ПОРТА Г РА Д Е ЖН И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КОЛ О Г И Ј А
228
ЈАНУАРИ 2015
Враќање во живот на хотелот „Илинден“ Идис Турато - креатор на нови светови Тривијален иконографски фејслифтинг СЦ „Јане Сандански“ најуспешно архитектонско дело
90 ДЕНАРИ
ГОДИНА X
БРОЈ 228 ПЕТОК 30.01.2015 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Во предвечерието на новата година, Спортскиот центар „Јане Сандански“ беше прогласен за најуспешно архитектонско дело во 2014 година, создадено од архитектонското студио „Радо инженеринг“. Жирито во образложението на наградата истакнува дека станува збор за „технолошки објект составен од два габарита, хоризонтален и вертикален, а кои оддаваат израз на функционална и архитектонска целина“. „Порта 3“ во две продолженија ќе ја објави сторијата за култниот хотел „Илинден“, некогашниот симбол на туризмот во Крушево и Македонија. Ќе се обидеме да одговориме на повеќе прашања. На пример, зошто Крушево не може да стане едно Банско, Мецово или, не дај боже, Андора, а ја има и отповеќе нивната убавина? Зошто убавата идеја за обнова застана во завршна фаза? Зошто ентузијазмот и животниот проект на проектантското биро „Ајвар“ сè уште не се заврши? Зошто? Зошто? ... Секој што се упатил на викенд или одмор во Маврово, не може а да не ја забележи куќата што привлекува особено внимание. Во населбата „Маврови анови“, непосредно над патот, е поставена прекрасната викенд-куќа на семејството Зенку од Гостивар, која претставува совршено
прибежиште од градскиот метеж и секојдневниот стресен живот. Идис Турато, архитект од Риека, ја имаше честа со свое предавање да ја затвори минатогодишната Белградска недела на дизајн. За „Порта 3“, Турато говори за разликата помеѓу архитектурата во Хрватска и регионот, како е возможно денес да се живее од архитектура, зошто е битно архитектите да влезат во политиката, зошто го смета сегашниот систем софистициран, и како од панкер кој свирел со членовите на бендот LET3 дотурка до посветен архитект. Таканаречената стратегија на шминкање на празнините во Скопје е можеби во ред, но само доколку имаше генерална стратегија која ќе ги координира поединечните проекти и можни решенија за специфичните локации, се разбира, со зголемено учество на граѓаните и експертите пред сè. Вака како што се изведува личи на тривијален иконографски фејслифтинг. Од овој број „Порта 3“ почнува со серија текстови посветени на стандардите и нормативите за паркирање со еден поинаков поглед на оваа проблематика. За почеток е текстот за желбата да се надмудрат нормите.
ГРАДЕЖНИШТВО 12 СИГУРНА И СТАБИЛНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ОБЈЕКТИТЕ
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: GUMNO HOUSE OСТРОВ КРК, ХРВАТСКА
ПОРТА
228
ЈАНУАРИ 2015
Враќање во живот на хотелот „Илинден“
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Идис Турато - креатор на нови светови Тривијален иконографски фејслифтинг СЦ „Јане Сандански“ најуспешно архитектонско дело
фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
90 ДЕНАРИ
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. проф. д-р Катерина ДОНЕВСКА дипл.град.инж.
Автор: ИДИС ТУРАТО
ОД РЕДАКЦИЈАТА
20
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. ВаСил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
АРХИТЕКТУРА 20 ВРАЌАЊЕ ВО ЖИВОТ НА ХОТЕЛОТ „ИЛИНДЕН“
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
ИНТЕРВЈУ 26 ИДИС ТУРАТО - КРЕАТОР НА НОВИ СВЕТОВИ
Печати: Маркетинг:
МАКЕДОНСКИ ДОМОВИ 38
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
СОВРШЕНО ПРИБЕЖИШТЕ ОД ГРАДСКИОТ МЕТЕЖ
УРБАНИЗАМ 42 ТРИВИЈАЛЕН ИКОНОГРАФСКИ ФЕЈСЛИФТИНГ
СООБРАЌАЈ 46 ЖЕЛБА ДА СЕ НАДМУДРАТ НОРМИТЕ
РЕПОРТАЖА 58 КОЛОРИТЕН МЕДИТЕРАНСКИ РАСКОШ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Биљана СТОЈАНОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Ивана ГРУПЧЕ Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
42
38 46
58
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
„СКОПЈЕ 2014 - ОБРАСЦИ НА РАСТ“
Создавање на големата слика на градот
На работилницата што се одржа во соработка со Техничкиот факултет од Делфт (Холандија), преку читање и пишување, колажирање, цртање и моделирање, се дојде до резултат кој се чинеше недостижен во првиот момент, но подоцна нè изненади нивото што го достигна финалниот производ Наталија ЗАФИРОСКА
И
нтегративното студио „Скопје 2014 - обрасци на раст“, кое се одвива во деветти семестар под менторство на професорите Огнен Марина, Слободан Велевски и Марија Ману Велевска, го проучува феноменот на растење на градот врз истражувања спроведени низ седум делови на Скопје: Тафталиџе,Чаир, Кисела 4
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Вода, Хром, Расадник, Аеродром и Буњаковец и Дебар Маало. Секој од овие делови претставува еден систем кој функционира сам за себе, а истовремено учествува во создавањето на големата слика на градот. Населбите беа анализирани поединечно, мапирани и проучени како мало општество во друго поголемо, кое има други навики, раскажува други приказни, зборува за едни други социјални односи. Она што ја прави работата во студиото
уште повозбудлива е соработката со Техничкиот факултет во Делфт, Холандија, под менторство на професор д-р Класке Мариа Хавик. Станува збор за долгогодишен соработник на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде присуствувала но и самата била ментор на неколку летни школи во Осоговски, 2004-House in the edge of transition, 2009 - Terristories, а како гостин предавач беше присутна и на овогодишната летна школа Chapel of Nature. Уредник на
инфо
престижното списание за архитекура OASE, нејзиното творештво е повеќе фокусирано на анализа и разбирање на просторот преку литература, па така и нејзиното образование е заокружено со докторат насловен „Урбана писменост“. Нејзиното име стои зад изложбата „Елементи“ на Венециското биенале како ко-куратор на темата „Балкони“. На првото предавање, Класке Хавик зборуваше за урбани атмосфери и за искусување на просторот преку сите сетила. Што е тој поим, кој сите го препознаваме но тешко можеме да го опишеме, како можеме да ја фрагментираме атмосферата кога ја
сфаќаме како целосност, што подразбираме под квалитетна архитектура? Toa се само неколку од прашањата што се разоткриваа во предавањето. Кога зборуваме за атмосфера, не мислиме само на соба туку и на присуство. Квалитетната архитектура подразбира посредување помеѓу архитектите и корисниците, меморијата и моменталното, јавниот простор и луѓето, експертноста и наивноста, професионалноста и аматеризмот помеѓу целината и делот. Второто предавање беше под наслов „Transdisciplinary encounters“, каде низ
неколку студентски проекти лоцирани во Естонија и Македонија беше прикажано, како преку разбирање на етничката, политичката и културната смисла се доаѓа до конечната архитектонска форма. Главна алатка во овие проекти беше границата како елемент кој одвојува и исклучува во едно просторно поле. За време на работилницата што се одржа минатиот месец, студентите беа поделени во седум групи, каде секоја од нив соодветствуваше на посебното парче град, а учествуваше и по еден студент од Делфт. Добрата теоретска поткрепа на гостите студенти, како и практичноста и функционалниот начин на работа, што е одлика на нашата школа во Скопје, даде еден извонреден резултат за само неколку дена. Иако навидум неспојливи, соработката помеѓу двата факултети не само што најде заеднички јазик, туку и произведе извонредни проекти и презентации кои ќе бидат од полза за понатамошната работа на двете групи. Преку читање и пишување, колажирање, цртање и моделирање, се дојде до резултат кој се чинеше недостижен во првиот момент, но подоцна нè изненади нивото што го достигна финалниот производ.
ПОРТА
инфо
ВРАЧЕНА ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА НА ААМ ЗА 2014 ГОДИНА
СЦ „Јане Сандански“ најуспешно архитектонско дело
Спортскиот центар претставува сложен технолошки објект составен од два габарита, хоризонтален и вертикален, кои оддаваат израз на функционална и архитектонска целина
Г
олемата годишна награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за реализирано архитектонско дело во 2014 година му припадна на архитектонското студио „Радо инженеринг“, за Спортскиот центар „Јане Сандански“. Одговорни проектанти се Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ. Наградата на добитниците им ја врачи претседателот Ѓорге Иванов, кој е покровител на оваа традиционална манифестација. Покрај спортскиот центар „Јане Сандански“, во трка за наградата оваа година беа и новиот објект на Министерството за финансии во центарот на Скопје, комплексот „Капитол мол и резиденс“ во населбата Аеродром и новото здание на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Обраќајќи се пред присутните на свеченоста на доделувањето на наградата во Музеј на Град Скопје, претседателот Иванов истакна: „Архитектот создава дела од човекот за човекот, за сегашните, но и за наредните генерации. Оттука, архитектот е создавач и уметник, а неговата дејност е меѓу најважните во животот на луѓето и во развојот на општеството. Архитектот ги замислува и ги
6
ПОРТА
30 jaнуари 2015
инфо
Објекти кои конкурираа за Големата годишна награда во 2014 година МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ Локација: улица Луј Пастер бб, општина Центар - Скопје Автори: архитект Зоран Петров и архитект Ана Димовска Инвеститор: Министерство за финансии на Република Македонија
ТЕАТАР Ј.Х.К. ЏИНОТ – ВЕЛЕС Локација: улица Благој Ѓорев бб – Велес Автори: архитект Илија Стојчевски и архитект Моника Стојчевска Инвеститор: Министерство за култура на Република Македонија
СПОРТСКИ ЦЕНТАР „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ Локација: Булевар Гоце Делчев и булевар АСНОМ, општина Aеродром - Скопје Автори: Архитектонско студио „Радо Инженеринг“, одговорен архитект Ѓоко Радовановиќ со архитект Горан Тодоровиќ Инвеститор: Сергеј Самсоненко со јавно приватно партнерство со општина Аеродром во Скопје
КАПИТОЛ МОЛ – ТРГОВСКИ ЦЕНТАР СО ВРЕМЕНО СМЕСТУВАЊЕ (ХОТЕЛСКИ СТАНОВИ) Локација: Булевар Јане Сандански, општина Аеродром – Скопје Автори: м-р Жаклина Ангеловска и Гувер Гунрах, соработник Кристина Кадиева Инвеститор: Сити Плаза ДОО, Скопје, Република Македонија
оформува просторот и амбиентот во кои секојдневно живееме, престојуваме и дејствуваме“. Образложувајќи ја одлуката на Комисијата за доделување на наградата, архитект Вера Ќосевска нагласи дека при валоризацијата на реализираните проекти биле земени предвид неколку критериуми, кои имаат влијание врз успешната реализација на проектираните објекти, како што се: вклопеност на објектот во локалитетот на кој е изграден, архитектонските квалитети и изглед на објектот, неговиот волумен, функционалноста на објектот во корелација со неговите ентериерни и екстериерни карактеристики, умешноста во правилна примена и избор на градежни детали и материјали, економичност и слични архитектонски параметри. Врз основа на сите тие критериуми, како најдобра проектантска творба, таа го издвои спортскиот центар „Јане Сандански“.
30 jaнуари 2015
ПОРТА
7
инфо Инаку, во образложението на Комисијата, составена од архитектите Вера Ќосевска, претседател, и членовите Радован Раѓеновиќ, Ангел Ситновски, Снежана Ивановска и Јана Гугуловска Ѓорѓевиќ, се вели: „Спортскиот центар претставува сложен технолошки објект составен од два габарита, хоризонтален и вертикален, а кои оддаваат израз на функционална и архитектонска целина. Хоризонталниот габарит е исклучиво спортски објект со
содржини дефинирани со прописите на европската ракометна и кошаркарска федерација, додека вертикалниот габарит е наменет за привремен – хотелски престој на спортистите и нивните раководства. Синхронизирани се и усогласени според бараните прописи сите потребни спортски функции, а постигнат е и современ архитектонски израз на објектот, вклопен во урбанистичките услови на локацијата. Во обработката на објектот, применети се
современи градежни материјали кои обезбедуваат термоизолациони, противпожарни и сите други потребни услови кои одговараат на европските стандарди. Со својот надворешен архитектонски израз тој предизвикува доживување на еден успешен архитектонски објект“. „Порта 3“ во еден од претходните броеви детално го претстави наградениот објект.
Ѓоко Радовановиќ: Еве зошто е некогаш добро да бидеш архитект Заблагодарувајќи за добиената награда, архитектот Ѓоко Радовановиќ пред присутните даде свој одговор на едноставното прашање: Зошто е некогаш добро да бидеш архитект? - Прво ќе најдеш инвеститор кој е подготвен да плати за работа која знаеш и умееш да ја работиш, во тоа уживаш и на крај ја спроведуваш во финален производ. Жири составено од респектабилни архитекти потврдува дека тоа е добро завршена работа, а претседателот на држвата ти ја доделува Големата годишна награда за архитектура. Тоа е момент кој останува врежан во мојата меморија, меморијата на фамилијата и во меморијата на фирмата. После сето тоа следува коктел кој не мораш да го платиш. Еве зошто е некогаш добро да бидеш архитект.
8
ПОРТА
30 jaнуари 2015
U w на
0W,/(7m 3 K) 2
Сис тем 76 М Д
Нова генера ц ија на ПВЦ прозорц и и врат и. Иднинаат ата на Пр Прозорци со ссилни брендови:
Претставник Омер Туу тиќ • Уллица 7 бр.8 р Н.Луу бош • 100 00 Скопје • Македонија • Моби илен Телефон : +38 97 03 99 60 5 eMaill : omer.tutic@profi ofine-grou up.com • Websit eb e : www w.profi fine-grou up.de
ПОРТА
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
28 ноември 2014
ПОРТА
5
5
градежништво
ПРИМЕНА НА СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ИСКОП
Сигурна и стабилна експлоатација на објектите Радува фактот што напорите на стручната, научната и општествeната јавност да се подигне нивото на сигурноста на сообраќајниците, сè повеќе наидува на разбирање и од инвеститорските тимови каде се планираат објектите од државно значење. Притоа, се прифаќа фактот што почетните поголеми вложувања во изведба, долгорочно носат големи заштеди во фазата на одржување и овозможуваат далеку посигурно одвивање на сообраќајот. Треба да се нагласи дека во изведбата на овие дела учествуваат познати странски компании, но и нашата оператива сè повеќе ја чувствува потребата од инвестирање во опрема за примена на современите технологии.
В
проф. д-р Милорад ЈОВАНОВСКИ о годините кога градежништвото како значајна стопанска гранка кај нас придонесува најповеќе за одржлив развој на општеството и полека го добива своето заслужено место, вредно е да се истакнат некои податоци за технологијата за изведба на капитални инженерски дела кои се веќе изведени или се во фаза на изведба. Познато е дека минатата година се изведени лачната брана „Света Петка“ на река Треска, браната „Кнежево“ и други објекти, а во моментов се изведуваат автотатите од Демир Капија до Смоквица, Кичево до Охрид, Миладиновци до Штип, железничката линија од Куманово до Бељаковце и други магистрални и регонлани патишта. Вреди да се истакне, дека се подготвени проекти за изведба на гасоводниот систем, голем број магистрални патишта и друго. Особено треба да се истакне дека, за да се дојде до нивна реализација претходеа фази на комплексно
повеќеслојно планирање и преземање многубројни активности од стратешки, техничко-економски, социјален и друг аспект во тек на подолг временски период. За развој на инженерската професија, многу е значајно дека при изведба на овие објекти се применуваат најсовремени технологии за заштита на теренот и објектите и специјални техники на ископ.
ПРИКАЗ НА НЕКОИ СОВРЕМЕНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА ИСКОП Познато е дека при изведување на масовни минерски работи на површинските копови, расеци, засеци, подземни ископи и др., доколку се работи неконтролирано, се создаваат сеизмички потреси и дополнителни механички оштетувања на карпите. Како резултат на минирањето се создаваат пукнатини кои се шират во длабочината на карпестиот масив и доаѓа до нарушување на стабилноста на средината. Во тунелоградбата, при лошо минирање, се создава голем прекоп, кој подоцна мора да се заполни со вишок на бетон. Така, покрај
а
Слика 1 а - Мермери од ископ за темелна јама на браната „Св.Петка“ со техника на претходно создавање на пукнатини; б - Мермери oд пристапен пат за браната „Св. Петка“ изминирани со класична техника на минирање 12
ПОРТА
б
градежништво a
б
Слика 2 а - Ископ за подземен објект миниран со метода на мазно минирање; б - Опточен тунел на Саска Река, изминиран со класична техника на минирање
нарушување на стабилноста на ископот, се предизвикуваат и неповолни економски ефекти. Може да се каже дека при примена на несоодветни техники на ископ се јавува потреба и од зголемен обем на работи за подобрување на карпите. Од овие причини, во практиката се користат поголем број методи на контролирано дејство на експлозијата. Со нивна примена се добиваат мазни површини на карпестата маса, без нејзино големо дополнително оштетување. Овие методи добиле разни имиња, како што се: контурно минирање (анг. perimeter blasting), мазно минирање (анг. smooth blasting) и минирање со претходно создавање на пукнатини (анг. prespliting). Методите на контролирано минирање првпат почнале да се применуваат меѓу 1950 и 1960 година во Шведска и во САД. Резултатите од минирањата на контурен ред мински дупнатини зависат од многу фактори и тоа: видот на експлозивот, густината на полнењето, брзината на ширење на брановите, растојанието меѓу дупнатините, пречникот на дупнатините, дијаметарот на патроните, од експлозивот, распоредот и обликот на полнењето во рамнината што се минира и др. За илустрација, техниката на контурното минирање е применета при ископ на темелните зони на браната „Света Петка“ (Слика 1), а изглед на добро и на лошо изминирани карпести масиви е прикажан на сликите 1 и 2. На нашите автопатишта, кои се изведуваат во моментов, се применуваат следните постапки: l контролирано минирање, со техники на
l
претходно засечување на косините со контурно минирање; заштита на косините како што напредува ископот од горе надолу (англиски т.н. top
а
б
Слика 3 а - Заштитни бариери од мрежи составени од апсорбирачки прстени со голема моќ за задржување на одронети блокови, б - детаљ на еден апсорбирачки прстен
l l l l
to down пристап на ископ и заштита); заштита со челична мрежа; сидрење на потенцијално-нестабилните блокови; примена на прскан бетон во комбинација со арматурна мрежа и сидра; изведба на берми на одредени висини од косината.
Кај новите објекти во фаза на изведба се проектираат заштитни галерии, замки за блокови во дно на косината, облагање на косините со геосинтетички материјали, современи технологии за потпирање и др. За задржување на поголеми блокови се применуваат различни решенија со заштитни огради и прегради кои имаат капацитет на апсорпција на блок со маса од 250 kg, кој се движи со брзина од 20 m во секунда. Постојат и поробусни огради кои кај нас се поставени на порталните делови на тунелите од Демир Капија до Смоквица, а се планира нивна изведба и во зона на приспапаниот пат за браната „Света Петка“. Како проектни решенија се предвидени на патот од Охрид до Пештани, кој е во завршна фаза на проектирање.
Овие бариери имаат имаат капацитет за апсорбирање и запирање на блокови со маса и од 6.250 kg, а кои се движат приближно со брзина од 20 m во секунда. Заштитните (апсорбирачки) прстени имаат капацитет на апсорпција на блок со маса и до 6 тони кој се движи со брзина од 20 m во секунда. Кога блокот ќе удри во нив, тие се деформираат пластично и ја смируваат енергијата на блокот. Скривалиштата (галериите) досега кај нас не се изведувани, но сега се предвидени
Слика 4 Пример за заштитна галерија од одрони 30 jaнуари 2015
ПОРТА
13
градежништво Неколку примери за современи техники за ископ, кои се во фаза на изведба, се прикажани на наредните фотографии.
Слика 5 Ископ на косина
Слика 6 Инсталација на геомрежа на насип од армирана земја
како техничко решение на патните правци од Раец до Плетвар и на екпресниот пат од Охрид до Пештани. Од прикажаните примери може да се согледаат предностите на примената на современи технологии за ископ и заштита во однос на класичните методи, кои се состојат во следново: l l
Слика 7 Изведба на насип од армирана земја и расеци со берми 14
ПОРТА
30 jaнуари 2015
се обезбедува стабилноста на завршните контури на етажите и косините на ископот; се намалува создавањето и ширењето на пукнатини во внатрешниот дел на карпестиот масив и се сведува на минимум намалувањето на механичките својства на масивот, што е од посебно значење кај подземните отвори и фундаментите на специфичните градежни објекти;
градежништво l l l l
Слика 8 Изведба на АБ потпорен ѕид
Слика 9 Ископ на темелен ров за темели на мост со заштита од прскан бетон, арматурна мрежа и анкери
се снижуваат сеизмичките потреси; се добива рамна и мазна површина на завршната контура; се подобрува степенот на дробење на одминираната карпеста маса; комплетно се намалуваат производственоекономските трошоци.
Ова е од посебно значење кај објектите од патна инфраструктура, со оглед на тоа што кај косините се минимизира опасноста од одронување и свлекување. Во тунелоградбата, пак, вишокот на ископ се сведува на минимум, самата примарна облога многу полесно се оформува, а карпестата маса е во вистинска соработка со облогата. Нивната примена е особено значајна, бидејќи кај некои од косините на автопатите се изведуваат косини со висини и до 70 метри, што само по себе укажува на комплексноста на проблемот за нивна изведба. За илустрација, тоа се висини кои се споредливи со 20-катни објекти од високоградбата. Радува фактот што напорите на стручната, научната и општествeната јавност да се подигне нивото на сигурноста на сообраќајниците, сè повеќе наидува на разбирање и од инвеститорските тимови каде се планираат објектите од државно значење. Притоа, се прифаќа фактот што почетните поголеми вложувања во изведба, долгорочно носат големи заштеди во фазата на одржување и овозможуваат далеку посигурно одвивање на сообраќајот. Треба да се нагласи дека во изведбата на овие дела учествуваат познати странски компании, но и нашата оператива сè повеќе ја чувствува потребата од инвестирање во опрема за примена на современите технологии.
ПОРТА
градежништво
ХОТЕЛ „ТЕАТАР“ ВО БИТОЛА
Модерен пешачки мост според нацрт на Леонардо да Винчи
П
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
Познат под прекарот „Мона Лиза меѓу мостовите“, пешачкиот мост Златен Рог е идеја стара повеќе од петсто години на познатиот Леонардо да Винчи, која е реализирана дури во 2001 година. Мостот е проектиран во 1501 година, и требало да биде изграден преку Златен Рог (природното устие на Босфор) во должина од 240 метри, за да ги поврзе двата дела на тогашниот Константинопол (денешен Истанбул). Меѓутоа, поради сложеноста на дизајнот, султанот Бајазит II се сомневал во неговата сигурност и ја одбил
16
ПОРТА
30 jaнуари 2015
градежништво
понудата. Судејќи по сè, Леонардо да Винчи бил премногу напреден за градителите од тоа време. Во 1995 година, норвешкиот архитект и уметник Vebjorn Send го открил нацртот на една изложба на дизајнерски решенија од
Да Винчи. Тој се „вљубил“ во мостот и решил да го изгради во Норвешка. Но наместо огромен мост, тој направил мал пешачки мост користејќи дрво и челик наместо камен. Минијатурната верзија на мостот на Да Винчи се наоѓа на автопатот Е-18 што ги поврзува Осло и Стокхолм во близина на градот Ас.
ПОРТА
градежништво
ГЕОТЕХНИЧКО ИСТРАЖНО
Г
еотехничкото истражно дупчење претставува основна постапка за истражување под површината на теренот, со цел да се истражат литолошките единици, нивните физичко-механички карактеристики, појавата на подземни води и др. Според намената, истражното дупчење може да биде: • структурно-геолошко, • геомеханичко, • хидрогеолошко, • истражно дупчење за нафта, гас и др. Истражните дупнатини се изведуваат со посебна опрема која се нарекува машина за дупчење - дупчалка. Дупчалката може да биде монтирана на камион, санка, гасеници и сл.
Според принципот на работа на дупчачкиот прибор, истражното дупчење може да се изведува по следниве методи: • ударно, • ротационо, • комбиниран метод Ударното дупчење подразбира раздробување/раситнување на почвените материјали од дното на дупнатината со помош на ударно глето. Здробениот материјал се издувува со компримиран воздух надвор од дупнатината. Материјалот може да се изнесе и со одредена количина на вода како исплака. Ударното дупчење е многу побрзо во однос на другите методи, се користи во случаи кога нема потреба од земање на примероци од материјалот бидејќи не дава меродавни параметри за геотехничката градба на теренот. Ротационо дупчење се изведува со помош на ротирање на круна под притисок,
Слика 1 Машини за дупчење монтирани на а) камион б) гасеници
Истражна дупнатина претставува специфичен подземен отвор со кружен попречен пресек кој е карактеристично помал во однос на длабочината. Според правецот, дупнатините можат да се изведат вертикално, хоризонтално и косо.
при што се продира во почвените слоеви. Како преносен систем служат т.н. дупчачки шипки, на чиј врв се монтира т.н. јадрена цевка. Во јадрената цевка се собира издупчeниот материјал. На врвот од јадрената цевка се монтира круната, која всушност и го „сечe“ материјалот. Заради ротацијата и брзината на ротацијата, круната се загрева поради што е потребно разладување на истата. За таа цел се користи течност или исплака, која може да биде чиста вода или раствор од вода и бентонит. Исплаката се внесува под притисок низ дупчачките шипки, до дното
на дупнатината. Со тоа не само што се разладува круната, туку и се испира (изнесува) материјалот од дното на дупнатината. При геомеханичкото истражно дупчење во почвени материјали често се избегнува употреба на исплака и најчесто се применува т.н. ротационо дупчње со јадрување на „суво“. Ова се прави со цел да се задржи природната влажност на материјалот и да не се пореметат примероците кои е потребно да се испитуваат во лабораторија. Во зависност од тврдината на материјалот се користат повеќе видови на круни со различни пречници ф 146 mm/ 131 mm/ 116 mm/ 101 mm/ 86 mm и 76 mm.
Слика 3 Приказ на неколку видови круни за ротационо машинско дупчење 1) дебела круна тип B 2) тенка круна тип В 3) дијаматска круна – зрнеста 4) круна на проширување 5) круна за дупла јадрена цевка 6) дијамантска прашинеста круна 7) и 8) други дијамантски круни
Ротационото дупчење може да се изведува со јадрување и без јадрување во зависност од потребата, но најчесто со јадрување заради потребата од земање на проби. Длабината на дупчењето зависи од видот на објектот, геолошката сложеност на теренот, товарите од објектот и др.
Слика 2 Основни елементи на истражна дупнатина 1) уста 2) дно 3) пречник 4) ѕидови 5) литолошки профил 6) правец 7) длабина Слика 4 Јадро извадено од истражна дупнатина 18
ПОРТА
30 jaнуари 2015
градежништво
ДУПЧЕЊЕ Во некои случаи при изведба на ротационо дупчење може да се употребува и сврдел со различен дијаметар. Со оваа метода не може да се земат репрезентативни примерци за натамошни лабораториски испитувања. Комбинираниот метод на истражно дупчење е комбинација од претходните две методи. Хидрогеолошко истражно дупчење се изведува за да се утврди водоносниот хоризонт, нивото на подземните води, земање на примероци од вода за лабораториски испитувања и др. Покрај ова, хидрогеолошко дупчење се изведува и за вградување на конструкции на набљудувачки бунари и пиезометри за следење на нивото на подземна вода како и за следење на режимот на изданите. Како хидрогеолошко дупчење се смета и изведбата на бунари со поголеми пречници за дефинирање на квалитетот и квантитетот на подземната вода и експлоатација на подземната вода. При изведба на дупнатини со поголеми пречници, најчесто дупчењето се изведува без јадрување или со повремено јадрување во зависност од промената на литолошкиот и хидрoгеолошкиот состав на теренот. При изведба на овие истражувања најчесто се користи ротационата метода, при што се употребуваат т.н. глета за дупчење (слика 5), додека за изнесување на материјалот од дупнатината најчесто се користи исплака.
Слика 5 Глета за дупчење
Денеска, во светот најголемите количини на нафта се добиваат од подлабоките слоеви на почвата преку дупнатини. Длабината на истражната дупнатина може да биде од неколку десетици метри до неколку километри. Пречникот на дупчење зависи од методата и длабината на дупнатината. Најчесто се користи ротационата меода на дупчење. При самиот процес на дупчење, кога ќе се допре до слојот на нафта, може под притисок да излезе нафта на површината на теренот. Во случаи кога притисокот е доволно голем, може да се случи „ерупција“, при што млаз на нафта може да избие над површината на теренот во височина над десетина метри. И во иднина истражното дупчење ќе остане основна метода за дефинирање на
литологијата на теренот со цел да се осознаат карактеристиките на почвените или карпестите материјали. Во однос на перспективата за развојот на истражното дупчење, се воведуваат нови технологии и опрема. ГЕИНГ Кребс унд Кифер, како водечка компанија во областа на геотехниката во нашата држава и регионот, е позната по својот квалитет и стручност. Во изминатите 20 години компанијата изработи голем број геотехнички елаборати и проекти каде во делот на теренските истражувања изврши геотехничко дупчење во обем од десетици илјади метри. Компанијатата се движи во правец на следење и примена на современите технологии на геотехничко истражно дупчење.
ПОРТА
aрхитектура
Враќање во живот на хотелот „Илинден“!
20
ПОРТА
30 jaнуари 2015
aрхитектура
„Порта 3“ во две продолженија ќе ја објави сторијата за култниот хотел „Илинден“, некогашниот симбол на туризмот во Крушево и Македонија. Ќе се обидеме да одговориме на повеќе прашања. На пример, зошто Крушево не може да стане едно Банско, Мецово или, не дај боже, Андора, а ја има и отповеќе нивната убавина? Зошто убавата идеја за обнова застана во завршна фаза? Зошто ентузијазмот и животниот проект на проектантското биро „Ајвар“ сè уште не се заврши? Зошто? Зошто? ...
30 jaнуари 2015
ПОРТА
21
aрхитектура
Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
Ч
етириесетина години наназад. Со катедрата архитектонски векови на професор Крум Томoвски, доцент Радомир Волинец и тогаш асистент Михаил Токарев, бевме во Крушево на архитектонско снимање на старата крушевска куќа, како една од највпечатливите од старата македонска аехитектура. Уживавме во работата, но и во прекрасниот амбиент на највисокиот град на Балканот. Централно место за престој и
22
ПОРТА
30 jaнуари 2015
дружење ни беше хотелот „Илинден“, на почетокот на коријата, прв објект од ваков вид изграден во Македонија уште во далечната 1949 година. Во тоа време бренд на крушевскиот туризам. Не се сеќавам на нивото на условите во хотелот, но во сеќавање ми остана главното место на нашите средби за дружење и сликање - терасата, со прекрасен поглед на гра-
aрхитектура
дот под нас. Крушево во тие времиња беше жив и динамичен град, полн со млади и многу посетители и лете и зиме. Со идеалната надморска височина, преубавата местоположба со прекрасни погледи кон Прилепското поле, неповторливата убавина на природата, историјата на нашето најславно Илинденско востание и архитектониката на градот, Крушево е единствен планински бисер за Македонија, па и пошироко. Природна воздушна бања, со извонредни потенцијали за зимски и летен туризам, спорт и рекреација. А тука се и прекрасните крушевчани со отворена душа и голема гостопримливост. Сите предуслови за успешена приказна. Минуваа години. Македонија се осамостои. Крушево сè повеќе паѓаше во заборав. Од многуте планови, надежи, ветувања за безцаринска зона, балканска Андора, не остана ништо. Убавите хотели „Панорама“ и „Монтана“ полека пропаѓаа. Хотелот „Илинден“ се затвори. Младите се иселуваа без поврат. Градот умираше. И тогаш, во 2006 година, се појавија Бато, Ранчо, Ѓорги и дружината од македонскиот проектантски бренд „Ајвар“, кои и самите беа дел од приказната од почетокот на текстот, и влегоа во пректот за „враќање во живот на хотелот Илинден“. Се формира наменска хотелско- угостителска (изведувачка) фирма „Корија“, која го откупи веќе руинираниот хотел со идеја да му го врати старото значење и реноме. Направена е детална анализа и економски елаборат, и кон крајот на 2007 година проектот беше готов. Веднаш се започна со обемна и тешка реконструкција на постоечкиот објект, а во текот на 2008 година репарацијата и изведбата на ново доградените и надградените делови до ниво на карабина беше завршена. За прв пат по долгогошното умирање, со овие зафати се врати позитивната енергија и надежта за враќање на стариот сјај на историскиот град. Се врати надежда за враќање на симболот за туризам во нивниот скоро изгубен град. „Ајвар“ со 30 jaнуари 2015
ПОРТА
23
aрхитектура
сиот свој животен багаж, како докажани архитекти- проектанти, изведувачи, но сега и како инвеститори влегоа во тој за нив животен проект - да се биде или не. Во тој налет на ентузијазам, кон крајот на 2008 година, се појави и Ранко Петровиќ– Бубамара со неговиот проект „Крушево етно град“, со кој ги реафирмираше веќе подзаборавените етно елементи на традиционалните крушевски обичаи и култура. Амбициозниот и пред сè продуховен проект заживеа во предилинденските денови на 2009 година со својата прва манифестација. Еуфоријата на крушевчани, но и на сите што го сакаат овој прекрасен град, кулминираше. Се направија проектите од кои бликаше современост и желба за современ хотел, но и со домашен крушевски амбиент, истовремено задржувајќи ги основните контури на постојниот објект направен по стариот испробан систем на планински куќи со дебели камени зидови. Проект кој од архитектонско-градежен аспект се базираше на современите тенденции за висока енергетска ефикасност на објектот, а во однос на деловните планови се потпираше на извонредните еколошки потенцијали на Крушево и неговата околина, како и на искуството 24
ПОРТА
30 jaнуари 2015
во угостителството и познатите кулинарски вештини на крушевските домаќини. Полека се „отвораше“ старата градба со сета своја богата носталгичност. Ентузијазмот на сите, од тимот проектанти до крушевските мајстори и секојдневните посетители, беше на највисоко ниво. Крушевчани живееја со новата надеж. Новиот проект врз старите темели ги добиваше своите нови современи содржини.
Со планираната доградба и надградба, постојниот објект од 2.500 м2 израсна во објект од 4.500 м2 со капацитети за сместување, јавни повеќенаменски простори, како и сите потребни помошни и технички простори, проектиран по меѓународни стандарди за категорија на хотели со 4 ѕвездички. Вкупниот капацитет од 104 основни и 33 помошни легла е распределен во: 23 спални соби,
aрхитектура затворен базен со фитнес, винарија, кафеслаткарница и Крушевска соба за 100 гости со простран чардак, како шлаг на тортата, на мансардата со поглед кон центарот на прекрасниот град. Најзначајно од сè е задржување во целост на култната тераса која е решена на две нивоа - помалото функционално е поврзано со влезниот хол и аперитив барот, а поголемото со ресторанот и конференциската сала. Компликуваниот дел на поставување на новите инсталации со најсовремени решенија беше успешно решен. Сопствено греење, трафостаница, соларен систем, климатизирани јавни простории како и екосистеми за прифаќање на отпадните води. За директен приод на ниво на главниот влез и рецепцијата, предвидена е нова пешачко-колска сообраќајница која го обиколува комплсксот на хотелот во должина од 250 метри и воедно служи за приод на интервентни возила за обезбедување на објектот и неговите гости. До 2010 година беа завршени поголемиот дел од градежно-занаетчиските работи, како и фасадата и пристапните и обиколни патишта со потребниот проширен паркинг простор за хотелските гости но и за дневни посетители. Фасадната архитектоника ја навестуваше убавината на новиот „Илинден“, на старо-новиот планински бисер на Крушево вгнезден помеѓу коријата и боровата шума. Но судбината или можеби нешто друго не дозволи таа еуфорија и ентузијазам на градителите да се продолжи. Темни облаци надојдоа над судбината на големиот проект ...
(Во наредниот број зошто убавата идеја за обнова застана во завршна фаза)
девет студија, 12 еднособни и двособни апартмани, како и во претседателскиот апартман. Сите соби се со потребениот комфор, сопствени бањи и потребна опрема. Јавните простори беа проектирани со зголемен капацитет, со желба за прием на крушевчани и надворешни дневни посетители, како и за перспективно проширување на сместувачкиот капацитет. Хотелот требаше да
биде она старото собирно место во кое ќе се служат познататите крушевски специјалитети и ќе се дружи во домашна опуштена атмосфера. Вака конципиран ќе ги содржи следните функции: ресторан за 140 гости, конференциска сала со 150 седишта, која по потреба функционално се поврзува со ресторанот, сала за доручек и аперитив бар, спацентар со сите неопходни содржини, 30 jaнуари 2015
ПОРТА
25
интервју
ИДИС ТУРАТО
Kреатор на нови светови Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Белград)
Идис Турато, архитект од Риека, ја имаше честа со свое предавање да ја затвори минатогодишната Белградска недела на дизајн. Неговото предавање не беше само обично набројување на реализираните објекти и едноставна приказна за архитектурата. Тој ја доживува архитектурата како начин на живот, професија преку која се проткајува и сегашниот општествен поредок во светот и односот на обичниот човек што го користи просторот на една школа за танц. За „Порта 3“, Идис Турато говори за разликата помеѓу архитектурата во Хрватска и регионот, како е возможно денес да се живее од архитектура, зошто е битно архитектите да влезат во политиката, зошто го смета сегашниот систем софистициран, за што се разговарало во семејството кога бил дете, и како од панкер кој свирел со членовите на бендот LET3 дотурка до посветен архитект. 26
ПОРТА
30 jaнуари 2015
интервју На што работите моментално? n Во принцип, јас сум архитект по општа практика, јас не бирам задачи, тие доаѓаат сами. Јас само донесувам одлуки за нивно реализирање. Сега многу работам во туризмот, во Хрватска наредните години многу ќе се развива туризмот. Тоа е една чудна билка, многу деликатна, и мора да имате претпазлив пристап. Но истовремено е многу интересна. Во моментов работам на еден хотел, го завршувам музејот Апоксиомен, работам и на неколку куќи и го привршувам олимпискиот базен во Вуковар. Архитектот мора да има работа. Во моето семејство архитекти беа и татко ми, и чичко ми и дедо ми. Јас не дојдов наивен во професијата, јас умеам заводливо да раскажувам на предавањата зашто сакам да ги мотивирам луѓето, но многу сум рационален. Работата и архитектурата се живот, и тука мораш да бидеш многу присутен. Само проектот те држи, само проектот те презентира и тогаш одиш понатаму. Без проект не постоиш, не си веродостоен. Архитектурата и нејзината реализација е како песна во живо, не можеш да ги заведеш луѓето со лош концерт бидејќи нема да дојдат повторно. Архитектурата бара концентрација и огромна страст. Од друга страна, секоја наша идеја е подложна на некој вид криза, критика, промена, можеме да кажеме дека кризата отсекогаш била темел на нашата работа. Овде не зборувам само за кризата на капиталистичкиот состав и пазар. Ние на
таква криза не можеме да влијаеме. Кога архитектот ќе ја добие својата задача, тој мора да биде одговорен кон она што го работи, тоа е универзална одговорност кон луѓето, задачата, парите и довербата, како и кон начинот на живот кој луѓето ќе го живеат во тој простор. Просто е како чевел, не можеш да влезеш со нога во помал број.
непотрошлива, постои ли задача која нам ни е под чест? Дали на луѓето им треба станбен простор? Им треба. Дали на човекот треба да му се среди станбениот простор на 12 кат на Нов Белград? Да, и тоа е архитектура. Не мораме да работиме софистицирани големи стадиони, облакодери, лаб-центри. Прашање е само колку човекот е подготвен да вложува голем труд и од тоа да живее, но од тоа може и мора да се живее, како и од кое било друго занимање. Веројатно лекарите ќе ви кажат дека е криза и дека луѓето сакаат да се лечат сами, адвокатите исто, учителите во школо исто така. Живееме во контрадикторно време кое е многу непредвидливо. Затоа и моето предавање на оваа манифестација беше наречено „Проектирање на непредвидливоста“.
потрошлив. Ова е еден „big brother“, каде е тешко да се сфати кој навистина владее. Јас мислам дека и Бил Гејтс се буди наутро со некој вид стрес. Мислам дека и Цукербергер живее во нестабилен систем. Прашање е колку го предвидел ваквиот развој. Тој само сака составот да функционира, и презема сè за да биде така. Па така, сите, повеќе или помалку, заради лична параноја преземаат сè што е во нивна моќ за да функционира нивниот состав. Архитектот не може да мисли за работи врз кои не може да влијае. Живеам во типично време на „тековна модерност“, каде локалната политика многу малку може да влијае врз глобалните текови на капиталот, медиумите и надзорот. Јас сум човек роден во Риека и имам радиус на дејствување „ex-Yu“, и тоа е мојот локален хабитус, а тоа во некоја рака е одлично. Во тие рамки дејствувам. Ние живееме во шизофренично и силно подвоено време. Кои се најголемите проблеми со кои се среќавате во архитектурата? n Проблемот е што луѓето многу брзо се заморуваат и немаат желба за непознато, тоа можат да бидат моите колеги или клиенти. Ми пречи што сакаат да живеат предвидливо, но тоа се всушност човечки карактеристики.
Дали е ова „крај на историјата“, како што рекол Фукујама? n Би било лесно да е така, и да дојде до катаклизма, но овој систем е многу повеќе софистициран, тој е всушност тешко
Каква е архитектонската состојба во Хрватска и во регионот? n Мојот почеток беше полесен бидејќи доаѓам од архитектонско семејство. Јас бев упатен во сè што е работа на архитектот.
Може ли да се живее од архитектура?
n Мора да се живее, архитектурата е
Концертна сала во Крк
ПОРТА
Nest and cave house во Опатија
ПОРТА
интервју Знаев кои проблеми ги има татко ми, па така и можев да знам дека поинаку ќе ги работам одредените работи. Во деведесеттите години, колку и да беше хаос, всушност, беше подобро отколку сега. Луѓето денес во криза имаат и повеќе пари и повеќе можности, но кризата е многу подлабока бидејќи нема светло на крајот од тунелот. Тоа беше премин од една во друга состојба, но некаде далеку постоеше сонце на хоризонтот. Тоа се случува во секоја смисла, сите го прегрнавме капитализмот. Во Хрватска, релативно млади луѓе ги заземаа битните позиции во Друштвото на архитекти, во Комората на архитекти, организирани се многу конкурси кои ја извлекоа на сцена најмладата гарнитура на архитекти. Влијателни луѓе кои беа во жири-комисиите му дадоа шанса на добриот проект а не на својот пријател. Таа општествена околност овозможи да се профилираат триесетина архитекти. Тоа е голема работа, која овде во Србија, колку гледам, не се случила. Јас мислам дека е можно тоа да се случи
бидејќи секое место бара архитект, само е прашање дали човек има сила да истрае во тоа. Немојте да мислите дека Крк е софистицирана надреална средина каде луѓето лебдат 20 сантиметри над подот. Тоа се истите луѓе како и овде. Некои луѓе имаат доверба во архитектите, и таа доверба се таложи. Тогаш не смееш да ги изневериш луѓето, и потоа работите сами одат. Не смее да се направи грешка, не смее да се биде нечесен, едноставно, тоа е така. Што е архитектура, како би ја дефинирале? n Тоа е всушност една преубава струка која ти овозможува да добиваш доверба од луѓето и да креираш нови светови, таа ги смирува сите контрадикторности. Ние имаме огромна власт, нам луѓето ни доверуваат нешто виртуелно, тоа се нечии мисли и цртежи кои ние ги претопуваме во мермер, камен, во физички објекти. Тоа е многу страствена, реална и многу влијателна струка. На некој начин, тоа е создавање на
рамка за да се случи некоја акција, како во проектот на школата во Пула каде луѓето доаѓаат да играат. Тоа е создавање на рамка за живот, тоа е универзално бидејќи луѓето секогаш ќе користат такви простори. Што е иднината на архитектурата? n Исто што работела низ векови, создавала рамки на општеството. Таа е некој вид совест и просторна контрола, некој вид просторен ред. Колку се подобри архитектите и луѓето што го користат толку е и подобар просторот. Просторот е онаков какви сме и ние. Швајцарија не е таква бидејќи таму се Herzog&De Meuron и тие проектираат, а тие се плод на општеството што изнедрило такви луѓе. Холандија е многу среден систем, земја со можеби највисоки нивоа на дизајн и уредување. Тие живеат доцен капитализам. Во таа земја се чувствувам многу нормално. Тоа е работа на култура на народот, а можеш и својата територија да ја средиш за да ти биде подобро. Ние живееме во простор на
ПОРТА
интервју силен дисконтинуитет, историски митови, и тоа е лоша работа. Кога ги менувате работите на секои триесет години, тоа е лошо. Градот, дали е капиталистички, социјалистички или феудален, си е град. Колку ќе го уредиш својот град зависи од луѓето што живеат во него. Верувам дека архитектите повторно се школуваат според митот дека тие се супервладари, не сфаќајќи дека се само едно коло во општеството, и можат да дадат само еден скромен придонес за нештата да бидат подобри. Ние не го менуваме светот, а воспитувани сме на митовите за супер-архитекти. Ле Корбизје не го изменил светот директно, иако ја имал сета моќ, бил само многу влијателен. Рем Колхас не го променил светот, но исто бил многу влијателен. Архитектот може да биде влијателен на интелектуално ниво, на концептуален план, да го мотивира мноштвото, да зарази многу колеки, но од самиот него не зависи многу. Имате ли други интереси, нешто со што се занимавате кога не сте архитект? n Немам, архитектурата е преубава и можеш секогаш да ја живееш. Таа не ме заморува. Јас сум професор, го имам здружението „Клуб на љубители на врева“ и проектирам. Јас ги исполнувам сите свои емоции низ архитектурата, и заради тоа архитектурата е непотрошлива. Кога ја сфаќаш архитектурата како работа тогаш настанува проблем, јас живеам архитектура, тоа е возбудливо како и филмот што може да биде тажен, возбудлив, успешен и неуспешен. Постои лош крај и среќен крај. Некогаш свирев бас гитара со некои членови на бендот Лет3. Методите на работа од бендот ги применив во архитектонското биро. Кога четворица седат и некој донесе тема, тогаш таа тема одлично се модификува. Некој ќе донесе идеја која ќе стане хит, а некогаш не се знае што е почеток а што е крај. Паралелата помеѓу музиката и архитектурата многу ми е важна. Кога сфативте дека ќе бидете архитект?
n Многу рано, иако мошне доцна одлучив
за тоа, дури после отслужување на воениот рок, кога имав 25 години. Прво запишав градежништво, па потоа отидов на архитектура. Јас подоцна созреав бидејќи се занимавав со музика. Имав поддршка од семејството, тие ми дозволија да бидам тоа што сум. Кај мене дома со ноќи се зборуваше за архитектура. Мене тоа ме фасцинираше, емоцијата и страста што ја имаа, и со тоа бев заразен како дете. Каков бевте како студент?
n Бев амбициозен, запишав архитектура во 30
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Градинка на Крк
Аула Јован Павле II
интервју
Гумно хаус
Загреб, каде доживеав транформација од неартикулиран панкер до архитект кој е многу фокусиран, јас ги сакав студиите. Признавам, јас сум искрен вљубеник во архитектурата, јас тоа навистина го сакам. Ако ми ја земат архитектурата, би се пропил. Кој е советот за младите архитекти? n Треба да се биде страствен, фокусиран и да се разбере дека архитектурата има низа слоеви. Ова со кое се занимавам е еден мал дел од архитектурата. Архитектот може да биде во локалната самоуправа или во политиката. Верувам дека архитектите мора да бидат во политиката, да сфатат дека таму се донесуваат многу важни одлуки. Секако, можат да станат и жртви на тоа, јас сум жртва на своето проектирање. Архитектурата е непотрошлива во низа слоеви, најлоша работа е да мислат за себе
дека се „star-architect“, тоа е привид на доцниот капитализам каде секој мисли дека е ѕвезда, а всушност си многу кревок и лесно кршлив. Да се сфатиш и да се пронајдеш себеси во конкретното дејствување. Некој може да биде склон кон ентериери, некој кон просторно планирање, некој кон конструкции, некој кон политика а некој кон едукација. Јас комбинирам, но тоа понекогаш може да е шизофренично. Да се занимаваш со теорија и практика е тешко но многу заводливо. Теоријата е преубаво слободна, а практиката е ужасно прагматична. Секоја идеја која ќе оживее во вид на зграда се менува и расте, а тоа знае да биде болно. Многу паметни луѓе се плашат од градба, а некој што владее со градбата ја презира теоријата. Јас сакам да ја тестирам конкретната реалност со мислите, ја преиспитувам теоријата градејќи. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
31
рубрика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
рубрика
Б
26 декември 2014
ПОРТА
39
39
урбанизам
АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (5)
Домување како
егзистецијална потреба
Велес
проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл.инж.арх.
Резиме на развојот на домувањето во Македонија низ времето: одржлив развој на домување во селските населени места; процес на зголемување на зоните за домување во градовите како резултат на миграции, со едновремено напуштање на станбениот фонд во селата; спонтана изградба на станбени објекти; недоволна подготвеност на општеството во однос на процесите на спонтаната градба; игнорирање на бесправната градба; развој на концентрирано домување и викенд домување; зафаќање на плодно земјиште за развој на домувањето; период на транзиција; приватизација на станбениот фонд; развој на заедничка станбена изградба особено во Скопје; амнестија на дивоградби кои во најголем број се во доменот на домувањето; потреба за поголем квалитет на домувањето. Следат некои аспекти на домувањето. 34
ПОРТА
30 jaнуари 2015
РАЗВОЈ НА ДОМУВАЊЕТО Домување како базична содржина на човековите населби. Луѓето секогаш се стремат да организираат поволен простор за развој на семејството и во различни општествени ситуации се манифестира со оформување соодветни простори за домување. Во основа, развојот на индустријата и комуникациите иницира процеси на миграции и нови потреби за домување, а со третманот на динамичен град е овозможено менување на местото на живеење. Во развојот на домувањето се согледуваат три процеси кои се одвиваат со различен интензитет во различни временски периоди и простори: рурално домување; урбано домување и викенд домување (како секундарно домување). Руралното домување во основа е организирано во семејни куќи со дворови, се карактеризира со воздржан развој во корелација со непосредната околина. Заради миграциите, домувањето во руралните населби е во стагнација и голем дел од напуштените станбени објекти не се одржуваат и се оставени на забот на времето, особено во планинските подрачја. Урбаното домување е организирано во градовите со семејни куќи и станбени згради, се карактеризира со зголемување на
урбанизам Брест
своето ткиво со голем интензитет (со регуларни и нерегуларни градби, зафаќајќи и подрачја околу градските населби). Викенд домувањето се манифестира со два процеси: користење на постојните станбени објекти во селата со обновување на селските куќи, и со организирање нови викенд зони во атарите на населените места во подрачја со природни амбиенти. Максималната изградба на викенд куќите се случува во 70-тите и 80-тите годни на минатиот век. Потоа интересот се намалува и денес е во стагнација. Процес на враќање кон ткивото на градовите. Во 80-тите години во Македонија се промовира идејата за враќање кон ткивото на градовите како логична реакција на засиленото зафаќање на земјоделско земјиште особено за развој на домувањето, како резултат на брзото ширење на градовите. Во 90-тите години тој процес се интензивира со третирање на постојните урбани подрачја и примена на принципи на одржлив развој со урбана обнова на градските ткива. Во основа се работи за долгорочен просец на осовременување на постојните градски делови како постојана грижа за унапредување на средината и човековите живеалишта. Таков пристап ќе продолжи и натаму, со различни облици на урбано дејствување, во функција на зголемување на квалитетот на домувањето. Тематиката на домувањето е секогаш актуелна. Во текот на историјата има многу периоди кои изобилувале со раселување на населението заради различни природни катастрофи или воени конфликти, и во такви услови потребата за дом е приоритетна за сместување на раселеното население. Оттука поимањето на дом за секого останува актуелна тема за секое време и во секој момент може да се најде дел во светот каде е потребна итна акција за обезбедување кров над глава, како елементарна потреба на луѓето.
Битола
Мумбаи, Индија
ПОПУЛАЦИЈА И ДОМУВАЊЕ Според предвидувањата населението ќе се зголемува, што значи дека ќе се зголемува и потребата за домување, како во светско мерило така и во различни мерила на регионално и локално ниво. Врз основа на трендовите за развој, а според податоците од проекциите на Обединетите нации во врска со идниот развој на популацијата, се предвидува проекција во неколку периоди сè до 2300 година, со неколку сценарија, а во основа се предвидува дека во светот до 2050 година ќе има околу 8,9 милијарди луѓе. Во 2075 година, се предвидува проекција од 9,2 милијарди
луѓе. Тој тренд на развој во наредниот период се очекува да се намалува. Од континентите, најмал раст ќе има во Европа. Во Африка населението ќе расте невообичаено брзо. Северна Америка нема да има негативен раст заради предвидените миграции. Густината на населеност на луѓе на квадратен километар земјиште ќе биде променлива. Во Микронезија густината ќе се движи околу 3,5 лица на квадратен километар, а во некои земји ќе биде необично висока и во 2100 година, во Индија се предвидува густина од над 490 лица, во Пакистан 530, а во Бангладеш над 1990 лица по квадратен километар. Во текот на 30 jaнуари 2015
ПОРТА
35
урбанизам
Кејп Таун, Jужна Африка
развојот, ќе се јават динамични трансформации на многу градови, а оние со над 20 милиони жители ќе бидат сè побројни. Најверојатни мегаградови ќе бидат Пекинг, Њу Делхи, Џакарта, Сао Паоло и други. Бројот на жители најмногу ќе се зголеми во државите во развој, а особено во Африка. Значи, во однос на домувањето идниот предизвик е поврзан со зголемени потреби за домување на светско ниво. (United Nations /2004/ World Population to 2300, Department of Economic and Social Affairs, Population Division, New York) Проекција за станбени потреби во Македонија до 2020 година, врз основа на согледување на трендовите на развој. Број на станови во РМ над 690.000, број на домаќинства над 557.000. Просечна површина на станови 70,71 м2, просечна станбена површина по жител 21,00 м2, а просечниот број жители на стан 3,35. Во најголем дел од неселените станови живее по едно домаќинство (93,77%). Голем дел на становите се изградени во периодот 1971 - 1980 година (27,18%) и по 1980 година (30,02%). Околу 11,9% од вкупниот станбен фонд е субстнандарден (ПП РМ, Домување, 2004, стр. 56). Според проекците на станбените потреби на ниво на РМ до 2020 година, (население 2.225.000 жители; број на домаќинства над 646.000), вкупните станбени потреби до 2020 година се проценуваат на околу 213.800 станови, кои се очекува да се реализираат етапно. Покрај нови станови, предвидена е комплетна замена на субстандардниот станбен фонд (ПП РМ, Домување, 2004, стр.57).
БЕСПРАВНА ГРАДБА КАКО РЕАЛНОСТ ВО ПРОСТОРОТ Не може објективно да се перцепира тематиката на домувањето ако не се согледа процесот на бесправна (спонтана, нерегуларна, дива) градба, која е особено изразена кај домувањето. Проблематиката на бесправна градба содржи во себе аспекти од 36
ПОРТА
30 jaнуари 2015
општествено-политичка, економска, социјална, социолошка, здравствена и психолошка природа. Бесправната градба се однесува на изградба на објекти и цели населби без потребна документација за градење, или градење на делови на објекти кои не се содржани во добиената документација за градење. Бесправната градба е различно распространета во градовите и општините во Републиката, со поизразена застапеност во градовите што имаат поголем развој и во кои има поголема миграција, како што е примерот со Скопје. На подрачјето на Скопје, евидентирани се 27 локалитети со бесправна градба со вкупна површина од 622,80 хектари, од кои 17 локалитети се надвор од границите на урбаниот опфат на градот, а 10 во границите на урбаното подрачје. Не се работи за простори со инцидентни појави на бесправна градба, туку за компактни агломерации со претензии за сè поголемо ширење и зафаќање на сè поголем простор. Проблемот уште повеќе го усложнува податокот што од вкупно 27 локалитети, само еден се наоѓа на простор кој според ОУП е наменет за домување. Најголем дел од локалитетите (13) се развиваат на земјоделско земјиште, на простори наменети за индустрија (7
локалитети), на просторот дефиниран како парк шума Водно (4) и на простори предвидени за спорт и зеленило (2). Објектите се градени на парцели со различен облик и големина, често неорганизирано, со неоформена или лошо организирана комунална инфраструктура (ГУП на Град Скопје, ЈППУП, Нацрт план, 2000, стр.15). Во периодот 2002 - 2009 година на подрачјето на Скопје се евидентирани 2.704 бесправни станбени објекти во сите 10 општини на Град Скопје, а најмногу во општина Чаир (538) и општина Центар (430 објекти). Во анализираниот период најмногу објекти (439) се евидентирани во 2005 година (ГУП на Град Скопје, Документациона основа, Книга 1, Агенција за планирање на просторот, 2011, стр. 300). Во претходниот период, покрај декларативната подготвеност преку презентирање различни мерки за намалување и елиминирање на бесправната изградба, и покрај различни организациони модели на контрола (инспекција и извршување) на локално и централно ниво и реализирање различни акции со краткорочен ефект, изостана перменентна едновремена активност од сите субјекти за спречување на бесправната градба и затоа од година во година се таложеше проблемот и се зголемуваше обемот на дивоградбите. И покрај одделните вклопувања во урбанистичките планови, дивоградбите секогаш беа пред плановите, и како резиме од целокупната проблематика е дека не се успеа да се спречи изградбата на бесправни објекти и населби. Примената на Гордиевиот јазол е присутна кај проблематиката на бесправно градење. Во февруари 2011 година се донесе Закон за постапување со бесправно изградени објекти (Сл. весник на РМ, бр. 23/2011), според кој се регулира процес на амнестија на постојните бесправни објекти во период од шест години, со утврдување на правен статус (член 3) на бесправните објекти (со донесување на решение, член 21) и со вклопување на објектите во урбанистичката документација.
урбанизам Винге, Копенгхаген
Ставангер, Норвешка
После повеќе од половина период од имплементацијата на Законот, правно се легализирани голем број објекти (за илустрација, само во општина Кисела Вода, Скопје, се легализирани 3.354 бесправни објекти во текот на 2014 година). Според законските одредби, после регулирање на статусот на објектите следи процес на вклопување во урбанистичките планови во период до пет години после конечноста на решението за утврдување на правен статус (член 30 од Законот). Во суштина, потребен е реален период за нивно вистинско интегрирање во просторот, особено во однос на оформување соодветна инфраструктура за групации објекти и на цели населби, што реално бара сериозни усилби, средства и ангажирање од сите релевантни субјекти. Проблемот е апсолвиран од правен аспект и тие добиваат легалност, но останува да се унапредува нивната реална состојба во просторот и да се зголемува квалитетот на уредување на просторот. Тоа е долгорочен процес за залечување на лузните во градските организми создавани со децении.
УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ И ДОМУВАЊЕ
ХУМАНИЗАЦИЈА НА ДОМУВАЊЕ ВО УРБАНА СРЕДИНА Архитектите, преку своите истражувања и проекти, дизајнираат можна виртуелна иднина, а преку реализацијата на нивните проекти се обликува реалната иднина. Вечен креативен предизвик доближувајќи ја виртуелноста и реалноста. Посебен акцент треба да се насочи кон хуманизација на домувањето, особено во градовите. Тоа е потребно заради сè поголемото мерило на станбените згради, сè поголемата близина на објектите, нивото на сообраќајна поврзаност, паркирање на автомобили по тротоарите, недоволно организирање на паркинг простори, недоволно лоцирање на соодветни придружни содржини, отежнато пешачко движење особено на лицата со хендикеп, дообликувањето на околните простори, зачувување и зголемување на присуство на вегетација околу објектите и слични интервенции, во функција на хуманизација на просторите за домување. Активности за зголемување на квалитетот на домувањето: - одвивање на процес на трансформација на домувањето, со примена на принципите на
-
-
-
-
одржлив развој, со помало зафаќање на плодно земјиште за просторен развој на домувањето; поефикасна изработка на детални урбанистички планови на станбени населби или нивни делови, со поедноставен начин на изработување, донесување и спроведување на плановите, со понагласена улога на локалната самоуправа; перманентен процес на одржување, обновување и модернизирање на станбениот фонд, особено во старите градски јадра и во постојните станбени населби. Суштински процес на урбана обнова на станбените населби; почитување на архитектонската традицијата на домување и примена на идеите на традицијата во современа станбена архитектура; перманентен процес на хуманизација на домувањето, особено во градовите; активно вклучување на граѓаните при донесување особено на детални урбанистички планови, каде се третира секој станбен објект, во функција на постојано зголемување на квалитетот на домувањето. (Продолжува)
Од вкупното урбано подрачје на градовите, определено со урбанистичките планови (25.785 хектари), домувањето опфаќа 11.819 хектари (Национален извештај за Хабитат 2, 1996, стр. 36). Карактерот на домувањето плански се третира во урбанистичките планови на населените места. Во генералните урбанистички планови кои се донесени за сите градски населби, се врши основно зонирање на подрачјето за домување со одредби за организација на домувањето. Во деталните урбанистички планови за станбени населби и нивни делови се врши детално разработување на секој станбен објект со површини и висини за градење.
Oхрид
30 jaнуари 2015
ПОРТА
37
македонски домови
ВИКЕНД-КУЌА - МОДЕРНО АРХИТЕКТОНСКО ЗДАНИЕ ВО МАВРОВО
Совршено прибежиште
С
м-р Енис ХОЏА, дипл.инж.арх.
екој што се упатил на викенд или одмор во Маврово, не може а да не ја забележи куќата што привлекува особено внимание. Во населбата „Маврови анови“, непосредно над патот, е поставена прекрасната викенд-куќа на семејството Зенку од Гостивар, која претставува совршено прибежиште од градскиот метеж и секојдневниот стресен живот. Проектот на оваа куќа е дело на еден од членовите на семејството, архитектот Арѓенд Зенки. „Од желбата да се направи една викендкуќа која ќе ги задоволи потребите на нашето семејство, а воедно и ќе биде место за одмор, семејно дружење и прикладно пречекување на гости, во еден амбиент кој пружа духовен и ментален мир за сите нас, произлегува идејата да се започне со размислување околу настанувањето на оваа куќа. Локацијата е идеална за ваква куќа поради тоа што се наоѓа во непосредна близина на градот, природата е извонредна, водухот е чист, погледот прекрасен, условите што ни ги пружа оваа локација може само да ги посакаме во нашата имагинација“, вели проектантот Зенки. Оваа куќа го следи теренот, кој е во пад, па така е распоредена на три нивоа со извесно повлекување. На најдолното, подрумско ниво, се јавуваат две гаражи помеѓу кои се поставени скали кои водат кон приземјето каде е поставен главниот влез. Едната од гаражите во подрумот, со топла врска е поврзана со подрумската просторија која служи како килер и вертикалните комуникации кои се сочинети од скалишно јадро и лифт. Главниот влез во куќата е поставен во приземјето, од бочната страна. Во приземјето централната и главна позиција ја зазема дневната соба која е пространа и отворена, чии пространи прозорци на предниот дел пружаат прекрасен поглед кон Мавровското Езеро. Во склоп на дневната соба се поставени и трпезаријата и кујната од кои е овозможена директна врска кон двориштето. На приземјето, исто така е поставена и гостинската соба со сопствена бања и простор за одмор, додека на ова ниво се наоѓаат и дневен тоалет непосредно до вертикалните комуникации, тоалет до кој се пристапува
38
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Општи карактеристики: Локација: Изведба: Инвеститор: Архитект: Структура: Површина на локација: Изградена површина: Нивоа:
Маврови анови, Македонија 2008-2009 Рашид Зенку Арѓенд Зенки Армирано-бетонска конструкција, финална облога „Алкобан“ 2.500 м2 350 м2 подрум, приземје, кат
македонски домови
од градскиот метеж
30 jaнуари 2015
ПОРТА
39
македонски домови
40
ПОРТА
30 jaнуари 2015
македонски домови
ОСНОВА НА ПРИЗЕМЈЕ
ОСНОВА НА ПРВ КАТ
од дворот, како и помошна кујна која има пристап од надворешната страна која е поврзана со терасата. На катот се поставени три пространи спални соби, и секоја од нив располага со сопствена бања, гардаробер и тераса, па така на корисниците им е овозможена комплетна приватност и можност за уживање во секој миг поминат во нив. Во склоп на оваа викенд-куќа во засебен простор е поставен и базен, кој е целосно покриен и затворен за да може да се користи и во ладните зимски денови. Оваа просторија содржи и дел за дополнителна фитнес рекреација. Конструктивниот систем од кој е изведена оваа куќа е скелетен армирано-бетонски систем, додека фасадната обработка е од алуминиумски панели и термоизолационо
стакло. Во внатрешноста на овој објект може да се забележи префинетоста на вкусот на сопствениците, па така се користени природни бои и материјали кои даваат ненападен и пријатен амбиент во овој простор. Користени се материјали како дрво, гранит, стакло и кожа, а доминантни се нијансите на кафената и бојата на капучино, како и природната боја на дрвото. Несомнено, оваа куќа претставува извонредно модерно архитектонско здание, какво што ретко се гледа во нашата држава, а задачата на архитектот да осмисли една ваква куќа за сопствените потреби претставува предизвик повеќе, затоа што не е лесно да се задоволат потребите на изостреното идеалистичко око на ниту еден архитект. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
41
урбанизам
ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЈАВНИТЕ И ЗЕЛЕНИ ПРОСТОРИ ВО СКОПЈЕ
Таканаречената стратегија на шминкање на празнините е можеби во ред, но само доколку имаше генерална стратегија која ќе ги координира поединечните проекти и можни решенија за специфичните локации, се разбира, со зголемено учество на граѓаните и експертите пред сè
Тривијален иконографски Ристо АВРАМОВСКИ , дипл.инж.арх. (АРХИТЕКТРИ ) Скопје
Каде што нема ништо сè е возможно. Каде што има архитектура, ништо (друго) не е возможно. Рем Колхас (Imagining Nothingness), 1985
42
ПОРТА
30 jaнуари 2015
П
аралелно со мантрата за сеприсутниот градежен бум во Скопје, јавните и зелени простори во градот беа и сè уште се на првата линија на агресивната урбанизација и згуснување на урбаната маса. Со нивното постепено исчезнување или трансформирање, можеме да заклучиме дека тие секогаш ќе бидат во подредена улога, притоа нарушувајќи ја урбаната дихотомија на изграденото и
неизграденото. Веројатно заради недостатокот на цврст и препознатлив карактер, овие „празнини“ секогаш биле третирани како необележана или „слободна“ територија, што нè доведе во заложништво од самите себе, односно нашата неспособност да балансираме помеѓу јавните и приватните потреби. Оние зони на хиперјавниот простор – плоштадите, претставуваат своевиден просторен амалгам на колективните текови, метеријални архитектонско-урбанистички деривати на политичко-културната состојба
урбанизам романтичните хортикултурни ансамбли. Таканаречената стратегија на шминкање на празнините е можеби во ред, но само доколку имаше генерална стратегија која ќе ги координира поединечните проекти и можни решенија за специфичните локации, се разбира, со зголемено учество на граѓаните и експертите пред сè.
ЈАВНО И ПРИВАТНО
фејслифтинг на општеството во одредена епоха. Нивната улога, во овој текст, би ја разгледувал исклучиво како контра-тежиште на апсурдниот однос кон создавањето на нов градски идентитет, од една страна, и губењето на автентичниот урбан континуитет – јавните простори и зеленилата во станбените населби, од друга страна. Јавните простори од понизок хиерархиски ранг кои се вткаени во градското ткиво се останатиот дел од јавниот домен, во кој како граѓани го живееме најголемиот дел од секојдневниот урбан и социјален живот.
Нивната можна трансформација и преиспитување на капацитетите за понатамошен развој се честа тема на студиските проекти, но во реалноста овие архитектонски експерименти и развојни модели, за жал, не станаа дел од глобалната стратегија за просторно планирање. Спротивно од тоа, нивното менаџирање и грижа завршува со доделувањето на ознаката за зеленило во деталните урбанистички планови или со поставување на некакви жардиниери како дел од квази-
Кога зборуваме за зелени простори во Скопје, неизбежно помислуваме на оние фини, празни парчиња зеленило во кое се втиснати зградите од 50-тите и 60-тите години на дваесеттиот век или пак можеби помислуваме и на микроградините во маалата од почетокот на дваесеттиот век со своите живописни комбинации на урбано живеење на отворено, производство на храна или мириси. Ваквите урбани модели претставуваат најголемиот дел од градскиот материјал, а особено заради фактот што после земјотресот во 1963 година, 80% од старата структура на градот исчезнува, притоа создавајќи нови граници и густина која ја гледаме и денес. Во постземјотресно Скопје и во еден историски контекст на урбан и демографски раст на градот, фокусот бил ставен на масовната потреба за населување на огромен број жители во станбени формации и урбани модели, кои се базираат на чист контраст помеѓу станбениот (приватниот) и јавниот (слободен) простор. Иако навидум подредени на тие процеси на експанзија на станбените капацитети, овие зони остануваат витална компонента во тогашната формула за овозможување на доволно квадратни метри зеленило (јавен простор) по станар. Она што ние како генерација го наследивме се истите тие јавни простори кои претставуваат недефинирани урбани зони, исполнети со паркинзи, оскудна и истрошена урбана опрема, но и со сега веќе огромните дрвја кои станаа нашиот зелен капитал и здрава основа за урбан идентитет и континуитет. Во нив наследивме и ново семе на раздорот помеѓу корпорациите и политичките партии околу сè уште неосвоените „квадрати“ на новото градежно земјиште. Во објективна ситуација на црвена тревога за опасност да бидат „пополнети“, неизбежно се наметнува потребата за можни предлози за стратегија, која би го заштитила градот од следниот бран на дезинтеграција и уништување на веќе постоечките успешни урбани модели. Ако се навратиме кон стратегијата за трансформација на „најјавниот“ простор во Скопје – градскиот плоштад, ќе ја 30 jaнуари 2015
ПОРТА
43
урбанизам
прочитаме политичката порака на владеачката елита за создавање, односно преоблекување и пополнување на постоечката урбана празнина во склоп на еден поширок тривијален иконографски фејслифтинг. Старата тема за дооформување на градскиот плоштад и потребата за нов државен идентитет, ја стимулираше стихијната манифестација на полнење на празното врз база на дополна на нови идентитетски симболи во вид на објекти, фасади, скулптури односно слики. Новата реконфигурација не се однесува само на исполнување со нова програма – објекти од јавен карактер и администрација, туку и со сценографско аплицирање на еклектични фасади врз станбени и јавни објекти од различни периоди, како една идеолошка и визуелна завеса која ќе му даде нов карактер на постоечкиот слободен простор. Вакви политички стимулирани архитектонско-обликувани кампањи веројатно постојат многу низ европската историја, но она што има најголема сличност за мене е примерот на Париз од 1765 година, каде што неговиот 44
ПОРТА
30 jaнуари 2015
генерален план носи слично апострофирање на фасадите со универзална архитектонска генеричка граматика и стил кој ќе го одвои јавното – државно од она што е приватно односно градско. За нас, ваквиот анахрон метод на потенцирање на јавното наспроти морето од густа градска структура беше апсолутно непотребен во услови на веќе зацврснати флуктуации на луѓе, програма и некаков локален архитектонски идентитет (со можеби понов датум на создавање) и, секако, нови правила на игра со кои јавниот градски слој се бара себеси помеѓу материјалното и дигиталното; помеѓу густината на ултракомпресираните пакети од комерцијална програма наречени шопинг-центри и класичните отворени простори, и секако помеѓу контрастите на идеолошките судири на различните градителски периоди. Вирусот на преоблекување на објектите ќе се прошири и врз некои од главните оски на градот, но не верувам дека ќе стигне да се занимава со структурните, програмските, архитектонските или суштинските
инфраструктурни проблеми под нив, а најмалку со слободните простори околу, кои стојат полунапуштени и во исчекување на ново полнење. Ваквата негација на суштинските задачи со кои треба да се занимава агендата за создавање на новиот идеолошко архитектонски идентитет на градот, нè враќа кон проблемите на главнината на урбаното ткиво на градот и неговите празни простори. Заканата од неформалниот бран на хаотична приватизација и државната стратегија за пренамена на земјиштето во „маркици“ на кои ќе изникнат катните гаражи, е факт и нужна реалност којашто допрва ќе добива замав. Тројанскиот коњ наречен катна гаража, веднаш по пуштањето во употреба ќе се разголи во шопинг-центар или станбена зграда, што бизарно би го споредил со сцените од 80-тите кога Кларк Кент елегантно ја кинеше кошулата за да го покаже својот вистински идентитет на градите. Но, доколку дозволиме да се скрши успешниот урбан модел на станови втопени во зеленило, кој патем нè
урбанизам
нова разновидна содржина. Недоволниот број на паркинг места (кој најчесто се решава неформално) би требало да добие формално решение кое ќе биде произлезено од еден кохерентен систем, кој ќе го зачува најголемиот дел од слободниот зелен простор, патем решавајќи ги основните потреби на локалните станари. Впрочем, проблемот лежи и во природата на константната транзиција помеѓу процесите на неформалната логика на граѓанските материјализирани желби и официјалната политика на властите и урбанистите. Зголемената партиципација и свесност кај пошироката публика за заедничкиот проблем на зачувување на балансот помеѓу изграденото и слободните простори, ќе го сменат начинот на кој ги перцепираме овие празнини. Се надевам дека заедно можеме да донесеме една позитивна еволуција на архитектонското наследство и континуитетот на урбаната форма.
репрезентира како град, се дозволува да се уништи едно архитектонско наследство кое нема само културно да не осиромаши, но и сериозно ќе го хендикепира начинот на кој го користиме просторот вон нашите дневни соби. Решенија секако постојат, но треба да ги побараме во современите архитектонски дискурси на глобално ниво и да ги споредиме со искуствата на други земји слични на нашата. Аморфните полузелени
простори би можеле синхронизирано да ги надополниме со програма која ќе варира според демографските потреби или животниот стандард. Секако, трансформацијата на старите гаражни објекти, кои се еден интересен и прикриен програмски ансамбл, мора да биде суптилно земена предвид за да може да се зачува што поголем дел од автентичноста на стариот модел, но и да се формализира граѓанската иницијатива за додавање на
Овој текст претставува адаптиран извадок од студијата за интернет платформата СкопјеРасте (www.skopjeraste.mk) – проект на студиото Архитектри (www.arhitektri.mk) и организацијата Реактор, и служи за визуелизирање на информации добиени врз база на деталните урбанистички планови и нивните измени во рамките на убаниот опфат Дебар Маало и Буњаковец. Проектот за трансформирање и заштита на зелените и јавни простори во Скопје се обидува да се приклучи кон повикот за создавање на нова стратегија за препознавање на овој автентичен слој од нашиот градски пејзаж. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
45
сообраќај
СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА ПАРКИРАЊЕ – ЕДЕН ПОИНАКОВ ПОГЛЕД (1)
Желба да се надмудрат нормите Ненад ТОНИЌ, дипломиран сообраќаен инженер
К
ога еден неизбежен цивилизациски феномен ќе отстапи од јавниот дискурс до ниво на еднодимензионален хаос, транспарентноста на неговото поимање прераснува во потреба и своевидно задолжение. Упорната недоверба на корисниците кон сообраќајниот систем на градот, кој објективно без нив не би ни постоел, нè соочи со редакциска желба да ја осветлиме природата на неговите поединечни аспекти, нивната компатибилност со останатите урбани сили и законитости, но и некои манири на институционалниот третман, кои, во рамките на општиот домашен контекст, ги „ужива“. Тоа е начинот на кој од своја страна можеме да дадеме најсоодветен придонес во разбирањето и прифаќањето на доблестите и мааните на системски поставеното совладување на просторот. Во хармонија со наведеното, во наредниот период нудиме серијал од текстови во кои, искрено се надеваме, нашите читатели ќе го препознаат и во популарен стил ќе го консумираат личниот интерес од оваа област. Парче неуреден јавен простор, по можност со малку дефектна трева која ќе ги поштеди обувките. По можност со отежната пристапност, на пример за „пајак“ возилата. И, секако, да е прифатливо блиску до дестинацијата на нашата важност. „Тригер“ за екстатички импулс во психата на регионалните возачи кои најчесто некаде доцнат. И, по правило, немаат време за губење на споредности и поврзаното со нив – потрага по униформно паркинг-место и формалностите околу рефундирањето на услугата наречена „паркирање“. Дефетистичкиот возачки однос кон овој сегмент од секое патување, кон јавниот простор и, потенцијално, кон сопственото возило, има покомплексна заднина отколку 46
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Вредносно запрен некаде помеѓу отсекогаш и некогаш, нормативот што треба да биде основа за динамично креирање на стационарниот сообраќај, и не можеше да доживее поинаква судбина од пијаното клатење на врвот на урбанистичкопланерската гранка
што се тоа омилените повикувања на левантинската лефтерност и желбата да се надмудрат нормите. Неистражените и недоволно истражените појави го замаглуваат нивното пошироко поимање и ја дисторзираат нивната суштинска важност. Паркирањето, како незаобиколна урбано-социолошка експресија, е токму онаа недоволно истражена врска помеѓу совладувањето на просторот во форма на транспорт и намената/употребата на градското земјиште. Во еволутивниот контекст на домашната урбанистичко-градежна практика нешто повеќе од запоставен феномен втеран во незавидна позиција на
трендовска жртва.
ФОСИЛИЗИРАН ПЛАНЕРСКИ ПРИСТАП Од периодот на реакомодација на автомобилското помагало во категоријата статусен објект, згуснатите градски ткива генерираат паркинг-проблеми, кои губат или добиваат на тежина зависно од начинот на кој ќе се дијагностицираат. Планерската парадигма втемелена на недостиг од паркингпростор условува почитување на минимален број паркинг-места, кој е во корелација со предвидената намена на просторот. Ваквата визура носи спецификација на еднократност и
сообраќај
не води сметка за долгорочните потреби за паркирање на која било урбана содржина, а особено на оние „покрупните“ од јавен карактер. А тие потреби се и тоа како подложни на флуктуирање, било како резултат на рекомпонирањето на внатрешниот простор на таа содржина или (ре)моделирањето на нејзиното непосредно опкружување. Дополнително, во таа визура е вградена потенцијална опасност за паркирна акомодација која бенигниот проблем на недостиг од локациски паркинг-простор ќе го надгради со малигна форма на околен непланирано индуциран моторен сообраќај. За вашиот автор прашањата за потеклото и жилавоста на овој урбанистичко-планерски
принцип сè уште остануваат без издржан одговор. А тоа се сепак прашања во чија тежина се вградени и сообраќајни и урбанистички и економски и социјални „килограми“. Уште повеќе кога излезните правилнички нормативи ќе покажат пластелинска благодарност за зачестени модификации во услови на упорен истополен магнетизам во однос на наведените генетскоимунитетски дилеми.
ЗАМАГЛЕНО ПРА-ПОТЕКЛО Еден поглед „под шинелот“ укажува на две, во однос на некој далечен основ, логични
можности за потеклото на овој планерски принцип кај нас: (1) копирање на паркингискуството на урбана содржина со слични архитектонско-функционални карактеристики или (2) конформизам во однос на веќе пропишаното (пристапот (2) во суштина е само мултиплицирано „чедо“ на пристапот (1)). Напорот да се „проветри“ основниот норматив низ компарација со паркинг-искуството на сродна содржина, а што, уверен сум, скоро не се случило, крие системски недостаток со одложено негативно дејство: копирање на туѓо искуство кое се одиграло во емпириски неоправдан временски период (краткотрајно време на врвно оптоварување), под влијанијата на, можеби сличен, но далеку од идентичен просторно-урбанистички амбиент. Наведеното јасно укажува дека секоја содржина од јавен карактер, во светло на сопствениот функционален биоритам, влијанијата на непосредното опкружување и сообраќајно-транспортниот контекст, поседува оригинално паркинг-искуство. Кое може да се копира и искористи како материјал за норматив, но со објективно сомнителна употребна вредност. И кое, токму заради тоа, треба автономно да се анализира, следи и третира. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
47
сообраќај ПЛАНСКО-ЕВОЛУТИВНА ФИКЦИЈА
Важноста на претходно наведеното, исклучиво произлегува од желбата за објективно искористување на вградениот менаџерски потенцијал кој стационарниот сообраќај го поседува. Наместо сведување на обичен нормативен елемент, паркирањето, што претставува незаобиколна оперативна рамка на секое урбано патување, и не би требало поинаку да се третира отколку како активна планерска функција која ќе регулира наместо да биде регулирана. Просторната нерационалност и реалната градежно-
ПОРТА
финансиска комплексност на стационарниот сообраќај не значат ништо друго туку повик за технички и економски крајно осмислен и рационален пристап. Кој самото почитување на еден норматив нема да го прогласува за апсолутен хоризонт на неговиот регулативен потенцијал. Бидејќи во напорите за технички оправдано планирање и економски исплатливо искористување на вредниот градски простор, манирот на копирање и ефектот на рационалност не се ниту во далечно сродство.
Вредносно запрен некаде помеѓу отсекогаш и некогаш, нормативот што треба да биде основа за динамично креирање на стационарниот сообраќај, и не можеше да доживее поинаква судбина од пијаното клатење на врвот на урбанистичкопланерската гранка. До бесвест преместуван и прескокнуван заради моменталните и еднократни инвеститорски, наместо да е вкопан пред јавниот и долгорочен интерес, денес ја преживува улогата на несакано дете кому љубовта аптекарски му ја мерат и урбанистичките родители и проектантските старатели. Урбанистичкиот норматив е онаа најниска лего-коцка од која почнува детерминирањето на чувството кај корисникот дека изграденото е токму во негова, а не во полза на некоја апстрактна, финансиски незаситна сила. И ако довербата со негативен предзнак е завршниот урбанистичко-градежнокориснички ефект, тогаш она возачко однесување од почетокот на приказнава не би требало премногу да зачуди.
ПР ОЕК ТИРАЊ ЊЕ, НА Д З ОР Р, РЕВИ ИЗИЈ А И К ОНС У ЛТАНТ С ТВ О В О ГРА ДЕЖН НИШТВ О
Ге еотехник х а
Хидротехника
Патишта и Железници
Ене ергетика
Рударство о
Живо отна Средина
Архитектура и Урбанизам
Инженерска Ге еодезија
Лабо ораторија
Надзори и
ИСПОРАЧУВАМЕ КОМПЛЕТНИ ИНЖЕН НЕРСКИ РЕШЕНИЈА ВО 10 0 ОБЛАСТИ ЗА 60+ ЕКСПЕР РТИЗИ
ЛАБОР РАТОРИЈ О А
о Лабораториски испитувања на почва ч о Испитувања на Агрег р ат,, Асфалт и Бетон о Те еренска лаборатори о ја о Испитување на буч чава и вибрации
info@geing g g.c . om.mk
ИСТР РАЖНО ДУП ПЧЕЊЕ И БУНАРИ
о Пр роекти за вршење на оссновни и детални хи идрогеолошки исстражувања о Ге ео омеханичко дупчење о Изве з дба на бунари о Изве з дба на во одоснабдување, одво д днување
www.geing g g.com.mk
ГЕОДЕЗИ ИЈА
о Ге еодетско сни имање на сите инженер рски објјекти о Изработка на дигитални геодетски подлоги (ДТМ) о Развој на дигитални планови и тем матски мапи о Изработка на сите видови геодетски елаборати
02 3109 795 ПОРТА
експерт
Градител на Новиот свет Американскиот претседател Томас Џеферсон бил сестрана личност со многу таленти и класично образование кое вклучувало латински, грчки, литература, математика и виолина. Биографите го опишуваат како образован фармер-плантажер, колекционер на книги, пронаоѓач, историчар, филозоф, дипломат, државник, но и архитект. Д-р. ВЛАДИМИР Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
З
а ретко која личност во историјата на човештвото може да се каже дека била гувернер (1779-1781), прв во историјата на својата земја министер на надворешни работи (државен секретар, 1789-1794), втор во историјата на својата земја потпретседател (1797-1801), трет во историјата на својата земја претседател (1801-1809) и основач на првиот државен универзитет во својата земја (1825). Овие достигнувања сами по себе се исклучителни за кого било, но значајноста станува уште понагласен доколку се земе предвид дека оваа личност не само што е главниот автор на Декларацијата на независност (Declaration of Independence,1776) туку дека и како нејзин потписник се смета за еден од основоположниците на Соединетите Американски Држави и за голем поборник на слободата и демократијата воопшто. Станува збор за третиот претседател на САД, Томас Џеферсон (Thomas Jefferson, 1743 - 1826) од Шадвел (Shadwell), Вирџинија, кој се стекнал со своето образование во вториот најстар колеџ во земјата, по оној во Харавард (Harvard), Колеџот на Вилијам и Мери (College of William
50
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Универзитетот на Вирџинија and Mary) во Вилиjамсбург (Williamsburg), престолнината на Вирџинија. По тригодишни студии во овој колеџ тој, во отсуство на правни факултети во земјата, студирал пет години право кај адвокатот Џорџ Вајти (George Wythe), за во 1767 година да го положи правосудниот испит и стане член на адвокатската комора во Вирџинија (Virginia Bar). Томас Џеферсон бил сестрана личност со многу таленти и класично образование кое вклучувало латински, грчки, литература, математика и виолина. Биографите го опишуваат како образован фармерплантажер, колекционер на книги, пронаоѓач, историчар, филозоф, дипломат, државник, но
и архитект. Тој никогаш не се стекнал со формално архитектонско образование, така што се смета за самоук архитект. Пред да стане државен секретар, тој имал функција на амбасадор во Франција. За време на својот престој во Франција тој го изучувал архитектонското наследство на земјата преку архитектонски историчари и посети на објекти. Дополнително тој се самообразувал во доменот на архитектурата и преку својата импресивна библиотека на книги од областа на уметноста и архитектурата. За големината и квалитетот на неговата лична колекција на книги, веројатно најдобро зборува фактот што таа послужила како основа за формирање на
експерт Семејниот дом Монтичело
прочуената Конгресна библиотека (Library of Congress). Тој по пензионирањето ја продал својата колеција на книги на националната влада за да ги исплати големите долгови, кои резултирале од начинот на живеење што ги надминувал неговите финансиски можности. Се смета дека архитектонските теории на Андреа Паладио (Andrea Palladio, 1508-1580) одиграле големо влијание врз архитектонскиот развој и израз на Џеферсон, и дека тој преку „Четирите книги за архитектурата“ (Quattro Libri) на Паладио, од коишто имал повеќе копии во својата библиотека, ги научил основните принципи на класичното проектирање. Дополнително, творештвото нa архитектот Џејмс Гибс (James Gibbs, 1681-1754), француските неокласични објекти како Hôtel de Salm во Париз, и особено римските руини на Мезон Каре (Maison Carrée) во Ним (Nimes) извршиле големо влијание на Џеферсон како архитект, за кого Мезон Каре бил најдобар зачуван пример на калсичнен дизјан. Во развојот на Џеферсон како архитект се смета дека голема улога одиграла и соработката со истакнатите архитекти од овој период, како на пример онаа со Бенџамин Хенри Латробе (Benjamin Henry Latrobe, 17641820), британски неокласичен архитект, којшто тогашниот претседател Џеферсон го вработил како Надзорник-инспектор (surveyor) на јавните објекти во САД, како резултат на што
Латробе во текот на наредните 14 години испроектирал голем број на важни јавни објекти во американскиот главен град Вашингтон и во Филаделфија вклучително со Капитолот на соединетите држави (United States Capitol) и колонадите на Белата куќа (White House), последниве заедно со Џеферсон, во Вашингтон. Преку ова Џеферсон ја вовел архитектурата на обновениот грчки стил (Greek Revival) во земјата по прв пат. Џеферсон зад себе оставил значаен творечки опус од кој до денес се сочувани над 600 страници од архитектонски документи, кои вклучуваат архитектонски цртежи и текстови за архитектурата коишто се чуваат во Историското здружение на Масачусетс (Massachusetts Historical Society) како дел од Колекцијата на Кулиџ (Coolidge Collection). Дел од објектите што Џеферсон ги испроектирал сè уште опстојуваат и се доказ за неговиот квалитет како архитект, и од нив веројатно најмногу се истакнуваат: неговиот семеен дом Монтичело (Monticello) во Шарлотесвил (Charlottesville), Вирџинија; неговиот омилен втор дом во Поплар Форест (Poplar Forest) во Бедфорд Коунти (Bedford County) и Универзитетот на Вирџинија (University of Virginia) во Шарлотесвил. Семејниот дом Монтичело (мала планина на италијански) е лоциран на врвот на рид
сместен во рамките на голема парцела во рурална локација. Ова е објектот на којшто тој во практика ги испробувал своите архитектонски идеи. Изградбата на оргиналниот, првиот, Монтичело се одвивала во периодот 1768 - 1784 година, за потоа да се продолжи со изградбата на „новиот“ Монтичело во периодот 1794 - 1805 година. Во овој објект централно место зазема Пантеонот (Pantheon) кој е намален по големина соодветна за станбени објекти, слично како во Вилата Ротонда (Villa Rotonda) на Паладио, а којшто се наоѓа во центарот на објектот со основа во форма на издолжен крст со две мали порти на двете главни фасади на објектот. Помеѓу двете порти сместени се главниот хол и дневната соба. Од холот на лево и десно се протегаат ходиници во чии рамки се сместени скалите, додека другите соби се лоцирани на двете страни на ходниците. Помошните простории на објектот се во подрумот, додека на мезанинот се наоѓаат спалните соби. На вториот кат на западната фасада се наоѓа прекрасна просторија сместена под октогоналната кула која го краси објектот. Поплар Форест (1806-1826) е уникатен октогонален објект на две нивоа, сместен во рамките на истоимената плантажа за тутун од 1.947 хектари, којашто Џеферсон и неговата сопруга Марта Вајлс Скелтон (Martha 30 jaнуари 2015
ПОРТА
51
експерт Поплар Форест (18061826)
Вилата Ротонда
Wayles Skelton) ја наследиле од нејзиниот татко. Објектот е сместен во голема формална октогонална градина опкружена со кружна патека со алеи на дрвја од двете страни. Без сомнение, кампусот на Универзитетот на Вирџинија, првиот државен универзитет во САД, во Шарлотесвил, се смета за негово врвно архитектонско остварување. Кампусот, таканаречениот тревник „Академско село“ (The Lawn/ ‘Academic Village’, 1817), е организиран во рамките на три издолежни правоаголни тревници, секој со големина од по околу 0,8 хектари. Паралелно по надолжните страници на тревниците се протегаат четири низи од по пет двокатни павилјони поврзани помеѓу себе со колонади. Секој од павилјоните бил посветен на одредена академска дисциплина. Професорите живееле и предавале во павилјоните. Секој од павилјоните бил изграден во одреден или варијанта на римски стил на градење како резултат на што студентите пред себе го имале изложен севкупниот спектар на класичниот дизајн. Во центарот на кампусот, на крајот на 52
ПОРТА
30 jaнуари 2015
централниот тревник, лоциран е Пантеон во размер кој е 2/3 од оргиналниот, а во која Ротонда оргинално била сместена универзитетската библиотека. Оргинално ротондата била изградена во периодот 1822 1826 година, за потоа да биде преизградена во периодот 1898 - 1899 по пожарот во 1895 година во кој оргиналниот објект изгорел. За Спиро Костов (Spiro Kostoff, A History of Architecture) „конецптот на индивидуални павилјиони формално поставени во рамките на неокласична комопозиција претставуваат своевидна аналогија на федералната унија според Џеферсон со низа на самоуправни држави коишто работат заедно врз заеднички национални цели“. За квалитетот на архитектурата на Џеферсон најдобро говори фактот што во 1987 година УНЕСКО ги има прогласено Монтичело и Универзитетот во Вирџинија како заштитени локалитети на Светското културно наследство (World Heritage Site), а во 1993 година Американскиот институт на архитекти (American Institute of Architects) му има
доделено посмртно Златен медал (Gold Medal). Век и повеќе пред овие признанија, архитектурата на Џеферсон била признаена и по тоа што според него бил наречен и стил во архитектурата – Џеферсонска архитектура како препознатлива американска форма на нео-класична или нео-паладијанска архитектура која била популарна во периодот на основањето на Америка напоредно со обновениот ентузијазам за обновата на грчката архитектура (Greek Revival, 1790s1830s) за коишто тој има придонесено. Како клучни карактеристики на Џеферсонската архитектура се издвојуваат Паладијанскиот дизајн, примената на портикото со педимент на главните влезови, класичните редови на столбови, издигнатото приземје, фасади од црвена фигована тула со бело обоени столбови и опшивки, примената на октогоналните форми и на кинески огради, но и скриените скромни саклишта. Се смета дека големиот респект кон архитектонските теории на Паладио свразни со нивните врски со античкиот Рим, се резултат на реализацијата на Џеферсон дека постојат силни политички конотации вградени во архитектурата на античкиот Рим коишто тој се обидел да ги пренесе во Америка преку проектирање на многу јавни објекти во нео-римскиот стил. Како што неговата архитектура била признаена, така и неговата оставнина ги признава достигувањата во светската архитектура преку Фондацијата на Томас Џеферсон (Thomas Jefferson Foundation) и Универзитетот во Вирџинија (кој не доделува почесни титули), коишто од основањето на фондацијата во 1966 година доделуваат Медал за право на фондацијата Томас Џеферсон (The Thomas Jefferson Foundation Medal in Law) и Медал за архитектура на фондацијата Томас Џеферсон (The Thomas Jefferson Foundation Medal in Architecture), најголеми признанија кои ги доделува универзитетот. Прв добитник на Медал за архитектура на фондацијата Томас Џеферсон бил истакнатиот американски архитект Мис Ван Дер Рое (Mies Van Der Rohe) во 1966 година. Доколку се суди според неговиот надгробен епитаф: „Тука почива Томас Џеферсон, авторот на Декларацијата за американската независност, на Статутот на Вирџинија за религиозна слобода, и татко на Универзитетот на Вирџинија“, Џеферсон бил скромна личност и сакал повеќе да биде запаметен по своите идеи отколку по своите политички достигнувања, но според францускиот Маркиз де Частелух (Marquis de Chastellux) „бил првиот Американец којшто ги консултирал убавите (визуелните) уметности за да знае како да се заштити себеси од времето (атмосферските влијанија)“.
фотографија на месецот
ФОТО: КИРО ПОПОВ
ПОРТА
технологии
CES 2015
Современиот човек е модерен номад, постојано е во движење. Флексибилноста е негова карактеристика, а мобилноста е клучен услов за успех. CES 2015 е токму приказна за мобилноста што ја нудат технолошките производи за нашето секојдневие. Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх
П
осетителите на престижниот Саем за потрошувачка електроника, CES (Consumer Electronics Show) 2015, велат дека ја виделе иднината и дека таа навистина е розова. Можеби човештвото сè уште го мачат предизвици како војни, гладувања, болести и слично, но креативната човекова рака дефинитивно е тука „да ни ги олесни страдањата и да ни го разубави животот“. Доказ за ваквото тврдење се неверојатните производи и гаџети (читај: непотребштини) претставени на
54
ПОРТА
30 jaнуари 2015
технологии
Глобална сцена на иновации поделат во повеќе групи, меѓу кои : 1. Технологија што се носи (wearables), 2. Компјутерски хардвер и софтвер, 3. Телекомуникации и инфраструктура, 4. Smart Home и Уреди за домаќинство, 5. Автомобилска електроника и опрема, 6. Роботика, 7. Мултимедиа и многу други. Посетителите можеа да се воодушевуваат на F015 Luxury in Motion - автомобилот на иднината по замисла на Mercedes-Benz. Наречен и „дневна соба на тркала“ со автономност во голема мера. Конкурентот Audi испрати автомобил без возач од Сан Франциско до Лас Вегас, возејќи со брзина и до 110 км/час по лошо време, но без регистрирани инциденти. Дополнително претстави и паметен часовник (smart watch) преку кој сопственикот може да го стартува автомобилот далечински и да го управува на кратки релации. Слични напредни опции во автомобилската електроника понудија и други производители како BMW, Volkswagen, Ford итн. На иновациите им немаше крај, па посетителите можеа да видат:
овогодишниот CES, кој се одржа во Лас Вегас, САД, од 6 до 9 јануари. Современиот човек е модерен номад, постојано е во движење. Флексибилноста е негова карактеристика, а мобилноста е клучен услов за успех. CES 2015 е токму приказна за
мобилноста што ја нудат технолошките производи за нашето секојдневие. Излагачите, меѓу нив и технолошки гиганти како што се Samsung, LG Electronics, Intel, Nvidia, BMW, Mercedes, HP и многу други, претставија широка палета на производи кои можат да се
• Паметни чорапи со вградени сензори кои го информираат корисникот за притисокот во стопалата при трчање со цел да го подобри квалитетот на трчањето. • Накит од кристали со вграден чип и дисплеј кој известува за пристигнати меилови, потсетува за закажани состаноци итн. • Intel претстави компјутер со големина на USB стик, хардвер на ниво на таблет, HDMI излез и Android/Windows 8.1 оперативен систем. • Паметни очила, кои за разлика од Google Glasses немаат ниту камера, ниту дисплеј, но затоа имаат низа сензори кои имаат за цел да го следат движењето на главата и очите по што би можеле да му дадат на корисникот совети кога да се одмори и слично. • LG претстави машина за перење алишта со два дела и двоен режим на работа за истовремено перење на алишта во различни подесувања. • На Саемот беа претставени низа паметни часовници со најразлични опции, модерен дизајн и компатибилност со други уреди. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
55
технологии • Samsung, производителот на преку 600 милиони уреди годишно, ја претстави својата намера сите уреди (вклучително и оние за домаќинството) да добијат пристап на интернет. Во комбинација со сензори, чипови, дисплеи и безжична технологија, овие уреди дефинитивно ќе условат поинаков начин на интеракција со нив. • CES 2015 изобилува со гаџети за носење кои вршат мониторинг, предупредување и советување за здравјето на корисниците. Презентирани беа и технолошки уреди за намалување на болка. • Телевизорите (ако сè уште може да ги нарекуваме телевизори) сè уште доминираат на CES 2015. Потенки се, дијагоналите одат преку 100 инчи, екраните имаат барем 4К, се виткаат, имаат мал милион апликации и изгледаат неверојатно. • Уредите за виртуелна реалност се сè поблиску до комерцијално искористување. Претставени беа низа ВР очила со најразлини можности и употреба. • Panasonic претстави паметно огледало на кое можете да експериментирате со својот изглед без воопшто и да допрете шминка. • Беа претставени и неколку гаџети кои се носат на глава како моден додаток, за да ни ја мерат мозочната акција со цел да ни го препознаат расположението и да го намалат стресот преку емитирање на смирувачка музика. • Дронови, најмалите дури со големина на бизнис картичка, се управуваат преку телефон и на растојанија од два километри, имаат камери, вршат најразлични функции. • Роботи кои зборуваат, чистат, готват, некои имаат и реалистичен човечки изглед, се движат самостојно и стабилно, започнуваат разговор и одговараат на прашања. На над 200.000 м2 нето изложбен простор, над 3.600 технолошки компании изложуваа на CES 2015, меѓу нив 82% од 100-те најголеми компании според изборот на Forbes и 375 стартап-и. Изложбата ја посетија над 170
56
ПОРТА
30 jaнуари 2015
илјади посетители, од нив над 45 илјади посетители од 144 земји од светот. Изложбата ја следеа и над 5.000 новинари од цел свет. Затоа CES 2015 може да се пофали со поставен рекорд во посетеноста и интересот, со што уште еднаш се покажа дека CES е навистина саем број еден во светот на Информтичката технологија.
Поради нивото на иновации прикажани на саемот, CES се нарекува и Глобална сцена за иновации. Технологиите што редовно се прикажуваат на саемот, набргу стануваат дел од нашиот живот, ни го обликуваат начинот на кој комуницираме, работиме, се релаксираме и се однесуваме. Ни го обликува просторот во кој живееме и твориме.
ПОРТА
репортажа
КОЛОРИТЕН медитерански раскош
Александар ПЕТРОВ, дипл.инж.арх. (Специјално за „Порта 3“ од Италија)
„С
имфонија на градот“ е анимираниот филм на Емануеле Луцати, кој тешко може да ве остави рамнодушни поради страста и поради емотивноста со која тој го прикажува својот град. Филмот е ремек-дело кое зборува за Џенова, за овој бурен и славен град. Тој е емотивна сликовница која се доживува повеќекратно, како во анимацијата каде што композициски се преклопуваат повеќе цртежи кои паралелно се движат и го прикажуваат постоењето на сите тие градови што коегзистираат на еден ист простор. Во Џенова, всушност, се вградени средновековниот, ренесансниот, барокниот, неокласичниот и современиот град. Џенова е стуткана меѓу Лигурско Море и околните 58
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Апенини, и се простира долж ракавот што се создава меѓу овие две природни меѓи. Се движи од предградието Нерви на исток, па сѐ до областа Везима на запад, по должина од 42 километри. Типичен медитерански и линеарен град кој се развива константно низ својата историја. Овој град со типичен колоритен раскош, постојано се доживува созревајќи низ годините. Модерно е расчленет и згуснат, полн со лузни од сообраќајни конекции, кои спонтано висат или подземно проаѓаат низ него. Овие бетонски инфраструктури вградени во неговиот целокупен изглед и раскош, ги раздвижуваат глетките и го шират погледот кон него. Го приспособуваат да живее во денешницата и го оддалечуваат од неговата стара слава. Градот е туристички најпримамлив во неговиот потесен центар, кој изобилува со
историја на познатата Џеновска република. Тесни улички, високи градби со пет-шест ката (за тоа време е вистинско чудо), влага која ги нагризува фасадите, ренесансен и барокен декор, мирис од морето помешан со лигурската кујна од околните ресторани. Лежерна раздвиженост и чувство на спокој се присутни насекаде, можеби и затоа туристите уживаат и ги преплавуваат нејзините улички. Чувството да биде уште поголемо се надополнува со мелодијата од познатиот кантавтор Де Андре. „Креуца дел Мар“, песна опеана на старолигурски јазик, која нѐ внесува во тој амбиент. Ова централно јадро ја доживува својата кулминација по морскиот периметар каде што излегува на отворено море. Крајбрежното шеталиште е позната инфраструктура преку која се регенерира стариот град, проектирана од познатиот локален и светски архитект Ренцо Пиано
репортажа за
Повеќе млади групи работат и дебатираат за правецот по кој сакаат да се развива нивниот град. Еден од позначајните правци е и манифестот на неколкуте повлијателни архитекти, кои го застапуваат концептот на Џенова - 1%. Овој проект претендира да направи пресврт во режимот со недвижнини, кој и во овие услови на криза сѐ уште се движи по инерција.
30 jaнуари 2015
ПОРТА
59
репортажа време на Експото во 1992 година, по повод 100 години од откривањето на Америка. Препознатливи се неговите специфични архитектонски силуети кои го карактеризираат пристаништето, и со паркирани јахти и сообраќај од крузери го помешуваат хоризонтот со заднината на градот. Платформата е збогатена и со јавни сплавови (простории на отворено) каде што се ужива во околниот урбан медитерански театар. Сепак, Џенова не е само овој возвишен туризам. Таа е и реален град, кој се соочува со современи проблеми. Претставува едно од поголемите европски пристаништа, по Марсеј, со голема размена и превоз на материјали, тешка индустрија, танкери и големи бродоградилишта. Бродските контејнери се распространети насекаде по морските рабови на нејзините предградија и
60
ПОРТА
30 jaнуари 2015
го надополнуваат приморскиот градски пејзаж. Тука се и деловите од градот што делумно се деградирани, разиграни од хаосот на африканските и латиноамериканските емигранти, кои му даваат дополнителна културолошка тежина. Во 60-тите години, време на економскиот бум, градот е во градежна експанзија и најмногу се индустријализира. Во тој целокупен градежен конгломерат кој излегува од контрола, се случуваат и по некои од похрабрите архитектонски зафати, кои од денешна временска дистанца претставуваат огромен подвиг. Позначајни се делата на архитектот Луиџи Карло Данери со резиденцијалниот социјален комплекс Квеци, кој се издига на висината на предградието Мараси и штрчи со својата масивна структура. (Ваков пристап до тогаш е присутен само во теориите на Корбизије преку примерот на
планот Обус за Алгери). Тука е и населбата Сан Пиетро, (наречена перална), која во тоа време иако храбро изградена, денес претставува синоним за урбана деградација и импакт врз амбиентот и тамошната значајна природа. По овој период на забревтан развој, градот нагло губи една третина од своите жители, каде што врз територијата остава парадокс. Приближно 10 отсто од постоечките градби остануваат празни, а целокупната површина на градот и понатаму е презаситена од згради кои се протегаат и до врвот на планината и височините. Оваа демографска криза се поклопува и со економската криза која владее во последниве години низ Европа. Населението сѐ повеќе старее, особено во Италија, каде што средната старосна граница е 43,5 години, а во Џенова дури 47,2 години. Тенденцијата
репортажа
Урбано маалско обележје При излезот од Џенова, на запад, во предградието Волтри, каде сè уште надзираат градските бетонски структури, се наоѓа еден многу интересен и импровизиран простор. Овдешната плажа сè уште може слободно да се користи. (Тоа генерално не е случај со италијанското морско добро, кое државата го дава под закуп). На дел од плажата Еразмо, локалните жители спонтано организирани го создаваат синиот камп. Нафрлени бараки, контејнери и разни други импровизации го карактеризираат овој дел од предградието. Карактеристично за сиве овие елемнети е дека се обоени во сина боја, и заедно со околните чамци, кои се претежно во сини нијанси, го прават овој пејзаж оригинален. Во летните периоди е доста живо, бидејќи овие инстантни прибиралишта се користени за заштита од летните горештини и уживање во слободното време. Ова е можеби еден од најпитомите ад хок феномени, кои даваат впечаток на добро смислен маалски урбан „ленд марк“. покажува дека до 2050 година, старосната граница на градот ќе достигне 49,7 години. Ваквата статистичка индикација ја става во преден план иднината на овој славен град, кој и во овие критични години ќе мора да го изнајде начинот за своето постоење. Затоа, повеќе млади групи работат и дебатираат за правецот по кој сакаат да се развива нивниот град. Еден од позначајните правци е и манифестот на неколкуте повлијателни архитекти кои го застапуваат концептот на Џенова – 1%. Овој проект претендира да направи пресврт во режимот со недвижнини, кој и во овие услови на криза сѐ уште се движи по инерција. Тие предлагаат демолирање на празните и напуштени згради, со што би се ревитализирал просторот и би се создале поголеми празнини, кои би ги решиле поегзистенцијалните проблеми на паркирање, зелени зони и на поголем јавен простор. Делови од Џенова се развиваат и спонтано и неплански, благодарение на латиноамериканската емиграција чии маси жилаво се справуваат со кризата и преку нивниот традиционален начин на живеење успеваат да станат протагонисти. Типичен пример за тоа е населбата Санпиердарена, која е населена со нив, каде што запуштеното
урбано ткиво се регенерира, се намалуваат цените на градежниот квадрат, се приспособуваат условите на живеење на целокупниот кварт, а насекаде е присутен детски џагор. Преку нивното дејствување се зголемува социјалното триење и ова предградие го прави поперспективно. Ова
триење сигурно ја прави Џенова поинтересна, ја надополнува, станува разнолика, отворена и космополитска. Во Џенова, следните години ќе бидат клучни за одржувањето на нејзиниот медитерански континуитет и можеби оваа неизвесност ќе биде од нејзина корист. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
61
екологија
ПРОЕКТ „РАЗВИВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ НА ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО“
Граѓанскиот сектор чувар на б Општина Дојран, меѓу другото, ќе се обучува за начинот на следење на квалитетот на водата и клучните биолошки параметри и препознавање на закани по езерото, при што ќе стекнува подготвителни знаења за идна изработка и спроведување на првиот повеќегодишен План за управување со споменикот на природата – Дојранско Езеро. Исто така, локалната самоуправа ќе учествува во уредувањето на Музејот на Дојранско Езеро и ќе се обучува за начините на управување и промоција на музејот.
Д
Милена МАНОВА ИЛИЌ, раководител на проектот ојранското Езеро се соочи со една од најголемите еколошки катастрофи од поновата историја (кон крајот на 80-тите години од 20 век), што резултираше со масовно исчезнување на природните вредности од неговиот екосистем. Причина за таквата состојба
62
ПОРТА
30 jaнуари 2015
беше појавата на суши и неконтролираната експлоатација на езерските води за наводнување на крајбрежното обработливо земјиште, како и пренасочување на притоките што го полнат езерото за истите цели. Свесна за штетите од настанатата катастрофа, во периодот 1999-2002 год. тогашната Влада презема активности за рехабилитација на езерото. За таа цел беше изграден хидро-системот „Ѓавато“ со цевковод во должина од 19,5 км, како
техничка мерка за пренасочување на природните водотеци од Ѓавачко Поле кон Дојранско Езеро. Благодарение на оваа мерка езерото делумно се рехабилитираше, но сè уште е непознат степенот на остварена ревитализација. Заради отсуството на редовен мониторинг (следење) на параметрите на животната средина (состојбата со растителните и животински видови и нивни живеалишта, како и статусот на водите во езерото), нема податоци за настанатите
екологија
биолошката разновидност
промени во бројот на строго заштитените, заштитени и ендемски претставници на микрофлората, зообентосот, мочуришната и водна вегетација, птиците и рибите, од нарушувањето на екосистемот па до денес. Освен обезбедената вода за прилив во езерото, на терен не се забележани други конзерваторски активности. За сметка на идентификуваните недостатоци, како и фактот, што не се применуваат модели на добра практика за унапредување на состојбите во екосистемот
(дали поради недостаток од усвоени плански документи и дефинирани зони на заштита за управување со Дојранското Езеро, или поради несоодветните капацитети на локалната администрација на општина Дојран, која е назначена како одговорен орган за управување со Споменикот на природата – Дојранско Езеро), Регионалниот центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија изработи проект за развивање на капацитетите на локалната самоуправа и
сите засегнати страни во насока кон остварување на одржливост на Дојранското Езеро. Проектот „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро“ се спроведува во рамки на CEPF грант програмата за критични екосистеми од Медитеранот. Фoндoт на партнерства за загрозени екосистеми (CEPF) е заедничка иницијатива на Француската развојна агенција, Conservation International, Европската Унија, Глобалниот еколошки фонд, Владата на Јапонија, Фондацијата MacArthur и Светска Банка, чија основна цел е обезбедување учество на граѓанскиот сектор во зачувувањето на биолошката разновидност. Дојранското Езеро како значајно подрачје за биолошката разновидност на Балканот се вбројува во групата на загрозени екосистеми за кои е обебзедена финансиската поддршка од CEPF програмата. Поради фактот што иднината во управувањето со Дојранско Езеро зависи исклучително од поддршката на релевантните чинители, овој проект се фокусира на подигнување на свеста на клучните засегнати страни и заедницата воопшто, преку поттикнување на интензивна комуникација помеѓу нив. Тоа ќе придонесе сите релевантни чинители во општеството да дејствуваат како силен соработник на Општината во донесувањето на одлуки и процесите за изработка и усвојување на повеќегодишните Планови за управување со екосистемот и годишни програми за заштита и зачувување на природните вредности. Исто така, постои силна потреба за унапредување на знаењата и вештините на локалната администрација, главно поради ограничениот број на вработени и нивната професионална структура којашто не е поврзана со управувањето со води и природни ресурси. Со реализацијата на проектот, Канцеларијата на РЕЦ во Македонија работи во насока кон здружување на претставниците на локалната самоуправа и релевантните чинители, со цел да комуницираат, дискутираат и работат заедно (преку реализација на работилници, тркалезни маси, студиска посета, дискусии, кампањи, настава во природа) за унапредување на интегрираното управување со води и природни ресурси во рамки на екосистемот Дојранско Езеро. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
63
екологија Корисник и партнер на проектот е општина Дојран која, меѓу другото, ќе се обучува за начинот на следење на квалитетот на водата и клучните биолошки параметри и препознавање на закани по езерото, при што ќе стекнува подготвителни знаења за идна изработка и спроведување на првиот повеќегодишен План за управување со споменикот на природата – Дојранско Езеро. Исто така, локалната самоуправа ќе учествува во уредувањето на Музејот на Дојранското Езеро и ќе се обучува за начините на управување и промоција на музејот.
КОМПОНЕНТИ НА ПРОЕКТОТ И ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ Проектните активности се групирани во 4 (четири) одделни компоненти, односно: Компонента 1 – Подигнување на свеста на локалната самоуправа, општествените чинители и широката јавност; Компонента 2 – Собирање на податоци и мониторинг; Компонента 3 – Регионално вмрежување и Компонента 4 – Инвестиции од помал обем (во текот на 2014 год. главно се реализираа активности од Компонентата 1, додека активностите во рамки на компонентите 2, 3 и 4 ќе се реализираат во текот на оваа година).
РЕАЛИЗИРАНИ АКТИВНОСТИ Во текот на досегашното спроведување на проектот беа реализирани повеќе активности, меѓу кои: средба на претставници на организациите што се стекнаа со финансиска поддршка за реализација на проекти во рамки на Програмата за критични екосистеми од Медитеранот, со фокус на жешките точки во однос на биолошката разновидност од Балканот – Дојранското и Охридското Езеро. На средбата што беше дел од мониторинг мисијата на CEPF во земјите кориснички од Југоисточна Европа, Канцеларијата на РЕЦ во Македонија ја претстави својата мисија и предвидените активности во рамки на проектот; воведeн состанок со претставници на локалната самоуправа и клучните засегнати страни од општина Дојран за претставување на проектот – неговиот опфат, динамиката на активности и очекуваните
64
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Локалните самоуправи - затечени ПСо делегирањето на надлежности на локалните самоуправи во однос на управувањето со заштитените подрачја од пониска класа, започна процесот на децентрализација во однос на заштитата на природата, што главно беше обврска на централната власт, односно Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Локалните самоуправи беа поласкани стекнувајќи нови надлежности, но истовремено и затечени пред обврските што им претстојат поради недоволната спремност во поглед на управувањето со заштитените подрачја – се соочуваат со недостиг од соодветни кадри (во однос на професионалната структура) и ограничен буџет, а дополнително од нив се очекува основање на служба во рамки на општината или јавно претпријатие, задолжени за управување со активности за заштита и унапредување на заштитените подрачја. Исто така им се нуди и можноста за склучување на јавноприватно партнерство со субјекти кои ќе бидат задолжени за извршување на стручно-научните активности во име на општините. Постои мислење дека МЖСПП наметна обврски за кои општините не се доволно подготвени, така што имаат потреба од соодветна финансиска и техничка помош. резултати; студиска посета на Паркот на природа Хутово Блато (БиХ), организирана за претставници на локалната самоуправа и претставници на клучните засегнати страни од општина Дојран, со цел да се запознаат со начините на управување со Паркот на природа Хутово Блато, зоните на заштита и работата на ловочуварските служби, образовните, спортско-рекреативните и туристичките содржини во Паркот на природата, како и да се запознаат со механизмите за одржливо управување со
паркот на природата и примерите на добра практика во управување со други заштитени подрачја. На студиската посета учествуваше и претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), со што министерството ја потврди својата поддршка во напорите на општина Дојран за воспоставување на систем за одржливо управување со Споменикот на природата – Дојранско Езеро; реализирани консултативни средби и работни сесии со наставници од основните училишта во општина Дојран, при што е формирана Работната група за образование за одржлив развој – за договарање на детали околу реализација на настани со едукативни активности за одржливо управување со Дојранското Езеро. Работната група има за цел преку користење на содржините (и нивно адаптирање за потребите на Дојранско Езеро) од мултимедијалните алатки за образование за одржлив развој Зелен пакет и Зелен пакет – Јуниор, да ја подигне свеста на учениците од основните училишта и да ги унапреди нивните знаења за одржливо користење на вода и природни ресурси, а преку нив да дејствува на пошироката јавност во заедницата. За реализација на едукативните активности (инаку предвидени за напролет годинава) ќе се оствари соработка со локални невладини организации кои работат во полето на животната средина и заштита на природата.
ТЕКОВНИ АКТИВНОСТИ Во моментов, проектниот тим на Канцеларијата на РЕЦ во Македонија ја изработува Проектната задача за развивање на Методологија за мониторинг на Дојранското Езеро. Со методологијата ќе се утврдат клучните параметри (физички, хемиски и биолошки) за утврдување на статусот со животната средина во екосистемот Дојранско Езеро. Испитувањето на клучните параметри на животната средина ќе опфати стандардни методи за земање мостри и тестирање на примероци. Се очекува, резултатите од мониторингот да укажат на слабостите на екосистемот, врз основа на кои ќе се идентификуваат идните потреби за негово правилно управување. Добиените резултати ќе се искористат за пилот внесување на податоци во Катастарот на заштитени подрачја, со којашто располага Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Исто така, во тек е и изработка на содржината и дизајнот на летокот и брошурата што ќе бидат наменети за широката јавност, со цел да се запознае со природните вредности на екосистемот Дојранско Езеро и начините за негова заштита и унапредување.
ПОРТА
aрт
ГАЛЕРИЈА GETTY IMAGES ВО ЛОНДОН - ИЗЛОЖБА YEAR IN FOCUS 2014
Фотографии кои ја одбележаа минатата година
66
ПОРТА
30 jaнуари 2015
aрт
и ш „ Р т с т м б в д с
с х с з е к е 1
Н
б у м н и п а
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
еодамна во престижната лондонска галерија Getty Images е отворена изложба насловена Year in Focus, на која се презентирани 60 фотографии по коишто ќе се памети 2014 година. Според организаторите, фотографиите со сериозен и трагичен предзнак доминираат над убавите и позитивни настани. Сириската граѓанска војна, воените настани во Украина, ширењето на вирусот ебола, протестите во Америка... , тоа е само дел од негативните случувања низ целиот свет по коишто ќе се сеќаваме на 2014 година. Новата „Гети“ изложба не можела да ги игнорира лошите работи што се случиле минатата година, но сепак кустосите на поставката успеале да ја избалансираат со фотографии на коишто се „фатени“ спортски победи, доделувања на награди, настапи на врвни музичари, прекрасни пејзажи и други фотографии кои го подигнуваат расположението. Изложбата во лондонската галерија Getty Images е отворена до 11 февруари.
ПОРТА
хортикултура
Нонг Ног - Тропска ботаничка градина Филип ФИЛИПОСКИ , дипл.шум.инж.
Н
онг Ног претставува ботаничка градина, а воедно и туристичка атракција во Тајланд, која никого не остава рамнодушен и дава чувство како да се наоѓате во рајот. Оваа ботаничка градина се простира на површина од два километри квадратни и претставува неизбежна дестинација во сите туристички понуди при посета на тој дел од светот. Приказната за паркот започнува во 1954 година, кога тајландското имотно семејство Тан-
68
ПОРТА
сака доаѓа на идеја да отвори голема овошна плантажа. На нивната плантажа успешно се одгледувале овошни и зеленчукови растенија, а се создавал и посадочен материјал, пред сè поради одличните услови што ги нуди тропската клима. При едно патување во Европа, во целост се променила идеајта и концептот за нивниот семеен бизнис. Фасцинирани од ботаничките градини и пространите паркови на стариот континент, тие решаваат да направат нешто
посебно, нешто сосема ново во својот крај. За таа цел најмуваат светски прочуени ботаничари, пејзажни архитекти и градинари, по што во 1980 година градината е и официјално пуштена во употреба. Со оглед на тоа што при планирањето на паркот Нонг Ног се ангажирани повеќе пејзажни дизајнери од различни краеви, секој има оставено сопствен печат соодветен на сопствената култура на уредување, па затоа и овој парк се состои од неколку тематски градини,
кои се совршено споени во една неразделна целина. Најголем печат има оставено француската градина, со своите топијарени симетрични форми, како и тајландската архитектура. Како единствена забелешка која може да се даде на оваа градина, е тоа што во тој спектар од бои и форми е изработена и реплика на англиската гордост „Stonehenge“, која за многу посетители претставува посебно воодушевување, но непроценливата вредност и мистеријата што стои зад ова издание, во суштина наложува на кич.
Најпопуларен дел во оваа градина е градината на орхидеите. Таа се наоѓа на површина од околу 5% од вкупната површина. Тука се собрани голем број разни видови на орхидеи, некои од нив дури и многу ретки. Покрај одгледувањето, во оваа градина се занимаваат и со собирање и селекција на семе од орхидеи и генетски инженеринг, со цел да создадат типови на орхидеи кои не може да се сретнат во природата. Друга уникатна збирка во Нонг Ног е уникатната колекција од палми која се состои од повеќе од 2.800 видови. Како и кај орхидеите, така и кај палмите посебно внимание се обрнува на производството на ретки и видови пред исчезнување, што во суштина претставува и цел за повеќето растителни видови кои се одгледуваат во паркот, односно со разможувањето на овие видови да се даде шанса повторно да се вратат во своите ареали, каде што се пред исчезнување. Како посебна атракција во паркот претставуваат и џуџестите палми, кои растат до 30 см во височина, а се многу популарни во Јапонија.
ПОРТА
спортски храмови
НАЦИОНАЛЕН СТАДИОН, АЛБАНИЈА
Кој ќе ја добие Националната aрена, Тирана или Елбасан?
У
Сашо КУЗМАНОВСКИ ште пред неколку години, Владата на Република Албанија излезе со став дека наскоро државата ќе добие нов Национален фудбалски стадион. Првичните планови беа да се урне сегашниот стадион „Кемал Стафа“ во Тирана и на негово место да се изгради нов, модерен стадион кој ќе ја преземе улогата на Национална арена, каде што Албанија ќе ги игра своите репрезентативни средби. Албанците распишаа конкурс и веќе го избраа идејното решение за новата Национална арена. Победник на конкурсот беше мултинационалната компанија „MANICA Architecture and Progetto CMR“, која веќе го презентираше изгледот на арената во Тирана. Сепак, на почетокот на оваа година, премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека новиот стадион нема да се гради на местото на сегашниот стадион „Кемал Стафа“, туку 40 километри подалеку
70
ПОРТА
30 jaнуари 2015
ФАКТИ ЗА НАЦИОНАЛНА АРЕНА - Тирана, Албанија Капацитет: 33.825 места Период на изградба: 2014 - 2018 Дополнителни објекти: административен простор и комерцијални објекти. Цена на изградба: 60 милиони евра Дизајн: MANICA Architecture and Progetto CMR
од престолнината, во градот Елбасан. Во исчекување на точното место на градење на стадионот, веста беше изложена и пред првиот човек на УЕФА Мишел Платини, со ветување дека новиот Национален стадион
на Албанија ќе биде готов до 2018 година. Новата Национална арена (во Тирана или Елбасан) ќе биде изградена по повод 100годишнината од независноста на Албанија и, според проектот, треба да биде еден од најмодерните стадиони во регионот. Комплетното финансирање на проектот ќе биде на Владата на Република Албанија, а стадионот ќе се гради на површина од 36.000 м2. Стадионскиот комплекс ќе биде на вкупна површна од 43.000 м2, од кои 25.000 м2 ќе бидат наменети за стадионот, 10.000 м2 за административен простор, 8.000 м2 за комерцијални објекти и просторно уредување. Дизајнот на стадионот е од УЕФА 4-та категорија и е предвиден да се изгради во помирните делови на Тирана или Елбасан. Новиот капацитет на Националната арена на Албанија ќе биде 33.825 места. Првично се очекуваше и Албанската фудбалска федерација да учествува со 75% во изградбата на стадионот, а само 25% да ѝ припаднат на Владата, но последните информации велат дека државата влегува со 100% инвестиција. Планираните трошоци за изградба на стадионот се движат околу 60 милиони евра.
ПОРТА
саеми
BAU 2015 - саем кој и натаму ги поставува трендовите за наредните години Од 19 до 24 јануари оваа година во Минхен се одржа водечкиот светски саем за градежништво, архитектура и материјали во градежништвото - BAU 2015.
Ц
елиот саем BAU 2015 во целост бил распродаден уште на почетокот на минатата година, а учествуваа повеќе од 2.000 изложувачи од повеќе од 40 земји во светот. Според информациите, саемот бил посетен од повеќе од 235.000 стручни посетители и експерти од струката. На изложбена површина од 180.000 м², саемот BAU 2015 презентираше решенија за развој на комерцијални и станбени единици во нови градби или во постоечки објекти. Саемот BAU на секои две години ги поврзува пазарните лидери од светот, кои ги донесуваат иновативните решенија за иднината на градењето. Оваа година саемот беше фокусиран на неколку клучни теми. Така, трите водечки теми за овогодишниот саем беа „Енергетска ефикасност и ефикасно користење на ресурсите“, „Човек и згради“ и „Интелигентна урбанизација“. Инаку, темите однапред се договараат во согласност со индустријата, и во тој поглед на саемот му е многу битно да излезе во пресрет на градежната индустрија.
ИНТЕЛИГЕНТНА УРБАНИЗАЦИЈА Растот и промената на градови ќе имаат значително влијание врз развојот во 21 век, односно околу две третини од светската популација до 2025 година ќе биде сконцентрирана во градовите. Остварувањето на визијата за иднината на „градови без емисија на CO2 со енергетска ефикасност и климатско приспособување“, може да успее ако истовремено се забрза енергетската модернизација на зградите и производствените капацитети. 72
ПОРТА
30 jaнуари 2015
ЧОВЕК И ЗГРАДИ Жителите на Централна Европа трошат повеќе од 80% од своето време во канцелариите или во други внатрешни простори. Докажано е дека оптимално
топлинските, хигиенските, осветлените и акустичните простори, можат екстремно крајно да ги подобрат процесите на размислување, емоциите, мотивацијата и интеракцијата на корисниците. Така, фокусот на саемот бил на
саеми
практични решенија за луѓето во зградите и просториите: иновативни системи за вентилација и меѓусебно усогласени контролни уреди. Регулацијата и оптимизацијата се од големо значење за иднината.
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ЕФИКАСНО КОРИСТЕЊЕ НА РЕСУРСИТЕ Демографските промени, намалувањето на ресурсите, енергетскиот пресврт и
глобализацијата во наредните години ќе го стави општеството и економијата пред големи предизвици. Развојот на новите меѓусебно ускладени концепти на фасади и ефикасни модели на снабдување со енергија за зградите и населбите, претставуваат неопходни чекори за иднината на градежниот сектор. Водечките теми се обработувани и преку разни изложби и низа форуми, со што се поставуваат трендовите за наредните години. Саемот BAU се организира секоја втора година и е еден од најважните саеми за градежништво во светот, бидејќи ги трасира трендовите за наредните години, и затоа секоја година се формираат листи на чекање за учество на него. Како и секоја година, така и оваа на саемот BAU 2015 беа присутни и претставници од Македонија, а меѓу останатите и од компанијата „АДИНГ“, чиишто фотографии ги користиме во рамките на овој текст. 30 jaнуари 2015
ПОРТА
73
легислатива
ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ГРАДЕЖНИ ПРОИЗВОДИ
Поедноставување на административните постапки
С
о постоечкиот Закон за градежни производи (сл. Весник на Р.М. бр. 39/06, 86/08, 47/11, 136/11 и 164/13), одредени се условите за пуштање на градeжни производи на пазарот и постапки за атестирање. Со овој закон беше усогласено националното законодавство со барањето на Директивата за градежни производи 89/10 CEEC. Од ЕУ е донесена нова регулатива 305/2011 за градежни производи, а во септември 2014 година Комитетот за градежништво и Европскиот парламент ги прифатија и објавија новите текстови на Анекс III и Анекс V од оваа регулатива. Потребно е усогласување на законодавството на ЕУ во делот на Поглавјето 3.01 – Слободно движење на стоки во областа на градежништвото како неопходен услов за процесот на пристапување на Република Македонија кон ЕУ, со цел олеснување на пласманот на македонските градежни производи на европскиот пазар. Правилата од новата регулатива 305/2011 со Анекс III и Анекс V, директно влијаат врз условите за градежните производи. Овие услови постепено се одразуваат на: - националните стандарди; - националните технички одобренија; - технички спецификации за градежните производи. Овие правила се однесуваат на: - безбедност на градбите; - безбедност на градежните работи; - безбедност на здравјето; - заштеди на енергија; - заштита на животната средина. Предлог-законското решение би требало да ги поедностави: - административните постапки; - уредувањето на постојноста на градежните производи; - усогласеноста со употребата на ознаката „CE“. Со предлог-законот ќе се уредат барањата за: - именувани тела; - постапка за именување; - обврски на именуваните тела. Се уредуваат и: - надзорот над спроведување на законот; - надзор на пазарот; - контрола и инспекциски надзор.
74
ПОРТА
30 jaнуари 2015
Обврските на Република Македонија кон Европската Унија, кои произлегуваат од овој закон и одредбите во врска со означувањето „CE“, ќе започнат да се применуваат по пристапувањето на нашата земја во ЕУ или потпишување на АКА Протоколот Предлог-законот за градежни производи содржи 10 поглавја во 65 члена. Првото поглавје го уредува предметот во делокругот на примена на законот, основните барања на градежните објекти, суштинските карактеристики на градежните производи, дефиниции кои се користат во овој закон. Министерството за економија е спроведувач на законот, го регулира неусогласеното подрачје, надлежно е за пријавување именувани тела и др. Во второто поглавје се регулираат сите релевантни аспекти во врска со изјавата за својствата на градежните производи и нејзината содржина. Се регулираат општите начела и употребата на ознаката „CE“ и правилата и условите за поставување на ознаката „CE“. Третото поглавје ги регулира градежните производи кои не се во согласност со овој
закон, а се пуштаат на пазарот на територијата на Република Македонија. Преку четврото поглавје се регулираат обврските на електронските оператори. Во петтото поглавје е разработено подрачјето на хармонизирани технички спецификации. Посебни членови кои се однесуваат на хармонизирани стандарди кои претставуваат европски стандарди подготвени од европски тела за стандардизација. Шестото поглавје се однесува за техничката оцена (TABS). Седмото поглавје се однесува на именуваните тела кои треба да ги вршат задачите за третите страни во процесот на оцена и потврда на постојаноста на својствата според овој закон. Поглавјето осум се однесува на надзорот на пазарот, контрола и инспекциски надзор со прекршочни одредби. Деветото поглавје регулира одделни случаи кои се третираат како посебни постапки во врска со непостоење технички спецификации и сертификати за сообразност. Преодните и завршните одредби кои се однесуваат на подзаконските акти се регулираат во десеттото поглавје. Обврските на Република Македонија кон Европската Унија и земјите членки на ЕУ, кои произлегуваат од овој закон и одредбите во врска со означувањето „CE“, ќе започнат да се применуваат по пристапувањето на Република Македонија во ЕУ или потпишување на АКА Протоколот. Целта на АКА Протоколот е отстранување на техничките бариери во трговијата меѓу државите членки на ЕУ и државата кандидат.
ПОРТА
ПОРТА