ТЕМАТСКО -ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ
1.Тематска целина 5-јануари 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто 4. Конкретни цели: - да ја согледа спецификата на драмскиот текст во однос на лириката и на епиката; - да трансформира драмски дијалог во раскажувачка форма; - да препознава дијалози и монолози во драмски текст; - да знае да чита текст со дијалози и да го анализира. Ред. Структура на бр. тематската целина 5.1 Драма: - Поим за драматекстот „Измама“ од М.Поповски - Читање и анализа на текстот „Булки крај шините“ од Велко Неделковски - Дијалог и монолог во драмски текст-„Гостин од Америка“ од Р.Крле 5.2 Изразување и творење - Анализа на текстот „Измама“ од М.Неделковски - Вежби за анализа на текст (текстот „Лошата игра“, во тетратките или во наст.листови) - Вежби за изразни форми во говорот на ликовите (од текстови од учебникот, „Што станало со ѕуницата“ и „А девојче перуниче“
Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина
вкупно
3
/
3
/
3
3
5.3
Лектира: „Црни и жолти“ -Славко Јаневски /
2
2
8 часа
Распоред на наставните содржини во временска рамка 1. Поим за драма - преку текстот „Измама“ од М.Поповски; 2. Анализа на текстот „Измама“; презентација на драмски текст во раскажувачка форма (задача од учебникот); ИКТ
Јануари (од 20. до 25.)
3. Читање и анализа на текстот „Булки крај шините“ од В.Неделковски; 4. Вежби за анализа на драмски текст (во наст.листови или од учебникот- текстот „Лошата игра“ од К. Донев) 5. Дијалог и монолог во драмски текст: „Гостин од Америка“ од Р.Крле 6. Вежби за изразните форми во говорот на ликовите (текстови од учебникот: „Што станало со ѕуницата“ и „А девојче перуниче“) 7.и 8. Лектира:„Црни и жолти“-Славко Јаневски“
Развојно- процесно планирање
Јануари (од 27. до 1. февруари)
Драма,5.1 Цели
- да ја согледа спецификата на драмскиот текст во однос на лириката и на епиката; - да препознава дијалози и монолози во драмски текст; - да знае изразно да чита текст со дијалози и да го анализира.
Наставна содржина
1.Поим за драма- текстот „Измама“ од М.Поповски 2.Читање и анализа на текстот „Булки крај шините“ од Велко Неделковски 3.Дијалог и монолог во драмски текст-„Гостин од Америка“ од Р.Крле -Разговор со учениците за учени содржини(поделба на литературата по родовилирика , епика, драма); -Наставникот поставува прашања: На пример: Колку литературни рода разликуваме? Што се искажува со лириката, со епиката и со драмата? -Наставникот го посочува текстот (1) „Измама“-М.Поповски ( во учебникот, кој учениците го читаат во себе забележувајќи ги зборовите кои не им се јасни); -По текстот се води разговор: *Според надворешните белези на кој литературен род припаѓа текстот? *Кој лик од македонското литературно творештво го препозна во текстот? *Ликовите зборуваат на дијалект.Посочи од каде може тоа да се согледа. -Преку прашања и одговори се разработува содржината на текстот; -Учениците активно се вклучуваат во донесувањето заклучоци за драмата како литературен род како и за нејзините одлики; -Се прави план на таблата и во тетратките: 1.Литературна творба во која ликовите ги претставуваат настаните преку:разговори, движења, гласови, мимики,песна и сл. се вика драма. 2.Настаните во драмата се прикажани како да се одвиваат пред очите на читателот или гледачот. 3.Судирот, на два или повеќе лика со спротивни сфаќања и интереси е во основата на драмата. 4.Носители на драмското дејство се ликовите. -Во другиот дел од часот текстот се чита драмски изразно во дијалошка форма; (2)Читање и анализа на текстот „Булки крај шините“ од Велко Неделковски -Претходно дадена задача текстот да се прочита и подготви за часот(подготовка на драмска игра); -Поделени во парови учениците го читаат текстот; -наставникот следи и забележува во својот лист за следење; -Преку прашања и одговори се анализира драмскиот текст со потсетување на основните одлики на драмата; -Текстот се претставува на сцена како драмска игра(импровизираме во училницата); (3) Дијалог и монолог во драмски текст-„Гостин од Америка“ од Р.Крле -Текстот внимателно се чита со нагласување на двете форми кои ги користат ликовите во говорот; -По изразното читање на текстот се води разговор за содржината:
Активности
Пример: *Каде се одвива дејството во драмскиот извадок? *Кому се обраќа Ана додека гледа во огледало? ....... -Се нагласуваат монологот и дијалогот како две изразни форми во драмското дело; -по пат на разни игри , наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците(вежба: дијалог-монолог) -дел од содржините се објавуваат на блогот: www.rozemak-rozemak.blogspot.com ; -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот, решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -наставникот, следи, забележува, вреднува , оценува; -во заклучокот на овие содржини, учениците се упатуваат и поттикнуваат да размислуваат и правилно ги применуваат своите знаења. Средства и услови Форми и методи Оценување
Стандардно опремена училница,учебник,табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,видео.. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ,листа за проверка.
Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ Изразување и творење, 5.2 Цели
Наставна содржина
Активност
- да ја согледа спецификата на драмскиот текст во однос на лириката и на епиката; - да препознава дијалози и монолози во драмски текст; - да знае да чита текст со дијалози и да го анализира. - да трансформира драмски дијалог во раскажувачка форма; -да примени стекнато знаење во вежби(наст. листови и драмска игра) 1.Анализа на текстот „Измама“ од М.Поповски; ИКТ 2.Вежби за анализа на текст (текстот „Лошата игра“, во тетратките или во наст.листови); 3.Вежби за изразни форми во говорот на ликовите (од текстови од учебникот, „Што станало со ѕуницата“ и „А девојче перуниче“ . -Наставникот го посочува текстот (1),,Измама“-М.Поповски; -Учениците дел по дел го читаат текстот со претходно упатство на наставникот да ги забележат нејасните зборови и да внимаваат што е најбитното во деловите кои ќе ги читаат учениците; -Наставникот го прекинува ученикот токму на деловите во кои завршува еден настан -По објаснувањето на евентуално непознатите зборови, наставникот бара од учениците за секој прочитан дел да кажат реченица со која ќе го опфатат настанот, -Секоја реченица ученик ја бележи на табла, под насловот на текстот кој е напишан
Средства и услови Форми и методи Оценување
на таблата. -на интернет истражуваат за драмата „Солунски патрдии“,отвораат YouTube и гледаат извадоци од серијата; -Се води разговор по содржината. -Се договара драмска изведба на делови од драмата(Секцијата). -Учениците , дома, го подготвуваат текстот (2),,Лоша игра“-К.Донев, по насоки дадени од наставникот; -Поделени во групи, го читаат и разработуваат текстот одговарајќи на дадени задачи (се внимава во поделбата да бидат опфатени ученици од различно ниво на знаење); -На час се чита текстот(секоја група) и вежбите, па се дискутира по чуеното; -Се води разговор за пораката на текстот; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува; (3)Вежби за изразни форми во говорот на ликовите (од текстови од учебникот, „Што станало со ѕуницата“ и „А девојче перуниче“ . -Претходно дадени задачи за подготовка на текстовите; -Часот ќе биде организиран како натпревар со цел развивање натпреварувачки дух,а и примена на знаење за монолог и дијалог; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат да размислуваат и правилно ги применуваат своите знаења. Училница,креда,табла,учебник,тетратки,дополнителна литература ,илустрации,игри ИКТ Индивидуална,фронтална,групна;разговор,самостојна работа-пишување,текстметод,илустративно-демонстративен метод УПИ.ППИ,белешки на наставникот во рефлексивниот дневник со цел подоцна формирање бројчана оценка
Вреднување, измени, дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Лектира,5.3 Цели
-Да умее самостојно да го доживува делото; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови, граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да умее усно и писмено да анализира , да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. -да знае да истакне свој став,свои размислувања, да разграничува позитивно од
Наставна содржина Активности
негативно. 1.Лектира:„Црни и жолти“-Славко Јаневски
-Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,го анализираат (може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; -учениците читаат свои обработки; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците, а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува , а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на анализа-јасноста, граматичката точност; - се изработува ѕиден весник(на вториот час) ; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик;
Средства и услови Форми и методи Оценување
Училница, учебник, табла, креда, тетратки, бои, хамер Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод, пишување, илустративнодемонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување, следeње со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди, оценка на писмената работа оценета со холистичка листа.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,3,5: Поим за драма - Час 2,4,6: Изразно читање, анализа, драматизација - Час 7, 8: Лектира: „Црни и жолти“-Славко Јаневски
Очекувани резултати по петтата тематска целина
- да ги владее содржините за драма; -знае да трансформира драмски дијалог во раскажувачка форма; -разликува дијалог од монолог ; -анализира драмски текст; -драматизира текст;
-учествува во уредувањето на веб-страницата и блогот.
Примена на ИКТ во петтата тематска целина Наставна содржина 1. 1.Анализа на текстот „Измама“ од М.Поповски;
Време на реализација јануари
Ресурси www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com YouTube презентација
Забелешка:Преку веб-страницата и блогот Роземак, континуирано се применува ИКТ.