Unique Magazine 64 (Preview)

Page 1

БРОЈ 64, АПРИЛ 2015 · 35 ден

Дали почнавме да ја злоупотребуваме медицината?

ONLINE cЕКС терапија За реален оргaзам

БРОЈ 64 април 2015

Риги + Animal print

FIFTY SHADES OF GREY Би му забранила на моето семејство да го гледа филмот

Chill рецепт Селектирајте ги обврските

Love TV

4 must see љубовни драми + последното од Nicholas Sparks Април 2015 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


2015

април

Bue unique за претходниот

Време на модерни мами

40

опуштете се

52

28

when art meets fashion

задолжително прочитајте 38 Време за бебе Постои ли совршен тајминг?

Колку сум згодна? Најдобра

26 Жената од насловна Dakota Johnson 36 Мислите дека ја сакате мојата работа?

44 Tattoo манија Каква порака пренесуваат тетоважите?

42 Прости ми

88 Само еден клик И поблиску сте до сексот што го посакувате

50 Згоден дечко

102 Дизајнирање на бебе Злоупотреба на медицината или не? 108 Мозок vs. стомак Кој одлучува за вас?

12 UNIQUE • април 2015 •

48 AM to PM

во неговиот ум

30

Интервју ана калачоска ТИ И ТОЈ 92 Како изгледа љубовта денес новите трендови и тенденции 96 Електронска вијагра во вашиот инбокс

LIVING 106 Вашите навики за појадок - подобрени

Независно што сум дипломиран правник, по раѓањето на двете деца се шегувам дека сум професионална мама. Не постои нешто повредно во животот на една жена од тој миг. Но далеку од тоа дека вака размислував отсекогаш. По тој повод и ви пишувам, инспирирана од текстот „Помош, ќе станам мајка!“ Опипливо опишаните дилеми, судирот на страв и радост ме потсетија на периодот од животот кој комплетно ме промени - на подобро, се разбира. Поздрав и секое добро, мама Калина

Сезона на банкрот Така на шала го именувам периодот кога е време за „реновирање“ на гардероберот. А тоа е токму сега. Затоа и се збудалев разгледувајќи го последниот број на мојот омилен Unique - „залепена“ на речиси 30те страни со гардероба, фаќав прибелешки што и од каде да купам, со што да го комбинирам и кои трендови од модните писти да ги ископирам. Посакајте ми среќа при шопингот! Ана Марија

112 Мени декодер вкусни италијански оброци

Дали сте знаеле дека...

79 Искористете ја палетата до крај

114 Здрави рецепти

82 Како да ги одберете производите за нега на кожа?

120 Победете ја сонливоста по ручек

39% од луѓето редовно објавуваат детали од врската online Прочитајте повеќе за трендовите во љубовта на стр. 92

Beauty

76 Откријте ја својата идеална пудра

116 Пилатес за фит тело

122 Хороскоп

Контактирајте нѐ на:

contact@uniquemag.mk


UNIQUEyounique

Погрешно избраниот костим може да направи да изгледате мажествено. Избегнете го тоа со овие четири предлог комбинации.

Дискретна класика

За девојки со тенка фигура

Крем бојата од глава до пети може да ги истакне несовршеностите на телото, па затоа ваквата комбинација е идеална за слаби девојки. Нежната, ненападна боја на костимот овозможува лесно комбинирање со светли нијанси на кошули кои се особено актуелни во пролетниот период.

Украсете ја јаката

Дозволете вашиот уметнички печат да дојде до израз со овие интересни додатоци

16 UNIQUE • април 2015 •

Одржувајте го чист

Ограничете го хемиското чистење на еднаш во неколку месеци. Силните хемиски средства може да ја уништат формата и материјалот на костимот.


Одберете го вистинскиот ревер Не потценувајте ја моќта на изразот на палтото

Сини нијанси

Иако станува збор за неколку сини нијанси, нивната комбинација никогаш не е здодевна - пример за тоа дека едноставноста и класиката никогаш не излегуваат од мода.

Како марама Заоблениот ревер ќе ја омекне силната линија на рамената.

Со високи линии Одличен за девојки со тело во облик на јаболкo.

Со преклоп Го одвлекува вниманието од широките рамена.

Како џемпер Оние со кус врат треба да одберат ваков модел на палто.

Со засеци Визуелно го скусува долгото торзо и дава волумен во пределот на градите.

Со широки врвови Го одвлекува вниманието од широките колкови.

Деловно и колоритно За високи девојки

Овој костим најдобро ќе им одговара на високите девојки, бидејќи поради обликот на панталоните и нивната должина, визуелно ја скусуваат фигурата. Не се препорачуваат за ниски девојки.

• април 2015 • UNIQUE 17


e r o d ’ a J UNIQUEинтервју

a n A манекенка

и петгодишната ли уште моде Дваесет је, но , преку п ко ија ф пешните во С Со Ин ќи од од најусоделс М , е една почнувај ла на I окио Т M , F ачоска да закри Кал ангај ција можат и под Ана во странство аген во Ш ио фол пешна модната орт работено п . Докажанапоус л од нас има иното … е де кај осега нејз s Д каде . ) l во a cob а n a ина , J К o i arc nat сÈ до el, M nter , Хонгконг I n , па l a e h d ано Тајван Dior, C e Mo . Мил (Fac тајни како y t u bea имиња ги открива ините вас За нејз се најдат


• април 2015 • UNIQUE 31


Вистината зад тетоважите

Tattoo Сте забележале ли дека секоја втора девојка на плажа има тетоважа? Дискутиравме со три девојки за тоа колку тетовирањето ја губи смислата, ако стане must have тренд?

22 Кристина Маринковиќ Фармацевтски техничар и студент на ПМФ на отсекот аналитичка биохемија

Шминка: Глигор Бадев

44 UNIQUE • април 2015 •

Никогаш не би ставила тетоважа за дечко

П

рвата тетоважа ја направив пред три години, се работи за малата тетоважа на задниот дел од левата рака. Тоа е потписот на татко ми, а во продолжение стои симболот на срцебиење. Ја направив во периодот кога тој беше многу болен, сега е починат. Во моментот имав нагласена потреба да ставам нешто негово на себе, да ја одржам врската со него, бидејќи бевме многу блиски и многу ми значеше. Имаше прилика да ја види, му се допадна и воопшто не се бунеше. Втората тетоважа намерно ја позиционирав на страничниот дел од бутот на десната нога, бидејќи е поголема

и не сакав да се гледа. Тоа е девојка која држи терезија во раката, бидејќи сум дупла вага во хороскоп, а ако убаво забележите ќе видите дека на ногата го има бројот десет што го симболизира мојот датум на раѓање - 10.10 Третата тетоважа ја направив пред 4-5 месеци во многу лош период за мене. На емоционален план се соочив со неколку падови, излегов од врска и ми требаше нешто да ме освежи, да ме поднови. Обично девојките јадат слатки или менуваат фризура, но јас одлучив да се тетовирам со цел да се потсетам дека сум силна и дека не постои нешто што не можам да преб-


родам. Во суштина мислата „Me Myself & I“ одамна ми се имаше заглавено во глава, се пронаоѓав во нејзината моќна порака дека сме си доволни самите на себе. На почеток немав идеја како да ја вклопам, а не сакав само туку така да стои. Претпоставувам дека моментот беше клучен, за два дена одлучив дека ќе ја комбинирам со цвет, бидејќи сите во друштвото ме викаат Flower, а имам обичај да носам цвеќиња во глава. Стојам на ставот дека тетоважите треба да имаат значење, нема поента само да пресликате слика на телото. Тажно ми е кога ќе видам мускулест дечко со трајбл на бицепс и никогаш не би ме привлекол маж тетовиран од глава до пети. Никогаш не би ставила тетоважа за дечко ниту за сопруг. За дете можеби, но и тоа ми е некако клише. Не мора да ја докажувам љубовта за детето, таа се подразбира. А најмногу сум против тетовирање од мода и тактичко позиционирање на тетоважите за да може цел свет да ги види. За првите две тетоважи ми требаше многу време за да се одлучам, поради фактот дека ќе бидат дел од мене до крајот на животот. Се надевам дека ќе останам со три тетоважи, бидејќи тетовирањето е заразно. За првата многу ми беше мерак особено затоа што имаше длабоко значење за мене, но верувајте дека не се престанува лесно. Едноставно убаво е чувството, некако се чувствувате подновено. Велат дека не е убаво да имате непарен број на тетоважи, затоа ако направам четврта тетоважа тоа ќе значи дека ќе имам и петта. Уште кога решив дека ќе се тетовирам по втор пат сите ме обвинуваа дека сум се заразила и дека претерувам, но јас лично мислам дека четвртата ќе значи претерување. Желбата за уште, ја контролирам така што планирам проширување на девојката со терезија на бутот иако најголема желба ми е да имам тетоважа на ребрата.

24 Ивана Паскоска Професор и преведувач

Никогаш не би ги отстранила своите тетоважи

О

тсекогаш ме фасцинирало тетовирањето како уметност и токму поради тоа бев свесна дека е само прашање на време кога ќе почнам и јас да се тетовирам. Се разбира дека е потребна одредена мотивација и секоја тетоважа има засебно значење. Мене лично, ми беше потребен одличен мајстор кој ќе ми помогне моите замисли да ги преточам во слика. Својата прва тетоважа ја направив на 23 годишна возраст, потоа следуваа уште две. Позиционирани се на централниот дел на грбот, ребрата на левата страната и над лакотот на десната рака. Од никого не побарав дозвола ниту мислење пред да се тетовирам. Се доживувам себеси за доволно зрела и одговорна за своите постапки. Одлуката беше инстантна, денес одлучувам - утре се тетовирам. Реакциите ми беа очекувани, конкретно реакцијата на мајка ми, бидејќи сме премногу блиски можев да ѝ го предвидам секој збор и потег. Иако никој не се обиде да ме одвлече од целата идеја, честопати ми беше поставувано прашањето: „А што ако почнат да ти пречат тетоважите и повеќе не сакаш да ги имаш на себе?“ Бидејќи не секогаш имав сила и желба да се објаснувам дека тоа е невозможно, мојот

одговор го сведов на: „Затоа ги ставам на делови од телото каде што не можам да ги гледам.“ Откако ја ставив првата тетоважа, сите ми велеа дека тетовирањето е заразно и ретко кој останува со една. Сепак мислам дека тоа е индивидуално. Јас не останав со една тетоважа, не велам дека тука ќе сопрам, но не го гледам сето ова како зараза. Ако секојдневно ви навираат нови идеи, во тој случај никогаш не е доста. Ниту една од моите тетоважи не ја нацртав сама, но сите три се моја замисла. Одам со одредена слика што ја имам замислено, се трудам колку што можам да ја пренесам, а останатото е на тату-мајсторот и неговата креативност. Јас ја имам таа среќа да соработувам со врвен уметник/мајстор, што морам да признам дека е многу важно при целата оваа работа. Неговата помош при конкретизирањето на една слика е клучна за преземање на еден ваков чекор, бидејќи таа останува со вас цел живот. Мислам дека не постојат две идентични тетоважи, секоја претрпува индивидуализација. Без разлика дали е во прашање боја, форма или најмала сенка, секоја една се двои од друга. За моите тетоважи имам чуено доста пофалби и критики. Критиките отсекогаш биле во однос на големината на тетоважите, во смисла дека на девојка не и прилегаат толку големи тетоважи. Но, секој има право на свое мислење. Во однос на транспарентноста, не ги покажувам, но не ги ни кријам своите тетоважи. • април 2015 • UNIQUE 45


Одберете облека со едноставен крој, лежерна и широка во стилот на 70-тите како фустан без струк, долго здолниште, наметка или ѕвонарки. Уметничката нишка во комбинацијата постигнете ја со хипи дезените и висечките обетки со реси. 52 UNIQUE • април 2015 •


• април 2015 • UNIQUE 53


54 UNIQUE • април 2015 •


• април 2015 • UNIQUE 55


Слушнете ја Ladies Оf Тhe Canyon од Joni Mitchell за полесно да се инспирирате

Cowboy st yle Стилот на канадската слободоумна пејачка Joni Mitchell и калифорниските девојки од 70-тите, послужија како инспирација за пролетните колекции на Emilio Pucci, ChloÈ, Dries Van Noten, Valentino, Derek Lam. Истиот подразбира антилоп во комбинација со благи кроеви на парчињата. Во превод, носете неструкирано палто од антилоп, широка блуза, каубојски чизми до глужд и долги здолнишtа.


Stradivarius 2.790 ден.

Lacoste

Duki Daso @# ден.

Springfield 1.690 ден. Lacoste

Zara 2.290 ден.

Sport star Достигнете го спортскиот, лежерен изглед од модните писти со color blocking на бела боја и уште една јака боја во комбинација.

Guess @# ден.

Stradivarius 1.490 ден. alexander wang

Mango 2.990 ден.

Lacoste

Guess @# ден.

Stradivarius 2.790 ден.

• април 2015 • UNIQUE 61


military Едноставните парчиња со строги линии се движат во спектарот на бои од крем па сÈ до каки нијанси

62 UNIQUE • април 2015 •


pastel Одберете пастелни парчиња кои ќе ја истакнат вашата фигура и ќе внесат свежина во гардероберот

• април 2015 • UNIQUE 63


СЕГА Е ВО ТРЕНД Побаравме од мејкап артистот Игор Марков да одбере четири мејкап трендови што можеа да се забележат на ревиите за пролет/лето 2015-та и истите да ги аплицира на нашиот модел Ангелина. Етапно ви објаснуваме што треба да сторите за да го постигнете трендот и кои алатки ќе ви бидат од помош. Модел: Ангелина Китановска / Мејкап артист: Игор Марков / Фотограф: Жарко Чулиќ / Фризура: Студио Allure

Мејкап алатки

Виолетови капаци Tom Pecheux

Derek Lam пролет 2015 Добиј го изгледот За пролетното модно шоу на Derek Lam, мејкап артистот Tom Pecheux, класичниот nude изглед го дополни со виолетови капаци. „Капакот го размачкав со кафен молив, додадов слој маскара и потоа грабнав еден стар виолетов кармин и ги поминав капаците со цел да ја истакнам чоколадната основа, така го постигнав и металик ефектот,“ објаснува тој. Nude тенот ќе го постигнете така што ќе нанесете слој пудра и со помош на четка ќе се потрудите рамномерно да го разнесете на лицето. Не ставајте руменило, не истакнувајте ги контурите за лицето да делува исплакнато. 72 UNIQUE • април 2015 •


Мејкап алатки

Интензивни усни Uzo

Тanya Тaylor пролет 2015 Добиј го изгледот На ревијата на Zac Posen доминираа огнено црвените усни, кај Tanya Taylor портокаловите. За да постигнете природен изглед и егзотичен тен, нанесете сјај или кармин на средина на усните и со помош на средниот прст разнесете ја бојата тапкајќи ја кон краевите. За бојата да трае подолго, претходно исцртајте ги усните со молив во иста боја. Лицето средете го до перфекција, прескокнете го руменилото и маскарата, но задолжително интензивирајте ги веѓите. Околу очите и на образите нанесете бисерна пудра за да постигнете природен сјај. • април 2015 • UNIQUE 73


Сини мачкини очи Polly Osmond

Мејкап алатки

Honor

Honor пролет 2015

Bourjois Volume our PUSHP Маскара 530 ден.

74 UNIQUE • април 2015 •

Добиј го изгледот Интензивно сините очи ја освоија модната сцена уште минатата сезона, но очигледно Honor одлучи да го задржи трендот и за оваа пролет со тоа што капаците ги трансформираше во графички мачкини очи на крем основа (поточно боја на пченка). Сината сенка прилега на секој тен, а во живо стои подеднакво добро како на писта. За да ја доловите футуристичката нишка, тенот нека биде еднобоен (nude), косата носете ја во лабаво опавче со патец на средина за да го врамите лицето.


Мејкап алатки

Бела туш линија Grace Lee

Добиј го изгледот Ако немате доволно самодоверба да експериментирате со бои, тогаш овој тренд е безбедна варијанта. Мејкап артистот Grace Lee, вели дека бил инспириран од дамите од 60-тите чиј изглед подразбирал напудрен тен така што ќе изгледа здраво и природно и бел молив за очи што ја следи линијата на долните и горните трепки. Не штедете на маскара, а за посебни пригоди може да додадете и вештачки трепки.

Nanette Lepore

Nanette Lepore пролет 2015

• април 2015 • UNIQUE 75


како ли изгледа љубовта во

2o15

Како и во модата, така и во љубовта постојат тенденции и трендови кои се менуваат. Проверете дали вашите сфаќања се поклопуваат со оние на мнозинството и дали вашата врска е во тренд. 92 UNIQUE • април 2015 •


акајќи да бидете во тренд во сезоната пред вас, се решивте да го збогатите гардероберот со парчиња според последните модни трендови. За да не заостанувате зад пријателите кои ги изгледаа сите филмови кои продефилираа на Оскарите, истото го сторивте и вие. Конечно ја завршивте и хит книгата за која колешките ви велеа: „Мора да ја прочиташ!“ Сфаќате каде води муабетов, нели? Сакајќи да се вклопите во средината и во вашиот развиен социјален круг се водите од трендовите наметнати од мнозинството. Но што е со останатите, поинтимни сегменти во животот како љубовта или сексот на пример? Дали би си нашле партнер online бидејќи пријателката ви кажала дека тоа е сега ИН или пак би се препуштиле во садо-мазо сцена со партнерот само затоа што после „Fifty Shades of Grey“ истиот веќе не е табу тема? Дали следењето на трендовите ви е до толку влезено во крвта што истото би го применувале и во однос на најличните одлуки во животот? На вакви и слични прашања одговараа и 1.400 испитаници на анкетата водена од списанието Glamour UK. Едно нешто е сигурно Проверете дали вашите мислења се покло- по првото ужасно раскинување пуваат со нивните околу дилемите за тоа веќе не верувате дали постои само еден вистински партпроценти веруваат нер, дали љубовта е поважна од сѐ или дека постои повеќе во бајки ниту во дали бракот е круна на љубовта? Којзнае, уверувањата на од една „љубов сите луѓе од окоможеби резултатите ќе ве изненадат? на вашиот лината кои упорно живот“ ви велат дека некогаш повторно ќе сакате.. Повеќе од една третина од испитаниците (37%) не веруваат дека љубовта е вечна, а само една четвртина верува дека постои навистина една љубов во животот. Од оние во врска, 69% веруваат дека нивниот партнер е нивната сродна душа, 6% знаат дека не е, а 25% не се сигурни во тоа. „Колку и да сакам врската со момчето да заврши идилично, морам да бидам реална,“ вели Ана, 28. „Се сеќавам читав за Cameron

Љубовта не секогаш е засекогаш

76

Diaz која имаше низа долги врски, една по друга - а сите се распаднаа кога еден од партнерите почнуваше да оди по свој пат. Можам да го разберам тоа.“ Се чини како разумен пристап. „Ни ја продаваат љубовната приказна од цртаните на Дизни, но многу жени се реални,“ вели Anjula Mutanda, психотерапевт и автор на How To Do Relationships. „Многу жени не веруваат дека вистинскиот постои во само една личност. Наместо тоа тие имаат повеќе различни партнери во животот или се скротуваат покрај некој што го сакаат како пријател, па градат врска врз основа на тоа. Кога сте пореални вашите очекувања се менуваат, па затоа поверојатно е да имате врска на која ќе работите.“ • април 2015 • UNIQUE 93


UNIQUEliving

MO3OK VS. CTOMAK

Мислите дека главата е онаа што го контролира начинот на кој размислувате, делувате и чувствувате? Отидете малку подолу. Командниот центар на телото е всушност лоциран во вашиот абдомен

108 UNIQUE • април 2015 •


UNIQUEliving

Пред неколку години, Анкица* (името е променето) се реши да учествува на скопскиот маратон. Но наместо да ги истрча и последните 500 метри, таа дотрча до првиот тоалет. Подоцна, болките во стомакот кулминираа, па таа мораше да се откаже од маратонот без да стигне до целта. Лекарите направија неколку испитувања, но нејзините пријатели беа сигурни дека не треба да го бараат виновникот единствено во физичката исцрпеност: тие сугерираа дека кога таа ќе се опушти тогаш и „вознемирениот стомак“ ќе го стори истото. Подоцна ѝ беше дијагностициран улцерозен колитис, тип на воспалителна болест на цревата која прави проблеми со дигестијата. Се чини дека нејзините пријатели откриле нешто. „Знаеме дека дигестивните проблеми можат да ве вознемират,“ вели Д-р Michael Gershon, патолог на Columbia University. Но, последните истражувања покажуваат дека ваквата врска функционира во обете насоки: луѓето кои се соочуваат со ментална вознемиреност можат да развијат проблеми со стомакот. Не зборуваме само за лошо варење. Според истражувањето на Society for Women’s Health Research, 70% од жените страдаат од гастроинтестинални тешкотии, од кои голем процент се и хронични. Идејата дека проблемот почнува во главата - или обратно, она што го внесувате во стомакот може да му наштети на умот

- го менува начинот на кој докторите размислуваат при дијагностицирањето и при терапијата. И додека истражувачите ја проучуваат поврзаноста јајцето-или-кокошката, едно нешто е јасно: во нејзината срж лежи неверојатно комплексен орган.

Вториот мозок

Разгледајте ја за миг вашата утроба. Да, станува збор за мрежа од слузни црева кои не би сакале одблиску да ги истражите, но доколку имате можност со микроскоп да погледнете во нивната внатрешност, веројатно е дека ќе останете зачудени. Ќе видите трилиони микроскопски бактерии или микробиоти во различни форми. Од денот на вашето раѓање тие почнуваат да се размножуваат во утробата, сѐ до една година кога стануваат жив орган кој не престанува да се развива интестинален микробиом. Сѐ на сѐ, масата на бактерии бележи тежина од околу 1.4 килограми, а истата е уникатна кај секој поединец како и отпечатоците на прстите. Експертите откриваат микробиоми и на други делови од телото - вклучително со гениталиите - па се мисли дека бројот на бактерии го надминува бројот на клетки во телото во однос 10 спрема 1. Но, пред да се обложите со антибактериски гел, потребно е да знаете дека интестиналниот микробиом има есенцијална животна улога. Тој му помага на телото да ги извлече хранливите материи од храната, го регулира развојот на ткивото и ги убива бацилите. Управуван е од цревниот нервен систем кој може да функционира

автономно - надвор од мозочното дејствување. Заедно, интестиналниот микробиом и цревниот нервен систем сочинуваат нешто што Gershon го нарекува „втор мозок,“ кој поседува нешто неверојатно сродно со интелигенцијата. На пример, хормоните и невротрансмитерите кои типично се поврзуваат со примарниот мозок (како допамин и серотонин) можат да бидат нарушени од стомакот. Всушност, тој произведува повеќе хормони од било кој дел од телото, а е одговорен за 95% од снабдувањето со серотонинот кој го стабилизира расположението. Што значи, кога стомакот не функционира како што треба, веројатно е дека целото тело ќе пати од емоционално страдање. Истото важи во обете насоки: кога неврохемијата е надвор од рамнотежа, стомакот претрпува тешки моменти. Поврзаноста е неверојатна: дури 90% од луѓето кои страдаат од синдром на раздразлив стомак, исто така патат од ментална вознемиреност. Едно истражување пак, открива дека кога лицата кои патат од депресија земале терапија за смирување на стомакот - дури и оние кои не пателе од стомачни проблеми - почувствувале подобрување на менталното здравје.

Нераскинлива релација

Но најпрво, малку лоши вести: повеќето микробиоти не се развиле така за да можат да го издржат модерниот начин на исхрана (читај: брза храна), вели специјалистот по интерна медицина Д-р

Вашата утроба

Oколу 9 метри ткиво, мускули и органи, од устата до задникот. Еве како работи...

Како што џвакате, плунковите ензими им помагаат на забите да го претворат секој залак од храната во мали грутки.

Малите грутки го поттикнуваат отворањето на сфинктерот на гркланот кој се отвора кога голтате.

Голтањето на само една грутка низ гркланот вклучува околу 50 пара мускули и нерви.

Дигестивните хормони ги разложуваат честичките храна. Грутката храна сега е амино и масни киселини.

Стомакот е зафатен со перисталтика - константно работење за да се придвижи храната низ гастроинтестиналниот тракт.

Следно: 1.5 метарското дебело црево ги истиснува хранливите материи и водата. По 24 часа остатокот завршува како измет.

Химусот влегува во 7 метри долгото тенко црево од каде трилиони бактерии ги префрлаат хранливите материи во крвотокот.

• април 2015 • UNIQUE 109


Green piadina Порции 12

Калории 178

Масти 5.5 гр.

Јаглеродни хидрати 26.5 гр.

Состојки / тесто

Подготовка 1,15 ч.

Подготовка

w w w w w w w w w

1

Состојки / фил

2

2 ¾ шолји сенаменско брашно ¾ шолји Виталиа соја брашно 1 кафена лажица сол ½ кафена лажица прашок за печење ½ кафена лажица сушена мајчина душица ½ кафена лажица сушен рузмарин, иситнет 3 супени лажици маслиново масло 1 ¼ шолји млака вода Масло за јадење

кафена лажица маслиново масло w12½чешни исечкани на тенки ленти w450грамалук,блитва, w250грамаспанаќ исечкананаленти w1кафеналажицалимоновсок w¼кафеналажицамеленцрнбибер w1/8кафеналажицасол w

Измешајте ги заедно во еден сад брашната, солта, прашокот за печење, мајчината душица и рузмаринот. Ставете 3 супени лажици масло и мешајте додека не се вмеша рамномерно, па додадете вода додека не се оформи тесто. Префрлете го тестото на набрашнета површина и месете околу 2 минути. Ставете го тестото во сад на собна температура околу 30 минути.

3

На умерен оган загрејте тавче со масло за јадење и ставете го лукот да се пропржи околу 2 минути. Додадете ја блитвата, со постојано мешање гответе околу 8 минути додека не омекне, па додадете го спанаќот и гответе уште 3 минути. Додадете го сокот од лимон, биберот и 1/8 кафена лажица сол. Тавчето тргнете го од оган, но одржувајте ја содржината топла.

4

Поделете го тестото на 24 еднакви делови, а од секое направете мало топче. Сукајте го секое топче во форма на круг со дијаметар 10 см.

5

Пржете по две парчиња во загреано тавче на умерен оган, околу 1 минута на обете страни, односно додека не станат златно-кафени. Испржените пити поклопете ги за да останат топли. Филувајте ги со 2 супени лажици фил за секоја пита. Послужете по 2 во порција уште додека се топли.

114 UNIQUE • април 2015 •


Banana chocolate pound cake Quinoa Salad Порции 6

Калории 439

Масти 27 гр.

Шеќер 43,9 гр.

Идеалната комбинација од чоколада и банана е носечка во оваа брза, едноставна и вкусна торта. Има само едно правило - без претерување.

Подготовка 15 мин.

1

Состојки

вода w21шолји Виталиа киноа w10шолја листови кељ, исечкан на мали парчиња w3супени маслиново масло w2супенилажици лимонов сок w1кафеналажици лажица сенф w1големчешен изгмечен w1кафеналажицалук,мелен бибер w½кафеналажицамеленацрнморска сол w1шолјапеканореви w1шолјасувогрозје w¾шолјаиздробенофетасирење w

Подготовка Ставете ја водата во тенџере и оставете ја да зоврие. Додадете ја киноата, намалете ја температурата на ринглата, поклопете го тенџерето и гответе додека киноата не ја апсорбира водата, околу 12 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го поклопено уште 5 минути. Тргнете го капакот и дозволете киноата целосно да се олади.

1

2

Ставете го кељот во голем сад за салата. На страна измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон, сенфот, лукот, биберот и солта, па со смесата прелејте го кељот. Додадете ја оладената киноа, оревите, сувото грозје и фета сирењето и сѐ заедно промешајте.

Подготовка Загрејте ја рерната на 170 степени целзиусови. Намастете долгнавест плех за ролат, па обложете го со хартија за печење. Намастете ја и хартијата и попрскајте ја со малку брашно. Изматете ги јајцата, павлаката и румот. Во друг сад просејте го брашното, прашокот за печење, циметот и солта. Со миксер, изматете го путерот и двата вида шеќер; матете околу 3 минути. Додадете ја смесата со јајцата, па потоа и бананата. Додадете ја и сувата смеса, па потоа и чоколадата.

2

Состојки

јајца на собна температура w42големи лажици павлака w1супени лажица темен рум w1супена шолја сенаменско брашно w¾½кафена лажица прашок за печење w½кафеналажица цимет w¾кафеналажицамелен w230гр.несоленпутерсол w¾шолјаВиталиатурбинадонерафиниwранкафеавшеќеродшеќернатрска шолја бел шеќер w¼1голема банана, испасирана w100грамазрела чоколада за готвење, искрwшенанапарчиња Виталиа растителен какао w½кремшолја со фруктоза

3

Истурете ја смесата во плехот и печете ја додека не ја извадите чиста чепкалката за заби кога ќе ја боцнете во тестото. Испечената торта оставете ја да се олади околу 15 минути, па извадете ја од калапот. Потоа целата премачкајте ја со Виталиа какао кремот и послужете. • април 2015 • UNIQUE 115


UNIQUEliving

фит тело со

е прашувате како да се вратите во форма по подолга неактивност и полека, но сигурно да почнете да го спремате телото што со гордост ќе го шетате во бикини летово? Зошто да не се обидете со пилатес вежбите кои специјално за вас ги осмисли пилатес и боди фит бар инструкторот Маја Талевска од клубот за жени „60 Минути“? Можете да ги правите во удобноста на домот и лесно да стигнете до придобивките како ослободување од стрес и напнатост, подобрена циркулација и подобар изглед на телото. Ефективни резултати ќе постигнете со три тренинзи неделно во времетраење од еден час. Групирани се во три секции - тренинг со тегови по 1 кг. кој стимулира дополнително согорување на калории и намалување на килограми, ја подобрува еластичноста, цврстината на телото и ги издолжува вретенестите мускули; - тренинг со голема пилатес топка кој ги намалува болките во рбетот, ги зајакнува сите мускулни групи и ги подобрува координацијата и флексибилноста; - тренинг со медицинска топка од 3 кг. со кој се издолжуваат вретенестите мускули, се зајакнува телесното јадро, а се подобруваат еластичноста, координацијата и издржливоста.

ЕКСПЕРТОТ Маја Талевска По 13 годишно занимавање со класичен и современ балет, Маја денес е пилатес и фит бар инструктор во клубот „60 Минути.“ Одговорна е за програми кои водат до брзи и ефикасни резултати, а тренинзите ги напополнува со dance елементи, ритмичка гимнастика и јога.

Модел: Бјанка Чумлијевска, Мак Моделс / Шминка: Глигор Бадев / Фотограф: Жарко Чулиќ

Планот Понеделник

Вторник

Среда

Четврток

Петок

Сабота

Недела

Тренинг со тегови

Тренинг со пилатес топка

Тренинг со медицинска топка

Тренинг со тегови

Тренинг со пилатес топка

Тренинг со медицинска топка

Време за одмор

Правилата за исхрана

Вкусна ужина Наместо чипс и други преработени грицки и слатки, за ужина одберете јаткасти плодови кои се богати со омега 3 масни киселини.

Неограничена свежина Редовно консумирајте зеленчук и овошје; зеленчукот е богат со влакна, вода и фитонутриенти, а содржи многу малку калории.

116 UNIQUE • април 2015 •

Балансирана исхрана Внимавајте да внесувате балансирано количество на јаглеродни хидрати, протеини и здрави масти во организмот. Обидете се да внесете нешто здраво во секој оброк.

Јадете почесто и помалку Практикувајте 3-5 оброци дневно, но внимавајте на внесот на калории. Редовното јадење нема да дозволи телото да ги користи мастите како енергетски резерви.

Погледнете во часовникот Внимавајте на времето од последниот оброк до тренингот - избегнувајте тешки и обилни оброци 3 часа пред тренингот.

Хидрирајте се Пиењето вода може да го поттикне метаболизмот до 3%, а воедно го одржува високо нивото на енергија. Пијте 8-10 чаши дневно за рехидрација на телото.


UNIQUEliving

Тренинг со тегови

4x8 Четврта вежба:

2x8 повторувања

повторувања

Телото е поставено со задникот на подот, а нозете и горниот дел од грбот се кренати од подот под агол од 25 степени. Во оваа вежба десниот лакот го допира левото колено и обратно.

Прва вежба:

Започнете во исправен страв. Рацете се свиткани во лактите во висина на градите со тегови во обете раце, а нозете се расчекорени. Чучнете со исправен грб, со телото во кос агол кон нанапред.

2x8 повторувања

2x8 повторувања

Петта вежба:

Телото е легнато на подот, рацете се испружени покрај телото, а нозете се свиткани во колената. Во оваа вежба формираме кос мост со подигање на едната нога, активирајќи ги карличните мускули. Повторувајте наизменично.

2x8

Втора вежба:

Почетен исправен став. Теговите се во дланките, а рацете се слободно пуштени покрај телото. Исчекорете наназад со десната, па со левата нога наизменично (десно/лево).

повторувања

2x8 повторувања

Шеста вежба: Трета вежба:

Испружете ја десната нога формирајќи агол од 90 степени. Рацете се спуштени надолу, а ногата формира прав агол. Повторувајте наизменично со обете нозе.

Телото е поставено странично, потпрено на лакот. Во раката испружена во страна држиме тег, формирајќи страничен мост. Вежбата се состои во свиткување на лакотот кон себе, па испружување. Повторувајте наизменично. • април 2015 • UNIQUE 117


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.