ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
291
АПРИЛ 2020
Спас за сообраќајната врска на истокот и западот на Скопје Како до кревет повеќе? Корона вирусот го исчисти светот од загадувањето
Во чест на оние кои своите животи ги ставија на првата борбена линија за да ги спасат нашите 90 ДЕНАРИ
ПОРТА
СОДРЖИНА
8
18
РЕГИОНИ 6 ГРАДЕЖНИШТВО 8 СПАС ЗА СООБРАЌАЈНАТА ВРСКА НА ИСТОКОТ И ЗАПАДОТ НА СКОПЈЕ
СТАВ 14 ДАЛИ СКОПЈЕ ТРЕБА ДА ИМА ДВА МИЛИОНИ ЖИТЕЛИ?
АРХИТЕКТУРА 18 КАКО ДО КРЕВЕТ ПОВЕЌЕ?
АРХИТЕКТУРА 24
34
АРХИТЕКТИТЕ ВО ЗЕМЈАВА РАМО ДО РАМО СО АГЕНТИТЕ ЗА НЕДВИЖНОСТИ И ВОЈНИЦИТЕ
АРХИТЕКТУРА 28 TOWN HOUSE
АРХИТЕКТУРА 34 УСЛОВИ И ГОЛЕМИ МОЖНОСТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕТО И КУЛТУРАТА НА ГРАДОТ И ЗЕМЈАТА
ТЕХНОЛОГИЈА 40 ИСАК АСИМОВ – ИДЕЈНИОТ ТВОРЕЦ НА РОБОТИТЕ И РОБОТИКАТА
40
ЕКОЛОГИЈА 44 КОРОНА ВИРУСОТ ГО ИСЧИСТИ СВЕТОТ ОД ЗАГАДУВАЊЕТО
ХОРТИКУЛТУРА 48 НЕЖНА РОМАНСА И РЕЛАКСАЦИЈА ВО ДВОРОТ
РЕПОРТАЖА 50 ВАШИНГТОН ЈА СЛАВИ ПРОЛЕТТА СО „ЦРЕШОВ ЦУТ“
УМЕТНОСТ 54 ПОЗИТИВНИ НАСТАНИ ПОЛНИ СО ВЕДРИНА, ЕНЕРГИЈА И ИСКРЕНА РАДОСТ
ПОРТА
25 јули 2014
44 50
54
ГОДИНА XII
БРОЈ 291 ПЕТОК 24.4.2020 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и се разбира нов број на Порта 3. Овој пат со малку поразлична насловна страница од она што сте навикнати да го видите. Белата насловна страница е во чест на целиот медицински персонал, сите оние кои својот живот го ставија на првата борбена линија против корона вирусот за да го спасат нашиот. Ова е нашето благодарам за нивната пожртвуваност. Содржински пак, се разбира измени во овој број нема. Секогаш се тука стандардните рубрики за архитектура, градежништво, екологија, урбанизам, уметност, технологија, репортажа. Иако, корона вирусот го промени целокупното функционирање во општеството сепак локалните самоуправи продолжуваат со нивните основни активности, а дел од нив пренесуваме во рубриката региони. Во рубриката градежништво може да се прочита за проектот за новиот мост на реката Вардар кој треба да биде спас за сообраќајната врска на Истокот и Западот на Скопје. Проблемот со пренаселеноста на главниот град е тема што секогаш разврзува дебати. Во овој број нашиот соработник го изнесува својот став за тоа дали Скопје треба да има два милиони жители. Низ целиот свет, здравството се соочува со најголемиот предизвик на векот. Како КОВИД 19 го стега обрачот врз човештвото, болниците се борат да одговорат. Соработникот на Порта 3, кој е планер на здравствени објекти, објаснува како архитектурата и здравјето се неразделно поврзани. Поголемиот број на здравствени установи низ светот не се проектирани да се справат со глобална пандемија како КОВИД 19. Дури и ретко може да се најдат посебни објекти наменети за третирање на инфективни болести. Во земјите од Бившата Југословенска Република, за среќа, сè уште функционираат инфективни клиники или посебни инфективни одделенија во рамките на болниците. Во делот за архитектура нашиот дописник од Лондон прави анализа за просечната плата на архитектот со која стои рамо до рамо со агентите за недвижности и војниците. Во овој текст направен е обид да се создаде колку е можно подобра претстава за состојбите во рамките на архитектонската професија или пак пошироко во доменот на стопанските сектори кои најчесто
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
ги опфаќаат архитектите во Северна Македонија, а врз основа на расположливите информации. Интересна и модерна архитектура може да се види од проектот за една градска куќа во Скопје каде потребата од поголема зелена површина е надокнадена со интерполирање на градина на кровот на објектот. Рубриката архитектура е збогатена и со уште еден интересен текст кој се однесува на културниот центар „Форум“ во Гронинген, Холандија. Станува збор за објект со накривена фасада, кој збунува со својата надворешност, но фасцинира со својата внатрешност. Технологијата е исто така област која е застапена на страниците на Порта 3. Овој пат може да се дознае повеќе за Исак Асимов, човекот кој е идејниот творец на роботите и на роботиката. Оваа година е 100-годишнината од раѓањето на овој американски автор и биохемичар. Рубриката екологија е посветена на пандемијата со која се соочува светот, но овој пат за „едно добро што го снајде светот во целото зло“. Имено, сите податоци до кои доаѓаат екологистите се дека ширењето на корона вирусот го исчисти светот од аерозагадувањето. Ковид 19 ги отвора прашањата за човековото влијание врз животната средина и за тоа дали непосакуваната ситуација може да даде нови насоки во борбата против загадувањето и климатските промени. Пролетта е идеално време за сите они што живеат во куќи со двор да посветат внимание за негово средување. Во рубриката хортикултура ви претставуваме идеи како може дворот да се претвори во нежна романса која ќе се роди од обична релаксација. Ништо подобро не го претставува доаѓањето на пролетта во Вашингтон, од црешовиот цут и тринеделната манифестација за таа пригода. Нашиот дописник од Вашингтон ни пренесува една убава репортажа за фестивалот „Црешов цут“ и за неговата историја која е од 1927 година. Уметноста овој пат е резервирана за две неодамнешни изложби кои се случија во Лондон на Антони Гормли и Олафур Елијасон. И двете изложби беа позитивни настани кои го оставаат посетителот полн со ведрина, енергија и искрена среќа и радост. ОД РЕДАКЦИЈАТА 291
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
АПРИЛ 2020
Спас за сообраќајната врска на истокот и западот на Скопје Како до кревет повеќе? Корона вирусот го исчисти светот од загадувањето
Белата насловна страница е во чест на целиот медицински персонал, сите оние кои својот живот го ставија на првата борбена линија против корона вирусот за да го спасат нашиот. Ова е нашето благодарам за нивната пожртвуваност.
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 26.3.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
Во чест на оние кои своите животи ги ставија на првата борбена линија за да ги спасат нашите 90 ДЕНАРИ
региони
Реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на булевар Туристичка Екипи од Општина Охрид почнаа работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки на булеварот Туристичка во потегот од крстосницата со улица Јане Сандански до крстосницата со улица Даме Груев. Освен асфалтирање, поплочување и поставување на нови рабници, планирана е замена на стариот дрворед со нови соодветни садници. На местото на старите стебла ќе бидат засадени нови дрвја од видот Лириодендрон тулипифера. Исто така, по налог на Општина Охрид санирани се оштетувањата на улиците во населбата „Исток“. Потрошени се околу 240 тони асфалт, а асфалтирана е површина од 600 квадратни метри со вкупна должина од 200 метри. Со изведувањето на овој зафат се олеснува пристапот на граѓаните до домовите и се подобрува патната инфраструктура. Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.
Проект за одведување на отпадни води во дел од Велес Екипи ангажирани од Општина Велес почнаа со изведба на градежни работи за проектот „Одведување на отпадни води од комплексот Вел сити“ во должина од 430 метри. Градежните работи, во кои ќе биде вклучена и механизација за работа (градежни машини, камиони и друга механизација) го опфаќаат просторот од излезот на градилиштето „Вел сити“, меѓу тротоарот и оградата на касарната „Алексо Демниевски Бауман“, покрај заштитната ограда и главниот влез на касарната, позади споменикот на Панко Брашнаров, потоа покрај атмосферскиот канал под касарната, до кошаркарското игралиште кај „Симпо“ и позади кулата, до приклучокот на постоечката шахта за фекална канализација над салонот „Симпо“. Во зависност од временските прилики, градежните работи ќе се изведуваат во траење од околу шеесет денови. Просторот каде ќе се одвиваат градежните работи ќе биде одбележан со предупредувачка лента, а ќе се постави и сигнализација со соодветни знаци за работа. 6
ПОРТА
24 април 2020
Нов плочник во Кочани
Осумдесет садници од видот туја се засадени на парцелите во Трговскиот центар во Кочани. Поставени се подните ЛЕД-светилки и рефлектори и комунална и урбана опрема. Со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар е опфатена површина од 2.800 квадратни метри. На местото на отстранетите бетонски плочки поставени се гранитни, нелизгави плочки. Трговскиот центар, како една од најпрометните пешачки зони во Кочани доби поголема слобода во просторот и нов урбан амбиент.
ПОРТА
градежништво
Спас за сообраќајната врска на истокот и западот на Скопје Мост кој ќе покаже дека имаме технологии и знаење и сме во чекор со светските трендови на изградба на мостови корито на реката Вардар. Мостот е димензиониран како двоколовозен патен мост. Попречниот пресек на булеварот АСНОМ на потегот кај мостот има вкупна широчина од 31 метар која е поделена на два коловоза со меѓусебно растојание од 40 сантиметри. Вкупната широчина на едната гранка е 15,3 метри, од кои три се сообраќајни ленти со по три метри широчина, 5,2 метри пешачка и велосипедска патека, 30 сантиметри парапетна греда за пешачки ограден систем (поставен на двата краја на поодделните гранки) и 80 сантиметри парапетна греда за комбинираниот ограден систем (поставен во внатрешните страни од двете гранки).
Ивана ДИМИТРОВА, дипл. град. инж.
В
елат мостовите се обележје на секој град. Ако е така, крајно време беше Скопје, после повеќе години, да добие еден современ патнички мост. Од страна на Град Скопје e нарачан и согласно проектната програма се изработи проект за булевар „АСНОМ“ од раскрсницата со булеварот „Словенија“ до булеварот „Гоце Делчев“ во три фази. ГД Гранит АД Скопје почна со изведба на втората фаза од проектот и тоа од раскрсницата со улицата „Васко Карангелевски“ до раскрсницата со улица „Индустриска“ бр. 1. Генерално втората фаза го опфаќа потегот од км 0+834,69 до км 1+233,94 и тој дел е непробиен дел од трасата, а на потег од км 1+103 до км 1+200 предвидено е да се изврши ново премостување на регулираното 8
ПОРТА
24 април 2020
ОПИС НА КОНСТРУКЦИЈАТА Горен строј Мостот претставува статички систем континуирана рамка, со три полиња со вкупна должина од 93,60 метри и распони L1+L2+L3= 22,05 м+50,50 м+21,05 м. Тој е пресметан така што крајните два распона заедно со пристапните рампи да се изведат монолитно на скеле, а пак средниот распон над Вардар да биде изведен со балансиран конзолен метод. Горниот строј е конструиран како претходно напрегнат носач. Носачот има променлива висина која се движи од 2,7 метри над средните столбови Ѕ2 и Ѕ3 и 1,6 метри во средина на распонот и на крајните столбови Ѕ1 и Ѕ4. Ширината на сандачестиот носач е исто така променлива и тоа од 8,30 метри над Ѕ2 и Ѕ3 до 5,0 метри над Ѕ1 и Ѕ4. Ребрата односно ѕидовите се со дебелина од 40 сантиметри. Во средина на сандачестиот пресек реброто е вертикално додека крајните две се наклонети и нивниот наклон се менува по должина на мостот. Горната плоча е со константна дебелина од 30
НОВ МОСТ НА РЕКАТА ВАРДАР
сантиметри, додека долната има променлива дебелина од 30 до 50 сантиметри. Сандачестиот пресек е исполнет со бетон на должина од 11,02 метри од крајниот столб Ѕ1 и 10,72 метри од крајниот столб Ѕ4 со цел да се спречи појава на негативни реакции над крајните столбови во фаза експлоатација. Преднапрегањето се врши со стврднување на бетонот. Каблите за преднапрегање се поставуваат во заштитни цевки, претходно поставени во бетонот. Инјектирањето на цевките се врши по завршување на процесот на преднапрегањето. Долен строј Врската меѓу горниот строј и средните, како и крајните столбови е монолитна. Средните столбови се со облик на платна со променлива дебелина од 150 сантиметри на дното до 120 сантиметри на врвот и ширина од 930 сантиметри, заоблени од двете страни. Висината на средните
Основа на шипови и темели
ПОРТА
столбови од горниот раб на андколовата плоча до долниот раб на главниот носач изнесува приближно 5,6 метри. Крајните столбови се правоаголни во основа со дебелина на телото на столбот од 80 сантиметри и висина од 5,6 метри. Предвидено е длабоко фундирање на крајните и средните столбови со колови чиј дијаметар изнесува 120 сантиметри. Крајните столбови се фундирани на едноредни колови (висина h=12 м) поврзани меѓусебно со надколова греда 220/180 сантиметри, додека средните столбови се на дворедни колови со висина h=15 метри поврзани со надколова плоча од 180 сантиметри. Под крајниот столб Ѕ1 предвидени се шест кола, под Ѕ4 13 кола, а под Ѕ2 и Ѕ3 по осум кола. МЕТОДОЛОГОЈА НА ГРАДБА НА ОВОЈ МОСТ Изведба на темели Работите за изведба на столбните места во реката Вардар т.е. во минор коритото се
изведуваат одделно за двете столбни места, односно прво се изведуваат во целост сите активности за едно столбно место, а потоа се отпочнуваат работите на друго столбно место. Работите се изведуваат со тој редослед поради зададените услови на терен односно работа во речно корито и непостоење можност за поголемо стеснување на минор коритото при изведба на работите. Препорачаното време за изведба на работите е во период кога владеат најповолни хидролошки услови. Засипувањето на крајните столбови се врши откако ќе се завршат крајните полиња. Формирање на времени работни платоа Работните платоа се изведуваат како хоризонтални насипи во самото речно корито, засебно од двете страни на брегот, во две различни фази. Првата фаза во изведба на работите ги опфаќа столбните места Ѕ1, Ѕ2, Ѕ4 од кои Ѕ1 и Ѕ4 се на суво. Работните платоа се на минимум еден
Темели - ископ и формирање на градежна јама
S1
ПОРТА
S2
S3
S4
метар над постојното ниво на вода поради стеснување на профилот со нивна изведба. Не смее да се предвиди истовремена работа на столбните места Ѕ2 и Ѕ3, бидејќи со тоа ќе се изврши големо стеснување на речното корито на реката Вардар. Материјалот потребен за изведба на земјените насипи (загати) треба да биде групно чакалест со цел да се спречи негово испирање поради брзината на реката. Дополнително, доколку е потребно истиот се заштитува по косините кои се во директен удар на абразивната моќ на реката, со поставување на покрупни камени блокови. По завршување на работите предвидени за изведба на темелите и столбовите, речното корито се враќа во првобитна состојба. Материјалот од работното плато се префрлува за работно плато на другата страна на реката. Ископ и формирање на градежни јами Формирањето на градежните јами подразбира ископ за темели. Формирањето на градежната јама се врши со ископ во широк ископ. Ископот се врши машински, наклоните се 1:1 во зона на природно матично тло и 1:1,15 во зона на насип кај загат. Ископот на средните столбови се врши со присуство на подземна вода. Поради тоа е потребно да се врши одводнување на градежните јами. Изведба на столбови Врз надколовите греди и плочи се изведуваат крајните и средни столбови во вид на армиранобетонски ѕидови. Средните столбови дополнително ќе бидат обложени со гранитни плочи кои ќе имаат естетски ефекти, но и ќе придонесат за заштита на бетонските површини во ерозивното дејство на речната вода. Со оглед на тоа што крајните столбови се видливи доста е значајно оплатата која се користи да е беспрекорна, и притоа треба да се посвети доста внимание на вградувањето и негата на бетонот.
Изведба на горен строј Имајќи ја предвид конфигурацијата на теренот, односно препреката која треба да се премости, изведбата на горниот строј се одвива во две фази. Во првата фаза се изведува делот со класична скела и оплата и изведба на двете крајни полиња, а средното поле кое го премостува минор коритото на реката Вардар се изведува со конзолно подвижно скеле. Во своја сопственост ГД Гранит АД Скопје има четири пара и успешно се привршуваат вијадуктите на Автопатот Кичево-Охрид. За овој мост е доволен еден пар подвижно конзолно скеле, заради елиминирање на негативното влијание врз животната средина и ќе се намали ризикот од надоаѓање на поголемо количество на вода. Бетонирањето на крајните полиња вклучува и бетонирање на 1,94 метри од средното поле за поставување на подвижното конзолно скеле. Пред бетонирање на соодветно место се
Основа на горен строј на мост
ПОРТА
Попречен пресек на мост со средни столбови
Основа на темели поставуваат и цевките за преднапрегање. Сандачестиот пресек се бетонира во две фази. Најпрво се бетонира долната плоча, а потоа ѕидовите и горната плоча заедно. Преднапрегањето се врши по достигнување на потребната јакост на бетонот. По преднапрегање на означените кабли се пристапува кон монтирање на подвижното конзолно скеле. Средното поле се изведува со пет такта и еден спој. Напредувањето на подвижното конзолно скеле оди од двете страни паралелно. По завршување на спојот се пристапува кон завршните работи на мостот. n
Рок и цена на изведба Од инженерски аспект изведба на ваков тип на мост е навистина предизвик. Современите оплатни системи и начинот на изведба се несекојдневни и бараат особено познавање на методологијата на изведба на вакви објекти, и се излегува од рамката на вообичаените мостови кои се изведувале во град Скопје. Г.Д Гранит А.Д Скопје има обучено инженерско-технички кадар и работници кои се специјализирани за изведба на ваков мост и рокот од 550 дена предвиден за изградба е реален. Вредноста е околу 309.000.000 денари. Тоа се нормални параметри кои во нормални услови на работа и добро изработена проектна документација би требало да се достигнат. А Град Скопје ќе добие нов репрезентативен мост преку Вардар, кој осетно ќе помогне во подобрување на сообраќајните врски меѓу источниот и северозападниот дел на градот. ПОРТА
ПОРТА
став
РАМНОМЕРНИОТ РАЗВОЈ НЕ Е, И НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ФРАЗА
Дали Скопје треба да има два милиони жители? Отсуството на визија со која ќе се доведе во ред неконтролираното, но во ваквата констелација најчесто неопходно, масовно мигрирање на населението од селска средина кон градска Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх.
Ш
то ако се исполнат во целост бројките за максимално предвиден број на жители за секој плански опфат на територијата на град Скопје? Колку жители би имало Скопје? Два милиони? Три милиони? Што е со остатокот од Македонија? Каде е тука рамномерниот развој? Ваквото сценарио, со ваквите прашања, парафразирани во овој текст, му ги поставив на еден професор по еден од предметите од областа на урбанизмот на Архитектонскиот факултет во Скопје, пред некои 6-7 години. И за овој текст сосема е нерелевантно во каква констелација беа поставени тие прашања, како што се нерелевантни и фантастичните одговори на професорот на тие прашања. Иако текстов првично го замислив и почнав како детален опис на конкретната студентска случка со која се врзуваат прашањата, а од кој опис требаше читателите сами да ги извлечат извесните заклучоци; за потоа неколку пати да го променам концептот на текстот, но оставајќи ги воведните, помалку наивни и детски дилеми слободни сами по себе, сметајќи дека поекспресивно ќе бодат во очите на читателот, поекспресивно ќе ѕвонат во ушите. Студентската наивност, младешката брзоплетост, или лаичките дилеми преточени во такви дискутабилни реторички прашања, можеби говорат посилно од која било студентска случка од вежби по предмет од областа на урбанизмот на кој било факултет за архитектура и урбанизам, говорат посилно од која било светска студија за рамномерен развој, задолжителна литература, академско четиво или интервју на некој еминентен светски урбанист. И да, тука се сепнувам и повторно го менувам концептот на овој текст поставувајќи си ја дилемата за тоа дали постои реална потреба воопшто да вметнам
14
ПОРТА
24 април 2020
цитат од некој брилијантен ум врзан за рамномерниот развој. Мислам дека не постои. Таквите светски, антологиски цитати или извадоци од публикации со безвременска релевантност, тотално нема смисла да стојат во директен, неакадемски критички текст за нашата ни македонска
перверзна регионална нерамномерност која е резултат на желбата за профит на поединци. Исто како што веќе нема смисла ни членот 57 од Уставот на РМ кој говори за тоа дека „Републиката го поттикнува економскиот напредок и се грижи за порамномерен просторен и регионален
развој како и за побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја“. За какво поттикнување се зборува во Уставот? За каква грижа на Републиката? Истата таа грижа со која се дозволи последните 20-тина години да се осакатат 70-80% од градските средини во државата? Истата таа грижа со која изминатите години се формираа мал милион државни совети при разно-разни министерства и институции, мал милион тела и комисии кои се „грижат“ во државата да има рамномерен регионален развој? Истата таа грижа со која се напишаа и донесоа мал милион законски и подзаконски акти со кои треба(ше) да се регулира и спречи сето тоа коешто води кон ваква нерамномерност? Истата таа грижа со која се одделуваа или прераспределуваа јавни пари низ општините со кои така „ревносно“ Републиката го чува рамномерниот регионален развој, а истиот веќе одамна е „мртов збор на хартија“? Или можеби, истата таа грижа со која (според истражувањата на ИРЛ Македонија) само во периодот од 2007 до 2015 се направиле фантастични 104 измени на клучните закони за градење? Флоскулата „рамномерен развој“ последниве години интензивно ја слушаме од секакви конференции, работилници, семинари, митинзи, работни средби, политички академии, а ја изговараат секаков профил на луѓе – најчесто лаици кои се несвесни што значи тоа точно, несвесни дека флоскулата „рамномерен регионален развој“ е пред сè и над сè сериозна државна политика која треба да се спроведува без
пардон, особено во неразвиените држави и во државите во развој. Рамномерниот развој не е, и не треба да биде фино леплива фраза наменета за лицитирање кај широките народни маси со кое популистички ќе се освојуваат гласови на избори, како што не е ниту терминот „лош урбанизам“ и ветувањата на одредени политичари дека така мазно, брзо и едноставно ќе го решеле проблемот со лошиот урбанизам во својот четиригодишен мандат. Небаре лошиот урбанизам се дупките на асфалтот и полураспаднатите фасади на старите згради! Ајде повторно да поставуваме прашања. Каква ни е државата во поглед на рамномерниот развој? Што би одговориле Вие? Ви навираат првични мисли од типот на „...сè е во Скопје - население, индустрија, економија, култура...“? Претпоставувате дека тие градови кои пред три-четири децении во училишните клупи по предметот географија ги учевме како „големи“ за македонските стандарди од типот на Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, некако живуркаат, а сите останати веќе и не баш? Каде се „средните“ градови? Каде се „малите“ градови во поглед на рамномерниот развој? И тука веројатно застанувате со мислите. Можеби Ви доаѓа потреба барем да побарате на интернет точни статистички податоци за распределбата на бројот на население по градови. Но се потсетувате дека веќе осумнаесет години државата не спровела попис, а сигурно ќе станат и дваесет, ако не и повеќе. Последните официјални бројки од 2002 веќе цела деценија губат од својата релеватност.
Е во ваквата нерелевантност на застарените податоци не само за бројот на населението туку и за многу други (би рекол и поважни) статистички категории кои се содржани во пописот започнуваат проблемите со нерамномерниот развој во државата. Пописот како најважна статистичка операција е една од клучните подлоги врз кои се базира целиот систем на просторни и урбанистички планови во една држава кои се хиерархиско структурирани и поставени по инклузивен вертикален принцип на субординација. Попросто речено, плановите од понизок степен „се содржат“ во плановите од повисок степен и се усогласуваат сукцесивно сè до највисокиот – Просторниот план на една држава. И ако претпоставиме дека тоа кршење (и/или преќутно одобрување на кршењето) на инклузивниот вертикален принцип на субординација, најчесто тргнува од самата парцела (улога играат и Законот за постапување со бесправно изградени објекти) која крши одредени ограничувања дадени со Деталниот урбанистички план – кои пак веќе отстапиле од ограничувањата дадени со планот хиерархиски над него – Генералниот урбанистички план, кои пак ограничувања веќе отстапиле со ограничувањата во Просторниот план на општината – кој отстапил од Просторниот план за регионот – а тој отстапил од Просторниот план на државата – кој пак веќе истекува и губи на релевантност (а за евентуалната припрема и спремање на некој нов нема нови пописни податоци), сме добиле идеални услови за кршење на членот 24 април 2020
ПОРТА
15
57 од Уставот. Од површина за градба, преку парцела, до ДУП, преку ГУП, преку ПП за општина, ПП за регион и конечно до ПП на Републиката – тоа се шест или седум степени на можни (и за жал најчесто силно присутни) прекршувања на инклузивниот вертикален принцип на субординација. Дури и во идеална смисла, да претпоставиме дека не било сè така црно, и да постоеле отстапувања само кај една алка од синџирот на просторни и урбанистички планови, сметам дека и со нив во одредена мера се нарушил императивот за рамномерен регионален развој. Ќе се навратам на воведните дилеми. Колку нови жители би добил градот Скопје, доколку директно се простудираат, сите до една, површина за градба во донесените (или веќе во постапка) детални урбанистички планови и ако претпоставиме дека во целост се населат истите согласно оптимално (не максимално) очекуваниот број на жители? Ако уште на тоа го додадеме и зголемувањето овозможено со легализираните објекти, колку жители би имал град Скопје? Три милиони? Два? Еве и да не е сè така црно за рамномерниот развој, нека бидат и милион и половина, или милион (збирно, несвесно, преќутно и криминално) планирани жители? Што би значело тоа за држава со вкупно два милиони жители? Дали сме свесни дека заедно на купче Валандово, Пехчево, Берово, Македонска Каменица, Крушево, Демир Капија, Македонски Брод и Богданци прават околу 40 000 жители и тоа според веќе нерелевантните бројки од пописот во 2002? Во реалноста би биле среќни ако заедно тие осум мали градови денеска имаат вкупно 20 000 постојани 16
ПОРТА
24 април 2020
жители. А од друга страна толку предвидува да смести предложениот ДУП само за месноста Расадник во Кисела Вода! Отсуството на визија со која ќе се доведе во ред неконтролираното, но во ваквата констелација најчесто неопходно, масовно мигрирање на населението од селска средина кон градска; од помала кон поголема градска средина; и конечно од поголемата градска средина кон метрополата на државата оневозможува голем број од градовите да останат „живи“ најпрво во економска смисла, а потоа и во социолошка. Со пропаѓањето на индустриските капацитети од поранешниот систем и недоволно големата државна волја истите по секоја цена да се рестартираат и индустријата по која е познат одреден регион да продолжи да опстојува на истото место наместо да се пресели во главниот град, градовите ја губат економската моќ да го задржат своето население дома. Ова е аналогно повторливо и со земјоделството, сточарството и со други покрупни гранки кои пропаѓаат во одреден регион, а нивната пропаст, заедно со пропаста на индустријата повлекува затворање на цел еден спектар на трговски и услужни дејности во погодениот регион. Сето ова е во директна корелација со просторното и урбанистичкото планирање од кое се очекува освен да понуди решенија, да постави и рестрикции со кои би се спречиле идните наштетувања во рамномерниот регионален развој. Ваквите рестрикции во планската документација
најчесто се артикулираат преку класите на намени, но и преку посебните плански регулативи. Понатаму ова се врзува и со образовните капацитети, инфраструктурата и ред други чинители во планирањето. Немањето економски излез дома заради недоволното државно залагање преку просторното и урбанистичкото планирање, неминовно повлекува населението да мигрира таму каде што смета дека може да си обезбеди работно место и егзистенција, особено помладото население. И таквото мигрирање, во ваквата македонска констелација е сосем легитимно гледано од таков аспект. Проблемот настанува кога е преизразено и надвор од рамките на природното. А како што стапот има два краја, така има и приказната за рамномерниот регионален развој. Опустошувањето на внатрешноста, оди рака под рака со дијаметралната спротивност во Скопје – своевидна „фавелизација“ на поедини градски средини. Планската документација не спречува, и најчесто неоправдано, и несвесно дозволува цели индустрии и дејности да се префрлат во, и близу главниот град, а притоа овозможува сместување на нови и нови жители, за што има помош и од законската регулатива (на пример главнината на финансирањето на општините оди преку надоместокот за уредувањето на градежното земјиште, или популарните „комуналии“ за нови градби) која одредени општини во Скопје ги направи ненормално и
несразмерно богати во однос на некои други во источна Македонија. И ако градот го замислиме како чаша наполнета со 80 отсто вода од својот вкупен волумен, а ние сè уште ја полниме, евентуално ќе дојдеме до точка до која ќе ги исполниме и тие „резервни“, иако нестабилни, 20 отсто. И кога ќе се наближиме до стотиот процент, веќе нема да можеме така лесно да ја носиме чашата во рака и да се движиме со неа. Аналогно, кога инфраструктурата и капацитетите на еден град се исполнети блиску до точката на преливање, тешкотиите со „движењето на преполнетата чаша во рака“, на ниво на град, претставуваат проблеми во сообраќајот, паркирањето, водоснабдувањето, фекалното и атмосферското одведување на водите;
проблеми со немање место по градинките; преполнети класови во основните и средните училишта; намалување на парковското зеленило и јавните простори; неефикасниот јавен превоз; нехуманата дистанца помеѓу зградите и губењето на приватност, светло и видик во домовите; блокираното струење на воздухот итн. А кога во чашата, иако веќе полна, продолжуваме да истураме вода – ја преливаме. Таквото преливање е споменатата „фавелизација“ на градот – односно континуираното сукцесивно намалување на квалитетот на живот кое пак најдобро го чувствуваат оние кои биле во чашата и кога била 70 отсто полна. На оние пак, кои „избегале“ од 30-40 отсто исполнета „чаша“ и се преселиле во некоја друга, 90 + % полна (најчесто заради економски мотиви, а
поретко заради социолошки) речиси и да не им е важно во какви услови ќе живеат сè додека таквите услови одат рака под рака со овозможување егзистенција. И кога овие две групи ќе ги спротивстават своите тези и аргументи, а од кои секоја една е точна и легитимна од своето гледиште – доаѓаме до толку познатата поделба на „скопјани“ и „провинцијалци“, поделба која не е тема на овој текст, но силно задира во кохезијата на едно општество. А корените на таквата поделба, гледаме, произлегуваат од лошото просторно и урбанистичко планирање. Произлегуваат од „мртвиот збор на хартија“ во Уставот, според кој Републиката „се грижи“ за рамномерниот регионален развој. За жал реалноста ни кажува дека не е така. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
архитектура
АРХИТЕКТУРАТА И ЗДРАВЈЕТО СЕ НЕРАЗДЕЛНО ПОВРЗАНИ
Како до кревет повеќе? Поголемиот број на здравствени установи низ светот не се проектирани да се справат со глобална пандемија како COVID-19. Дури и ретко може да се најдат посебни објекти наменети за третирање на инфективни болести. Во земјите на поранешна Југославија, за среќа, сè уште функционираат инфективни клиники или посебни инфективни одделенија во рамките на болниците.
Мобилна болница во Скопје Невена ГЕОРГИЕВСКА, дипл. инж. арх.
Н
из целиот свет, здравството се соочува со најголемиот предизвик на векот. Како COVID-19 го стега обрачот врз човештвото, болниците се борат да одговорат. Слушаме сериозни предупредувања за десетици милиони инфицирани, за милиони се бараат кревети на интензивна нега и стотици илјади луѓе се натпреваруваат за ограничен број на респиратори. Болниците бараат начини да ги процесираат пациентите, чувајќи го персоналот и другите пациенти безбедни. Предвидувањата навистина нè освестуваат. Разбирливо. Стравот го прегази светот. Во време кога многумина се навикнати на свет во кој има сè, соочени сме со горчливиот факт дека можеби немаме доволно од тоа што ни треба, без разлика дали тоа се респиратори, маски N-95, ракавици, па дури и тоалетна хартија (иако ова последното е малку и претерано). Како планер на здравствени објекти, ја гледам
18
ПОРТА
24 април 2020
оваа претстава на пандемијата со фасцинација и фрустрација. Како архитект, читам за професионалци-проектанти, кои дискутираат за тоа како можеме да прилагодиме некој простор во ова кризно време. Јасно е едно: дека просторот нема да ги реши нашите предизвици со COVID-19, тој е дел од решението, но не и решението. Треба да се размислува пошироко. Просторот споредбено со другите ресурси во ограничени количини. На пример: ограничениот
број на здравствени работници. Колку простор и да имаме, малку ќе направиме ако немаме персонал. Мерката на Министерството за здравство за инволвирањето на матичните лекари во процесот на тестирање со COVID-19 е важен чекор во оваа насока. Проблемот со справувањето со корона вирусот е поширок отколку само обезбедување болнички кревет повеќе. Патот не е лесен и не личи дека ќе биде брз. И секако, не сите одлуки ќе бидат исправни. Фангчанг болница, Кина
Засега, се чини дека нашите здравствени власти имаат добро осмислена стратегија. Недостигот од кревети произведе голем притисок во здравствените системи ширум светот. Во очајна потрага по кревет повеќе, се развиваат нови концепти за одговор на кризите во јавното здравство. ЗГРИЖУВАЧКИ БОЛНИЦИ - ФАНГЧАНГ Во Вухан, на почетокот на годинава, веќе немаше слободен кревет за третман на пациенти со COVID-19. Кина имаше потреба од нов пристап во контролата на епидемијата. Самоизолацијата не можеше да се контролира докрај и произведуваше нови и нови случаи, особено од кластерите на семејствата на пациентите. Како одговор на ова барање беа развиени и користени привремени згрижувачки болници, наречени Фангчанг. Терминот Фангчанг, кој звучи слично на Ноевата арка на кинески, беше позајмен од воените теренски болници, но се однесува на нов концепт: големи, привремени болници изградени со конвертирање јавни објекти во здравствени установи за изолирање пациенти со благи до умерени симптоми. Болниците беа изведени на постоечки изложбени центри, стадиони, со инсталирање кревети во засолнет, покриен простор и со формирање на три зони: контаминирана, каде се сместени пациентите, получиста, каде персоналот се пресоблекува во заштитна опрема и чиста зона, каде се примаат материјалите. Овие зони се важни за спречување на болничките инфекции. Се формираат и два ходници за изолација: еден за пациенти и друг за персоналот. За обезбедување на приватност се поставени прегради за одвојување на болничките кревети и на тој начин, практички, се оформени болнички одделенија.
Фангчанг болница, Кина Со илјадници нови инфекции дневно, градот отвори три нови Фангчанг болници на 5 февруари 2020 година и во следните недели уште 13. Фангчанг болниците имаат три карактеристики: прво, брзо се изведуваат (за 29 часа/4000 кревети, вклучувајќи го и ентериерното преуредување на просторите, набавка и инсталација на кревети, медицинска опрема и инструменти за нега, мониторинг и живот во затворено), второ, од голем обем се (16-те болници во Кина беа изведени за три недели и имаа 13.000 кревети, а до 10. март беше обезбедена нега за околу 12.000 пациенти) и трето, евтини се. Овие прифатни привремени болници обезбедија пет функции: изолација, тријажа, основна медицинска нега (вклучувајќи антивирална, антипиретичка и антибиотска терапија, кислородна поддршка и интравенозна апликација на течности и многу важно – советување за менталното здравје на пациентите), чест мониторинг (следење на болеста со чести прегледи и брза реакција за трансфер во клиничка болница по потреба) и есенцијални животни и социјални активности. Со ширењето на пандемијата на глобално ниво, и други држави се соочуваат со недостиг на кревети со брзиот раст на бројот на пациенти заразени со КОВИД 19. На пример, во Италија, во Ломбардија, во март, повеќе од 80 % од болничките кревети беа окупирани со пациенти со COVID-19. Фангчанг прифатните болници беа изведени во Италија и Србија. Во Иран, САД, Велика Британија и Шпанија се имплементираат слични мерки. Најверојатно и во многу други земји, вклучувајќи ја територијата под Сахара и Азија, ќе имаат потреба да применат слични мерки, како за ефективна изолација, така и за нега на голем број на луѓе, кои ќе чувствуваат лесни до средни симптоми на COVID-19. НЕКОИ АМЕРИКАНСКИ ИСКУСТВА Интересен феномен покажува американското здравство. Според податоците на Американското болничко здружение, во земјата има 924.000 болнички кревети покриени со персонал, а повеќе од две третини од нив
обично се зафатени. И додека вкупниот број на дополнителни болници, потребни во време на оваа растечка пандемија, варира од ден на ден, единствениот заклучок е дека е потребна невозможна количина од повеќе кревети. За да се надополни бројот, подигнати се или се во процес на подигнување, привремени болници на некои неверојатни места. Повеќенаменски центри – Зафаќајки неограничени и лесно прилагодливи површини, големи пристапни рампи за внесување и изнесување голем волумен на опрема, системи за вентилација со голема моќност, конгресните и саемските центри се некако природни места за подигање привремени болници. Центарот Jacob K. Javits на Менхетен, беше првиот кој се подложи на трансформација во болница со капацитет од скоро 3.000 кревети. Паркинг гаражи - Во една голема медицинска установа, Универзитетскиот медицински центар „Вандербилт“ во Нешвил, креветите се преместуваат во паркинг-гаражата, за да се лекуваат потенцијално заразените од корона вирусот, на безбедна оддалеченост од други пациенти. А, пак, хотелот во непосредна близина нуди бесплатно место за престој за време на пандемијата за медицинските работници. Спортски терени/стадиони - Првично и сè уште во голема мера користени како воени, теренските болници го добиваат своето име од нивната стратешка локација на широко отворени простори во близина на местата на масовни повреди и жртви, како што се боиштата. Денес, во 21. век, теренските болници се подигнуваат за друг вид на боишта, на спортските терени. Century Link Field, стадионот 24 април 2020
ПОРТА
19
ина
Фудбалско игралиште на тревници во Shoreline, Сиетл на Seattle Seahawks, Армијата го претвори во голем центар за привремен третман, посветен на лекување на пациенти со заболувања кои не се поврзани со коронавирусот, така што креветите во преполните болници во областа Сиетл се ослободени за оние кои страдаат од смртоносната респираторна болест. На друго место, во тешко погодениот Западен Вашингтон, друга теренска болница со 200 кревети ќе биде подигната на фудбалско игралиште на тревници во Shoreline, Сиетл. Дел од познатиот тениски центар Billie Jean King National Tennis Center во Флешинг Медоус, Квинс, домот на US Open во подобри времиња, исто така ќе биде трансформиран во помошен медицински центар од 350 кревети, од кои 20 за интензивна нега. Напуштени здравствени објекти - Многу болници, кои никогаш не биле крајно отпишани, се враќаат во живот. Голем број на медицински установи, неодамна затворени, веќе се отвораат за да се смести напливот на пациенти со COVID19 или пациенти кои имаат потреба од други видови итна помош. Така, затворената болница Sherman во Елгин, Илиноис, каде е снимен филмот „Зараза“, ќе биде повторно отворена за лекување на пациенти со корона вирус. Студентски домови - Бидејќи студентите се ослободени од часови, ненадејно се отвори огромна количина на достапни недвижности. Универзитетот во Њујорк стави на располагање некои од сега испразнетите домови, за цели
поврзани со третманот на COVID-19 доколку е потребно. Паркови - Во Њујорк може да се видат многу чудни, понекогаш и вознемирувачки глетки. Но никој од нив не сведочи за подигнување на центар за респираторна заштита во шатори во самиот двор на Њујорк. Таканаречениот „објект“, кој ќе има капацитет од 68 болнички кревети, а исто така вклучува и on-site мртовечница, беше подигнат пред три недели на East Meadow во Централ Парк, заради обезбедување грижа за сериозно болни пациенти со COVID-19. Саемски хали - Обично, користени со полн
капацитет само неколку недели во годината, саемите изобилуваат со простор со потребната инфраструктура: електрична енергија, вода, разни објекти, паркинзи со големина на мал град – и сè тоа веќе на место. Саемите во округот Санта Клара во Сан Хозе, Калифорнија, привремено ќе ги сместат членовите на семејствата на високоранливото бездомно население за време на пандемијата. Во Флорида, каде што вирусот е на работ на експлодирање во одредени области, објект од 250 кревети е веќе во изградба на Саемот во Мајами. Во неколку држави, саемите и нивните паркинзи веќе се користат и како места за тестирање за корона вирус. Хотели и мотели - Хотелите и мотелите се можеби најразновидните, а сега и како резултат на ниската стапка на зафатеност поради вирусот, најлесно достапни места за употреба за време на пандемија. Обезбедуваат приватност, одредено ниво на удобност и изолација, може да се искористат и за лекување на некритични пациенти, кои закрепнуваат од болести поврзани со COVID-19, пациенти во карантин, високоризични здравствени работници од првите редови и да обезбедат привремено засолниште на ранливите популации. Официјалните лица во разни градови, Њујорк, Чикаго, Сиетл, Њу Орлеанс и Оукланд, Калифорнија, изнајмиле стотици, па дури и илјадници, хотелски и мотелски простории, кои ќе се користат во различен капацитет во наредните недели, а Армијата работи на
Старата болница Sherman во Елгин, Илиноис
Тениски центар Billie Jean King National Tennis Center во Флешинг Медоус, Квинс
ПОРТА
претворање на повеќето од нив во целосно функционални привремени медицински установи. КЛИНИКАТА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ ВО СКОПЈЕ Поголемиот број на здравствени установи низ светот не се проектирани да се справат со глобална пандемија како COVID-19. Дури и ретко може да се најдат посебни објекти наменети за третирање на инфективни болести. Во земјите на поранешна Југославија, за среќа, сè уште функционираат инфективни клиники или посебни инфективни одделенија во рамките на болниците. Кај нас, се издвојува Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Лоцирана е во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, како засебен објект, со адекватен пристап за пациентите. Се развива на четири ката, на површина од околу 6.500 квадратни метри. Болничкиот дел располага со 65 болнички соби, со капацитет од 129 болнички кревети. Сите соби имаат природна светлина и се опремени со посебна бања. Единицата за интензивна нега е сместена на првиот кат, во три тракта и располага со 6+12+10 кревети, сместени во посебни боксови, со цел намалување на ризикот за интрахоспитално ширење на инфекции, како и две простории со негативен притисок за лекување на болни од висококонтагиозни болести. Овозможува 24-часовно мониторирање и лекување на критично болни пациенти со различни инфективни болести, како и пациенти на респираторни машини. Останатите катови се стационари. Организацијата на функцијата е согласно движењето на интензитетот на болеста. Денес, целата клиника е во функција на третман на заболените со COVID-19. Три четвртини од Инфективната клиника е веќе пополнета со пациенти со корона вирус. Со цел да се намали недостигот на кревети во случај на рапидно зголемување на бројот на пациенти од оној предвидениот (кој, за жал, е само проценка), до Инфективната клиника се постави армиска мобилна болница. Најтешките болни ќе бидат сместени на клиниката, а болните со полесна клиничка слика би биле сместени во оваа мобилна болница. Се работи за формација од 19 шатори, со целосен систем на греење и ладење, вентилација, струја и изолација од надворешни влијанија. Еден шатор претставува една болничка соба. Проценките се дека зависно од поставеноста на леглата, овде би можело да се примат до 130 пациенти. Колку пациенти ќе се хоспитализираат во една соба, каква опрема ќе се донесе и како луѓето ќе се третираат, ќе зависи од проценките на здравствените власти. Локацијата е избрана стратешки, бидејќи на само неколку метри од шаторите е Клиниката за инфективни болести.
East Meadow во Централ Парк, Њујорк Близината е предност, иако уште попрактично би било ако се обезбеди т.н. сув ходник преку кој бетонската градба би се поврзала со шаторите. „Но, и со и без спојување, доволна е близината за да може да се комуницира интензивно“- вели Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести. КАКО COVID-19 ЌЕ ДЕЛУВА НА АРХИТЕКТУРАТА? Јасно е дека влијанието на COVID-19 врз градежната индустрија ќе биде далекусежно. Oнлајн учењето, работењето од дома и потребата од ургентни медицински установи, може засекогаш да го променат начинот на кој се проектирани и користени разни простори - се појави нов акцент на служење на заедницата, без оглед на примарната функција. Овие промени тераат на размислување, на пример: како студентските домови може да служат за поголемо добро, сега и во иднина? Надвор од очигледното броење на кревети, што е тоа што ги прави перфектно погодни за промена на намената во време на криза? Усогласеноста помеѓу спалните соби и нивната привремена употреба на здравствена заштита е речиси природна. Спалните соби, двокреветни или единични се најпогодни за оваа намена, затоа што тие обезбедуваат раздвојување за пациенти со различни здравствени проблеми. Во случаи на заразна
болест, ова разделување е особено важно. Една од клучните болнички функции што недостасува во студентските домови е станицата за персонал за секое крило на зградата. Но, со WiFi со голема брзина во секоја модерна студентска соба, разумно е да се очекува дека станицата за персонал може да се постави во студентска соба или заедничка просторија, релативно лесно, со сите потребни телеметриски уреди. Ако се фокусираме конкретно на тоа дека студентските соби може да ги задоволат потребните за привремени здравствени услуги во иднина, може да се разгледуваат извесни промени при проектирањето и изведбата: пошироки отвори на вратите (за внесување кревети/стречери); потенцијалната локација на флексибилни простори кои може да се претворат во станици за персонал, со физички и визуелен пристап до сите простории на секој кат; избор на мебел подложен на стерилизација (метал, пластика); обезбедување јасни правци за витални функции, како што се испорака на храна, отстранување на ѓубрето и опасен биоотпад. Во сегашната состојба, доколку е потребно, фактот дека овие објекти се слободни и се достапни за употреба за време на оваа криза е придобивка за заедницата. Не е реално очекувањето да се исполнат сите потреби во еден објект, но може да се потрудиме да создадеме решенија кои се 24 април 2020
ПОРТА
21
отпорни на природни катастрофи, инклузивни во самиот проект, и може да послужат како „безбедна резерва“ по потреба. Верувам дека низ цел свет пандемијата ќе влијае на начинот на кој ние проектираме. Сè уште во голема мера влијанието е непознато, но можеме да претпоставиме дека на пр. универзитетите можеби сметаат дека нивните објекти треба да бидат пофлексибилни и прилагодливи во случај на вонредни состојби. Како резултат би можеле високообразовните институции и Министерството за образование да размислат како се проектираат нивните капитални објекти, па ќе треба да се здружат со давателите на здравствени услуги, за да вклучат елементи, корисни за пошироката заедница во време на криза. Коронавирусот најверојатно ќе има уште една жртва – канцелариите од отворен тип или openplan работни простории. 51 % од вработените во Европа работат во канцеларии од отворен тип, а дури 70 % во САД. COVID-19 направи целосно свртување кон „отворениот план“. Кога ќе се вратиме назад на работа, дали ќе се криеме во рамењата кога колегата во соседната кабина ќе кивне? Дали канцелариите со отворен план ќе помогнат во ширењето на корона вирусот? Дали просторите од отворен тип се мртви? Во овој период, многу од вработените работат од дома, а некои се организирани по принципот 50/50, односно турнуси на недела
22
ПОРТА
24 април 2020
дена на половина вработени, со цел намалување на бројот на лица во просторот. Во одреден момент, деловните згради ќе се вратат во живот и работниците ќе бидат соочени со тежок избор, не само на работните места, туку и во заедничките простории, кои ги има и кај традиционалните канцеларии и во отворените канцеларии. Кога работниците ќе се вратат во своите канцеларии, тие најверојатно ќе се најдат во вознемирувачка нова територија, обидувајќи се да одржат социјална дистанца и да се ослободат од микроби во густо спакувани работни места, што ги ставаат блиску едни со други и што би можело да придонесе за ширење на вирусот. „Кафетеријата е одлично место за озборувања и размена на микроби“ вели Чарлс Герба, микробиолог од Универзитетот во Аризона. „Ние споделуваме повеќе површини со луѓето денес отколку во кое било време во историјата. Ние сме навистина генерација на допири“. Се чини навистина ќе треба да го промениме нашето однесување на работа. Наместо стоење рамо до рамо со колегата кај кафематот, ќе треба да расмислиме за одржување на прописна физичка дистанца. Состаноците кои претходно се одржуваа во просторија за 20 лица, ќе треба да се одржуваат во поголеми простории. Сè повеќе ќе треба да се поддржува употребата на антибактериски материјали кои го спречуваат ширењето на микробите. Кадифен мебел? Можеби изгледа одлично во просторија, но не е ли тоа место за одгледување на COVID-19 или на следниот вирус? Верувам дека архитектурата и здравјето се неразделно поврзани, и дека во иднина луѓето уште повеќе ќе ја ценат оваа врска. Искуството со Фангчанг болниците за време на појавата на корона вирусот во Кина, укажува на тоа дека тие би можеле да бидат многу користени и во идни вонредни состојби во јавното здравство, особено во други епидемии, но и во текот на други непогоди кои вклучуваат болест или повреди од голем или брзорастечки обем, како што се масовни труења или природни
катастрофи. Идните проекти и изградбата на големи јавни објекти (стадиони, конгресни или изложбени центри, гимназии, фабрики и магацини) треба да интегрираат карактеристики што го олеснуваат претворањето на овие инфраструктури во (Фанчанг) прифатни привремени болници, како што е опремата во ентериерот, која може брзо да се отстрани, влезови/врати кои се доволно големи за болнички кревети и системи за вентилација, кои го намалуваат ризикот од крос-контаминација. Прифаќајќи го концептот на Фангчанг привремените болници, многу земји и заедници ширум светот би можеле да го зајакнат нивниот одговор на тековната пандемија, како и на идни епидемии и катастрофи. Со опаѓање на пандемијата, болниците ќе имаат шанса да ги проценат успесите и можностите за подобрување и да ги вградат во своите идни планови мерките за одговор при итни случаи, кои темелно ќе ги подготват за да може да дадат брз одговор на следниот критичен настан. А ние, како проектанти, имаме можност да го преиспитаме проектирањето на здравствените установи, и можеби најважно, да размислуваме за проектирање објекти, кои ќе овозможат поголема и побрза флексибилност во користењето на просторот. На крајот, болниците треба да им служат на луѓето во добри и во лоши денови, во типични ситуации и за време на најлоши сценарија. Болниците мора да функционираат за повеќекратна употреба и да можат да реагираат на различни околности. Импресионирана сум од начинот на кој нашите здравствени установи досега успеваат да се справат со COVID-19. Се вели дека „неопходноста е мајка на сите изуми“. Се надевам дека новите идеи и практики кои ќе се изродат од оваа тековна криза, ќе информираат позитивно како да ги планираме и проектираме нашите здравствени установи во иднина. Во меѓувреме: Држете растојание и мијте раце!
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје
ПОРТА
архитектура
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НА АРХИТЕКТ, ЗНАЧИТЕЛЕН ПРЕДИЗВИК
Архитектите во земјава рамо до рамо со агентите за недвижности и војниците Просечната месечна нето-плата во секторот градежништво – потсекторот изградба на згради изнесувала 24.259 денари, а во секторот за стручни, научни и технички дејности – потсектор архитектонски дејности и инженерство, техничко испитување и анализа 26.610 денари д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон)
В
о овој текст е направен обид да се прошират сознанијата за состојбите во доменот на архитектонската професија во Република Северна Македонија на почетокот на новата декада на 21-виот век. На локално ниво ваквата определба вообичаено станува голем предизвик или како резултат на отсуство на систематско истражување од овој аспект, или пак како резултат на ограничено или непубликување на резултатите од евентуално спроведените истражувања. Оттука стечените и искажаните сознанија веројатно се поограничени во својот обем и повеќе индикативни отколку репрезентативни за состојбите. Определбата е дополнително усложнета како резултат на 24
ПОРТА
24 април 2020
отсуството на партиципација во рамките на меѓународни истражувања од овој вид. Како резултат, направен е обид да се создаде колку е можно подобра претстава за состојбите во рамките на архитектонската професија или пак пошироко во доменот на стопанските сектори кои најчесто ги опфаќаат архитектите во Северна Македонија, а врз основа на расположливите информации. ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ГРАДЕЖНИШТВО Според Државниот завод за статистика ДЗС (2020/2.1.20.06), во 2019 година во секторот градежништво биле вработени вкупно 56.036 лица (7,02 %), а во секторот за стручни, научни и технички дејности 18.480 лица (2,32 %) од вкупниот број на 797.651 вработени во земјата. Веројатно очекувано, во овие посттранзициски времиња 53.565 (95,59 %) од сите вработувања во
градежништвото и 17.290 (93,56 %) од сите вработувања во стручните, научните и техничките дејности се во рамките на приватниот сектор. Фокусот на погорниве два сектори се должи на тоа дека очекувањата се дека најголемиот број од 776 овластени архитекти во земјата на крајот од 2019 година, да бидат вработени во еден од овие два сектори на стопански дејности. За жал не се достапни информации за да се утврди колку од нив точно се вработени во кој сектор. Дополнително, расположливите податоци укажуваат на тоа дека уделот на овластените архитекти во севкупниот број на вработени во земјата е мал и изнесува само 0,97 промили. Доколку погорните информации за уделот на вработувањата во приватниот сектор се репрезентативни и за овластените архитекти, тогаш ситуацијата во земјата изгледа дека се
разликува од онаа во ЕУ и укажува на тоа дека сме се соочиле со потенцијално поопсежно ниво на приватизација. Според резултатите од истражувањето на Советот на архитектите од Европа (САЕ) за „Архтитектонската професија во Европа – 2018“ просечното учество на нивото на вработени во приватниот сектор во 26-те земји на ЕУ во 2018 година изнесува само 86 %. Се разбира, прикажаната разлика може да биде и барем делумно резултат на методолошките разлики во прибирањето на податоците во студиите. Но дури и тоа да е случај, малото учество на овластените архитекти во јавниот сектор може да има негативно влијание, особено во однос на јавните набавки на градежни објекти и работи. Ова е особено значајно кога се работи за јавните набавки на капитални градежни објекти, каде ниското ниво на вработени овластени архитекти во јавниот сектор може да резултира и со помал капацитет на службите при селекцијата и реализацијата на вакви проекти со потенцијално долгорочни оперативни и финансиски реперкусии. АРХИТЕКТОНСКИТЕ БИРОА СЕ СО ЕДЕН ДО ДЕСЕТ ВРАБОТЕНИ Дополнително од Соопштението на ДЗС (6.1.20.16) за бројот на активни деловни субјекти во 2019 година може да се утврди дека 82,37 % (4.341) од вкупно 5.270
деловни субејкти во секторот градежништво и 90,17 % (6.886) од вкупно 7.636 деловни субјекти во секторот за стручни, научни и технички дејности, се со еден до девет вработени во деловната организација. И покрај одредените процентуални разлики, слични тенденции се забележуваат и во 26 земји на ЕУ во 2018 година кога истражувањето на САЕ покажало дека 98,42 % од архитектонските бироа се со еден до десет вработени. Ваквото раситнување на деловните организации од една страна може да се смета како позитивно со оглед дека помалите организации вообичаено се
сметаат за поагилни и како такви полесно можат не само да се прилагодат на промените на пазарот, туку и да искажат поголемо ниво на компетитивност. Се разбира, раситнувањето на деловните организации носи со себе и негативни аспекти сврзани со ограничените капацитети на истите, а со тоа и фокусирање на помалите проекти достапни на пазарот. Последново е особено случај во поразвиените западни земји кога се работи за капитални јавни или приватни проекти каде нарачателите поставуваат услови коишто ефективно ги исклучуваат помалите бироа. На пример, едно ограничување може да биде сврзано со максималниот процент на вработени коишто работат во едно време во бирото на проекти за еден поголем инвеститор. Така клиентот може да постави лимит, да речеме, од најмногу 25 % од вработените на бирото да работат на проекти за нив, коешто веднаш ќе ги исклучи помалите бироа од големите проекти. Доколку вакво нешто се постави како услов, тоа инвеститорите најчесто го прават за да се „осигураат“ дека во рамките на бирото ќе има доволен слободен капацитет да се прераспределат делови од проектот на другите вработени доколку некои од оние што веќе работат на проектот се разболат или си заминат. Друг, ефективен начин на „рестрикција“ е преку бараниот изос на осигурување од професионална одговорност. Во развиените западни средини 24 април 2020
ПОРТА
25
градежништвото 13,88 % (3.904) од вкупно 28.118 вработени биле најбројната група на возраст од 40 до 44 години, додека во секторот за стручни, научни и технички дејности 16,50 % (2.700) од вкупно 16.359 вработени биле во најбројната група на возраст од 30 до 34 години. Во рамките на 26-те земји на ЕУ во 2018 година според истражувањето на САЕ најбројни биле групите на возраст од 40 до 44 години и од 45 до 49 година со по 15 % удел секоја во вкупниот број на архитекти.
доколку поради грешка во проектот објектот треба делумно или целосно да се сруши за да се поправи грешката очекувањето е дека осигурувањето за професионална одговорност на архитектот ќе го покрие ваквиот случај. Се разбира премиите за осигурување од професионална одговорност на големите проекти ќе бидат значително поголеми и оттука се поставува прашањето во која мерка мало ателје би можело да ги поднесе овие дополнителни работни трошоци за времетраењето на периодот на нивната одговорност. РАСПРЕДЕЛБА НА АРХИТЕКТИ СПОРЕД ПОЛ Нешто постаро истражување на ДЗС (2.4.15.05) направено кај нас, во кое се отсликува состојбата во октомври 2014 година укажува на некои дополнителни податоци од интерес. Имено во секторот градежништво - потсектор за изградба на згради во октомври 2014 година во земјата работеле 10.813 лица, од кои 1.547 (14,30 %) 26
ПОРТА
24 април 2020
биле жени. Во истиот период во секторот за стручни, научни и технички дејности потсектор за архитектонски дејности и инженерство, техничко испитување и анализа биле вработени 5.094 лица од кои 1.725 (33,86 %) биле жени. Се претполага дека овие проценти не ја искажуваат вистинската слика во однос на распределбата на овластените архитекти по пол од причина што опсегот на занимања и струки покриени во потсекторите е значително поголем. Како индикација, на ниво на 26-те земји на ЕУ, според Студијата на САЕ во 2018 година во просек жените учествувале со 39 % во вкупниот број на архитекти. При ова забележани се значителни исклучоци во однос на Шведска (58 %), Грција (55 %), Хрватска (54 %), Норвешка (53 %) и Финска (52 %) каде жените доминираат во архитектонската професија. ВОЗРАСНА СТРУКТУРА Според истражување на ДЗС (2.4.15.05) во октмври 2014 година во секторот
ПРОСЕЧНА ПЛАТА НА АРХИТЕКТ Веројатно интересни се податоците дека во октомври 2014 година 94,1 % од вработените во секторот градежништво и 91,7 % во секторот за стручни, научни и технички дејности работеле помеѓу 160 и 200 платени работни часа месечно (ДЗС, 2.4.15.05), односно, помеѓу околу приближно 37 и 46 платени работни часа неделно. За жал во ова истражување на ДЗС нема податоци за тоа колку работни часа вработените вкупно работеле, за преку таквите податоци да се добие претстава за тоа, дали и колку неплатени работни часови работат вработените во овие сектори секоја недела. Истражувањето на САЕ укажува дека во рамките на 26-те земји на ЕУ во 2018 година во просек архитектите работеле 3,8 работни часа повеќе неделно во споредба со бројот на работни часови коишто произлегуваат од нивниот работен договор. Неминовно, се доаѓа и до делот кога треба да се говори за надоместот за вложениот труд. Според ДЗС (2.4.15.05) во октомври 2014 година најголемиот број на вработени (20 %) во сите сектори во земјава биле со месечна нето- плата помеѓу 10.000 и 12.000 денари. Во секторите од интерес состојбата може да се образложи како неповолна со оглед дека дури 29,2 % од вработените во секторот градежништво и 21,1 % во секторот за стручни, научни и технички услуги биле исто така најзастапените групи со месечна нето- плата помеѓу 10.000 и 12.000 денари во рамките на својот сектор. Се разбира погорниве податоци се однесуваат на просечната месечна нетоплата во рамките на анализираните сектори во 2014 година, а не на просечната месечна нето-плата на овластените архитекти која се очекува да биде нешто повисока. Обидот да се најде информација за тоа колкава е просечната нето или брутомесечна плата на овластен архитект во земјата се покажа како значителен предизвик. Веројатно најблискиот индикативен одговор можеби е оној добиен на веб-порталот „мојаплата.мк“ според кој на 4.1.2020:
• Работната позиција „архитект“ според просечната нето-плата во земјата е рангирана на 360 место од вкупно 715 рангирани работни позиции. • Работната позиција „архитект“ според рангирањето на просечната плата се наоѓа едно место пред работната позиција „војник“ на 361 место и едно место по работната позиција „агент за недвижности“ на 359 место. • Уделот на жените во оваа работна позиција е 63 %. • Просечната возраст на испитаникот е 28 години. • Просечната нето-плата за работната позиција „архитект“ е 25.164 денари. При што на износот на платата влијаат и бонусите и другите финансиски бенефиции. Во колкава мерка податоците од вебпорталот од 4.1.2020 прецизно ја отсликуваат состојбата во земјата, навистина е тешко да се каже, со оглед дека истите зависат од методолшкиот пристап, бројот и профилот на анкетираните, но и од тоа дали се прави дистинкција помеѓу оние што се овластени архитекти, оние што дипломирале по старо или магистрирале по ново, или пак оние коишто завршиле само додипломски студии. Како и да е веројатно ова е добра индикација во моментов. Според веб-калкулаторот на истиот портал, „мојаплата.мк“ 25.164 денари нето-плата е еквивалентна на 37.654 денари бруто-плата месечно. Според ДЗС (4.1.20.27 и 4.1.20.26) во јануари 2020
година износот на просечната месечна нето-плата изнесувал 27.540, а на просечната месечна бруто- плата изнесувал 41.087 денари. Во рамките на двата разгледувани сектори просечната месечна нето-плата во секторот градежништво – потсекторот изградба на згради изнесувала 24.259 денари, а во секторот за стручни, научни и технички дејности – потсектор архитектонски дејности и инженерство, техничко испитување и анализа 26.610 денари. Оттука може да се заклучи дека најверојатно во месец јануари 2020 година просечната плата на архитект изнесувала само околу 91,37% од просечната нетомесечна плата во земјата или околу 91,64 % од просечната бруто-месечна плата во земјата. Дури и овластените архитекти да земале поголема плата од платата на архитектите евидентирана на порталот, прашање е дали и во која мерка просечната плата на овластениот архитект е значително поголема од просечната плата во земјата.
Околу три месеци подоцна начинот на презентација на просечната месечна нетоплата на порталот е променета при што сега се прикажува опсегот на платата која за работната позиција „архитект“ на 10.4.2020 се движи во рамките од 15.953 и 37.410 денари. Веројатно позитивно е тоа дека од јануари до април рангот на платата е покачен, така што архитектот според просечната месечна нетоплата сега е на 326 место наместо на 360 во јануари, при што на подолното 327 место сега се наоѓа инженерот за дизајн – дрвна индустрија, а на повисокото 325 место се наоѓа маркетинг-истражувачот/аналитичар. Податоците на САЕ за 26-те земји на ЕУ во 2018 година укажуваат дека просечната средна бруто-годишна плата на архитектите изнесувала 32.731 евра по корекциите во однос на куповната моќ. Врз основа на средниот курс на еврото од 61,70 на 10.4.2020 и просечната бруто-месечна плата на „архитектот“ од јануари 2020, годишната брутоплата изнесува 7.323 евра без корекциите во однос на куповната моќ. Со корекции во однос на куповната моќ просечната брутогодишна плата на архитект во земјата е еквивалентна на плата од 16.356,60 евра во Германија каде просечната некоригирана бруто-годишна плата на архитектот во 2018 година изнесувала 57.000 евра. Оттука веројатно со право може да се постави прашањето дали и во која мерка се вреднува придонесот на архитектите и овластените архитекти во земјата, прашање вредно за внимание во пресрет на денот на трудот 1 Мај. n
ПОРТА
архитектура
Town House
О
бјектот е градска куќа, сместена во близина на централно градско подрачје на Скопје, во опкружување од ниска станбена структура на објекти, проект на Пако Радовановиќ, Арсенија Поповска Радовановиќ, Ѓоко Радовановиќ, Стефан Матески . Околностите создадени од урбанистичките 28
ПОРТА
24 април 2020
параметри и барањата на Инвеститорот, сугерираа потреба од поголема зелена површина, која, поради максаималната искористеност на површината за градењењ зададена со ДУП-от, во недостаток на двор е надокнадена со интерполирање на градина на кровот на објектот. Куќата со површина од 850 квадратни метри се состои од две станбени единици
проектирани на засебни нивоа, со заеднички влез и комуникации. Секој од становите располага со добро димензионирани основни станбени содржини, како дневен престој со трпезарија и кујна од отворен концепт, три спални соби и бањи. Во поткровниот простор е сместен мал спа центар, надворешен простор за забава, опкружен со кровна градина. Подрумскиот
ГРАДСКА КУЌА ВО СКОПЈЕ
ПОРТА
простор е наменет за неопходните технички содржини, како и гаражирањето на неколку автомобили. Town House е добитник на BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 и е во конкуренција за GRAND PRIX BIG во категоријата резиденцијални објекти. BIG SEE ја препознава и изложува квалитетната архитектура во Југоисточна Европа, опфаќајќи 19 земји. Добитниците на наградата свечено ќе се прогласат на 16. октомври на гала вечер во City of Design Slovenia во Љубљана, каде ќе бидат изложени и сите наградени проекти.наградени проекти. n
ПОРТА
24
СИСТЕМ - ЗЕЛЕН КРОВ
ПРЕСЕК
ДЕТАЉ ЗА РЕВИЗИОНА ШАХТА
Официјален дистрибутер: Бизнис Центар Адинг Тел.: +389 (0)2/20 50 976; info@bc-a.com.mk, www.bca.mk
ПОРТА
TРЕНДСЕТЕРИ НА ЛИЗГАЧКИТЕ СИСТЕМИ Побарувачката за лизгачки системи постојано расте. Покрај популарните премиум подигачки лизгачки врати PremiDoor 76 и PremiDoor 88, Рrofine сега ви претставува два нови модели: PremiSlide 76 - компактен, ефикасен и разновиден лизгачки систем и PremiFold 76 - еден посебен лизгачки систем. ПОРТА
PremiSlide 76 Со овој производ ви нудиме идеален додаток на нашите премиум подигачко лизгачки врати робустен, силен, компактен, ефикасен и разновиден систем за изработка на лизгачки прозорци и врати. Новостите се засновани на нашата платформа од 76 mm во верзија на странични дихтунзи и со тоа му нуди на производителот високо ниво на компатибилност. Погоден лизгачки систем, кој комбинира бројни предности, како што е мало зафаќање на просторот при отворање, и отворање без напор. Отворањето овозможува изразено ефективна вентилација, а стаклените површини се грижат за
оптимална добивка на соларна енергија. Uf вредноста од 1,4 W/(m²K) во стандардна изведба и Uw–вредноста до 0,7 W/(m²K) се одлични вредности за лизгачките системи. Периферно компресираниот дихтунг го прави системот совршен. Што се однесува до дизајнот, PremiSlide 76 е сестран, бидејќи конструктивните шеми се засноваат на подигачко-лизгачките врати, како што е PremiDoor 76. Еднакво исто, нуди широк спектар на бои во декор на дрво и металик фолии, вклучувајќи ја и AluClip варијантата. Сè е достапно за индивидуализиран дизајн. Ексклузивно за PremiSlide76, на располагање е оковот Eco Slide со прилагодливите елементи за конструкција, специјално развиен од произведувачот на окови Siegenia.
PremiFold 76 PremiFold 76, е посебен лизгачки систем за прозорци и врати, и најнов во долгата линија на иновација на нашите лизгачки системи. Системот доаѓа со посебни апликации. Главниот плус на системот PremiFold 76 е начинот на кој прозорците и вратите може да се отворат, како би се максимизирало проветрувањето без загрозување на сигурноста. PremiFold 76 може да се користи за многу големи отвори. Вашиот дом или работен објект може да го добие вашиот индивидуален карактер со широк спектар на декоративни ламинирани фолии. За производителот, овој нов систем нуди економичност, бидејќи се заснова на Рrofine 76 mm платформата. Уште една предност е што елементите немаат видливи окови. Прозорците
и вратите може да бидат опремени со двослојно или трослојно застаклување. PremiDoor 76 На последниот Fensterbau Frontale саем, ја дополнивме понудата на PremiDoor 88 со PremiDoor 76 варијанта, со праг систем без пречка, во стандардна изведба. Двата системи на подигнувачко лизгачки врати се вистински погодок во премиум сегментот на пазарот. Се карактеризираат со одлична топлотна изолација, висока едноставност за користење и многу витка линиска изведба. Посебен акцент е ставен на крилото „Lux Design“ со изразено ниска висина на профилот од само 40 mm, што овозможува уште поголема стаклена површина и поголема соларна добивка. PremiDoor 76 е систем со континуирана конструкција од пет комори, кој благодарение на својата мала длабочина на вградување од 179 mm
е идеален за реновирање и може да прифати стакло до 48 mm дебелина. Тесно видливата ширина на профилот до 65 mm на рамката, 100 mm на крилото и 103 mm на средниот пресек, осигуруваат високо ниво на светлина. Со Uвредноста од 1,4 W/(m²K), PremiDoor76 веќе во стандардната варијанта доаѓа со одлична топлотна изолација за подигачко лизгачка врата. PremiDoor 88 PremiDoor 88 е наш класик за висококвалитетна премиум подигачко лизгачка врата, има длабочина на вградување од 88 mm. Се одликува со одлична топлотна изолација U = 1,2 – 1,3 W/(m²K). Со изолациски стакла се постигнува U-вредност од 0,8 W/(m2K) дури и за пасивни куќи. Вистински благороден производ кој создава фасцинантна оптичка врска помеѓу ентериерот и градината или дворот. За повеќе информации обратете се кај Рrofine BH ДОО, Живинице, БиХ. ПОРТА
архитектура
КУЛТУРЕН ЦЕНТАР „ФОРУМ“ - ГРОНИНГЕН, ХОЛАНДИЈА
Услови и големи можности за образованието и културата на градот и земјата Објектот збунува со својата надворешност, но фасцинира со својата внатрешност. Накривената фасада дозволува светлоста да продира во внатрешноста на објектот, но и во околните згради кои се доста пониски, така што не им го затвора светлото поради својата височина
Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.
Н
а 29 ноември 2019 година отворен е новиот Културен центар„Форум“ во градот Гронинген, во Холандија. „Форумот“ е мултифункционален објект, дизајниран како единствен чист волумен поставен во виталниот јавен простор во центарот на градот. Изгледа предимензиониран и е далеку повисок од околните згради што на прв поглед се чини без причина. Но, пораките што ги праќа се многузначни и вонвременски. Авторите ќе речат: „Форумот“ не е библиотека, не е музеј, не е кино, туку е нов тип на јавен простор каде традиционалните граници на овие институции се бришат. Информациите кои консументот ги добива во „Форумот“ се
34
ПОРТА
24 април 2020
презентираат тематски, низ различни медиуми. „Форумот“ има аспирација да биде платформа за интеракција и дебата, со други зборови дневна соба на градот. Тоа е простор за презентација и размена на култура, слики, книги, располага со простор за изложби, сали за собири и перформанси, подвижни холови комбинирани со различни содржини, и сето тоа соединето во еден целосен склоп. Изграден е на мала површина, во строго дефиниран централен простор, опкружен со средновековни градби. Објектот има десет ката и површина од 17.000 квадратни метри. Изградбата чинеше преку 140 милиони евра. Општината Гронинген распиша конкурс во 2006 година, кој заврши со изборот на решението во 2007 година. Изградбата на објектот започна во 2011 година, но бидејќи Гронинген се наоѓа во трусно подрачје, беше потребно прилагодување
на земјиштето за отпорност на земјотреси, така што фактичката изградбата на објектот се одложи до 2015 година и потоа траеше четири години. Автори на проектот се НЛ Архитектс, кои го добија тендерот во конкуренција со студиото на Заха Хадид. Граѓаните и посетителите на Гронинген во „Форумот“ може да уживаат во национални и интернационални изложби, филмови, дебатни и културни настани, ток-шоу настани, презентации и тоа секој ден од неделата. Објектот нуди: бесплатен интернет, фоаје наречено „Newsroom“ (соба за вести, со сите весници и списанија на располагање); библиотека со 178 места за учење и работа, со достапни штекери за вклучување на потребните електронски уреди, удобни столчиња за читање и мал одвоен дел во кој е обезбедена потполна тишина; кино-сали со редовни проекции; конференциски сали за
максимум 450 луѓе; Гронинген - туристички инфо-центар со продавница за сувенири; „Story world“ (интерактивна современа изложба за светот раскажана низ приказни); „Wonderland“ – едукативна игротека за деца до 15 години; медијалаб - медиумска лабораторија во која има разни нови технологии како 3Д печатење, гринскрин за видео и фотоманипулација кои посетителите може да ги користат, забавен дел со технологии како виртуелна реалност и видеоигри (симулатори итн.); кафе-ресторан, простор за седење. Од покривот кој е на височина од 45 метри се протега прекрасен поглед на целиот град, додека пак во подрумската гаража е сместена уметничка лединсталација долга 20 метри. Во подрумот се наоѓа и паркинг за 380 автомобили и за 1.200 велосипеди. Влезот е бесплатен, се плаќа само за одредени специјални изложби и секако за
храна и пијалаци. Со изградбата на „Форумот“, просторот пред објкетот практично му даде на градот нов плоштад наречен Нуе маркт. Тоа е практично третиот плоштад во Гронинген, покрај Гроте маркт (големиот плоштад) и Вис маркт. Непосредно до „Форумот“ се гради нов хотел кој ќе овозможи сместување за посетителите кои ќе доаѓаат во посета на културниот центар и на градот, а ќе се намали метежот на главните плоштади и на централните градски артерии. На овој начин се зголемува фреквенцијата во западниот дел од центарот. Објектот збунува со својата надворешност, но фасцинира со својата внатрешност. Накривената фасада дозволува светлоста да продира во внатрешноста на објектот, но и во околните згради кои се доста пониски, така што не им го затвора светлото поради својата
височина. Објектот истовремено ги задоволува потребите за создавање голем простор на мала површина. Заради централната празнина во внатрешноста на објектот, низ која поминуваат седум ескалатори што ги поврзуваат различните нивоа, сѐ во зградата делува како единствен простор. Од денот на отворањето до 30 јануари 2020 година објектот го посетиле 700.000 луѓе, а се очекуваат годишно околу 1,4 милиони посетители. Во објектот работат 89 вработени со полно работно време и 35 студенти. Иако овој објект не е прва контроверзна градба во градот (прв контроверзен објект беше Музејот на Гронинген, изграден во италијански постмодерен „Мемфис“ стил), тој предизвика бурни дискусии како во архитектонските кругови, така и меѓу општата популација во градот и пошироко. Кај граѓаните на Гронинген 24 април 2020
ПОРТА
35
имаше негативни реакции, бидејќи дел од нив сметаа дека не одговара на стариот, традиционален стил на околината и на градот. Во архитектонските кругови се примаше со доза на резерва идејата за димензијата и пренападноста на габаритот. Објектот беше нарекуван со различни погрдни имиња: културна стоковна куќа, метеор, културна палата на Источниот блок, дневна соба. Но, денес веројатно голем дел од граѓаните на Гронинген се согласуваат со директорот на „Форумот“, Дирк Нијдам, кој вели: „Ние сме провинција прилично оддалечена од Амстердам, па кога имаме знаме, треба да го вееме повисоко за да се види од остатокот на Холандија. Музејот на Гронинген беше мамка која привлече луѓе од целиот свет. Сите забележаа дека прометот се смени, а подрачјето стана навистина поврзано. Имиџот на Гронинген исто така се подобри. Луѓето почувствуваа што може да направи една зграда. Затоа посакаа уште и посакаа тоа да се направи повторно.“ Дали ние, како мала земја, можеме да извлечиме некаква поука од оваа приказна? Гронинген е град во најсеверната провинција на Холандија, со околу 240.000 жители и 60.000 студенти, бидејќи е и универзитетски центар. Културниот центар „Форум“ овозможува прекрасни услови и големи можности за образованието и за културата на градот и земјата. Мојот град Скопје е главен град на држава, скоро милионски град и исто така универзитетски центар, а три децении интензивно гради главно станбени згради и катни гаражи, низ кои провлекува простор за шопинг и кафеани. Културата и образованието се на маргините на општествените случувања, а мултифункционални објекти кои треба да ги задоволат овие потреби се Младинскиот културен центар (МКЦ), објект изграден во СФР Југославија и салата „Борис Трајковски“ (ВИП
ПОРТА
Арена или А1 Арена, кој како ја знае во јавноста, која ни името не може да си го задржи подолго), која освен за спортски натпревари се користи и за концерти и новогодишни прослави, иако акустиката е крајно проблематична, па дури и за саеми во последно време. Зградите на Филхармонијата, Македонската опера и балет, Националната и универзитетска библиотека и Македонскиот народен театар (кој од архитектонска гледна точка не го заслужува името), ги исклучувам затоа што тоа се специјализирани простори на установи од национален карактер и имаат сосема поинаков третман и намена. Поуката извлечете ја сами! n
Авторски тим: - NL Architects Соработници: - NL Architects со ABT Engineering - Структурни и геотехнички инженери - ABT - Внатрешен дизајн - NL Architects, deMunnikdeJong-Steinhauser, &Prast&Hooft, Tank, Northern Light - Техничка инсталација Huisman en van Muijen - Акустика - Peutz - Сеизмички инженер - ABT, BORG and BAM Advies & Engineering - Градежници – BAM
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
технологија
Исак Асимов – идејниот творец н Терминот „роботика“ кој денес е општоприфатен, е заслуга на Асимов, кој за прв пат го воведува во 1941 година во својот научно-фантастичен роман „Лажго“ Даниела МЛАДЕНОВСКА
Р
оботиката денес е општоприфатен стандард во многу индустрии - од роботи заварувачи на линиите за монтажа во автомобилската индустрија, па до роботски раце за извршување софистицирани хируршки интервенции. Вештачката интелигенција, пак, е на прагот на својата златна ера. Многу нови технологии добиваат на значење особено во услови на криза како актуелнава здравствена и економска. Имено, во многу ситуации каде физичкото присуство на човекот е опасно по неговото здравје и живот, тоа се заменува токму со роботи. Во нуклеарната индустрија, за прецизни мерења и истражувања на морското дно и слични апликации веќе одамна се користат роботи. Со последнава криза, роботите влегоа во здравството и на еден поинаков начин - неретки се примерите на користење на роботи како медицински персонал кој се грижи за заболените од Ковид 19. ЧОВЕКОТ ШТО ЖИВЕЕЛ ПРЕД СВОЕТО ВРЕМЕ Кога се појавил првиот робот е познат факт. Првиот индустриски робот е UNIMATE, изработен во 1961 за автомобилска фабрика во Њу Џерси во САД, за процесот на леење калапи за алати. Помалку познат е фактот дека прв кој го споменува името „робот“ е чешкиот писател од научно-фантастичниот жанр Карел Чапек, уште во 1921, но првиот кој многу прецизно ја опишал технолошката револуција која денес ја живееме е писателот на научно-фантастични романи Исак Асимов. Тој бил навистина многу пред своето време. Интересна коинциденција е што токму оваа година се одбележа 100-годишнината од раѓањето на американскиот автор и биохемичар со руско потекло. Се занимавал со наука и „популарна наука“, криминалистичка книжевност и научна фантастика. Напишал или приредил над 500 книги и повеќе од 90 илјади писма и разгледници. Се вбројува во големата тројка писатели на научна фантастика заедно со Артур Кларк и Карл Саган. Едно од најпознатите дела е токму она во кое ја најавува четвртата технолошка револуција, 40
ПОРТА
24 април 2020
односно појавата на роботите - „Јас робот“ (I, robot). Овој роман е објавен во 1950 година, значи повеќе од една деценија пред производството и практичната примена на првиот робот во индустријата. Терминот „роботика“ кој денес е општоприфатен, е исто така заслуга на Асимов, кој за прв пат го воведува во 1941 година во својот научнофантастичен роман „Лажго“ (Liar!). РУСИН ВО САД Роден е во Смоленската област во поранешниот Советски Сојуз во 1920 година, а емигрирал во САД со своите родители кога имал само три години. Докторирал биохемија на Универзитетот Колумбија, а работел како професор на Универзитетот во Бостон. Сепак, во еден период преовладува неговата посветеност на книжевното творештво, па целосно се ориентира кон пишувањето напуштајќи ја професијата. Исклучителен ерудит, кој со своите широки интересирања ја интригирал јавноста. Имал особено почитување за Карл Саган, за кој велел дека е еден од двајцата луѓе во неговиот живот кои
100-ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКИОТ АВТОР И БИОХЕМИЧАР
на роботите и роботиката посебно го импресионирале. Втората личност е стручњакот за компјутерски науки и интелигенција Марвин Мински. Астероидот „5020 Асимов“, кратерот „Асимов“ на планетата Марс и едно основно училиште во Бруклин добиле име во негова чест. Умрел од сида, бидејќи бил заразен со ХИВ преку трансфузија на крв за време на неговата операција на срцето во 1983 година. Во тој период не биле ретки таквите случаи со оглед дека болеста сè уште не била доволно позната. И познатиот тенисер Артур Еш за жал заболел на идентичен начин, но тој веднаш излегол во јавноста со објава дека е инфициран, а формирал и своја фондација за борба против оваа болест, за разлика од семејството на Асимов кое објавило дури десет години по неговата смрт. Починал во 1992 година.
Закони за роботиката кои ги воспоставил Исак Асимов • 0. Роботот не смее да му наштети на човештвото, ниту со својата пасивност да дозволи да му се наштети на човештвото. • 1. Роботот не смее да му наштети на човекот, ниту со својата пасивност да дозволи да му се наштети на човекот, освен кога тоа е во спротивност со нултиот закон. • 2. Роботот мора да ги слуша наредбите на човекот, освен ако тие се спротивни на нултиот или првиот закон. • 3. Роботот треба да го штити својот интегритет, освен кога тоа е во спротивност со нултиот, првиот или вториот закон.
24 април 2020
ПОРТА
41
ПРЕДВИДЕЛ ШТО НОСИ ИДНИНАТА Но, зошто творештвото на Асимов има посебно значење и за инженерите и за љубителите на научната фантастика? Затоа
ПОРТА
што пред повеќе од 50 години тој предвидел дека човекот ќе ги измисли роботите, ќе испраќа вселенски летала и сателити во Земјината орбита, ќе планира експедиции на
Марс, и уште многу други работи. Според тоа, за разлика од многумина кои се обидувале, Исак Асимов, легендарниот автор на научнофантастични романи, успеал да предвиди што носи иднината! Многу негови тези или веќе се реалност, или се на добар пат да се реализираат. Тој уште во 1964 година многу храбро одлучил да предвиди што сè ќе им биде на располагање на луѓето на Светскиот саем во 2014 година. Предвидел дека кујнските апарати ќе можат да подготвуваат т.н. автоматизирани оброци, а целосните оброци со полуподготвена храна ќе бидат чувани во единиците за ладење. Во 2014 година апаратите нема да имаат кабли, тврдел Асимов. Според него, беспилотните летала ќе стигнуваат дури до Марс, а човештвото ќе се подготвува за експедиции на Црвената Планета. Сведоци сме дека компанијата на Илон Маск се занимава токму со овој проект. Што се однесува до комуникациските технологии, тој сметал дека во Земјината орбита ќе кружат сателити кои ќе овозможуваат воспоставување врска помеѓу кои било две места на планетата, а дури и ќе може да се гледа личноста со која се разговара. Толкување за она што денес е реалност, воопшто не е потребно. Тој исто така сметал дека целиот источен брег на САД ќе стане еден мега град, посебно Бостон и Вашингтон. Засега ова нема изгледи да се реализира во блиска иднина, но кој знае? И на крајот, осврт на неговото тврдење дека роботите ќе бидат многу присутни во животите на луѓето. Настрана од бројните примери на почетокот на овој текст, колку драматичен е продорот на тоа присуство покажува примерот на професор Хироши Ишигуро, кој направил робот - клон на себеси. n
ПОРТА
екологија
Корона вирусот го исчисти Ширењето на Ковид 19 ги отвора прашањата за човековото влијание врз животната средина и за тоа дали непосакуваната ситуација може да даде нови насоки во борбата против загадувањето и климатските промени
Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
П
оради воведување карантини и строги ограничувања на движење низ цела Европа, во делови од Кина и Индија и последователно намалување на сообраќајот со автомобили и други активности, загаденоста на воздухот е значително намалена во поголемите европски градови. Ова е потврдено со најновите
44
ПОРТА
24 април 2020
податоци на ЕСА, објавени кон крајот на минатата недела, засновани на слики од сателитот „Copernicus Sentinel-5P“. Во среде пандемијата на корона вирусот, небото над делови од Кина и Италија е расчистено што може да се види на сателитските слики, а венецијанските канали повторно станаа јасно чисти, човештвото стана свесно колкава штета ѝ правело на природата. Во Тајланд и Јапонија животни шетаат по улиците, а намалено загадување има и во САД,
откако милиони Американци не одат на работа, додека школите и јавните места се затворени, а сообраќајот е намален. Се појави надеж меѓу активистите за животна средина дека лидерите сега сериозно ќе го сфатат прашањето за климатските промени и ќе преземат порешителни активности што можеби не се толку драстични, но ќе спасат животи на долг рок. Ширењето на Ковид 19 ги отвора прашањата за човековото влијание врз животната средина
ВОВЕДУВАЊЕТО КАРАНТИН ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ СО ПОЗИТИВЕН ИСХОД ЗА ПРИРОДАТА
светот од загадувањето и за тоа дали непосакуваната ситуација може да даде нови насоки во борбата против загадувањето и климатските промени. ВРСКА МЕЃУ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И ВИРУСИТЕ Дали пандемијата на новиот вирус и климатските промени имаат некаква врска? Краткиот одговор е „многу малку“, но генерално - сè е поврзано, вели американскиот климатолог Кетрин Ејхо за Њујорк Тајмс. Потоплата планета фаворизира ширење на вируси предизвикани од комарци или крлежи, бидејќи нивното живеалиште се шири со затоплување, но Ковид 19 го пренесуваат луѓето. Според некои студии, потоплата клима има лошо влијание врз нашиот одбранбен систем и постои подлабока врска меѓу загадувањето и подложноста на болести. Согорувањето на фосилните горива ослободува не само гасови што ги менуваат климатските услови, туку и гасови што го загадуваат воздухот и го уништуваат здравјето. Студиите покажаа дека таму каде што е загаден воздухот, луѓето веројатно ќе страдаат од респираторни заболувања. Во Кина, во времето на епидемијата САРС пред 17 години, смртноста беше двојно поголема во позагадените области. Накратко, климатските промени се фактор што го размножува ризикот и го влошува секој проблем. Вај Колиндивади, постдокторски соработник на Универзитетот во Антверпен, пишува дека глобалното затоплување и епидемијата на ваквите вируси го имаат истиот корен - во сегашниот економски модел, заснован на континуиран економски раст, на штета на околината од која зависи нашиот опстанок. Богатството, вода, фосилни горива, шуми, земја, руди се троши за производство на разни добра и се создава многу отпад. Тоа доведува до климатски промени, но во исто време има врска и со појава на вирус, бидејќи луѓето во потрага по ресурси нарушуваат различни природни живеалишта и се изложуваат на претходно непознати патогени. Масовното производство на храна на фармите, исто така стана средство за мутација и појава на нови болести, пишува биологот Роб Волис во книгата „Голем грип од големите фарми“. Американскиот центар за контрола на болести проценува дека три од четири нови заразни болести доаѓаат преку контакт со животни. Ебола и корона вируси како МЕРС скокнале врз луѓето во нарушени природни живеалишта. Во случајот Ковид 19, ова се случи на пазарот во Вухан.
За тоа дали постои врска меѓу климатските промени и појавата на нови вируси, како Ковид 19, зборува д-р Арон Бернстин експерт за животна средина и здравство на Харвард. Тој во интервју за „Inside Climate News, се фокусира на две точки. Прво, дека загадениот воздух ги прави луѓето повеќе ранливи на респираторни инфекции и второ, дека климатските промени ги доведуваат луѓето во поблиски контакти со животните кои можат да шират болести. Бернстин вели дека погледнато во климатските промени, ја трансформиравме природата на Земјата. Имаме фундаментално променет состав на атмосферата, затоа не треба да бидеме изненадени што тоа влијае врз нашето здравје, додава тој. 24 април 2020
ПОРТА
45
ЕКСПЕРТИТЕ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГАДУВАЊЕТО Пол Монкс, професор во областа на загадувањето на воздухот на Универзитетот во Лестер, верува дека има важни лекции што треба да се научат. „Сега, ненамерно, спроведуваме експеримент од најголем обем досега. Дали гледаме во она што може да го видиме во иднина ако преминеме на ниско ниво на јаглерод? Не сакам да ја минимизирам загубата на животи, но ова би можело да ни даде надеж да излеземе од ужасната ситуација и да видиме што може да се постигне“, рече тој. Монкс, кој е поранешен шеф на советодавниот одбор за квалитетот на воздухот на Владата на Велика Британија, рече дека намалувањето на загадувањето на воздухот може да донесе здравствени придобивки, но не може да направи надомест за губење на животот поради пандемија. „Голема е веројатноста дека намаленото
загадување на воздухот ќе им користи на луѓето кои спаѓаат во ранливи категории, како што се оние со астма. Исто така, може да го забави ширењето на инфекцијата, бидејќи високите нивоа на загадување на воздухот придонесуваат за полесна инфекција бидејќи го засилува воспалението и го намалува имунитетот“, рече Монкс, додавајќи дека намаленото загадување на воздухот исто така може да доведе до развој на земјоделството бидејќи загадувањето се заканува на растот на растенијата. Светската здравствена организација (СЗО) го опишува NО2 како „токсичен гас што предизвикува значително воспаление на дишните патишта“ кога неговата концентрација е над 200 микрограми на метар кубен. Честичките од загадување исто така можат да ги забрзаат патогените микроорганизми и да ги влошат постојните здравствени проблеми. СЗО сега истражува дали честичките во воздухот може да бидат еден од
преносителите на корона вирусот што придонесува за заразата. Едно од најголемите падови на нивото на загадување може да се види над градот Вухан, во централна Кина. Според податоците објавени од НАСА, нивото на азотниот диоксид низ источна и централна Кина сега е од 10 до 30 проценти пониско од вообичаеното. „Ова е првпат да видам ваков драматичен пад на загадувањето на толку големо подрачје како резултат на одреден настан“, вели Феи Лиу, истражувач за квалитет на воздухот во центарот на НАСА за вселенски летови во Годард. Нивото на NO2 исто така падна во Јужна Кореја, која долго време се бори со проблемот со високи емисии од многуте постројки што горат јаглен, како и од блиските индустриски постројки во Кина. Промените над северот на Италија сега се особено впечатливи бидејќи чадот од густите индустриски области инаку се задржува заради Алпите на крајот на Долината По, со што оваа област е една од фокусите на загадување во Западна Европа. Од изолацијата на земјата, нивото на NO2 во Милано и другите делови на северна Италија се намали за околу 40 отсто. „Тоа досега не е регистрирано. Имаше многу варијации во нивото на загадување во минатото поради временските услови, но намалувањето никогаш не траеше долго“, вели Винсент-Хенри Пејч, директор на Центарот за атмосферски мониторинг „Коперник“. Застојот на активноста во срцето на индустриското производство во Италија придонесе за ова, а друг фактор е намалувањето на патниот сообраќај, за кое се смета дека е најголем придонес во емисијата на азот диоксид во Европа. Пејч вели дека сателитите сега почнуваат да снимаат слични сигнали од други европски градови кои преминале во изолација, иако овие податоци мора да се следат подолг период за да се потврди шемата. Маршал Бурк, економист за животна средина на Универзитетот „Стенфорд“, направил пресметка за неодамнешниот пад на загадувањето на воздухот во делови од Кина. Според Бурк, голема е веројатноста животите спасени на локално ниво да ги надминат смртните случаи од Ковид 19 во Кина. Двомесечното намалување на загадувањето веројатно спасило животи на четири илјади деца под пет години и 73 илјади возрасни над 70 години во Кина. Ова е значително повеќе од сегашниот глобален број на смртни случаи од самиот вирус. ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ НОСИ ПОГОЛЕМА СМРТНОСТ ОД КОВИД 19 Загадувањето на воздухот е поврзано со повисоката стапка на смртност од корона
46
ПОРТА
24 април 2020
Дарежливите економски пакети одат во спротивна насока
Сателитските слики покажуваат помало загадување во САД како резултат на коронавирусот вирус. Американците кои живеат во места со повисоко ниво на загаденост од смог се изложени на поголем ризик од смрт од Ковид 19, според новата студија која укажува дека оштетувањето на ткивата поради корона вирусот се влошува со долготрајна изложеност на загаден воздух. Научниците од Харвардската школа за јавно здравје „Т.Х. Чан“ анализирале податоци од повеќе од три илјади американски окрузи за да утврдат дали постои поврзаност помеѓу малите зголемувања на долгорочната изложеност на мали честички на загадување и значително поголемата стапка на смртност од корона вирус. Научниците ги пресметале долгорочните просечни концентрации на ситни честички на загадување кои ги оштетуваат белите дробови, ПM 2,5 честичките, од 2000 до 2016 година и ги споредиле со повеќе од седум илјади смртни случаи од Ковид 19 до 4 април. Откриле дека зголемувањето од само еден микрограм на метар ПM 2,5 честички е поврзано со 15 отсто зголемување на стапката на смртност од корона вирус. Научниците ги објавија своите заклучоци
пред објавувањето на трудот и без научни рецензии на истражувањето, во надеж дека податоците ќе може да се користат во спречувањето на смртноста од корона вирус. Научниците од Харвард истакнуваат дека нивните нови откритија ја потенцираат важноста на мерките против загадувањето на воздухот во заштитата на човековото здравје за време и по епидемијата на Ковид 19. Засега никој не може да каже до кога ќе трае кризата со епидемијата на новиот корона вирус, но ситуацијата укажува на потребата државите, активистите и граѓаните да ги зголемат свеста и напорите во борбата против загадувањето и климатските промени, за заштита на здравјето на луѓето и на планетата. Брзиот одговор на пандемијата покажа дека општеството е во состојба да дејствува заедно кога ќе се соочи со сериозна криза. Дали е тоа можно дури и кога станува збор за заштита на планетата? Пораката до граѓаните е да задржат дел од своите нови навики: помалку да трошат, да патуваат помалку, да го намалуваат отпадот од домаќинствата и да купуваат повеќе во локалните продавници.. n
Најнови снимки од сателитот Copernicus Sentinel-5 кои покажуваат намалени концентрации на азотен диоксид во неколку градови во Европа
Климатолозите предупредуваат дека долгорочната пандемија ќе го забави делувањето против климатските промени. Дарежливите усвоени економски пакети не се „зелени“, а некои потези одат во спротивна насока. Американската агенција за заштита на животната средина (ЕПА) ги олабави прописите за компаниите, одлучувајќи да не ги казни заради тековната криза, освен ако не ги следат и известуваат за загадувањето на водата и воздухот. Активисти за животна средина велат дека ова невидено ублажување на регулативата за поголемите загадувачи, вклучувајќи ја и петрохемиската индустрија, е „отворена дозвола за загадување“. Невладините организации во Бразил пријавуваат слични проблеми. Староседелците од Амазонија се жалат дека пандемијата ја намалила заштитата на тропските шуми и нивните жители пред сезоната на пожари. Во некои делови, веќе се забележуваат ловците на злато бидејќи неговата цена скокна како резултат на кризата. Бразилската агенција за заштита на природата призна дека испраќа сè помалку и помалку луѓе на терен, поради ризикот од инфекција. Минатата година пожарите предизвикаа најголема штета во последната деценија. Премиерот на Чешка, земја зависна од јаглен, ја повика ЕУ да го напушти важниот закон со кој се предвидува нула емисија на јаглерод диоксид во одреден временски период. САД ќе заштедат милијарди долари од даночните обврзници од банкротот на авиокомпаниите, што најверојатно до 2050 година три пати ќе ги зголемат емисиите на штетни гасови. Еколозите предупредуваат дека начинот да закрепнат економиите од пандемијата ќе биде клучен за борба против климатските промени и дека, ако најголемите загадувачи, големите корпорации и банките се спасуваат од банкрот, светот ќе биде уште поопасно место за живеење.
ПОРТА
хортикултура
ИДЕАЛНО ВРЕМЕ ЗА ПРОЛЕТНО УРЕДУВАЊЕ
Нежна романса и релаксација во дворот Годинава едно од главните обележја на Вашингтон може да се види само по виртуелен пат. Поставени се неколку камери долж реката Потомак и езерцето во близина на споменикот на Томас Џеферсон, а официјалната веб-страница по повод настанот изобилува со безброј информации, видеоматеријали, идеи за креативни проекти и фотографии кои будат носталгија
В
о време кога модерните домови се мерат на десетици квадрати, да се има двор во урбана средина како дел од еден дом е луксуз. Дворот има свој агол на отворен простор, парче природа во домот, потенцијална градина за одгледување овошје и зеленчук и одлична област за игра на отворено за деца. Дворот може да се претвори во нежна романса која ќе се роди од
48
ПОРТА
24 април 2020
обична релаксација. Но, за да уживате во магијата на дворот, треба да се грижите за него, односно редовно да го уредувате и одржувате. Пред да ги претставиме нашите идеи за уредување, ќе забележиме дека основата на убавиот простор на отворено е тревникот. Здравиот, квалитетен и одржуван тревник е повреден од која било декорација. Тоа е природен килим на кој можете да
шетате боси, каде што децата можат да играат, може да седите на ќебе што ќе ви се најде. Покрај тревниците, основни или елементи што се подразбираат за уредување се дрвјата и цвеќињата. КАКО ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ДВОРОТ Вашиот двор треба да биде огледало на вашата креативност и тоа ќе го постигнете ако сакате да го направите оаза на отворено за да
уживате, a не само обична ливада каде растат диви растенија. Пред да почнете да размислувате како да го уредувате вашиот двор, има неколку основни упатства што треба да ги имате предвид за да создадете простор што одговара на вашата околина. Всушност, за убав градинарски дизајн не ви требаат скапи услуги за градинарство, туку конкретни идеи за уредување и придржување до основното едноставно „правило за градинарство“ - размислете пред да засадите или да изградите нешто. Планирајте засадување растенија и градење дополнителни елементи и нивно одржување во согласност со вашиот дом за да добиете кохезивна и функционална целина. ОДРЕДЕТЕ ЈА ЦЕЛТА НА ДВОРОТ Пред да почнете со идеи за дизајн во вашиот двор, размислете за што ќе се користи тој простор. Дефинирајте дали сакате да уредувате за така куќата да изгледа поубаво? Дали ќе бидете домаќини на гостите во дворот, ќе организирате скари, забави и собири? Дали ќе поставувате играчки за деца и дали ќе биде удобно да играат во таа околина? Реализирајте идеи за уредување ако знаете дека ќе имате доволно заштита од бучава, сонце, поглед на улиците и доволно време за одржување на вашиот двор? Затоа, бидете реални и украсете го вашиот двор според тоа колку навистина ќе го користите.
растенијата во просторот, бидејќи тие се оние што на крајот го дефинираат изгледот на градината. На пример, ако имате мал двор, најдобро е да изберете ниски дрвја и овошни. Ако, пак, имате голем двор, можете да засадите дрвја со неформални стебла и тоа по краевите од дворот, но сепак на растојание од оградата на два до три метри. Исто така, со дрвјата можете да направите заштита од бучава и несакани погледи. Како да изберете растенија за дворот, исто така, зависи од стилот на куќата, на пример, дворовите во модерните домови се претежно во минималистички стил, а нивната монотонија може да се скрши од имагинативно обликувани топиари и некои повеќегодишни растенија со силни бои. Вие избирате цвеќе според сончевата светлина на градината, квалитетот на земјата и
количината на грижа што ја бара. Ако градинарството е хоби за вас, можностите за одгледување на најразлични украсни растенија се огромни, но дури и ако немате многу време да се грижите за цвеќето, имате добар избор на повеќегодишни растенија кои бараат најмалку грижа. Кога ќе изберете растенија за вашиот двор и ќе ги распоредите, садењето може да почне кога времето ќе дозволи. Времето кое сега повеќето граѓани во овој период го поминуваат во своите домови поради воведување карантин и забрана за движење, а сè со цел спречување на корона вирусот, може да се искористи токму за осмислување на градините. Само малку имагинација и некои добри совети се доволни за целосно да го промените изгледот на вашиот двор каде сакате да се опуштите и да го поминете слободното време.
КАКО ДА ИЗБЕРЕТЕ РАСТЕНИЈА ЗА ВАШИОТ ДВОР Како што споменавме, ако сакате да имате убав и функционален двор, треба да го одржувате, што за споменатите растенија значи да се грижите за земјиштето, садење, косење на тревата, ѓубрење и поткастрување на дрвјата и цвеќињата. Прилагодете ги ПОРТА
репортажа
НЕЗАБОРАВНА ГЛЕТКА НА РЕДОВИТЕ САДНИЦИ
Вашингтон ја слави пролетта со Годинава едно од главните обележја на Вашингтон може да се види само по виртуелен пат. Поставени се неколку камери долж реката Потомак и езерцето во близина на споменикот на Томас Џеферсон, а официјалната веб-страница по повод настанот изобилува со безброј информации, видеоматеријали, идеи за креативни проекти и фотографии кои будат носталгија
Јулија ВЕЛКОВСКА, (Специјално за Порта 3 од Вашингтон)
Н
ишто подобро не го претставува доаѓањето на пролетта во Вашингтон, од црешовиот цут и тринеделната манифестација за таа пригода. Незаборавна е глетката на редовите садници, градот како да се буди од миризбата на деликатните бели и розови
50
ПОРТА
24 април 2020
цветови, па видливи се насмеаните и спокојни лица на преку 1,5 милиони посетители годишно. Помалку чудно е да се замисли дека пред повеќе од еден век, овој дел на главниот град на САД, бил речиси пуст. Фестивалот „Црешов цут“ се одржува од 1927-ма, наваму, и претставува олицетворение на американско-јапонското пријателство. Вклучува маркантна парада, бројни музички настапи, уметнички изложби, едноставно нуди многу забава. Требаше да трае од 20-ти
март до 12-ти април. Но, годинава сите ќе ја паметиме по глобалната пандемија, и од безбедносни причини, како и секаде во светот, јавните собирања се забранети, музеите затворени. Како резултат, едно од главните обележја на Вашингтон може да се види само по виртуелен пат. Поставени се неколку камери долж реката Потомак и езерцето во близина на споменикот на Томас Џеферсон, а
„Црешов цут“
официјалната веб-страница по повод настанот изобилува со безброј информации, видеоматеријали, идеи за креативни проекти и фотографии кои будат носталгија. Организаторите отпрвин беа оптимисти дека со придржување до мерките на претпазливост, барем дел од активностите ќе можат да се реализираат, но кусо потоа, откако посетителите сепак не можеа да ѝ одолеат на природата и доаѓаа во поголеми групи, околните патеки и улици беа комплетно затворени за сообраќај. За да се подготви еден ваков фестивал, потребна е речиси цела година. Надлежните рекоа дека и покрај предизвиците, остануваат определени на мисијата, чија цел е поврзување и културолошко збогатување на двата народа и на луѓето воопшто. „Исто како што црешовите дрвја претставуваат симбол на отпорност, надеж и обнова“, велат тие, „така и настаните, иако поинакви, ќе продолжат да ја негуваат традицијата“. 24 април 2020
ПОРТА
51
КАКО ПОДАРОКОТ ОД ЈАПОНИЈА СТАНАЛ ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА? Приказната за почетоците на оваа традиција е извонредна, исто како и самите црешови дрвја и можеби никогаш немало да се случи, да не постоеле неколкумина ентузијасти. Дејвид Феарчајлд од Американскиот оддел за земјоделство, е еден од нив. Бил
ПОРТА
познат по љубопитноста за нови култури коишто би имале економска полза за одгледувачите. Оптимизмот вродил со плод, и во САД донел разни видови зеленчук и овошје, како манго од Индија, праски од Кина и авокадо од Чиле, на пример. Во црешовите дрвја или сакура, Феарчајлд се вљубил во 1902 година кога
ја посетил Јапонија, со себе успеал да земе 125 дрвја и ги засадил во својот двор во сојузната држава Мериленд. Штом се појавил цут, веднаш порачал уште 300 нови, и им ги подарил на локалните власти. Елиза Скидмор, првата жена автор, фотограф и член на бордот директори на магазинот „Национална географија“, е исто
Елиза Скидмор
така една од главните промотори за црешовите дрвја во САД. Подолго време живеела и работела во Јапонија, а овие дрвја толку многу ја импресионирале, што ги нарекла „најубавото нешто на светот“. Во 1885 година предложила тие да бидат засадени во Вашингтон, но властите ја одбиле. Сепак, тоа не ја обесхрабрило, и во 1909 година почнала да собира донации. За среќа на сите нас денес, во пресрет на иницијативата ѝ излегла тогашната прва дама на САД, Хелен Тафт. Токму таа година, градоначалникот на Токио му подарил на Вашингтон две илјади цреши, меѓутоа на разочарување на многумина, садниците биле заболени и морало да се уништат. Втората пратка од 3.020 дрвја пристигнала во 1912 година и е всушност почеток, не само на зацврстеното пријателство меѓу двете земји, туку и на традицијата тоа да биде секоја година прославувано. Подарокот бил обновен во 1965 година, со уште 3.800 цреши. Првите две дрвја ги засадиле госпоѓа Тафт и сопругата на јапонскиот амбасадор во САД, на 27-ми март, 1912-та година, на западната страна на Потомак. Фестивалот „Црешов цут“ се родил токму од оваа скромна церемонија на којашто присуствувале само неколкумина. ПРИРОДНА УБАВИНА ВО ТРАЈНО НАСЛЕДСТВО Денес, според податоците на Американските национални паркови,токму долж реката Потомак и околината, распространети се околу15 видови на околу 3.700 цреши.
Најдоминантни, или 70 проценти од вкупниот број, (но и најомилени за посетителите), се дрвјата jошино. Животниот век на црешите во просек е меѓу 15 и 20 години, но некои од оригиналните садници сè уште цветаат. Убавината на црешовиот цут е моќен симбол поистоветен со минливоста на човековиот живот, воедно претставувајќи ја трансформацијата на јапонската култура
низ вековите. Уживам и ги фотографирам овие дрвја во Вашингтон години наназад, но од оправдани причини,овој пат ви нудам неколку фотографии од неодамнешното минато. Останува да се надеваме дека следната година сè, па и овој магнет за сетилата, ќе се врати во нормала и ќе можеме повторно физички да го почувствуваме. n
ПОРТА
уметност
Позитивни настани полни со ведрина, енергија и искрена радост Мајсторот на монументални скулптури, Британецот Антони Гормли целиот свој опус го базира на интроспекцијата кон сопственото тело и позиционирањето на човекот во односот на просторот. Наспроти него Данецот со исландско потекло Олафур Елијасон во своите дела ја рефлектира природата и односот на индивидуата, како и нејзината перцепција на надворешниот простор и отвореното пространство
д-р Петрула КОСТОВСКА, историчар на уметност (специјално за Порта 3 од Лондон)
В
о време на глобална пандемија од нечуени размери, во нашите меѓусебни разговори и од социјалните коментатори, слушаме дека, откако ќе ја пребродиме кризата со корона вирусот Ковид 19, ништо нема да биде исто. Нема да бидат исти блиските контакти меѓу саканите и пријателите, нема да биде ист нашиот однос кон природата, нема да биде ист економскиот поредок поради очекуваната светска рецесија, нема да биде иста нашата верба односно недоверба кон властите. Според некои мислења светот ќе биде поограничен, помалку слободен и ќе владее недоверба. Други пак сметаат дека ќе го преиспитаме нашиот однос кон нашата цивилизација, а пред сè кон планетата Земја. Но, секојдневно сè повеќе станува јасно дека приоритетите се менуваат и дека времето поминато со најблиските и секојдневните разговори со пријателите макар и на далечина се бесценети. Најважно од сè е дека ѝ дадовме на природата малку време да се одмори од нас. Нивото на загаденост во големите градови драстично се намали, а дивиот свет се врати таму каде најмалку се очекуваше. Со две неодамнешни изложби во Лондон, Антони Гормли и Олафур Елијасон, големи имиња во светската современа уметност, пророчки се осврнаа на некои од овие прашања во изложбените простории на Ројал Академи (21 септември - 3 декември 2019) и Тејт Модерн (11 јули 2019 - 5 јануари 2020). Мајсторот на монументални скулптури, Британецот Антони Гормли целиот свој опус го базира на интроспекцијата кон сопственото тело и позиционирањето на човекот во односот на просторот. Наспроти него Данецот со исландско потекло Олафур Елијасон во своите дела ја рефлектира природата и односот на индивидуата, како и нејзината перцепција на надворешниот простор и отвореното пространство. АНТОНИ ГОРМЛИ – НЕГОВАТА НАЈАМБИЦИОЗНА ИЗЛОЖБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ГОДИНИ Од британското крајбрежје до покривите на Менхетен, скулптурите на Антони Гормли
ПОРТА
АНТОНИ ГОРМЛИ И ОЛАФУР ЕЛИЈАСОН ВО ЛОНДОН
се препознаваат ширум светот. Работата од неговата 45-годишна кариера заедно со нови инсталации беа презентирани во Ројал Академи во Лондон, на неговата најамбициозна изложба во последните години. Повеќето од изложените дела на Гормли се интимни автопортрети бидејќи се изливи од неговото сопствено тело, практика што ја применува уште од самите почетоци на творештвото. Тие ја комуницираат неговата намера да го истражи физичкиот простор кој го зазема телото како „сад на чувства“. Гормли самиот го опишува телото како „место“ на доживување, на емоции, на свесност, на меморија и на имагинација. Неколку дела привлекуваат внимание, возбудуваат и создаваат бура на емоции. „Железно бебе“ од 1999 година е одливок на минуциозното 6-дневно тело на ќерката на Гормли и ја претставува маленкоста и ништожноста на човештвото наспроти величината на универзумот. Мое омилено дело во оваа изложба е „Чистина 7“ од 2019 година, пред сè заради повеќезначноста, но и постоењето на истото во илјадници итерации секоја одново нова и единствена. Делото се состои од 8 км алуминиумска жица која е завиткана во континуирани кружници - калеми кои се одвиткуваат онолку колку дозволува волуменот на собата во која е изложено делото. Самиот автор го нарекува „цртеж во простор“, а на едно ниво може да се интерпретира невино, како детски шкрабаници, но во истовреме ја содржи и суштината на микрокосмосот на молекуларно ниво преку репрезентација на орбитата на електронот. Низ „чистината“ се движиме, ја прескокнуваме, се наведнуваме, ја избегнуваме, го пополнуваме празниот простор и стануваме дел од динамичкото – живо дело. „Изгубен хоризонт 1“ од 2008 година е курирано дело на повеќе „антониеви“, челични актови позиционирани по оската x, y и z, кои го рушат физичкиот простор и живеат и престојуваат секаде само не во хоризонталната рамнина која беше толку карактеристична за неговите
„Железно бебе“ - Гормли
„Чистина 7“ - Гормли
„Изгубен хоризонт 1“ - Гормли
24 април 2020
ПОРТА
55
„Пештера“ - Гормли телесни инсталации надвор од галериските простори. „Пештера“ од 2019 година е силна, моќна инсталација со гигантски пропорции. Таа е репрезентација на внатрешноста на човечкото тело преку прекршени архитектонски структури низ кои патуваме немо и без сетилото за вид, движејќи се тактилно со помош на допирот што е метафора на патувањето на човештвото во времето и во вселената. Изложбата е курирана од Мартин Кајгер-Смит, со Сара Леа, кустос во Ројал Академи.
рекреирањето на природни феномени имаа главна улога. Во 1999 година, Елиасон документираше 45 глечери на Исланд правејќи фотографска серија. Дваесет години подоцна наносекунда во геолошко време - тој повторно се врати да ги фотографира. Серијалот за топење на глечерите 1999 - 2019 година, рамо до рамо, објавува фотографии од 30 глечери од 1999 и 2019 година, откривајќи ги драматичните
промени што се случиле. Тој и денес продолжува да се занимава со овие феномени и креира обвивни инсталации, скулптури, фотографии, а поретко и слики во три интересни сфери: преокупација со природата, задлабочување во геометријата и оптиката и истражување на светот околу нас. „Биг Бенг фонтана“ 2014 година е едно навидум тактилно дело, а всушност оптички ефект кое ве остава вчудоневидени. Создадено со помош на потполно мрачна просторија во чиј центар се наоѓа пулсирачки млаз вода осветлена само за момент со стробо светлина, таа (фонтаната) креира непредвидливи и единствени скулптурални форми со нестварна, но енергична убавина. „Глацијални струи (црно, зелено)“ и „Глацијални струи (жолто, окер)“ 2018 година се акварели чија идеја и егзекуција е толку едноставна, но резултатот е бледа нестварна убавина која сепак има егзистенцијална димензија. За мене пораката на бронзената скулптура „Присуството на отсутното“ 2019 година е длабока и далекусежна. Создадена со помош на отисокот од парче глечер, кое во истопена контекстуална форма живее во бронзата
ОЛАФУР EЛИАСОН - „ВО РЕАЛНИОТ ЖИВОТ“ Изложбата „Во реалниот живот“ на Олафур Eлиасон во Тејт Модерн во Лондон е организирана во соработка со Гугенхајм Музејот во Билбао. За Олафур Eлиасон доживувањето е во сржта на секоја негова творба. Во неговата уметност нагласената реалност е есенцијална за перцепцијата на делото, при што уметникот нè повикува да се внесеме со сите наши сетила и да го видиме, допреме, чуеме, мириснеме и почувствуваме делото и на тој начин да се поврземе со извориштето на тоа дело во природата. Во средината на 90-тите Олафур ѝ се претстави на меѓународната уметничка сцена со дела во кои проектираната светлина и „Твојот планетарен прозорец“ - Eлиасон Глечери на Исланд, фотографска серија- Eлиасон
56
ПОРТА
1999 г.
2019 г.
„Глацијални струи (жолто, окер)“ - Eлиасон единствено како меморија, ова уметничко дело е трогателно потсетување на секојдневното неповратно губење на природните екосистеми. „Твојот планетарен прозорец“ 2019 година, пак е сложен калеидоскоп кој ја рефлектира сликата од надворешната средина, но во истовреме фрагментираниот одблесок на непосредната околина постојано се рефокусира и репозиционира во однос на движењето на набљудувачот. Во тој момент нагласената свесност за себе и за другите околу тебе создава ново чувство на одговорност. Фокусот на Гормли е врз човекот и неговото секојдневно преиспитување на потребата за егзистирање. Оптимистичката идеја и желба на Елијасон е човекот да живее во склад и во дослух со природата. И двете изложби беа позитивни настани кои го оставаат посетителот полн со ведрина, енергија и искрена среќа и радост. Да се надеваме дека овие емоции ќе доминираат во месеците кои доаѓаат. Изложба курирана од Марк Годфри, постар куратор и Ема Луис, асистент куратор во Тејт Модерн. n
„Биг Бенг фонтана“ - Eлиасон
„Присуството на отсутното“ - Eлиасон
24 април 2020
ПОРТА
57
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА