90 денари / БРОЈ 179 / ПЕТОК 23.03.2012 година VIII
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
ЗОШТО Архитектите ЗАРАБОТУВААТ ПОМАЛКУ ОД ДРУГИТЕ ПРОФЕСИИ? првА вертикАлнА ГрАдинА во мАкедонијА? ВО ОВОЈ БРОЈ: специјален прилог за Мебел
Мебел - трансформирачко искуство
БРОЈ 179 ПЕТОК 23.03.2012
ГОДИНА VIII Редакција:
Драги читатели, нови потреби на потрошувачите. Вклучувањето на Република Македонија во иницијативата „Европски зелен појас“ е од особено значење не само за заштита на природните вредности, туку и за прекугранична соработка на полето на одржливиот економски развој во одредени региони. Европскиот зелен појас како мрежа од заштитени подрачја се протега низ 23 европски земји. Зошто архитектите заработуваат помалку од другите професии? Според некои британски размислувања, за ваквата состојба „виновен“ е преголемиот број на архитекти, кој доведува до намалување на вредноста на професијата, па како можно решение се гледа и во намалување на бројот на архитектонските факултети во земјата. Во светски рамки, Република Македонија со по еден архитект на 692 жители е трета земја во светот по бројот на архитекти во однос на бројот на жители во земјата. Пред неа се само Италија со по еден архитект на 516 жители, и Јапонија, која е прва во светот, со по еден архитект на 416 жители.
оД реДакцијата
новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ROCa lONDON GalleRY
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
ЗОШТО АРХИТЕКТИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОМАЛКУ ОД ДРУГИТЕ ПРОФЕСИИ?
90 денари / БРОЈ 179 / ПЕТОК 23.03.2012 година VIII
На почетокот на месецов, под мотото „Градиме иднина", Скопски саем беше домаќин на над 300 компании од градежниот сектор, кои се претставија на 9. Меѓународен саем за градежништво. Како и лани, оваа саемска манифестација беше проследена со Саемот за недвижности - RealEX Скопје 2012, кој по втор пат обединува повеќе изложувачи од регионот. Саемските манифестации беа проследени и со стручни конференции, трибини и тркалезни маси. Со цел да го реши проблемот со сообраќајниот метеж во центарот на Скопје, Министерството за транспорт и врски започна со тендерска процедура за изработка на „Студија за сообраќајниот систем на градот Скопје“, со идеен проект за Подземна сообраќајница од Соборниот храм до зградите на комплексот банки. Тендерот го доби шпанската компанија IDOM. Дизајнот на мебел се движи во различна насока од дизајнот на облека. Луѓето сакаат нивниот мебел да трае, а уште поважно, малку од нив сакаат да го третираат својот мебел како модно влијание на тренд. Затоа тој не е резултат на промена на вкус, туку одговор на
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
ПРВА ВЕРТИКАЛНА ГРАДИНА ВО МАКЕДОНИЈА? ВО ОВОЈ БРОЈ: СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ ЗА МЕБЕЛ
Мебел - трансформирачко искуство
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ
автор: "ZaHa HaDID aRCHITeCTS"
РЕПОРТАЖА 12
фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
12
ИМА ЛИ НАДЕЖ ЗА МАРИОВСКИОТ РЕГИОН?
ГРАДЕЖНИШТВО 18 ТУНЕЛ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ДВА КРАЈА ОД ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
24
ЕНТЕРИЕР 28
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
АРХИТЕКТУРА 24
ДРВОТО КАКО ИЗВОР НА ИНСПИРАЦИЈА ВО ДИЗАЈНОТ
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Анастасија НИКОЛОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (AНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
ТРАНСФОРМИРАЧКО ИСКУСТВО
ТЕХНОЛОГИИ 50
Печати: Европа92 - Кочани
ПРИВАТНОСТ НА ИНТЕРНЕТ (СКОРО) НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
ЕКСПЕРТ 52
ЗОШТО АРХИТЕКТИТЕ ЗАРАБОТУВААТ ПОМАЛКУ ОД ДРУГИТЕ ПРОФЕСИИ?
28
ЕКОЛОГИЈА 58
Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.
ОСОГОВО И ЈАБЛАНИЦА - БИСЕРИ НА БАЛКАНСКИОТ ЗЕЛЕН ПОЈАС
жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
ХОРТИКУЛТУРА 60
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
ПРВАТА ВЕРТИКАЛНА ГРАДИНА ВО МАКЕДОНИЈА?
50
58
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
www.lectusgroup.com info@lectusgroup.com тел: 026145300 моб: 075 223 553 адреса: Јужен булевар (новиот комплекс кај Магнус)
Понекогаш сè што е потребно е една блескава идеја и кожната софа се претвoра во магија. Таа беше и визијата на Lectus Group-Furniture при креирање на новата Elegance collection 2012. Перфекцијата на италијанскиот дизајн инспириран од уметност, кожните софи направени со многу љубов ги доведува до совршенство. Есенцијални вредности на филозофијата на Lectus Group-Furniture се: рафниран италијански дизајн и кожа со врвен квалитет. Софите се резултат на долгогодишна традиција во рачната изработка комбинирана со софистицирана технологија вградена во секое парче мебел. Во секој модел внимателно е проучена ергонометричноста за да се овозможи најдобар комфор во моментите на релаксација. Lectus Group-Furniture ви гарантира софи базирани на вашите специфични потреби од аспект на големина и комфор овозможени од директното производство. Директниот линк помеѓу вас, продажниот центар и производството, дозволува висок степен на избор и доверба во изработката на секој детаљ. Со тимот архитекти на Lectus Group-Furniture, нивната посветеност и професионална услуга најлесно ќе стигнете до решение за тоа како вашиот дом да биде исполнување на вашите соништа.
инфо
Деветти МеѓунароДен саеМ за граДежништво и втор саеМ за неДвижности
Градeжништвото - најглавен индикатор за економијата
Н
а почетокот на месецов, под мотото „Градиме иднина", Скопски саем беше домаќин на над 300 компании од градежниот сектор кои се претставија на 9. Меѓународен саем за градежништво. Како и лани, оваа саемска манифестација беше проследена со Саемот за недвижности - RealEX Скопје 2012, кој по втор пат обединува повеќе изложувачи од регионот. Посетителите на двете саемски изданија можеа да ги видат понудите на учесниците изложени во дворот на Скопски саем и во три саемски хали, на вкупна површина од 9.000 квадратни метри. Саемските манифестации беа проследени и со стручни конференции, трибини и тркалезни маси. Добредојде на учесниците им посака директорот на Скопски саем Гвидо Омладич, кој нагласи дека развојот на оваа гранка е можеби најточниот индикатор
6
3
ПОРТА
23 март 2012
за економијата на една држава, токму поради големиот број подизведувачи кои се вклучени во процесот на градење. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, поздравувајќи ги учесниците рече дека овој сектор значајно влијае за развојот на целокупната економија и претставува директен индикатор за состојбите во целото стопанство, каде што градежништвото инволвира уште најмалку 40 стопански гранки од кои со 26 гранки е во директна поврзаност. Затоа Владата, со цел да го стимулира економскиот раст, во буџетот за 2012 издвои 300 милиони евра за инфраструктурни и за енергетски проекти. „Градежништвото, кое ја движи целата економија заклучно со третиот квартал лани споредено со истиот квартал во 2010 година бележи раст од 11,3 проценти, е во фокусот на Владата во изминатите години“, истакна Пешевски. Следните чекори во оваа област, според
него, се носење Закон за подземен катастар, воспоставување електронски регистар на изградени јавни комуникациски мрежи, замена на постојните стандарди во градежништвото со европските стандарди - еврокодови, целосно предавање на надлежностите на општините за менаџирање со градежното неизградено земјиште, електронско добивање одобренија за градење, електронска централна база на податоци за урбанистички планови и др. Дел од учесниците на саемот, инвеститори во недвижности, се со очекувања за успешен бизнис и најава за понуда на станови со пониски цени и покрај повисоките цени за некои од парцелите на кои ќе градат. „Може да се платат скапи парцели и на периферијата на Скопје и пак да се направи една скромна добивка односно успешен бизнис, изјави Ванчо Чифлиганец, сопственик на „Адора инженеринг". Неговата компанија, дента на јавна лицитација купи пет
инфо
локации со градежно земјиште на 8.283 квадратни метри од државата за изградба на пет нови станбено-деловни објекти во населбата Ново Лисиче во општината Аеродром во Скопје. На локациите, компанијата ќе изгради пет нови станбено-деловни згради со вкупно 300 станови, од кои дел ќе бидат вклопени во владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. Од агенциите за недвижности што се претставуваат на саемот велат дека во изминатиот квартал забележале интерес за инвестирање во недвижности. Не очекуваат зголемување на цените на становите. „Не очекувам голем раст на цените на становите. Цените генерално и во Македонија и во регионот се доста високи, така што очекуваме да останат на тоа ниво“, изјави Хавиер Пинчарт, менаџер на агенцијата „Фортон“ МКА, дел од бугарската групација АГ Капитал.
награДи за најуспешните учесници на Realex скопје 2012
На свечена церемонија по повод второто издание на Саемот за недвижности RealEX Скопје 2012 беа доделени награди на неговите најуспешни учесници. Како и минатата година, наградите се доделија во шест категории. Инвеститор на годината е компанијата „Адора инженеринг“. Наградата за Проект на годината и припадна на турската компанија „Џеваир“. За Резиденцијален проект на годината е избран комплексот „Лисиче“ на компанијата „Настел“. За Комерцијален проект на годината е прогласен „Парк Резиденс“. Наградата за Проект од јавно значење на годината и припадна на компанијата „Модинг" за проектот „Државен универзитет Тетово“. И наградата за Дизајн на годината и припадна на компанијата „Трим и Лум“ за проектот „Комплекс Алумина“.
Компанијата „Адора инженеринг“ - инвеститор на годината: Ванчо Чифлиганец, прв човек на компанијата
3
23 март 2012 ПОРТА
7
инфо
архитектура и урбанистичко планирање
Архитектот не е оној што само црта Во оваа ера на индустриска експанзија каде градежните конструкции небаре ги менуваат физичките граници и можности, архитектурата срамежливо и со доза на копнеж сè уште го негува култот кон традиционалното Андреа ЈАмАкоскА, Анастасија НиколовскА, Студенти на четврта година на Архитектонски факултет, УКИМ Скопје
А
рхитектурата и урбанистичкото планирање беше темата на конференцијата во организација на „Леорон Груп“ од Центарот на архитектонски и градежни збиднувања - Дубаи и Асоцијацијата на архитекти на Македонија на која беа презентирани и дискутирани најновите предизвици во архитектурата и планирањето од страна на домашни и меѓународни експерти. Архитектот Љупчо Бораниев од фирмата „Бортас“, во своето излагање на тема „Бизнис амбиентот во Македонија“ говореше за варијабилноста на цената на еден квадратен метар за одреден простор, како спорен фактор кој влијае врз статус кво и бизнис амбиентот во Македонија, а воедно и врз процесот на проектирање. Тој напомена дека непостоењето на унифицирани, стандардизирани правилници, доведува до деградирање на интелектуалната услуга на проектантскиот тим. Имено, инвеститорот на име на своја 8
3
ПОРТА
23 март 2012
поголема финансиска добивка ги занемарува неизбежните фактори кои учествуваат во цената на еден квадратен метар, т.е. акцентот го позиционира на квантитативното, наместо на квалитативното вреднување на просторот. Како решение на овој општествено - економски проблем, архитектот Љупчо Бораниев во својот објективен став кон унапредување на професијата сугерира покренување на иницијатива за систематизација на процесот и имплементација на организирани инструменти – правилници, разработени на национално ниво. Во продолжение на панел дискусијата свое обраќање имаше и Стане Томц, директор на „Remty“ (Љубљана, Словенија), кој говореше на темата „Нови системи за енергетска заштеда“, веќе применети во над 40 објекти ширум Словенија. Станува збор за корпорација која има долгогодишно искуство во полето на механичките инсталации, со екстензивно искуство во поставување и имплементирање на вентилациски и нискоенергетски системи во своите проекти.
Водечка идеологија во инженерингот на оваа корпорација претставува достигнувањето на три круцијални аспекти: квалитетна изведба, правилна работа и загарантиран комфор при користењето на просторот. Според Томц, архитектот не е оној што само црта, туку е неопходно тој да биде прв советник на инвеститорот, да ги менаџира желбите и финанскиските можности на инвеститорот кон остварување на овие аспекти. За системот да функционира беспрекорно потребна е изработка на конкретен проект за утврден контекст со своите специфични географско – климатски карактеристики. Тоа би значело дека една пасивна куќа не може да се земе како унифициран елемент кој би се мултиплицирал безброј пати ширум седумте континенти, „Она што е добро за северна Европа, не е нужно добро и за кај нас...“, вели Томц. Главен адут на оваа инженерска корпорација е енергетскиефикасниот систем Regain кој нуди ладење, греење и климатизирање на индивидуални
Деветти МеѓунароДен саеМ за граДежништво и втор саеМ за неДвижности слободностоечки објекти. Овој паметен систем ги минимализира енегретските загуби, го спречува прекумерното загревање и го оптимализира квалитетот на воздухот во просторот. Со правилно спроведување и имплеметирање на овие системи во архитектонскиот проект во потполност се постигнува аспектот на самоодржлива архитектура како пријател на здравото живеење и природното опкружување. Првиот дел од панел дискусијата беше заокружен со презентацијата за современо градење со примена на традиционални, локални градежни матријали. Свое обраќање пред присутниот аудиториум имаа архитектот Јоне Јанкоски и Тефик Тефикофски – Туто. Народната архитектура претставува термин кој се користи за да се категоризираат методите на изградба во кои се содржани локално достапните ресурси, традиции и околности заради задоволување на локалните потреби. Таа има вековна тенденција да се развива, односно еволуира, така што со текот на времето остава белег врз животното опкружување, културниот и историскиот контекст во кој опстојува. Во оваа ера на индустриска експанзија каде градежните конструкции небаре ги менуваат физичките граници и можности, архитектурата срамежливо и со доза на копнеж сè уште го негува култот кон традиционалното. Имено, можеме да се повикаме на бројни примери од Етиопија, Камерун, Кина, но и Шведска, Украина, Шпанија, па и Македонија каде архитектурата интуитивно ги соединува традицијата и потребата во манирот на модерното време. Таа функционира како рефлексија на потребите, таа е доволна сама на себе... Со својата морофолошко-типолошка димензија традиционалната архитектура претставува добар пример за учење на животниот комфор, функционалната организација, безвременскиот естетски израз и дава ефикасен одговор на социјалните и природните околности. Но, дали овој пример од традиционалната архитектура е доволно актуелен за да се примени во денешното квази култивирано општество? Кон повторно воспоставување на овој вернакуларен дискурс се заложил токму господинот Тефик Тефиковски - Туто, кој целиот свој ентузијазам го насочил кон ре-препознавањето и ре-осознавањето на архитектонско-културните референци на село Јанче, Дебарско. Користејќи го италијанскиот метод “Chilometri zero” (нула километри), тој ја реинтерпретира станбената структура на селото. Секоја физичка интервенција на традиционалната градба во овој зафат се води со исклучително внимание, со претходна студија на нејзината форма и структура. Интервенциите се водени со огромна почит кон интегритетот на локалното опкружување, и целосно се компатибилни на физичкиот и културниот пејзаж. Ова претставува одличен пример за негување на традиционалниот концепт на станбени единици со сите позитивни и негативни карактеристики. Впрочем, професорот Борис Чипан во тој контекст ќе спомене дека „Куќа без мана, не е куќа!”
инфо
АрхитектурАтА кАко постојАн Даница ПАвловскА, временски дијАлоГ претседател на УО ААМ
А
социјацијата на архитекти на Македонија за остварување на своите примарни цели на афирмација, заштита и унапредување на професијата, има потреба од следење и учество во битните случувања како што е на пример, Саемот на недвижнини и инвестиции или Саемот за градежништво. Всушност, оваа година на седми март како партнер на организаторот, агенцијата „Леорон“, во рамките на таа манифестација, ААМ ја оствари „Конференцијата за архитектура и планирање“, при што организираше демонстрација „во живо“ на традиционалното градење со земја. Овој собир претставуваше тематско случување во новата динамика на социјалните и економските промени, кои навистина ја маргинализираат улогата на архитектурата и планирањето. Како сведоци на недоволно демократизирано општество, несозреан правен систем и сложена економска ситуација, учесниците на конференцијата ја коментираа актуелната неприфатлива ситуација, и упатија вредни суптилни пораки за нејзино надминување. Првото излагање беше на архитект Љупчо Бораниев и се однесуваше на факторите што ја одредуваат цената на чинењето на објектот, при што тој изнесе парадоксални податоци дека учеството на проектантите е само 1%, вредноста на градежното земјиште 30%, самата изградба 30%, „комуналиите“ 10% итн., а изнесе и неколку иницијативи и забелешки за дејствувањето на Комората на овластени архитекти и инженери. Потоа се премина на темата „Зелена архитектура“ со презентација на г. С. Ремц на системот за енергетска заштеда осмислен од компанијата „Ремеди“ од Словенија, а наречен „потполна удобност“, за да се продолжи со предавањето на архитект Ј. Јанкоски за глобалната димензија на темата и низ препознатливиот вокабулар на одржлива
традиционална градба во Македонија, да биде објаснета и претставена утилитарна творба убавина од локални природни материјали. Планирањето на просторот како холистичка активност низ еден перманентен процес и постојан временски дијалог, беше тема на вториот сегмент на конференцијата и отпочна со настапот на архитект Л. Деда од проектантската куќа „Скот Браунриг“ од Лондон, предвиден како импулс на интернационално искуство, знаење и практика. Тој презентираше неколку примери проекти и укажа на неопходноста на претходна студија на секој простор за градба, како компонента на негово квалитетно планирање, и тоа со покривање на повеќе аспекти како економска логика, социјално опкружување и слично, а анализите на транспортот и животната средина се неодминливи. Видео сесијата „Еден поинаков град - Дубаи“ на архитект М. Кировска претставуваше показ на нови раскошни практики на богатите, свежи престижни трендови и вистинско освежување на попладневната сесија. Поентирањето на конференцијата беше предвидено за дискусијата по новиот ГУП на Град Скопје - стратешкиот документ за воспоставување на компактен град како единствена физичка, функционална, економска и естетска целина. Поточно беше предвидено отпочнување на широки стручни разговори по изготвена и одобрена Програма за изготвувањето на планот, што потоа би продолжило во други тематски дебати предвидени како учество на јавноста во наредниот период и во следните чекори на процесот. Отсуството на поканетите претставници на нарачателот и изготвувачот на планот беше демотивирачко, но уследија навистина конструктивни коментари на архитект С. Апостолов и професор М. Токарев. Може да се заклучи дека ова пролетно дружење беше и потребно и корисно и логично.
3
23 март 2012 ПОРТА
9
инфо
конференција за неДвижности и инвестиции Realex
купувачите имаат поголем избор
В
о рамките на Саемот за градежништво и недвижности во Скопје, се одржа и конференцијата за недвижности и инвестиции, на која како панелисти беа повикани професионалци од повеќе области како што е секторот за недвижности, банките, осигурителните компании, инвеститори и други. Можностите за инвестиции во недвижности и растечкиот пазар во земјава ги претстави Хавиер Пинчарт, менаџер на „Фортон“ МКА. Пинчарт изјави дека порано бил воден од понудата на компаниите, но дека тоа веќе не е случај, бидејќи во денешно време купувачите имаат поголем избор. Во својата анализа за подигнување на нови станбени објекти, тој посочи дека најголема изградба има во општина Центар, а потоа доаѓаат Карпош и Кисела Вода. Панел дискусијата продолжи со излагањето на Драгана Чифлиганец, директор за маркетинг и инвестиции во „Адора Инженеринг“, која истакна дека куповната моќ на граѓаните не дозволува самофинансирање при купување на станови, и додаде дека банкарскиот сектор е многу важен во пазарот со недвижности. Дури 60 отсто од купените недвижности се плаќаат со кредити или на рати. Од анализата на „Адора Инженеринг“, како најатрактивни локации за градење на станбени објекти се населбите Аеродром и Ново Лисиче. Салим Хасани, директор и основач на компанијата „Модинг“, истакна дека со
10
3
ПОРТА
23 март 2012
Александар ЧереПНАлкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ се отвораат многу можности за градење во периферниот дел од Скопје, каде што има добра инфраструктура за градење. Неговата компанија има веќе инвестирано во парцела кај општините Бутел и Чаир, каде што се планира да се гради станбен комплекс, а цените ќе го достигнат бараниот услов од 900 евра метар квадратен. Во дискусијата беше отворена и темата за квалитетот и безбедноста на изградените објекти, поточно за асеизмиката. Но, од повеќе учесници на дискусијата беше општо заклучено дека во проектирањето на новите објекти големо внимание се обрнува на проблемот со безбедноста при земјотреси. Комерцијалниот директор на „Настел“, Арсо Јаневски, во своето излагање посочи дека според неговото искуство купувачите секогаш се најзаинтересирани за цената на становите, локацијата и вградените материјали, а помалку се прашува за безбедноста и сигурноста на зградите. Исто така, истакна дека како најважен параметар за успешно продавање на становите е секако локацијата на објектот. Зоран Азманов, претседател на компанијата „Настел“, пак, предупреди за проблемот на хиперпонуда на пазарот и паѓање на цената на становите, а исто така и побарувачката од страна на купувачите. Тој изјави дека Владата треба да биде внимателна околу бројот на локации што ги пушта годишно во градба. Претставниците од банкарскиот сектор,
Шпаркасе банка, Стопанска банка, ТТК банка, имаа свои видувања на работите. Тие во своето излагање ги претставија кредитните линии на банките и нивното инволвирање во секторот со недвижности, исто така и кредитирањето на млади луѓе за купување на свое живеалиште, како дел од владината програма „Купи куќа, купи стан“. Во делот за осигурување на недвижностите свое излагање имаше Среќко Петроски, директор на секторот за продажба и маркетинг на Албсиг осигурување. Тој во своето излагање посочи дека треба повеќе да се практикува осигурувањето на недвижностите од страна на инвеститорите. Специјален гостин на конференцијата беше д-р Калид Ал – Тавил, кој е главен советник на принцот Мохамед Бен Наиф на кралството Саудиска Арабија, и министер во неговата влада. Тој рече дека во Македонија има многу простор за инвестирање во недвижности, но како проблем ја наведе инфраструктурата во земјата. Професорот од Градежниот факултет во Скопје Ванчо Ѓорѓиев ја искористи оваа прилика да ја промовира програмата за постдипломски студии од областа на менаџмент со недвижности, која се спроведува на Градежниот факултет во соработка со неколку високорангирани европски факултети. Оваа програма овозможува изучување на проблематиката со менаџирање со недвижности со опфаќање на повеќе научни дисциплини, како што се техничките, правните и економските.
проМовирање на правилник за енергетска ефикасност кај нови објекти и објекти за реконструкција во општина карпош
инфо реакција
објектот на илинденска бб е дел од историскиот континуитет
Т
преку обновливли извори на енергија до намалување на комунални давачки Александар ЧереПНАлкоски, дипл. инж. по дрвна индустрија
М
инатата недела во просториите на општина Карпош се одржа промоција на правилник кој го донесе општина Карпош за градење на енергетски ефикасни објекти. Овој правилник стапи на сила во почетокот на февруари оваа година, и се однесува само на територијата на општина Карпош. Иницијатор за донесување на овој правилник беше градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, со што ја поставува општината чекор пред останатите општини во Република Македонија во однос на градежништвото. Освен градоначалникот на општина Карпош и Љупчо Димов советник за енергетска ефикасност при општината, учествуваше и архитект Петар Николовски, кој го презентираше правилникот. Со правилникот се предлагаат одредени мерки кои треба да се запазат во процесот на проектирање за добивање на градежна дозвола во општината. Со него се пропишуваат технички услови за ограничување на годишната потрошувачка на
енергија за греење на објекти, кои инвеститорите на нови и постоечки станбени и нестанбени згради на територијата на општина Карпош треба да ги предвидат во основните проекти. На презентацијата, исто така, беше наведено дека зградите за кои ќе биде приложен математички доказ дека потребите за греење на истата се помали за најмалку 10% од минималните барања на правилникот, ќе бидат стимулирани со намалување на надоместокот за комуналии за 15%, во делот што припаѓа на општина Карпош. Доколку истата зграда е проектирана да искористува и некои од обновливите извори на енергија (сончева, геотермална), надоместокот за комуналии се намалува дополнителни 5%, односно максималното ослободување од комунални давачки ќе изнесува 20%. Овој правилник треба да биде поттик за понатамошна работа во изготвување на законска регулатива на државно ниво и воведување на ред во градежниот сектор во однос на енергетската ефикасност.
рајната вредност на објектот на Илинденска бб е дел од историскиот континуитет за заштита и зачувување на културноисториското наследство, што претставува значајна цивилизациска обврска. Ја изразуваме нашата голема благодарност до редакцијата на списанието „Порта3“, кое досега ни понудуваше бројни статии и стручни написи од споменативе области – ги читавме и ги користевме во нашите активности во рамките на работната програма посветена на културното наследство, како и во циклусот „Градови – центри на европската култура“, позната културна манифестација на Советот на Европа и Европската Унија, што датира од 1985 година, а чиј иницијатор е познатата грчка авторка Мелина Меркури, поранешна министерка за култура на Република Грција. Со големо внимание ја следевме дебатата во врска со споменатиот објект на Илинденска бб, а посебно нè восхити статијата „Трајна вредност која треба да се заштити и сочува“ објавена во „Порта3“ на 21 јануари 2012 година, од страна на Архитектонската академија на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Високите вредности на оценките дадени во споменатата статија нè поттикнаа и нè задолжија јавно да ја изнесеме нашата поддршка за претседателството на АА и ААМ за споменатиот објект на Илинденска бб. Како невладина организација – субјект на граѓанското општество, ќе се почувствувавме неодговорни ако не ја поддржавме споменатата статија, која завршува со зборовите „Стоп за волунтеризмот во областа на архитектурата, градежништвото и екологијата“, и е прилог кон континуитетот и заштитата на високите вредности на културното наследство. Со почит, Клуб УНЕСКО: живите јазици - прозорец кон светот. костадинка ПемовА, дипл. инж. арх. претседател на комисијата за заштита на културно наследство, и Ѓурѓевка ДоНевскА ТреНЧовскА, претседател на Клубот, педагог, романист и новинар-истражувач.
3
23 март 2012 ПОРТА
11
репортажа
има ли надеж за мариовскиот регион? Штавица
Мариово била една од ретките области во која за време на целото владеење на Турците немало процеси на исламизација. Според пописот од 2002 година, во областа живееле 839 жители.
М
ариово е историски, културно и природно богат регион, но за жал денес се наоѓа на прагот на потполно изумирање, и тоа по само 50 години од појавата на помасовната миграција. На подрачјето на Мариово во 1564/65 година се случила познатата Мариовска буна, која била првата масовна форма на отпор на македонскиот народ против Османлиската власт, поттикната од бесправните даноци и неподносливите услови за живот, а подоцна во
12
3
ПОРТА
23 март 2012
Даниела млАДеНовскА 1688/89 била крената уште една Мариовска буна, овој пат под влијание на Карпошевото востание. Мариово била една од ретките области во која за време на целото владеење на Турците немало процеси на исламизација. Според пописот од 2002 година во областа живееле 839 жители. Витолиште е најголемото село во прилепскиот дел на Мариово. Од Прилеп е оддалечено 46km и лежи на 830 м надморска височина. До селото се стигнува по регионалниот пат Прилеп - Витолиште, кој е во одлична состојба, а според кажувањето на мештаните e изграден во времето на зедничката држава преку
младинска работна акција. Во селото има осумгодишно училиште, пошта, амбуланта, со што тоа претставува своевиден рурален центар, но и покрај релативно добрата инфраструктура Витолиште доживеало огромна депопулација од 1291 жител во 1961 година, на само 266 жители во 1994. Според пописот од 2002 година, селото имало 170 жители. Проценката е дека денес оваа бројка е најмалку преполовена. Селото Штавица е првото мариовско село најблиску до Прилеп, односно македонскиот Холивуд, кое стана познато по снимањето на филмовите „Пред дождот“ и „Прашина“
репортажа на Милчо Манчевски. На самиот влез во селото, табла со интересен натпис „Штавица - мал Холивуд“, сведоштво за промоцијата на ова место на филмското платно. Продолжувајќи понатаму кон Витолиште, пред вас се открива прекрасна природа, но и болни знаци на сведоштво за некогашниот достоинствен живот: напуштено трло во далечините, полуразрушени куќи, празни дворови. На овој потег се селата Бешиште и Полчиште со по одвај дваесетина жители, како и селото Мелница кое е целосно изумрено. Мелница е родното село на писателот Стале Попов, авторот на легендарните „Калеш Анѓа“ и „Крпен живот“. Но, неговата родна куќа, за жал е во многу лоша состојба, и единствено плочата со натпис потсетува на нејзиното значење. Во близина на селото, веднаш до регионалниот пат, покрај реката Бутурица, во
ретко живописен предел, се наоѓа манастирот „Св.Илија“ кој датира од 1872 година. Манастирот е изграден по иницијатива на Стале Чешелков од село Полчиште, но со помош на целото мариовско население. Во знак на благодарност, месното население го прогласува Чешелков за ктитор на манастирската црква и доживотен игумен на манастирот. Дедо Стале умрел во 1913 година на 115 години. Токму поради природните убавини, чистиот воздух и питката планинска вода, манастирот во минатото бил едно од омилените места за одмор на Пелагонискиот митрополит Григориј. Во манастирската црква е сочуван натпис од 1872 година, каде што пишува дека со помош на православните христијани од околните села бил изграден манастирот од мајсторот Пере Лауца. По изградбата на манастирската црква биле повикани мијачки
Мариово
зографи од селото Тресонче, на чело со Аврам Дичов – син на познатиот и легендарен за 19 век Дичо Зограф. Сите внатрешни ѕидни површини се зографисани од Аврам Дичов. Во црквата се наоѓаат и поголем број икони од 19 век, работени од истиот зограф - иконописец. Денес, манастирот е речиси напуштен, а голем дел од фреските, особено на западниот дел, се оштетени. Сепак, и понатаму се одржува традицијата на селските собири во чест на празникот Св. Илија, кога и раселените жители се навраќаат на своите корени. Но, надеж за овој регион сепак постои. Сознанието дека овие прекрасни предели во длабочините кријат над 60 милиони тони експлоатациони резерви на лигнит, ќе донесе нова енергија. Ќе биде ли доволна за повторно раѓање на изумрените села? Манастир Св. Илија
Регионалниот пат Родната куќа на Стале Попов
Штавица, црквата од филмот „Прашина“
Штавица
Манастир Св. Илија
Витолиште
3
23 март 2012 ПОРТА
13
региони
ADING
14
3
ПОРТА
23 март 2012
рубрика
3
23 март 2012 ПОРТА
15
градежништво
АКРЕДИТАЦИЈА ПО мкс EN ISO 17025 ЗА ЛАБО Р Акредитацијата е формално признание и верификација дека организацијата ги исполнува стандардите за извршување на одредени активности. Геомеханичките истражувања се еден од клучните фактори за успех на градежните потфати. Подготвиле: м-р Драган ДимиТриевски, дипл.град.инж. марија ШиНДевА, дипл.инж.геотех. марија ШирТовскА, дипл.инж.геотех.
П
роценките велат дека светот годишно троши околу 4 трилиони долари во градежната индустрија. Со тек на времето, градежните проекти стануваат се пообемни, посложени и поскапи. Но правопропорционално со инвестициите, растат и ризиците. Потенцијален ризик за секоја градежна инвестиција се непознатите почвени услови. Лошата геомеханичка состојба на почвата е ризик со кој инженерите се сретнуваат и справуваат уште на самиот почеток на инвестицискиот проект. Оттаму геомеханичките истражувања се еден од клучните фактори за успех на градежните потфати. Геомеханичките истражувања се процес со кој се собираат релевантни информации за геомеханиката на теренот, a со кои се дефинираат конкретните услови на подлогата на самата локација, со што се обезбедуваат информации потребни за геотехничкa анализа и геотехнички инженеринг. Податоците што
16
3
ПОРТА
23 март 2012
се однесуваат на геомеханиката на почвата се добиваат преку низа испитувања во геомеханичка лабораторија со помош на специјална опрема и стандардизирани процеси. Само добро опремена лабораторија за геомеханички истражувања и испитувања со добро едуциран, мотивиран и искусен персонал може успешно да ги извршува задачите што ги бара современото геотехничко проектирање. Во спротивно, релативизираните и неточни резултати од геомеханичките испитувања се подеднакво опасни и ризични, како и неспроведувањето на испитувањата. Оттаму, забележлива е тенденцијата за стандардизирање на ексериментите и подигање на квалитетот на лабораториските испитувања во светот. Акредитацијата на методите за лабораториски испитувања е логичен чекор напред за секоја лабораторија која има потенцијал да се развива и да ги понуди своите услуги на корисникот како компетентен извор на резултати од лабораториски испитувања. Конкретно, во
Македонија акредитацијата е правно дефинирана преку Законот за акредитација од 2009 година, каде работите и задачите од областа на акредитацијата се доделени на Институтот за акредитација на Република Македонија (ИАРМ) како јавна установа од јавен интерес. Акредитацијата е формално признание и верификација дека организацијата ги исполнува стандардите за извршување на одредени активности. Во постапка за акредитација може да се вклучат сите лаборатории кои изведуваат тестирање/калибрација, тела за сертификација на производи, системи и персонал на инспекциските тела. Тие може да бидат самостојни или во состав на поголеми организации. Моментално, акредитацијата во Република Македонија се спроведува според неколку интернационални и/ или хармонизирани стандарди, како што се ISO 17011, ISO 17020, ISO 17024, MKS EN 45011, ISO 17021, ISO 9001 итн. Лабораториите во Република Македонија, вклучително и лабораториите за
градежништво
О РАТОРИИ ЗА ГЕОМЕХАНИЧКИ ИСПИТУВАЊА
геомеханички испитувања, може да добијат акредитација за тестирањe или калибрациja, доколку ги задоволуваат барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 - Општи барања за компетентност на лаборатории за тестирање и лаборатории за калибрација. Со акредитацијата по ISO 17025, геомеханичката лабораторија се стекнува со формално признавање за компетентна лабораторија за вршење на геомеханички испитувања, обезбедувајќи им на клиентите доверливи тестирања, мерења и калибрации. За да се задржи ова признание, лабораториите редовно се реевалуираат од страна на акредитивното тело за да се осигури нивната континуирана сообразност со барањата и да провери дека посочениот стандард се одржува. Од лабораторијата се очекува да учествува во релевантни програми за тестирање на знаењето и вештината помеѓу проценките/утврдувањата како понатамошна
демонстрација на техничката компетентност. Акредитираните лаборатории вообичаено издаваат извештаи за тестирање или калибрација кои го содржат логото или симболот на акредитивното тело, како индикација за нивната акредитација. Во МКС EN ISO 17025 стандардот се дефинирани општите барања за вршење на лабораториски тестирања/ калибрирања. Постојат 15 барања за управување (менаџмент) и 10 технички барања, кои мора да ги исполни една лабораторија за истата да биде акредитирана. Барањата за управување во основа се поврзани со операциите и ефективноста на системот за управување со квалитетот во лабораторијата. Додека пак техничките барања се однесуваат на компетентноста на персоналот, методологијата и опремата за тестирање/калибрирање. Сите овие барања мора да бидат исполнети за една лабораторија да биде акредитирана по МКС EN ISO 17025
стандардот. Основен предуслов за да се акредитира една лабараторија е организацијата да има имплеметиран и сертифициран Систем за управување со Квалитет согласно барањата на ISO 9001:2008 стандардот. Исто така, лабараторијата мора одреден период да врши тестирања/калибрирања за да има свој систем кој функционира. Акредитирана лабораторија претставува основа за квалитетена стручна и истражувачка работа и како таква полесно може да се вклучи во домашните и странските образовно-истражувачки проекти. Улогата на акредитираната лабораторија на пазарот е непристрасен, стручен и компетентен пристап кон утврдување на својствата на производот или предметот на испитување. Имплементирањето на стандардот МКС EN ISO 17025 е од големо значење за секоја лабораторија, бидејќи на тој начин станува препознатлива и прифатлива на меѓународниот пазар.
градежништво
планирани поДзеМни сообраќајници во скопје
тунел за поврзување на два
Се проценува дека цената на објектот заедно со целата о
С
проф. д-р Дарко мослАвАц, Градежен факултет Скопје УКИМ
о цел да го реши проблемот со сообраќајниот метеж во центарот на Скопје, Министерството за транспорт и врски започна со тендерска процедура за изработка на „Студија за сообраќајниот систем на градот Скопје“, со идеен проект за Подземна сообраќајница од Соборниот храм до зградите на комплексот банки. Тендерот го доби шпанската компанија IDOM и по завршување на сообраќајната студија, започна со изработка на алтернативни решенија за поврзување на овие две важни раскрсници во центарот на градот. Целта на новата сообраќајница е да ги поврзе источниот и западниот крај на центарот на градот Скопје, односно крајот на булеварот Партизански одреди и раскрсницата кај комплексот банки. Моменталната состојба со непостоење на директна врска помеѓу овие раскрсници доведува до сообраќаен метеж, а со самото тоа и зголемена бучава и загадување на воздухот. Воздушното растојание помеѓу овие две раскрсници е приближно L=1100m, а постојната должина на сообраќајниците помеѓу овие точки е: жолта варијанта Lyellow=1620m и црвена варијанта Lred=1680m.
Изградбата на новата сообраќајница ќе обезбеди побрзо и посигурно поврзување, како и подобра опција од аспект на природната средина, поради намалувањето на растојанието (а со самото тоа и намалено загадување на воздухот) и поради фактот што сообраќајот би се одвивал подземно.
анализирани алтернативи за поДзеМната сообраќајница
Земајќи ги предвид Генералниот урбанистички план (ГУП) и проектната програма, анализирани се неколку алтернативи. На почетокот се анализирани две групи на алтернативи:
група на алтернативи а
Оваа група на алтернативни решенија ги следи трасите зацртани со ГУП, проаѓајќи под повеќе објекти, особено во зоната на раскрсницата на крајот на булеварот Партизански одреди со булеварот Даме Груев. алтернатива а-1 е проектирана како тунел со една сообраќајна лента и пешачка патека во еден правец, притоа добивајќи ширина на светол профил на тунелот од 12м. алтернатива а-2 е проектирана со две сообраќајни ленти и пешачка патека во еден правец што дава вкупна ширина на светол профил на тунелот од 17м. За да се добие доволна висина на надслој под постоечките згради (приближно длабочина еднаква на дијаматарот на тунелот) приодната рампа до подземната сообраќајница мора да се помести наназад по булеварот Партизански одреди, односно истата е лоцирана пред раскрсницата со улицата Ленинова. 18
3
ПОРТА
23 март 2012
градежништво
краја од центарот на градот
а опрема за безбедност ќе изнесува 25-30 милиони евра група на алтернативи б
Оваа група на алтернативи се обидуваат да поминат под постојните улици, избегнувајќи ги притоа зградите во близина на булеварот Даме Груев. Трасите исто така поминуваат околу некои објекти кои се наоѓаат во близина или на самиот плоштад Македонија како на пример: новиот хотел и градското собрание кои треба да се изградат на западната страна, новиот споменик на Александар Македонски во центарот, и веќе изградената бизнис зграда на северно-источниот дел од плоштадот. Поради малиот постоечки простор помеѓу градежните линии на постојните згради, две сообраќајни ленти во еден правец не се разгледувани, така што попречниот пресек на тунелот содржи една сообраќајна лента и пешачка патека во еден правец, што дава вкупна ширина на светлиот профил на тунелот од 12м. Приодната рампа до тунелот е лоцирана помеѓу булеварот Св. Климент Охридски и булеварот Даме Груев, што е во согласност со сообраќајната студија и препораките од ГУП. алтернативата б-1 оди кон север по булеварот ВМРО и улицата Орце Николов, на плоштадот Македонија тунелот го заобиколува споменикот на Александар Македонски, а потоа се упатува кон кејот 13 Ноември.
алтернативата б-2 оди кон југ по должина на улицата 27 Март до плоштадот Македонија, потоа тунелот поминува до споменикот на Александар Македонски од неговата западна страна, а потоа оди кон кејот 13 Ноември.
Со цел да се добие оптимално решение од сите анализирани варијанти, се извршени мултикритериумски анализи земајќи ги предвид: територијалниот, функционалниот, економскиот и критериумот за животна средина. Секој од овие критериуми е дефиниран со свои индикатори. Критериумите и индикаторите се прикажани подолу По извршената проценка на секоја алтернатива во однос на секој индикатор и аплицирајќи ги тежините на индикаторите, алтернативата што има најголем збир (score) ќе биде најдобрата. По извршената евалуација е добиено дека најдобри опции се варијантите Б-1 или Б-2. Сепак, со анализите на алтернативите што ги исплонуваат условите зададени со проектната програма и/или ГУП, во физибилити студијата се заклучи дека ниедна варијанта во целост не ги исполнува економските, функционалните, територијалните и критериумите за животна средина. Од една страна, опцијата со длабоко вкопан тунел е најскапо и технички најтешко за изведба решение, поради чакалестиот материјал на трасата на тунелот, високото ниво на подземна вода и поради фактот што тунелот оди под веќе изградени згради. Од друга страна, опциите за изведба на тунелот со методата cut&cover ги пратат конфигурациите на тесните улички што води до решенија на траси со мали радиуси, без шанси за нивно подобрување со проширување на попречниот пресек на тунелот. Дополнително подземните инсталации се загрозени.
3
23 март 2012 ПОРТА
19
градежништво Како резултат на погоре напишаното, по предавање на „Физибилити студијата и предлог за најдобро решение“, компанијата IDOM презентираше нова алтернатива за оската исток-запад (Алтернатива Ц). Во оваа опција рампата на тунелот е лоцирана веднаш до зградата на Македонски пошти и оди паралелно со реката Вардар до комплексот банки. Предложени се два нови кружни тека за овозможување на лесен проток на сообраќајот од булеварот Партизански одреди во тунелот: кружен тек кај раскрсницата помеѓу Партизанска – ВМРО и раскрсницата помеѓу ВМРО-Илинденска и мостот Гоце Делчев. После извршената евалуација на сите алтернативи, се заклучи дека алтернативата Ц е најдобро решение поради тоа што: овозможува зголемување на попречниот пресек на тунелот (ако има потреба), цената на чинење е пониска од сите други варијанти, хоризонталното решение е чисто, двата кружни тека овозможуваат директен пристап на главниот сообраќаен тек од булеварот Партизански одреди во тунелот. Трасата на новата сообраќајница поминува покрај неколку постојни или планирани објекти кои треба да се земат предвид, а со цел да се избегне какво било нивно оштетување. Тоа може да се обезбеди со избор на правилен надолжен профил, попречен пресек и метод за изведба на тунелот. Споменатите објекти се: постојните згради помеѓу булеварот ВМРО и плоштадот Македонија и по должина на кејот 13 Ноември; новите објекти на плоштадот (градско собрание, хотел и др.); потпорниот ѕид по должина на реката Вардар, подземните инсталации (елктрични, вадоводни, отпадни води, топлификација и др.); Камениот мост и други.
траса на тунелот
Новиот тунел започнува кај раскрсницата на мостот Гоце Делчев, со булеварите ВМРО и Илинден, каде влезната рампа е лоцирана веднаш до зградата на Македонски пошти. Трасата оди паралелно со реката Вардар, поминува под раскрсницата на булеварите Кочо Рацин, Крсте П. Мисирков и К. Ј. Питу и потоа се искачува кон површината на теренот (кај комплексот банки). Тунелот е долг 900м, источната рампа е со должина од 220м, а западната рампа е долга 183м. Хоризонталното решение (ситуацијата на трасата) оди паралелно со пешачката патека по должината на брегот на реката Вардар и зад постојниот потпорен ѕид. Минималниот радиус на хоризонталната кривина е Rmin=100m во зоната на рампите и Rmin=225m во тунелот. Вертикалното решение (нивелетата) има наклон од 6% во зоната на рампите и 0,5% внатре во тунелот. Минималниот радиус на вертикалните кривини е 800м. Критериумот што треба да се исполни е коловозот да биде минимум 7,5м под површината на теренот. Покрај тоа, во зоната на Камени мост нивелетата треба да биде минимум 9,5м под површината за да помине под темелите на мостот.
опис на МетоДот за граДење на тунелот
По анализирањето на разните опции за обезбедување на стабилност на тунелскиот ископ, од инјектирање до TBM (Tunnel Boring Machines) машини, најдобра опција за длабоко поставени тунели од техничка гледна точка е примената на затворени штитови под притисок (EPB). Штитовите под притисок гарантираат стабилност на челото на ископот и спречуваат продирање на вода внатре во тунелот. Сепак, многу високата цена на ваквите машини (дури и употребувани) направи да биде отфрлена ваквата опција за градење на тунелот. Според направените проценки, опцијата со примената на методот Cut&Cover, за изградба на еден метар должен од тунелот цената изнесува 18.000 €/m, додека опцијата за изградба на еден метар должен од тунелот со EPB машини изнесува приближно 36.000 €/m (со вклучена цена на самата машина). Со оглед на тоа што нивелетата на новата сообраќајница е проектирана со максимална длабочина од 10м, оптимална метода за изградбата на тунелот е методот Cut&Cover. Предност на оваа метода е што се 20
3
ПОРТА
23 март 2012
применуваат конвенционални техники на градење, механизација и персонал. Самото тоа води до заштеди на пари и време, бидејќи сите потребни средства се лесно достапни. Фактот што се применуваат вообичаени техники на градење исто така води до безбедност за време на градењето на тунелот. Вообичаени фази на оваа метода на градење се следниве: • Фаза-1: Почетен ископ и изведба на ѕидови од шипови;
• Фаза-2: Изведба на горна плоча и нејзино затрпување (после минимум 7 дена) и враќање на површината на теренот во првобитна состојба што овозможува непречено одвивање на сообраќајот; • Прва фаза на ископ под горната плоча; • Изградба на времени потпори; • Втора фаза на ископ под горната плоча; • Конструкција на темелна плоча; • Инсталации во тунелот и завршни работи. Овие фази на изведба се прикажани подолу:
градежништво Страничните ѕидови на тунелот се формираат со изведба на армирано-бетонски шипови кои се преклопуваат. Шиповите се изведуваат со дупчење под бентонитска заштита. Примарните шипови се изведуваат на почеток, а секундарните се изведуваат помеѓу примарните откако истите ќе постигнат доволна јакост. Преклопот помеѓу шиповите вообичаено изнесува 8 см.
3
23 март 2012 ПОРТА
21
градежништво Основен проблем ќе претставува подземната вода која во зоната на тунелот е доста високо. Истата треба да се испумпува цело време додека не се изведе темелната плоча. Покрај тоа и по завршување на тунелскиот ископ, еден дел од тунелот ќе биде во водозаситена почва, затоа тој треба да биде заштитен на адекватен начин со изработка на ефикасни дренажни и системи за хидроизолација.
Мерки за безбеДност за вреМе на експлоатација на тунелот
Мерките за безбедност ќе бидат во согласност со Директивата 2004/54/EC од Европскиот парламент донесена во април 2004 година. Тунелот спаѓа во категоријата на тунели со должина помеѓу 500м-1000м и просечен дневен сообраќај поголем од 2.000 возила по сообраќајна лента во еден правец (AADT>2000veh/day). Поради безбедносни причини и поради можноста од продолжување на тунелот истиот е третиран како да е долг 1001м, и така се усвоени минималните мерки за безбедност во тунелот, а тоа се следниве: • Излез во случај на опасност приближно во средината на тунелот; • Ситем за вентилација со потребна опрема; • Осветлување: нормално, безбедносно и евакуационо; • Опрема за сигнализација (семафори, светлечки сообраќајни знаци, патокази, бариери); • Опрема за автоматска детекција на незгоди, загадување на воздухот и пожари; • Станици во случај на опасност со апарати за гаснење пожар и СОС телефони; • Неколку мегафони по должина на тунелот за известување во случај на незгоди; • Радио-комуникациски ситеми за контакт со пожарникари, полиција, амбуланти и др. • UPS системи и дизел генератори кои обезбедуваат струја за целата опрема која е инсталирана во тунелот; • Контролен центар. Се проценува дека цената на објектот заедно со целата опрема за безбедност ќе изнесува 25-30 милиони евра. 22
3
ПОРТА
23 март 2012
АТЛАНТИК ЛИФТОВИ
www.evonik.com Tel: 02/3230 453; 02 3177 715 Mob: 070/277 060; 070/399 175 office@geko.com.mk
ул. Загрепска бр.28, 1000 Скопје www.atlantikliftovi.com.mk atlantikliftovi@yahoo.com
тел.: +389 78 339 704; 70 480 999
архитектура
награДа за Дрвна архитектура - Дух на прироДата
дрвото кАко извор нА ин с Александар ЧереПНАлкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија
Н
аградата Дух на природата е нова интернационална награда во архитектурата, воведена во Финска во 1999 година. Оваа награда се доделува за високи достигнувања во архитектурата на архитекти, кои во своето проектирање на креативен и прогресивен начин го употребуваат дрвото како градежен материјал. Како основач на оваа престижна награда се јавува Асоцијацијата за дрво во културата, со цел да се промовира и негува традицијата на градење со дрво и вреднување на еколошките и самоодржливите принципи во градежништвото. При планирање на наградата, основачката Асоцијација за дрво во културата се советувала и разменувала идеи со најкомпетентните институции во Финска, како што се Асоцијацијата на архитекти на Финска, Градежниот институт, Музејот на финска архитектура, Фондацијата
дизајнот. Исто така, оваа награда има за цел да ја подигне почитта кон дрвото и да го унапреди квалитетот на новите дрвни градежни материјали преку иновативни истражувања. Жирито што одлучува за доделување на наградите е составено од тројца фински архитекти и двајца од други држави. Наградата Дух на природата се доделува секоја втора година, а првата е доделена во 2000 година на еден од најбрилијантните архитекти на денешницата Ренцо Пијано. Во некои од неговите креации се забележува употребување на дрвото, потенцирајќи ја широката лепеза на квалитети, кои дрвото ги поседува. Преку оваа награда, би сакал да претставам некои од архитектонските дела на Ренцо Пијано, каде што го употребува дрвото како сопствена инспирација.
ренцо пијано
посветено во градежната професија.
културен центар „жан-Мари Џибау“
Културниот центар „Жан-Мари Џибау“ е целосно посветен на Канак цивилизацијата во Нова Каледонија. Центарот се простира на тенко и долго парче земја опколено со вода. Десет павилјони проектирани по формата на традиционалните колиби на Канак цивилизацијата, со височини помеѓу 20 и 28 метри се основа на целиот проект. Тематски организирани во населби, павилјоните се опколени со вегетација, а основната идеја на дизајнот е да ја изрази поврзаноста на околните жители со природата, и да го отслика културното богатство со кое се гордее оваа цивилизација. Составни делови на објектот се изложбени простории, библиотека, аудиториум, амфитеатар, соби за традиционални активности и друго. Главниот конструктивен материјал е дрвниот вид „Ироко“ комбиниран со челик, стакло и други материјали.
ауДиториуМ „парк на Музиката“
Аудиториумот „Парк на музиката“ е мултифункционален музички комплекс, кој се наоѓа во Рим, Италија. Се состои од три посебни сали (Санта Сесилија 2800 седишта, Синополи 1200 седишта и Петраси 750 седишта), чија форма е инспирирана од музички инструменти. Салите се позиционирани околу амфитеатар на отворено, и изгледаат како три оргомни музички кутии. Во процесот на изградба на комплексот се пронајдени темели на градби кои датираат од шестиот век пред наша ера. За таа цел, Пијано го сменил основниот проект за да овозможи да се гледаат и археолошките ископини. Паркот на музиката е отворен на 21 декември 2002 година и набрзо потоа станал еден од најпосетуваните музички комплекси во светот со преку милион посетители годишно.
„пунта наве“ главната канцеларија на работилницата на ренцо пијано Алвар Алто и други институции и субјекти, кои многу придонеле во реализирање на главните принципи за доделување на наградата. Како тренд во модерниот дизајн може да се забележи особена заинтересираност на архитектите за употреба на традиционални материјали, како што е дрвото. Идејата на основачката асоцијација била со наградата да се поддржи и да се потикне на интернационално ниво креирањето на архитектите употребувајќи го дрвото како извор на инспирација во 24
3
ПОРТА
23 март 2012
Креацијата на Пијано е несомнено мешавина од уметност, архитектура и инженеринг со интелигентен дизајн и класична италијанска филозофија и традиција. И сето тоа, секако, зачинето со најсовремената технологија во нашата ера. Пијано го следи најстариот код на архитектите - надгледувајќи го целокупниот процес на градење објекти, од проектирањето до неговата реализација. Секако дека таков сензибилитет и свесност се очекува од човек, кој доаѓа од семејство
Сместена на падините на рид над морето, „Пунта Наве“ е главната канцеларија во Џенова на работилницата на Ренцо Пијано. Овој објект се состои од систем на повеќе тераси, кои скалесто се поставени на падините на ридот. Светлото во просторот игра огромна улога. Просторот е покриен со фотосензитивни светларници, кои го регулираат интензитетот на светлината што пенетрира во внатрешноста, со што просторот се осветлува со природна светлина. Како главни конструктивни материјали и тука се среќаваат дрвото, челикот, стаклото и слично.
архитектура
н спирАцијА во дизАјнот Културен центар „Жан-Мари Џибау“
„Пунта Наве“ - главната канцеларија на работилницата на Ренцо Пијано
Аудиториум „Парк на музиката“
3
23 март 2012 ПОРТА
25
архитектура
преМин кон архитектурата на xxI век
ЖАк херцоГ и пјер де мерон ШВАЈЦАРСКИ БРЕНД ВО АРХИТЕКТУРАТА
проф.д-р м. ТокАрев
Сигнал бокс, Базел
Ж
ак Херцог (1950-) и Пјер де Мерон (1950-) по дипломирањето во Базел (1975) најпрвин учат кај Алдо Роси, а потоа отвораат сопствено студио. Со своите дела, тие стануваат уникатни претставници на швајцарската и европската архитектура. Правејќи т.н. интерактивна игра меѓу архитектурата, скулптурата и сликарството, тие создаваат спој на скапоцените и обичните материјали, без каква било хиерархија. Нив не ги фасцинираат помодните трендови, туку се интересираат за „обичната облека и од вештачката кожа“, која станува сè понагласен интимен дел на човекот. Со таквиот пристап, тие создаваат необична едноставна минималистичка архитектура. Објектот наречен Сигнал бокс во Базел (19921995) е наменет за регулирање на сообраќајот во железничката станица. Неговиот армиранобетонски кубус на шест нивоа е „облечен“ со хоризонтални бакарни ленти, кои ги штитат електронските уреди од надворешните влијанија. Со овој облик, кој потсетува на Фарадеев кафез, Жак Херцог и Пјер де Мерон ја изразуваат својата теорија за автономност на архитектурата во 26
3
ПОРТА
23 март 2012
однос на скулптурата и сликарството, односно за „нематеријалната вредност“ на архитектурата. Објектите на Жак Херцог и Пјер де Мерон се одржуваат со релативно малку средства, бидејќи се создадени според принципите на одржливата архитектура. Нивниот надворешен изглед нуди променлива слика, зависно од тоа дали се гледа дење или ноќе, односно дали се заштитени или не од сонцето или од надворешните погледи. Таква е апартманската зграда на П+5+Т во Базел (1992-1993), која има тесен уличен фронт вграден меѓу постари објекти. Со подвижните елегантни елементи овој уличен фронт нуди променлива слика на уличната фасада. Жак Херцог и Пјер де Мерон ја продолжуваат традицијата на швајцарската архитектура за изградба на мали станбени куќи, при што такви објекти градат и во соседните земји. Kуќата од камен во Таволе, Италија (1997), содржи мајсторски спој на нежност и цврстина, каде што робусниот ѕид од кршен камен е врамен со елегантни армирано-бетонски серклажи. Магацинот Рикола во Лауфен, Швајцарија (1988), со лесните хоризонтални фасадни ламели целосно контрастира на карпестиот терен во кој е всаден. Спротивно на тоа, објектот за маркетинг
Рикола (1998) има целосно транспарентна структура и огромна стреа со метална мрежа и зелени ползавци. За истата фирма тие го имаат подигнато објектот Рикола-Европа во Милхаус - Брунштат, Франција (1993), кој плени со својата едноставност и со економичните фасадни елементи во вид на декоративна игра. Необичната фасадна обвивка во вид на вештачка кожа, Жак Херцог и Пјер де Мерон ја применуваат и кај едноставните кубични објекти наменети за различни истражувачки центри. Такви се: Институтот за болничка фармацевтика (1997-1998) и Институтот за фармацевтски истражувања (1998-2000), и двата во Базел. Со решението на винаријата Доминус во Напа Вели, Калифорнија (1996-1998), креативните автори применуваат еден сосема нов концепт за овој вид објекти. Среде лозовите насади, тие поставуваат еден едноставен издолжен објект без какви било „стилски“ карактеристики. Неговата надворешна обвивка има структура на ,,не-ѕид”, бидејќи е направена од двојна челична мрежа со исполна од кршен камен без ѕидање, со што е овозможено непрестајно струење на воздухот и поволна микроклима во внатрешноста. (продолжува во следниот број)
архитектура Куќата од камен, Таволе, Италија
Објектот за маркетинг Рикола, Лауфен Винаријата Доминус, Напа Вели, Калифорнија
Апартманската зграда, Базел
Институтот за фармацевтски истражувања, Базел
3
23 март 2012 ПОРТА
27
ентериер
Трансформирачко искуство Бојана ФилиПовиЌ, дипл.инж.арх.
„Облаци“ на дизајнерите Ронан и Ерван Буролек
Д
изајнот на мебел се движи во различна насока од дизајнот на облека. Луѓето сакаат нивниот мебел да трае, а уште поважно, малку од нив сакаат да го третираат својот мебел како модно влијание на тренд. Затоа тој не е резултат на промена на вкус, туку одговор на нови потреби на потрошувачите. Иновативноста и развојот на овој дизајн е секогаш присутен, и затоа е тешко да се одредат нејзините можни граници. Во оваа индустрија многу работи зависат од брендовите, а не од дизајнерите. Моросо, на пример, е познат по употребата на многу боја, шари и текстура, за разлика од минималистичкиот бренд на Миноти. 28
3
ПОРТА
23 март 2012
Во таа смисла, паралелното постоење на различни развојни линии и дизајнери е она што ја дефинира денешната потреба од индустријата за мебел. Современиот мебел се стреми кон иновативност во дизајнот, што произлегува од формата и функцијата. Како додаток на тоа, висококвалитетните материјали и изработка со софистициран детаљ се есенцијални за креирање на неговите искрени вредности.
Морфоза
Функционалноста е најважната потреба на современиот мебел. Како резултат на тоа, поголем дел од мебелот станува лесно мобилен, модуларно склоплив и со променлива
димензија. Артикулирачки ѕидови, врати или осветлување резултираат во флексибилен синергетски систем со униформна појава и технички перформаси. Ваквиот дизајн ја истражува формата во состојба на нејзиното настанување во мебел со повеќезначен, променлив идентитет. Опрема со различна функција, невообичаени групирања и движења се трансформира според потребите на просторот. Софата што ја дизајнира Филип Нигро за салонот Ligne Roset, нуди необичен склоп преку слобода на движење и спојување, и допадливост преку разнобојност и непредвидливи композиции. Како примери за модуларна манипулација се и полица за книги на Реинер де Јонг, изведена од ламелирано дрво во форма која овозможува
Дизајн на Мебел: иновација и уМетност
ентериер Хартиен стол на дизајнерот Руиџи Накамура
Дизајн на столици и маса на компанијата Autoban
расклопување на системот според потребите, или монолитната дрвената комода на дизајнерот Мартин Симер, која се трансформира во осум поврзани модули од ниши, полици и фиоки. Системот „Т45“ на дизајнерот Хенк Вос е изведен од пет скулптурални модули, кои можат да се користат за седење или како маси, а составени да оформат параван. Сè поприсутен е и мебелот изведен од природни материјали, кој се отклопува со систем на „оригами“ превиткување. Такви се столот „Д“ на дизајнерките од студиото „Ко-Ко“ или масата дизајнирана од Сана Линдстром.
зелен Дизајн
Без разлика колку идеолошки и инвазивно
настапува, „зеленото клише“ навлегува во јавната свест за промена на пристапот кон дизајнот на опрема. Означен како еколошки или самоодржлив преку користење на биорегионален или рециклирачки материјал, овој се помалку аскетски и хуман дизајн е се поприсутен во индустријата за производство на мебел. Освен употребата на природни материјали, поголемо внимание се обрнува кон можноста за реупотреба или репарација на сите делови од мебелот што се произведува. Дизајнерите Плантан и Зупанк креираат столица од рециклирана хартија и пластика, чии извиени елементи се споени со употреба на остатоци од пластични шишиња. Јапонскиот дизајнер Руиџи Накамура тоа го прави со
плетење на столица од ламинатна пластика, која се состои само од целулоза. Компонирана само од рециклирана пластика и хартија, Шигеру Бан дизајнира мебел за минималистички ориентираната финска компанија „Артек“. Овој јапонски дизајнер креира модуларен систем, заснован на елементи со аголна форма, кој може да се комбинираат за да оформат столица, клупа или маса. Највпечатливи парчиња мебел од оваа категорија се оние кои се изведуваат со реупотреба на дрво и кои не користат штетни хемикалии за нивно производство. Пример за рециклирање на дрво е дизајнот наречен Bricolle Venezia - проект за компанијата за мебел од Милано – Рива 1920, на кој учествуваат 18 дизајнери и архитекти.
3
23 март 2012 ПОРТА
29
ентериер Серијата Spaciale на дизајнерите Лавекија и Ваи
Bricolle Venezia на компанија Riva 1920
Софа „Состав“ на дизајнерот Филип Негро
30
3
ПОРТА
Стол „Паун“ на Дрор за Capellini 23 март 2012
Полица за книги на Реинер де Јонг; комода на Мартин Симер; Систем Т45 н
ентериер
Систем „10 елементи“ на Шигеру Бан
Мебелот е конструиран од уникатни парчиња на брикола – столбови од даб, кои се земени од водите на Венеција. Еродирани и со јака текстура, овие парчиња дрво се трансформирани во објекти на уметност и употреба.
текстилна кожа
„Еластично парче на материјал кој обично се користи за облека, сега може да се употреби за правење ламба“, пишува Бруно Мунари во публикацијата „Проектна методологија“ од 1981 година. Примерот со референца за неговата Фалкланд висечка ламба, која ја дизајнирал во 1964 година и која сè уште се произведува, припаѓа на категоријата рефлексија кон рециклирање. Со оглед на неколку последни дизајнерски проекти, ова може да стане пример за трансформација на мебел и можност за употреба на текстил како флексибилна кожа за формирање на истиот. Текстилот разбран не само како облога, станува структурална форма; мембрана за креирање на профили или создава кројачки, меки ефекти за да се истакне декоративната страна. Серијата Spaciale на дизајнерите Лавекија и Ваи, се директни наследници на Фалкланд моделот. Скелетот е метална структура, додека телото е изведено од еластичен текстил во тензија. Страните што се деформираат за да се приспособат на содржината, дозволуваат и зголемен капацитет. Француските дизајнери Ронан и Ерван Буролек,
за текстилната компанија „Квадрат“, дизајнираат модуларен систем, кој служи како преграда помеѓу простории. „Облаците“ се составени од триаголни парчиња текстил кои се врзани со еластични споеви во слободносоечки или висечки структури. Освен преградување на простори, оваа структура воедно и апсорбира звук. Декоративната употреба на текстилот добива нова структура во дизајнот за столот „Паун“ на Дрор за компанијата Capellini. Материјалот е внимателно здиплен за да креира волумен и органско-скулптурални квалитети. Изборот на бои и „опашката“ на задниот дел од столот се инспирирани од природата на паунот.
нови Дрвени креации
Како продолжение на употребата на природни материјали, дизајнот на мебел пристапува кон поиновативна обработката на дрвото. Новите тенденции се невообичаен спој на индустриски дизајн и прецизно занаетчиство. Со модерни облоги или технолошки контролиран мебел, па се до грубите текстури на рециклираното дрво, овие парчиња се блиски до поетиката на objet trouvé. Уникатната дизајнирана клупа ПОХ на дизајнерот Рафаел Наво е составена од нови и стари парчиња дрво, според компјутерски генерирана шема која ја сече формата во три димензии. Комодите добиваат различни текстури и обработка во повеќе видови на дрво, за да се долови тродимензионален ефект. Примери за
вакви креации се комодата Inlay на компанијата Porro, со четири тона на дабово дрво или комодта на Leif de park за компанијата De la Espada. Дизајнерската филозофија на компанијата Autoban зборува за висок квалитет на изработка на мебел во спој со креативен талент на глобалната дизајнерска сцена. Комбинацијата на традиционални елементи со современи детали ѝ дава на нивната последна колекција наративен квалитет со многу особен карактер. Иновацијата во дизајнот отсекогаш била поврзувана со индустрискиот прогрес, но овој термин сè повеќе се поврзува со вредности, какви што се самоодржливоста и со нешто што луѓето го сметаат за интелигентно или отвора нови можности за употребливост. Едноставно речено, идејата за иновација се менува. Според мене, таа е тесно врзана со потребите на луѓето, и начинот на кој ги употребуваме работите. Затоа се отвора прашањето – дали дизајнот е релевантен? Дали убава столица може да допре повеќе од нејзината употребливост и да стане нешто повеќе од убаво и удобно? Дали убав внатрешен простор може да допре до нас и да нè насочи кон идни дизајнерски пристапи на позитивен начин. Одговорот е да, понекогаш. Кога тие се вистински полни со значење. Кој и да е дизајнер кој може да ни презентира длабоко, трансформирачко искуство или долготраен и удобен елемент на познатост, придонесува нешто кон светот. Останува до нас, корисниците, да отфрлиме се што е помалку од тоа.
3
23 март 2012 ПОРТА
31
ентериер
столот како безвреМенска креација
СИНЕРГИЈА ПОМЕЃУ ИНОВАЦИЈА, УМЕТНОСТ И ЕДНОСТАВНОСТ
С
толот како најексплоатиран сегмент од ентериерното уредување претставува дизајн кој, за разлика од останатите елементи кои служат како потпора за складирање на предмети, е единствениот елемент креиран како мултифункционална потпора на човековото тело. Терминот стол во генерална смисла може да биде перципиран и применуван на повеќе начини, т.е. од работно столче до кралски трон, од клупа до софа, кои можат да се модифицираат во столчиња во низа, да се развлекуваат, и чиј целосен карактер е тешко да се дефинира. Колку што е значајна и привлечна историјата на столот од аспект на уметничките вредности и вештината на неговата
32
3
ПОРТА
23 март 2012
изработка, исто толку е значајна и неговата историја, анализирајќи ја од социолошки аспект. Столот не можеме да го перципираме само како физички предмет или предмет на естетика, туку неизбежно е и неговото симболичко значење, кое се провлекува низ историјата. Егзистирајќи како најприсутна икона/симбол на светскиот дизајн, столот зазема најголемо парче од културолошките вредности во однос на останатите комплексни предмети со употребна вредност.
иМпликации на МоДерната
Во 1923 година, Ле Корбизје изјавил „Започна голема епоха, епоха во која егзистира новиот дух“. Како нова ера на повидок, години на енергија и моќ, електрика и машини, развој
Егзистирајќи како најприсутна икона/симбол на светскиот дизајн, столот зазема најголемо парче од културолошките вредности во однос на останатите комплексни предмети со употребна вредност Андреа ЈАмАкоскА, (студент на IV година на Архитектонски факултет, УКИМ)
на технологијата... години на модернитет... Архитектите и дизајнерите својата почит кон технологијата на оваа нова ера на машините, ја манифестирале преку изградба на монументални мостови, индустриски објекти, висококатници... . Сето ова резултирало во „машинска естетика“, така што уметноста и дизајнот стануваат производ на машините, изразувајќи ја еволуцијата на технологијата преку материјалите и формите, како оддек на стандардизација, типизација, репетиција и анонимност... Бујност, финеси и висок степен на имагинација го карактеризираат денешниот дизајн на мебел. Во раните години на 20 век во контекст на дизајнот, столот за својот креатор претставувал нешто многу повеќе отколку само едноставен
ентериер
минимализам
Типичен скандинавски дизајн
Finn Juhl -Pelikan Chair - безвременско
Bach Chair - Alvar Aalto предмет пријатен за набљудување. Столот во почетокот на модерната претставува убедливо значајна експресија на периодот во кој е дизајниран, конкретна изведба на апстрактни и структурални принципи, моќен асемблаж на механички делови. Дизајнот во раната модерна повикувајќи се на догмите „Формата ја следи функцијата“, „Помалку е повеќе“, „Структурата е убавина“, се поклонува на светот на машините и го препушта човековиот сензибилитет да се приспособи најдобро што може. Денес, дизајнот многу повеќе претставува рефлексија на возвишени, духовни воодушевувања отколку на апсолутистички филозофии. Му препушта на човекот да ужива во складни контури, наместо да се воодушевува
на „искрените“ прочистени структури, да ужива во елеганција и комфор наспроти сериозност и ограниченост. Повеќе не постои ништо што е неизбежно за дизајнот на едно столче. Денес, машините повеќе имаат улога на соработници, отколку на создавачи на дизајнот. Наместо конечниот производ во механичката сложувалка да произлезе со притискање на едно пресудно копче, дизајнерот ја носи својата уникатна имагинација, сопствените емоции, со цел да се соочи со секој сегмент од развојот на својата креација. Ако дизајнот има соголена, транспарентна конструкција, тоа е заради фактот што самиот дизајнер ужива во покажувањето и потенцирањето на одредени делови од столчето, секој составен дел зборува за неговата историја.
Столот како дизајн стои на сопствени нозе во свое егзистенцијално воодушевување. Слободни, необични, романтични, денешните дизајни својот базичен концепт го наоѓаат во концептите формулирани од основачите на модерниот стил. Како феномен, уникатен во историјата на сите уметности, главното движење во архитектурата и дизајнот предвидено и навидум наложено токму од модернистите. Модерната веќе ги презентирала и поставила сопствените објективност и ставови револуционаризирајќи ги формите создадени од човекот и со цел да ја потенцираат експанзијата на сопствената идеологија модернистите својот начин на експресија го нарекле Интернационален стил.
3
23 март 2012 ПОРТА
33
ентериер Ревивалистичка современа?! Нова модерна?! Авангарда?! Како и да се нарекува, современата доживува непрекинат прогрес креирајќи „освежувачки“ дизајни со наговестување на скромна препознатливост. Дизајнерите ги откриваат своите потреби и неопходноста од физичкиот и емоционалниот комфор...
сканДинавски Дизајн
Богат избор од стил до историја, од боја до големина, практичност наспроти дизајн, се само дел од бројните дилеми кои постојат во моментот кога треба да се избере одредено парче мебел. Скандинавскиот дизајн на столчиња е еден од најспецифичните и најкарактеристичните лесно препознатливи стилови, како и еден од најпопуларните. Дизајнот заедно со своите специфичности за првпат бил запознаен со јавноста во 1930 година на изложбата во Стокхолм, а потоа во 1939 година на Светскиот саем во Њујорк. Скандинавските модерни столчиња се одликуваат со неколку лесно воочливи карактеристики. Скандинавскиот стил ги избегнува грубите и тешки линии и геометриските форми, и ја негува примената на грациозни, ергономски, нежно извиени облици кои природно соодветствуваат со обликот на човекот. Скандинавските столчиња најчесто се изработени од светло дрво, додека потемните парчиња започнале да се произведуваат во подоцнежните години
заради желбата на потрошувачите. Најчесто употребени дрва за изработка на мебелот се дабот, буката, јасенот или брезата. Нивните едноставни линии се прочистени од дополнителни декорации. Како завршна обработка, столчето секогаш се подмачкува, лакира или се поминува со восок. Нивната структура е секогаш обоена со природни бои со текстура, додека дополнителната декорација со разновидни шари е минималистички присутна. Уште една дистинктивна карактеристика на скандинавскиот модерен стил претставува отворениот простор во долната зона на столчињата и софата. Седиштето на столот секогаш го придржуваат тенки, витки ногарки, наместо најчесто употребуваните кратки ногарки со чија примена просторот помеѓу мебелот и подот станува минимален. Скандинавскиот стил не се аплицира само на мебелот, туку исто така е широко распространет во школата за функционален дизајн и архитектура. Едноставноста и фокусот кон функцијата се соединети при дизајнирањето на скандинавскиот мебел. Како специфичен пример за прочистена, едноставна, но сепак стилска структура претставува познатите Ant Chair и Egg Chair од данскиот архитект и дизајнер Арне Јакобсен. Ant Chair, триножно столче со тенок обем помеѓу кружното седиште и потпирачот, се одликува како белег во равојот на скандинавскиот стил. Кога еден купувач би бил заинтересиран да
купи антиквитет на данско модерно столче, неопходно би било да посвети големо внимание на деталите. Нивната популарност и достојна цена овозможуваат профитабилност во однос на евтините замени и имитации кои се изработени од различни материјали и конструкција. Овие карактеристики освен што се однесуваат на дизајнот на обичното столче за седење земени се предвид и кога се зборува за дизајнот на трпезариското столче. Стилот и дизајнот на трпезариските столчиња се разликува во зависност од местото од кое потекнуваат. Од безножните јапонски столчиња, тешките и масивни антички столчиња во Шпанија до едноставните и прави модерни дизајни на столчиња, од најсовременото, цивилизирано општество до руралните средини... Скандинавскиот дизајн на трпезариските столчиња се стреми да го пронајде своето место помеѓу безвременските стилови и дизајни со својот минималистички размер, изработени од истите светли нијанси на дрво како и скандинавските модерни дизајни на столчиња за во дневна соба, со истите извиени, нежни линии, овозможувајќи го чувство на уживање и комфор. Столчињата на скандинавскиот модерен стил цветаа во слава во средината на 20 век и повторно ја вратија својата популарност во денешното општество. Очигледен е и фактот зошто... Нивната едноставност, елеганција и посветеност на функцијата претставуваат атракција за секој дом.
Eero Saarinen - Womb Chair
Ant Chair - Arne Jacobsen 34
3
ПОРТА
23 март 2012
Egg Chair - Arne Jacobsen
Hans Wegner - класија на данскиот дизајн
ентериер
кујната низ историјата До Ден-Денес современа кујна - јапонски минимализам
вечнА мистикА нА бои, мириси, звуци и вкусови
У
ште од самиот почеток на човековото постоење, исхраната претставува основна егзистенцијална потреба, фактор кој обезбедува добро здравје, ведро расположение, ја одржува виталноста и работоспособноста на човекот. Добро ни е познато дека конвенционалноста на македонското традиционално домување се темели врз кујната, како јадро на семејниот живот. Во средновековието, кујната го уживала својот сè уште примитивен облик, претставен преку огништето околу кое се одвивале речиси сите секојдневни животни активности. Дури подоцна, во втората половина на XIX век, кујната се издвојува како индивидуална просторија со специфични просторно-функционални карактеристики. Во оваа еволутивна фаза, некогашниот концепт на клечење и коленичење пред огништето се заменува со исправен став на телото пред новокомпонираните кујнски елементи. Иако кујната како просторна конфигурација бележи брз развој и во целост се адаптира со најновите архитектонскотехнолошки достигнувања, во себе неминовно носи белези од традицијата. Токму собирањето на членовите од семејството околу трпезата со својата длабока социолошка димензија, станува таква безвременска традиционална константа.
отворена кујна
Во раните 30-ти години на XX век, еден од најголемите протагонисти на модерната
архитектура во САД, Френк Лојд Рајт, со сиот свој ентузијазам и креативно лудило, ги поместува границите во дизајнирањето на кујнскиот простор. Имено, тој за прв пат во индивидуалните станбени куќи „House Willey3 и „House Jacobs“ го имплементира новопроектираниот концепт на отворена кујна. Дотогаш конвенционалната кујнска просторија со интровертен карактер, одеднаш бидува отворена и визуелно пристапна кон секојдневното боравење. Кујната што некогаш беше скриена во визбата, засолнета во некој ќош на чардакот, или пак соѕидана како додаток во задниот двор од куќата, во прогресивниот XX век станува лабораторија на модерниот дизајн. Овој концепт на просторно соединување, кој го негира постоењето на физичките бариери помеѓу кујната, трпезаријата и дневниот престој како посебни просторно-функционални единици, бргу станува тренд, но и инспирација за архитекти и дизајнери ширум светот, кои го модифицираат модернистичкиот манир во творење согласно својот вернакуларен контекст.
планинска кујна
Од тој аспект, согласно традицијата и културата на домаќинствата, се јавуваат варијации во концептот и пред сè, во естетскиот израз на кујнските простории. Секако, не смееме да го занемариме и географскиот фактор како главна детерминанта и четврта димензија во градацијата на овие култни катчиња. На пример, за кујните во стилот на планинска колиба најважни се едноставноста и рационалноста. Овие кујни
Кујната што некогаш беше скриена во визбата, засолнета во некој ќош на чардакот, или пак соѕидана како додаток во задниот двор од куќата, во XX век станува лабораторија на модерниот дизајн Анастасија НиколовскА, (студент на IV година на Архитектонски факултет, УКИМ)
зафаќаат мала површина и најчесто во име на максималното искористување на просторот, елементите се поставени во форма на буквата „Г”. Се карактеризираат со опуштена и неформална атмосфера, за што во голема мера придонесуваат кујнските елементи и мебел во природни дрвени нијанси, а кон питомиот карактер на оваа кујна придонесува и камената обработка на подот.
МеДитеранска кујна
Медитеранските кујни, пак, се живи, колоритни, кај нив доминираат жолта, зелена, црвена, портокалова боја. Исполнети се со висулки од зачини, садови, алатки, цвеќиња, старини, и итн. Доминантен сегмент е работната маса, која е слободно поставена во просторот, изработена од темно дрво, а отсликана и оплеменета со резба. Зафаќаат голема површина од куќата, а многу често, заради поволните климатски услови, се издвоени во посебен објект – летна кујна. Во стилските специфики и топлата атмосфера на овие кујни, може да се ужива во Италија, Хрватска и Грција. Кон овој тип на кујни со пријатен просторен впечаток, може да се додаде и традиционалната азиска кујна.
азиска кујна
Иако во базичната конфигурација таа е опозит на медитеранската кујна, нивната изразена хармонична нота ги прави исто толку актуелни. Мирниот азиски стил на кујна е олицетворение на мирот и рамнотежата од азиската религија. Како и сакралните храмови, така и домовите
3
23 март 2012 ПОРТА
35
ентериер се уредувани според минималистички принципи. Кујната зафаќа оптимална површина, ниту премногу голема, ниту премногу мала. Во организациона смисла има слободна основа, со централно поставена работна маса која секогаш е чиста, прегледна и беспрекорно организирана. Кујнските елементите се изработени од локално достапните материјали камен и бамбус, во однос на колоритот постои тенденција површините да бидат монохроматски, и тоа во јасни и светли бои. Особено внимание се посветува и во изборот на кујнските апарати кои секогаш се интегрирани во склоп со целокупниот дизајн на јасни архитектонски линии. Во рамки на кујната, азијатите поставуваат едноставни детали, како што се религиозни украси и хартиени лустери. Тактилноста во изборот на бои и материјали, но и украси од сентиментален карактер го чинат овој простор комфорен, пријатен и достоен да вдоми многу повеќе психолошки аспекти и процеси од човековото живеење, наспроти рутинското приготвување на оброк.
тренДови и Материјали
Денес, масовната продукција на стандардизиран мебел овозможува секој да го аплицира посакуваниот стил во својот дом. Па така, кујната како составен дел од социологијата на домување, своја функционална и типолошка декаденција започна да бележи на сметка на современите дизајни. Тенденцијата кон убаво уреден простор, ја претвори кујната во изложбена витрина за културата на потрошувачите и симбол за промената на улогите меѓу мажите и жените. Во денешното модерно општество одбирање на вистинската кујна не е секогаш само прашање на вкус. Личните барања се преклопуваат со можностите на просторот и обликот на просторијата, кои значително влијаат врз решението на дизајнот на кујната. Онаа со револуционерен концепт на Френк Лојд Рајт од 30-тите години на минатиот век, денес веќе е широко применуван стандард и речиси во секој дом кујната не е одвоена просторија, туку простор поврзан со дневната и трпезаријата во интерес на поголем искористен простор. Таа добива ист третман како и мебелот во дневната соба. Светските трендови тежнеат концептот и дизајнот на мебелот да биде обединувачки за целиот отворен простор. Се повеќе заради брзиот начин на живот во кујните како елемент се вклучува шанкот, како пулт за јадење. Пософистицирана верзија на шанкот, која во последно време се повеќе се практикува онаму каде просторот тоа 36
3
ПОРТА
23 март 2012
современа кујна од германскиот производител Warendorf
Philippe Starck за Warendorf
ентериер рационален дизајн, TOWER KITCHEN на Philippe Starck
Френк лојд рајт – прва кујна од отворен тип
го дозволува, е островот како одделен елемент во кујната. Во него можат да се инкорпорираат сите функционални елементи од кујната, вклучувајќи ги и кујнските апарати. Заради порационално искористување на просторот, корисно е во плочата од островот да се вгради мијалникот и ринглите. Со тоа линијата на кујната од спротивната страна на островот (покрај ѕидот) може комплетно да се искористи за високи елементи, со што ќе има повеќе простор за складирање и висок вграден фрижидер. Аспираторот, како дел од кујната, чијшто дизајн сè повеќе се развива и воодушевува, поставен во просторот над ринглите од островот, може да биде вистинска естетска реализација. Продолжениот дел од островот може да се искористи како површина за јадење. Уште еден трендовски детаљ во светот на кујните, кој го надополнува чистиот дизајн, е непостоење на рачки. Вратата од елементите добива двојна функција, бидејќи целата ширина добива лајсна или профилација, со што отворањето се овозможува и без постоење на рачка. Завршната обработка на фронтот на кујната, кај модерните кујни, сè повеќе се одбегнува дрвениот фурнир, а се оди кон примена на дрво во лак обработка, мат или во висок сјај. Ова овозможува широк дијапазон на бои и нијанси. Бидејќи сјајните површини се она што е тренд во светот на дизајнот, дури и вратичките во висок сјај се заменуваат со вратички од отпорно калено стакло во боја, со што бојата и сјајот добиваат нова димензија. Кујната навистина добива модерен и софистициран изглед, кој го надополнува дизајнот на отворениот простор на дневната соба. Сите овие извонредни естетски специфики му даваат современ и во одредена мера футуристички изглед на кујнскиот простор, но во нив видно недостига елементот на традицијата, кој во континуитет опстојува и се негува кај секоја култура посебно. Во име на модерното, во име на современото живеење се одрекуваме од индивидуалниот карактер на кујната како национален елемент. Токму на оваа тема во својата книга „Thinking Architecture“, култниот швајцарски архитект Питер Цумтор говори за непосредноста со која едно семејство го создава тој заеднички простор. Според него, кујната секогаш била и треба да остане во фокусот на домот како вечна мистика на бои, мириси, звуци и вкусови, кои не можат да се постигнат во стерилноста на унифицираниот модерен дизајн.
кујна со медитерански дизајн
3
23 март 2012 ПОРТА
37
ентериер
ROCa lONDON GalleRY
вода - основа за креирање
С
ветскиот лидер за уредување на бањи Roca, минатата година отвори нова галерија во Лондон, креација на славната Заха Хадид. Концептот на галеријата пронаоѓа инспирација во различните фази и состојби на водата. Водата е исто така протагонист во архитектурата, па така ги спојува сите делови од галеријата. Нејзиното движење им го даде обликот на изложбените простори и останатите делови. Архитектите од Zaha Hadid architects во оваа галерија го внесуваат искуството од силната историја на Roca и културата на иновации. Овде Заха Хадид развила флексибилен простор во кој се наоѓаат изложбените простори, собите за состаноци, кафеана, книжарница, мултимедиски ѕидови, рецепција и интерактивни екрани на допир сместени на начин кој ќе им овозможи на посетителите да се чувствуваат како дел од активниот простор на дизајнот. Новата галерија во Лондон се наоѓа на еден кат кој се простира на повеќе од илјада квадратни метри. Единствената фасада му дава на просторот личен печат. Таа претставува непрекината фузија на обликот и контурите што се користат на неочекуван начин за да се создадат архитектонски низи на отвори во просторот, и кои го отвораат интериерот кон јавниот плоштад кој се наоѓа пред галеријата. Внатре, централната галерија е инспирирана од идејата на осветлени капки вода кои на конзистентен начин ги спојуваат различните подрачја. Иновативните просторни концепти на изложбените простори,
38
3
ПОРТА
23 март 2012
ентериер
на простор обложени со темносив бетон, се во контраст со белината на централниот простор. Неговиот облик е инспириран од ерозијата што ја предизвикува водата, во комбинација со функционалните размислувања, обезбедувајќи на тој начин поголема флексибилност. Овде посетителите можат да дознаат повеќе за најновите производи и колекции на Roca, кои ги креирале најдобрите шпански и меѓународни дизајнери. Еден од највпечатливите елементи на овие простори е поплочениот под. Изработен во целост од керамиката на Roca, подот е мозаик од единствени плочки, посебно дизајнирани и произведени, а потоа комбинирани и споени да создадат неверојатни оригинални визуелни ефекти. Посетителите, исто така, можат да учествуваат во проекцијата Ритуал, серија слики кои силно го прикажуваат мноштвото на секојдневните активности кои се одвиваат во бањскиот простор. Тоа се слики кои нудат привлечен поглед на нашите ритуали и рутини. Отворањето на галеријата Roca во Лондон значи дека таа ги поврзува галериите што компанијата веќе ги поседува во Барселона, Мадрид и Лисабон, создадени во соработка со водечки архитекти и дизајнери. Во Барселона зградата ја дизајнирале архитекти од „OaB“ (Carlos Ferrater и неговите деца Borja i Lucia). Во Мадрид проектот е реализиран во соработка со „Estudio Lamela“, а во Лисабон, транформацијата на историската зграда во иновативен простор го носи печатот на фирмата за внатрешен дизајн „Ferruz“.
3
23 март 2012 ПОРТА
39
IZIIS SAGA-B Решение за Европа
EUROCODE 2&8 Софтвер за анализа и проектирање на армиранобетноски објекти од високоградба IZIIS SAGA-B е софтверски пакет за 3Д анализа и проектирање на армиранобетонски згради. Со овој софтвер, кој се користи во Австралија повеќе од 15 години, успешно се проектирани повеќе од 10,000 згради. Неодамна, IZIIS SAGA-B е надополнет со Еврокодовите 2 и 8. Затоа, веруваме дека тој неминовно ќе стане составен дел од софтверските пакети кои Вие ќе ги користите во Вашeтo проектанско биро.
Прецизно моделирање со AutoCAD import
• БРЗО МОДЕЛИРАЊЕ НА ГЕОМЕТРИЈА НА ПЛАТФОРМА СО БИЛО КАКВА ФОРМА • ЛЕСЕН И ФЛЕКСИБИЛЕН AutoCAD И REVIT Import/Export • 3Д АНАЛИЗА, ПРОЕКТИРАЊЕ И ГРАФИЧКИ И НУМЕРИЧКИ ИЗВЕШТАИ • БРЗА ПОДДРШКА • БЕСПЛАТНА ОБУКА • ОПТИМАЛНА ЦЕНА • МАКЕДОНСКИ ПРОИЗВОД Made in Macedonia Симнете ја trial-верзијата и туторијалот на веб-странaтa:
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b e-mail: saga-b@pluto.iziis.ukim.edu.mk
www.iziis.ukim.edu.mk/saga-b Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Салвадор Аљенде 73, Скопје
Тел. 02 3107 721 Факс 02 3112 163
архитектура
3
23 март 2012 ПОРТА
41
славни улици
Москва
Домот на мелников ремек-дело на руската авангарда Архитектот Мелников е меѓу ретките пионери на советскиот модернизам, кој не се предал пред сталиновата естетика. Го доживеал „затоплувањето“ на Хрушчов. Станал икона за новите поколенија на архитекти и историчари на уметност, кои во него гледале жив класик. Неговите дела се сочувани до ден-денес, и се наоѓаат под заштита на државата. Љупка Дуковска, дипл.инж.арх.
И
нтересно е што славната улица „Арбат“, која е богата со многу значајни објекти за историјата, градби исполнети со творечката енергија на нејзините жители, нема скоро ниту еден прославен архитектонски споменик. Иако повеќе од еден век таа е олицетворение на највисоките духовни дострели на руската интелигенција, на самата улица нема големи ансамбли на градители од минатото. Но, Арбатскиот микросвет го носи со себе феноменот на „Арбат“. Во малата, мирна Кривоарбатска уличка, во бр.10, се наоѓа објект кој се смета за ремек-дело на руската авангарда во почетокот на XX век. Објект кој треба да го запознае секој љубител на современата архитектура. Култен објект за кој е тешко да се употреби терминот „авангарда на 20-тите години на минатиот век“ бидејќи тој е авангарден и
42
3
ПОРТА
23 март 2012
Мелников во своето ателје-дом
денес. Тој е вонвременски. Не можам да пишувам за „Арбат“, а да не се осврнам посебно на оваа уникатна градба. „Домот - ателје на архитектот Мелников“ е вклучен во сите учебници за архитектура. Влезен е во сите туристички водичи. Млади архитекти, туристи... , доаѓаат специјално да го посетат.
константин Мелников
Архитектот Константин Степанович Мелников (1890 - 1974) се вбројува меѓу основачите на модернизмот. Велат дека бил гениј за архитектурата. Минимум три негови објекти влегуваат во златниот список на архитектурата на XX век. Тоа се објектите: советскиот павилјон на Светската изложба во Париз, во 1925 година, сопствениот дом во Кривоарбатската уличка и клубот со име на Русаков.
Добиената награда Гран при во 1925 година за советскиот павилјон на Светската изложба на декоративна и применета уметност во Париз, го запишала неговото име во аналите на светското градителство. Тој е конструктивист, кој проектирал нови модерни форми, комбинирајќи ја нивната функционалност на скулптурален начин. Инсистирал на убавината, уметноста и индивидуализамот. Креирал нова естетика на архитектонскиот простор. Мелников велел дека ниту каменот, ниту тулата, ниту бетонот не е главен материјал во архитектурата, и дека тоа е просторот.
МоДернизМот на експериМентот Објектот е изграден во периодот 1927 - 1929 година. Лоциран е во центарот на Москва, на правоаголна парцела 18 x 32 метри, помеѓу
славни улици
убави граДови, Музеи, галерии...
тогашните социјалистички комуналки. Тој е единствен пример на индивидуална градба од ваков вид, во советското време. Фактот што во тој период во советското општество била дозволена градба на ваков голем, приватен објект (околу 200 м2) во самиот центар на Москва, останува загатка... Мелников бил светски познат архитект, а времето од 1920 до 1930 година бил златен период во неговото творештво, врв на неговата популарност. Работел на многу проекти за клубови, културни центри, гаражи... Во неговата лична архива се пронајдени многу скици за изградба на индивидуален објект во нов стил. Сите содржеле дел за живеење и дел за работа. Некои биле со квадратна основа, други како пресечена пирамида. Експериментите со кружни основи ги започнал во 1922 година. Идејата била да се пронајдат и испробаат нови
методи за градење. Да се создадат услови кои би можеле да се применат и за масовна станбена изградба. Конструкцијата на неговиот објект била многу оригинална. Била изработена на ниво на технички пронајдоци. Некои од новините, како конструктивни пронајдоци, биле заштитени како патентирани. Домот на Мелников и официјално бил прогласен за експериментална градба. Архитектонското решение на неговиот дом е со необичната волуменска форма во вид на „8“, ориентирана во правец север-југ. Два вертикални цилиндри, со еднаков дијаметар и со различна височина, се вклопени еден во друг на третина од радиусот. Понискиот цилиндар завршува со равен кров, со отворена тераса. Повисокиот цилиндар има кос кров, закосен од центарот на објектот, кон неговиот северен дел. Осветлувањето е многу интересно. Благодарение
на системот на мноштво на ромбоидни прозорци, светлото доаѓа од сите страни и создава осветлување без сенки. Необичен однадвор, објектот е уште понеобичен одвнатре, но секако, удобен и пријатен. Ентериерот е разработен со посебно внимание. И покрај тешката и необична просторна структура, внатрешното планирање се одликува со исклучителна функционална осмисленост, за која самиот Мелников велел: „Му давам награда на тој што ќе успее да пресмета колку ката има во домот, а на својот брат архитект – загатка: од каде такво богатство на разновидност во волуменот од една единствена стандардна форма, која ја сочинува органската суштина на архитектурата на нашиот дом“. Од моментот на неговото создавање, објектот предизвикал голема полемика. Архитектонското решение било оценувано повеќе пати.
3
23 март 2012 ПОРТА
43
славни улици
Поглед на дневната соба 44
3
ПОРТА
23 март 2012
славни улици Првата критика во 1929 година била позитивна, со високи оцени за проектот. Потоа оцените се менувале. Во првата половина на 30тите години на минатиот век, го осудувале формалното решение и во него наоѓале класни црти. Од средината на 30-тите, па сè до 50-тите години на 20 век, критиките се менувале и станувале многу остри. Тоа секако е поврзано со поминувањето на советската архитектура од авангардни идеи кон етапа на неокласични стилизации – сталински ампир. Архитектот Мелников е меѓу ретките пионери на советскиот модернизам, кој не се предал пред сталиновата естетика. Го доживеал „затоплувањето“ на Хрушчов. Станал икона за новите поколенија на архитекти и историчари на уметност, кои гледале во него жив класик. Неговите дела се сочувани до ден-денес, и се наоѓаат под заштита на државата. Во 1972 година бил прогласен за заслужен архитект на Русија. Починал во 1974 година во Москва, градот во кој се родил и го поминал скоро целиот свој живот.
Музеј
И покрај тоа што објектот во целиот овој период бил станбен и во него живееле архитектот и неговото семејство, секогаш биле дозволени групни и поединечни посети. Идејата за создавање на музеј се родила уште за време на животот на архитектот Мелников.
Реализирањето на оваа идеја го презел Фондот „Руска авангарда“. Со цел да се заштити објектот, да се направи неопходната реставрација, и да се создаде музеј на светско ниво, биле ангажирани познати експерти од целиот свет. Формиран е меѓународен комитет за создавање на музеј „Дом на Мелников“, кој брои 22 члена. Меѓу нив се и имињата на познатите архитекти, лауреати на Прицкеровата награда: Заха Хадид, Рем Колхас, Алваро Сиза и други. УНЕСКО ја одбележа стогодишнината од раѓањето на архитектот, со тоа што 1990 година била прогласена за година на Константин Мелников. А според Руската академија на архитектура и градежни науки, во 2001 година, Константин Степанович Мелников го зазема првото место помеѓу најпознатите архитекти на XX век во Русија, а трето во списокот на најпознатите архитекти во светот. Архитектурата на советската авангарда, како едно од најголемите случувања во светската култура во XX век, го заслужува овој музеј. Мелников, Шчусев, Гинзбург, Шухов и други генијални архитекти од овој период, се дел од таканаречената советска авангарда. Тие припаѓаат на едно широко уметничко и интелектуално движење, настроено кон иновации и експерименти, кое дејствувајќи во специфичен историски период имало големо влијание на целокупната светска уметност во минатиот век.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
3
23 март 2012 ПОРТА
45
записи
нашата река и нејзините приказни Ангел сиТНовски, дипл.инж.арх.
Б
еше еден град, во една земја. И во него течеше една река, матна и не така брза. Доаѓаше пролетта, стануваше потопло, а снегот некаде далеку, во планините, се топеше и ги матеше водите на реката. Луѓето ја сакаа реката. Иако беше матна, таа беше на сите граѓани, ја викаа „нашата река“! Не можеше да се замисли градот без реката! Над реката, како впрочем и над сите реки во светот, се протегаше мост, стар, направен од камен пред многу векови. Го викаа едноставно „Камениот“ мост. Беше
46
3
ПОРТА
23 март 2012
во самиот центар на градот. Многу луѓе минуваа преку него и дење и ноќе, час на едната, час на другата страна од градот. Беше едно момче од оваа страна на реката и една девојка од другата. Или можеби беше обратно, или пак, можеби девојката и не беше од овој град, но секако мораше да го премине мостот. Но, не беше тоа ни така важно! Важно беше дека постоеше некаде еден сон, од овде па сè до таму! И не само до таму, одеше и нагоре сè таму до облаците бели, што пловеа низ синото небо и уште погоре! Мостот како да спојуваше две срца, како да беше направен за тоа, а тие преку нивниот сон
како да газеа по облаците! И имаше во сонот зборови „засекогаш” и „љубов”, и имаше во сонот една куќа, а во неа тие и многу, многу среќа. Секоја куќа си има своја приказна, така и оваа нивната, од сонот. А приказната на нивната куќа од сонот беше дека тие се гледаа вљубено и милуваа по цел ден, газејќи среќни по облаците бели. И ништо не им беше важно! Куќата имаше душа, душата имаше идеја, идејата создаваше услови за убава иднина. Реката под мостот течеше, минуваше и низ други градови. И во нив имаше млади, кои сонуваа. И во нив имаше мостови, кои спојуваа нечии срца. И таму
записи
имаше куќи, кои имаа свои приказни. Водите на реката, по многу изминати километри се вливаа во Белото море, кое всушност беше сино, носејќи ги со себе пораките и соништата на вљубените од сите градови, каде што таа минуваше. Но, чинам дека само во приказните и во соништата има многу среќа, и само таму како да беше се како што треба. Во стварноста беа момчето и девојката и градот, реката и мостот и некакви чудни, нови градби, кои се издигаа околу реката. Потрошени беа многу пари за овие градби но, што имаа од сето ова сите оние вљубени
долж реката, кои имаа свои соништа? Момчето, како и многумина, немаше многу работа, ниту пак доволно пари да направи куќа во која ќе ги сонува, заедно со својата сакана, своите соништа! Но, кому тоа му беше важно? Живееше само, со својот стар татко, во еден мал стан, далеку од реката и мостот. Во станот имаше многу приказни, многу спомени, за среќни времиња, за слави и родендени, свадби и веселби, за многу дружби и непроспиени ноќи. Кога со мислите ќе се навратеше во блиското минато, му се причинуваше како сè уште од ѕидовите на собите да одѕвонуваат детските гласови на неговите внуци, песната на
неговата мајка, како сè уште да ја чувствуваше миризбата на убавите пити што таа ги правеше. И можеби девојката беше еднаш Ти, можеби момчето бев еднаш Јас, и меѓу нас една љубов силна беше. Се сеќаваш ли? Еднаш. И имавме соништа за нашиот дом, заеднички дом. И за деца? Можеби еден ден ќе го имаме сето тоа, којзнае? Можеби... ? Го имаме градот, ја имаме реката и мостот преку неа. Имаме многу пријатели, сè уште не сме ја изгубиле душата. Можеби? Приказната за нашиот дом, оној од нашите соништа сè уште не е раскажана....! А времето си минува и реката си тече, таму удолу, кон морето...!
3
23 март 2012 ПОРТА
47
рубрика
Б
Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница е-маил: office@tondach.com.mk
48
3
ПОРТА
23 март 2012
Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk
3
23 9 март 2012 ПОРТА
48
рубрика
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
liting@t-home.mk
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
3
23 март 2012 ПОРТА
49
технологии
Приватност на Интернет Многумина од нас сметаат дека нашата активност на Интернет е тајна и недостапна за другите. Впрочем, затоа постојат и шифри/лозинки, нели? Можеме ако сакаме да ја симнеме и целата холивудска кинематографија, и никој да не знае. Сепак, не е баш се така розово. Трајче сТоЈАНов, дипл.инж.арх.
П
овод за пишувањето на овој текст е прочитан став на меѓународен форум, кој третира теми за приватноста на Интернет. Авторот во излагањето на својот став ги образложи (не)докажаните техники за анонимно следење и упад во нечија електронска пошта. Меѓу другото, на крајот тој вели: „ ...на терористите посигурно им е да комуницираат преку традиционалната пошта, отколку преку електронска пошта. Сепак, најсигурниот начин е преку гулаби писмоносци... “ Постојат многу нешта кои одат во прилог на тврдењето дека електронската пошта и сурфањето на Интернет воопшто, се исклучително несигурни и подложни на разновидни напади. Во денешното доба, не се само безбедносните служби во состојба да ги пробијат и следат електронските комуникации, туку и неброена глутница на интернет натрапници. Предноста на оваа категорија на луѓе е во нивната прикриеност и знаење, а предмет на искористување е
50
3
ПОРТА
23 март 2012
нашата (како интернет корисници) наивност. Многумина од нас сметаат дека нашата активност на Интернет е тајна и недостапна за другите. Впрочем, затоа постојат и шифри/ лозинки, нели? Можеме ако сакаме да ја симнеме и целата холивудска кинематографија, и никој да не знае. Сепак, не е баш се така розово. Еве како функционира Интернетот. Секогаш, кога во нашиот веб пребарувач ќе ја внесеме адресата на веб страницата што сакаме да ја погледнеме, компјутерот испраќа барање до веб серверот за пристап на таа веб страница. За да ни го овозможи тоа, на веб серверот му е потребна нашата IP (Internet Protocol) адреса за да ни ја испорача бараната содржина. Практично, без разлика дали „сурфаме“ на Интернет, „четуваме“ или играме онлајн покер, нашата IP адреса е дел од комуникацијата, односно истата станува достапна за серверите (во некои случаи и корисниците), кои се дел од истата. Сепак, оваа адреса не треба да се поистоветува со нашата физичка адреса. IP адресата претставува
комбинација од четири бројки одделени меѓусебно со точки (пример: 123.45.67.890). Оваа адреса ја доделува нашиот ISP (Internet Service Provider), односно компанијата што ни го овозможува пристапот до Интернет, без разлика дали истата е „статична“, односно постојана или „динамична“, односно променлива. Токму со помош на нашата IP адреса можат да се извлечат информации за нас. Меѓу основните податоци, кои лесно можат да се откријат за нас се: име на нашиот ISP, земја, град, општина (последните три наведени податоци се однесуваат на ISP), веб пребарувач кој се користи во моментот, оперативен систем на компјутерот и резолуција. Врз база на овие податоци, но и нашата следна активност на Интернет, можат да се извлечат дополнителни податоци, како на пример, кои се нашите интереси, навики, желби, времеполов на активности или посети и слично. Кога на сето ова ќе се додаде и нашето свесно/доброволно изложување на лични информации, пред сè на социјалните мрежи, информации како на пример: дата на раѓање (што е половина од матичниот
технологии
- (скоро) невозможна мисија број), слики, конекции итн, останува впечатокот дека сме премногу изложени. Практично, сакале ние или не, со секоја наша активност на Интернет ние откриваме информации за нас. Без разлика што постојат закони кои ја регулираат тематиката околу приватноста, очигледно информатичката технологија постојано предничи пред законодавците да воспостават соодветна регулатива.
кој располага со нашите инфорМации? Нашиот исП. Зависно од регулативата во државата, на барање на владините институции, интернет провајдерот мора да достави целосни информации за корисниците на иП адресите во дадено време, неговите активности на интернет, па и увид во електронската пошта итн. во теорија, тоа значи дека кое било наше нелегално преземање на содржина од интернет, па макар и 1 кб, може да се открие и санкционира. во пракса, институциите не
се толку експедитивни за да гонат минорни прекршоци, иако постојат исклучоци. „Гугл“ и пребарувачите од негов тип. Бидејќи огромен дел од интернет сообраќајот се одвива преку неговите сервиси, „Гугл“ располага со незамисливо количество на информации за корисниците. со новите промени во политиката за приватност, „Гугл“ воведе еден кориснички акаунт за сите свои сервиси, и најави следење на корисничката активност со цел да се открие што сакаат корисниците. социјалните мрежи и други слични сервиси (блогови, приватни веб страници итн.) каде имаме креирано профили и поставено податоци. компании и институции кои користат софтвери и сервиси за следење. „Гугл Аналитика“ (Гоогле Аналѕтицс) е еден од најпознатите сервиси за следење на посетеноста на една веб страница. сервисот, на администраторите на веб страниците како корисници на „Гугл Аналитика акаунт“, им дава мноштво податоци за посетителите. Некои од нив и во реално време. ваквите податоци се користат
пред сè за маркетиншки цели. интересно е што веб страниците не ги предупредуваат посетителите за ваквата активност. Финансиски институции преку кои вршиме електронско плаќање. Натрапници, кои преку т.н социјален инженеринг се обидуваат да добијат информации за нас, особено кориснички имиња, лозинки, броеви на кредитни картички и слично. категоријата Натрапници вклучува голема група луѓе меѓу кои крадци на идентитет, измамници, Демначи и други, кои користат различни методи и имаат различни мотиви. Приватноста на Интернет станува исклучително комплексна тема. Повремено, медиумите известуваат за пробиени бази на податоци, кои содржат информации (меѓу другото и за кредитните картички) на илјадници луѓе. Интернетот станува опасно место за посета, особено за неупатени. Најсигурно решение е да не се користи Интернет, но тоа е многу драстична мерка нели?
3
23 март 2012 ПОРТА
51
експерт
повоДи: евтина архитектура
ЗОШТО Архитектите ЗАРАБОТУВААТ ПОМАЛКУ ОД ДРУГИТЕ ПРОФЕСИИ? Во светски рамки, Република Македонија со по еден архитект на 692 жители е трета земја во светот по бројот на архитекти во однос на бројот на жители во земјата. Пред неа се само Италија со по еден архитект на 516 жители, и Јапонија, која е прва во светот, со по еден архитект на 416 жители. д-р владимир Б. лАДиНски,
К
ако што веќе напишавме во минатиот број на „Порта3“, декемвриското дододелување на Годишната награда за најдобро реализирано архитектонско дело во Република Македонија за 2011 година на архитектите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски од проектантското биро „Синдикат студио“ за реализираниот проект на Меморијалниот дом / Спомен куќата на Тоше Проески на Гумење во Крушево, предизвика невообичаена реакција во јавноста искажана преку текстот на Билјана Ангеловска под наслов „Евтина архитектура“ објавен во рубриката „Белешка“ на печатеното издание на дневникот „Утрински Весник“ од вторник 27 декември 2011 година. Во текстот, авторот ја разгледува положбата на архитектите и архитектурата во Република Македонија, при што отвора повеќе интересни теми, меѓу кои и дали соодветно се вреднува трудот на архитектите во земјата? И покрај пријатното изненадување дека оваа тема конечно се отвора во рамките на македонската јавност, не може а да не се забележи дека пониското вреднување на трудот на архитектите не е само локален проблем. Пред приближно две години, Емили Кадман (Emily Cadman), на електронскиот форум на британското неделно списание за архитектура „Билдинг дизајн“ (Building Design), го постави следното прашање: „Зошто архитектите заработуваат помалку од другите професионалци?“. Електронската дебата на оваа тема се водеше околу 17 месеци, а според статистиката на веб страницата, околу 8750 посетители ја посетиле истата во изминатиот период. Под претпоставка дека сите посетители на форумот биле архитекти, тогаш нешто повеќе од 25% од сите архитекти во Обединетото Кралство ако ништо друго, барем ја погледнале дебатата на оваа тема. Како и во секоја дебата постојат различни мислења и ставови за поблематиката што се
52
3
ПОРТА
23 март 2012
дипл.инж.арх. (Велика Британија) разгледува, но читајќи ги одговорите веќе можат да се идентифицираат одредени теми.
(индекс 1,940) и Јапонија, која е прва во светот, со по еден архитект на 416 жители (индекс 2,404).
вишок на архитекти
слабости на асоцијацијата и коМората
За одредени ученисци во дебатата, како на пример Филип Кар (Philip Carr), вакавата состојба е резултат на проблемот поврзан со основните закономерности на понудата и побарувачката. Така, се нагласува дека во 1994 година во Обединетото Кралство имало само 19.800 архитекти наспороти над 33.000 во 2010 година. Ако кон ова се додадат и 20.000 студенти по архитектура, лесно може да се види зошто преголемиот број на архитекти би довел до намалување на вредноста на нивниот труд, и зошто можното решение се гледа во намалување на бројот на архитектонските факултети во земјата, а со тоа и постепено намалување на бројот на архитекти во земјата. Доколку навистина бројот на архитектите во земјата е вистинскиот проблем, тогаш според податоците на УИА (UIA) (COAC, 2005), британските архитекти имаат релативно мал проблем во однос на нивните македонски колеги, со оглед на фактот што во 2005 година во Обединетото Кралство имало само по еден архитект на 1.968 жители, наспроти еден архитект на 692 жители во Република Македонија. Како и да е, и бројот на архитекти во Обединетото Кралство (индекс 0,508) и особено во Република Македонија (индекс 1,445) е значително поголем во однос на светскиот просек (индекс 0,320), кој претставува приближно по еден архитект на 3.000 жители - индекс до кој најблиску е Сингапур со по еден архитект на 2.976 жители (индекс 0,336), и САД со по еден архитект на 2.942 жители (индекс 0,340). Проблемите на македонските архитекти веројатно полесно можат да се разберат, доколку се потсетиме дека во светски рамки, Република Македонија е трета земја во светот по бројот на архитекти во однос на бројот на жители во земјата. Пред неа се само Италија со по еден архитект на 516 жители
На оние британски колеги, кои се залагаат за намалување на бројот на архитекти во земјата преку затворање на архитектонските факултети, можеби ќе им се исполни нивната желба и тоа не како резултат на спроведување на планирана стратегија на владата, туку како последица на одлуката на владата трократно да ја зголеми школарината на јавните високообразовни установи од септември оваа година во споредба со онаа која важела во септември 2011 година. Според последните информации, се проценува дека бројот на студенти по архитектура ќе се намали за околу 17,2% во наредната 2012/2013 учебна година во однос на претходната, а тоа најмногу се поврзува со зголемувањето на цената на школарината на ниво до околу 10.350 евра годишно. Според одредени согледувања, се очекува дека е можно во догледно време дури и до 25% од архитектонските факултети во земјата да згаснат, доколку дојде до продолжување на ваквиот тренд на опаѓање на бројот на запишани студенти и во наредните години. За други, проблемот на пониското вреднување на трудот на архитектите во однос на другите професии е сврзан со наводно искажаните слабости во работата на институтот (асоцијацијата) и комората. При ова, се наведуваат повеќе примери, како на пример фокусот на заштита на титулата, бидејќи зборот „архитект“ е заштитен со закон, и со него може да се претставува само оној што е регистриран во комората, а не и на функцијата, со оглед на тоа што секој може да изготви и поднесе проект за урбанистичка согласност или градежна дозвола. Исто така, се смета дека наводно институтот и комората не се покажале доволно силни со своето лобирање и дејствување да го избегнат воведувањето на
експерт компетитивни тендери за добивање на работа, наспроти други професионални организации, кои успеале да го сторат тоа. Како причини се наведуваат и наводните слабости во однос на наставните програми на високообразовните институции, а кои се акредитирани од страна на институтот и комората, во однос на недоволната подготвеност на идните архитекти за она што ги очекува во пракса, па дури и за преголемата должината на студиите. Одредени дискутанти во форумот, „вината“ за состојбите наводно ја наоѓаат во самата професија како резултат на омаловажување на сопствениот труд, подготвеноста дури да работат и без надомест, како и за уривање на цената на трудот преку несоодветно (читај прениско) наддавање на тендери.
стуДирање архитектура
Одредени видувања на проблемот се особено интересни, како она на Ричард Бриндли (Richard Brindley), кој проблемот го гледа во фактот што надоместот за услугата не секогаш е сразмерен на чинењето на истата, или пак на потребните знаења и вештини, туку дека најчесто зависи од тоа колкава вредност клиентот дава на извршената услуга. Оттука, за него проблемот наводно лежи во архитектите, а не во клиентите, најмногу заради тоа што, според него, архитектите помалку се мотивирани од пари, а повеќе се привлечени од креативноста на архитектурата, и ја третираат како пасија или занимање, а не како професионална кариера. Како резултат на ова, Бриндли смета дека структурата на платите во архитектурата повеќе наликува на оние во креативните занимања, каде има големи разлики меѓу платите на филмските/ естрадните ѕвезди и „обичните“ актери и музичари. Тој ова го поткрепува со фактот што познатиот светски архитект Норман Фостер (Norman Foster) бил на 247 место на најбогатите луѓе во Обединетото Кралство, според Листата на богатите за 2007 година на „Сандеј тајмс“ (The Sunday Times 2007 Rich Least), додека просечниот архитект со шест години искуство и седум години архитектонско образование заработувал само околу 41.400 евра бруто годишно. Ова е помалку од платата на „инженер“ за предмер и пресметка (Quantity Surveyor - посебна професија во ОК), кој просечно заработувал околу 1% повеќе (околу 44.735 евра) или „инженер“ за згради (Building Surveor - посебна професија во ОК), кој просечно заработувал околу 14,3% повеќе (околу 47.300) , или пак лекар по општа пракса (GP – General Practitioner), кој заработувал 2,77 пати повеќе (околу 115.000 евра). За
споредба, во минатото пред околу 50 години, заработувачката на архитектите била приближно на исто ниво со онаа на адвокатите и лекарите.
Можни насоки
Дел од овие ставови коинцидираат со ставовите на учесник во дебатата, кој по завршувањето на првиот дел на студиите (тригодишни додипломски студии) решил да не продолжи со вториот дел на студии, кои би му овозможиле по завршувањето на постдипломските студии и дополнителни две години пракса да стане архитект, туку планира понатаму да се запише на постдипломски студии за да стане проект менаџер, затоа што според него не вреди да се студира архитектура. Според него, во современиот свет се работи само за пари, а многу малку пари можат да се заработат од тоа да се биде архитект, така што луѓето би требало да се занимаваат со архитектурата исклучиво како пасија или интерес, а не како професионална кариера. Ова ме потсети на една анегдота сврзана со познат прекуокенски архитект, кој на првиот час на предавањата ги советувал сите оние студенти, кои не доаѓаат од богато семејство или пак не планираат богато да се оженат или омажат, да се префрлат на некој друг факултет. Обидувајќи се да даде и можно решение на проблемот со кој се соочуваат архитектите, Бриндли сугерира дека архитектите треба да престанат да фокусираат само на интересните проектански аспекти на професијата, и особено да престанат да ги делегираат „здодевните“ финансиски и технички проблеми на техничарите, технолозите и инженерите, коишто сè повеќе и повеќе одземаат аспекти, кои во минатото биле дел од делокругот на архитектонската професија. Исто така, според него архитектите треба да го фокусираат своето внимание на тоа како да создаваат дополнителна вредност за клиентот. Според него, можни насоки кои ќе одат во прилог на аргументот за тоа како архитектите создаваат дополнителна вредност за своите објекти би биле:
• Фокусирање на умешноста на архитектите
холистички да решат комплексни проблеми, кои во денешно време се мошне изразени, како на пример, предизвиците сврзани со климатските промени, повисоките енергетски трошоци, недостатокот на добро обучени градежни работници, поголемата комплексност на урбанистичката и градежната регулатива и слично. • Акцентирање на тоа со кои придобивки клиентот ќе се здобие како резултат на ангажирањето на архитектот, во смисла на зголемена вредност на објектот, оперативни подобрувања како резултат на проектот и слично, поткрепено со податоци од истражувања за тоа како на пример добро испроектираните болници и училишта можат позитивно да влијаат на побрзото оздравување на пациентите и подобри резултати во образованието кај учениците. При ова, се смета како исклучително важно да не се потенцира тоа колку добро и интересно е архитектонското решение, туку да се исполни она што ќе се вети и соодветно ќе се изменаџираат очекувањата на клиентот. • Потребата надоместот за архитектонските услуги да не се презентира како процент од градежната вредност на објектот, туку како фиксна цена за завршен обем на услуги со вградени бонуси сврзани со реализирани придобивки за клиентот, како на пример предвремено завршување на проектот, дополнително зголемување на вредноста на парцелата и објектот, поголема површина за изнајмување и слично.
иДнина на архитектите
Дел од искажувањата на Бриндли се поткрепени и со резултати од неодамнешната студија на „Билдинг фјучерс“ (Building Futures) и Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of Britsih Architects - RIBA) Иднина за архитектите? (The Future for Architects?), кои укажуваат на потребата архитектите под итно да ги подобрат своите познавања од доменот на финасиите, и своите услуги да ги нудат во однос на придобивките што тие можат да ги реализираат за своите клиенти. Се разбира дека иако дел од британските согледувања се специфични за нивната средина, како на пример, проблемите сврзани со заштитата на титулата наместо на функцијата, добар дел од искажаното има универзални вредности, кои можат да им послужат и како инспирација и како патоказ за тоа во која насока македонските архитекти треба да ги фокусираат своите напори во наредниот период, а со цел да го подобрат, барем финансиски, својот статус во однос на претставниците на другите професии во Република Македонија.
3
23 март 2012 ПОРТА
53
еко инфо Москва
нов саркофаг за чернобилскиот реактор
На уништената постројка во НЕ Чернобил се поставува нов саркофаг, со цел прекривање на реакторот број 4, кој експлодира во 1986 година, во најголемата нуклеарна катастрофа во светот. Саркофагот висок 100 метри се составува до реакторот, а по неговото комплетирање ќе се постави врз него. Проектот вреди една милијарда евра, а е финансиран од Русија и уште неколку други земји. Се очекува да биде завршен во 2014 година. (Voice of Russia)
атина
огромни вложувања во енергетиката во ји европа
Според Студијата на Институтот за енергетика во Југоисточна Европа (IENE), во периодот до 2020 година регионот го очекуваат инвестиции во енергетиката во вредност од 240 милијарди евра. Најголем обем на вложувања се очекува во електроенергетиката, околу 90 милијарди евра, потоа 55 милијарди евра во нафтениот сектор, итн. Посебно внимание ќе биде посветено и на интерконекциите, за што ќе се издвојат околу 10 милијарди евра. Иако овој регион во моментот се соочува со недостаток на електрична енергија, од Институтот уверуваат дека за 10 години во ЈИ Европа ќе има вишоци, кои би можеле да се пласираат кон северот на Европа, токму преку новите интерконекции.
багДат
ирак се нуди за набуко Ирак е посебно заинтересиран за извоз на природен гас во Европа преку европскиот гасовод Набуко, изјавил висок претставник на ирачкото Министерство за нафта. Според проценките на аналитичарите, политичките прилики во Ирак не одат во прилог на развојот на поголемите енергетски проекти во земјата. Затоа, вклучувањето во овој проект е од извонредно значење. Од друга страна пак, проектот Набуко во моментот се соочува со проблеми во обезбедувањето на добавувачи за гасот, но и проблеми со финансирањето.
(UPI) 54
3
ПОРТА
23 март 2012
(Beta)
спортски храмови
„саМи офер“ - хаифа
„кумство“ платено со 20 милиони долари
В
о јужната периферија на градот Хаифа, уште кон крајот на 2009 година почна со градба новиот модерен и суперфункционален стадион кој ќе го носи името на големиот израелски магнат Семи Офер, човек кој лично се погрижи Хаифа конечно да ја реализира одамна зацртаната цел - да добие нов фудбалски стадион. Поморскиот магнат Офер издвои сума од 20 милиони долари за изградба на овој стадион, каде во иднина своите средби ќе ги играат двата најпопуларни фудбалски клуба од овој град, Макаби Хаифа и Хапоел Хаифа. Стадионот „Сами Офер“ ќе го замени досегашниот стадион на кој играа градските ривали од Хаифа, „Кирјат Елиезер“. Бизнисменот Офер вложи 20% од вкупната сума на средства потребни за изградба на стадионот која надмина 100 милиони евра. Интересно е што еден од условите на Офер да ги даде парите за градба на стадионот, бил токму тој, стадионот да го носи неговото име, односно името на неговата компанија „Офер“. Според проект планот, изградбата на стадионот „Офер“ треба да заврши во 2013 година. На овој стадион е планирано одигрување на дел од натпреварите на Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година, кое ќе се одржи токму следната година. Израел, проектот „Стадион Офер“ сериозно го искористи и во лобирањето кај УЕФА за да го добие младинското ЕП. Во близина на локацијата на која се гради стадионот се наоѓа и компанијата на „кумот“. Новиот спортски храм ќе има капацитет од 30.000 места, двојно повеќе од капацитетот на довчерашниот дом на клубовите од Хаифа. На 145 хектарската површина се гради и голем плоштад, како и две помошни фудбалски игралишта со димензии на кои ќе можат да се играат и првенствени средби. Комплексот ќе добие и модерен подземен паркинг со 1600 места за возила, а во непосредна близина на локацијата се градат и два хотели чиј инвеститор е исто така компанијата „Офер“. Трибините на стадионот ќе се издигнуваат на 4 нивоа. Стадионот ќе ги исполнува сите ригорозни стандарди на УЕФА и за сигурност и за функционалност. Авторот на проектот, компанијата „КСС“, вели дека стадионот „Офер“ е замислен како еден „уникатен трепетлив метален објект, поставен на една едноставна подлога“. Во поттрибинскиот простор ќе бидат сместени 4 гардероби (по две гардероби ќе користат двата градски ривала), две гардероби за судии, две големи бањи, медиа-центар, како и соби за извршување на допинг контроли според стандардите на УЕФА и ФИФА. За заштита на животната средина, проектот опфаќа и систем за користење на отпадната вода и дождовницата, а покривот ќе овозможи
сашо куЗмАНовски
ФАкТи за „САМИ ОФЕР“ - Хаифа, Израел седишта: 30.000 Период на градба: 2009-2013 цена на градба: 100 милиони евра Површина на градба: 145 хектари Паркинг простор: 1600 места Дизајн: KSS изведувач: Општина Хаифа
непречено пробивање на сончевите зраци на централниот терен и задржување на свежината и квалитетот на тревата. Во изградбата се користат материјали кои ќе ја намалат бучавата и ќе придонесат за нормално одвивање на животот и во деновите кога на стадионот ќе има собир на голем број навивачи. Столчињата се направени за да бидат максимално удобни, а секако, поставени во сосема непосредна близина на теренот за поголемо доживување. На две трибини ќе бидат поставени видео-бимови, а ќе се користат и напредни комуникациски инфраструктури за потребите на комерцијалните објекти кои ќе се
градат внатре во стадионот. Првиот ред од трибините ќе се наоѓа на само 35 сантиметри над нивото на теренот, овозможувајќи неверојатна перспектива. Теренот се гради 15 метри под нивото на влезовите, со што и на најгорните редови на трибините ќе им овозможи добар поглед на ситуацијата на игралиштето.
3
23 март 2012 ПОРТА
55
екологија
рАјот нАречен преспА бАрА спАс Никола НеШкоски, дипл.инж.на жив.средина/еко-менаџер
П
респа претставува историскогеографска област, која моментално припаѓа на три држави: Република Македонија, Грција и Албанија. Преспанско Езеро има површина од 284 km² со надморска височина од 853 м и најголема длабочина од 54 м, и спаѓа меѓу најчистите езера во светот. Езерото е богато со риба, а особено се познати преспанскиот крап и преспанската мрена, како и рибите белвици. Кон крајот на педесеттите години на минатиот век, езерото е порибено и со пастрмка, која се задржала во подлабоките води. За жал, преспанската поточна пастрмка и преспанската мрена во Преспанското Езеро се загрозени видови, и потребни се итни мерки за зачувување. Овие податоци се добиени од страна на хидрометеоролошките заводи на Македонија и на Албанија. Неофицијални истражувања покажуваат дека овие појави се јавуваат како резултат на прекумерниот риболов во водите на Преспанското Езеро, и од македонска и од грчка страна. Преспанското Езеро е богато и со птичји свет. Присутни се ендемски птици, како и птици преселници, кои престојуваат во пролетно-летниот период. Растителниот свет
56
3
ПОРТА
23 март 2012
е доста богат, како во самото езеро така и во околните блата. На островот Голем град, како ендемично растение се среќава Фојовата шума, која претставува можеби и најефикасен природен лек против респираторните болести. И покрај овие карактеристики на регионот Преспа и Преспанското Езеро, истото неуморно се деградира од година во година. Неодамна се појавија информации и обвинувања насочени кон Република Грција; обвинувања за нелегално црпење на вода од Преспанското Езеро, а со цел наводнување на обработливи површини. Грците, пак, имаат свој став дека никогаш не се случило некоја земја да користи повеќе вода од некоја друга, податок кој доколку е релевантен го покренува прашањето дали Преспанското Езеро е деградирано како резултат на несовесни активности преземани и од Грција и од Македонија? Нашиот став во оваа ситуација е нешто поразличен. Од комитетот задолжен за заштита на ова езеро изнесуваат податоци дека не само сега, туку со години наназад нашите јужни соседи ја користат водата од Преспанското Езеро за наводнување на обработливите површини, односно за приватни потреби. Нешто што е тотално неморално и неетички. Овие активности го имаат намалено нивото на
Преспанското Езеро, и доколку се продолжи со овие активности ситуацијата полека, но сигурно може да се преслика на Охридското крајбрежје. Ова се должи на фактот што дури 46% од водата која се влева во Охридското Езеро, всушност потекнува од Преспанското. Дополнително е забележан и влошен квалитетот на водата на Преспанското Езеро, нешто кое може да предизвика негативни промени во биодиверзитетот на езерото, но и да го намали интересот на туристите, кој и засега е на ниско ниво. Исто така, треба да се напоменат и ред други негативни активности, како непланско сечење на трска, со што се загрозува биодиверзитетот на ова подрачје, и активности поврзани со диво копање и црпење на песок.
иДнината на овој регион ветува
Иднината на овој регион лежи во комплетната реализација на неколку тековни проекти за заштита на овој регион, како и неколку колосални проекти кои треба да почнат со реализација во блиска иднина. Исто така, потребна е и комплетна вклученост и соработка од страна на локалното население и од Грција и од Македонија. Дел од проблемите на ова езеро се предизвикани од самите граѓани, но исто така и можат да бидат решени од нивна страна.
екологија
3
23 март 2012 ПОРТА
57
екологија
европската Мрежа на заштитени прироДни
осоГово И јАблАницА - БИСЕРИ Вклучувањето на Република Македонија во иницијативата „Европски зелен појас“ е од особено значење не само за заштита на природните вредности, туку и за прекугранична соработка на полето на заштитата на природата и одржливиот економски развој во одредени региони сашо куЗмАНовски
П
реку европското копно, од Баренцовото до Црното и до Јонското Море, Европскиот зелен појас како мрежа од заштитени подрачја се протега низ 23 европски земји, и претставува глобален симбол за прекугранична соработка за заштита на непроценливата природа и за промоција на одржливиот развој. Европскиот зелен појас е мрежа која поврзува простори со исклучителни природни вредности по должината на границите на некогашната „железна завеса". Овој зелен појас минува и по границите на нашата земја, Република Македонија, и отвора можност за изработка на проекти кои промовираат ефикасна заштита на биодиверзитетот и одржлива употреба на природните ресурси. Токму на вакви проекти веќе неколку години напорно работат членовите на Македонското еколошко друштво (МЕД), чија главна определба е промовирање на екологијата како наука, заштита и унапредување на животната средина и природата, ширење на еколошките знаења, унапредување на еколошкото образование и промовирање на принципот на одржлив развој. - Пределите што до пред триесетина години влегувале во забранетата зона меѓу истокот и западот на Европа, т.н. „железна завеса", биле силно чувани, без човечки пристап во времето на студената војна и затоа се одржале како диви предели кои кријат голем број ретки и загрозени видови. Овие изолирани предели не биле зафатени од човечки активности и создале различни типови на живеалишта, кои меѓусебно се поврзуваат на начин кој дозволува природен развој и движење
58
3
ПОРТА
23 март 2012
на дивите видови. По должината на Зелениот појас се испреплетуваат различни типови на живеалишта и екосистеми, кои се менуваат од континентални до медитерански, од низински до планински. Иницијатори за формирање на ова симболично име, Европски зелен појас, се поборниците за заштита на природата од Источна и Западна Германија, кои ги дефинираа вредностите на овие изолирани области. Зелениот појас е поделен на три дела: Феноскандинавски, Централно Европски и Балкански зелен појас. Иако Република Македонија е земја која официјално ја поддржува оваа иницијатива, досега таа е многу малку искористена како алатка за заштита на подрачја, предели, па и на видови. Неколкуте реализирани проекти досега се однесуваа главно на прогласување заштитени подрачја; промоција на одржливото искористување на природните ресурси; одржливиот развој; воспоставувањето прекугранична соработка во областа на екологијата, мониторингот на диви видови и слично - објаснуваат од Македонското еколошко друштво.
конкретни проекти
Балканскиот зелен појас во Македонија се протега по должината на трите државни граници со Бугарија, Грција и со Албанија. Како што велат во МЕД, оваа иницијатива се користи како алатка за воспоставување прекугранични заштитени подрачја за да се обезбеди соодветна заштита на дивите видови. „Македонското еколошко друштво работи на имплементација на Балканскиот зелен појас преку два проекти: едниот се однесува на планината
Јабланица што почна во 2006 година, а вториот е посветен на Осоговските планини и тој се имплементира од 2007 година. Целта на проектот што се однесува на планината Јабланица е да се зачуваат природните вредности на Јабланица кои се од исклучително значење за биолошката разновидност на Македонија преку прогласување на дел од планината за Национален парк. Со овој акт ќе се стави крај на неконтролираното експлоатирање на природните ресурси и ќе се зачуваат најзначајните природни и културни одлики на јабланичкиот регион. Проектот почна како билатерална иницијатива меѓу Македонија и Албанија. За жал, предлогот за прогласување покренат од МЕД и локалните самоуправи сè уште е без епилог, додека во Албанија планината Јабланица и Шевеник уште во 2008 година беа прогласени за Национален парк“, објаснуваат Деспина Китанова и Ѓорѓе Иванов, координатори на проекот од Македонското еколошко друштво. Еколозите од МЕД работат и на валоризација на Осоговските планини кои се наоѓаат во североисточниот дел од Македонија. „Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за животна средина од Република Бугарија имаат потпишано Билатерален договор за формирање на прекугранични подрачја во 2000 година. Процесот за воспоставување на заштитено подрачје во осоговскиот регион се одвива преку проектот „Осоговските планини во Балканскиот зелен појас", што започна со имплементација од страна на Македонското еколошко друштво во соработка со Министерството за животна средина
п
екологија
поДрачја ја опфаќа и нашата зеМја
НА БАЛКАНСКИОТ зелен Појас и просторно планирање и локалните самоуправи од регионот во 2007 година. Овој проект е прекуграничен, партнер од Република Бугарија е Бугарската фондација за биоразнообразие (ББФ), а финансиската поддршка е од страна на Франкфуртското зоолошко друштво (ФЗС) и Про Натура. Основната цел на проектот е да се обезбеди поефикасна заштита на биодиверзитетот и одржлива употреба на природните ресурси во Осоговските планини преку формирање на прекугранично заштитено подрачје со поддршка од локалните власти и обезбедување услови за одржлив економски развој во регионот. Осогово е идентификувано во бројни национални и интернационални документи од областа за заштитата на природата и одржливиот развој. Потврдено е дека Осогово претставува Значајно растително подрачје (ИПА), Значајно подрачје за птиците (ИБА), важен коридор за движење на дивите растителни и животински видови во рамките на Пан-европската еколошка мрежа за Југоисточна Европа (ПЕЕН СЕЕ), идентификувано како НАТУРА 2000 подрачје во Република Бугарија. Интересот на локалните заеници од регионот за промоција на природните, културните и историските вредности од регионот, како и интересот за обезбедување на економски развој во таа насока, претставуваат дополнителен поттик за имплементација на проект од ваков тип. Осоговскиот регион административно припаѓа кон седум општини и тоа: Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Кочани и Македонска Каменица, а мал дел од територијата припаѓа кон општина Виница“, велат во МЕД. Тие објаснуваат дека првата фаза од проектот била главно насочена кон прибирање податоци за природните вредности и социо-економските потенцијали во регионот. Во втората фаза следела анализа на податоците и подготовка на предлог Осоговските планини да бидат прогласени за заштитено подрачје. „Преку обуки, презентации и состаноци се
работеше на подготовка и вклучување на месното население во овој процес. По пет години успешна реализација на проектот, Осогово претставува добро истражено подрачје со база на податоци за биодиверзитетот и други клучни аспекти преку кои се одредија потенцијалите за воспоставување на заштитено подрачје во регионот. Во последната фаза од проектот, како резултат на анализите и внимавајќи на локалните интереси, се заклучи дека категоријата В - Заштитен предел најдобро ја отсликува специфичната интеракција на луѓето и природата на Осогово во рамките на Република Македонија, во согласност со националниот систем на заштитени подрачја, предвидени во Законот за заштита на природата. Можноста за воспоставување на биосферен резерват на Осогово, како облик на заштита на природата и поддршка и негување на човечките активности во регионот под „капата" на УНЕСКО беше посочена како реална можност, бидејќи Осогово ги исполнува основните критериуми за биосферни резервати. Во изминатата година, МЕД заедно со стручниот тим, локалните и државните власти работеше на подобрување на предлогот за заштитено подрачје во осоговскиот регион, со цел усогласување на интересите за развој во регионот и подготовка на поприфатлив предлог за сите засегнати страни. Можноста за назначување на осоговскиот регион како биосферен резерат е од исклучително значење во прекуграничен контекс, особено затоа што ваков тип на зачувување на природните и културните вредности води неминовно кон подобрување на социјалниот и економскиот развој во регионот. Резултатите и достигнувањата на проектот „Осоговските планини во Балканскиот зелен појас" континуирано се следат од страна на сите клучни страни, пред сè преку активното учество во Координативното тело за управување со процесот на прогласување на заштитено подрачје во регионот. Заеднички беше усвоена категоријата за заштита на природните вредности на Осогово, како и предлог-границите и зоните за заштитеното подрачје во регионот. Препораката за управувачки модел ќе биде наведена и во студијата за валоризација, што треба да биде поднесена до Министерството за животна средина и просторно планирање, како официјален предлог за заштитено подрачје на Осоговските планини. На тој начин, би
било олеснето и разгледувањето и прифаќањето на овој предлог од страна на институциите во државата“, објаснуваат Китанова и Иванов. Еколозите нагласуваат дека Министерството за животна средина и просторно планирање на неколку наврати направило напори за заштита на еден дел од Осоговските планини, т.е. локалитетот Раткова Скала, но дека истиот сè уште нема статус на заштита. „Во тек на истражувањата направени во изминатите три години во рамките на проектот за Осоговските планини се регистрирани голем број видови. Дел од нив се сметаат за загрозени во европски и светски рамки. Станува збор за околу 1.000 вида растенија, 260 вида габи, големо е разнообразието на инсектите - околу 100 вида пеперутки, 250 вида пајаци, 235 вида тркачи, 83 вида скакулци... Од крупните цицачи на Осогово се среќава европскиот елен, дивата мачка, срната, дивата свиња, волкот и видрата. На Осогово сè уште можат да се забележат египетскиот мршојадец, златниот орел, ушестата чучулига, црниот штрк, медитеранскиот и сивиот сокол и други значајни видови птици. Локалитетот Раткова Скала заедно со Орлов Камен е еден од најрепрезентативните карпести предели на Осогово, каде што можат да се сретнат типично карпести растенија како што е црвената чуваркуќа (Sempervivum epsthpaeum), која кај нас ја има уште само на Беласица. Тука гнездат неколку интересни видови птици (еребица камењарка, египетски мршојадец, сив сокол, лисест глувчар, црн штрк). До пред десетина години, Раткова Скала беше еден од последните локалитети, каде што гнездеше црниот мршојадец во Македонија. На Осогово се среќаваат некои ендемични видови кои не се среќаваат на ниту едно друго подрачје: растението Genista fukarekiana се среќава на највисоките врвови, Лесновскиот лопен - Verbascum lesnovoensis околу Лесновскиот кратер, Molops piceys osogovensis во дабовите и буковите шуми... Вклучувањето на Македонија во иницијативата Европски зелен појас е од особено значење не само за заштита на природните вредности, туку уште повеќе во насока на прекугранична соработка на полето на заштитата на природата и одржливиот економски развој“, нагласуваат еколозите од Македонското еколошко друштво.
3
23 март 2012 ПОРТА
59
хортикултура
прва вертикална градина Младиот, амбициозен и пред сè стручен тим на Биро Проект, размислуваше да направи нешто интересно и ново за наши услови, па така дојде на идеја за изработка на вертикална градина
С
ледејќи ги светските трендови од областа на хортикултурата, а воедно и инспириран од истите, младиот, амбициозен и пред сè стручен тим на Биро Проект, размислуваше да направи нешто интересно и ново за наши услови, па така дојде на идеја за изработка на вертикална градина. На почеток беше на мисла како тоа би изгледало и функционирало, бидејќи има повеќе начини за подигнување на вертикални градини. Поради фактот што кај нас сè уште нема во продажба готови рамки за подигнување на вертикални градини, при што растенијата би се одгледувале во земја, се одлучивме за една поспецифична варијанта, а тоа е градење на
60
3
ПОРТА
23 март 2012
вертикална градина во која растенијата би се одгледувале со т.н. хидропонски систем. Иако звучи непознат овој термин, на сите ни е добро познат моментот како нашите баби, мајки, тетки одгледуваат растенија во вазни со вода што всушност претставува хидропонски систем на одгледување растенија, при што дополнително се одредува концентрацијата на прихрана потребна за одгледување на истите. Во суштина, почвата има само улога на природен резервоар на микроелементи потребни за правилен раст и развој на растенијата, а тоа укажува на фактот што таа не е неопходна за одгледување на растенијата, доколку правилно успееме да ја одредиме потребната концентрација на
прихрана во водата. Нормално, кога станува збор за хидропонски систем на одгледување растенија, се користи исклучиво течно ѓубриво. Видови кои ги искористивме за оваа вертикална градина се: Peperomia caperata, Hedera helix, Peperomia verticillata, Аeschynanthus lobbianus, Chlorophytum comosum и Nephrolepis sp. По претходни студии и сознанија, за да се увериме и самите за издржливоста на растенијата во услови на одгледување на хидропонски начин им извршивме тест, при што им додадовме одредена концентрација на течна прихрана, за на крај да добиеме позитивни резултати. Најпосле, откако завршивме со тестирањето, растенијата ги „засадивме“ во рамката за вертикална градина.
хортикултура
во македонија?
Филип ФилиПоски, дипл.шум.инж. Биро Проект ДОО
преДности и неДостатоци
Како и сè во животот, така и вертикалната градина има одредени предности и недостатоци. Бенефициите што може да се согледаат кај оваа градина се многубројни. Така на пример, таа е многу практична заради својата конструкција и малиот простор кој го зафаќа. Ова е одлично решение за оние луѓе кои живеат во мали куќи и станови, а се големи љубители на цвеќиња. Како друга предност може да се земе фактот што растенијата се одгледуваат на таков начин што нема потреба од редовно полевање, само повремено дополнување на градината со вода, а поради загубите на вода од испарување, нема потреба од пресадување, менување на горниот слој од почвата и слично. Како недосток или еден вид мана, кој може да му се препише, е тоа што самата градина за циркулација на водата во неа користи пумпа, па така градината треба да биде во близина на „штекер“. Во условите што владеат во Македонија, изградбата на вертикална градина е исплатлива и изводлива само во ентериер, поради можноста за регулирање на константна температура и влажност на воздухот, додека за одгледување на отворен простор е многу тешко и речиси не е изводливо, заради големите температурни амплитуди во текот на годината.
3
23 март 2012 ПОРТА
61
совети
дом со модерен мебел пред
Во мај се вселуваме во нашиот двособен стан. Како млади луѓе, станот сакаме да го уредиме модерно. Би го искористиле претстојниот саем за купување мебел, но во големата понуда на производи и фирми можеби нема да го избереме тоа што го сакаме. Многу би ни помогнале ако ни дадете предлог како да го опремиме станот насочувајќи нè кон тоа што во моментов е актуелно и последен хит во ентериерното уредување.
В
Мила и Мики, Скопје
ашиот стан веќе по архитектонскиот концепт е модерен. Влезниот хол, дневната соба и кујната прават една целина која со визуелни декоративни елементи може да се раздели. Денес, младите луѓе имаат поинаков однос кон домувањето и естетиката на животниот простор што дозволува истакнување
на модерни парчиња мебел за сметка на функционалноста, така што традиционално утврдените правила за уредување многу и не важат. Сепак, за да тргнете од некаде, организирајте зони според функцијата. Сите изминати саеми за мебел во светот покажуваат дека бојата ќе игра главна улога во сезоните што следат. Динамични, живи нијанси на бои во комбинација со пречистен дизајн се употребуваат за да се постигне впечаток на свежина. Светот на компјутери е претставен со дигитален дизајн, фото принтови и ефекти на холограм. Се употребуваат и материјали со висок сјај, флуидни и флексибилни штофови. Нова појава е употребата на рециклирани материјали со нагласен квалитет и отпорност. Присутни се широки риги и графички мотиви. Што се однесува до мебелот, тој е едноставен, функционален и квалитетен. Најмногу се употребуваат металик и рефлектирачки рамни површини и транспарентни материјали. Никогаш не се заборава ниту креативниот пристап во уредувањето на домот, кој секогаш е апсолутен тренд. Покрај новиот мебел што ќе го купите, сочувајте и некое старо парче, кое со многу фантазија и избор на модерен мебел штоф ќе биде дизајнерски акцент во просторот.
потоа
Билјана сТевковскА-сАвиЌ, дипл.инж.арх. bsavic@porta3.com.mk 62
3
ПОРТА
23 март 2012
најчудни градби
се ГрАди кАменГрАд зА Филмот „мостот нА дринА“ Вредноста на проектот е 10 до 12 милиони евра. Ќе се простира на вкупна површина од 2,5 хектари, од кои под кров ќе бидат 14.000 м² и ќе има повеќе од 50 куќи, црква, хотел, зграда на општината...
А
ко досега претставуваме по еден објект кој влегуваше во зоната на интересното или чудното, во овој број на „Порта3“ донесуваме нешто кое слободно може да се оквалификува како најчудното гратче на светот. И тоа во позитивна смисла. Знаеме дека во Холивуд, филмската индустрија за продукција на некој мегахит подразбира сетови кои потсетуваат на вистински квартови, големи улици, мостови и слично. Кога е во прашање Балканот, па и Македонија, најчесто станува збор за адаптација, односно искористување на постоечки објекти за филмски продукции. Но, познатиот режисер Емир Кустурица одлучи да ја прекине таа практика, па од филмски работник, по втор пат за потребите на еден негов нов филм, стана и архитект. Имено, тој веќе една година го гради т.н. Каменград кој се наоѓа на полуостровче во стариот дел на Вишеград. Овој кварт или мини град е за потребите на неговиот нов филм „На Дрини чуприја“ работен според романот на Иво Андриќ. За што поголема автентичност на филмот, Кустурица го гради Каменград, кој ќе вклучува куќи, пазар и други објекти потребни за снимањето. Вредноста на проектот е 10 до 12 милиони евра.
Ќе се простира на вкупна површина од 2,5 хектари од кои под кров ќе бидат 14.000 м² и ќе има повеќе од 50 куќи, црква, зграда на општината, хотел, театар, дуќани, пазар, меана и мини пристаниште за бродови. Работите почнаа во јуни минатата година, а е предвидено да завршат најдоцна во 2015 година. Каменград или т.н. Андриќев град се гради во непосредна близина на мостот на Мехмед Паша Соколовиќ, легендарен по делото на Андриќ, но и во поглед на историјата на Вишеград. Целта е да се изгради град, кој ќе наликува на некогашните стари градови од турско време, како пред 400 години, а тенденцијата е архитектонски да бидат доловени историските настани кои изобилуваат со промена на завојувачи, власт и луѓе, нешто што ќе биде евидентно и недоречено, но забележливо од самите ѕидини. Од друга страна, гратчето треба да биде веродостоен сет за филмот „Мостот на Дрина“. Каменград е замислен како мешавина на стилови на турската империја, австроунгарската монархија и пред сè, српскиот неокласицизам. Проектот е толку важен, што се вклучило и комплетното политичко раководство на Република Српска, кое и финансиски ќе партиципира и помогне, бидејќи по снимањето на филмот, Андриќевиот град ќе остане културно наследство и потенцијална
Драган рисТов
туристичка локација. Како што напоменал и самиот Кустурица, градот се прави за никогаш да не биде срушен, а инспириран е директно од литературата. 51% од сопственоста на градот ќе бидат на Емир Кустурица, додека 49% во сопственост на Владата на Република Српска. На проектот во моментов работат околу 2000 градежни работници. Како што е познато, Кустурица прави ваков мини град по втор пат. Во 2004 година, тој го сними филмот „Животот е чудо“ за чии потреби во Србија, во Мокра Гора го изгради т.н. Дрвенград на Златибор. Тоа е етно село, во кое се лоцирани библиотека, плоштад, галерија на слики, ресторан, сувенирница и друго, а самиот град има правоаголна форма, која започнува со огромна влезна капија. Градот денес е туристички локалитет и во сопственост на Кустурица. Го добил статусот на град-хотел слично на Свети Сртефан во Црна Гора, а покрај објектите има и улици кои носат имиња на познати домашни и странски ликови. Во 2005 година, стручно жири на Фондацијата за архитектура од Брисел „Филип Ротије“ го прогласила Дрвенград за најдобро архтектонско остварување во Европа. Каменград ја следи истата приказна, да биде национално богатство на Република Српска и своевиден споменик на Иво Андриќ, автор на култниот роман „Мостот на Дрина“.
3
23 март 2012 ПОРТА
63
излог 2 1. Подна ламба Flamingo која се ротира за 360 ° од Italamp 2. Столица и маса од Smania 3. Koмода од Casamania 4. Полица „робот“ од Casamania 5. Kлупа наменета за јавни простори од atilla Kuzu 6. Закачалка од Tuyo Design Studio подготви: сандра ДоНЧевА ТеохАровА, дипл.инж.арх. 4
5
64
3
ПОРТА
23 март 2012
излог
3
6
1
3
23 март 2012 ПОРТА
65
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 31/2012 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 33/2012 СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 34/2012 ОДЛУКА ЗА ИЗБОР НА ПРВОРАНГИРАНИОТ КАНДИДАТ ЗА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТ БОШАВА ЗА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВОДИТЕ ВО ПОСТАПКА СО ОТВОРЕН ПОВИК
ОГЛАС ЗА КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ
БРОЈ: 37/2012 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинден“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција на фасади на постојни објекти во централно градско подрачје на Градот Скопје, објекти со адреса на: ул. “Никола Вапцаров“ бр. 9, 11 и 13 и објекти со СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 32/2012 адреса на: ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 20 и 10. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: ИЗВЕСТУВАЊЕ Ирена Стоименова. ОД КОНКУРС ЗА ИЗБОР Плановите или проектите НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ да се достават најдоцна до: 04.06.2012 година. БРОЈ: 170/2011 Назив на договорниот орган: БРОЈ: 42/2012 АД МЕПСО, ул. “Орце Назив на договорниот орган: Николов“ бб, 1000, Скопје. Град Скопје, бул. “Илинден“ ПРЕДМЕТ: бб, 1000, Скопје. Изработка на идејно ПРЕДМЕТ: решение за реконструкција Реконструкција на фасади на на фасада на постоечкиот постојни објекти во централно објект во централно градско градско подрачје на Градот подрачје – Дирекција на АД Скопје, објекти со адреса на “МЕПСО“ со адреса на ул. ул. “Никола Вапцаров“ бр. 2, 4, “Орце Николов“ бб Скопје. 6, 8,10 и 12, објект со адреса на Контакт тел/факс: 3149-617, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 22. 3111-160, лице за контакт: Контакт тел/факс: 3297-222, Христо Кордаловски. 3297-292, лице за контакт: Плановите или проектите Ирена Стоименова. да се достават најдоцна Плановите или проектите до: 18.04.2012 година. да се достават најдоцна до: 04.06.2012 година. БРОЈ: 02-2/2012 Назив на договорниот орган: БРОЈ: 45/2012 Агенција за млади и спорт, Назив на договорниот орган: ул. “Френклин Рузвелт“ Град Скопје, бул. “Илинден“ бр. 34, 1000, Скопје. бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: ПРЕДМЕТ: Изработка на идејно Реконструкција на фасади на решение за 2 (два) мали постојни објекти во централно базени во општина Крушево градско подрачје на Градот и општина Охрид. Скопје, објекти со адреса на Контакт тел/факс: 3125ул. “Македонија“ бр. 22, 25 и 397, 02 3117-693, лице за 27, и објекти со адреса на ул. контакт: Ѓорѓија Шилески. “Димитрие Чуповски“ бр. 4 и 6. Плановите или проектите Контакт тел/факс: 3297-222, да се достават најдоцна 3297-292, лице за контакт: до: 05.04.2012 година. Ирена Стоименова. Плановите или проектите да се достават најдоцна до: 04.06.2012 год. 66
3
ПОРТА
23 март 2012
ОДЛУКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА И УПРАВУВАЊЕ НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ОПШТИНА ЧАИР ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 03/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за правда, ул. “Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување на градежни работи – реконструкција и адаптација на северна фасада и реконструкција и доградба на дел од просториите на објектот на Министерство за правда во Скопје, локација Центар КП 11952, КО Центар 1. Контакт тел/факс: 02 3106590, 02 3110-437, лице за контакт: Катерина Таневска. Јавно отворање на понудите на ден 06.04.2012 год.
ПРЕДМЕТ: Адаптација на објект за Дневен центар за стари лица во Општина Вевчани. Контакт тел/факс: 02 3106239, 02 3106-409, лице за контакт: Благица Мојсова. Јавно отворање на понудите на ден 03.04.2012 год. БРОЈ: 04/2012 Назив на договорниот орган: БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје, бул. “8-ми Септември“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изградба на рекреативен аква парк во комплексот на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје. Контакт тек/факс: 071 248-951, лице за контакт: Роберта Теова. Јавно отворање на понудите на ден 30.03.2012 год.
БРОЈ: 18/2012 Назив на договорниот орган: Општина Карпош, бул. “Партизански Одреди“ бр. 68, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Хортикуларно уредување на жардињерите од двете страни на булеварот “Партизански Одреди“, на потегот од СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 35/2012 мостот “Обединети нации“ до ул. “Франклин Рузвелт“ (пролетно и есенско садење). Контакт тел/факс: 02 3066ОБЈАВА 01/2012 378, 02 3079-694, лице за ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО контакт: Ѓорѓи Бундалевски. ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА Јавно отворање на понудите РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА на ден 29.03.2012 год. ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ВО БРОЈ: 2/2012 ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА Назив на договорниот орган: Општина Свети Николе, ЈАВЕН ПОВИК БР. 01/2012 ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР Плоштад Илинден бб, 2220, Свети Николе. ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПРЕДМЕТ: ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ НА Реконструкција и изградба на горен строј на коловозни ДОВОДНИТЕ ЦЕВКОВОДИ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ОД КАЛИН површини на ул. “Ленинова“ и дел од ул. “Кочо Рацин“ КАМЕН И СТАНАЧКА РЕКА со изградба на тротоари. Контакт тел/факс: 032 444ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 169, 032 443-805, лице за ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА контакт: Зоран Стојчев. Јавно отворање на понудите БРОЈ: 6/2012 на ден 02.04.2012 год. Назив на договорниот орган: Министерство за труд и социјална политика, ул. “Даме Груев“ бр. 14, 1000, Скопје.
ОБЕЗБЕДЕТЕ СИ НОВ КВАЛИТЕТЕН ДОМ во СКОПЈЕ, ОХРИД и СТРУМИЦА
КУПЕТЕ ЕЛИТЕН СТАН ШТО ВИ ШТЕДИ ПАРИ!
ОХРИД - Билјанини Извори
СКОПЈЕ - Под Водно
– Лист за предбележување на градба бр. 55295 КО Центар 2 Станови : 53, 70, 77, 81, 90, 110, 114, 127 м2 Деловен простор: 73, 80, 96, 144, 162, 300, 620 м2
- Лист за предбележување на градба бр. 90014 КО Охрид 4 Станови : 50, 55, 59, 63, 73, 81, 86, 126 м2 приземје со дворно место
СТРУМИЦА - Парк
- Имотен лист бр. 16815 КО Струмица Станови : 52, 73, 83, 91, 95, 125 м2 Деловен простор : 59, 104, 143, 247 м2
Преку проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“
Деловни простории - Имотен лист
- АДОРА Инженеринг-Скопје според пропишаните услови на проектот “КУПИ КУЌА, КУПИ СТАН“, Ви овозможува да бидете сопственик на високо-квалитетен функционален стан изграден по светските стандарди за квалитет и животна средина, со енергетска ефикасност и сеизмичка стабилност. - АДОРА Инженеринг е лидер на градежништвото на овие простори. Нуди најквалитетна опрема, што штити од студ и сонце, фотоволтажен систем за производство на струја, сопствен паркинг простор и препознатливост по примена на најсовремените технологии и стандарди во градежништвото.
СКОПЈЕ -Ново Лисиче
СКОПЈЕ -Карпош
СКОПЈЕ- 50 Дивизија
СКОПЈЕ- Ѓорче Петров
- АДОРА Инженеринг со енергетската ефикасност на објектите Ви заштедува пари секој месец. - АДОРА Инженеринг Ви нуди СÈ на едно место: проектирање, изведба и продажба.
СКОПЈЕ - Аеродром
СКОПЈЕ -50 Дивизија
СКОПЈЕ-Црниче
- АДОРА Инженеринг Ви овозможува среќен, топол, современ и сигурен ДОМ. Во ова кризно време донесете паметна одлука за траен влог за Вашата безгрижна иднина!
Резиденција со 8 (осум ) елитни станови (83 м2)
Адора Инженеринг, Орце Николов 182 А, Карпош, Скопје Скопје 072 204024, 070 365738, 075 240003, 02 5215215 Охрид 075 244244, 072 204024, 070 365738 Струмица 034 523335, 072 228026
sales@adora.com.mk info@adora.com.mk
www.adora.com.mk
ГЕЦЕ Бугарија - ТП | 6 1 Б Пирински Проход | 4 сп. Офис 5 | 1680 София | office-bulgaria@geze.com | тел: +359 247 24704373 | www.geze.com
СОЧТ/RWA СПАСУВА ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ
Посетете нè на fensterbau frontale 2012 во Нирнберг (21-24 март) во Хала 2, штанд 2-424
GEZE – Иновативни системски решенија СОЧТ/RWA – Безбедност во случај на хаварии, во комбинација со сигурност при секојдневно проветрување ГЕЦЕ нуди шир о к а п а л е т а п р о из в о ди, к о ј а вклучува голем избор на системи з а секојдневно проветрување како и р е шп е ниј а за безбеден и б р з одвод на чад и т о п л ина (СОЧТ/RWA). Механизмите с е сертифицирани с п о р е д EN 12101 к а к о компоненти о д в е нт ил а цио ни с ис т е м и з а одвод на чад и т о п л ина (СОЧТ). ГЕЦЕ о б е з б е дув а бесплатна консултација и п р о е к т ир а њ е , к а к о и п о м о ш п р и из г о т в ув а њ е на документацијата за СОЧТ, с о г л а с но Одлуката EN 12101. Ино в а т ив нит е решенија на ГЕЦЕ с е меѓу в о де ч к ит е компании в о светот, к о и п р о из в е дув а а т високоте хнолошки производи в о областа на вратите, п р о з о р цит е и т е хник а т а за безбедност.
Технологија за врати | Системи за автоматски врати | Системи за одвод на чад, топлина и вентилација (СОЧТ/RWA) | Техника на безбедност | Системи за стакло
BEWEGUNG MIT SYSTEM 120222_ RWAanzeige_Bulgarien_215x295.indd 1