ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ 1.Тематска целина 7-март 2.Наставен предмет:македонски јазик 3.Одделение на изучување:шесто
Ред. Структура на бр. тематската целина 7.1 Јазик а)Броеви-граматички категории кај броевите; б)Бројни форми за лица; в)Приближна бројност; г)Вежби-проверка (броеви). Литература 7.2 1.Форми на раскажување а)Наратор(раскажувач) во прво лице; б)Наратор(раскажувач) во трето лице; в)Вежби за наратор. 7.3
7.4
Медиумска култура а)Документарен филм; б)Гледање и анализа на документарен филм. Изразување и творење а)Подготовка за писмена работа; б)Втора писмена работа; в)Поправка на писмената работа; г)Продолжување текст со даден почеток.
Број на часови обработка на Друг вид нова активност содржина
вкупно
3
1
4
2
3
5
1
1
2
/
5
5
16 часа
Распоред на наставните содржини во временска рамка: 1.Граматички категории кај броевите; 2.Интерпретација на текстот,,Леб за тате“-Велко Неделковски;поим за наратор; 3.Анализа на домашна задача:,,Направив добро дело“;вежби за наратор во прво лице; 4.Документарен филм; 5.Гледање и анализа на документарен филм; 6.Бројни форми за лица;
Прва седмица од март
Втора седмица од март
7.Интерпретација на текстот ,,Илиевата мајка“-Глигор Поповски;наратор во трето лице; 8.Анализа на текстот ,,Илиевата мајка“-Г.Поповски;вежби за наратор во трето лице; 9.Приближна бројност; 10. Вежби за проверка на знаењата за броеви;
Трета седмица од март
11.Продолжување на текстот,,Двете ѕвезди“-Петко Домазетовски; 12.Подготовка за писмена работа;
13. Втора писмена работа; 14. Групна форма на работа според стр.51 од учебникот; 15.Поправка на писмената работа ; 16. Поправка на писмената работа.
Четврта седмица од март
Развојно процесно планирање Јазик,Морфологија,7.1 Цели
-Да знае броеви; - да ги препознава броевите според состав(прости и сложени); -да ги определуваат граматичките категории кај броевите(род,број и определеност); -да ги согледа заедничките особености со именската група зборови(грам.категории); -да разликува определена(точна) и п; риближна бројност;
Наставна содржина Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-да ги разликува бројните форми за лица; -да примени стекнати знаења во вежби. 1.Броеви-граматички категории кај броевите; 2.Бројни форми за лица; 3.Приближна бројност; 4.Вежби-проверка на знаењата за броеви. -Разговор со учениците за учени содржини(морфологија-поим,поделба); -Наставникот изготвува вежби за повторување на учени содржини од претходните тематски целини(именска група); -цртање шеми за повторување и проширување на знаења за новата наставна содржина:Граматички категории кај броевите; -наставникот покажува шема за броеви -поделба на броеви(може и со помош на ИТ; -учениците разгледуваат и учествуваат во донесување заклучоци за броевите и нивната поделба(прости и сложени;точна бројност и приближна бројност) -заклучоци од објаснувањата-заклучок според шемата; -вежби низ разговор,пишување,анализа на реченици и текстови,објаснување,заклучоци; -примена на знаењата(индивидуално)-презентирање на вежбите. -се подготвуваат табели со вежби(по можност со ИТ) за граматички категории кај броевите(род,бројј,определеност) ,наставни ливчиња за примена на стекнато знаење; -наставникот дава објаснување и за бројни форми за лица; -по пат на разни игри ,наставникот прави овие содржини да бидат поинтересни и прифатливи за учениците; -дел од содржините се објавуваат на блогот:www.rozemak-rozemak.blogspot.com или на веб-страната www.rozemak.ucoz.com -учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот,решавајќи ги вежбите и соработувајќи; -подобрите ученици им помагаат на послабите работејќи во парови; -наставникот,следи,забележува,вреднува ,оценува-вежби за проверка; -наставникот подготвува вежби за броеви со цел оценување на учениците; -во заклучокот на овие содржини,учениците се упатуваат и поттикнуваат на правилна употреба на броевите при пишувањето и усното изразување. Стандардно опремена училница,учебник,шеми,табели.табла,креда,креди во боја,тетратки,илустрации,ИКТ,се` што ќе произлезе од самата тековна работа. Индивидуална,групна,фронтална,парови;разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод(др. методи кои ќе произлезат во текот на работата) Преку активностите:шеми,табели,УПИ,ППИ(контролна задача),аналитички лист,лист за следење,лист за проверка.
Вреднување,измени и дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Литература,7.2 Цели
Наставна содржина
Активности
Средства и услови Форми и методи Оценување
-да определува наратор(прво и трето лице); -да интерпретира и анализира текст; -да дискутира за поимот наратор како форма на раскажување; -да примени знаење за наратор во вежби од различен тип; -да умее да пронаоѓа објаснување на непознати и архаични зборови; -да знае да пронајде извори на знаења за да се подготви за час(библиотека,речник,зборници,збирки со народни творби,интернет и сл.) . Форми на раскажување 1.Интерпретација на текстот,,Леб за тате“-В.Неделковски;поим за наратор 2.Анализа на домашна задача:,,Направив добро дело“;вежби за наратор во прво лице; 3.Интерпретација на текстот ,,Илиевата мајка“-Г.Поповски;наратор во трето лице; 4.Анализа на текстот ,,Илиевата мајка“;вежби за наратор во трето лице; 5.Групна форма на работа според стр. 51 од учебникот. -Наставникот поставува прашања со цел потсетување и утврдување на претходно стекнати знаења за фабула и содржина; -Наставникот поттикнува активности за определување и разликување на формите на раскажување; -Се читаат и разработуваат текстовите:,,Леб за тате“, ,,Илиевата мајка“;; -Наставникот подготвува прашања, шеми,дава домашни задачи како помош при изведување на заклучоците; -Наставникот помага при определување на темата во текстовите,а учениците самостојно ги прераскажуваат и анализираат текстовите ; -Учениците самостојно откриваат во кое лице се раскажува во соодветниот текст; -По текстовите с изработува план-учениците активно учествуваат во секој сегмент од часот; -Ги дели во групи со цел утврдување и примена на знаењето за форми на раскажување (задачи од стр.51 од учебникот); -Часот ќе биде интерактивен со максимално учество на учениците,(снимен со видео камера),примена ИТ,изработка плакат и се` друго што ќе произлезе во тековното работење; -Наставникот посочува средства и начини за подготовка на часот(ги дели во групи,им помага во пронаоѓање извори за работа); -Посебно се нагласува литературното изразување,убавите и стилски реченици,правописот и правоговорот; -Се водат дискусии по презентацијата на задачите,а потоа се оценува и вреднува. Училница.табла,креда,учебник,шеми,друга дополнителна литература корисна за изучување на содржините ИТ,видео камера,хамер сл. Фронтална ,индивидуална,групна,парови; разговор,текстметод,објаснување,илустративно-демонстративен метод Преку активностите и вежбите:УПИ,ППИ,самооценување,листа за проверкаи др.ПЕПстандарди
Вреднување,измени,дополнување на планирањето _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________
Медиумска култура,7.3 Цели
Наставна содржина Активности
Средства и услови
-Да се повтори и прошири знаењето за филм; -да знае документарен филм; -да анализира документарен филм; -да се изразува усно и писмено со сопствени зборови,граматички точно ,со јасни и убави реченици; -да се оспособува аргументирано да дискутира со стилски збогатени реченици. 1.Документарен филм; 2.Гледање и анализа на документарен филм. -Наставникот претходно дава задача да се повторат учените содржини за филм; -Поставува прашања и подготвува вежби за повторување на содржините за филм -Наставникот дава насоки за обработка на оваа содржина-документарен филм; -Пронаоѓа и презентира документарен филм преку Интернет,ДВД или претходно најавен на ТВ; -Учениците внимателно ги следат објаснувањето на наставникот и активно учествуваат во дефинирањето на документарниот филм (може и преку прашања дадени од наставникот); -учениците прават план во тетратките за особеностите на документарниот филм(во табела); -Наставникот поттикнува со прашања на дискусија и обработка на содржината на проследен документарен филм; - Наставникот прави споредба со други документарни филмови со слична содржина; -учениците читаат свои обработки; -учениците поделени во групи следат документарен филм; -Групите добиваат различни задолженија:по план да се анализира гледаниот филм; да се подготви план за снимање документарен филм; -Групите работат по задолженијата,а наставникот ги следи и помага; -Наставникот внимателно ја следи презентацијата на учениците,а потоа се дискутира и вреднува(наставникот и учениците); -Наставникот јавно коментира и оценува ,а води и свои белешки во кои ги следи учениците; -посебно се нагласува начинот на анализа-редослед на настаните,јасноста, граматичката точност; -се разговара за можност за снимање документарен филм за училиштето или друга тема; -На веб страната се објавуваат содржини за документарен филм. Училница,табла,креда,листови,Интернет,ДВД,ТВ ,Прирачник за филм и др.
Форми и методи Оценување
Фронтална,индивидуална,групна;разговор,текст метод,илустративно-демонстративен метод,пишување,објаснување Преку активностите и вежбите:УПИ,самооценување,дискусија,белешки за следење на учениците ,листа за проверка-презентацијата .
Изразување и творење,7.4 Цели
Наставна содржина
Средства и услови Форми и методи Оценување
-да умее писмено да се изразува со стилски збогатени реченици; -да примени знаења од литература и јазик во творење -писмена работа; -да знае да истакне свој став,свои размислувања за одредени прашања ,да разграничува позитивно од негативно; 1.Подготовка за писмена работа; 2.Втора писмена работа; 3.Поправка на писмената работа(содржинска); 4.Поправка на писмената работа(јазична и стилска); 5.Продолжување на текстот ,,Двете ѕвезди“. -На час за подготовка на писмена се разговара за темата ; -Претходно наставникот дал домашна задача:,,Книгата е мој најдобар другар“; -По дадени упатства ,учениците напишале состав; -на часот се читаат, анализираат домашните задачи,се дискутира по нив,се даваат совети како да се поправат; -Самостојно работат писмена работа; -На часовите за поправка се анализираат писмените(содржински и јазично-стилски); -најдобрите творби ќе бидат објавени на ѕидниот весник ,на веб страницата:www.rozemak.ucoz.com; -Се продолжува текстот ,,Двете ѕвезди“,учениците самостојно творат; -се читаат текстовите ,се дискутира,се вреднуваат; -најдобрите се објавуваат на ѕидниот весник и веб страната; -на додатна настава текстот се чита и се снима убаво изразно читање по кое ќе се изработи видео клип. Училница,учебник,табла,креда,тетратки,тетратки за писмена работа,снимање на глас со мобилен,или видео камера,па монтирање . Фронтална, индивидуална;разговор,текст-метод,пишување Преку активностите и вежбите: оценка со ППИ ,УПИ,следење со белешки од страна на наставникот и др.ПЕП стандарди.
Вреднување,измени,дополнување на планирањето
_____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ _____________________________________________________________________ ___ Интеграција(поврзување) на часовите: - Час 2,3,7,8,11,13,14: Форми на раскажување-наратор - Час 1,6,9,10: Броеви-категории - Ча с 4,5: Медиумска култура-Документарен филм - Час 12,13,15,16:Изразување и творење:Писмена работа
Очекувани резултати по седмата тематска целина - Знае учени содржини од морфологија-именска група(бројот како дел од именската група);
-знае броеви(точна и приближна бројност); - разликува и препознава род,број,определеност кај броевите; -умее правилно да определува бројни форми на лица; -знае форми на раскажување; -го открива нараторот(прво и трето лице); -интерпретир;а текст; -знае документарен филм ; -следи и анаализира документарен филм; -самостојно твори писмена работа на определена тема; -работи во двојки и тимски и изработува ѕиден плакат;
-учествува во снимање видео час; -применува стекнато знаење во вежби и писмена работа..