ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
269 ЈУНИ 2018
Врвни постапокалиптични остатоци во „Луј Витон“ Едноставните идеи најуспешни Време е да фатиме чекор со европските градови
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 269 ПЕТОК 29.6.2018 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Грешките во урбанизмот се речиси непоправливи. Просторните деформации предизвикани од лоши урбанистички планови го прават градот мачно место за неговите жители и прават штета од секаков вид. Општина Центар е единствена која се обидува да се справи со грешките во урбанизмот со воведување мораториум на некои од ДУП-овите. Во очекување на резултатите, за сè она што досега е направено и за очекувањата од активностите на Општината, разговаравме со Јана Белчева – Андреевска, претседател на Советот на Општина Центар. Според неа, мораториумот е нов принцип за рамномерен развој и заштита на јавниот интерес и време е да се фати чекор со европските градови. Венецијанското архитектонско биенале е уникатно доживување, почнувајќи од самата атмосфера на градот, просторите во кои се наоѓаат изложбените поставки, сѐ до импозантните идеи, различни размислувања и гледишта на светот и архитектурата кои поттикнуваат размислувања и емоции за подолг период. Сепак при вреднувањето на трудовите се покажа дека најуспешни се едноставните идеи. -Во архитектурата не можете многу да работите еден месец, а следниот да паузирате. Архитектурата бара години работа, ако сте млад архитект целта би требало да ви биде да добиете
најдобро можно искуство. Треба да одите таму каде што можете да се развивате, ако се чувствувате како да работите сервисна работа тогаш треба да ја промените, вели во разговр за нашето списание, Богуслав Барнаш од студиото BXB од Краков, Полска. Во седумдесеттите години на минатиот век изграден е трговски центар во централното подрачје на градот Штип. Но дојде време за негова надградба и реконструкција. При обликување на фасадата, проектантите ја следеле градежната линија која е заоблена, а му дава посебна мекост на објектот кој е со голема должина и нагласена хоризонтала. Фасадата е изведена во стакло, повеќеслоен термоизолиран термопан со алуминиумски профили, структурална фасада во комбинација со ХПЛ-бели плочи. Продолжувајќи да биде организатор на must-seen изложби музејот „Луј Витон“, како спектакуларна архитектонска структура на Френк Гери, сместен на работ на идиличната Булоњска шума во северниот дел на Париз, во моментов е домаќин на една навистина прекрасна, неверојатно хипнотичка изложба со наслов Au diapason du monde („Во склад со светот“). На неа се поставени врвни постапокалиптични остатоци.
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница ДУП - ДЕБАР МААЛО 2 ОПШТИНА ЦЕНТАР, СКОПЈЕ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
269 ЈУНИ 2018
Врвни постапокалиптични остатоци во „Луј Витон“ Едноставните идеи најуспешни Време е да фатиме чекор со европските градови
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
90 ДЕНАРИ
ОД РЕДАКЦИЈАТА
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ИНФО 6
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
СКОПЈЕ ЦЕНТАР НА „КРЕМОТ“ ОД ГЕОТЕХНИКАТА И ТУНЕЛОГРАДБАТА
ГРАДЕЖНИШТВО 11
ДЕЦЕНИСКО ИСКУСТВО ВГРАДЕНО ВО ЅИД СО ВИСИНА ОД 25 МЕТРИ НА КОРИДОРОТ X
АРХИТЕКТУРА 20
20
ВО ДУХОТ НА ДЕНЕШНОТО ВРЕМЕ
ИНТЕРВЈУ 30
34
30
САКАМЕ ЦЕНТАР ДА БИДЕ ОПШТИНА КОЈА ЌЕ СЕ РАЗВИВА СПОРЕД СВЕТСКИТЕ ТРЕНДОВИ
СТАДИОНИ 36
АРХИТЕКТУРА 42
16. БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА
58
ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 48
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КУЛТУРНОИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ
Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
ЕКОЛОГИЈА 52
Датум на печатење: 28.6.2018 Број на примероци: 800
ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО „СЕ ДАВИ“ И СО ВОДА И БЕЗ НЕА
УМЕТНОСТ 58
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН КОМПЛЕКС ОД 470 МИЛИОНИ ДОЛАРИ
ВРВНИ ПОСТАПОКАЛИПТИЧНИ ОСТАТОЦИ ВО „ЛУЈ ВИТОН“
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ
52
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Скопје центар на „кремот“ од геотехниката и тунелоградбата Доделување на признание на проф. Брандл од страна на претседателот на РМ, проф. Ѓорѓе Иванов
доц. д-р Јован БР. ПАПИЌ, секретар на Друштвото за геотехника на Македонија
К
ога во септември 2014 година, во рамките на јубилејната XV Подунавско-европска конференција за геотехника (DECGE), беше одлучено организатор на следната XVI конференција да биде Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ), делегацијата на ДГМ беше прилично возбудена, но истовремено и воздржана. Ова од причина што и амбициите на идниот домаќин и апетитите на потенцијалните учесници беа високи, бидејќи во тоа време, зад нас беше конференција со голем број на учесници во префинетата Виена, а претстоеја XVI Европска конференција во Единбург во 2015 и XIX Меѓународна конференција во Сеул во 2017 година, и двете со примена на високи технолошки достигнувања, па срамежливо се поставуваше прашањето: како Скопје ќе се снајде, вклучи и вклопи во тоа милје? Веста за доделувањето на организацијата веднаш беше споделена со членството на ДГМ, но и беше посочено дека пред сите нас е период со големи заложби во и онака збиената секојдневица, па се апелираше на поддршка. Внимателно составениот организационен тим започна да ги поставува работите на очекуваните или предвидените позиции, секако поучени и од искуствата со учества на слични настани. Процедурата подразбираше и одбирање на актуелна тема на конференцијата, соодветен период и локација за одржување, промоција преку интернет и печатени материјали и редовни учества на сродни настани, составување на силен научен одбор, селектирање на реномирани предавачи, редовна електронска комуникација, привлекување на компании, унифицирање на презентации и постери, составување на богата и разновидна програма за сите учесници, запазувајќи доволни периоди за социјални активности и културно-уметнички аспекти итн. Сега, по затворањето на Конференцијата, впечатоците и коментарите кажуваат дека е успеано во остварувањето на идеите. Гостите – кои ги имаше од речиси 50 земји од сите континенти – започнаа да пристигнуваат веќе на 4 јуни, додека првиот настан се случи на 6 јуни, кога, со поддршка на раководството на Меѓународната асоцијација за тунелоградба и подземни конструкции (ITA), се одржаа низа предавања во рамките на еднодневниот
6
ПОРТА
29 јуни 2018
семинар „Анализи и управување со ризик при тунелоградба“. Тој беше промовиран и од страна на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, со доделување на соодветен број на бодови, па учество зедоа речиси 130 луѓе, вклучувајќи и студенти, а солиден број имаше и од странство. Паралелно на ова, се одржа и состанок на претседателството на Меѓународното друштво за механика на почви и геотехника (ISSMGE), кои во текот на денот сите направија пауза од обврските за да земат учество на церемонијата на доделување на признание на проф. Ханјц Брандл – Медал за заслуги за Македонија од страна на претседателот на Република Македонија, проф. Ѓорге Иванов. Импресиите од чинот ги следеа сведоците постојано во текот на престојот во Скопје, за што во повеќе наврати изразија воодушевување, бидејќи претставува и чест за самиот проф. Брандл, како еден од „татковците“ на Подунавските конференции, а воедно и признание за самата геотехника. Претседателот на Република Македонија зеде учество и на свеченото отворање на конференцијата одржано во претпладневните часови на 7 јуни, кога со пригоден говор им се обрати на учесниците. Поздрав упатија и претседателите на ISSMGE и ITA, како и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), после што стручни излагања имаа проф. Милорад Јовановски, претседателот на ДГМ и носител на улогата организатор, и лауреатот проф. Брандл, кој е и почесен професор на УКИМ. Веднаш потоа започнаа и состаноците на Извршниот комитет на ITA, како и излагањата на дел од повиканите предавачи. Имено, во рамките на XVI Подунавско-европска конференција за геотехника, свои термини на проширени излагања имаа и професорите: Мишко Чубриновски – сега од Нов Зеланд, Кришна Реди од САД, Федерика Котекија од Италија, Ахмед Сагламер од Турција, Иван Ваничек од Чешка, Хусеин Мруех од Франција, Питер Деј од Јужноафриканска Република – воедно и Терцаги говорник на конференцијата во Сеул, Мунир Буасида од Тунис и претседателот на ITA, Тарцизио Целестино од Бразил. Секако, соодветен период имаа и останатите учесници, па така, во стручниот дел, заклучно со последниот ден на конференцијата во саботата на 9 јуни, устен и електронски постер- презентации имаа околу 120 од прифатените преку 150 реферати. Тоа доведе и до присуство на преку 300
XVI ПОДУНАВСКО-ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГЕОТЕХНИКА учесници на конференцијата „Геотехнички хазарди и ризици: искуства и пракса“, каде беше забележително присуството на млади инженери. Идејата да има присутни и од регионот се оствари, а задоволството од учеството беше обострано. За секоја од сесиите беа определени и тандеми на водители, при што едниот член беше номиниран од страна на ДГМ, додека другиот беше претставник на други подунавски земји или на ISSMGE. Инфраструктурата на хотелот „Александар Палас“, кој во целост ги отстапи и прилагоди своите капацитети за потребите на конференцијата, овозможи, покрај реализирањето на приемен коктел во дворот, да се организира и мини-саем за фирми што работат во областа на геотехниката и тунелите. На него се претставија 25 фирми од северната хемисфера: дел од нив за запознавање на посетителите со нивната работа, а дел за проширување на локацијата за работа. Во оваа сала редовно се одржуваа кафе-паузите помеѓу сесиите, што овозможи поголема интеракција и зближување помеѓу учесниците и со фирмите. По стручниот дел, на 9.6.2018 се реализираа и четири техничкотуристички посети до браните Св. Петка и Матка, и соодветни објекти на автопатот Миладиновци – Штип и секцијата Демир Капија – Смоквица на Коридорот 10, секако – зачинето со посета на цркви, музеи, пештери, Кокино, винарија итн. Слична на последнонаведеното беше и програмата за придружните личности, кои имаа можност да го запознаат Охрид, но и делови на Скопје со околината. Остварувањето на сите овие замисли, идеи и планови го спроведоа студенти од Градежниот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, како и вработени во компанијата ГЕИНГ и во Градежниот институт „Македонија“. Поддршката е немерлива и
организаторот искрено им се заблагодарува, како и на фирмите кои финансиски го поткрепија одржувањето на XVI Подунавско-европска конференција за геотехника. Голем дел од присутните, помеѓу нив и истакнати личности од претседателствата на ISSMGE и ITA, со суперлативи ја коментираа целокупната организација, програма, тек и реализација, констатирајќи дека за следните домаќини реперите се поместени прилично високо. За оваа категорија на регионални конференции, палката ја презедоа колегите од Романија кои во 2022 год. учесниците ќе ги дочекаат во Букурешт.
Пријателско „гибање“ на претседателот на ДГМ, проф. Јовановски (лево) и претседателот на ISSMGE, проф. Нг (десно)
ПОРТА
ин мемориам
СЕЌАВАЊЕ ЗА АЛЕКСАНДАР НИКОЉСКИ (1937-2018)
За Архитектурата на убавото
С
еќавањето е повеќе од сознајна категорија. Сеќавањето, проекција во една од трите димензии на времето, пред сè е суштествена категорија на себе препознавање. Со сеќавањето за вредностите на другиот, ние истите ги актуализираме во себе и се подвижуваме. Сеќавајќи се постоиме. Се сеќаваме на Александар Никољски. Личност, архитект и педагог, кој остави дистинктивна трага на македонската културна сцена во периодот на втората половина на ХХ век. Неговото делување е комплексно и во различни медиуми, кои се во постојано содејствие, синергија, надополнување. Од тоа меѓудејствие произлегува парадигматичноста и витализмот, длабокосежноста, но и отвореноста во неговото дело. Се сеќаваме на Александар Никољски низ три, за него специфични аспекти, кои произлегуваат еден од друг, кои се неразделни и се проникнуваат. Прво, Александар Никољски како личност, човек, потоа како творец, архитект и на крајот како педагог. Како личност го красеше димензијата на добрина. Добрина, која се реализираше како неконфликтност и уште повеќе како собирачкост. Тој ги обединуваше сите со своето разбирање и умереност. Со тоа влеваше хармонија и доверба. Имаше дар за препознавање на вредностите кај другите и доблест да ги поттикнува. Се радуваше на квалитетот и веруваше во успехот на другите. 8
ПОРТА
29 јуни 2018
Неговата добрина не беше само емоционална категорија, туку уште повеќе, беше егзистенцијална. Таа негова личносна добрина, својството на собирање, поврзување, обединување понатаму го чинеа да биде вистински архитект. Затоа што вистинската архитектура е акт на составување , соединување, создавање состојба во која целината е повеќе од збир на елементите. Значи второ, Александар Никољски како архитект. Специфична е неговата повеќедимензионалност, афинитет и вештина чувствата и визиите да ги искаже во различни медиуми и мерила. Специфичен е неговиот холистички пристап на неразделност во согледувањето на архитектонскиот простор како внатрешен или како надворешен. Повеќесетилноста на неговите простори е основата на нивната феноменална длабочина и трајност. Рефлексивната поетика низ различните планови на паралелност создава чувство на присутност, чувство на реализиран хуманизам. Тој твореше во период на преиспитување на кодовите на дотогашното културно, и нему следствено архитектонското творештво. Период на постмодерната, која ја прифати критички и со свест за вредностите на сопствената културна традиција. Во таа смисла, ја врати сликовитоста, наративноста, асоцијативноста во обликовната пракса во која доминираше формалистичката апстракција. Двата типски проекти за самопослужни продавници од 1963 година, во обликовна смисла се парадигматичен пример на високи паралели, до ниво на класична композиција, кои од друга страна се надополнети со
префинета инженерска логика и реална технологија. Од тој период, 1968, исто така врвно архитектонско остварување е објектот со ентериерно решение „Грација“, кој стана симбол на новиот дух на времето, програмски и јазично формален. Неговите објекти, заедно со арх. И. Пулејков, домови на културата во Витина и во Србица, а потоа и мотелот „Македонија“ во Велес, имаат јасна типолошка референца со постојниот контекст, природен и артифициелен. Тие имаат богата морфолошка синтакса, која обезбедува просторна единственост и идентитет. Ентериерните решенија во најразличните случаи се длабоко обмислени, со внатрешна хармонија која му дозволува на субјектот позитивна партиципација. Важно е да се споменат и јавните урбани простори, систем на урбана опрема, киосци и натстрешници, кои претставуваа меки ткива, текстури, кои ненаметливо се вградуваа, но и создаваа места. Важна е и нивната наративност како оддалечување од машинската и враќање кон поетиката на органското. Од неговата личносна добрина произлегува убавината на неговите простори. И трето, во ова тројство на делување, создавање е неговата педагогија. Тој даваше пример, прво со своето однесување, со вредностите кои самиот ги практикуваше. Вредности кои ги отелотворуваше во архитектурата. Потоа педагогијата на постојано истражување, откривање во рамките на наставата на Архитектонскиот факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Истражувања на архитектонски простори, но и на артефакти,
Семејна куќа Куцурелос (1999)
како траги на живот. Педагогија на културолошкото обединување на субјектот со апстрактната геометрија, простор преку предметите, објектите. Неговата хабилитација напишана пред 40 години, „Биолошко психофизички и естетски категории со кои се моделира просторот“, всушност е илустрација на него како личност, творец и педагог. Врвниот заклучок во неа е на етичкото рамниште со тоа што убавината, која потекнува од доброто ја илустрира со пример на вредноста, важноста на искреноста. Со тоа прави дефинитивно фокусирање на човекообразноста, го враќа човекот, метафизиката на обичното, во центарот на архитектонскиот простор. Неговата педагогија опфаќаше и директно учење, всушност стручни екскурзии со кои се продлабочуваше појмовниот хоризонт на студентот. Директно знаење. Како особен пример на педагогија е поттикнувањето и организирањето на изложба „Хартиена архитектура“, со која обединувајќи група од 4 млади архитекти, обединувајќи четири различни архитектонски јазици нè упати на важноста на плуралистичкото. Таквата уметничка верификација всушност беше и социокултурен рефлекс. На сите овие нивоа, на доброто, убавото и вистинското, Александар Никољски целиот свој живот, со целото свое битие се бореше несебично. Се бореше за убавината на овој свет, за добрината на овој свет. Вредности кои чувствуваше дека толку ни недостасуваат. Ќе остане во вечно сеќавање, во спомените, во нашето делување, во тоа како треба да се создава. Како треба да се создаваме. Со благодарност, Митко ХАЏИ ПУЉА
Дом на културата, Витина- Косово
Систем на урбана опрема, киосци и настрешници. Производител Полипласт, Струга
Позначајни реализирани дела: 1968 Ентериерно решение на „Грација“- Скопје (со арх. И. Пулејков) 1972 Ентериер за шаховската Олимпијада во Скопје (со арх. И. Пулејков) 1982 Мотел „Македонија“-Велес (со арх. И. Пулејков) 1984 - Дом на култура во Србица и Витина, Косово со (со арх. И. Пулејков) 1986 - Ентериерно решение Музеи на Македонија – Скопје 1997 - Семејна куќа на фам. Куцурелос Награди и признанија: 1976 - 13 Ноември за урбана опрема во Скопје 1985 - Борбина плакета за мотел „Македонија“Велес 1983, 1989, 1993 - Специјални признанија на БИМАС 1997 - Голема награда на ААМ за семејна куќа Куцурелос 2006 -„Андреја Дамјанов“, награда за животно дело, доделена од од ААМ 29 јуни 2018
ПОРТА
9
ин мемориам ВУЛНЕТ ПАЛОШИ (1950-2018)
Eден од првите албански инженери во полето на патната инфраструктура
П
рофесорот д-р Вулнет Палоши е еден од првите албански инженери во полето на патната инфраструктура, во Република Македонија, Република Косово и Република Албанија. Во својот животен и творечки век тој даде голем придонес на професионалното поле, оставајќи големи дела. Вонредниот професор Вулнет Палоши дипломира во 1980 година на Градежниот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, насока: Патишта и
10
ПОРТА
29 јуни 2018
сообраќај и се стекнал со стручен назив: дипломиран градежен инженер. На Градежниот факултет специјализира во 1987 година со труд од областа на патишта со тема „Примена на површински обработки за зајакнување на постојни коловозни конструкции на патишта“, и се стекнува со стручен назив: специјалист по технички науки. Магистрира на истиот факултет во 2002 година со труд од областа на патишта со наслов „Функционални придружни објекти на автопатишта со посебен осврт на објектите за наплата на патарина во систем на комерцијална експлоатација“. Во 2005 година на Градежниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, успешно ја брани докторската дисертација под наслов: „Методологија за дефинирање на индикатори за потреби од рехабилитација на коловози во систем за контрола и управување со нив“. Во 2007 година со одлука на Сенатот на „Државниот универзитет во Тетово“ се здобива со наставно-научно звање: доцент, а во 2013 и со наставно-научно звање: вонреден професор. Во периодот од 1980 до 1991 Вулнет Палоши работи во Приштина како технички директор на „Пут Приштина“. Во периодот од 1992 до 1998 работи во Општина Тетово, како член на Извршен совет во областа на урбанизмот. Во периодот од 1998 до 2002 е директор на Фондот за магистрални патишта на Република Македонија. Бил и директор на приватна градежна фирма, а од 2006 година наваму предава на Факултетот за применети науки при „Универзитетот во Тетово“ – Тетово. Во досегашната своја кариера има учествувано на повеќе меѓународни презентации, комисии, форуми, работилници и експертски собири, од областа на патиштата и сообраќајот. Автор е на многу книги и студентски скрипти, а учествувал и во изготвувањето на Државна стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот“. Проф. д-р Вулнет Палоши беше член, соработник, координатор, консултант, советник итн. во многу асоцијации, здруженија, претпријатија и други институции на национално ниво. Скендер ПАЛОШИ, дипл.инж.арх
ТЕХНОЛОГИЈАТА „АРМИРАНА ЗЕМЈА“ НА ДЕЛНИЦАТА ДЕМИР КАПИЈА - СМОКВИЦА
градежништво
Децениско искуство вградено во ѕид со висина од 25 метри на Коридорот X Изградбата на конструкции од армирана земја не бара ниту скеле, ниту тешка механизација. Освен стандардната опрема за земјени работи која се користи за поставување и компактирање на задниот дел, потребен е помал кран за поставување на бетонските панели David BRANCAZ, Eric LUCAS, Alain TIGOULET, Ирина ГАПИЌ
Ф
ранцускиот инженер Хенри Видал, во 1963 година измислил нов композитен материјал кој ја користи земјата како суровина. Успехот на овој изум овозможил неговата компанија, Армирана земја или Terre Armée (Reinforced Earth®) за само неколку децении да се етаблира на пет континенти. Технологијата „армирана земја“, лесна за користење и изведба брзо се покажа како идеално решение на принцип на исполна зад панели, особено во делот на автопатиштата. Со бројни примени, армираната земја како конструкција комбинира селектирана и контролирана грануларна исполна со челични или геосинтетички ленти за зајакнување и модуларен фасаден систем, вообичаено изведен од префабрикувани бетонски панели. Од 1968 година, компанијата Terre Armée или Reinforced Earth® (Армирана земја) е светски лидер на системот „Механички стабилизирана земја“, или армирана земја која е најчесто употребувана деноминација за овој тип на објекти. Оваа технологија може да се прилагоди за да одговара на потпорни ѕидови на која било висина. Исто така овозможува примање на големи постојани и променливи товари од придружните конструкции, возила или друга опрема. Уште од кога е измислена, технологијата армирана земја се користи во изградбата на патни структури, автопати, железници, во рударство и др., што често значи изведба на нерамни терени, работа во лоши почвени услови и карпести или нестабилни косини.
Типичен пресек на ѕид од армирана земја
Сиетл, 45 метри висок повеќеслоен ѕид за проширување на меѓународниот аеродром SeaTac 29 јуни 2018
ПОРТА
11
Потврдено е дека надворешната, фасадна АРМИРАНА ЗЕМЈА: ЛЕСНА ЗА ГРАДЕЊЕ, страна може да издржи 1,5 % ФЛЕКСИБИЛНА И ФЛЕКСИБИЛНА диференцијални слегнувања по нејзината СТРУКТУРА должина без да претрпи оштетување. Изградбата на конструкции од армирана Поради оваа флексибилност, во голем број земја не бара ниту скеле, ниту тешка на случаи, бетонски ѕид со длабоки темели механизација. Освен стандардната опрема може да се замени со ѕид од армирана земја за земјени работи која се користи за без подобрување на почвата. поставување и компактирање на задниот Во прилог на вообичаените потпорни дел, потребен е помал кран за поставување ѕидови, армирана земја, исто така, може да на бетонските панели. Откако ќе се постави се користи за крајни столбови на мост. Во првиот слој на панели и ќе се исполни, тој случај, мостот директно лежи на ѕидовите изградбата продолжува на самата од армирана земја, користејќи належна конструкција, која служи како платформа. греда за пренос на концентрирани товари. Затоа, методата на градба е голема Оваа конфигурација главно е прилагодена предност во случај на високи конструкции и за изостатички мостови и е со средно во случај на изградба покрај постојна патна темелни карактеристики. или железничка мрежа. Во услови на лоша Пристапната рампа и почва на ниво на темели мостот Арифи, по или нестабилни косини, земјотресот. флексибилноста на конструкцијата на армирана земја е особено интересна. Од надворешна страна или фасадна страна, специјалните лежишта им даваат на бетонските панели флексибилност еднаква на онаа која е проектирана за исполната зад панелите. На таков начин, ѕидот може да поддржи вкупно и диференцијално движење.
Флексибилноста на структурата на армираната земја е исто така голема предност. Интеракцијата помеѓу арматурните ленти и проектираната исполна овозможува ефикасна апсорпција на вибрации, што е особено интересно при сеизмичко поттикнување. По земјотресот во Тохоку, Јапонија, во 2011 година, 98 % од 1419 ѕидови од армирана земја, имале само лесни или немале оштетувања. Голем број други примери може да се дадат за добрите перформанси на ѕидовите од армирана земја во услови на земјотрес. Еден од нив е пристапната рампа за мостот Арифи, близу до Измит во Турција, која го издржа земјотресот во 1999 година. Со оглед на соодветното однесување на овие објекти при циклични потреси, технологијата беше искористена и за изградба на железничката пруга со голема брзина SEA помеѓу Тур и Бордо во Франција. За време на прелиминарниот тест, возот со голема брзина достигна брзина од 352 км/час на ѕидовите. ПРОЕКТ: МОСТ Б2 НА КОРИДОР 10, ДЕЛНИЦА ДЕМИР КАПИЈА СМОКВИЦА Проектот е дел од
Мостот B2 на десната и ѕидовите од армирана земја на левата страна
ПОРТА
Паневропскиот коридор X, мостот Б2, изграден од грчкиот изведувач Актор СА, и ја премостува реката Вардар и постојните патишта и железничката пруга на југ од Демир Капија. Ѕидовите од армирана земја
од канали на тесно поврзани полиестерски влакна со висока издржливост, обвиени во полиетиленски лимови. На највисоката точка, ѕидовите достигнуваат вкупна висина од 25 метри, а
Попречен пресек
вкупната површина на фасадната страна е нешто поголема од 7.000 квадратни метри. Заради подобро вклопување на ѕидот во пејзажот и намалување на ископите, беше одлучено ѕидот да се направи од два дела со вовлекување од 6 м и среден наклон. Проектот е направен според стандардот Еврокод. Земено е сеизмичко забрзување од 2 m/s², што не претставува потешкотија поради самата природа на однесување на исполната на структурата. За првпат во Македонија на автопатот Е75, во Демир Капија е изведен ѕид од армирана земја како алтернатива на пристапниот вијадукт. Конструкцијата достигнува височина од 25 метри и е проектирана земајќи го предвид високото ниво на сеизмичко забрзување на областа. Значајна референца што сигурно ќе се повтори во изградбата и подобрувањето на патната мрежа во Македонија.
Поставување на фасадни бетонски панели, арматурни ленти и исполна
беа предложени како алтернатива на вијадукот на источниот пристап. Геометријата на ѕидовите беше дефинирана така што оптимално се вклопи во конфигурацијата на теренот. Првиот ѕид е изграден под јужната лента на автопатот (планинска страна), со приближна должина од 118 метри вклучувајќи го и крајниот ѕид. Другиот ѕид е изграден под северната лента на автопатот (од страна на долината), со должина од 207 метри. Фасадниот дел е направен од крстовидни монтажни бетонски панели. Зајакнувањето е направено со GeoStrap синтетички ленти кои се состојат
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
градежништво
Примена на систем на армирана земја на регионален пат Скопје Сончев Град Борис БОГОЕВСКИ, дипл. инж. по геотехника Атанас СТРАШЕСКИ, дипл. инж. по геотехника Теодор ДИМИТРИЕВСКИ, дипл. инж. по геотехника
О
д 7-ми до 9-ти јуни во хотелот Александар Палас во Скопје се одржа 16-тата Подунавска европска конференција за геотехничко инженерство во организација на Македонското друштво за геотехника. Повеќе од 250 научници– геотехничари и инженери меѓу кои и нашата компанија, имаа можност да разменат искуства, идеи и можности за полесно детектирање и менаџирање на опасностите и ризиците во случаи на катастрофи. Геинг се претстави со повеќе стручни трудови, од кои го издвојуваме проектот за Сончев Град. Новопланираната елитна населба Сончев Град е предвидена да се гради во близина на Скопје на јужните падини на планината Водно. Со цел да се обезбеди директна сообраќајна комуникација помеѓу Сончев Град и градот Скопје анализирани се неколку варијанти за изградба на регионален пат. Со процесот на проектирање усвоена е најповолната траса за регионалниот пат притоа имајќи ги предвид техничките и економски аспекти при избор на решението. При изработка на проектот за изградба на регионалниот пат беше јасно дека еден од најголемите предизвици кои треба да се совладаат со проектното решение се геотехничките услови кои владеат на предметната локација. Имено, трасата на патот минува низ планински терен кој условува изградба на патот со примена на високи засеци и насипи, потпорни конструкции и сл. Геотехничките услови на теренот се усложнети со присуството на раседи кои се регистрирани на одредени делови на трасата. Секако важно е да се напомене и тоа дека овие делови на Водно се наоѓаат во високо сеизмична зона која има значително влијание во однесувањето на инженерските објекти кои треба да бидат дел од регионалниот пат. Од геоморфолошки аспект природниот терен на еден дел од трасата има 16
ПОРТА
29 јуни 2018
Локација на потпорната конструкција од армирана земја
Карактеристичен попречен пресек на армираната земја денивелација од приближно 10 m. Причина за тоа се раседите кои минуваат на овој дел од теренот и ја пресекуваат трасата на новиот регионален пат. Раседната зона го дели теренот на две јасно издвоени геолошки формации. Појавата на раседи на овој дел од трасата дополнително го усложни изборот на инженерски објекти кои согласно проектот треба да се изведат, а се со цел да се изведе оваа делница од трасата во засек. Неколку варијанти беа анализирани и тоа изведба на мостовска
конструкција, класичен земјен насип, систем армирана земја, армирано-бетонски конзолен потпорен ѕид и сл. Земајќи ги предвид горенаведените факти за теренските и геотехнички услови како и економската исплатливост на решението усвоено да се изведе флексибилна потпорна конструкција од армирана земја со максимална висина од 21 m, што ја прави оваа конструкција една од највисоките од ваков тип на Балканот. Ваквата конструкција е составена од
Изглед на потпорната конструкцијао од армирана земја по завршување на градбата “лице” од габиони кое е речиси вертикално односно со наклон од приближно 70o. Габионите се формирани од челични поцинкувани жици и се со димензии 2.0 x 1.0 x 0.5 m. Во продолжение на габионите поставени се мрежи за армирање на насипот кои се изработени од иститот материјал како и габионите т.е. од челични поцинкувани жици. Овие мрежи се вградуваат во насипот и се поставени на меѓусебно вертикално растојание од 0.5 m, а се со должина од 7 – 11 m. Јакоста на затегање на челичните жици од кои се изработуваат габионите и мрежата за армирање изнесува 50.0 kN/m. Со цел да се обезбеди дренирање на поттлото, на контактот помеѓу конструкцијата и матичното тло се поставува дренажен геокомпозит. Дренажниот геокомпозит во дното завршува со дренажна цевка преку која се одведуваат зафатените дренажни води. Должината на целата конструкција изнесува 60 m, со максимална височина од 21 m, односно 3 ламели со висина од по 7 m. Истата е изведена врз расед преку кој поминува новиот регионален пат. Гледано од технички аспект поволноста и предноста на ваквата флексибилна
конструкција во однос на значително покрути конструкции изработени од армиран бетон (мостовски конструкции, потпорни ѕидови и сл.) е во нејзиното однесување во периодот на експлоатација. Имено, при сеизмичко дејство и/или при евентуални зголемени деформации на теренот во зоната на раседот посебно на контактот помеѓу различните геолошки средини (шкрилци и мермери) ваквата конструкција може многу полесно флексибилно да ги следи поместувањата и да претрпи помали оштетувања во споредба со крути армиранобетонски конструкции. Во случај на примена на крути конструкции при зголемени деформации на поттлото, во конструкцијата се развива нова состојба на напрегања проследена со зголемени внатрешни статички големини кои можат да предизвикаат трајни деформации на конструкцијата кои тешко се санираат. Сето ова води кон потешко и поскапо одржување на конструкцијата во периодот на експлоатација доколку наместо флексибилна се изгради покрута односно армирано-бетонска конструкција. Примената на геосинтетици и жичени производи (габиони) стана секојдневна
пракса во градежништвото во Р Македонија. На база на досегашното искуството може да се заклучи дека некои од изведените проектни решенија би биле многу поскапи дури и многу потешки за реализиција доколку не се применети геосинтетици и жичени производи. Од аспект на проектирањето на вакви конструкции преку мониторинг на однесувањето на веќе изведените конструкции и споредба на резултатите со извршените пресметки во проектите може да се заклучи дека нивното однесување (пред се деформациите и носивоста) можат да се пресметаат на технички задоволително ниво. Покрај примената на геосинтетиците и жичените производи за изведба на потпорни конструкции од армирана земја, тие во нашата држава се применети и за некои специфични случаи како што е направено при надвишување на хидројаловиштето Тораница. Генерален заклучок е дека во Р Македонија има тендеција на зголемување на примената на вакви производи со што како држава го следиме трендот на проектирање и изведба на современи геотехнички конструкции.
ПОРТА
градежништво
КАМПАЊА „ROOM FOR EXPRESSION“ НА КНАУФ
Оптимална акустика во секој тип на објект Новиот објект на Македонската филхармонија влезе во списокот на референтни објекти на Кнауф, расфрлани низ светов и прочуени по врвниот дизајн и карактеристики на градежната физика и биологија
ПОРТА
Н
а 17-ти мај, компанијата Кнауф Македонија организираше семинар на тема „Room for Expression“. Настанот беше посетен од повеќе од 200 архитекти, од Македонија, како и гости од Србија, предводени од претставници на коорганизаторот – компанијата Кнауф Србија. Кампањата „Room for Expression“ има единствена идеја, промовирање на можностите на Кнауф акустичните материјали, за постигнување на оптимална акустика во секој тип на објект, без никаков компромис со дизајнот, барањата на градежната физика, боите, текстурите, идеите на архитектите, нивните замисли, итн. А каде би се одржал ваков собир, ако не во срцето на најреферентниот објект во регионот за 2017-та година, посебно кога се работи за акустика – новиот објект на Македонската филхармонија. Филхармонијата веќе ја заврши својата прва сезона во новиот објект, па сите информации кои беа поделени на настанот се веќе проверени на дело. Објектот, кој помина низа промени од својот оригинален план (посебно во ентериерната обработка на големата и малата сала), базиран на избраниот проект на д. и. а. Виктор Михајлов и по главниот проект на aрхитектите Викторија Костова-Волчкова и Марија Костовска од легендарното студио „Македонијапроект“ конечно годинава блесна и ги прими своите главни корисници – музичарите, врвните гости, изведувачите и гледачите, нудејќи им единствена можност, прв пат во Скопје и во Македонија да слушнат како филхармониските дела треба да зазвучат на сцена. На настанот, низ презентациите на проф. Миомир Мијиќ, одговорниот акустичар на објектот, Зоран Гаковиќ, претставник на главниот изведувач Штрабаг АГ и изведувачот на ентериерот – Александар Докмановиќ, од
српската фирма Мезосистем, слушнавме како течела разработката на проектот, изведбата на панелите во главните сали и нивната монтажа. Она што ретко кој го знае, е дека „дрвените“ панели, кои се носители и на дизајнот на ентериерот, а нормално и на акустиката на истиот, не се дрвени, туку се гипсфазер плочи, посебно произведени од Кнауф со точна густина и дебелина, за да одговараат на од акустичарот предвидените параметри на апсорпција и рефлексија на звук. Потоа тие плочи се фурнирани во погонот на Мезосистем, донесени во Скопје и монтирани на Кнауф UAпрофили, директно фиксирани на бетонските платна околу салите. Двете сали се изведени под спуштен таван со висока противпожарност, над кој пак е поставен Кнауф Cleaneo спуштен таван со висока звучна апсорпција, за спречување на ширењето на звукот во заедничкиот поттавански простор. Кнауф е одговорен и за одличната звучна изолација во вежбалните (гримиорни), кои се проектирани и изведени согласно најстрогите барања за акустика и практичност, а она што за човек кој прв пат влегува во објектот е најзабележително е нереалната завршна површина на сите гипсени елементи во фоајето и ходниците. Фоајето е исклучително проектиран ентериер, со мноштво закривени и целосно бели површини, изведени од комплексни префабрикувани елементи, над кои Кнауф глет-масите имаа највисока одговорност, реално да ја пренесат естетиката на идејата на проектантот и прецизноста на изведувачите на декоративните елементи од гипс. Употребени се глет-масите од најновата Perfect Surfaces палета на Кнауф, SuperFinish и Finitura, за постигнување на ефектот кој денес и трајно е видлив за гостите на објектот. Зотовски Блажен, од Кнауф Македонија, имаше информативна презентација за сите употребени Кнауф системи во објектот на
Филхармонијата. Горд на техничката поддршка која Кнауф ја отстапил во периодот на проектирањето, како и регионалната активност на канцелариите на Кнауф во Србија и Македонија во времето на подготовка и изведба на објектот, укажа на важноста на акустиката во сите типови на објекти. Училишта, болници, ресторани, градинки, канцеларии, јавни објекти, сето анимирано преку аудиопримери за добра и лоша просторна акустика и листа на референтни објекти на Кнауф, расфрлани низ светов и прочуени по врвниот дизајн и карактеристики на градежната физика и биологија. Денот го завршивме во главната сала, на последниот настан за сезоната 2017/2018, концертот „Нинг Фенг се враќа“, на која се уверивме во врвната акустика на објектот низ полниот состав на Македонската филхармонија и реномираниот гостин, светски познатиот виолинист, Нинг Фенг. Тимот на Кнауф
29 јуни 2018
ПОРТА
19
архитектура
НАДГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР ВО ШТИП
Во духот на денешното време При обликување на фасадата, проектантите ја следеле градежната линија која е заоблена, а што му дава посебна мекост на објектот кој е со голема должина и нагласена хоризонтала. Фасадата е изведена во стакло, повеќеслоен термоизолиран термопан со алуминиумски профили, структурална фасада во комбинација со ХПЛбели плочи. Надворешното стакло е со слој за засенчување и заштита од сонце НАТКА ЌОСЕВА, дипл. инж. арх.
В
о седумдесеттите години на минатиот век изграден е трговски центар во централното подрачје на градот Штип, со катност П+1.Трговскиот центар е изграден како атриумски објект, со централен
20
ПОРТА
отворен атриум. На јужната страна објектот е паралелен со улицата „Маршал Тито“ и кејот на реката Отиња, а на северната страна е паралелен со улицата „Ванчо Прке“. Трговскиот центар излегува на две улици, но има пристап од сите четири страни. Изгледот на објектот е во согласност со тогашните трендови во архитектурата. За време на
неговото егзистирање бил многу често надградуван и додавани му се делови на рамниот и косиот кров, без некоја целосна анализа и предлог за целосен изглед или реконструкција на објектот, што и денес може да се забележи на северната страна од постојниот објект. Во трговскиот центар имало повеќе локали, мали и големи, чија големина
Стариот објект на трговскиот центар во Штип
често се менувала по потреба на корисниците. На јужната страна долж објектот имало тераса. Со новиот ДУП за дел од Центар - Штип, дел од урбан блок, урбан модул 1 и 2, планирано е постојниот трговски центар да се надгради со кота на венец до 16 метри, односно да има
катност од По+П+2. Денес трговскиот центар има четри сопственици. На барање на двајцата сопственици на јужниот дел (преден дел) на трговскиот центар во Штип, „Игедо ДООЕЛ Штип“ и „Оаза угостителство и трговија АД
Штип“ извршена е реконструкција и надградба на постојниот трговски центар, но само на јужниот дел. Намената останува иста, како и што била на постојниот објект, Б2-големи трговски единици. При проектирање и градење на надградбата и реконструкцијата почитувани се во сè дадените урбанистички параметри и барањата на инвеститорите. Автори на проектот за реконструкција и надградба на јужниот дел на трговскиот центар во Штип се архитектите од проектанското биро „Радиус архитекти“ ДООЕЛ од Скопје, Мартин Пановски, д. и. а., Јана Гугуловска-Ѓорѓевиќ, д. и. а., Душица Диневска, д. и. а., Александар Наумчевски, д. и. а. и соработник Ана Урумовска, д. и. а. Проектирањето на реконструкцијата и надградбата на јужниот дел од трговскиот центар во Штип се работени во 2013 и 2014 година, а градбата траела од 2014 до 2018 година. Реконструкцијата на трговскиот центар во Штип е поделена во две фази и тоа фаза1: реконструкција и надградба на јужниот (преден дел на постојниот објект) и фаза 2: реконструкција и надградба на средишниот атриумски дел на објектот. Согласно барањата на инвеститорите, но почитувајќи ги дадените урбанистички параметри, денес реконструираниот и надграден трговскиот центар во Штип ги има следните параметри споредено со стариот објект. Бруто-развиена површина на постоен објект П=7400.00 квадратни метри, фаза 1: бруторазвиена површина П=1123,35 квадратни метри, фаза 2: бруто-развиена површина П=378,31 квадратни метри или вкупна бруторазвиена површина на новиот дограден и реконструиран објект е П=8902,27 квадратни метри. Со оваа надградба и реконструкција видно се зголемува корисната површина на трговскиот центар, но се подобрува и квалитетот на целиот објект и квалитетот на внатрешните простори - локалите. Локалите во приземјето во новиот објект остануваат скоро исти како во постојниот со минимални измени, реконструирани и со подобар квалитет на просторите. Надградбата е направена над првиот кат и над терасите на него, така што се добива поголема корисна затворена површина. Објектот што се надградува поделен е на два дела помеѓу сегашните сопственици и тоа дел А и дел Б. На југозападната страна на објектот, постоечката тераса е интегрирана во постоен локал, а еден дел е адаптирана за влез во делот А. За оформување на нов влез во делот А на западната страна е изградена доградба. Во влезната партија сместени се нови скали и лифт како вертикална комуникација меѓу катовите на делот А. Делот Б ги користи како вертикална комуникација постојните скали и 29 јуни 2018
ПОРТА
21
лифт на источната страна. Скалите во атриумот остануваат и се користат исто така како вертикална комуникација меѓу катовите во објектот. Во делот Б влезот во локалите во приземјето е преку трем. Влезот во атриумот на трговскиот центар е централно поставен во приземјето, како што било и во постојниот објект. Правците на движење и влезови - излези не се променети и во новиот реконструиран и надграден трговски центар. На првиот и вториот кат се проектирани два трговски простори, по еден во делот А и делот Б. Над вториот кат има проодна отворена тераса, со убави визури кон реката Отиња, нејзиниот кеј и градот Штип. Конструкцијата на постојниот објект е скелетна армирано-бетонска. Надградбата е изведена од челична конструкција со армирано-бетонски столбови на подолните катови (подрум, приземје и први кат). Меѓукатната конструкција над вториот кат е со решеткасти челични носачи над кој налегнува спрегната плоча од конструктивен лим и слој од тенок бетон од 5 до 9 сантиметри лесно армиран. Челичните решетки се видливи во просторот. Извршено е и зајакнување на постојните темели и темелни стопи. Поради малиот простор за работа (површината на локацијата и површината за градба се исти) и појавата на 22
ПОРТА
29 јуни 2018
подземните води, темелењето на новите столбови е извршено со колови со капи врз нив. Котата на фундирање е -6,3 метри. Коловите се поврзани со конструктивна армирано- бетонска греда 60/80 сантиметри. Со овие интервенции е зајакната стабилноста на објектот. Во објектот се изведени нови современи инсталации хидротехнички, термотехнички и електротехнички, а исто така изведена е и нова ПП-заштита. Енергетската ефикасност е во согласност со законската регулатива. Фазата 2, реконструкција и надградба на средишниот атриумски дел сè уште не е комплетно завршена. Завршено е само покривањето на атриумот со нов кровен покривач од ребраст лим и поставени се лантерни. Обликувањето на објектот и неговите фасади се посебно интересни и го преобразуваат објектот во нешто сосема ново и различно од постојното, современ објект во духот на денешното време и трендовите во современата архитектура. При обликување на фасадата, проектантите ја следеле градежната линија
Фасада
За изведба на фасадата е користен систем на алуминиумски конструкции SCHUCO FW 50+ HI. Оваа конструкција е развиена од германската фирма SCHUCO и е наменета за изведба на структурални фасади со троструко структурално стакло. При изборот на стаклото е земено предвид дека најголемиот дел од фасадата има ориентација кон југ и е изложена на интезивно сончево зрачење. Поради оваа причина е одбрано стакло со низок соларен фактор кој изнесува околу 20 % при што трансмисијата на видлива светлина е 40 % . Со ова стакло практично се обезбедува заштита од 80 % од сончевата радијација, а притоа се овозможува висок процент на влез на видлива светлина. Односот помеѓу трансмисијата на видлива светлина и соларниот фактор (во овој случај на изборот на стакло ) е SF/LT= 2 . Овој фактор е многу важен и ни кажува дека овој тип на стакло е високоселективен. Двојниот нанос од сребро (кој го има ова сталкло ) овозможува при напад на светлината на ова стакло да се врши селекција на светлината, при што многу поинтензивно се пропушта видливата светлина, а се блокира инфрацрвеното зрачење. Типот на стакло е : 4.4.2 Sratobel Planibel Clearlite + Stopray Vision 40 pos.2 ; 12 mm argon 90% ; 4mm Planibel Clearlite ; 20 mm argon ; Stratobel iplus Advanced 1.0 on Clearlite + Planibel Clearlite pos.5 од водечкиот светски производител AGC. Влатко ВАСИЛЕСКИ, дипл. маш. инж. која е заоблена, а што му дава посебна мекост на објектот кој е со голема должина и нагласена хоризонтала. Фасадата е закосена по хоризонтала и се проширува нагоре. Со тоа се проширува корисната површина на горните катови, а е истовремено и добра заштита од јужно
сонце, избегнување директни сончеви зраци на вертикална површина. Фасадата е изведена во стакло, повеќеслоен термоизолиран термопан со алуминиумски профили, структурална фасада во комбинација со ХПЛ-бели плочи. Надворешното стакло е со слој за 29 јуни 2018
ПОРТА
23
засенчување и заштита од сонце. Нагласена е хоризонталата со белиот венец на завршетокот на објектот и над приземјето. Конзолните тераси на првиот и вториот кат се закосени и ги ублажуваат прекршувањата на фасадата под прав агол. Истовремено тоа е и настрешница над влезот во локалот во приземјето. Бочните фасади, западна и источна, се рамни, вертикални и се обработени со комбинација на стакло и полни бели полиња со ХПЛ-плочи, со што се разбива рамната површина. Пред трговкиот центар тротоарот е обновен со нови бехатон плочи, а испланирани се и оградени неколку паркингместа покрај улицата „Маршал Тито“. Фасадата на објектот и деталите за изведба на истата се изработени од компанијата ТОРАКС, која се занимава со проектирање и изведба на алуминумски конструкции посебно со алуминиумски конструкции на фасади со примена на светски стандарди за вакви објекти (целосно или делумно застаклени). Замислата и идејата на архитектите – проектанти е доследно реализирана, а фасадата е квалитетно изведена. Надградбата и реконструкцијата на трговкиот центар во Штип му даваат нов лик и нова димензија на просторот во кој се наоѓа. Објектот ги отсликува новите тенденции во архитектурата и со неговото надворешно обликување и едноставност не се наметнува во околината, но остава впечаток на доминантност со својата едноставност и елеганција. Веруваме дека надградбата и реконструкцијата на јужниот дел на трговскиот центар во Штип ќе биде инспирација и за сопствениците на северниот дел на трговскиот центар да го реконструираат и обноват и другиот дел и да претставува еден нов современ објект. Ова е успешна надградба и реконструкција на постоечки објект кој егзистирал повеќе од 40 години. Нов изглед, иста функција, зголемен капацитет, зголемена корисна површина, современ објект со сите елементи кои го отсликуваат времето кога е надграден и реконструиран. Во опкружувањето внесува свежина, нешто ново и убаво.
ПОРТА
ПОРТА
aрхитектура
БОГУСЛАВ БАРНАШ, СТУДИО BXB ОД КРАКОВ, ПОЛСКА
Архитектурата е создавање иднина Во архитектурата не можете многу да работите еден месец, а следниот да паузирате. Архитектурата бара години работа, ако сте млад архитект целта би требало да ви биде да добиете најдобро можно искуство. Треба да одите таму каде што можете да се развивате, ако се чувствувате како да работите сервисна работа тогаш треба да ја промените
м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (Србија)
А
рхитектот Барнаш престојуваше во Белград и имаше предавање во рамките на конференцијата САЕЕ каде што се зборуваше за енергетски ефикасна архитектура. Неговото студио BXB од Краков константно расте како и економијата на земјата во која се наоѓа. Свесен за моментот во кој се наоѓа архитектурата тој проектира помалку нетипични објекти потпирајќи се на традицијата, на општеството од коешто доаѓа, односот спрема природата и константната желба за личен развој како архитект
26
ПОРТА
29 јуни 2018
На кои проекти моментално работите? Еден од проектите на кои моментално работиме е куќа со објект за кокошки и со базен со риби. Тоа не е класична пасивна куќа, туку нешто што би можело да се опише како активен објект којшто дава повеќе од енергија, дава здрав начин на живот поради контактот со природата и животните, со тоа што не морате посебно да им се посветите на животните затоа што процесот е автоматизиран. Можете да пливате со рибите, но можете и да ги фаќате, исто така не морате да користите средства за чистење бидејќи станува збор за биосистем. Се надеваме дека овој проект ќе го реализираме, моментално правиме експерименти. Имаме начин објектот со кокошки да остане чист. Лентата што се движи оди многу бавно, прави еден круг во текот на денот и е всушност незабележително движење. Таа вода потоа се користи како природно ѓубриво за растенијата. Нашата идеја е да направиме вистински екосистем со овој проект.
тоа расте и самиот пазар. Во исто време се зголемува и конкуренцијата од другите земји. Покрај тоа, доаѓа и до признанија, како наградата Мис Ван дер Рое за филхармониската сала во Шчеќин (Szczecin). Секоја година има многу номинации, пред десетина година немаше толку. Верувам дека отворениот пазар, инвестициите и економијата се причина за тоа. Сè повеќе се гради на основа на архитектонски конкурси. Се подобри и архитектонското образование, младите одат во други средини и добиваат поголемо искуство.
Како би го опишале Вашиот архитектонски пристап? Основниот принцип е да создаваме архитектура која е поврзана со традицијата, да создаваме ново, модерно и со стил, но тоа да биде поврзано со традицијата. Како што реков во текот на предавањата, во иднина ќе имаме онолку енергија колку што сакаме. Живееме во чудни времиња каде што сè брзо се развива и расте па ни е потребно многу енергија која не знаеме како да ја добиеме. Поради тоа сме
Колку е големо Вашето архитектонско студио? Нашето студио е во Краков. Моментално сме десет, од кои шест архитекти и четири студенти. Полека растеме, пред пет години бев само јас. Што можете да ни кажете за современата полска архитектонска сцена? Мислам дека последните десет години полската архитектура расте и прави чекор напред. Самата економија на земјата расте па со
ПОРТА
Тоа е многу евтин начин за греење на водата.
научени да ги сечеме шумите и да користиме фосилни горива. Ако ја замислиме 3000-та година, енергијата ќе биде бесплатна, гравитацијата ќе се намали, а ние ќе можеме да користиме многу повеќе сончева енергија. Одржливоста нема да биде концепт поврзан за употреба на енергијата туку да ги поврзува луѓето и природата. Дали Вашиот одржлив пристап на архитектурата доаѓа директно од Вас или се бара од страна на клиентите кои Ви се обраќаат? Верувам дека тоа е до архитектот. Клиентот повеќе има барања за помали трошоци, сака куќата да биде евтина и да биде енергетски ефикасна. Архитектите треба да објаснат дека ефикасноста не е само потрошена енергија туку и поврзаност со природата. Не се во прашање само инсталациите на објектот туку и обликот на куќата, ориентацијата, односот спрема сонцето и ветерот. Направивте проект за куќа и црква. Од каде доаѓа идејата за поврзаноста со традиционалната архитектура на Полска? Тоа е проект од пред пет години. Идејата за изградба на полски куќи дојде после многу слични идеи од други земји. Кога студирате се фасцинирате од Тадао Андо или од некој друг сличен, па многу често се увезуваат различни
идеи иако имаме богата историја и култура. Тоа е веројатно така затоа што е полесен пристапот кога нешто правите да го направите слично на тоа што сте го виделе. Верувам дека проектирам нешто што ќе биде автентично полско. Полската куќа ќе биде изградена. Во текот на предавањето претставивте реализиран објект, енергетски ефикасна куќа и рековте дека трошоците за греење се само 300 евра годишно. Како постигнавте таков резултат? Интересно е тоа што инвеститорот одлучи да не се грее на гас, којшто е најевтиниот енергенс за греење во Полска. Куќата има многу добра изолација, клиентот ми кажа дека во текот на октомври понекогаш има потреба да ја лади куќата. Пред сè куќата е проектирана така што максимално го користи сонцето. Во текот на зимата се добива енергија од сонцето, а истиот простор е во сенка во текот на летото. Куќата има ISODOM- систем на изолација, и тоа не само ѕидовите, туку и покривот и подовите. Користевме многу точни пресметки во текот на фазата проектирање. Добрата ориентација спрема сонцето ви дава квалитет врз основа на којшто проектирате. Со самото тоа можеме да користиме соларни панели за греење на водата.
Колку можеме да го разбереме општеството гледајќи ја архитектурата? Во Полска имаме израз, покажи ми ја твојата соба и јас ќе ти кажам сè за тебе. Истото се однесува и за архитектурата, покажи ми го твојот град и ќе ти кажам во какво општество живееш, дали е демократско или не е, дали е пристојно или не е. Архитектурата покажува дали општеството е организирано и каква е економијата. На пример во Дубаи може да се види дека општеството е богато, но дека е многу поназад од Европа во однос на архитектонскиот развој. Лондон на пример, е многу богат град, но се води сметка на што ќе се потрошат парите и се водат сериозни дебати дали треба да се изгради нешто големо и скапо. Што претставува архитектурата? Архитектурата е создавање простор за луѓето. Архитектурата е создавање иднина за луѓето. Што добивате лично со учество на конференции каква што е конференцијата SAEE? Настаните од овој тип ви ги отвораат очите преку размената на искуства со другите архитекти. Добивате неверојатна инспирација и сила за работа. Гледате различни идеи и начини на размислување, а тоа е највредно. Зборувате за иднината на архитектурата, па како ја гледате за десет години? За десет години гледам прогрес во начинот на патување, поврзан со архитектурата. Сигурно ќе има многу повеќе места каде што ќе можете да го дополните својот електричен автомобил, независно од денешните бензински пумпи. Веројатно ќе се обидеме да ги направиме градовите позелени. За десет години градовите ќе изгледаат слично на денешните градови, но ќе постојат нови решенија. Кога одлучивте да станете архитект? Одлучив во текот на последната година на средно образование. Сакав да студирам медицина, но отсекогаш бев повеќе склон кон уметноста. На крајот на средно посетував часови по цртање кај еден архитект и тогаш сфатив што сакам да бидам. После тие часови архитектурата ја разбрав како нешто помеѓу уметноста и физиката или математиката. Тоа беше вистинската работа за мене. Ако сте архитект вие не сте само луд уметник, туку сте и менаџер, инженер, бизнисмен, а секако и уметник. Каков бевте како студент? Бев многу вреден студент што се однесува на проектирањето. Не бев баш најдобар по предметите кои не се толку важни за архитектурата. Во текот на втора година почнав да учествувам на архитектонски конкурси. Потоа
ПОРТА
заминав во Германија, тоа беше прекрасно време и навистина добра европска школа, а потоа заминав во студиото на Норман Фостер во Лондон. Тоа за мене беше неверојатно искуство. После Лондон заминав во Единбург. Таму преминав во „Мејк архитектс“ којшто беше основа на еден од постарите партнери на Норман Фостер. Тоа беше особено интересно бидејќи студиото беше така направено сите да бидат партнери, па бев вклучен во многу прашања како на пример финансии и слично. Интересно е што преминав од студио од 1000 луѓе во студио од 100 луѓе за да на крај бидам во уште помало студио од само 10 луѓе. Бев изморен од големи градови и големи проекти, кои ви даваат сосема поинакво искуство од малите проекти. Кога не сте архитект, со што се занимавате? Мојата работа е мојот живот. Викендов имам конференција за одржливост во Белград, па
дојдов. Архитектурата ви го одзема животот, тоа не е само осум часа работа, тоа е како кај музичарите или уметниците. Поинаква и интересна работа е. Сакам да возам велосипед, го возам колку што можам, го возам и во зима. Понекогаш одам и на базен или трчам. Имате ли некоја неостварена желба во архитектурата? Не постои некоја посебна желба, секогаш постои цел да создавам нешта што ми се допаѓаат. Не се уморувам додека тоа го работам, тоа е работа, но не е како да одите на работа. Тоа е страст. После основањето на BXB студио целта е да се направи студио кое ќе постои поради страст спрема архитектурата, а не поради пари. Некогаш тоа е тешко, покажав некои концептуални проекти, како проекти за цркви за архитектонски конкурс. Целта на таквите проекти е да се развивате зашто
веројатно нема да победите, затоа што има неколку илјади пријавени. Целта е да се развивате и да направите добар тим. На конкурсите најмногу напредувате, ако работите само за инвеститори вашата креативност се намалува, понекогаш сте само сервис, и не станува збор за вистинска архитектура. Кој совет би им го дале на младите архитекти? Пред сè да бидат многу вредни, а другиот совет е да бидат систематични. Во архитектурата не можете многу да работите еден месец, а следниот да паузирате. Архитектурата бара години работа, ако сте млад архитект целта би требало да ви биде да добиете најдобро можно искуство. Треба да одите таму каде што можете да се развивате, ако се чувствувате како да работите сервисна работа тогаш треба да ја промените.
ПОРТА
29
интервју
ЈАНА БЕЛЧЕВА-АНДРЕЕВСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Време е да фатиме чекор
Мораториумот е нов принцип за рамномерен развој и заштита на јавниот интерес. Досегашните грешки не ги аминуваме, ние ги исправаме. Планерите може да ни бидат партнери во процесот, но и да нè закочат ако не ги спроведуваат забелешките. Евиденција се води многу ревносно, па ако видиме дека планерот не сака да постапи по забелешките ќе ги искористиме сите правни механизми за санкционирање на нивните постапки.
Г
Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.
решките во урбанизмот се речиси непоправливи. Просторните деформации предизвикани од лоши урбанистички планови го прават градот мачно место за неговите жители и прават штета од секаков вид: просторна, функционална, безбедносна, естетска, финансиска и етичка. Речиси на сите градоначалници основен акцент во кампањата беше справување со лошиот урбанизам. Област која сметам дека премногу лесно и популистички ја сфатија. Сега кога се на позиција, мислам дека станаа свесни со колку сложен проблем се сретнаа и во кој маѓепсан круг влегоа. Општина Центар е единствена која се обидува да се справи со грешките во урбанизмот со воведување мораториум на некои од ДУП-овите. Се надеваме дека резултатот ќе биде позитивен и примерот ќе го следат и останатите општини. Во очекување на резултатите, за сè она што досега направивме и за очекувањата од активностите на Општината, разговаравме со Јана Белчева – Андреевска, претседател на Советот на Општина Центар. Белчева – Андреевска е електро инженер, работи како самостоен консултант за Геоинформатичка технологија и ИТ и е дел од граѓанската иницијатива „Во Одбрана на Дебар Маало„, активна во напорите за остварување квалитетен живот во населбата. Од крајот на декември минатата година на секои два месеца го продолжувате мораториумот за 31 ДУП во Општината и еве веќе шест месеци со образложение како што велите „не се целосно изработени според законските обврски и правила и се појавуваат недостатоци во урбанистичко-планската документација, која не е во согласност со
30
ПОРТА
29 јуни 2018
Генералниот урбанистички план“. Попрецизно што е незаконско и не е во согласност со ГУП-от? n Општина Центар го прогласи мораториумот за издавање нови дозволи за градба како инструмент за квалитативна евалуација на плановите за кои се покажа дека немаат законска издржаност, ниту пак се направени почитувајќи ги начелата за урбано планирање и хумано развивање на просторот. Впрочем, и сами велите дека урбанистичките грешки прават штета, а ние како општина не сакаме тоа да се случува повеќе. Под мораториум се ДУП-ови донесени
непосредно пред донесување на ГУП-от, и воопшто не се усогласени со него. Параметрите кои се пречекоруваат се: број на жители, процент на изграденост и коефициент на искористеност кој отстапува и до 9 пати над ГУП. Влијанието на тие ДУП-ови врз животната средина е решено со дозволеното „неспроведување на стратешка оценка за влијание врз животната средина“, а усогласеност со сегашниот ГУП не постои. Незаконски се практикувало планирањето со мaксимално или прекумерно искористување на дозволените параметри за градење, што не остава
со европските градови
Проблеми и предизвици Кои од ДУП-овите се најпроблематични? По кој редослед и приоритет се бираат за нивно ревидирање и донесување? n Некои планови се веќе дадени на јавна расправа. Се работи паралелно на повеќе планови. Анализите покажуваат дека Општина Центар не водела грижа досега за рамномерен развој и квалитетен животен простор на сите жители и во сите градски четврти. Податоците покажуваат дека во некои делови на Општината има прекумерно градење, со број на жители кој го надминува дозволениот број жители според ГУП, што како последица наметнува сообраќајни проблеми, недостаток на јавен простор, простор во училиштата и градинките, но и проодност на возила на итни служби. Тоа е денес случај во Дебар Маало, Буњаковец... Наспроти ова, граѓани во други делови од Центар живеат во услови кои не доликуваат на 21 век ниту по домувањето, инфраструктурата или потребата од други јавни сервиси, на пр. Маџир Маало, Крњево, Пролет... Тоа се проблемите и предизвиците за кои ние како Општина треба да наоѓаме решение и решивме да им дадеме приоритет.
простор за квалитетно уредување и хуманизација на просторот, ниту заштита и унапредување на животната средина и на природата, како уставно загарантирани човекови права. Не се почитувани законски регулативи од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, Законот за урбано зеленило, како и сите потребни стандарди за проектирање на објекти, за заштита и спасување. Постојат ДУП-ови без мислење од Дирекција за заштита и спасување, со непрецизно дефинирање за заштита од пожар, евакуација, и слободни коридори при урнатини (однос на оддалеченост од улица со висина на објект). Во тие ДУП-ови има едвај 5-10 % зеленило, и не се обезбедува 20 % зеленило на ниво на парцела според новиот Закон за урбано зеленило, ниту според дефинираните со ГУП 25 м2 зеленило по жител. Сообраќајните решенија се неодржливи и целосно во функција на автоцентрична, а не одржлива мобилност. Резултатот од досегашната урбанизација не е само штетата во просторот која ја посочувате, туку и видливата социјална нееднаквост во градот, висока загаденост која ги погодува сите, неоптимизирана одржлива мобилност... Градежните парцели и дозволи биле во фокусот на повлечените ДУП-ови. Ние приоритетот го враќаме на човекот. Мораториумот како мерка ни отвора нови перспективи. Ни се отвора единствена шанса во исто време да се имплементираат светските трендови за живот во град како што е на пример Цел 11 од Одржливите цели за урбан раст на Обединетите нации. Мораториумот не може сè да поправи, но може да ги прекине негативните последици од погрешното планирање. Сакаме Центар да биде општина која ќе се развива според светските трендови. Време е да фатиме чекор со европските градови. Еве само еден пример како се менува пристапот на планирање и раководење со градовите. Eurocities е новото Здружение на европски градоначалници кое заговара транспарентност и граѓанска партиципативност во носењето одлуки во градовите како симболи на европските вредности. Градовите здружено преку Рокфелер фондацијата работат на нивната отпорност, токму како што УНДП ни помага нам тука. Конференцијата Urban Future на која присуствувавме со градоначалникот и други т.н. City Changers се фокусира на човекот и неговите потреби во градот. Сите ја враќаат човечката 29 јуни 2018
ПОРТА
31
Поглед кон центарот на државата димензија во планирањето, се свртуваат кон пешачењето, кон одржливата мобилност, комуникацијата на отворено, на социјалната инклузија... Можам да се пофалам дека Центар е на добар пат. Дали е мораториумот законски? Некои инвеститори купиле парцели и направиле бизнис-план да градат по постоечките ДУП-ови, во сè според закон. Може да им се случи да им ја намалите дозволената бруто-површина, а со тоа и планираната инвестиција? Имаат ли право да ве тужат? n Мораториумот е законски, а во исто време е и политичка одлука. Интересно е како се гледа на законот само во еден правец. Дали е законски поради погрешно планирање да имаме тротоари полни со автомобили и училници со поголем број деца од дозволениот максимум за кои може да се даде потребната грижа и образование? Дали е законски да се прават паркинзи кои се функционални само на хартија? Никој ова не го спомнува како последица од лошите планови. Сите постапки кои беа започнати пред мораториумот не се блокирани. Зошто плановите кои не се под мораториум и имаат согласност од Град Скопје и Министерството за транспорт, како што се на пример Измени и дополнувања за блок 9 и 24 од четврт Ј07 сè уште не се ставени на седница на Совет на Општина? Законот вели дека градоначалникот е должен да ги достави најдоцна во рок од 3 работни дена. n Некои измени се ставаат, некои не. И тие подлежат на анализа, за да не се случи неусогласеност која при брзање може да ја пропуштиме. Исто така е и со техничките 32
ПОРТА
29 јуни 2018
исправки, кои за жал не се само од техничка природа, туку кај некои се откриваат неусогласености кои може да се толкуваат и како намерни пропусти за лични интереси. Кој ги ревидира спорните ДУП-ови? Дали се тоа планери со искуство и изработувачи на значајни урбанистички проекти? Дали се вклучени архитектите вработени во Општината кои ги одобриле и претходните планови? Дали во процесот на ревизија се вклучени и планерите кои ги изработувале спорните планови? n Методологијата и процедурата по која се прави квалитативната евалуација (ревизијата) ја изработи професорката Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет. Да, вклучени се и некои од вработените во Општината. Во тимот се: магистер на науки за урбанизам на Универзитетот Баухаус во Вајмар, Германија и Универзитетот Тонгџи во Шангај Кина со 10- годишно работно искуство во предметната област плус 12-годишна соработка на предметот Урбанистичко обликување на Архитектонски факултет; магистер во областа на урбанизмот на УКИМ Скопје, со искуство од студентска размена во Шпанија и Германија со работно искуство од 5 години во областа на архитектурата и урбанизмот во Скопје и дел во Еквадор како и соработник на архитектонски факултети во двете држави; магистер на науки по архитектура на УКИМ Скопје со искуство во предметната област преку 3-годишна соработка на предметот Урбанистичко планирање на Архитектонски факултет. Има планери кои се млади, има и планери кои се искусни. Во Комисијата постои хиерархија и процедура. Со оглед на недостатоците кои беа согледани во плановите изработени од лиценцираните и
искусни планери, произлегува дека стажот не е единственото мерило за квалитет на едно лице кое ги работи анализите и ревизиите. Евалуацијата дава извештај по кој треба да постапи и да се коригираат планерите. Имав можност да ги видам барањата на сопствениците на градежните парцели на Дебар Маало по Јавната анкета за ДУП Дебар Маало 2 (кој не е сè уште усвоен). Најголем дел од барањата беа за зголемување на дозволената бруто-површина. Очекувате ли и со новите ДУП-ови сличен однос на граѓаните кон личниот интерес? n Не е точна информацијата дека најголем број барања се за зголемување, но точно е дека покрај оние барања за заштита на зелените оази, за јавниот простор, за решенија за безбеден сообраќај, има и такви кои се само и единствено за сопствената парцела и можноста за што поголема и повисока градба. Сепак, заштитата на јавниот интерес е задача на Општината, да не го штити само приватниот интерес на поединецот, туку правото за хуман, безбеден, достапен, спокоен живот на секој човек/жител. Секогаш ќе има апетити, лакомоста нема преку ноќ да ја снема, особено што е потхранувана со години. Сепак, општествените промени мора да ги донесеме со правичност за сите. Ги повикуваме и инвеститорите и градежниците и сите жители да се вклучат во општествените промени за квалитетен социјален и економски развој на земјата, на градот, на населбите и на сите жители на Центар да им се обезбедат достојни услови за живот. Сакаме граѓаните да почнат на ДУП-овите да гледаат и на поинаков начин. Сакаме да знаат, на пример, дека тоа што децата учат во преголеми групи, со што се намалува квалитетот на
образованието, е резултат на лошото планирање. Да знаат дека сообраќајниот метеж во резидентните делови на градот и сообраќајната небезбедност е резултат на лошото планирање. И уште многу други аргументи. Партиципативност е да може да се реагира на анкетите и за недостаток на капацитети во училишта и градинки, но тоа досега не беше случај. Светските тенденции за образование, сообраќајна безбедност, јавен простор се сѐ подалеку од нашите. Мора да почнеме да им се приближуваме, а не да се оддалечуваме. Архитектите и планерите со години апелираат на промена на ГУП-от, Законот за просторно планирање и Правилникот. Професорот Грчев веќе го изготви Нацртзаконот за просторно планирање. Следува менување и на останатите закони и правилници. Зошто не почнавте од почеток, да ги ревидирате плановите според новата регулатива? n Политичка волја за промени има, законите ќе се почитуваат. Мораториумот е инструмент во моментов, принципите на кои е базиран ќе бидат почитувани, како и промените кои се прават во законодавството. Беше важно да се стопира „лудилото“ кое го наследивме и да не го продолжуваме чекајќи нови законски измени. Методологијата за анализи ќе стане toolkit која ќе може да се надградува и усовршува, но и да се разменува и со други општини. Професорот Грчев доби и од наша страна предлози за промени на Законот и правилниците, такви кои произлегуваат од анализите, од искуствата досега, но и неколку за поголема партиципативност во носењето планови, нови можности за анкетирање, технолошки унапредувања во процесот на анализа, преклопувања, итн. Дополнително, сесрдно ни помогна и со неколку толкувања кои ни беа потребни за да не погрешиме во примена на правилниците. Со Правилникот се утврдуваат урбанистичките начела потребни за изработка
Никаква инспекција и контрола Сметате ли дека покрај ревизија на ДУП-овите за да се воведе ред во Општината, неопходно е градежните инспектори да проверат дали објектите за кои се издадени одобренијата за градење се изведени по одобрените проекти? n Токму ова беше мое прашање на Совет: проверка дали одобренијата кои се издадени за градби се испочитувани и исполнети и дали инспекцијата си ја завршила својата работа. Наследениот статус на донесување одлуки за урбаниот раст и развој на центарот на Скопје покажа: ниско ниво на анализа и моделирање при донесување одлуки; планирање кое не се базира на релевантни, точни, ажурирани или висококвалитетни податоци; недостаток на следење на реалните промени на терен, ниту пак ефектите од применетите активности и мерки – недостаток на анализа на квалитетот; слаби интерни процедури и контролен механизам за развој и имплементација на плановите; слаба вклученост и ангажираност на граѓаните, занемарени потреби на граѓаните за повисок квалитет на живеење, слаба консултација и ангажирање на граѓаните во процесот на урбанистичко планирање итн. Никаква инспекција и контрола дали се градело според издадените одобренија не е направена, но и тоа мора да почне. Недостасувал надзор од Општината, урбанистите не биле на терен да видат како плановите и нивната реализација влијаат на просторот и животот. Евиденција мора да се направи. Урбанизмот не смее да биде наука која се прави само со поглед од птичја перспектива. Потребите на граѓаните се гледаат само ако им се погледне во очи, ако се соочиме со нивните апели... Во тоа неодговорно однесување, верувам дека има многу лов во матно и искористување на шансата да се заобиколи прописот. Да не дозволима тоа да продолжи. на плановите. Како се справивте при ревизијата на ДУП-ови со член 3, од Правилникот, став 4 кој гласи „Сукцесивно зголемување на стечените права по основ на сопственоста на градежното земјиште, уредувањето на земјиштето и правата на градење, освен ако тоа не е спротивно на јавниот интерес и став 5 „Зголемување на вредноста на земјиштето, недвижнините и сите други просторни ресурси со плански одредби“? n Токму тоа е она што го баравме како мислење од проф. Грчев и еве го цитирам неговиот одговор кој ни го потврдува нашиот став дека јавниот интерес предничи: „Цитираната одредба од член 3 е општа декларација за начелата на урбанистичкото планирање и воопшто не е наменета за директно спроведување или буквално толкување како задолжително решение на секој поединечен случај. Сукцесивното зголемување на стекнатите права е општ политичко-правен принцип што се поставува како еден вид развојна општествена
цел..., но не важи како норма со задолжително применување, ниту пак може да се спроведува линеарно и рамномерно на сите планови и на сите локации. Цитираната одредба од член 3 е обусловена одредба, односно принцип кој важи како водилка само во ситуациите каде што тоа не е спротивно со јавниот интерес. Тоа значи дека неговото применување е релативно и ограничено практично за секоја градежна парцела.“ Дали по забелешките од ревизјиата, новите ревидирани ДУП-ови ги изработуваат истите лиценцирани бироа за урбанизам кои ги изработувале претходните планови и за истите или нови пари? На пример ДУП И06 Пролет донесен во мај 2018 е изработен од истата фирма која истиот го изработила во ноември 2015. n Нови пари нема. Сè мора да се заврши со буџетите кои се предвидени за тие планови уште одамна. Досегашните грешки не ги аминуваме, ние ги исправаме. Планерите може да ни бидат партнери во процесот, но и да нè закочат ако не ги спроведуваат забелешките. Има и од едните и од другите. Евиденција се води многу ревносно, па ако видиме дека планерот не сака да постапи по забелешките ќе ги искористиме сите правни механизми за санкционирање на нивните постапки. Впрочем вие знаете дека во струката постојат и постапки за одземање на лиценците за работа..... Дебар Маало е првата населба која уште пред повеќе од 20 години почна да се урбанизира во интерес на инвеститорите. А сè уште е населба каде се бара стан повеќе и 29 јуни 2018
ПОРТА
33
квадратот е најскап. Како го објаснувате ова? Значи ли тоа дека на граѓаните кои живеат таму и не им е така лошо? n Комуникацијата со граѓаните сме им ја препуштиле само и единствено на инвеститорите. Инвеститорот има интерес за профит, но ние треба да сме во заштита на интересот на граѓанинот. Затоа апелирам на што повеќе отвореност на процесот, вклученост во одлуките, обелоденување на недоследностите кои се согледани и се поправаат за да се добие подобар квалитет за секого. На граѓаните не им е добро. Секојдневно имаме забелешки што е лошо: нема место во градинките, во училиштата, нема зелена површина, нема паркинг-места, нема слободни тротоари, нема сонце во становите, погледите се во спалните на соседите ... За жал има многу неспокој, многу нервоза, многу ѓубре, многу возила, многу несигурност, многу загаденост... Цената ја креира пазарот кој е информиран или неинформиран за она што го добива. Ние сме тие кои треба да обезбедиме квалитет во просторот кој сите го споделуваме, зашто човекот не живее затворен и само во квадратите на својот стан. Тој комуницира со околината и тој момент на споделен простор за живеење треба да биде добар за цената да биде висока. Стан бараат повеќе тие што не ги знаат недостатоците. Има многу граѓани кои се отселуват поради условите. Паркирањето е очигледен проблем. Причините се многубројни. Несоодветен урбанизам, потребниот број на паркингместа во рамки на сопствена градежна парцела со дадената бруто- развиена површина невозможно е да ги задоволи стандардите без проекти за паркирања на повеќе нивоа или со механизми за независно паркирање. Голем број од проектите се решени на овој начин, но ретко се изведени. Како ќе се справите со ова? n Темата за паркирањето и решавањето на последиците од прекршоците кои преќутно биле одобрувани, е преголема за да се опфати со неколку реченици. Се прави опсежна анализа во соработка со ПОЦ. Откако ќе се направи акциски план, Општината ќе информира за деталите. 34
ПОРТА
29 јуни 2018
Отстранување на платено паркирање од тротоари, условување при купување стан да се купи и паркинг-место, обврзување на сопствениците да ги користат гаражите (Градски Ѕид на пример), поскапување на паркирањето, може ли да придонесе на ред и промена на навиките на граѓаните? n Секако дека наброеното е дел од решението и може да донесе ред и промена. Акциски план за ослободување на тротоарите е во тек, а по тој план треба да овозможиме за 18 месеци да нема паркирање на тротоарите. Овој проблем е предизвикан и од лошо планирање, и заобиколување на прописите, изигрување со дозволите, но и од несовесност на граѓаните. Возилото не смее да има приоритет пред човекот и недозволено е да гледаме луѓе кои се движат по коловоз покрај зафатен тротоар. Ниту еден град во ЕУ тоа не го дозволува, па зошто ние би останале зад ЕУ. Еден од најскандалозните ДУП-ови секако дека е Мал ринг. Што се случува со тој ДУП и препораката од Комисијата при Министерството за култура за рушење на спомениците кои се дивоградби? Постои ли можност да се срушат и некои објекти или преобликуваат? n Немам доволно информации за да коментирам што ќе биде со објектите и спомениците од „Скопје 2014“. Врз основа на што и кога се даде дозволата за рушење на објектот ТЦЦ Плаза, поранешно Беко? n Беко е приватна сопственост. Рушењето
е активност регулирана преку службите во Општината. Но не можам, а да не кажам, дека ми е жал што го губиме тој симбол на Скопје. И дел од моето детство е врзан за тој простор. Дополнително ме лути негрижата за околината при рушењето. Сликата на кал, прашина, искршен асфалт, немање тротоар, уништено јавно добро, валкана средина, ја надополнуваат сликата за непочитување на жителите наспрема приватниот интерес. Општината реагираше неколкупати, а особено по засилените реакции од жителите во околината. Дали се придонесува за поголем урбанистички хаос со продолжување на Законот за легализација на бесправно изградени објекти? n Не е надлежен Советот на Општината да коментира на оваа тема. Сепак ќе кажам дека дозволената легализација на секаков тип објекти придонесува во хаосот кој го имаме. Мораторумот трае скоро шест месеци и директно влијае на работењето на фирмите. Како се финансира Општината во состојба на драстично намален приход од комуналии? До кога комуналите ќе бидат основен приход за преживување на општините, што на некој начин го стимулира лошиот урбанизам и коруптивниот ланец општина - инвеститор? n Центар е општина од 7,5 квадратни километри. Мораториумот важи за 4,5 км2, па нашиот процес не може да се толкува како атак врз градежната фела, уште помалку како влијание врз БДП, туку како нов принцип за рамномерност (рамномерен развој) и заштита на јавниот интерес. Финансирањето на општините и приходите од комуналии за фунционирање на општините се секако дискутабилни. На таа тема се дискутира на повисоки нивоа, во кои ние партиципираме со предлози.
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
стадиони
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ РУСИЈА 2018, „КАЗАЊ АРЕНА“, КАЗАЊ
Мултифункционален комплекс од 470 милиони долари „Казањ арената“ за време на светско првенство на ФИФА ќе ги задоволи дури и најпребирливите навивачи. Стадионот има Skyboxes, луксузен затворен простор за седење поставен високо во спортската арена, ресторан со панорамски поглед на теренот, голем број места за храна, спортски барови и кафулиња, простор за деца и продавница со клупска опрема. Арената може да се пофали и со музеј на фудбалскиот клуб Рубин, музеј на стари автомобили и уште еден музеј посветен на историјата на стадионот. За навивачите кои доаѓаат на натпревари со сопствените возила, предвиден е паркинг за 4.445 автомобили.
Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл.ихж..арх.
Н
а 5 мај 2010 година, рускиот претседател Владимир Путин го постави камен-темелникот на стадионот во Казањ, „Казан арена“, дом на двократниот руски шампион ФК Рубин Казањ. Објектот е предаден во употреба во рекордно време, 36 месеци подоцна во мај 2013 година. Во јули истата година е домаќин на церемонијата на отворање и затворање на XXVII Летна универзијада. Во август 2014 е одржан првиот фудбалски натпревар од руското првенство помеѓу „Рубин“ и „Локомотив“. Арената не е само фудбалски стадион туку е мултифункционален спортски комплекс, чија
36
ПОРТА
29 јуни 2018
цена на градба изнесува 470 милиони долари. Содржи и два базена, еден базен од 50/26 метри и базен со загревање од 50/25 метри, каде во 2015 година во јули е одржано ФИНА Светско првенство во водени спортови, а во ноември фудбалски натпревар Рубин Ливерпул во УЕФА Лига Европа. Најважниот тест што Казањ арена го помина пред Светското првенство во Русија беше последниот Куп на конфедерации. Денес на овој модерен колосеум се одржува Светкото фудбалско првенство, каде ќе се одиграат четири натпревари од групната фаза, едно осмина финале и едно четврт финале. Концептот на дизајнот на стадионот е повторно на архитектонското биро „Populous“, кој концепт создаде стадион со своја личност и
еден од најголемите со капацитет од 45.379 гледачи на кој ќе се одвива најважната споредна работа во светот. Казањ е главен град и најголем град на Република Татарстан во Русија. Со население од преку еден милион жители е осмиот град по број на население во Русија. Градот се наоѓа на устието на реките Волга и Казањка. Токму живописниот брег на реката Казањка е главната инспирација на архитектите. Стадионот има уникатен дизајн, благите кривини на покривот на арената потсетуваат на водени лилјани кои растат на живописните брегови на реката. Предниот дел на стадионот е опремен со огромен екран со вкупна површина од 3.700 квадратни метри. „Казањ арената“ за време на светско
„КАЗАЊ АРЕНА“ ПРЕКУ БРОЈКИ • екран 3.700 квадратни метри • капацитет од 45.379 гледачи • предаден во употреба за 36 месеци • паркинг за 4.445 автомобили првенство на ФИФА ќе ги задоволи дури и најпребирливите навивачи. Стадионот има Skyboxes, луксузен затворен простор за седење поставен високо во спортската арена, ресторан со панорамски поглед на теренот, голем број места за храна, спортски барови и кафулиња, простор за деца и продавница со клупска опрема. Арената може да се пофали и со музеј на фудбалскиот клуб Рубин, музеј на стари автомобили и уште еден музеј посветен на историјата на стадионот. За навивачите кои доаѓаат на натпревари со сопствени возила, предвиден е паркинг за 4.445 автомобили. Уникатноста на стадионот се гледа и во вкрстените греди поставени на растојание од 120 метри и проѕирниот конзолен кров кој е потпрен на осум потпорни точки. На тој начин поставен, кровот делува како лесна воздушеста конструкција, без притоа да се наруши безбедноста и стабилноста на објектот. Вкупната тежина на вградениот челик во кровната конструкција изнесува 12 илјади тони. Во градот кој по посетата на Петар Велики, станал центар на бродоградба за касписката флота, уништен во 1774 година за време на бунтот на Пугачев и наскоро повторно изграден за време на владеењето на Катерина Велика, навивачите, покрај многу радост и солзи кои ги носи фудбалот ги чека прекрасно, шарено доживување. Тоа е град каде Куранот првпат е отпечатен во 1801 година. Град каде неговиот Универзитет е многу важен центар за ориентални студии. Град како и многу руски градови, херој. За време на Втората светска војна во Казан биле сместени голем дел од клучните индустриски постројки и фабрики за поддршка на војната. Градот бил витален индустриски центар на воените напори против фашистите, каде што биле произведени илјадници тенкови и авиони. Денес во Казањ, многу култури се мешаат едни со други и сите со воодушевување ги чекаат милионите фудбалски навивачи. Сунитските муслимани живеат во мир со православните и католичките христијани. Сите се разбираат еден со друг преку заедничкиот руски јазик. Населението е скоро 50/50 од руска и татарска етничка припадност. Со население од речиси 1,2 милиони луѓе и мноштво религии кои живеат мирно меѓусебно, Казан во повеќе од 1000-годишно наследство, останува извонреден град за посета или живеење. Град кој со воодушевување го слави фудбалот кој обединува и чии навивачи и радоста и болката ја споделуваат заедно. 29 јуни 2018
ПОРТА
37
стадиони
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА „ФИШТ“, СОЧИ
„Фаберже јајце“ во подножјето на Кавказ Подвижниот дел на покривот се отвора во правец на север со што на гледачите им е овозможен непречен поглед на планинските врвови на Кавказ на исток и брегот на Црното Море на запад. Кога е отворен покривот стадионот потсетува на отворена школка, а кога е затворен има изглед на фаберже јајце. Архитектонското биро „Populous“ својата првична инспирација ја црпело од скапоцените фаберже јајца, кои се икони на руската култура.
П
онудата на Русија за XXII Зимски олимписки игри 2014 во Сочи беше дел од пошироката цел, земјата да се врати на светската сцена како домаќин на големи спортски настани (последен таков беше Олимпијадата во Москва 1980 година). Предизвикот беше трократен: да го убеди Меѓународниот олимписки комитет дека Русија има визија и инфраструктура да биде домаќин на таков голем настан, да го развие популарното одморалиште Сочи во дестинација за спортови од светска класа и да проектира доволно флексибилен стадион за церемониите на Олимпијадата, а потоа тој да биде дел од натпреварите на Светскиот куп на ФИФА 2018. И Русија успеа во својата намера. Се создаде голема инфраструктурата која го регенерираше регионот, означувајќи го Сочи како туристичка дестинација во текот на целата година и нов голем европски центар за зимски спортови.
38
ПОРТА
29 јуни 2018
,
Сочи е град во Краснодарскиот Крај, сместен на брегот на Црното Море близу границата помеѓу Грузија и Апхазија. Тој е најтоплиот град во подножјето на Кавказ, поради што е прогласен за град-бања. Покрај квалитетните архитектонски зданија за потребите на Олимпијада, (меѓу кои е и хотелскиот комплекс „Запољарије“ проект на архитекти од Македонија), традиционално е познат и по преубавите градини и ретки растенија кои ги обожавале Петар Велики, Сталин, а и претседателот Владимир Путин. Спортскиот комплекс за Олимписките игри е сместен во една од четирите градски области на Сочи, Адлер. Архитектонското биро „Populous“ со седиште во Лондон, кое како што веќе напоменавме во претходниот број е проектант и на уште три стадиона во Русија, во Ростов, Казан и Саранск, одигра водечка улога во дизајнот и изградбата на олимписките објекти. Географските карактеристики на областа, планините и морето, како и потребата за изградба на сите објекти од нула, беа интересна, но и комплицирана задача. Еден од дванаесетте спортски објекти за Олимписките игри во 2014 година е и стадионот „Фишт“. Стадионот го презема доминантното место во Олимпискиот
парк кој се протега на површина од 200 хектари. Покрај тоа во февруари 2014 година му беше доделена важна улога. На стадионот се одвиваа незаборавните церемонии на отворањето и затворањето на Олимписките игри. Во градот кој нуди безброј можности за спорт: планинарење, нуркање, пловење, аква велосипеди, скијање, трка во Формула 1 и каде можете наутро да скијате и истиот ден во попладневните часови да пливате во Црно Море, стадионот „Фишт“ е архитектонска икона. А непрекинатите шуми околу градот се светско наследство на УНЕСКО. Градбата на стадионот започнала во 2007 година. Во проектот за овој објект земени се предвид сите релевантни фактори, меѓу кои се и безбедноста на гостите, спортистите и персоналот, како и минималните штети на еколошката средина, а свечено е отворен во декември 2013 година. Стадионот го доби своето име по истоимениот планински врв кој се наоѓа во западниот дел на Кавкаските планини и чии врвови се гледаат од градот (висина 2.687 м), а од Москва е оддалечен 1679 километри. Ѕидовите и кровот на стадионот претставуваат една целина изградена од
проѕирни поликарбонати. Подвижниот дел на кровот се отвора во правец на север со што на гледачите им е овозможен непречен поглед на планинските врвови на Кавказ на исток и брегот на Црното Море на запад. Кога е отворен кровот стадионот потсетува на отворена школка, а кога е затворен има изглед на фаберже јајце. Архитектонското биро „Populous“ својата првична инспирација ја црпело од скапоцените фаберже јајца на рускиот златар Питер Kарл Фаберже, кои се икони на руската култура. Фаберже еднаш годишно за Велигден го претставувал своето јајце направено од злато, скапоцен емаил и драгоцени камења на рускиот цар Александар III кој потоа ѝ го подарувал на својата жена Марија Федоровна. Кога на престол дошол Николај II, Фаберже почнал да прави две јајца годишно, едно за мајката на царот и едно за жената. Стадионот е асиметричен, има мал пристап до морето, а со својата конфигурација и делумно затворени трибини, кои се навалуваат и прошируваат се пристапува кон централниот влез. Главната карактеристика на „Фишт“ е покривот. Неговиот централен проширен дел е направен од лесни, еколошки материјали кои можат да ја пропуштат сончевата светлина. Кровот е дизајниран да изгледа како снежните врвови на околните планини, така што се вклопува во пејзажот на Имеретинска Долина и Кавкаските Планини. Германската градежна компанија Vector Foiltec го изградила покривот со проѕирни пластични Texlon ETFE воздушни перничиња. Во текот на ноќта стадионот создава спектакуларни дисплеи со користење на LEDосветлување. За времетраење на ЗОИ 2014 капацитет на стадионот бил 40.000 места, а за потребите на фудбалското првенство е зголемен на 47.000 гледачи. За останатите потреби на локалниот фудбалски клуб и други настани капацитетот ќе биде намален на 25.000 гледачи. Трошоците за градење се 779 милиони долари. На овој стадион ќе се одиграат четири меча од групната фаза, едно осмина финале и едно четврт финале. Еден меч веќе се одигра помеѓу репрезентации кои биле светски и европски шампиони, дербито Шпанија - Португалија. Мошне интересен меч на еден уште поинтересен стадион каде еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо уште еднаш ја воодушеви планетата со својот импозантен учинок, порачувајќи им на сите дека може сам. СТАДИОНОТ „ФИШТ“ ПРЕКУ БРОЈКИ • капацитет 47.000 гледачи • цена 779 милиони долари • Олимпискиот парк на површина од 200 хектари 29 јуни 2018
ПОРТА
39
стадиони
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ РУСИЈА 2018-СТАДИОНОТ „НИЖЊИ НОВГОРОД“
Местото каде реките Ока и Волга ги подаваат рацете
„Нижњи Новгород“ е инспириран од аспекти на природата во регионот на Волга вода и ветер. Во исто време, со оглед близината на најстариот историски град, објектот треба да има силуета што е воздржана, но и маркантна. Во визијата на архитектите, стадионот почитува, но има и препознатлив изглед. Неговата уникатност произлегува од неговите асоцијации со Волга, локалната природа и сцени што претставуваат вода и ветер.
С
тадионот „Нижњи Новгород“ во истоимениот град во Русија е изграден на една од најживописните локации, Стрелкa, токму на устието на реките Волга и Ока, а во непосредна близина на црквата Александар Невски изградена во 1880 година. Областа нуди волшебен поглед на Нижњиновгородскиот кремљ, кој се наоѓа на спротивниот брег на Ока. Или, како што вели популарната песна „Стрелкa“ што се смета за неофицијална химна на Нижњи Новгород: „Каде Ока и Волга ги подаваат
40
ПОРТА
29 јуни 2018
рацете една кон друга, пространството е неограничено и може да го допрете небото“. Кога е денот јасен, а небото бистро, може да се види дека водата на двете реки е во различна боја, Волга е потемна и поширока. Локацијата на која е сместен стадионот е трансформирана во рекреативна зона со парк и насипи за граѓаните, Стрелкa сега е отворена и е ново место за семејна рекреација. Непосредната близината на стадионот до историските објекти наметнала одредени барања за архитектонското обликување на
новата арена. „Нижњи Новгород“ е инспириран од аспекти на природата во регионот на Волга - вода и ветер. Во исто време, со оглед на близината на најстариот историски град, објектот треба да има силуета што е воздржана, но и маркантна. Во визијата на архитектите, стадионот почитува, но има и препознатлив изглед. Неговата уникатност произлегува од неговите асоцијации со Волга, локалната природа и сцени што претставуваат вода и ветер. Лесната основна конструкција на модерниот колосеум е составена од фини триаголни
столбови поставени во основа на круг. Тие носат полутранспарентна фасада која ја крие „чинијата“ на стадионот. Арената е опкружена со пешачка патека поврзана со скали поставени на тангентите, истакнувајќи го протокот на стадионот, правците на движење, влезовите и излезите. Навечер, предната фасада од колонада на столбови и повлечената „чинија“ на стадионот се осветлени, истакнувајќи ја нивната пластичност и транспарентност. Се преплетуваат сенки од колонадата и создаваат игра на полно и празно. На крајот на 2014 година Министерството за спорт на Руската Федерација потпиша договор со АД „Стројтрансгас“ (СТГ) за изградба на стадионот која отпочна во 2015 година. Работите се завршени во декември 2017 година. Во јули 2017 година отпочнато е посејување на тревата. Избрани се неколку видови трева „Риграс“ кои се успешно тестирани во Шкотска. Два месеца подоцна, кога се оформил кореновиот систем на тревникот, бил порамнет со ленти од полимери. Стадионот официјално е отворен на 15 април 2018 година со натпреварот помеѓу клубовите од домашното првенство „Олимпијец“ и „Зенит“. При изградбата на стадионот користени се најнови технологии и материјали, иновативни решенија за да се обезбеди достапност на сите групи на посетители и безбедност на спортистите и навивачите. Архитектонскиот концепт е врамен во единствен колорит на сина и бела боја и е испреплетен со пејзажот на природата на
Волга. Стадионот е сертифициран според еколошкиот стандард BREEAM. Во текот на работата, СТГ изведе 12.000 м³ челични конструкции, а обемот на бетонските работи изнесува 183.000 м³. На стадионот се инсталирани 25 инженерски системи. Во изминатите периоди речиси 3.000 работници и инженери беа вклучени во изградбата на објектот. Стадионот „Нижњи Новгород“ е изграден не само како фудбалска, туку и како мултифункционална арена со простори за атлетски тренинзи, фитнес-центри, комерцијални области и ќе се користи 365 дена во годината. Стадионот има капацитет од 45.000 гледачи, вклучувајќи и 902 места за лица со инвалидитет. Неговата цена е
нешто повеќе од 280 милиони долари. Изграден е на локација со површина од 21,6 хектари, а вкупната површина на објектот е 127.500 м². За време на Светското првенство во фудбал ќе се одиграат четири натпревари во групната фаза, едно осмина финале и едно четврт финале. По завршетокот на Мундијалот 2018 стадионот ќе го користи локалниот фудбалски клуб „Олимпиец“. „НИЖЊИ НОВГОРОД“ ПРЕКУ БРОЈКИ • капацитет 45.000 гледачи • цена нешто повеќе од 280 милиони долари • локација со површина од 21.6 хектари • вкупна површина на објектот 127.500 м²
ПОРТА
архитектура
16. БИЕНАЛЕ ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА
Едноставните идеи најуспешни
Германски павилјон
Уникатно доживување, почнувајќи од самата атмосфера на градот, просторите во кои се наоѓаат изложбените поставки, сѐ до импозантните идеи, различни размислувања и гледишта на светот и архитектурата кои поттикнуваат размислувања и емоции за подолг период Валбона ФЕЈЗА, дипл. инж. арх. Сања АВРАМОСКА, дипл. инж. арх. фото: Сања АВРАМОСКА, Аделина ФЕЈЗА и Валбона ФЕЈЗА
Н
а 26 мај беше отворено овогодинешното Венецијанско архитектонско биенале, курирано од основачите на Grafton Architects - Ивон Фарел и Шели Мекнамара. Насловот кој тие го задаваат, FREESPACE, се однесува на подароците кои архитектите ги даваат бесплатно, преку добриот дизајн, а се фокусира на проблематиката на слободен простор, или „Простор кој може да
42
ПОРТА
29 јуни 2018
се генерира кога еден проект е инспириран од великодушност“ вели Паоло Барата, претседател на Венецијанското Биенале. На Биеналето, заедно со главните изложби, кои содржат над 80 проекти, изложени се 65 национални павилјони и неколку други „колатерални“ настани и специјални проекти, кои се наоѓаат во двете главни локации - Арсенале и Ѓардини, но има и дел кои се лоцирани во друг дел од градот, а до некои може да се стигне само со брод. Изложбата изобилува со модели, вклучувајќи и некои коишто посетителите можат просторно да ги доживеат и да влезат во нив. Може да се заклучи дека павилјоните и изложбените простори кои содржат едноставни идеи и се претставени преку
Швајцарски павилјон интерактивни инсталации се најуспешни на овогодинешната мостра. Сеприсутните ентериери за изнајмување се прославуваат во изложбата на Швајцарија, која го освои Златниот лав за најдобар национален павилјон во 2018 година. Швајцарците во голема мера ја игнорираа главната тема на биеналето и се чини дека, како резултат на тоа, ја добија наградата. Ова укажува на тоа дека FREESPACE како концепт е толку отворен за толкување, што може истовремено да се игнорира и резултатот да биде позитивен. Швајцарскиот павилјон во Ѓардини претставува внатрешност на стан што потсетува на приказната за „Алиса во земјата на чудата“, бидејќи е трансформиран во лавиринт на ненаместени простории, со користење на едноставна сценографија која е најчеста слика во новоизградените станови или изнајмени апартмани. Кујнските елементи се превисоки за дофат, додека на друго место треба да се наведнеш за да ја дофатиш кваката. Една џиновска врата води во просторија со огромна висина на таванот, огромни прозорци и кујнски елементи кои може да ги користи само џин. Низ друга мала врата посетителите влегуваат во простор каде сè е намалено. Тој има јасна поента, фотогеничен е, без дадено објаснување и остава голем впечаток. Алесандро Бошард, кој го курира павилјонот со Ли Тавор, Метју ван дер Плог и Ани Вихерваара, архитекти со седиште во Цирих, смета дека треба да има повеќе дебати за баналната архитектура со која се опкружени изнајмувачите од западниот свет. Естетиката на швајцарскиот павилјон може да се сфати како еден вид разреден модернизам, сведен на обични бели ѕидови, основни елементи и дрвен ламинат, со оглед на фактот дека Швајцарија, никогаш во целост не го напуштила модернизмот. Како и швајцарските учесници и Холанѓаните ја игнорираа главната тема на биеналето. Изложбата во холандскиот павилјон,
наречена „Work, Body, Leisure“ (работа, тело, слободно време) се состои од една соба затворена од сите страни со шкафчиња. Курирана од Марина Отеро Верзие, изложбата претставува проширен истражувачки проект за историјата и иднината на телото и трудот: просторната динамика на сексуалната работа; автоматизацијата во поголемите индустрии; ефикасниот дизајн на канцелариите. Со оглед на неговата интелектуална густина и далекусежност, меѓународните содржини и соработници, повеќе личи на изложба во една голема културна институција отколку инсталација на павилјон. Посетителите можат да ги отворат вратите на шкафчињата, да откриваат фотографии и филмови, но и да пристапат до цели простории со уметнички инсталации. Експонатите кои се изложени истражуваат како човештвото ќе се трансформира во ера кога роботите ќе можат да преземат многу работни позиции кои вообичаено се извршувани од страна на луѓето. Но, како што посетителите ги отвораат вратите, тие откриваат голем број проекти презентирани во различни медиуми, од едноставни фотографии до инсталации кои ги полнат целите простории. Отеро Верзиер избрала да претстави една соба со шкафчиња, бидејќи овие простории - кои ги има во повеќето фабрики, канцеларии и спортски сали - се места каде што телата на луѓето се подготвуваат за физичка активност. Тие се обоени во портокалова боја, што често се користи за да се симболизира Холандија. Невообичаениот пристап на Велика Британија им донесе специјално признание за најдобар национален павилјон на овогодинешното биенале. Празен павилјон и нова челична структура за кровна тераса таканаречена „Island“ (oстров), беше одговорот на темата за FREESPACE. Целта на овој павилјон е да создаде јавен простор или место за социјализација на посетителите кои на тој начин би се вклучиле во зградата. Тој претставува простор за дебата, размена на идеи и за визионерски размислувања преку претходно организирана агенда на настани. Што значи да се биде жител на одредено место, што значи државјанство, националност и припадност? Како една граница може, освен физички, механички да подели и одреди државјанство и припадност? Сите овие прашања кои се актуелни во светот се претставени во павилјонот на Соединетите Американски Држави, каде што беа изложени неколку поставки од различни групи на автори кои одговараа на прашањето на националното државјанство, односно што значи да се биде граѓанин во време кога границата помеѓу САД и Мексико почнува да станува недефинирана. Користејќи ја архитектурата тие прават видливи парадокси и формулации за припадноста, односно државјанството, исто така, тие ги испитуваат просторите на државјанство препознаени во историјата на нееднаквост и насилност врз луѓето. Британски павилјон
ПОРТА
Австралиски павилјон
Andramatin
Слободниот простор, за германскиот тим, е просторот на Берлинскиот ѕид после неговото уривање. Овој цврст ѕид се доживува при првото влегување во павилјонот, каде што со секој чекор - поместување и приближување на ѕидот, откриваш серија на фрагментирани ѕидови кои го составуваат „цврстиот ѕид“ кој се доживува така на прв поглед. На задната страна на секој ѕид може да се најдат детали за зградата или просторот лоциран по патеката на Нордиски павилјон Берлинскиот ѕид, од каде што и произлегува самиот наслов на поставката – „Неизградени ѕидови“. Изложбата има за цел да го доведе до прашање влијанието што го имаат бариерите и границите врз градовите и земјите. Од друга страна, австралискиот павилјон, составен од простор со преку 10 000 тревни растенија од 65 различни сорти и осветлување со лед светилки кои би го одржале животот на растенијата внатре во павилјонот, праќа јасна порака за слободниот природен простор или пејзаж, кој сѐ повеќе го снемува со никнување на зградите. Со оваа порака истиот пренесува и предупредување кон сите архитекти и дизајнери за начинот на кој една зграда комуницира со природата и како тие можат 44
ПОРТА
29 јуни 2018
да направат целосен ентитет. Воедно, кураторите укажуваат, што според нив, значи репарирање или на кој начин можат да се ревитализираат местата. Овој павилјон повикува на нова проценка на вредностите на природниот пејзаж во кој сега се наоѓа Државната библиотека на Викторија и нѐ навраќа на времето пред европските населби кои биле живи, озеленети, рамни шуми.
Слично е и во нордискиот павилјон „Аnother Generosity“. Поставени се четири огромни меурчиња, кои се надуваат и намалуваат како одговор на условите на животната средина, а чија цел е да се прикаже визија за иднината каде архитектурата може да се прилагоди на околината на ист начин како што луѓето го прават тоа. Балоните се дизајнирани да изгледаат како клетки, а се опремени со сензори кои ги следат нивоата на јаглерод диоксид, влажност и температура на воздухот. Освен националните павилјони, присутни се и учесници со индивидуални изложби и поставки, кои решија да одговорат на темата со изградба на огромни макети на некои од нивните објекти. Ова резултираше со спектар на интерактивни инсталации. На пример, португалското студио Aires Mateus ги поканува посетителите на Биеналето да ги протнат главите во една метална фигура, крената на ногалки, наречена „Field“. Внатре, таа содржи зеленило од кое се шири карактеристичен мирис. Казуо Сејџима и Руе Нишизава на SANAA направија вообичаен деликатен гест со скромна инсталација од акрил, која се чини се губи покрај околните спектакуларни поставки. Alison Brooks Аrchitects создадoa инсталација од поголем размер, претставена како четири населени „тотеми“: праг, наследен раб, премин и покрив, наречена „Recasting“. Секој тотем нуди одредено просторно, емотивно и сензорно искуство, искористувајќи ги специфичните карактеристики на Corderie како што се светлината и огромниот простор. Мисијата на оваа поставка е да ја открие граѓанската улога во станбената архитектура и нејзиниот потенцијал за значајно, субјективно искуство. Инсталацијата, исто така, нуди задоволство и мистерија: огледалните површини, органските геометрии и принудната
Mario Botta
Alison Brooks Architects
ПОРТА
Либански павилјон перспектива создаваат серија експанзивни илузии. Заедно, тотемите, столбот и амфитеатарот прават една неформална сцена за собирање која гледа кон надвор. Изложбата на Andramatin, која, исто така, се наоѓа во Arsenale Corderie, е насловена како „ELEVATION“ и ја истражува виртуелната разновидност во народната архитектура на Индонезија. Индонезискиот архитект Андра Матин прикажува во дрвена структура со импресивна ткаена фасада. Внатре, се качувате нагоре и надолу по скали, а голем број помали модели на различни народни куќи во Индонезија, кои се градат на различна надморска височина, се изложени низ просторот. Како архипелаг кој опфаќа околу 17.500 острови, географијата на Индонезија варира од крајбрежни области до висорамнини, достигнувајќи 4.800 метри надморска височина. На таа површина, бројните различни култури и етнички групи ја окупираат географијата со нивната народна архитектура. Насловот „ELEVATION“ се однесува на значењето „elevation“ како надморска височина и „elevation“ во архитектонска смисла како вертикална проекција на зградите. Жирито му го додели нa Андра Матин едно од двете специјални признанија за „чувствителна инсталација која отвора простор за размислување за материјалот и формата на традиционалните народни структури“. Ова е прв пат еден индонезиски архитект да е награден на Венецијанското биенале за архитектура. 16-тото Биенале за архитектура во Венеција ќе трае до 25-ти ноември 2018 година. Како дел од тимот кој придонесе Република Македонија да се претстави на Венецијанското биенале за архитектура, ја имавме честа да го доживееме духот на најголемиот архитектонски настан во светот, а да се присуствува на ваков настан е несомнено уникатно доживување, почнувајќи од самата 46
ПОРТА
29 јуни 2018
Павилјон на САД атмосфера на градот, просторите во кои се наоѓаат изложбените поставки, сѐ до импозантните идеи, различни размислувања и гледишта на светот и архитектурата кои поттикнуваат размислувања и емоции за подолг период. (Благодарност до Општина Кичево која спонзорираше дел од студентите кои работеа на проектот за претставување на Македонија на Венецијанското биенале за архитектура 2018.) Сања , Валбона , Аделина
ПОРТА
земјотресно инженерство
ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ИСПИТУВАЊА ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА НА ЕФИКАСНОСТА НА НОВИ РЕВЕРЗИБИЛНИ МЕТОДИ
Зајакнување на културно -историски споменици
Во лабораторијата на ИЗИИС тестирани се три иновативни методологии за зајакнување, применети на физички модели на три различни прототип конструкции: на Мустафа-пашината џамија во Скопје, на катедралата „Фосанова“ во Италија и на црквата „Свети Никола“ во Псача
Слика 1. Прототип на моделите испитувани во ИЗИИС, а) Мустафа-пашината џамија во Скопје, б) катедралата „Фосанова“ Италија и в) црквата „Св. Никола“ во Псача, Кумановско
К
атастрофалните земјотреси ја наметнаа потребата од градење на сеизмички отпорни конструкции и таа зазема приоритетно место во техничката регулатива за проектирање и изградба на објекти во сеизмички активни подрачја. Меѓутоа, новоусвоените прописи и принципи се однесуваат за новите градби, што го наметнува прашањето како да се заштитат градбите коишто се изградени во минатото, во сеизмички активни региони, а коишто не ги исполнуваат актуелните асеизмички барања. Во овие градби спаѓаат и културноисториските споменици коишто се од особено значење за светското културно наследство. За нивна сеизмичка заштита и подобрување на сеизмичката отпорност постојат повеќе методи, а во оваа статија ќе се даде осврт на реверзибилните методи за зајакнувања, односно методи кои понатаму лесно можат да бидат отстранети и заменети со нови. Ефективноста на овие методи е експериментално испитана во рамките на 48
ПОРТА
29 јуни 2018
европскиот проект ПРОХИТЕК (PROHITECH), во којшто беа вклучени 15 универзитети од 12 европски земји, меѓу кои и УКИМ преку Институтот за земјотресно инеженерство и инженерска сеизмологија и Градежниот факултет. Главна цел на овој проект беше да ја верифицира ефективноста на иновативни техники за сеизмичка заштита на постоечки конструкции, со посебен осврт на зајакнување на културно-историски споменици, преку реверзибилни технологии на зајакнување. За конструкции коишто не се изградени согласно сеизмичките прописи потребно е да се направат одредени експериментални испитувања за да се оцени нивната сеизмичка стабилност и да се предложи најсоодветниот начин на зајакнување. Во лабораторијата на ИЗИИС тестирани се три иновативни методологии за зајакнување, применети на физички модели на три различни прототип конструкции: на Мустафа-пашината џамија во Скопје, на катедралата „Фосанова“ во Италија и на црквата „Свети Никола“ во Псача. Дел од решенијата што се испитувани се и реално применети кај овие споменици.
МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСПИТУВАЊАТА Пред да се започне со фазата на зајакнување на еден објект, потребно е да се спроведат повеќе истражувачки активности меѓу кои спаѓаат и следните три: • Дефинирање на моменталната состојба на конструкцијата преку определување на нејзините динамички карактеристики
Слика 2. Модел на Мустафа-пашината џамијата поставен на платформата во ИЗИИС
(фреквенции, тонови форми и коефициенти на придушување); • Определување на физичко-механичките карактеристики на материјалите; • Испитување на сеизмичката стабилност на објектот преку испитување на соодветен физички модел на сеизмичка виброплатформа. Во рамки на проектот ПРОХИТЕК, за дефинирање на динамичките карактеристики на спомениците користена е методата на амбиент вибрации. Карактеристиките на материјалите од кои се изградени спомениците се определени со недеструктивни методи на лице место и со испитување на примероци во лабораторија. Во последната фаза, после изградбата на физичкиот модел, се врши испитување на сеизмичка платформа на дејство на земјотрес за испитување на сеизмичката стабилност и тоа прво на модел на оригиналната конструкција, а потоа и на модел кој е зајакнат со предложената технологија. Со цел да се оцени ефектот на зајакнување, зајакнатиот модел се испитува прво на дејство на земјотреси со ист интензитет како и оригиналниот модел, а потоа и до предизвикување на целосен лом на истиот. Во продолжение се дадени повеќе информации за трите испитувани модели кои се зајакнати со три различни реверзибилни технологии: зајакнување со карбонски ленти и шипки (CFRP), зајакнување со вметнување на карбонски шипки (затеги) и преку имплементација на концептот на речиси подигната конструкција (ALSC – Almost Lifted Structure Concept). Мустафа-пашината џамија во Скопје (слика 1, а), изградена во 1492 год., е еднокуполна конструкција со димензии во основата од 20.0 х 2 0.0 m, составена од масивни дупли ѕидови (2.0 m) од камен и тули со варов малтер. Составен дел на џамијата е и минарето кое од конструктивен аспект претставува доста виток и тенок елемент. Земајќи ги предвид геометриските карактеристики на објектот, материјалот од којшто е изграден истиот, карактеристиките на сеизмичката платформа како и расположливиот простор во лабораторијата во ИЗИИС, проектиран е и изграден физички модел во размер 1 : 6 (слика 2). Моделот е проектиран според принципот на занемарени гравитациони сили, користејќи го истиот материјал од којшто е изграден прототипот. Со цел да се добијат резултатите за проценка на сеизмичкото однесување и стабилност, на моделот беа поставени повеќе акцелерометри и мерачи на поместување во карактеристични точки.
Слика 3. Оштетување од испитување – фаза 1
Слика 4. Зајакнување на минарето со карбон ленти – фаза 2
Слика 5. Приказ на зајакнување на џамијата
Слика 6. Приказ на оштетувања на моделот после реализирана фаза 3
Испитувањето на физичкиот модел е реализирано во 3 фази и тоа: - Испитување на оригиналниот модел под дејство на земјотрес со низок интензитет (0.01 g - 0.1 g), со цел да се предизвикаат оштетувања само во минарето (слика 3); - Испитување на модел со зајакнато минаре под дејство на земјотреси со висок интензитет (0.2 g - 1.5 g), со цел да се предизвика колапс на минарето и оштетувања на џамијата, (слика 4); - Испитување на зајакнат модел на џамијата сè до постигнување на високо ниво на оштетувања кај истата (слика 6). За репрезентативен земјотрес при генерирањето на сеизмички побуди, беше земен временскиот запис од црногорскиот земјотрес, соодветно скалиран. После првата фаза, пукнатините на моделот на џамијата се инектирани, додека минарето е зајакнато преку имплементација на карбон траки на 4 места во вертикален правец и на 5 нивоа во хоризонтален правец (слика 4). По генерираниот земјотрес со влезно забрзување од 1.5 g настана лом на минарето, додека во џамијата се забележани видливи оштетувања. Бидејќи станува збор
за верификација на ефикасноста на реверзибилни техники на зајакнување, џамијата е зајакната преку вметнување на карбон шипки во хоризонтални слоеви од малтер околу четирите ѕидови на две нивоа, формирање на хоризонтален појас од карбон ленти околу тамбурот на џамијата и во основата на куполата (слика 5). Заклучоците после испитувањето беа дека кај зајакнатиот модел, за поинтензивни тестови, механизмот на лом се префрла во долната зона на ѕидовите, во насока на побудата, каде што се појавуваат очекуваните дијагонални пукнатини. Сеизмичката отпорност е значително зголемена, со сочувана интеграција на тамбурот и куполата со ѕидовите на конструкцијата, а зајакнувањето на минарето ја зголеми неговата крутост и можноста за деформација. Катедралата „Фосанова“, (слика 1, б) лоцирана во Приверно, Италија, датира од 15-тиот век и претставува прототип за вториот модел којшто е испитуван во лабораторијата во ИЗИИС. Со цел да се земе предвид сложеноста и комплексноста на објектот беше изработен комплексен и 29 јуни 2018
ПОРТА
49
Слика 7. Физички модел на катедралата „Фосанова“ прецизен физички модел во размер од 1 : 5.5 (слика 7), според концептот на „вистински репродуцирани модели“. Проектот за инструментација е конципиран на начин да се добијат што поголем број на корисни експериментални резултати и за таа цел користени се акцелерометри и мерачи на поместување. Испитувањето на моделот е реализирано во 2 фази:
- Испитување на оригиналниот модел сè до предизвикување на видливи оштетувања – интензитет на влезно забрзување до 0.14 g - Испитување на зајакнат модел, до постигнувања на сериозни оштетувања – интензитет на влезно забрзување до 0.4 g При испитувањата, за репрезентативен земјотрес беше користен временскиот запис од земјотресот во Калитри, Италија, соодветно скалиран. Пред реализација на финалниот тест од првата фаза, неколку оштетувања беа забележани на сводовите и лаковите. За време на финалниот тест со интензитет од влезно забрзување од 0.14 g забележано е сериозно оштетување на моделот, со развој на две главни пукнатини по должината на централните лакови на главниот свод и повеќе пукнатини на помалите сводови и лакови (слика 8). Причина за ова оштетување е блискоста на фреквенцијата на моделот и доминантната фреквенција на зададениот земјотрес, што предизвикува интензивни вибрации и појава на резонанс.
Слика 8. Оштетувања на моделот после реализација на фаза 1
Слика 9. Зајакнување на моделот со вертикални и хоризонтални карбон шипки (затеги) 50
ПОРТА
29 јуни 2018
По испитувањето на оригиналниот модел и развојот на механизмот на лом, пукнатините беа исполнети со специјален експанзивен алуминиум-цементен малтер, со што моделот беше потполно вратен во првобитната неоштетена состојба. Потоа, беше применета предложената методологија за зајакнување на ваков тип споменици, којашто се состоеше во поставување на вертикални и хоризонтални карбонски шипки (затеги) на неколку нивоа на моделот, слика 9. За време на последниот симулиран земјотрес од фаза 2 (0.4 g), во моделот беше целосно развиен механизмот на лом, со бројни пукнатини. Од испитувањата се констатираше дека со применетата методологија за зајакнување критичното влезно забрзување кое кај оригиналниот модел изнесуваше 0.14 g, за зајакнатиот модел достигна вредност 0.4 g, со што беше докажана нејзината ефикасност. Третиот метод на реверзибилно зајакнување е испитан на модел на црквата „Св. Никола“, изградена во средината на 14тиот век, во селото Псача во близина на Крива Паланка, Р Македонија (слика 1, в). Земајќи ги предвид карактеристиките на сеизмичката платформа и геометриските карактеристики на прототипот, за моделот беше дефиниран геометриски размер 1 : 3.5 и тој беше проектиран според принципот на „занемарени гравитациони сили“. При инструментација на моделот беа користени акцелерометри и мерачи на поместување. Испитувањето на моделот под дејство на земјотрес беше реализирано во 2 фази: - Испитување на базно-изолиран модел со имплементација на концептот на речиси подигната конструкција (ALSC – Almost Lifted Structure Concept), со интензитет на влезно забрзување 0.45 g – 1.45 g - Испитување на оригиналниот модел, стандардно фиксиран за платформата – интензитет на влезно забрзување 0.1 g – 0.7 g Со концептот ALSC се предвидува изградба на два фундамента (основа, т.е. долен фундамент и подвижна плоча, т.е. горен фундамент врз кој се гради објектот), меѓу кои се поставува заробен течен слој (масло, вода) кој треба да е под притисок и преку кој со лизгање се дисипира енергијата од земјотресот. Со други зборови, не постои повеќе поврзаност на објектот со подлогата и конструкцијата буквално лебди над слојот од течност. Системот опфаќа и поставување на хоризонтални федери кои го центрираат објектот за време на земјотресот. Треба да се спомене дека ALSC-концептот е патентно решение на проф. д-р Љубомир Ташков (УКИМ - ИЗИИС), Мирче Кокалевски и Антим
Слика 10. Модел на црквата „Св. Никола“ Антимовски и има добиено сребрен медал на Саемот за иновации „Еурека“ во Брисел и златен медал во Сеул.
земјотрес во овој случај е зголемен 2.0 пати на врвот на ѕидовите и 4.0 пати на врвот на куполата во однос на максималното влезно забрзување 0.7 g. Во овој случај моделот беше сериозно оштетен, со појава на голем број пукнатини. Деталите на оштетувањата на тамбурот и на ѕидовите околу отворите се прикажани на сликите 11 и 12, соодветно. Компаративната анализа на резултатите од испитувањето на базноизолираниот модел со примена на системот ALSC и класичниот модел на фиксна основа јасно го прикажува супериорното однесување на концептот на речиси подигнатата конструкција. Како заклучок, за сите три предложени
Слика 11. Лом на тамбурот (влезно забрзување – 0.45 g)
нови реверзибилни методологии за зајакнување на историски споменици од различен тип, низ експерименталните испитувања се докажа нивната ефикасност и зголемената сеизмичка отпорност која тие ја овозможуваат. м-р Ангела Попоска, м-р Филип Манојловски, Антонио Шокларовски дипл. град. инж., проф. др Лидија Крстевска, доц. д-р Александра Богдановиќ, проф. д-р Зоран Ракиќевиќ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Реализација на проектот: проф. д-р Лидија Крстевска, проф. д-р Љубомир Ташков, проф. д-р Кирил Граматиков, проф. д-р Федерико Мацолани (главен координатор на проектот ПРОХИТЕК) Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје 2004-2008 година
Слика 12. Оштетувања на ѕидовите (влезно забрзување – 0.7 g)
Со оглед на применетата методологија, прво е испитан зајакнатиот модел (базноизолираниот модел) бидејќи се очекуваше дека нема да дојде до оштетувања, што беше и потврдено со максималниот интензитет од 1.5 g на усвоениот репрезентативен земјотрес регистриран во Петровац во 1979 год. Ова ниво на интензитет, кој е значително поголем од реалните максимални интензитети на земјотресите, не придизвика појава на никакви пукнатини во моделот, туку само појава на зголемено релативно поместување помеѓу основата и подвижната плоча. Интензитетот на влезното забрзување на ниво на горната плоча беше лимитиран на 0.3 g, поради ефектот на базна изолација кој го нуди овој концепт. Во втората фаза на испитување моделот беше класично фиксиран за платформата, којашто всушност ја симулира оригиналната состојба на прототипот. Одговорот на конструкцијата (забрзувањата) под дејство на ПОРТА
51
екологија
МАЛКУ ИСТРАЖУВАЊА ОКОЛУ ЕДЕН ОД СПОМЕНИЦИТЕ НА ПРИРОДАТА
Дојранското Езеро „се дави“ и со вода и без неа
Промената на нивото на водостојот веќе влијаела на промените на биодиверзитетот што е покажано во истражување од пред две години. Дали атмосферската вода, која го преполни езерото во изминатиот месец ќе ги потхрани алгите, рибите и другиот жив свет или пак ќе ги уништи, како промената на температурата на водата ќе влијае на нив и што е тоа што треба да се преземе, се прашања за кои баравме одговор Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Е
дно од најпопуларните летни одморалишта на југот од Македонија, Дојран, секоја сезона се соочува со проблеми со водата во езерото. Без разлика дали е повлечено
52
ПОРТА
29 јуни 2018
или надојдено езерото и целиот жив свет во него претрпуваат водни шокови. Претходните години Дојранското Езеро кубуреше со вода и се повлекуваше на голема жалост на повеќето граѓани кои одеа таму заради лековитоста на алгите, но оваа туристичка сезона езерото ја дочека со премногу вода. Од обилните
врнежи на дожд, во последниот месец, водата во езерото ја надмина максимално дозволената граница и се излеа на пешачките патеки и плажите. Но, надојдената вода сепак е во границите како што некогаш езерото било. Дојранското Езеро било да има малку вода или многу тоа сепак „се дави“ во
проблемите. Промената на нивото на водостојот веќе предизвикала промени на биодиверзитетот што е покажано во истражување од пред две години. Дали атмосферската вода, која го преполни езерото во изминатиот месец ќе ги потхрани алгите, рибите и другиот жив свет или пак ќе ги уништи, како промената на температурата на водата ќе влијае на нив и што е тоа што треба да се преземе. Ова се прашањата за кои баравме одговор, а експертите коишто ги консултиравме рекоа дека оваа проблематика многу малку е истражувана, иако е особено важна. Уште повеќе што со оглед на хидролошките услови и на начинот на управувањето со езерото, постои веројатност дека високиот водостој нема да биде инцидентен само годинава. Општинските власти смируваат дека состојбата е нормализирана и дека нема да има последици врз живиот свет. „Се преземаат сите потребни активности за заштита на живиот свет во езерото. Свесни сме за неговото значење и нема да дозволиме да претрпи последици. Имаме потпишано Меморандум за соработка со Регионалниот центар за животна средина кој предвидува воспоставување на стратешка соработка за спроведување на проекти за вреднување на екосистемските услуги и поттикнување на одржливи практики за рибарство и туризам“, вели градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Тој додава дека Дојранско Езеро е
заштитено подрачје, односно е прогласено за споменик на природата во 2011 година и самото тоа носи големи обврски и одговорности. „Имаме прекуграничен проект со Грција за каналот за испуст на езерото што се наоѓа на нивна страна. Апликацијата е прифатена, средствата се одобрени, но сè уште немаме ништо потпишано за официјално отпочнување со негова реализација. Во случајот се чека на грчка страна. Со чистење на овој канал и негово ставање во функција повеќе нема да има проблеми“, додава Ангов. Дека промената со нивото на вода во Дојранското Езеро не би требало да предизвика проблеми во живиот свет
потврдува Милена Манова-Илиќ од Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ). „Напливот на вода може само позитивно да влијае на живиот свет затоа што ќе има повеќе кислород. Кога има недостаток на кислород, односно во анаеробни услови, алгалниот свет потешко се развива. Но, сепак за да кажеме како овој наплив на вода ќе делува врз алгите ќе мора да почекаме до крајот на август и почетокот на септември. Во овој период има алгален блум, односно создавање на повеќе алги, па ќе знаеме дали зголеменото количество кислород ќе донесе и повеќе алги“, објаснува МановаИлиќ. Последните истражувања на Дојранското Езеро се правени во 2015 и
29 јуни 2018
ПОРТА
53
2016 година, кога студенти и професори од Природно-математичкиот факултет и од Институтот за биологија го истражуваа езерото во рамките на проектот на РЕЦ. Истражувањата покажале дека во последните години е изменет составот на езерскиот жив свет, а одредени видови алги драстично се размножуваат и со својата покривка го отежнуваат продорот на свеж кислород, додека нивната
54
ПОРТА
29 јуни 2018
отровност е резултат на тоа што се хранат со отпадните материи и хемикалиите. Тие се причина и за таканаречената еутрофикација на езерото. Во поглед на надојдената вода во езерото и нејзиното влијание врз живиот свет, професорот Светислав Крстиќ од Институтот за биологија при ПМФ објаснува дека езерото има своја динамика и дека тоа се природни циклуси кои секогаш ги има.
„Живиот свет којшто го има во езерото е адаптиран на природните циклуси кои секогаш се случуваат и без разлика дали температурата на водата е повисока или поника тие се развиваат. Алгите се развиваат во текот на целата година. Природните услови не делуваат на живиот свет, човечките активности се тие што му наштетуваат“, вели Крстиќ. Надојдената вода, објаснува Крстиќ, има свое добро и лошо влијание. Но, сепак за живиот свет е подобро да има повеќе вода. Сепак, додава тој, за сите прашања околу Дојранското Езеро треба да се направи една студија и во неа сè да се објасни. Треба да се укаже што се навистина алгите во ова езеро и дека тие не се корисни како што повеќето мислат. Тие се резултат на една биолошка состојба и се токсични. Врз живиот свет во езерото влијание има имаат и физичко-хемиските параметри. Последните анализи на Институтот за јавно здравје во Велес покажуваат дека водата во Дојранското Езеро е исправна за капење и рекреација. Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци биле земени од три градски плажи и е докажано дека водата на сите мерни места е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и рекреација на луѓето. „Од почетокот на летото ова е второ тестирање на езерската вода со сосема
исти резултати кои ја истакнуваат нејзината одлична состојба и покажуваат параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето“, наведено е во стручното мислење од Институтот за јавно здравје во Велес. Резултатите покажале дека водата во Дојранското Езеро отстапува од бараната втора класа само по матност, сув остаток на филтрирана вода, амонијак и сатурација, што се параметри кои не се одразуваат штетно врз здравјето на луѓето. Но, професорот Крстиќ не се согласува со овие резултати. „Сите наши резултати покажуваат дека водата во езерото не е добра, како што и алгите во неа не се корисни и се токсични. Но, досега само пред две години имаше воведено забрана за капење и езерото беше затворено. Доколку нашите резултати ѝ ги покажеме на светската јавност ќе има забуна како езерото не е забрането и затворено“, нагласува Крстиќ. Според професор Крстиќ, за да почне полека да се подобрува состојбата, неопходен е квалитетен мониторинг на езерото и донесување на план за управување со него затоа што судбината
на Дојранското Езеро е особено важна. Дојранското Езеро со одликува со голема содржина на хранливи материи. Животинскиот свет е претставен од безрбетници како сунѓери, црви, мекотели, членконоги, инсекти. Од претставници на ’рбетниците има риби, водоземци, влекачи, птици и цицачи. Во Дојранското Езеро регистрирани се 12 фаунистички ендемити. Од 15 видови риби, еден вид претставува локален ендемит. Некои безрбетници како вилинските коњчиња и неколку видови птици, се наоѓаат на листата на CORINE. Инаку, Општина Дојран во соработка со РЕЦ и УНДП почна да реализира проекти за заштита на Дојранското Езеро и неговиот екосистем. Меѓу добитниците на осумте големи грантови од Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја е и Општина Дојран. Грантот кој Дојран го доби изнесува 350 илјади долари и со тие средства ќе се спроведат низа активности во насока на заштита на Дојранското Езеро. Исто така, Општина Дојран доби и грант од Министерството за животна средина во
висина од два милиони денари за изработка на студијата за валоризација која претставува отскочна штица за сите понатамошни дејствија во насока на заштита на езерото. Одговорите на прашањата на соговорниците се спротивставени, па останува отворено прашањето до кога јавноста ќе чека конкретни и вистински информации околу квалитетот на водата во Дојранското Езеро. Иако, истражувањата бараат средства за да бидат реализирани, сепак се неопходни затоа што јавноста заслужува да знае дали водата е вистински исправна за капење и дали алгите се лековити како што години наназад се сметаше. Не е потребно кај јавноста да се крева паника околу исправноста на алгите, само е неопходна поголема едукација. Експертите се тие кои треба да го имаат крајниот збор, но властите треба да им овозможат да си ја работат својата работа и да истражуваат. Отворање на каналот во Грција и испуштање на водата е повеќе од потребна. Крајно време е Дојран да почне да ја живее туристичката сезона и да не „се дави“ во своите проблеми.
29 јуни 2018
ПОРТА
55
хортикултура
Подготовка на градината за топлото лето
Добрата подготовка е од клучно значење за вашата градина за да може што побезболно да ги преживее зашеметувачките ефекти летото Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж. (Биропроект)
Б
ез разлика дали живеете во село или во град, наскоро во вашата градина ќе пристигне летниот топлотен бран. Веќе почнува да се чувствува летната жега, особено во централното градско подрачје, па затоа потребно е да се преземат одредени активности со цел да се приспособи градината за да го помине летото во својот комплетен сјај. Добрата подготовка е од клучно значење за вашата градина за да може што побезболно да ги преживее зашеметувачките ефекти летото. Прво нешто што треба да направите пред почетокот на летната сезона е пролетното чистење во градината. Па така сите прецветани цветови од растенијата е потребно да се исчистат за да може растението да има продолжено цветење, а
56
ПОРТА
29 јуни 2018
притоа да не губи енергија на создавање семе. Целокупниот органски отпад во градината треба да се собере. Доколку сте во можност искористете го за компост, кој во иднина ќе ви послужи да ги мулчирате растенијата. Заштитата на растенијата од штетници исто така е многу важна. Таа треба да се практикува и превентивно. При појава на одредени инсекти или габи најдобро е растенијата да се третираат рано наутро или во попладневните часови, за да се намали можност од подгорување на ливчињата од растенијата при процесот на распрскување на течност врз нив. Топлото време посилно влијае врз растенијата отколку на луѓето. Тоа е така поради фактот што човековото тело содржи околу 60 % вода, а повеќето растенија се изградени од 85 до 90 % вода. Па поради тоа со зголемувањето на летните температури се зголемува и потребата за вода кај растенијата. Со зголемување на температурите полевањето е најдобро да се извршува рано наутро. Доколку не сте во можност да полевате во тој период од денот, тогаш најдобро е во подоцните попладневни часови кога температурите се намалени и сонцето не зрачи во полн сјај. Исто така треба да се внимава да не е и многу доцна навечер за да може лисјата од растенијата да се исушат пред зајдисонцето, со што би се намалил ризикот од појава на мувла и други габични инфекции. Растенијата кои ги одгледувате во садови имаат поголема потреба од вода за разлика од оние кои се насадени директно во вашиот двор. Доколку ги игнорирате неколку дена може да биде фатално за нив. Најважно за одгледувањето на овие растенија е при полевањето да внимавате тоа да биде обилно така што ќе се навлажни комплетниот коренов бусен. Мулчирањето е една од мерките за борба со високите температури. Површинскиот слој од органска материја како искосена трева, компост, дрвени струготини не само што може да изгледа декоративно, туку помага и во голема мера за одржување на
температурата и влагата во почвата. Освен што ја штити земјата од директното сончево зрачење и нејзино пресушување во одредена мера ја задржува утринската роса која има позитивно влијание врз растенијата во текот на летото. Со тоа мулчот придонесува да се намалат потребите за полевање и до 20 %. Освен регулирање на температурата и влагата во почвата, мулчирањето е добро и во борба со плевелот кој се јавува во текот на летото. Во зависност од висината на слојот и
типот на мулчот, може во голема мера да се спречи појавата на дива трева и до 80 %. Ако се знае колку напорна операција е плевењето на дивата трева околу цветните аранжмани во градината во текот на летото, мулчирањето треба да биде една од основните чекори кои би се преземале при подготовка на градината. Доколку планирате да ја разубавите градината во овој период со некои сезонски цвеќиња или перени најдобро е изборот да падне на оние видови кои се поиздржливи на високи температури.
ПОРТА
уметност
МУЗЕЈОТ „ЛУЈ ВИТОН“ ВО ПАРИЗ СО НОВА ИЗЛОЖБА AU DIAPASON DU MONDE
Врвни постапокалиптични остатоци во „Луј Витон“ Изложбата го истражува комплицираниот и збунувачки свет во кој живееме: местото на човештвото во универзумот, безбројните врски меѓу човекот и останатиот жив свет, судбината на нашата планета и секако на нашиот вид Текст и фото Дејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз)
ПОРТА
К
ако што знаеме музејот или поточно речено Фондацијата „Луј Витон“, официјално ги отвори своите врати во 2014 година и оттогаш е дом на навистина високобуџетни, но и на провокативни изложби. Продолжувајќи да биде организатор на must-seen изложби, овој музеј како спектакуларна архитектонска структура на Френк Гери, сместен на работ на идиличната Булонска шума во северниот дел на Париз (16-ти арондисман), во моментов е домаќин на една навистина прекрасна, неверојатно хипнотичка изложба со наслов Au diapason du monde („Во склад со светот“). Изложбата претставува нов избор на уметници и уметнички дела од колекцијата на галеријата кои покриваат еден дијапазон од ерата на Модерната, па сè до најсовремените случувања во светот на визуелната уметност. Со употребата на различни медиуми (слики, скулптури, фотографии, видео и инсталации), изложбата за првпат од отворањето на музејот во 2014 година просторот го користи во целост (ентериерно и екстериерно). Со изложбата споени се модерни и современи уметнички дела од неколку различни медиуми, од коишто повеќето никогаш не биле изложени во овој простор. Фокусирана околу насловот на изложбата, темата ги одразува прашањата за присуството на човекот во универзумот, поставката е повеќе од едноставно висење на делата на ѕидовите, односно изложбата Au diapason du monde е зачната врз основа на јасно одредена тема. Темата ги рефлектира денешните прашања за местото на човекот во универзумот и врските што го поврзуваат со неговата околина и со живиот свет, истакнувајќи ги врските меѓу човечкиот, животинскиот, растителниот
и минералниот свет. Што значи да се биде au diapason du monde - во склад со светот - кога светот се чини неповратно докрај се фрагментира? Тоа е големо прашање, можеби најважното прашање денес, бидејќи спојувањето на културата и природата, на луѓето и машините, покажува дека концептите за кои некогаш се мислело дека се паралелни, одвоени и непроменливи, всушност, докрај се податливи и радикално се преплетуваат/менуваат со текот времето. Изложбата Au Diapason du Monde во Фондацијата „Луј Витон“ во Париз на свој оригинален и уметнички/визуелен начин одговара за фундаменталните прашања за постоењето: местото на човештвото во универзумот, безбројните врски меѓу себе и живиот свет, судбината на нашата планета и нашиот вид. Оваа изложба ги следи изложбите посветени на уметноста на Африка и Кина и ја потврдува целта на Фондацијата да претстави модерни и современи уметници од целиот свет на својата (најчесто интернационална) публика. Целата сложена поставка поврзува 29 современи уметници (некои од нив се најголемите имиња на 20 век), во вешта и волшебна испрекинатост на четирите ката на „прекрасно дезориентираната градба“ на Френк Гери. Џовани Анселмо (1934, Италија), Метју Барни (1967, САД), Кристијан Болтански (1944, Франција), Марк Брадфорд (1961, САД) Џејмс Ли Басар (1932-1997, САД), Маурицио Кателан (1960, Италија), Јан Ченг (1984, САД), Андреа Креспо (1993, САД), Триша Донели (1974, САД), Дан Флавин (19331996, САД), Киприен Гајард (1980, Франција), Алберто Џакомети (1901-1966, Швајцарија), Доминик Гонзалес-Ферстер (1965, Франција), Жаклин Хамфрис (1960, САД), Пјер Уиг (1962, Франција), Ив Клајн (1962, Франција), Марк Леки (1990, Велика Британија), Анри Матис (1869-1954, Франција), Франсоа Мореле (1926-2016, Франција), Такаши Мураками 29 јуни 2018
ПОРТА
59
(1962, Јапонија), Филип Парено (1964, Франција) , Сигмар Полке (19412010, Германија), Герхард Рихтер (1932, Германија), Бани Роџерс (1990, САД), Вилхелм Саснал (1972, Полска), Шимабуку (1969, Јапонија), Кики Смит (1954, САД) Адријан Вилар Ројар (1980, Аргентина) и Аника Ји (1971, Јужна Кореја). Изложбата е организирана низ две различни, но комплентарни секвенци во рамките на галериите на Фондацијата. Така, Sequence A нуди увид во творештвото на познатиот јапонски уметник Takashi Murakami, додека Sequence B ги поврзува француските и интернационалните уметници, секој(а) од нив со различни техники и пристапи. Почнувајќи од најниското ниво на Фондацијата, (човечкото) тело е прикажано во сите негови форми. Прекрасната тенка бронзена фигура на Алберто Џакомети, L'homme qui chavire (1950), со својот наслов го отвора првиот дел од изложбата. Оваа затекната фигура, фатена во „замрзната“ состојба, спуштајќи се на колена, со нерамномерни раце, укажува на тоа дека едвај може да го балансира своето тело. Друго дело кое ја изразува фрагментарноста на телото и самата тема на изложбата е делото на уште еден голем мајстор кој припаѓа на Модерната - Anthropometrie sans titre (ANT 104) од 1961 година на Ив Клајн - огромно сино платно, насликано во речиси симетричен дизајн, а изработено од страна на неговите голи модели, „натопени“ во авторскиот потпис патентиран како International Klein Blue пигмент. ИДНИНА Но, дали телото има иднина? Глобалните одговори на актуелните современи уметници се чини дека велат дека НЕМА. Така, поставката на Sequence А, која се наоѓа на вториот кат на музејот (галерии 9, 10 и 11) на посетителот му нуди комплетно внурнување во светот на јапонскиот уметник Такаши Мураками. Осврнувајќи се на политичката, културната и општествената историја на Јапонија, Такаши Мураками страсно го култивира светот, и оној темниот и оној прекрасниот, комбинирајќи ја естетиката на Каваи со референци кои се однесуваат на траумите на неговата земја, како што се атомската бомба, или од блиското минато како што е цунамито. Преку разновидноста на формите и материјалите претставени во оваа изложба (како што се слики, скулптури и видеа), плодното дело на Такаши Мураками е исполнето со слобода на неограничена фантазија, со една заситеност од бои и фантастични суштества, получовек - полуживотно, мешање на популарни и научни култури, будистичка иконографија и манга, традиција и модерност, Запад и Исток, техники на предците и
ПОРТА
најнапредна технологија. Тука (во галерија 9) е секако и DOB, првиот лик измислен од уметникот во 1993 година, а кој се смета за негово алтер его. Тој се појавува и во маската на симпатичен глодар во стилот на Мики Маус и како злобно, жестоко чудовиште, покриено со очи и остри заби. ПОСТАПОКАЛИПСА Sequence B, или „Човек во живиот космос“ содржи 28 француски и интернационални уметници од различни генерации и техники. Се простира на останатите три ката од објектот како и во надворешниот Grotto простор. Маршрутата е структурирана околу три комплементарни теми, секоја посебно презентирана на трите ката: „Зрачења“ (1-ви кат); „Таму, бескрајно... “ (приземје); L'Homme qui chavire (ниво на базен). Насловот „Зрачења“ се однесува на светлосниот зрак во делотот на Дан Флавин и ги спојува делата во различни медиуми: слики, скулптури, видеа, инсталации. Секое дело се однесува за постојаниот дијалог на човекот со природата, на истражувањата за тоа како различни материјали и нивните метаморфози можат да создадат космички пејзаж. Делото Untitled на Дан Флавин, едно од неговите први креации со флуоресцентни цевки, зрачи со сила однатре, што ѝ дава на скулптурата уникатен квалитет. Во овој дел меѓу изложените врвни дела ќе споменеме само неколку како што се сликарското платно од Герхард Рихтер од серијата Flow (2013) кое се однесува на протокот на бојата што се шири од раката на уметникот и кој е „скротен“ од стаклената плоча поставена на површината, а која дејствува како огледало (за разлика од блескавите бои кои се ригорозно структурирани во Lilak од 1982 година). А тука е големиот Сигмар Полке со неговиот тајно алхемиски пристап во делото Nachtkappe I (1986), родено од уникатна комбинација на боја, сок од индиго и лак за алкохол. Вертикалната проекција на Триша Донели, Untitled (2014, која создава мистериозно отворање во пределот на подвижните облаци. Или делото Water Cast 6 (2015) од Метју Барни кое го прикажува експлозивниот резултат на мешањето на стопена бронза со вода, а се добива збир на апстрактни органски форми кои потсетуваат на суптилноста на финиот накит. Во приземјето се сместени делата со заеднички наслов „Таму, бескрајно... “. Ќе ја истакнеме монументалната мермерна скулптура Untitled, од серијата Theatre of Disapperarance (2017) на аргентинскиот скулптор Адријан Вилар Ројар. Скулптура инспирирана од „Давид“ на Микеланџело, од која тука се наоѓаат само нозете, како единствена преостанатост на овој постапокалиптичен свет. Или делото With Bathers in Asnières (2010) на Вилхелм Саснал коешто
претставува реинтерпретација на дело од Жорж Сера врз основа на „сеќавања“ за животот во Полска во 1939 година. Во делот L'Homme qui chavire што се наоѓа на ниво на базенот на објектот меѓу останатите се бронзената скулптура на Кики Смит, Annunciation (2010), кое наметнува мистериозно присуство. Во делото La ballade de Trotski (1996), Маурицио Кателан го претставува човештвото со коњ, поттикнувајќи го евентуалниот крај на утопијата. Тука се и автопортретите на уметникот во латекс, Spermini (1997), кои се осврнуваат на двојното и клонирањето. Надвор од галерискиот простор, во Grotto просторот е инсталиран гигантот Felix the cat (2017) од британскиот уметник Марк Леки. Главен куратор на изложбата е Сузан Паже. Изложбата е отворена до 27 август оваа година.
29 јуни 2018
ПОРТА
61
ПОРТА ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА