ТЕМАТСКО- ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ
1.Тематска целина 9-мај 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто 4. Конкретни цели: - да ги применува правилата за слеано пишување на зборови; - да ги разликува основното и преносното значење на зборовите користејќи ги во збогатувањето на своето изразување; - да ги знае правилата за употреба на интерпункциските знаци; - да ги уочи деталите во описите и нивното значење; - да селектира податоци при пишувањето вест и извештај; - да применува драмско читање (глас,дикција,движења и сл.); - да умее да импровизира при изведба на драмски текст(мимики, гестови, движења, глас и сл,); - да знае писмено и усно да раскажува и да прераскажува.
Ред. Структура на бр. тематската целина 9.1 Јазик - Слеано пишување на сложените зборови - Вежби за слеано пишување на сложените зборови - Основно и преносно значење на зборовите -Интерпункциски знаци: точка,запирка,прашалник,две точки. Изразување 9.2 - Опишување: „Огледалце од детството“ од П.Домазетовски и „Елка“ од М.Воронкова - Опишување ликови и личности- извадоци од
Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина
2
2
вкупно
2
4
3
5
9.3
9.4 9.5
учебник - Известување и вест - Раскажување и прераскажување: „Изгубеното ќесе“ од Б.Бојаџиски и „Кој треба да се срами“ од П.Дубочкин (два часа) Творење - Писмена работа-опис на лик или личност - Поправка на писмената работа (два часа) Лектира -по договор Медиумска култура -Улогата на режисерот,актерот,кос тимографот,сценогра фот („Спасувачка улога“од Р.Јовчевски) - Драматизација (сценски изведби)текстови: „Огледалца“ од Ј.Стрезовски и „Маките со саатот“ од В.Иљоски (два часа )
1
2
3
/
1
1
1
2
3
16 часа Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1. Слеано пишување на сложените зборови; 2.Вежби за слеано пишување на сложените зборови;ИКТ 3.Опишување: „Огледалце на детството“ од П.Домазетовски и „Елка“ од М.Воронкова;
Прва седмица од мај
4.Медиумска култура: Улогата на режисерот,актерот,костимо графот и сценографот („Спасувачка улога“ од Р.Јовчевски) ИКТ 5.Опишување лик и личност-преку извадоци од учебникот; 6.Писмена работа-опис на лик или личност; 7. Известување и вест-примери од учебникот;ИКТ
Втора седмица од мај
8. Основно и преносно значење на зборовите;
9.Поправка на писмената работа; 10.Поправка на писмената работа ;
Трета седмица од мај
11.Драматизација (сценска изведба)-текстови: „Огледалца“ од Ј.Стрезовски и „Маките со саатот“ од В.Иљоски 12.Драматизација (сценска изведба)-текстови: „Огледалца“ од Ј.Стрезовски и „Маките со саатот“ од В.Иљоски;
13. Раскажување и прераскажување:Текстови „Изгубеното ќесе“од Б.Бојаџиски и „Кој треба да се срами“од П.Дубочкин; 14.Раскажување и прераскажување:Текстови „Изгубеното ќесе“од Б.Бојаџиски и „Кој треба да се срами“од П.Дубочкин; 15.Интерпункциски знаци: точка,запирка,прашалник,две точки;
Четврта седмица од мај
16.Лектира-по договор.
Развојно -процесно планирање Јазик,9.1 Цели
Наставна содржина
- Да ги применува правилата за слеано пишување на зборови; - да ги разликува основното и преносното значење на зборовите користејќи ги во збогатувањето на своето изразување; - да ги знае правилата за употреба на интерпункциските знаци; -да ги разликува интерпункциските и правописните знаци; -да примени стекнати знаења во вежби и диктат. 1. Слеано пишување на сложените зборови; 2.Вежби за слеано пишување на сложените зборови -ИКТ 3.Основно и преносно значење на зборовите; 4.Интерпункциски знаци: точка, запирка, прашалник, две точки.
Активности
(1) Слеано пишување на сложените зборови; - Наставникот подготвил план за текот на часот, ги предвидел активностите и целите кои ќе се реализираат; подготвил примери за слеано напишани сложени зборови; ја појаснува наставната содржина, помага при нејзината реализација. - Учениците согледуваат и изнесуваат заклучоци; применуваат знаења при пронаоѓањето и толкувањето на слеано напишаните сложени зборови; работат во двојки разменувајќи мислења; читаат текст во учебник и бараат слеано напишани сложени зборови во други текстови во учебникот. - Низ прашања поставувани од наставникот и вежбата (речениците) на таблата, се повторсуваат знаењата за сложените зборови. - Низ прашања ги толкуваат нагласените зборови и се изведува заклучок за тоа што значат неологизмите; од учебникот, низ примерите за начините на кои настануваа. - На табла има реченици во кои ги откриваат и толкуваат слеано напишаните зборови. (2)Вежби за слеано пишување на сложените зборови -Разговор со учениците за учената содржина(слеано пишување на сложените зборови); -Наставникот изготвува вежби за слеано пишување на сложените зборови; *Примена на ИКТ преку квиз FlashCards (3)Основно и преносно значење на зборовите -Низ прашања и примери подготвени од наставникот, учениците да го разликуваат лексичкото и граматичкото значење на зборовите. Така заклучуваат дека зборот не е единка во јазикот, туку тој е во некаков однос (врска) со другите зборови според: а) Формата (надворешна страна) б) Значењето (внатрешна страна) Пример: Зборот крило е таков по форма; а според значење може да означува: крило на авион, крило на птица; крило од зграда. Преку содржините во учебникот се запознаваат со основното и преносното значење на зборовите -Читаат од тетратките свои примери и согледуваат разлики. Пишуваат свои примери и ги презентираат. -цртање шеми-вежби за повторување ,проширување и стекнување знаење за основно и преносно значење на зборовите; (4)Интерпункциски знаци: точка, запирка, прашалник, две точки. - Наставникот, подготвува наставни ливчиња (или план на табла) со содржината; дава објаснувања, посочува примери, подготвува вежби. - Учениците ја согледуваат употребата на овие знаци низ објаснувањата и примерите; потоа ги применуваат во вежбите. -наставникот подготвува наставни листови за повторување учени содржини( со помош на ИТ); -учениците разгледуваат примери и учествуваат во донесување заклучоци за содржини од правопис; -заклучоци од објаснувањата-заклучок според вежбите; -вежби низ разговор,пишување,анализа на реченици и текстови,објаснување,заклучоци;
-примена на знаењата(индивидуално)-презентирање на вежбите. -се подготвуваат табели со вежби(по можност со ИТ) за правописните правила; -наставникот дава објаснување за разликите меѓу интерпункциски и правописни знаци-на сличен начин ,со вежби,табели; -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-вежби за проверка; -наставникот подготвува вежби-диктат за овие содржини со цел оценување на учениците; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат на правилна употреба на интерпункциските знаци при пишувањето (писмена работа-поврзување на содржините). Средства и услови Форми и методи Оценување
Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ,се` што ќе произлезе од самата тековна работа. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(диктат),аналитички лист,лист за следење,лист за проверка.
Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Изразување 9.2 Цели
Наставна содржина
Активности
-Да умеат да уочат описи преку текстови од учебникот; -да умеат да согледаат опис на лик и личност и начините со кои се прават описите и сами да опишуваат лик и личност; -Да прават разлика меѓу известување и вест согледувајќи ги нивните карактеристики; -Да умеат да раскажуваат и прераскажуваат со стилски обоени реченици. 1. Опишување: „Огледалце од детството“ од П.Домазетовски и „Елка“ од М.Воронкова; 2.Опишување ликови и личности- извадоци од учебник; 3.Известување и вест;ИКТ 4.Раскажување и прераскажување:„Изгубеното ќесе“ од Б.Бојаџиски и „Кој треба да се срами“ од П.Дубочкин (два часа). (1) Опишување: „Огледалце од детството“ од П.Домазетовски
и „Елка“ од М.Воронкова; -Наставникот, во зависност од бројот на учениците формира групи; им дава упатство дека секоја група посебно, во учебниците, бара делови во текстовите во кои има описи; ја запишуваат на лист страницата, насловот на текстот, го обележуваат описот со знак; бележат со кое учено изразно средство тоа е направено и додаваат со што тие би го прошириле описот. -Групите работат дел од часот; во другиот дел од часот, секоја група го презентира сработеното; самите групи одредуваат која група најуспешно ја извршила задачата. За дома: Секој ученик индивидуално пишува состав на тема „Мојот омилен опис“ според даден план. Предлог за планот: - Која е мојата омилена личност. - Зошто е тоа моја омилена личност. - Опишување на неговиот изглед (надворешни особености). * Напомена: Да се применуваат и знаењата за стилски богати реченици. (2)Опишување ликови и личности- извадоци од учебник; Анализа на домашните задачи. (Состав на тема – опис на личност која ми е омилена) -Низ прашања, како вовед, повторување на знаењата за опишувањето како форма на изразувањето, за видовите описи (лик, пејзаж, екстериер, ентериер, природна појава, предмет и сл.); за примената на изразните средства, на аудитивните и визуелните елементи со кои се збогатуваат речениците. -Ученици читаат состави, другите слушаат, водат белешки, дискутираат за успешноста на направените описи, за примената на стилските фигури, за речениците, читањето и ги вреднуваат задачите. -И наставникот низ дискусија (објаснување) ги вреднува составите, ги прегледува и укажува на евентуалните правописни грешки. -Учениците сами ги издвојуваат најуспешните состави со кои ќе го збогатат ѕидниот весник. Вреднување на знаењата: Составите кои ќе бидат прочитани, ќе бидат и вреднувани со дискусија и објаснување. За дома: да се подготват за трета писмена работа на тема описи на лик или личност (3)Известување и вест;ИКТ -Наставникот дава објаснување за известување и вест и пишува на табла. Се прави споредба со вест (како форма на изразување); од шемата на учебникот се вршат дополнителни објаснувања. Пребарување на интернет. (4)Раскажување и прераскажување:„Изгубеното ќесе“ од Б.Бојаџиски и „Кој треба да се срами“ од П.Дубочкин (два часа). -Наставникот ги упатува на активностите на часот, начин на презентирањето на фабулата, водењето белешки за дискусија, вреднувањето. -Учениците ги презентираат своите подготовки зараскажување и прераскажување на текстот. -Ученици дискутираат за успешното презентирање и го вреднуваат чуеното, според претходните укажувања на наставникот. -Наставникот укажува на начинот и точноста во прераскажувањето на текстовите, стилските обележја и ја објаснува оценката. -По текстовите се изработува план-учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот;
Средства и услови Форми и методи Оценување
Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за изучување на содржините ИТ,видео камера,хамер сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверка и др.ПЕП стандарди
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ ____________________________________________________________________
Творење 9.3 Цели
Наставна содржина
-да умее усно и писмено да се изразува со стилски збогатени реченици; -да примени знаења од литература и јазик во творење; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за одредени прашања ,да разграничува позитивно од негативно. 1.Писмена работа; 2.Поправка на писмената работа(2 часа); -Учениците пишуваат домашна задача на тема поврзана со опис на лик и личност како подготовка за писмена работа -Се прави писмена работа што наставникот ја оценува; Тема:Опис на лик или личност -на часовите за поправка се дискутира,чита,анализираат и поправаат грешки: а) Содржинска поправка на писмените работи б) Стилско-јазична и правописна поправка За првиот час: По општиот осврт на наставникот за писмените работи, учениците ги читаат своите состави, со различни постигнати резултатити; Учениците низ дискусии, со помош на наставникот, ги согелдуваат различностите во успешноста на писмените работи и зошто се вреднувани со соодветната оценка. За вториот час: Наставникот селектирал стилски, јазични и правописни грешки; повикува ученици на табла кои ги запишуваат грешките и вршат корекции на истите, со објаснување на истите. Учениците, исто така, ги запишуваат примерите од табла и корекциите.
Средства и услови Форми и методи Оценување
-најдобрите состави се објавуваат на ѕидниот весник и веб- страницата; Училница,учебник,табла,креда,тетратки,набљудување на пејзаж, видео камера,ИКТ. Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување,илустративнодемонстративен метод Преку активностите и вежбите: оценка, ППИ ,УПИ,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето
Лектира 9.4 Цели
Наставна содржина Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-Да умее самостојно да го доживува делото; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да умее усно и писмено да анализира лик,да одговара прашања; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Лектира-по договор со учениците
-Наставникот претходно се договара со учениците и дава за задача да се прочита делото и кратко писмено обработи делото во тетратка за лектира; -Наставникот дава упатство за изработка на лектирата; -Учениците самостојно ја читаат и дома,го прераскажуваат (може и преку прашања дадени од наставникот); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на делото; - Наставникот прави споредба со други дела со слична содржина; -учениците читаат свои обработки; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на прераскажување-редослед на настаните,јасноста,граматичката точност; -Се работи во групи, се анализираат ликовите,сопствена замисла-се издвојуваат нивните особини се опишува надворешниот изглед ,се следат нивните постапки; - се изработуваат дидактички материјали;; -Најдобрите изработки се изложуваат во кабинетот по македонски јазик; -Часот може да се сними со видео камера(видео час); Училница,табла,креда,упатства за изработка на лектирата претходно дадени,прашања за содржината на делото,тетратки за лектира,Лектирата,хамер или листови поголем формат,,фломастери и сл. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците,скала на проценка ,листа за проверка-презентацијата .
Медиумска култура 9.5
Цели
Наставна содржина
Активности
-Да умеат да ја согледаат улогата на режисерот, актерот, костимографот и сценографот; -да драматизираат текстови; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Улогата на режисерот,актерот,костимографот,сценографот („Спасувачка улога“од Р.Јовчевски) ИКТ 2.Драматизација (сценски изведби)-текстови: „Огледалца“ од Ј.Стрезовски и „Маките со саатот“ од В.Иљоски (два часа ) (1)Улогата на режисерот,актерот,костимографот,сценографот („Спасувачка улога“од Р.Јовчевски -Се чита текстот и се анализира; -Со прашања од наставникот, се поведува дискусија кој се` учествува во создавањето на театарската претстава. -На табла се прави табела во која се бележат нивни размислувања. Предлог: (Се пополнува од искази на ученици.) Режисер -
актер -
Костимограф -
сценограф -
− Се пополнува табела, но и се впишуваат кажувања од ученици.
-Се изработува презентација за улогата на режисерот, костимографот, сценографот и актерот во театарската претстава. (2)Драматизација (сценски изведби)-текстови: „Огледалца“ од Ј.Стрезовски и „Маките со саатот“ од В.Иљоски (два часа ) - Наставникот подготвил книга (или книги) во кои има предговор, поговор, глави; ги подготвил: текот на часот, активностите и целта на часот; објаснува како да ги подготват текстовите „Огледалце“ и „Маките со саатот“ за драматизација (поделба на дијалозите по улоги, читам на останатите делови во текстот). - Учениците донеле книги; следат објаснувања, бараат и посочуваат делови од книгата; извлекуваат заклучоци за деловите на книгата и истите ги проверуваат и утврдуваат од учебникот (каде што и се појаснети); подготвуваат и реализираат драмско читање по улоги.(од учебникот). - Читање, разговор, објаснување, употреба на книга и на текст. - Различни книги донесени од учениците, учебникот.
Средства и услови Форми и методи Оценување
Училница,табла,креда,листови,книги и др. Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците ,листа за проверка-презентацијата .
Интеграција(поврзување) на часовите: Час: 1, 2, 8, 15 - Слеано пишување на сложените зборови - Вежби за слеано пишување на сложените зборови - Основно и преносно значење на зборовите - Интерпункциски знаци. Час: 3, 5, 7 - Опишување: „Огледалце од детството“ од П.Домазетовски и „Елка“ од М.Воронкова - Опишување ликови и личности- извадоци од учебник - Известување и вест Час: 6, 9, 10 - Писмена работа-опис на лик или личност - Поправка на писмената работа (два часа) Час: 13, 14, 16 - Раскажување и прераскажување:„Изгубеното ќесе“ од Б.Бојаџиски и „Кој треба да се срами“ од П.Дубочкин (два часа) - Лектира-по договор Час: 4, 11, 12 - Медиумска култура: Улогата на режисерот,актерот,костимографот,сценографот („Спасувачка улога“од Р.Јовчевски) - Драматизација (сценски изведби)-текстови: „Огледалца“ од Ј.Стрезовски и „Маките со саатот“ од В.Иљоски (два часа )
Очекувани резултати по деветтата тематска целина - Знае учени содржини од Речник и стил- основно и преносно значење на зборовите; -знае правописни и интерпункциски знаци; -умее правилно да пишува слеани сложени зборови; -опишува лик и личност; -разликува известување и вест; -умее драматизира; -самостојно твори по дадена тема за писмена работа; -самостојно анализира лектирно дело; -раскажува и прераскажува. -изработува творби за веб-страницата Роземак;
-работи тимски и изработува ѕиден плакат; -применува стекнато знаење во вежби-диктат;
Примена на ИКТ во деветтата тематска целина Наставна содржина 1.Вежби за слеано пишување на сложените зборови 2. Известување и вест 3. Медиумска култура: Улогата на режисерот,актерот,костимографот,сценографот („Спасувачка улога“од Р.Јовчевски)
Време на реализација мај мај мај
Ресурси Вежби на компјутер FlashCards www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com www.rozemak.ucoz.com www.rozemakrozemak.blogspot.com Презентација
Забелешка:Преку веб-страницата и блогот Роземак, континуирано се применува ИКТ во наставата по македонски јазик На наставникот по македонски јазик му се остава слобода да врши замена на часовите поради одредени технички проблеми и немање интернет врска.