Unique Magazine 65 (Preview)

Page 1

БРОЈ 65, Мај 2015 · 35 ден

Каде да се релаксирате во земјава?

БРОЈ 65 мај 2015

Подолг... Поголем Подобар Дали 3см. прават разлика во кревет?

Fashion Update

50 пролетни додатоци 9 клучни деловни парчиња

Имав 97 килограми и 0 пријатели

Natalia Vodianova Како од пазар стаса до модната писта?

Пат околу светот на мотор

Необичната приказна на Ивана и Ману мај 2015 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


maj

2015

Bue

76

Makeup едиторијал

unique за претходниот

72

Мода - засекогаш

Must have додатоци

52

голем едиторијал

116

32

Интервју росица мршиќ

задолжително прочитајте 38 Соголено

вработување

Психичко и сексуално вознемирени на работа 40 Како ослабев „Бегав од врсниците верувајќи дека сум им одбивна.“ 98 Живот на мотор „Ќе продолжиме да патуваме и кога ќе станеме родители.“ 110 Убавина верзија 2.0 Притисок од проектирање на идеална слика за себеси

12 UNIQUE • мај 2015 •

Што значи тоа вистинско време?

Организирајте chocolate party

Најдобра 30 Natalia Vodianova моделот со огромно срце 44 It’s a man’s man’s world: искористете го тоа за да добиете предност

89 Вишок багаж - SOS за подочници

ТИ И ТОЈ

92 Подолг, поголем, подобар 96 #Бели лаги

LIVING

48 Математичка формула за љубов

104 Поправете го видот со овие 13 совети

106 Кој сака наоѓа начин Инспирирајте се за вежбање

Beauty

80 Нова сезона, нови правила за шминка 86 Како да ја совладате двојната плетенка на Diane Kruger 87 Прсни ја својата мирисна доза

Сите пофалби за текстот „Вистината зад тетоважите“ од претходниот број. Ми се допаѓа што постојано следите актуелни теми како тетовирањето и тоа раскажани преку искуствата на вистински, локални девојки. Јас одамна сакам да го збогатам моето тело со тетоважа, а нивните приказни и разбивањето на некои од митовите можеби конечно ќе ме доведат од замисла до реализација. Па којзнае, можеби во некој следен број ќе ме фотографирате и мене. Поздрав, Весна

114 Моќни шејкови 118 Тајни состојки, очигледни резултати 120 Unique спа водич 122 Хороскоп

Алудирам на насловот на текстот „Кога е вистинско време за бебе?“ од априлскиот број. Навистина ми се допадна текстот сочинет од изјавите на мајките кои по којзнае кој пат ми потврдија дека не постои совршено време за бебе. Се надевам дека стравот од тоа ново, непознато искуство што го имам како девојка во своите доцни дваесетти ќе исчезне со самото дознавање дека ќе станам мама. Кој да знае? Збунета, 28

Дали сте знаеле дека... 1 од 3 жени се психички или сексуално вознемирувани на работа? Научете повеќе за тоа како да се справите со било кој тип на вознемирување на работното место на страна 38. Контактирајте нѐ на:

contact@uniquemag.mk


Деловна комбинација

Прво, дефинирајте го торзото, потоа нозете и според овие две закономерности проверете каков тип на облека треба да купувате ПАНТАЛОНИ & ПАЛТА

1

3

5

2

4

6

1 Превртен триаголник: Одберете темен материјал што не се лепи за да ги смалите рамениците. Нека има детали, како патенти на џебовите или копче на средина, за да го насочите погледот надолу. 2 Ситна: Панталоните во коцка се одлични за да креирате облик и да ги истакнете контурите на слабите нозе. За екстра висина носете ги со потпетици и еднобојно палто.

16 UNIQUE • мај 2015 •

3 Песочен часовник: Суптилно струкирано палто со длабок V израз е идеално за да постигнете тенка, женствена половина, oсобено ако го носите со пеплум модел на кошула или блуза. 4 Винска чаша: Носете класични тесни панталони до глужд, за да ги акцентирате слабите нозе, а да ги стесните широките колкови. За секси силуета, не прескокнувајте ги високите потпетици.

5 Јаболко: Ваквиот мек блејзер совршено паѓа врз краткото, широко торзо. Потрудете се да има V израз, за да креирате рамка за рамениците. Ако не успеете да најдете ваков модел, комбинирајте го со кошула или блуза во V израз. 6 Ѕвонче: Панталоните со широки ногавици се одлични за да ги сокриете големите листови на нозете. За да делувате послабо и повисоко, можете да изберете од оние во тенки пруги.


ПАНТАЛОНИ & ПАЛТА 7 Песочен часовник: Купете струкирано палто и носете го закопчано за да го насочите вниманието на најслабиот дел од торзото. Можете да ставите и ремен за дополнително да го истакнете струкот. 8 Правоаголник: Не избегнувајте ги тесните crop (над глужд) панталони, со тоа што задолжително ќе ги пеглате со длабок раб или ќе изберете од оние во тенки пруги за да ги издолжите нозете. Носете ги со отворени чевли (салонките се идеални) и ќе делувате уште повисоки.

9 Круша: Палтото со широки ревери дава илузија на широки раменици, а тесни колкови. Ако сакате да ја затскриете широката половина, не ви треба струкирано палто со копче, бидејќи само така ќе ги потенцирате вишоците. Одете на модел што лесно паѓа како оној на сликата. 10 Столб: За да додадете волумен на тесните колови, одберете панталони на висок струк со ластик кои наместо џебови се украсени со фалти. Фалтите ги пумпаат панталоните акцентирајќи ги колковите. Плус се пријатни за на работа.

11 Ситна: За да додадете волумен на целото торзо, вклучувајќи ги и рамениците, купете пелерина. На нашиот примерок, ракавите се дополнително зашиени на основниот модел (праволински елек без струк) и токму поради тоа делуваат како потпунки за рамениците. 12 Ситна: Со ваков модел на панталони можат да дефилираат само слабите девојки, без разлика дали сте високи или ниски. Ако сте пониски, купете тесни над колена, за да ги издолжите нозете и да додадете волумен на колковите. Ако сте високи, комбинирајте ги со потпетици до глужд.

7

9

11

8

10

12

Легенда за торзо: Откријте го обликот на торзото водејќи се по листата; според соодветниот симбол што го опишува, проверете какво парче треба да набавите за горе

КРУША

Широки колкови, мали раменици

ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК

Идентични колкови и рамена и тенок струк

СИТНА

Слабо торзо, половина и рамена

ПРЕВРТЕН ТРИАГОЛНИК

Широки раменици

ЈАБОЛКО:

Суптилно торзо со мала дефиниција

СТОЛБ

Слабо торзо, рамно горе и доле

• мај 2015 • UNIQUE 17


UNIQUEинтервју

Модна ретроспектива со

Пишува Тања Тодоровска

Поглед наназад кон кариерата на една од најуспешните македонски модни дизајнерки, Росица Мршиќ. 32 UNIQUE • мај 2015 •

Вртењето поглед наназад е особено актуелен на почетокот на годината. Тогаш се навраќаме да видиме што успешно и значајно се случило во годината што изминала и со оптимистички поглед да продолжиме нанапред. Па имаме листи на најдобри песни, најгледани филмови, најуспешни актери или пејачки... но, како и да е, едно нешто е сигурно - ретроспективите секогаш означуваат осврт кон нешто успешно, кон искуствата на докажани личности кои имаат успеси и достигнувања со кои можат да се пофалат. Затоа и лесно дојдов до одлуката која ќе биде личноста со која ќе се навратам наназад кон модата и модните случувања во светски рамки, како и во нејзиниот креативен свет. По единаесет години од нејзината прва модна ревија, 16 сезонски колекции, 9 учества на Модниот викенд и уште многу соработки, Росица Мршиќ е добро познато и етаблирано име на модната сцена во Македонија. Интервјуто го реализиравме утрото по нејзината самостојна ревија во рамките на единаесеттиот FWSK, па затоа и ќе ме разберете кога ќе ви кажам дека во еден миг помислив дека уморот од целата организација пред, и конечното опуштање по ревијата ќе си го земат својот данок, но

уште во првите моменти по влегувањето во фризерскиот салон сфатив дека нема простор за грижа. Позитивна и љубезна како и секогаш, сѐ уште под импресии од претходната вечер, во рацете со телефон на кој непрекинато ѝ пристигнуваа впечатоци од сите оние кои биле присутни или ги прочитале првите вести за ревијата. Како што и самата таа ми кажа, „прерано е да се соберат сите впечатоци, но најважно е кога после самиот настан ќе се види реакцијата како од блиските и од пријателите, така и од клиентите за коишто е наменет и самиот настан. Имаше многу позитивни забелешки, реакции и нормално тоа е најубавото нешто што може да се слушне.“ Се пошегува дека за прв пат сѐ било до толку беспрекорно што за миг се почувствувала како гостин на сопствената ревија: „Самата организација беше на многу високо ниво, сите беа задоволни од колекцијата, како што забележаа и дека е во континуитет на мојот дизајнерски печат, меѓутоа е сепак нешто ново и свежо што е многу важно - секој дизајнер да си го задржи континуитетот во работењето, а да не здодее со текот на времето.“ Токму тој дизајнерски печат е она што ги разликува дизајнерите во подем, од дизај-


Шминка: Дарко Мишовски Фризура: Хамзиќ Мурис Адо, Салон Hairdo Фотограф: Жарко Чулиќ Локација: Бар Speakeasy

• мај 2015 • UNIQUE 33


Оваа сезона не смеете да го заобиколите фустанот и здолништата, бидејќи дизајнерите на големо ја слават женственоста. Бидете елегантни и софистицирани во стилот на Brigitte Bardot. Ако и покрај сÈ сте за панталони, избегнете го машкиот крој, нека бидат широки или облечете комбинезон.

52 UNIQUE • мај 2015 •


• мај 2015 • UNIQUE 53


54 UNIQUE • мај 2015 •


Zara комбинезон @# ден. / Duki Daso ланче @# ден. / Duki Daso чанта @# ден. / Duki Daso чевли @# ден.

• мај 2015 • UNIQUE 55


58 UNIQUE • април 2015 •


Ако ги послушате Gucci, Tod’s или Bottega Veneta, тогаш би требало од глава до пети да се облечете во тексас; Karl Lagerfeld би ве поддржал во црно-белата комбинација. Ако сте расположени да бидете предвесници на модата, тогаш облечете тексас комбинезон, а во меѓувреме потрудете се секојдневните тексас парчиња да ги интерпретирате во неочекувана, шик комбинација по овој терк.

• април 2015 • UNIQUE 59


62 UNIQUE • мај 2015 •


Модел: Ангела Карова / Модна Агенција: Мак Моделс / Стајлинг: Јована Зука / Фотограф: Жарко Чулиќ / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Мурис Хамзиќ Адо фризерски салон Hairdo Локација: GP Cafe - Art Karting Centar

• мај 2015 • UNIQUE 63


UNIQUEfashion

Тексасот во комбинација со јаки бои е секогаш chic

Alessandra Ambrosio

Модерен тексас

Практичниот материјал доби софистицирана варијанта Ако порано тексасот беше резервиран за деновите кога сакате да се облечете лежерно, без да погрешите во изборот, време е да го промените ваквото гледиште. Дизајнерите создадоа фустани, па дури и килоти од овој материјал. Авантуристките можат да изберат тексас палто и панталони како што го направи тоа Chloe, или да го ископираат изгледот од ревијата на Louis Vuitton сочинет од фармерки со висок струк и блејзер во морнарски стил. Задржете се на елегантна варијанта и нема да погрешите.

Olivia Palermo

68 UNIQUE • мај 2015 •


UNIQUEfashion

Елек без ракави Освежете го гардероберот со овој впечатлив додаток Додајте модерен изглед на деловните комбинации така што ќе облечете елек без ракави во комбинација со кошула и фармерки, или одберете свилена маичка на прерамки, панталони со тесни ногавици и елек за да направите револуција во вечерната комбинација. Внимавајте при изборот на материјалите за да избегнете визуелно проширување во колковите и струкот; елекот треба да е елегантен со шик лелеавост.

• мај 2015 • UNIQUE 69


Модел: Ангела Ѓоргиева

Како да го подготвите? Одберете еден доминантен производ со кој ќе акцентирате само една црта на лицето, останатите нека останат во заден план. Водејќи се според боите кои се актуелни за пролет/ лето 2015-та, мејкап артистот Игор Марков искористи сина сенка, златен туш, сребрена сенка, розов кармин и ги креираше овие четири изгледи врз nude тен.

Shiny and Glamorous Smoky eyes во сиви и сребрени тонови се голем тренд во моментов, што значи одморете го црниот туш и изведете нешто повпечатливо. На пазарот се достапни светкави тушеви во сите бои, но јас се одлучив за мат сребрена варијанта на туш и истата ја комбинирав со сиво - сребрена сенка со проѕирен ефект. Слободно нијансирајте го очниот капак, додајте на интензитет на аркадата, бидејќи тука аголот на прекршување на светлината е најизразен. Погрижете се да не постојат граници меѓу тоновите, истите треба да се прелеваат еден во друг. За усните препорачувам пастелна портокалова нијанса. 76 UNIQUE • мај 2015 •


Girly and Fresh Розовите тонови се враќаат на голема врата, но ќе погрешите доколку не ги користите умерено. Идејата е да ги истакнете контурите на лицето, но истите да делуваат природно, што значи не претерувајте со руменилото. Ако сакате да ги истакнете усните, прескокнете ги очите и обратно. Јас ги акцентирав усните во неон розова боја, свежината на очите ја постигнав со тенка кафена линија по должина на горните трепки, еден слој маскара и додадов база на очниот капак со цел да постигнам природна сјајност својствена за здравата и негувана кожа. • мај 2015 • UNIQUE 77


Aqua Eyes Морските тонови се апсолутен хит за претстојната пролетна сезона, а главниот виновник за тоа е Peter Philips, (стр.83) кој шминкаше за Fendi и Polly Osmond, кој на ревијата на Honor претстави сини мачкини очи. Ако на трендот сини очи го додадете и трендот металик светкава сенка, тогаш ќе го добиете овој ефектен и впечатлив изглед. Не забегувајте со светкавата драматичност, изберете еден тон и рамномерно нанесете го до веѓите со тоа што надворешниот агол ќе го продолжите под окото и ќе ја исцртате линијата што ги следи долните трепки. Двата слоја маскара се задолжителни во случајов, во спротивно очите би изгледале вонземски. Суптилно портокаловите усни ќе додадат на свежина.

78 UNIQUE • мај 2015 •

Модел: Ангела Ѓоргиева / Модна Агенција: Подиум / Стајлинг: Милена Танаскоска / Шминка: Игор Марков / Фотограф: Жарко Чулиќ


Sophisticated Look Палетите со златни и земјени тонови се насекаде, искористете ги. И покрај тоа што зрачи со гламур, во основа овој мејкап лесно се постигнува. Одберете кафено - портокалова сенка и поминете ги капаците за да им дадете длабочина. Не затемнувајте премногу за да не се претопи златниот туш што ќе ја следи линијата на горните трепки. Во стилот на Dolce & Gabbana усните нека бидат огнено црвени. Запазете го ситниот детаљ на горните усни, искористете го истиот туш и истакнете го врвот на усните. • мај 2015 • UNIQUE 79


UNIQUEти&тој

#Бели лаги

Овие симпатични момци и девојки ги отворија картите и ги споделија најневините лаги кои ги кажале во врска.

A

ко се обидете макар само еден ден да бидете потполно искрени кон сите и сѐ околу вас, ќе забележите колку всушност знаете да се послужите со лагата. Дека на пријателката не ѝ стои тоа здолниште или дека заборавивте да ја земете тортата која сестра ви ја нарача или дека момчето нема потреба да ве чека, бидејќи веќе сте готова, кога вие уште сте во пижами и гледате Friends. Олеснете си го животот и понекогаш послужете се со лагата. Сепак, внимавајте да е само бела и да не повредува никого.

(Не) бев

Девојка со која бев во врска се носеше фантастично, но имаше една кошула што воопшто не ми се допаѓаше. Кога ќе го земете предвид материјалот, кројот, боите и фактот дека воопшто не ѝ стоеше убаво, бев должен да се ослободам од неа. Таа мислеше дека ја изгубила, а јас ја дадов во добротворни цели.“ Коста, 29

јас!

(Не) сакам фудбалски натпревари

(Не) одам на пливање

Мојата девојка мисли дека секое неделно попладне одам на часови по пливање. Всушност, јас го минувам времето со другарите од бендот на свирка во гаража. Не сум ни запишан на пливање.“ Филип, 20

Сопругот обожува да гледа фудбалски натпревари секое неделно попладне. Бидејќи неделите ги минуваме заедно, попладнето е секогаш исполнето со 22 мажи кои трчаат по една топка. Се преправам дека сакам да гледам фудбал, кога всушност имам илјадници други многу позабавни идеи во глава.“ Драгана, 29

Тргнав накај тебе (сe уште сум дома) Уште да се истуширам, облечам и нашминкам и готова сум. Но, сметај ме за тргната. Во моментот кога треба да излезам, се јавуваат пријателките, ми ја нема омилената кошула и не можам да ги најдам телефонот и клучевите.“ Цаци, 33


UNIQUEти&тој

до Се с лу им во ( не нув бл су ам изи м на ни )

Не бев болна. Не сакав да одам на ручек со твоите

Имав огромна трема кога требаше да ги запознаам родителите на моето момче. Беше четврток кога ми кажа дека во сабота, неговите ме канат на ручек во ресторан во градот. Му се јавив дека сум болна наредниот ден и дека нема да можам да дојдам. Сепак, на крајот се запознавме - и не беше толку страшно!“ Светле, 29

Не спиев кај мајка ми, туку кај другарка ми

Ми се случило неколку пати да се обидам да ја протнам оваа лага. Кога мојот партнер ќе ме побара на телефон, јас сум кај пријателката или се враќам од шопинг, знам да кажам дека сум подготвена и се симнувам долу. Всушност, најверојатно летам со автомобилот низ градов и се трудам да не ме начека пред зградата.“ Ирена, 31

На секоја девојка ѝ е потребно време за подготвување, без разлика дали се работи само за кафе со другарките или на состанок со момчето. Кога велам стигнувам веднаш или за 5 минути сум таму, може слободно да седне и да пие кафе без мене - ќе ми требаат сигурно уште 45 минути.“ Јана, 22

Саботите се единствениот ден во неделата кога го гледам момчето, бидејќи и двајцата сме многу зафатени. Но, еднаш му реков дека одамна не сум ја видела мајка ми, па ќе одам да спијам кај неа. Всушност, спиев кај другарка ми заедно со уште 4 пријателки. Ми беше жал што не останав со него, но одлично си поминав со пријателките“ Стефанија, 26

Го измислив состанокот, за да не дојдам на вечера Во периодот кога работев во Италија, со мојата девојка често се договаравме каде ќе одиме на вечера за викендите кога се враќав во Скопје. Постојаното летање знаеше да биде многу напорно, но јас не сакав да ги уништувам плановите. Сепак, знаев да кажам дека имам неодложен состанок за време на викендот, кога всушност бев дома и спиев.“ Зоки, 29

За 5 (0) минути сум таму


UNIQUEти&тој

Ќе продолжиме да

Патуваме и кога ќе станеме родители Имате ли храброст да ја напуштите работата, да ги отпишете децата од училиште, да се откажете од топлата бања, удобниот кревет и ладилникот достапен 24/7 и да стартувате авантура што ќе подразбира близок контакт со природата и комуникација со различни цивилизации? Универзумот ги спои Ивана од Македонија и лошиот продавач (веднаш дава попуст) на рачно изработен накит, Ману од Шпанија, со цел да ја променат ограничената свест на луѓето како тебе и мене. Од 13-ти септември 2013-та, Ивана и Ману константно патуваат со својот јапонски пријател (читај: моторот) потпирајќи се на добрината на луѓето ширум светот, личната скромна заработка и природата. Нивната обиколка на светот со мотор е доказ дека луѓето можат да направат неверојатни работи со малку средства. Честопати изложени на свирепи услови, ги прашавме дали имаат време за романтика? „Кога луѓето ќе се сетат дека со Ману сме заедно 24 часа, валкани, уморни, без сопствен дом и удобен кревет, сигурно си велат дека романтика е нешто што последно ни паѓа на ум. Но, романтичните моменти се постојани, бидејќи патувањето за нас е страст што ја делиме, што нѐ движи и инспирира. Понекогаш либидото се буди во текот на ноќта на полна месечина која е наш партнер додека спиеме во шатор покрај некое од најубавите чуда на оваа планета, друг пат додека правиме пауза за вода

сред пустина каде што сме тотално сами или пак додека преспиваме во некој будистички храм,“ вели Ивана. Иако во моментов немаат деца, велат дека патувањето им станало начин на живот и дека никогаш нема да сопрат. „Планираме да имаме деца, но тоа во никој случај нема да значи крај на нашите патувања. Имавме можност да запознаеме многу семејства, некои патуваа со комбе, други со велосипеди. Нивните деца премногу се разликуваат од останатите кои водат стандарден живот. Тие секојдневно се среќаваат со различни култури, религии, природа и на тој начин учат историја, географија, математика, јазик. Нивниот живот е богат и шарен,“ вели Ивана. Овие двајца патници отвораат суштинско прашање: Што ја чини среќата на овој свет? Домот со скап мебел, дипломата од факултет, гаџетите што ни го олеснуваат животот, а потајно нѐ прават мрзеливи и летаргични или симбиозата со природата и сите нејзини чуда што подеднакво ни припаѓаат на сите. Ивана и Ману велат дека слободниот живот е среќен живот, а возењето на мотор низ светот прави тие да се чувствуваат слободно. Што е она што прави вие да се чувствувате така? Во продолжение се 12-те дестинации што Ивана и Ману ги одвојуваат како задолжителни одредници, се надеваме дека нивните патописи ќе ви помогнат да го одговорите прашањето од погоре.

argentina

Патагонија На прв поглед се чини дека оваа огромна територија во јужниот дел од Аргентина не крие големи атракции, но патувајќи ќе откриете многу тајни. По пат ќе сретнете животински свет кој не може да се види на друго место. Никогаш нема да го заборавам ветерот, еден од најсилните на светот и постојан. Секој ден по завршувањето на патувањето низ Патагонија се 98 UNIQUE • мај 2015 •

bolivрiaде Ујуни Сала

Патувајќи, ја истражувавме најголемата пустина во светот од сол. Нѐ изненади тенкиот слој вода што се формираше под влијание на неодамнешните дождови, делуваше како големо огледало на кое не му се гледаше крајот. Само ние и небото се отсликувавме движејќи се по оваа убавина. Имавме чувство како да летаме во недефиниран простор. Ова е едно магично место, вистински подарок од природата.

чувствувавме како да сме трчале маратон, бидејќи нозете со часови ни беа стегнати силно со цел да се одбраниме од силните удари на ветерот кој достигнува и до 130км. на час. Растојанието помеѓу два мали града е околу 400км. нема телефонски мрежи и во некои предели може да поминат и неколку часа без да помине ниту едно возило. Токму поради тоа бевме под стрес да не случајно ни се случи некоја несреќа среде таа пустелија. Да ја поминеме Патагонија беше голем предизвик и гордост за нас.


UNIQUEти&тој

Australia Улуру

Овој огромен камен, точно во центарот на Австралија, е свето земјиште за Абориџините и центар за најважните церемонии. Но, за нас претставуваше нешто друго, се наоѓавме во срцето на земјата која е најоддалечена од дома. Стигнавме на половина од нашиот пат околу светот. Чувството на задоволство во тој момент ги излечи сите рани што ги стекнавме од тешкиот пат за да стигнеме до тука. Земавме малку од ситниот портокалов песок во една кесичка за да патува со нас и да нѐ потсетува дека еднаш имавме еден сон што стана наша реалност.

Indonesia Керинчи

Монсунските дождови не ни овозможуваа да се движиме со повеќе од 20км. на час, но не беа тие што нѐ правеа нервозни, за да ја поминеме оваа планина на Суматра. Се движевме нив бујна шума, бидејќи таа води до Керинчи каде живеат најголемиот број на тигри од вкупниот број што живеат во Југоисточна Азија и Кина заедно. Тука ќе ве предупредат дека тигрите го напаѓаат локалното население. За ова разбравме во истиот момент кога го

argentina Ушуаја

започнавме патот, нѐ опомена еден локален жител, беше бос и со сатар во рака.

Има места кои се одредница за секој тип на патници, најјужно оддалечениот град на планетата без размислување е едно од нив. Ушуаја – најблиската точка до Антарктик каде можевме да стасаме со мотор, нуди поглед на море, а тука е знакот што го означува крајот на светот. Тука се сретнавме со еден Швајцарец кој пристигна со џип, еден Французин на велосипед и еден Англичанец кој патува пешки последниве 9 години. Енергијата што ја собравме од оваа магична точка на планетава, каде можевме да слушнеме различни анегдоти, приказни и соништа од многу патници, ни помогна да го продолжиме ова долго патување.

• мај 2015 • UNIQUE 99


UNIQUEliving

Кој сака наоѓа начин

A

Кога вежбањето е инспирирано од љубовта, резултатот е среќа, задоволство, исполнетост и тело од соништата.

Ако не ве освои со срнешката нежност и убавина, елегантноста и таинственоста на нејзиниот поглед, тогаш сигурно ќе ве освои со својата витка става и совршено извајано тело. Загорка Тодоровска млада, модерна девојка која на совршен начин ги соединува денот и ноќта, работата и задоволството и создава оптимално секојдневие за развој на една вистински богата личност. Дипломиран новинар на постдипломски студии по менаџмент на човечки ресурси, со полно работно време и обврски во ритамот на ноќниот градски живот во Станица 26, Загорка својата духовна енергија ја црпи од љубовта кон идниот сопруг Мартин Видоевски, додека физичката доаѓа со секое утро. Додека повеќето луѓе се расонуваат со утринско кафе пред работа, расонувањето за Загорка подразбира серија вежби за загревање, додека зората виси над градот кој сè уште спие. Вежбањето го заокружува со шолја кафе и сок од цитрон и тогаш се вклучува кон градското лудило и секојдневните обврски. „Утринското вежбање е вистински благодат, бидејќи го активираме и раздвижуваме целото тело. Освен тоа докажано е

106 UNIQUE • мај 2015 •

дека луѓето кои вежбаат пред работа се доста попродуктивни и поефективни во исполнување на работните задачи од оние кои доаѓаат на работа директно од кревет“ - вели Загорка. Вежбањето за неа отсекогаш било пасија, но секојдневниот стрес и сите тие часови минати пред компјутер ѝ ја разбудиле желбата за здрав и

активен начин на живот, убаво и обликувано тело и зголемена физичка сила. Така, пред 3 години го вклучила утринското вежбање како дневен, неизоставен ритуал. Вели дека никогаш немала проблем со тежината, но фитнесот ја фасцинира со својата способност за обликување на само одредени делови од телото. „Генетиката е важна, но фитнесот

понеделник

Вторник

Среда

Појадок: Овесни снегулки, суво овошје и семиња потопени во AMIX протеин и вода + чаша зелен чај

Појадок: Мусли Виталиа Фит & Актив потопени во Јогурт Баланс + чаша зелен чај

Појадок: Овесни снегулки, суво овошје и семиња потопени во AMIX протеин и вода + чаша зелен чај

Ужина: ФИТ крем јогурт со вкус на мед, ореви и житарки белковини: 7,5 гр. млечни масти: 2% протеини: 11%

Ужина: 1 јаболко

Ужина: 1 банана

Ручек: Мисиркин стек со киноа, моркови, брокули и фит јогурт + чаша зелен чај

Ручек: Пилешки стек и варен ориз со салата од цвекло + чаша зелен чај

Ручек: Лосос во сос од портокал, печен во рерна + чаша зелен чај

Ужина: 1 рака лешници

Ужина: ФИТ крем јогурт со вкус на тиква и цимет 107 kcal, млечни масти: 2%, јаглеродни хидрати: 14,7%

Ужина: 1 рака ореви

Вечера: Салата од марула, варени јајца, пченка и кубети, зачинета со маслиново масло и балсамико.

Вечера: Салата од марула, ракчиња, домати, пченка и рукола, зачинета со маслиново масло и балсамико.

Вечера: Лосос и сезонска салата


UNIQUEliving

прави чуда.“ Во нејзиниот богат фитнес ансамбл, влегуваат и кардио вежбите за подобрување на кондицијата, а ги соединува пилатесот и аеробните вежби за истегнување на телото. „Придобивките од веж-

бањето се многубројни. Поубави, поздрави, порелаксирани сме, а и посреќни бидејќи со вежбањето се ослободува и хормонот на среќа.“ А кога станува збор за вежбањето, вистинска среќа за неа се стомачни вежби, потклекнувања, исчекор, хипер екстензија, „мртво дигање“ и вежбите за глутеус.

Несекојдневна и во изборот на најголем грев кога станува збор за исхраната, Загорка ги издвои француските сирења кои ги обожува, но претендира да ги одбегнува. „Здравата исхрана е неопходна за балансиран живот и добро здравје.“ Ручекот е светиот оброк за неа кој го подготвува со многу љубов во друштво на својот избраник. „Секојдневен ритуал ми е ручекот со Мартин. Сметам дека заедничкиот ручек е важен за градење

на здрава и стабилна врска. Ручаме пилешки, мисиркин стек или риба, во различни облици и комбинации кои ги добиваме користејќи зеленчуци и зачини.“ Нејзиното мото е „Единствената личност која што може да ни помогне, сме ние самите.“ Со помош на овие 10 комбинирани вежби и нејзиниот неделен режим на балансирана исхрана, ве мотивираме да се вдадете кон здравото живеење и едноставно да уживате во животот.

Сабота

Недела

Здраво залче Балансираната исхрана и редовната физичка активност се симбиоза за здравје и убавина. Какво неделно мени препорачува Загорка?

Четврток

Петок

Појадок: Овесни снегулки, суво овошје и семиња потопени во AMIX протеин и вода + чаша зелен чај

Појадок: Овесни снегулки, суво овошје и семиња потопени во AMIX протеин и вода + чаша зелен чај

Појадок: Овесни протеински палачинки со диетален џем од Виталиа

Појадок: Овесни снегулки, суво овошје и семиња потопени во AMIX протеин и вода + чаша зелен чај

Ужина: ФИТ крем јогурт со вкус на мед, ореви и житарки белковини: 7,5 гр. млечни масти: 2% протеини: 11%

Ужина: Смути

Ужина: ФИТ крем јогурт богат со протеини енергетска вредност: 66 kcal, млечни масти: 2%

Ужина: Свеж ананас

Ручек: Порција суши + чаша зелен чај

Ручек: Пилешко во кари сос и зеленчуци на скара + чаша зелен чај

Ручек: Рижото со морски плодови + чаша зелен чај

Ручек: Орада риба на скара и компир салата + чаша зелен чај

Ужина: 1 рака бадеми

Ужина: Протеински бар од Виталиа

Ужина: O’CAKE интегрални грисини

Ужина: ФИТ крем јогурт со вкус на мед, ореви и житарки белковини: 7,5 гр. млечни масти: 2% протеини: 11%

Вечера: Туна салата

Вечера: Пилешки стек со киноа и свежа салата

Вечера: Зелена салата со варени јајца и домати + ФИТ крем јогурт

Вечера: Орада и салата

• мај 2015 • UNIQUE 107


UNIQUEliving

организирај

Денот посветен на уживање што нема да сакате да го пропуштите

Сите сакаме да поминуваме што повеќе време со пријателките, но како што се појавуваат нови и нови обврски во животот на секоја од вас, шансата за групно собирање ви изгледа сѐ подалечна. Затоа, наместо да одбирате точно време и место каде што ќе се соберете, зошто да не организирате цело попладневна забава во вашиот дом? Направете вкусни десерти, симнете некоја романтична комедија, обезбедете средства потребни за маникир и уживајте во женското друштво. А да, и обидете се да не зарумените кога пријателките ќе ги пофалат вашите кулинарски способности.

Потребни состојки Гоџи бобинки Природен извор на витамини и минерали.

Чист канадски јаворов сируп Здрава замена за белиот шеќер.

Овесни снегулки Производ од цело зрно богат извор на хранливи состојки.

116 UNIQUE • мај 2015 •


UNIQUEliving

те chocolate

party

Vitalia brownies Брзи, непечени, но подеднакво вкусни колачиња

Со процесор измешајте 2 и ½ шолји урми, 1 и ½ шолји ореви, 6 супени лажици какао, 1 и ½ кафена лажица ванила, 2 кафени лажици вода и 3/8 кафена лажица сол. Намастете плех долг 20 см. па префрлете го тестото во садот. Притискајте го со рацете додека не го распоредите еднакво. Во среден сад измешајте ¼ шолја какао, ½ кафена лажица ванила екстракт, ¼ шолја чист Виталиа јаворов сируп и 2 супени лажици расти-

8

парчиња

телно или масло од кокос. Распоредете ја пастата еднакво врз тестото во плехот. Ставете ги колачињата во ладилник барем 2 часа, па исечете ги на квадрати.

16

парчиња

Vitalia muffins

Чиа семе, овесни снегулки, банана, боровинки...

Загрејте ја рерната на 200 степени и наредете 12 корпи во калапи. Ставете 1 шолја Виталиа овесни снегулки да накиснат во ¾ шолја млеко. Во сад смешајте 1 шолја брашно, 2-3 супени лажици чиа семе, 2 кафени лажици прашок за печење, ¼ кафена лажица сол, ½ кафена лажица мелено морско оревче и 1 кафена лажица цимет. Измешајте ги сувите состојки. Во друг сад ставете ги млекото и овесот, 3 испасирани бана-

12

парчиња

ни, 1/3 шолја мед или јаворов сируп, 1 изматено јајце и 1/3 шолја екстра девствено маслиново масло. Во сувата смеса додадете 1 шолја боровинки, па вмешајте ја и влажната смеса. Истурете ја во калапите и печете околу 18 минути.

Vitalia Chocolate bites

Неодолива комбинација на бадеми и гоџи бобинки

Стопете 100 гр. чоколада со 70% какао во составот во сад на пареа. Постелете слој масна хартија врз тава или чинија. Поделете ја стопената чоколада на 8 дела врз хартијата и врз секој дел

посипете дел од двете супени лажици сечкани бадеми и дел од двете супени лажици Виталиа гоџи бобинки. Малку притиснете за да се осигурите дека истите ќе се прицврстат за чоколадата. Потоа

пропрскајте сосем мала количина морска сол врз нив, па ставете ги во ладилник да се стегнат. Оставете ги на ладно додека не станат комплетно цврсти, односно најмалку 20 минути. Послужете.

• мај 2015 • UNIQUE 117


UNIQUEliving

Што ви го попречува

Каснете го ова! Што ќе јадете по тренингот во голема мера влијае на сÈ - од времето за закрепнување па до бројот на изгубени килограми. Спортскиот нутриционист Д-р Wendy Bazilian предлага 4 паметни и вкусни оброци.

1 2

Понекогаш дури и најздравите производи му штетат на вашето тело. Резултатот: хаос на телесните функции. А тоа со сигурност не го сакате.

Сендвич со мисиркино месо (85 гр. мисиркино месо, 2 парчиња леб од цело зрно), ½ јаболка, ¾ шолја переци + Кој би рекол? Оброкот ја содржи вистинската комбинација од протеини и јаглеродни хидрати.

Повраќање/ Гадење Дали јадевте брзо пред тренингот? Премногу се напрегате? Ете ви ги одговорите. (Доколку не одговара на вашата ситуација продолжете со читање.)

21 половини ореви (скоро една рака), 1/3 шолја сушени цреши, 170 гр. павлака или јогурт со ниска масленост + Исто како енергетско чоколатце (без шеќерот), плус јогурт или павлака што ќе додаде протеини и калциум.

3 4

„Банана-дог:“ Интегрална земичка, 2 супени лажици путер од кикирики или бадеми, 1 супена лажица мед, 1 излупена банана + Одличен оброк за надоместување на сите потрошени хранливи материи по вежбањето.

Киселини/ Жиговина Избегнувајте храна што може да ја поттикне ваквата состојба (кафе, ментол, домати и доматни преработки) и носете комотна облека (пре)тесната облека може да ја влоши ситуацијата.

Чоколадно млеко + Повеќе од 20 истражувања ги потврдуваат тврдењата за градбата на мускулното ткиво, хидратацијата и враќањето на енергијата што ги овозможува овој пијалак.

Гасови Вашето тело се обидува да ја разложи храната богата со растителни влакна, а сето подрипнување, скокање и трчање нема да ви помогне при тоа. Подмолен виновник: храната што содржи тип на влакна наречени инулин.

Фит математика

тајни состојки очигледни резултати

Точно е... добриот изглед

е резултат на физичка активност и балансирана исхрана. Но каква храна треба да внесувате и во колкави количини? Нашиот водич ќе одговори на вашите прашања. 118 UNIQUE • мај 2015 •

Дијареја Добра-лоша вест: интензивната активност го забрзува метаболизмот. Друга теорија: веројатно е при тренингот во телото да се ослободат хормоните наречени простагландини кои придонесуваат до потреба за трчање до тоалетот.

Користете ја оваа равенка за да го откриете вашиот RMR (resting metabolic rate), поточно минимумот кој ви е потребен за да ја задржите тежината пред да внесете и вежбање во секојдневието. Сакате да ослабете? Внесувајте калории под минимумот или потете се повеќе. RMR за жени = (10 x кг.) + (6.25 x см.) (5 x возраст) - 161

хранливи материи Покажете ни жена со избалансирана исхрана и ние ќе ви кажеме што ѝ недостасува во чинијата.

Недостатокот: 3 Б витамин Може да предизвика: 3 Истоштеност уште на поло-

Недостатокот: 3 Калциум Може да предизвика: 3 Зголемен ризик од повреда

Решението: 3 Три порции

Решението: 3 Три порции

вина тренинг

поради премор

месо, риба и јајца дневно. (Вегетаријанци, внесете Б-комплекс суплементи во исхраната.)

млечни производи дневно (сардините и зелениот лиснат зеленчук се подеднакво добар избор).

Недостатокот: 3 Железо Може да предизвика: 3 Заматен ум и анемија Решението: 3 Јадете повеќе

Недостатокот: 3 Омега 3

црвено месо, темен лиснат зеленчук и храна богата со железо.

масни киселини

Може да предизвика:

3 Гадење, лоша циркулација Решението: 3 Целете кон

порција риба два пати неделно, а консумирајте и ореви и ленено семе.


UNIQUEliving

Сигурно многумина ќе почнат да превртуваат со очите доколку прочитаат дека уште некој тип на риба, бобинка или суво овошје е прогласен за нова „супер“ храна. Но, да бидеме реални, „одредени производи навистина заслужуваат почесно место во менито и на оние што се физички неактивни, но особено во менито на оние кои посветено вежбаат,“ вели фитнес психологот и нутриционист, Д-р Stacy Sims, особено доколку барате начин како да го надминете личниот рекорд во трчање или доколку сакате да влезете во помал конфекциски број. Всушност, доколку не забележувате резултати и покрај редовното препотување, откривањето нови производи и промената на оброците (повеќе масти тука, помалку јаглеродни хидрати таму) може да биде појдовната точка кон вашиот фит успех. Едноставно, следете ги правилата за тоа што треба да јадете и кога и верувајте ни - здравата храна не значи и храна со лош вкус. Па кога последен пат сте се напиле чоколадно млеко?!

Совршениот

Запознајте ја Наполнете ги полиците во фрижидерот и шкафот со овие производи. Истражувачите докажуваат дека истите ве прават појаки, го подобруваат метаболизмот, помагаат во согорувањето на мастите и дури ја намалуваат болката во мускулите по вежбањето. Зголемена енергија

Намалена болка

Градба на мускули

Овес 3 Ја подобрува

Ѓумбир 3 Ја спречува

Јајца 3Извор на амино

Фстаци 3 За зауздување

Суво грозје 3 Изедете

Цреши 3 Ги неутрализи-

Протеин од сурутка 3

Цвекло 3 Овој производ

Банани 3 Подеднакво

Куркума 3 Овој жолт

Лосос или туна 3 Проте-

Зрна соја 3 Сојата е богата

издржливоста на организмот, па така нема да се откажете после само 5 минути од тренингот.

мачнината и ја намалува мускулната болка за 20 проценти.

една рака суво грозје при тренингот за природно поткревање на енергијата.

киселината леуцин која значително ја подобрува обновата на мускулите.

раат слободните радикали па затоа овозможуваат брзо закрепнување по вежбањето.

ефикасни како и спортските пијалаци при одржувањето баланс на електролитите.

Основна состојка за зајакнување на стомачните мускули и за мускулите на задникот.

зачин делува како и ибупрофенот против болките во зглобовите.

микс

Јаглехидрати

инот од нив ги поттикнува мускулите при процесот на зајакнување.

Протеини

Масти

Секој здрав режим на исхрана би требало да содржи три нешта: јаглеродни хидрати (како гориво за вежбањето), протеин (за обнова на мускулите), и масти (за да ве држат сити). Начинот на кој ќе ги распоредите грамовите меѓу нив три е она што ја прави разликата. Калориите подолу се однесуваат на жена со 68 килограми, висока 163 см. на возраст од 28 години.

ати др хи и ри

протеин 20% -630 кал 0 42 .

ни род ле јаг

20% протеин 280 калории

20% протеи 15- калор н ии 2 500 6

за слабеење

1.400 кал. дневно (за намалување од 450 до 700 гр. неделно)

ти

хидрати

+ FYI: Истражувањата покажаа дека внесувањето на помалку од 20% масти во исхраната може да го зголеми ризикот од повреди.

За сила

2.100 калории дневно (тренинг 1 час дневно)

50% јаглеро 45д н 1.0 945- 50 кал и о

55% или пов 50е 5 калори ќе 1.37 и

2.500 калории дневно (тренинг до 1.5 час дневно)

ти % мас -30 30 калор 5 ии 6 2 042

асти %м 25 калории 0 35

глеродни х и % ја 55 0 калории дра 77

+ FYI: Го забележувате зголемениот процент на протеини? Тој е круцијален кога е силовиот тренинг во прашање.

асти %м 35 лории 0 ка 25 за издржливост

Подобaр метаболизам

+ FYI: Сакате да ја задржите постигнатата тежина? Ако вежбате во умерен ритам 30 минути дневно, доволни ви се 1.700 калории за да стигнете до целта.

на гладот по тренингот без да ги загрозите килограмите.

ќе ви овозможи поголема истрајност со помалку труд за време на тренингот.

со протеини кои ги согоруваат мастите, а воедно содржи големо количество растителни влакна.

Runger (Running hunger) или во превод гладот по трчањето ја опишува несовладливата желба да се нурнете во сета храна на светов по долго трчање или по интензивен тренинг. Скротете го со оброк кој содржи барем 15 грама протеин. (Внимавајте: калориите од оброкот не се бонус, тие се дел од вкупниот број калории на дневно ниво.) • мај 2015 • UNIQUE 119


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.