Тематско- процесно за шесто (април)

Page 1

ТЕМАТСКО -ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 8-април 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто

4.Конкретни цели - да прави разлика во лексичкото значење на хомонимите, синонимите, антонимите и паронимите збогатувајќи го своето изразување; - да го знае значењето на скратениците и да ги користи во писменото изразување; - да ги открива лирските и епските елементи во творбите; - да умее интересно и збогатено, со изразни средства, да раскажува случки, хронолошки и ретроспективно; - да ги препознава процесите во создавањето на книга.

Ред. Структура на бр. тематската целина 8.1 Јазик-Речник и стил -Лексичко значење на зборовите-пароними - Вежби за пароними (од учебникот или во нас.листови); -Правопис:Скратеници - Вежби за скратеници (во учебникот или во нас.листови) Литература 8.2 - Лирско-епски песни. „Мајчино воспитание“Г.Прличев, „Јунак и нива“ и „Скендер-беј и моме битолско“(2 часа) 8.3

Изразување и творење -Хронолошко и ретроспективно раскажување: „Дуњите на баба ми“-Ј.Ѓуриќ и „Прво пеење“-

Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина

вкупно

2

2

4

1

1

2

1

5

6


8.4

8.5

Т.Петрески; - Поправка на писмената работа (два часа) ; - Писмена вежбатворење лична лирскоепска творба (задача од учебникот); - Читање и анализа на личните творби; - Вежби за раскажување и прераскажување Лектира Лектира: „Робинзон Крусо“Д.Дефо Медиумска култура - Медиумска култура: Книгата како медиум - Домашна задача: Мојата книга...

1

1

2

1

1

2

16 часа Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Поправка на писмената работа(општа); 2.Поправка на писмената работа(индивидуална); 3.Лексичко значење на зборовите-пароними;

Од 31 март до 5 април

4.Лирско-епски песни: „Мајчино воспитание“ од Г.Прличев, „Јунак и нива“ и „Скендер-беј и моме битолско“- Н.песни; ИКТ 5.Лирско-епски песни: „Мајчино воспитание“ од Г.Прличев, „Јунак и нива“ и „Скендер-беј и моме битолско“- Н.песни; 6.Писмена вежба:Творење лирско-епска песна(задача од учебник;ИКТ 7.Читање на личните лирско-епски творби; 8.Хронолошко и ретроспективно раскажување: „Дуњите на баба ми“ од Ј.Ѓуриќ и „Прво пеење“ од Т.Петрески;

Од 7 до 12 април


9.Вежби за пароними (од учебникот или во нас.листови); ИКТ

Од 13 до 19 април

10.Вежби за раскажување и за прераскажување: „Милосија“ од К.М.Руменова и „Езерска бајка“ од С.Јаневски; 11.Скратеници; 12.Вежби за скратеници од учебникот или во нас.листови;

13. Медиумска култура: Книгата како медиум; 14. Домашна задача: Пишувам книга... 15.Лектира:„Робинзон Крусо“-Д. Дефо 16. Лектира: „Робинзон Крусо“-Д. Дефо

Од 20 до 26 април

Развојно- процесно планирање Јазик-Речник и стил, Правопис,8.1 Цели

Наставна содржина Активности

-Да ги препознава паронимите и да ги користи во изразувањето; -Да ги толкува и применува зборовите во нивното лексичко значење; -Да ја согледаат улогата на скратениците и правилно да ги употребуваат во писменото изразување; -да примени стекнати знаења во вежби. 1.Лексичко значење на зборовите-пароними 2.Вежби за пароними (од учебникот или во нас.листови); ИКТ 3.Правопис:Скратеници 4.Вежби за скратеници (во учебникот или во нас.листови) Лексичко значење на зборовите(1) -Разговор со учениците за учени содржини(Речник и стил-синоними, антоними, хомоними); -Наставникот изготвува вежби за повторување на учените содржини; -Низ прашања и примери подготвени од наставникот, учениците да го разликуваат лексичкото и граматичкото значење на зборовите. Така заклучуваат дека зборовите (зборот) не е единка во јазикот, туку тој е во некаков однос (врска) со другите зборови според: а) Формата (надворешна страна) б) Значењето (внатрешна страна) Пример: Зборот крило е таков по форма; а според значење може да означува: крило на авион, крило на птица; крило од зграда. -Преку содржините во учебникот се запознаваат со лексичкото значење


на паронимите Вежби за лексичко значење на зборовите(2) -Наставникот им дава упатства за изработка на вежби од учебникот и во нас. листови. На блогот www.rozemak.blogspot.com, наставникот подготвил вежби кои учениците ги одговараат; -Учениците ги изработуваат вежбите кои ќе им бидат поделени; потоа презентираат одговори, ги коригираат евентуално направените грешки. -На некои прашања, наставникот бара објаснување од учениците за дадените одговори на вежбите (прашањата). Скратеници(3) Најзначајна алатка за работа на овој час е Правописот на македонскиот јазик -Се утврдуваат поимите правопис и правоговор. - наставникот им дава краток текст со правописни грешки како вовед во наставната содржина; -Наставникот укажува на разликата меѓу скратеницата и целиот збор. Пример за наставно ливче: 1) Напиши ги скратениците од одредени зборови во реченициве. а) Мојата тетка Марија Поповска Мицевска е доктор. б) Тој живееше во 90 години од минатиот век. в) На страна 90 од учебникот се наоѓа новата лекција. г) Јас живеам на улица Македонија. д) Во извадокот подвлечи ги скратениците што ги пронајде. (следува напишан кус текст по желба) Вежби за скратеници(4) Наставникот избира една од трите задачи а) Диктат, по кој учениците меѓусебно ќе ги разменат, и со проверка во оригиналниот текст (во учебникот) ќе коригираат. б) Диктат, кој наставникот ќе го коригира; в) Да направи наставно ливче со барања за примена на скратениците со вежби од учебникот и од наставните листови. -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-вежби за проверка;

Средства и услови Форми и методи Оценување

-во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат на правилна употреба на скратениците при пишувањето. Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ,се` што ќе произлезе од самата тековна работа. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(контролна задача),аналитички


лист,лист за следење,лист за проверка. Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Литература,8.2 Цели

-Да умее да ги препознае лирско-епските песни; -Да знае да ги анализира содржински, стилски и јазично лирско-епските песни; -да умее да пронаоѓа објаснување на непознати и архаични зборови; -да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека, речник, зборници, збирки со народни творби, интернет и сл.) .

Наставна содржина Активности

Лирско-епски песни. „Мајчино воспитание“- Г.Прличев, „Јунак и нива“ и „Скендер-беј и моме битолско“(2 часа)ИКТ -Наставникот поставува прашања со цел потсетување и утврдување на содржини за поделба на литература на родови(лирика, епика и драма),се фокусира на особеностите на лириката и епиката; -Се разгледаува Прези презентацијата за оваа содржина; -Наставникот смислува активности за полесно совладување на содржините; -Наставникот ги насочува учениците кон повторување на знаењетa од претходните одделенија (Што е лиpско Јас? Кои се особините на епските песни? Што претставува стихот, а што строфата? -Наставникот ги насочува кон следните активности: *cекој ученик индивидуално ја чита песната „Мајчино воспитание“од Г.Прличев во себе; -ги бележи зборовите кои не се литературни (ги објаснува- бара објаснување од наставникот), изразно ја читаaт песната на глас, објаснуваaт зборови; -cекој ученик ги чита прашањата во табелата на табла и размислува за одговорите; (Определи го лирското Јас. Кои зборови се епитети? Од какви чувства е обземен поетот? Кому му ја посветил песната? Што го поттикнало да ја напише?); -ги одговараат прашањата, дополнуваат, дискутираат; oд прашањатa, со помош на наставникот, извлекуваат што е лирско-епска песна (бележат во тетратките и прават план); -cекој ученик во себе ја чита песната „Јунак и нива“ .Одговараат на прашањата: што му дало повод (поттик) на народниот пејач да ја напише песната? Се објаснуваат пораките во одговори, дополнувања; Анализа на лирско-епски песни(2) -За часот наставникот подготвил наставни листови(на секоја клупа по едно) со цел анализа на песните „Мајчино воспитание“ и „Скендер-беј...“ Анализата на содржината се прави преку идејна мапа или со техниката пајакова мрежа


Пример: Во средина се поставува насловот на песната, па се тргнува кон анализа сиромаштија -Мајчино воспитание-Кадри-сираче -без татко мала куќарка мајка јунак

Средства и услови Форми и методи Оценување

го учела на чесност и трпение ... На ист начин се анализира и песната „Скендер- беј...“ -Се водат дискусии по презентацијата на задачите,а потоа се оценува и вреднува. - На Роземак се разгледува и истражува за лирско-епските песни, а се слушаат и рецитации на лирско-епски песни на YouTube. Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за изучување на содржините ИТ,видео камера,хамер сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверкаи др.ПЕПстандарди

Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________

Изразување и творење,8.3 Цели

Наставна содржина

-Да презентираат знаења за хронолошко и ретроспективно раскажување со богати, стилски обоени реченици; -Согледување на сопствени и туѓи грешки (стилски, јазични и правописни) во писмено изразување со цел да бидат избегнати понатаму; -Да умее да ги примени усвоените знаења за лирско- песна (која ја пишува дома); -Да знае да селектира уметнички и народни лирско-епски песни различни по мотив и да ги презентира; -да примени знаења од литература и јазик во творење; -да вежбаат писмено прераскажување и раскажување; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за одредени прашања ,да разграничува позитивно од негативно; 1.Хронолошко и ретроспективно раскажување: „Дуњите на баба ми“-Ј.Ѓуриќ и „Прво пеење“-Т.Петрески; 2. Поправка на писмената работа (два часа) ; 3.Писмена вежба-творење лична лирско-епска творба (задача од учебникот);ИКТ 4.Читање и анализа на личните творби; 5. Вежби за раскажување и прераскажување: „Милосија“ од К.М.Руменова и „Езерска бајка“ од С.Јаневски; Хронолошко и ретроспективно раскажување(1)


1. Учениците го читаат текстот дел по дел, со претходно упатство од наставникот да ги забележат непознатите зборови и да обрнат внимание на текот на настаните (кои делови содржат редослед, тек на настаните како што се случувале, а каде има делови како сеќавање). 2. По објаснувањето на евентуално, непознатите зборови, учениците дел по дел го прераскажуваат текстот (кој и дома требаше да го подготват). 3. Учениците следат, дискутираат за чуеното, колку стилски ги обогатуваат речениците, а тоа го прави и наставникот. 4. Наставникот низ прашања, го наведува да ги посочат деловите каде има раскажување со навраќање во минатото, по некои сеќавања и објаснувања, а каде има преиродено, хронолошко раскажување на настаните (онака како што се случувале). 5. Низ прашања заклучуваат што се подразбира под хронолошко, а што под ретроспективно раскажување. -Презентациите на учениците, односно раскажувањето и заклучоците, ќе бидат вреднувани. Поправка на писмената работа(2 часа) 1 час 1) Ученици читаат состави (по една петка, четворка... и ако има други оценки); слушаат внимателно зашто им е укажано дека ќе дискутираат и споредуваат (што им се допаднало или не во составите, свои видувања за стилската обоеност на реченици и сл.). 2) Наставникот на табла забележал реченици кои се стилски богати и обратно, реченици кои стилски се сиромашни; учениците ги наведува низ прашања да ги согледаат разликите. 2 час -Наставникот, од водените белешки при прегледувањето на составите, на табла пишува примери за јазични и правописни грешки (без корекции). -Учениците размислуваат и ги објаснуваат своите размислувања и коригирања на грешките. -Се прави индивидуална поправка на писмените задачи. Вреднување на знаењата: За првиот и вториот час веќе е извршено вреднувањето: но, за активностите на часовите, ќе бидат вреднувани нивните искажувања. (3)Писмена вежба-творење лична лирско-епска творба (задача од учебникот); (4)Читање и анализа на лирско-епски песни; -Наставникот обмислува барања, ги запознава и ги упатува учениците за подготвка на задачите, кои ќе ги презентираат на час. -Ги упатува (по можност) во компјутерска училница да ги испечатат и испринтаат личните творби (ако нема можност – во ракопис). -Наставникот посочува извори(www.rozemak.blogspot.com) од кои можат да селектираат уметнички лирско-епски песни; формира групи: едната носи уметнички, а другата народни лирско-епски песни. -Наставникот следи презентации , коментира и со објаснување ги вреднува (оценува). -Укажува учениците при творењето лирско-епска песна да си одредат наслов и мотив, да застапат стилски фигури, визуелни и аудитивни елементи; -Наставникот објаснува дека при презентирањата на уметничките лирско-епски песни, ученикот треба да ја прочита песната, да го каже мотивот, да истакне изразни средства, аудитивни и визуелни елементи. Презентирање, објаснување, разговор, практична работа, работа со текст, читање, збирки поезија и сл.


-се документира часот,а и најдобрите творби се објавуваат на : www.rozemak.ucoz.com; (5)Вежби за раскажување и прераскажување: „Милосија“ од К.М.Руменова и „Езерска бајка“ од С.Јаневски; - Целта, активностите, формите и методите наставникот веќе ги испланирал и им дал домашна задача на учениците; ги насочува активностите на часот, ја два соодветната помош и ги поттикнува активностите на учениците. - Учениците ја подготвиле домашната задача (прераскажаниот и раскажаниот текст); го читаат текстот, дискутираат за темата и идејата, ги читаат домашните, дискутираат за нив и се оценуваат. -Учениците го читаат дел по дел текстот внимавајќи на дикцијата, на течното читање, на драмско читање на дијалозите и сл. -Читање и од домашните задачи, дискутираат за успешноста на завршената задача и меѓусебе се оценуваат. -И наставникот слуша внимателно, а потоа со дискусија ги вреднува составите. -Се поведува дискусија за темата и идејата, во која треба да учествуваат што поголем број ученици. Средства и услови Форми и методи Оценување

-најдобрите состави се објавуваат на ѕидниот весник и веб страницата; Училница,учебник,табла,креда,тетратки, ИКТ;интернет, збирки поезија и се` што ќе произлезе од тековното работење. Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување,илустративнодемонстративен метод Преку активностите и вежбите: ППИ ,УПИ,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.

Вреднување,измени,дополнување на планирањето

Лектира,8.4 Цели

Наставна содржина Активности

-Да умее самостојно да го доживува делото; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да умее усно и писмено да анализира песна ,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Лектира:„Робинзон Крусо“-Д.Дефо ( 2 часа) ИКТ

-Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома, кратко ја прераскажуваат содржината (може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината; - Наставникот прави споредба со други дела со слична содржина; -учениците читаат свои обработки;


Средства и услови Форми и методи Оценување

-Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на прераскажување-редослед на настаните, јасноста,граматичката точност; -Се работи во групи, се анализира ликот на Робинзон Крусо, сопствена замисла-се издвојуваат неговите особини се опишува надворешниот изглед ,се следат неговите постапки; - се гледаат извадоци од филмуваната верзија и се прави споредба со делото; - се изработува макета-живеалиштето на Робинзон Крусо (делото,ликови,илустрации-се довршува на додатен час); -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час); Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат,,фломастери,ИКТ-извадоци од филмот а YouTube i sl. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .

Медиумска култура, 8.5 Цели

Наставна содржина Активности

-Да ја осознаат книгата како медиум и да ги разликуваат деловите на книгата; -Да се нагласи улогата на книгата во животот на секој човек и нејзината намена; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Медиумска култура: Книгата како медиум 2.Домашна задача: Мојата книга... Книгата како медиум(1) -Претходно дадена задача да донесат по една книга, а предвидена е и посета на библиотеката; -Наставникот им укажува, а учениците во своите донесени книги согледуваат дека книгите имаат: наслов, автор, рецензенти, издавач, коректура, лектура, илустрации; но, им укажува дека книгите имаат предговор или и поговор (читаат делови од нив за да согледаат што содржат); некои од книгите се поделени на поглавја (глави) кои имаат наслови или се нумерирани; согледуваат што претставува пасусот. -Заклучоците за деловите на книгата ги проверуваат во објаснувањата во учебникот. -Посетата на библиотеката во последниот дел од часот; За наредниот час: Да напишат состави на тема „Напишав книга за...“. „Напишав книга за...“ – анализа на домашните задачи под ист наслов(2) -презентираат-кратко во контекст со времето на траењето на часот; -Учениците ја подготвиле домашната задача; го читаат текстот и ги читаат


Средства и услови Форми и методи Оценување

составите; дискутираат за текстот, но и за презентираните состави; читаат и дискутираат за библиотека и медиотека (од учебникот). -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; Училница,табла,креда,листови,библиотека; Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците ,листа за проверка-презентацијата .

Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 3, 9, 11, 12: Речник и стил - Лексичко значење на зборовите-пароними - Вежби за пароними (од учебникот или во нас. листови) - Правопис:Скратеници - Вежби за скратеници (во учебникот или во нас.листови) Час 1, 2, 6, 8, 10: - Поправка на писмената работа (два часа) - Писмена важба-творење лична лирско-епска творба (задача од учебникот) - Читање и анализа на личните творби - Вежби за раскажување и прераскажување - Хронолошко и ретроспективно раскажување: „Дуњите на баба ми“Ј.Ѓуриќ и „Прво пеење“ -Т.Петрески Час 4, 5: - Лирско-епски песни: „Мајчино воспитание“- Г.Прличев, „Јунак и нива“ и „Скендер-беј и моме битолско“(2 часа) Ча с 13, 14: Медиумска култура Час 15, 16:Лектира:„Робинзон Крусо“-Д. Дефо

Очекувани резултати по осмата тематска целина - Знае учени содржини од Речник и стил; -знае синоними, хомоними, антоними и пароними; - разликува лексичко од граматичко значење; -умее правилно да скратува зборови; -скратениците правилно ги употребува во писмено изразување; -ги открива особеностите на лирско-епските песни; -интерпретира лирско-епски песни; -самостојно твори лирско-епска песна; -хронолошки и ретроспективно раскажува; -го открива значењето на книгата како медиум; -разработува литературно дело; -работи тимски и изработува ѕиден плакат;


-учествува во снимање видео час; -применува стекнато знаење во вежби; -следи и анализира снимени видео часови.

Примена на ИКТ во осмата тематска целина Наставна содржина 1. Вежби за пароними;

Време на реализација април

Ресурси Www.rozemakrozemak.blogspot.com

2. Лирско-епски песни. „Мајчино воспитание“Г.Прличев, „Јунак и нива“ и „Скендер-беј и моме битолско“ 3.Писмена вежбатворење лична лирскоепска творба (задача од учебникот)

април

Вежби на компјутер,презентација www. rozemakrozemak.blogspot.com

април

www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com

4. Лектира:„Робинзон Крусо“-Д. Дефо

април

www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com инсерти од филмот


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.