Брачен пакт
БРОЈ 62, февруари 2015 · 35 ден
facebook.com
супер цена 35 денари Дали врската ќе преживее резервен кандидат?
БРОЈ 62 февруари 2015
Blog За сите кои сакаат кариера од дома
Play list
2015 ТВ предлози за цела година
Оргазам tpka престасаjте го партнерот пред финиш?
вие на
врвот секс Водич за женска доминација
iggy azalea За што ја озборува Холивуд?
февруари 2015 35 ДЕНАРИ
ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО
ЗА ЖЕНИ - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА
2015 Bue
46
unique за претходниот
30
Не постои нешто како: „Сама си го барала!“
Погледни во сонцето и намршти се
24
Олесни си го животот
Моден едиторијал задолжително прочитајте 20 Во умот на еден манијак Кога љубовта се претвора во опсесија 26 Како да се
облекувате, а да останете свои
Тајната што секоја жена мора да ја знае 39 Блог = вашата нова кариера
102
Промислено јадење = слабеење Најдобра 28 Жената од насловна 36 Бизнис пријателство
Во неговиот ум
42 Manthropology 44 Згоден дечко
Beauty
71 Beauty трикови за 2015 77 Зимско цутење
Совети од најуспешните блогерки
78 Нега на кожа што навистина ви треба
98 Западна vs.
83 Која пудра за што служи?
Можно ли е да се спои најдоброто од обете?
ТИ И ТОЈ
источна медицина
6 UNIQUE • февруари 2015 •
86 Женска доминација поглед одозгора
89 Дали имате резервен кандидат? 92 Стасајте го пред финиш 94 Збогум на здодевниот секс
LIVING 100 Мени за спас од мамурлак 105 Рецепти за комплетна забава 108 Нови здравствени супер херои во служба на вашето подобро здравје 112 Што се случува во вашето тело при пијанка? 114 Хороскоп
Само пофални зборови за текстот „Порно за одмазда“ од претходниот број. Прв пат се соочувам со толку реално и детално објаснета ситуација на оваа тематика, а при тоа разгледана со фокус на жената инволвирана во неа. Да, лесно е да викате дека девојката е ваква или онаква, но можеби ќе го смените мислењето доколку некогаш успеете да ги почувствувате сите оние потценувачки погледи што девојките ги добиваат од околината дури и месеци подоцна. А зошто? Само затоа што безусловно и слепо сакала некого. Па ајде сега, таа девојка што никогаш ништо не направила за да го задоволи партнерот без притоа да помисли дека истиот може да ја повреди, нека го фрли првиот камен. Girl power, Скопје
Шопинг манија Морам да ви се заблагодарам за преубавиот водич за подароци од претходниот број. Како тазе тетка најдов идеи за мојата внука, а искрено си најдов и неколку подароци за себеси - па не залудно велат дека празниците се време за подарување. Поздрав, Лидија
Дали сте знаеле дека... На 80% од жените потребно им е внимание на клиторисот за да стигнат до оргазам. Повеќе за тоа како да стигнете до големото „О“ прочитајте на страна 86. Контактирајте нѐ на:
contact@uniquemag.mk
Крзнените додатоци и облека нека бидат ваш избор затоа што најважно е во зима да ви биде топло!
Street Style во Скопје
Носете ќебе шал оваа
сезона, вклопено со патики и задолжително мешајте принтови, за уникатен изглед.
10 UNIQUE • февруари 2015 •
UNIQUEyounique
И мини здолништата
можете да ги носите во зима, но задолжително со чизми до колена и масивен џемпер.
Носете бои во зима, развеселете ги тмурните денови со една ваква уникатна бунда.
• февруари 2015 • UNIQUE 11
Mohиtop UNIQUEyounique
најдобрите ФИЛМОВИ, АЛБУМИ, ТВ СЕРИИ за 2015
Channing
Tatum
Cara
Delevingne 16 UNIQUE • февруари 2015 •
Colin
Charlize
Theron
Farrell Johnny
Depp
музика
Грабнете ги слушалките и патот до работа нека гласи
: добро расположение
Ни претстои квалитетна музика од врвни изведувачи. Прва на листата е Adele и нејзиниот трет албум, а веднаш по неа кралицата на поп музиката која некако ја подзаборавивме. Madonna на последниот албум соработуваше со Diplo, Avicii, Kanye West, Alicia Keyes. Nicki Minaj се јавува како гостин во песната „Bitch, I’m Madonna,“ и иако беа пуштени 6 песни од албумот, целокупниот пакет наречен Rebel Heart ќе излезе на 10-ти март. Успешниот британски продуцент и текстописец Mark Ronson, на својот четврти соло албум Uptown Special соработуваше со врвни имиња од хип-хоп сцената вклучувајќи ги Action Bronson и Vic Mensa. Првиот сингл „Uptown Funk“ во соработка со Bruno Mars веќе е голем хит. Imagine Dragons се под притисок да го повторат успехот на нивниот деби албум Night Visions од 2012-та. Smoke and Mirrors ќе излезе месецов и е рок ориентиран за разлика од неговиот рап претходник. Betty Who годинава конечно ќе го објави нејзиниот деби албум, велат дека нејзината работа многу потсетува на Katy Perry и поп ритамот од 80-тите. После десет години од нивниот последен албум, The Libertines повторно се враќаат на светската музичка сцена. Годинава ќе слушаме музика и од Fergie, поминаа осум години после нејзиниот прв соло албум. Се шушка дека и Rihanna и Miley годинава ќе издадат нова музика, кој знае кој ќе биде новиот скандалозен потег на втората? Ако земете во предвид дека нивниот последен албум бил издаден во 1997-та, не е ни чудно што фановите на Faith No More се прашуваат како ќе звучи нивниот нов албум. Групата се обедини во 2009-тата со цел да одржи светска турнеја и оттогаш извадија еден сингл (Motherf*******er). Електронскиот музички пионер Giorgio Moroder си обезбеди сигурна кариера соработувајќи со Daft Punk на Random Access Memories од 2013-та. Освен насловот - 74 Is the New 24 ниту една песна од новиот албум не е позната освен бројните вокалисти како Britney Spears, Sia, Kylie Minogue.
филм
После овој избор не знам кој ќе успее да ве стане од пред телевизор... Годинава ќе ја обележат моделите кои за прв пат ќе ги видиме на големото платно. Прва е Cara Delevingne која ќе дебитира во Tulip Fever, романса од 17-тиот век во која уметник се заљубува во жената за која е најмен да ја портретира, проблемот е тоа што таа е мажена. Веќе во јули Cara ќе ја видиме покрај Hugh Jackman во Pan, уште една врвна филмска адаптација на легендарниот Peter Pan. Rosie Huntington-Whiteley ќе дебитира во апокалиптичната сага Mad Max: Fury Road покрај уште една прекрасна блондинка – Charlize Theron. Тој можеби не е модел, но сигурно изгледа така, Chris Hemsworth ја стартува годинава со акционата драма Blackhat. Него го ослободуваат од затвор за да им помогне на кинеските и американските власти да го фатат мистериозниот сајбер криминалец. Ако зборуваме за продолженија што мора да ги погледнете, тогаш прв на списокот е The Avengers: Age Of Ultron, излегува во април, Taken 3 со неповторливиот Liam Neeson ќе излезе во мај, а Ted 2 и Magic Mike XXL во јули. Mark Hamill, Samuel L. Jackson и Colin Firth ветуваат одлична акциона авантура, филмот се вика Kingsman: The Secret Service
18 UNIQUE • февруари 2015 •
и ќе заврши работа за филмски состанок со партнерот. Со пријателките гледајте го Suffragette со триото Meryl Streep, Helena Bonham Carter и Carey Mulligan, филм посветен на феминизмот кој заедно со автобиографијата на Stephen Hawking, The Theory Of Everything влегоа во трката за Оскар. Нив две ги запознавме во хит сериите, но сега ќе ги видиме и на филм, Emilia Clarke од Game Of Thrones ќе ја видиме во Terminator: Genisys, додека Lily James од Downtown ќе ја изгуби стаклената чевла во Cinderella во месец март. Денот на вљубените е резервиран за филмот што сите го чекаме – Fifty Shades Of Grey, но повторното обединување на Angelina Jolie и Brad Pitt во филмот By The Sea се очекува да направи растур во кино салите. Johnny Depp изјави дека повеќе не се грижи за успехот на неговите филмови, се надеваме дека Mortdecai ќе му донесе поголема заработувачка од лани. Тој е дилер на уметнички дела кој ќе стартува истрага за исчезната слика што ќе го донесе до изгубена банкарска сметка на нацистите. Интересна акциона комедија во која се појавуваат и Olivia Munn и Ewan McGregor.
тв
Збогувајте се од турските серии и бидете во тек со остатокот од светот Адаптацијата на историската новела на Hilary Mantel, Wolf Hall, својата премиера ја доживеа минатиот месец. Во главните улоги се јавуваат Damian Lewis кој го толкува Henry VIII и Mark Rylance во улога на неговиот министер Thomas Cromwell. Низ 6 епизоди серијата го прикажува темпераментниот англиски крал и неговиот обид да добие наследник и да ја спаси Англија од цивилна војна. Тука не завршуваат филмските адаптации на книгите, следна е Lady Chatterley's Lover, новелата на D.H. Lawrence. Младиот љубовник со кого дамата Chatterley ќе го изневерува својот парализиран и надмен сопруг, го толкува жешкиот британски актер Richard Madden. Главната улога во филмската адаптација на романтичната сага од 18-тиот век на авторот Winston Graham, Poldark, ја толкува Aidan Turner кој се прослави со улогата во The Hobbit. American Gods се чини дека е најдолго очекуваната филмска адаптација на делото на Neil Gaiman. Серијата се фокусира на мистериозниот Shadow (за улогата се борат Dwayne Johnson и Jason Momoa) тој само што треба да
излезе од затвор, откако бил осуден за грабеж на банка, дознава дека неговата сопруга умрела во автомобилска несреќа. Враќајќи се дома од погребот, Shadow налетува на човек кој се чини дека го знае неговото минато и сегашност. Тој му открива дека боговите во кои луѓето верувале низ годините всушност се живи и живеат меѓу луѓето. Matt Dillon ќе го гледаме во серијата Wayward Pines, во улога на тајниот доушник кој е во мисија да го истражи исчезнувањето на двајца агенти на ФБИ во мало гратче во Idaho. Уште помистериозна е сторијата во серијата Fortitude, бидејќи се фокусира на убиството на Arctic Circle, најбезбедното гратче на земјата. Safe House е одличен трилер во кој глуми Christopher Eccleston, базиран на вистинската приказна за брачна двојка која соработува со полицијата изнајмувајќи им го запуштениот имот како засолниште. Актерката Sheridan Smith ќе ја видиме во улога на сопруга која ќе го гони убиецот на својот сопруг во серијата Black Work, додека Code Of A Killer е серија по вистинска приказна за двојниот убиец на деца.
Продолжуваат со нови сезони...
Sherlock четврта сезона декември
Ray Donovan трета сезона август
Orange Is The New Black трета сезона јуни
Happy Valley втора сезона есен
The Returned втора сезона есен
Mad Man последна седма сезона април
Game of Thrones петта сезона април
Girls четврта сезона јануари
UNIQUEнајдобра
Како а да останете
свои
Пишува Ивана Попоска
1
„Бидете свои, сите останати се веќе зафатени,“ добро го кажал тоа Oscar Wilde, но мисијата станува невозможна во време кога живееме споредувајќи се со другите. Во атмосфера кога медиумски ни се наложува како треба да изгледаме не е зачудувачки доколку го изгубиме сопствениот моден идентитет. Да му се одолее на притисокот е тешко, бидејќи тоа носи критики од кои најмногу се плашиме. Ние не сме супермодели, па нема резон да нѐ депримира фактот дека никогаш во животот нема да облечеме тесен фустан под колена, бидејќи немаме доволно висина да го износиме како што треба. Ете некој имал среќа да се роди висок, слаб и убав и да заработува шетајќи се по писта и да биде уште поголем трн во очи, бидејќи кога не е на должност
26 UNIQUE • февруари 2015 •
изгледа совршено во развлечениот блузон со коса намотана во кок и без мејкап. Кога ќе ми текне колку пати се преоблекувам и колку посветено нанесувам мејкап за огледалото да ми ја покачи самодовербата, веднаш помислувам на нив и посакувам и јас да изгледам светски и модерно во обична бела маичка, џинс и кожена јакна. Верувам дека и вие не сте ништо поразлични или? Најголема услуга ќе си направиме доколку одлучиме да бидеме помеки со себеси, забрането е споредување со било кој од Victoria’s Secret. Наместо да загледуваме тела, ајде ќе загледуваме стилови. Ви се допаѓа сѐ што ќе облече Lena Perminova? Која е заедничката нишка во нејзините комбинации, смела е во боите, носи класични парчиња, а си игра со додатоците? Прибирајте забелешки и што е најважно адаптирајте ги на својот вкус.
2
Пробајте, можеби ќе си се бендисате. Како можела да облече блуза во риги кога изгледа подебело?! Им забележуваме на жените во околина и не дека тие не се свесни, но се случува меракот да го победи модното правило, а тоа секако е за поздрав. Секоја жена порано или подоцна станува свесна што ѝ прилега, а што не, но честопати ние жените се однесуваме со модата небаре е
бившиот што ненадејно нѐ откачи, па сега ќе го преболиме кревајќи раце од цел машки род. Не можете да им се скарате на сите момци, како што не можете да ѝ се скарате на модата и да си ја забраните. Бидејќи имам потемен тен, избегнував да носам било каква нијанса на розово. Но откако се појавија сите оние црни девојки со интензивни розови усни и неон розови аутфити, одлучив дека е време да ѝ дадам шанса на бојата.
Сега ја носам со задоволство, дури купив носечко парче (капут) во пастелно розова боја и го носам со самодоверба. Ете ви пример за среќно модно помирување. Да, никогаш нема да ми стојат широки фармерки, но тоа е приказна за друг пат.
3
Модата е предизвикувачка и на моменти страшна дури и за оние што ја креираат. Сите оние правила за „in“ и „out“ или „must
UNIQUEнајдобра
have“ може да предизвикаат конфузија во главата, да поттикнат несигурност до степен да не сакате да го облечете парчето за кое потрошивте сериозна сума пари. Да не делувам чудно; да не изгледам како од пред две сезони; а дали ќе кажат дека сум убаво облечена со капутов од лани? Ние жените знаеме да се опседнеме со изгледот, да жртвуваме многу време и енергија за нешто што ќе ни донесе 5 минути слава. До пред една година, пред да се пресели сестра ми од дома, пред секое излегување ја заморував со прашањето: „Дали изгледам фраерски?“ Секогаш ми одговараше со прашање: „А што подразбираш под тоа фраерски?“ Според неа моето тело заслужуваше постојано да носам кусо тесно фустанче; според мене немаше ништо фраерски во таа комбинација. Што може да се додаде на едно фустанче освен накит? Друга е приказната со џинсот или панталони, ќе им дода-
дете бесни потпетици, несекојдневно палто од монисти или наметка од реси, масивна шнола, венче, обетки, ремен, марама. Под постојан притисок да имам нешто на себе по кое ќе се издвојувам од толпата ми се случи она што Michael Kors вели дека им се случува на сите жени – кога жена се жали дека нема што да облече, тоа значи дека таа премногу пари потрошила на уникатни или моментално трендовски парчиња наместо на класични, тврди тој. Проблемот со несекојдневните примероци е тоа што брзо ќе ви здодеат, после 5 појавувања со истото палто што паѓа во очи и ќе ве осудат дека ви станало втора кожа. Да, ми требаше доста време да научам дека класичните парчиња се оние кои поднесуваат безброј трансформации, со нив ќе манипулирате дека сте различно облечени до недоглед, хм па не залудно им го дале епитетот безвременски.
„Бидете свои, сите останати се веќе зафатени“ oscar wilde
вие се чувствувате како да сте се маскирале за први април, едноставно препуштете го. Ако навистина не сте сигурни дали нешто ви прилега или не, прашајте ја другарка ви во чија искреност не се сомневате. Еј, никако не прашувајте ги продавачите, секако ќе ви кажат дека одлично ви стои.
6 4
Модата сфатете ја небаре ви е пријателката што знае да ве засмее, да направи да се чувствувате убаво и со која сакате да го минувате времето и пијани и трезни. Запомнете, таа не е девојката која ја поттикнува вашата несигурност секогаш кога ќе ја сретнете. Дружењето со модата нека подразбира преземање на трендовите што ви се допаѓаат. Честопати тоа ќе подразбира
набавување еден пар чевли, но тоа е во ред. Модата треба да ве анимира, таа не постои за да ве депримира или за да ве поттикне да се натпреварувате, бидејќи исходот секако негативно ќе се одрази на вас. Облекувајте се за себе, а не за да бидете во тек или за да присвоите позитивни критики од другите, тоа значи само дека се облекувате по туѓ вкус.
5
Модните правила е дозволено да ги кршите. Модните списанија се полни со совети за тоа како да се облекувате. Но еј разберете нѐ, тоа ни е работа. Имајте на ум дека секој пишан совет е невозможно да го аплицирате на себе. Прва причина, можеби не ви се допаѓа, а не очекуваме да одите против себеси; втора причина, трендот што ви го наметнуваме едноставно не ви прилега. Колку и да е во мода да се носи мантил, ако
Јас сум жена, слушни го мојот глас. Честопати не станува збор што носите, туку како го носите парчето облека. Без разлика дали таа чанта е оригинал или е копија што ја порачавте од aliexpres.com, ако вие се чувствувате убаво додека ја носите никој ништо не ви може. Сега не сакам да звучам како мајка ви, но сепак ќе кажам: Исправете се, вдишете длабоко и насмејте се. Сериозно, ќе се зачудите колку голем ефект има овој навидум безначаен совет. Кога пешачам имам навика да се муртам и тоа трае со години, дури ми се појавија брчки на челото. Иако муабетот што го водам со себе не е причина за муртење, таа пуста навика ме следи насекаде и делувам како намќор. Одлучив дека е време физички да го манифестирам она што го чувствувам. Плус, научните докази велат дека смеењето (и тогаш кога не ни е до смеење), ќе направи да се чувствуваме посреќно. Па не чекајте, излажете го мозокот и навистина ќе бидете среќни со тоа како изгледате, а штом сте вие среќни и другите ќе бидат.
• февруари 2015 • UNIQUE 27
UNIQUEнајдобра
Извини Pharrell, но постојаното чувство на среќа не е вистинското нешто: Понекогаш и песимизмот може да ви помогне во подобрување на работата, врската и животот воопшто.
Погледни во сонцето ...и намршти се
T
ргни ја намрштената фаца од лицето. Насмевни се. Мисли позитивно. Да не претеруваме малку? Оптимизмот си има своја позиција, но сите ние имаме денови (или месеци, или година!) кога погледот на животот повеќе ни личи како оној на Aubrey Plaza отколку на Anne Hathaway. О, какво олеснување нудат сѐ повеќето нови книги и истражувања кои ги истакнуваат полезностите од негативноста. Страшно е да мислиме дека треба 1) секогаш да ги избегнуваме лошите чувства, и 2) да се обидуваме да се чувствуваме добро за сето време, вели Д-р Todd Kashdan, ко-автор на The Upside of Your Dark Side. Зошто? Традиционално „негативните“ емоции - лутина, тага, вина, срам - може да ве направат поуспешни, а иронијата пак може да ве направи посреќни. Не, не може да сте постојано намуртени
30 UNIQUE • февруари 2015 •
како Grumpy Cat, но можете да го искористите негативното гледиште за да создадете подобри здравствени навики, посилни врски и поуспешни работни услови. Еве ги петте песимистички особини кои треба да ги прифатиме:
1
Фатете се за најлошото можно сценарио Сонувате за отпочнување на бизнис кој ќе биде вистински хит? Замислете го крајниот исход - луѓето го ценат и продаваат вашиот производ - тоа делува мотивирачки, но не ја зема предвид макотрпната работа која е потребна за да се стигне до таму. „Животот не е исполнет и динамичен доколку не прифаќате ризици, но не сакате тие да испаднат смешни, односно катастрофални,“ вели Oliver Burkeman, автор на The Antidote: Happiness
for People Who Can’t Stand Positive Thinking. За да го најдете вистинскиот баланс, фокусирајте се на она што сте спремни да го ризикувате за да успеете. Посредникот за среќа: Истражете го она што Bukerman го нарекува „негативниот пат“: Размислете што би изгубиле доколку сонот не ви се оствари (на пр. бизнис планот ќе пропадне, па ќе мора да се вратите во домот кај родителите), и прашајте се, „Дали можам да се справам со тоа?“ Ако ова прашање ве плаши, може да биде предупредување за преголема опасност во вашиот план, па размислете да го ставите во мирување сега за сега, вели Burkeman. Пеперутките во стомакот пак се показател на возбуда и сигнализираат дека можете да започнете со иницијалните чекори кон напред, како на пример интервјуирање на
сопственици со сличен бизнис и проби пред почетокот, вели Burkeman. Проценете ја повторно целата ситуација пред да направите голем чекор (како давањето отказ на сегашното работно место).
2
Знајте кога сте истрошени Стресот е неизбежен. Го знаете тоа. Но наместо да ја игнорирате желбата да ја искубете косата (или да посегнете кон чаша вино за да се смирите), стимулирајте се од него. Истражувачите откриваат дека луѓето кои имаат научено да ги толкуваат знаците на стрес - како забрзана срцева работа - како придобивки, искусиле подобрување во нивната реакција на стресот за време на тензична задача, за разлика од оние на кои им се велело да го игнорираат стресот и на кои не им биле дадени никак-
UNIQUEнајдобра
ви инструкции за справување со него. Посредникот за среќа: Чувствувате дека вриете? Користете ја техниката на истражувањето. При стрес кој целосно ве совладува, обидете се да ја откриете причината за него. Можеби работата како службеник кој дневно се среќава со илјадници луѓе ја исцицува енергијата од вас. Одлучете што е она што навистина го сакате (поголемо време посветено на креативните задачи на работа?) и откријте што ви стои на патот до тоа (обично прво ја завршувате бирократската работа бидејќи тоа ви е полесно отколку согледувањето на целата слика). Истражувањето на Oettingen открива дека оваа техника, наречена ментален контраст може да ви го даде моментот кој ви е потребен за да излезете од инерција. Затоа, соочете се со тешката работа и претворете ја во вашиот следен успех. Моќта на негативното размислување е наменета токму за тоа.
3
Бидете песимисти
„Детектирањето на потенцијалните проблеми може да биде особено вредно на работното место,“ вели Д-р Julie K. Norem, професор по психологија на Wellesley College кој ги проучува песимизмот и оптимизмот. На пример: Го знаете оној колега кој ја прекорува секоја ваша идеја или чија прва реакција по вашата презентација е посочување на мааните на истата? Мислењето како него - или барем како помалку вознемирувачката верзија од него - може да ви помогне при планирањето на вашата реакција на пречките пред тие и да се појават. Ваквиот тип на логика е вреден и при постигнувањето на цели, како губење на килограми, на пример. Ако очекувате дека ќе сакате да се нурнете во порцијата тестенини quattro formaggi кога ќе излезете
соочете се со тешката работа и претворете ја во вашиот следен успех. Моќта на негативното размислување е наменета за
тоа
со пријателките, наместо да размислувате дека ќе ви биде лесно да одолеете, можете однапред да испланирате што ќе нарачате. Посредникот за среќа: На работа не можете да бидете премногу песимисти бидејќи така ќе бидете плачко, а не тимски играч. Наместо да се жалите на сите можни проблеми, направете листа со нив па надополнете ги со решенија кои ќе ви помогнат при секој проблем поединечно, вели Д-р Gabriele Oettingen, професор по психологија на New York University и автор на Rethinking Positive Thinking: Inside the New Science of Motivation. На пример: „Ако менаџерот праша кој ќе биде одговорен за новиот проект, ќе споменам дека новиот стажант ќе биде среќен да помогне.“ Или: Ако дождот ви го расипе планираното трчање, најдете online тренинг. Ако во маркетот нема воопшто кељ, земете блитва.
4
Бидете изнервирани Жените се често етикетирани како „дрски“ или „тешки“ особено при расправиите, но пригушете ги чувствата и ризикувате експлозија. Лутината со вашата сестра може да доведе до сцена на следниот семеен собир: бесот кон колегата кој ги зема сите заслуги за вашата идеја може да зоврие до грозна електронска порака која што по грешка ќе ја испратите на целата канцеларија и ќе направи да изгледате ужасно. „Ако не ги почитуваме сопствените чувства, веројатно е истите да станат очигледни преку нашето однесување,“ вели советникот Tina Gilbertson, автор
на Constructive Wallowing: How to Beat Bad Feelings by Letting Yourself Have Them. Други последици од игнорирањето на „негативните“ емоции: Пропуштате прилики да ги зајакнете врските, вели Kashdan. „Ако вашата врска се базира на позитивност и не искажување на вознемиреност и страв, тогаш веројатно не е доволно вредна,“ вели тој. Посредникот за среќа: Покажувањето лутина не значи и побеснување секој пат кога некој или нешто ќе ве налути. Смирете се, па кажете му на колегата дека неговото дело не е во ред, или информирајте ја сестра ви дека направила нешто што ви пречело. „Дозволено ви е да им посочите на однесувањата на луѓето сѐ додека тоа го правите соод-
ветно. Може во моментот ќе се чувствувате ужасно, но на долг план ќе ви помогне при одредувањето на граници,“ вели Kashdan.
5
оптимизмот се исплати кога: Како мотивација на стартот
Вродениот ентузијазам природно ве мотивира. Нафрлете ѝ се на to do листата уште од сабајле кога енергијата и фокусот се на најголемо ниво. За привлекување на фан клуб
Оптимистите оставаат подобар прв впечаток, па претпоставуваме дека се добри во нештата, дури и кога тоа не е точно. За надминување на бурите
Истражувачите велат дека преку розовите очила, тешките ситуации се гледани како можност за напредок.
Најдете ги маните во сÈ Вашето ново момче е совршено. Ви помага, мајка ви го обожава, а и пресладок е! Сепак, тој секој пат очекува вие да отидете кај него, а и не ве смее доволно... но ниту една врска не е совршена како Brangelina, нели? Стоп. Вашите чувства можат да пренесат важна информација, вели Gilbertson. Дополнително, истражувањето во списанието Proceedings of The National Academy of Sciences of the United States of America открива дека потсвесно употребуваме рационално размислување - како одмерување на предности и недостатоци и анализирање на факти - за да ги информираме нашите инстинктивни реакции, што значи дека нашите инстинкти не се случајни. Затоа не обидувајте се да ги закопате сомнежите. Посредникот за среќа: Прашајте се себеси (или уште подобро пријателката на која ѝ верувате): Дали сум премногу критична или себична? Ако најискрениот одговор е „не,“ почитувајте ги вашите очекувања и дозволете ѝ на процената да ве втурне во акција. Не велиме дека веднаш треба му раскинете на момчето - не треба да се покорувате на секој импулс. Сепак имате право да му кажете, „Треба да зборуваме за ова.“ А ако истото се случува и покрај повторните обиди за посочување, сфатете го како сигнал дека ситуацијата не ви служи вам. • февруари 2015 • UNIQUE 31
UNIQUEинтервју
Низ контроверзниот свет на модниот дизајн со
Стефанија Пишува тања тодоровска
h
абљудувајќи ја ситуацијата со уличната мода во Македонија самата велиш дека дојде до заклучок дека истата треба да се подобри па оттаму стигна она фамозно: Шчо напраифме? После цела година што навистина направивме - согледуваш ли промени во македонската мода? 3 Со оглед на тоа дека излегоа многу млади дизајнери има напредок на модната сцена во Македонија. Точно е дека стигнавме до негде, можеби сѐ уште е зачеток, сѐ уште е првата скала од онаа височина што треба да ја искачиме, меѓутоа навистина има промени. „Шчо напраифме“ немаше за цел преку ноќ да ја промени модната сцена во Македонија, туку прашањето беше повеќе поставено како зачеток кој мислам дека наиде на разбирање од колегите. Повикот беше наменет за дизајнерите да почнат да творат што е можно посекојдневно затоа што сметам дека македонската мода и македонските модни дизајнери треба да бидат застапени во секојдневието, а
32 UNIQUE • февруари 2015 •
Ако сакате да играте на лизгав терен и да дискутирате на контроверзни теми како на пример борбата на дизајнерите со модните брендови за масовно производство, копиите во дизајнот, користењето на крзно... неопходно е да имате соговорник кој нема да се плаши од предизвикот пред себе. Знаете дека сте го направиле вистинскиот избор кога отспротива ја имате девојката која сите ја запаметивме по кириличните бунтови на модната сцена испишани во пораки на облеката што таа ја дизајнира. Модната револуција на Стефанија Насеска продолжува додека таа навидум мирно се подготвува за седмото учество на Модниот викенд. Нејзината модна порака „Шчо напраифме“ се претвори во повик кон колегите дизајнери да почнат да прават секојдневни, кежуал парчиња, а со тоа да ги постават темелите на новата модна сцена во Македонија.
не само во посебни пригоди. Секоја чест на колегите кои работат за свечени пригоди, меѓутоа поголем поздрав до оние кои ја префрлија својата работа кон секојдневието. 3 Но модниот дизајн претставува луксуз и кога е наменет за свечени пригоди, а да не зборуваме за финансискиот трошок што ќе го подразбира дизајнот во секојдневието: 3 Стандардот на нашиот народ е тој што е - не можеме тука да направиме никаква промена. Но дизајнерските парчиња треба да се платат, не може тоа парче да биде платено како некое друго купено од бутик. Квалитетот на изработка секако дека е поголем кај дизајнерските парчиња бидејќи се обрнува внимание на секое едно парче поединечно. Mass fashion е индустриско производство, таму има дизајн да, меѓутоа нема уникатност. Во глобала луѓето не можат да си дозволат дизајнерски парчиња за секојдневна пригода, а притоа секој пат да бидат облечени во различни комбинации. Не само што финансиите ги спре-
чуваат туку и самиот стил на живот затоа што модата пред сѐ се базира и врз животниот стил. Но исто така големо влијание има и менталитетот на народот - кај нас секогаш е подобро да се купат парчиња од странски дизајнери или пак дизајнерски парчиња од странство, меѓутоа мислам дека треба да нѐ купуваат и нас, македонските дизајнери. Едноставно, тоа е поддршка еден со друг. Ние твориме за нив, а тие купуваат од нас. 3 Што можеме да очекуваме ново од тебе - нови предизвици, планови и проекти? 3 Во фаза на подготовка сум - ја имам идејата, но не откривам ништо повеќе бидејќи меѓу македонските дизајнери (секоја чест на тие што се уникатни) постојат и такви кои копираат. Нема да прецизирам кои се тие, но ми пречи тоа воодушевување и истакнување на одредени личности кога се цени нивната копија на странските дизајнери. Точно, како дизајнери во земја каква што е нашата не можеме да измислуваме топла вода, нормално, мора да пратиме
UNIQUEинтервју
Фотограф: Жарко Чулиќ Шминка: Александар Ризов - Шатци парфимерии
светски тренд меѓутоа тоа копирање навистина ми пречи. Јас творам ангажирана мода и планирам првична идеја за следната тема да ми биде копирањето, не мора конкретно копирањето во македонската мода, туку и копирањето на светската модна сцена како што беше случајот со палтото на Yves Saint Laurent и копијата на Balmain и слично. 3 На што мислиш кога велиш следење на трендови, за какво следење станува збор - нели дизајнерите се тие што ги поставуваат трендовите? 3 Во светот постојат модни тенденции, модни предвидувања, саеми кои ние за жал ретко успеваме да ги посетиме. На тие саеми има т.н. истрчани дизајнери кои ги диктираат трендовите. Ако некој од тие дизајнери каже дека црвено е во мода, тогаш и останатите ќе го прифатат овој тренд. Не мора да биде кројот ист меѓутоа постојат некои правила кои се следат. Палетата на тие тенденции е огромна, па има простор за инспирација. Тоа е вистинско следење на модната сцена, а не копирањето на дизајните на светските креатори. 3 Во светот модните куќи и дизајнери одамна ги пренесуваат своите пораки директно преку написите на самите парчиња - кај македонските дизајнери ова се чини дека го правиш само ти: 3 Ваквата практика ја зацртувам како мој карактер на изразување и како мој моден печат. Не мора да значи дека секогаш ќе има нешто напишано по парчињата облека, меѓутоа пораките кои ќе ги пренесувам секогаш ќе бидат видливи и јасно читливи од облеката, дури и да не е текст во прашање. Секоја колекција е своја инспирација и преку секоја колекција треба да се пренесе некоја порака - тоа е целта на модата. 3 Иако Karl Lagerfeld е етаблирано име во модниот свет, • февруари 2015 • UNIQUE 33
блесни на
46 UNIQUE • февруари 2015 •
• февруари 2015 • UNIQUE 47
Модел: Наталија Стојаноска / Модна Агенција: Моделс Ин / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотограф: Жарко Чулиќ / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Адо Мурис Хамзиќ – Hairdo салон
48 UNIQUE • февруари 2015 •
• февруари 2015 • UNIQUE 49
Спортски шик!
Color blocking
Шарени од глава до пети, направете добар микс од бои и бидете единствени!
Roksanda
Cool
стил со патики
1 Темно црвените усни и очите исцртани со црн туш врамени во лице кое е матирано, речиси порцеланско, се вонвременска класика. Надополнете ја со ситни, навидум ретро кадрици кои ќе ги креирате со помош на фигаро за понесекојдневен, младешки изглед.
Golden Rose Perfect Finish Liquid Foundation Течна пудра 280 ден.
66 UNIQUE • февруари 2015 •
UNIQUEbeauty
2 Овој изглед е резервиран само за најсмелите девојки. Очите се зачадени со сенка која ги опфаќа и веѓите, а усните? Заборавете на правилото неутрални усни при силно нашминкани очи нанесете темно виолетов кармин.
3 Дебелите веѓи се сѐ уште во мода? Велиме да! Нагласете ги со боја и со зачешлување нагоре, а останатиот дел од лицето нашминкајте го само колку да се надополни со строгата линија на веѓите - бледи усни и матиран лик.
68 UNIQUE • февруари 2015 •
UNIQUEbeauty
4 Иако шминката со очи, лице и усни со бронзен сјај е привлечна сама по себе, во овој изглед речиси целата улога ја одигрува косата која е романтична, лелеава и сјајна. Тој ефект ќе го добиете со помош на масло за коса со златен сјај.
Модел: Фаниа Гиачо, Модна агенција: Подиум Шминка и фризура: Јелкица Поповска
UNIQUEти&тој
стасајте го пред
finish Двојките најчесто имаат проблем да ги усогласат брзините во кревет, мажите се брзи, жените бавни. За да поентирате, вие забрзајте тој нека забави - возможно е!
B
о просек на мажот му требаат од четири до десет минути за да доживее оргазам во текот на сексуалниот чин, се вели во студијата објавена во Journal of Sexual Medicine. А оние кои се соочуваат со прерана ејакулација (доста вообичаена појава) не можат да се воздржат повеќе од три минути, според студијата од 2014-та. Во споредба со тринаесетте минути кои во просек им се потребни на жените за да доживеат оргазам (ако воопшто им се усреќи ноќта) излегува дека околу вас има многу незадоволни двојки. Се надевам не сте една од нив?! Видете, не очекувам да признаете како што ниту еден маж нема да признае дека не може да се воздржи после 2-3 пенетрации - вие уште се местите под него, а тој веќе стасал до финиш линијата. Сѐ додека отворено не поразговарате за сексуалниот јаз, тој само ќе се продлабочува. Баш ми е жал што и за оваа тема треба први да го стиснете тастерот за аларм, но еј, вие сте тие што останаа без оргазам, по 5 или 15 минути тој секако ќе го добие она за кое дошол. Партнерот што е премногу горд за да признае дека се
92 UNIQUE • февруари 2015 •
разидувате во акцијата, да не звучи ова премногу строго, но како да не е многу заинтересиран за вашето задоволство. Партнерот што живее за да ве усреќи, ќе се потруди да разбере зошто и ќе стори сѐ што е потребно за да се усогласите.
Марс Vs. Венера Ако оргазмот е финиш линијата во сексуалната трка, биoлогијата сфатете ја како дупка на патот што ќе ве сопне, додека партнерот мудро ја заобиколува. Сексуалната деблокада зависи од возбудувањето, протокот на крв и анатомските стимулации – процеси кои по природа побрзо се случуваат кај мажите за разлика од жените. Премногу сложено за да разберете? Епа на пример, ако на вашиот партнер му е доволно да чуе една ваша посилна воздишка за да поентира во кревет, вас од старт ќе ви требаат побогати и подолги ментални стимулации за да се возбудите и континуитет (најчесто прекинат од грижи) за да останете во фокус до крај. Всушност, неодамнешната студија објавена во Journal of Sexual Medicine откри дека топ трите атрибути што жените ги поврзуваат со сексуалната
желба се љубов, интима и чувство дека се посакувани. (За мажите тие три се: задоволство, оргазам, среќата да се задоволи партнерот.) Штом ги пресретнете овие психолошки потреби, протокот на крв (поттикнат од возбудување на гениталиите) и анатомијата доаѓаат на сцена. Повторно, жените претендираат да доцнат. „Женскиот репродуктивен систем е по дифузен (за разлика од машкиот), затоа потребен е поголем проток на крв за да стаса да сите регии,“ тврди интернистот Д-р Muhammad Mirza основач на ErictileDoctor.com. Плус, ако за мажот вршат работа
исклучиво пенетрациите, на повеќето жени им е потребна стимулација на клиторисот (не само вагинална) за да дојдат до врвот.
Манипулирајте со системот Како што доцните на состанок и покрај тоа што почнавте да се спремате половина час порано од вообичаено, така доживотно ќе доцните и на патот до оргазмот. Вреди да се обвинувате за тоа? Не! Регрутирајте го партнерот и обидете се со овие трикови за да ги израмните брзините.
ПРЕД СЕКСОТ Сторете: Порачајте школки
или црвено месо за вечера. Тие содржат големо количество цинк, минерал што го поткрева нивото на тестостерон - клучен фактор за поттикнување на крвотокот во вагината, според студијата на Boston University. Но, сугерирајте му на партнерот да одолее и да се држи до салата и тоа од спанаќ - богат со магнезиум, овој минерал ќе ви помогне да ги одржите проширените крвни садови подолго време (долга и силна ерекција на ваша служба). Избегнете: Големи дози алкохол. Една тура е сосем доволна за да се ослободите и пресрамите, но преголемата количина и тоа како ќе влијае на перформансот. Голема е веројатноста да дојде и до отсуство на ерекција. Доволни ви се две чаши. Сторете: Флертувајте. Запомнете, вашиот мозок треба да биде 100 проценти вклучен во играта на возбудување. Потрудете се да ги сопрете мислите поврзани за работа, наместо тоа фокусирајте се на неговиот парфем, какви му се усните, какво е чувството кога ќе ве
Бидете себични во предиграта, таа е клучна фаза за вас и колку е повозбудлива полесно ќе дојдете до оргазмот, далеку пред него. допре за нога. Консумирајте го со сите сетила, аналитично како прв пат да го гледате. Избегнете: Седење на каучот. Студијата на Annals of Behavioral Medicine откри дека вежбањето значително ја поттикнува возбудата кај жените со нарушени сексуални функции, благодарение на подобрената активност на симпатичкиот нервен систем. Активна прошетка или спортска сесија после вечерта ќе му дојде како одлично загревање за втората рунда тренинг во кревет. ЗА ВРЕМЕ НА СЕКСОТ Сторете: Стимулација на по-
веќе начини. Имате право да бидете себични и да барате многу од партнерот во текот на предиграта, бидејќи ова е клучна фаза за вас. За разлика од мажите, жените се
способни за повеќекратни оргазми и плус можат да победат на различни фронтови (клиторален и вагинален). Не преминувајте на пенетрации без орални стимулации, колку повеќе ја загреете рерната толку полесно ќе го зготвите деликатесот. Избегнете: Отфрлање на идејата за употреба на кондом. Ако има помало лизгање за мажот, поголеми се шансите тој да истрае подолго. Гумичката значи екстра слој помеѓу вас и него, а тоа значи суптилно намалување на сензациите за пенисот што ви оди во прилог. Сторете: Мисионерска поза во која со нозете ќе го опфатите неговото тело. Позиционирајте се така што основата на неговиот пенис ќе го удира вашиот клиторис, пенетрирајте напред назад заедно. Или вие качете се озгора за да ги триете чувствителните точки спроти неговата срамна коска. Избегнете: Да се фокусирате на часовникот. Отчукувањата ќе ви донесат нервоза, а тоа значи само оддалечување од врвното задоволство. Пуштете си музика за да го ослободите мозокот и да го натерате да се фокусира на сензациите.
ПОВИКАЈТЕ ЗАСИЛУВАЊЕ Продолжена ерекција, одложување на оргазмот, засилена лубрикација - секс продавниците нудат кремови, спреови и гелови за моментално решение во спалната. Имајте на ум дека овие средства не се компатибилни со презерватив, затоа нанесувајте го 30 минути откако кремот ќе се впие.
Спреј за подолг секс
Спреј за стимулација
Крем за цврста ерекција
ВЕТУВА
ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ
ВЕТУВА
На мажите кои свршуваат брзо, им помага да се воздржат подолго така што ги анестезираат нервите на пенисот.
Активната состојка, лидокаин е ефикасен локален анестетик застапен и во пастилите за грло.
Пенисот на мажот се стврднува, но тој сѐ уште може да почувствува одредени сензации.
Интензивирање на чувствителноста на пределот на клиторисот и надворешните вагинални усни.
Ботаничките масла и спреовите не се пресудни за поттикнување на возбудата, но доказите тврдат дека помагаат.
На жената ѝ е мазно и лизгаво меѓу нозе, а тоа додава на лубрикација.
Ја забрзува циркулацијата на крвта во пенисот и тестисите, ја одржува виталноста и овозможува еластичност.
Кремовите се благопријатни за кожата на пенисот, бидејќи најчесто содржат природни масла како јојоба и витамин Е.
Гарантираната ерекција го скратува времето за кое мажот вообичаено се уморува.
Дали освен стандардните, постои некоја друга ерогена зона кај машкото тело што вреди да се истражува? Најчесто заобиколена ерогена точка е перинеумот: мал дел од кожата помеѓу скротумот и анусот. Нежното бакнување или триење на овој дел ќе донесе неповторливи и несекојдневни сензации за мажот, најмногу поради тоа што доаѓа до стимулација на простатата (машката Г-точка) однадвор. Расположени сте за авантура плус? Целосно возбудете ја простатата така што ќе бутнете добро подмачкан прст со лубрикант во неговиот ректум. Ќе откриете жлезда со големина на орев позиционирана кон предниот ректален ѕид. Сосем малку притиснете ја и вртете со прстот околу неа за вистинско еротско искуство. Не обожавам да водам љубов со партнерот, сериозно можам без секс. Можно ли е да имам среќна врска без него? Дефинитивно не, освен ако и партнерот го дели истото мислење. Во ред е да ги намалите сексуалните активности, но целосното откажување од сексот е фатално за односот. Наместо да кренете раце, потрудете се да разберете зошто сите луѓе паѓаат во несвест по секс, а вие сте рамнодушни. Дали можеби вашето искуство е болно и непријатно? Или можеби партнерот не ве привлекува повеќе? За што и да станува збор, на вашето тело му должите разговор со гинеколог. • февруари 2015 • UNIQUE 93
UNIQUEliving
Јади, пиј
но размисли Експертите откриваат како промисленото јадење може да ве направи послаби.
1
Прва мерка против главоболка на работа е шолја кафе, благото се наоѓа при пад на концентрација, додека брзата храна одлично ги смирува сетилата во услови на разбеснети ПМС хормони. По ова излегува дека ние жените имаме изострен слух кога станува збор за потребите на нашиот организам. Повеќето од нас се свесни за состојбата на телото во секој даден момент и точно знаеме (или така се лажеме) што треба да преземеме за да се чувствуваме подобро. Единствено не знаеме да процениме кога сме сити или кога навистина сме гладни. Најчесто, потребата за грицкање, добриот познат вкус и самата помисла за дружење со храната ја поврзуваме со глад, а реално гладен е само мозокот, не и стомакот. Една од причините поради која луѓето се дебелеат или создаваат нездрав однос со храната е тоа што ги игнорираат или тотално губат свесност за физичките сигнали за глад, вели психологот Д-р Jean Kristeller, ко-основач на The
102 UNIQUE • февруари 2015 •
UNIQUEliving
Center for Mindful Eating. Попрецизно, сензациите како умор, анксиозност, трема, нервоза, честопати ги интерпретираме како глад, вели Д-р Katie Rickel, експерт за губење тежина во Structure House, Северна Каролина. Една од причините за погрешната перцепција: Уморот и стресот поттикнуваат покачување на нивото на хормонот кортизол, кој по некоја случајност го поттикнува гладот. Со други зборови, колку сте поуморни или под стрес толку повеќе ќе сакате да јадете. Луѓето се фрлаат на грицкање несвесни дека гладот и ситоста нема секогаш да ги предупредат кога е доста. Надворешните сигнали (како глетката или мирисот на храната по која копнеете) и емотивните дилеми (дента не се чувствувате самоуверено) честопати подразбираат неконтролирано внесување храна без размислување. Според студијата на Obesity Research, луѓето кои имаат тенденција да им се препуштат на овие сигнали имаат поголеми шанси да се здебелат.
Мозок во употреба Решението, како што велат експертите, лежи во свесното јадење – тоа значи да водите сметка што голтате, дури пред да го ставите залакот во уста и во текот на консумирањето на целиот оброк. „Вклучете го мозокот и ќе стане невозможно да ви се протнат внатрешните и надворешните сигнали,“ вели Rickel. „Со ова не се обидувате да им влијаете или да ги промените, едноставно ги забележувате и со тоа не им дозволувате да се мешаат во вашите одлуки поврзани со јадењето.“ На пример, ако одеднаш почувствувате силна потреба да проверите што има во ладилникот, застанете и запрашајте се: Каква е мојата емотивна состојба во моментов и зошто
се чувствувам така? Едноставен одговор: Се чувствувам понижено, бидејќи момчето ме навреди пред цело друштво. Ако успеете да заклучите дека потребата за благо е само реакција на стресот што го чувствувате во моментот, ќе заклучите и што навистина му треба на вашето тело. Можеби прошетката е подобра солуција од кесата чипс. Или можеби навистина ви треба ужина, но и портокалот ќе заврши работа. И сето ова многу е лесно да се каже отколку да се направи, но вреди да се обидете особено ако работите на тоа да ја намалите телесната тежина. Во неодамнешната студија на Kent State универзитетот, истражувачите открија дека тактиките за свесно јадење значајно го покренале чувството на ситост кај луѓето после оброк. Друга студија потврдува дека луѓето кои после држењето диета сѐ уште продолжиле да ги применуваат тактиките за свесно јадење, продолжиле да губат килограми. Неодамнешната студија објавена во магазинот Emotion, сугерира дека колку посвесно јадете толку повеќе ќе им одолеете на шеќерните искушенија. Сакате совесното јадење да се најде на вашата трпеза? Не потпирајте се на тоа дека од прва ќе ги разберете потребите на телото и умот, во ред е погрешно да процените. Како и кај секоја промена, ќе ви треба време и пракса за да ви стане навика. Работете на тоа да ги откриете импулсите, на која храна потклекнувате, а потоа применете ги советите за свесно јадење. ЈАДЕТЕ БАВНО
Лекцијата за совесно јадење би требало да ја стартувате со откажување од импулсивното, избезумено бутање храна. Лесен начин за да одржувате нормално темпо: Оставете го приборот и ставете ги рацете
во скут помеѓу залаците. Со тек на време ќе ви стане навика да џвакате бавно, па слободно ќе може да ги држете рацете горе. ПОСЛУЖУВАЈТЕ ЈА ХРАНАТА
Кога јадете директно од ќесата чипс, што е веројатно дека ќе се случи? (1) Нема да сопрете додека не ја испразните и (2) немате поим колку сте изеле. „Луѓето внесуваат многу повеќе калории кога не се фокусирани на храната,“ вели Lesley Lutes, професор по психологија на East Carolina универзитетот. „Гледајќи ја храната и големината на порцијата, ќе се заситите побрзо.“ Па без оглед колку многу или колку малку јадете, користете чинија или сад. Уште еден трик: Оставете малку храна во чинијата. По извесно време, ќе го условите мозокот и телото да престанат да целат кон празна чинија, бидејќи стомакот е полн. ОТСТРАНЕТЕ ГИ ПРЕЧКИТЕ
Живеевме во свет во кој способноста за мултитаскинг е носечка особина во резимето. Но јадењето додека работите (одговарате на мејлови) е ризик да внесете повеќе од потребното. Студијата во American Journal of Clinical Nutrition откри дека луѓето кои играле карти на компјутер за време на ручек, се чувствувале помалку сити за разлика од луѓето кои јаделе посветено без било што да им го одвлекува вниманието. Оние првите изеле и повеќе колачи иако им биле понудени само половина час подоцна. Заклучок: Консумирајте ја храната со сите сетила, исклучете го телевизорот, компјутерот, поклопете ја книгата. ЦЕНЕТЕ ЈА ХРАНАТА
Можеби ќе ви делува смешно, но пред или додека јадете, одвојте момент за да размислите од каде дошла храната во чинијата. Замислете како јабол • февруари 2015 • UNIQUE 103
7
чекори до совршен Валентин
1
Чиста класика Кој вели дека прославувањето на денот на вљубените е резервиран само за тинејџерски изливи на љубов? Прославете го гледајќи некој од црно-белите романтични филмови со партнерот.
2 Направете голема работа од него Ако пак сакате да го прославите денот според сите нишани, потрудете се сѐ да биде совршено, на граница со патетично и запомнете - денес ви е дозволено да ја покажувате љубовта во јавност коооолку што сакате.
3 Останете дома Само уште еден обичен ден според вас? Дури и да останете дома, додадете малку зачин на вечерта макар тоа да подразбира вечера со партнерот во кревет или повод за отворање на шише вино.
4 ЉУбовта доаѓа прекУ стомакот Ако оваа поговорка важи за вас, со здружени сили направете рецепт по желба. Најдобро е истиот да биде со афродизијак дејство, па во целост да ја искористите кујнската површина. 84 UNIQUE • февруари 2015 •
5 Се сакам - себе! Немате партнер оваа година, а не сакате денот да го поминете гледајќи ги останатите двојки во јавност или на FB? Впрегнете се во салата за вежбање - ќе се вљубите во вашите стомачни, а ваквата самодоверба нема да остане незабележана од мажите околу во вас.
6 Уште една голема љУбов Валентин не мора да е секогаш романтично љубовен - посветете го на љубовта кон пријателките. Идеално сценарио: женски филмски маратон во кој на помош ќе ви дојдат Channing Tatum и Ryan Gosling. Мх, мх, мх.
7 Валентин по секоја цена Упорни сте да излезете на состанок на овој ден? Можеби е време конечно да го запознаете пријателот на другарката која одамна ве моли да му дадете шанса? Којзнае, можеби Амор, Ерос и Купидон ќе ви донесат среќа.
ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА
СПИСАНИЕТО - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА