Unique Magazine 60 (Preview)

Page 1

facebook.com

стара цена 90 ден.

БРОЈ 60, ноември 2014 · 35 ден

60 beauty совети за 24 часа

БРОЈ 60 ноември 2014

moќни дв

јки

Зошто ни треба дневен и ноќен крем

27 СЕКС прашања

одговорени

Nicole scherzinger Ногата на гас, мозокот на

snooze нe возеte

уморни ноември 2014 35 ДЕНАРИ


ноември

2014 Bue unique за претходниот

44

Поранешен дечко, поранешни грижи

Згоден дечко

117

Вашиот план за енергија

32

24/7

Интервју александра митковска

задолжително прочитајте 36 Пред

огледало

Како го доживувате своето тело?

98 ја сакате ли miley cyrus?

104 Женско здравје Не срамете се од темата

Моден едиторијал

Најдобра 24 Нека работата ви биде како игра 26 Жената од насловна

ВО НЕГОВИОТ УМ

42 Manthropology

BEAUTY

114 Уморни зад воланот

70 Дали е време за промена на вашата коса?

Опасно како и возењето пијани

73 Лесно до прекрасни очи

109 Сексуално

75 Моќни двојки

преносливи инфекции

Pизици, опасности и лекување

10 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •

46

76 Кармин палета 77 Убави за 60 секунди? 81 Мирисајте по правила на модната куќа

ТИ И ТОЈ 82 Сакате ли груба игра? 86 Фасцинантни секс одговори 90 Шест чекори на првиот состанок 92 Врска, колку тоа старомодно звучи! 96 Збогум на меланхолијата по раскинувањето

LIVING 103 Диетата што може да ви го спаси животот 121 Катализаторите на имунитетот под лупа 122 Месечен хороскоп

На моменти помислувам дали мојот омилен месечник предвидува што ми се случува бидејќи во секој број пронаоѓам тема како напишана за мене. Последниот број ме допре со текстот „Вашиот екс - минато свршено време!“ Не пијам алкохол, ама затоа неизлегувањето од пижами и купот колачиња (што беа спомнати во текстот) ми беа најдобри пријатели во последниве два месеци. Но тука застанав - сфатив дека не вреди да си го уништувам животот за некој што мисли дека: „работите не биле како на почетокот.“ Ова е мој нов почеток! Катја

Душо, подај ми ја пудрата! Се израдував на текстот „Мажите се новите жени?“ од претходниот број. Во денешно време е страшно да спомнеш дека користењето пудра кај мажите е малку претерано - одма ќе ти залепат етикета на која ќе пишува „хомофоб.“ Далеку сум од ваквата дискриминација, само сметам дека мажите се многу посекси кога се помажествени и кога не се претвораат во олицетворение на жените. Секако, не сум за запуштање и негрижа за изгледот, но без претерувања. Весна. 30

Дали сте знаеле дека... 1 од 5 патници имале секс во авион? Повеќе неверојатни факти за сексот ќе најдете на страна 86. Контактирајте нѐ на:

contact@uniquemag.mk


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


giorgio armani

Louis Vuitton

Emporio Armani

Од тоа што можеше да се види на изминатите ревии и писти, повторно во мода се вратија целосните комплети и модели на одела со машки крој. Усогласете ги боите на вашата облека за на работа, бидете униформирани, а монотонијата разбијте ја со чанта или пак потпетици во различна боја.

Vionnet

Jason Wu

giorgio armani

деловно здолниште


Carolina Herrera

цветна градина

Louis Vuitton

Valentino

UNIQUEyounique

Blumarine

Michael Kors

Valentino

Цветните дезени повторно имаа доминанта улога на пистите. Облечени од глава до петици во цветови нема да погрешите. Погледнете кои дизајнери се одлучија токму за овој принт.

Модел: Дариа Стефановска / Модна Агенција: Мак Моделс / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотограф: Жарко Чулиќ / Шминка: Александар Ризов парфимерија Шатци / Фризура: Михаил Тодоровски - Сашо и Мики Ексклузив фризерско студио

• НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 23


UNIQUEyounique

70.000

девојчиња умираат за време на породувањето, бидејќи нивните тела не се спремни за раѓање дете Повеќе од 100 милиони девојчиња живеат со последици од генитално обрежување

28 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •


UNIQUEнајдобра

ЖИВЕЕМЕ ВО

свет

во кој

Едно од две бебиња ќе биде регистрирано во матична книга на родени; другото не Едно од нив ќе оди на училиште; другото најверојатно ќе умре при породување Едно од нив ќе започне војна; другото ќе има само 2% шанси да отпее мировен тракт за да ја спречи Едно од нив ќе сработува две третини од светската работа, но ќе заработи само 10% од светската заработка за истата Едно ОД ОВИЕ БЕБИЊА Е ДЕВОЈЧЕ

ожеби ќе помислите дека измислувам за да биде интересна статијава, но ќе ве разберам, бидејќи и јас мислев дека мојата другарка измислува кога кажа дека нејзината колешка е подготвена да абортира во случај да носи женско дете. Да и во денешно време меѓу модерно дотераните луѓе со кои се разминувате на улица сѐ уште има индивидуи кои дискриминираат во однос на полот. Пред да се родиме нѐ караат зошто не сме прво па машко; како девојчиња нѐ караат зошто не сме оставиле чоколада за братчето; како возрасни жени нѐ караат зошто посегнуваме по „неговиот“ имот; а како сопруги нѐ караат зошто сме дозволиле сопругот сам да си ја пегла кошулата. И немојте да мислите дека останатите жени ширум светот не се соочуваат со истата атмосфера, во многу земји машкото дете (уште пред да се роди) се цени многу повеќе од женското. Еве уште една мала дигресија, колешката Тања била изненадена кога шетајќи се низ широк сокак во Битола го чула следното пра-

шање: „А што имаат, девојче или дете?“ Хм, а девојчињата што суштества беа? Во просек 1.56 милиони девојчиња се водат како „исчезнати“ како резултат на селективното чедоубиство (инфантицид - пракса да се абортира нероденото дете само затоа што е женско). Зборуваме за 1.56 милиони животи оценети како невредни – само затоа што биле женски. Оние што пак некако успеале да добијат шанса за живот, во текот на животот се обесправени на безброј полиња: неможност да се образуваат, бидејќи како деца треба да ги одгледуваат своите деца (омажени уште на 10 години) во брак исполнет со многу тупаници. Соочени со вакви апсолутни нееднаквости, трагично е тоа што многу малку жени се во позиција да предизвикаат промена на ваквата ситуација - само 21% од светските парламентарци се жени сметано од 1 јули 2013. И додека ние дома водиме војна да ни го доверат поновиот автомобил (што порано или подоцна реално ќе се случи), знаете ли за што се бори едно девојче од Индија? Дали некогаш сте се запрашале како ќе • НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 29


UNIQUEинтервју

Стилската приказна на Александра Пишува Тања Тодоровска

3 Каде се кријат почетоците, како влезе во модниот свет? 3 Од кога знам за себе, на сѐ што ми купувала мајка ми или јас самата, а што не ми се допаѓало сум правела редизајн. Талент за цртање имав од секогаш, а најчесто цртав жени кои ги облекував. Тогаш не ни знаев дека постои таква професија. Средношколските денови ги поминав во уметничкото училиште во Скопје на отсек текстил и облека, а од самиот старт знаев дека сакам да го продолжам образованието во Париз или во Милано. Мислев дека тоа ќе биде Париз - дури започнав да учам и француски јазик, но во последен момент на некоја повеќе интуитивна отколку рационална основа отидов за Милано. Завршив моден дизајн на Институтот Marangoni, потоа и последипломски студии по моден дизајн со што се стекнав со највисокиот степен на образование во 32 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •

Нејзините ревии се многу посетени, парчињата продавани не само во Македонија туку и на целиот Балкан, а нејзината работа е признаена и ценета и пошироко. Како што и самата вели, стилот според неа е начин на живот. Па некако логично е доколку сакаме да го спознаеме нејзиниот моден сензибилитет, креативниот ум и она во што е најдобра - нејзините дизајни - да ја запознаеме и нејзе лично. Од блиску со Александра Митковска.

модата. Одлично беше тоа што освен самото студирање во Милано, поставеноста на факултетот е таква што се протега меѓу двете главни модни улици, па така практично секој ден бев во контакт со најновите колекции на дизајнери како Louis Vuitton, Prada, Gucci. Дури и да не купуваш одиш да видиш како е составена и изработена новата колекција, значи нон-стоп си во контакт со најдоброто од најдобрите. И теоретски и практично. 3 Од каде ја црпиш инспирацијата за новите колекции, за нивното претставување? 3 Најпрво нешто треба да ме наежи, да ме допре за да можам да творам, а тоа можат да бидат различни работи. Се сеќавам пред 2-3 години бев во Рим, во Систинската капела и на излегување оттаму почна да врне дожд и се сетив на идејата од комбинација на чадор

и купола - тоа беше појдовна точка од каде што постепено се изгради целата колекција пролет/лето 2012. 3 Зошто токму Манчевски послужи како инспирација за последната колекција пролет/ лето 2015? 3 Веќе подолго време имав идеја да направам колекција не само со скроени, дизајнирани парчиња, туку изработени со свои материјали. Милчо направи неколку фотографии кои можеа да функционираат и на платно и од тука, од тие 2-3 фотографии тргна пребарувањето, истражувањето низ другите фотографии кои ќе можат да дадат една целина. Потрагата траеше 3-4 дена бидеќи одбирав од премногу фотографии кои тој ги има - најпрво избрав 30, па од нив 15, за на крај да се сведат на 8 фотографии. 3 Учествуваш ли во изборот на локацијата и моделите за ревиите? 3 Апсолутно. На почетокот не ми беше толку

важна локацијата. Потоа некако ми стана монотоно ревијата да се одвива во ист простор, на класична модна писта, а сметам дека презентацијата на една колекција може да биде многу подобра доколку се менува локацијата, доколку се менува пристапот на претставувањето и раскажувањето на приказната воопшто. Манекенките секогаш ги избирам сама, на кастинг - обично имам 7-8 девојки кои ми се фаворити и тие обично се повторуваат, а другите 7-8 ги менувам. Се знае што треба да има една манекенка која треба да шета на писта - висина, соодветни пропорции и да знае да го носи, да го почувствува парчето што ќе го носи најдобро што може. 3 Што може да тргне на лошо при претставувањето? 3 Секоја сезона се соочувам со многу непријатни ситуации.


UNIQUEинтервју

Можеби тоа ќе биде поради светлото - сѐ уште немаме добри светло мајстори кои ќе го извлечат она што е најважно од просторот. На последната ревија имаше многу пропусти од светлото па сѐ до видео бимот на кој се вртеше старата колекција, а кој требаше да се исклучи пред да почне ревијата. Тоа треба да го прати организаторот, не јас. Од една страна го поддржувам Модниот викенд - добро е што сепак нешто се случува, за разлика од пред тој да постои. Од друга страна пак, недостасуваат многу работи особено добра продукција на што треба да се работи. 3 Дали дизајнираш водејќи се од себе првично? 3 Речиси никогаш не мислам на тоа јас да ги носам парчињата туку

Кај нас луѓето се такви што прво треба некој од страна да те признае и да те види како квалитетен за овде да те прифатат како таков. идејата ми е секое парче да не функционира само за себе туку како целина. Важно ми е кроевите да се интересни. Постои основа за фустан и основен крој кој прави тој да легне добро на телото. Лесно е на тој фустан да надофрлаш и да ја украсуваш базата. Но јас сакам да си поигрувам токму со неа - фустанот повторно да делува едноставно направен, а да не е бидејќи самиот крој е поместен. Е тоа е веќе умешност и уметност и токму тоа ме интересира мене. • НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 33


UNIQUEвонеговиотум

man thro pol o gy •

• •

Вашиот водич до мозокот на мажите

When Harry Met Sally Романтичната комедија

Најдобрите пријатели Billy Crystal и Meg Ryan имаат секс што го расипува нивното пријателство... но тие завршуваат заедно. Машката реалност

Спиењето со пријателите е ужасна идеја. Освен доколку не се грижите од ризикот да го изгубите пријателството, но и во тој случај - добро размислете.

Love Story

Say Anything

Романтичната комедија

Романтичната комедија

Ryan O’Neal ѝ се извинува на Ali Mac Graw по караницата. Таа му вели „во љубовта никогаш да не треба да се извинуваш.“ Машката реалност

Молам?! Кога некого сакаш во ред е да се извиниш, понекогаш дури и кога не сте свесни што всушност сте погрешиле.

Ром-ком против Реалност Од почит кон Ryan Gosling, зошто момчињата не можат да изгледаат барем една романтична комедија? Ви откриваме колку нереалните сценарија всушност ги збунуваат мажите.

John Cusack се обидува да ја врати назад Skye така што ја пушта нивната песна „In Your Eyes“ од Peter Gabriel под нејзиниот прозор. Тоа не запали кај нејзе (барем не од прва). Машката реалност

Па тоа е едно од најромантичните нешта што еден маж може да го направи. Доколку не запали од прва, заборавете ја.

Зошто мажите...

Романтичната комедија

Собарката J.Lo лажно се претставува како џет-сетерка пред политичарот Ralph Fiennes. Тој дознава, но ѝ простува. Машката реалност

Ако девојката излаже за името, работата и некогашниот дует со Ja Rule, едноставно ќе си заминам.

15 Мажи и секс

се однесуваат како бебиња кога се болни? Најверојатно поради тоа што за разлика од жените, мажите ја исцрпуваат сета енергија, игнорирајќи ги првите симптоми на болест, сѐ додека не почнат да наликуваат на лик од Walking Dead. Кашлицата ја препишуваат на задишување, болката во мускулите на спортските активности дури и единствена вежба да е менувањето канали на ТВ приемникот. Главниот парадокс е во тоа што додека стигне времето за мажот да си признае дека е болен, тогаш е веќе премногу болен за да отиде на доктор. Жените од друга страна, растат, учат и се подготвуваат за месечниот циклус уште од мали и соочени со проблемите еднаш во месецот, не ретко носат и лекови со себе што и тоа како можат да послужат кога партнерот не може да се помрдне од креветот. 42 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •

Maid in Manhattan

проценти од мажите велат дека сакаат секс секој ден, според резултатите на анкетата спроведена на Match. com. Повеќето мажи сепак се изјасниле за идеален број од 2 до 3 пати неделно.


UNIQUEвонеговиотум

Жешко или не

Откријте што е она што ги привлекува,а што ги одбива мажите на љубовните состаноците Прифатливо

Ужасно Нема цели во животот, ниту задник.

Тешко

Таа носи Crocs.

Пушач е.

Прави многу шеги на своја сметка.

Не вели благодарам за пијалаците на состанокот.

Зборува на тежок сленг и развлечено.

Не јаде половина храна од менито.

Прифатливо

Изгледа како намќор 24/7.

Одлично

жешко Хумор. Направи да се превртите од смеење.

Ги сака истите серии како вас. Не обожува рапери белци.

Таа сака да јаде.

Ми купи пиво во дискотеката.

Таа е страсен вљубеник во книгите.

Што кажува неговиот

Има сестра близначка.

костим за него

Edward Cullen

steve zissou

Тој ја облекол првата чиста маица и ставил малку пудра на лицето? Очигледно дека не станува збор за тип кој се весели на празници. Подгответе се за зборови налик „коректен“ кога ќе ги прашате пријателките што мислат за него.

Тој е фантазер кој сонува за негов краток филм. Вашиот костим е Margot Tenenbaum? Само напред!

Ron Burgundy

Единствено самоуверен маж може да носи мустаќи. Но внимавајте - можно е да го носи истиот тој костим и во секојдневието - о, не!

Patrick Bateman

Batman

Оваа несигурна бубалица може да крие нежност и љубезност што ќе ве освои. Само доколку сте свесни дека може да ви каже „извини“ ако сврши пред вас.

Костимот инспириран од American Psycho најдобро претставува секси маж во одело. Сепак покажува недостаток на имагинација што секако не е добра карактеристика.

• НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 43


46 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •


• НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 47


UNIQUEfashion

Фустани со строг крој

луксузни мали додатоци

54 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •


UNIQUEfashion

моќната бордо боја

Бидете модерни и во професионалниот живот - строги форми, класични бои и моќни додатоци ќе направат да бидете модерна кралица во канцеларијата!

Вистинска

деловна лисица!

класични панталони

• НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 55


Графички дезен: овој пат Бидете посмели во изборот на крзнената бунда, одлучете се за уникатен графички принт.


Пончо со крзнени детали: Во деновите кога не е толку ладно врз кожената јакна облечете пончо со крзнени детали,


27

UNIQUEТИ&ТОЈ

сосема случајни, но фасцинантни

СЕКС одговори Дали навистина пенисот може да се скрши и дали животните користат секс-играчки? Дознајте сѐ што ве интересира на темата и забавувајте се споделувајќи ги информациите со партнерот или пријателките.

1

Дали пенисот може да се скрши? Авторот на Unzipped: How To Give The Perfect Blow Job, Nicci Talbot вели да: „Ако пенисот насилно се искриви кога е во ерекција, може да слушнете звук на крцкање што всушност претставува фрактура на пенисот. Двата цилиндрични канали може да пукнат што подоцна предизвикува црвенило, модринки и болно отекување.“

2

Колку луѓе се дел од таканаречениот mile-high клуб (лица кои имале секс во авион)? Анкетата водена од Skyscanner покажува дека

86 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •

еден од пет патници имал секс во авион - од нив половина го сториле тоа со некој кој тукушто го запознале на летот. А вие си мислевте дека добар лет е искористувањето на 2 парфеми по цена на 1 од Wizzair понудата.

3

Дали е во ред да прекинете со бразилската депилација? „Дефинитивно,“ вели Anna Richards, основач на еротската интернет страница Frolicme.com. „Постои вистински тренд во моментов за природна предница и комплетно мазна задница.“ Сакате да отидеме уште подалеку? За 2014 година се


UNIQUEТИ&ТОЈ

4

Дали една млечна чоколада може да ве возбуди?

Не. И покрај шпекулациите дека чоколадата е афродизијак, не постојат докази дека јадењето на истата ќе направи нешто повеќе освен што ќе ве расположи. вели дека е година на „грмушката,“ па тоа во комбинација со малку феминистичка поддршка е новиот тренд. На зимурливите сигурно ќе им се допадне ова.

5

Дали мажите можат да бидат алергични на сопствената сперма? Д-р Anatole Menon Johansson, одговорен на клиничкиот оддел за сексуално здравје вели: „Семето содржи сперматозоиди и течни секрети од простатата кои можат да бидат потенцијални алергени. Но, ваквиот случај е реткост: ако главата на пенисот е црвена по сексуалниот чин тоа е веројатно како резултата на триење, воспаление или пак кожна состојба како егзема или псоријаза.“

6

Дали голтањето по оралниот секс е лошо за вас? „Научно кажано, не е лошо, туку станува збор за личен избор и одлука,“ вели Д-р Menon - Johansson. „Сепак, можно е да се заразите со инфекција и за време на оралниот секс - најчести се кламидија, гонореја, сифилис и херпес.“ Можеби би

ви помогнало при дилемата доколку знаете дека со голтањето сепак ризиците за инфекција се поголеми.

7

Колку се платени порно актерките? Само оние што стојат зад камерите заработуваат навистина значителна сума на пари. Протагонистите, чии „кариери“ се вообичаено многу куси, заработуваат сѐ помалку пари со појавата на интернетот. Во просек, стандардна сума за жена во хетеросексуална сцена е од 480600 американски долари.

8

Зошто жартиерите никогаш не излегуваат од мода? „Бидејќи многу мал број на жени не се чувствуваат и не изгледаат секси во нив, а воедно можете да ги задржите на себе и за време на сексот,“ вели Anna. Појасот околу струкот е многу секси, а голите бутини кои ѕиркаат од нив ќе го заведат секој маж.“

9

Дали животните мастурбираат?

Да, некои се и навистина инвентивни при тоа. Бодликавото прасе користи и т.н. секс-играчки направени од дрвени стапчиња.

10

Зошто „Педесет нијанси сиво“ е толку популарна? „EL James ги искористи вистинските состојки,“ вели Anna. „Нѐ одведе во свет на сексуална потчинетост, доминација и еротска болка, • НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 87


Кој ја сака

Miley Cyrus за девојка

?

Пишува Ивана попоска

Од кога почнавме да веруваме дека мажите паѓаат на пијани девојки што се влечат по улица, јадат хамбургер на тротоар и не одбиваат секс за една вечер? 98 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •


UNIQUEти&тој

e

Една дама никогаш не јаде мрсен хамбургер за ручек, исклучиво салата без кромид, не псуе, пие мартини, чита книги, а во кревет преферира мисионерска. Една кул девојка никогаш не јаде трева за ручек, исклучиво нешто обилно, псуе и гласно зборува, пие пиво директно од шише, игра видео игри, а во кревет е отворена за тројка, а не па за анален секс.

луѓе мои, тоа ви се двете крајности што во реалност се тотална фарса. Но, бидејќи оние првите многупати сум ги чепнала, дозволете ми да се осврнам на вторите. Зошто некои девојки имаат потреба да се прават Miley Cyrus, кога секој маж на планетава ќе ви потврди дека девојката е одвратна? Плус вртете го како сакате, но улогата кул девојка секогаш ќе ви донесе неволја. Не велам дека нема девојки кои навистина сакаат да гледаат спорт, но истите тие не се срамат да кажат дека ги гледаат Girls или дебилнине Kardashians. Врв на сѐ ми е кога ќе превртуваат очи на тема свадба, да знаеме дека вие по автоматизам ќе облечете старки под фустанот, а Pinterest е сведок дека ви се плаче за елеганција и високи потпетици. Жените што плукаат по улици, се влечат пијани по тротоари, имаат пријателчиња за секс, на запад имаат околу дваесетина години. Нивната експериментална фаза, желбата да се докажат и да го привлечат вниманието (дури и на мама и тато) до некаде го објаснува нивниот одглумен бунтовнички живот. Кај нас со сигурност ви велам дека лажно кул девојки има и на 30 – години кога по правило треба да имаме свој идентитет, да имаме силно развиено чувство за себе сожалување, подобро кажано почит кон себеси што ќе не спречи да се дереме по трибини со цел да се сврти тој пред нас. Некако сум сигурна дека форсираниот авантуристички живот и пијаните лудувања во град се поттикнати од неуспехот на љубовно поле. Поправете ме ако грешам, но сите вакви девојки што јас ги познавам (покрај тоа што имаат 29-30 години) се сингл. Некој ќе ми каже дека независноста што сме ја стекнале

нѐ тера да избегнуваме традиционални врски, потајно се обидуваме да им докажеме на момците дека немаме проблем со тоа ако не ни се јават наредниот ден. Тотално не се согласувам со ова, бидејќи сите мои „откачени“ другарки, времето што го поминуваат лудувајќи во град, со задоволство би го поминале врз шпоретот мешајќи манџа. Не им се лутам кога ми викаат дека сум бетер од пензионер, само треба да разберат дека со прикривање на реалните потреби само се оддалечуваат од нивно исполнување. Порано или подоцна на сите ќе ни се јави желба да бидеме домаќинки, да водиме сметка за свој дом, да имаме деца. Можеби некои од нас никогаш нема да добијат желба за нешто вакво, но сѐ додека сте доследни на себеси никој не смее да ви суди. Баш ми криво што на моменти сме спремни да се прегазиме за да им се допаднеме на момците. Многу размислував на темава и сигурна сум дека сум во право за поголемиот дел

ниту да почувствуваш дека имаш девојка, само дај ми шанса. И да ви ја даде, после еден месец ќе сакате да го заробите дома со филм и пуканки, а ако тоа не му е филм црно ви се пишува. Од друга страна, ако продолжите да ја играте улогата, константното незадоволување на вашите реални потреби ќе резултира со деструктивно однесување. Сум видела со свои очи, необјасниви солзи, намалена телесна тежина, нездрав живот, многу алкохол и никотин, до кога... Да, вистинското прашање е кога и како овие женски кловнови ќе ја тргнат маската? Би рекла додека да се појави некој доволно треплив за да им го симне штитот. Бидејќи овде се работи токму за тоа; зад обидот да му се допаднеме некому по секоја цена се крие страв од неуспех. Кај нас повеќе стравот е предизвикан од дома, притисокот од родителите и околината да се средите, отколку што е

јас сум најдобрата варијанта од двата света, љубовница во кревет другар надвор од него. луда сум и откачена, знам да се забавувам, да те засмевам, да се задевам со тебе, не се лутам како сите жени од изнесените видувања. Сериозно, не може до вчера моите прибрани другарки да подиват токму сега. Еве ќе ги тргнам годините на страна, но како може нормална, успешна девојка да не забележи дека сите ѝ се потсмеваат кога се тепа за микрофонот да пее на собирот во меана? Да, нема маж што нема да се сврти по неа, ќе има и такви што ќе ѝ се фрлат и пред нозе, но после полноќ магијата се распаѓа и ете ѝ уште една тиква.

Пример за тивок очај: Ќе ти покажам дека јас сум најдобрата варијанта од двата света (машкиот и женскиот) љубовница во кревет, а другар надвор од него. Јас сум луда и откачена, знам да се забавувам, да те засмевам, да се задевам со тебе, не се лутам како сите жени, нема да те давам со моите потреби и ПМС кризи, нема

наметнат од фактот дека ве изиграле серија од глупаци. И јас едно време се шетав со штит, не се пијанев за да покажам некој облик на независност или дека сум забавна, но убаво се сеќавам дека никогаш не признавав дека сум лута кога момчето ќе ми откажеше состанок. И да не ми се излегуваше, веднаш им се јавував на другарките за да му покажам дека не мислам на него, а реално само чекав и го проверував телефонот дали ќе ми пише. „Кажи ми дали броиме во врскава кој колку дава, бидејќи ако е така и јас имам кантар, а тој вели нешто друго,“ оваа реченица го симна мојот штит. Да сумирам, девојки не ви се исплати да глумите. Тоа е исто како со оргазмот, сѐ додека го инсинуирате, никогаш нема да знаете како изгледа вистинскиот. Или ќе се изморите и ќе ви пукне филм или ќе бидете мизерни до крајот на животот. • НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 99


UNIQUELiving

3

5 1

2

Гениталии кои не се на сликата

4

Женска

анат

Јајчници

1

Мажите имаат тестиси, жените пак ги имаат овие два идентични органи со големина на бадем. При раѓањето вашите јајчници се домаќини на милион јајце клетки, од кои повеќе од половина се реапсорбирани пред пубертетот. Вашите јајчници работат со она што ќе остане, ослободувајќи вкупно до 400 овули во текот на целиот живот. Држете ги во функција со храна богата со бета каротен (моркови, грејпфрут) и зелен чај.

Грло на матката

2

Ова е влезот помеѓу утерусот и вагината мазниот, еластичен орган кој омекнува при напливот на естроген. Кога сте бремени, грлото на матката ја поддржува бременоста, па одржувањето на неговото здравје е круцијално. Состојките во зачинот куркума, како и елагинската киселина што се наоѓа во малините, оревите и пекан оревите можат да ве заштитат од рак на грлото на матката. Пушењето од друга страна пак е убиец за грлото на матката.

Вулва

Надворешниот дел од гениталиите, вклучително со клиторисот и усните (познати и како срамни усни).

мија матка

3

Ова мускулно кесе со големина колку тупаница е удобен дом за вашата мала верзија за време на бременоста (но исто така е местото од каде доаѓаат менструалните болки). Вишокот килограми и проблемите во дигестивниот систем како констипација можат да направат притисок на матката (непријатeн!), па затоа држете се до здрава тежина и внесувајте едноставни влакна. Флавоноидите во храната како броколи, зелка и пиперки можат да го спречат ракот на матката.

Вагина

4

Таа е заштитник на вашите репродуктивни органи: Нејзината кисела рамнотежа ги држи настрана штетните бактерии. Може да биде исто така и прилагодлива: Со облик како чорапа со должина од 7.5 до 10 сантиметри, може да се издолжи до 15 сантиметри во должина и до 13 сантиметри во ширина за време на секс или при пораѓање. Две нешта кои ѝ пречат на вагината: многу шеќер и насочено туширање кои можат да ги отстранат добрите бактерии и да предизвикаат појава на кандида.

Уретра

Исто така внатре во вулвата, ова е делот од телото од кој излегува урината.

Јајцеводи

5

Обложени со влакна како трепки, овие 8 до 12 сантиметри долги патишта ги поврзуваат јајчниците и матката. Обично во нив се спојуваат спермата и јајце клетката. Кога веќе е оплоден, на ембрионот му се потребни околу шест дена пат до матката. А ова ќе се случи доколку јајцеводите се добро подмачкани: Одредени сексуално преносливи инфекции можат да доведат до попречување на патот или неплодност. Истражувањата покажуваат дека акупунктурата може да помогне при нивното одзатнување.


Зошто ли спиев со него

?

О, не! опасна секс енциклопедија

Сигурно би изреагирале слично доколку дознаете дека имате сексуално пренослива инфекција. А можеби веќе и сте го кажале тоа знаејќи дека бројот на лица заразени со кламидија, гонореја и сифилис упорно расте во последниве години (пораст од прилика 15%). Уште попоразителен податок е дека половина од инфици-

раните се лица на возраст од 15 до 24 години. Можеби поради избегнувањето на ХПВ вакцината или на тестовите за рана детекција за некоја сексуално пренослива инфекција...можеби поради страв од резултатот. Но, плашењето треба да запре тука. Иако сексуално преносливите инфекции се чести тие исто така можат да се

спречат, да се третираат и не се до толку ризични по животот колку што тежнееме да замислуваме. За да нема недоумици - за вас подготвивме модерна енциклопедија која ќе ви ги даде сите потребни информации и детали. Прво информирајте се, па потоа одлучете дали и со кого ќе одите во кревет.


UNIQUELiving

Да, и жените што сакаат жени можат да се заразат со сексуално преносливи инфекции „Секогаш кога разменувате телесни течности, постои ризик од сексуално преносливи инфекции - независно дали сте хетеросексуални, лејзбијки, транссексуални или бисексуални,“ вели Д-р Anne Rompalo, професор по медицина на Johns Hopkins School of Medicine. „Оралниот секс и секс играчките може да пренесат сѐ од ХПВ, преку кламидија па сѐ до херпес.“ Сексуалната ориентација не ве прави помалку (или повеќе) склони на сексуално преносливи инфекции. Затоа бидете заштитени, независно кој е вашиот партнер. Измијте ги рацете пред и после сексуалниот контакт за да избегнете ширење на бактерии до или од гениталиите. При орален секс користете орален кондом или направете го самите. Исечете го врвот, па исечете го кондомот од едната страна за да добиете правоаголна форма. Исчистете ги секс играчките пред и по секоја употреба. Не сакате да ја утепувате страста со прекинување за миење на сред предигра? Набавете засебна секс играчка и за вас и за партнерот или ставете кондом врз неа.

1

2

3

112 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •

!!! Моментот кога ќе сфатите дека го направивте тоа без заштита

Ова нема да помогне Плакнење

„Ова може да го промени нивото на полезни бактерии и да го зголеми ризикот од инфекции,“ предупредува гинекологот Д-р Jennifer Ashton. Терапија на своја рака

Не позајмувајте лекови од пријателите. Антибиотиците не можат да ги излечат вирусните инфекции како ХПВ, херпес и ХИВ. Воедно, неправилното и прекумерно користење на антибиотици може да

доведе до тешко излечиви супер-бактерии. Сапун

Миењето околу или внатре во вагината со сапун, па дури и со антибактериски може да предизвика кожни реакции и(ли) нарушување на нивото на полезни микроби. Врел туш

Измивањето може да направи да се чувствувате чисти, но не може да ја спречи сексуалната инфекција по чинот.

Ова ќе помогне Проверка на симптомите

Јавете се или закажете кај докторот доколку чувствувате било каква необична болка, крвавење, чешање или појава на исцедок. Вашиот гинеколог

Можно е да ви е потребен тест или превентивна терапија. „Ако не го знаете статусот на вашиот партнер во врска со сексуално преносливите инфекции, гинекологот може да ви препише антибиотици за да спречи кламидија или

гонореја или превентивна здравствена заштита за да спречи ХИВ,“ вели Д-р Ashton. План Б

Земете пилула за ден потоа (достапна е и без рецепт) или нека ви ја препише матичниот лекар за да спречите несакана бременост. Повторно тестирање

Некои вируси или бактерии не се појавуваат веднаш, па тестирајте се повторно по неколку месеци од незаштитениот секс.

превенција

Или кондом, гумичка, капче, дождовен мантил, чорапа поточно она без што никогаш не се согласувате на секс. (Така? Одлично!) Но, за оптимално да се постигнат полезностите при сексуалната заштита, истата мора да се користи правилно. Научниците ги објавија најчестите грешки - па, како велат подобро да се спречи... Користите погрешен тип кондоми... Зборовите како новитет или за забавни цели обично значат дека производот не е сѐ уште одобрен од Управата за храна и лекови. Латексот е најдобар материјал, а ако сте алергични на него тогаш одберете полиуретан. ...Или погрешен лубрикант Маслата и петролеум желето може да го оштетат латексот, па користете само лубрикант на база на вода. Зборот масло во

етикетата значи дека не е безбеден за латексот. П.С. Плунката е безбеден, бесплатен лубрикант. Не сте направиле проверка Проверете го рокот на траење. И не користете кондом кој ја променил бојата, кој е скинат или изветвен. Го оставате тој да го стави „Жените често пати претпоставуваат дека партнерот ќе се погрижи за заштитата и не водат сметка како го прават тоа,“ вели Д-р Ashton. Особено доколку е нов партнер - внимавајте и вие на чинот на ставање. Најпрво вие го одвиткавте... ...па потоа тој го стави. Ова може да биде причина за кинење и пукање на кондомот. Најпрво повлечете го само врвот за да има место за спермата, но не и

воздух. Сега навлечете го кондомот по должина на пенисот, нежно истиснувајќи го воздухот со раката. Тој го стави кондомот предоцна „Тој мора да го носи кондомот цело време - дури и пред пенетрацијата - за да бидете и обајцата заштитени,“ вели Д-р Ashton. Остана на него предолго Извадете го кондомот веднаш по ејакулацијата кога пенисот е сѐ уште тврд - задржете ја основата како што го одвиткувате за да спречите истекување на семената течност. Се решивте за рециклирање Се обидовте повторно со истиот кондом? Правејќи го ова ризикувате мешање на телесните течности.


UNIQUELiving

Симптомите

тестирајте се

Не сите испакнувања, мириси и чешања значат и инфекција. Доколку се сомневате, закажете кај гинекологот. Чувствувам

Може да бидат

Чувствувам

Здравственото осигурување ги покрива некои, но не сите од испитувањата за сексуално преносливите инфекции и болести.

За вас...

ПАП тест: Примерокот од

клетките кој гинекологот со специјална алатка го зема од грлото на матката, се испитува за пре-канцерогени клетки кои се поврзани со ХПВ вирусот.

Акни Бактериска вагиноза Печење

Кламидија

Крвавење за време на или по сексот

Генитални брадавици

Болка при мокрење

Хепатитис Б

дишно дури и доколку сте моногамни. (Некои момчиња изневеруваат.) На секои шест месеци доколку имате повеќе различни партнери.

ХИВ Отекување во екстремитетите

За него ...

Чешање

Тест на урината: Претста-

вува проверка за присуство на кламидија и гонореја. Не е рутински преглед: треба самиот да побара тестирање.

враснато влакно

Колку често? Еднаш го-

Срамни вошки

Сифилис

Исфрлање со акни, чиреви или гнојници

Колку долго треба да чекате пред да се вратите на секс игрите по дијагностицирана сексуално пренослива инфекција... и како да го заштитите партнерот.

Кламидија Кому да кажете

На тековниот партнер, на партнерите од последните два месеци Колку да чекате

Една недела по еднодневната терапија или еден ден по седумдневната терапија со лекови.

Генитални брадавици Кому да кажете

На тековниот и на идните партнери Колку да чекате

Избегнувајте сексуален контакт кога се присутни рани.

За обајцата...

него се тестирате за ХИВ, хепатитис Б, херпес и сифилис. Тестот не е секогаш рутински, па закажете го специјално.

Инфекција на уринарниот тракт

Кандидијаза

дишно или на секои шест месеци доколку има повеќе различни партнерки, вели Д-р Rompalo.

Тест за крвна слика: Со

Трихомонијаза

Болка за време на сексот

Вагиналниот примерок или примерокот од урината се тестира за кламидија, гонореја и трихомонијаза. Колку често? Еднаш го-

Херпес

Вагинално осипување

години по наполнување на 21 година, се вели во водичот на U.S. Department of Health and Human Services; еднаш годишно доколку сте ХПВ позитивни или доколку сте менувале партнери. Брис или тест на урината:

Гонореја Чудно мокрење

Колку често? На секои 5

Колку често? Д-р Ashton

Карлични и(ли) болки во стомакот

советува да се прави еднаш на 6 или 12 месеци доколку менувате партнери.

Гонореја

Хепатитис Б

Херпес

Кому да кажете

Кому да кажете

Кому да кажете

На тековниот партнер и на партнерите од последните два месеци Колку да чекате

Почекајте една недела по завршување на терапијата со антибиотици.

На тековниот и на идните партнери, на партнерите од изминатата година Колку да чекате

Консултирајте се со вашиот лекар за ова. Лекувањето го минимизира ширењето.

На тековниот и на идните партнери, на партнерите од изминатата година Колку да чекате

Нема секс кога чировите се видливи. Антивирусните лекови можат да ви помогнат.

• НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 113


UNIQUELiving

Ногата на гас, мозокот во...

snooze

Седнувањето зад волан кога сте поспани може да биде подеднакво ризично како и возењето под дејство на алкохол. Поточно, ваквата практика предизвикува 100.000 несреќи годишно, а токму младите, бизнис жени е можно да се оние подложни на најголем ризик. Внимавајте пред да притиснете

на педалот за гас.

Ако сте толку уморни да не можете да гледате добро, возењето може да биде смртоносно.

Кога комичарот Tracy Morgan беше сериозно повреден поради сообраќајката предизвикана од уморен возач, истото го доведе возењето при голем умор во центарот на медиумското внимание со право. Секој ден, милиони луѓе седнуваат зад воланот целосно истрошени, а само малку од нив размислуваат за (сериозно страшните) реперкусии. Викторија, 38 не размислуваше за ова - сѐ додека не задрема на двонасочна улица 114 UNIQUE • НОЕМВРИ 2014 •

возејќи надвор од градот. Со трите деца седнати на задните седишта во еден момент таа се враќаше мирно од посетата на нејзините родители, а веќе во следниот се будеше од свирката на голем товарен камион кон кој се движеше неконтролирано. Брзите рефлекси на возачот на камионот спречија катастрофа, па Викторија и нејзините деца излегоа од ситуацијата неповредени. Многу останати ја немаат оваа среќа.

Забрзана опасност Статистичките податоци за спиење при умор се зачудувачки: според National Sleep Foundation (NSF), 60 проценти од возрасните возачи - тоа е од прилика околу 168 милиони луѓе - признаваат дека седнуваат да возат кога се уморни; на цела една третина од овие луѓе им „паѓала главата“ од умор. Како резултат, околу 1.500 Американци го загубиле својот живот, а 40.000 и повеќе биле повре-

дени во сообраќајни несреќи кои ги чинат возачите 12.5 милијарди долари секоја година, според National Highway Traffic Safety Administration. А поспаните возачи не само што ги предизвикуваат ваквите несреќи - истите е поверојатно дека ќе бидат и жртви бидејќи уморот ги забавува телесните рефлекси, вели Д-р Michael Thorpy, директор на SleepWake Disorders Center. Вознемирувачки, но шансите предничат кај младите жени.


UNIQUELiving

За прв пат во историјата на САД, има повеќе жени отколку мажи возачи, а од NSF известуваат дека жените на возраст од 18 до 29 години е најверојатно да возат уморни (застрашувачки 70 проценти од нив признаваат дека истото го прават на редовна база.) Згора на тоа, малку постарите жени во нивните триесетти и четириесетти, декадите кои често се вкрстуваат со одгледување на деца и градење на кариера, редовно го жртвуваат сонот за да ги извршат останатите семејни обврски - а повторно треба да седнат зад воланот, вели Thorpy. Можно е и биологијата да игра улога: На жените им се потребни 20 минути повеќе сон од мажите во текот на една вечер за да функционираат подеднакво добро - сепак кај жените се јавува поголем процент на инсомнија отколку кај мажите. Во превод: Многу поверојатно е жените да возат истоштени секојдневно.

Место за одмор

Никогаш не е добра идеја да седнете на возачкото седиште кога сте изморени. Како и да е, дремливоста може да биде подмолна - може да се прикраде кога сте веќе зад воланот, дури и ако се чувствувате свежи само неколку мигови претходно, вели специјалистот за сон, Д-р Naveed Shah. А доколку ве фати замор и немате алтернатива да се вратите назад постојат неколку начини со кои ќе ја поттикнете будноста додека не стигнете до вашата точка Б. Сепак имајте на ум дека не станува збор за трајни решенија, ниту за замена на сонот. Кога станува збор за возење, сепак целовечерниот, непрекинат сон е најдобар.

1

3

Дремнете кусо

Истражувањата покажуваат дека кусата дремка како пауза од возењето може повторно да ја врати будноста. Застанете (на паркинг или на паркинг место означено покрај патот) и отспијте 15-30 минути – сѐ подолго од ова време може да доведе до поспана безволност како при мачното чувство на безволност по попладневното спиење.

2 Напуштете го седиштето

Станете и поминете 5 минути во вежби испробајте потклекнувања и скокања или џогирајте во место - ова ќе го поттикне крвотокот до мозокот и на организмот ќе му овозможи погодности како и дремката, вели експертот за сон, Д-р Aneesa Das.

Зборувањето со сопатниците (најбезбедно е да се возите со пријател) може да го одложи заморот, вели неврологот Д-р Phyllis Zee. Ваквата практика може да помогне дури и доколку зборувате и со дете или домашен миленик кој не може да допринесе на разговорот.

4 Џвакајте или голтајте

Консумирањето на околу 100 милиграми кофеин - во количество од прилика околу 250 милилитри - моментално, но привремено ќе ја зголеми вашата будност, вели Zee. Како алтернатива одберете гуми за џвакање со ментол или нане; според истражувањата само една лента гума за џвакање може да го активира уморниот ум.

5

Очи ширум затворени Да, сфаќате: Милиони жени се хронично уморни. Но она што малкумина го разбираат е дека е речиси невозможно преморената личност да спречи несреќа додека вози. Возачите коишто постојано имаат недостаток на сон се под голем ризик од феноменот наречен „микро-сон,“ период на дремка со траење од неколку секунди кој може да настапи во било кое време, вели Д-р Naveed Shan, специјалист за сон од Northwest Hospital Center. За време на микро-сонот, деловите од мозок што се одговорни за концентрација и ментална будност на кусо се неактивни, дури и во ситуација во која ги држите очите отворени. Станува збор за целосно несвесна активност и може да се случи ненадејно; многу луѓе не сфаќаат дека задремале додека не е навистина доцна.

Разговарајте

Употребете го носот

Не дозволувајте бессоните ноќи да се натрупаат.

Многумина пак не се ни свесни што се случило; ненадејното оттргнување на главата е често единствениот знак дека излегуваат од нејасната фаза измеѓу будност и сон. Микро-сонот при возењето е многу опасно;не само што не можете да го предвидите ударот, туку автомобилот може да вози и речиси 100 метри без ваша свесност и со тоа да

предизвика помала или поголема сообраќајна несреќа, вели Shah. Всушност, уморот - вклучително и микро-сонот - се причината за преку 20 проценти од несреќите на долги патишта. Нешто слично ѝ се случи на Викторија од погоре: „Мислев дека сум способна за возење. Немав претстава дека паѓам во сон,“ вели таа.

Научниците веруваат дека одредени миризби можат да бидат доволно стимулативни за да го освежат вашиот мозок и да ја зголемат концентрацијата - слободно прснете мирис или парфем кој поттикнува енергија (како парфемите со нота на цитрус, нане или рузмарин) додека возите.

Нерамен терен Се разбира дека микро-сонот не е единственото задремување што го искусуваат уморните возачи. Неспособни да ги задржат очите отворени ниту една цела минута, некои луѓе едноставно заспиваат. Ваквата тотална исцрпеност доаѓа со предупредувачки знаци - раздразливост, често проѕевање, тешки очни капаци и тешко• НОЕМВРИ 2014 • UNIQUE 115


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.