facebook.com БРОЈ 59, октомври 2014 · 35 ден
стара цена 90 ден.
cekc xpaha Заведувајте од кујната
БРОЈ 59 октомври 2014
5
начини да доживеете
години
мust
have Вашиот нов модел чевли е тука!
swift
предлог парфеми за сезоната
taylor
им раскинува на момците за да извади хит сингл?!
момчето Минато свршено време октомври 2014 35 ДЕНАРИ
ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО
ЗА ЖЕНИ - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА
октоМВРИ
2014 Bue unique за претходниот
86
Мудро работење
Здраво Unique. Пред неколку месеци почнав да работам и нормално мислам дека треба да завршам сѐ што е моја обврска, но и повеќе од тоа. Текстот „Не работи напорно, туку мудро!“ од минатиот број ми дојде како порачан водич за дилемите со кои секојдневно се соочувам. Ви благодарам што покрај темите за мода, убавина, љубов и секс, секогаш одвојувате простор и за кариерата. Поздрав, Business woman, 25
Секси мени
36
Канцеларија дома!
Дебели и среќни, поточно здрави
46
52
Моден едиторијал
задолжително прочитајте 24 Помош! Криза во кариерата 38 Порно
зависност
Потенцијал за создавање на криминалци?
32
интервју ангела карова
Shopping list
Најдобра 28 Вашиот екс? Минато свршено време!
ВО НЕГОВИОТ УМ
44 Згоден дечко
BEAUTY
71 Целосен стил, мејкап и модни додатоци
42 Прави мажи? Депилирани, со педикир и шминка
73 Зимски парфеми
93 Влажни соништа Што всушност се случува?
78 10 чекори до блескава кожа
112 Вечно млади Како да доживеете стота? 10 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
74 Подмлади се: што делува, а што не?
ТИ И ТОЈ 82 Отклучете го минатото, ослободете ја иднината
92 Зошто првите 20 минути од првиот љубовен состанок се најважни? 95 Кој вели дека разводот мора да е ужасен?
LIVING 122 Хидратација 107 Намалете го ризикот од рак уште денес
Цел живот се соочувам со различни типови на жени кои од мене бараат совети за диети што очекуваат дека сум ги испробала или пак со предлози за нови диети. Зошто? Бидејќи сум ниска и буцкаста, па логично сите сметаат дека сум дебела и дека постојано се борам со килограмите. А кога ќе ми посочат дека здравјето ми е во прашање, ми се крева косата. Текстот „Може ли да бидете дебели и здрави“ особено ме израдува и ми ја потврди уште еднаш мојата теорија: и онака слабите девојки повеќе се опседнуваат со килограмите. Весна. 26
Дали сте знаеле дека...
110 Време е за лута зимница 116 Сакате екстра енергија? Појадувајте! 121 Кариерата ви ја саботира линијата? 122 Хороскоп
22% од жените спијат во најпроблематичната поза - на стомак. Повеќе интересни податоци за сонот и спиењето ќе најдете на страна 118. Контактирајте нѐ на:
contact@uniquemag.mk
UNIQUEнајдобра
Милена Танаскоска Моден уредник во Unique
„Црно белите комбинации функционираат совршено за мене, бидејќи можам да си играм со накитот во боја. Во моментов црпам инспирација од дуото Proenza Shouler - минималистички, но софистициран стил изразен на кул начин.“ Дневна комбинација што секогаш функционира: Тесна фармерка, добра кошула и уникатни чевли. На ваква комбинација секој моден додаток е полесно воочлив и лесен за комбинирање. Оваа сезона не можам да ја замислам без крзнен елек и голема чанта во бордо боја.
Додај на
стил Овие 4 активни консументи на мода имаа за задача да ги инјектираат додатоците на Parfois во своите комбинации. Исходот го документиравме со фотографија во Brick Bar, кафуле со уметничка душа. Од нивната задача дозволено е да препишувате.
Шминка и фризура: Дарко Мишовски, Александар Ризов, Глигор Бадев
Впечатлив ѓердан за луксузен шмек
За безгрешни и секогаш успешни комбинации препорачувам: бела кошула, блуза со пруги, црно палто, кожена јакна, фармерки, класични панталони и уникатни ѓердани.
Оваа сезона најмногу носам: пончо/ќебе наметка, моторџиски чизми, впечатлив ѓердан, шешир и миди здолниште или здолништепанталони.
Ана Несторовска
моден новинар и уредник во Stylist.mk „Отсекогаш сум ги сакала комбинациите на модели од различни ери и стилови. Низ годините, врз мојот стил влијание имаат извршено модата во сериите „Сексот и градот“ и „Маркетинг Директори“ (Mad Men), како и модните икони: Марлен Дитрих (во 30-тите и 40-тите), Одри Хепберн (во 50-тите и 60-тите), Дајан Китон во „Ени Хол“ во 70-тите, Рошин Марфи 2000-те...Инспирацијата за применување на актуелните трендови ги добивам од секојдневното следење на уличната мода од светските центри и стилот на познатите модни блогерки.“
г
Вечерен предло
Комбинацијата без модни додатоци е како слика без боја.
20 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
Комбинацијата без модни додатоци е неискажана мисла, недоизградена куќа, недосликана слика...
Локација: Brick Bar, Фотограф: Жарко Чулиќ, Модни додатоци: Parfois
UNIQUEнајдобра
Сè што изгледа како да е излезено од 1970-тите: големи марами со геометриски шари, крзно, високи чизми над колена и огромни тркалезни очила за сонце, се прифаќа сезонава.
Јована Зука
AfterTwoFive моден блог „Во избирањето на модни додатоци за одредена комбинација секогаш се водам според моменталните чувства и според тоа дали сметам дека истите совршено ќе ги дополнат избраните парчиња облека, или пак ќе одземат од целокупната естетика.“
Голема чанта со строг облик
Речиси е невозможно да погрешите со темни фармерки, лелеава маичка, џемпер или машка кошула, кожена јакна, голема чанта со строг облик и добри полу-чизми на висока потпетица.
Елегантна чанта во неутрална боја, бисерен накит, прстен со скапоцен камен и свилена марама, тоа се неколку парчиња вредни за модно инвестирање.
Комбинацијата без модни додатоци е приказна без кулминација.
Комбинацијата без модни додатоци е како сладолед од ванила, некогаш доволно вкусна и сама по себе.
Катерина Трајановска
моден новинар и уредник во Stylist.mk Мојот стил е олицетворение на... „Спонтано следење на сопствената стилска визија за естетика и суптилно инкорпорирање на тенденции. Не реферира на ери, личности и правци, туку е мој личен еклектичен спој на повеќе стилови, кој се движи од париски шик минимализам до смел микс на шари и текстури.“ Едноставна облека, забележливи детали
Задолжително сезонава: Здолниште кроено во круг, бела кошула, волуменозен капут, шапка, голема чанта, впечатлив ѓердан и крупни обетки. Но и чизми до глужд, геометрија, интригантни кроеви, принт, марама од кашмир, многу облека и детали во палета од тиркизно/ кобалтно/индиго сина боја.
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 21
UNIQUEнајдобра
За критиките дека ги откачува момците за да извади хит сингл На само 20 години, Taylor се запиша во музичката историја како најмлад музичар што ја освоил наградата Греми за албум на годината. Албумот Fearless е најнаградуван албум во историјата на кантри музиката. Зад себе има 4 албуми и се јавува како заштитно лице на неколку брендови за мода и убавина. Оние што не можат да го поднесат нејзиниот успех, велат дека да не беа нејзините бивши момчиња можеби никогаш немаше да има светска кариера. Зошто? Бидејќи Taylor речиси во сите свои песни пее за личните искуства со момците. Што има лошо во тоа? Со оглед дека се состануваше со најпосакуваните момци на планетава (Jake Gyllenhaal, Taylor Lauther, Conor Kennedy, Harry Styles) не и ни чудно што нејзините фанови копнеат по нејзините автобиографски песни. Дали ѝ пречи етикетата - сериски љубовник? Бројката на партнери со кои сум била не отскокнува од просекот на една современа, млада жена која се труди да го идентификува она што ѝ одговара во животот. Да не бев позната никој немаше 26 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
да го интересира со кого сум и што правам. Доволно е да седнам на кафе со маж, за да ми го препишат за момче иако можеби тој ми е роднина. За раскинување се потребни двајца, но мене никој нема да дојде да ме праша дали сум била оставена против своја волја, по автоматизам следува обвинувањето дека ми недостасувала инспирација за песна па тактички сум исценирала прекин. Кога бев мала многу читав бајки, поради нив верував дека многу лесно ќе го препознам вистинскиот, бидејќи лошото момче секогаш носи црна наметка. Пораснав и сфатив дека тој не само што не носи црна наметка, напротив, тој е забавен, тој секогаш знае да ве насмее и има совршена коса. Не знам уште колку лоши момчиња ќе поминат во мојот живот додека да го најдам оној со белата наметка, но едно е сигурно нема да сопрам без оглед кој што зборува за мене. Музиката е мојот лек, мојот најдобар пријател и сите мои пријатели биле запознаени со тој факт. Сите оние кои на било каков начин се инволвирани во мојот живот, свесни се дека
можат да завршат во песна. Мислам дека со ова покажувам дека не се срамам од своите постапки, не бегам од себеси, не одбивам да зборувам за моите успеси и падови. Ќе пеам за својот живот сѐ додека е доволно инспиративен, бидејќи само така верувам дека можам вистински да допрам до слушателите. Не знам како би успеала да допрам до фановите пеејќи песна што некој друг ми ја напишал и што нема никаква врска со мене, тоа е мамење на некој начин. Себеси се гледам како девојка која пишува песни во својот кревет. Можам да се дотерувам колку сакам, да приредувам одлични театарски настапи, како поминува времето верувам дека ќе станам подобра во перформансот, а со тоа ќе воодушевувам сѐ поголем број луѓе, но јас секогаш ќе останам девојката која своите песни ги пишува во кревет потпирајќи се на личната перцепција за себеси. Нели љубовта е фасцинантна? Сите ја посакуваме, сите сакаме да ја задржиме што подолго во животот, на сите ни е тешко кога ќе ја изгубиме. Јас плус имам привилегија да пеам за
неа, па зошто тогаш да не го правам тоа? Премногу се плашам од моќта на љубовта за да се осмелам да манипулирам со неа, плус живеам со тезата дека добрината кон луѓето може да нѐ направи бесмртни, бидејќи и кога ќе умреме оние што нѐ запаметиле по добро ќе нѐ споменуваат. Бидете сигурни дека ниту една моја песна не згорчила туѓ живот. Кога некој ќе подзаборави да ме провоцира со тоа дека бившите ги користам за творење, нема да пропушти да каже дека таа песна е премногу кантри, премногу поп, премногу рок. Затоа престанав да водам сметка за туѓите коментари. Подобро да бидам нешто премногу, отколку нешто недоволно. Најмногу ми е жал кога некоја жена злобно се обидува да ме саботира пишувајќи невистини. Верувам дека постои посебно место во пеколот за оние жени што не сакаат да им помогнат на другите жени. Зошто ние жените не може да изградиме сојуз како мажите, не можам да ја разберам женската потреба за себе издигнување преку ругање на својот пол?!
Можете да бидете опседнати и со лошите и со добрите муабети што ги слушате за вас, и во двата случаи сте опседнати со себе, јас не сум!
UNIQUEинтервју
пред објективот со
пишува: Тања Тодоровска Доколку сакате да ѕирнете во светот на модата, фотомоделството и манекенството, од кого би побарале да ги сподели своите искуства, ако не од веќе искусен и докажан модел и манекенка? Ангела Карова која освен со успешна кариера во македонија може да се пофали и со фотосесии, ревии и снимања во земји како либан, турција и кипар ни раскажа како го одржува својот изглед, дали треба да бара дозвола да ја скрати косата, како се исхранува, зошто изборите на мис повеќе не се тоа што беа и одговори на слични теми кои ги интересираат девојките, особено оние што планираат да започнат кариера на модната сцена.
32 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
1
Како започна твојата приказна во светот на модата?
1 Почетокот на приказната не можам точно да го одредам бидејќи љубовта постои отсекогаш. Порано постоеше „Училиште за таленти“ и таму го добив првото школување во врска со манекенството, новинарството, глумата итн. Следен чекор беше зачленување во модната агенција Мак Моделс на неполни 17 години, каде што сѐ започна веќе формално и посериозно.
2
Што претставува членувањето во една модна агенција? За што сѐ се грижат од агенцијата кога се твоите ангажмани и јавното претставување во прашање?
1 Доколку некој мисли дека има шанси за успех на ова поле, тогаш дефинитивно правиот избор е Мак Моделс. Со првиот чекор во агенцијата сфатив дека таму припаѓам. Имаме борбена менаџерка, добро школувани професионални манекенки, како и одбрани клиенти. Професионалноста и меѓусебното почи-
тување се главните столбови кои нѐ држат како едно. На еден начин може да се каже дека функционираме како фамилија. Без разлика дали сме во Македонија или надвор на ангажман, менаџерката е секогаш со нас да нѐ поддржува и штити доколку има потреба. Затоа од срце препорачувам да се оди секогаш со агенција, сигурноста е поголема и сѐ е според договор.
3
Каков е договорот што треба да се почитува кон агенцијата - месечна членарина, консултација при промена на изгледот и стилот и слично?
1 Договори потпишуваат најуспешните. Месечна членарина се плаќа за време на курсот и секако за промени на изгледот се консултира со менаџерката, бидејќи сепак таа најдобро знае кој изглед ќе ни одговара според новите трендови.
4
Досега имаше ангажмани и надвор од земјава - беше во Бејрут, Кипар, Истанбул... раскажи ни нешто повеќе за ова - како дојде до
овие понуди, на кои проекти работеше, какво е целокупното искуство од работењето во странство?
1 Мак Моделс има контакти на овие модни пазари и доколку некоја девојка посака да си ја проба среќата надвор тоа ќе ѝ биде овозможено. Бидејќи работев на премногу модни проекти, како најомилен ќе го одвојам каталогот за Akl Fakih бидејќи освен што само по себе е огромно достигнување, добив одлични фотографии што многу ми помогнаа за други ангажмани. Работењето во странство е сосема поразлично од тука. Конукренцијата е огромна, топ изгледот е „a must,“ таму манекенството е дефинитивно професија, а не само хоби.
5
Зошто не ја продолжи кариерата во странство - проектите надвор беа само времени, без аспект за останување на подолг период или пак тоа е твој личен избор?
1 Проектите надвор беа за искуство - да се доусовршам на ова поле за да можам да пружам повеќе на овдешните
UNIQUEнајдобра
Ангела носи модели на P.S Fashion Стајлинг: Милена Танаскоска Шминка: Глигор Бадев Фризура: Михаил Тодоровски; Сашо & Мики Ексклузив Фотограф: Жарко Чулиќ
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 33
r /// crime scene /// do not e nter
crime scene /// do not enter /// crim
o p h o to
ги претвора мажите во криминалци?!
е мора да ја проверувате неговата интернет историја за да се уверите дека гледа порно, кога мажите се во прашање тоа го прават почесто отколку што ги четкаат забите пред спиење. Кога веќе сте собрале храброст да му чепкате во компјутер, проверете каков тип на содржина милува да гледа и молете се да не е скриен педофил, хомосексуалец што ве користи како параван или зависник од секс што би легнал и со мајка ви да може. Колку и да помислувате во моментов: „Ма нема шанси тој да е таков!“ статистиките покажуваат нешто друго. Сексуалните престапници изгледаат како момчето што го ше-
38 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
тате за рака, сосем нормално и обично, може да се успешни, посакувани и познати. Кој би претпоставил дека пејачот од групата Lostprophets, Ian Watkins ќе заврши во затвор поради серија сексуални напади? Убаво изгледа, успешен е и никако не се вклопува во сликата за педофил што многумина од нас си ја имаат дизајнирано во глава. (Очекувам веднаш да го побарате на Google.) Откако во јавноста излегоа деталите за неговите ужасни злодела, многу психолози тврдеа дека неговите постапки се резултат на зависност од онлајн порно. Очигледно интернетот сѐ уште не може во целост да се контролира, бидејќи каков фетиш и да имате, такво порно може да си
најдете. Минатата година беше откриено дека Ian поседувал нелегални порнографски фотографии во кои биле вклучени деца и животни. Пејачот беше обвинет за 13 секс напади за кои му досудија 35 години затворска казна. Како е можно еден одличен ученик, син на баптистички свештеник и талентиран музичар да се трансформира во осуденик? Еден британски весник тврди: „Вистинскиот виновник за неговата ненадејна изопаченост се екстремните фотографии и видеа што тотално го окупирале.“ Возможно е ова? Дали навистина дојде време кога наместо да се жалиме дека порно филмовите ни ја загрозуваат врската, самодовербата и перформансот (90% од
терапевтите за врски потврдуваат пораст на проблемите во врските како резултат на порно, последниве години) ќе се жалиме дека порно филмовите креираат изопачени манијакални мозоци? На мајка ми колешката ѝ се пожалила дека е загрижена за својот 16 годишен син, бидејќи наместо порно филмови со реални двојки, гледал од оние јапонските со анимирани ликови (хентаи). Нормално е тоа? А дали може да има некакви последици? Многупати сум пишувала дека порно филмовите го поттикнуваат либидото, ја зголемуваат свесноста за сопствената сексуалност и се одличен компањон кога сме осамени и да, добро е да гледаме повремено, но суптилно порно со
me scene /// do not enter // / crime scen кри дека на својот малолетен син преку Facebook му пратил приватна порака со линк со фотографии кои содржат детска порнографија. Истите биле објавени и на профилот Tonyy Montana (Montana). Сигурно се сеќавате и на неодамнешното групно силување што го доживеа 14 годишното девојче од неготинско село во Тиквешијата? Врз неа се изживувале 4 момчиња од кои само еден бил полнолетен. Дали ова е само најава дека девијантното однесување ќе стане одлика на младите, кои наместо да играат фудбал ќе висат на нет опкружени со агресивни секси клипови?
Пресврт на настаните секојдневни секс сцени. Во случајов зборуваме за екстремно, брутално порно што сѐ почесто ја напушта спалната и го поткрева просекот на сексуални напади. Случајот на Watkins не е единствениот што завршил во медиумите, минатата година Jamie Reynolds (23) призна дека ја обесил Georgia Williams (17), потоа го злоупотребувал нејзиното мртво тело и ја фотографирал. Во неговиот компјутер беа пронајдени 16.800 фотографии и 72 видеа со екстремна сексуална содржина. Го осудија на доживотен затвор. Минатата година, откако педофилот Mark Bridger го осудија на доживотен затвор, бидејќи ја злоупотреби и уби петгодишната April Jones, стартуваа кампањи за целосно истребување на детската порнографија. Производство, поседување и дистрибуција е казниво дело на секаде во светот, вклучувајќи ја и Македонија. Годинава беше приведен Т.Ч. (34) од Скопје откако полицијата от-
Можеби еден од најпознатите криминалци опседнат со порно е Ted Bundy, сериски убиец кој беше осуден на егзекуција назад во 1989-та за убиство на 30 млади жени. Неколку часа пред да му го одземат животот тој изјави: „Живеев во затвор долго време и запознав многу мажи мотивирани да извршат насилство како моето. Без исклучок, секој од нив беше длабоко навлезен во порнографија.“ Откако оваа морничава изјава ја забележаа камерите пред 25 години, достапноста на порно филмовите буквално експлодираше. Од списанија и видеа што не секој можеше да ги купи, индустријата толку многу се прошири овозможувајќи им на корисниците онлајн пристап од дома со само еден клик. Толку многу луѓе гледаат порно на интернет што практично е невозможно да се докаже било каква поврзаност помеѓу ваквата навика и криминалните претензии. Една студија се обиде да ги спореди ставовите на луѓето што гледаат и не гледаат порно, само што не
успеаја да најдат некој таков што не гледа. ниту автомобилите не ги пра„Радикалните феминисти ват луѓето секс криминалци, расправаа за тоа дека порно истото важи и за порното.“ филмовите ја зголемуваат можноста мажот да стане агМоќта на ресивен, но ниту еден фактор фотографиите не може да се одвои како одЕдна американска студија поговорен,“ вели Neil Malamuth, сочи дека постои корелација професор на UCLА посветен помеѓу циркулацијата на одрена конекцијата порно и насилдени фотографии од магазиниство. „Вистинското прашање е: те како Playboy и Penthouse и ‘Дали порното сѐ уште е ризик статистиките низ земјата што фактор штом другите ризик се однесуваат на сексуални фактори се земени во преднапади и силување (што осовид?’ Веќе цели 30 години бено загрижува со оглед дека правам истражувања на темаваквите магазини презентита и можам да потврдам дека раат „меко“ порно во споредба за поголемиот број мажи, изсо она што може да се најде ложувањето на порнографска на интернет.) Друга студија содржина нема големо влијашто ги покрила земјите како ние или воопшто не влијае. САД, Скандинавија, Велика Напротив, за некои дури има и Британија, Австралија и Нов позитивно влијание врз сексу- Зеланд, исто така откри повралниот живот. Но ако земам во заност помеѓу достапноста на предвид мажи со други ризик експлицитна порно содржина фактори на пример, непријаи зачестеното силување. телство кон жените, историја Некои експерти сметаат дека на домашно насилство, тогаш општествата каде пристапот консумацијата на порно филдо порно содржина е лемови (претерани и сен и едноставен се екстремни) може во суштина оние да биде појдовна општества што Сексуалните точка за насилпретендираат престапници но однесување. да бидат поотизгледаат како Но истото може ворени, а тоа момчето што го да се каже и води до повишетате за рака, за алкохолот сока стапка на сосем нормално некои луѓе ќе криминал како и обично. ги опушти и ќе ги силување. Посконаправи дружељурешните студии го биви, а на други ќе им анализираа легалиго уништи животот.“ Иако зирањето на порното во сексуалниот криминал е во земји каде што некогаш било пораст (се верува дека тоа се забрането, заклучија дека тоа должи на подобрениот интернема никаков ефект врз секс нет пристап, бидејќи истиот им криминалот. ја олеснува потрагата на криНо моќното влијание на медиминалците до потенцијалните умите врз нашето однесување жртви), уште еден секс терае добро документирано. На певт Д-р Marty Klein вели дека луѓето им е полесно да учат порно индустријата никако не визуелно отколку преку зборовлијаела на статистиките: „Севи – факт што особено добро кој секс криминалец израснал го користи маркетинг индусна млеко. Скоро сите возат тријата. И ако една реклама автомобили. Но ниту млекото може да нѐ натера да купиме
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 39
46 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 47
48 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
Модел: Мартина Марковска / Агенција: Crystal Model Agency / Шминка и фризура: Дарко Мишовски / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотограф: Жарко Чулиќ / Локација: Кафуле “Љубов”
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 49
Unique Style
Оваа нијанса на зелена боја е една од трите топ водечки за оваа сезона, па затоа пробајте ја.
Пробајте да носите чизми во две бои, тие се уникатни и ултра модерни.
Yellow
Јаката жолта боја е прва на нашата листа, одговара на есенското лисје и целата околина. Ваквите панталони ќе се вклопат со сите кафени и тегет тонови од вашата гардероба. 54 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
Dark Green
Оваа нијанса на зелено асоцира на мистериозност и гламурозност, но во комбинација со бордо е совршена за кежуал изглед. Погледнете како тоа ние го направивме.
Плик чантата во ваква неутрална боја e задолжителна
Масивниот накит и оваа сезона остана на пиедесталот на модни додатоци.
Bordeaux
Оваа е можеби најстраствената од палетата на бои за оваа сезона. Модните дизајнери едноставно одлучија сѐ од глава до пети да направат токму во бордо боја.
Classic Black
Иако насловот наведува на некој класичен црн коктел фустан, овој пат ние ви направиме шик комбинација со црн блузон и многу модерните фармерки со трегери. Дали би носелe ваква комбинација? • ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 55
UNIQUEfashion Здолниште Дали ќе биде pencil, плисирано или пак миди, изборот е ваш, но задолжително мора да имате барем едно од овие!
Рамни чевли
JC de Castelbajac
...со само неколку Клучни парчиња облека
Време е да станете сериозни кога станува збор за шопинг, добро да го организирате вашиот гардеробер и да го средите вашиот стил за работа. За вас осмисливме најдобра стратегија, како да избегнете купување непотребни парчиња кои потоа нема да ви се вклопуваат. Изберете ја облеката која ќе се вклопува во секојдневието, не се залетувајте по парчиња кои изгледаат како излезени од писта, затоа што истите тие ќе ги облечете еднаш или два пати. Ние ги одбравме клучните парчиња за вас, а во токму вакви треба да инвестирате.
J. Mendel
stella mc cartney
Нова униформа... jason wu
Деловен комплет Еден пар класични панталони и такво палто, верувајте дека повеќе ќе ви користи отколку фустанот со монисти. Направете си свој пар или пак купете деловен комплет во иста боја и тоа e повторно тренди.
Saint Laurent
Louis Vuitton
THe Row
Victoria Beckham
Stella McCartney
Prada
Ова е најтрендовскиот модел на чевли, ќе ги одморите вашите нозе од високите потпетици, а притоа ќе бидат совршен пар со вашето здолниште.
56 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
Hermes
Givenchy
Комбинезон Целосен изглед решен со само едно парче. Ќе бидете елегантни, со џемпер или пак палто. Практично парче за вас.
Chloe Tom Ford
salvatore ferragamo
emilio pucci
Високи чизми
Altuzarra
Задржете се до црните или кафеави класични чизми високи до колена или пак некоја варијанта со мали додатоци.
Salvatore Ferragamo
celine
Капутот Тој е првиот впечаток за вас, па обидете се да биде доволно добар.
Gucci
Топлиот џемпер Плетенки на вашиот џемпер, некој мотив или пак монисти и бисери е сѐ што е потребно како украс за џемперот зимава.
Класичен фустан
burberry-prorsum
Elie Saab
Victoria Beckham
michael kors
Должина до колена, доволно елегантен и пристоен е сѐ што треба да поседува фустанот за на работа.
Додатоци Обрнете внимание на ремените оваа сезона, тие се издвоија од сите додатоци.
Louis Vuitton
Marc by Marc Jacobs
Alena Akhmadullina
marni Hermès
roksanda ilinic
Givenchy
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 57
Lady Killer
2
60 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
Warm season
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 61
Dirty sex UNIQUEти&тој
Валкани чаршафи за
СÈ надеваме дека имате апетит, бидејќи она што следува е гозба од стимулативни нутритивни деликатеси подеднакво добри за душата и либидото. Ова мени заслужува барем еднаш во годината да заврши на трпезата (читај:креветот) со чаршафи од свила.
Нека то биде чис Q Како да користам топли течности во спалната без да предизвикам повреда или изгореница? A Кожата може да претрпи изгореници од трет степен доколку дојде во контакт со течности од 60 степени целзиусови. Не мислете дека топената чоколада е добра за употреба бидејќи веќе нема меурчиња од вриење.
86 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
Измерете ја температурата со кујнски термометар, а сепак за секој случај најпрво полејте се на стомакот, а не на бутините кои се многу поосетливи на топлина. Q Колку се издржливи млечните производи на собна температура? A Ако се грижите дали долната облека направена од шлаг ќе ви издржи од
нанесувањето до моментот кога партнерот ќе ве види, не грижете се. Потребни се неколку часа во топла просторија за да се стопи. Сепак, за најдобри резултати чувајте го шлагот во фрижидер (идеално на околу 5 степени), сѐ додека не го „послужите.“ Q Дали свежите, сирови остриги се безбедни за јадење? A Истражувањето од 2011
година водено од Food Standards Agency открива дека три четвртини од остригите извадени од водите во Велика Британија содржеле норовирус. Затоа секогаш купувајте морски плодови од сигурно место, чувајте ги на ладно и не јадете ги сирови доколку не се затворат кога ги потчукнете. Q Дали е вистина дека мас-
лата ги уништуваат латекс кондомите? A За жал, вистина е. Истражувачите велат дека маслата прават реакција со латексот и ја намалуваат неговата издржливост до 90%. Па, доколку во спалната сакате да вметнете путер, путер од кикиритки, масла, крем, маст - играјте си со нив само од половината нагоре.
sexy UNIQUEти&тој
Дешифрирајте
ги неговите сигнали на првиот состанок Уште на првата средба можете да дознаете дали тој ќе одговара на вашиот вкус. Откријте го кодот на неговото однесување.
Ги поткрева веѓите Тој најверојатно мисли дека туку што сте кажале нешто симпатично, но сака да остави смирен впечаток. Aвторот на „Superflirt,“ Tracey Cox вели дека ваквиот гест е универзален знак дека оној спроти вас ви се допаѓа. „Ги поткреваме веѓите за да им дозволиме на очите да восприемат колку што е можно од она пред нас.“
Ги подлизнува усните Ова е знак на исчекување. Како што вели и Tonya Reiman, автор на „The Power of Body Language“ - „ги облизнуваме усните кога гледаме нешто за што копнееме. Тој е гладен за вас!“ Њам! Се ниша напред назад Можно е да станува збор за неудобност и тоа не од столот, туку од состанокот. Пред да ја побарате сметката, запрашајте се дали сте вие тие што испраќате сигнали кои би го натерале да си замине или не.
Ви ја поправа косата „Ова е тест,“ објаснува Kevin Hogan, доктор по психологија и автор на Irresistible Attraction: Secrets of Personal Magnetism. „Ако ми се насмевнеш, значи и јас ти се допаѓам.“ Hogan вели дека ваквиот потег е како коцкање со надеж дека „на крајот ќе се исплати и за обајцата.“ Сепак, експертите се согласуваат дека ваквиот сигнал сугерира дека тој сака нешто повеќе од вас, а не само секс. Материјал за момче на повидок!
Таблица за оргазам
Храната како афродизијак не е само мит. Научникот за храна Matthew Lambert препорачува продукти кои ќе ви помогнат во различни ситуации при сексот.
Фаза еден
Фаза два
Фаза три
Поставете го сценариото
Забрзајте го срцето
Зголемете ја издржливоста
Говедско месо Спремни за излегување и состанување - ви недостасува само магнезиумот од говедското месо за да го зголеми тестостеронот и да го засили либидото.
Лубеница Цитрулинот во ова овошје му помага на телото во производството на азот оксид кој го подобрува крвотокот до мускулите (да, и до тие мускули).
лиснат зеленчук Сѐ од спанаќ до кељ има големо количество рибофлавин, а енергијата од него ве спрема за акција.
Сирење Збогатено со амино киселината тирозин, го зголемува нивото на допамин што ви овозможува добро расположение. Оваа состојка воедно ги интензивира чувствата. Темна чоколада Темната чоколада содржи соединение наречено фенетиламин што ослободува ендорфини кои ја зголемуваат привлечноста меѓу луѓето.
Лук Секако непријатен за здивот, но алицинот во него го подобрува крвниот притисок кој одлично се справува со еректилната дисфункција. Внесете го во неговото мени. Сусам Сусамовото семе богато со масло, содржи високо ново на линолна киселина која докажано ја подобрува циркулацијата, а со тоа и сексуалната функција.
Пилешки џигер Пантотенската киселина во џигерот ги претвора јаглеродните хидрати и мастите во енергија што сигурно нема да ви недостасува цела вечер. Бадеми Јаткастите плодови содржат биотин (витамин Х) кој помага при ослободување на повеќе енергија.
храна на филм
91/2 Weeks
Kim Basinger го претвори фрижидерот во петте најсекси минути од 80тите. Потребни ви се: Јагоди, мед, желе и коцки мраз
The Postman Always Rings Twice Jessica Lange и Jack Nicholson направија неред на кујнската маса. Потребно ви е: Многу брашно
Varsity Blues
Ali Larter носи костим што се јаде за да го заведе James Van Der Beek. Потребни ви се: Шлаг пена и две цреши
Tom Jones
Albert Finney ја претвори алчната гозба во незаборавна предигра. Потребни ви се: Оброк од пет јадења и таблети против стомачна мачнина
When Harry Met Sally
Meg Ryan јадеше сендвич за кој вреди да се вреска од убавина. Потребно ви е: Па, што и да беше тоа што го јадеше таа
Body of Evidence
Madonna го ладеше Willem Dafoe откако накапа восок на Willem Dafoe Jr. Потребни ви се: Шампањ и огромен праг на издржливост на болка
Last Tango in Paris
Marlon Brando веруваше дека путер е она што ја направи оваа неудобна сцена. Потребен ви е: Екстремно слободоумен партнер
American Pie
Jason Biggs направи да гледате на питата со јаболки со други очи. Но тестото е лошо за вас! Потребни ви се: Крем против изгореници и камен за да се скриете под него од срам
Јатките се одличен стартер за да го излудите
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 87
UNIQUEliving
3uma 1
Справете се со студот што доаѓа. На лутата зима возвратете и со иста мера.
Одберете го вистинскиот вкус и состојки за вас
Доколку уште на спомнувањето на зборот зимница помислувате на пиперки и на ајвар, треба да го промените мислењето бидејќи есента изобилува со разновиден зеленчук што може да го искористите за подготвување на намази, сосови, преливи, салца... На вас е да одберете што вкусно ќе подготвите сега, а ќе го користите во текот на целата есен и зима.
Домати
Доматите се едни од зеленчуците со најниска калориска вредност - содржат само 18 калории на 100 грама. Имаат особено ниско ниво на масти, воопшто не содржат холестерол, а се богати со антиоксиданти (ликопен, зеаксантин), влакна, минерали и витамини.
Рен
Ренот има мала калориска вредност и масти (48 калории на 100 грама), но содржи големи количини на влакна, витамини и антиоксиданти - сите имаат анти-воспалително, диуретско и смирувачко дејство.
Лути пиперки
Лутите пиперки содржат хемиски соединенија кои се покажале како делотворни за здравјето на срцето. Капсаицинот (кој ја дава лутината) има анти-бактериско, анти-канцерогено, аналгетско и анти-дијабетично дејство. Во 100 грама имаат 40 калории, а дури 143.7 милиграми витамин Ц.
Модри патлиџани
Модрите патлиџани имаат само 24 калории во 100 грама, но се многу богати со растителни влакна - во 100 грама има 9% растителни влакна кои комплетно ја задоволуваат дневната потреба на организмот. Одлично го контролираат холестеролот, а имаат анти-канцерогено, анти-воспалително и смирувачко дејство.
2
Луто во разни облици
Доколку сте загрижени за достапноста на свежи лути пиперки во зима, направете си доволно резерви уште од есента. Можете свежи да ги замрзнете во ладилник, да ги исушите на собна температура па потоа да ги користите суви во јадењата или пак како зачин во прав. Правот лесно ќе го направите доколку сувите пиперки ги ставите во мелница, но внимавајте кога ќе го отворите капакот по мелењето, особено доколку дробите многу лути пиперки. Потчукнете го капакот, па почекајте пред да го отворите садот за да не се разлета правот кој сигурно не сакате да го вдишете.
3
Нека биде
луто
Малку поинаква, лута зимница
Кога веќе ги знаете предностите од јадење на лута и пикантна храна, зошто знаењето да не го примените и во пракса? За вас одбравме четири повеќе или помалку познати рецепти за вкусна зимница, со една заедничка карактеристика - сите 4 предлог рецепти се лути.
Капсаицинот ја дава лутината на пиперките, но истовремено благотворно дејствува на телото. Ако можете да ја поднесете лутината, продолжете да читате понатаму. Поцврсти артерии
Лут кечап
5 кг. Домати / 25 парчиња црвени пиперки / 2 главици лук / 3-4 листови ловоров лист / 1-2 лути пиперки / 4 лажици шеќер / 2 лажици сенф / Сол / ½ кесичка мелен црн бибер / ¼ масло за јадење Исечете ги доматите и пиперките, па додајте ги сите состојки (освен сенфот и маслото) во големо тенџере и сѐ заедно гответе додека зеленчукот не омекне. Испасирајте го вака омекнатиот зеленчук, па продолжете со готвењето. Пред крај додадете сенф, па топлиот кечап ставете го во топли тегли, додадете масло одозгора и затворете ги теглите. По желба, додадете и ароматични зачини како оригано, босилек, магдонос и слично.
Зелен пикантен намаз
1 кг. зелени домати / 500 гр. рен / 6 лажици шеќер / 300 гр. сенф / 2 лажици сол / 2 дл. масло за јадење Измелете ги доматите и оставете ги да се исцедат околу 25 минути. Ренот изрендајте го и спојте го со исцедените домати. Додајте ги сите останати состојки, добро измешајте, па по еден час во кој повремено ќе го промешувате ајварот, ставете го во тегли и затворете.
Заштитена простата
Мажи внимавајте: Истражувањата на Cedars - Sinai Medical Center докажаа дека чилито за 5 пати го намалува (или дури и го елиминира) растот на канцерогени клетки на простатата. Ублажена болка
Луто малиџано
Чили сос
Испечете ги пиперките, па излупете ги и отстранете ги семките. Доматите измијте ги, со чепкалка за заби продупчете ги на 2-3 места, па испечете ги на 200 степени да омекнат (еднаш превртете ги), околу 30 минути, па и нив излупете ги. Со машина, сомелете ги заедно доматите и пиперките и добро промешајте ги. Загрејте го маслото, па додадете ја смесата и пржете околу 1 час со постојано мешање. Пред самиот крај додадете ги останатите состојки и пржете уште десетина минути. Сипете ја смесата во загреани, суви тегли.
Пиперките и доматите се печат и се лупат. Потоа, пиперките, доматите, исчистениот лук и морското оревче се додаваат во блендер и сѐ заедно се меша добро. Пред крај се додаваат и останатите зачини и се меша уште неколку минути. Смесата се пржи на путерот и на загреаното маслиново масло сѐ додека не ја добие посакуваната густина или додека маслото не се впие во пиперките, од прилика 10-15 минути. Врел, чили сосот се става во топли тегли.
8 парчиња (7 кг.) модри патлиџани / 500 гр. црвени пиперки / 500 гр. зелени благи пиперки / 1 кг. лути пиперки / 700 мл. масло за јадење / 1 мала шолја шеќер / ½ мала шолја сол / ½ мала шолја сенф / 1 мала шолја оцет
Истражувачите од Chinese University of Hong Kong велат дека капсаициноидите не само што ја намалуваат појавата на лузни на крвните садови, туку воедно и ги чистат. Одлично!
1 кг. црвени лути пиперки / ½ кг. домати / 1-2 главици лук / Малку свеж магдонос / Малку мајчина душица / Малку босилек / Малку нане / 1/5 рендано морско оревче / 2 лажици балсамико оцет / 1 лажица путер / Маслиново масло / Сол
Независно дали станува збор за воспалени мускули или артритис, чилито ги попречува невропептидите кои предизвикуваат болка и воспаленија, велат истражувачите од The University of Ulsan, South Korea. Силно срце
Истражувањата на Chinese University of Hong Kong покажаа дека капсаициноидите ја блокираат активноста на генот кој предизвикува стеснување на крвните садови и со тоа дозволува повеќе крв да стигне до виталните органи.
UNIQUEliving
11-20
100
1СÈ-10 е во
Надминете ги болестите
вашата глава
Борете се со најчестите проблеми и излезете како победник
Вратете ги назад годините со овие 10 совети полезни за мозокот
11 Болести на срцето Три чаши дневно Три чаши сок од брусница дневно го смалуваат ризикот од срцеви болести за 40%, велат истражувачите од University of Scranton.
02 Паметниот запишува Правењето забелешки го ослободува мозокот од дополнително напрегање и ја штити сивата материја. Започнете со местото на кое го паркиравте автомобилот утрово.
03 Размислувајте позитивно Игнорирањето на негативните стереотипи за стареењето помага да останете остроумни, тврдат истражувачите од Yale University. 04 Меморија од новата генерација Играјте видео игри - во магазинот Cerebral Cortex се вели дека тие ја зајакнуваат долготрајната меморија. 05 Мозочен аеробик Тестирајте ги сетилата за да ги одржите невроните што поактивни. Обидете се да чекорите со затворени очи. Поради безбедност правете го ова во домот.
12 Рак на бели дробови Подалеку од штетни гасови Радонот убива 1.100 лица годишно бидејќи предизвикува рак на белите дробови. Купете детектор кој ќе ве штити и ќе ве алармира навреме од потенцијална опасност. 13 Емфизем Дишете слободно Дванаесет недели практикување јога го намалува воспалението на респираторниот систем и ја подобрува функцијата на белите дробови. Откажете се од пушењето и почнете со вежбање. 14 Удар Простете и заборавете Не дозволувајте поранешните партнери да земат сѐ добро од вас. Гневот го зголемува крвниот притисок и го зголемува ризикот од срцев удар, известуваат истражувачите од Personal Relationship Journal. И онака сте предобра за него.
100
06 Тркајте се за долговечност Трчајте колку што можете порано наутро - тоа ја забавува мозочната деградација известуваат од Neurology.
начини да доживеете
01 Зголемете го семејството Семејство со деца значи поздрава исхрана за родителите, а воедно истото го намалува ризикот од рана смртност за 49%, велат истражувачите од Epidemiology & Community Health.
07 Поставете баланс Стоењето на една нога 2 минути - оваа практика во рок од шест месеци ја подобрува меморијата, велат истражувачите од Fribourg University. 08 Избројте до 10 Контролирајте го темпераментот за да го намалите ризикот од удар за половина, советуваат во Stroke.
09 Потчукнување по рамо Кога ќе постигнете успех, наградете се себеси. Истражувачите од Toronto University велат дека ваквата практика додава 3.9 години на животниот век.
10 Ајде на една партија... Карти! Играњето карти го намалува ризикот од Алцхајмерова болест за 33% известуваат од ЈАМА. 112 UNIQUE • ОКТОМВРИ 2014 •
15 Деменција Дневна доза расонување Мозокот до кој стига кофеин е здрав мозок. Финските научници открија дека консументите на кофеин имаат помал
ризик од Алцхајмерова болест. 16 Грип Гарнир или главно јадење Печурките кои изобилуваат со селен се одлични како превенција од грип, се вели во Annals of Nutrition and Metabolism. 17 Рак на градите Мала зелена Броколите го земаат сето внимание при превенцијата на рак на дојка бидејќи докажано го блокираат растот на туморот, велат истражувачите од University of Arizona. Слично делуваат и карфиолот, зелката, кељот и прокељот. 18 Рак на мочниот меур Да за смуди Особено доколку сте мамурни, заменете ја мрсната храна со смуди од банана. Калиумот ќе ве врати во нормала, а ќе го намали ризикот од рак на мочниот меур за 50% што сланината секако нема да го стори, се вели во магазинот Cancer. 19 Лимфом Затегнете го ременот Дебелината е една од најголемите причини за лимфом. Вежбајте барем два пати неделно и тоа тренинг со интензивен ритам (HIIT на пример) за да ја доведете линијата во некритична зона. 20 Рак на грлото Внимавајте на јазикот Секако дека сакате да ја возвратите услугата, но луѓето што имале орален секс со 6 или повеќе партнери се 3.4 пати поизложени на ризик од рак на грлото во споредба со останатите.
UNIQUEliving
21-30
Со вежбање до долговечност Познатиот приватен тренер Sean Lerwill нуди 10 совети кои гарантираат здравје сега, но и во староста.
26 Спринт трчање Забрзајте го ритамот: ваквата кардио вежба дава двојно поголем бенефит од умерениот ритам.
21 Веслање Правете вежби со веслање 3 минути пред тренингот за да бидете сигурни дека нема да имате проблеми со кревањето на стари години.
27 Возење велосипед Времето поминато на седло го намалува времето што храната ја поминува во организмот, а тоа ве штити од канцер на дебелото црево.
22 Mummy kicks Побарајте ги на Google. Овие вежби ќе го заштитат мозокот од деградација поврзана со возраста. 23 Drop sets Овој тип на вежби ве штити од свиснување на мускулите на телото, како и на срцевиот мускул.
Овошно смуди на база на банана е далеку попримамливо од расолница – збогум мамурлак
24 Good mornings Ова движење го зајакнува лумбарниот дел од рбетот и со тоа го прави стареењето да изгледа полесно. 25 Тешки тегови Кревањето големи и тешки тегови го зголемува нивото на тестостерон што пак штити од срцеви болести.
Мит или не? Дознајте ја вистината за некои од најраспространетите верувања поврзани со здравјето
28 Плиометрични вежби Експлозивните вежби ги горат мастите што го смалува ризикот од висок притисок. 29 Длабоко дишење Подвижноста на колковите е важна за долговечноста - ослободете ги мускулите флексори на бутините со 20 вдишувања преку дијафрагмата дневно. 30 Предно краул пливање Оние кои редовно пливаат живеат подолго и од оние што редовно трчаат. Стигнете со краул до стотка!
верување 31 Избегнувајте ја микробрановата печка за да ги зачувате хранливите материи во храната / неточно
32 Посетувајте и тренинг со тежина, не само кардио за да го заштитите срцето / неточно 33 Јадете повеќе калории наутро за да избегнете дебелеење / неточно 34 Едно јаболко на ден го држи докторот настрана / точно 35 Постете или пијте само сок периодично за да ги исфрлите токсините од организмот / неточно
36 Добро смеење и добар сон се најдобрите превентивни лекови / неточно
37 Вежбајте и кога ве болат мускулите / неточно 38 Наполнете ја кошницата со органска храна бидејќи во неа има повеќе хранливи материи / неточно
39 Сменете ги навиките во исхраната кога сте болни / неточно 40 Доколку се наденете на нешто или сте убодени, не вадете го сами предметот - тоа е работа на докторот / неточно
• ОКТОМВРИ 2014 • UNIQUE 113
ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА
СПИСАНИЕТО - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА