ТЕМАТСКО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 4-декември 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто Конкретни цели: - да го препознава видот на придавките и соодветно да ги употребува; - да ги категоризира заменките по групи и правилно да ги употребува; - да разликува раскажувачка форма во прво и во трето лице; - да умее изразно да чита прозен текст и да го анализира; - да знае да прераскажува текст со стилски богати реченици; - да ги применува знаењата во усното и во писменото изразување.
Ред. Структура на тематската бр. целина 4.1 Јазик:Морфологија - Поправка на контролната задача за именки и за глаголи; - Видови придавки; - Вежби за видови придавки; - Заменки-лични и показни (и во наст. листови); -Вежби за заменки; - Дом.задача-Состав: опис на библиотека (со употреба на заменки и придавки) . 4.2 Проза - Поим за раскажувач (наратор)-текст „Гнездо“од Б.Смаќоски; - Читање и анализа на текстот „Дарби“ од Ц.Здравковски; - Читање и анализа на текстот „Необрани јаболка“ од Б.Смаќоски;
Број на часови обработка на Друг вид нова содржина активност
вкупно
2
4
6
1
4
5
4.3
4.4
4.5
- Читање и анализа на народната приказна „Не знаел колку е богат“; - Вежби за посочување на нараторот (од текстови во учебникот или вежба од наст. листови). Изразување и творење - Говорна вежба: Прераскажување на содржината на текстот „Гнездо“; - Говорна вежба: Работа во групи (задача од учебникот,по текстот „Дарба“);
/
2
2
/
2
2
/
1
1
Лектира: „Белото Циганче“ -Видое Подгорец Проверка на знаењата: Полугодишен тест.
16 часа
Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1. Заедничка поправка на контролната задача за именки и глаголи ; 2. Поим за раскажувач (наратор) - „Гнездо“ од Б.Смаќоски;ИКТ 3. Говорна вежба:Прераскажување на текстот „Гнездо“; 4. Читање и анализа на текстот „Дарби“ од Ц.Здравковски; 5. Читање и анализа на текстот „Необрани јаболка“Б.Смаќоски; 6. Видови придавки;ИКТ 7. Вежби за видовите придавки (од учебник и наст.листови)
од 2.до 7. декември
од 9.до 14.декември
8. Читање и анализа на народната приказна „Не знаел колку е богат“;
9. Вежби за определување на нараторот – текстови од учебникот или во наст.листови; 10. Работа во групи-задача од учебникот (по текстот Дарби“) 11.Заменки: лични и показни;
16. до 21. декември
12. Вежби за заменки (од учебникот и од наст.листови); 13. Домашна задача-Опис на библиотека (со употреба на соодветни заменки и придавки);
од 23. делември до 1.јануари
14.Полугодишен тест; 15.Лектира:„Белото Циганче“-Видое Подгорец; 16.Лектира:„Белото Циганче“-Видое Подгорец.ИКТ Забелешка:Поместување за празници
Морфологија,4.1 Цели
-Да ги согледа своите знаења и грешки од контролната задача за да го надомести она што не го научил/а; - да го препознава видот на придавките и соодветно да ги употребува; - да ги категоризира заменките по групи и правилно да ги употребува;
Наставна содржина
Активности
-да примени стекнати знаења во вежби. 1. Поправка на контролната задача за именки и за глаголи; 2. Видови придавки; ИКТ 3.Вежби за видови придавки; 4.Заменки-лични и показни (и во наст.листови); 5.Вежби за заменки; 6.Дом.задача-Состав: опис на библиотека (со употреба на заменки и придавки) . -Наставникот ја прегледал контролната задача(1); се грижи за раб. атмосфера,дава устен општ осврт на резултатите;ја оценил и дал писмена повратна информација за секој ученик. -Учениците ги прегледуваат своите контролни,ги согледуваат резултатите, прашуваат за евентуалните нејасности,читаат точни одговори и ги согледуваат неточностите. Видови придавки(2) -Наставникот подготвил реченици на таблата,учениците ги препишуваат и ги потцртуваат придавките. -Меѓу придавките има и односни и заменски придавки;описните и бројните ги посочуваат зашто ги изучиле;со прашања наставникот ги насочува да ги уочат односните и заменските.
Средства и услови Ресурси Форми и методи Оценување
-Ги изработуваат вежбите со помош на Flashcards при што ги утврдуваат знаењата.(часот се изведува во кабинетот по информатика) Вежби за видови придавки(3) -Наставникот подготвил наставни ливчиња со вежби за придавки(може и текст напишан на табла или преку проектор) и за работа во двојки. -Учениците ги изработуваат вежбите;потоа паровите ги презентираат одговорите,учениците вршат поправки на грешките во парови. -наставникот следи и дава УПИ. (4)Заменки-лични и показни (и во наст.листови) -Разговор со учениците за учени содржини(морфологија-поим,видови зборови); -Наставникот изготвува вежби за повторување на учени содржини од претходото одделение, а поврзани со ова подрачје; -цртање шеми-табели за повторување и за согледување на новата наставна единица за заменки-лични и показни; -наставникот покажува шема/презентација со заменки; -учениците разгледуваат и учествуваат во донесување заклучоци; -заклучоци од објаснувањата-заклучок според шемата; Вежби за заменки(5) -Наставникот поттикнува на самостојно откривање на заменките преку часот за вежби. -подготвил наставни листови со вежби кои учениците индивидуално ги решаваат. -дава вежби преку кои учениците самостојно откриваат заменки -наставникот ги оценува со ППИ. (6)Дом.задача-Состав: опис на библиотека (со употреба на заменки и придавки) - претходно дава задача да напишат состав во кој ќе опишат библиотека, според задача во учебникот,со употреба на заменки и придавки. -Ученици читаат од дом.задачи,дискутираат и се смооценуваат. -Наставникот ги следи презентирањата,дискутира ги прегледува задачите кои се прочитани и укажува на правописните и друг вид грешки. -Наставникот дава УПИ и ППИ. Општи забелешки: -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот: www.rozemakrozemak.blogspot.com; -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат да размислуваат и правилно ги применуваат своите знаења. Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ. www.rozemak.ucoz.com ; www.rozemak-rozemak.blogspot.com Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. Методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ
Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Проза,4.2 Цели
-Да знае да го определува нараторот; - да разликува раскажувачка форма во прво и во трето лице; - да умее изразно да чита прозен текст и да го анализира;
Наставна содржина
Активности
1.Поим за раскажувач (наратор)-текст „Гнездо“од Б.Смаќоски;ИКТ 2.Читање и анализа на текстот „Дарби“ од Ц.Здравковски; 3.Читање и анализа на текстот „Необрани јаболка“ од Б.Смаќоски; 4.Читање и анализа на народната приказна „Не знаел колку е богат“; 5. Вежби за посочување на нараторот (од текстови во учебникот или вежба од наст.листови). (1)Поим за раскажувач(наратор)-текст „Гнездо“-Б.Смаќоски -Разговор за животните и за домашните миленичиња; -Учениците го читаат текстот во себе;потоа го читаат текстот гласно,дел по дел; -Ги одговараат прашањата по текстот и дополнителните прашања од наставникот,при што ги согледуваат елементите кои помагаат да се идентификува нараторот. -Заеднички прават план за анализата на текстот со наставната техника петоред. Наслов (една именка)_______ Опис (две придавки)_________ __________ Дејство (три глагола)__________ __________ __________ Чувство (фраза од четири збора)_________ _________ ________ ________ -Од формите на глаголите го утврдуваат нараторот,а наставникот преку презентација ја објаснува содржината за раскажувач(наратор). -По можност ,во вид на игри ја донесува содржината за полесно совладување; -Учениците активно се вклучуваат во донесување на заклучоци и изработка на планот; (2)Читање и анализа на текстот „Дарби“ од Ц.Здравковски; -Наставникот ги дал потребните инструкции како и што да подготват за овој час(скелетен приказ на текстот);ги организира текот на часот и активностите; -дава писмена и усна повратна информација. -Учениците ја подготвиле задачата за часот и го извежбале за прераскажување; -дискутираат и ги вреднуваат задачите кои ќе се презентираат од
другарчињата. -ПРИМЕР/Скелетен приказ: 1.Реченица(за што се зборува во текстот) _____________________________________________________ 2.Мисла(за најважното во текстот) _____________________________________________________ 3.Еден збор(ја објаснува содржината) _____________________________________________________ 4.Симбол или слика(со која би ја претставил содржината) __________________________________________________ 5.Боја(со која би ја претставил содржината) ______________________________________________________ -Ученици го прераскажуваат текстот по што дискутираат и ги вреднуваат искажувањата на другарчињата. -Други ученици ги читаат скелетните прикази,повторно дискутираат и оценуваат презентациите. -Наставникот следи и дава УПИ,а и си запишува во листот за следење. 3.Читање и анализа на текстот „Необрани јаболка“ од Б.Смаќоски; -Наставникот објаснил што да подготват за овој час;ги следи активностите и оценува(вреднува знаења). -Учениците се подготвиле за часот,ги презентираат знаењата,дискутираат за чуеното и се самооценуваат. -Ученици читаат дел по дел од текстот,при што се дискутира дали читаат изразно. -Учениците накусо го прераскажуваат текстот,читаат и повторно дискутираат,но сега за своето презентирање и се самооценуваат -Наставникот дава усна и писмена повратна информација (во тетратката на ученикот кој презентирал и во досиејата). (4)Читање и анализа на народната приказна „Не знаел колку е богат“; -Наставникот дава објаснување за задачата што треба да ја одговорат; -Подготвил наставен лист со мисловна мапа на која треба да се пополнат поими кои значат анализа на приказната; -Учениците самостојно работат, а потоа со другарчето споредуваат што напишале; -читаат и презентираат што напишале, а потоа заедно со наставникот дискутираат за комплетната слика на мапата. -Читање и вреднување на презентациите и одговарање на дополнителни прашања од наставникот: а)Кој цитат од текстот ти е најинтересен и зошто? б)На што те наведе да размислуваш, тој дел? в)Што од текстот ќе запомниш? г)Која е најважната порака од текстот според тебе? д)Со што овој текст ти го привлече вниманието? ѓ)Би променил/ла во текстот нешто(кај ликовите,во настаните,во воведниот или во завршниот дел од текстот)и зошто? -изработките со ППИ ќе бидат дел од ученичките портфолија. (5)Вежби за посочување на нараторот (од текстови во учебникот или вежба во наст.листови). -Индивидуално ,во парови или групи,одговараат вежби за наратор;
Средства и услови Форми и методи Оценување
-Наставникот подготвува и дава домашна што ќе им даде можност на учениците да истражуваат и откриваат наратор. Училница,креда ,табла,тетратки,дополнителна литература,шеми,дијаграми,илустрации,игри,ИКТ Индивидуална,фронтална,парови,групна;разговор,самостојна работапишување,текст-метод,илустративно-демонстративен метод УПИ.ППИ,белешки на наставникот во рефлексивниот дневник со цел подоцна формирање бројчана оценка за полугодие.
Изразување и творење,4.3 - да умее изразно да чита прозен текст и да го анализира; - да знае да прераскажува текст со стилски богати реченици; -да примени знаење во усно и писмено изразување;
Цели
Наставна содржина Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека,речник,зборници,интернет и сл.) . 1.Говорна вежба: Прераскажување на содржината на текстот „Гнездо“ ; 2.Говорна вежба: Работа во групи (задача од учебникот,под текстот „Дарба“); (1)Говорна вежба: Прераскажување на содржината на текстот „Гнездо“ ; -По претходни насоки на наставникот ,учениците се подготвуваат за усно прераскажување на текстот „Гнездо“; -Учениците прераскажуваат,а наставникот во лист за усна презентација си забележува; (2)Говорна вежба: Работа во групи (задача од учебникот,под текстот „Дарба“); -Наставникот посочува средства и начини за подготовка на часот(ги дели во групи,им помага во пронаоѓање извори за работа); -Учениците самостојно пронаоѓаат материјали се подготвуваат бидејќи часот ќе биде интерактивен (прераскажување со изработка ); -Се водат дискусии по презентацијата на задачите,а потоа се оценува и вреднува. -некои содржини се објавуваат на www.rozemak.ucoz.com Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за изучување на содржините и сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверка,скала на проценка и сл.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Лектира,4.4 Цели
Наставна содржина Активности
-Да умее самостојно да го доживува делото; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да умее усно и писмено да анализира лик,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. -да знае да истакне свој став,свои размислувања за различните особини на лик и личност,да разграничува позитивно од негативно. 1.Лектира:„Белото Циганче“-Видое Подгорец(2 часа)ИКТ
-Наставникот претходно дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,го прераскажуваат (може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; -покажува илустрации на делови од делото,снимки од филмуваната верзија на ,,Белото Циганче“-Видое Подгорец; - Наставникот прави споредба со други дела со слична содржина(Козета,Девојчето со кибритчиња,Оливер Твист); -учениците читаат свои обработки; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на прераскажување-редослед на настаните,јасноста,граматичката точност; -Самостојно се анализира ликот на момчето,сопствена замисла-се издвојуваат неговите особини се опишува надворешниот изглед ,се следат неговите постапки; - се изработува ѕиден весник на кој се црта ликот и се опишува со зборови; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час);
Средства и услови Форми и методи Оценување
Училница,учебник,табла,креда,тетратки,ИКТ,бои ,хамер-зборови за културно обраќање, тетратки за писмена работа. Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување,илустративнодемонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,следње со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди,оценка на писмената работа оценета со холистичка листа.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето
_____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Проверка,4.5 Цели
-Да примени знаења од Јазик,Литература,Медиумска култура,лектира стекнати по првото полугодие;
Наставна Полугодишен тест. содржина Активности -Наставникот претходно дава за задача да се повторат учените содржини од сите подрачја по првото полугодие; -Наставникот подготвува вежби со цел подготовка на тестот; -Учениците самостојно ги решаваат вежбите и учествуваат во нивна проверка; -Наставникот поттикнува на прашања во врска со тестот; -Наставникот го подготвува тестот; -Учениците самостојно го решаваат тестот; -Тестот се анализира и оценува,а оценките јавно се соопштуваат и се дискутира по нив. Средства и Училница,табла,креда,вежби,тест. услови Форми и Фронтална,индивидуална;разговор,самостојна работа методи Оценување Преку активностите , вежбите и тестот:УПИ,дискусија,белешки за следење на учениците, ,листа за проверка-презентацијата .
Вреднување,измени,дополнување на планирањето ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ ___________________________________________________________ Интеграција(поврзување) на часовите: Час: 1, 6, 7, 11, 12 ,13 - Поправка на контролната задача за именки и за глаголи - Видови придавки - Вежби за видови придавки - Заменки-лични и показни (и во наст.листови) -Вежби за заменки; - Дом.задача-Состав: опис на библиотека (со употреба на заменки и придавки) Час: 2, 4, 5, 8, 9 - Поим за раскажувач (наратор)-текст „Гнездо“од Б.Смаќоски - Читање и анализа на текстот „Дарби“ од Ц.Здравковски - Читање и анализа на текстот „Необрани јаболка“ од Бошко Смаќоски
- Читање и анализа на народната приказна „Не знаел колку е богат“ - Вежби за посочување на нараторот (од текстови во учебникот или вежба од наст.листови) Час: 3, 10 - Говорна вежба: Прераскажување содржина на текстот „Гнездо“ - Говорна вежба: Работа во групи (задача од учебникот,по текстот „Дарба“) Час: 14, 15, 16 - Полугодишен тест - Лектира: „Белото Циганче“ од В.Подгорец
Очекувани резултати по четвртата тематска целина - да ги владее содржините за придавки и заменки; -знае да ги определи видовите придавки и заменки во текст; - опишува со примена на придавки и заменки; -препознава и објаснува наратор(раскажувач) -разликува јас,тој и сезнаечки раскажувач; -изразно чита и анализира текст; -применува различни техники при анализа на текст; - применува ИКТ при обработка на содржини од јазик,литература и лектира ;
- обработува литературно дело; -умее да опишува лик; -работи во двојки и тимски и изработува потребни наставни средства; -применува стекнато знаење во полугодишен тест.
Примена на ИКТ во четвртата тематска целина Наставна содржина 1. Видови придавки;
Време на реализација декември
2. Поим за раскажувач (наратор)-текст „Гнездо“од Б.Смаќоски;
декември
3. .Лектира:„Белото Циганче“-Видое Подгорец(2 часа)
декември
Ресурси www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com презентација www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com презентација www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com You Tube
Забелешка:Преку веб-страницата и блогот Роземак,континуирано се применува ИКТ.