Unique Magazine 63 (Preview)

Page 1

БРОЈ 63, март 2015 · 35 ден

Зарумени се По нови правила Georgia May jagger

БРОЈ 63 март 2015

Instagram уметност 3 домашни профили што заслужуваат follow

Runway Report

2015 трендови за пролет/лето

„Разделените заби ме двојат од толпата униформирани модели“

Шпиц е во

модA!

Најдобрите 10 пара чевли кај нас

Мајчинство

на пауза Како и кога се замрзнуваат јајце клетки? март 2015 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


март

2015 26

Вашиот среќен календар

Јади за здравје

57

49

Згоден дечко

Моден едиторијал

Интервју

46 Ќе станам мајка, ПОМОШ! 92 Под исто ќебе

и под ист покрив

Спремни сте за заедничко живеење? 106 Мозокот по раскинување Зошто ли боли толку? 118 Мајчинство на пауза Замрзнати јајце клетки за подобри идни денови 12 UNIQUE • март 2015 •

Најдобра 30 Жената од насловна 48 Мојата инспирација

Beauty

82 Како да зарумените? 84 12 стартери за блескава кожа во пролет 86 Прсни го ова! Нови мирисни ноти за 2015 87 Пролетна beauty треска

Стилот не е слепо следење Навистина се пронајдов во текстот „Како да се облекувате, а да останете свои“ од минатиот број. Особено ми се допадна фактот што вие како модно списание кое ги следи и наметнува модните трендови, советувате дека не секој тренд одговара на секоја девојка и предлагате како да го извлечеме максимумот од секоја колекција и секоја сезона. Значи можело да се појде на шопинг и без грижа на совест по купувањето. Марија, Битола

Јади, но со мерка

32

unique за претходниот

116

задолжително прочитајте 38 Бебе на кредит Колку чини најголемата желба на едни родители?

Bue

100 Нашата уметност на Instagram 104 Прирачник за машкост

LIVING 108 Мојот живот на чинија 110 Како делува природниот сок на вашата диета? 112 Хранете се здраво и кога сте зафатени, лакоми или шворц

ТИ И ТОЈ

115 Вашите навики за појадок - подобрени

96 Уште еден ужасен состанок

121 Трикови за рамен стомак

98 Заглавени сте во copy paste рутина?

122 Хороскоп

Текстот „Јади, пиј, но размисли“ ми помогна одново да ги разгледам вечните теми поврзани со исхраната и прејадувањето, но од малку поинакво гледиште. А и тоа е голем чекор. Можноста да препознаете дека желбата за мрсен хамбургер доаѓа од претходна нервоза или фрустрација, ве става во контрола на ситуацијата. Е токму тоа ми е потребно со оглед на (сега за сега) залудните ветувања дека годинава ќе се хранам поздраво. Поздрав, Вања

Дали сте знаеле дека... На просечната жена ѝ се вртат околу 13 негативни мисли на сметка на телото секој ден. Научете како да го подобрите неговиот изглед, а со тоа и вашиот однос кон него на страна 116.

Контактирајте нѐ на:

contact@uniquemag.mk


Од модните писти до

1

Супер комбинација

Antonio Berardi

Dolce & Gabbana

carolina herrera

Најдобрата комбинација на бои според нас?! Црвено и розово!


UNIQUEyounique

2

Стилски микс

Модел: Ива Наскова / Модна Агенција: Мак Моделс / Сталјинг: Милена Танаскоска / Фотограф: Жарко Чулиќ / Шминка: Глигор Бадев / Фризура: Студио “Allure”

Кој вели дека овие две бои не одговараат?! Дизајнерите сѐ повеќе сакаат да си играат со навидум неспоивите комбинации, а вие одиграјте паметно и истите украдете ги од нив. Осмелете се да комбинирате црвено здолниште со розов џемпер или пак додадете розов накит на црвениот фустан. Едно е сигурно - нема да останете незабележани.

• март 2015 • UNIQUE 17


Изгуглајте бегство

3

Вашиот Купувајте паметно

Одбранете се од според многумина најдепресивниот период од годината така што ќе организирате патување. Најрадосниот момент е токму чувството на среќа при планирањето на одморот, па дури и доколку е само еден викенд во прашање.

Симнете ја апликацијата за медитација Headspace, креирана од поранешниот будистички свештеник, Andy Puddicombe. Ќе ви помогне да се ослободите од стресот, ќе го поттикне креативното размислување, а дури и ќе ја подобри вашата врска. Достапна и на iTunes и на Google Play

Иииии, дишете!

2

Пред да го збришете месечниот буџет, размислете да потрошите барем дел од финансиите за некакво искуство или третман. Една анкета открива дека купувачите кои ги потрошиле парите на вкусно јадење или на концерт биле посреќни од оние кои купувале облека.

1

Првата недела од месецот е најзастрашувачка бидејќи тогаш нашите очекувања се највисоки. Направете листа со одличните нешта што ги постигнавте претходниот месец, од личните рекорди во салата за вежбање па сѐ до надминувањето на стресот на работното место - потсетете се колку сте навистина добри.

Поттикнете ја самодовербата

4

Не објавувајте го само вашиот #лошден на Twitter. „Нашите зборови имаат моќ да нѐ повлечат надолу - па стануваме такви како она што го зборуваме,“ вели животниот водич Lea Vendrami. Наместо тоа, споделете нешто позитивно - инспиративен цитат или нешто смешно - а избришете ги или ставете ги на „hide“ сите негативци. Истражувањата исто така покажуваат дека можете да „закачите“ позитивност на Facebook.

Објавете нешто позитивно

5

Празниците одамна завршија, зимата уште е на сцена, а летните одмори се сѐ уште далечни. Период на депресија? Не би рекле! Вратете ја насмевката на лицето преку овие научно докажани начини за подобрување на расположението, ден по ден. Бидете среќни во текот на целиот месец.

календар


Усовршете ја чајанката

Зголемете го нивото на омега 3

Пред да заспиете запишете три позитивни нешта од денот во изминување, преку апликацијата Happier. Таа им дава акцент на светлите точки во вашиот живот, а воедно ќе ве внесе во режим на барање среќа. Достапна е на iTunes и на Google Play.

12 Забележете ги добрите нешта

Исхраната богата со омега 3 докажано ги намалува симптомите на депресија особено кај жените. Почнувајќи од денес консумирајте масни риби како лосос и скуша два пати неделно или земајте суплементи како додаток на исхраната.

13

„Надворешниот ред носи внатрешна смиреност,“ вели авторот на Happier At Home, Gretchen Rubin. „Имањето контрола врз малите нешта во животот може да направи да се чувствуваме генерално одговорни.“

Наместете си го креветот

11

Нутриционистот Vicky Edgson препорачува мача чај (matcha). „Станува збор за зелен чај во прав кој ќе ве снабди со кофеин што природно ќе ја поткрене енергијата, но без да ви ја наруши смиреноста.“ Додадете половина кафена лажица во топла или ладна вода.

6

Меката текстура на материјалите дава емоционална пријатност, па денес облечете кашмир или волна.

Раскомотете се

7

„Тресете ги рацете и стапалата околу две минути,“ советува Nick Seneca Jankel, автор на Switch On. „Кога сме под стрес, невроните во мозокот се во безредие, но тресењето ја поттикнува релакс реакцијата.“ Нишањето во ритамот на омилената песна го дуплира позитивното влијание.

Време е за протресување

14

Бидете љубезни

Сменете го одот

Не, гледањето на The Ring не спаѓа тука - зборуваме за излегување од комфорната зона. „Тоа ја зголемува толерантноста на стрес,“ вели Д-р Jessamy Hibberd ко-автор на This Book Will Make You Mindful. „Отидете сами во кино, пријавете се за новиот бизнис предизвик или започнете разговор додека чекате во редица.“

Направете нешто страшно

9

Разгледувајте го Instagram профилот за време на ручек Гледањето на вашите среќни фотографии ќе ве направи посреќни отколку консумирањето на чоколадо - 11% посреќни поточно, велат истражувачите од The Open University.

15

Новите истражувања велат дека и доколку се преправате дека чекорите како среќна личност - исправени со сигурен став и раце кои се нишаат напред-назад - тоа може да направи да се чувствувате посреќни.

10

Отстапете го седиштето на некого, поврзете двајца кои сметате дека можат да направат соработка, платете за топол чај или оброк на некој на кого му е потребно. Научниците потврдуваат дека случајните, мали гестови на љубезност можат да го намалат нивото на стрес за ⅓.

8


Georgia May Jagger UNIQUEнајдобра

Новото лице на модата е симбиоза на женственост и рок

аа е грациозна, нежна, сексапилна, згодна, како мајка ѝ Jerry Hall (модел), но во исто време поседува уникатна old school британска убавина што потсетува на бунтовништво, рок и на нејзиниот татко Mick Jagger (фронтмен на групата Rolling Stones). Georgia May Jagger (23) е трето од вкупно четирите деца на славната двојка чиј брак траеше 21 година. И покрај нејзиното фабулозно опкружување, таа израсна во скромна и приземјена девојка која ужива да биде со семејството и пријателите. Својата кариера како модел ја стартуваше во 2008-та кога потпиша договор со Independent Models, оттогаш учествуваше на ревиите на Chanel, H&M, Miu Miu, Versace, Vivienne Westwood, а во 2009-тата стана заштитно лице на козметичката компанија Rimmel. Заедно со Kate Moss, Naomi Campbell и Lily Donaldson, Georgia учествуваше на ревијата која имаше за цел да ја презентира британската мода како дел од церемонијата по повод затворање на Олимписките игри во Лондон во 2012-та. Тој момент беше пресуден за оваа девојка да ја стекне титулата „национално богатство.“ До пред две години се забавуваше со музичарот Django James Stewart, синот на Dave Stewart од групата Eurythmics, но не ја исклучува опцијата да заврши со човек кој никако не е поврзан со музика и рок.

30 UNIQUE • март 2015 •

1 Дали отсекогаш си имала пасија кон модата? 1 Да, ме интересира секој аспект од модата, таа ми е во крвта. Кога бев мала обожавав да изигрувам стилист, ја советував мајка ми што да облече и пред излегување ја замолував да им се пофали на пријателките дека јас сум ја смислила комбинацијата. Но, колку и да се гордеев со нејзиниот изглед, се срамев кога на училиште ќе се појавеше со волуменозна коса, тежок мејкап и крзно. Во тие моменти сакав да биде како другите мајки, да се претопи, а не да се издвојува од толпата. 1 Дали можеби инсистираше да се облекува соодветно? 1 Немав навика да ја прекорувам, но ѝ ги крадев мини здолништата за јас да ги носам. Само еднаш ѝ кажав дека здолништето е прекусо: „Боже мамо, па имаш 50 години.“ 1 Дали си блиска со твојата сестра Lizzie?

1 И со двајцата ме делат шест години, James е шест години постар од мене, додека Gabriel е шест години помал. Jimmy е брилијантен актер, но уште подобар човек. Gabriel често ме иритира, но тоа е функцијата на помалиот брат. Мислам дека ќе стане одличен уметник. За Денот на татковците, на татко ми му направив многу интересна картичка на која му напишав дека сум му благодарна што е прекрасен татко. Но Gabriel тотално ме засени, неговата порака беше напишана на кинески, имаше прекрасен цртеж иако тогаш тој имаше само 10 години. 1 Дали некогаш успевате да се соберете фамилијарно, сите на куп? 1 Да, за Нова година, Божиќ, а понекогаш и за Велигден. Едно време престојував кај Karis (најстарата ќерка на Mick Jagger од бракот со Marsha Hunt) во Л.А. Таа е многу паметна девојка, студираше на YALE, a денес работи во филмската индустрија. Jade (ќерката на Mick од бракот

Горда сум на своите old school разделни заби, никогаш не прифатив да носам протези, бидејќи тоа ме прави уникатна. Затоа сум против естетската хирургија, таа нÈ прави униформирани луѓе без природни белези. 1 Lizzie е мојата најдобра пријателка. Многу сме блиски, единствено се караме за облека, но кои сестри не го прават тоа? И двете претеруваме со купување, генот ни наложува да трупаме резерви и затоа имаме повеќе облека отколку што можеме да износиме. 1 А што е со твоите браќа James и Gabriel?

со Bianca Jagger) со години живееше на Ибица и со неа имав најслаб контакт, но откако се врати во Британија интензивно се дружам со нејзините деца. 1 Мајка ти е строг противник на козметичката хирургија, што мислиш ти за тоа? 1 Јас одбив да носам протези, а не па да одам под нож. Ужасно е тоа што девојките почнаа да се борат за совршен из-


UNIQUEнајдобра

глед, бидејќи крајниот резултат секогаш делува вештачки. Горда сум на својата old school насмевка и никогаш нема да го прифатам американскиот тренд на беспрекорно бели заби. 1 Делуваш многу самоуверено... 1 Тоа се должи на мајка ми, постојано нѐ учеше да останеме свои и доследни на себеси, да бидеме културни со луѓето околу нас и да не доцниме. Татко ми беше задолжен да не летаме во облаци и да останеме скромни, од него ја стекнав строгата работна етика. Но, со сигурност ви кажувам дека не сум сигурна во себеси секојпат. 1 Дали се храниш здраво? 1 Дома јадеме исклучиво органска храна. Мајка ми е еден од пионерите, таа постојано ни забрануваше да одиме во McDonald’s. Кога бев мала се противев, но денес не би ја заменила органската храна за ништо на светов. Со оглед на тоа дека не спортувам, искрено мразам да вежбам, морам да внимавам на исхраната. Ми се чини дека многуте скали дома ми ја одржуваат линијата. 1 Колку често се гледаш со татко ти? 1 Немаме договорена рутина на гледање, сѐ зависи од обврските. И двајцата се трудиме тоа да е почесто, а празниците секогаш си ги имаме за нас. 1 Сигурно е многу кул да имаш татко како Mick Jagger? 1 Во суштина приватно не е толку кул како на телевизија. Не мисли на забава 24/7 и не е лежерен како што изгледа, напротив е многу посветен и грижлив татко. Никогаш не ми држел лекции туку спонтано ми доделувал слобода истовремено предупредувајќи ме на опасностите. Многу е релаксиран и кога станува збор за момците. 1 Растеше во познато семејство, дали по автоматизам ја наследи славата? 1 Никој од моето семејство не работеше на тоа да стане познат. Сите го работат она за што ги бидува, мајка ми сакала да биде модел и актерка, а бидејќи успеала тоа ѝ донело слава. Славата не била водечка причина поради која таа одлучила да се занимава со мода, ниту татко ми одлучил да стане музичар за да го има по весници. Ако имате талент и сакате луѓето да дознаат за него и ја заслужите почитта што тие ќе ви ја дадат, тогаш е во ред да ја прифатите славата. Но, да се прославите без никаков талент, не правејќи ништо, тоа не го одобрувам.

• март 2015 • UNIQUE 31


UNIQUEинтервју

Online Online

Shopping D co

Пишува Тања Тодоровска Дали купувате облека на интернет или пак сѐ уште сте скептични и се плашите да не завршите како оние девојки со разочарувачки фотографии од очекуваниот производ и ужасниот исход на крајот? Се потрудивме да дојдеме до одговорите на овие и на уште многу прашања поврзани со еко-модата, етичкото производство и online пласирањето во разговорот со 27 годишната сопственичка на сајтот за екомода, Даниела Милошеска. 3 „Во секоја жена се крие по една црна мачка“ - стоиш ли за ова мото што го најави лансирањето на вашата интернет страница? 3 Главно за тоа мото беше задолжена Мери, PR-от со кого соработувам. Јас сакав да е нешто поврзано со малери за да се избегнат суеверијата што постојат кај нас. Тргнавме со идеја да се вика My lucky 13, но многу луѓе со кои се консултиравме не се согласија со овој предлог заради тоа што самото име прави таргет маркетот да почнува од 12 години, најверојатно до 15, а ние таргетиравме луѓе на возраст од 18 до околу 35 години. Затоа решивме да го крстиме по египетската божица на мачките Бастет и noir како црно на француски. 3 Постои ли селекција на дизајнерите кои изложуваат и продаваат парчиња преку Bastet Noir? 3 На почетокот тргнавме селективно да ги одбираме, меѓутоа мислам дека постои пазар буквално за секој дизајнер. Сакавме самата страна да биде покежуал, меѓутоа како што гледавме сѐ повеќе се ориентираше кон тој луксуз момент, се ку32 UNIQUE • март 2015 •

Даниела Милошеска пуваа поскапи парчиња, главно фустани. Сега гледаме што повеќе дизајнери да вклучиме на самата страна иако нормално е да постојат одредени критериуми, особено во однос на квалитетот. На почетокот ги контактиравме ние, беа доста скептични и затоа и почнавме да работиме со наши фотографии и со наша продукција, но денес соработката е сѐ поприфатена. 3 Како се одвива PR претставувањето на дизајнерите во странство како и пласирањето на нивните производи во печатените и дигиталните медиуми? 3 Првично гледаме кое списание одговара за кој тип на дизајнер. Потоа ги праќаме фотографиите до списанијата, до самите уредници со коишто имаме соработка, па некои ги објавуваат, а некои не. Тој процес зависи само од нив. Не е дека PR-от е нова работа, но не можеш да го гарантираш пласманот преку него. Главно да, соработувавме со Glamour и Eluxe Magazine кои покриваат луксузна еко мода. Досега во Glamour објавија едно од парчињата на Bastet Noir, а потоа и од Јована Филиповиќ, а модел од Маја Кикириткова се најде на страниците на Fault Magazine. 3 Имате ли увид во посетите на страницата - колку од нив пристигаат од македон-

ските жени, а колку од жените од светот? 3 Во моментов имаме околу 20.000 посети месечно, сите доаѓаат главно од САД, ОАЕ и три-четири земји од Европа кои константно се менуваат. Од европските земји најчести се посетите од Германија, но се менуваат. Македонија е таму некаде десетта на листата на посети. 3 Меѓу останатите дизајнери на вашата страна има и парчиња од Bastet Noir? Кој стои зад брендот? 3 Кога почнавме со производство на наши производи не беше намерата да бидат дизајнирани, туку да задоволат публика која сака да купува подостапни производи. Не стои ниту еден дизајнер зад колекциите иако за првата колекција соработувавме со неколку балкански дизајнери, а наши беа материјалите и везениците. Сега работиме заедно со шивачки на кои им ги носиме парчињата што нас ни се трошат најмногу и ги прават врз основа на тоа и секако внимаваме да се квалитетно изработени. Материјалите ги избираме заедно со Мери согласно со трендовите и гледаме да се материјали кои ќе можеме да ги најдеме и понатаму. 3 Колку сте задоволни од продажбата? Се научија ли македонските жени да купуваат модни парчиња online?


Како бренд Bastet Noir, внимаваме работниците да бидат добро и навремено платени и мислам дека така функционираат и повеќето дизајнери со кои соработуваме

Фризура: Хамзиќ Мурис Адо, Салон Hairdo Шминка: Стефан Николовски Фотограф: Жарко Чулиќ Даниела носи модел на Јована Филиповиќ

• март 2015 • UNIQUE 33


рапорт од

модните писти

Marc Jacobs

Donna Karan

Rag & Bone

Chanel

Victoria Beckham

Ги одвојуваме највпечатливите трендови забележани на ревиите за сезона: пролет 2015.

ВОЈНИЧКИ

Gucci

Дизајнерите, почнувајќи од Ralph Lauren па сѐ до Karl Lagerfeld (главен дизајнер и креативен директор на модната куќа Chanel), го аплицираа војничкиот тренд во своите Spring Ready to Wear колекции за 2015-та. Ralph го трансформираше стандардното војничко палто во фустан што ја истакнува фигурата, истиот го надополни со светкави додатоци и докажа дека војничкото може да биде тотално женствено. Широките војнички панталони, Lagerfled ги изработи од антилоп и ги надополни со хипи модни додатоци и така обезбеди нов момент во класичното. Sacai

50 UNIQUE • март 2015 •

Acne Studios

Ralph Lauren

СТИЛ


Public School

Salvatore Ferragamo

Mugler

J. Mendel

Narciso Rodriguez

ЦРНО-БЕЛ

КОНТРАСТ

Balmain

Alexander Wang

Akris

J.Mendel

J.W. Anderson

Fendi

Versace

Дизајнерите ѝ дадоа футуристички терк на црно-белата комбинација. Потпирајќи се на монохроматското колор блокирање и совршените ласерски резови, на модната сцена продефилираа впечатливи коцкести и мрежести фустани. Alexander Wang за Balenciaga примени спортски крој преку комбинации составени од неколку впечатливи слоеви. Olivier Rousteing, главниот дизајнер на Balmain, престави тотално графички (решетка) фустан. J.W. Anderson мешаше casual со висока мода, па претстави фустан за секој ден изработен од различни материјали и на истиот му додаде брановиден шешир.

• март 2015 • UNIQUE 51


Tom Ford

Michael Kors

Max Mara

Simone Rocha

Miu Miu Roberto Cavalli

ШУМСКИ

Интензивни, диви, големи, цветовите на пистата беа сѐ само не градинарска варијанта. Врвот се чини дека го достигна Celine со целосниот цветен комбинезон на преклоп, што потсетува на макси фустан. Со интензивен цветен колорит Marni во vintage стил си поиграа Max Mara и Simone Rocha, за разлика од Louis Vuitton кој претстави темен цветен дезен.

поткачете се на платформа

Louis Vuitton

ЦВЕЌИЊА

Ги има во различни облици: со клинеста (стрмна) потпетица како кај Dries Van Noten, подеднакво рамна платформа како кај Roberto Cavalli, дезенирани со ливчиња и рози забележани на ревијата на Miu Miu, но една работа е заедничка за сите, платформите за 2015-та (видете ги оние на Tom Ford) гласат: екстра високи дами.

52 UNIQUE • март 2015 •

Saint Laurent

Alexander McQueen

Carolina Herrera

Marni

Celine

Dries Van Noten


Alexander McQueen

Chloe

Oscar De La Renta

ЗАВИЕНИ

ВО бело

Valentino

Тантелата по обичај е резервирана за свечености, но дизајнерите ѝ дадоа нов фазон и ја наметнаа за секој ден. Скроена да ја истакне женската силуета или да ги открие нозете, фустаните од тантела можеа да се видат комбинирани со тесни црни чизми како кај Givenchy, гладијаторски сандали како кај Chloe или со едноставни рамни чевли како кај Erdem.

Hermes

Giorgio Armani

Erdem

Chanel

Givenchy

римјанките СЕ Добитни Дамнешните сандали гламурозно се враќаат на модната сцена. Овој пат навиваме за варијантите од кожени ремчиња намотани до колена, без разлика дали се рамни или на потпетица – забележани на ревиите на Valentino и Alexander McQueen. • март 2015 • UNIQUE 53


Првите пролетни парчиња гардероба на 25 страници во следниот број!

Видете заљубете се и kупете ги!

(микс од принтови)

Стилскa Инспирација

во продажба од 15ти март

Модел: Марија Андоновска / Модна Агенција: Мак Моделс / Фотограф: Жарко Чулиќ / Стајлинг: Милена Танаскоска / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Адо Мурис Хамзиќ - Hairdo салон

Во следниот број на


или

Во модата и во љубовта дозволени се сите правила. Погледнете кои трендови ќе војуваат оваа сезона!

• март 2015 • UNIQUE 57



• март 2015 • UNIQUE 61


1 Кој вели дека омилениот smoky eye изглед мора секој пат да биде со црна сенка? Пресоздадете го во посуптилна варијанта во кафени тонови. Најпрво врамете ги очите со кафен молив за очи на горниот, долниот капак и во внатрешната долна линија на окото, па со неколку нијанси на кафени сенки, сенчете ги очите. Главниот фокус е на нив, па затоа оставете ги усните неутрални.

очи драматични

78 UNIQUE • март 2015 •

оваа сезона Дозволете очите да ја раскажат приказната. Не штедете на сенки, туш и молив за очи и создадете изглед кој ќе маѓепсува со еден поглед.


2 Изгледот со очи кои зрачат свежина е постигнат со контрастот на белиот молив за очи и кафената сенка нанесена од внатрешната страна на капакот кон веѓите. Комплетната свежина ќе ја постигнете со розов, мат кармин кој како да го најавува пристигнувањето на пролетта.

• март 2015 • UNIQUE 79


UNIQUEти&тој

дали имате

copy paste секс &

Сфаќањето зошто сте подесени на сексуален автоматизам е првиот чекор кон ослободувањето од секс рутина, вели секс терапевтот Rachel Morris.

H

Не постои ништо повозбудливо од наоѓањето заеднички јазик во спалната соба со новиот партнер. Еден ден сте сѐ уште странци, а веќе во следниот имате впечаток како отсекогаш да се знаете. Знаете што точно обожава тој и која му е омилена поза, а тој може да го каже точниот број на ваши отчукувања на срцето и бревтања при дишењето пред да дојдете до оргазам. Подобро не може! Всушност до толку е добро што го копирате и повторувате истото и следната ноќ, и следната, и следната. Пред да сте свесни вашата страст тргнува кон бездна толку длабока што од неа би можеле да излезете само со спасувачка екипа. Се чудите како ли стасавте до таму, а уште повеќе се плашите од она што ваквата ситуација може да значи за вашата врска. Драги мои, туку што ја прочитавте дефиницијата за сексуална рутина.

Прекинување на рутината

Интернетот е преплавен со совети за зачинување на сексуалниот живот како да е доволно само да набавите секс играчки и да си поиграте со фантазијата со помош на некој секс костим и сѐ магично ќе се среди само по себе. Факт е дека идеите не изостануваат, но она што е потребно да се зголеми се самодовербата, инспи98 UNIQUE • март 2015 •

Тој некогаш знаеше како да ја возбуди

рацијата и мотивацијата. Брзите солуции прават да се чувствувате уште полошо ако решението е толку едноставно зошто не стигнете до него? Всушност токму таму се крие проблемот. Доколку можете да го сторите тоа, би го направиле и онака. Но, не можете бидејќи сте заглавени во рутина, панично размислувајќи „што ако“ и уверувајќи се дека нештата не можат да се поправат. Ваквото размислување и анализирање ве води до ситуација кога ги затворате очите и ушите надевајќи се дека доколку го игнорирате проблемот истиот не постои или пак ќе се реши сам по себе. Кога тоа нема да се случи, ги обвинувате надворешните фактори: стрес од работното место, грижа за финансиите, постојан умор... „Не е моја вина!“ се жалите. Потоа, кога фрустра-

цијата навистина ќе настапи, започнувате да се обвинувате еден со друг. Рутините во сексот се застрашувачки. Во раните денови на врската, страста е лепилото коешто ве сврзува како двојка. Затоа, сфатливо е зошто се вознемирувате кога лепилото почнува да биде не така... лепливо. Тоа прави да се чувствувате раздразливо и несигурно. Дали нашата врска почнува да слабее? Зарем медениот месец заврши? Дали ова е сето она што тој може да ми го даде? Опуштете се девојки - рутината се само будилници кои нѐ потсетуваат дека е време да ги помрднеме нештата. Ништо во природата не мирува; сѐ или процутува или венее. Ако сакате сексуалниот живот да „преживее,“ мора да обрнете само малку внимание. Истото важи и за оние кои не се во врска. Ако


UNIQUEти&тој

веќе подолг период сте соло, можно е да сте заглавени на рутини за состанување и начини на размислување за сексот и романтиката кои им штетат на шансите за уживање. Ако секоја романтична средба ви завршува со незадоволителен секс за една вечер, веројатно е дека по зближувањето со секој тип заклучувате дека состанувањето не е вредно за трудот - па прекинувате да се грижите и се прашувате зошто сте сингл. И жените и мажите можат да заглават во рутина дури и при мастурбирањето, користејќи ги истите фантазии, истиот вибратор одново и одново, сѐ додека не го истрошите она што некогаш беше возбудливо и еротско во ситуацијата. Не можете да си помогнете во ваквите ситуации - создавањето на навики е инстинктивно. Како луѓе, развиваме ритуали за сѐ. Од минутата кога ќе станеме наутро и ќе стасаме до тоалетот се ставаме себеси на автопилот: туширање, кафе, автобус, работа. Потоа се враќаме дома на ручек, телевизија и кревет. Рутините нѐ прават ефикасни. Тие се практични, удобни, а на нив можете секогаш да се потпрете - тие се суштински за справување со секојдневието, но во ниеден случај не се - секси.

Преземање ризици

Во врските, кога возбудата од гледањето еден со друг голи е веќе исчезната, а рутината е длабоко навлезена, знаете дека е време да се подобрат нештата, но тоа делува ризично. На почетокот се покажувавте во најдобро издание - надевајќи се дека ќе го извлечете најдоброто од дотогашното искуство и вештина без да откриете премногу. Обидувањето да откриете што е она што партнерот би го сакал е деликатна акција. Доколку прерано споделите некој ваш фетиш или некоја перверзна фантазија ризикувате да го изгубите партнерот или уште полошо, да бидете осудени како сексуален фанатик. Токму затоа ги чувате фантазиите сокриени, за подоцна. „Подоцна“ значи „Кога ќе се чувствувам посигурна,“ но ризикот од одбивање е правопропорционален со длабочината на она што сте го вложиле во врската, па така, колку повеќе сакате, толку повеќе можете да изгубите. Стравот да создадете бранување во здодевното, но мирно море, ве тера да направите преиспитување: дали моите сексуални потреби се навистина толку важни? Одговорот, се разбира е да! Негирањето на сопственото право за задоволство ги отвора вратите

кон гневот, а ништо не ја убива страста - или љубовта побрзо. Слично како ползавец; оставен да расте неконтролирано ќе прерасне во нескротлив џбун, гушејќи ве однатре. Страшно? Тотално. Гневот започнува како колеблива жртва („Ќе се лишам од тоа за тебе“), но брзо се претвора во бесно обвинување („Се лишувам од тоа поради тебе“) - забележете ја разликата. Истиот е поттикнат од мали нервози одеднаш оставањето на мокар пешкир на креветот, неспуштањето на тоалетната штица и заборавеното ѓубре се чинат како разумни причини за раскинување. Се разбира, секс рутините не треба да се помешаат со лошиот секс - на секс

рутината ѝ претходел добар секс кој се повторувал во продолжение. Лошиот секс отсекогаш бил само тоа, па продолжувањето со него ќе ја уништи вашата врска како и вашата самодоверба. А доколку мислите дека вашиот сексуален живот е безбеден бидејќи имате див-порно секс насекаде во куќата користејќи цел арсенал од секс играчки и полн гардеробер со перверзни костими, знајте дека не сте на безбедно тло. Секс рутините не се поврзани само со здодевен, едноставен секс; тие подразбираат здодевност од сексот што го имате, независно колкава перверзност, зачестеност или егзибиционизам подразбира истиот.

Како да го избришете

copy & paste сексот 1

Отворете нова страница во вашата врска - уште денес

Први чекори Како му се кажува на партнерот дека сексот што некогаш ве опијануваше од страст сега ве остава трезни и ладни ко камен? Внимателно. Неговото его е кршливо како и вашето, па обидете се да бидете позитивни и фокусирајте се на она што повеќе би го сакале во врската. Повеќето мажи не сакаат да зборуваат за вакви теми очи в очи, па разговарајте додека пешачите еден до друг. Дајте му време да го преработи она што сте му го кажале и бидете спремни да му кажете што би сакале да промените. Скршете ги навиките Кога еднаш ќе направите нешто поинакво, ќе го научите мозокот да го очекува неочекуваното. Започнете надвор од спалната соба. Ако јадете пред телевизорот, поставете ја масата. Ако вообичаено не се дотерувате, дотерајте се. Планирајте нови активности и искуства кои го зголемуваат адреналинот: час по танго, картинг или кампирање. Потоа зголемете го

2

влогот - сретнете се како странци во кафуле или ресторан. Ако вообичаено вие сте тие кои водите, дозволете му нему да води и обратно. Најдете време Во еден момент во долгите врски, сексот паѓа од позицијата на приоритет број еден на некое подолно место. Одвојте барем еден час во неделата за секс и обврзете се на него. Ако сте мајка ова ќе биде уште посложено за изведување, но сепак запомнете дека ви е потребно време за себе. Сексот не мора да биде спонтан сѐ додека во него има елемент на изненадување. Менувајте се во смени и еднаш вие, еднаш тој одлучувајте кога, каде и како ќе се фрлите на акција. Склучете примирје Тековните расправии и ситничарењето во домаќинството можат да ја претворат спалната соба во бојно поле. Подобрете ја атмосферата во врската. издвојте само 10 минути во кои секој од вас ќе каже што сака. Не посочувајте

3

со прст; едноставно бидете искрени кон него и допуштете истото да го направи тој кон вас. А доколку не можете да разговарате без да се искарате, а сакате да ја зачувате врската, побарајте помош од психолог кој ќе ве води низ ситуацијата. Надградете се Инвестирајте во секс играчки (или пребришете го правот од старите) или во нова долна облека. Истото е случај и со вашите фантазии - поминете време разгледувајќи еротски материјали за инспирација и дискутирајте ги заедно за да создадете возбуда и исчекување.

5

4

Страв ви е да не ви се изнасмее на фантазиите? Бидете внимателни во нивното искажување

• март 2015 • UNIQUE 99


Ако повеќето од нас го користат својот Instagram профил за да се пофалат научиле, мала група луѓе како овие тројца поттикнуваат една нова уметничка

ЗАВИСНИК ОД ДЕТСКА НАСМЕВКА

Насмеани, немирни, извалкани, заспани, разиграни, Instagram профилот на Билјана зрачи со детска невиност и позитивност. Иако навидум лесно, работењето со деца е тешка задача, но исходот е потврда дека Билјана тоа го прави со љубов. Ни откри дека сите Instagram фотографии ги слика со мобилен: „Зависна сум од апликацијата Hipstamatic, лесна е за употреба, ги местам посакуваните ефекти, ги сликам директно 1:1 формат и ја препорачувам како многу практична.“

Џиновско киндер јајце и на сласта ѝ немаше крај.

Секогаш сликам во burst (серија) mode и дефинитивно за добар, спонтан кадар треба трпение. Конкретно за овој, можеби 10-тина минути Калин си лежеше на грбот на тато Мики и во еден момент му текна да се исправи – изгледа како супер сурферска поза.

Зимска снежна идила, лани во Банско и двајца гладни братучеди.

Љубител сум на широки кадри, ѝ даваат посебна димензија на приказната. Конкретно на оваа – возење велосипеди со дада Кристен.

Лето за паметење, Калин, Лина и Софија позираат на плажа во Vourvorou. Бевме комедија на плажа, тешко е во исто време да им се сврти вниманието на три дечиња од различна возраст. Пеевме, мавтавме, игравме за да добиеме убав спомен.

Се фокусирам на детали и предмети интересни за фото документирање.

Случајниот сноп светлина ја прави фотографијата уште помагична.

Пливање со капа од ајкула, две задолжителни нешта пред заспивање.

Секогаш е до светлината, овој кадар ми е еден од поомилените. Имам цели серии со игра на сенки.

Следете ја Билјана @bibslovelea 100 UNIQUE • март 2015 •


со новото парче облека, стегнатиот стомак или вкусното јадење што го димензија што заслужува пофалба и внимание.

УРБАН ЉУБИТЕЛ НА КАФЕ

Интересно за Ника е тоа што не сака многу да зборува, но тоа и не треба да ве чуди кога оваа девојка избрала одличен начин на комуникација - фотографијата. Нејзиниот Instagram профил е израз на секојдневниот култ на пиење кафе, дружење со пријателите во Скопје и пошироко, од еден сосема поинаков агол.

Велес – Skate

Љубаниште, Охрид - The Lake

Winter mood – Espresso A Random Cafѐ - The Look

Скопје - City Architecture

Франција 2012-та - The Lake

Maya - Bus Station

Selfie - The color of espresso is turquoise

A man at The Restaurant

Следете ја Ника @nikagavrovska • март 2015 • UNIQUE 101


UNIQUEти&тој

прирачник за

машкост

Вие треба да го прочитате, да го научите напамет и да го натерате да го искористи - иако во ефектите ќе уживате и двајцата!

1

Изберете сино

Да бидеме искрени ретко кој од нас има навика да јаде сино сирење, а поради специфичниот мирис и вкус го избегнуваат и оние што можат да си го дозволат. Но, ако партнерот се соочува со намалено либидо и млитава ерекција, вреди да инвестирате во овој француски деликатес. Зошто? Истражувачите открија дека содржи масти што го подигнуваат нивото на тестостерон, а паралелно со него и желбата ќе стаса до плафон. Што ви останува? Да се погрижите партнерот двојно да ја зголеми консумацијата на мононезаситени масти (сирење, масла, јатки) и заситени масти (млеко и месо) за оптимален ефект. Следно на менито: стек во сос од сино сирење и салата од ореви.

2

Соја не е за мажи

Кој маж би се откажал од полномасно млеко за млеко од соја или од свинска плескавица за шницли од соја? Но, ако успеавте да го натерате партнерот да се храни по вашиот здрав режим и да изигрува вегетаријанец по дома, олабавете го со млекото од соја. Зошто? Новата студија од Харвард откри дека редовната консумација на овој тип на млеко значително го намалува бројот на сперматозоиди кај мажите. Млекото од бадем е многу посигурна варијанта за неговите пливачи.

3

Пакувај во стакло

Ако партнерот прифати на работа да ги понесе лазањите што останаа од ручекот, ве советуваме да му ги спакувате во фолија или во стаклен сад. Да, пластичниот е попрактичен и полесен за носење, но и штетен за неговите сперматозоиди. Истражувањето објавено во Reproductive Toxicology откри дека главната состојка на пластиката – бисфенол А, може да го намали бројот на сперматозоидите за 23%.

104 UNIQUE • март 2015 •

4

7

5

8

Секс на празно

Освен што треба темелно да ги измие рацете (бидејќи се вклучени во предиграта), пожелно е партнерот да појде по мала нужда. Сигурно се прашувате зошто? Пенетрациите носат ризик задржаната урина да стаса до тестисите (грозно, но вистинито) а според центарот за урологија во Њујорк, тоа доведува до воспаление познато како епидидимит. Зборуваме за болки и отекување што можат да траат со недели, а тоа секако не му оди во прилог на сексуалниот живот.

Динамично дуо

Научниците открија природна моќна двојка што го подобрува квалитетот на спермата. А под квалитетна сперма се подразбира зголемување на бројот на сперматозоиди што ќе испливаат до целта (јајце клетката) и ќе се обидат да ја оплодат. Па ако ви е во план да зачнете, збогатете ги неговите оброци со фолна киселина и цинк. Конкретен предлог: школките содржат најмногу цинк од било која друга храна, додека јарешкото месо и темните зеленчуци се богат извор на фолна киселина – за целосна апсорпција комбинирајте ја со витамин Ц/еден сок од портокал.

6

Скршете му едно јајце

Едно јајце на ден и тој никогаш нема да треба да појде на уролог. Јајцето е богато со Б витамини, есенцијални за издржлива ерекција и постојана секс желба. Ако има напорна работна недела и е изложен на стрес, сметајте дека нивото на Б витамин е во криза. Затоа испржете му кајгана или сварете му јајца, толку е едноставно.

Тип 2 храна

Дијабетесот е ноќна мора за мажите, бидејќи целосно им ја парализира машкоста. Според магазинот Diabetes Voice, 58% од мажите дијабетичари се импотентни. Со правилна исхрана, мажот може да ја заобиколи болеста и да поентира во кревет. Сѐ што треба да направи е да ги замени скробните јаглеродни хидрати (ориз, компир) со јаглеродни хидрати што содржат растителни влакна (броколи, спанаќ) и да ги комбинира оброците со црн чај – содржи полисахариди што го намалуваат шеќерот во крвта.

На здравје

Краткорочните ефекти на големите дози алкохол ни се познати нам жените – ноќите кога едвај стасува до креветот, а не па до вагината. Но, големите зачестени дози алкохол носат долгорочни последици. Една студија откри дека 10 пива во една ноќ се доволни за да се намали нивото на тестостерон за 23%, тоа значи дека млитавоста на пенисот ќе потрае и после мамурлакот. Па сега замислете што би се случило ако 10-те пива станат навика секоја ноќ?


UNIQUEти&тој

Погрижи се за својата предница За максимално уживање во сексот!

Збогум циститис Инфекциите на уринарниот тракт се први убијци на сексуалната желба. За да ја избегнете агонијата (печење/ горење) додека мокрите, новите истражувања советуваат да се потпрете на пробиотиците. Пробиотикот ќе ја насели вагината со добри бактерии и нема да дозволи бактериите како ешерихија коли да се сместат тука или уште полошо да стасаат до мочниот канал.

9

Нов фокус Една нова студија заклучи дека не постои вагинален оргазам – сѐ се сведува на клиторисот и околното ткиво. Информацијава ќе утеши многу жени кои никогаш не доживеале вагинален оргазам, повеќе не губете време и фокусирајте се на точката што секогаш пали.

Shut down после 22

Велат дека ако имате проблем да заспиете, никако не посегнувајте по лаптопот, терајте по старинското читајќи книга. По сѐ изгледа интернетот доцна во ноќта не е штетен само за сонот, туку и за машката плодност. Истражувањето во магазинот Human Reproduction нагласува дека секогаш кога мажот ќе го доведе таблетот или лаптопот во кревет, тој ризикува да ја покачи температурата на скротумот (кеса на тестисите) за 2.5 степени; во комбинација со wi-fi сигналите ова може да ја спржи плодноста.

10

Генералка

Ако нам ни е потребен цел час за темелно да се избањаме, мажите со готови за 10-тина минути. И не дека скратеното време се должи на фактот што користат помалку производи и не чекаат маската за коса да делува 5-10 минути, реално не се темелни. Главата не ја тријат со перничињата од прстите туку го мазнат шампонот и веднаш плакнат. Истово не е дозволиво кога станува збор за миење на половиот орган. Американската асоцијација за рак потврди дека наталожената смегма (медицински термин за насобран секрет, мртви клетки и сл.) на кожичката од пенисот може да дове-

Стар мирис и вкус Вагиналната pH вредност страда ако константно користите миризлива тоалетна хартија или миризливо средство за миење на интимата. Ако тоалетот на работа е миризлив укажете на овој проблем. За да не мора да паузирате со миризливиот гел за миење, заштитете се така што нема да го нанесувате директно, разнесете го на дланките, поминете го брегот и со исплакнати раце темелно исчистете ја внатрешноста.

де до иритација, крвавење, а во најлош случај и рак.

10

Соло перформанс

Не лутете се ако случајно начекате отворен порно сајт кај него на компјутер, оние 10 минути што ги поминува мастурбирајќи соло се добри и за вас. Редовната мастурбација на мажите им ги носи истите бенефиции што вам би ви ги донеле кегеловите вежби доколку редовно ги практикувате. Накусо: подобрен перформанс, поцврста и подолга ерекција благодарение на зајакнатите мускули особено во карличниот дел.

11

Морковот е новиот чипс

Освен ако тоа не го препише доктор, мажите немаат навика да купуваат суплементи со цел да го одржуваат здравјето. Полиците во супермаркетот се нивната асоцијација за аптека, па ако веќе го пратите на пазарење посочете му да си купи моркови. Да, тоа не звучи примамливо во однос на пиво и кикирики, но студијата на Nutrition and Cancer покажа дека антиоксидансот бета каротин присутен во оваа портокалова ужина има антиканцерогени ефекти. Нека грицка и нека каже збогум на ризикот од рак на тестиси.

12

Збогум гнасна навико

Boston University School of Medicine откри дека мажите кои имаат оштетени крвни садови и еластин, се соочуваат со краткотрајна ерекција. Погодувате кои се тие мажи? Ние ќе ви кажеме, пушачите! Освен ако не сте спремни да се задоволите со пет минутна акција, работете на откажување. • март 2015 • UNIQUE 105


UNIQUEliving

Kako? делува природниот сок на вашата диета Одговори на прашањата кои се плашите да ги поставите во продавницата за цедени сокови

Денес ми е „течен“ ден од диетата, но издржливоста ми опаѓа, смеам ли да каснам нешто? Правилото на ваквиот ден посветен на детоксикација налага забрана за цврста храна. Но, секој режим на исхрана треба да има водич кој ќе ве посоветува што да каснете кога гладот ќе ве нападне. Омилениот детокс план на Sarah Jessica Parker, BluePrint предлага да се задржите на неколку парчиња краставица, малку авокадо или ако сте ептен во криза, малку топла супа од зеленчук со сосема ниско количество на сол. „Поентата е да се држите до природни производи,“ вели Kara Rosen од компанијата за сокови Plenish. Rick Miller, доцент по нутриционизам и диететика на London Metropolitan University и портпарол на British Dietetic Association вели дека ако морате да јадете, изборот направете го од меките производи кои лесно се дигестираат. „Најважно е да овозможите лесно варење на храната. Па така, не одбирајте храна богата со растителни влакна, туку таква на база на протеини.“ Младото бело сирење или јогурт се лесни за дигестирање. Ако сакате протеини, рибата на пареа или печеното пилешко нема да им наштетат на органите за варење. Доколку пак активно спортувате, Miller ги допушта и белите јаглеродни хидрати како ориз, житарки и леб кои ќе го скротат кркорењето на цревата. 110 UNIQUE • март 2015 •

Ладно цеден vs. блендиран сок? Во што е разликата? Соковниците за ладно цедење на сокот користат силен притисок за да го истиснат сето она добро од овошјето и зеленчукот, исфрлувајќи ја само лушпата; блендираните пак, се прават во центрифугални соковници со големи сечила, произведувајќи топлина додека се вртат, па во нив можете да додадете сѐ. Па, како да ги измериме здравствените придобивки од нив? цеден w ладно Блендиран w Калории 56.5 Калории 61 Калории И обата сокови поминаа добро на тестот. Смуди пијалаците обично се прават со состојка која ги згуснува, како бадемово млеко на пример, што пак ги зголемува калориите. Намалете го нивниот број со додавање на кокосова вода. Шеќер 4.8 g Шеќер 4.4 g Шеќер По правило зелените сокови од зеленчук се вообичаено добри, но додавањето овошје во нив го зголемува нивото на шеќер. Направете паметен избор користејќи го гликозниот водич (десно) за да избегнете прикриени шеќерни бомби. Влакна 0 g Влакна 5.1 g Влакна Ладно цедениот сок ги отстранува растителните влакна кои како што велат лекарите ја подобруваат дигестијата и апсорпцијата на хранливите материи. Нивото на шеќер без нив го достигнува врвот.


72 Луб ени ца

гр.

Киви 58

М ор ко в2 .8

гр .

аќ 2.2 Спан

во една шолја; само плодот - без лушпата, семките и стебленцата

Дали треба редовно да го прочистувам организмот со сокови? Не, велат докторите, едноставно поради недостатокот од научни докази кои ќе ја потврдат неговата полезност. Организмот може да се прочистува самиот. Црниот дроб, бубрезите и кожата сите имаат детоксификациска улога. Доколку пиете доволно вода, вежбате и се исхранувате здраво, телото самото ќе ги исфрли токсините. Имајќи го ова на ум, пиењето природни сокови е добар почеток на долгорочниот план за здрав режим. Повеќето планови на исхрана на база на прочистување со сокови предлага прочистување на организмот во рок од една недела, два пати во годината. Два пати годишно е добра цел - три е дури и подобра.

Броколи 5.1 гр

56 Па па ја

„Добрите ефекти не може да се негираат,“ вели Miller. Вашето тело добива повеќе растворливи витамини како витаминот Ц. Пиењето сокови со состојки како авокадо кое содржи витамин Е, исто така ќе допринесе до подобар изглед на кожата. „Губењето на килограмите исто така има улога при ова. Ослабете неколку килограми и циркулацијата на крвта веднаш ќе се подобри. И мастите имаат свој систем на крвоток, па кога во телото ќе се намали нивното количество, крвта може да се пренасочи кон други делови од телото и да се искористи на многу поефективен начин.“ Кој би знаел?

Авокадо 13.4 гр.

Ди њ а6 5

Што е со ветувањето за бистар поглед и сјајна кожа?

Виталиа Семе од чиа

Влакна

Кељ 2 гр.

Ананас 66

гр.

Цв екл о1 .9 г р.

Гликемиски индекс - колку понизок, толку подобро

40 Јагоди

. гр 1.3

Овошје

1 ер Цел

Јаболк о 39

Виталиа Мелено ленено семе

ла ру Ма

38

Ленен о 5.5 гр. семе

е сем Чиа гр. 4.7

Вишни 22

25 рут јпф Гре

Кр уш а

Додатоци протеини во 30 гр.

Поточарка 0.5 гр. .5 гр. вица 0 Краста

Не претерувајте со овошјето. Некои цедени сокови кои можете да ги купите од специјализирани продавници содржат до 48гр. шеќер што е речиси двојно повеќе од една Snickers чоколада. Одговорот: задржете се на однос 80% зеленчук и 20% овошје со додаток на протеин (на пр. ленено или чиа семе). И никогаш не пијте цеден сок на база на овошје на празен стомак - вака ќе добиете инстантен пораст на нивото на шеќер. Еве што да вклучите, а што да избегнувате:

Не ба пече де ни ми 6г р.

С 11 еме г о р . д ко но п

Што треба да содржи мојот сок?

Дали пиењето цедени сокови помага при губењето килограми? Колку килограми ќе намалите со помош на природен сок е различно кај секого. „При детокс диетата во која пиете единствено сокови, исфрлувате важни прехранбени групи како протеини, јаглеродни хидрати богати со скроб и млечни производи од вашата исхрана поради што сте предодредени да ги намалите килограмите,“ вели Miller. Но што понатаму? „Во основа останувате неисхранети со протеин и со ниско ниво на енергија, па во оваа фаза организмот ги троши сите резерви за да ја задржи нормалната функција.“ Тоа подразбира протеини, масти и гликоген. Ова изгледа добро на вагата за мерење, но доколку вежбате тогаш е проблем. • март 2015 • UNIQUE 111


UNIQUEliving

Како да се храните здраво кога...

Момчето ви е зависник од брза храна Тој сака сѐ пржено, прелеано со кашкавал и плус налеано со кригла пиво? Како да го надминете искушението и да не му се придружите ве советува нутриционистот Kerri-Ann Jennings. Опуштете се за вечера

„Вечерата е најверојатно оброкот кој најчесто го јадете во пар,“ вели Jennings. „Клучно е да пресметате што друго јадевте во текот на денот.“ За вечера, фокусирајте се главно на зеленчукот (јадете салата во прилог на пицата). Не натпреварувајте се

Само затоа што тој може да изеде цела порција похован кромид, не значи дека истото ќе ви одговара и вам. „Мислете на прекинување со јадењето кога сте веќе полни или кога веќе не уживате во храната,“ предлага таа. Делете ја храната нееднакво

Доколку нарачате неколку порции храна или големо шише вино, немате потреба од еднаква поделба на храната и алкохолот. Направете му здрава брза храна

Додадете броколи и карфиол на потпечените макарони. Направете мини бургери од интегрални мафини наместо од џиновски земички. Направете начос мусака заменувајќи го чипсот со парчиња варен компир; додадете сечкано пилешко месо, црн грав, малку рендан чедар кашкавал, сечкани пиперки прелеани со салца и ниско маслена павлака.

112 UNIQUE • март 2015 •

Xpahete се здраво

24/7 Во едно од новогодишните ветувања си посакавте поздраво исхранување мислејќи си - ништо полесно? Но веќе на почетокот на третиот месец од годината можете да потврдите дека ваквото ветување е многу полесно на хартија отколку во реалноста. Ние ви откриваме како да не потклекнете на искушенијата секој пат кога сте презафатени, лакоми или шворц.


UNIQUEliving

Како да се храните здраво кога...

мразите да готвите Тако со рибји стапчиња

Користењето на веќе спремни состојки ќе го направи процесот на подготвување уште полесен.

Во телефонскиот именик ги имате сите ресторани што вршат достава, а не знаете да направите најобичен омлет? За почеток усовршете се при подготвувањето на неколку едноставни рецепти како оние во продолжение осмислени од готвачката од Лос Анџелес, Brooke Williamson. Можеби се сеќавате на неа од реалното шоу за готвење Top Chef во кое таа магично ги претвораше било кои состојки од шпајзот во вкусна вечера.

рибји стапчиња w83замрзнати супени лажици павлака со wниска масленост супени лажици мајонез со w2ниска масленост супени лажици цеден сок од Пудинг со кокос w2зелен лимон и шумско овошје 1 супена лажица лут, чили сос wиликечап Имате навика да го 1 кафена лажица шеќер w1кафеналажицаиздробен купувате појадокот? wлук Направете голема количина од пудингот во нелажица вински оцет w13кафена дела вечер, па ќе имате шолји сечкана зелка и wморков доволно за цела недецрвена бабура исечкана на w1кришки ла. Ќе заштедите многу пари, но и калории. авокадо исечкано на коцки w1Малку масло за готвење w8тортиљиод15см. шолја незасладен, w¼рендан w8кришкизеленлимон кокос w ¼ шолја чиа семе w Испечете ги рибјите шолји кокосово млеко w¾½шолја вода стапчиња. Со лажица w1кафенакокосова лажица чист ванила за матење измешајте ги w екстракт павлаката, мајонезот, ¼ кафена лажица крупна сол w сокот од лимон, лутиот шолја малини w½¼шолја сос, шеќерот, лукот и w¼шолјаборовинки w2супеникапини оцетот; зачинете со сол лажици мед w и црн бибер. Додадете

ја мешавината од зелка и морков. Рамномерно поделете ја содржината од пиперката, авокадото, сосот со зелка и морков и рибјите стапчиња за да исполните 8 топли тортиљи. Послужете ги со кришки зелен лимон. Соодветно за 4 порции.

Во длабок сад измешајте го кокосот, чиа семето, млекото, водата, ванилата и солта и поклопете го. Ставете го во замрзнувач барем 2 часа или преку ноќ. Измешајте го пудингот, а консумирајте го наросен со шумското овошје и прелеан со течниот мед.

Како да ги одберете вистинските суплементи во исхраната? Ако ви недостасува витамин Ц

Здрав пица леб

Ориз со зеленчук

козјо сирење w½½шолја младо сирење со ниwскашолја масленост шолја павлака со ниска w½масленост лажица издробен лук w11супена големо полуготово тесто за wпица лажици пармезан w3насупени ленти тиквичка исечкана w1наголема кругови свежи печурки исечкаw1нишолја во ливчиња лажица буковец w1½кафена шолја искинати ливчиња wбосилек

Однапред подгответе го кафеавиот ориз или искористете ги остатоците ориз од ручекот. Ако сакате да додадете протеини, вмешајте сварен и сечкан пилешки батак.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во блендер ставете ги сирењата, павлаката и лукот. Наросете сол и црн бибер и изматете. Нанесете го миксот на тестото, па наредете ги тиквичките, печурките, пармезан и буковец. Ставете ја пицата на хартија за печење и печете ја на средната решетка додека зеленчукот не зарумени и додека сирењето не се стопи, околу 20 мин. Послужете со свежи парчиња босилек.

супена лажица маслиново w1масло шолја мешавина од сечкан w1кромид, морков и целер w1луккафеналажицаиздробен зготвен кафеав ориз w21шолји лажица соја сос w2супена изматени јајца w1лесно супена лажица сечкан млад wкромид

Во големо тавче загрејте го маслото на висока температура. Згответе го зеленчукот и лукот додека не стане златно-кафеав. Додадете го оризот, соја сосот и јајцата и гответе додека не се стопли оризот, околу 3 минути. Зачинете со сол и црн бибер и послужете го поросен со сечканиот млад кромид. Соодветно за 2 порции.

4 алатки што ќе ве претворат во готвач #1

За вкусни оброци потребна ви е и соодветна кујнска опрема која ќе ви го олесни процесот на подготовка. Тавче за пржење

Уште подобро доколку е нелепливо.

Голем нож Одличен за

месо како и за зеленчук.

Сад за матење

За мешање на сосови и кремови.

Нож за лупење

Најдобар пријател на овошјето и зеленчукот.

Брусницата претставува извор на витамин Ц што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. Исто така придонесува во заштита на клетките од оксидативен стрес. Се препорачува за подобрување на општата состојба на организмот. Брусница + Вегетаријански капсули 196 ден. Ако ви недостасува витамин Е и ликопен

Овој препарат содржи природен екстракт од домати кои се главен извор на ликопен. Витаминот Е делува антиоксидативно, односно ги заштитува клетките од штетното дејство на слободните радикали. Исто така, витаминот Е поволно влијае и врз машката репродуктивна способност и работата на простатата. Ликопен + Витамин Е Вегетаријански капсули 397 ден. Ако ви недостасува витамин Д3 и калциум

Витаминот Д₃ и калциумот се многу важни за растот, формирањето и јакнењето на коските. Форвита Остео таблетите помагаат во одржувањето на густината на коските, особено на жените во периодот на менопауза. Форвита Остео Филмобложени таблети 125 ден.

• март 2015 • UNIQUE 113


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.