, свесно прифатен и свесно почитуван. Почит кон традицијата значи прифаќање на авторитетот на заедницата, јавното мислење, контролата на народот… Традицијата е дисциплина...“, ќе напишат Фулвио Ираче и Грациела Чиага во нивното дело „Written on the Walls“ за „Common Ground – Critical reader“, темата на Венециско биенале 2012. Следат архитектонски конкурси и
James Simon Galery, Берлин, 2007-2017
38
ПОРТА
25 декември 2015
City of Cultures, Милано реализирани објекти. Проектите за ревитализација на историскиот центар на Салерно, проширување на гробиштата San Michele во Венеција, центарот за култура во Милано, конкурсниот проект за Колумба музејот во Келн... се чини се успешни етиди пред големиот Neues Museum во Берлин. Neues Museum Neues Museum е дел од островот на музеите во Берлин. Изграден во 1859 година од
архитектот Friedrich August Stuler, а по наредба на прускиот крал Friedrich Wilhelm IV, да го заокружи целосното доживување на уметноста сред реката Шпре. Во текот на Втората светска војна Neues Museum е значително разрушен и оштетен. Голем дел од музејот е незаштитен и оставен во руина. Неколку обиди за негова заштита се направени, но сложената политичка состојба, и поставеноста на приоритетите, не оставаат простор за целосна обнова.
Joachimstrasse, кантина, дом на Дејвид Чиперфилд и архитектонско студио
Во 1997 година, организиран е повикан конкурс за ревитализација за Neues Musem. Учесници се Дејвид Чиперфилд и Френк О. Гери (Frank O. Gehry), две архитектонски студија со целосно спротивен пристап кон проектната задача. Додека Гери е извонреден, онаму каде има простор да се изрази – над постојното, Чиперфилд понудува проект кој низ долг дијалог со рушевините ќе се вгради во проектот, ќе ги препознае и реинтерпретира архитектонските вредности на објектот. Во наредните дванаесет години, сѐ до 2009 година, Neues Museum станува лабораторија за создавање на нова архитектура. Секој санитметар од објектот е детално промислен, концептуализиран во приказната за реставрација која Чиперфилд успешно ја води награден е од Германското здужение на заедно со соработникот Јулијан Харап (Julian архитекти, добитник е на наградата RIBA, Harrap). Приказна која од соба во соба нѐ додека Дејвид Чиперфилд е добитник на воведува во различни архитектонски Витешка титула во Велика Британија, Медал за атмосфери, тактилни и визуелни, а кулминира заслуги во Федерална Република Германија и во репрезентативниот, минимален – но награда Praemium Imperiale од Јапонската раскошен, скалишен простор. академија за наука и уметност. Архитектонското студио „Дејвид Чиперфилд“ Common Ground ја отвора својата единица во Берлин, својот нов По големиот успех кој го доживува Neues Muдом. Организирани се многубројни seum, Дејвид Чиперфилд станува глобален работилници, семинари, стручни и уште повеќе бренд за архитектура. Неговите интервјуа и јавни дискусии. Имајќи ја на ум деликатноста на ставови стануваат сѐ пореферентни, неговите објектот, секоја одлука е донесена со скици се чуваат и врамуваат. согласност од сите страни вклучени во Во 2012 година Дејвид Чиперфилд е процесот. Christoph Felger, дизајн директор во поставен за куратор на Венециското биенале, студиото на Чиперфилд, ќе каже дека најголемиот успех на овој проект е создавањето најголемиот собир, и судир на архитектонски идеи и практики. Тој ја поставува темата „Comна работна атмосфера во која сите страни mon Ground“. Обраќајќи се на имаат иста цел, квалитетен објект. интернационалната архитектонска заедница, Архитектонски процес кој е замислен и вели: „Приоритетите што доминираат во менаџиран во тој дух, завршува во планираниот временски рок и под предвидениот буџет. Neues нашево време се фокусираат на индивидуалното, Mujer (1998 – 2001) на во привилегијата, на Museum е добитник на Европската награда за Bridge спектакуларното и специјалното. Овие Буенос Аирес, Аргентина архитектура – Mies van der Rohe во 2011 година,
приоритети како да го игнорираат нормалното, обичното, заедничкото (common)(...) „Common Ground“ – „Заедничка основа“ се повикува не само на сликата на заедничките простори и заедницата (community), туку и на основата богата со историја, јазик, визуелни слики и искуства, онаа што вклучува слоеви од искажан и потиснат материјал кој ги формира нашите спомени и ги обликува нашите осудувања...“. Joachimstrasse Денеска, по Neues Museum, Венециското биенале и низа изведени проекти низ целиот свет, „Дејвид Чиперфилд Архитекти“ е архитектонско студио со седишта во Лондон, Берлин, Милано и Шангај. Дејвид Чиперфилд живее на релација Лондон – Берлин, со исклучок на три летни месеци кога заедно со архитектонските проекти се сели во семејната летна куќа во Корубедо, Шпанија. Joachimstrasse е улицата на неговата куќа во Берлин. Тоа е и адресата на архитектонското студио. Би рекле дека Чиперфилд има 25 декември 2015
39
aрхитектура
The Hepworth Wakefield, Западен Јоркшир, 2003-2011 контрола на своето „семејство“ архитекти, но уште повеќе – преку отворениот внатрешен двор и кантина достапна за сите, новиот комплекс на „Дејвид Чиперфилд Архитекти“ во Берлин е манифестација на неговата теза за „Common ground“: место каде градот, граѓаните, инвеститорите и архитектите седат, разговараат, ги поставуваат и решаваат заедничките предизвици. Мастерплан за Museum Insel со ново влезно крило – James Simon галерија во Берлин, реставрација на ремек-делото на Mies van der Rohe – Neuenationalgalerie во Берлин, Центар
Turner Contemporary, Margate, 2006-2011
40
ПОРТА
25 декември 2015
за Нобелова награда во Стокхолм, ново седиште на Amorepacific – една од најголемите козметички компании во Сеул... се само дел од тековните проекти кои грижливо ги развива ова архитектонско студио. Огромен број макети се насобрани во работните простории. Од стиропор, картон, дрво... од концептуални кубуси расфрлани по масите – до детали изградени во вистинска големина. Сѐ во функција да се прикаже, да се провери, да се промисли и дискутира секоја одлука. Посветеноста, искреноста и љубовта кон сопствената професија, на сите вклучени во
процесот на создавање архитектура – во контекст кој овозможува нејзино некорумпирано остварување, резултира со објекти во чие присуство можеме да уживаме. За крај и заокружување на кажаното, извадок од воведното излагање на Дејвид Чиперфилд за неговата монографија издадена во 2013 година. Текст во кој архитектот нѐ потсетува на неговото стојалиште за архитектурата и архитектот во денешниот, комплексен контекст. „Не е едноставно да се дефинираат одговорностите на архитектот. Како архитекти, секој од нас мора да го пронајде сопствениот
aрхитектура Amorepacific Headquarters, Сеул, 2010-2017
Valentino store, Њуjорк, 2014
пат. Строго дефинираната улога може, едноставно, и со причина, да биде тргната настрана, надмината, дури и прифаќајќи ги често нереалните економски притисоци од практиката. Од друга страна, очекувањата од општеството, но и од нас самите, се големи и не е едноставно да се задоволат. За нештата да бидат уште посложени, чинот на создавање архитектура е чин на комплексна соработка и „режирана“ креативност. Не е изолирана активност, туку практика која мора да вклучи не само различни учесници, туку и нивните локации и конечно, и најбитно - да се справи со често нејасно изразените очекувања
од општеството. Ние мора да веруваме дека архитектурата е значајна. Без разлика на притисоците, површни и нетрпеливи, како одлика на вредностите на нашето време, ние мора да изградиме врска со комерцијалните и административни власти. Врска толку неопходна во создавањето услови за нашата работа да биде возможна, а сепак често тргната настрана од условите што ги сметаме неопходни за создавање добра архитектура. Нашата постојана вина е во тоа што очекуваме премногу, а и во тоа што очекуваме премалку од архитектурата.
Да се даде вредност и значење на процесот на градење и развој е целта на архитектот, но вредностите што отсекогаш се поврзувани со архитектурата повеќе не можат да бидат дојстојно остварени преку процесот на изградба. Вредностите, квалитетите како сооднос-размер, трајност-постојаност и стремеж кон колективното, никогаш не биле толку спротивни, колку во социјалната атмосфера во која ние денеска работиме. Потрагата по иновативност не смее да го оправда отфрлањето на физичкиот или историски контекст. Слободата и креативните можности не смеат да бидат само изразени – мора да им се даде значење, оправданост – преку нашата професија. Во спротивно, ние сме во опасност да се вовлечеме во арбитрарна и изолирачка архитектура која ќе нѐ одвои од нас и нашата перцепција за себе...“. n Центар за Нобелови награди, Стокхолм, 2013-2018
ПОРТА
41
дрвна архитектура
ЦРКВАТА BISHOP EDWARD KING ОД АРХИТЕКТОТ NAIL MCLAUGHLIN
Одраз на желбите на корисниците
и намерите на архитектот
Сместена помеѓу стари букови дрвја, малата црква нуди мир и место каде студентите ќе можат да ги исполнуваат своите религиозни обреди. Големите букови дрвја, кои имаат повеќе од 300 години, природно ја наговестуваат идејата објектот да се направи со различни елементи од дрво, како во конструктивниот дел така и во ентериерот. 42
ПОРТА
25 декември 2015
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
П
остои правец во архитектурата кој третира само религиозни објекти. Светската историјата е богата со монументални архитектонски дела за разни религиозни објекти. Најчесто, овие објекти биле доверувани на најдобрите архитекти, каде тие можат да се изразат и
да ја претстават својата визија. Архитектот Nail McLaughlin ја остварил својата визија токму со проектирање на малата црква „Bishop Edward King“, која се наоѓа во кругот на теолошкиот колеџ Ripon во малото гратче Cuddesdon, Обединето Кралство. Овој проект бил награден од Кралскиот институт на британските архитекти со прва награда во 2009 година. Сè започнало со објавување на меѓународен конкурс за проектирање на црква од страна на колеџот Ripon. На овој конкурс како најдобро решение е ПОРТА
избран проектот на архитектот Nail McLaughlin, во конкуренција од 126 предадени проекти од сите страни на светот. Наградениот проект е изграден со цел да ги задоволи духовните потреби на две заедници, студентитие што студираат на факултетот Ripon и мала група калуѓерки од сестринството Begbroke. 44
ПОРТА
25 декември 2015
Сместена помеѓу стари букови дрвја, малата црква нуди мир и место каде студентите ќе можат да ги исполнуваат своите религиозни обреди. Големите букови дрвја, кои имаат повеќе од 300 години, природно ја наговестуваат идејата објектот да се направи со различни елементи од дрво како во конструктивниот
дел, така и во ентериерот. Објектот е проектиран во два дела; едниот дел е влезот на црквата, кој е со помали димензии, за преку него да се навлезе во високата овална просторија исполнета со светлина, која има капацитет за 120 верници. Највпечатлив момент при влез во црквата се 34 тенки столбови од дрво кои се издигнуваат високо и се испреплетуваат на врвот формирајќи илузија на разгрането дрво. Дрвените столбови се изработени од префабрикувани ламелирани носачи од дрвниот вид ариш, со дебелина од 60 милиметри. На местото каде дрвените носачи се прекрстуваат, се употребени специјално дизајнирани метални конектори коишто не се гледаат за да се долови идејата за разгрането дрво. Целиот објект се простира на вкупна површина од 300 квадратни метри и има висина од 13 метри. Во ентериерот се искористени повеќе материјали како камен, гипс, бетон, дрвени ламелирани столбови од дрвниот вид ариш, мебел од јасен, но сепак сите овие материјали имаат нешто заедничко, а тоа е светлата боја која формира еден вид единство во целиот простор. Но најважно од сè, е тоа што овие светли бои ја истакнуваат играта на светлината што навлегува од прозорците, кои се наоѓаат во највисокиот дел на објектот и, секако, се најважниот дел од целиот проект. Во процесот на дизајнирање, архитектот McLaughlin направил повеќе студии како
сончевата светлина се провлекува низ крошните на околните дрвја, и овој принцип е искористен и пресликан во ентериерот на црквата. Однадвор црквата е изработена со камена структура која оформува една целина во согласност со старата камена архитектура на факултетот. Кровот и дрвената конструктивна рамка се проектирани како целина, но сепак се статички независни од надворешните
камени ѕидови, што може да се забележи од симболичните конструктивни врски меѓу нив. Во долниот дел црквата е изработена во мазна камена структура, додека погоре се употребени грубо изработени камени елементи. На врвот црквата има прозорци кои ја пропуштаат дневната светлина да пенетрира во ентериерот осветлувајќи го просторот, а тоа ѝ дава посебна атмосфера на смиреност.
Едноставниот факт за оваа мала црквичка е самото тоа што е прекрасно изработена со посебно внимание на деталите. Прекрасна е исто колку и старата голема бука во близина. Проектот е одраз на желбите на корисниците и намерите на архитектот. Суштината на објектот е во внимателната изработка на сите детали и воедно тоа е и неговата најголема вредност. n
ПОРТА
урбанизам
Мојот Чанг Маи
46
ПОРТА
25 декември 2015
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА СОСТОЈКИТЕ НА АВТЕНТИЧНОТО ГРАДСКО ТКИВО
Историски и културно, вредносните градови во Азија се постојано на вага со цената на земјиштето, локацијата, потребата од изградба на високопрофитабилни објекти, трговски центри, кондоминиуми како и инфраструктурни проекти. Како урбана територија во развој, Чанг Маи се соочува со проблемите на преголеми даноци за инфраструктурата на градот, нови објекти кои бараат големи ресурси за изградба и одржливост, уништување на земјоделски посеви заради урбанизација, како и закана за уништување на културното наследство наспроти профитот.
урбанизам Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)
У
рбаните предизвици за самодоволен развој во средно-големите азиски градови, суштествено се сместуваат во две насоки на урбан развој: растење на градот преку зголемување на неговата густина и дисперзно урбанизирање на руралните области. Од една страна, постои заканата да се кондензираат активностите во центарот на градското ткиво, од друга страна, потпирањето на западните модели на град: зголемено користење на автомобилот како транспортно средство за движење низ градот, монофункционалните населби и постепеното урбанизирање на руралните области се чини дека не придонесуваат за самодоволен урбан развој на градовите во азискиот контекст. Наспроти пренаселеното, изградено, аморфно и непригодно урбано ткиво на Банкок, на север од Тајланд, „скриена“ од урбаниот хаос се протега градската агломерација Чанг Маи. Првата визуелна информација за планот на градот ни открива специфичност: некаде во средината на градот се забележува квадратна форма на ѕидините од стариот традиционален град, додека остатокот од населбите, патиштата и автопатите што водат до соседните провинции се распрснуваат околу наоколу во сите правци. Одржливоста и урбаната тактика во сензитивни урбани ткива на кои им се наближува рапиден урбан развој, е тема на Студиото за урбана интервенција на Архитектонскиот факултет при Универзитетот Тамасат во Банкок, Тајланд. Каков пристап, интервенции и алатки за урбано планирање треба да развиваме како урбани дизајнери во сензитивните брзорастечки територии кои истовремено ги прегрнуваат состојките на традиционалниот град, историското наследство, автентичното занаетчиство и локални производи, верувања и обичаи? Во 2012 година, кинескиот филм „Изгубени во Тајланд“ сместен во Чанг Маи ја зголеми годишната бројка на кинески туристи за петпати. Градот го посетуваат туристи од целиот свет, многумина избирајќи го како сопствена „станица“ за живеење, наспроти хаотичниот Банкок: Чанг Маи е човекомерен, пешачки пристапен, помал во својот размер и го одржува љубопитството на љубителите на културата и уметноста преку оригинални и автентични простори. Кинеските туристи, од друга страна, со сопствената колоритна појава и однесување, се неразделиви од сценографијата на градот. Тајландскиот 25 декември 2015
ПОРТА
47
културен центар за дизајн, од 17 мај до 6 септември оваа година, постави изложба со тема „Мојот Чанг Маи“, сакајќи да навлезе во феноменот на кинеските туристи во посета на градот, нивното однесување, облекување, секојдневие, посета на објекти, купување, многупати и непристојно однесување во храмовите и кон локалните граѓани. Реконструирањето на стари простори и нивна пренамена во галерии, места за заедничка работа, работилници за изработка и продажба на локални производи, внимателно се „создадени“ во градот со доволно влијанија од западната култура и градењето на мини-урбаното, во ниеден случај не нарушувајќи ја автентичноста на тајландската култура, будизмот, бавниот живот и локалното занаетчиство. На пазарите се испреплетува палета од производи, облека, накит, материјали од околните села и гратчиња со рачни изработки, бесценети како скапоцени камења, фрлени во изобилство и пристапни по ниска цена. Градот го опкружуваат места во кои се изработува традиционален накит, се ткае свила, се прават традиционални предмети: музички инструменти, чадори, мебел. Во планините во околина на Чанг Маи живеат племиња со посебни обичаи и верувања - едно од најпознатите од овој предел е племето во кое припадничките на женскиот пол поставуваат алки како гердани и го издолжуваат вратот со текот на годините.
Специфичноста на контекстот Историски и културно, вредносните градови во Азија се постојано на вага со цената на земјиштето, локацијата, потребата од изградба на високопрофитабилни објекти, трговски центри, кондоминиуми како и 48
ПОРТА
25 декември 2015
инфраструктурни проекти. Како урбана територија во развој, Чанг Маи се соочува со проблемите на преголеми даноци за инфраструктурата на градот, нови објекти кои бараат големи ресурси за изградба и одржливост, уништување на земјоделски посеви заради урбанизација, како и закана за уништување на културното наследство наспроти профитот. Специфичноста на контекстот бара поинаков модел на самодоволност, различни урбани форми имаат различен степен на самодволност, истовремено не постои еден единствен модел на урбана самодоволност којшто е поливалентен и може да се аплицира на различни ситуации (Гај и Марвин, 2000). Во интервјуа кои ги спроведуваа
студентите, многумина од жителите велат дека не замислуваат дека Чанг Маи ќе стане како Банкок - идејата за ваква еволуција ги загрижува и ја сметаат за неконсеквентна за градот во којшто некогаш владеело кралството Лана. Сепак, заради малиот размер на урбаната агломерација, сè уште постои можност и простор да се предвиди и да се реагира со одредени мерки за контрола на развитокот на градот, пред да стане мегалополис. Непостоењето на јавен транспорт во градот и малиот број луѓе кои поседуваат сопствен автомобил, со исклучок на црвениот камион кој служи како такси, сè уште на невидлив начин го контролира развојот на градот. Одбележувањето на местата во градот
урбанизам преку Дизајн недела во 2014-та, го постави Чанг Маи на светската карта на дизајн недели. Иако го доживуваме како туристичка станица полна со храмови, кафулиња и долги улици со пазари, длабоко низ населбите и малите улички-сои пронаоѓаме локален дизајн и уметност, што понекогаш е традиционален, понекогаш современ, меѓутоа секогаш е локално специфичен. Дизајн неделата е значајна за градот затоа што зборува за урбана самодоволност преку развивање на свесноста за местата низ градот, за значењето на урбаниот дизајн и архитектурата, за акцентирањето на катчиња пред тие места да станат желба на инвеститорите и пример за неконтролирана урбанизација. Проектите на студентите што ќе бидат изложени во текот на дизајн неделата Чанг Маи во 2016 година, зборуваат сензитивно за пристапот кон градот преку урбана тактика наспроти урбана стратегија. Дизајн неделата е еден од ретките настани кога преку изложувањето на локални производи во градски простор истовремено се поставува прашањето за социјална кохезија, урбана кохерентност и можноста за урбани интервенции во кои можеме да ги препознаеме личните карактеристики, социјалната структура и културните наративи. Секој од овие аспекти е длабоко значаен за иднината на оваа градска агломерација и
нејзин постепен и сензитивен урбан развој кој нема да ја наруши автентичноста на градското ткиво.
УРБАН ДИЗАЈН ТАКТИКА
„Урбаниот дизајн е интензивно, инвентивно мапирање на физичките услови, кое основа и проучува цели области на градот. Со други зборови, тој е архитектура - но ориентирана повеќе во размер, интенција и техника. Три основни прашања на морфологија се поврзани со дисциплината на урбаниот дизајн во неговиот преглед на градот како физички ентитет. Најпрвин, што е есенцијален, даден медиум на урбанизмот како таков? Второ, кои се конструктивните урбани елементи на градот? Трето, кои се формалните стратегии и тактики кои се достапни да создадат кохерентност и однос помеѓу овие елементи?“, започнува Стивен Петерсон во Урбан дизајн тактика. Урбан дизајн тактика во сензитивни урбани ткива е тема на студиото урбан дизајн во втора година на Архитектонскиот факултет при универзитетот Тамасат во Бангкок на катедрата за Урбан дизајн и развој. Тактика претставува „уметност на органзација“ или концептуална акција имплементирана како една или повеќе специфични задачи (Merriam Webster). Од друга страна, стратегија е внимателен план или метод за остварување на специфична цел, најчесто во подолг временски период, или техника на создавање и остварување на планови за да се оствари одредена цел. Во урбаниот дизајн често се поставува прашањето за односот помеѓу овие
два термини и за тоа кој од нив всушност треба да доминира во нашиот проектен пристап. Географскиот контекст и неговите обележја е нераскинливо поврзан со последователноста на урбан дизајн стратегијата и урбан дизајн тактиката во предложениот проект. Териториите што се опфатени од процеси на урбанизација, транзиција, зголемување на популацијата и динамичен развој, повикуваат на урбан дизајн тактика заради процесот како нејзина подлога, кој е еднакво присутен и во самиот контекст. При дефинирањето на проектот студентите, чекор по завршувањето на многубројни анализи, анкети, теренско патување и кондензирање на сопствените впечатоци од Чанг Маи, започнаа со следење на упатства за тоа како да ја постават, развијат и предложат својата урбан дизајн тактика и стратегија преку серија на предавања. Првиот чекор или првото ограничување на задачата беше да предложат временска рамка на сопствениот проект. Во конкретниот случај на студентите им беше даден настанот Чанг Маи дизајн недела во 2016 година како почетен катализатор на случувања. Позиционирањето на креативните индустрии во законските рамки, општеството и градот е од големо значење во Тајланд заради богатството на контекстот со занаетчиство и дизајн на предмети. Предлогот на владата да го укине законот за креативни индустрии, го прави дискутирањето на овие теми и предлагањето на проекти кои ќе ги поддржат особено значајно за подигнување на свеста и знањето. Дополнително на овој настан, зголемувањето на бројот на жители, климатските промени и итната потреба од заштитување на објекти од културно наследство, ја обликуваат причината и периодот на предлогот временска рамка на секој од проектите на посебните групи студенти.
25 декември 2015
ПОРТА
49
урбанизам Корпоративен модел Поделбата на проектот во временски фази е уште еден начин/пристап на студентите. Во групата со проектот насловен „Раскрсници“, студентите поставуваат интервенции на секоја од раскрсниците во дадената контекстна рамка. Секоја од интервенциите е сензитивно обликувана од контекстот на овие места преполни со програми, сообраќај, формални и неформални случувања. Дополнително, тие ги расклопуваат своите интервенции во фази, размислувајќи за влијанието на една од нив засебно, за тактика за нивниот редослед. Ваквото гледање на градот нè приближува до неговите случувања и интервенирање во процес. Повторување, рефлексија и опозиција помеѓу дадениот контекст и предложената замислена стратегија - рефлектирањето, нагласувањето и контрадикцијата на одредени перцепии, се чини како Алиса и нејзиниот премин преку гледачкото огледало. Кооперативниот модел, прашањето за корисниците на интервенциите и исцртување на основни дијаграми за односот помеѓу заедницата, инвеститорите, урбанистите, архитектите и други засегнати групи, е директно поврзан со пристапот и карактеристиките на Тајландскиот контекст и „оперирањето“ во него. Кооперативниот дијаграм како и предлогот за објаснување на партиципацијата преку дијаграм на корисниците, интервенциите и урбаната средина, е дел од апстрактот на урбан дизајн тактиката. Предизвик е во студиото да се зборува за поетската суштина на просторот, бидејќи студентите се на програмата за урбан дизајн. Суштината на терминот genius loci или заштитничкиот дух на местото во азискиот контекст има поинаква конотација. Секој од поединечните објекти во градот има свое мало светилиште кое се прави заради вознемирување на духовите на местото со изградбата на објект. Додека во западната терминологија genius loci е дистинктивната атмосфера или духот на местото во преносна смисла на значење, во азискиот контекст тој е буквално духот-заштитник. Ваквото диференцирање помеѓу поетското, атмосферата и духот на местото, ги прави некои од проектите во дијалог за разбирање на местата преку западната и источната терминологија. Духот на местото-местата во самите урбан стратегии и тактики е внимателно вградено во пристапот на проектните идеи. Идентификувањето на проблематични места се остварува преку работење во различни размери. Од студентите најпрвин се бараше изработка на концептуален мастер 50
ПОРТА
25 декември 2015
план и физички модел, потоа предлози за урбана, архитектонска, уметничка и инфраструктурна интервенција. Во презентираните проекти можевме да забележиме делови од местата разработени во повеќе детали и во поголем размер, додека самата урбан стратегија/тактика е презентирана динамично во планот. Јадрото на урбан дизајн стратегијата го сочинуваат главни концепти извлечени од последователно мапирање на физичките, социјалните леери на градот, интегрирани анализи, SWOT анализа, анкети, во еден единствен концепт (во случајов : Раскрсници, Временска линија, Идентитет, Празнини, Отворени простори и Констелации). Урбаната тактика е претставена со динамичен графички начин, во самите планови се видливи сценаријата за оперирање, чекори и дејствување во зоните помеѓу. Дислокацијата на главните насоки, можности и принципи преку разбирање на компонентите во дискусии, развој и графички јазик, ги прави секој од концептите
разбирливи за што е она што им претставува приоритет. Завршната презентација на проектите во втора година во првиот семестар е пресек и приказ на сензитивни млади урбани дизајнери кои внимателно го развиваат чувството за местата во градот. Преминот на размислување од урбан дизајн стратегија во урбан дизајн тактика, размислувањето во различни размери и размислувањето за поетското на местото, ги прави нивните проекти зрнце светлина во хаотичната урбанизација на тајландскиот контескт. Во студиото од самите предавачи е видлива тенденцијата да се развие одговорност, чувството за простор, чувството за влијанието на одредена интеревенција во градот. Тактиката на предавање и учење преку последователни случувања и акции е секогаш приоритет во самиот однос професорстудент, како и студент-проект, ставајќи ја урбаната стратегија на второ место во размислувањата за сензитивни урбани ткива и територии во развој. n
ПОРТА
eксперт
БРИТАНСКИ ИСКУСТВА
Кога собата не е соба? Британските политичари од секогаш се стремеле да не го оптоваруваат приватниот сектор со регулатива за да не се нарушуваат пазарните принципи и претприемништвото коишто се двигателите на економијата. Сепак, воспоставувањето на некои национални стандарди за минималната површина на собите во куќите со повеќе корисници, би можело да се смета како позитивен исчекор во насока на заштитата на правата на потрошувачите. 52
ПОРТА
25 декември 2015
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (наш дописник од Лондон)
В
еројатно треба да имате бујна имагинација за да си го замислите следново сценарио. Сте дошле во нов непознат голем град, со сето возбудување и ентузијазам којшто следува, за да отпочнете со работа или студии. Со мал буџет, малку расположливо време за барање и голема желба да бидете флексибилни, се обидувате да најдете соба за изнајмување во куќа или стан, барем додека да се снајдете и го запознаете градот пред да се обидете подолготрајно да го решите
eксперт
вашето станбено прашање. Ова вообичаено значи изнајмување соба за најмалку шест месеци, плаќање депозит во износ од најмалку една месечна кирија и солидна провизија, која се брои во стотици евра, за агентот за недвижности преку кој сте ја нашле оваа особена куќа со дури неколку слободни соби за изнајмување. Доаѓате до куќата која однадвор изгледа во ред. Голема викторијанска куќа во низа, на која од надвор забележувате дека дури има и подрум, а меѓукатните висини се поголеми од оние на вообичаените новоградби, што е веројатно добар предзнак. Со претходно искуство на живеење надвор од метрополата, за само 1.200-1.300 евра месечна кирија, очекувате спартански наместена соба со релативно добри пропорции и натпросечна светла висина на просторијата. По запознавањето со сопственикот или агентот за недвижности и вообичаената размена на учтиви зборови, тој или таа гордо ви ги покажуваат сè уште слободните соби за да си
изберете која најмногу ви одговара. Изненадувањето е големо кога ќе забележите дека првата слободна соба која ви ја прикажуваат е мала и дека е со невообичаен кревет, високо поставен и конзолно прицврстен на ѕидот така што единствен начин да се пристапи до него е преку скала. Но, за да ѝ пристапите на скалата, првин треба да се качите врз фрижидерот па од таму да го отпочнете вашето качување. По малку насила се смешкате за да го прекриете вашето разочарување, но со нетрпение очекувате да ја видите следната соба. Сопственикот ви објаснува дека следната соба е нешто поголема, но дека треба да внимавате за да не си ја удрите главата бидејќи висината на влезната врата е помала од вообичаената. Подготвени да ја наведнете главата за да влезете во собата, вашето изненадување е комплетно кога ќе видите дека тоа не е доволно, туку дека ќе треба да се спуштите на сите четири екстримитети за да излазите до собата низ вратата со светла висина од само 70 сантиметри. Веројатно досега вашата насмевка станала гримаса, но се обидувате храбро да се држите во исчекување да ја видите последната слободна соба. Ви објаснуваат дека последната слободна соба се наоѓа на најгорниот кат на објектот и дека има двојна височина. Откога сте се искачиле на најгорниот кат, забележувате дека вашиот водич ве води кон две врати со
нормална висина. Со големо олеснување, кое резултира во вистинска насмевка, се приближувате кон нив со сигурност во вашиот чекор и знаење дека „нема веќе лазење“! Како се приближувате кон вратите, вашиот водич ви појаснува која од вратите води кон килерот, а која кон последната слободна соба. При влегувањето забележувате дека во малата соба има внатрешни скали кои водат кон платформата за спиење, и кои уште повеќе ја намалуваат веќе малата корисна површина на собата. Благодарејќи на вашата добра просторна ориентација, сфаќате дека платформата за спиење се наоѓа на „кровот“ од килерот и дека коментарот за двојната висина на просторијата се однесува на тоа, дека собата делумно влегува и во поткровјето од кое е искористен и делот над соседниот килер за да се оформи платформата за спиење. Откако сте ги искачиле скалите, забележувате дека повторно доаѓа времето за лазење бидејќи светлата висина во зоната на платформата во најголемиот дел е помала од 152 сантиметри. Останува на вас да се одлучите дали постоењето на душек со кралски димензии од 150 х 200 сантиметри со мал дополнителен простор за складирање на вашите работи зад перниците, и присуството на кровен прозорец кој обезбедува природно осветлување на платформата за спиење, нудат доволна компензација за големината на собата и особено за потребата постојано да се лази кон и од креветот. 25 декември 2015
ПОРТА
53
eксперт Се разбира, дејствието опишано во погорниот текст е базирано на измислена случка, но со примеси на реалност во однос на описот на собите што постојат во различни објекти низ Обединетото Кралство, но не и во еден ист објект. Оттука, тие претставуваат обид да се укаже на некои појави во британскиот пазар за изнајмување на индивидулани соби во рамките на еден стан или куќа, т.е. таканаречените куќи со повеќе корисници (Houses in Multiple Occupation HMO). Станува збор за примери кои особено потекнуваат од британските метрополи, како Лондон и Манчестер, каде сопствениците на куќи и станови се обидуваат да ги поделат нив во колку што е можно повеќе соби, за да можат да ги зголемат своите приходи од кирија со нивно изнајмување. Токму затоа во огласите за изнајмување на соби сè почесто се јавуваат реклами за „полугарсониери“ и „мезанински простори за спиење“, кои стануваат дел од англискиот јазик во доменот на недвижности. Оттука, веројатно, е потребно потенцијалните клиенти добро да се запознаат со оваа „стручна“ терминологија за да се поштедат себеси од поголеми разочарувања кога ќе се сретнат со реалноста при посетата на овие вешто рекламирани соби за изнајмување. Се разбира, во земјата постои Закон за домување од 1985 година (Housing Act 1985) во кој јасно е наведено дека минималната површина на соба за едно лице треба да биде најмалку 6,5 квадратни метри. Работите многу се искомплицирале кога Советот на градот Манчестер поднел тужба против сопственикот на соба (делумно опишана во последниот пример) за кршење на законот, со оглед на тоа што собата била со помала површина од пропишаната. Иако основниот суд донел одлука во полза на Советот, сопственикот поднел жалба до повисокиот суд којшто ја поништил пресудата на основниот суд и пресудил во полза на сопственикот. Со пресудата се воспоставил правниот преседан дека секој случај на наводно кршење на Законот за домување по однос на големината на собата треба да се гледа поединечно, а не општините автоматски да сметаат дека дошло до кршење на законот 54
ПОРТА
25 декември 2015
во сите случаи кога површината на дадената собата е помала од пропишаната. Со цел да се разјасни состојбата и да се спречат идните обжалувања на сопствениците на соби за изадвање, Министерството за заедници и локална власт (Department for Communities and Local Government) објавило нов предлог-документ за разгледување, според кој се предлага да се воведе национален стандард за минимална површина на соба за изнајмување од 6,5 м2 со можност општините на локално ниво да побараат и поголема минимална површина за собите што ќе се изнајмуваат на нивната територија. Доколку овој предлог-документ за разгледување се преточи во закон, тогаш собите во куќите за повеќе корисници ќе треба да имаат минимална површина од 6,5 м2, во спротивно сопственикот на имотот би
во текот на процесот на консултација предложените стандарди можат да бидат ублажени, со што може да се намали можноста за нивна ефикасна примена во иднина. Во минатото секогаш постоеле отпори, особено кај градежните компании коишто работат станови за пазар, законски да се регулира минималната големина на станбените единици и на просториите во нив. Оттука во минатото примената на прописи од оваа природа била ограничена на станбената изградба во рамките на јавниот сектор или пак кога таа била финансиски поткрепена од јавните фондови, додека за пазарната станбена изградба овие прописи се применувале на доброволна основа. Последново, веројатно е и една од причините зошто станбените единици во Англија со просечна површина од 76 м2 се
одговарал кривично за непочитување на законот. Се разбира, очекувањата се дека евентуално усвојување на еден ваков закон би довело до намалување на појавата на ситнење на постоечките куќи и станови, со цел во нив да се оформат колку е можно повеќе помали соби за да се зголеми приходот од кирија за нивните сопственици. Поучени од претходните искуства од примените на слични закони во земјата, за можните ефекти од донесувањето и примената на национален стандард за минимална површина на собите во куќи со повеќе корисници, треба да се гледа со доза на умерен оптипимизам, со оглед на тоа што
сметаат за најмалите во Европа, при што особено се нагласува дека оние во Англија се помали дури и од просечната површина на станбените единици од 115 м2 во Холандија, а која е дури погусто населена од Англија. Британските политичари од секогаш се стремеле да не го оптоваруваат приватниот сектор со регулатива за да не се нарушуваат пазарните принципи и претприемништвото коишто се двигателите на економијата. Сепак, воспоставувањето на некои национални стандарди за минималната површина на собите во куќите со повеќе корисници, би можело да се смета како позитивен исчекор во насока на заштитата на правата на потрошувачите. n
ПОРТА
сообраќај
СООБРАЌАЈОТ И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Еко-равенка со велосипедска непозната Борбата против урбаното аерозагадување почнува со неговото детектирање и премерување, и тоа е единствената исправна логика. Таа логика треба да се прифати и апсорбира за да може да понуди целисходен одговор, кои тоа системски елементи треба да се чепнат, кои полиња да се скратат, кои склопови да се приспособат, а кои делови да се исполираат. Токму така и по тој редослед.
Велосипедска патека
м-р Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж.
„Зарем од сите градови на светот мораше да биде токму овој ...?“
О
ваа благо парафразирана реплика на фиктивниот Rick Blaine, може да се употреби за неговото пацифистичко уточиште Казабланка исто онолку колку што може да се налепи на овој балкански град со метрополски амбиции и тежок еколошки товар. Со таа разлика што нијансата на горчина употреблива за Скопје нема ама баш никаква врска со романтичната резигнација на целулоидната икона Хемфри
56
ПОРТА
25 декември 2015
Хемфри Богарт
Панорама на аеро-загаден град
Богарт. Доколку по некоја случајност моралните принципи би биле ’рбет на нашиот апетит за високо рангирање на некои светски табели, поединeчни егзистенцијални платформи би биле позиционирани многу поблиску до епицентарот на системската ефикасност. На тој начин домашниот политичко-трговски талент на полето на заштитата на животната средина можеби би успеал да „просее“ и по некое груменче златен сјај наместо досегашната тонажа од слабо употреблив чакал. Во случај тоа, по некое чудо, наскоро да почне да се случува, освен намалениот крвен притисок на наменскиот НВО сегмент, би добиле и граѓански седатив во форма на благо увереност дека во оваа котлина иднината може „да се засади“, но би можела и поздраво да се одживее. СОЗНАЕН ПАРАВАН Кога еден еколошки контекст ќе се преслече во системска грижа од балкански калибар, тој истовремено се стекнува и со повластен и со проклет статус. Повластен, бидејќи за кусо време станува составен дел од локалната свест, што е добро, но и од локалната семантика, што и не е толку добро бидејќи на моменти успева да се изгуби во „мезанинот“ помеѓу својата суштина и лаичко-лексичката примена. Проклет, бидејќи веќе од самиот почеток станува материјал за половична операционализација, забавен некаде на патот до вистинските решенија. Иако, рака на срце, и самото пробивање на преднаталната tabooмембрана знае во услови блиски на нашите да биде успех поголем од реалниот. Борбата против урбаното аерозагадување почнува со неговото детектирање и премерување, и тоа е единствената исправна логика. Таа логика треба да се прифати и апсорбира за да може да понуди целисходен одговор, кои тоа системски елементи треба да се чепнат, кои полиња да се скратат, кои склопови да се приспособат, а кои делови да се исполираат. Токму така и по тој редослед. Со доволна количина доблест овој синџир да остане непрекинат поради опасноста
затекнатата состојба на каков било начин да се анестезира. Пуштањето во употреба на петте ДАМС (Државен автоматски мониторинг систем) мерни станици на подрачјето на градот Скопје, беше првиот удар кој „сатрапот“ на локалното аерозагадување го претрпе. Од тој момент „царот“, кој од се поголема маса свои „поданици“ создава пулмолошки пациенти, остана соголен, но не и до крај соблечен. Но, матното и загасито море по кое плуташе нашата бајата еколошка свест, почна да рефлектира нови нијанси. Одеднаш добивме и официјална потврда за некои сомнежи – дека централното градско подрачје и некои перифериски зони се доминантни полутантни жаришта – но и шлаканица за некои самозадоволни предубедувања – дека, на пример, делови на општината Карпош поседуваат докажана хортикултурна привлечност, но истовремено се еколошки ранливи речиси до ниво на истиот тој градски центар! За кој и да било систем нема подобар знак дека треба да се соберат „штабните кадри“, да се распостелат „стратегиите“ и „картите“ и да се отпочне планирањето на потребните контраофанзиви. Линковите
ДАМС мерни локации 25 декември 2015
ПОРТА
57
Велосипедот во Холандија
кон потенцијалните загадувачи и нивните слаби страни, конечно беа отворени. Кон сите, па и кон градскиот сообраќај. ПРОБЛЕМАТИЧНИ ПАРАЛЕЛИ Скопје, сообраќај и заштита на животната средина... терцет кој веќе некое време звучи како почеток на шегите од типот „си биле еднаш Русин, Американец и Балканец“, така чести кога обилниот оброк го полни стомакот, а придружниот напиток ја празни главата. Но тоа ни од далеку не е шега. Тоа е увертира на една сериозна градска приказна која се обидува да фати чекор со едно чудно време, под стеснетите сводови на една урбанистичко-транспортна политика, во услови на јавна свест која тоа до крај сè уште не е. Приказна сеприсутна и сè помоќна поради околностите што, за волја на вистината, „дебело“ ѝ одат на рака. Впрочем, исто како и нашата тенденција да ја забележуваме, па потоа некое време гледаме низ неа. Нешто како пермутацијата на стратокумулусите во кумулонимбуси која ја забележуваме над главите, но за невремето стануваме свесни кога е предоцна, кога дождовните капки ќе дојдат во допир со телото. Сообраќајно-транспортните напори, градскиот еколошки амбиент да не прерасне во трајна атмосфера од noire филм со лошо сценарио, мора да се потпрат на (1) нешто конкретно што веќе го поседуваме и (2) нешто туѓо, што во најконкретна варијанта би можеле да го присвоиме. Креиреајќи постепено но упорно „порции“ од помалку поуспешни наместо масовни полууспешни, односно мерки со потполно нетранспарентен еколошки ефект. Имам силен впечаток дека тоа може да биде начинот на кој ќе успееме значително да го забавиме процесот низ кој скопските „рингови“ би се претвориле во концентрични кругови на еден урбан еколошки пекол. Дијалогот со животната средина треба да се води на начин кој токму таа го бара и налага, никако во рамките на антрополошките приземни каприци и ограничености. На пример, тие ограничености до бесвест, но без потребниот ефект, ја споредуваат нашата желба со велосипедските раеви од калибарот на Холандија, во отсуство на, што природен, а што историски наследен капацитет, да продреме во вистинската природа и заднина на таквиот вид на нечија туѓа посветеност (патем, сè уште не ми е јасно зошто во ист манир не се повикуваме на јапонската ефикасност 58
ПОРТА
25 декември 2015
сцена од noire филм
или германската дисциплина!?). Обидувајќи се да ја допре холандската „тајна“ Вашиот автор, во дијалог со двајца вело-експерти од оваа земја, се соочи со карпесто-стерилен став („одржливо–здраво–одржливо“) како потврда за ширината на менталниот и распонот во генезата на материјата, што е невозможно да се премости со декларации и неколку килограми проектна хартија и боја. Но што ако за миг ги отфрлиме сите ретроградни повикувања на менталитетот, традицијата, кутурата и навиките? СУШТИНСКА ИДЕНТИФИКАЦИЈА Велосипедот треба да израсне низ посебен, нему својствен обред со кој ќе се прекине вечниот круг околу догматското ретроградно јадро. Обред кој се постигнува низ доктринарна политичко-институционална посветеност, карантински заштитена од инфекцијата на популизмот. Која не трпи кокетирања или прељуби со автомобилите, туку рамноправно преговарање со нив. Единствено таквата посветеност може да ги мултиплицира аглите на визурата групирани кон човекот како доминанта на градскиот простор. И само на тој начин преземените мерки ќе се одглават од категоријата интервентни лапсуси кои само
сообраќај повремено ја расипуваат удобноста на вкоренетата автомобилска навика. Поимите изградба и дизајнирање ги двои суштина која се рефлектира директно кон оперативната ефикасност и целисходност на излезните атрибути. Изградбата или обележувањето на една велосипедска патека претставува уфрлање на елемент во просторот, кој не мора нужно да носи и комплетна дизајнерска порака како тој простор и неговите корисници треба да се постават во однос на новитетот. Ваквиот пристап вредноста на која било велосипедска патека ја принудува на девалвација кај секој колски пресек на кој и физички и значајно му се подредува. Ова е најкусиот пат од проектиран простор наменет за велосипеди до фрагментиран инфратсруктурен елемент со скромен оперативен дострел. Идејата дека велосипедот ќе стане „насушен“ единствено со претворање на организираниот Нелсон_ р`вачки зафат неред во строго канализирано движење „држи вода“ колку и тврдењето дека зелените градски уникатен вкус. Институционалната искреност и мудрост, пошироките и површини ќе останат поштедени доколку преку ноќ ги шкартираме подлабоки критички согледувања, капацитетот нечие туѓо искуство да се возилата на пајак-службата. накалеми во смисла значително поширок од инфраструктурниот, замена Сообраќајот во „старинските“ градови бил далеку покомотен и на декларативната со вистинска мултидисциплинарност ослободена од полежерен, нудејќи му на просторот време да се навикнат еден на друг. техничкиот боречки „нелсон“, прочистеноста на каналите за Денешниот градски простор е стеснет, натрупан и закрчен. Таа комуницирање со јавноста и ширината на просторот за нејзино просторно-функционална компресија лесно ги истиснува содржините, профилирано вклучување, се зачинските групи на тие уникатни вкусови. сообраќајните посебно, неподготвени не да ѝ се спротивстават туку, Успешноста со помош на нив да се креира сеопфатна органска пред сè, на ментален план да ѝ парираат на конкуренцијата. Кои, во терапија наместо да бидат сведени на акупунктурни третмани се спротивно, можат да се задржат дури и подолго време, но повеќе во нивната доминантна нота. Затоа некои градови шират арома на колач, а стагнантен оптек, како гранка врз која не паѓа доволно количество некои други, во еколошка смисла, како да стоеле надвор од сончева светлина. фрижидерот подолго од дозволеното. За претворање на еден автомобилски во велосипедски град не е Еколошки мотивираниот системски притисок врз сообраќајот на доволна само инфраструктура, туку и интензивно општествено градот Скопје поседува своја инертна логика која му пречи од позиција преговарање околу нејзиното значење и начинот на користење. Во на пасивна одбрана да премине во фаза на „тотален пресинг“. Јавноста просторниот речник терминот повеќе велосипеди има превод од со висока доза на толеранција тоа го потпомага. Можеби затоа и помалку простор за автомобили, што во секој демократичен контекст ефектите на преземените мерки во сегментот на аерозагадувањето до води кон, некогаш и помакотрпно порамнување на двата овој момент се забележливи токму како и дресот на Boston Celtics спротивставени интереси. Токму заради тоа не може да стане збор за навлечен на телото на Shrek! едноставно додавање на елементи во просторот бидејќи тие се во Сакајќи сликовито, но затоа и поискрено да ја долови нужна интеракција со сите останати и нивните веќе стекнати диспропорцијата на моменталните желби наспроти можностите на функционални доминанти. холандскиот фудбал многу пред портокаловите дресови да станат Pedro Malpica, социолог-консултант на успешната велосипедска предмет на глобален респект, холандскиот фудбалер Ханс Крај, во приказна на Севиља, тврди дека велосипедската патека не е само контекст на сознанието за неопходноста за длабока промена, еднаш физички туку, пред сè, и психички простор. Доколку таа димензија изјавил: „Имавме желба, ама ментално не бевме доволно добри. Нашите изостанува во рацете имате банкнота со истечена важност. Атрактивна личности не беа доволно силни – а ниту начинот на живеење. Бевме за око, можеби и мало уметничко дело, но без реална вредност. премногу исплашени. Едноставно, сè уште не бевме жители на светот“. Целокупноста на велосипедската инфраструктура треба да зрачи Важи ли ова, во еден друг контекст, можеби и за нас ...? Колку за порака дека на потсетување, работната задача сепак гласи подвижност и комфор велосипедите се за луѓето, не за превозните смета и се пожелни Дрес на Бостон средства ... n Селтикс во сообраќајот. КРАЈ НА ПОЧЕТОКОТ Во транспортниот мултиверзум сите градови следат иста еколошка рецептура, но секој од нив поседува
Шрек
ПОРТА
eнтериер
Улогата на славните дизајнери кои ја одбележаа зората на промените Ремек-делата на модерната сè уште се произведуваат или како оригинални - лиценцирани или како безимени копии. За добар дизајн не се потребни скапи елементи и високи цели, туку конструктивна логика и рационален метод на изработка. 60
ПОРТА
25 декември 2015
КАНЦЕЛАРИСКИ ПРОСТОРИ (4)
проф. м-р Мишко Ралев, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
К
ога се зборува за периодот на модерната архитектура и дизајн, а со тоа и за новите, во тоа време, трендови во дизајнот на ентериери, не може а да се пренебрегне улогата на славните дизајнери кои ја одбележаа зората на промените што се појавија на почетокот на 20 век. Или поточно, нивните иконографски дела кои и до ден денешен без трунка патина учествуваат или како делови од просторниот дизајн или како неисцрпна инспирација на стотиците архитекти и дизајнери и во новиот 21 век. Овие ремек-дела на модерната сè уште се произведуваат или како оригинални лиценцирани или како безимени копии. Во Европа, една од фирмите што ги застапуваат правата на творците е компанијата за производство ВИТРА од Швајцарија. На упатените им е познат и музејот, испроектиран од Херцог и Демерон, во чии простории се чува светското наследство во оваа област. Но зошто „Витра“ ги произведува овие пред-
eнтериер
мети кои биле замислени многу години наназад, е прашање кое би си го поставиле рационалните економисти или едноставно бизнисмени. Причината е едноставна, мисијата да се сочува ова наследство и да се продолжи со неговото производство е фундаменталната бизнис политика на компанијата што е посветена на современиот дизајн и го фаворизира развојот на нови производи за новото доба. Но, исто така, има производи од други времиња кои не изгубија ни трунка од својата слава и останаа современи и ненадминати. Таков случај е со делата на Реј и Чарлс Имс, Вернер Пантон или Џорџ Нелсон. Но делото на францускиот архитект и дизајнер Жан Пруве (Jean Prouve) надвор од родната земја е непознато на пошироката публика. Во „Витра“ сметаат дека, иако се случија неколку реизданија на неговиот мебел, дизајнот на Пруве никогаш не го добил вниманието што го заслужува. Ако делата на Реј и Чарлс Имс се произведуваат од дамната 1957 година, како најплодни и најавангардни дизајнери на новиот стил, Жан Пруве го сместуваат веднаш до нив, како втор значаен „конструктор“ на 20 век. Разликите помеѓу Пруве и Имс се сосема очигледни и можат да бидат припишани на соодветната технолошка клима во која тие работеле. Сепак, кога ќе се направи анализа на творбите на овие истакнати дизајнери, ќе се увиди сличен пристап и методологија. Прецизните биографи и историчари на дизајнот велат дека во царството на дизајнот, архитектурата и инженерството, французинот Жан Пруве (1901-1984) зазема видно место помеѓу најразноврсните и најиновативните умови во дваесеттиот век. Неговиот уникатен опус, кој бил почитуван од неговите влијателни современици, како што бил и Ле Корбизје, се протега од нож за писма до оков за врати и прозорци, од
осветлување, мебел и фасадни панели до модуларни градежни системи и огромни конференциски и изложбени хали. Пруве, кој својата кариера ја започнал како бравар, денес се смета за еден од водечките пионери во развојот на сериското производство на мебел, но и префабрикувани архитектонски компоненти. Неговата работа како дизајнер, но исто така и како претприемач, и како произведувач (се до 1954 г. водел своја фабрика и работилница), е раководена од целта да изнајде модерни и нови реше-
нија за проблемите во градежништвото, но и во секојдневниот живот на човекот. На Жан Пруве, кој сам себе се сметал за конструктор, евидентно му е доделена значајна улога за формален придонес кон дизајнот. Примарната цел на неговиот дизајн и развојна работа била да ги спои аспектите на утилитарноста, автентичноста на материјалот и економичноста со комплексните предуслови за сериско производство. Во текот на процесот, тој скоро секогаш успевал да добие и естетски убедливи резултати, кои го објаснуваат неговото денешно значење, време кое се нарекува и ера на дизајнот. Давајќи ја оваа оценка, не е тешко да се поверува дека бројни архитекти и дизајнери го вбројуваат Пруве како една од личностите под чие влијание се или биле, и кои ги инспирирал со единствениот творечки опус, се и Ренцо Пиано, Жан Нувел и Норман Фостер. Дизајнерите на мебел знаат дека конструкцијата на столицата мора да ги задоволи најголемите физички барања. Рамката на седиштето не само што треба да го издржи притисокот на вертикалниот товар, туку исто така и различните динамички сили. Клатење, вртење и навалување се асиметрични движења кои ѝ се спротивставуваат на статичката моќ на столицата. Нејзината структурална стабилност се мери во услови на еластичност, при што таа со својата форма ги амортизира ефектите на користењето, што резултираат во абење или, на крај, крш (лом) на материјалот – конструкцијата. Како резултат на дистрибуцијата на тежината во анатомијата на човекот, притисокот врз столицата е најголем во точката каде што таа ја носи тежината на торзото, а по правило тоа е на задната половина на седиштето. Ова значи дека задните ногалки на класичната четириножна столица го прима поголемиот дел од тежината на лицето што седи, и ја пренесува вертикалната сила на притисок врз подот. Се разбира, ова не е некое ново откритие во дизајнот и конструкцијата на седиштето, но ниту едно парче мебел не го демострира овој принцип толку јасно како „стандардната столица“ на Пруве. Таа дава впечатокот на апсолутна стабилност. Додека тенките елементи на метални цевки соодветно одговараат на полесните барања на предната страна, задните ногалки се 25 декември 2015
ПОРТА
61
eнтериер
обликувани во широки шупливи волумени, за да го апсорбираат притисокот употребен на задниот дел од седиштето. Изгледот на профилот на задните ногалки, со нивната сличност со задебелениот дел на класичниот столб – ентасис, на местото каде се сече со седиштето, прецизно го илустрира примањето и проследувањето на товарот врз подот. Текстилните седишта долго играле важна улога во историјата на мебелот, најчесто како декорација во вид на тапациран мебел. Меѓутоа, да претпоставиме дека, ако материјалот има функција да носи товар, особено да ја носи тежината на тој што седи, тогаш тој мора да биде ставен под тензија. Ова може да се постигне преку два различни начини: или со затегање на материјалот преку конструкцијата на седиштето, како навлечена точна чорапа, или материјалот се оптегнува помеѓу деловите на седиштето како оптегната мембрана. И двата концепти го рефлектираат принципот на висечка мрежа за лежење, каде што материјалот функционира како да е втора кожа на оној што седи. Седиштето ја следи контурата на телото до одреден степен, зависно од рамката и оптегнатоста на материјалот. Фотелјата „Сите“ на Жан Пруве, изгледа како да има малку заедничко со класичната фотелја. На прв поглед личи на седиште од автомобил или авион. Ваквите асоцијации примарно им се припишуваат на карактеристиките на материјалот, но исто произлегуваат и од нејзината строгост и динамизам. Она што прво паѓа во очи се широките наслони за раце од челични плочи, меѓу кои се распнати кожни каиши. Носечката структура е од челични цевки преку кои е оптегнат текстилот што континуирано се пренесува од седиштето кон наслонот. Конструирана навидум со едноставни методи и материјали, фотелјата „Сите“ презентира алатка за седење, способна да исполни различни функции. Корисникот ја прима оваа фотелја 62
ПОРТА
25 декември 2015
како еднакво соодветна за релаксирање, но исто така и за седење во други поформални услови. Ѕидот го дефинира и ограничува просторот. Текстурата на неговата површина, материјалот и бојата влијаат врз квалитетите на атмосферата што ја креира. Ѕидот, велат, е сцена. На него се изложуваат предмети, слики, ламби, полици и многу други елементи. Обично, одреден предмет доста лесно се монтира на ѕид, само во неколку точки. Затоа без траги може да биде и демонтиран. Таков предмет кој едноставно се монтира на ѕидот е ламбата „Потенс“ на дизајнерот Пруве, која во голема мера се користи во денешните ентериери од кои се бара современост, но и необичност. Елеганцијата на оваа конструкција лежи во штедливото користење на материјалот и во
нејзината беспрекорна функционалност постигната со минимални средства: долга и тенка метална шипка вертикално е заштрафена на ѕид. Челична сајла ја зацврстува шипката на чиј крај е поставена сијалица. Целата конструкција е подвижна, со што се осигурува точната позиција во зависност од барањето на корисникот. Се придвижува рачно преку друга метална шипка која има дрвена дршка. На крајот, ништо помалку познато дело не е ниту неговата сопствена куќа „Мезон Пруве“, од 1954 година. Структурата на куќата брзо и лесно се формира на основа на префабрикувани елементи заради својата мала тежина, флексибилност, едноставност и практичност. Кога ќе се додаде и фактот, дека за нејзината изградба не се потребни позначајни парични средства, заклучокот е дека ваквиот функционализам на Пруве манифестира реален конструктивен став ослободен од за него непотребни естетички грижи. Едноставниот шарм на неговите дела се длабоко убедливи, дека за добар дизајн не се потребни скапи елементи и високи цели, туку конструктивна логика и рационален метод на изработка. n
рубрика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
најчудни градби
Зграда-чајник во Кина!
К
Драган РИСТОВ
ина е новата мека на архитектурата, заедно со Емиратите каде секоја нова идеја во поглед на уникатните дизајни има големо добредојде. Кина многупати била дел од чудните градби, и тоа со право, ако се знае дека кинеските дизајнери ги рушат бариерите на невозможното, но со самото тоа што државата е економска велесила, јасно е дека имаат пари да направат сè што архитектите ќе замислат. Така и пред неколку години се родила идејата за изградба на културен центар, или објект за културно изразување кој ќе биде во форма на класична кинеска работа, односно на најпознатиот напиток - чајот. Структура која претставува гигантски чајник е изградена годинава близу реката Јангце и езерото Таиху во градот Вукси. Станува збор за модерен објект кој е егзибиционен центар и кој е базиран според дизајнот на една од главните карактеристики на Кина чајот. Зградата има изглед на голем гигантски чајник, висината е 38,8 метри a дијаметарот на чајникот е дури 50 метри, со вкупна корисна површина од 5.000 квадратни метри!
64
ПОРТА
25 декември 2015
Освен изгледот, самиот објект користи нови материјали за изградба, па и покрај големината главна одлика е алуминиумот со кој е обложена надворешната структура (фасада) на зградата-чајник, додека горниот дел кој го симболизира отворот или капакот е составен од стаклени панели. Она што е интересно е што овој централен дел навечер
има специфично осветлување, а ако се додаде и опцијата за ротирање, тогаш се добива впечаток дека станува збор за чајник во кој навистина се прави чај. Овој центар на новата уметност на Јангце е отворен официјално на 16 март годинава, а на церемонијата присуствувале над 10.000 луѓе. Инаку, изградбата на објектот ја финансирал Ванг Џианлинг од групацијата „Далијан Ванд“, кој се смета за втор најбогат човек на Кина и голем љубител на традиционалните вредности. Освен надворешноста за која сите посетители велат дека ќе прерасне во уште една нова кинеска атракција, импозантна е и вантрешноста на „чајникот“ во кој доминира централната сала со раскошни седишта. n
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
екологија
ПАРИСКИ САМИТ ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ КОП21
Донесен договорот за подобра иднина? Договорот е делумно правно обврзувачки, а делумно доброволен, што многумина го гледаат како можност за неуспех, односно неисполнување на дадените ветувања
С
Марина ВЕРУШЕСКА
амитот за климатски промени КОП 21, како најголем собир на највисоко ниво одржан во историјата на ОН, за првпат после 20 години преговори, усвои правно обврзувачки меѓународен договор за борба против климатските промени. Учесниците, претставници од 195 земји меѓу кои и Македонија како земја-потписник на „Рамковната конвенција на ОН за климатски промени“ и на „Протоколот од Кјото“, го прифатија глобалниот договор за борба против климатските промени и глобалното затоплување. Овој договор треба да претставува најсилен израз на политичка волја, што обезбедува одржливост во иднината. Тој ќе биде водич за намалување на штетни гасови, насока за активности кои треба да се спроведат наредните 10 до 15 години, кои ќе ја одредат енергетската матрица за наредните 50 години. Овој договор е оценет како амбициозен обид глобалното затоплување да се ограничи на 1,5 Целзиусови степени, што воедно беше главното барање на малите островски земји и на сиромашните земји. Станува збор за договор кој за првпат ги обврзува сите земји на намалување на емитувањето на стакленички гасови. Договорот е делумно правно обврзувачки, а делумно доброволен, што многумина го гледаат како можност за неуспех, односно неисполнување на дадените ветувања. 66
ПОРТА
25 декември 2015
екологија
КЛУЧНИ ТОЧКИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДОГОВОР Мерките вклучуваат: 1) Намалување на емисијата на стакленички гасови; 2) Глобалното затоплување да не биде поголемо од 2 Целзиусови степени; 3) Поднесување на извештаи на секои пет години; 4) Развиените земји да обезбедуваат 100 милијарди долари годишно за земјите во развој до 2020 година, со обврзување за понатамошно финансирање. Овој договор има потреба од сериозна политичка заложба за да се оствари. Тоа значи вложување на големи напори и поголема активност. Најпрво, за да се спречи зголемувањето на температурата на Земјата преку 2 Целзиусови степени, потребен е голем пресврт кон користење на обновливи извори на енергија. Промени од првичниот план се случија заради тоа што богатите земји не можеа да се согласат да платат за штетите што климатските промени ги направија врз сиромашните земји. Некои земји сакаат независни агенции или тела кои ќе ги следат штетните емисии и ќе даваат транспарентни резултати. Други тврдат дека тој начин го загрозува нивниот суверенитет. Од земјите учеснички, Кина се обврза да ја намали емисијата на штетни гасови за 60 проценти до 2020 година. Несогласувања и понатаму ПОРТА
екологија треба да се очекуваат, бидејќи парискиот самит е почеток на градење на похумана економија за сите; не само за најбогатите туку и за најсиромашните, коишто имаат најмала одговорност, а се најголеми жртви на климатските промени. Експертите се согласија и го поддржаа најновиот договор со сите измени од КОП 21 како научен, балансиран и најважно, амбициозен. Земајќи ги предвид минатите неуспешни договори, сепак се постигна заеднички договор кој праќа силна порака до инвеститорите, дека треба да започнат да користат нови извори кои нема да ја уништат Земјата. ПРАЗНИ ФЛОСКУЛИ ИЛИ ВИСТИНСКА ЖЕЛБА ЗА ПРОМЕНА? Донесувањето на меѓународниот договор е проследен со бројни критики, најмногу заради неговиот карактер, односно бидејќи не е целосно обвзувачки, туку само делумно. Предводникот на глобалната свест за климатски промени, Џејмс Хансен, физичар на НАСА, кој прв почна да ги предупредува светските власти за намалување на емисиите на ефектот на стаклена градина, истакна дека станува збор за празни зборови
ПОРТА
основани на ветувања. Тој смета дека сè додека фосилните горива се најевтини, тие ќе продолжат да се користат, и предлага воведување на некој вид такси кои ќе бидат задолжителни за најголемите загадувачи. Уште една критика за време на одржување на самитот дојде и од граѓанското движење Brandalism, како видлив коментар на приказната за глобалното затоплување. Група од 80 уметници, го свртеа вниманието на
јавноста и граѓаните за тоа колку учесниците на самитот се лицемерни и единствено ги интересираат лични приходи, а се кријат под маската на универзалната хуманост. На пример, една позната авионска компанија која е главен поддржувач на настанот, воедно е и најголем загадувач. Затоа тие, со лажни плакати и билборди, го окупираа јавниот простор на Париз, со коментари и тврдења за претставниците на актуелниот самит. n
ПОРТА
aрт и дизајн
Една сосема поинаква перцепција Изложбата „Кабаре Балкан“ нуди можност публиката одблизу да се запознае со графичките решенија инспирирани и конципирани за текстовите што веќе имала можност да ги види на сцените од нашите театри
„К
Јасмина АЛЕКСОВА, дипл. историчар на уметност абаре Балкан“ е насловот на изложбата на театарски и филмски плакати работени за делата на Дејан Дуковски, која од 26 декември ќе биде поставена во Македонскиот народен театар. Театарскиот плакат, и плакатот воопшто, сам по себе е комплексен продукт кој визуелно сублимира една веќе разработена идеја и има намера првично да го атакува окото на публиката, а преку тоа да влијае врз формирање на индивидуалната слика за контекстот што го сугерира. Плакатот секогаш е тематски и најчесто е одраз на естетскиот и социјалниот
Буре барут режија: Горан Паскаљевиќ француски филмски плакат
аспект на времето и средината во кои е создаден. Токму заради својата широчина во временска и географска смисла, плакатите работени според делата на Дејан Дуковски се интересен предизвик за публиката, која сака да види една секвенца од обработка на темата. Овие плакати претставуваат чисто ликовно решение базирано на драмскиот текст кој го поддржуваат, и на неговото поставување на сцена или филмско платно. Изложбата е обид да се направи една поинаква перцепција на текстовите, кои се карактеризираат со комплексност и
Буре барут, 2000, Сент Етјен, Франција Theater du Parc d'Andrezieux, режија: Louis Bonnet 70
ПОРТА
25 декември 2015
Друга страна, 2005, Касел, Германија Staatstheater Kasses режија: Gustav Rueb
aрт и дизајн
на драмскиот текст
Друга страна, 2015, Солун, Грција режија: Elli Sarri
Утерус, 2009, Копенхаген, Данска Husets Theater режија: Alexa Ther повеќеслојност, и во нив се бара една линија која ги влече базичните недостатоци и апсурди на времето и контекстот, и која никако не престанува да биде актуелна и сеприсутна. Во своето творештво Дејан Дуковски има напишано 13 драми и три едночинки, а според неговите текстови се снимени пет долгометражни филмови. Статистички е најизведуван македонски автор. Неговите текстови се поставени насекаде во светот, од Европа, преку Русија и Јапонија до Америка. На изложбата ќе бидат изложени 70 плакати, кои се само дел од над 130 плакати дизајнирани Изгубени германци, 2014, Њујорк, САД. WhiteListed Theater режија: Теодор Петелов
Буре барут, 2002, Гдањск, Полска Theater Wybrzeze режија: Gracina Kania да креираат визуелно искуство од евидентираните 106 претстави и пет играни филмови. Некои од плакатите се дел од приватната архива на Дејан Дуковски, а останатиот дел се добиени преку соработка со архивите на тетарите низ светот, каде што биле 25 декември 2015
ПОРТА
71
Празен град, 2011, Келн, Германија Theater im Bauturm режија: Thomas Urlich
Друга страна, 2004, Копенхаген, Данска Plan - B Theater режија: Simon K. Boberg
изведувани претставите, како и соработка со сите оние што учествувале во нивната реализација. Плакатите се работени во периодот 1989-2015 година, и секој од нив претставува оригинално авторско дело на различен автор. Притоа, тие не се спореден елемент, туку секој автор добро го познава текстот и останатите концепти и акценти на претставата, и создавајќи го овој печатен театарски документ го потврдува фактот, дека создавањето на една претстава или филм и нивната презентација пред широката публика претставува сложен, колективен чин. Покрај плакатите за претставите поставени кај нас, ќе бидат изложени и плакати од многу други земји, Германија, Франција, Данска, Русија, Бугарија, Романија, Полска, САД, Грција, Австрија, Швајцарија, Финска, Хрватска, Словенија, Турција, Италија, Унгарија, Шведска... создавани во текот на повеќедецениска работа. Изложбата нуди можност публиката одблизу да се запознае со графичките решенија инспирирани и конципирани за текстовите што веќе имала можност да ги види на сцените од нашите театари. n
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
72
ПОРТА
25 декември 2015
ПОРТА
празнично инфо
Рестораните на „Мекдоналдс“ наскоро во индустриски стил?
Б
етонските маси и осветлувањето коешто ја менува својата сила во зависност од периодот на денот, се елементи во ентериерот на новиот „Мек“ во Хонг Конг, којшто можеби ги најавува промените во ентериерот на овој познат ланец на брза храна. Навикнати сме ентериерите на „Мекдоналдс“ да делуваат топло и комформистички, но, според новиот ресторан во Хонг Конг, може да дојде до голем пресврт. Новиот ресторан во Хонг Конг, чиј проект на ребрендирање е потпишан од консултантската агенција Landini Associates, е повеќе во индустриски стил којшто ќе им се допадне на
хипстерите. Што е веднаш забележливо се масивните бетонски маси, кои се поврзани со црни
дрвени столици поставени по должината на ѕидовите обработени со декоративна техника која ја имитира структурата на бетонски плочи. Покрај бетонот, од материјалите се појавуваат уште и цинкот и дабовото дрво, пишува Dezeen. Просторот делува потемно од она што сме навикнати во рестораните на „Мекдоналдс“. За тоа е „задолжено“ силината на осветлувањето: навечер светлата се позатемнети, а дење посветли. Новиот ресторан, исто така, е ослободен од препознатливите графички решенија. Новите графики се посмирени, поедноставни и покласични. Големата новина е дека кујната е целосно отворена за погледите. Порано, можевме само да претпоставиме што се случува во кујнскиот дел, а сега бургерите ќе бидат подготвувани пред вашите очи... односно, зад црвен плексиглас. Салатите, десертите и пијалоците сега се изложени во стаклени витрини за да клиентите имаат подобар преглед за она што се купува. Ваквите ентериерски решенија ќе се применуваат за почеток во Австралија, Кина и Сингапур.
Дрвените врати како главен градежен материјал
П
авилјон, кој привремено е поставен на улиците на Париз е направен од 180 дрвени врати. Circular Pavilion е ново креативно место во „градот на светлината“, коешто архитектонското биро Encore Heureux го дизајнира со намера во него да се одржуваат изложби, работилници, предавања и дебати. Овој павилјон е привремен објект и ќе биде демонтиран во почетокот на 2016 година и повторно монтиран во парискиот 14 дистрикт, како централа на спортско здружение. Примарниот градежен материјал - врати - се набавени од различни места. Некои од нив се добиени како вишок од аукционерски продажби, некои се последица на нефункционалноста бидејќи се направени погрешно а некои се преземени од градилишта, пишува Contemporist. Значи, Circular Pavilion е објект кој е целосно добиени од рециклирани ПОРТА
Божиќна елка на Демијан Хирст
Б
ожиќните празници се омиленото доба од годината, а престолнината на Велика Британија е во полн ек. Улиците, плоштадите, куќите, становите, кафулињата, продавниците и нивните излози секоја година во ова време доживуваат празнична транформација за да блеснат во полн божиќен сјај. Така е и годинава. Еден од најбогатите и најконтровезните британски уметници, Демијан Хирст, се придружи на празничниот караван и ја декорираше елката пред хотелот Connaught со своите препознатливи медицински мотиви. Така, деветметарската елка доби украси во облик на медицински ножици, снешко направен од огромни таблети, пилули и шишенца со пилули, а единствен украс во традиционален празничен дух се белите гулабици. Тимот од хотелот со одушевување ја дочека Хирстовата интерпретација на божиќната елка и верува дека и гостите на хотелот ќе го имаат истото мислење.
материјали. Освен фасадата, која е направена од дрвени врати, додека подот и преградните ѕидови се искористени од поранешен изложбен простор. Што се однесува до ентериерот, дрвени столици, кои се речиси единствениот мебел во павилјонот, се земени од депонија, поправени, префабрикувани и повторно ставени во употреба. Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
ПОРТА
хортикултура
Дизајн на мала градина Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.
В
о услови кога сме ограничени со просторот на градината во поглед на димензиите, потребна е голема креативност за да се изгради совршена градина. Единствена предност на малите градини во однос на големите, е тоа што границите на површината визуелно се видливи, а со тоа имаме јасна слика за формата на градината, што значи дека имаме можност за создавање на уникатно дело. Во пејзажниот дизајн на малите простори важно е да се обрне внимание на приспособувањето на површината што ја имаме на располагање, со желбата и намената на градината во иднина. Па така, со оглед на ограничениот простор се јавува потребата од повеќе содржини во градината, како детско игралиште, двор за одмор со најблиските, летна кујна, работно катче итн., се раѓа идејата за изработка на мултифункционален простор. Во ваквите градини со ограничени димензии добар ефект се постигнува со разделување на просторот на различни нивоа, со што се создава визуелно чувство за поголема длабочина на просторот. При изборот на растенијата, исто така треба да се посвети големо внимание, особено на максимални димензии на растенијата кои би ги достигнале во иднина, како и условите во градината во поглед на светлина и влага да одговараат за конкретните растенија. Доколку градината е со многу мали димензии, не е препорачливо да се користи едно големо дрво, поради тоа што ќе го покрие целиот простор под сенка, а воедно ќе доминира во целата композиција. За вакви градини најпрепорачливо е да се користат грмушести видови. Во градењето на градината многу важен избор паѓа на боите на растенијата, павер елементите и урбаната опрема. Композициите изградени по принципот на контраст помеѓу светли и темни растенија може да создадат одлична слика. При изборот не треба да се ограничуваме во поглед на нијансите на боите. Со боите може да се постигне чувство на топлина и свежна. Од друга страна, топлите тонови може да влијаат на промена на чувството на димензиите на градината. Ладните тонови во сива и сина нијанса создаваат визуелно чувство дека просторот е поголем. Најголема грешка која се прави при дизајнирање на градини со мали димензии е 76
ПОРТА
25 декември 2015
хортикултура желбата да се искористи што е можно поголем спектар на бои. Во тој случај настанува хаос во градината. Најдобра опција е да се изберат две до три бои, кои би биле носечки и тие да претставуваат главна тема на композицијата. При дизајнирањето на малите градини треба да се внимава и на деталите што се користат, бидејќи овие градини се во еден поглед видливи, па затоа и најмалите недостатоци се впечатливи. Користењето на павер елементи како мали плочи или калдрма создаваат чувство на поголема пространост. Во поглед на изборот на растителноста, како и кај големите градини и тука вегетацијата треба да се селектира во однос на основните услови кои ги нуди месторастењето, пред сè климата. Препорачливо е да се избегнува користење на видови кои со текот на времето достигнуваат димензии со кои „ќе ја надраснат“ градината. Исто така, доколку просторот за садење во овие градини е ограничен, може да се користат и садови. Во овие садови може да се одгледуваат речиси сите растенија, како декоративни грмушки, треви, перени. Со правилен избор на боја и форма на садовите тие може да претставуваат акцент во градината. n
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА