• Здрава кожа
Fresh Colors
БРОЈ 67, јули 2015 · 35 ден
Витамин Б2, Витамин Б6, Витамин Б12, Витамин А, Витамин Ц и Цинкот придонесуваат во одржување на здрава кожа.
• Здрава коса
Витамин А и биотинот во Мерц Специјалните Дражеи придонесуваат за одржување на здрава коса.
Тоновите со кои треба да се шминкате сезонава
• Здрави нокти
Цинкот кој се содржи во Мерц Специјалните Дражеи придонесува во одржување на здрави нокти.
Santorini
Достапна симбиоза на синила
БРОЈ 67 јули 2015
HeForShe Мажи во здолништа во име на женската рамноправност
Joan Smalls
Црномурната манекенка ги крши предрасудите во модниот свет
Анти масни бомби
Специјално од Мерц Фарма, Германија Ексклузивен застапник за Македонија: ЕВРОПА ЛЕК ФАРМА Јадранска Магистрала 31, Скопје 02/2786-074 | www.elpharma.com
Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана.
Формулата на дизајнерите за пролет/лето 2015
Храна што ги разградува мастите јули 2015 35 ДЕНАРИ
ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО
ЗА ЖЕНИ - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА
2015
Bue
Згоден дечко на месецот
Голем едиторијал
unique за претходниот
Да раскинам или не?
62
Мејкап едиторијал
44 68
62 задолжително прочитајте 20 #HeForShe Кога мажите ќе ги поддржат жените
Стилски летни равенки
28
Интервју Ксенија Николова
Најдобра 32 Joan Smalls – Високи чекори кон успехот
91 Водич за етикеција на модерните дами
LIVING
34 Прескокнете ја временската замка
94 Дискутираме здравје
39 Santorini симбиоза на синила, одисеја за зајдисонцето
38 На вашето пријателство му е потребно ресетирање
98 Формула за витко тело
81 Мејкап потези на професионалците
86 Исповеди Нешта што не ги признаваме за свадбите
74 Најлесниот летен мејкап досега
117 Летен астролог Што ви носат ѕвездите за жешкото лето на плажа? 8 UNIQUE • јули 2015 •
42 Додајте на верност
Beauty
72 Згаснете ја жедта
78 Туш – совршени линии 80 SPF
ТИ И ТОЈ 83 „О“ зони
96 Моќта на водата
101 Што се случува таму долу? 104 Малку сте расеани? 108 Што да јадете додека патувате? 110 Cheesecake со боровинки и лимонада со ѓумбир 113 Анти масни бомби 116 Борбен бршлен
Ах, колку само ми ја погодивте темата за раскинувањата. Во on/off врска сум неколку години со момче кое навистина ми значи, но имаме разлики кои е невозможно да ги надминеме. Сепак, некако постојано раскинуваме и секогаш патот повторно ме води до него. Би сакала да не е така и да можам да го прекинам тој маѓепсан круг, но ми се чини неизводливо. Едноставно ме измачува тоа што немам одговор: На што сум? Ивона, on/off
Без патоказ за храна Целиот свој живот сум на диета и постојано водам борба со килограмите. Бидејќи 8 часа сум на работа, половина од денот го минувам надвор од дома и имам навистина голем проблем при изборот на храна. Одредени оброци многу бргу ми стануваат здодевни, а и покрај огромниот хамбургер на кој ќе му се предадам, за 2 часа повторно сум гладна. Ветувам дека ќе се придржувам до вашиот водич за улична исхрана бидејќи во моментов такво нешто ми е навистина непотребно. Секогаш гладна
Дали сте знаеле дека...
lllll 44% од девојките кои биле жртви на сексуална злоупотреба имале под 18 години? Контактирајте нѐ на:
contact@uniquemag.mk
За да се пронајдеш себеси, прво мора да се изгубиш
Francescs Miralle
a n o l e c r Ba es Blu
„See You Again," Wiz Khalifa & Charlie Puth „Want to Want Me," Jason Derulo „Shut Up and Dance," Walk the Moon „Бев воодушевена од богатиот Miralles - авторот, вљ разговорот со Francesc убеник во музиката“
Човекот кој ја обожува музиката, ги сака ексцентричните ликови околу себе и ужива во добро литературно парче. Седнавме на масата на вистината со авторот на романтичните дела за осамените „Љубов со мали букви“ „Најубавото место на светот е тука“ и „Посакувам да си тука“. Francesc Miralles на македонската книжевна сцена настапи со уште едно извонредно парче наречено „Барселона Блуз“. Разговаравме за книгите, музиката, самотијата и луѓето: „Барселона Блуз е приказна Најубавото место за еден многу осамен човек на светот за кој работев. На патот кон е тука дома ми ги раскажуваше своите животни приказни, изгубен во своите книги, жените, неколкуте пријатели и градот. Тоа е приказна за еден постар човек кој се обидува да го разбере животот.“ Вели дека самотијата е неизбежен двигател на секое дело. „Многу е моќно кога раскажувате приказна за некој кој е осамен и 12 UNIQUE • јули 2015 •
Најжешките хитови за најжешкиот период во годината - од Топ 100 листата на магазинот Billboard ви ги претставуваме најактуелните 10:
кој самиот се обидува да ја најде смислата на животот. Затоа моите ликови секогаш завршуваат со други осамени ликови.“ Љубов Значењето на музиката за со мали букви Francesc Miralles е енормно, а тоа може да се забележи по неговите дела. Книгата Барселона Блуз е структурирано од повеќе делови исто како блузот. Песната „Wish You Were Here“ од Pink Floyd е појдовна инспирација за истоимената книга. „Секоја моја книга има своја музика. Јас ја сакав музика уште пред да почнам да се занимавам со пишувањето.“ Пишува во тишина, но секогаш чита придружен со тивките звуци на гитара. Во своите ликови често пресликува и свои карактерни црти, но и на луѓето Посакувам од неговата околина „Ги земам да си тука особините на луѓето кои ги сакам, со кои работам, на кои им се восхитувам.“ Најубавото место на светот за него е секогаш променливо. Денес беше Скопје, а утре - кој знае.
„This Summer's Gonna Hurt," Maroon 5 „Trap Queen," Fetty Wap „Hey Mama," David Guetta, Nicki Minaj & Afrojack
„Honey, I'm Good," Andy Grammer „Cheerleader," OMI „Pretty Girls," Britney Spears & Iggy Azalea „Like I Can," Sam Smith
UNIQUEyounique
Анимиран филм
Мистерија
Minions
Irrational Man
Развивајќи се од едноклеточни жолти организми уште од почетокот на времето, малите minions имаат една цел во животот: да му служат на најзлобниот ум на сите времиња. Дејството на филмот започнува со потрагата по нивната цел, па го следи патот на малите жолти суштества и нивните неуспешни авантури со господари како T. Rex и Napoleon. Поради неуспешната потрага, паѓаат во голема депресија. Но, Kevin, заедно со Stuart и Bob, заминува во New York каде ја наоѓаат Scarlet Overkill – еден од најзлобните ликови во светот, а воедно и мајка на Gru. Sandra Bullock, John Hamm и Michael Keaton ги позајмуваат своите гласови за овој анимиран филм чија премиера е закажана за 09.07.2015.
За оние кои ги сакаат комплицираните мисли, нерационалните филозофии и прекрасната филмска музика која ги придружува филмовите на Woody Allen, Irrational Man е уште една чудна приказна која ќе ве подзамисли барем час и половина. Во главните улоги се јавуваат Joaquin Phoenix, Emma Stone, Parker Posey и Jamie Blackley. На универзитетскиот кампус во мало гратче во САД, професорот по филозофија Abe Lucas доживува егзистенцијалистичка криза. Но, открива нова смисла во животот кога ќе се впушти во врска со една од своите студентки. Премиерата на филмот во кино салите е закажана за 17.07, а филмот веќе се прикажуваше на филмскиот фестивал во Кан во 2015.
Документарен филм
Amy
90 минутниот документарен филм на режисерот Asif Kapadia се состои од досега невидени снимки од 6кратната добитничка на Grammy и нејзината приказна раскажана со нејзини зборови. Amy Winehouse почина од преголема доза алкохол во јули 2011 година на само 27 годишна возраст. Овoj неверојатно модерен, емотивен и важен филм кој зборува за еден млад лик, за периодот во кој таа работела, одлично го портретира духот на времето и светот во кој живееме, преку очите на една фасцинантно проблематична уметница. Филмот портретира како медиумското внимание, комплексните врски и глобалниот успех може да влијаат врз една толку талентирана и изгубена душа. Премиерата е закажана за 03.07.2015.
ТВ серија
Masters of Sex Драмата за пионерите во науката за човековата сексуалност после 2 сезони, повторно се враќаат на малите екрани. Видовме експерименти, врски, бракови, трикови, секс и прељуби. Овој пат, екипата на тв серијата Masters of Sex, составена од Michael Sheen и Lizzy Caplan ни подготвува уште поконтроверзно издание на најконтроверзната тема. Навидум, дејството е фокусирано на сексот, но всушност станува збор за приказна меѓу двајца луѓе со ист интерес. Во 3та сезона на серијата се приклучува и Josh Charles, а дејството е сместено во 1965 година, непосредно пред сексуалната револуција. Премиерата на серијата е закажана за 12.07.2015
• јули 2015 • UNIQUE 13
UNIQUEнајдобра
HeForShe на глобално ниво
#heforshe Можеби е време да престанеме да зборуваме за правата на жените како одвоени од човековите права. Ако можат мажите да излезат на улица во фустани и здолништа само за да ги поддржат жените, светот има добар изглед.
земји во светот каде е најголема веројатноста вашиот претпоставен да биде жена
20 UNIQUE • јули 2015 •
H
икогаш не сум била голем фан на ултра кратките фустани и здолништа и секогаш сум внимавала она што го носам да биде соодветно, но се чувствувам згрозено, кога и покрај тоа, секое облечено
59,3% Јамајка
здолниште е придружено со волчешки лиги или скокови на млади мајмуни. Голи нозе и здолништа се храбар избор на облека за студено февруарско утро, но тоа не спречи 15тина мажи да маршираат вака облечени во центарот на Истанбул. Не стануваше збор за некоја бурлеска која треба да ве насмее и разведри, туку протестен марш за отворање на
53,1% Колумбија
52,3% Санта Лучија
очите на јавноста за насилството врз жените во Турција. И нормално, потребен е пламен за да се разгори оган. На 11 февруари, на враќање кон дома, 20 годишната студентка по психологија Ozgecan Alsan беше брутално убиена, запалена и закопана во шума, од страна на возач на минибус во кој се возела, откако дала отпор кога тој сакал да ја силува. Случајот на младата
47,6% Филипини
UNIQUEнајдобра
девојка е споредуван со оној во 2012 година во Делхи, кога група од 6 мажи силуваше и уби 23 годишна девојка во автобус. Бесот од ваквите монструозни дела ги поттикна храбрите мажи во Турција да ги наполнат улиците на Истанбул и да пренесат порака дека она што се случува со жените е сериозен глобален проблем. Навистина конфузно е да најдете статистички податоци онлајн кои ќе ви ја расветлат вистинската бројка на сексуално злоупотребување од само две причини. Прво, многу е поголем бројот на случаи кои остануваат непријавени. Второ, силувањето не се води под иста дефиниција во сите земји во светот. Американската организација за борба против сексуална злоупотреба RAINN изјави дека 59% од силувањата од 2000 до 2005 година не се пријавени. Секако, многу мажи ќе ви кажат дека начинот на кој жените се облекуваат, зборуваат и одат ги
8 mapt Интернационалниот ден на жените во Авганистан овој март беше прославен со 20 мажи кои маршираа по
47,4%
Панама
46,2
Белорусија
провоцира (очигледно недоволно еволуираните мажи кои не можат да го контролираат својот животински инстинкт) па тоа е на некој начин нивна одбрана за она што го сториле. Но, храбриот потег на овие благородни мажи е уникатен начин на кој сакаат да ја разбудат свеста и да дадат до знаење дека носењето здолниште во ниеден случај не е зелено светло за дивеење со друго човечко суштество.
Понекогаш сум ужасната од големиот број странски спотови на некои од најголемите актуелни ѕвезди во музиката поради експлицитната голотија која ги бои тие „уметнички дела“. Ајде да се обидеме вака: ако Nicki Minaj го покаже потполно голо своето тело на екраните, дали ќе се презаситиме и ќе ни стане сеедно дали е гола или облечена? Зарем не треба претераната
голотија и изложување на женското тело да ги засити гладните апетити на некои мажи во светов? Во истиот момент кога мажите излегоа на улица, веста излезе на интернет. Илјадници фотографии со мажи во здолништа беа споделени користејќи го хаштагот #ozgecanicinminietekgiy (облечете мини здолниште за Ozgecan), а амбасадорката на жените во целиот свет, прекрасната Emma Watson од петните жили на својот Twitter профил ги поддржа турските мажи. И секако, ќе се прашате што постигнаа? Можеби до сега, воопшто не сте ни слушнале за овој случај. Сепак, никој не е сигурен дека ова ќе доведе до огромна промена. Дали протестот доби внимание? Да. Дали ја подигна свеста кај народот? Можеби. Мажите кои протестирале, изјавиле дека добиле добиеното внимание направило да се чувствуваат непријатно, но дека тоа не е ни ронка од
она што жените секојдневно го доживуваат. Дали се случи некоја квалитативна промена? Не. Сепак, ако можела Alice Paul неуморно да се бори против сексуалната дискриминација и правото на глас во 1915, што нѐ спречува нас денес? Кој знае, можеби за 50 години од сега, вредноста ќе ни биде признаена. Но, можеби вака ќе се разбудат сите мажи кои се плашат да не случајно бидат потчинети од страна на било која жена, па со сета своја сила се трудат да ја омаловажат. Можеби ќе ги соблечат совршено скроените костими и вратоврски зад кои се кријат и ќе дигнат глас да ги подржат жените, да сфатат дека половата еднаквост не е преземање на местото на мажите во светот, политиката, семејството, туку само уште една глава која размислува, уште едно човечко суштество кое дише, уште една перспектива на нештата наоколу, уште еден скелет меѓу многуте.
улиците на Кабул во знак на поддршка на авганистанските жени. Можеби ќе се изненадите, но иако сме преплавени со вести дека во Индија и Јужна Африка секојдневно има бројни силувања, едно е сигурно – само затоа што
нешто не знаеме, не значи дека не се случува. САД се лидери на листата на најголем процент на сексуална злоупотреба на жените. Во Шведска податоци од 2010 година покажуваат дека на секои 100 000 жители има 63 силувани жени. Некои 50 + годишни мажи имаат по неколку 14 годишни жени кои секојдневно ги малтретираат, други силуваат и убиваат затоа што им раскинале или заминале со друг. Трети пак убиваат само затоа што нема да им се препуштат доброволно. Секој со своја причина. Реалноста е следна - мажите многу често не се свесни дека не
ги подржуваат жените во своето опкружување. Жените бараат ист третман. Не во поглед на тоа кој ќе управува со мотиката или пеглата или мажите да почнат да раѓаат деца. Не. Целта е вреднувањето да го искачиме на повисоко ниво. Дека животот на жената е подеднакво важен како и на мажот, дека родителската одговорност е поделена, дека изборот на колата и куќата треба да е согласен и дека кариерата на едниот е подеднакво важна како кариерата на другиот. И дека ова мое мислење како девојка, не е помалку вредно од она на било кој друг новинар.
Поход за исход
45,7% Латвија
44,8% Гватемала
44,4% 44,1% Бахами
Молдавија
• јули 2015 • UNIQUE 21
UNIQUEинтервју
Сите емотивни маски на
KCEHиJA Пишува Ивет царо емавме листови хартија од Unique и заедно со талентираната и бунтовно кротката млада авторка Ксенија Николова ги раскажавме идиотските приказни за љубовта, душата, професијата нудист и осаменоста. Eлегантна и Грациозна, неверојатно пријатна и ужасно емотивна. Нејзините емоции се забележуваат во гласот, во движењето на телото. Ја прашав дали е неопходно луѓето да имаат маски, а таа замислено ми одговори: „Тоа се емотивни маски. Јас немам такви маски. Кога имам емоција, тоа го кажувам и за тоа луѓето знаат. И не почитувам луѓе кои бегаат од своите емоции.“ Невозможно е да не заталкате во нејзините сини очи, но талкањето на својата душа, кое отворено го признава, ќе ве остави уште позачудени и воодушевени. „Сѐ уште не знам точно која сум. Мислам дека се градам и се барам себеси како и сите млади луѓе, претпоставувам. Сум доста скромен, нормален човек и не тежнеам кон некакви идеали, кон некоја посебна приказна. Работам на својот карактер, само на оние особини кои можам да ги сменам како трпеливост, упорност, труд, разбирање. Се трудам да бидам што поотворен човек за разбирање на 28 UNIQUE • јули 2015 •
Си бил еднаш еден град во кој живееле многу луѓе... Секој граѓанин задолжително поседувал две, три или повеќе маски во својот орман, менувајќи ги во зависност од околностите...
останатите луѓе.“ Во нејзиното второ книжевно дело „Идиотски приказни“ бев трогната од обидот да ја разголи љубовта и да ја направи достапна и за најплитките. „Љубовта е многу важна во мојот живот затоа што сум доста емотивна. Се наоѓа во различни форми. Ја имам љубовта од семејството и пријателите, ја имам и онаа романтичната љубов. Порано, некако не ми беше толку важна. Но како што созреваме, така сме поскептични и поосамени и сфаќаме дека несомнено е важно да имаме човек покрај себе кој го сакаме, кој го љубиме искрено. Јас не би можела да бидам со човек кој не ме исполнува потполно.“ Помалку гневна на идеалот за првата, а неверојатно оптимистична во поглед на вистинската љубов, во разговорот за појавата на љубовта повеќепати во животот на еден човек, ми одговори: „Таа прва љубов е многу преценета. Сите зборуваат за таа една голема љубов, а ние многу често сме слепи пред нештата кои се убави и важни, но од почеток ги омаловажуваме затоа што веќе ни се случила таа голема љубов. Да била вистинска љубов, немало ни да заврши. Таа што завршила, на крајот не била ни толкава љубов. Зборуваме за она што ќе трае, што ќе биде вистинско и ќе го победи и времето и се останато. Може да биде и 13та и да биде вистинската.“ Затоа веројатно, несомнено би ја одбрала љубовта исполнета со страст. „Познавам луѓе кои би го направиле спротивното. И тоа не е погрешен избор. Сѐ зависи од човекот, сѐ зависи од тоа со што можеш да живееш. На некои луѓе страста не им е неопходна. Јас секогаш би ја избрала страсната љубов.“ Сепак, за да ја препознае искрата вели дека ѝ се потребни само неколку минути. „Верувам во љубов на првиот контакт. Најчесто кај мене е така. При првиот контакт знам дали ќе има нешто, дали нешто може да се направи или не.“
• јули 2015 • UNIQUE 29
прескокнете ја
временскaтa
замкa
34 UNIQUE • јули 2015 •
Сонувате денот да траеше подолго? Зошто, премалку се забавувате? Возможно е да го надитрите распоредот и да ги добиете минутите резервирани за корисно безделничење.
UNIQUEнајдобра
Д
али и вам ви е потребна цела недела да организирате кафе со пријателките? Без оглед што на располагање ги имаме социјалните мрежи и паметните телефони, договарањето обично се сведува на долгометражна дискусија од која ќе дознаете сѐ што има да се дознае. Колку теми ќе се сменат пред да се сретнете во живо? Но, дали проблемов навистина се сведува на нашиот недостиг на време или се научивме густиот распоред да го користиме како изговор за да висиме на FB? Ќе тргнам од себеси...денот сериозно посакувам да беше подолг, бидејќи кога ќе станам наутро и ќе направам план за сѐ што сакам да остварам дента, голем дел од активностите остануваат непречкртани. Интересно е тоа што во едно истражување (на Direct Line) се вели дека на човекот му се потребни 6 часа и 59 минути да се излежува. Хм, бројкиве се невозможна мисија! Со толку сло-
1 чекор
бодно време располагавме само на летен распуст. Но, пак ќе кажам дека ситуацијава немаше да биде толку сериозна да не беа паметните телефони кои овозможуваат приклучок 24/7. Проверката на поштенското сандаче и ѕидот на FB станаа вистински цицачи на време, сакале вие да го признаете тоа или не. Авторот на делото Overload!, Jonathan Spira, откри дека трошиме половина час само за да ги избришеме непотребните пораки. Тој вели дека две третини од вработените се соочуваат со недостиг на време, а минатата година работните отсуства како резултат на стрес и депресија пораснале за 24%. Време е да заземеме став и да му се спротивставиме на густиот распоред. Време е да се фокусираме на нештата што ни се важни и што нѐ усреќуваат. Како? Качете се на нашата временска машина за да ги вратиме загубените минути, часови, денови...
РАБОТИ ПОМАЛКУ, ПОСТИГНИ ПОВЕЌЕ Факт: Исполнет живот водат луѓето што прават активности што ги сакаат. Како пријателот на мојот сопруг, иако работи, успева да ги остварува своите подвизи со велосипед. Последно што чув е дека го обиколил цело Охридско езеро. Безделништвото не подразбира мрзеливост и целодневно излежување во кревет (не дека е грев да имате и такви денови), туку клуч за живот со добро окружување. Имајте ги овие бенефиции на ум секогаш кога се мислите дали да си заминете од работа на време или да останете минута плус.
ЌЕ ГО ДОБИЕТЕ УНАПРЕДУВАЊЕТО Дополнителните работни часови не ве прават посветен и ефикасен вработен. „Во денешно време, претпоставените го гледаат резултатот без оглед колку време ви требало за да го постигнете. Прекувремените работни часови можат да бидат лош знак - слаби сте кога станува збор за временска организација,“ вели Karen Meager, психотерапевт и автор на Real Leaders For The Real World.
ЌЕ БИДЕТЕ ПОЗДРАВИ Работењето во доцните вечерни часови и за викенд го зголемува ризикот од стомачни болки, главоболки, проблеми со мускулите и кардиоваскуларни потклекнувања, се вели во германската студија во која биле вклучени 57.000 вработени низ цела Европа (студијата беше објавена минатата година во Chronobiology International). На телото му е неопходен период за релаксација, за да закрепне од работата и стресот. Доколку тој период не го обезбедите, се изложувате на ризик од коронарни срцеви заболувања и мозочен удар.
ЌЕ СТАНЕТЕ ПОКРЕАТИВНИ „Најголемата инспирација доаѓа најнеочекувано,“ вели Mark Cropley, професор по психологија на University of Surrey и автор на The Off Switch. „Невозможно е да ја форсирате креативноста, напротив, паузата од работата може само да ја поттикне. Неопходно е да се повлечете за мислата да протече.“ Се согласувам, бидејќи кога не можам да смислам наслов или реченица станувам од компјутер и најчесто решението го смислувам во тоалет, сериозно!
ЌЕ СТАНЕТЕ ПОПРОДУКТИВНИ Дали работењето помалку навистина ќе ве направи подобри на работа? Да, вели професорот Cropley. „Ако сработите повеќе од 50 часови неделно, вашата продуктивност ќе опадне.“ Концентрацијата е како мускул, неопходен му е одмор за соодветно да функционира и не смеете да го прегреете. Истражувањата покажуваат дека најпродуктивните луѓе работат по 52 минути, а потоа паузираат 17 минути.
ЌЕ БИДЕТЕ ПОСРЕЌНИ Помалку време врзани за бирото, значи повеќе време за дружење со партнерот, спортот или било која активност што милувате да ја правите. Токму така изгледа патеката (без пречки) до среќата. Нема човек што се жали дека има премногу слободно време и дека премногу ужива во животот, напротив, пренатрупаноста со работа и одговорности се најчестиот проблем на младите ненашетани генерации.
• јули 2015 • UNIQUE 35
UNIQUEнајдобра
Попрaвете јa штетaтa Потпaлете јa предигрaтa
ДоДaјте нa верност ...
...или можеби лојалност, доследност, љубов, страст - што ѝ недостасува на вашата врска? Всушност не е ни важно, бидејќи овие 10 совети креираат цврст сојуз.
5 Ќе излезам да се прошетам Научно е докажано дека на човекот му се потребни дваесеттина минути за да се стабилизира после конфликт. Обично едниот конфликт води кон друг, се скаравте дека не ја собрал
1 Дојди да те прегрнам Јавно изразете ги своите емоции за максимум ефект, но бидете суптилни. Француските бакнежи резервирајте ги за дома, а прегратките за на тротоар. И тоа стартувајте рано, бидејќи утринската прегратка е одличен сојузник против стрес. Таа го намалува крвниот притисок часови после разделбата. 2 Да каснеме па ќе се караме Излеговте на вечера, а вие едвај чекате да стартувате со онаа познатата: „Треба да разговараме...“ Аман причекајте барем да стаса јадењето, ќе ви се исплати. Студијата на Ohio State University откри дека двојките се помалку рационални кога нивото на крвта им е ниско (читај: кога се гладни). Усреќете го стомакот, тој ќе ве одведе во спална наместо на обвинителна клупа. 3 А наместо во спална, да појдеме во лифт? Студијата на University of Montreal откри дека 82% од жените фантазираат за секс на некоја неконвенционална локација – хм, која е вашата? Соберете храброст и исполнете си ги фантазиите. Адреналинот што ќе го почувствувате во тие секунди или минути ќе ве прати и деновите потоа, небаре со недели консумирате афродизијак. 42 UNIQUE • јули 2015 •
После десерт, кој е расположен за кавга?!
4 Уште една чанта??? Мажите не штедат кога сакаат да нѐ импресионираат со материјални добра, добро кој колку може да си дозволи, но сепак во поголемиот број случаи подароците се ексклузивни во однос на заработувачката. Навистина жално, ако се земе во предвид фактот дека жените повеќе им се радуваат на искуствата. Материјалните изненадувања, изненадувачки, но се скромно прифатени во однос на билетот за концерт. Следниот роденден, подарете му на партнерот искуство (патување, билет за концерт, натпревар, кино) порано или подоцна тој ќе го следи вашиот пример. Сите среќни и овците на број.
масата после јадење, за да завршите во минатото кога сам замина на одмор, а некаде помеѓу се појави и мајка му која одбива да ви помага околу децата. Но, сега кога веќе знаете дека за само 20 минути ќе се вратите свежа и расположена, што ќе сторите? Нема потреба да ви кажуваме каде е вратата, нели?
6 Да пуштам музика и ќе пресметаме Како да го убедите партнерот дека нема да умрете за јадење (мажите обично се сигурни играчи кога станува збор за расфрлање со пари) ако појдете на одмор во јуни и септември? Пуштете романтична, емотивна музика во позадина и стартувајте го говорот. Sam Smith можеби? Знаете ли дека емотивната музика го зголемува окситоцинот (хормонот што ве поврзува) за 20%? Студијата во Psychological Science откри дека на овој начин се зголемува довербата меѓу партнерите во услови кога треба да се донесе финансиска одлука, истовремено се намалуваат шансите за кавга. 7 Ајде да скокаме банџи?! Авантуристичките подвизи во двојка ќе ве зближат, тука мислам на скијање на вода, качување по карпи, банџи, летање со падобран. Верувам дека заклучивте дека ви е потребна активност што малку ќе ве подисплаши и ќе ви го покачи адреналинот. А зошто? Споделениот кортизол (хормон на стресот) од кој ќе ви се препотат дланките, потсетува на раната фаза на сексуална привлечност, поттикнувајќи ги двојките да се чувствуваат поблиски, се вели во истражувањето на Claremont Graduate University.
Испотете се заедно, истрајте подолго
Пробајте Шансите да истраете во некоја физичка активност се 90% поголеми кога вежбате во двојка. Споделената цел ќе ја одведе врската ниво погоре.
Бидете тим Спортската победа го покачува нивото на тестостерон кај жените за 20%, а тоа значи повисоко либидо. Во случајов, имаме двајца победници.
Додадете на тежина Тренингот за сила (дигање тегови) во период од 12 недели им влијае на жените позитивно да го доживеат своето тело.
Мартин
Целта ми е на секој натпревар или тест, да си го подобрам своето најдобро време. Така ги поместувам своите граници
Стефановски
T
ој е професионален спортист кој со своите 25 години ги поставува границите на пливањето во Македонија. Мартин Стефановски е спортист кој цели кон ѕвездите. Цврсто и без конкуренција го држи рекордот во пливање на Македонија во дисциплината 50 метри слободен стил и моментално се подготвува за универзитетските игри во Јужна Кореја, а работи и на обезбедување норма за Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016. Нема многу слободно време помеѓу 10те пливачки и 6 кондициони тренинзи во неделата, но тоа не го спречува да ги турка своите граници. Ужива да го минува времето со девојката и пријателите и тие му се најголема поддршка. Мартин вели дека ужива да работи со деца и со задоволство го пренесува своето знаење, па затоа во моментов работи на еден проект – летна пливачка школа за деца од 5 до 15 години под името Aqua – Pro. Човек со многу квалитети.
Локација: Базен „Борис Трајковски“ Фотографија: Ани Дими
44 UNIQUE • јули 2015 •
Faces of Summer
Модел: Вера Хаган / Модна Агенција: Star Sistem - Paris / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотографија: Ани Дими Асистент: Кристијан Теодоров / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Адо Мурис – Хамзиќ - Hairdo салон / Локација: Хотел Romantique - Велес
UNIQUEfashion
Модерен Woodstock Во сезоната на фестивалите, се враќаме кон основите - бохо шик.
2015
Тренд
x2
Елеганција и остри линии или лежерно бохо? За сите прилики, за секоја девојка. Со реси, гладијаторки и интересни цветни принтови или софистицирани и секси комбинации?
54 UNIQUE • јули 2015 •
UNIQUEfashion
Femme класика Светли, пастелни тонови со ефект на камелеон. Летно освежување.
Модел: Елена Трпковска / Модна Агенција: Моделс Ин / Стајлинг: Милена Танаскоска / Асистент: Емилија Палашева / Фотографија: Ани Дими / Шминка: Глигор Бадев / Фризура: Михаил Тодоровски - Сашо и Мики Ексклузив
• јули 2015 • UNIQUE 55
Модел: Сандра Цветкова Шминка: Зоран Шурбевски
Тенот во фокус
Минималистичкиот мејкап останува во игра и оваа сезона како главен адут на природната убавина. Фокусирајте се на тенот, измазнете го до совршенство со лесна пудра и со еден потег истакнете ги јаболкцата. Дајте им влажност на усните со балсам или кармин во нежна, транспарентна нијанса на розово, за усните да ги прекршуваат зраците светлина секогаш кога ќе застанете под агол. За трепките е доволен само еден слој маскара, под услов веѓите да се исчешлани и задебелени. 68 UNIQUE • јули 2015 •
Мејкап артистот Зоран Шурбевски, креираше четири автентични изгледи фокусирајќи се на летните, свежи тонови во палетата. Кој да го преземете? За почеток, водете се според адутот на лицето што со задоволство би го истакнале. Ако имате чиста и здрава кожа, одете на варијанта минимализам; ако имате чоколаден тен, а не преферирате многу шминка во лето, истакнете ги јаболкцата со бронзер; крупните очи се создадени за сенчање; големите усни заслужуваат интензивна боја!
Јаболкцата, главен адут
Летото е период кога бронзеното руменило се искачува на врвот на мејкап листата. Сосем оправдано, бидејќи комбинацијата од сончан тен и бронзен прелив на јаболкцата делува подеднакво свежо и за преку ден и за навечер, иако истата подразбира минимален труд. Зоран Шурбевски го надополни овој must have летен мејкап со интензивни портокалови усни, минимално нагласени трепки (решете се од вештачките) и топла златеста нијанса на капаците. • јули 2015 • UNIQUE 69
UNIQUEти&тој
Нештата
што не ги
86 UNIQUE • јули 2015 •
UNIQUEти&тој
Мислев дека свадбата е наменета за гостите Раскажува: Ирена Гроздановска
Свадбата е успешна ако вие и партнерот се забавувате.
аме в а н з при
за свадбите
Иако не постои правило како треба да се чувствуваме во врска со големиот ден.
M
инатата година, имав прилика одблиску да посведочам како се подготвуваат две дијаметрално различни свадби. На едната закачалка висеше раскошен фустан како од бајките, додека на другата обичен, прав фустан во бохо стил. Првиот го скрои домашен дизајнер и чинеше 30.000 денари; вториот пристигна од Англија (другарка ми си го порача од asos.com) и чинеше само 1.200 денари. Првата свадба беше традиционална, целодневна тортура што стартуваше кај момчето, продолжи кај невестата, потоа следуваше регистрација во матично, венчавка во црква и на крај исцрпени требаше да се забавуваме до полноќ. Но, кога на едно место ќе видите двајца заљубени луѓе и млад свет што се топи во името на нивната среќа, адреналинот ќе се дојде сам по себе (ќе се веселите и без капка алкохол). После 6 месеци следуваше свадбата на другата моја најдобра другарка (имам уште само една, толку сме три). Тоа беше опуштена веселба што стартуваше и се одвиваше на
едно место. Свежи и одморени се забавуваме подеднакво енергично (како во првиот случај) но некако сѐ заврши за миг, на сите како да ни недостасуваа уште 2-3 часа дружба. Со свежи сеќавања во главата за сите детали и нервози низ кои поминаа невестите, одеднаш се најдов себеси пред истиот предизвик. Годинава ја дочекав со прашањето: Дали вреди да вложам толку многу енергија за еден ден? А каква свадба да направам јас? Кога ги ставив на кантар двете свадби од погоре, втората натежна како поедноставна за организација, поевтина, со помалку нервози и за себеси и за инволвираните. Сфатив дека нема резон да се потрудам да ги оставам гостите со подзината уста (негативните коментари се неизбежни) затоа решив дека ќе се потрудам максимално да се забавувам низ целиот процес, од подготовка до реализација. Дали ми успеа? Што излезе на крај? Отсекогаш ги исмејував оние девојки кои плачат ако фустанот не им излезе како што треба, што фрлаат пари за покани • јули 2015 • UNIQUE 87
UNIQUEти&тој
што секако ќе завршат во канта и што земаат кредит за да поканат сѐ живо и диво. Но има еден феномен што ќе ви се случи во моментот кога ќе треба да бидете невеста. Едноставно ќе сакате да имате сѐ (од декорации за дома до бонбони за со тортата), a Pinterest ќе се погрижи да не се задоволувате со просечното (секоја чест на исклучоците). Вториот феномен е вистината што ќе ја сознаете откако свадбата ќе заврши, покрај лошите коментари ќе ве потресат подароците како албум од aliexpres.com или стара, пожолтена постелнина извадена од архивата на плакарот (а вие се срамевте да одите на поевтината варијанта на порција со две меса) и тоа што во целиот хаос и гужва никој не забележа дека на реверите на сведоците виси природно цвеќе. Освен нервозите со моите дома да ги убедам дека не сакам традиционална свадба со роднини од трето колено што никогаш не сум ги видела, а да и утнатите невестински бонбони, не дозволив ништо друго да ме извади од колосек. Мојата свадба беше микс од свадбите на моите пријателки... носев фустан каков што отсекогаш замислував, купив бурма како оние од странските списанија, но не ги расфрлав парите за покани, китки, специјално осветлување, бидејќи моите одбрани гости ќе се забавуваа да ги однесев и на нива. Посветив два месеци за организација, а уживав и се забавував во секоја минута, небаре сум излегла со пријателките во град. 88 UNIQUE • јули 2015 •
тие сакаа да ја уништат мојата СВАДБА Раскажува: Андриана Трпковска
Не, не е како што претпоставувате.
Го знаете оној момент, сите другари на младоженецот се надеваат дека невестата има убави другарки и обратно. Моите другарки навистина изгледаа прекрасно на денот на мојата свадба, добро, сѐ додека не настапи алкохолот на сцена. Во моментот кога гостите го напуштија мојот дом и се упативме во црква, па сѐ до пристигнувањето во ресторанот, две од нив исчезнаа. Бев премногу збунета, а како директен учесник реално и доста зафатена за да забележам дека не стојат зад мене во црква и дека недостасуваат на фотосесијата во Градски Парк. Но, нивното спектакуларно влегување во ресторанот беше невозможно да не се регистрира. Растурени фризури, шминката стасала под очите небаре цел ден се печеле на сонце, а едната дури го соблекла и фустанот (колку беше убав и скап) и облекла памучна маичка (рамбовка) и долго здолниште со огромна црна флека на левата страна. И додека гостите културно влегуваа и чекаа ред да се сликаат со мене и мојот сопруг, тие играа, буквално се вееја сред
подиум на тивката музика што одеше во позадина. Приредија вистинско шоу и секој што се обиде да ги седне на маса, заврши растегнат во нивниот танцувачки круг. Она што ме растажи во моментот, беше тоа што некои се обидоа да ја искористат ситуацијата за да нѐ скараат. Неколку луѓе (поточно девојки) на уво ми шепотеа дека отсекогаш ми биле љубоморни, дека не можеле да ја поднесат мојата среќа и намерно се трудат да ми ја уништат свадбата и да бидат во центар на внимание. Толку бев нервозна, што не знаев со кого попрво да почнам да се карам, дали со нив (со цел да ги заштитам од самите себе) или со отровниците. Одлучив да не преземам ништо, не беше ни време ниту место да се објаснувам со било кој. Продолжив да се смеам како ништо да не се случува. Свадбата до крај помина во најдобар ред, а моите другарки мислам дека конечно сфатија дека кога се гости носат одговорност за своето однесување. Тактиките за освојување што важат во дискотека, не смеат да важат и на свадба.
UNIQUEти&тој
Доживеавме сценарио: WEDDING CRАSHER Раскажува: Зорица Стојковиќ
Можеби не беше харизматичен како Owen Wilson или Vince Vaughn, но секако нѐ насмеа.
C
вадба правев во ресторанот на хотелот Арка. Регистрацијата се одвиваше на терасата на зајдисонце и оттука ги имам најубавите фотографии. Бидејќи беше топло, гостите постојано циркулираа внатре и надвор, па ни требаше време да забележиме дека однадвор влегол и еден непоканет. Стануваше збор за гостин што отседнал во хотелот, а на снимката се гледа дека цел час се забавува со нас. Неколку пати менува маса, седнува на празно столче додека некој е во тоалет или на подиум. Постојано го вика келнерот и си бара пијалак, а едно време почна и да јаде од чинијата на мојата другарка од факултет. Тоа беше моментот кога се разоткри себеси, бидејќи кога се служи вечерата сите гости седнуваат на свое место, а тој испадна вишок. Ми пријде еден од келнерите и ме праша каде да го смести гостинот, ми го посочи човекот што прв пат го гледам во животот, додека над него виси мојата другарка и го моли да ѝ стане од местото.
Помислив дека се работи за некој роднина на сопругот, но излезе дека не е така. Сакав лично да му пријдам и да го прашам што му е намерата? На тоа, тој само ми се насмеа, ми крена чаша за да наздравиме и ми честиташе (беше пијан). Стана кога конечно келнерот му се закани дека ќе повика обезбедување. Некако ми падна жал, па ја замолив послугата да му ја достави порцијата во соба и онака ја имаше почнато. Имам видео снимка што заслужува да се најде во некоја емисија за најсмешни видео инсерти. Сцената кога тој се фаќа на чело на орото небаре ми е прв роднина, а нема чувство за ритам и не ги знае чекорите, секогаш нѐ смее до солзи. Оние што имале контакт со него, раскажуваа како се жалел дека има многу пари, дека е успешен бизнисмен, но е крајно несреќен и осамен. Навистина не знам дали тоа е вистина или тактика за да ги освои жените (токму како на филм), но знам дека имам нов роднина со кој сме поминале многу лета заедно. • јули 2015 • UNIQUE 89
UNIQUEliving
formula 3a
c
витkо тело
Кога станува збор за исхраната, жените со фит тело не претпоставуваат што е здраво, туку се потпираат на математиката. Уште една новина, тие не бројат калории туку макро-хранливи материи
ценарио: седнувате во ресторан (после 20:00 часот) и без да пребројувате што сѐ изедовте дента, си порачувате пица (голема, само за вас), бело вино и парче торта за десерт. Доаѓа викенд, а вие сте посебно расположени, бидејќи вагата ви потврди дека сте ја намалиле телесната тежина и не само тоа, мускулите на кои работите последните 6 месеци, почнаа да се познаваат. Во моментот кога ќе престанете да ги пребројувате внесените калории и ќе удрите математика на внесените макро-хранливи материи, ова сценарио ќе стане реалност.
Што се макро-хранливи материи? Терминот ги опфаќа трите клучни групи на храна што му се неопходни на организмот за да функционира правилно: јаглеродни хидрати (гориво за енергија), масти (за да ве одржуваат сити) и протеини (за креирање на мускулатурата). Балансираното внесување на овие три не само што ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина, туку ќе ве направи поефективни во согорувањето на мастите и во изградбата на чиста мускулна маса. Многумина во фитнес индустријата својата исхрана (потајно) ја базираат врз макро-хранливите материи, бидејќи калориите се разликуваат (10те калории што сме ги внеле преку мастите, телото ќе ги искористи поинаку во однос на 10те калории што сме ги внеле преку јаглеродните хидрати).
98 UNIQUE • јули 2015 •
UNIQUEliving Кој е вашиот идеален сооднос? „Најдобрата диета е онаа до која можете да се придружувате,“објаснува фитнес инструкторот Russ Howe, чии клиенти постигнале супериорни резултатите пребројувајќи ги внесените макро-хранливи материи, а не калориите. „Овој пристап го намалува искушението во однос на брзата храна и не е досаден.“ „Жените кои не водат сметка за внесените макро-хранливи материи, најверојатно не се свесни од каде потекнуваат калориите што ги внеле,“ вели нутриционистот Emma Rose,
од Fresh Fitness Food. На пример, јаглеродните хидрати не секогаш се непријателот како што тврди Аткинсоновата диета; ако вежбате редовно, тие се есенцијални извори на енергија. Но, ако водите седечки живот, тогаш веќе се проблем. Кога мируваме, телото преферира да ги искористи мастите за да си обезбеди гориво, но се префрла на јаглеродните хидрати во услови на интензивен тренинг. Што значи, за да обезбедиме енергија во летаргичните денови, неопходни ни се повеќе масти и протеини; додека во активните денови препорачливо е да се фокусираме на
јаглеродните хидрати и протеините (бидејќи вишокот масти само ќе се складира за подоцна). За да заклучите кој е вистинскиот сооднос на макро-хранливи материи што му е неопходен на вашето тело, прво треба да сфатите како функционира вашиот базален метаболизам (BMR) – колку енергија во просек троши телото за да ги одржува основните животни функции. Следно, земете го предвид степенот на активност. Пресметката ќе ви открие колку калории ви се неопходни во текот на денот кои ќе ги распределите на
ДОЗВОлЕНИ КАлОРИИ Равенката на Harris-Benedict BMR (базалниот метаболизам) X Нивото на активност = Дневна доза калории BMR = 655.0955 + (9.5634 x тежина во кг.) + (1.8496 x висина во см.) – (4.6756 x возраст во години)
Вашето ниво на активност Малку или воопшто не вежбате, работа врзана за биро:
1.2
Вежбате 1-3 пати неделно:
1.375
Вежбате од 3-5 пати неделно:
1.55
Вежбате од 6-7 пати неделно:
1.725
Макро-хранливи материи стартна количина
Howe советува да се потпрете на 4-4-2 принципот, ако целта ви е да го намалите салото и да ги истакнете мускулите. Водејќи се по дозволената дневна доза калории, лесно ќе ги распоредите. Ако вашата цел е поинаква, пробајте ги препораките на другата страна.
ПРОТЕИНИ Дневна доза калории X 0.4 / 4* = гр.
ЈАГЛЕРОДНИ ХИДРАТИ Дневна доза калории X 0.4 / 4* = гр.
МАСТИ Дневна доза калории X 0.4 / 4* = гр. *1 грам протеин = 4 калории; *1 грам јаглеродни хидрати = 4 калории; 1 грам масти = 9 калории
Штом забележите дека сте ја намалиле телесната тежина, направете нова пресметка – колку помалку тежите, толку помалку гориво ви е потребно. Ќе ви треба нова пресметка и во случај да го смените нивото на активност. Сѐ уште не забележувате резултати? Обидете се постепено да ја намалите консумацијата на јаглеродни хидрати.
СОВЕТ
Не заборавајте да балансирате! Секој оброк треба да се состои од јаглеродни хидрати, протеини и масти. Вечерата што се состои само од протеини, бидејќи ја внесовте квотата на јаглеродни хидрати и масти уште на ручек, нема да пројде.
трите марко-хранливи материи. (Погледнете ја табелата, лево). Како ќе ги искористите расположливите калории зависи само од вас, но да, смеете да каснете пица и да наздравите со чаша вино ако милувате. „Мастите, протеините и јаглеродните хидрати, се процесираат и разградуваат низ различни патишта во телото,“ објаснува Rose. „Но, телото не може да распознае која храна е лоша или добра, распознава само дали се работи за некоја од трите групи.“ Еј, ова не значи дека имате дозвола да консумирате брза храна 24/7 само затоа што соодносот на макро-хранливи материи ви го дозволува тоа. Храната што ја внесувате треба да изобилува и со миркохранливи материи (витамини и минерали присутни во овошјето и зеленчукот) и растителни влакна (присутни во житарките со цело зрно и овесот). „Броењето на макро-хранливите материи не е чудотворно апче што ќе ве заштити 100%, правилото 80/20 сѐ уште важи, а тоа значи дека 80% од калориите треба да потекнуваат од здрави извори на хранливи материи,“ вели Howe. Добрата страна на оваа математика е што ви дозволува да бидете добар стратег и да си дозволите ред чоколада и пица кога и да посакате, дури и секој ден.
Водете сметка
Сакате да ги внесете макрохранливите материи во исхра• јули 2015 • UNIQUE 99
UNIQUEliving
Хиперактивното растројство (ADHD) за кое досега мислевме дека е состојба карактеристична исклучиво за мали деца, рапидно зема замав кај возрасните жени
к
Кристина (името е сменето) отсекогаш била од оние луѓе кои ги туркаат границите на своите можности. Одличен успех во текот на целото образование, учество во студентски организации, активности надвор од наставата, курсеви, пракса за време на студиите и што уште не. По дипломирањето, почна да живее сама и најде работа во својата професија. Успеваше одлично да се снајде во својот тесно набиен распоред. Константно имаше контрола врз својот живот. И одеднаш немаше. На работа, телефонските разговори на нејзините колеги со своите клиенти толку многу ја деконцентрираа што не можеше да оствари ниту еден телефонски повик. Едноставните задачи, како читање еден обичен email, станаа исклучиво тешки. Кога се обидуваше да учи за дополнителните курсеви кои ги беше зела, завршуваше чистејќи ја собата или правејќи торта. Едноставно не можеше да се сконцентрира. Во период од 6 месеци се убедуваше себеси дека е преморена, сѐ додека рутинскиот лекарски преглед не постави дијагноза базирана на претходно поставените прашања за нејзиното однесување и животен стил. На Кристина, 24 ѝ беше дијагностицирано хиперактивно растројство - состојба позната како ADHD (Attention deficit hyperactivity disorder) која се одразува со дефицит на внимание и хиперактивно однесување. Во изминативе 20 години поголемиот дел од странските научни списанија и телевизиски емисии нѐ бомбардираа со информации за ADHD и како ова растројство влијае врз децата, со што стана дел од нашиот секојдневен говор. И некако се навикнавме на деца кои не можат да го задржат вниманието за време на училишниот час, ниту пак да играат една игра со други деца без да настане тотален хаос. Но хиперактивни возрасни? Бројот на дијагностицирани случаи се качува за 20% секоја година, а грубата пресметка е дека 90% од жените кои живеат со ова растројство не се ни свесни за својата состојба.
104 UNIQUE • јули 2015 •
UNIQUEliving
брзо губење на вниманието и сѐ тоа благодарение на променливите нивоа на норадреналинот. Хиперактивните и импулсивните типови се одликуваат со вишок енергија, неуморност, постојана потрага по нешто ново, нетрпеливост, а понекогаш дури и ризично однесување како резултат на големото количество допамин. Сепак, симптомите кај еден пациент може да се менуваат со текот на времето. Причини поврзани со појава на хиперактивно растројство може да бидат предвремено раѓање, труење со олово и пушење за време на бременоста, но ниту едно од овие не го објаснува случајот на Кристина или драстичниот раст на оваа состојба кај возрасните жени. Голема е веројатноста дека растројството во голем процент е генетски предодредено. Симптомите би требало да се појават до 12тата година од животот. Контра-
Малите девојчиња учат како да ги сокријат симптомите
Конфузни
В
и се случува ли да сонувате со отворени очи? Често да заборавате? Нештата лесно да ви стануваат здодевни? Да сте потполно расеани? Ова се симптоми на ADHD кои влечат корен од мозокот и неговата хемиска структура. Сѐ започнува со два многу важни невротрансмитери: допамин и норадреналин. Допаминот е задолжен за учењето по пат на оперантно условување (принцип на учење на однесување по пат на награди и казни,) додека норадреналинот помага при контрола на насочување и задржу-
вање на вниманието. Кај некои пациенти фали излачување на едниот или/и двата хормони. Кај други, присутни се и двата, но мозокот не може да ги контролира соодветно. Секој случај на хиперактивно растројство e индивидуален и затоа тешко се испитува. Сепак, направена е груба поделба на пациентите во три групи: Оние со намалено внимание; хиперактивни и импулсивни; и комбинирани. Првата група, во која спаѓа и Кристина, пројавува симптоми како лутање со мислите, многу
дикторно на ова, науката сѐ уште е немоќна да објасни како засегнатите, особено жените се провлекуваат до зрела возраст без дијагноза. Една теорија тоа го објаснува на следниов начин: ADHD е состојба која ја имаат 10% од сите деца и тоа позастапена е кај момчињата. Од оваа причина тие поретко се дијагностицирани. Едната страна на оваа теорија го објаснува научниот аспект, дека постои разлика во функционирање на мозокот помеѓу половите. Но, другиот аспект е социјалниот: девојчињата учат да ги манифестираат симптомите поинаку, бидејќи имаат тенденција своето однесување да го моделираат согласно со потребите на другите. Учат како да не му покажат на соговорникот дека не обрнуваат внимание. На овој начин развиваат одбранбени механизми со кои ѝ се противат на мозочната хемија - барем за кратко. • јули 2015 • UNIQUE 105
UNIQUEliving
Што да јадете
додекa пaтувaтe
М
ожеби сте најголемиот љубител на брокула или кељ, но кога ќе дојде време за патување, некако спонтано ја забораваме својата омилена диета и посегнуваме по take away калорични бомби. луѓето консумираат 3 402 калории од check – in до слетување. За да се заштитите себеси од вакви калорични прејадувања, присвојте го овој план со корисни совети кои ќе ви помогнат што да одберете за јадење кога патувате, а сепак да не ја загрозите диетата.
Појадок на 4 тркала
П
одготвени сте за патување со автомобилот? Појадувањето во рок од еден час по будењето може да ви го забрза метаболизмот за 10%. Никако не заминувајте без појадок, а има неколку добри варијации за тоа, меѓу кои:
Бурито за појадок
Јајца
Опција 1: Бурито со спанаќ и фета сирење - 290 калории, 19 гр. протеини Опција 2: Тортиља со тврдо варено јајце и кашкавал 350 калории, 19,9 гр. протеини
Ако јајцата се на вашето мени секое утро, нема причина зошто да се грижите. Едно истражување на International Journal of Obesity открива дека појадоците богати со протеини и влакна ги намалуваат неоснованите посегања по храна во остатокот од денот. Јајцата се една од најдобрите опции за појадок бидејќи се богати со протеини и не содржат големи количества масти. Опција 1: Мафини од јајца со печурки - 332 калории, 14,1 гр. протеини Опција 2: Омлет од 2 јајца - 195 калории, 13 гр. протеини
Ако се обидувате да скратите некој килограм, треба да внимавате на односот на внесените протеини и јаглеродни хидрати. За среќа мотаните сендвичи се вклопуваат во таа рамка.
Смуди Наместо да посегнете по чоколадна крофна за да ја задоволите желбата за благо, фатете се за моќен хранлив пијалак како смудито. Опција 1: Смуди од банана и шумско овошје - 280 калории, 3 гр. протеини Опција 2: Смуди од манго - 300 калории, 2 гр. протеини
Ручек во облаците
Г
и минавте долгометражните контроли на аеродромот и сега веќе сте гладни. Зошто? Истражувањата покажуваат дека стресот предизвикан од патување ја зголемува потребата за масна храна и храна богата со шеќери. Еве како да се справите:
Киноа Да се разбереме, надуеноста не е мит, туку резултат на искачувањето во висина. Затоа, најдобро е да избегнувате масна храна и храна богата со влакна која многу полека се дигестира. Со тоа, ја намалувате шансата за појава на надуеност. Киноата е одличен избор за патување – малку влакна, многу протеини. Опција 1: Салата со киноа и кељ - 213 калории, 3,8 гр. протеини Опција 2: Паста со киноа - 250 калории, 5 гр. протеини
108 UNIQUE • јули 2015 •
UNIQUEliving
Ориент експрес
С
е качивте на ноќниот воз, а од богат оброк ве делат само неколку часа. Не расипувајте си го апетитот или уште полошо, не сакате да си легнете со две вечери. Одберете нешто едноставно.
Овошје Алкохол
Ужина
Голем дел од патниците имаат потреба од барем еден пијалак на аеродромот. Но, кога треба да седите мирни неколку часа, препорачливо е да земете алкохолен пијалак кој не содржи многу шеќери бидејќи нема да ви биде потребна енергија.
Ако сте од оние со осетлив стомак, тогаш најдобро е да внимавате да не се прејадете. Затоа, најдобра опција е нешто лесно, а вкусно. Колачињата од кафеав ориз се многу поздрава опција од обичните чоколадни колачиња кои содржат многу шеќер, додека пуканките се одлична опција за љубителите на сол.
Опција 1: Вотка, газиран пијалак и зелен лимон - 60 калории Опција 2: Црвено вино - 120 калории. Ако веќе морате да пиете вино, одлучете се за црвено наместо бело.
Според едно истражување во списанието Gastroenterology, јаболката се едни од ретките овошја кои го содржат хранливото влакно пектин, кое го забавува процесот на варење и ви помага да останете сити подолго време. Опција 1: Овошна салата (праска, круша, кајсија, ананас, цреши) - 125 калории, витамин А, Ц, калциум, железо Опција 2: 2 големи јаболка - 100 калории, 5 гр. влакна
Јатки Секогаш одбирајте необработени јаткасти плодови бидејќи тие содржат 3 пати повеќе шеќери од останатите. Секогаш избирајте сирово. Опција 1: (100гр.) Мешани јаткасти плодови (бадеми, индиски ореви и ф’стаци) - 358,6 калории, 20 гр. протеини Опција 2: (50 гр.) Семки од сончоглед - 269 калории, 9 гр. протеини
Пијалаци Топлото чоколадо е секогаш најдобрата опција, но со огромно количество јаглеродни хидрати и шеќери. Одлучете се за чај од камилица – смирува и освежува. Опција 1: Чај од камилица - 0 калории, 0 шеќери Опција 2: Вода - 0 калории, 0 шеќери
Опција 1: Колачиња од кафеав ориз (50 гр.) 195 калории, 4 гр. протеини Опција 2: Пуканки - (30 гр.) 195 калории
• јули 2015 • UNIQUE 109
ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА
СПИСАНИЕТО - UNIQUE
ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА