ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
265 ФЕВРУАРИ 2018
Зошто не треба да го заштитиме „Скопје 2014“? Новите императиви на вертикалниот транспорт – поефикасно и „позелено“ Архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 265 ПЕТОК 23.2.2018 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, За новите трендови и технологии кај облакодерите „Порта 3“ пишуваше во минатиот број. Во овој број, нашиот фокус е токму вертикалниот транспорт во нив. На оваа тема, разговараме со една дама чија професионална преокупација се лифтовите, и тоа ни помалку ни повеќе туку токму во облакодерите во САД. Д-р Магдалена Крстаноски, е една од многуте наши стручњаци кои го нашле своето место надвор од земјава. Ако некогаш нашите иселеници во САД како градежни работници го оставале своето здравје на скелињата од бројните облакодери, денес „продаваме“ инженерска креација. Зошто не треба да го заштитиме „Скопје 2014“? Проектот посегна по архитектонските дела од претходниот период, сакајќи да ги избрише сите траги од архитектонското творештво на 20-тиот век, главно делата на познати архитекти кои ја создаваа модерната во пред и постземјотресно Скопје. Грешките во архитектурата тешко се коригираат, а во урбанизмот се скоро непоправливи. Потребно е многу повеќе од креативно преобликување, од причина што архитектурата и урбанизмот се сериозна, егзактна наука, а не Евровизија и естрада, ниту забавен парк во кој градбите постојат за туристите да се сликаат покрај нив. „Архитектурата треба да биде нешто што ви дава задоволство, удобност и визуелно задоволство. Јас секогаш ја
бранам висококвалитетната скулптурална архитектура, но скулптуралната архитектура која има значење. Ако само го измислите обликот таа нема да има значење само по себе“, вели во ексклузивното интервју, Еинар Јармунд, основач на норвешкото архитектонско биро JVA. Според него, архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи. Законот за градење се менува бесконечно пати со брзина на светлината. Урбанистички проекти не постојат, што е многу опасно за градовите. Сведени се на планови изготвени по имотни парцели по диктат на нарачателот, најчесто државата. Релациите со КОАИ се главно формални, авторските права не само што не се почитуваат, не се ни третираат. Минимална загарантирана вредност на инженерските услуги не постои, со што се девалвира професијата, а квалитетот на проектите е на сè пониско ниво. Големи проектантски бироа за жал не постојат, систем на вредности нема. Да се живее за архитектура и од архитектура се две крајности кои малку имаат врска една со друга. Сјајни, ’рѓосани или обоени, металите може да се користат, како структурно така и декоративно во вашата градина. Во поново време постои голема примена на металот за уредување во градините. Притоа се користат челик, алуминиум, цинк, месинг, бронза, бакар и слично. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница RABOOT TOURIST CABIN OKSTINDAN, NORDLAND, НОРВЕШКА
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
265 ФЕВРУАРИ 2018
Зошто не треба да го заштитиме „Скопје 2014“? Новите императиви на вертикалниот транспорт – поефикасно и „позелено“ Архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
90 ДЕНАРИ
АРХИТЕКТ ЈВА (JVA) ФОТО JAN INGE LARSEN
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
СТАВ 8
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА ГО ЗАШТИТИМЕ „СКОПЈЕ 2014“?
ГРАДЕЖНИШТВО 12
НАЈГОЛЕМ КОНСТРУКТИВЕН ОБЈЕКТ ВО ДРЖАВАТА
АРХИТЕКТУРА 18
АРХИТЕКТУРАТА Е ФИЗИЧКА МАНИФЕСТАЦИЈА НА РАЗЛИЧНИ НЕШТА И ИДЕИ
24 46
36
АРХИТЕКТУРА 24 УРБАНИЗАМ 36
ОД ИНДУСТРИСКА РУИНА ДО ЛУКСУЗНА УРБАНА ОАЗА
ИНТЕРВЈУ 46
РЕПОРТАЖА 50
ГРАД - ДЕЛ ОД СВЕТСКОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
УМЕТНОСТ 62
СКУЛПТОР ВОДЕН ОД РАКАТА НА СТРАСТА И ИНСПИРИРАН ОД МЕТАЛНИОТ ОТПАД
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
СО ОГРАНИЧЕН БУЏЕТ ДО БОГАТА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА
НОВИТЕ ИМПЕРАТИВИ НА ВЕРТИКАЛНИОТ ТРАНСПОРТ – ПОЕФИКАСНО И „ПОЗЕЛЕНО“
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ
50
42 62
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 25.1.2018 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Дубаи ја добива најголемата електрана на отпад во светот
ајголемата електрична централа на отпад во светот, во вредност од 680 милиони американски долари, ќе биде изградена на површина од два хектари во индустрискиот дел на Дубаи. Работите ќе започнат оваа година, а електраната би требало да почне со работа во октомври 2020. Оваа централа ќе обработува над 60 % од цврстиот градски, комерцијален и индустриски отпад, што претставува количина од 5.000 тони на ден. Инсталираниот капацитет на централата е 185 MW, со што може да се обезбеди енергија за 120.000 домаќинства, еквивалентно на 2.000 облакодери Бурџ Калифа. Материјалите кои ќе останат несогорени, односно во вид на пепел ќе се користат како градежен материјал, а за третман на отпадните гасови ќе се користи најмодерна технологија, со минимален импакт врз квалитетот на воздухот. Оваа електрична централа е само дел од „Стратегијата за чиста енергија на Дубаи“, чија цел е да се обезбеди производство на 75 % енергија од „чисти“ извори во вкупното производство до 2050 година. Исто така, оваа постројка е дел и од планот на градот за 2021 година, во насока на создавање одржливо и паметно резиденцијално и бизнис-средиште.
Н
Град Скопје со експерти од ЕУ прави нова Студија за еколошки јавен превоз рад Скопје заедно со експерти од ЕУ работи на детална студија за развивање на нов и еколошки концепт на јавниот сообраќај. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов очекува студијата да биде готова до септември годинава и треба да го понуди концептот на транспорт на градот што ќе служи во наредните 20 до 30 години. „Јавниот сообраќај е рак-рана на градот. Јасно ми е зошто граѓаните не сакаат да го користат. Во 2018 година се возиме на автобуски линии од 1984 годна. Првата фаза е завршена. Имаме изработено работна верзија. Проектот е готов и неделава ќе се разгледа за да се изработи студија“ вели
Г
6
ПОРТА
23 февруари 2018
Шилегов. Тој додаде дека „кинеските автобуси за кои беа платени 60 милиони евра не се функционални ниту според капацитетот на патниците, а уште помалку според еколошките стандарди”.
Сепак, тоа што за јавноста и натаму останува отворено прашање е дали некој ќе понесе одговорност поради набавувањето на дизел автобуси со ЕВРО 4 за дополнителни емисии на цврсти честички во и онака загушениот град.
Истражување: Загадувањето на воздухот влијае на здравјето на неродените бебиња ногу истражувања во последните неколку години покажале дека загадувањето на воздухот влијае на помалата телесна маса кај новороденчињата, што може да предизвика трајни последици по нивното здравје. Последното истражување во оваа низа доаѓа од Лондон. Мирел Толедано од „Британскиот медицински журнал“ кој го спровел истражувањето, вели дека е неприфатлива ситуацијата кога факторите кои негативно влијаат врз бебињата се надвор од контрола на идните мајки. Имено, нема сигурни начини бремените жени во градовите да го избегнат хроничното изложување на загаден воздух. Студијата опфатила 540.000 живородени деца од Лондон и ја потврдила поврзаноста помеѓу лошиот квалитет на воздухот кој го вдишувала мајката и малата телесна маса на новороденчето (под 2,5 kg). Научниците укажале дека секои 5 микрограми загадени честички во кубен метар воздух, носи ризик од 15 % за мала телесна маса. Просечната изложеност на трудниците во
М
Лондон е 15 μg/m3, што придонесува за сериозна присутност на споменатиот ризик. Загадувањето кај новороденчињата може да предизвика неразвиеност на белите дробови, но и на мозокот. Со години, загадениот воздух е причина за предвремена смрт кај голем број деца, но и возрасни.
Виена со право е еден од најчистите градови – – Во 2017 година, 7.400 казни за непрописно постапување со отпад
Г
радот Виена извести дека мобилните тимови кои го надгледуваат постапувањето со отпадот, во 2017 година наплатиле дури 7.400 казни. Се работи за тимови под името WasteWatchers, кои работат уште од 2008 година, и оттогаш до денес спровеле 64.000 службени налози, а само во 2017 дури 7.400. Паричната казна за непрописно постапување со отпадот е 50 евра, а од собраните средства се финансираат останатите мерки за чистење. Во моментот во Виена има околу 400 WasteWatcher-и, кои ги контролираат сите видови на загадување во јавниот простор, но и во водите. Благодарение на овој систем, за 10 години Виена бележи за 60 % помалку илегално фрлени ладилници, за 58 % помалку кабаст отпад, за 17 % помалку непрописно оставени колички за шопинг, и за 123 милиони помалку отпушоци. 23 февруари 2018
ПОРТА
7
став
Зошто не треба да го заштитиме „Скопје 2014“ посегна по архитектонските дела од претходниот период, сакајќи да ги избрише сите траги од архитектонското творештво на 20тиот век, главно делата на познати архитекти кои ја создаваа модерната во пред и постземјотресно Скопје. Грешките во архитектурата тешко се коригираат, а во урбанизмот се скоро непоправливи
Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.
„С
копје 2014“ е специфична појава. Се појави ненадејно, со политичка одлука. „Скопје 2014“ не е ниту архитектура, ниту урбанизам, ниту уметност, туку „него го создадоа војници на некоја анонимна легија“ како што рече професорот Ѓорги Константинов. Тоа е туѓо тело во градското јадро и ја навредува професијата архитект. За да бидам прецизна, во градот Скопје сигурно ќе најдеме аномалии и негативни појави и градби, нелегални и полулегални трансформации и во други временски периоди. Но, тоа не е исто со „Скопје 2014“. Тоа се само поединечни негативни појави во еден долгогодишен, дури повеќевековен, многу покомплексен архитектонски и урбанистички развој на градот, кој во основа ги следел главните постулати на архитектурата и урбаното живеење. „Скопје 2014“, почна да се реализира со
8
ПОРТА
23 февруари 2018
една видеоприказна, без урбанистичко-архитектонски проект. „Скопје 2014“ посегна по архитектонските дела од претходниот период, сакајќи да ги избрише сите траги од архитектонското творештво на 20-тиот век, главно делата на познати архитекти кои ја создаваа модерната во пред и постземјотресно Скопје. Грешките во архитектурата тешко се коригираат, а во урбанизмот се скоро непоправливи. Но за грешките во архитектурата на „Скопје 2014“ е веќе многу зборувано, затоа ќе се осврнам главно на грешките од урбанистички аспект и просторни деформации предизвикани од тоа што се градеше без урбанистички план, со сукцесивни и парцијални промени на деталните урбанистички планови. Направена е штета од секаков вид: просторен, функционален, безбедносен, естетски, финансиски и етички. Ќе почнам од најкапиталниот зафат – регулацијата на реката Вардар. Коритото на реката Вардар е оска на градот, а кејовите претставуваат парковско–рекреативна крајбрежна зона. Врвни експерти на Обединетите нации ја прогласија оваа зона во распон од 600 метри за забранета зона за
градба. Проектот „Скопје 2014“ ова не го испочитува и грубо ја наруши крајбрежната забранета зона, која имаше заштитен карактер за градот во случај на поплави и слични непогоди. Скопското кале е градба што ретко кој град ја има. Ако некој праша дали Скопје има свој белег, велам: „Да, Камениот мост и Калето, кои се на сите разгледници откако паметам.“ Денес, Скопското кале е со затворена визура од божем-барокни административни објекти сместени во подножјето, кое што требаше да биде парковски уредена површина. Старо-новиот театар е изграден врз основа на носталгични чувства, што не е вредносна категорија. Тој не е реплика на стариот театар, што можеби и би имало некакво оправдување, туку е објект со зголемен габарит кој не соодветствува на просторот. Освен што навлегува во забранетата зона покрај Вардар, не ги задоволува ниту прописите за пристап и паркирање кои треба да ги поседува ваков тип на објект. Сите објекти долж левата страна на Вардар ја узурпираат крајбрежната зона. Генерално, сите тие се без урбанистичка артикулација, сообраќајно се тешко пристапни, не им е решено паркирањето, си пречат еден на друг, имаат проблем со подземните води, што на долги патеки ги прави скапи за одржување и им го отежнува вршењето на основните функции за кои се наменети.
„Скопје 2014“?
Во тој контекст, особено е дискутабилна функцијата на Архивот и Археолошкиот музеј во кои постојат депоа со непроценливи археолошки артефакти и архивски материјали, за кои задолжително треба да постојат највисоки безбедносни мерки за заштита од поплава, пожар и слично. Не треба да се занемари и опасноста од високата сеизмичност на подрачјето на Скопје. Објектите од „Скопје 2014“ изградени по должината на левиоот брег на Вардар ги запираат визурите кон старата чаршија, Даутпашиниот амам, а објектите од капитално значење со модерна архитектура ги оставаат во заднина. Тука пред сè мислам на објектот на Македонска опера и балет (МОБ), проектиран од словенечката архитектонска група Биро 71, избран на југословенски државен конкурс. Овој објект заедно со објектот на Македонската филхармонија беше замислен во урбанистичкиот план како културен комплекс, кој требаше да се спушта кон реката Вардар и со пристап да се поврзе со кејот и градските случувања на шеталиштето. Објектот на Македонската филхармонија беше изграден како дел од „Скопје 2014“ и за среќа тој е граден како современ објект. За жал, еклектичките објекти од „Скопје 2014“ ја уништија идејата, така што сега и објектот на МОБ и објектот на Македонската филхармонија се херметички затворени, исклучени од реката и шеталиштето со редица божемнеокласицистички објекти, римски колонади и кич канделабри. Убавиот објект на МОБ, со
чиста, модерна и иновативна архитектура, Скопје го имаше пред Заха Хадид да се појави на архитектонското небо. За зградата на поранешниот Централен комитет на СКМ, сега Влада на Република Македонија, бардот на македонската архитектура и урбанизам, арх. проф. Петар Муличковски има добиено многу награди и признанија. Иронично, смешно и тажно е што објектот што го артикулираше македонскиот идентитет и беше инспириран токму од локалната вернакуларна архитектура, е преоблечен во една смешна верзија на „класицизам“, а сè со цел и во обид да се промени и потврди една поинаква перцепција за националниот идентитет. Се разбира, граѓаните не се препознаваат во таквата архитектура, па пејоративно го викаат „шампита“. Овој и останатите бројни објекти, нови и оние преоблечени во божемнеокласицистички фасади на десната страна на реката Вардар и во централното јадро на градот се дел од радикалното преуредување на градот, со исклучиво популистичка и манипулативна цел. Тие не ја почитуваат ниту урбанистичко-архитектонската наука и пракса, ниту пак ги следат социолошките потреби на граѓаните. Објектите на десната страна на Вардар ги имаат потполно истите проблеми како и оние на левата: се усложни и така сложената сообраќајна шема, се уништи парковското зеленило, се затворија визурите и струењата од Водно преку главната оска, од старата Железничка станица, преку улица „Македонија“, плоштадот, Камениот мост до почетокот на Старата чаршија, кои што беа потврдени од сите претходни урбанистички планови како многу значајни за градот. Плоштадот „Македонија“ се вовлекува и бега од реката, опкружен е со кичести зданија, во
кои предничи хотелот „Мериот“ и претставува херметички затворен простор, кој претпоставувам, на креаторите им создава чувство на виенска елеганција. Се разбира тој е далеку од елеганција колку што Скопје е далеку од Виена. Деградирани се постоечките објекти кои се архитектонски маркери на градот за одредени историски периоди: Арапска куќа и Поштата, која е еден од најзначајните претставници на модерната во Скопје. Споменикот „Воинот на коњ“ од визуелен аспект со својата големина не е адекватен на просторните можности, а Триумфалната порта е грд, ирационален и анахрон објект, поставен на потполно погрешно место, кој ниту слави триумф, ниту има оправдана намена и функција. Галии, ирационални мостови кои не водат никаде, скулптури, споменици, изобилство на урбанистички декор, сето тоа вознемирува и создава конфузна и изместена слика за градот Скопје. Според урбанистичката наука, урбаните плоштади се отворени јавни простори кои го одразуваат идентитетот на градот и културите на заедниците кои живеат во него. Со други зборови плоштадот е интегрирачки механизам на градот. Во современото живеење тој треба да обезбеди место за организирање јавни церемонии, политички активности, музички и театарски перформанси, место каде луѓето земаат здив од урбаната динамика итн. Зелените и водените површини на и околу плоштадот имаат освен естетска и еколошка функција, го подобруваат квалитетот на воздухот, ја намалуваат бучавата и урбаната жештина. „Скопје 2014“ промовира два плоштада, еден од десната и еден од левата страна на Вардар, кои наместо да интегрираат, ја продлабочуваат сегрегацијата меѓу заедниците кои живеат во градот. Плоштадот „Македонија“, со реализација на „Скопје 2014“, ги има изгубено сите горенаведени атрибути и очигледно е дека не ги задоволува функциите на централен градски плоштад. Њујоршкиот музај на модерна уметност МОМА, деновиве спрема изложба со која ќе ја одбележи југословенската модерна архитектура и уметност. Таа ќе ја прикаже и постземјотресната обнова на Скопје како еден од „возвишените моменти на интернационализацијата на архитектурата во периодот на студената војна“. Па така, тоа што „Скопје 2014“ најгрубо го сокри, ќе треба да одиме во Њујорк да го видиме. Затоа, денес кога во јавноста се поставуваат прашањата да се руши и дислоцира, или да се амнестира и заштити „Скопје 2014“, мора прво да го
23 февруари 2018
ПОРТА
9
поставиме прашањето: дали лузните нанесени на градското јадро на Скопје, што го прават нефункционално и небезбедно, може да се санираат, макар и делумно, со амнестија на изградената реалност која поништи сè што постоеше претходно? Дали тоа е можно само со креативно преобликување и кој ќе ја преземе одговорноста за евентуално загрозување на човечки животи предизвикани од небезбедните и непристапни објекти? Јас мислам дека е потребно многу повеќе од креативно преобликување, од причина што архитектурата и урбанизмот се сериозна, егзактна наука, а не Евровизија и естрада, ниту забавен парк во кој градбите постојат за туристите да се сликаат покрај нив.
ПОРТА
Сметам дека треба да се ангажираат многу стручни и искусни професионалци од земјата и од странство, со полемики и размисли за тоа што да се прави со „Скопје 2014“. Потребно е да се испитаат сите опции и да се бараат решенија, стручни и издржани, поткрепени со аргументи и научна анализа. Но, тоа не може да го прават архитектите и сите оние кои на кој било начин биле инволвирани во создавањето на оваа кардинална и криминална грешка. Што и да се прави во иднина со „Скопје 2014“, јасно е дека финансиска оправданост за тој зафат не може и не треба да се бара, од проста причина што нанесената штета е непроценлива.
Душанка Шуловиќ дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1964 година. Работела како проектант и урбанист во: l Републички завод за урбанизам – Скопје, l Завод за урбанизам – Битола, l- Дирекција за просторно планирање на Охридско-Преспанскиот Регион, l ГП Трудбеник – Охрид, l Македонијапроект – Скопје. Автор е на: основни и детални урбанистички планови на повеќе градови и општини во Република Македонија, идејни и главни проекти на бројни архитектонски објекти, како и конкурсни трудови. Добитник е на: Првата награда за архитектонско – урбанистичко решение на ул. „Максим Горки“ – Скопје (1989), Големата награда на БИМАС 2000 на ААМ за деловен објект на аголот на ул. „27 Март“ и „Максим Горки“, откупни награди за урбанистичко архитектонските решенија на „Словенска плажа“ – Будва (Црна Гора, 1982) и центарот на Зеница (Б и Х, 1985).
ПОРТА
став
ЦЕНОВНИК ЗА НАДОМЕСТОКОТ НА ИНЖЕНЕРСКИ УСЛУГИ
Господа, кармин на крај се става Насилството на новиот капитал сè повеќе го стеснува креативниот простор на архитектите, но и на останатите инженери, сведувајќи ја архитектурата и урбанизмот на услужна дејност, оглупена и симплифицирана. Сања РАЃЕНОВИЌ ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. ие инженерите мора да бидеме свесни дека веќе не постојат големи идеи, големи бироа, квалитетни институции кои можат да нè заштитат или зад кои можеме да се сокриеме. Постои единствено став, стручност, знаење, лична одговорност и професионален морал зад кои треба да застанеме. Нам ни се случи на очиглед на сите „Скопје 2014“, при здрав разум и отворени очи. Не случајно, како упад во центарот на градот, архитектура која се брани од архитектите. Ни се менува Законот за градење бесконечно пати со брзина на светлината. Урбанистички проекти не постојат, што е многу опасно за градовите. Сведени се на планови изготвени по имотни парцели по диктат на нарачателот, најчесто државата. Релациите со КОАИ се главно формални, авторските права не само што не се почитуваат, не се ни третираат. Минимална загарантирана вредност на инженерските услуги не постои, со што се девалвира професијата, а квалитетот на проектите е на сè пониско ниво. Големи проектантски бироа за жал не постојат, систем на вредности нема. Да се живее за архитектура и од архитектура се две крајности кои малку имаат врска една со друга. Комората на овластени архитекти и инженери, КОАИ, се соочува со истата состојба. Невозможно е КОАИ да биде во различна ситуација од општото ниво. Денешните проектанти, па и критичари на архитектурата (ако вториве воопшто и ги има), боледуваат од хроничен недостаток на авторитет. Во изминатите години струката го уништи својот авторитет, а младите не се во можност да ја пополнат настанатата празнина, ниту имаат каде да работат и да го печат занаетот. Проектите кои се изработуваат главно се основни проекти како би се добило Одобрение за градење, а
Н
12
ПОРТА
23 февруари 2018
потоа со многу анекси и измени на лице место се завршуваат објектите. Останатите фази во проектирањето и изведбата (конструкција, електрични, машински инсталации итн.) кои неминовно ја следат архитектурата (во нормални услови се интегрираат, дополнуваат и придонесуваат во квалитетот) слепо се повинуваат на зададените услови. Го користат сработеното во зависност од личната потреба, некогаш го презентираат како технички дострел, а некогаш за него самите себе се амнестираат тврдејќи дека, замисли, ама нив архитектурата не ги интересирала каква е, бидејќи не се архитекти, нели! Во меѓувреме инженерите за инсталациите може и земале некој процент за предложената или продадената опрема во објектот, па така проектот може и да не го наплатат воопшто. И така караванот проаѓа, а градителската пракса е оптоварена со незрелост на струката. Политиката за архитектура не знае ништо, ама ја сфаќа како убава слика, па си мисли дека знае и може, но за останатите инженерски фази јасно и е дека не знае, ама се прави дека разбира. Денешниот инженер е анонимен и општествено запоставен. На површина испливуваат некои инженери, продадени и купени за грст денари, недоволно стручни, но упорни и без трошка самокритичност. Изработуваат проекти (за многу мали пари) чии објекти на лице место покажуваат милион недостатоци. Инженерите работат за 200-300 евра месечно, а и тие не ги земаат редовно, па така стабилни фирми со квалитетни тимови нема. Младите архитекти заглавуваат како столари во реновирање на станови, на оние малку поимотните, кои се подготвени да потрошат многу пари за лустери и фотелји, но не и за проект. Во недостаток на вистинска архитектура еуфорично раскажуваат за прекрасниот дизајн во станот, но брзо спласнува првичниот восхит, а во меѓувреме
треба од нешто и да се живее. Идеално време за неквалитетни инженери кои длабоко во себе знаат дека само ова е нивната шанса (тоа никогаш нема да го признаат) и за ништо на свет нема да попуштат за нештата да се променат, бидејќи правилно и не можат и не знаат да функционираат. Насилството на новиот капитал сè повеќе го стеснува креативниот простор на архитектите, но и на останатите инженери, сведувајќи ја архитектурата и урбанизмот на услужна дејност, оглупена и симплифицирана. Архитектурата и урбанизмот сè повеќе се занимаваат со што повеќе м2 простор за што помалку пари. Профитот и интересот на поединци е единствено мерило. Местото кое некогаш го заземаше архитектурата, денес го зазема акумулацијата на градежен материјал. Профитот до кој често се стигнува и со корупција по сите нивоа: урбанист, референт, инспектор, градоначалник е најчест редослед. И така останавме без континуитет и инженерски кадар. Во овие услови единствена институција околу која архитектите и инженерите можат да се консолидираат и направат нешто, како за стручноста, така и за самите себе, за својата работа е КОАИ. Меѓу другото КОАИ и со закон е обврзана да ја заштити, негува, поддржува инженерската професија и овозможи минимална загарантирана вредност на инженерските услуги. КОАИ пред некој месец прослави 10-годишнина од постоењето. А во меѓувреме, овие 10 години, КОАИ брои 3000 инженери, годишно издава околу 200 нови овластувања. Годишната членарина од 80 ја намали на 50 евра. Голем број од инженерите во телата и органите на Комората се исти луѓе кои се ротираат на позициите, главно професори или бирократи, политички кадар, административци, а многу малку, речиси воопшто нема луѓе од пракса. КОАИ уште од
своето формирање е дел од Законот градење за кој е надлежно Министерството за транспорт, а со самото тоа е ограничена нејзината независност и самостојност. Комората издава овластувања за инженери А и Б. Според категоризација на објектите овластување А е потребно за објекти каде државата е инвеститор и за покомплексни и посложени градби. Додека Б овластување покрива помалку сложени објекти и објекти каде инвеститорот е приватен. Во почеток неопходно беше да се издадат и двете овластувања за Ѝ да се приложат во зависност од категоријата на објектот. По некоја година тоа се промени и се случи логичното, овластување за повисока категорија објект може да покрива објект од пониска категорија. Што значи дека овластување А покрива и работи за со овластување Б. Лиценците за работа на фирмите кои се издаваат врз основа на инженерските овластувања ги издава Министерството за транспорт, што е уште еден показател на несамостојноста на КОАИ. За овие 10 години КОАИ успеа да се формира, организира симпозиуми, предавања, организира меѓународни посети и соработки со коморите во регионот и Европската комора. Комората издаде публикации, монографија, списание, што е се за поздравување, но господа, кармин на крај се става. Одделението за архитектура при КОАИ (и авторот на овој текст е член на Одделението за архитектура при КОАИ) во септември 2017 г. формираше Работно тело – К1 во состав Веселинка Герасимовска, Благојче Цветановски, Сашо Блажевски, Никола Велковски и Сашко Иванов, со задача да работи на реформата на „Законот за градење“ и донесување на „Ценовник за надоместокот на инженерските
услуги“. Цветановски, член на К1 зборува за работењето на групата: „Одделението на архитекти во Комората ја назначи одделенската Комисија за законодавство, а членовите со задоволство прифатија да работат без надомест за сработеното. Работното тело К1-архитектура изготви Извештај што е презентиран пред Одделението на архитекти, и тој е усвоен и доставен до Управниот одбор на 6 декември 2017, за понатамошно разгледување. Како главна поентa од целокупната работа, лесно може да се заклучи дека членството на Комората, преку своите предлози, инсистира на потребата од итно донесување на Ценовник за инженерски услуги, каде ќе бидат пропишани: минималната висина на надоместокот за извршените инженерски услуги; минималната нето-плата на архитектите и инженерите и механизмите за спроведување на одредбите на Ценовникот. Од друга страна, Собранието на Комората согласно член 109 од Законот за градење има обврска која не ја исполнила изминатите 10 години, односно не донело Ценовник за услуги. Годишното Собрание на Комората во февруари/март 2018 година е одлична можност да се исполни законската обврска, но уште повеќе обврска кон членовите на Комората што делегирале свои претставници и да се донесе Ценовник за инженерски услуги“. Сашо Блажевски кој исто така е член на К1 вели: „Состојбата во Комората е одраз на вкупната ерозија во општеството. Иницијативите за донесување на Ценовник и попрецизно вреднување на инженерскиот труд, и покрај сите напори од страна на членовите во Одборот на архитекти – сè уште немаат добиено правна форма и се со неизвесна иднина. Во моментов
Ценовникот е во фаза на Предлог-ценовник текстуален дел и XL табела - оперативна алатка за полесно пресметување. Документите се предадени до Управниот одбор на Комората кој има задача да ги проследи за мислење и предлози до останатите одделенија. Последна фаза за донесување на овој Ценовник во рамки на Комората би било негово гласање на Собрание на Комората. - Повторно, идентификуваните проблеми и конструктивните предлози сè уште не се процесирани - поради пасивност од останатите учесници во креирањето на оваа материја. Сметам дека овој тренд на пасивност и неактивност само ја влошува и девалвира инженерската струка. Доколку оваа атмосфера продолжи и оваа година - јас не го гледам моето место ниту како член на Собранието, ниту како член на Комората.“ разочаран е Блажевски. Бидејќи времето истекува како песок низ прсти, ние сами мораме да си го решиме проблемот и да се избориме за своето место под сонцето, за да едноставно имаме од што да живееме и да не се претвориме во евтини заверувачи и цртачи на туѓи проекти, а кајмакот да го земаат консултанти праќани од странство. И на крај да ни праќаат техничка помош во инженерски кадар како на неразвиена земја. КОАИ само треба да го исполни она за што е и со закон обврзана. Од некаде мора да се почне, па макар тој ценовник бил донесен и на ниво на КОАИ. Дури и „само“ тоа на инженерите ќе им овозможи аргумент врз основа на кој ќе се вреднуваат нивните услуги. А КОАИ ќе биде силна, значајна и почитувана институција која ги штити, вреднува и цени своите членови. Ќе го добие своето високо место во општеството кое природно и и припаѓа.
ПОРТА
градежништво
„МЕЃУНАРОДЕН AЕРОДРОМ - СКОПЈЕ“
Најголем конструктивен објект во државата За објектот e спроведена анализа со гравитациски и сеизмички товари согласно важечките технички прописи и тоа: статичка тродимензионална анализа на објектот, како и квазидинамичка анализа на носивиот конструктивен систем за реални сеизмички дејства за дадената локација на село Петровец
м-р Влатко КОЦЕВСКИ, дипл. инж. арх. „Статика 001“ еродромот „Александар Велики“ во Скопје го претставуваат три независни функционални целини и тоа: терминална зграда за патници, објект за карго-товари и објект за ППЗ-заштита на аеродромот. 14
А ПОРТА
23 февруари 2018
Oд овие три објекти, најимпозантен од конструктивна гледна точка е токму терминалната зграда, која во основа е 201 m х 109 m, поделена на 8 осум ламели. Зградата е со подрум, приземје и кат, со максимална кота на венец од +17.30 m. Во статичка смисла, секоја од ламелите претставува армирано-бетонска скелетна конструкција, покриена со челична просторна решетка од цевкасти профили над основата на
самиот објект и челична конзолна конструкција со распон од 10.00 m како натстрешница над самиот влез на објектот. Модуларната мрежа на АБ-конструкцијата е 9 х 9 m, додека таа на челичната е 18 х 18 m. Фундирањето е спроведено со армирано-бетонска темелна плоча со контрафори. За вака проектираната конструкција на објектот, спроведена е анализа со гравитациски
и сеизмички товари согласно важечките технички прописи и тоа: статичка тродимензионална анализа на објектот, како и квазидинамичка анализа на носивиот конструктивен систем за реални сеизмички дејства за дадената локација на село Петровец. Аеродромот е димензиониран
да издржи земјотрес со амплитуда од 10 степени според Меркалиевата скала. Објектот на аеродромот е проектиран така што ќе може да обезбеди лесен утовар и истовар на товарот, додека во магацинскиот простор, ќе може да се складираат карготоварите. Oбјектот е со димензии во основа од 76 х 38 м со вкупна бруто-површина од околу 3.750 m2. Тој е со катност Пр+2 (+0.00 m, +2.75 m и
+5.80 m). Кровната конструкција е челична просторна решетка со максимална кота на венец +11.60 m. Објектот за ППЗ-заштита на аеродромот е ламела поделена на два блока со меѓусебна термичка дилатација. Димензиите во основа на 23 февруари 2018
ПОРТА
15
првиот блок во кој се сместени канцеларии, простории за престој, кујна итн. се 17.0 х 16.80 m со вкупна бруто-површина од околу 860 m2. По висина, првиот блок содржи три нивоа и тоа (+0.00 m, +4.20 m и +8.40 m). Во вториот блок е сместена гаражата за противпожарните возила, којашто е со димензии во основа 38.90 х 12.50 m и вкупна бруто-површина од околу 490 m2. Овој блок се состои од приземје (+0.00 m) и кровна челична просторна решетка на ниво +5.40 m. Терминалната зграда е најимпозантен објект од овие три објекти од конструктивна гледна точка. Се состои од осум независни блока, дилатирани меѓу себе со термичка дилатација. Таа е со вкупен габарит од 198 х 90 m во основа и вкупна бруто-површина од околу 52.000 m2. Зградата е со четири нивоа и тоа подрум (-5.50 m кој е уреден како технички простор, приземје (+0.00 m) наменето за доаѓања и заминувања на патници, прв кат (+5.50 m) кој е предвиден за канцеларии, додека вториот кат (+9.40 m) е резервиран за мали кули во кои е обезбеден простор за механичка соба. Оваа зграда е со максимална кота на венец од +17.30 m. Врската на оваа зграда со авионите е остварена преку неколку мостови за патници. Овие мостови се состојат од три ката со скали и конекција што ги поврзува со терминалната зграда. Во статичка смисла, секоја од осумте ламели, претставува армирано-бетонска скелетна конструкција, покриена со челична просторна решетка. Првата ламела од терминалната зграда е составена од пет рамки во „х“ правец и седум рамки во „у“ правец, ортогонално поставени меѓу себе на растојание од 9.00 m во двата правца во подрумот и приземјето, додека на првиот и вториот кат, распонот е двојно поголем, односно тој изнесува 18.00 m. Во тој контекст, усвоени се столбови со димензии во попречен пресек 60 х 60 см, 60 х 80 cm, 80 х 80 cm, 60 х120 cm и 80 х 120 cm, константни по цела висина на објектот. АБ-платформите до ниво +9.40 m се изведени
16
ПОРТА
како армирано-бетонски касетирани конструкции. Примарните АБ-греди се со димензии во попречен пресек 120 х 80 cm, 100 х 80 cm, 100 х 70 cm, 80 х 70cm и 60 х 70 cm, додека секундарните АБ-греди се со димензии во попречен пресек 40 х 70 cm. АБ-плочата е со дебелина од 15 cm. Предвидени се и АБподрумски ѕидови кои се со дебелина од 40 cm. Фундирањето е спроведено со армиранобетонска темелна плоча од 40 cm со контрафори од 80 см по должина на „х“ оските под столбовите. Сите армирано-бетонски конструктивни елементи се проектирани со марка бетон МБ30, додека за арматура е предвидена ребраста арматура, тип РА400/500-2. Кровната конструкција е всушност челичен просторен решеткаст носач со пад од 6.2 %, поради што висината на столбовите од АБконструкција варира во зависност од кровната конструкција. Челичната просторна кровна решетка составена е од цевкасти профили и е потпрена на секои 18.00 m врз зглобни челични лежишта. Притоа над самиот влез од објектот таа
конзолно се испушта како натстрешница со распон од 10.00 m. Инаку просторната решетка е со константна висина од 2.121 mm, додека нејзиниот карактеристичен модул е 3.000 mm. Врз просторната решетка налегнуваат челични рожници од „U“ профил 130/60/3 поставени на максимално растојание од 3000 mm. Кровната конструкција е пресметувана на постојани товари, товар од снег и ветер, од вертикални сеизмички сили, како и од температурно влијание. За вака проектираната армирано-бетонска конструкција на објектот, спроведена е анализа со гравитациски и сеизмички товари, согласно важечките технички прописи и тоа: статичка тродимензионална анализа на објектот со помош на методот на конечни елементи. Сеизмичките сили пак се добиени со динамичка анализа и современите сознанија за однесување на ваков вид објекти во сеизмички региони, при што се користени сеизмичките параметри за проектирање добиени од страна на ИЗИИС Скопје. Применувајќи го моделирањето со концентрирани маси, кое претставува
концентрирање на дистрибуираните карактеристики на карактеристичните нивоа, извршена е нелинеарна динамичка анализа со примена на соодветен катен билинеарен модел. Притоа се користени четири различни видови земјотреси (El Centro N-S; Petrovats, Oliva N-S; Izmit N-S) со влезно забрзување од аmax=0.40g. Тоа значи дека објектот од асеизмички аспект, а според важечките стандарди кај нас, е третиран за повратен период од 475 и 1000 години и експлоатационен период од 100 години. Сеизмичката сигурност на објектот се дефинира преку линеарните и нелинеарните деформации предизвикани од сеизмичкото дејство, од една страна, и
капацитетот на деформации на конструктивниот систем кој може да ги поднесе, од друга страна, односно сигурност претставена преку дуктилното однесување на пооделните катови на објектот. Максималните апсолутни поместувања и максималните релативни катни поместувања добиени со динамичката анализа се помали од дозволените поместувања според прописи за ваков вид на објекти. Како краен заклучок на изведената статичка пресметка и сеизмичка (динамичка) анализа е дека вака проектираната конструкција на терминалната зграда поседува доволен капацитет на механичка отпорност, носивост и деформабилност, односно дека нејзиното динамичко однесување е во согласност со поставените проектни критериуми.
23 февруари 2018
ПОРТА
17
архитектура
ЕИНАР ЈАРМУНД, ОСНОВАЧ НА НОРВЕШКОТО АРХИТЕКТОНСКО БИРО JVA
Архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи ФОТО: NILS PETTER DALE
ПОРТА
Архитектурата треба да биде нешто што ви дава задоволство, удобност и визуелно задоволство. Јас секогаш ја бранам висококвалитетната скулптурална архитектура, но скулптуралната архитектура која има значење. Ако само го измислите обликот таа нема да има значење само по себе
ФОТО: NILSPETTERDALE
Dune House
инар Јармунд, еден од основачите на норвешкото архитектонско биро ЈВА (JVA), во текот на октомври 2017 година престојуваше во Белград како предавач на конференцијата САЕЕ. Архитектурата ја посматра како средство кое ги поврзува човекот и природата, со јасен фокус на квалитетот на архитектонското проектирање и изведба, со јасна претстава за себе како архитект и за еволуцијата на својата професија во текот на својата кариера.
Е
м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (СРБИЈА) Кој е Вашиот архитектонски пристап? n Некој еднаш ја поистоветил улогата на архитектот со улогата на детектив, архитектурата мора да се создаде од нешто, од случај каде што има ситуација и заплет. Резултатот којшто ние го сакаме треба да биде шокантен и очигледен на некој начин. Да изненадува и во исто време да биде очигледен. Кога ќе погледнете би требало да кажете „да, разбирам зошто е тоа така“. Ние во бирото ЈВА веруваме дека архитектурата треба да има способност да биде повеќе нешта во исто време, шокантна и очигледна. Дали одржливиот пристап на архитектурата доаѓа како барање на клиентите или тоа е пристап на Вашето биро? n Се случуваат и двете ситуации, главно луѓето доаѓаат кај нас, бидејќи знаат што сме направиле, а имаат потреба да имаат одржлива архитектура. Главно, тоа не е нешто што мораме да ги убедиме да направат, тоа е секогаш дијалог, како и сè што ја прави архитектурата. Кога работите мал проект за семејна куќа, тоа е како да сликате портрет на 23 февруари 2018
ПОРТА
19
Gullesfjord Weight Control Station SplitHouse
една личност, пар или семејство. Имаме голема соработка со нашите клиенти бидејќи веруваме дека добрата архитектура не е само резултат на работата на архитектите, туку и соработка со клиентите.
Што работите во овој период? n Најмногу работиме станбени објекти поради малиот број станбен простор во Норвешка, а работиме и на проекти за кои не сме сигурни дали ќе се изградат или не. 85 % од становите во Норвешка се сопственост на станарите, така што главно работиме за градежни инвеститори. Најголем број од тие станови се продаваат пред да бидат изградени. Главно, се продаваат 60 % од становите пред да се изградат, ако не се продадат во тој процент, инвеститорот ќе има проблем.
20
ПОРТА
23 февруари 2018
што инвеститорите го сакаат затоа што нив ги интересира профитот. За да направите добра архитектура мора да инсистирате во квалитетни проекти и квалитетна градба, а понекогаш
поради тоа не можете да бидете во пријателски односи со изведувачите и инвеститорите. Во последните пет години на пазарот можеше да се понуди што било и тоа се продаваше веднаш.
Oslo International School
ФОТО: IVAN BRODEY
Можете ли да ни кажете нешто повеќе за архитектурата во Норвешка? n Во Норвешка има доста работа, многу се гради, особено станбени обејкти. Како и секаде во светот, има многу архитекти коишто не работат добро, а постои и одреден процент кои се многу добри. Тажно е што голем број добри архитекти не добиваат работа, главно лошата архитектура „собира“ се’, бидејќи се градат градби поевтини за инвеститорите. Тоа што може да се нарече добра архитектура не е тоа
ФОТО: NILS PETTER DALE
Што добивате од настаните како што е конференцијата САЕЕ (SAEE)? n Престојот на конференциите од овој тип е секогаш корисен. Пред сè на личен план бидејќи првпат доаѓам во Белград. Исто така, се запознав со колеги архитекти од цела Европа и имав можност да разговарам со нив за архитектурата. Морам да признаам дека прашањето за одржливост е многу тешко, бидејќи овој поим многу често се злоупотребува во архитектурата, затоа што многу градби се претставуваат како одржлива архитектура, иако не се.
Adm. Building Svalbard
ФОТО: CARL ERIK KIRLANDER
ФОТО: YVA
Во такви ситуации не се бара квалитет. Сега постојат одредени сигнали дека добрата архитектура добива повеќе простор.
Кога ја знаете ситуацијата и кога ги гледате пропуштените шанси можете да бидете револтирани.
Колку можете да разберете за општеството посматрајќи ја архитектурата? n Тешко можете да кажете нешто за архитектурата во Белград или во Србија бидејќи ги видов само постоечките објекти. Од норвешка перспектива, морам да признаам дека сум малку засрамен со толку многу ирелевантни проекти од Норвешка кои се реализираат низ светот. Има толку многу скапи проекти за туристи, како на пример тоалети со неверојатно високи трошоци, односно тоалетите претставуваат еден вид споменици, нешто што не ни треба. Таквиот пристап го сметам за генерален проблем во светот и во Европа. Верувам дека тоа не е најдобриот сигнал за тоа какво е норвешкото општество. Во исто време кога го гледам квалитетот на станбените објекти гледам дека техничкиот квалитет е прилично висок, додека нивото на квалитетот на проектирање е доста ниско, особено во споредба со земјите како Данска или Шведска.
Што мислите за стандардите за зелена градба како што се стандардите LEED, Bream или други? n Би одел далеку па можам да кажам дека многу од тие стандарди се корумпирани од страна на градежната индустрија, бидејќи ги наградуваат работите кои се добри за самата индустрија. На пример, можете да добиете многу висока оценка ако срушите корисна зграда и ја замените со нова структура које ќе трае 30-40 години и таа структура ќе има највисоки можни оценки поради најдобра изолација. Мораме да разбереме дека најодржлива структура е таа која веќе постои. Што претставува архитектурата за Вас? Архитектурата е физичка манифестација на различни нешта и идеи. Верувам дека нејзин многу важен аспект е посредување меѓу природата и човекот. Прашањето на удобност е многу битна работа, и сигурно најголеми достигнувања во последните сто години се
водоводот какав што го знаеме денес, топлата вода и тушот. Каде ја гледате архитектурата во следните десет години? n Верувам дека ако на момент ја изоставиме градежната индустрија, кога ќе успееме да ги надминеме фосилните горива дека ќе се спасиме. Тоа е наш проблем, кога би имале челична индустрија која работи на соларна енергија или авиони кои летаат на биогориво, тоа би било прекрасно. Мислам дека нам ни треба многу повеќе од десет години да го достигнеме тоа ниво. Архитектурата треба да биде нешто што ви дава задоволство, удобност и визуелно задоволство. Јас секогаш ја бранам висококвалитетната скулптурална архитектура, но скулптуралната архитектура која има значење. Ако само го измислите обликот таа нема да има значење само по себе. Кога одлучивте да бидете архитект? Отсекогаш сакав да правам работи како „лего“, „мекано“ или да лепам нешто. Сè тоа затоа што сакав нешта што се материјализирани, сакам практични работи. Myrkdalen Mountain Condominiums
ФОТО: NILS PETTER DALE
ПОРТА
ФОТО: SVEIN ARNE BRYGFJELD
Rabot Tourist Cabin
Секогаш многу се лутам кога проектите се откажани. Трошиме години на големи проекти и ако се откажат тоа е само губење време, на некој начин потрошен живот. Имаше период во нашето биро кога победивме на два конкурса во 2006 година и работевме три години на тие проекти, но тогаш поради финансиската криза беа откажани. Во периодот меѓу 2008 и 2011 година немавме ниедно градилиште, тоа беше еден вакуум, еден ужасен период. Каков студент бевте? n За архитектура мора да потрошите многу време, јас буквално потрошив десет години и знам дека првите три години бев многу лош студент и имав многу лоши проекти, всушност не знаев што работам. Мора да потрошите 10.000 часа за да станете нешто, било да сте виолинист или фудбалер. Тоа е околу 5 години за да ја научите која било вештина. Не можете да бидете добар архитект ако седите негде, се чешате и не знаете што работите. Речиси ќе ја изгубев трета година на студии, но во текот на четврта година сфатив дека треба многу време за архитектура.
Svalbard Science Center
ФОТО: NILS PETTER DALE
ПОРТА
Кога не се занимавате со архитектура, што работите? n Готвам, тоа можеби на некој начин е поврзано, бидејќи архитектурата е многу бавна работа. За архитектура ви требаат години, потребни се барем две години од првиот концепт до градба. За подготовка на храна ви треба многу малку време. Одите во продавница, готвите, јадете и тоа е тоа. Тоа е награда за вас. Ако е успешно тогаш тоа е убаво чувство, а ако не е тогаш сепак е во ред, бидејќи знаете дека утре можете повторно да готвите. Постои таа временска рамка која ја одвојува архитектурата од готвењето.
Steindalsfossen
Имате ли некоја неостварена архитектонска желба? n Ние веруваме дека секогаш сакаме да користиме најскромни материјали и да имаме најскромни барања за да направиме прекрасна архитектура. Тоа навистина го сакаме, не ви треба проект за опера за да направите прекрасен проект, тоа можете да го направите и ако вашиот сосед ве праша за уредување на гаражата. ФОТО: NILS PETTER DALE
Имате ли совет за младите архитекти, рековте дека имало голема невработеност кога вие сте почнале со работа и што можете да им порачате на младите архитекти коишто денес се без работа? n Пред сè, не го гледајте нивото на невработеност кога почнувате да студирате, бидејќи за пет или шест години тоа може лесно да се измени. Посветете се на архитектурата, посветете си десет години на најдобар можен начин, занимавајќи се со архитектура, обидете се да ги заобиколите големите компании и големите проекти. Гледав луѓе, пред времето на компјутерите, кои со години работат на проекти за плафон во само една зграда, и не ми делуваа баш среќно. Обидете се да бидете трпеливи, ние буквално почнавме од гаражи и проектирање кујни, секоја мала задача може да води до поголема. Почнете од она што можете да го добиете и не мислете си дека е катастрофа кога немате работа. Јас немав работа и секогаш сам ја барав.
Во текот на Вашата презентација забележав дека покривите на Вашите објекти немаат традиционален облик, туку често личат на стилизирани линии на планински врвови. Дали тоа намерно го посакувавте? n Некој во бирото направи шега дека ние проектот го започнуваме во облик на снежна топка, па потоа го изменуваме за да изгледа убаво. Мислам дека е во ред да кажам дека тоа беше почетен пристап во нашето биро. Тука во текот на конференцијата зборувавме со Ханс Мурман каква енергија имате кога почнувате, тогаш имате енергија дека можете сè да направите до најкомплексните работи, а кога ќе
достигнете зрелост тежите кон квалитет кој е поинаков од „квалитетот на мрзливоста“, работите нешто што се базира на искуство, а изгледа многу едноставно. Работиме на станбени објекти и јас сум многу среќен што немаме четири типа прозорци или 130 станови, пред дваесет и пет години би измислиле стотина прозорци за да бидат поинакви. Кога созревате, слоганот „помалку е повеќе“ станува сè повеќе точен. Работиме многу проекти кои се повторуваат, но се повторуваат на паметен начин. Работиме со системи кои можат да се прилагодат, користиме едноставни елементи кои ги комбинираме на различни начини. Нешто како лего коцки, на крајот на краиштата.
ФОТО: NILS PETTER DALE
Sørenga3
ПОРТА
aрхитектура
ФРАНЦУСКИ ЛИЦЕЈ ВО ЦИРИХ - НАЈДОБАР ОБЈЕКТ ЗА 2017 ВО ШВАЈЦАРИЈА
Со ограничен буџет до богата проектна програма
При составување на програмските барања и целосната реализацијата на објектот вклучени биле: управата на училиштето, кое е приватно, наставниците, учениците и родителскиот совет, а секако програмските барања се усогласени со програмите и стандардите на државните училишта во Швајцарија Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх. омбинираното училиште, Француски лицеј, во реонот Дубендорф во Цирих е прогласено за најдобар објект во Швајцарија за 2017 година. Одлуката, традиционално, беше објавена на 1 февруари. Во конкуренција за избор на најдобар објект за 2017 годината 24
К ПОРТА
23 февруари 2018
имаше 50 објекти, кои се прогласени за најдобри објекти на неделата во изминатата 2017 година. Гласањето и оценувањето се одвиваше во месец јануари. Во краткото соопштение при објавувањето на најдобриот објект за 2017 година во Швајцарија, е напоменато дека освен многуте архитектонски, функционални и естетски квалитети кои ги има објектот важно е да се напомене дека проектантите успеале со ограничен буџет да испроектираат и
реализираат училиште со многу разновидна и богата проектна програма.Училиштето, исто така, е сертифицирано согласно швајцарските стандарди, со највисокиот стандард на Минерџи – Екоодржливост. Проектант на објектот е Михел Губели, дипл. арх. ЕТХ – Цирих (Michel Gubeli Dipl. Arch. ETH) од компанијата Zuest Gubeli Gambetti. Програмските барања за училиштето се многу комплексни и разновидни. Ова
училиште е со капацитет за 1.000 ученици на возраст од 3 до 18 години и содржи просторни групации за градинка, основно училиште, средно училиште - гимназија, простории за исхрана (трпезарија и кујна), спортска сала, двобродна, со две игралишта,
заеднички хол - повеќенаменски и отворени површини – внатрешен двор за спорт, рекреација и престој на отворено. При составување на програмските барања и целосната реализацијата на објектот вклучени биле: управата на училиштето,
наставниците, учениците и родителскиот совет, а секако програмските барања се усогласени со програмите и стандардите на државните училишта во Швајцарија. Ова училиште е приватно. Како резултат на партиципативниот однос на сите учесници во
ПОРТА
реализација на овој објект (проектанти и изведувачи) и идните корисници, резултатот е видлив и може лесно да се валоризира, но секако треба да се напомене дека најзадоволни од реализацијата на овој објект се наставниците, учениците и управата на училиштето односно корисниците за кои е и изграден објектот. Училиштето е со нето-површина П=15.700,00 м2. Проектирано е од 2012 до 2015 година. Изградбата е завршена во јуни 2016 година, а пуштено е во употреба на 25 ноември 2016 година. Локацијата на училиштето се наоѓа на аголот на две сообраќајници, а другите две страни се граничат со две секундарни
ПОРТА
станбени сообраќајници и парковско зеленило. Многу одамна на локацијата постоел манастирски комплекс. Идејата на Михаел Губели за концептот на овој објект е инспирирана од неколку идеи водилики. -Прво, секогаш треба да се најде мерка што е соодветна за возраста на идните корисници и да се обезбеди доволно простор за движење. -Второ, со помалку пари треба да се изградат повеќе училишта. -Трето, меморијата на манастирскоит комплекс се поврзува со функционирањето на манастирот и училиштето, во еден затворен и ограничен простор треба да се
одвива целокупниот училишен живот, исто како и во манастирите. Самата форма на училиштето потсетува на манастирскиот комплекс со внатрешно затворено двориште. Објектот е проектиран во форма на буквата „П“ со три блока со различна висина. Кон улицата се ориентирани повисоките два блока, а кон парковското зеленило најнискиот блок. Во средишниот централен дел на локацијата е проектиран внатрешен отворен двор, кој е организиран со спортски терени и простор за престој на отворено, ориентиран со едната отворена страна кон паркот. Средишниот двор ги поврзува сите три блока и е најбрза внатрешна комуникација меѓу нив. Во целиот објект има и многу слободни простори, тремови во приземјето и отворени тераси на катовите. Градинката е сместена во најнискот блок П+1 и има посебен влез од сервисната улица преку трем. Градинката ги содржи сите простории од програмските барања и има посебен дел за игра на децата од претшколска возраст на отворено во средишниот двор, а исто така и простран трем ориентиран кон средишниот двор за игра на деца на отворено кога временските услови тоа го дозволуваат. Главниот влез во училиштето е од едната сообраќајница преку простран трем, кој се протега по целата должина на овој блок. Во приземјето на училиштето, освен градинката сместени се просториите за исхрана, кујна и трпезарија, канцелариите
Архитектот Михел Губели е роден во 1972 година. Од 1993 до 2000 година студира архитектура на Универзитетот ЕТХ Цирих, Швајцарија и Универзитетот Харвард , Кембриџ, САД. Во 2000 година дипломира на ЕТХ Цирих кај проф. Флора Рухат Ранцати. Од 2000 до 2010 година работи во повеќе проектански бироа во Швајцарија. Во 2010 година ја основа фирмата Zuest Gubeli Gambetti, која се занимава со архитектура и урбанистичко планирање. Има проектирано и реализирано повеќе објекти од областа на домување, јавни и индустриски објекти, како и урбанистички проекти за делови од населби или цели населби и урбанизација на повеќе улици - сообраќајници. Денес неговата компанија брои 50 вработени од кои поголемиот дел се архитекти.
за управата на училиштето и заеднички хол, повеќенаменски, кој се користи и за одбележување на разни настани во училиштето. Училниците се сместени на погорните катови од првиот до петтиот. Спортската сала е со три катни висини П+2 и има големина во која може да се организираат две спортски игралишта. Освен внатрешните комуникации со училишните простории, спортската сала има и посебен влез од едната сообраќајница, така што може да ја користат и локалните спортски клубови. Резултатот од ваквиот концепт на училиштето со три блока со различни висини соединети во форма на буквата „П“ дава можност целокупниот училишен живот, од најмала возраст до полнолетство да се одвива внатре, во еден посебен мал свет. Задоволни се и учениците и родителите, наставниците и управата на училиштето. Секако задоволен е и проектантот со целиот негов тим од успешно завршениот проект, односно објект.
ПОРТА
архитектура
И по Заха, Заха И по Заха Хадид нејзиниот тим во 44 земји, кој брои 400 луѓе од 55 националности, ја продолжуваат нејзината архитектонска визија Ана РАДОЊИЌ, дипл. инж. арх.
В
о предминатиот број на Порта 3 го имавме првиот дел од интервјуто на архитектот Маурицио Меоси, постар соработник во бирото Zaha Hadid Architects UK, во кое тој зборува за себе, за впечатоците од
GRACE ON CORONATION, Toowong, Brisbane, QLD Australia Намена: Станбени кули Висина: 22 и 25 нивоа Површина: ~ 45,000 sqm клиент: Sunland, Australia Проектантски тим: АРХИТЕКТУРА: Zaha Hadid Architects Дизајн: Zaha Hadid and Patrik Schumacher Директор на проектот: Michele Pasca di Magliano Соработник на проектот: Maurizio Meossi
28
ПОРТА
23 февруари 2018
Интернационалниот форум за архитектура и инженерство SHARE Скопје 2017 година одржана на 5ти септември, како и за станбениот комплекс City life во Милано на кој му псвети најголем дел од излагањето на Форумот. Во вториот дел од интервјуто го замоливме да се осврне на неколку проекти на Zaha Hadid Architects кои ги смета за најзначајни и во кои тој бил најмногу инволвиран.
Архитект проектант: Rafael Contreras Соработници во проектантскиот тим: Subharthi Guha, Arya Safavi, Cristina Capanna, Veronica Erspamer, Brad Holt, Stefano Paiocchi, Megan Burke, Michael Rogers, Paola Salcedo, Andrew Haas, Gaganjit Singh, Natasha Gill, Grace Chung, Luca Ruggeri, David Fogliano, Juan Camilo Mogollon, Effie Kuan, Andrea Balducci Caste, Domenico Di Francesco, Sobitha Ravichandran, Demetris Alexiou, Monir Karimi, Eleni Mente Конструкција: HYDER Consulting, Project
Маурицио Меоси
Consultants Инженеринг: EMF Griffiths Локален Архитект: Conrad Gargett Riddel Финансиска евалуација и контрола: Rider Levett Bucknall Консултант за фасада: AECOM Партерно уредување: Form Изведба: Brown Consulting Планер консултант: Wolter Consulting Group Сообраќајно решение: TTM Consulting Pty Ltd Соработник консултант Acousticworks
MAXXI МУЗЕЈ ВО РИМ Имав среќа да работам на MAXXI Музејот во Рим, еден од највлијателните проекти на Заха Хадид, културен центар каде ентериерот и екстериерот се преплетуваат еден со друг. По отворањето, локалното население од сите генерации го користи и како нов римски плоштад, така што она што за нас е исклучително возбудливо е дека може да се каже дека музејот MAXXI стана дел од урбанизмот на градот Рим. Јас лично се сметам за исклучително среќен што имав прилика да учествувам и во фазата на креирањето, како и во фазата на изведбата на овој проект.
23 февруари 2018
ПОРТА
29
ALAI NIZUC Residential Development in Puerto Nizuc / Cancun Quintana-Roo, Mexico Полуостровот Јукатан е неисцрпен извор на инспирација поради своите природни убавини и нераскинливата врска со наследството од Маите. Во ваква инспиративна консталација Nizuc Towers Development (Alai Nizuc), со својата раскошна природна околина, овозможува да се воспостави директна и силна врска помеѓу урбаната средина и дивата природа. Свесно и ултимативно инспирирани од локацијата, нашиот креативен процес беше воден од целта да создадеме органска интеракција со околината. Главниот концепт на архитектонското решение беше да се создаде суптилен дијалог со околината. Седум кули делат еден заеднички базис со заеднички содржини од затворен и отворен карактер, чии благи закривени површини имаат тенденција да се стопат со опкружувањето. Големо внимание е посветено на сензитивната визуелна секвенца на главниот влез во комплексот и на секој влез од поединечните кули. Главниот влез на комплексот од Boulevard Kukulcan е скулптуралната структура во форма на школка, чиј органски облик се стопува со околната вегетација и овозможува понатамошен пристап кон главните комуникации на кулите. Пристапот од булеварот, по чија должина се протега богата вегетација, води до резиденцијалниот паркинг во две подземни нивоа. Скулптуралните фасади на кулите пробиваат низ плафонот на холот во приземјето што овозможува драматично природно осветлување и поглед кон следното отворено ниво. Лобијата на кулите се организирани како двовисински простор каде во првото ниво се сместени бизнис-центри и конференциски сали, а на второто ниво се сместени кино сала и други мултифункционални содржини. Двете страни на второто ниво од лобијата се поврзани со елегантен мост, единствениот елемент кој го нарушува централниот двовисински простор. Заедничките содржини кои се сместени на повеќе погорни катови во вовлекувањата на волумените, придонесуваат кон елеганцијата на архитектурата, а оние сместени помеѓу кулите создаваат диференцијација помеѓу седумте објекти. Друг елемент на диференцијација помеѓу кулите е геометријата на фасадата и балконите чии различни секвенци на одреден број на модули придонесуваат секоја кула да има свој карактеристичен изглед. Со ваквиот едноставен метод на повторување на исти модули,но во различна секвенца добивме три типа на кули: the „Star“, the „Spine“ and the „Swirl“. Резултатот на овој применет метод се седум различни згради за кои сепак е очигледно дека припаѓаат на една иста „фамилија“. Во кулите има четири типа на организација на апартманите, но сите имаат раскошен поглед или кон Карипското Море или кон Заливот Nichipté, чија природна убавина е еден од клучните елементи на главната композиција. Заедничкото отворено ниво покрај споменатите содржини има и велнес-центри, спортски терени, базени, а пешачката патека на западната страна води се до постоечката шума што оди во прилог на основната идеја да се создаде континуитет помеѓу природната вегетација и урбанизираниот простор. Овој проект се стреми да ја интегрира архитектурата со природата, без притоа да и се наметнува. ПОРТА
BMW CENTRAL BUILDING Leipzig, Germany 2001 / 2005 Централната зграда е главниот нервен центар – мозокот на целиот фабрички комплекс. Сите активности се преклопуваат и разгрануваат од овој објект. Стратегијата според која е проектирана оваа зграда произлегува од циклусите и движењето на вработените, посетителите и самиот производствен процес, што упатува на концептот на доаѓање, заминување и повторно враќање. Главната зграда која е фокусна точка на фабриката е направена визуелно евидентна и доминантна на северниот фронт од фабричкиот комплекс и одразува кулминација и судир на сите останати нејзини капацитети кои произлегуваат од различните фази во процесот на производство. Со својот изглед и поставеност оваа зграда остава впечаток дека целиот фокус и енергија на овој дел од комплексот се насочени кон неа. Транспарентната организација на работниот простор на две нивоа, во оваа зграда овозможува блиска интеракција на вработените. Измешаните функции ја оневозможуваат традиционалната сегрегација на статусните групи што кореспондира со модерното сфаќање на работниот простор. Канцелариите на раководителите, директорите, инженерите и административците се сместени на двете нивоа и заедничките простори се испреплетени со што се создава чувство на еднаквост на сите вработени.
ПОРТА
eнтериер
ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ПРОСТОРНА РЕДЕФИНИЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ „МАЛА СТАНИЦА“
„ПЛЕТ“ - обид за надополнување на културниот архипелаг на градот
Едноставноста и јасноста во изразот кај галериските простори претставува добра основа за различни медиски поставки. Развојот на концептуалната уметност, трансформирањето на традиционалниот начин на изложување на уметничките дела и неговото пренесување во дигиталната сфера, се причина новите галериски простори да бидат флексибилни и адаптибилни 32
ПОРТА
23 февруари 2018
Ана РАФАИЛОВСКА, дипл. инж. арх. радицијата на изложување на уметничките дела во Македонија, споредувајќи ја со првите официјални изложби на Парискиот салон од втората половина на 18-тиот век, е релативно млада и датира од првата половина на 20-тиот век. Во различни периоди од нејзиниот развој се определуваат повеќе објекти за вршење на галериска дејност и притоа многу од релевантните галериски и музејски институции се сместуваат во објекти со неадекватна архитектонско-урбанистичка артикулација. Оттука и односот помеѓу трите најзначајни елементи на изложувањето, т.е. уметничкото дело, просторот во кој се изложува и публиката, во многу случаи, претставува сериозен предизвик за галериите и нивните кустоси. Недостатокот од соодветен простор за изложување на уметничките дела, нивно чување и архивско работење во Националната галерија на Македонија, беше повод за организирање на панел-дискусија во септември 2017 година. Дел од изложеното беше срочено во конкурсни
Т
услови за реконструкција на Мултимедијалниот објект „Мала станица“, еден од четирите објекти на НГМ. Притоа беше одредено овој објект да добие нова комбинирана функција, галерија, административни простории и депо за колекцијата од уметнички дела на НГМ. Резултатите од конкурсот беа соопштени на крајот на ноември и изложени следниот месец во рамките на МС. Со оглед на скромноста на поставката и неможноста во целост да се согледаат наградените идејни решенија, би сакале да ви го изложиме второнаграденото, чии автори се архитекти и соработници на студиото за одржлива архитектура и дизајн АН-АРХИТЕКТ, Ана Рафаиловска, Благоја Бајковски и Бојан Рафаиловски. „ПЛЕТ“ е обид за надополнување на културниот архипелаг на градот со еден физички и мемориски изолиран објект, градејќи специфичен однос помеѓу просторот и содржината од еден поширок ракурс. Притоа, континуитетот на програмско-просторните временски шеми доаѓа во судир со тенденцијата за зачувување на фрагменти на постојниот објект и се одразува на три негови сегменти: структура, содржина и движење. Конфликтот
помеѓу едно течение и крутоста на зададеното ткиво, ја подредува програмата во функционални целини кои се материјализираат во две лесно читливи просторни формации, главна и сервисна, кои паралелно меандрично се развиваат и повремено премостуваат. Движењето претставува просторно-волуменски континуирана патека во објектот, која пробива низ него. Во постојниот габарит на објектот „Мала станица“ се сместени пет подгрупи, простор за посетители, администрација, книжарница, бар и технички простории. Зависно од просторните барања и расположливиот волумен, тие се распределени соодветно на нивната функционална меѓузависност, притоа се морфолошки поврзани или одвоени таму каде што е потребно. Секој од нив располага со засебен влез со што се овозможува нивна независна работа. Просторот за посетители започнува на приземјето на објектот, со постоечкиот трем на улицата „Јордан Мијалков“ („Железничка“), во чија оска е поставен главниот влез. Погледот на посетителот оттаму е воден од кратка колонада кон централно поставените скали кои водат кон горниот кат, чиј почеток е благо затскриен, но наговестен на десната страна, каде е позициониран и лифт за посетителите. Главниот изложбен простор започнува на десната страна, од каде галериска променада меандрично се развива во
длабочината на објектот до спротивната страна и оттаму се враќа кон главното скалиште и ги упатува посетителите на горниот кат, каде се повторува речиси идентична патека на движење. На приземјето и на катот, на крајот од променадата, на посетителот му се нудат различни содржини. Бар за посетители на галеријата, но и за надворешни гости е поставен во задниот приземен дел на објектот, додека на катот променадата завршува, условно и по потреба, со простор кој може да се организира како едукативен центар, театар, конференциска сала и сл. Можностите за репрограмирање на просторот придонесуваат за
мултимедијалноста на објектот. Севкупно со ова идејно решение се добива Кулите во Капиштец приближно 280 м2 изложбена површина, континуирана со мал број прекини кои се нужни заради композицијата на ентериерниот простор, како и заради пропишаната должина на која посетителот, за време на разгледувањето, може да го задржи вниманието. Изложбените паноа се рамни и волуменски издвоени од подот со една дискретна вовлечена лајсна која создава ефект на лебдење. На плафонот покрај нив, се провлекува повисока зона во која конструктивните елементи на постојниот објект се разоткриваат сè до линијата на спуштениот плафон со скриени шини и
23 февруари 2018
ПОРТА
33
рефлектори, кои под соодветен агол, помеѓу 30-45°, се дискретно насочени кон уметничките дела, не нарушувајќи го амбиентот на чисти едноставни волумени и површини. Едноставноста и јасноста во изразот кај галериските простори претставува добра основа за различни медиски поставки. Развојот на концептуалната уметност, трансформирањето на традиционалниот начин на изложување на уметничките дела и неговото пренесување во дигиталната сфера, се причина новите галериски простори да бидат флексибилни и адаптибилни. Во понуденото решение за Мултимедијалниот центар „Мала станица“ овие услови се принципи за конструирање на простори прилагодливи на динамичниот развој на современата уметност. Дополнително, феноменолошкиот пристап во обликувањето на просторот придонесува кон мисловно, а пред сè сетилно активирање и воедно трансформирање на улогата на посетителот од пасивен набљудувач во активен протагонист.
34
ПОРТА
23 февруари 2018
ПОРТА
урбанизам
„АРТ ЛИНЕА ДИЗАЈН“ ОД ГОСТИВАР ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ТИМ ШТО ПРОЕКТИРА ОБЈЕКТ ВО РОМАНИЈА
Од индустриска руина до Комплекс на индустриски згради кои се речиси во руинирана состојба во романскиот град Констанца, кој лежи на брегот на Црното Море и на локација атрактивна сама по себе и по својата местоположба, треба да прерасне во дел од градот привлечен како за инвеститорите, така и за потенцијалните купувачи на станбениот и деловниот простор, но истовремено и за сите посетители и туристи на комерцијалниот дел од овој комплекс
Енис ХОЏА, дипл. инж. арх. остиварското архитектонско студио „Арт Линеа Дизајн“ заедно со својот интернационален тим изработи проект за потребите на романскиот гигант во градежништвото „Sammarina Group“ кој се простира на површина од 67.300 м2 и кој во себе содржи урбанистичко, партерно, архитектонско и во поедини делови ентериерно решение на просторот со што се опфатени и детално се разработени сите важни сегменти кои го сочинуваат. Оваа површина се наоѓа во романскиот град Констанца кој лежи на брегот на Црното Море и локацијата сама по себе и по својата
Г
36
ПОРТА
23 февруари 2018
луксузна урбана оаза ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ: Локација: Констанца, Романија Инвеститор: Sammarina Group Проект: 2017 Површина на локација: 67.300 м2 Деловен простор: 23.070 м2 Трговски простор: 17.716 м2 Станбен простор: 65.861 м2 Станбени единици: 564
местоположба е атрактивна и доволно привлечна, како за инвеститорите, така и за потенцијалните купувачи на станбениот и деловниот простор, но истовремено и за сите посетители и туристи на комерцијалниот дел од овој комплекс. „На овој простор во моментов се наоѓа еден комплекс на индустриски згради кои се речиси во руинирана состојба, но конструктивно некои од нив се наоѓаат во добра кондиција. Нашата желба, но истовремено и наш предизвик беше главниот индустриски објект во овој комплекс да го задржиме и тој да биде главното тежиште околу кое ќе се случува дејствието на архитектонската приказна која ние како интернационален тим составен од повеќе архитекти сакавме да ја раскажеме. Него го ремоделиравме и пре-
наменивме во трговски центар со повеќе комерцијални и угостителски единици, како една референтна точка по која ќе биде препознатлив овој комплекс во целиот град, но и како величествена увертира на она што се случува внатре. Пред него поставивме една кула од 11 ката во која е сместен бизнис-центарот и деловните простории“ – вели архитектот Насер Хоџа од „Арт Линеа Дизајн“, кој е еден од главните идеолози на овој проект. Покрај трговскиот и бизнис-центарот, овој комплекс во себе содржи и 11 станбени блокови кои ги задоволуваат сите европски прописи за луксузно урбано домување, катна гаража на 4 нивоа за посетители и гости во населбата, клуб и ресторан сместен во внатрешноста на населбата, како и мало пазарче со
режимско работење кое ќе ги снабдува станарите со свежи прехранбени продукти. Станбените објекти со една внатрешна пристапна улица се одделени од трговскиот и бизнис-центарот кој ги тангира двете главни сообраќајници кои го ограничуваат овој простор. Проектирани се три типа на станбени објекти и комбинирајќи ги нив се создадени пет станбени блокови. Секој од овие блокови има сопствен влез во подземното паркирање кое се простира на две подземни нивоа и секој блок има свој внатрешен двор помеѓу двата објекта кои го сочинуваат. Овие блокови се со катност од П+6+Пк и П+7+Пк во зависност од тоа дали се наоѓаат на понискиот или повисокиот дел на теренот кој е во благ пад. Станбените згради, како и сите останати 23 февруари 2018
ПОРТА
37
објекти кои го сочинуваат овој комплекс се карактеризираат со модерна, елегантна, јасна и чиста архитектонска игра на кубични форми и природни материјали кои убаво изгледаат, а истовремено не се агресивни и наметливи на околината. Комбинацијата на дрвени и стаклени површини на белата основа на објектите, оплеменети со многу зеленило му даваат на овој комплекс една кохезивна поврзаност со природата која во овој романски град поради непосредниот контакт со морето се чини неизбежна. „Кога станува збор за делот на домувањето во овој комплекс, нашата желба и настојување беше да бидеме што е можно поотворени кон надворешноста. Климата во Констанца е топла и пријатна, мирисот на морето се чувствува длабоко во градот, па така овие предности сакавме да ги искористиме
ПОРТА
како квалитет на живеење. Покрај одличните услови за живот кои ги нудат овие станови, во секој од нив продира дел од природата во неговата внатрешност и не само во текот на летото, туку и преку зима, со своите застаклени зимски градини кои по потреба може да се затворат кон надвор и да се отворат кон внатре“ – објаснува архитектот Ион Ионеску од германското архитектонско студио „Ionescu Architekten“, кој воедно е и организатор на интернационалниот тим. „Да се работи со еден интернационален тим и истиот да се координира и сè да функционира совршено е една тешка и одговорна задача. Врските помеѓу архитектите и останатите проектанти од Германија, Македонија, Рома-
нија и Индија често ни приредуваа потешкотии при работата, особено поради различните временски зони, но со доволна посветеност и упорност, но и со голем ангажман на крајот мо-
жеме да кажеме дека сме задоволни од постигнатиот резултат, впрочем тој е и најважен и тој се гледа и памти на крајот, додека сè друго е минливо“ – додаваат од тимот.
ПОРТА
експерт
ПО ШЕСТ ДЕЦЕНИСКОТО ПОСТОЕЊЕ ЗГАСНУВА ЕДЕН ОД ПИОНЕРИТЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО НА ВНАТРЕШНИОТ ДИЗАЈН НА ДАЛЕЧИНА
Rhodec International - жртва на својот успех д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон) реминот од една во друга година вообичаено го означува периодот во којшто се сумираат резултатите од изминатата година и изготвуваат плановите за наредната година. Оттука случувањата во овој период можат да бидат одраз на тековните состојби
П
во една средина. Крајот на минатата 2017 година во Велика Британија беше одбележен и со два настана
коишто се случија без соодветно одбележување во јавноста. Првиот се однесува на најавеното згаснување на образовната институција која може да се смета за пионер во доменот на стручната едукација на внатрешните дизајнери на далечина, а вториот на обидите да се најдат начини како да се подобри квалитетот на градба во земјата. ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ НА ЕДНА ЕПОХА На 18 декември минатата година точно во 12 часот истече последниот рок за упис за студии на далечина по внатрешен дизајн на Родек Интернaшoнал (Rhodec International – www.rhodec.org), а како подготовка за официјалното затворање во 12 часот на 18 декември 2020 година. Станува збор за акредитирана независна приватна образовна институција за студии по внатрешен дизајн на далечина со седиште во Брајтон, Велика Британија основана во 1960 година. Таа се смета за најдолго воспоставената специјализирана институција за внатрешен дизајн во светот од овој вид со над 85.000 регистрирани студенти во 120 земји. Институцијата била основана од архитектот Томас Б. Двајер (Thomas B. Dwyer). Потоа нејзиното раководење го презел неговиот син Мајкл Двајер (Michael Dwyer) кој е и сегашен нејзин раководител. Оваа образовна институција била основана со цел да се задоволат образовните потреби на внатрешните дизајнери низ светот, а како
ПОРТА
одговор на промените во рамките на начинот на живеење и образование. Оттука, институцијата преку практичен и флексибилен пристап потпомогнат со подобрувањата во доменот на комуникациите се обидела да одговори на овие потреби. Од своето основање, па сè некаде до пред крајот на минатиот век наставата на оваа образовна институција се одржувала дописно по пошта, а по подемот на информатичките технологии, наставата продолжила да се одвива во одреден период по избор: или дописно по пошта или пак преку интернет. Во последно време наставата се одвива исклучително по интернет. Во својата последна уписна сесија Родек Интернашонал ги нудеше следните образовни програми: бесплатен краток курс за потенцијалните студенти да го пробаат интерактивниот начин на учење преку интернет, студии за внатрешни декоратори, студии за стручна диплома по внатрешен дизјан, како и курс за обука во примената на софтверската програма Ревит во рамките на внатрешната архитектура. За респектот на програмите на оваа институција веројатно најдобро говори фактот дека завршната стручна диплома овозможува задоволување на дел од образовните критериуми на Британскиот институт за внатрешен дизајн (British Institute of Interior Design), Американското друштво на внатрешни дизајнери (American Society of Interior Designers), американскиот Совет за
квалификации по внатрешен дизајн (Council for Interior Design Qualifications) и Меѓународната асоцијација за внатрешен дизајн (International Interior Design Association). Во зависност од организацијата завршените студенти во комбинација со соодветно практично искуство и по потреба дополнително стручно образование можат да напредуваат низ повисоките категориите за членство во нејзините рамки. Дополнително, оваа образовна институција во соработка со други високообразовни институции во земјата им овозможува на студентите со завршена стручна диплома да ги продолжат своите студии и завршат додипломски студии по внатрешен дизајн на сродна институција. Затворањето на Родек Интернашонал не само што веројатно ќе биде разочарување за оние коишто можеби планирале да се запишат на некоја од нивните програми во иднина, туку ќе биде и загуба за струката на внатрешните дизјанери пошироко со оглед дека со затворањето на оваа образовна институција ќе згасне шест децениското постоење на еден од пионерите во рамките на образованието во доменот на внатрешниот дизајн на далечина. Останува прашањето дали можеби оваа институција е своевидна жртва на својот успех. Имено како своевидни основоположници во стручната едукација во доменот на внатрешниот дизјан на далечина Родек Интернашонал се чини дека биле не само пионери во овој образовен домен, туку веројатно и визионери за тоа во која насока
ќе се одвива образованието во иднина. Ова веројатно придонело ваквиот пристап да почне да се применува и од други образовни институции, со коешто бројот на институции коишто нудат слични програми со текот на времето се зголемувал, коешто можеби имало негативно влијание врз веќе постоечките образовни институции. ДАЛИ Е НА ПОВИДОК РЕШЕНИЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ГРАДЕЊЕ? Доколку се следат локалните телевизиски програми со фокус на заштита на потрошувачките права набргу ќе се сретнете со терминот „градители каубојци“ (cowboy builders). Со овој веројатно не многу политички коректен термин во неформалниот англиски јазик се дефинира некој кој не е чесен, внимателен или вешт во својата струка и кој ги игнорира вообичаените правила. За жал проблемите со „каубојците“ не завршуваат со поединечни мајстори и помалите градежни фирми коишто често пати набрзина се појавуваат и исто толку бргу згаснуваат за по кратко време повторно да се појават под некое друго име оставајќи ги своите претходни клиенти со испразнети џебови и проблематично завршени градежни работи. Според Здружението на сопственици на станбени објекти (Home Owners Alliance HOA), резултатите на годишната анкета на Федерацијата на градители на станбени објекти (House Builders Federation - HFB) и 23 февруари 2018
ПОРТА
41
Националниот совет за станбени објекти (National House Building Council - NHBC) за 2015 година укажуваат дека 35 % од купувачите на нови станбени единици имаат пријавено повеќе од 10 проблеми со нивниот нов дом, додека 20 % имаат пријавено дури повеќе од 16 проблеми. Проблемите со квалитетот на изведените градежни работи особено станаа актуелни по катастрофалниот пожар од 14 јуни лани во станбената кула Гренфел Тоуер (Grenfell Tower) во Лондон. Десетина дена подоцна дневникот Телеграф изнесе проценки дека само за замена на запаливи фасадни облоги на слични висококатни објекти веројатно државата ќе треба да се соочи со сметка од околу 600 милиони фунти. И покрај трагичниот пожар и последователните истраги и дебати, шест месеци подоцна сè уште нема јасни насоки или промени во законската и градежната регулатива коишто ќе ја зацртаат идната насока по ова прашање. Оттука за поздравување е најавата на Овластениот институт за изградба (Chartered
42
ПОРТА
23 февруари 2018
Institute of Building – www.ciob.org) од октомври лани за јавна консултација за квалитетот на градба. Дотолку повеќе, што овој Институт е една од најстарите и најеминентните стручни организации во Велика Британија во доменот на изградената средина со кралско овластување и историја која почнува со неговото основање во далечната 1834 година. Покренувањето на оваа јавна консултација било иницирано од страна на Комисијата за квалитет во изградбата (Construction Quality Construction) при Институтот составена од редовите на изминатите претседатели на Институтот. Оваа Комисија била формирана со цел да воспостави и промовира култура на квалитет во градежната индустрија, да се всади гордост во рамките на реализацијата на објекти и инфраструктурни зафати, а коишто градежната индустрија ги создава и управува. Со цел да се одговори на овие определби, Комисијата преку јавната консултација се обидува да се стекне со подобро разбирање за поединечните и
организационите однесувања коишто или ја промовираат или ја спречуваат реализацијата на квалитет во рамките на градежните проекти. Се очекува дека преку собраните мислења Институтот ќе биде во можност да ги дефинира потребните подобрувања за да се постигне висок квалитет на производ, персонал и процеси во рамките на градежната индустрија базирани на докази. Се очекува дека овој извештај, кој ќе го заокружи ова истражување, да ги истакне примерите како на добра, така и на лоша пракса за да може да се учи од нив. Ќе биде интересно да се проследат резултатите од извештајот кој ќе следува, како од апсект на заклучоците и препораките краткорочно, така и од евентуалната имплементација подолгорочно. Можеби најновата контраверзност во земјата ќе го фокусира вниманието на најшироката јавност и надлежните институции за состојбите во градежништвото. Најавата дека директорот на градежна фирма специјализирана за изградба на станбени згради ќе добие бонус во износ од 110 милиони фунти, а дека другите директори во управата ќе поделат бонуси во износ од 700 милиони фунти предизвика, веројатно разбирливо, бурни реакции и негодувања во јавноста. Засега коментарите се фокусирани на износот. Веројатно само е прашање на време кога износот на бонуси ќе се поврзе со претходните согледувања во медиумите дека истата градежна фирма вообичаено се споменува како една од две фирми со најголем број на обжалувања во однос на новоизградените станбени единици во земјата.
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
интервју
Д-Р МAГДАЛЕНА КРСТАНОСКИ, ФЛОРИДА, САД
Новите императиви на вертикалниот транспорт – поефикасно и „позелено“ Задоволство е да се работи со интернационални тимови и да се разменуваат искуства во врска со проектот во кој освен технички аспекти, многу често и социјалните и културолошките аспекти имаат влијание врз проектирањето и изведувањето
Д
Даниела МЛАДЕНОВСКА
одека кај нас се задоволуваме со фактот лифтовите во нашите згради да бидат безбедни и функционални, во светот проектирањето и оперативноста на лифтовите веќе одамна е предмет на постојана оптимизација, па дури и персoнализација. Кога станува збор за лифтовите или т.н. вертикален транспорт кај облакодерите, тоа е уште повеќе изразено. Имено, вертикалниот транспорт е еден од сегментите кој доживува невиден технолошки напредок кај новата генерација облакодери кај кои достигнувањето на рекордни височини веќе не е цел сама по себе. Oдржливоста,
ПОРТА
енергетската ефикасност и сертифицирањето на објектите според актуелните методи на одржливост во зависност од географската локација на објектот и изборот на инвеститорот или архитектот стануваат актуелни повеќе од кога било. За новите трендови и технологии кај облакодерите „Порта 3“ пишуваше во минатиот број. Во овој број, нашиот фокус е токму вертикалниот транспорт, имајќи ги предвид постулатите на одржливоста економичност, ефикасност, влијание врз животната средина, но и врз комфорот на корисниците. На оваа тема, разговараме со една дама чија професионална преокупација се лифтовите, и тоа ни помалку ни повеќе туку токму во облакодерите во САД. Д-р Магдалена Крстаноски, е една од многуте наши стручњаци кои го нашле своето место
надвор од земјава. Ако некогаш нашите иселеници во САД како градежни работници го оставале своето здравје на скелињата од бројните облакодери во периодот меѓу двете светски војни, денес „продаваме“ инженерска креација. По вокација машински инженер со докторска титула од Машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Крстаноски работи како проектменаџер вo глобалниот гигант за лифтови и ескалатори, Schindler во Мајами/Форт Лаудердејл, Флорида.
Оптимирањето на потрошувачката на енергија кај големите објекти денес наметнува строги правила во проектирањето и изведбата на вертикалниот транспорт. Кои се приоритетите во САД во оваа област денес? n Најпрво, голема благодарност што покажавте интерес за темата на вертикалниот транспорт и за мојата професија. Се најдевам ова интервју ќе инспирира повеќе млади да се заинтересираат за оваа област. Мило ми е што списанието Порта 3 е актуелно и обработува многу интересни теми од научна, техничка и градежна област. Во врска со прашањето, во зависност од тоа за која сојузна држава се работи, мотивацијата на инвеститорот, архитектот и типот на објектот во САД одржливоста на објектите е интересна и актуелна тема. Акцент се става посебно на големите градови и деловните објекти од повеќе аспекти: економски, финансиски, животната средина и човекот. Најголем дел од денот просечниот американски граѓанин го поминува во канцеларија или во деловните простории, а понатаму во автомобил. Деловните објекти во зависност од локацијата каде се поставени се профитабилна инвестиција за инвеститорот на долгорочни патеки, со тенденција да се изнајмат на подолгорочни патеки на еден клиент, на пример банки, осигурителни компании, седиште на фирма или индустрија итн. Значи, од маркетиншки аспект, се испреплетуваат профитабилноста на инвеститорот со атрактивноста на објектот, што е особено важно
доколку објектот поседува сертификат за „зелена“ градба, каков што е на пример еден од четирите нивоа на најактуелниот и најмногу користениот сертификат за „зелени“ објекти, американскиот LEED (Leadership in Energy and Environmental Design). LEED е систем на рангирање развиен од Американскиот градежен совет (United States Building Council) да го евалуира одржливиот перформанс на објектот и да ја поттикне трансформацијата на градежниот пазар во насока на одржливи конструкции.
Во зависност од тоа колку поени проектот/објектот/проектниот тим има постигнато, достапни се следниве нивоа на сертификација: Сертифицирано (40-49 поени), Сребрено (50-59 поени), Златно (60-79 поени) и Платинум (80 + поени). Во основа, повеќе поени, односно поголемо ниво на сертификација, значи поздрава средина за популацијата во објектот, попродуктивна средина за вработените или жителите, поттикнување на енергетска ефикасност и насоки кон извори за 23 февруари 2018
ПОРТА
47
заштеда на енергија на долгорочни патеки. Секако, поените за сертификација не се единствени, туку ним им претходат задолжителни услови и критериуми кои мораат да се исполнат. Комфорот и луксузот се неизоставен дел кога зборуваме за облакодерите. Кои се најинтересните содржини кои им се овозможуваат на клиентите, и кој бил најобемниот проект на кој сте работеле од аспект на барањата на клиентот? n Во зависност од географската локација на објектот (во која држава е аплициран), централната поставеност во големите градови и атрактивноста на локацијата (локацијата носи финансиски профит), типот на објектот (резиденцијален, деловен, институционален, од јавен карактер, за посебни намени итн.) и класата на објектот (на пр. А, Б), односно за кој тип на станари се работи, луксузноста може, но и не мора да биде застапена. Секако висината на цената на изнајмувањето на просторот ќе ја нагласи потенцијалната луксузност. Овде т.н. „зелени“ објекти, односно сертифицирани објекти по LEED системот на сертификација ќе ја карактеризираат посебноста на објектот не само со внимателната селекција на
ПОРТА
материјалите во текот на градбата, следењето на потеклото на материјалите од моментот на екстракција на суровините до моментот на апликација, туку и понатаму во текот на животниот век на објектот. И најмалите детали кои се селектирани и аплицирани во текот на градењето се документираат, според класификацијата на објектот (нови конструкции, проектирање и градење на објекти, дизајн на ентериери и градење, одржување на објекти и работење со постоечки објекти, развој на општини и домови за живеење). Понатаму, потрошувачката на електричната енергија се следи и документира во временски период од пет години, во зависност од тековната верзија на LEED и исполнувањето на потребните критериуми се соодветно потенцирани. Иако со интернационално и мултикултурно искуство, и соработка со менџерски тимови од различна култура, сите проекти ми се посебно драги, бидејќи секој е уникатен сам за себе и за локацијата во која се гради. Задоволство е да се работи со интернационални тимови и да се разменуваат искуства во врска со проектот во кој освен технички аспекти, многу често и социјалните и културолошките аспекти имаат влијание врз проектирањето и изведувањето. Кога станува збор за моето искуство во САД, иако палетата на изведени проекти е голема, посебно ќе го извојам Светскиот Бизнис Центар Кула 4 како објект кој ми е посебно драг. Како дел од проектниот менџмент-тим за
вертикалниот транспорт на Шиндлер 2008-2010 работев од самиот почеток на изградбата на престижниот Светски Бизнис Центар Кула 4 во Менхетн, Њујорк. Објектот има 72 ката со отприлика 2,5 милиона квадратни фита (Square feet) простор за изнајмување, со 46 фита високо деловно лоби, 37 експерс брзи лифта со дестинациска контрола, со безбедносни системи кои се над градежниот стандард на градот Њујорк. Објектот е сертифициран LEED Gold, според највисоките стандарди за одржливост и енергетска ефикасност. Посебно драг ми е монументалниот проект од јавен карактер - железничка станица наречена All Aboard Miami тековно во изградба, како дел од Брајтлајн линијата железнички станици што ги поврзува Вест Палм, Форт Лаудердеј и Мајами. Станицата во Мајами се состои од 4 грандиозни објекта, во кои има вкупно 18 ескалатори и 22 лифта. Иако лифтовите се до четири ката, нивното проектирање и изведба содржи низа специфики, бидејќи истите подлежат на стандардите на Флорида и Градот Мајами за овој тип на објекти и се со дополнителни сигурносни карактеристики што овој проект го издвојува од другите од сличен тип. Соработката со архитектот од самиот почеток уште при генерирањето на архитектонскиот концепт е особено важно при проектирањето на ветрикалниот транспорт. Како функционира оваа соработка во САД, и колку колегите прифаќаат критики? n Соработката меѓу архитектот и експертите за специјалните конструкции, како што е вертикалниот транспорт се одвива синергиски, што значи од самиот зачеток на идејата за проектот настанува една флуентна
комуникација. На вертикалниот транспорт треба посебно внимание да се обрне од концептпроектната фаза, преку развивање на проектот и дефинирање на спецификациите, тендерската документација, градењето, примопредавањето и понатаму управување со објектот и одржување. Значи една комплетна проектна фаза, во која постојано ќе има соработка. Концептот на анализа на вертикалниот транспорт е жива материја која треба да се гледа во сите развојни фази на проектот. Неминовна е соработката на архитектот од концепт-проектот бидејќи тогаш се развива идејата за потребите на објектот. Во соработка со архитектот, кој ги комуницира податоците кои иницијално се познати во почетната фаза на објектот, експертот за вертикална анализа како зависност од типот на објектот, предвиден тип на популација во објектот, вертикална и хоризонтална комуникација во објектот, корисна површина на објектот и параметрите на објектот се предвидува потребниот број на лифтови и ескалатори во објектот. Се разбира со секоја развојна фаза на проектот се добиваат повеќе
информации и анализата се усовршува до добивање на комплетно решеније со кое би се предвидело движењето на лицата во објектот во иднина. Конструктивната критика е секогаш позитивна во смисла на соработка која ќе придонесе за добивање на решение во кое инвеститорот и корисниците ќе бидат задоволни. Всушност, и не се работи за критика туку за заемна соработка, бидејќи со ефективна комуникација експертизата на сите инволвирани ќе придонесе за добивање на ефективно решение. Вертикалниот транспорт треба да се осмисли и проектира за целиот животен век на објектот, а не за една одредена намена, и не за сметка на намалување на квантитетот и квалитетот на услуга. Често доаѓате во Македонија. Што е она што најмногу Ви пречи во контекст на Вашата струка секогаш кога доаѓате и се надевата дека можеби при следната посета конечно ќе се смени? -Би сакала да видам повеќе технички случувања, размена на искуства, семинари за едукација и активности за инспирација на младите
кадри за да се заинтересираат за едукација, техника, роботика, семинари од интернационален карактер. Би сакала да видам случувања како конференции на организации како на пр. ASME (American Society of Mechanical Engineers), Lift Grupi, SWE (Society of Women Engineers), Green Council активности и размена на искуства во доменот на одржливоста, натпревари по роботика на предучилишно, основно, средно ниво, зашто само со инспирација на младите од најмали нозе може да се добијат квалитетни кадри во иднина. Би сакала да видам повеќе списанија од техничка природа на македонски јазик, чист воздух, чиста средина, и повеќе волонтери, експерти во својата област, универзитети и компании кои би се инволвирале и соработувале со цел напредок на техниката и техолошки развој, од конструктивен аспект, аспект на околина и профитабилност на сите. Лифт-индустријата во Македонија, како и развојот на одржливи/зелени објекти би сакала да ги видам во насока на функционалност, одржливост, пристапност за сите, задоволство за корисниците и како едно реално функционално секојдневие.
LEED сертификација
Одржливоста преку LEED сертификацијата е особено популарна тема. Кои аспекти од LEED во однос на животната средина се најважни и највисоко рангирани? -Иако постојат повеќе актуелни светски сертификациски системи за САД најактуелен е LEED, иако не помалку значајни се канадскиот Green globes и британскиот BREEAM. Основната цел на LEED како интернационално препознаен систем за сертифицирање, е што овозможува верификација со помош на трето лице со кое би се покажало дека проектирањето на објектите е изведено со имплементација на стратешките цели за одржливи конструкции како што се: заштедата на енергија, пристапност кон јавен превоз, решавање на одлевањето на дождовницата и отпадната вода, како и развивање и користење на стратегии за намалување на потрошувачката на енергија, користење и потрошувачка на вода, промовирање на чист воздух и квалитет на воздух во затворени простории, сè со цел подобрување на квалитетот на живеење. Предностите на објектите кои се сертифицирани во однос на останатите се
следниве: 1. Намалена потрошувачка на енергија и вода 2. Намалени трошоци за одржување 3. Намален отпад во текот на градењето 4. Зголемен квалитет на воздух во затворени простории 5. Зголемена продуктивност на вработените, задоволство и задржување на вработените 6. Промоција на рециклирање 7. Привлекување на компании, вработени, клиенти и станари за кои е важна одржливоста и квалитетот на живеење 8. Промоција на локална економија 9. Намалена судска активност Од друга страна пак, во Америка, во зависност од проектните барања и барањата на инвеститорот, од многу објекти се бара да се во таканаречената категорија Made America што значи дека секој еден најмал дел од
материјалите кои се користат во објектот, мора да се произведени во Америка. Со други зброви, тоа би значело секој употребен материјал мора да има историја на потекло од Америка, при што дури и најмала навртка со контрола на потекло доколку не е произведена како што е специфицирано, истата мора веднаш да се отстрани. Ова е од исклучителна важност за промоција на локалната економија и употреба на производи од проверен и висок квалитет.
23 февруари 2018
ПОРТА
49
репортажа
ЕДИНБУРГ, ШКОТСКА
Град - дел од светското културно наследство
Единбург е интересен и посебен град, прво специфичен по својата поставеност и конфигурација, но познат е и по својата современост и добро организиран секојдневен живот. Град отворен кон сите и град каде секој ќе си најде нешто интересно и незаборавно. Секако тука се и љубезните Шкотланѓани
Е
Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх. динбург е главен град на Шкотска уште од 15 век (1452 година). Денес тој е дом на шкотскиот Парламент,седиште на многу државни институции како Националниот музеј на Шкотска, Националната библиотека на Шкотска, шкотската Национална галерија, а
50
ПОРТА
23 февруари 2018
во него се наоѓа и една од палатите на Монархијата Палатата „Холируд“ (Holyroоd Palace), палата во која и денес кралицата Елизабета II и нејзината фамилија престојуваат кога се во Единбург. Долги години Единбург бил, а и денес сè уште е центар за едукација, особено во полето на медицината, шкотското право, литературата и инженерството. Универзитетот во Единбург е основан во 1582 година и денес е еден од четирите универзитети во градот. Денес Единбург е и вториот најголем финансиски центар во Обединетото Кралство, но тој е
познат и како град со многу историски и културни знаменитости и атракции, а исто така е познат и по неколкуте интернационални фестивали и културни настани кои се одржуваат преку целата година. Градот Единбург почнал да се оформува со изградбата на Замокот - тврдина (Edinburgh Castle) на карпа на врвот од ридот Пентланд. Тој како да е израснат од карпата и стои ист веќе 11 векови, но најверојатно постоел и многу порано. Замокот во Единбург е тврдина која ги штитела жителите на Замокот од античките непријатели на Англија. Првите
жители во античкиот Замок имале комфор, безбедност и широк преглед и поглед над мочурливите рамнини под ридот. Тие гледале во пустината која се простирала до морето и селата и полињата од другата страна на ридот. Природно првата древна тврдина Замокот е изграден на единбуршката карпа, како една од повисоките точки во околниот простор. Постепено тврдината се развивала и доградува, а на падините на ридот Пентланскот почнува да се развива градот (денешниот стар дел од градот), со изградба на нови згради. Куќите околу Замокот се едни од најстарите згради во Единбург и се спуштаат скалесто кон рамниот дел на градот. Интересно е дека овие згради околу Замокот во Единбург се високи и по десет, единаесет и до максимум дванаесет ката. Изградени се од камен, дрво и тула и тоа многу порано кога никој и не знаел за облакодери. Заради конфигурацијата на теренот - стрмиот рид, градот се развивал со голема густина, со многу згради висококатници и тесни улички меѓу нив, кои често се скалести за да се совлада стрмнината. Во овие густо изградени облакодери на ридот околу замокот живееле и лордови и дами, судии и трговци, адвокати и поети, занаетчии и слуги и сите останати. Стариот град изграден околу замокот не бил само место на живеење на кралевите и седиште на Парламентот, тој бил и средиште на целокупниот живот на градот, центар на адвокатите, медицински центар, универзитетски и научен центар. Замокот многу пати од неговото постоење бил под опсада и опкружен со непријатели, но никогаш не се намалила неговата доминација над градот и безбедноста на Замокот и градот. Единбуршкиот Замок бил вклучен и во многу историски конфликти од
ПОРТА
КИНЕСКИ ТРИАГОЛНИК ХОНГ КОНГ, МАКАО, ГУАНГЖУ Авион / 16.03 - 26.03 2018
ОД
999 €
ИНДОНЕЗИЈА - БАЛИ Авион / 7 ноќевања 06-13.03.2018 од 699 €
+389 2 32 32 234 времето на војната за шкотската независност во 14 век, а и други воени конфликти. За единбуршкиот Замок се вели дека е Замок кој бил најдолго под опсада од сите замоци во Велика Британија и еден од најмногу напаѓаните замоци во светот. Скулптурите на двајцата најголеми борци за национална независност на Шкотска се поставени од двете страни на главниот влез во Замокот, а тоа се Вилиам Валес и Кралот Робет Брус. Единбуршкиот Замок е бастион со кој
52
ПОРТА
стариот град преживеал и денес е најголемиот симбол на градот Единбург. Замокот останал кралска резиденција до 1633 година, а после тоа се користел како касарна за сместување на војската и прифатилиште и болница за ранетите војници. Британската армија и денес користи некои делови од единбуршкиот Замок, но повеќе за административни и церемонијални потреби. Истрелите на автентичните стари топови кои се наоѓаат во Замокот се слушаат
и денес на празници и значајни денови и настани. Најстарата сочувана автентична зграда во единбуршкиот Замок е Капелата „Св. Маргарета“ изградена на почетокот на 12 век. Секако дека Замокот претрпел и многу оштетувања и делумни рушења, но секогаш бил обновуван и денес е сочуван во првобитната форма. Денес Замокот е отворен за публика и има годишно повеќе од 1 500 000 посетители. Златното доба градот Единбург го достигнал кон крајот на 18 век. Градот поради пренаселеност и голема густина не можел повеќе да прима нови жители и да ги обавува сите функции. Се јавила потреба од проширување на градот и затоа во 18 век почнува проширувањето на Единбург околу стариот град со изградба на Ѓоргијански нов дел на Единбург. Стариот дел на Единбург и новиот Ѓорѓијански дел на градот се на листата на УНЕСКО за светско културно наследство и во 1999 година стануваат дел од светското културно наследство. Градот Единбург има околу 500 000 жители во централното градско подрачје, а со приградските населби кои се веќе присоединети кон главното градско јадро околу 1 300 000 жители. Градот Единбург денес излегува и на море и има изградено повеќе плажи, рекреативни делови, марини, пристаниште и нови населби околу морскиот брег. За време на Божиќ, Нова година и Хигнен фестивалот улиците стануваат многу живи, градот има посебен ритам и живост. Интернационалниот фестивал за музика и уметност трае три недели и тоа во месец август и септември, со околу 1 000 претстави и настани на различни сцени и локации во Единбург. Треба да се споменат и неколку други меѓународни фестивали како Џез фестивалот, Фестивалот на книгата и Филмскиот фестивал. Единбург има повеќе од 1 500 000 посетители годишно кои може да одберат меѓу посетата и учество на многуте културни настани и случувања или да поминат дел од времето во разгледување и истражување на градот и околината.
Улицата „Ројал Миле“ (Royal Mile), главната пешачка улица во стариот дел на градот и плоштадот „Мунд“ (Mound) во новиот дел на градот се места каде се случуваат многу улични перформанси во текот на целата година. Улицата „Ројал Миле“, најпозната и најпосетена во стариот град започнува со највисоката точка во градот - Замокот на Единбург и завршува во рамниот дел на градот со Палатата „Холи Руд“ и Парламентот на Шкотска. Тоа е единствена широка пешачка улица, каде е дозволен моторен сообраќај само со режим (дотур на роба и возила за итни случаи) и преполна е со продавници, локали, ресторани, музеи, туристички агенции, галерии во кои се продава и се презентира сè што е карактеристично за Шкотска, како производи од познатата шкотска волна, шкотско виски, шкотско пиво, шкотски килтови и други шкотски брендови. Секако овде ќе ги видите и слушнете и уличните музичари кои свират на гајди облечени во шкотски килтови. Во новиот дел од градот понудата е сосема поразлична. Таму ќе ги најдете сите англиски и светски брендови како во модата, така и во угостителството, банкарството и во деловниот свет. Единбург веќе е град со голема површина,
а има добри и брзи сообраќајни градски врски со сите делови од градот и сите приградски и нови населби. Стариот град е пешачка зона и најдобро се доживува ако пешки се движите низ него и освен улицата „Ројал Миле“ прошетате и ги истражите многуте тесни скалести улички. На 1 јули 1997 година жителите на Шкотска гласале повторно да имаат свој Парламент. На 1 јули 1999 сонот им се остварил и кралицата го отворила шкотскиот Парламент кој привремено бил сместен во објект на плоштадот „Мунд“. Денес шкотскиот Парламент има нова современа зграда, сместена на крајот на улицата „Ројал Миле“, спроти Палатата на кралицата Елизабета II „Холи руд“, а околу Парламентот е уреден прекрасен парк и пешачки површини. Освен кон Палатата, Парламентот има поглед и кон познатиот рид т.н. Седиштето на Артур (Artur Seat). Тој рид е остаток од стар вулкан, а денес е уреден во рекреативно и излетничко место на Единбург. Една зелена оаза во центарот на Единбург. Ридот - Седиштето на Артур, како и Замокот на Единбург се највисоките точки на хоризонтот на градот Единбург кои доминираат, но се и одличен репер за ориентација кога се движите низ градот,
секогаш да знаете каде сте. Единбург изобилува и со многу зелени површини и паркови, спортски и детски игралишта кои ги има насекаде низ градскиот простор, а за познатата англиска трева и да не зборуваме. Кога ја гледате се прашувате дали е вистинска или вештачка. Таму каде што нема паркови има премногу друго урбано зеленило, што му дава посебност на градот Единбург. Во новите делови на Единбург изградени се и се градат современи објекти. Во заштитеното подрачје, стариот и новиот дел на Единбург изградени се исто така нови современи претежно јавни објекти, административни или објекти од културата, како што се новата зграда на Балетот, доградба на Националниот музеј на Шкотска и секако зградата на Парламентот на Шкотска. Убаво и успешно соединување на старото и новото, Единбург е интересен и посебен град, прво специфичен по својата поставеност и конфигурација, а секако и како град дел од светско културно наследство, но познат е и по својата современост и добро организиран секојдневен живот. Секако да ја спомнам и љубезноста на Шкотланѓаните. Град отворен кон сите и град каде секој ќе си најде нешто интересно и незаборавно.
ПОРТА
најчудни градби
Монтажни домови кои се Станува збор за однапред дизајнирани и склопени живеалишта, комерцијални објекти и друго, кои се составени како „пакет“. Истиот ви се доставува и потоа се отвора сам, без користење на дополнителни машини и слично. При тоа, изборот на објекти варира и зависи од желбите. Од неколку типови на куќи, па се до маркети и трибини
Б Драган РИСТОВ
ританската фирма „Ten folders“ (www.tenfoldengineering. com) внесува револуција во изградбата на куќи. Ако принципот на инсталација (спојување) на веќе готови ѕидови со комплет столарија беше револуција во брзата изградба на домови, за помалку од еден месец, тогаш новиот британски систем е своевидна градежно-архитектурна револуција која 54
ПОРТА
23 февруари 2018
овозможува да добиете дом за помалку од десет минути со стискање на едно копче, додека пиете кафе, а сето тоа го гледате како телевизиска реклама. Станува збор за однапред дизајнирани и склопени живеалишта, комерцијални објекти и друго, кои се составени како „пакет“. Истиот ви се доставува и потоа се отвора сам, без користење на дополнителни машини и слично. Притоа, изборот на објекти варира и зависи од желбите. Од неколку типови на куќи, па сè до маркети и трибини. Ако одиме во детали, „Ten folders“ нуди
речиси сè што може да се сретне во денешниот свет, од набљудувачници за на плажа или на кој било јавен простор, преку категорија „My space“ која всушност претставува животна зона за „личен простор“, потоа монтажни ескалатори, па сè до трибини за мини игралишта и стадиони. Може да се добие и монтажен „пакет“ за медицински пунктови за набљудување при манифестации, шопинг трафики, куќички или бараки за преслекување за на плажа, двоен простор за живот со име „Double extender“, соларни панели на расклопување па дури и
расклопуваат платформи за кревање како солуција за на приколка. Исто така, оваа компанија нуди и монтажни решенија за куќички на дрво, минимаркети, графитни ѕидови па дури и блок-комплекси за хотели. Принципот е доста едноставен и со поставување на неколку коцки со површина од 60 м2 па понатаму добивате хотелски комплекс со соодветен дизајн. Секоја од коцките (просторот за соби) потоа може димензионално да се дели на две или четири соби во зависност од желбата. Дел од мебелот веќе е вграден во самата коцка и истиот се расклопува, а останува само поставување на кревети. Ваквата експресна механичка-расклопливост ви овозможува да имате хотел со само два потега. Истовар на монтажниот сегмент и адаптација. Потребна е само површина според австралискиот модел која би имала довод за вода, канализација и струја за конектирање. Но, не мора ниту да имате рамна бетонирана површина, бидејќи секоја од монтажните единици располага и со „столб-нозе“ кои можат да ја поткренат
23 февруари 2018
ПОРТА
55
целата конструкција од неколку десетина сантиметри. Според веб-страницата, целокупната филозофија на „Ten folders“ се базира на неколку принципи, а тоа се: „оди насекаде“ што подразбира брз и евтин транспорт на објектот, „повеќе од помалку“ што значи дека нема потреба од користење на кранови и други механики за зацврстување или конструкција на објектот и третиот принцип „брзо“ што значи дека со користење на мал електричен погон, целата монтажа и механичка адаптација се завршува за неполни осум минути! Освен овие три монтажни принципи, важно е да се напомене дека се внимава и на големината на објектот кој може да биде од минималните 64 м2 за живот и 20 м2 за комерцијален објект па понатаму со едноставно комбинирање на монтажните единици и нивно физичко спојување една до друга. Тоа практично значи можност за „скалирање“ на нивоа, потоа адаптивност на опкружувањето и најважно е што објектот за живеење на пример во комбинација со електрични панели на склопување, може да значи извор на енергија и независност од јавната електрична мрежа. Во суштина, една склопена монтажна единица функционира така што, по доставата на камион или транспортер, буквално се дава импулс за што како извор на енергија е доволна и една рачна батерија. Сето друго го врши гравитацијата. Ѕидовите, кровот, подната конструкција 56
ПОРТА
23 февруари 2018
имаат свои зони за поврзување, без никакви брави или користење на навртки или граничници. Однапред е испланирано која зона прва се извлекува и што доаѓа на крајот. Слично е и ако го „пакувате“ објектот и се селите. Доволно е да се турне последниот инсталиран елемент од објектот, и тој наназад ја враќа монтажната единица во форма на пакет, онака како што сте ја добиле. Ваквата брза адаптација на системот кој не бара човечки напор, придонела веќе на сите континенти да се испорачуваат илјадници од овие објекти. Притоа, самиот произведувач е подготвен и на визуелнодизајнерска адаптација на објектите во
согласност со архитектурата и традицијата на земјата и секако на платите на луѓето па елементите имаат и доста ниски цени. Освен максимална искористеност на просторот, овие објекти покрај својата преселна функција која е дополнителен бенефит, овозможува и секој да добие свој дом за минимална цена во соодветни просторни услови. Според англиските аналитичари, доколку повеќе фирми ја преземат иницијативата и идејата за ваков тип на објекти, модерниот свет може да биде на праг да го зголеми бројот на луѓе со кров над глава и тоа во човечки услови. Секако, и парите играат улога!
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
хортикултура
МЕТАЛОТ КАКО ЕЛЕМЕНТ ВО УРЕДУВАЊЕТО НА ГРАДИНИТЕ
Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж Биро Проект
С
58
ПОРТА
јајни, ’рѓосани или обоени, металите може да се користат, како структурно така и декоративно во вашата градина.
23 февруари 2018
Во поново време постои голема примена на металот за уредување во градините. Притоа се користат метали како челик, алуминиум, цинк, месинг, бронза, бакар и слично. Ковањето на железото е еден од најстарите занаети. Иако во поново време со напредокот на технологијата овој занает
речиси е пред изумирање, многу често се користи за изработка на огради од ковано железо. Истите може да бидат формални и неформални. Неформалните метални огради најчесто се изработуваат за декор на потрадиционалните градинарски стилови. Кај нив покрај металните транспарентни
преградни елементи често се додаваат најразлични декоративни елементи. Овен како ограда може да се сретне и во форма на најразлични метални конструкции како перголи, натстрешници, лакови итн. Бакарот е одличен скулпторски метал за употреба во градината, бидејќи неговата еластичност дозволува да се свитка и да се манипулира во убави форми. Со оглед на фактот дека станува збор за нерѓосувачки метал тој претставува идеален за изработка на водни елементи во градината. Месингот е легура на бакар и цинк што создава жолтеникав, сјаен метал кој може да биде високо полиран. Месингот со висока содржина на бакар има заштитен слој кој ја спречува корозијата. Вообичаено се користи во модерни градинарски стилови поради високиот степен на сјајност, но не е исклучен и во традиционалните градинарски стилови. Може да се сретне во најразлични форми како жардиниери, статуи, декоративни рачки и слично. Доколку имате стар, ’рѓосан градинарски мебел, тој може да се обработи со што би се продолжил неговиот животен век. ’Рѓата најчесто се отстранува механички со челична четка по што потребно е да се премачка со основна заштитна боја, а потоа со финалниот премаз во саканата боја. Постојат и голем број хемикалии за заштита на металот од ’рѓа како татнинска и фосфорна киселина. Кованото железо исто така може да се заштити со восок за спречување на ’рѓа. Мебелот од метал во градината може да апсорбира или да рефлектира топлина од повеќе површини. На ова може да се гледа како предност или недостаток, во зависност од годишното време како и експозицијата на која е поставен. Летно време тешки и темно обоени метали лесно се загреваат до температура која може да предизвика изгореници на кожата. Лесниот и рефлектирачки алуминиумски мебел останува ладен дури и во лето изложен на директна сончева светлина, но тоа може да претставува проблем во поладните денови во годината. Поради карактеристиките на металите и нивната неудобност при седење, најчесто истите одат во комбинација со дрво или перничиња. Металните паравани сè почесто се користат во уредувањето на дворовите, поради
можноста да бидат обработени ласерски, во одреден мотив, што во голема мера дозволува да се вклопат во секој градинарски стил. Тие се среќаваат како кругови, геометриски тела, апстрактни или традиционални модели. Во овој случај металните плочи најчесто се доста тенки, а обработката може биде прозрачна со што би се овозможило достапност на светлината на двата краја на градината. Ваквите паравани освен за преградување на делови од градината многу често се користат и како 23 февруари 2018
ПОРТА
59
декорација во просторот, најчесто монтирани пред обоен ѕид, кој со посебна илуминација дава посебен ефект во ноќните часови. Ваквите паравани може да бидат изработени од алуминиум, челик, барак или месинг. Металните рабници во градината се среќаваат како алуминиумски или челични. Челичнините може да бидат обоени во различни нијанси. Нивната намена е да се направи јасна поделба помеѓу тревникот и аранжираните делови со растенија, камен или мулч. Формата може да биде права или искршена под одреден агол по цела должина кај формалните градини или брановидна и крива кај неформалните градини. Најчесто овие рабници се со висина од околу 5 до 15 см, а во земја се прицврстени со клинови закопани во поголема длабочина.
ПОРТА
ПОРТА
уметност
РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА СЕЗАР ВО ЦЕНТАР ПОМПИДУ ВО ПАРИЗ
Скулптор воден од раката на страста и инспириран од
металниот отпад
Посебноста на овие „компресии“ е што е „ослободена нивната бескорисност, нивната сиромаштија, па дури и нивната беда, и на тој начин покажуваат неочекувана убавина“. Умберто Еко
Текст и фото, Дејан БУЃЕВАЦ (специјално за Порта 3 од Париз)
О
д 13 декември 2017 година до 26 март оваа година, во Центарот Помпиду поставена е голема изложба – ретроспектива посветена на делото на Сезар Балдачини (1921-1998), француски скулптор познат по своите радикални компресии (пресувани автомобили или купишта отпад), „експанзии“ (скулптури од полиуретанска пена) и фантастични претстави на животни 62
ПОРТА
23 февруари 2018
и инсекти. Сезар е еден од најважните француски уметници на новиот реализам. Сезар, еден од најистакнатите уметници на своето време и автор кој често пати бил погрешно разбран поради својата уметност, починал пред дваесет години. Тој станал познат уште на 25-годишна возраст, кога од Марсеј се преселил во Париз во 1944 година и кога почнал да ја развива техниката на креирање скулптури со заварување на стари железни материјали. Неговото творештво опфаќа секогаш актуелни теми како што се прекумерното конзумерство, прекумерното трошење, и тој во текот на својот живот креирал еден сатиричен универзум, кој истовремено осудувал и интригирал.
Изложбата во центарот Помпиду претставува 100 дела собрани од целиот свет, од кои денес многу се сметаат за икони на модерната скулптура. Несомнено една од најистакнатите личности на минатиот век, автор на џиновскиот палец, кој се наоѓа во La Défense, деловниот кварт во 6-ти арондисман на Париз, и на бронзената статуетка César која секоја година се доделува на церемонијата French Cinema Аwards. Поставката е вистинска можност да се види делото на овој исклучителен мајстор на скулптурата. ПОЧЕТОЦИ И НОВ РЕАЛИЗАМ Сезар Балдачини е француски скулптор со италијанско потекло и како што спомнавме еден од главните претставници на новиот реализам уметнички правец во модерната ликовна уметност. Името на овој правец потекнува од францускиот критичар Пјер Рестани и се однесува на уметничките достигнувања на група уметници (Клајн, Сезар, Арман, Кристо, Рејс, Тенгли и други), кои се базираат на луцидноста на дадаизмот и иконографијата на потрошувачкото општество. Нивната уметност била сродна на поп-артот во Англија и Америка. Така, на почетокот на шеесеттите години во 20 век уметничкото движење нов реализам се обиде да го премости јазот помеѓу уметноста и животот, а основниот начин со кој се служеле неговите членови е рециклирање на отпадот. Односно, акумулација на предмети со исти или слични карактеристики), нивна модификација, нивна компресија... Посебно во ваквото уметничко третирање на процесот на рециклирање се истакнал César
(негово полно име и презиме е César Baldaccini). Имено, Сезар ги користел автомобилите кои се индустриски пресувани и компресирани во блокови со остри ивици, не нагласувајќи ништо друго во нивното изложување, освен самото постоење на обликот и материјалот. Со набиеноста и компресирањето автомобилот ја губи својата функционална, но и симболична смисла. Како син на италијански имигранти, Сезар го напуштил училиштето на возраст од 12 години за да работи, но по три години тој се запишал на локалната уметничка академија во Марсеј и посетувал вечерни часови. Во 1943 година, тој добил стипендија за престижната École des Beaux-Arts во Париз. Со својата уметничка визија која била обликувана и со сиромаштијата со која се соочувал како млад човек, тој користел најевтини и најисплатливи материјали за своите скулптури и станал еден од основачите на
ПОРТА
движењето нов реализам, во кое ги инкорпорирал елементите на италијанската Arte Povera - уметничка група која ги истакнувала суровите и непреработени материјали - и на француските Matiéristes, кои биле фокусирани на „пронајдени објекти“ (objets trouvés). Неговиот прв самостоен уметнички настап бил во 1954 година во галеријата Lucien Durand во Париз, а неговата прва „компресија“ била изложена во 1958 година. ДЕЛА ОД СТАРО ЖЕЛЕЗО На почетокот на својата творечка кариера (од 1953 година) Сезар Балдачини создал скулптури од старо железо, комбинирајќи парчиња со машина за заварување. Во овие дела може да се следи влијанието на Пикасо и Ришие. Овие скулптури се одликувале со различни форми и текстури, својства за старото железо кои не биле маскирани, туку, напротив, активно се користеле.
„КОМПРЕСИИ“ Психологијата вели дека автомобилот во соништата симболизира актуелен развој и неочекувани промени кои може да се случат, па евентуалната симболика на пресуваните автомобили на Сезар може да се однесува само на формата на нивната „скулптуралност“, бидејќи функционалноста на објектот (автомобилот) е изгубена. Обликот на таквата содржина е најчесто квадратен, така што станува симбол на просторот, земјата и материјата. Посебноста на овие „компресии“ е што е „ослободена нивната бескорисност, нивната сиромаштија, па дури и нивната беда, и на тој начин покажуваат неочекувана убавина" (Умберто Еко). Може да се каже дека на симболично ниво „можноста за развој и промени“, тука е дојдена до својот крај. (спротивно на старогрчките уметници, кои сакале да ги покажат совршенството и
довршеноста на човековата убавина, тука авторот се занимава со недовршеноста и несовршеноста). На некој начин, може да се каже дека „компресијата“ на Сезар е еден вид на „Мементо мори“ (тема многу популарна во барокниот период) - односно „мртва природа“, која во овој случај не се состои од глинени садови, излупени лимони, мртви фазани или черепи, туку од омилените форми од индустрискиот свет. Како и да е, минливоста, но и моментот од конечното ослободување на употребливоста „зрачат“ од овие навидум „неугледни“ скулптури, со што уште еднаш се потврдува тврдењето на Шиле: „Уметноста не може да биде модерна, бидејќи таа е вистински вечна“. Сезар користел хидраулична преса за да создаде многу „компресии“ и повремено користел заварувачки машини. Еден негов објект содржи илјадници фалсификувани „Картие“ часовници запленети од царински службеници. За Фондацијата „Картие“ во 1986 година, Цезар направил монументална компресија од 16 тркачки автомобили - Champions. Неговиот сензационален гигантски Sein бил моделиран според градите на кабаретска танчарка и обликуван во розова полиестерска смола. Едно од неговите најпознати и најдостапни дела, репродуцирано во многу димензии за комерцијална продажба, е секако претставата на неговиот палец - Le Pouce, верзија од 12 метри, подигната во парискиот кварт на La Défense. Најмасивното дело на Сезар е проектот од 520 тони компресирани автомобили изложени на Венециското биенале во 1995 година. ЕКСПАНЗИИ Од крајот на 60-тите години на 20 век, Цезар почнал да создава нови уметнички форми, т.н. експанзии, во духот на компресирани проширувања, комбинирајќи ја скулптурата и хепенингот како уметнички чин. Уметникот во присуство на публиката истура пена полиуретан на подот на галерија или музеј, кој се „замрзнува“ во различни форми. Една од првите такви „експанзии“ била во месец мај 1967 година во Салон во Париз. За некои дела, Цезар користел оган, креирајќи мазни, сјајни форми на промена со помош на факел, нарекувајќи ги „согорувања“. СКУЛПТУРА КАКО ДЕЛУВАЊЕ Треба да се биде на дистанца од едноставното толкување на Сезар како уметник на завареното железо, автор на компресии, импресии и „екстензии“ по кои тој и навистина бил познат. Или да се третира во поп-артовска смисла само како критичар на конзумеризмот. Инвентивно, воден од логиката на материјалот, тој настојувал да го изрази духот на времето, да ја изрази својата уметност преку
ПОРТА
одлучувачки нови потези, кои тогаш навистина го добиле сето можно внимание на целиот свет. Додека ги менувал јазикот и практиките на скулптурата, тој константно се враќал на техники кои ги открил кога бил без скршена пара, како што е заварувањето на старо железо. Тој независно од машините кои биле круцијален дел во реализациите на неговите дела, целиот свој живот бил понесен од митските приказни за уметноста како интимност на креативен чин и практика која зависи само од рацете на уметникот. Од оваа спротивставеност помеѓу рацете на страста и праксата врз основа на индустриската технологија и моќта на машините, Сезар креирал една скулптурална дијалектика за која ќе создаде нови и нови алатки инспирирани од неговата творечка љубопитност. Со своите дела, Сезар постојано го доведувал под знак прашање јазикот на скулптурата во времето на модерноста и на современоста. Така, неговите реализации кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години на минатиот век, делувале како еден вид „експерименти“, „вежби“ сè со цел размислувањето за скулптурата да се пренесува на различни и нови нивоа и да се создаваат нови работи...
бил пријател со Пикасо, кој живеел најголем дел од својот живот во Париз. ВЛИЈАНИЈА И ПРИЗНАНИЈА Во развојот на неговото творештво големо влијание имало разноликото дело на Пабло Пикасо, францускиот скулптор Жерман Ришие, швајцарскиот уметник Алберто Џакомети и геометриските апстрактни креации на британскиот уметник Ентони Каро. Бидејќи неговите креации најчесто биле толкувани како критика на конзумерството, затоа и неговите т.н. consumer-waste скулптури биле споредувани со поп-уметноста на Енди Ворхол.
Сезар, сепак, во текот на својот живот одбивал да биде групиран или сместуван во категоризациите што биле диктирани од страна на уметничкиот свет. Во 1975 година, француската филмска индустрија нарачала од Сезар да осмисли и дизајнира нивна годишна награда во форма на статуетка која би се доделувала секоја година на најдобрите филмски остварувања во Франција. Сезар реализирал компресирана златна статуетка, сосема различна од нејзината постара американска „роднина“ - Оскар. Сезар во 1996 година ја добил наградата Praemium Imperiale prize за скулптура од Јапонската уметничка асоцијација.
КЕНТАУР Достигнувајќи височина од речиси пет метри, скулптурата на Сезар Le Centaure претставува бронзен кентаур (суштество со човечки и животински елементи). Суштеството изгледа прилично агресивно, и покрај гулабот во левата рака. Создадено по нарачка на Министерството за култура во 1983 година и инсталирано на плоштадот во Париз во 1985 година, скулптурата била замислена како почит кон Пикасо. Сезар ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ТРЕСКАВЕЦ
ФОТО: АНГЕЛ СИТНОВСКИ