Тематско- процесно за шесто (март)

Page 1

ТЕМАТСКО -ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 7- март 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто

4.Конкретни цели: -да ги препознава и да ги именува прилошките определби; - да знае правилно да ги користи прилошките определби и да го збогатува изразувањето со нивна примена; - да го усвои поимот за сложена реченица и да ја препознава; - да умее да ги проширува простите реченици во сложени; - да ги препознава и да ги посочува стилските фигури; - да умее да дава сопствени примери за стилските фигури; - да употребува соодветни зборови во приватен и во службен разговор и во формулирањето прашања; - да ги применува знаењата во усното и во писменото изразување. Ред. Структура на бр. тематската целина 7.1 Јазик - Прилошки определби за место,за време и за начин; - Вежби за прилошки определби; - Сложена реченица; - Вежби за сложена реченица; - Контролна задача за сложена реченица Литература 7.2 - Епитет:„Шупелка“од К.Миладинов и„Жнала Мара“-Н.песна - Анафора и епифораниз песни од учебникот

Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина

вкупно

2

3

5

2

1

3


7.3

Изразување и творење - Разговорот како вид комуникација: „Учтиви зборови“; - Задача од учебникот (по текстот „Учтиви зборови“) : Импровизиран разговор; - Интервју: „Немаме резервна планета“-текст од весник; - Писмена вежба: Интервју според задача од учебникот; - Домашна задача: Интервју со суштество од друга планета ; - Говорна вежба: Настап со напис од весник; - Писмена вежба: Анализа на песната „Дом голем и светол“ од А.Поповски (приказ на песна); -Втора писмена работа.

2

6

8

16 часа Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1. Говорна вежба: Настап со напис од весник; 2.Прилошки определби за место, за време и за начин;

Прва седмица од март

3. Вежби за прилошки определби(од учебник или од нас.листови);ИКТ 4.Епитет: „Шупелка“ од К.Миладинов и „Жнала Мара“Н.песна; 5.Писмена вежба: Анализа (приказ) на песната „ Дом голем и светол“ од А.Поповски 6.Разговорот како вид комуникација:„Учтиви зборови“Ј.Поповска;

Втора седмица од март


7.Анализа на домашните задача–импровизиран разговор со...(задача од учебникот-по текстот „Учтиви зборови);ИКТ 8.Анафора и епифора - низ примерите од учебникот

9. Анафора и епифора - низ примерите од учебникот 10.Интервју: „Немаме резервна планета“-извадок од весник ИКТ 11.Писмена вежба-интервју со..(задача од учебникот )

Трета седмица од март

12.Домашна задача: Интервју со суштество од друга планета;

13. Втора писмена работа; 14. Сложена реченица 15.Вежби за сложена реченица (од учебникот или нас.лист.)

Четврта седмица од март

16. Контролна задача за сложена реченица

Развојно- процесно планирање Јазик, Синтакса, 7.1 Цели

Наставна содржина

Активности

-Да ги препознава прилошките определби за место, за време и за начин; -да ja препознава сложенaта реченица и да прават разлики во однос на простата реченица; -да примени стекнати знаења во вежби. 1.Прилошки определби за место,за време и за начин; 2. Вежби за прилошки определби;ИКТ 3.Сложена реченица; 4.Вежби за сложена реченица; 5.Контролна задача за сложена реченица. 1.Прилошки определби за место, време и начин. -Од вежбата во учебникот за прирок, учениците ги повторуваат знаењата за прирокот (по што го објаснуваат прирокот зборовите под кои има прашалници ( во учебникот). -Се објаснуваат околностите во кои се врши глаголското дејство, а потоа заеднички во дијалошка форма, изведуваат заклучоци за местото, времето и начинот на кој се врши глаголското дејство; обрнуваат внимание на примерите. -Наставникот им поделува наставно ливче, со вежба за прилозите, на групите ученици (од 4-6 ученика); одговараат на вежбата, потоа презентираат одговори (за секоја реченица една група презентира); другите групи си ги коригираат евентуално направените грешки.


Пример за наставно ливче

• Потцртај ги прилошките определби за место, време и за начин, а потоа подреди ги во татабелата заедно со подметот и прирокот.

а) Од дрвеното столче скокна моето мрзеливо маче. б) Вчера градскиот часовник престана да работи. в) Ученикот лесно даде правилен одговор на прашањето. г) Во училишниот двор се собраа сите заинтересирани навивачи. д) Утрово го доби неговото писмо. ( можат да се смислат уште примери по желба) Прирок

Прилошка определба за место

За време

За начин

подмет

1. 2. 3. 4. 5. 6. 2.Вежби за прилошки определби./алтернатива ИКТ-изработка на квиз(онлајн или Флешкардс) Наставникот дава упатства за изработка на вежбата од учебникот и од нас. листови. -Ученици презентираат свои одговори, евентуално направените грешки ги коригираат, даваат објаснување на дополнителни прашања на наставникот. Задача: Напиши ги прилошките определби од текстот. ,,Учтиви зборови” (или друг текст по желба од учебникот) и одговори на барањето. прирок

Прилошка определба за место

За време

За начин

-Сложена реченица -Од напатствието во учебникот, учениците ги повторуваат знаењата за проста реченица по што ја објаснуваат сложената реченица. -Се објаснува за составот на сложената реченица, а потоа заеднички во дијалошка форма се изведуваат заклучоци; обрнуваат внимание на примерите. -Наставникот им поделува наставно ливче, со вежба за сложената реченица, на групите ученици (од 4-6 ученика); одговараат на вежбата, потоа презентираат одговори (за секоја реченица една група презентира); другите групи си ги коригираат евентуално направените грешки. Пример за наставно ливче


• Потцртај ги прироците во речениците и заокружи ја сложената

Средства и услови Форми и методи Оценување

реченица. а) Девојчињата трчаа и се радуваа во дворот. б) На улиците имаше купови со собрани лисја. в) Многу сака да чита книги . г) Петар направи проект, за кој доби награда. д) Утрово стана рано за да не задоцни на училиште. ( можат да се смислат уште примери по желба) Вежби за сложена реченица -Наставникот дава упатства за изработка на вежбата од учебникот. -Ученици презентираат свои одговори, евентуално направените грешки ги коригираат, даваат објаснување на дополнителни прашања на наставникот. Задача: Препиши ги сложените реченици од дел од текстот ,,Кога цутеа бадемите” (или друг текст по желба од учебникот) и одговори на барањето. Контролна задача за сложена реченица -примена на знаењата(индивидуално)-контролна задача за сложена реченица -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com или на веб-страницата www.rozemak.ucoz.com -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-вежби за проверка; -наставникот подготвува вежби за сложена реченица и прилошки определби со цел оценување на учениците; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат на правилна употреба на сложената реченица и прилошките определби при пишувањето и усното изразување. Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели,табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ,се` што ќе произлезе од самата тековна работа. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(контролна задача),аналитички лист,лист за следење,лист за проверка.

Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________


Литература, Стилски фигури, 7.2 Цели

-Да ја посочува и толкува стилската фигура епитет ; -Да ги посочува и толкува стилските фигури анафора и епифора; -да умее да пронаоѓа објаснување на непознати и архаични зборови; -да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека,речник,зборници,збирки со народни творби,интернет и сл.) .

Наставна содржина Активности

1. Епитет:„Шупелка“од К.Миладинов и„Жнала Мара“-Н.песна 2. Анафора и епифора-низ песни од учебникот (2 часа). Стилска фигура епитет (,,Шупелка” од К.Миладинов и „Жнала Мара жолто просо“- народна песна) (1) -Песната ,,Шупелка” (од учебникот) ја читаат (прво наставникот, а потоа учениците) со рецитирање; потоа размислуваат за одговори на прашањата во учебникот, а потоа ги одговараат. Истотот важи и за народната песна. -Наставникот им ги насочува мислите кон епитетот, т.е. стиховите кои ја содржат; низ прашања доаѓаат до заклучок за епитетот; го разгледуваат објаснувањето во учебникот. - Во вежбите за епитет се користи некоја од техниките(грозд, мапа...) Пр. дава збор:езеро, а учениците се обидуваат да најдат што повеќе епитети сино немирно тивко мирно езеро прекрасно Примери од песната: зелени, весело, широко и др. -Наставникот на табла подготвил примери со епитети Убава девојка, Јасно сонце и сл. (следат примери по желба) Стилски фигури анафора и епифора (,,Таму е нашата река” од П М. Андреевски и „Ој луле, ој“- народна песна) (2) -Подготовка за текот на часот, за активностите, соодветни примери за епитет. -Песната ,,Таму е нашата река” (од учебникот) ја читаат (прво наставникот, а потоа учениците) со рецитирање; потоа размислуваат за одговори на прашањата во учебникот, а потоа ги одговараат. Истотот важи и за народната песна. -Наставникот им ги насочува мислите кон анафората и епифората, т.е. стиховите кои ги содржат; низ прашања доаѓаат до заклучок за анафората и епифората; го разгледуваат објаснувањето во учебникот. се посочува делот каде се стилските фигури, анафора и епифора) -Наставникот на табла подготвил примери со анафора и епифора (следат примери по желба). Вежби за откривање (пронаоѓање) примери во текстови од учебникот со соодветните стилски фигури и примена во сопствени примери(3) (песните „Есен“, „Во Новата година“, „Стани Станке“ од учебникот се предмет на анализа) -Наставникот им дава упатство за текот на часот и за активностите кои ги очекуваат. -Учениците ги анализираат посочените песни со изработка на Квадрант; - пронаоѓаат примери за стилските фигури анафора и епифора, епитет. -Осмислуваат свои лични примери за стилската фигура епитет, анафора, епифора. Учениците презентираат од сработеното. -Се водат дискусии по презентацијата на задачите,а потоа се оценува и вреднува.


Средства и услови Форми и методи Оценување

-Посочените песни се подготвуваат за рецитирање и се организира натпревар(воннаставна активност). Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за изучување на содржините ИТ,видео камера,хамер сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверкаи др.ПЕПстандарди

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,7.3 Цели

Наставна содржина

-Да умее да настапи со напис од весник; -Да ја открива и применува стилската фигура епитет; -Да ја согледаа моќта на убавите зборови во комуникацијата и негативниот ефект на грубите зборови преку сопствени искуства; -да вежба убаво, културно говорење во меѓусебната комуникација (општење); -да стекне знаења за интервју; -да умее писмено, на одредена тема, да ги примени стекнатите знаења; -да умеат убаво, стилски богато, да напишат интервју со суштество од друга планета (според напатствија од учебникот); -да умее писмено да се изразува со стилски збогатени реченици; -да примени знаења од литература и јазик во творење -писмена работа; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за одредени прашања ,да разграничува позитивно од негативно; 1.Говорна вежба: Настап со напис од весник; 2.Писмена вежба: Анализа на песната „Дом голем и светол“од А.Поповски (приказ на песна); 3. Разговорот како вид комуникација: „Учтиви зборови“; 4. Задача од учебникот (по текстот „Учтиви зборови“) : Импровизиран разговор;ИКТ 4.Интервју: „Немаме резервна планета“-текст од весник;ИКТ 5.Писмена вежба: Интервју според задача од учебникот; 6.Домашна задача: Интервју со суштество од друга планета ; 8.Втора писмена работа. Говорна вежба: Настап со напис од весник;(1) -Наставникот ги упатува на активностите на часот, начин на презентирањето на написот од весник, водењето белешки за дискусија, вреднувањето. - Учениците ги презентираат своите подготовки за настапот со напис од весник. -Ученици дискутираат за успешното презентирање на написот и го вреднуваат


чуеното, според претходните укажувања на наставникот. -Наставникот укажува на начинот и точноста на настапот, стилските обележја и ја објаснува оценката. Вежби за пронаоѓање и примена на знаењата за стилската фигура епитет во песнта „Дом голем и светол“ од А. Поповски и изработка на скалестиот приказ во учебникот на стр. 109(2) -Наставникот им дава упатство за текот на часот и за активностите кои ги очекуваат; -Учениците ги анализираат посочените песни за изработка на приказот пронаоѓаат примери за стилската фигура епитет; -Осмислуваат свои лични примери стилската фигура епитет-работат во парови; -Учениците презентираат од сработеното; -Двојките кои ќе презентираат ќе бидат оценувани за сработеното. Разговорот како вид комуникација , „Учтиви зборови“од Ј. Дончевска(3) -Учениците читаат свои состави, додека другите ученици слушаат и водат белешки кои ќе ги користат во своите оценки за чуеното. -Наставникот ги потсетува што дискутираат: читањето, одговорот на темата, стилската обоеност на речениците и оценка. -Наставникот, исто така, по прегледувањето дава оценка за составот. Се поттикнува разговор за посочување убави и грди зборови, дека тоа може да се прави и со антоними (добар –лош). Зборови убави: добар Вреден грди: Лош Мрзлив За наредниот час: Секој ученик да се договори со свое другарче да подготви импровизиран разговор на тема од училиште, или посета на театар, на гости, во продавница и сл. (Тема: ,,Со убав збор до посакуваната цел“) Говорна вежба на тема ,,Со убав збор до посакуваната цел“(4) -На веб-страницата Роземак се гледа видео снимаката од часот за Културна комуникација од минатите години. -Преку бура на идеи се води разговор за впечатоците од видеото. -учениците се подготвиле за часот со импровизиран разговор; -Учениците во парови (двојки) ги презентираат своите подготовки; -Другите ученици слушаат, потоа дискутираат за чуеното; искажуваат свои размислувања и ставови за настаните (разговорите). -Наставникот ги коментира презентациите и низ дискусија ги оценува. Интервју: „Немаме резервна планета“-текст од весник(5) -Да прочитаат или да проследат разговор со позната личност во некој весник или списание ( може и во електронска верзија)-истражуваат на интернет -се дискутира по најдените интервјуа; -Ги насочува кон текстот „Немаме резервна планета“ -Читање на текстот дел по дел; разговор – дискусија по прашањата, односно задачите по текстот; -Ги разгледуваат објаснувањата за интервју. -Пишуваат во тетратките/или на компјутер кусо интервју на тема по желба;читаат; дискутираат; ги вреднуваат исказите. Вреднување на знаењата: Од сите активности можат да се вреднуваат повеќе елементи од знаењата на учениците. За дома: Да напишат кусо интервју со награден ученик од училиштето.


Средства и услови Форми и методи Оценување

Анализа на домашните задачи; Интервју со награден ученик од училиштето(6) -Учениците читаат од домашните задачи; другите ученици ги изнесуваат своите забелешки за презентирантие задачи. -Наставникот ги оценува задачите откако ќе го провери и правописот, па потоа ќе ја објасни напишаната оценка. -Ако некоја домашна може да поттикне на дискусија од учениците, наставникот би требало да го стори тоа со прашања упатени до учениците. (На пример, за нечиј став за нешто, дали и тие размислуваат така, да искажат свои размисли и сл.). -Најуспешните состави се истакнуваат на ѕиден весник и се објавуваат на страницата Роземак(пано, хамер и сл.). За дома: Да се подготват за интервју со суштество од друга планета. Домашна задача: Интервју со суштество од друга планета (7) -Учениците усно ги претставуваат, читаат текстовите; други ученици дискутираат изнесувајќи свои согледувања и даваат оценка за презентациите; -И наставниког ги вреднува презентациите давајќи објаснување; - Ова е час за подготовка на писмената работа; -на часот се читаат, анализираат домашните задачи, се дискутира по нив, се даваат совети како да се поправат; Втора писмена работа(8) -Самостојно работат писмена работа; Две теми: Интервју со суштествоо од друга планета Немаме резервна планета Училница,учебник,табла,креда,тетратки,тетратки за писмена работа,снимање на глас со мобилен,или видео камера,па монтирање , ИКТ Фронтална, индивидуална,парови,индивидуализирана;разговор,текстметод,пишување и други методи и техники што ќе произлезат од часот. Преку активностите и вежбите: оценка со ППИ ,УПИ,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1, 10, 11, 12, 13:Изразување и творење: Интервју, Писмена работа - Час 2, 3, 14, 15, 16: Синтакса:Прилошки определби и сложена реченица - Час 6, 7: Учтив разговор-комуникација - Час 4, 5, 8, 9: Стилски фигури

Очекувани резултати по седмата тематска целина - Знае учени содржини од синтакса- прилошки определби и сложена реченица; -применува знаење од синтакса;


- Знае за епитет,анафора и епифора; - препознава епитет, анафора и епифора во песна; -умее да каже пример за епитет, анафора и епифора; - знае за интервју; -составува интервју; -импровизира разговор со учтива комуникација; -самостојно твори писмена работа на определена тема; -работи во двојки и тимски и изработува ѕиден плакат;

-учествува во снимање видео час; -применува стекнато знаење во вежби и писмена работа..

Примена на ИКТ во седмата тематска целина Наставна содржина 1.Вежби за прилошки определби(од учебник или од нас.листови)

Време на реализација март

Ресурси www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com квиз/онлајн или Flashcards

2.Задача од учебникот март www.rozemak.ucoz.com (по текстот „Учтиви www.rozemakзборови“) : rozemak.blogspot.com Импровизиран преземено видео од разговор; YouTube 3.Интервју: „Немаме март Пребарување на резервна планета“интернет-електронски текст од весник . весници Забелешка:ИКТ се применува континуирано во текот на целата година преку веб-страницата Роземак и блогот Роземак


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.