Капки- лични творби

Page 1

КАПКИ Лични творби на учениците од ООУ„Единство“,Октиси


Здрава храна-здраво дете 1. Здрава храна-здраво дете Есента ни дојде со плодови разни, жолти фини круши за детските души. Децата се добраа до една ги собраа. Се најадоа слатко, може уште братко! Така треба деца викна баба Стана. Јади здрава храна, за детство без мана. Викторија Станкоска 2. Здрава храна-здраво дете Старите завет дале: Кој здрава храна ќе касне, голем ќе порасне. Баба ми вели: Овошје зрело, за лиценце бело. Дедо ,пак,вика: Морков и зелка, во вистинска мерка. Јас се чудам да јадам се трудам, здрава да се будам. Бехуше Салоска


3. Здрава храна-здраво дете Во Македонија наша, живеат здрави деца, јадат здрава храна, и немаат мана. Здраво дете сум јас, вежбам еден час. Пијам минерална вода, тоа сега е во мода. Чипс и разни грицки, не се за нас, Овошје и зеленчук, за виток стас. Селма Рамадани VII

4. Здрава храна-здраво дете Да се храниш здраво, навистина е важно. Ќе растеш право, весело и снажно. Пиј овошен сок, наутро за почеток. Ведар и свеж, цел ден ќе бидеш. Симона Бадалоска


5. Здрав како дрен За да бидеш цврст како дрен, храни се здраво секој ден. Од понеделник до недела салати и чорби баба ни приготвила. Јади,јади не се брани ќе бидеш топ никако со мани. Од ден на ден, со здравата храна, измиен и свеж, ќе бидеш како дрен! Андријана Дузлеска 6. Овошје и зеленчук Овошје и зеленчук јади секој ден за да бидеш здраво ти детенце драго На чипс и смоки немој да мислиш овошје и салати болест не ќе те фати. Мелиха Лутишоска


7. Ќе пораснеш голем Јади мило дете само здрава храна ќе пораснеш голем и ќе немаш мана. Овошје и зеленчук јади секој ден ти ќе бидеш дете здраво како дрен. Круши, јаболка и сливи полни се со витамини. Морков, домати и зелка уште баба ми рекла. Албена Селимоска

Oд семче до шума

Од акцијата „Од семче до шума“


Од семче до шума Секое утро се будам со мисла дека животот е прекрасен, исполнет со среќа и љубов. Станувам од креветот полна со енергија, подготвена за новите животни предизвици и тргнувам кон моето училиште. Убаво е кога во пролетно утро, чекориш по патеката кон училиштето!Црцорот на птиците,тивкото ветерче што струи низ мојата коса ме прават весела и безгрижна.Полека чекорам и ги полнам белите дробови со чист шумски воздух. Еден априлски ден не беше како другите денови.Тој по се` беше посебен.Тој ден,јас научив како од семче се раѓа и расне дрво.Научив дека шумите се бели дробови на Земјата и ако ги нема нив ,ќе не нема и нас. Тивок глас ме довикуваше.Се завртив,а околу мене немаше некој.Продолжив по патот,носена од мислата дека ми се присторува.Наеднаш,од зад една грмушка се појави едно слатко и малечко вервериче.Застана мирно пред мене и молбено ме погледна со своите очички.Збунето застанав и со неверување помислив дека сонувам.Верверичката со своето тенко гласче ми се обрати:,,Те молам,дојди со мене, брезата е болна!,Помогни и` !“ -Да не влегов во Земјата на чудата? -помислив.Сепак, се упатив по моето ново другарче носена од љубопитноста,но и подготвена да помогнам.По стрмниот рид,стигнавме до шумската лединка над училиштето.Сликата што ја видов беше навистина непријатна,грда и тажна. Кутрата млада бреза се наведнала под тешкиот товар на едно дрво кое несовесните диви сечачи на дрва ноќта го пресекле.Наоколу имаше уште многу дрвја исечени без ред и потреба. Брезата тивко плачеше:,,Зошто,зошто луѓето не` сечат и уништуваат?Зарем не знаат колку сме ние значајни за вас,луѓето!?“ Приказната за раѓањето на дрвцето од семка,неговото долго и постепено растење ,неговото место во шумата ме возбуди,вознемири,ме направи свесна за неговото значење.Колку само време треба да порасне едно дрвце кое човекот за миг го уништува со несовесното сечење! Време беше за акција.Ги повикав мојот татко и чичко кои помогнаа брезата да се ослободи од товарот на исеченото дрво.Тие ја известија шумската полиција за несовесните сечачи.На училиште со моите другарчиња учествував во акцијата ,,Од семче до шума“,а моето пријателче, Јасенче,го негувам како мало детенце.Со нетрпение го чекам денот кога ќе порасне доволно за да го засадам до мојата пријателка бреза. И сега ,секојдневно,по патеката кон училиштето со гордост погледнувам кон местото каде живее брезата,а верверичката во скок ме прати и весело поздравува. Јас спасив дрвце,а моето Јасенче ќе ги замени оние предвреме исечени дрвја. Засади дрвце,спаси ја шумата!! Ученичка:Лутишоска Мелиха


Од семче до шума Во зелениот парк се слушна силен глас борот предлог дава, да се оди на штрајк. Елки ,смреки,знај се собрале во круг за нивната судбина ќе одлучел друг. На нивното место без ни малку срам, ќе граделе маркет, леле,каков блам!

Да ги чуваме шумите!

Борот говор држи напред тој ќе оди, за правата свои шумата ја води. Градскиот татко за проблемот тој, размисли и реши: За маркетот- стој! Вистина е права Дрвјата ве молат: Не ставајте рака солзите ќе болат! Емилија Куциноска Од семче до шума Низ шумата се пронесе глас: -Ајде, брзо,дојдете, имаме состанок на шумската лединка! Зајачето брзо иташе од куќичка до куќичка повикувајќи ги сите шумски животни и растенија на средба од голема важност. Лисици,мечки,желки,верверички...полека се собираа на лединката загрижено шепотејќи,а шумските дрвја веќе беа на договореното место.Во средината се наоѓаше стариот даб кој секогаш раководеше со средбите во шумата.Костенот,борот,елките и смреките замислени и загрижени стоеја околу стариот даб. Неизвесноста и тишината ,прв, ја прекина дабот. -Пријатели,се собравме овде бидејќи ни прети голема опасност!Орелот ни донесе глас дека на шумата и претстои исчезнување. Низ присутните се прошири силна врева во знак на негодување и неверување. -Како е тоа можно,се јави еленот,па вие сте староседелци и наши заштитиници! -Луѓето од градот планираат да направат пат низ нашата шума-одговори костенот. -Тие ќе ги уништат и нашите живеалишта!?-се јави и верверичката. Негодувањето беше се` погласно и погласно.Стариот даб кој бил сведок на многу бурни минати времиња ги уверуваше жителите дека сепак луѓето се разумни и ќе сторат се` да ја спасат шумата од уништување.Колку пати,шумата го спасила градот!?Дождовната бура лесно можеше да го уништи да не беше шумата.Фабриките,автомобилите ќе го задушеа ако не беше


шумата.Зарем човекот е толку неблагодарен!? Советот на шумските жители донесе одлука да се испрати писмо до градот во кое ќе ги пренесат нивните ставови и размислувања.Орелот го донесе одговорот:,,Во име на природата, во шумата ќе се засадат нови дрвца,а патот ќе ја заобиколи шумата.“ -Ура!Ура!-се слушаше низ шумата.На радоста и немаше крај,а малите семки во земјата го сонуваа својот сон за денот кога ќе излезат надвор и ќе ги пружат своите рачиња кон сонцето. Шумата желно ги очекува новите дечиња-идни жители на шумата. Селма Рамадани Од семче до дрвче Во шумскиот двор се собраа сите дрвјата ко еден подготвија пречек. Семчиња во строј ги има голем број шумата ќе ја красат наследници ќе станат. Дабот оро води костен до него оди елки ,смреки ,бор пеат во весел хор.

Засади дрво!

Прослава е важна во историја запишана Природата се брани со дрвциња млади. Бехуше Салоска

Излет во шумата Над моето село има прекрасна шума.Со моите родители решивме да одиме на излет.Се подготвивме и полека се упативме кон шумата.Пред моите очи се покажа волшебна глетка преполна со убавините што не` опкружуваа. Во Октишката шума има многу дрвја, борови,дабови,елки и сл.што блескаат со својата зелена облека.Птиците весело ја пеат нивната шумска песна.Жуборот на потокот се слуша низ целата шума како да сака да се покаже со блесокот на чистата вода што незапирливо тече. Таа идлична атмосфера ја прекина еден плачлив глас.Се исплашив,се завртев и забележав едно големо и зелено дрво како плаче.Се збунив и со прашален поглед го прашав зошто плаче.Некои несовесни загадувачи запалиле оган во шумата и му ја изгореле половината од стеблото.Не знаев како да го утешем,како да му помогнам,се засрамив поради несовесните луѓе кои не размислуваат дека уништувајќи ја шумата се уништуваме самите себе.Сфатив дека сите убавини што ги видов и доживеав може да исчезнат во еден момент на негрижа и невнимание. Затоа апелирам:,,Не палете оган во шумата,дрвјата ве молат!“


Бреза Здогледав еднаш црно-бела свила со гранки голи е брезичка мила. Oд сребрените солзи мало езерце се стори Тажна и замислена со осаменоста се бори. Ни поток до неа нема, а од шумата блиска ни птица да дојде да и` биде друшка. Се згодив за час со семче во рака до брезата посадив да не и` биде мака. Аниса Лутишоска

Брезата е осамена...


Од семче до шума Го посадив семче ќе израсне дрвче, седмично го полевам моето милениче Радост. Го поставив на прозорец развојот го следам со возбуда чекам в шума да го засадам. Едно семче мало со љубов и грижа во шума ќе расне наш живот да не згасне. Мирела Цаноскa Од семче до дрво-драматизација (Дејството се одвива во овошната градина,каде Евзе и Ненад разговарат за значењето на овошните дрвја) Ненад:(Седи на клупа,со погледот кон дрвото) Евзе:Што правиш Ненад?Зошто си замислен? Ненад:Мајка ми ми кажа дека ова дрво го засадил нејзиниот дедо,пред многу години. Погледни,колку пораснало и каква сенка дава,а да не зборувам за овошните плодови што ги јадеме! Евзе:Навистина впечатливо,да си имаш свое дрвце за кое ќе зборуваат и твоите наследници! Ненад:Што мислиш,можеме ли и ние да засадиме едно дрвце? Евзе:Сигурно дека можеме,да засадиме јаболкница!Јаболкото е вкусно и здраво овошје кое со сласт се јаде. Ненад:Утре одиме да купиме садница и да ја засадиме нашата иднина! ( Другиот ден,се враќаат во градината,копаат и ја засадуваат јаболкницата) Евзе:Одлично,нашите синови и ќерки,внуци и правнуци ќе се гордеат со нас! Ненад:Да,нашето минато ќе го поврземе со иднината преку ова дрвце! Двајцата:Чист воздух,здрава храна преку семка до дрвце! Изработиле:Албена Селимоска Мелиха Османоска Ненад Стефаноски Гафур Цаноски


Стоп на дрогата, алкохолот и цигарите Пред некој ден,на телевизија слушнавме дека починала познатата пејачка Витни Хјустон. Моите родители беа многу вознемирени бидејќи многу ги сакаат нејзините песни.Тие ми објаснија дека таа починала бидејќи користела дрога и алкохол. Дрогата,алкохолот и цигарите се штетни и опасни за животот на луѓето. Сите ,посебно децата,треба да бидат заштитени од овие опасности.Децата треба да знаат и научат колку е важно да се води здрав живот.Децата треба да знаат дека преку Интернет,телевизија,разни списанија и филмови се изложени на различни опасности во врска со дрогата,алкохолот и цигарите. * Дрогата е супстанца која го уништува телото и мозокот. * Пиењето алкохол и пушењето цигари е штетно за здарвјето на човекот. *Дрогата е забранета со закон. * Против закон е да им се дава алкохол и цигари на лица помлади од 18 години. * Пушењето цигари е забрането во затворени простории. Родителите и училиштата треба да работат заедно за да научат кои се опасностите што ги носат дрогата,алкохолот и цигарите.

СТОП НА ДРОГАТА!

СТОП НА АЛКОХОЛОТ!

СТОП НА ЦИГАРИТЕ!


Примена на аудитивни и визуелни елементи при творење лична творба Најдобри стихови!!! Наутро сонцето грее славејот на дрво пее водата силно извира низ коритото се провира. Халид Мустафоски За есен секој се спрема во зима главоболка да нема. Сонцето зад планина грее, а птицата таговно пее. Адиса Абдоска Штркот на југ си оди со себе другарчиња води. Верверичките кршат ореви, за зима прават кроеви. Сабит Бајрамоски Во есен облаците се темни, вервериците за зима се спремни. Мечката се готви за сон, во пештера ќе ечи нејзиниот тон. Анета Шајноска Листовите на дрвјата се жолти паѓаат на земјата тажни, есенските облаци темни пловат низ небото важни. Ненад Влаќески Зад високи прекрасни планини се гледаат широки рамнини, преполни со убави цвеќиња, занесни,миризливи ,шарени. Алмедин Алушески


Зад планина сонце грееше во шума славеј пееше, вода од сите страни извираше, а ветерот силно дуваше, Низ падините и долините дечиња си играа, а на небото се ширеа крилјата на птиците. Садам Усоски

Штеди вода Кап,кап,кап! Се слуша чуден глас. Чешмата во дворот, моли за спас.

Во зелениот парк тревка поздрав праќа водата е важна кон природата се враќа

Водата е живот здравје и сила. Чувајте ја деца, вечно да е мила.

Амина Касапоска

Моето училиште е мој втор дом Моето училиште-мој дом Моето училиште „Единство“ се вика и неговото име блеска како на слика. Во него -дом израснавме и паметни пораснавме. На почетокот се беше како во бајка, но сега сите сме како од една мајка Другарството е како во една рака која нема никаква мака Останува како спомен во нас со тоа и нашиот клас. Секогаш весел глас така почнува секој час. Се` е како во детски сон секогаш се слуша училиштен ѕвон. Еден до друг седиме и убави оцени редиме. Евзија Мустафоски

Чувајте ја водата!


Моето училиште Скриено во подножјето лежиш училиште мое мило

Да брзаме сите на првиот час

Од исток топло сонце те капи со златни зраци

Букви,бројки пак на мајчин јазик драг

Училиште мое мило ти си мој втор дом.

Мевмедоска Мејрема

Моето училиште-мој дом Почеток.Првата стапка во мојот нов дом.Први,септември,2003 година.Да,точно тогаш,за првпат влегов во мојот нов дом,во местото каде сега,ги довршуваммоите последни години од основното образование,како дел од тоа семејство.Мислев дека срцето ќе ми скокне од возбуда.Целата треперев и покрај сите објаснувања на мојот татко.Тој ми раскажуваше колку брзо поминува времето таму,колку е волшебно,колку те врзува за него.Јас сепак чувствував неспокојство.Неспокосјство кое се вика страв.Тој се вгнезди во моето срце и се` уште е тука.На почеток тоа беше страв од новото,а сега страв од разделба.Разделба од моите наставници,нивниот волшебен глас како славеј,од ѕвонот кој одекнува се` до моето срце. Се прашувам како ќе оставам се` зад себе и ќе продолжам понатаму,како ќе се снајдам во новите предизвици.разделбата ќе биде уште поболна поради другарството со моите веќе,како браќа и сестрисоученици.Во нашите срца има топлина што ќе не` грее и во бурите што доаѓаат и бесно удираат обидувајќи се да ја разнишаат поврзаноста меѓу нас.Времето минува,а доаѓа ново преполно со предизвици. Но,никогаш,без разлика на случувањата и настанитее нема да заборавам.Нема да ги заборавам спомените,моментите што заедно ги доживеавме,проблемите што заедно ги пребродивме. Училиште мое!Мојата благодарност е голема бидејќи тука стекнав знаење,тука ми поминаа најубавите денови од детството-спомени заа цел живот.Не можам да опишам колку сум среќна што имав можност да бидам дел од ова семејство,од овој дом.Тоа се чувства што не се опишуваат со зборови.Зборови кои се обвиени со магијата на срцето. Сеќавањето на првите есенски капки,разиграните жолти листови,на трепетот на ветерот,почетокот на учебната година,но и на првите снежни денови,првите снежни виулици се дел од моите училишни денови.Може ли да се заборават раззеленетите лисја,шарените цветови,распеаните славеи и доаѓањето на топлото сончево лето? Спомените и сеќавањата ќе останат длабоко во мене.Мое училиште,остани цврство како бедем за идните генерации кои доаѓаат по нас!Биди дом на многу деца кои се жедни за знаење!Биди вечно! Златица Мартиноска Моето училиште -мој дом А,Б,В букви напишани избришани,изживеани Букви изговорени со детски нежен глас така почна нашиот прв училиштен час. Пред да започне првиот час слушавме како бисер да се рони ѕвонче ѕвони на цел глас со убав ведар ѕвон со тивок нежен тон.


Во училишниот дом израснавме во клупа мирни еден до друг седевме растевме низ училишните ходници и никако не добивавме единици. Остануваме патници низ времето вечно продолжуваме храбро кон нашите мечти-среќно Имероска Сабина

Моето училиште-мој дом Моето училиште се вика„Единство“.Тоа е мојот дом,таму е моето второ семејство.Секој ден е нов предизвик,ново искуство.научив да читам,пишувам и бројам.научив да помагам,верувам,се дружам.Научив за околината што не` опкружува,за доброто,вредното,убавото.Стекнав знаења што се потребни за цел живот.Ќе станам добар човек.За мене, секој нов училиштен ден е нова радост,отворен пат по кој чекорам гордо кон нешто неоткриено. Мелиха Лутишоска Моето училиште Моето училиште е домот мој во него израснав со дечиња голем број Мојата учителка ме научи знај песни,сказни ги има бескрај. Мојата желба нека се знае училиштето сакам градина да е. Селма Бајрамоска


Летен одмор

Летен ден Тој ден долго го очекував.Со возбуда се подготвував за натпреварот со децата од соседната улица.Цела ноќ не можев да заспијам и постојано погледнував на часовникот.Времето никако не поминуваше. Ме разбуди некое чудно тропкање.Со внимание погледнав кон прозорецот.Ситни дождовни капки полека се слеваа по него.Разочарано скокнав од креветот мислејќи на натпреварот. Силен тресок ме исплаши.Започна да светка и силно да врне. Невреме!Изгледаше како небото и земјата да се споиле во една силна и цврста прегратка.По улицата пред мојата куќа течеше вода како река.На моето разочарување му немаше крај.Патиките спремни за игра останаа во моите раце.Мислев дека дождот,никогаш нема да престана.Како што започна,така се смири.Дождот престана,а облаците се разотидоа отворајќи му го патот на сонцето. Прекрасен летен ден!Само вирчињата на игралиштето сведочеа за неодамнешното невреме. Возбуда и врева-детски џагор.Натпреварот започна со вистински борбен дух од двете страни.Разиграни и растрчани детски нозе, храбро газеа по вирчињата и силно се бореа за својот тим.Играта беше возбудлива и неизвесна до крај.По долга и јуначка игра,победата е извојувана.Среќна и уморна се вратив во мојот дом мислејќи на овој летен необичен ден. Симона Бадалоска Летен одмор Летото брзо помина.Сеќавањата на прекрасните летни денови се се уште свежи.Јас решив да ви раскажам за моето летување во Бар,Црна Гора,заедно со пливачите од ПК,,Струга".Ова летување беше несекојдневно и убаво искуство.Природни убавини насекаде.Морето сјаеше со својата убавина како полеано со сино-зелена боја,а морските палми го красеа целиот град.Секој ден ни поминуваше во пливање и сончање,во дружење и забава.Еден ден од нашето летување го посетивме со брод,Суто Море.Навистина прекрасно место.На високите


планини се гледаше како возот поминува по железничката пруга. Моментот кога требаше да си одиме, беше навистина тажен.Го напуштивме морето,градот и сите убавини околу нас.Јас се надевам дека сите кои беа таму ,ќе се сеќаваат на ова возбудливо летување. Викторија Станкоска

МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ Димитар и Константин Миладинови По својот квалитет и историско значење на прво место стои Зборникот на браќата Миладиновци, издаден во Загреб, 1861 година. Поголемиот дел од песните биле собрани од Димитар Миладинов и тоа од Македонија, а мал дел од Бугарија. Кога Константин студирал во Москва, се обидел да најде издавач за Зборникот, но безуспешно. Вo пресрет му излегол Јосип Јурај Штросмаер, кој му помогнал во издавањето на Зборникот. Зборникот содржи едно обраќање на Константин, народни песни(над 660 песни) со најразлична тематика, список на имиња и други народни умотворби.

Подготвил:Ахмет Цаноски


Дојде есен Дојде есен. Eсенските ветрови почнаa да дуваат на сите страни. Студено е! Дрвјата ги соголија своите гранки. Паднаа и последните листови: црвени, жолти, златни.Направија шарен килим распослан по нивјето и ливадите. Во жолтото поле се слуша брмчењето на тракторите и песната на сејачот. А никаде ја нема песната и црцорот на птиците. Тие веќе одамна ги напуштија своите гнезда и заминаа во топлите краишта. Дојде есен со сите нејзини бои и убавини. Мелиха Лутишоска

Есен, златна есен Есен, златна есен! Дали некогаш сте помислиле дека есента е најубавото годишно време? Јас, да! Прекрасна е есента во нашиот крај. Тие распрскани бои и разлетани лисја низ разиграните гранки на дрвјата ме воодушевуваат. Најбогатото годишно време од годината ги тера луѓето да ги полнат своите домови. Јаболка , круши, грозје, костени се собираат во есен.Уф, печени костени! Колку ги јадам вo зима! Есента знае и да се подналути. Небото се мурти и силен дожд удира на сите страни. Ветерот со својата труба ја свири најубавата есенска песна. Лист по лист, секој ден се прави жолто море на земјата. Есенската слика ја наподополнуваат децата, кои за ништо не се грижат. Есента е шарен килим исткаен од разни бои. Симона Бадалоска

Доцна есен Се разбудив со чудно чувство. Сѐ како да замрело! Не се слуша песната на птиците, дрвјата тажно ги наведнале главите, натежнале оловни облаци. Излегов надвор, движејќи се полека по калливите улици. Од оџаците се забележува дека печките тивко баботат во домовите , а домашните полека го пијат својот топол чај. Густата магла се вие и провира насекаде. Дури и верверичката се сокрила во својот дом, подготвена за зимата.Вистинско чувство-се приближува зимата! Анета Шајноска

Октиси во зима


Зима Зима ,зима дојде деца, сѐ е бело, во нашето село. Дечиња мали си играат, низ снегот парадираат. Сите се радосни весели и среќни. Зимата е самовила, за сите волшебна. Алмина Цаноска

Зима Зима, зима! Снежна самовила, со сребрена свила, за децата најмила. Ѕун, ѕун, ѕун! Снегулките ѕунат. Санките по брегот се лизгаат на снегот. Џемперите сплетени, од бабите ветени! Мајките загрижени, децата разиграни. Симона Бадалоска Зима Снежната кралица поставиле бел тепих пред куќите, на ливадите. Изградила сребрени мостови над реките, потоците. Запеала зимска песна низ гранките на дрвјата, до црвените ушиња на малите дечиња. Радост, детска смеа блика насекаде. Снешкото весело ги надгледува детските лудории низ брегот. Од оџаците на куќите излегува чад и им дава знак на дечињата дека топлата супа и колачињата се подготвени. Внатре, во топлината на семејниот дом, баба плете топол џемпер, а дедо седи покрај прозорецот и го пие топлиот и вкусен планински чај. Тато го чисти снегот пред вратата и потпевнува. Вистински зимски ден! Прекрасен, снежен, весел и интересен ден. Анета Шајноска


Зима Зимата е бела кралица која доаѓа на својата сребрена кочија во нашите краишта. Со своето волшебно стапче ни дарува снегулки- игриви балерини. Зимата ти дава надеж, љубов и те прави многу среќна. Кога ќе дојде зимата, се чувствуваш исполнето, весело, радосно. Бел килим насекаде, стаклени палтенца на дрвјата, продорен звук на ветерот низ црвените детски ушиња. Навистина, зимата е бела волшебничка Мирела Цаноска Првиот снег во мојот крај Во мојот крај заврна снег. Едно утро ме разбуди силна светлина што доаѓаше низ мојот прозорец. Станав од креветот и погледнав надвор.Снег насекаде, послан како бел килим. Јас се изненадив, а повеќе се израдував. На патот до училиштето се слушаше голема врева од возбудените ученици. Смеа и врисоци насекаде. Бели топки фрчеа на сите страни. Ох, колку ја сакам зимата! Забавата продолжи и по часовите. Прекрасно чувство. Сите деца беа на снегот. Со другарите отидовме на блискиот брег и се санкавме. Волшебно! Јас сакам оваа магија да трае во текот на целиот зимски распуст. Садам Усоски Зима Зимата е како прекрасна кралица облечена во бел фустан, која во прекрасна сребрена кочија носи снегулки, мраз, студ, но и радост и смеа за децата. Голема е возбудата кај децата, но тажна е песната на врапчињата кои молбено чукаат на секој прозорец барајќи храна за да се прехранат. Во зима секое дете се радува на снегот кој го повикува да се санка, да прави Снешко и да си игра на тој килим, исткаен од сребрено- бели снегулки. Секоја улица и секој дом се облечени во прекрасна бела облека што блеска како сребро, како бисер нанижан од тие прекрасни снегулки. Волшебна е таа зимска слика извајана од бел мермер попрскан со тие малечки бисерчињаснегулчиња. Андријана Дузлеска

Зима На кочија бела насмеана цела во сребрена свила дојде зима мила Со џемперчиња плетени од бабите ветени на белиот брег со санки на снег Децата се смеат песнички се пеат Снешко се прави нос- морков да се стави Селма Бајрамоска

Зима,зима бела зима!


Нова година Нова, нова годино! Бев добра цела година Иако сум голема многу сум возбудена. Нова ,нова годино! Добредојде кај нас за нови успеси, дојде и тој час. Симона Бадалоска ЗА МАЈКАТА,ЗА ЖЕНАТА,ЗА... Мамичка Мама ме учи, мама ме храни, мама од лошо, мене ме брани. Мамо мила, убава ко цвет, ти си за мене најубава на свет. Го сакам сонцето, топло ме грее, но најмногу ја сакам , мама кога се смее. Најискрено ќе ви кажам сама, најмногу на светот си ја сакам мама! Андријана Дузлеска

Порака за мојата мајка Мила моја, мајко, ти си како цвет што цвета во градина! Ти си како птица што бескрајно лета! Ти си како река што незапирливо тече! Мајко моја,ти си извор вечен! Те сакам ,почитувам , ти пеам! Вечно да си жива ,весела и здрава! Семина Бизатоска

Ја сакам мојата мајка.


Мајка Таа милна душа што многу нѐ сака и кога сме болни со нас трга мака. Нѐ расне, нѐ храни и чисто нѐ мие. Кога сме тажни, в прегратка нѐ крие. Нигде нема таква сила ко мајчина љубов драга, света, мила. Амер Азизоски Мојата мајка Твојата мисла мајко, секаде ме води, многу ти благодарам, мене што ме роди. Светиш како сонце ме топлиш, ме грееш, имаш глас ко славеј, кој секогаш пее. Долгокоса, црноока, нежна како свила, со благ збор за секого многу си ми мила. Мирела Цаноска


Мајка ми Секоја вечер уморна се враќа, работи во фабриката ,,Браќа". Кога ќе ме погали со испуканата рака, јас ја чувствувам нејзината мака. Мајка ми работи тешка работа, се одмора дури во сабота. Јас без неа не можам еден час, колку ли ја сакам јас. Селма Рамадани 8 Март Денот е убав и прекрасен, го очекувам со голема љубов и радост. Денот кога мојата мајка е среќна и задоволна, а јас со цвет во рака ѝ го честитам овој свечен ден, ден на секоја мајка и жена- Осми март. Мила моја мамо, нека ти е среќен празникот, сега и секоја година! Арнел Ибушоски

Порака за мојата мајка Мила мајко! Секое утро се будам со чувство на среќа и радост што те имам тебе.Ти си нежна, насмеана и за мене сѐ би направила. Постојано биди со мене, мајко драга, сакај ме , чувај ме, а јас со учење, почит и разбирање ќе ти возвратам. Толку сум среќна што те имам и ти благодарам за тоа што си ти! Зијада Асаноска

Мајка Ја гледам мајка ми како китка од бел цвет, нејзините меки раце, се пролетна југовина, што се вивнува во мартовска розевина. Во срцето носи спокој, и надежи големи, за празникот, за цела година. Симона Бадалоска

За мајката Кога некој ќе го изговори овој збор, веднаш помислувам најмило, најубаво нешто на овој свет. Секогаш кога таа личност е до тебе и со своите топли и нежни раце ја гали твојата коса, се чувствуваш многу поубаво и посигурно. Мајката е таа што нѐ родила, нѐ одгледала и сѐ добро што знаеме сме научиле од неа. Нејзиниот глас толку е убав, милозвучен и секогаш знаеме дека од тој глас ќе чуеме поддршка, совет и неизмерна мајчинска љубов. И никој да не се сомнева дека од неа ќе ја добиеме сета љубов на овој свет. Таа е нашиот родител, таа е нашата мајка. Викторија Станкоска


Мојата Мајка

Мојата мајка е мила нежна ко свила, убава ко шарен цвет во целиот цвет. Таа е како сонце што ме грее и убави песни таа ми пее. Мојата мајка е многу драга, секогаш весела со насмевка блага. Ахмет Цаноски

Среќен празник Од сините мамини очи нежност и топлина се точи. Тие силно зрачат навистина ми значат. Насмевка мајчина ме грее, како сонце овошје што зрее. Јас и мама-небесна шир, полетана птица за мир. Штом ме гали со рака, поминува најголема мака. Во нејзиниот глас, секогаш наоѓам спас. Оливер Дишлиевски


Ова се само дел од личните творби на учениците од ООУ„Единство“, Октиси

Е-книга е подготвена по повод Месецот на книгата(15 октомври-15 ноември)

Е-книга ја подготви Роземак-www.rozemak.ucoz.com

Читајте! Творете! Насладувајте се со најголемото богатство -книгата!

Роземак,2012год.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.