ТЕМАТСКО -ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 6-февруари 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто
4. Конкретни цели: - да умее да ги открива подметот и прирокот во реченицата (повторување); - да го именува видот на зборот кој е во функција на подмет; - да умее да води комуникациски дијалог; - да ги препознава видовите лирски песни според мотивите; - да твори лирска творба на посочен (даден) мотив; - да ги согледа разлики меѓу печатените и електронските медиуми; - да умее да анализира поетски и прозни творби. Ред. Структура на бр. тематската целина 6.1 Јазик;Синтакса - Главни реченични членови; - Зборови во функција на подмет; - Вежби за главни реченични членови и за зборови во функција на подмет - Контролна задача за главни реченични членови.
Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина
2
2
вкупно
4
6.2
6.3
6.4
Драма и Поезија -Комуникациски дијалог- „Привремен дијалог“ од А.Кујунџиски; - Лирски видови според мотивот: - Љубовни песни: „Жетва“ од Ј.Котески; - Анализа на песните: „Боите на татковината“ и „Ти ли беше пролет“патриотски и пејзажни песни (во нас..листови) - Визуелни и аудитивни елементи во песна: „Дете заспано крај езеро“ од Б.Конески - Задача во групи (од учебникот)-анализа на песните „Приспивна“, „Залез“ и „Мојот роден крај“ - Вежби за визуелни и аудитивни елементи низ извадоци од учебникот
4
2
6
/
2
2
3
3
Лектира: „Хајди“-Јохана Шпири
Изразување и творење - Говорна вежба (од учебникот)-водење комуникациски ди јалог - Писмена вежба (задача од учебникот)творење песна со мотив „Езерска слика“(со гореспоменатите елементи) - Читање на личните творби
/
6.5
Медиумска култура - Печатени и електронски медиуми
/
1
1
16 часа
Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1. Главни реченични членови - подмет и прирок (повторување); 2. Комуникациски дијалог:„Привремен дијалог“ од А.Кујунџиски; 3. Говорна вежба:Водење комуникациски дијалог (вежба од учебникот); 4.Лирски видови според мотивот: Љубовни песни - „Жетва“ од Ј.Котески 5. Анализа на песните: „Боите на татковината“ од М.Бебековска и „Ти ли беше пролет“од В.Димитровски(вежби во нас..листови)ИКТ 6. Задача од учебникот (работа во групи)-Анализа на песните:„Приспивна“ од Б.Конески, „Залез“ од Ј.Стрезоски и „Мојот роден крај“ од Ж.Николовски
од 3.до 8.февруари
од 10. до 15. февруари
7. Зборови во функција на подмет; ИКТ 8. Вежби за главни реченични членови и за видови зборови во функција на подмет
9. Визуелни и аудитивни елементи во песната: „ Дете заспано крај езеро“ од Б.Конески 10. Вежби за визуелни и аудитивни елементи (низ извадоци од песни во учебникот)
од 17. до 22.февруари
11. Писмена вежба – творење песна (задача од учебникот, со наслов „Езерска слика“) 12. Читање на личните песни- со илустрации соодветни за нив;
13. Контролна задача (за главни реченични членови) 14. Видови медиуми (печатени и електронски) 15.Лектира:„Хајди“-Ј.Шпири;/замена со „Црни и жолти“ 16.Лектира:„Хајди“-Ј.Шпири.ИКТ
од 24. февруари до 1. март
Развојно- процесно планирање Јазик,Синтакса 6.1 Цели
Наставна содржина Активности
-Да умее да ги разликува главните реченични членови; -Да умеат да ги разликуваат и посочуваат зборовите во функција на подмет; - Да умеат да уочат, откријат, употребат реченични членови како и видовите зборови во функција на подмет; -да примени стекнати знаења во вежби и контролна задача 1.Главни реченични членови; 2.Зборови во функција на подмет;ИКТ 3.Вежби за главни реченични членови и за зборови во функција на подмет; 4. Контролна задача за главни реченични членови. Предвидени активности за првиот час:Главни реченични членови(1) -Кусо повторување за функциите на прирокот и подметот во реченицата. -На таблата има напишано 3-4 реченици со чија помош наставникот ќе ги согледа првичните знаења на учениците за главните членови во реченицата; учениците ги посочуваат подметот и прирокот. -Наставникот подготвил ливчиња со реченици и текст во кои групите ги откриваат подметите и прироците; бројот на членовите во групите ги одредува наставникот, во зависност од бројот на учениците во паралелката. -Групите ги презентираат одговорите на вежбите, односно ги читаат речениците, ги посочуваат главните членови. Пример на наставно ливче: -Потцртај ги подметите со една, а прироците со две линии, во речениците кои следат. а) Гулабот долета на прозорецот по храна. б) Дедо ми донесе цела кошница со јаболка. в) Тие се налутија зашто го загубија натпреварот. г) Сонцето нe мамеше надвор. д) Последниот постигна време од 2 минути. ѓ) Ти брзаше при читањето. -Потцртај ги подметите и прироците во текстот. Сите ученици беа на игралиштето. Тие беа нетрпеливи да почне натпреварот во кошарка.Кошаркарите од нивното училиште се натпреваруваа со соседното училиште. Натпреварот беше решавачки која екипа ќе биде првак во општината. Навивачите пееја, ракоплескаа, викаа, а со тоа ги бодреа своите миленици. Судијата го означи почетокот. Погодокот на нашиот кошаркар предизвика вистинска бура. -Наставникот ја посочува содржината за членови на простата реченица во учебникот; заеднички ја разгледуваат; за дома, во училишните тетратки ги изработуваат двете вежби од учебникот. Вреднување на знаењата: Од сите планирани и реализирани активности може да се согледаат знаењата за главните членови во реченицата (содржината што им е позната и од претходните одделенија).
Предвидени активности за часот:Видови зборови во функција на подмет(2) -Кусо повторување за функциите на прирокот и подметот во реченицата. -На таблата има напишано 3-4 реченици со чија помош наставникот ќе ги согледа првичните знаења на учениците за главните членови во реченицата; учениците ги посочуваат подметот и прирокот.Се пишуваат примери во кои наставникот посочува кои зборови имаат функција на подмет. Примери: 1. Дождот нe изненади сите. (општа именка – подмет) 2. Лазе вежба секојдневно. (сопствена именка – подмет) 3. Таа пееше цел ден. (заменка – подмет) 4. Вредниот покажува резултати. (придавка – подмет) -Наставникот подготвил ливчиња со реченици и текст во кои групите ги откриваат подметите и прироците; бројот на членовите во групите ги одредува наставникот, во зависност од бројот на учениците во паралелката. -Групите ги презентираат одговорите на вежбите, односно ги читаат речениците, ги посочуваат главните членови. Пример на наставно ливче: Потцртај ги подметите со една, а прироците со две линии.Напиши кој вид збор има улога на подмет а) Мачката го испи млекото. б) Вујко му возеше велосипед. в) Ние бевме многу возбудени од натпреварот. г) Тројцата добија вредни награди. д) Последниот го даде победничкиот гол. ѓ) Таа го изработи проектот. Се изработуваат и другите вежби дадени на стр. 25 од учебникот. -Наставникот ја посочува содржината за членови на простата реченица во учебникот; заеднички ја разгледуваат; за дома, во училишните тетратки ги изработуваат двете вежби од учебникот. -
Вреднување на знаењата: Од сите планирани и реализирани активности може да се согледаат знаењата за главните членови во реченицата (содржината што им е позната и од претходните одделенија). Предвидени активности за часот Вежби за главни реченични членови и за зборови во функција на подмет(3) -Наставникот, во зависност од бројот на учениците формира групи; им дава упатство дека секоја група посебно, во учебниците, бара делови во текстовите во кои треба да ги откријат главните реченични членови и да напишат кој вид збор го откриле во функција на подмет.Може да се користат и вежбите во работните листови. -Групите работат дел од часот; во другиот дел од часот, секоја група го презентира сработеното; самите групи одредуваат која група најуспешно ја извршила задачата. Вреднување на знаењата: Со оваа наставна единица може да се согледаат и вреднуваат знаењата на учениците колку умеат да ги уочат учените содржини во текст.
-дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com или на веб-страницата www.rozemak.ucoz.com -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-контролна задача; -наставникот подготвува вежби за главни речениќни членови во контролната задача со цел оценување на учениците; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат на правилна употреба на подметот и прирокот при пишувањето и усното изразување. -Преку контролната задача(4) ќе се утврди усвоеноста на овие содржини. -Наставникот ја подготвил контролната задача; ги спроведува вежбите, ги бодира, прегледува и вреднува; обезбедува работна атмосфера; дава соодветна помош доколку не влијае на самостојната примена на знаењата на ученикот; потоа ги прегледува, ги оценува и на еден од наредните часови ги враќа на увид на учениците. -Учениците ги изработуваат вежбите применувајќи ги знаењата. Пишување – практична работа. Средства и услови Форми и методи Оценување
Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ,се` што ќе произлезе од самата тековна работа. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(контролна задача),аналитички лист,лист за следење,лист за проверка.
Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Драма и Поезија,6.2 Цели
- да умее да води комуникациски дијалог; - да ги препознава видовите лирски песни според мотивите; -да умее да анализира песна; -да умее да пронаоѓа објаснување на непознати и архаични зборови; -да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека,речник,зборници,збирки со народни творби,интернет и сл.) .
Наставна
1.Комуникациски дијалог - „Привремен дијалог“ од А.Кујунџиски;
содржина
Активности
2Лирски видови според мотивот: - Љубовни песни: „Жетва“ од Ј.Котески; 3.Анализа на песните: „Боите на татковината“ и „Ти ли беше пролет“патриотски и пејзажни песни(во нас.листови)ИКТ 4.Визуелни и аудитивни елементи во песна: „Дете заспано крај езеро“ од Б.Конески; 5.Задача во групи (од учебникот)-анализа на песните „Приспивна“, „Залез“ и „Мојот роден крај“ 6.Вежби за визуелни и аудитивни елементи низ извадоци од учебникот. Предвидени активности за часот: Комуникациски дијалог(1) - Читање на текстот дел по дел; разговор – дискусија по прашањата, односно задачите по текстот; вежби за претворање на директниот говор во индиректен. - Ги разгледуваат објаснувањата за комуникациски дијалог. - Пишуваат во тетратките кус дијалог на една од темите предложени во делот работа во парови на стр. 94 од учебникот; читаат, дискутираат, ги вреднуваат исказите. Вреднување на знаењата: Од сите активности можат да се вреднуваат повеќе елементи од знаењата на учениците. За дома: Да напишат кус дијалог на тема ,,Разговаравме за своите ставови за учењето”. Предвидени активности за часот:Лирски видови според мотивот(2) -Наставникот ги насочува учениците кон повторување на знаењетa од претходните одделенија (Што е лиpско Јас? Што претставува стихот, а што строфата?). -Наставникот ги насочува кон следните активности: -cекој ученик индивидуално ја чита песната „Жетва“во себе од Ј.Котески; -gи бележи зборовите кои не се литературни (ги објаснува- бара објаснување од наставникот), изразно ја читаат песната на глас, објаснуваat зборови; -cекој ученик ги чита прашањата во табелата на табла и размислува за одговорите; (Определи го лирското Јас. Од колку стихови и строфи е составена песната? Од какви чувства е обземен поетот? Кому му ја посветил песната? Што го поттикнало да ја напише?); -ги одговараат прашањата, дополнуваат, дискутираат; -oд последните две прашања, со помош на наставникот, извлекуваат што е мотив (бележат во тетратките и прават план); -cекој ученик во себе ја чита песната „Ти ли беше пролет“ од В. Димитровски и во тетратката пишува одговори ( Колку стихови и строфи има песната? Како се распределени во строфи? Што му дало повод (поттик) да ја напише песната? Напиши го мотивот); читаат одговори, дополнуваат; Заклучок: Песните имаат различни мотиви, па оттаму има и повеќе видови песни: љубовни, пејзажни, родољубиви, и др. Предвидени активности за часот 3 -Наставникот ги насочува повторно кон песната „Жетва“ од Ј.Котески и низ прашања за поетските слики да дојдат до заклучок што се опејува во љубовните песни. (Кому му ја посветил поетот оваа песна? Што посакува од неа? Од кои зборови најсилно се чувствува неговата љубов?) -Во план, во тетратките запишуваат што опејуваат љубовните песни. -Низ прашања ја анализираат содржината на песната „Ти ли беше пролет“, и песната „Боите на татковината“во учебникот, за да дојдат до заклучок што изразува (опејува) поетот, а со тоа видот на песната – пејзажнa и патриотска (Што го поттикнало поетот да ја напише песната? Со ова го откриваш мотивот. Посочуваат учени изразни
средства со кои поетот го изразил пејзажот: епитети, компарација, персонификација. -Со свои зборови претстави каков пејзаж (слика) си замислуваш додека ја читаш песната). -Во планот бележат што се изразува преку пејзажните песни. -Наставникот подготвува наставно ливче (на секоја клупа по едно) за песните Приспивна, Залез и Мојот роден крај од учебникот со обработка на содржината на песните, учениците да дојдат до заклучоци за патриотски песни. (Мотивите во песните ги откриваат учениците. Во кои стихови се чувствува љубовта на поетот кон татковината? Со штоја споредува?и сл.) -Во планот бележат што се изразува во патриотските песни. -По можност: следење рецитирани песни на CD – go откриваат видoт на песните. Предвидени активности за: Аудитивни и визуелни елементи(4,5,6) -Наставникот ги упатува кон песната „Дете заспано крај езеро“ од Б. Конески (во учебникот); nиз прашања и разговори извлекуваат заклучоци за аудитивните и визуелните елементи во песната (Со цитати, зборови кои укажуваат на звуци и на создавање слики; што „слушаме“ кога ќе прочитаме некои зборови; каква слика создаваат некои зборови – учениците се искажуваат). -Во зависност од бројот на учениците, се формираат од 3-5 групи, секоја добива задача (лист со прашања); пополнуваат, па секоја група си одбира свој презентер. I група 1. 2. 3. 4.
Открива мотив во песната „Мојот роден крај“ од Ж. Николовски Определува вид песна според мотивот Посочува зборови кои укажуваат на аудитивните и визуелни елементи Цртаат eden цртеж за да претстават една поетска слика
IIгрупа (Исти прашања за песната „Приспивна“ од Б. Конески) III група (Исти прашања за песната „Залез“ од Ј. Стрезовски) IV група ( Исти барања за песната „Ти ли беше пролет“ од В.Димитровски) Групите презентираат текстуален дел од барањата; сами селектираат која група била најуспешна; наставникот дава свои дискусии. Вреднување на знаењата: Секоја група добива заедничка оценка, образложена од наставникот. Сите наставни ливчиња се ставаат на ѕиден весник во училницата.
Средства и услови Форми и
Училница.табла,креда,учебник,шеми,ИКТ,друга дополнителна литература корисна за изучување на содржините и сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текст-
методи Оценување
метод,објаснување,илустративно-демонстративен метод,работа со наставно ливче Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверка,холистичка листа и сл.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Лектира,6.3 Цели
Наставна содржина Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-Да умее самостојно да го доживува делото; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да умее усно и писмено да анализира лик,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Лектира:,,Хајди“-Ј.Шпири; 2.Лектира:,,Хајди“-Ј.Шпири.ИКТ -Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,го прераскажуваат (може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; - Наставникот прави споредба со други дела со слична содржина; -учениците читаат свои обработки; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на прераскажување-редослед на настаните,јасноста,граматичката точност; -Самостојно се анализираат ликовите,сопствена замисла-се издвојуваат нивните особини се опишува надворешниот изглед ,се следат нивните постапки; - се изработува ѕиден весник на кој се изнесуваат настани од делото,ликови,илустрации; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час); Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат,,фломастери и сл. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на
учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .
Изразување и творење,6.4 Цели
Наставна содржина
Активности
-да умее усно да се изразува со стилски збогатени реченици; -да разликува директен и индиректен исказ; -да умее да трансформира индиректен исказ во директен и обратно; -да умее да ги примени усвоените знаења за лирска песна (која ја пишува дома); -да знае да селектира уметнички лирски песни различни по мотив и да ги презентира. -да примени знаења од литература и јазик во творење ; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за одредени прашања ,да разграничува позитивно од негативно.; 1.Говорна вежба (од учебникот)-водење комуникациски дијалог 2.Писмена вежба (задача од учебникот)-творење песна со мотив „Езерска слика“(со гореспоменатите елементи) 3.Читање на личните творби како и на различни уметнички песни.
-Слободен разговор за говорот на ликовите -директен и индиректен(1) ,нивно разграничување; -Да напишат кус дијалог на тема ,,Разговаравме за своите ставови за учењето”. -Учениците читаат од домашните задачи; другите ученици ги изнесуваат своите забелешки за презентирантие задачи. -Наставникот ги оценува задачите откако ќе го провери и правописот, па потоа ќе ја објасни напишаната оценка. -Ако некое домашно може да поттикне на дискусија од учениците, наставникот би требало да го стори тоа со прашања упатени до учениците. (На пример, за нечиј став за нешто, дали и тие размислуваат така, да искажат свои размисли и сл.). -Најуспешните состави се истакнуваат на ѕиден весник (пано, хамер и сл.). За дома: -Да напишат лична творба со наслов „Езерска слика“ (задача од учебникот) -Учениците презентираат што сработиле,а по задачата се дискутира и се оценува сработеното; -Наставникот обмислува барања, ги запознава и ги упатува учениците за подготовка на задачите кои ќе ги презентираат на час. -Ги упатува (по можност) во компјутерска училница да ги испечатат личните творби (ако нема можност – во ракопис). -Наставникот посочува извори од кои можат да селектираат уметнички лирски песни; формира групи: едната носи пејзажни песни, другата родољубиви, третата хумористични, четвртата пејзажни. -Наставникот следи презентации , коментира и со објаснување ги вреднува (оценува). -Укажува учениците при творењето лирска песна да си одредат наслов и мотив, да застапат стилски фигури, визуелни и аудитивни елементи. -Наставникот објаснува дека при презентирањата на уметничките лирски песни, ученикот треба да ја прочита песната, да го каже мотивот, да истакне изразни средства, аудитивни и визуелни елементи. Презентирање, објаснување, разговор, практична работа, работа со текст, читање,
збирки поезија и сл. -најдобрите творби ќе бидат објавени на ѕидниот весник ,на веб -страницата: www.rozemak.ucoz.com; Средства и услови Форми и методи Оценување
Училница,учебник,табла,креда,тетратки Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Медиумска култура,6.5 Цели
-Да умеат да ги согледаат разликите и сличностите меѓу видовите медиуми – електронски и печатени.
Наставна содржина Активности
1.Видови медиуми – печатени и електронски. Предвидени активности: -Со прашања од наставникот, се поведува дискусија кои видови медиуми им се допаѓаат, што научуваат од нив, разликите меѓу нив. -На табла се прави табела во која се бележат нивни размислувања. Предлог: (Се пополнува од искази на ученици.) Печатени медиуми -
Електронски медиуми -
- Потоа се дискутира за разликите меѓу медиумите; се пополнува табела, но и се впишуваат кажувања од ученици.
Средства и услови Форми и методи Оценување
Училница,учебник,табла,креда,тетратки Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следење со белешки од страна
на наставникот и др.ПЕП стандарди. Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 1,7,8,13:Синтакса - Час 2,4,5,6,9,10:Драма и поезија - Час 3,11,12: Изразување и товрење - Час14:Видови медиуми - Час 15,16:Лектира,,Хајди “
Очекувани резултати по шестата тематска целина - Знае учени содржини од синтакса-именска група(подмет и прирок); -знае кои видови зборови се во функција на подмет; -креира комуникациски дијалог; -открива мотив; -разликува различни видови лирски песни соред мотивот ; - твори лирска песна; -празликува печатени од електронски медиуми; -прераскажува,дискутира лектирно дело; -критикува,дискутира лектирно дело; -работи во двојки и тимски и изработува ѕиден весник и презентација ; -применува стекнато знаење во контролна задача. -користи ИКТ при обработка на содржини.
Примена на ИКТ во шестата тематска целина Наставна содржина 1. Зборови во функција на подмет
Време на реализација февруари
2. Анализа на песните: февруари „Боите на татковината“ и „Ти ли беше пролет“патриотски и пејзажни песни(во нас.листови) 3. Лектира:,,Хајди“февруари Ј.Шпири
Ресурси www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com презентација/Prezi Табела www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com презентација www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com вежби на компјутер и плакат во Publisher
Забелешка:Преку веб-страницата и блогот Роземак,континуирано се применува ИКТ.