Svetlina17

Page 1

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА СПИСАНИЕ ЗА ПРАВОСЛАВНА ВЕРА, КУЛТУРА И ОБРАЗОВАНИЕ ИЗДАНИЕ БРОЈ XVII, ГОДИНА V, АПРИЛ 2011

„Јас сум воскресението и животот; кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој, што живее и верува во Мене, нема да умре довека“. (Јов. 11, 25 - 26)

a

v rk

M

C a k vn ija g.m a r sl arh ja.o o i av a ep arh r P sk -ep a r a sk rda rsk n a do ova ard e ak P pov w. w w


ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

С ОД РЖ И Н А :

Велигденско послание на Митрополитот Агатангел • Господ така ни вети • Зошто не одам во Црква • Човековиот идентитет • Мрежите на осаменоста • Како глумиме смирение • Наклеветен светител • Од ризницата на светите отци • Писмо 7 - владика Николај • Писмо 18 - владика Николај • Приговор 13 за честото причестување • Нови изданија од „Св. Ѓорѓи Полошки“ •

Дневникот на една мајка - 11 дел

Pravoslavna Svetlina Spisanie za pravoslavna vera, obrazovanie i kultura; broj XVII април 2011, izleguva ~etiri pati godi{no. Izdava~: Povardarska eparhija na Makedonskata Pravoslavna Crkva, Veles. Glaven i odgovoren urednik: Mitropolit Povardarski g. Agatangel. Ureduva~ki odbor: |akon Vlatko Stoimenov, ѓакон Jani Mulev, dipl. politikolog Nikola Cilakov. Dizajn i kompjuterska podgotovka: Nikola Cilakov. Lektura: Kosovka Saveska Pe~ati: “Evropa'92” - Ko~ani www.povardarska-eparhija.org.mk e-mail: info@povardarska-eparhija.org.mk

Spisanieto izleguva so blagoslov na Negovoto Visokopreosve{tenstvo Mitropolitot Povardarski g. Agatangel


†АГАТАНГЕЛ ПО МИЛОСТА БОЖЈА МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, ОДНОСНО ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, А ПО ПОВОД ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН, ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА

Драги браќа и сестри,

Н

ашата вера во вечниот живот е заснована токму на Христовото воскресение. Онака како што Он пострада, беше погребан и воскресна, така и сите починати ќе воскреснат. Ако го нема воскресението, ако Христос не воскреснал, нашиот живот би бил бесмислен. Дури и кога би можеле животот на земјата да го уредиме, така што во него да нема болести, страдања и неправди, сепак, поради сознанието дека крајот на нашиот живот е смртта, ние луѓето би биле крајно несреќни и незадоволни. Христос со своето воскресение покажа дека смртта е немоќна. Победен е најголемиот непријател на човековиот живот - смртта! Затоа овој ден е ден на радоста. Овој свет без Бога престојува во мрак. Но во тој мрак свети вечната светлина и темнината не може да ја победи. Затоа на денот кога го празнуваме Воскресението носиме запалени свеќи, за симболично да ја покажеме непобедливата сила Христова, која е светлина и живот. Светлината и животот секогаш одат заедно. Каде што има сонце, таму има и живот. Животот не може да опстојува во темнина. Така е и во духовниот свет - таму каде што има духовна светлина, таму каде што Евангелската светлина свети во душата на човекот, таму има и духовен живот, бесмртност, има трајни вредности, има светлина која од Бога излегува и која нè доближува до Него. Воскресението Христово е најголемиот настан во историјата на човештвото. Во него се состои суштината на нашата вера, суштината и основата на христијанството и на нашето спасение. Навистина луѓето би биле несреќни ако Христос не му го објавеше на светот Своето божествено учење за правдата, братската љубов и моралната чистота. Но, луѓето би биле загубени за вечниот живот ако Он не воскреснеше и ако не докажеше дека е Господар на животот и смртта.

2

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


Но, Христос воскресна и со тоа ја покажа божествената и спасоносната сила која е во Него. Таа моќна и благотворна сила најсилно допира до човечките души во пасхалните денови. Радоста поради Христовото воскресение не ги обзема само луѓето, таа ги обзема и небото и земјата, сета видлива и невидлива природа. Насекаде се покажува и насекаде триумфира силата на животот. Осилото на смртта е затапено, направено е да биде неповредливо. Човечката душа се чувствува како на крилја поради верата и надежта дека Христос, Кој има божествена моќ и Самиот да воскресне, и нас ќе нè воскресне. По Воскресението Христово човечката телесна смрт е само привремен сон, нам, на луѓето ни се отворени не само вратите на пеколот, каде што нè туркаат нашите гревови, туку ни се отворени и небесните двери, каде што нè привлекува воскреснатиот Спасител. За оние кои веруваат, постојат скали од земјата до небото, каде што воскреснатиот Спасител, седејќи оддесно на Божјиот престол го подготвил вечното царство на мирот и радоста во Светиот Дух. Христовото воскресение е гаранција за нашето воскресение. Како што пченичното зрно фрлено во земјата умира за да воскресне и да се развие во билка и да донесе повеќе род, така и човечкото тело ќе биде погребано, за да воскресне тело духовно и вечно. Оти по Воскресението распадливото се облекува во нераспадливо, а смртното - во бесмртно. Тогаш ќе се исполнат зборовите - победата ја проголта смртта. Смрт, каде ти е осилката? Пеколу каде ти е победата? (Кор. 15, 53-55). Денот на Христовото воскресение е најголем ден и ден на општа радост во светот. Тој ден е празник над празниците и прослава над прославите. Тој настан не е само во срцата на верните, таа света радост денес се разлева насекаде и ги зафаќа сите битија, ја опфаќа целата природа, ги исполнува небото и земјата. Обземени од таа духовна радост поради Христовото воскресение, да го дополниме и да го продолжиме размислувањето за нашето сопствено воскресение. Христос воскреснал како Богочовек. Оти Тој, Бог Словото, се јавил во тело кое не

3


го примил од ангел, туку од семето на Авраам. Во Него се соединила Божествената со човечката природа. Со тоа соединение човечката природа е проткаена со божествената и е подготвена за вечноста, за која е предодредена. Затоа привремената смрт на телото не може веќе да влијае врз новиот и вечен живот. Зашто Бог нема да ја остави душата на праведниците во пеколот, ниту пак ќе дозволи праведникот да види распаѓање. Бидејќи Христос воскреснал, никој не може да тврди дека и мртвите нема да воскреснат. Оти преку гревот на Адам дошла смртта, а преку Христовата праведност дошло воскресението. И како што сите умираме во гревот на Адам, така и преку праведноста и божествената моќ на Христа сите ќе оживееме. Според тоа, Христос е темелот на воскресението и на вечниот живот на луѓето. Драги браќа и сестри, На денешниот торжествен ден потребно е да дозволиме Христовата воскресна светлина да се пробие во нашите души, да ги облагороди нашите срца и да го осветли нашиот живот. Да се помолиме на Господа, да ни ги прости гревовите, да ја излее Својата семоќна благост врз нас, на нашите деца и на нашите семејствата и во нашите срца да ја утврди верата, љубовта, правдата и милосрдието. Денес е денот, кога треба слободно да пристапиме кон трпезата на радоста, зашто Христос навистина воскресна заради вечна веселба на сите Негови верни и посветени следбеници. Овој ден го создаде Господ за да се радуваме и да се веселиме во него. ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА! МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ † Агатангел (Станковски)

4

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


ГОСПОД ТАКА НИ ВЕТИ Празниот Гроб аа недела на изгрејсонце, римските војници стоеја покрај Гробот, каде што Исус, во петокот вечерта, набрзина беше погребен. Огромниот камен, навален врз отворот, го затворал влезот во гробот. Саботата поминала мирно, а исто така и ноќта меѓу саботата и неделата. Кога во неделата денот почнал да се одделува од ноќта, војниците во темнината забележале една група на жени како одат кон нив. Тоа биле жените мироносици: Марија Магдалина, Марија Јаковова и Јована, кои ги носеле мирисите за да го помажат телото Исусово. Еден стражар им наредил да застанат, па ги прашал кои се и што бараат. - Ние сме пријателки на Оној, Кој овде е погребен. Дојдовме, според нашиот обичај, да го помажеме Неговото тело со мириси. - Па, зошто тоа не го направивте кога Го погребувавте? - Доцна беше, почнуваше Пасха и не можевме да купиме мириси, колку што ни требаат. Стражарот го испрати својот помлад другар до старешината да побара дозвола, па се сврти кон мироносиците и им рече: - Како мислите да го навалите огромниот камен, кога вие сте само жени? - Не знаеме... За тоа размислувавме и по пат... Веќе се разденуваше. Недалеку од патеката, која водеше кон Гробот, мироносиците здогледаа двајца младичи во градината. Еден од нив радосно им се обрати на жените: - Зошто го барате Живиот меѓу мртвите? Не е овде! Стана! Зачудените жени погледнаа кон Гробот. Сега веќе јасно можеше да се види дека каменот е навален и дека Гробот е отворен. Кога се свртија да ги прашаат момчињата зошто е тоа така, тие веќе не беа тука. - Што се случува? – запраша стражарот, па притрча кон Гробот. Во исто време пристигна и офицерот. Сите се вознемирија. Римскиот капетан почна да ги испрашува стражарите. Еден по друг се заколнуваа дека совесно ја извршувале својата должност и дека никаде од Гробот не се оддалечувале. - Па тогаш, кој го навалил огромниот камен? – запраша капетанот. - Сè беше мирно, одговорија војниците. Никој не дојде, сè до утрово, додека не дојдоа овие жени, за кои веднаш ви јавивме. Капетанот влезе во Гробницата. Кога по кусо време излезе, тивко рече: „Значи, вистина е. Дури сега ќе почне. Дури сега сè ќе почне...“ – па замина да јави што се случило.

Т

5


Исус им се јавува на Марија Магдалина и на апостолите постолите беа скриени во една куќарка на периферијата од Ерусалим. Андреј тивко праша за она, за кое веќе сите размислувале: - Што ќе правиме сега? - Прво мораме да се прибереме, рече Петар, а потоа да размислиме што би посакал Учителот да направиме, да беше со нас, па тоа и да го направиме. - Учителот е мртов, - рече Тома и воздивна. Одеднаш се слушнаа нечии брзи чекори. Марија Магдалина влезе во собата. Лицето ѝ беше озарено од силна радост. - Петар! Матеј! Сите вие! Го видов! - Кого го виде? – запрашаа сите во еден глас. - Учителот! Го видов со сопствените очи. Го видоа и Марија и Јована. - Што зборуваш? – рече Јован па стана. - Господ воскресна кога ви велам! Он е жив! Учителот навистина воскресна! – возбудено говореше Марија Магдалина. - Тоа не е можно, - рече Тома. Марија не се ни заврте, туку продолжи: - Утрово, кога пристигнавме до Гробот со мирисите, во градината видовме двe момчиња, облечени во облеки како од светлина да беа направени. Кога побаравме од војниците дозвола да влеземе во Гробницата, едно од тие момчиња ни рече: „Зошто Го барате Живиот меѓу мртвите? Не е овде! Стана!“ Се приближивме поблиску и лично се уверивме дека каменот е навален од Гробот. Кога се завртивме да ги прашаме момчињата, тие веќе беа исчезнати. Потоа го побаравме Телото, но и тоа не беше во Гробот. - Мора војниците да го имаат однесено некаде, - рече Тома. - Но, продолжи Марија, во градината сретнав Некој друг, за кого прво помислив дека е градинарот. Ме виде како плачам и праша: „Жено, зошто плачеш и кого го бараш?“ Му одговорив: „Го зеле мојот Господ и не знам каде Го сокриле. Ако си Го зел ти, кажи ми каде си го ставил и јас ќе Го земам“. Тогаш тој ме нарече по име. Ми рече само: „Марија!“ И јас веднаш Го познав дека тоа е Господ. Тоа беше Он, нашиот жив Господ. Паднав на колена пред Неговите нозе, а Он кротко и смирено ми рече: „Не допирај се до Мене, зашто сè уште не сум се вратил при Својот Отец, туку оди брзо и кажи им на браќата дека си ме видела“. Ете, затоа цел пат трчав, за да стигнам што побрзо и да ви јавам. Кога ги виде збунетите лица на учениците, Марија додаде: - Зошто не ми верувате? Го видов со сопствените очи. Го видов и говорев со Него. И вие ќе Го видите, па се заврти и излезе. Јован и Петар потрчаа по неа и тргнаа кон Гробот. Истата вечер, збунетите ученици седеа собрани околу апостол Петар. Тој им раскажуваше како, заедно со Јован, го затекнале празниот Гроб и како ги виделе само Исусовите платна и убрусот од главата како се поставени врз каменот. - Кажи ни, Петре, го прашаа учениците, веруваш ли ти дека Учителот навистина воскресна?

А

6

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


Петар почна бавно да говори, како да се обидува да се потсети на нешто: - Почнувам да верувам. Всушност, Господ така и ни вети. Премногу нè исплашија и збунија настаните, кои се случија во последниве дни, па одеднаш сè заборавивме. Јас прв... Јас трипати се одреков. Сите ние Го напуштивме. Синедрионот Го осуди, но тие не Го познаваа. Ние Го познававме. Ја слушавме Неговата наука, ги гледавме делата кои ги правеше и кои никој пред Него не ги правеше. Тогаш сите бевме сигурни дека Он е ветениот Месија и Спасител. Потоа се исплашивме, и заборавивме, и побегнавме. Но, почнувам да верувам дека Он не нè остави. Другите ги воскреснуваше. Видовме дека ги подигна од мртвите синот на Наинската вдовица и Јаировата ќеркичка. Зошто тогаш би било неможно и Самиот да стане од мртвите? Се слушна некаков шум. Апостолите ги подигнаа главите и – едвај им поверуваа на сопствените очи. Петар само рече: „Учителу!“. Исус стоеше пред нив. - Мир вам! – им рече и им ги покажа своите прободени раце и нозе. – Не плашете се! Јас Сум! Неискажлива радост се покажа на лицата на апостолите. Чувствуваа како некој огромен бран на радост да ги подигна однатре. Се чувствуваа како да се сретнале со некој по долги години разделба. Исус им рече: - Зошто се бавни вашите срца за да поверувате во она, за кое говореа пророците. Зарем не знаете дека е напишано, дека Христос треба да пострада, и дека на третиот ден ќе воскресне од мртвите, и дека ќе се проповеда покајание во Негово Име и прошка на гревовите по целиот свет, почнувајќи од Ерусалим? И уште им рече: - Не плашете се! Наскоро ќе ви испратам Сила од висините, Духот на вистината, кој ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков. Па почна да ги благословува сите по ред, говорејќи им: - И ете, Јас останувам со вас во сите дни, до свршетокот на светот...

Извадок од книгата: „Исус од Назарет“ Превод: протоереј Златко Ангелески

7


ПОРАДИ ШТО НЕ ОДАМ ВО ЦРКВА? д кои причини повеќето луѓе, кои се крстени, не одат во црква секоја недела на Литургија? Ова е прашање, а не забелешка. Слава на Бога, Македонија денес полека но сигурно се враќа на православната вера, една по друга се отвораат нашите Цркви и се полнат во празничните денови. Но зошто да се доаѓа во црква секоја недела на Литургија и да се учествува во неа? Дали има многу луѓе кои ја сфаќаат смислата на тоа? Многу малку. И секој вообичаено наведува своја лична причина заради која го нема на неделното Богослужение. Меѓутоа учествувањето во Литургијата секоја недела значи да се живее како едно семејство и тоа не е само христијанска обврска за секој што се смета за православен, туку неопходна потреба. И затоа кога ги љубиш луѓето тогаш тежнееш кон обединување. Понекогаш може да се слушне следната молба: „Отец, ние сакаме нашето дете да го крстиме индивидуално“, односно одвоено од останатите христијани…!!! Очигледно останатите не се прифаќаат како браќа и сестри. На пример, мажот и жената треба да живеат заедно, да се сакаат еден со друг и да ги исполнуваат своите брачни обврски. Ќе се сложите дека е малку да се нарекуваме мажи, а само понекогаш да ги исполнуваме своите брачни обврски. Тоа е апсурд. Но истото тоа се случува и со христијанските обврски. Малку е да се каже „јас сум православен“ или „Господи, јас те сакам“, треба на дело да се потврдат тие зборови. Не е доволно да се рече: „Мамо јас те сакам“ треба на дело да се докаже својата љубов. Господ вели: „Ако ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди“ (Јован 14,15), односно на дело ќе ја потврдите својата љубов кон Мене. Ќе ги разгледаме причините заради кои луѓето не учествуваат во Богослужбите.

О

1. НЕ ВЕРУВАМ ВО БОГ аквите луѓе се нарекуваат атеисти. Зборот „атеизам“ во превод од грчки јазик значи – одрекување од Бог. Односно атеизмот е верување дека Бог не постои. Често таквите луѓе се крштевани во детството, но нивните кумови за жал не им објасниле во што се состои суштината на христијанството. Или самите во тоа не се снашле, бидејќи често родителите ги молат своите блиски роднини, пријатели да им бидат кумови на своите деца, не размислувајќи колку овие се длабоко во верата и можат ли да им помогнат на своите кумашинчиња на патот кон православната вера. Во душата на атеистите сепак тајно живее свеста дека постои Создател на небото и земјата, само што лошо е да веруваш во Него. Еднаш во едно советско училиште, учителката почнала да ги убедува учениците дека Бог не постои: „Деца – рекла таа – Бог не постои! Покажете му „среден прст“ на Бог!“ Сите покажале, освен едно дете. „А зошто ти не покажуваш?“ А тоа одговорило: „Простете, ама ако Бог не постои, тогаш кому да му покажам?“ А во стварност, зошто да одрекуваме постоење на Оној, Кој не постои? И заради што да ги сослушуваме, праќаме во логори, стреламе оние кои имаат

Т

8

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


православен поглед кон светот и проповедаат љубов кон луѓето? Зошто да се бориме со Оној, Кој не постои? Во таквото одрекување пред сè нема логика. Мудриот цар Давид, кој живеел пред Христос рекол: „Рече безумникот во срцето свое: Нема Бог“ (Псал. 13, 1). Како тука да не се сложиме со зборовите на херојот на делото „Кучешко срце“ – професорот Преображенски – дека раздорот започнува во главата. А потоа во општеството се чудиме зошто е низок наталитетот, зошто има толку наркомани, толку несреќни семејства, зошто владее толку голема морална распуштеност, зошто има толку многу разни престапи, убиства. Затоа што „ако нема Бог, тогаш е сè дозволено!“ Тоа го констатирал Фјодор Михајлович Достоевски долго време потоа, откако атеизмот почнал да ги уништува општествените заедници со разорна моќ. Во стварноста: ако човекот за секоја своја постапка не понесе одговорност по смртта, и ако по смртта ништо нема, тогаш зошто да почитуваме некакви морални правила?

Можеби Црквата, според уредувањето и управувањето, е одвоена од државата, но таа не е одвоена од човекот. Нашата земја секогаш била силна држава само благодарејќи на православието, а тоа го потврдува целата нејзина историја. Доволно е да се спомене светиот цар Јустинијан Први, царот Самуил, кралот Марко, и другите владетели кои секогаш на прво место ја ставале Светата православна црква, па потоа сè друго; или да ги спомнеме најзаслужните за формирањето и утврдувањето на нашиот православен идентитет, врвните интелектуалци како што се: светите браќа Кирил и Методиј (Кирил бил монах, а Методиј бил првин монах, а потоа и епископ), светите Климент и Наум (Климент бил монах, па потоа епископ, а Наум бил монах со свештенички чин, т.е. јеромонах), и останатите просветители монаси, Сава, Горазд, Ангелариј, потоа монахот Кирил Пејчиновиќ, монахот Јоаким Крчовски, епископот Партениј Кукушко-полјански, монахот Јаков од Реканскиот крај, монахот Теодосиј Синаитски (кој претходно бил брачен свештеник, па подоцна се замонашил и отворил печатница), и многу други преродбеници и просветители, кои носејќи ја светлината Христова во себе, успеале да го просветлат (т.е. христијанизираат) народот, па затоа и се наречени просветители. Тие знаеле дека Христос и Неговата Света Црква се најскапоценото нешто што може да му се понуди на народот, па затоа

9


најпрво ги превеле црковните и богослужбените книги, потребни за служење на Светата Литургија: Светото Писмо на Стариот и Новиот Завет, Литургијата, и другите богослужбени и свештени книги. Затоа денес, свесни за заслугата на овие личности, токму интелектуалниот расадник го носи нивното име „Свети Кирил и Методиј“ (Универзитетот во Скопје) и „Свети Климент Охридски“ (Универзитетот во Битола), со цел овие нивни заштитници да им бидат пример на сите генерации студенти и професори. Повторно да погледнеме кон историјата, и да ги видиме врвните дела во архитектурата, уметноста, поезијата, литературата? Зарем не се тоа свештените објекти (цркви и манастири), фреските, иконите, мозаиците, резбаните иконостаси, богослужбените химни и проповеди? Има ли Македонија нешто повредно, со што би можела да се пофали? И ако сакаме повторно да живееме во моќна држава и да не ја градиме на несреќите на нашите сонародници, тогаш е време да се замислиме зошто ги обновуваме и градиме црквите. Дали тие духовни центри повторно да ги разрушиме и претвориме во спортски терени, фабрики или магацини? Нормално, верата може да се зачува и во човековата душа дури и кога црквата е рушена. И се поставува прашањето: Зошто ни се потребни црквите кои со векови постојат во Македонија? Зошто ѝ е на човечката душа малку своја домашна вера, што наоѓа таа во Домот Божји? Без разлика на прогонувањето и војните, луѓето секогаш се собирале во црквите, каде што од Бога добивале благодат преку Таинствата на Црквата, духовно се поткрепувале, збогатувале и исцелувале, наследувале љубов, радост, долготрпение, благост, мир и надеж за вечен живот. А денес повеќе од луѓето не одат во црква бидејќи не им објасниле во семејството и на училиште, дека црквата е место каде што христијаните се среќаваат со Бога и едни со други, свето место, а ако на народот не му остане ништо свето, тогаш тој се самоуништува. Помеѓу останатото постои и друг проблем. Многу сограѓани, кои се крстени, доаѓаат во црква формално, само за да запалат свеќа, а не за да учествуваат во Таинствата. Полесно е да се искупиш, отколку да проникнеш во суштината на православната вера. Па така доѓаме, ќе се помолиме и ќе си заминеме, а треба да се слушаме, да проникнеме во Зборот Божји, кој го слушаме во црквата, да живееме според него, да се поправаме, да се бориме со неразумните навики и пристрасноста. Нормално, полесно е да се оддадеш на порокот, отколку да го искорениш со пост и молитва. А некои велат: „Јас никого не сум убил, не сум крадел, немам гревови“. И само кога ќе се смири човек може да ги види своите недостатоци. Човекот не се состои само од тело, туку и од душа и дух. И ако телото го храниме, а духот не, тогаш духовно–моралниот стожер атрофира. Денес средствата за масовно информирање многу придонесуваат за раздор во семејството, преферирајќи ненормални полови односи, сеејќи култ на изживување на било кој начин. И потоа се чудиме: Што се случува и како тоа да го спречиме? И кога Православната црква се труди да ѝ помогне на државата да се спречи процесот на уништување на општеството и говорат: „Црквата е одделена од државата“ и прикривајќи се зад законот продолжуваат да прават беззаконија. Се чудиме што се случува со нашите деца, не оспорувајќи им го правото на избор. Демек, детето ќе порасне и самото ќе избере. Простете, но од што ќе избере? Од тоа што го гледа на телевизорот? Бидејќи не е секогаш можно, да се ограничи општењето со „синиот екран“ ако детето е препуштено само на себе. (Мајките се принудени

10

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


да работат така што, според статистиките, половина од семејствата во земјата се непотполни и немаат време да ги воспитуваат своите деца). Една работа е да се роди дете, а сосема друга е да се воспита. Оној што бега од воспитувањето на своите деца вообичаено и така вели: ќе порасне и ќе избере. А децата најголем дел од своето време го поминуваат на улица каде што цвета пијанството, пороците, наркоманијата, пушењето, изживувањето над „послабите“ деца со посебни потреби, крадењето итн. Драги мои, можеби е дојдено време да се замислиме и да се обратиме на изворите на верата, бидејќи само верата може да биде алтернатива на валканиот поток кој се излива врз нашите деца? 2. СУЕВЕРИЕ, СТРАВ, ПОЛУПИСМЕНОСТ, ГЛАСИНИ, СТЕРЕОТИПИ, НЕОДЛУЧНОСТ, РАЗОЧАРАНОСТ... оимите кои се наведени во насловот на овој дел претставуваат за многу луѓе причини за сомневање во вистината на Православната вера. И навистина, ако некои луѓе кои се крстени и себеси се нарекуваат православни, сметаат дека нивните гревови можат да бидат пренесени преку свеќата на друг човек, дека со грев може да се „зарази“ како со грип, тогаш зошто да се оди во црква? А многу сè уште упорно веруваат во тоа дека роднините на упокоениот не смеат да го носат ковчегот, бидејќи со тоа тој роднина се приближува кон сопствената смрт. И такви примери има уште многу. Заради слични суеверија и гласини се раѓа страв. Суеверието поробува, а здравото верување ослободува. Треба да се плаче за тие „христијани“ кои не знаат во што се состои суштината на христијанството. Но кој да им објасни, кој да им помогне? Треба да се оди во црква, но како, ако ти ништо не знаеш, не знаеш кај да застанеш и што да правиш? Непријатно ти е да прашаш бидејќи сите се зафатени. И кај луѓето тогаш се појавува психолошка бариера, без оглед на тоа што литературата денес е многу достапна. Доаѓаш за помош, совет или просто од љубопитност кај следбениците на учењето за љубовта, а како одговор во најдобар случај добиваш поглед исполнет со гнев. Зошто таму стојат само некои „православни“ бабички, кои со „љубов“ ги примаат луѓето кои го преминуваат црковниот праг. Па и свештениците, ќе речат таквите... Така што понекогаш полесно е да се најде одговор во книга. Покрај тоа, далеку од тоа дека сите верници и свештенослужители се теолошки образовани. Уште повеќе тоа што при сите цркви денес може да се добие почетно теолошко образование на предавањата по катехизација (на грчки – усно поучување за верата). Многу чести се и коментарите од типот: еве какови автомобили возат тие дебели и груби попови! А бизнис во црквите? Колку чинат само тие свеќи, а колку икони и книги има во црковните продавници! Крштевањето е толку и толку денари, а венчавката толку... Други, пак, не расудуваат толку материјално. За нив се поважни „духовните“ причини кои не им дозволуваат да дојдат во црква. „Зошто децата умираат? Каде беше вашиот Бог кога ми беше лошо?“ Списокот на прашања може да се продолжи. Ќе се потрудиме по ред да одговориме. а) Стариците треба да ги сожалуваме и да им простиме бидејќи често не се во право. Тие се воспитани во атеистичка земја, и во атеистичко време, и пристапиле кон Бог како поранешни пионерки, комсомолки, комунистки, активистки на пролетерството.

П

11


Не познавајќи ја суштината на христијанството, тие сакаат да подучуваат, заборавајќи дека најдобра поука е сопствениот пример. Ние треба да бидеме снисходливи кон нивната слабост и да им простуваме како што Бог проштеваше – безусловно. б) Треба да се биде снисходлив и кон слабостите на луѓето кои добиле од Бога благодат да бидат свештеници. Тие исто така живееле и биле воспитувани во нашата земја. Желбата за поседување на автомобил сама по себе не е лоша, но кога таа прераснува во страст да се има најскап автомобил, тогаш тоа е веќе грев. Ако свештеникот вози некој скап автомобил тоа воопшто не значи дека тој мечтаел за него или дека го купил од сопствената плата. Црквата секогаш постоела благодарејќи на доброволните прилози. И ако на свештеникот некој од црквата му подарил автомобил, тогаш благочестивиот човек ќе се израдува за него и нема да завидува или осудува. Не треба да се заборави колку обврски има еден свештеник, на колку далечни места треба да стигне во текот на денот, колку страдалници треба да посети, колку патувања има во текот на еден ден, или една седмица, и замислете како би стигнал тој насекаде без сопствен автомобил, или со некој стар и расипан крш... Без автомобил најчесто е невозможно да се постигне тоа, па тоа им станало јасно на црковните добротворци штом подаруваат таква помош на Црквата. Но дури и да не се работи за подарок, туку за купен личен автомобил. Доколку работи и свештеникот и неговата попадија, повторно може да се заштедат пари, или да се земе автомобил на кредит, кој ќе биде заработен од својот труд. А што се однесува до цените во Црква, треба да знаеме дека прилозите се доброволни – секој дава колку што може. Но и привременото ставање на ценовници е очигледно неопходно бидејќи сите луѓе не сфаќаат дека Црквата како и државата има потреба од матријална поддршка. Сите ги гледаат само приходите, а никој не сака да размисли дека за функционирањето на еден храм потребни се пари за да се платат: луѓето што го одржуваат храмот, сметки струја, вода, дрва или нафта за греење, телефон, реновирање, мајстори и др. предвидливи и непредвидливи трошоци. в) А што се однесува до дебелината на некои свештенослужители на Црквата, простете драги браќа и сестри, ама и меѓу свештенството е ист процентот на полнички како и меѓу сите останати луѓе. Човек со предиспозиции кон дебелеење, колку и да се движи и да пости, пак ќе се здебелува, посебно ако неправилно се храни или уште полошо ако му е пореметен метаболизмот. Во една од своите црковни беседи мисионерот ѓакон Андреј Кураев раскажал како во младоста, уште како богослов, ја посетил Троице-сергиевата лавра и таму веднаш здогледал еден многу дебел монах. „Ете какво православие!“ – си помислил. А монахот погледнувајќи го се насмевнал. „И јас така во младоста се осмелив да осудам еден дебел монах и Господ ме награди и мене со истото тоа!“ Ние не ги знаеме вистинските причини за големата телесна маса на некои свештеници и затоа нема да се ставаме во улога на судии. Не судете, за да не ви се суди, не осудувајте и нема да бидете осудени, простувајте и ќе ви биде простено (Лука 6, 37). Крстен човек кој не сака еднаш во неделата да учествува во Литургија (во превод од грчки Литургија значи заедничко, општествено, народно дело) постапува слично на оној што живее во семејство, а не ги исполнува своите секојдневни обврски. Исто како да речеш дека ги сакаш родителите, ама не ја исполнуваш нивната волја. Можеш да велиш дека Го сакаш Бог, но не ги почитуваш Неговите заповеди.

12

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


Помеѓу делата и зборовите постои голема разлика. Господ вели: „Ако ме љубите, пазете ги Моите заповеди“ (Јован 14, 15), односно со дела докажете ја својата љубов кон Мене. Добро, човекот одлучил да го исполни она што е заповедано во Новиот Завет и почнува редовно да се причестува, почнува да слуша што се чита и пее во црквата – и тогаш станува свесен дека ништо не разбира. И вели: кога би го превеле служењето од црковнословенски на македонски јазик тогаш сè би разбрал. Парадокс: Децата во училиште учат странски јазици, а го напрегаат својот слух за мајчиниот црковнословенски збор... Излегува дека „What is your name?“ е повеќе разбирливо од „Миромъ Господу помолимсz“. Ако ние сме искрени самите со себеси тогаш треба да се каже дека оној што секоја недела оди на служба, сакал – не сакал, почнува не само да разбира, туку и да запомнува. Така што сите тие изговори се вообичаена измислена причина да не се оди на богослужба. Друга работа е ако псалтите пеат и читаат така што ништо не може да се разбере, тогаш дури и молитвите да се изговараат на македонски јазик ништо не би било разбирливо. И заради тоа имаме проблеми и ние црковните служители и свештениците. Едни имаат тешкотии со дикцијата, други имаат тивок глас, а трети и ова и плус нешто друго, а поставувањето на нови технички средства во секоја црква е невозможно. Но ако во најкраток можен рок добротворите го решат и тоа прашање, човекот што ќе доаѓа во Црква ќе може да го слушне секој збор, тој и тогаш можеби нема да сфати, бидејќи без читање на Светото Писмо невозможно е да се сфати смислата на Богослужбата. Читањето на фантастични бајки за Хари Потер, книга која е четири пати подебела од Библијата е лесно и за тоа се наоѓа време, а читањето на Книгата над Книгите – некогаш е неразбирливо, па и неинтересно. Исто така може да се најде и детска Библија каде што сè е јасно. И кога пред крштевањето ги прашуваш кумовите каква е нивната обврска во однос на кумашинчињата, не добиваш одговор дека кумот ја презема одговорноста врз себе, не само да се моли за тоа дете, туку и да го доведува во црква, да му ја објасни смислата на православната вера кога ќе порасне, а најважно – да го научи да живее христијански. г) Што се однесува на грубостите во црквата кои некој можеби ги видел по црквите, тоа е личен грев за секој поединечно. Но грубоста на докторот или медицинското лице не е причина да не се добие лекување на болеста. Непримерноста на полицаецот не е причина да се стави етикета на сите луѓе. Во црква не доаѓаат ангели, туку слаби луѓе, предадени на страстите, кои борејќи се со гревовите, совладувајќи ги искушенијата, понекогаш стануваат такви какви што биле: свети Николај Чудотворец, блажената Ксенија, светиот Серафим Саровски и др.. Во ΧΧ век, век на масовни репресии и стрелања, под мотото „Грабни го украденото“, борците против Бог влегувале во црквите, ги убивале христијаните кои Црквата потоа ги прогласувала за свети. д) Велат: Добро, со луѓето е јасно, но што е со Бог? Зошто е Тој толку суров и допушта смрт на невини деца? Ова прашање ги мачи оние кои не го прочитале одговорот во Светото Писмо. Бог знае сè за човекот, не предодредува, тука знае што ќе избере човекот кога ќе порасне и заради тоа по Својата милост, спасувајќи го од гревови го зема при Себе, порано отколку што сакаат луѓето, одредувајќи на човекот време на раѓање и премин во живот вечен. Роднините плачат не верувајќи во живот по смртта и овде тешко да помогне доктор Рејмонд Моуди со доказите од својата книга „Живот по животот“. Бог

13


на човекот му дарувал не само живот вечен, туку и слобода која може да ја искористи на различни начини. Не донесува Бог одлука да убие – туку човекот. И затоа Господ не нарушувајќи ја слободната волја допушта смрт – знаејќи дека по привремениот живот почнува вечен среќен живот, или вечна смрт - кој како ќе избере. Глупаво е да се обвинува Бог за своите грешки. Автомобил прегазил дете. Кој е виновен, Бог или човекот кој не ги почитувал сообраќајните знаци и ограничената брзина? Да, Бог дошуштил тоа да се случи, ама за неверникот тоа е крај, а за детето – почеток, раѓање за живот вечен, кое можеби го спасува од некои непоправливи неволји на земјата. Постои многу убава современа приказна. Малку забавна но во суштина многу мудра. Двајца близнаци – ембриони дискутираат во мајчината утроба: „Дали постои живот по породувањето?“ Детето што не верува го прашува детето што верува: „Дали веруваш во живот по породувањето?“ Детето што верува вели: „Да, секако, уверен сум дека постои живот по породувањето. Ние сме овде за да зајакнеме и да се подготвиме за она што нè чека потоа“. Неверникот: „Тоа е глупост! Не може да има никаков живот по породувањето! Дали ти можеш да замислиш како би изгледал тој живот?“ Верникот: „Јас не знам точно, ама верувам дека таму ќе има повеќе светлина и дека можеби сами ќе одиме и ќе јадеме со своите усти“. Неверникот: „Со своите усти?“ Верникот: „Да, јас сум уверен. Сè ќе биде едноставно само малку поинаку. Тоа може да се замисли“. Неверникот: „Ама оттаму никој не се вратил! Животот се завршува по породувањето. И воопшто животот е едно големо страдание во мрак“. Верникот: „Не, тоа не е така! Јас не знам точно како ќе изгледа нашиот живот по породувањето, ама во секој случај ќе ја видиме мама и таа ќе се грижи за нас“. Неверникот: „Мама? Ти веруваш во мама? И каде се наоѓа?“ Верникот: „Таа е тука околу нас, ние сме во нејзината утроба и благодарејќи на неа се движиме и живееме, без неа не можеме да постоиме“. Неверникот: „Потполна глупост! Никој никогаш не видел никаква мајка и затоа очигледно е дека ја нема“. Верникот: „Знаеш кога сè ќе замолчи, може да се чуе и почувствува како таа го милува нашиот свет. Верувам дека нашиот вистински живот почнува по породувањето. А ти?“ Ајде да направиме правилен заклучок од оваа приказна: Можно ли е да се наоѓаш во мајчината утроба и да не веруваш во нејзиното постоење? Смешно? Но зарем тоа не е исто што и неверување во живот по смртта? Убаво во врска со тоа прашање рекол научникот и физичар Паскал: „Ако верувам во живот по смртта и тоа се покаже како вистина, ништо не губам, а ако не верувам, губам сè“. Но нашата вера не треба да биде за секој случај и одеднаш гледај тоа е вистина? Таа треба да биде увереност – плод на верувањето во Бог. Инаку, христијанството станува не безусловен подвиг на љубовта, туку рационален пат кој наводно води во рајот. Демек, јас Тебе Господи свеќа, а Ти мене прости ми ги гревовите и подари ми здравје. Или се случува: Јас се молам, се молам, лошо ми е, а Бог не ме слуша. И за тоа постои современа приказна. Еднаш еден човек на смртниот одар го видел целиот свој живот во вид на траги во песокот. А покрај неговите траги, биле и некои други. И во деновите кога било посебно тешко, се гледале трагите само на еден човек. Тогаш тој збунет му се обратил на Бог и го прашал: „Како, Господи, ме остави во тие денови, кога ми беше многу тешко?“ А Бог одговорил: „Мил мој, во тие денови на раце те носев“. Човекот треба да одлучи: Или го сакам Бог во Чие Име се крстив и живеам согласно со Неговите заповеди, или само велам дека Го сакам, а живеам по свои принципи. Потребен е избор и одлучност.

14

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


3. БОГ Е ВО МОЈАТА ДУША ог е во мојата душа – и тоа е доволно, сметаат приврзаниците на таквите мисли. Зошто тогаш Господ Исус Христос невино ги прифаќаше мачењата, умирајќи на Крстот, страдаше и проливаше Крв? Зошто Господ склучи Нов Завет со човекот (сојуз, договор)? Во што се состои таа заповед на Новиот Завет? Господ вели дека таа заповед е – во Неговата Крв. А ако Бог е во мојата душа, тогаш зошто е Црквата, свештениците, Таинствата? И самиот Христос попусто умре, ако нема такви кои сакаат да ја исполнуваат Неговата Волја. А волјата е оваа: Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв има живот вечен, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден... Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв пребива во Мене и Јас во него (Јован 6, 54-56). И уште оној што го љуби Бог, да го љуби и братот свој. (1. Јн. 4, 20). Нормално, чувството на Божјото присуство во душата е дадено на секој човек при самото раѓање. Но сите луѓе не Му го отвораат своето срце. Некои, валкајќи се во гревови, не се стремат да се очистат со покајание. Зборот „покајание“ (на грчки „метаноја“ – преумување, промена на умот) – не означува само признавање на својот грев, туку претпоставува неизбежна измена на начинот на размислување и делување. Покајанието – не е констатација на фактот дека јас сум грешен човек, туку конкретно дејствие кое води кон промена на начинот на живот. Ако не побрзаме да се покаеме, тогаш сè повеќе ќе се вкоренуваме во гревот и тешко ни е да го победиме, како што е тешко да се искорне дрво кое има длабок корен, како што е тешко да престанеме со пушењето, кога ќе се појави зависност. На сличен начин, човекот што го засакал гревот станува роб на своето тело, а не слуга Божји. Но Бог сака секогаш да живее во нас – како во храм, односно не само во душата, туку и во нашето срце, ум и тело. За да бидеме храмови на Светиот Дух Негов треба да ги исполнуваме Неговите заповеди. Најголемата заповед е – заповедта на љубовта. А како да се научиме да простуваме сè, да бидеме милостиви, да сочувствуваме, да не бидеме користољубиви? Зарем тоа може да се постигне по пат на сопствена сила или заслуга? – Никогаш. Едно дете вака расудувало: Ех, какво дете сум јас, родено со руса коса и сини очи! А родителите го прашуваат: „Сине, зарем тоа е твоја заслуга?“ Само Оној Кој ни дарувал живот преку нашите родители способен е и да ни дарува љубов. За да станеме дел од Бог, Кој е Љубов, треба да се биде негов причестник, треба да се ПРИЧЕСТУВАМЕ со Неговото Тело и Неговата Крв, што Он ја пролеа за сите нас. Причестувањето не е вино и лепче, како што некои мислат. На Литургија го примаме од Чашата Самиот Господ во вид на леб и вино! Како на обични дарови, леб и вино, по молитвите на Црквата слегува Светиот Дух и тие стануваат Телото и Крвта на нашиот Спасител. Исто така, по молитвите на православните, на чело со архирејот, секоја година за време на православниот Велигден слегува благодатниот Оган на Гробот Господов, кој уште, не пече во првите 5-10 мин. На современиот „Тома“ доволно му е да го вклучи ТВ приемникот за време на празнувањето на Велигден според православниот календар и лично да го изгледа директниот пренос од Ерусалим. Иако тоа не е причина да се верува, затоа што верата не е – добивање докази, туку доверба. Верата е – дар. (Ефес. 2, 8).

Б

15


4. СЕ НЕМА ВРЕМЕ ас верувам во Бог, ама немам време“. Оваа причина вообичаено може да „ се чуе од устата на луѓето кои насетуваат дека треба да се оди во црква секоја недела, ама тоа уште не им станало најважно во нивниот живот. Човекот кој расудува на сличен начин, подвлекува дека денес носи христијанско име, но уште не е подготвен да живее според Божјите заповеди (на пример да ја исполнува четвртата Божја заповед која гласи дека човекот шест дена треба да работи, а седмиот да Му го посвети на Бога). И најверојатно таквиот човек не сфаќа што е тоа Црква, зошто е таа потреба, и зошто треба да се соберат сите заедно? За многумина Црквата не е собор на верници (грчки „еклисија“), туку место каде што можат да ја задоволат својата духовна потреба. „Ете старите мора нешто да прават, па се собираат таму“ или „кога ќе бидам стар ќе одам и јас“. Отприлика, слично оправдување можеме да чуеме кога човек не оди во Црква. Дали ќе доживееш старост, дали ќе можеш и од каде таква убеденост? Меѓутоа светиот Кипријан Картагински не случајно ги изговорил зборовите кои подоцна станаа поговорка: „Кому Црквата не му е мајка – нему ни Бог не му е Отец“! Но се случува и човек да оди во црква, надворешно да ги исполнува сите обреди, но неговиот изглед, дела и зборови откриваат сè што е скриено под маската на благочестивоста. И гледајќи го таквиот „православен“ луѓето заклучуваат: Подобро е да не се оди во црква и да се живее според совеста, отколку да се почитуваат црковните канони и правила, а фарисејски да се пронаоѓаат недостатоците на ближниот. А уште подобро е да се биде добар, чесен и искрен христијанин. Како може да се верува во Бог, а да не се верува во тоа што Он ни го кажа преку Светото Писмо? Исус Христос е ист вчера, денес и во вечни векови (Евр. 13, 8). За жал, за многу Христос не е овде и денес, туку некаде таму, а можеби и воопшто не постоел? Можеби сè што гледаме: небото, сонцето, морето – се појавиле случајно? Тешко. Скоро сите сфаќаат дека мора да постои некој Возвишен Ум што го создал сето тоа?! Можно ли е слеп да состави текст, ако на парче хартија се излие само мастило? Колку и да се излева, текст нема да се појави. Не, потребен е некој кој поседува разум. Ама човекот нема време да размисли, да прочита, да слуша, туку време наоѓа само кога ќе се случи нешто – „Додека не удри гром, селанецот нема да се прекрсти“. Зошто да се чека гром? Станува очигледно дека оној што сака наоѓа можност, а оној што не сака - наоѓа причини. Како и порано камбаните бијат, а Господ ја чека слободната волја на Своите деца.

Ј

5. ДУХОВНА КРИЗА ВО ВЕРАТА а претпоставиме дека човекот ги минал сите тие мачни скалила на духовниот развој и повторно се нашол зад црковната ограда, но сега како последица од настапувањето на криза во верата. Имало благодат, мир, тишина, радост и одеднаш сè исчезнало. И од таа причина тој не ни оди во црква. А се случува и следното: Човек оди во црква, се исповеда, причестува, а ништо не се случува, исти гревови, исти проблеми. И заминува... така не сфаќајќи дека Господ е долготрпелив знаејќи ја немоќта на нашата природа. Но еднаш засекогаш треба да се запомни следното:

Д

16

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


Бог толку ме сака и без оглед на сè ја чека средбата со мене и подготвен е и илјада пати да се раѓа, за повторно да страда и умира за мене, така што целото униние ќе исчезне за миг. Нормално, ако не сметаме дека со смртта сè се завршува. И тогаш треба да земаме сè што ни нуди животот, да се бориме. И ако човекот починал во цутот на силата, или сосема млад, станува очигледно дека во животот не може да има таква неправда. Човекот не се зачнува целиот свој живот да го помине во утробата, и не се раѓа за да умре, туку за да живее во согласност со самиот Бог, а по смртта да воскресне и да живее вечно и среќно. Изборот е ваш. Епилог: Го запрашале свети Јован Лествичник како може да се одреди дали човекот се приближува кон Бога или се оддалечува, а тој одговорил: „Првиот знак за заблуда е – оддалечувањето од црковните служби“. Со учеството во богослужбите православните христијани влегуваат во тајно општење со Бога и добиваат од Него благодатна сила за праведен живот. Но патот на христијаните секогаш е крунисан со страдање и само со Христос тој пат е – радост! Превод и адаптација на текстот: Јаков Илкоски, дипл. инженер по биологија

17


Што навистина значи да се биде зрела личност Владета Јеротиќ, професор по Пастирска психологија на Теолошкиот факултет во Белград „Сега сите знаеме, сакаме слобода и да сме свои во родната куќа... Слобода, во ред, но тоа не се зрели плодови што паѓаат во шеширот на било кого“. - Вељко Петровиќ а, ние веќе тоа добро го знаеме, а за тоа не придонесе само современата психологија, туку и нашето практично искуство, индивидуално и колективно, дека нема слобода без зрелост. Ако некое дете во училиште и по училиште се однесува како и во семејството пред да тргне во училиште, или, исто така, ако и на шест години мокри во кревет навечер, премногу се плаши и цица прст - во таквите случаи се соочуваме со невротично, т.е. незрело дете. Ако едно момче или девојка на дваесет или повеќе години сè уште покажува таков вид на бунт или сексуално однесување, кои се типични за возраста на пубертетот – повторно станува збор за незрели млади луѓе кои сè уште се наоѓаат во состојба на т. н. продолжена пубертетска криза. Конечно, кога возрасен човек често ги менува своите партнери во бракот или надвор од бракот, што значи дека не може да се врзе за еден партнер и нему да му остане приврзан и верен, или кога тој „пораснат“ човек покажува исклучително агресивно однесување кон својата околина или кон себе, без разлика дали е на своето работно место, додека го вози автомобилот или кон своето семејство - јасно е дека ние повторно се соочуваме со незрели луѓе кои го попречуваат согласениот семеен и општествен живот. Колку е поголем бројот на овие невротичари во едно општество, секако и помали се можностите тоа општество да ги оствари своите цели и да овозможи природен развој на многу потенцијални можности, односно способности кои несомнено се наоѓаат во секој човек.

Д

18

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


Денешните психолози и психијатри, и кога застапуваат различни ставови, согласни се за некои важни и за сите луѓе типични критериуми кои можат приближно точно да одговорат на тоа тешко прашање: што всушност човекот го прави зрела и целовита личност? Најпрво, мораме да тргнеме од признатиот факт дека нема потполно зрела личност, или, како што се вели стручно, личност која би била целосно интегрирана. Постојат само степени на зрелост кои, повеќе или помалку, се приближуваат до оваа замислена, идеална целина на личноста. Добро е во оваа прилика да го спомнам ставот дека практично нема граници на човековото созревање во текот на целиот негов живот. Иако е несомнено дека најважни услови во кои личноста созрева, се оние кои се создаваат во родителскиот дом во раната возраст на детето, сепак, и подоцнежните животни околности, како и ендогените, веројатно со конституцијата и наследувањето примената способност на личноста за доживувањата и трансформација, - имаат значаен удел и свој придонес како во понатамошното созревање на личноста така и во можност за плодно менување и сè посамостоен развој на оваа личност. Биографиите на големите луѓе (но не само нивните) доволно убедливо ја докажуваат оваа претпоставка. Накусо ќе ги дадеме оние најважни критериуми во психологијата кои ја одредуваат силата на човековото ЈАС, односно го покажуваат степенот на неговата зрелост, при што редоследот на овие критериуми не мора да го означува и нивното значење. Ни се чини, дури, дека секој од нив има речиси приближно еднаква вредност и подеднакво значење. 1. Способноста да љубиш некој друг, а не само себеси Нарцисоидните личности, кога се општо во состојба да сакаат некого, тоа го прават така што во партнерот се сакаат самите себеси, и тоа, или себеси од сегашноста, или себеси од минатото, или себеси какви што самите би сакале да се видат во иднината. Јасно е дека таквата љубов на партнерот не е во состојба да се откаже од било што, што значи да поднесува жртви, принцип на кој се основа самиот живот и без кој не може да се замисли, не само едно хармонично семејство, туку ни хармонично општество. 2. Способноста за контрола на сопствените нагони и импулси Управувањето со своите агресивни и сексуални енергии кои ни се биолошки дадени, во вид на вродени нагони, започнува многу рано, и колку правилно ги контролираат тие нагони првин родителите, а подоцна и општеството, во голема мера зависи идниот развој на личноста. Импулсивното препуштање на нагли експлозивни празнења на овие енергии, со последици кои од секојдневното искуство на сите ни се добро познати, не е само „фатум“ на нашето индивидуално минато и на националниот темперамент, туку и слабост, невроза и незрелост на секој поединец кој не прави ништо за да ја воспита волјата и моралната хигиена на своите животински побарувања. 3. Способност за поднесување непријатности, болка и страдање Принципот на апсолутно задоволство кон кој, според Фројд, тежнее малото дете, и којшто Фројд со право го спротивстави на принципот на реалноста, постојано го демне секого од нас и затоа мора постојано да биде под наша свесна контрола за да не дозволиме други наместо нас да поднесуваат болка и страдање (како синоними на животот). Избегнувањето на секоја болка, и физичка и душевна (оттука и прекумерна

19


употреба на лекови и злоупотребување на комфорот), е карактеристика на нашето време, кое и тука ги покажува сите одлики на инфантилното реградирање. 4. Поседувањето на зрела, а не инфантилна совест Зрела совест се покажува како во толеранцијата но и контролата на своите нагонски желби, така и во толеранцијата но и во будноста кон барањата на своето морално битие. Незрелата совест, напротив, заснована на заканите од страв и чувство на вина, се однесува сама кон себеси или кон околината садистички или мазохистички. Таквото човечко суперего, кое е изградено во детството под влијание на премногу строги родители, или пак недоволно изградено поради родителската занемареност, или затоа што тие и самите во себе не ја изградиле својата совест - создава од луѓето мачители на другите или невротични маченици, кои поради прекумерното чувство на страв од вина ги бараат свои угнетувачи. Наспроти т.н. развојна идентификација, која е единствено нормална и кај која личноста внесува во себе како пример луѓе кои ги сака и цени, во патолошките случаи на т.н. одбранбена идентификација не постои во основата на личноста емоционална приврзаност, туку потреба за чувство на безбедност. Во таквите случаи личноста се чувствува загрозена, па не можејќи да се ослободи од стравот на друг начин, почнува да се идентификува со личноста која е извор на стравот. Од таквото идентификување се развиваат претерани машки или женски особини на личноста, кои потоа дејствуваат во насока на садистичка или мазохистичка ориентација во животот. 5. Умерена агресивност без реакција на бес или омраза, но и без прекумерна плашливост Ако нам ни се дадени сексуалноста и агресивноста како суровини што чекаат облагородување, тогаш природно е да мораме да сметаме на нив и детински да ги затвораме очите пред овие моќни сили. Потиснатата агресивност која не нашла

20

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


вентил во моментот кога тоа било неопходно и во мерата што одговара на ситуацијата и на нашите обврски како етички битија, останува неискористена, дивата сила која кога - тогаш мора да се испразни, а тоа најчесто е во некоја соодветна ситуација и со зголемен интензитет. 6. Способноста да бидеме независни Ваква способност поседува само онаа личност која веќе успешно ги развила сите други, претходно споменати способности. Таа е цел и круна на индивидуализацијата и единствениот вистински залог, но и услов на слободата. Нема вистинска слободна личност независна и самостојна, а која со тоа не само што не е изолирана и осамена, туку и на претеран, невротичен начин ангажирана во општеството. Само независната, самостојна личност знае за тајната на зрелото однесување во кое се дава „на Бога Божјото, на царот царевото“. Накусо, изложивме некои од најважните критериуми според кои современата психологија и психијатрија ја проценуваат зрелоста на некоја личност. Секој од нас треба да се процени колку вредат тие и колку одговараат на објективниот суд на нашата сопствена личност. Секој од нас мора најпрво да си одговори на прашањето, колку самиот на себе постигнал и што направил досега со своите вродени и стекнати таленти. Дури тогаш можеме да се свртиме кон општеството и со право од него да очекуваме мотиви за работа. Нема зрело општество без зрели поединци. А тие не ги создава самото општество, туку и себевоспитувањето. Имено, нема друга одговорност, како што рече еден наш философ, освен самоодговорноста. Превод од српски јазик: Бобан Ѓорѓиевски, студент на Теологија Наслов на изворникот: Владета ЈЕРОТИЋ, ЧОВЕК И ЊЕГОВ ИДЕНТИТЕТ, Беседа, Београд, 2000

21


Мреж ите на осаменоста Игуманија Домника

И

гуманијата Домника (Коробејникова) е родена во 1967 год. Се замонашува на 12 јули 1995 год. Станува настојателка на Ново-тихвинскиот манастир во 2006 год. Нејзиниот манастир е познат по развиената општествена дејност, како и по иконопис, везење, кабинети по грчки, словенски и црковно-историски науки. Сестринството се занимава со обнова и изградба на храмови, со добротворни дела и просвета. Во манастирот имаат отворено дом за сираци, повисоки мисионерски курсеви, православна гимназија, бесплатна народна кујна итн. Игуманијата е автор на повеќе текстови, во кои го преточува нејзиното лично подвижничко искуство, и го прави достапно и полезно не само за монаштвото, туку и за луѓето кои живеат во светот. Еден од тие текстови, е и овој кој следи за осаменоста, тема која е многу актуелна низ целиот свет, особено помеѓу црковните луѓе. Еве како таа ја анализира од духовен аспект оваа болна состојба, кои се причините за нејзиното појавување но и средствата и методите за излегување и лечење на оваа болест. еројатно, најчеста болест во современиот свет е болеста на осаменоста. Каде е спасот од оваа исцрпувачка болест? Во Црквата, ќе речете, и во право сте. Но, често се случува човек кој одамна е воцрковен, сè уште да чувствува во неговото срце измачувачка болка: „Сам сум на целиот свет... никој не ме разбира“. Мора веднаш да се забележи: постои и правилна осаменост (доброволна самотија) - желба да се избегне непотребна комуникација, заради сосредоточување на спасението на својата душа. Тоа е состојба за која свети Филарет Московски рекол: „Самотијата на земјата води кон небесната заедница“. Таква осаменост во различен степен ни е потребна на сите нас. Но, по што таа се разликува од неправилната осаменост, осаменоста како болест? По плодот ќе ги познаете. Човекот, кој е повлечен заради Бога, е исполнет со љубов кон луѓето, мирен и спокоен. А човекот кој паднал

В

22

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

во мрежата на болеста на осаменоста, чувствува неискажлива тага, неговата душа постојано и со нетрпение бара љубов, разбирање, сочувствителност, и не може да ја најде. За таа самотија ќе поразговараме денеска. Од што произлегува таа? Што го прави човекот осамен, што го одвојува од Бога и ближните? Една од главните причини за внатрешната осаменост е навиката да се осудува. Би можело да се каже дека осаменоста и осудувањето се слични болести на душата. Човекот што осудува, каде и да се наоѓа, секогаш е незадоволен од своето опкружување. Нему му се чини дека неговите жалби кон ближниот се справедливи и неспорни. Но, тоа сигурно е грешка. Човек што го гледа ближниот низ призмата на осудувањето, неговиот збор го гледа во искривено огледало, сосема различно од тоа што навистина е. Тоа огледало дури и доблестите може да ги претвори во недостатоци.


К

ако да се бориме со тоа? Светите Отци даваат едноставно правило: да се мисли дека Божјиот закон е создаден за мене лично. За мене е забрането, а за ближниот - тоа е можно. Ова е еден од главните закони на духовниот живот и ако ние го прифатиме со сето срце, тогаш отровот на осудувањето не ќе може да проникне во нашата душа. Ете, во автобус седи еден млад човек, не обрнувајќи внимание на бабата што стои до него. а го сопреме во себе бранот на „природна“ разбунтуваност: „Зошто да тргнеме од момчето?!“, самите да го отстапиме местото. И веднаш во душата ќе почувствуваме мир и расположение кон сите луѓе, дури и кон споменатиот млад човек. Впрочем, тоа е можно, зашто тој едноставно не се чувствува добро или толку е душевно потиштен што ништо не гледа околу него. Но, дури и ако тој е лошо воспитан - само негова вина ли е тоа? Друго средство против осудувањето е никогаш да не размислуваме, а уште помалку да зборуваме за ближниот. На прв поглед се чини дека тоа не само што е тешко, туку е и невозможно. И зошто да ја носиме на себе таа неподнослива тежина, што ќе ни даде тоа? Но, ако се присетиме за што ние обично разговараме во семејниот круг или со поблиските пријатели, ќе видиме: речиси секогаш предмет на разговор е нашиот ближен. И ако ние зборуваме за некој, уште и долго време, тогаш неизбежно паѓаме во осуда, ако не кон него самиот, тогаш кон друг: „Да, Иван Иванович - прекрасен човек! Но, синот не се погоди како таткото...“. Познато е дека во некои грчки манастири, кои точно го следат древниот монашки устав, постои вакво правило: ако монахот си дозволи себеси да поразговара со некого „за трето лице“, тој следниот ден нема право да се причести. Се разбира, таквата строгост, во однос на луѓето што живеат во светот, е неприменлива. Но, ние треба да го разбереме потеклото на овој обичај - во длабокото разбирање на фактот, дека човекот кој си дозволува себеси некого

Д

да анализира, веќе греши. Нашето срце и нашиот ум се помрачени од страстите, и ако ние се фокусираме врз некого, тогаш неизбежно во нас ќе се појават грешни мисли, вклучувајќи ги и помислите на осуда. Со осудувањето важно е да се бориме од самиот почеток. Ако ние му потклекнеме, тогаш нашето срце ќе се исполни со одбивност кон ближниот. А оваа страст е една од главните причини за осаменоста. Многумина мислат дека непријателството се јавува природно, од објективни причини. Некој од нашите пријатели, на пример, не е убав или не е доволно паметен или има лош карактер. Но, всушност, тој пријател не е виновен за нашата одбивност. Ако ние чувствуваме антипатија, тоа значи дека нашето срце е болно. Честопати одбивноста се појавува сосема од ништо: еден човек случајно го погледнал другиот намуртено, и тој му одговорил со студен поглед - и сега тие двајцата се избегнуваат еден со друг. И тие не знаат колку силно може да се возљубат меѓусебно, ако не обрнуваат внимание на случајните зборови и погледи. Свети Николај Охридски во едно од неговите писма раскажува една таква трагична случка: „раскажувал еден селанец: - Меѓу мене и соседот се појави непријателство, како трње: еден со друг со очи не можевме да се гледаме. Една зимска ноќ, мојот мал син ми го читаше на глас Новиот Завет, и кога тој ги прочита зборовите на Спасителот: ,Правете им добро на оние што ве мразат‘, јас викнав кон детето: ,Доста!‘. Цела ноќ не можев да спијам, само размислував и размислував како јас да ја исполнам оваа Божја заповед. Како да му направам добро дело на својот сосед? И одеднаш слушнав од куќата на соседите гласно плачење. аспрашувајќи се, дознав дека даночните органи му го одзеле на мојот сосед сиот добиток, за да го продадат заради долгот. Како молња ме погоди мислата: ,Ете, Господ ти даде можност да му сториш добро на соседот!‘ Истрчав до судот, ги платив даноците на

Р

23


човекот што ме мразеше повеќе од кој било во светот, и му го вратив добитокот назад. Кога дознал тој за тоа, долго време замислено одел во круг во својата куќа. Кога падна мрак, тој ме повика по име. Отидов кон оградата. - Зошто ме викаш? - го прашав. Тој наместо одговор, прсна во солзи и не можеше да изговори ниту збор, плачеше и плачеше. И оттогаш ние живееме љубејќи се повеќе од родени браќа“. И ние да постапуваме така. Можеби нам нема да ни се даде можност да му направиме на нашиот ,непријател‘ такво благородно дело. Но, ние можеме и во малку да одговориме на злото со добро: на намуртениот поглед - пријателска насмевка, на зајадливиот потсмев топли и убави зборови. И ние ќе видиме колку брзо исчезнува нашето заемно непријателство. ште една од страстите, поради кои човек може да се чувствува осамен, е пречувствителноста (навредливоста). Некој може да каже: „Ма каква страст! Јас не се лутам и не судам. Мене ме навредуваат, и јас се навредувам - тоа е нормално“. Но,

У

24

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

всушност, пречувствителноста е една од најголемите страсти. Таа покажува дека човекот е оддалечен од Бога. Впрочем, кога Бог е во срцето на човекот, човекот е исполнет со внатрешна сила и храброст. Тој може да ги трпи сите слабости на ближните, не го губи мирот и љубовта, дури и ако го натажуваат. апротив, човек кој е лишен од благодатта и е оддалечен од Бога, нема внатрешна сила. Тој не може да претрпи дури и некоја блага забелешка. Тој не ја прима љубовта на луѓето, сè толкува погрешно. Секое, дури и доброто дело на ближниот, тој го разбира во лоша смисла. И ако пречувствителниот човек не ја чувствува добрината на ближните, тогаш тој воопшто не ги разбира нивните проблеми и тешкотии. Тој се чувствува само себе: „Ми рекоа непријатно нешто, ме навредија, ме натажија“. И тој никогаш не размислува за тоа дека и другите луѓе ги боли душата, поради тоа што и тој зборува непријатни нешта. Како да се бориме со пречувстителноста? Што може да се направи во тој момент кога од навредата ни се фаќа грлото и ни надоаѓаат солзи? Прво правило е – колку што е можно,

Н


да не покажуваме дека сме навредени. Тоа многу се цени. Впрочем, човекот кој нè навредил, самиот страда поради тоа, се кае поради својата невоздржливост или невнимание, а за него е големо олеснување да види дека не сме се навредиле. торото правило е – да не допуштаме никаква помисла. Навредата – тоа е врата низ која може да се протнат најбесмислени и лажни помисли: „Јас сум лош. Мене не ме сакаат. Сè е лошо!“ и така натаму. Нашето срце нека гори од навреда, но ако ние не се согласуваме со тие непријателски помисли и се молиме, тогаш многу брзо огнот ќе биде изгаснат. Освен молитвата, постои уште едно многу силно средство против навредата – а тоа е делотворната љубов кон ближниот. Може да забележите дека често, токму во моментот кога страдаме од навреда и целиот свет ни се чини дека е црн, кон нас пристапува некој со молба. И многу важно е да не го одбиеме тој човек. Зашто него ни го праќа Самиот Господ, за да заборавиме на себе, на своите повредени чувства. Љубовта која ја покажуваме во тој момент, ќе го исцели нашето срца подобро од било каква утеха. Уште една од причините за осаменоста - е суетата. Суетниот човек прима од ближните само пофалби, почит, внимание и љубов. Кога тој се наоѓа во центарот на внимание, кога се интересираат за него, разговараат со него, го слушаат, постојано му повторуваат: „Колку си ни потребен, колку е сè добро кај тебе!“ тогаш тој чувствува дека неговиот живот е исполнет, богат, интересен. Тогаш тој пребива во благодушност, сите ги љуби, со сите е во мир. Но, потоа околностите се менуваат, и околните привремено престануваат да му обрнуваат внимание. На пример, затоа што кај нив се појавиле многу важни работи, со кои тој човек нема врска, или можеби затоа што некој друг во моментов има поголема потреба од внимание и грижа. Што тогаш се случува со суетниот човек? Расположението

В

кај него веднаш се менува. Одеднаш исчезнува и мирот и радоста, тој се чувствува осамен, напуштен; здодевно му е, и сите околу него му изгледаат студени и рамнодушни луѓе. И, се разбира, таа нездрава состојба покажува, пред сè, дека човекот заборавил на Бога. Неговото срце, наместо да се исполни со Бога, е исполнето со неговото сопствено „јас“. Како да излеземе од таа состојба? Како да се надмине суетата, а со тоа и осаменоста? Прво, да ги цениме оние моменти кога ближните престануваат да ни обрнуваат внимание. Во тие моменти ние не се тешиме со суетна радост, ние чувствуваме млитавост - и самото време ни напомнува на Бога, да се обратиме кон Него во молитва. Во тие моменти молитвата е особено искрена, топла. И наместо претходната суета, малата радост нашата душа може да ја исполни со вистинска радост за Христа. а не се плашиме кога ближните ќе заборават на нас, кога ќе нè остават сами - така ние ќе Го најдеме Бога. А покрај тоа, да почнеме во таквите моменти самите да им посветуваме внимание на ближните. Ако некој одеднаш престане да комуницира со нас, да си помислиме: „Можеби тој има некои многу сериозни проблеми. Да му ја понудам својата помош. И ако таа не е од корист, да му помогнам со своето благо однесување, со својата топла загриженост, со својата молитва“. И тогаш, како и да се однесуваат луѓето кон нас, ние нема да се чувствуваме осамени, ќе имаме мир и спокојство. За таквото однесување многу сликовито зборува современиот грчки старец, архимандритот Емилијан (Вафидис): „Не треба да очекуваме љубов од ближниот. Може само едно: да ја отсечеме својата глава за да му ја покажеме својата љубов и ништо друго“. Ете колку топло, колку ревносно, колку до себезаборав сме должни да го љубиме ближниот, треба да бидеме подготвени да сториме сè за него. А за возврат, не треба да очекуваме љубов. И

Д

25


ако ние го следиме овој закон, никогаш нема да бидеме осамени. Во страста на суетата има уште една гранка, како што е страста на зависта. Таа, исто така, може да доведе до осаменост. Зависта произлегува од тоа што ние не сакаме да бидеме помали од нашите ближни. Ние сакаме да бидеме поголеми, или во најмала рака, еднакви. Но, колку многу губиме кога имаме таков став! Еден писател вели: „Сакам да мислам дека сите околу се подобри од мене. Затоа што ако јас мислам така, јас секогаш ќе се наоѓам меѓу прекрасни, достојни луѓе. И тоа е среќа“. Човек којшто завидува, целиот е сосредоточен на своето „јас“. Достоинството и успесите на ближниот се само мерило за самиот себе. Друг има талент, а јас зошто немам? Другиот е возљубен, а јас недостоен ли сум? Другиот е исполнет со добродетели, но мене зошто Бог не ми дал? Човекот што завидува се гледа само самиот себеси, лишен од блага, и не ги гледа ближните. И затоа тој е осамен. Кога тој ќе престане да се мери себеси, и едноставно ќе гледа на ближните со радост: „Колку прекрасни луѓе има околу мене! Колку сум среќен!“ - тогаш и на неговата самотија ќе ѝ дојде крај. а зависта воопшто не треба да ѝ се верува. Нам често ни се чини дека сме завидливи поради објективни причини – друг човек има повеќе, другиот повеќе го сакаат, и ние не можеме а да не завидуваме. Но, во реалноста, и ние имаме многу добра - бидејќи Бог на секој човек му дава многу блага, - и ние сме опкружени со љубов, но едноставно тоа не го забележуваме. Друга сериозна причина за осаменоста е погрешниот однос кон неуспесите, униние поради неуспесите. Тоа е многу честа појава. Може делумно за тоа да е виновен култот на „успешен човек“, кој во наше време се всадува преку книги, филмови, реклами. Таквиот човек секогаш има сè, тој не знае за порази. И ние толку навикнуваме да се ориентираме според тој пример, така што забораваме

Н

26

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

на главните христијански добродетели - смирението, трпението и надежта во Бога. Но, очекуваме од себе совршенство во сè, а тоа е порочен пат, тој води кон униние, повлеченост, и следствено, кон внатрешна осаменост. дноставен пример. На работа нашиот надреден ни дал многу одговорна задача, надевајќи се дека ние таа ќе ја сработиме добро. Ние и самите сме се надевале на тоа, но поради одредени причини таа работа не се завршила добро. И сега ние се соочуваме со два избора на однесување. Ние веднаш може да се налутиме: „Па, како е тоа можно? Тоа е, сите ги изневерив и самиот се посрамив. Сега шефот веќе нема да ми верува и колегите ќе ми се смеат“. Ние навистина ќе почнеме да размислуваме дека секој човек гледа во нас со навредливо сожалување и потсмев и дека шефот, на минување, ќе нè гледа со раздразливост. Но, ние можеме да се однесуваме и на поинаков начин. Прво, да се обратиме кон Бога со молитва за помош. Во такви случаи, кога душата е збунета и вознемирувачка мисла ја фрла од една на друга страна, најдобро од сè помага кратката Исусова молитва. Потоа седнете и размислете. Ако е некако можно да се поправи работата, треба да се направи обид тоа да се стори. И ако ништо не се поправа, тогаш прифатете ја таа ситуација и искрено побарајте прошка од шефот, и доколку треба, прифатете ја казната. Однесувајте се во таа околност како христијани и извлечете поука од неа. И јас ве уверувам дека таквото однесување ќе ви донесе поголем авторитет. Човек кој е способен смирено да ја признае својата грешка, има огромна внатрешна сила, и околните не е можно тоа да не го почувствуваат. Можеби некој ќе се спротивстави: грешка – тоа е едно, но ако јас паднам (или постојано паѓам) во некој грев, како тогаш можам да не паѓам во униние? Но и за тоа Светите Отци предлагаат таков

Е


трезвен пристап како и кај било која друга животна ситуација: „Си падналстани“. Осознај Го Бога и себеси во својата слабост, и продолжи да се бориш. Се разбира, со помош на молитвата, бидејќи само Господ може да ни помогне да станеме. Причина за нашата духовна осаменост може да биде исто и самомнението и своеволието, кога човек во која било ситуација самиот се претпочита: својата желба, својата волја, своето мислење. Постои една ужасна заблуда, на која, сепак, сите ние ѝ веруваме: да се мисли дека човековата среќа се состои во тоа да бидат исполнети сите неговите желби. Ние така си пишуваме и еден на друг во честитките: „И нека ти се исполнат сите твои желби!“ Но, всушност, оној кој ја исполнува секоја своја желба, тој самиот е најнесреќниот човек на светот. Тој, вообичаено, секогаш е лошо расположен, бидејќи сè околу него не е како што тој сака. Таквиот човек несвесно ќе се најде во изолација. Тој се чувствува само себеси, неговото срце е затворено за Бога и луѓето. Колку повеќе тој настојува на своето, толку повеќе нему му треба, и толку помалку луѓе сакаат да комуницираат со него. ко самомнението и своеволието дејствуваат во човекот слободно, ако тој не се бори со нив, тогаш тие ја причинуваат една од главните причини за внатрешната осаменост – несакањето да се жртвува себеси за својот ближен. Секој знае дека постојат луѓе кои се навидум сосема туѓи за осаменоста. Тие се паметни, и дружељубиви, и добро воспитани, и многу луѓе имаат добро распоожение кон нив. Сепак, тие остануваат сами. Зошто? Поради тоа што едноставно не сакаат во ништо да се жртвуваат за друг човек, па дури ни во нешто мало. На пример, некој се навикнал секоја недела вечер, во одреден час, да седи со чаша топол чај и да чита некоја книга. И ако точно во тоа време затропа постара сосетка и го замоли да оди до аптека – нему ќе му биде исклучително тешко да

А

се откаже од својата навика. И тој често одговара: „Жалам, Марија Ивановна, јас сега не можам, имам многу работи“. Или човек кој навикнал, да речеме, чевлите секогаш да стојат десно од влезот. И ако некој покаже небрежност и ги стави на друга страна, тогаш тој задолжително строго му забележува: „Знаете, во мојот стан чевлите секогаш стојат овде“. аквата личност понекогаш гледа во каква темнина самиот себе се поставил, но кога тој ќе се присети на евангелските заповеди за ближниот и душата, тогаш тој почнува да чувствува вртоглавица: „Не, на таква висина не издигајте ме“ - и тој брзо се крие во претходниот одмерен живот. Но, што да правиме ако сакаме да се избавиме од осаменоста и да стекнеме љубов кон луѓето? А што прави човек кој треба да се искачи по скалите на вртоглава височина? Тој не гледа ниту нагоре, ниту надолу - туку гледа на скалилото кое во моментот се наоѓа пред него. Стапнува на него, и гледа на следното. А по некое време забележува дека веќе е на врвот. Така и тука: денес ќе го пожртвуваме своето слободно време за постарата сосетка, утре ќе се присилиме да не забележиме дека некој повторно не ги ставил чевлите на место, но со текот на времето ќе сфатиме дека одрекувањето од себе ни дава олеснување и - повеќе од тоа! – ѝ дава на душата таква радост, што ние дури и не сме ја знаеле. Митрополитот Антониј Сурожски има едно интересно расудување. Тој се присетува како фарисејот Го искушувал Спасителот со прашањето: Кој е мојот ближен? Ние исто така многу често се запрашуваме: кој е мојот ближен? Кого да го возљубам? Ни се чини дека ако најдеме одговор на ова прашање, со тоа ќе дојде и крајот на нашата осаменост. Се огледуваме наоколу: каде се оние луѓе кои се за мене создадени, кои се соодветни за мене, кои ќе ги возљубам? Ние се чувствуваме себеси како центар на универзумот, а останатите луѓе се вртат околу нас. Господ на фарисејот му

Т

27


одговорил со параболата за милосрдниот Самарјанин и го довел до неочекуван заклучок: „Кој ни е ближен? Ти си му ближен на секој човек. Ти оди и извршувај милостиви дела“. Така Господ ни одговара и нам. Ти си ближниот. Другиот човек – е центар, а ти си ближниот. Тој е планета, а ти си сателит. Ти си создаден за него, а не тој за тебе. Затоа оди и направи му милост на секој човек што ќе го видиш. Ако го исполниш ова, нема да бидеш сам. есто на ближниот не му е потребно многу: една капка живо внимание и грижа, мало пројавување на почит и љубов. Митрополитот Антониј, во својата проповед, раскажува за следниов пример. За време на Втората светска војна, во Париз, во руската гимназија, меѓу наставниците имало еден строг и воздржан човек. Никој не знаел ништо за него, особено не знаеле за тоа во каква беда тој живее. И еднаш учениците ја виделе следнава сцена. Недалеку од училиштето покрај патот седел просјак, а пред него лежела капа; многу луѓе минувале крај него, некои не гледајќи фрлале пари во капата. И ете по патот доаѓал наставникот. Одеднаш тој застанал пред сиромашниот, ја симнал својата шапка и нешто му кажал, и тој одеднаш скокнал и го прегрнал. Децата, изненадени од она што го виделе, секако, почнале да го распрашуваат наставникот што се случило. И еве што тој им одговорил: „Одев пешки од другиот

Ч

28

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

крај на Париз, бидејќи немав пари за метро; одев по патот и во далечината го видов овој просјак, видов како луѓето минуваа покрај него, видов како некои фрлаа паричка во неговата капа, дури и не гледајќи го. И јас помислев дека ако и јас минам крај него и не му укажам внимание, во него, можеби, ќе умре последната верба во човекот. Но, пари немав! И тогаш јас запрев, ја симнав капата пред него и му објаснив: ,Простете ми – јас не можам ништо да ви дадам, немам ништо...‘ И тој човек скокна и ме прегрна“. Овој сиромашен човек подоцна велел дека никој не го дарувал толку богато, толку дарежливо, како овој човек, кој не му дал ништо, но во него признал еднаква на себе личност. а крај ќе ви раскажам за еден човек, кој никогаш не знаел што е тоа осаменост. Нему му е посветена една од беседите на старец Емилијан. Тој бил селски свештеник, цел живот поминал во едно мало село во Грција. Го викале отец Димитриј. Тој бил прост човек, неписмен, но неговото срце било широко отворено за ближните и преисполнето со љубов. Како што раскажува старецот Емилијан, отецот Димитриј прибегнувал кон помош на секој човек, за сите се сметал себеси за одговорен. Едвај нешто да се случи во селото, тој го земал стапот и си велел на себе: „Побрзај, отец Димитриј, пак ѓаволот се вселил во нашето село“.

З


Тој се лутел на себеси кога заборавал нечие име во молитвата и тогаш шепотел: „За здравје на началникот на автобуската станица ... и на оној доктор...“ И поради неговото отворено, исполнето со љубов, срце, Господ го слушал така како што Он ги слуша големите светители. Еднаш отец Димитриј побарал од свети Георгиј повторно да го наполни пресушениот извор во селото. И кога водата зажуборела, тој едноставно рекол: „Аха, свети Георгиј, ти благодарам, благодетелу наш!“ Неговото дерзновение (слобода) било такво што тој често им ветувал на своите духовни чеда: „И по смртта ќе доаѓам кај вас и ќе ви помагам. Како да ги заборавам своите духовни чеда!“

М

ожеби некој ќе помисли: „Да, веројатно сето тоа е во ред, но веднаш сè да се запомни и разбере, нема да биде лесно. Зарем не постои некој универзален совет, кој ќе може постојано да ни е на ум?“ Постои. Следнава сликовита поука на авва Доротеј. Замислете, рекол тој, дека нашиот свет е круг. Во центарот на тој круг е Господ, а патиштата на луѓето се радиусите кои се спојуваат во центарот. Колку повеќе човек се стреми кон центарот, односно, кон Бога, толку поблиску е до другите луѓе. Тоа е патот на молитвата. А колку е поблиску тој до луѓето, толку поблиску е и до Бога. Тоа е патот на одрекувањето од себеси заради ближниот. Осаменоста е на крајот на кругот. Да почнеме да се движиме кон центарот! Превод од руски јазик: Аргирета Атева Наслов на изворникот: Игуменья Домника, Сети одиночества http://www.pravmir.ru/seti-odinochestva/ http://www.sestry.ru

29


Како глумиме смирение СХИАРХИМАНДРИТ АВРААМ РЕЈДМАН

ред многу години го прашав мојот духовен отец, игуменот Андреј (Машков), што е тоа смирение. Јас во тоа време бев млад и неопитен и мислев дека ако добијам точен одговор, веднаш ќе ја усвојам таа добродетел, а потоа сè ќе ми оди добро. Покрај тоа, во „Лествицата“ на преподобниот Јован Лествичник најдов изрека за тоа дека смирението ги искоренува сите страсти и во мене се разгоре желба да го стекнам смирението, та на тој начин да ги отстранам сите страсти, како што се вели во поговорката: со еден удар две муви да отепам. Но, самото дело на смирение се стекнува со борба, понекогаш, за жал, со сопнувања и паѓања, и оној што го стекнал смирението, може да се рече, го

П

30

стекнал совршенството или се приближува до него. Сакал - не сакал, до тоа сознание дојдов по години, преку сопственото горко искуство. Но, во тоа време му се обратив на отец Андреј со прашањето: „Што е тоа смирение?“ – а тој ми даде одговор, што мене ми се чинеше сосема неочекуван и дури несоодветен. Тој рече дека смирението е ненадевање на себеси. Бев многу разочаран од неговиот одговор: „Што зборува и каква врска има тоа со моето прашање?“ Но, премолчев. Тој, очигледно, почувствува дека јас не се согласив со тоа и не го продолжи разговорот. А јас многу години подоцна сфатив за што тој зборуваше: смирението се состои во тоа кога во сè се надеваш не на себеси, туку на Бога, и се сметаш себеси за грешен и ништожен човек. Отец Андреј тоа го зборуваше од искуство, затоа што тој навистина беше смирен. ногу често ние не разбираме што е

М

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

тоа вистинско смирение, што значи да се сметаш себеси за полош од другите. Па така, наместо да се смируваме, ние се занимаваме со смиренословие. Смиренословието е многу распространета умислена добродетел, кога човек со зборови се понижува себеси, но во душата не се смета за таков. Овој порок е толку распространет, што е многу тешко да не се заразиме од него. Има една приказна за таков „смиреномудар“ монах. Тој толку убедливо се разобличувал себеси за секакви гревови, што оние што го слушале, му поверувале, а кога тие поверувале, монахот се огорчил. Разбирате ли? Замислете се себеси на негово место, затоа што сите ние доаѓаме до слични ситуации. Велиме: „Да, ја сум грешен човек“ – се чини многу скромно, или: „Полуписмен сум, малку читам“. Ако оној на кој му се обраќаме поверува дека сме такви, ние веднаш ќе се огорчиме, нема тоа да ни


се допадне. Всушност, ние себеси се нарекуваме грешници, необразовани и зборуваме за останатите свои недостатоци со цел да се воздигнеме пред оние луѓе, кои ја почитуваат добродетелта на смирението. Така ние се фалиме, така да речам, со примитивна селска итроштина, како: - Јас сум лош, а човекот со кој разговарам треба да рече: - А не, ти си добар. – Не, јас сум лош. – Не, не, ти си добар. – Не, јас сум грешник. – Ама, не, што зборуваш? Тоа нам ни годи и многу е тешко да се откажеме од тоа.

М

ојот духовен отец Андреј никогаш за себе не зборуваше така. Не постои ситуација во која тој зборуваше лошо за себе, на пример: Јас сум грешник, или слично на тоа. Меѓутоа, секогаш кога го оскрбуваа, или понижуваа, или му се обраќаа како кон прост, ништожен човек, тој на тоа никако не реагираше. Еднаш ужасно, страшно го натажиле. Веќе имал игуменски чин (манастирот не го возглавувал, туку само имал игуменски чин). Се случило така што морал да оди на молитвословие – да причести еден

болен. Било утро и, според манастирскиот типик, во манастирот се служела полуноќница. Било пост. Се пеел тропарот: Се жених градјет в полуношти… и сите браќа влегувале и застанувале среде храмот. Бидејќи отец Андреј се подготвувал за молитвословие, тој не го зел со себе монашкото одело т.е. расото, а според мене, и паната. А луѓето што требало да дојдат по него, малку се задржале, и отец Андреј решил заедно со братјата да оди среде храмот: тој беше многу братољубив човек, го сакаше манастирскиот живот. Тој влегол, но без расо. Тогаш настојателот му рекол: „Ти си како Јуда“. Замислете си: да се каже нешто такво на човек кој во тоа време веќе имал повеќе од педесет години, кој имал многу духовни чеда, кој од детството бил воспитан во верата, кој од триесет години се подвизувал во Глинската пустина, каде духовниот живот цветал. Никој во ништо не можел да го укори, дури ниту во нешто надворешно. И нему, човек со толку совршено беспрекорен живот, пред сите браќа, да му рече: „Ти си како Јуда!“ Самиот отец Андреј потоа ми раскажуваше за овој настан. Јас тогаш се возмутив: „Како можеше намесникот да каже такво

нешто?“ А отец Андреј одговори: „Беше слаб“; и не можеше да се забележи дека тој има лутина кон тој човек. ма уште многу примери кога отец Андреј беше понижуван и натажуван. А тој, ако и некогаш се навредеше, за брзо време лутината му минуваше. Зборуваше дека и светител може да биде навреден, но да се држи злото – не е добро. За смирението на отец Андреј можат да се раскажат многу интересни работи. Сепак, јас само ќе повторам дека од него никогаш не би можеле да слушнете: „јас сум грешник“, „јас сум лош“, „јас сум неук“. Особено ништо добро не рекол за себе, никогаш не раскажувал за својот духовен живот, за своите духовни преживувања, но ако се појавеа случаи за да се смирува, се смируваше. Таквото смирение во отец Андреј, се разбира, беше не човечко, туку од Бога, тоа беше дар Божји. За мене, тој секогаш ќе остане пример на вистинско, искрено смирение. рашање: Јас себе навистина се сметам за грешна и безвредна твар. Како да знам дали тоа чувство е искрено? Одговор: Јас не мислам дека ти така мислиш. Инаку, тоа веднаш би било воочливо од твоето однесување. Оној што

И

П

31


себеси се смета за грешен и ништожен, тој, секако, нема никого да осудува, да злослови, да прекорува. Со други зборови, едно е кога себеси се сметаш за таков во својот ум, а сосема друго е – делатно, кога искрено го чувствуваш тоа во срцето. Кога свети Доротеј му рекол на својот старец, преподобен Варсонуфиј Велики, дека се смета себеси за најништожен од сета твар, старецот му одговорил: „Тоа е, чедо мое, гордост – така да се мисли“. Но, ава Доротеј, за разлика од мене и тебе, бил мудар човек и веднаш разбрал за што станува збор. Тој признал: „Да, отец, тоа е гордоста кај мене, но јас знам дека така треба да мислам за себе“. Тогаш свети Варсануфиј Велики му рекол: „Сега ќе зачекориш по патот на смирението“. Имено, ава Доротеј признал дека во суштина себеси не се сметал за најлош од сета твар, туку тој имал само теоретска претстава за тоа дека е неопходно тој така да размислува, но на дело такво искрено мислење за себе немал. А тоа е многу важно. ден подвижник изјавил дека себеси се смета за магаре. Подражавајќи некој авва Зосим, тој велел: „Јас

Е

32

сум магаре“. А старецот му рекол: „Немаш право така да се нарекуваш себеси, бидејќи кога авва Зосим се нарекувал себеси магаре, тој сметал дека како магаре секогаш треба да претрпува, а ти воопшто не претрпуваш“. Треба да научиме да гледаме на себе трезвено, подобро да признаеш дека немаш смирение. И тоа ќе биде посериозно, длабоко смирение, отколку таква игра: „јас сум ништожна твар“. Јас можам себеси да се нарекувам со разни навредливи зборови и може некогаш да се навредам, кога никој не слуша, но повеќе јас тоа си го дозволувам себеси за утеха. „Ах, глупаку, што направи?“

С

е разбира дека себеси можам да се почестам со некои навредливи имиња, но тоа е повеќе за да си дадам оддишка. „Е глупав еден, види што направи!“ (да речеме, кога ќе правам нешто погрешно). И што со тоа? Тоа не значи дека самиот се сметам за глупав човек, туку јас и понатаму мислам дека сум попаметен од многумина. Иако на тој начин се

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

укоруваме самите себе, ние сепак тоа го правиме на шега и со љубов. Зарем тоа не е така? Навистина многу е тешко човек да научи да не глуми. Прашање: Светите Отци велат дека смирение е кога себеси се сметаш за полош од сите. Како тоа може да се постигне? И што е тоа лажно смирение? Одговор: Лажно смирение е кога тоа се покажува. Најпрво, тоа има вештачки смирен изглед. Второ, тоа е смиренословие: човек зборува за себе дека е голем грешник и дека е најлош од сите, но кога навистина ќе го оскрбат, тој веднаш се возмутува и многу ревносно ги брани своите права. И како трето, лажното смирение се пројавува во тоа што човек мислено повторува некакви научени смирени фрази, да речеме поуки од светите Отци за смирението, и смета дека тој тоа го мисли искрено, но смислата на тие фрази не допира до неговото срце. д срцето не излегуваат само „зли помисли“, туку и сите човечки помисли. Човекот мисли со срцето, ако може така да се рече, т.е. ако со срцето не е убеден во нешто, тоа значи дека воопшто и не е убеден –

О


без разлика дали тоа е нешто добро или зло. Да речеме дека си прочитал кај свети Григориј Синаит дека човек треба себеси да се смета за полош од сите. Ти одиш и повторуваш: „Полош сум од сите“, но ако твоето срце не се согласува со тие зборови, тоа значи дека ти тоа во суштина не го мислиш. Твоето смирение е умислено, ти просто немаш вистинска слика за себе. Ако си смирен по срце, тогаш навистина си смирен. Ти може да немаш никаква дефиниција за смирението, никаква конкретна претстава за него, но тоа да е тука. И обратно, можеш колку сакаш да зборуваш за себе, како праведниот Авраам, дека си прав и пепел, или како пророкот Давид, дека си црв, а не

човек, но во мислите да стои: „Ете, јас сум црв, а не човек, затоа сум подобар од сите тие луѓе. Бидејќи тие не се сметаат себеси за црви, додека јас го мислам тоа. Затоа, тие се црви, а јас – човек“. Не треба така неразумно да се принудуваме себеси. реба да паметиме дека сè ни се дава од Бога. Секоја вистинска и вкоренета добродетел е дело на благодатта. Треба да се прави разлика меѓу себепринудувањето на добродетели и вистинската добродетел, која сме ја стекнале по дејство на благодатта. Затоа повеќе и подобро во стекнувањето на добродетелта помага Исусовата молитва. Сè што доаѓа од непрестајната покајна Исусова молитва е реално, нека е и мало, но сепак е

Т

реално. А со присилното себепринудување кон добродетели треба да се биде многу внимателен, за да не се заплеткаме и наместо себепринудување, да прејдеме во глума. Нема ниту да забележиме кога тоа ќе се случи, затоа што тоа нема да се изобрази дури ни пред луѓето, туку внатрешно, само пред себе. поред тоа, најважно е да најдеш своја мера на смирение која искрено можеш со срцето да ја усвоиш, па од таму да тргнеш понатаму принудувајќи се себеси на подобро.

С

Преземено од личниот блог на Аргирета Атева: http://maranata0. wordpress.com

33


Наклеветен светител (од житието на преподобен Ефрем Сириски)

о клирот на Низибиската Црква имало уште еден човек исто така со име Ефрем. Плашејќи се од разобличување на својата незаконска врска со ќерката на еден од значајните граѓани на Низибија, тој ја подучил својата соучесничка во гревот, та таа, кога ќе бидат обелоденети последиците од нејзиниот престап, да ја префрли вината на неговиот истоименик – Ефрем, ученикот на епископот Јаков Низибиски, кој за својата побожност веќе ја стекнал љубовта и почитта од другите. Подучената девојка така и постапила. Кога не можела повеќе да го крие својот срам, таа пред своите родители, укажала на преподобниот Ефрем, како на виновник на нејзиниот срам. Набрзо гласините за тоа се рашириле низ градот, и родителите на девојката заедно со многу други се обратиле кај епископот со обвинение против неговиот ученик. Светиот старец, убеден во нелажната побожност на ученикот, не сакал да поверува во обвинението, откако не добил признавање од самиот Ефрем. Ефрем, веќе од личен опит научен да не противречи на волјата на Промислата, која наведува искушенија, паднал пред нозете на епископот и со скрушен глас му рекол: „Навистина, отче мој, јас згрешив!“ Набрзо по ова таткото на девојката го донел бебето кај епископот и при целото собрание на клирот му го дал на Ефрем, велејќи: „Еве го твојот син, ти воспитувај го!“ Како да е навистина виновен, тој со горчливи солзи го зел бебето и пред сите рекол: „Навистина, отци мои, јас згрешив!“ Но Господ, откако ја испитал покорноста и цврстината на Ефрем во поднесувањето на искушенијата, му дал и средства да излезе од испитувањата со слава, достојна на неговото смирение. Он му објавил на непротивречниот страдалник, дека неговата добродетел не треба да остане помрачена во очите на луѓето, преку срамот од порокот, и Самиот дејствувал во разобличувањето на виновникот. Еднаш, кога народот се собрал во храмот на богослужба, дошол и Ефрем со бебето и, откако побарал од епископот дозвола да се качи на амвонот, го кренал бебето во вис, и му рекол: „Те заколнувам со името на нашиот Господ Исус Христос, откриј ни ја вистината, кажи, кој е твој татко?“ Бебето одговорило: „Ефрем, икономот црковен“. Откако три пати го кажало тоа, бебето умрело. Тогаш, сите оние кои го обвинувале, со солзи побарале прошка од преподобниот Ефрем, и од тоа време славата за неговата светост уште повеќе се распространила.

В

Превод од руски јазик: Ѓакон Јани Мулев Наслов на изворникот: Святой Ефремъ Сиринъ Творения. Томъ 1, „ПОСАД“, Москва, 1993.

34

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


ОД РИЗНИЦАТА НА БОГОМУДРИТЕ ОТЦИ (XI)

КОЛКУ Е КОРИСНО И НЕОПХОДНО ЧЕСТОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО ПРЕЧИСТИТЕ ХРИСТОВИ ТАЈНИ ЗА ХРИСТИЈАНИНОТ „Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв, ќе биде во Мене и Јас во Него“ (Јован 6, 56). Што може да биде повеличествено и попосакувано од подобните утешителни зборови на нашиот Спасител, во кои е искажана сета Негова љубов, сета беспределна бездна на Неговите добрини, кои му ги подава на човекот преку тајната на причестувањето? Со што може да се спореди состојбата на човекот, кој се соединува со Самиот Господ? Таа Тајна над тајните толку е возвишена, така што умот човечки, кој е ограничен, само делумно може да ја достигне. За нас, доволно е да знаеме дека во тајната на причестувањето, ние се удостојуваме за највеличествените Божји дарови, па затоа сме должни со сите сили да се трудиме така и да живееме, та почесто да пристапуваме кон оваа најсвета Тајна, за која древните христијани секојдневно се удостојувале. ветото Соединување, закрепнувајќи ги нашите телесни и душевни сили, ни служи и како непобедливо оружје во победата над невидливиот непријател на нашето спасение – ѓаволот. Тој непријател е најопасен за нас. Колку многу стапици тој поставува за да нè погуби и во кои со сите сили се труди да нè втурне. Каде и да тргнеме, речиси на секој чекор се труди да нè улови, постојано нè прелажува, постојано нè соблазнува. Ние сакаме да направиме добро, а тој нè навлекува на зло, ние сакаме да се молиме, а тој нè наведува на скверни

С

помисли, мрзливост и очајание, користејќи ги нашите немоќи и нашата наклонетост кон гревот... Колку многу е потребно внимание од наша страна кон самите себе, та лутиот дух на злобата да не завладее со нас! Дотолку повеќе тој е опасен, зашто за нас е невидлив и безмерно е итар и лукав. Против таквиот опасен непријател потребно е да го употребуваме најсилното оружје што го имаме. А што може да биде посилно од светата Тајна Причест? Таа Тајна сама по себе е семожна сила, зашто, причестувајќи се со Телото и Крвта Христови, ние во себе Го примаме Владиката на небото и земјата, чија сила е бескрајна. Од друга страна, таа Тајна во себе ја содржи сета сила на нашето големо искупување, кое е извршено од Спасителот, чиј плод било победоносното торжество над темното царство од ѓаволот. Оној, кој ретко пристапува кон оваа спасителна Тајна, тој се оддалечува од спасението. Оваа вистина се објаснува со еден многу едноставен пример: Оној, кој пристапува почесто, почесто ја очистува и својата совест преку Тајната на покајанието, а притоа ја возобновува тагата и скрушеноста за направените гревови, во својата душа го соѕидува спасителниот Божји страв, кој му помага во воздржувањето од гревот. За стекнување на Божјиот страв, потребно е често да се вооружуваме со добри помисли и добри дела, кои ќе нè оддалечуваат од гревот, а ќе нè доближуваат до Бога. Потоа, според

35


мерката на честото пристапување, убавите расположенија и добродетелите добиваат поголема сила и постануваат потреба на душата. Од искуство, секој од нас знае дека честото повторување на било што во нас предизвикува навика. Оној, кој често го повторува гревот, тој постанува слуга на гревот; оној, кој тежнее кон добродетелност, тој постанува подвижник во благочестието. На таков начин, честиот причесник неопходно ќе стекне расположение да служи на Господа со срдечност, зашто вистински верува во силата на Божествената Тајна; Го слави Бога со веселба и надеж, зашто вистински се надева дека негов помошник и заштитник е Господ, па Му се покорува со смирение и љубов, зашто вистински Го љуби Господа, Кој нè возљубил и нè исполнил со благодат преку сите небесни дарови. оголем број од денешните христијани еднаш во годината пристапуваат кон спасителните Тајни на покајанието и причеста, но христијаните од првите векови секојдневно се удостојувале за тој дар. Од ова се гледа колку многу се намалило денешното благочестие, па се прашуваме што ќе се случи понатаму. А се случува да слушаме од други, дека тие не се одлучуваат да пристапат кон оваа света Тајна, сметајќи се себеси за недостојни. Но, кој е денес достоен? На земјава нема достојни, но оној, кој со скрушено и смирено срце ги исповеда своите гревови и со сознание на своето недостоинство пристапува кон Христовата Чаша, него нема да го отфрли Господ, според Неговите зборови: Кој пристапува кон Мене, нема да го исфрлам надвор. Некои, пак, постанале суетни и бараат изговор дека немаат време за подготовка или било каква причина за неисполнување на светата христијанска должност.

П

36

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

Колку голема негрижа кон еден толку величествен Божји дар! Колку голема негрижа за спасението на својата душа! Во текот на целата година не треба ни еден ден да ја запоставиме грижата за спасението на својата душа, зашто пред нашите очи секојдневно имаме примери на ненадејна смрт... е треба да молчиме ни за тоа, кои се тие, кои навистина недостојно пристапуваат кон Христовата Чаша. За таквите говори Словото Божјо: Кој јаде и пие недостојно, судот свој го јаде и пие, не разликувајќи го телото Господово! Пристапувајќи кон оваа страшна Тајна, ние изговараме: Ниту целив ќе ти дадам како Јуда... Кои се тие, кои Го љубат Господа со Јудиниот целив? Без сомневање, тоа се оние, кои, не очистувајќи ја својата совест со срдечно покајание, не покајувајќи се за своите гревови, без страв Божји пристапуваат кон Христовата Чаша; или оние, кои, откако ќе се соединат со Господа, откако ќе се осветат со најсветиот Негов дар и откако ќе се очистат од своите безбројни гревови, повторно се враќаат на своите скверни дела и повторно постануваат робови на лукавиот. Тешко ним, за таквиот однос! а ја заклучиме нашата беседа за соединувањето со светите Христови Тајни со покажување на неколку, од оние безбројни добрини и богатства, кои ни ги носи достојното причестување. Според учењето на Црквата, оваа најсвета Тајна на Телото и Крвта Христови, на оние, кои достојно се причестуваат, им подава зацврстување на составот на коските, исцеление од многубројните болести и недостатоци, здравје, крепост, заштита, спасение и осветување на душата и телото, отфрлање на тагите, радост и веселие, оставање на гревовите,

Н

Д


умртвување на страстите, просветување и очистување на осквернетоста на душата, заштита од секакво дело и збор душепогубен, запазување од секакво ѓаволско дејство, бедем и помош и оддалечување од противниците (злите духови), отфрлање на секакво празно мечтаење и лукави дејства на ѓаволот, погубување на лукавите помисли и ноќните фантазии на темните и лукави духови, исправување на животот и зацврстување во светоста на животот, зачувување на заповедите, умножување на добродетелите и совршенствата, просветување на чувствата, мир на душевните сили, непосрамена вера, исполнување со мудрост, просвештение на очите од срцето, храброст и љубов кон Бога, дарови од Светиот Дух, умножување на Божјата благодат, вселување во душата на нашиот Бог Отец, Бог Син и Бог Свет Дух, зацврстување на животот, стекнување на идниот живот и царството, упатство за вечниот живот, благопријатен одговор на страшниот Христов суд, вкусување на небесните блага... Со совест, очистена преку светото

Покајание и со искрена желба да се исправи својот живот, почесто и почесто да пристапуваме кон вкусување од небесната трпеза, која ни се подава во Тајната на Телото и Крвта Христови, та преку достојното примање на тој висок дар, да ги примиме во себе и оние неизбројни дарови, кои ни се подаваат преку таа голема Тајна, па преку достојното вкусување на светиот Леб овде, на земјава, да се удостоиме да се соединиме со Христа и онаму, на небото, и вечно да пребиваме во заедничарење и лицегледање со Него, нашиот Творец, Владика и Искупител Исус Христос и да се удостоиме сите ние за Неговите добрини. Преводот е направен според: „Сколь полезно и необходимо для христианина частое причащение Пречистыхъ Таинъ Христовыхъ“, из сочинения покойнаго Атонскаго Иеромонаха Арсения, Москва, 1905. Превод: протоереј Златко Ангелески

37


Владика Николај

Мисионерска Писма, Нови Сад, 2004

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА 7. Писмо До девојката која не може да се одлучи за брак или за манастир

Ш

том се колебаш, ќерко, треба да знаеш дека повеќе си за брак отколку за манастир. За монашки живот се оние кои не се колебаат. Светиот Сава не се колебал, ни света Теодора, ни Ксенија, ни Ефимија и многу други, кои биле вистински уметници на монашкиот живот. Затоа ова не можат сите да го примат, туку оние на кои им е дадено. Ти кажуваш, како често со својата мајка навечер седите покрај огнот и ги набројувате причините за и против. Но, јас ти велам: колку и да има причини тие нема да пресудат на која страна ќе тргнеш, туку ќе пресуди она што те привлекува. Љубовта стои над сите причини. И ако љубовта кон Христа не те одведе во самотната манастирска тишина, тогаш љубовта кон надворешниот свет ќе те задржи и ќе те упати кон брак. Но и во вториот случај ти можеш да бидеш благословена со благословот на Сара и на Рахила, па и на твојата мајка. Големата љубов кон Бога не го поднесува надворешниот свет, не сака друштво и бара самотија. Таа љубов повикала илјадници души да се тргнат од широкиот светски пат во глувата пустина за да се видат насамо со својот Создател, Кој е целиот љубов и по име и по суштина. Но пред сè за да се удостојат за тоа видение и средба, монасите и монахињите ги примаат и постот и молитвата и понижувањето и бдеењето и сиромаштијата и послушноста и сите останати завети сè со цел да ја достигнат таа духовна средба со својот Создател. На овој тесен пат душата се удостојува за средбата со Господа тогаш кога ќе се ослободи, очисти и украси. д што треба да се ослободи душата на осаменикот? Од сите земни врски и приврзаности. Од што треба да се очисти? Од секоја таканаречена љубов, земна и телесна, од љубовта кон телото, кон ближните, кон своето родно место, имотот, јадењето, накитот итн. Со што да се украси душата? Единствено само со љубовта кон Христа, која ги содржи во себе сите останати украси, сите бисери на верата и сите скапоцени камења на останатите добродетели. Испостеното тело на монахот служи како почеток и лесен покривач на оваа бескрајна ризница. Така ти пишувам не за да те привлечам кон монашкиот живот, но попрво да те оддалечам од него, затоа што ако со колебливост се оддалечиш од светот, желбата за светот ќе се зголеми во тебе, и се плашам дека ќе те совлада. И ти со телото ќе бидеш во манастирот, а со душата во надворешниот свет. Благодари Му на Бога што покрај тесниот монашки пат покажал и еден малку поширок пат кон спасението и вечниот живот. Тргни, ќерко, по овој широк пат кој повеќе одговара на твојата наклоност. Тргни по тој пат, но сепак со страв Божји и со целосна наклонетост кон Бога, зашто знај дека и тој лесен пат без Бога е неиздржлив. Благословот Божји да биде со тебе.

О

38

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

Превод од српски јазик: Свештеник Мики Миовски


Владика Николај

Мисионерска Писма, Нови Сад, 2004

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА 18. Писмо Зошто се пали кандило пред икона?

К

ако прво затоа што нашата вера е наша светлина. Христос рекол: „Јас сум светлината на светот“. Светлината од кандилото нас нè опоменува на светлината Христова која ги просветлува и осветлува душите наши. Второ, да нè потсети на светиот карактер на оној светител, пред кого палиме кандило. Затоа што светителите се наречени: синови на светлината. Трето, за да ни послужат како укор за темните наши дела, и лошите помисли и желби, и за да нè повикаат кон патот на евангелската светлина. За да се потрудиме со голема ревност околу заповедите на Христа Спасителот: така да засветли вашата светлина пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела. Четврто, тоа да биде наша мала жртва пред Бога, Кој се жртвувал за нас. Еден најситен знак на голема благодарност и наша света љубов кон Оној, од Кого во молитвата просиме живот и здравје и спасение сето тоа што само безграничната небесна љубов може да ни даде. Петто, за тоа да биде страшило пред злите сили, кои нас понекогаш нè напаѓаат кога се молиме и ни ги одливаат мислите на спротивната страна од нашиот Творец. Зашто злите сили ја сакаат темнината и бегаат од секоја светлина, посебно од онаа која е наменета на Господ Бог и Неговите угодници. Шесто, за да нè научат нас на себепрегорување. Како што елејот и фитилот горат во кандилото, покорни на нашата волја, така да горат и нашите души во пламенот на љубовта во сите страдања, покорни на пламенот на Божјата волја. едмо, како што кандилото не може да се запали само, без нашата рака, така ни срцето наше, тоа наше внатрешно кандило, не може да се запали без светиот пламен на Божјата благодат, колку и да биде исполнето со сите позитивни добродетели. Зашто сите наши добродетели се како гориво, а од Господа Бога е огнот кој ги распламтува. Осмо, за да нè опомени дека Творецот на светот пред сè друго ја создал светлината, па потоа сè останато по ред. И рече Господ Бог: нека биде светлина. Така мора и на почетокот од нашиот духовен живот првин во нас самите да засветли светлината на Христовата вистина. Од таа светлина на Христовата вистина потоа се создава никулецот и расте во нас самите поттикнувајќи го секое добро дело. Светлината Христова нека ве осветли и Вас.

С

Превод од српски јазик: Свештеник Ангел Станчев

39


ДУШЕПОЛЕЗНА КНИГА ЗА ЧЕСТОТО ПРИЧЕСТУВАЊЕ СО СВЕТИТЕ ХРИСТОВИ ТАИНСТВА Преподобен Никодим Светогорец и свети Макариј Коринтски Приговор 13

Н

екои велат: „Еве, ние ја исполнуваме заповедта Господова – се причестуваме два или три пати во годината и тоа е доволно за да се оправдаме (на Страшниот Суд)“ На таквите луѓе им одговараме дека и тоа е добро и полезно, но дека е многу подобро редовното причестување. Бидејќи колку повеќе некој се приближува кон светлината, толку повеќе се просветува, и колку повеќе се приближува до огнот толку повеќе се загрева, и колку повеќе се приближува кон светињата, толку повеќе се осветува. Така, ако некој често пристапува кон Бога преку Причеста, тој сè повеќе се просветува и загрева и осветува. Брате мој, ако си достоен да се причестиш два или три пати годишно, тогаш си достоен да се причестиш и почесто, како што вели божествениот Златоуст, само внимателно подготвувај се и не го губи тоа достоинство. Значи, што нè спречува да се причестиме? Нашата невнимателност и мрзливост, кои нè совладуваат. И затоа не се подготвуваме според нашите сили за да се причестиме. Но од друга страна, пак, ние сме должни да кажеме дека, тие луѓе не ја исполнуваат Божјата заповед, иако сметаат дека ја исполнуваат. Бидејќи, каде Бог или било кој од светиите заповедал да се причестуваме два или три пати во годината? Такво нешто никаде

40

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

не среќаваме. И затоа треба да знаеме дека кога исполнуваме некоја заповед, треба да ја исполнуваме во согласност со заповедта. Т.е. треба да внимаваме на времето, и местото, и целта, и начинот на дејствување и сите околности под кои треба да се исполни, за да може на тој начин, доброто кое го извршуваме, да биде во сè совршено и на Бога угодно. ето ова се однесува и на Божествената Причест. Редовното причестување е и – неопходно и душеполезно и согласно со Божјите заповеди и совршено и богоугодно. А причестувањето само три пати во годината, - не е согласно со заповедите и не е совршено добро, бидејќи не може да биде добро, она што не се прави на добар начин. Затоа, како за Причеста така и сите други заповеди си бараат време за себе, според Проповедникот: „Има време за секоја работа“ (Проп. 3, 17), па така за исполнување на заповедта за причестувањето, ние треба да одделиме соодветно време, а тоа е моментот кога свештеникот возгласува: „Со страв Божји, вера и љубов, пристапете“. Но зарем тоа може да се слушне само три пати во годината? О каква несреќа и бедотија! За да може материјалното тело да живее тоа мора да јаде секојдневно два до три пати на ден. А несреќната

С


душа, за да води духовен живот, треба да ја јаде животворната храна три пати или понекогаш и еднаш годишно? Зарем не е тоа голема неразумност? Во спротивен случај, се плашам, дека бескорисно ни е исполнувањето на заповедите – бидејќи не ги исполнуваме и ги изопачуваме и затоа не само што не сме исполнители на законот, туку сме и негови противници. Ние често постејќи мислиме дека ја исполнуваме Божјата заповед, а всушност грешиме, како што вели и божествениот Златоуст: „Не ми кажувај дека тие постат, туку докажи ми дека тоа го прават во согласност со волјата Божја. А таквиот пост, ако не е во согласност со волјата Божја е поголемо беззаконие и од пијанството. Бидејќи ние не треба да гледаме само што тие прават, туку и да ја бараме причината поради која тоа го прават. Оти она што се прави во согласност со волјата Божја, иако изгледа бесмислено, сепак е најдобро. А она што се работи спротивно на волјата Божја, иако изгледа најдобро, во суштина е најлошо и најпротивзаконско. Бидејќи делата сами по себе не се добри или лоши, туку изразувањето на волјата Божја е таа што ги прави добри или лоши“. ЕПИЛОГ

Е

ве, возљубени мои браќа, со Божја помош завршена е оваа книга и врз основа на сведочењето на Светото Писмо и светите отци, е докажано дека редовното причестување со Светите Тајни – е неопходно и душеполезно, бидејќи без тоа невозможно е да растеме во љубовта на нашиот Господ, кој нè создаде од небитие, а кога паднавме повторно нè возобнови. Значи, од нас не се бара ништо друго, освен со достојна подготовка – скрушеност, исповед и исполнување на епитимијата – да им пристапуваме

на Тајните со страв и трепет и да се причестуваме. Секој од нас кој сака живот и сака да види добри денови, според Псалмопејачот, нека пристапува кон нашиот Господ, најслаткиот Исус Христос, Кој секојдневно нè повикува од Светиот Престол говорејќи ни: „Пријдете јадете од Мојот Леб и пијте од Моето Вино, што Јас го растворив во Светата Чаша, за да се просветите духовно и телесно, да бидете нахранети со бесмртна храна и напиени со пијалак кој не се расипува, та во потребниот час да не се посрамат лицата ваши“. è додека имаме време да правиме добро, како што вели апостолот: „Еве сега времето е најдобро, сега е денот на спасението“ (2. Кор. 6, 2). Да тежнееме и да го следиме Господа – и тогаш ќе Го пронајдеме како зора, која ќе нè просвети, како што вели Осија: „И Он ќе ни пријде како ран пролетен дождец кој паѓа на земјата“. Да го послушаме Еремија кој вели: „Вака вели Господ: застанете на вашите патишта, разгледајте и распрашајте за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ќе најдете спокојство на душите свои“ (6, 16). Да се покаеме од сета душа и од сето срце наше за сите согрешенија и да се исправиме, за да не ги слушнеме зборовите со кои би нè обвинил пророкот Еремија: „О, Господи, Твоите очи нели се свртени кон вистината? Ти ги поразуваш, а тие не чувствуваат болка; Ти ги истребуваш, а тие не сакаат да се вразумат; ги направиле лицата свои поцврсти од камен – не сакаат да се обратат... Пророците пророкуваат лага, свештениците господарат преку нив – и народот Мој го сака тоа. Кому да му говорам и кого да го убедувам, за да чујат? Ете, нивното уво е необрезано, и тие не можат да слушаат; ете, словото Господово кај нив е за потсмев; тоа им е

С

41


непријатно. Зашто од мал до голем, секој од нив се предал на лакомост, и пророк и свештеник - сите дејствуваат лажливо “ (Јерем. 5, 3.31; 6,10-13). а ги послушаме зборовите кои се од полза за нашите души, и да не испитуваме од кого се изговорени, од мудри или немудри, од угледни или смирени луѓе. Бидејќи каква полза ќе ни донесе сознанието дека тој е таков и таков – важен и голем човек? Или пак, каква штета ќе имаме ако тој човек е непознат и незабележлив? Ние ништо не купуваме. Нам ни требаат само зборовите од Светото Писмо, и не е наше да знаеме дали оној што ги изговара е мудар или не. И она што тој ни го говори ние треба да го споредиме со Светото Писмо, и ако е во согласност да го прифатиме, ако ли не – тогаш не ни е потребно ни од едниот ни од другиот. Бидејќи оној кој оди на пазар да купи пченица или нешто друго, не размислува за тоа кој ја продава – дали е добар или лош човек, гледа само стоката да е добра. Така и ние треба да бидеме внимателни кон зборовите и да не го погазуваме она што ни го предале Светите Отци, доколку не сакаме да застраниме од вистинскиот пат. Кога современите секташи би го изучувале Божественото Писмо, не би ги следеле првобитните еретици и заедно со нив да погинуваат. И тогаш лукавиот ѓавол помеѓу нив сеел разни ереси лишувајќи ги, покрај другото, и од Светото Крштение. А нас православните се труди да нè погуби, одвраќајќи нè од редовното причестување. Бидејќи не успеал да нè прелаже за Светото Крштение, се обидува да нè умртви на некој друг начин. И немојте да мислите дека има разлика по однос на овие две работи, бидејќи одлуката на нашиот Господ е подеднаква и за двете нешта, како што

Д

42

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

и претходно кажавме. Бидејќи да не се родиш потполно, или пак да се родиш и да умреш од глад – се две работи помеѓу кои нема никаква разлика. Така и ние, се разбира, духовно се раѓаме преку Светото Крштение. Меѓутоа ако не продолжиме да се храниме со Причеста, за да живееме духовен живот, тогаш повторно би умреле од глад – од недостаток на благодат – и уште ќе паднеме во полоши страсти отколку некрстените. атоа ве молам да се исплашиме од Господовите зборови сега, додека сме живи, за да се спасиме и да не трепериме на Судот кој ќе дојде и да нема кој да нè утеши. Да не бидеме како оние на кои Господ им вели: „Зашто, вие, оставајќи ја Божјата заповед, го држите преданието човечко“ (Марко 7, 8). Да не се прелажуваме од суеверијата и предрасудите, кои сега ги има премногу, но да внимаваме на она што е напишано. Како што вели свети Василиј Велики: „Точно е дека лошиот обичај нè прелагал, точно е дека причина за големи жалости постанало човечкото искривано предание“. Како и: „Ако некој од оние што на Светото Крштение Му ветиле на Бога дека повеќе нема да живеат за себе, туку за Оној Кој Умрел и Воскреснал за него, бара праведност од (исполнување на) Законот, на таквиот треба да му се суди како за прељуба. Значи ако на христијанинот му се суди за таков однос кон Законот, тогаш што може да се каже за човечките преданија? Што се однесува пак до човечките преданија, држењето до нив само по себе повлекува казна според Господовите зборови. А што се однесува до нашите сопствени помисли, кои се плод на човечката мудрост, апостолот нè научил подвижнички да ги отфрламе: „Оружјето

З


на нашето војување не е телесно, но со помошта Божја е силно да разрушува тврдини; со него ние уништуваме мудрувања“ (2. Кор.10, 4). Тоа што апостолот го рекол се однесува, како на човечките помисли, така и на секоја очигледна човечка праведност, дури и ако се трудиме да ја достигнеме заради Бога. Од сето ова очигледно е, каква осуда им претстои на оние, кои со своите мудрувања ги изопачуваат Божјите заповеди. Бидејќи е напишано: „Тешко им на оние кои се мудри во своите очи и разумни пред самите себеси!“ (Иса. 5, 21). И затоа е неопходно сето тоа заедно да се отфрли: и ѓаволските страсти, и светските грижи, и човечките преданија, и нашите желби дури и кога мислиме дека се најдобронамерни“. Да не ги престапуваме Божјите заповеди, за да не бидеме полоши и од бесловесните животни и понеразумни од рибите кои не се противат на Божјиот Закон, како што вели св. Василиј Велики: „Рибата не се противи на законот Божји, а ние луѓето одбиваме да го прифатиме спасоносното учење“. јде да ги оставиме оние кои сакаат да живеат неработно, или подобро да Го замолиме Бога да им дарува ревност. Да се разбудиме од сонливата мрзливост да примиме топлина и љубов во срцето, да го слушнеме духовниот повик на свештеникот и со скрушени срца да ѝ пристапиме на Тајната. Големо запоставување на Божјите заповеди е и тоа што голем број христијани доаѓаат на Литургија и на крајот кога Господ, преку свештеникот, нè повикува да пристапиме и да се причестиме, нема никој од тој голем број повикани да го исполни Божјиот призив - и тоа не поради грев или послушание, туку поради некој бесмислен обичај.

А

Ах, браќа мои, се плашам дека Господ за нас има кажано: „Зашто, ви велам: никој од поканетите нема да вкуси од вечерата Моја“ (Лука 14, 24). А освен тоа зарем нема да нè казни на најстрог начин ако не се покаеме и поправиме? Сакам нешто да ве прашам: за време на Тајната Вечера некој од апостолите да рекол: „Јас денеска не се причестувам“, - што ли би Му одговорил Господ? Безусловно, мислам дека истото што му го кажал и на Петар, кога им ги миел нозете на апостолите: „Ако не те измијам, нема да имаш дел со Мене“ (Јован 13, 8). Он и на тајната Вечера би им рекол на оние што не се причестуваат: „Ако не го јадете Моето тело и не ја пиете Мојата Крв, нема да имате дел со Мене“. стото тоа, возљубени, Господ и сега го говори на секоја Литургија: „Ако не го јадете Телото на Синот Човечки и не ја пиете Крвта Негова, не ќе имате живот во себе“ (Јован 6, 53). Доколку некој се лишува себеси од таквата небесна благодат, не затоа што има пречка поради некој грев, или затоа што има забрана од својот духовник, туку само поради еден бесмислен обичај. О, лукав обичај! Тој лош обичај пуштил толку длабоки корени, така што не само што ние не се причестуваме, туку ако видиме некој кој се причестува, ние наместо да го следиме неговиот пример, го осудуваме, велејќи, дека нема стравопочит и дека не ги почитува Божествените Тајни. Значи, пророштвото на Исаија се однесува на нас: „Тогаш Он рече: Оди и кажи му на тој народ: со ушите ќе чуете и нема да разберете и со очи ќе гледате – и нема да видите. Зашто срцето на тој народ е закоравено, и со ушите тешко слушаат и ги затвориле очите свои за да не гледаат со очи, со уши да слушаат и

И

43


со срце да разберат, та да се обрнат да ги излекувам“ (6, 9-10). Оти навистина сите сме станале бесчувствителни и не сфаќаме ниту што говориме, ни што слушаме, ни што гледаме. И знам дека поради таквата наша тажна состојба само мал број ќе го слушнат ова, без разлика колку и да говориме на оваа тема. Оти на многумина им отежнал слухот, та како што вели Исаија не можат да слушаат. А заради оние малкумина ќе наведам уште еден пример и со тоа ќе завршам. Замислете си некој цар како седи на висок трон, кој се наоѓа надвор од дворецот, на некоја рамнина, а пред него стојат сите кнезови, офицери и целиот воен одред со голем страв и трепет. И ако тој цар му заповеда на некој од нив да истапи и да дојде кај него, за да му даде некоја наредба, а некои други, пак, позавидувајќи му поради неговата близина со царот, се обидат да го одвратат од исполнувањето на царската наредба, кажете ми дали тој би ги послушал и би изразил непослушност кон царот? Мислам дека нема да им посвети ни најмало внимание на тие луѓе, туку со голема подготвеност би дотрчал пред царот, сметајќи за голема чест и слава да ја исполни заповедта. начи, ако во однос на смртниот цар сакаме да покажеме колку сме послушни, зошто да не се потрудиме да бидеме уште попослушни кон Небесниот Цар и наш Владика? Земниот цар може да ни ги одземе честа, славата, имотот – сè она, што денес или утре го уништува смртта. А кој тогаш може да Го смилостиви Бога, Кој може да нè осуди на вечна смрт? Што ќе правиме тогаш ние несреќните – ние кои ги нарушуваме Владичните заповеди – кога ќе започне Страшниот Суд? Зарем ќе можеме тогаш да најдеме

З

44

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА

оправдание пред Бога, пред Оној чиишто заповеди сега ги занемаруваме, правдајќи се дека „нас таму некој човек нè спречувал и ние затоа не можевме да ги исполниме Твоите заповеди?“ Вистина, многумина од нас ќе се правдаат на овој начин, но од тоа ќе немаме никаква полза. И затоа треба да се покаеме сега, пред да настапи тој час. Должни сме да ги отфрлиме ѓаволските жeлби и човечките обичаи. Должни сме да ги исполнуваме заповедите Божји, и со најнеопходна подготовка редовно да се причестуваме со Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос, за да се укрепиме во Божјата благодат, благодарение на Светата Причест. И така, поткрепени, да можеме тука на земјата да ја извршуваме Божјата волја, благо, доброугодно и совршено, како што ја извршуваат ангелите на небесата. И доколку некој се обиде да нè спречи во тоа, тогаш треба како и во односот со духовниот отец, долго и со солзи во очите да го убедуваме, сè дотогаш, додека на некој начин не го убедиме да ни дозволи да го примиме Духот во нашите срца со вистински чувства и свест. И тука и таму да се удостоиме заедно со Ангелите и Светиите да Го славиме Отецот и Синот и Светиот Дух – Единица во Троица и Троица во Единица, безгранично совршениот Бог, во сите векови. Амин.

Превод од руски јазик: свештеник Љупче Миланов Наслов на изворникот: Преп. Никодим Святогорец, Свт. Макарий Коринфский. Книга душеполезнейшая о непрестанном причащении Святых Христовых Таин. Сумы, 2001


ОД ИЗДАВАШТВОТО НА ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА „СВ. ЃОРЃИ ПОЛОШКИ“

В

о периодот меѓу Божикниот и овој Велигденски број на Православна Светлина од издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ беа подготвени и испечатени: книгата „Лек за бесмртност“ која е зборник на текстови за Светата Тајна Причест од познати православни автори, а која од српски јазик ја преведоа свештеникот Љупче Миланов и неговата презвитера Данче Миланова, потоа беше издадено реиздание на Давидовиот Псалтир и беше испечатен седмиот број од едицијата „Библиски настани“ - Огнениот Пророк Илија. ПРЕДГОВОР ЗА СТРИПОТ ЗА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

С

едмиот број од циклусот „Библиски настани“ е посветен на светиот пророк Илија. Роден е во градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Уште при неговото раѓање, неговиот татко видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова било предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата младост тој ја поминал во богомислие и молитва, честопати повлекувајќи се во пустината, за да може во тишина да размислува и да се моли. Во тоа време еврејското царство било разделено на два нееднакви дела: Јудиното царство опфаќало само две племиња, Јудиното и Венјаминовото, со престолнина во Ерусалим, а Израилевото царство ги вклучувало останатите десет племиња со престолнина во Самарија. Со првото царство владееле потомците на Јеровоам, слуга на Соломон. Најголем судир пророкот Илија имал со израилскиот цар Ахав и со неговата изопачена жена Језавела. Зашто тие им се поклонувале на идолите и го одвраќале народот од служењето на единствениот и жив Бог. Згора на тоа уште и Језавела, којашто била Сиријка, го наговорила мажот ѝ да подигне храм за сирискиот бог Ваал и да одреди свештеници за тој лажен бог. Со големи чуда Илија ја покажа силата и власта Божја: го затворил небото, па немало

45


дожд три години и шест месеци; спуштил оган од небото и Му запали жртва на својот Бог, а жреците на Ваал тоа не можеле да го направат; симнал дожд од небото со својата молитва; чудесно ги умножил брашното и маслото во куќата на вдовицата во Сарепта и го воскреснал нејзиниот умрен син; му прорекол на Ахав дека кучињата крвта ќе му ја лижат и на Језавела, дека кучињата ќе ја изедат, што и се случило; и многу други чуда извршил и настани предвестил. На Хорив разговарал со Бога и во тивкиот свеж ветрец го чул гласот Божји. Пред да се вознесе го зел Елисеј и го одредил за наследник во пророчката служба; со својата наметка го пресекол Јордан; и најпосле бил земен на небото во огнени кочии со огнени коњи. На Тавор заедно со Мојсеј Му се јавил на Господ Исус Христос. Пред крајот на светот Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот (Отк. 11). лужбата на пророкот не се состои само во тоа, да претскажува идни настани, или да открива тајни нешта. И тоа е дел од овој Божји призив, но пророкот пред сè е чувар на вистинската вера, човек кој го одвраќа народот од заблудите и лагата, и го насочува кон Бога, и кон здравото учење, кон вистинската вера. Во Стариот завет се појавиле многу пророци, чијашто мисија била, да ја зачуваат верата на народот неизвалкана, и да го подготват народот за доаѓањето на Месијата, Спасителот Господ Исус Христос. Неговата проповед била проследена и со многу чудеса: имал власт над природните стихии, воскреснал мртовец, ја разделил водата со својата наметка, на крајот се вознел на чудесен начин на небесата, земен на огнена кочија. И пророштвата кои ги дал додека бил жив, буквално се исполниле. Денес, за жал, народот го заборавил значењето на поимот „пророк“ и за такви ги смета многуте бајачи и гатачи, кои со своите магии, гатања, баења, лажни претскажувања го замајуваат народот, разболувајќи го душевно и телесно и погубувајќи го духовно. Таквите феномени се појавуваат онаму каде што нема здраво верување, каде што народот се оддалечил од Бога и од својата Света православна црква. Непознавајќи ја својата вера, луѓето ги мешаат верувањето и суеверието (празноверието), па како некогаш Израилот, се поклонуваат на разни божества, или култни личности и идоли. Најчесто како аргумент и поткрепа за нивната вистинитост ги земаат од нив извршените чуда, лечење на тешки болести итн. Но чудата не се секогаш аргумент. Знаеме од Стариот завет, во времето на Мојсеј (2. Мој. 7 гл.) како лажните свештеници со ѓаволска помош правеле чуда, слични на оние извршени од Мојсеја, но на крајот, пак, чудата на Мојсеј натежнувале, затоа што биле вистински. И денешниве бајачи прават чуда со помош на ѓаволот, сè со цел да ги излажат и одвратат луѓето од Црквата, и тие да им се наметнат како врховни авторитети, од кои треба да зависи нивниот живот. И така, кога еднаш ќе отидеме кај некој бајач, и тој ќе ни „помогне“, ние со тоа му ја отвораме вратата од нашата душа на ѓаволот, и автоматски стануваме негови робови, паѓаме под демонската власт на бајачот, притоа сметајќи го него за светител и наш добротвор. И секогаш, кога и да имаме некој проблем, болест, па дури и за најбанални работи, веднаш се обраќаме кај таквите демонизирани личности, кои наместо риба ќе ни дадат змија, наместо леб – камен, наместо мед – пелин. Но за да има ефикасност нивната лага, тие мораат сето тоа нивно богохулење да го завиткаат во црковна обланда, да го засладат отровот со малку мед. Па така, во нивните домови гледаме икони, кандила, крстови, и неуките и наивни луѓе, кога ќе ја видат таа глетка, која ги потсетува малку на црква, се залажуваат и им веруваат. Велат: „Тој човек работи со икони, тие му кажуваат што да прави!“ Но, тоа не е точно. Иконата, како и секој предмет си има своја правилна употреба (црковна) и злоупотреба. Иконата, заради личноста која е насликата на неа,

С

46

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


може да биде чудотворна, и исцелителна, но може да биде и смртоносна, на пр. ако удрите некого со икона по главата. Токму за таква, ѓаволски лукава злоупотреба, се работи и во случајот со бајачите, гатачите, јасновидците, толкувачите на соништа, разните исцелители итн. Светата Црква е чувар на вистинската вера, и само во неа може да има вистински чуда, вистинско исцелување, вистински светители. Сè што ни се случува во животот е по Божја промисла и допуштање, и има длабока смисла и поука, која Бог сака да ја сфатиме во животот. Затоа, секогаш кога имаме некоја мака, болест, проблем, да се обратиме најпрво со молитва кон Бога, да Го молиме Бог да ни открие зошто ни се случува тоа, да размислиме и да го преиспитаме нашиот живот, дали живееме угодно на Бога или не; дали можеби Бог ни испратил некое искушение за да ја испита нашата вера, или за да нè укори, или за да нè вразуми, за да не станеме полоши. Да ги отфрлиме од нашиот живот сите тие погоренаведени измамници, кои, како што вели народот, „ни продаваат магла наместо волна“, и да се обратиме во Црквата кон Христос, нашиот Спасител и Бог, и да Го бараме Него, со Него да зборуваме во молитва, Нему да Му ги кажуваме нашите маки и страдања, и од Него да очекуваме помош, заштита и утеха, а Он е добар и милостив, и нè љуби нас луѓето како вистински чедољубив родител, па затоа и ќе нè слушне и ќе ни помогне. Наше е да внимаваме на своите дела, зборови и помисли, да ги насочуваме кон Бога, и, како и светите пророци да ја изучуваме и чуваме нашата Света православна вера чиста и неизвалкана. Господов благослов на сите вас Митрополит повардарски Агатангел (Станковски)

ПРЕДГОВОР ЗА КНИГАТА „ЛЕК ЗА БЕСМРТНОСТ“

Ц

ентар и идентитет на Светата Православна Црква е Божествената Литургија, која се служи редовно во сите храмови и манастири. Поимот Литургија значи јавна служба, народно дело, служба на народот, односно, принесување дарови (леб и вино) на Бога, кои потоа на Литургијата се осветуваат и стануваат Тело и Крв Христови, без да го изгубат поранешниот вид. Литургијата е востановена од Самиот Господ на Тајната Вечера (настан кој го славиме на Велики Четврток), кога Он, како што се вели во Евангелието, им рекол на апостолите: „Земете, јадете, ова е Моето Тело, кое за вас се прекршува за простување на гревовите; пијте од неа сите, ова е крвта Моја на Новиот Завет, која за вас и за мнозина се пролева за простување на гревовите; ова правете го за Мој спомен“ (Мат. 26 гл.; Марко 14 гл.; Лука 22 гл.; 1. Кор. 11 гл.). И оттогаш па досега, и во најтешките гонења, Светата Црква – Телото Христово, постои преку служење Света Литургија, за да можат верните да се соединат со Христа, и да се воплотат во Телото Христово, да добијат залог за вечниот живот, да добијат светост и обожување. Иако ние, епископот со својот 47


клир, ја служи светата Литургија, сепак, Бог е Оној Кој принесува и се принесува, Он дава и се раздава, и Самиот Он ја извршува оваа Божествена служба, а ние само Му сослужуваме. Самата Литургија е центар и идентитет на Црквата, нејзина суштина, срж, срцевина, таа е парче од рајот на земјата, таа е влез и почеток на Царството Божјо, преобразителка на времето и просторот, и на верниот народ кој со вера се собира секоја недела во храмовите заради неа. Во свеста на народот отсекогаш постоело поистоветување на Црквата со светата Литургија, па така и денес во помалите места, или во селата, луѓето, сакајќи да прашаат дали ќе има Литургија, велат: „Отче, ќе има ли утре Црква?“ Не постои Црква без Божествената Литургија, ниту пак Литургија надвор од Светата Православна Црква. Ако се случи во една Црква да не се служи повеќе Литургија, тогаш таа автоматски се претвора во музеј, или фолклорно друштво. Исто така, ако се обиде некој неправославен да служи Литургија (на пример, во било која еретичка секта), таквата „литургија“ ќе биде само обичен театар, без благодат, без претворање на лебот и виното во Тело и Крв Христови. торо име на светата Литургија е – Евхаристија, т.е. благодарење (на Бога), благодарствена служба. Благодарењето (канонот на Евхаристијата) е всушност основен и главен дел на Светата Литургија. Како што велат Светите Отци на Црквата, единственото нешто што можеме на Бога да Му го принесеме, е нашето благодарење. Му благодариме за сè што Он направил и прави за нас и за нашето спасение, за нашиот живот, за родот и плодовите од земјата, Му благодариме за поволните услови за род, па како резултат на тоа, Му принесуваме леб и вино добиени од земните плодови (пченица и грозје). И повторно, и овие продукти не се наши, туку се Негови, па затоа велиме: „Твои (дарови) од Твоите, Тебе Ти принесуваме од сите и за сè“. Во старата Црква верните донесувале во храмот првина од сè што работеле и добивале, но од сите тие дарови, се задржала праксата да се донесува во храмот како благодарствен дар само леб (просфора) и вино за служење на светата Евхаристија.

В

48

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


Но што е потребно за да се причестиме? Потребен ли е пост? Како и колку дена треба да постиме? Ова се најчесто поставувани прашања, за кои во книгата има опширни одговори, а овде само накусо ќе одговориме на нив. равославниот духовен живот, во својата основа, е составен од пост, молитва и исповед, кои се всушност подготовка за светата Причест. Постот е боговостановен уште од Стариот Завет, продолжува и се дооформува и во Новиот Завет и трае непрекинато до денес. Православните христијани постат во секоја среда и петок (со нејадење на мрсна храна и со воздржување од сладострастија, лоши зборови и мисли), како и во четирите големи пости: Велигденски, Божиќен, Богородичен и Апостолски. Молитвата е наше секојдневно дишење, и е неодвоива од постот. Постојат повеќе начини на молење, со свои импровизирани молитви, или со веќе востановени и запишани во молитвениците, како и со практикување на Исусовата молитва. Православните христијани се молат секојдневно, бидејќи, како што телото има потреба од храна, така и нашата душа има потреба од молитви. Преку молитвата ние зборуваме со Бог, Му се обраќаме, Му ги кажуваме сите наши маки и страдања, Го молиме за нашите потреби и Му благодариме за сè. Се молиме не само во храмовите за време на богослужбите, туку се молиме и дома, во нашата „тајна одаја“, и тоа секојдневно. Секако, не смееме да ги заборавиме и молитвите пред и по причестувањето, кои спаѓаат во подготовката за Причест. споведта, не е само каење за сторените гревови, туку и преумување, преобразување, промена на начинот на размислување, христијанизирање на умот, свртување и насочување кон Христа. Секој православен христијанин е должен да се исповеда редовно кај својот свештеник – духовник, и од него да се учи на побожен живот, и под негово раководство да стигне до спасение. За ваквите активни христијани, кои живеат правилен (православен) духовен живот, доаѓаат редовно во Црква на богослужби, за нив нема проблем околу причестувањето. Тие се причестуваат во согласност со проценката на нивниот духовник. Но, најголем проблем настанува со оние т.н. пасивни христијани, кои не ја знаат православната вера, кои доаѓаат 2-3 пати годишно во Црква, најчесто застрануваат по бајачи и гатачи и имаат сомнителен морал, по инерција се причестуваат, без да знаат што и како примаат, и без да имаат вера дека тоа се вистински Тело и Крв Христови. На таквите пасивни христијани свештениците треба да им посветат поголемо внимание, да ги насочат правилно во духовниот живот, од пасивни да станат активни, живи членови на Телото Христово, кои свесно ќе доаѓаат редовно во црква и ќе учествуваат во благодатниот светотаински живот на Црквата. дно од најактуелните прашања денес е, колку пати треба да се причестуваме? Дали е подобро секоја недела или четири пати годишно? Прастара традиција е сите христијани да се причестуваат на секоја литургија, или како што сведочат светите Отци на раната Црква, како свети Василиј Велики,

П

И

Е

49


дека во нивно време христијаните се причестувале дури четири пати во неделата: вторник, четврток, сабота и недела (а според други, среда, петок, сабота и недела). Таа традиција ја потврдува и служењето на Литургијата со Претходно осветени дарови, односно вечерното причестување, востановено за да можат христијаните да се причестуваат и во време кога не се служи Литургија, како што е во Велигденскиот пост, заради неговиот покајнички-таговен карактер. о, во текот на Османлиското ропство врз православните народи, настанува извесна богословска декаденција кај православните, па така, опаѓа и духовниот живот кај народот. Затоа, познати светители на Црквата од XVIII и XIX век како што се свети Димитриј Ростовски, свети Филарет Дроздов, свети Игнатиј Брјанчанинов и други почнуваат да проповедаат причестување четири пати годишно, или задолжително барем еднаш во годината, за Велигден. По нив доаѓа генерација на светители и теолози, кои го омекнуваат тој радикален, речиси пуритански став и почнуваат да проповедаат причестување во четирите пости и во големите празници, храмовни и домашни слави. Дваесеттиот век го одбележаа имињата на современите теолози како што се: протоереј Александар Шмеман, протоереј Николај Атанасјев, протоереј Александар Мењ, протоереј Георгиј Флоровски, и многу други, како и претставниците на Коливарското движење, кои ја поставија Литургијата и светата Причест на централно место, односно, ѝ го повратија местото кое таа го беше изгубила, со тоа што беше изедначена со останатите богослужби (утрена, вечерна, повечерие, часови итн.). Со нивниte заложби беше реставрирана старата Литургија, беше воспоставена како центар на животот, и центар на Црквата, и беше доведена повторно како круна на сите други молитвословија и таинства, како што се литургиското крштевање и венчавање. Црквата е ослободена од стерилниот западен морализам, и ѝ беше вдахновен изворниот, подвижничко-литургиски дух, кој отсекогаш бил присутен во Светата Црква. И повторно, ќе праша некој, колку пати да се причестуваме? Би рекле, бројките (многу или малку) не нè прават ни достојни, ни недостојни, туку севкупниот начин на живеење и верување, животот според Евангелието, стекнувањето на Ум Христов, добрите дела, милоста, нашата љубов и копнеж по Бога – сето ова практикувајќи го, стануваме достојни за Светата Причест. Не смееме да ја третираме светата Причест како обично „лепче и винце“ како што мислат неписмените и безбожните, но ниту да ја сметаме како нешто недостижно, и несвојствено за нас, како нешто што треба да го добиеме по којзнае какви сурови подвизи, со што, би Му „угодиле“ на Бога. Ако правилно се подготвуваме и со страв Божји, вера и љубов се причестуваме, тогаш неизоставно ќе ги добиеме и благодатните плодови од светата Причест, т.е. од соединувањето со Христа – простување на гревовите, обожение, освештение, спасение, исцелување од страстите и од други телесни, душевни и духовни болести, радост, мир и љубов. о оваа книга подетално се разработени сите овие прашања, како и многу други душеполезни теми, и затоа подеднакво оваа книга е важна за клирот, за оние кои се подготвуваат да станат клирици или монаси, како и за верниот народ.

Н

В

50

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


На свештенослужителите им препорачуваме добро да ја проучат содржината на книгава, да навлезат подлабоко во смислата на светата Литургија, и кога треба да причестуваат некого, да прават разлика помеѓу активните (оние кои доаѓаат редовно на Литургија, се трудат во духовниот живот и го познаваат учењето на Црквата), и оние пасивните христијани (кои доаѓаат неколку пати годишно, повеќе од адет, отколку заради Христа, и кои имаат сомнителна вера и морален живот). На верните, пак, им ја препорачуваме за што подлабоко да ја проучат Литургијата и нашата света православна вера, но и да напредуваат во подвижничкиот живот, како и да доаѓаат редовно и да учествуваат во благодатниот Светотаински живот на Црквата – во Божествената Литургија, со Божја помош преобразувајќи и охристувајќи го својот живот, па така уште тука ќе го живеат Царството Божјо, ќе добијат светост, спасение, а преку нив и многумина околу нив ќе се спасат. Благослов Божји на сите православни христијани кои се трудат да живеат Богоугоден живот. Митрополит Повардарски Агатангел

51


52

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


Дневникот на една мајка 11 дел

Е

ден ден, враќајќи се од работа, кога татко ѝ не беше дома, мојата ќерка ми се пофали како ѝ влегла во трага на мајка си, и дека наскоро ќе има средба со неа. Срцето ми се скрши, но не го покажав тоа пред неа. Само ѝ реков: „Мила моја, биди внимателна во оваа работа; со желба да ја задоволиш својата љубопитност, немој да ѝ го загорчиш животот. Мислам дека не е праведно пред Бога“. Таа не ме разбра добро што сакав со тоа да ѝ кажам, па морав да ѝ објаснам. Личноста што те родила, можеби сега е во брак, има свое семејство, на кое таа не им кажала дека во младоста имала дете што го дала на посвојување. Доколку сега би се дознало тоа, можеби би ѝ се распаднал бракот, децата, доколку ги има, би биле деца на разведени родители, ќе бидат несреќни деца поради една грешка во младоста, или подобро речено, сега се појавуваш ти и велиш: „Јас сум таа што ти си ме оставила“. На ова те предупредувам, не затоа што не сакам да го вратиш мирот во својата душа, туку да го зачуваш мирот и на другите невини душички (сопругот и децата), а и нејзиниот, та и таа да не мора да пати бидејќи секој има право на своја среќа, како и мир во бракот. По ова Р. ми рече: „Добро што ми го спомна ова, мамо, бидејќи јас за ова воопшто не сум размислувала. Ќе го имам ова предвид“. По некој ден ми соопшти дека ќе оди на состанок со таа личност, ама ми рече дека таа тајно ќе дошла, сама. Помина тој ден. Во срцето не би можела да опишам што сè не ми помина во умот: сомнеж, љубомора, и страв да не ја изгубам Р. Но, повторно се сетив на зборовите што ми ги кажа Мајката Божја: „Не плаши се, јас сум со тебе“. ога се врати од средбата Р. ми го опиша целиот тек на разговорот со таа личност. Р. ја интересирало дали личи на неа, и ништо друго. Дознала дека е мажена и дека има две синчиња, и дека едното личело на Р. За време на разговорот, а и по него, Р. ми рече дека за нив нема никакви чувства. Ѝ кажала дека не е заинтересирана многу да контактира со неа за да не ѝ прави проблеми, дека е среќна со своите родители и дека има мајка која сето ова го знае и ѝ го одобрила, без да се сомнева во неа. Нејзината мајка ѝ одговорила дека и таа е среќна што слушнала за неа, а особено за тоа што има таква мајка што нејзе не ја укорувала за сторената грешка во младоста, како и тоа што не сакала да ѝ ја загрози брачната состојба. На крај се разделиле. Кога го заврши разговорот со мене ми рече дека се гордее што ме има мене за своја мајка на која може да ѝ каже за сите свои проблеми, и дека сега е потполно мирна што ја видела нејзе, дека тоа е завршена работа. Ми се извини, доколку при ова ми предизвикала болка и сомнежи. Јас ѝ одговорив дека уште однапред сум знаела дека до ова мора да дојде еден ден и бев свесна за оваа неизбежност, и дека сум била охрабрена од мојата Преслатка Мајчичка Богородица, која ми те дала во својата прегратка. Во мојот живот, додека Р. уште беше малечка, преживував тешки моменти, кога мажот ми дозна дека Р. знае за вистинската состојба. Во моментите кога тој се расправаше со неа, било околу нејзините оцени или разни други несогласувања

К

53


помеѓу нив, често пати, насамо, без нејзино присуство, тој ми забележуваше што сум ѝ ја кажала вистината, мислејќи дека кога таа не би го знаела тоа, не би била ваква. Тешко ми паѓаа тие обвинувања и му велев дека сите денешни деца (непосвоени) се такви во своите пубертетски години, а и такво е времето, но тој секогаш остануваше при своето уверување. При една таква расправија го слушна и Р. и категорично застана на моја страна обраќајќи му се на татко ѝ: „Доста ѝ префрлаш на мама за тоа, па таа најправилно постапи што уште како дете ја дознав вистината, а не како некои на денот на свадбата или пак од некои неодговорни луѓе. Тоа мене воопшто не ми пречи и не сум ги сменила чувствата кон вас како родители. А тоа што имам проблеми со оцените, истите проблеми ги има и кај другите што живеат со своите вистински родители. Вие ме воспитувате, а јас треба да слушам, но и јас сум само дете кое некогаш не може да разбере како голем и искусен човек. Многу би сакала да сум послушна и да немате проблеми, но ќе се потрудам колку што можам“. За љубовните проблеми и да не зборувам, но секогаш таа имаше неограничен пристап кај мене, за да ми ги открие сите љубовни радости и таги, што јас како мајка се трудев колку-толку да ги разберам, да ја поучам и да ја упатам на вистински пат. ногу сакавме да заврши факултет, но таа ни рече: „Знам дека имате желба да завршам факултет и дека имам услови за тоа, но јас немам желба за студирање, и зошто да ве залажувам и да го губам времето. Сакам да се вработам и да се мажам. Сакам да бидам сопруга и мајка“. И набрзо по матурирањето на 22. октомври 1991 год. се омажи, бидна свадбата; на 5. март 1992 го доби синот В.; на 11. јануари 1994 год. се роди ќерката Т., а на 19. јуни 1996 год. се роди и вториот син В. И така, од една искра – оган! Сега пензионерските денови ги поминувам и исполнувам со молитва за здравје и напредок, духовен и материјален, на моите најмили, сопругот, ќерката, зетот, трите наши мили внучиња, уживајќи во нивниот напредок под закрила на нашиот Бог Света Троица, на Мајката Божја и на сите Светители.

М

16.IX.2002 год.

В

раќајќи се од преглед кај очниот лекар во Воена болница, тргнав пеш кон дома. Одејќи така дојдов во близина на работното место на Р. Претходните денови, во телефонски разговор, ми напомна, дека ја фарбала и скратила косата, ама немала време да дојде за да ја видам. Решив да навратам на нејзиното работно место за да се видиме. Ја набљудував како брзо ги извршува разговорите со клиентите и стручно си ја врши работата. Ѝ се восхитував и ми беше мило во срцето што од неа стана вредна службеничка, добра мајка, сопруга, ќерка и снаа. Таа не ги забележа моите погледи упатени кон неа. Со фарбана и скратена коса изгледаше уредно и убаво. Само ме загрижуваше нејзиното поткашлување и ѝ обрнав внимание да се погрижи и за своето здравје. Таа, за да ме смири ми вети дека ќе го стори тоа, ама јас и понатаму останав со мислите на неа, дека поради обврските што ги има дома (со сопруг и три дечиња) нема пак ништо да стори, нешто лично за себе. Во мислите си реков, ех, да ми е

54

ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА


дома, барем за еден ден, јас би ја излекувала, но тука сум немоќна. Не можев ништо друго да речам освен да искажам желба за скоро видување. Гледајќи ја нејзе, без среќна што ја имам неа и моите слатки внучиња и зетот; па ние навистина сме големо семејство – зарем не! Овде завршува мојот дневник. ЕПИЛОГ

П

ред сè, им се заблагодарувам на читателите за покажаното трпение, кои до крај го прочитаа овој „Дневник“. Секој напишан збор има своја цел. Пред пишувањето на мојот „Дневник“, имав за цел во него да ги проткаам сите мои чувства кои извираа од важните моменти во еден период на мојот живот. Од друга страна, пак, сакав да го потенцирам духовното значење на Божјата Промисла и на Мајката Божја во решавањето на мојот проблем. Исто така, се трудев да им дадам пример и на другите, со сличен проблем, да се решат на овој начин, иако медицината во денешно време нашла и други начини. Доколку се решат на овој начин, би им обрнала внимание на следново: 1. Нека не мислат дека замрсените брачни проблеми ќе се решат на овој начин; детето внесува промени, дури и роденото од нив самите, кои многу лошо може да се одразат на бракот; 2. Да не се бара ни очекува апсолутна благодарност од детето за деновите од староста; што помалку се бара – помало е и разочарувањето; 3. Ако понекогаш би се запрашале самите себеси, дали добро постапивме? Одговорот е секогаш: ДА, па дури и да имало разочарувања. Вие сте си помогнале на себе со едната рака, а со другата и на друго битие, подарувајќи му се себеси за родители; 4. Не започнувајте никако ако не сте сигурни дека вашиот брачен партнер нема да ве разбере и нема да сака така да го реши проблемот со вас; 5. Ако не сте сигурни дека не би можел да биде нежен и одговорен родител, бидејќи за подигање на дете потребни се двајца, иако постојат и исклучоци. Од мене толку, од Бога повеќе! Завршено со пишување на 24. јуни 2008 год.

55


БИБЛИСКИ НАСТАНИ ���� �

6

�����

д

56 Naslovi od izdava{tvoto na Misionersko - humanitarnata dejnost \akonija i ПРАВОСЛАВНА СВЕТЛИНА izdava~kata dejnost pri Povardarskata eparhija Sv. \or|i Polo{ki

ави

Вели

Расказот за Давид II дел

киот Д


Манастир „Св. Архангел Михаил“ село Чичево


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.