Unique Magazine 68 (Preview)

Page 1

БРОЈ 68, август 2015 · 35 ден

Freez-o meter

Точка на заплетканост на косата

БРОЈ 68 август 2015

Barbara Palvin

Унгарската убавица го освои светот

summer Festival Fashion Плажа и музика во комбинација со мода фестивалите кои не смеете да ги пропуштите ова лето

Што е подобро?

TV(Sex) Guide Приказни за тв сексот и жените

Nude lipstick

Моќта на неутралниот бакнеж

август 2015 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


2015

Bue

30

Мејкап едиторијал

Момци на велосипеди

42

62

42

Голем Голем едиторијал едиторијал

57

22

Интервју Анкица Влашиќ

Festival Fashion Younique

68 Изгоревте од сонцето?

задолжително прочитајте

15 Playlist: неопходна летна забава

28 Што те прашаа? Кога интервјуто за работа ќе тргне наопаку...

18 Сакате миленик?

76 Најдобриот секс: Пред утринското кафе

20 Жената од насловна: Barbara Palvin

82 Еден поинаков љубовен триаголник

94 Секс дилеми: Сексот за кој зборуваме и оној за кој молчиме

34 Тајниот живот на мажите

84 Формула за сексуална привлечност

96 TV (Sex) Guide: Колку секс е доволен за на телевизија? 101 Болни од страв: Зарем не мислите дека е време да престанете со сајберхондријата? 6 UNIQUE • август 2015 •

Најдобра

Во неговиот ум

37 Згоден дечко на месецот 38 Вашиот господин совршен ѝ припаѓа на друга

Beauty

66 30 секунди до здрава кожа

unique за претходниот

69 Неутрален бакнеж 70 Понесете 5

Ти и тој

86 Сингл Vs. Во врска

Living 106 Горчливи, благи, кисели... 112 Дестинација: Viano do Castelo 114 Хороскоп

Драга Ивана, Го прочитав воведот во новото издание. Пред околу 2 години, кога бев во деветиот месец од бременоста се најдов во идентична ситуација како Вас. Едно топло летно утро одев на работа со автобус. Се качив со планината пред мене :) a кога влегов седиштата беа пополнети. Колку што ме држи помнењето, повеќето беа возрасни луѓе. Си гледаа низ прозор, си нуркаа некаде во ташните, зборуваа на телефон, си разговараа и си седеа. По неколку минути една постара жена којa седеше ми рече: " Eте онаму ќе станат, па ти ќе седнеш!" Уште и на листа на чекање бев! Веќе дојде мојата станица и се симнав. Немав проблематична бременост, носев тешки кеси од пазарување, не отекував, но во поодмината бременост да стоите во автобус и да се тркалате на секое кочење.... А најстрашно е тоа што верувам дека грото од жените кои седеа во автобусот се мајки! Каде отидовме! Се изгубивме во модерното време каде вредностите/невредностите сѐ повеќе ја менуваат својата дефиниција. Имајте убав ден. Мимоза

Дали сте знаеле дека...

llllllllll 71% од жените консумираат алкохол пред сексуалниот однос? Прочитајте повеќе зa сексот под дејство на алкохол на 82 стр. Контактирајте нѐ на:

contact@uniquemag.mk


15

активности 3а испраќање на летото

1 / Пробајте нов вкус на сладолед 2 / Набавете табла и креди и создадете свое уметничко дело

Projecty

3 / Одете на село и уживајте во природата

a4 rucen3ow ha 1

4 / Натпреварувајте се во правење балони со мастика

о нов гата п Потра ајнер ! диз ва олж у прод

5 / Гледајте го зајдисонцето и поминете ја вечерта под ѕвездено небо 6 / Направете забава со коктели 7 / Облечете костим за капење и прскајте се со пиштоли на вода

мни за не е конечна, бидејќи и овој пат Дали сте спре Tim Gunn ќе има шанса да спаси а к р а четво т а н ч еден дизајнер од елиминација. ти с а нт а ф Garcia и Zac Кој ли ќе биде неговиот миленик?

n, Nina Heidi Klum, Tim Gтun малите екрани на аа аќ вр се en Pos Нашето омилено реално шоу „Project Runway“, почнувајќи од 6ти август се враќа со својата 14та сезона. Ќе се забавуваме со 16 нови и надежни дизајнери кои ќе се борат за своето место под модното ѕвезденото небо. Како и секогаш, New York ќе биде центарот од кој ќе ја црпат својата инспирација. Модната авантура на секој од учесниците ќе трае толку долго колку што ќе успеат да ги импресионираат незаменливите Heidi Klum, Nina Garcia, Zac Posen и се разбира менторот Tim Gunn. Тешка задача, зар не?! Сепак, ниту една одлука 16 UNIQUE • август 2015 •

Првата сезона беше wеми тувана

на 1 декември 2004 Од јули 2006 шоуто се емитува на Lifetime Во 2007 реалното шоу ја доби наградата Peabody Специјално „All Stars“ шоу во рамките на Project Runway започна во 2012 Кон крајот на 2015 се очекува Project Runway Junior, наменето за млади дизајнери од 14 до 17 години

w w w w

Оваа сезона очекувајте и многу познати личности како гости во процесот на елиминација. Во улога на судии ќе имаме шанса да ги видиме: Hannah Davis, Kiernan Shipka , Paula Patton, Ashley Tisdale, модниот дизајнер Lisa Perry, супермоделот Coco Rocha и многу други. Жесток натпревар, силна конкуренција, интересни предизвици, но и многу забава ветува новата сезона. Победникот на Project Runway ќе биде награден со 100.000 долари, 2015 Lexus RC 350, комплетно опремено студио за кроење и шиење и едиторијал во списанието Marie Claire. Дефинитивно со нетрпение ја очекуваме новата сезона.

8 / Организирајте пикник 9 / Наберете цвеќе и направете цветно венче 10 / Одете на ноќно капење 11 / Изнајмете стара книга од библиотека и читајте ја пред спиење 12 / Направете вечера за вашите пријатели 13 / Направете хартиен брод и пушете го да плови 14 / Уживајте во летниот дожд 15 / Направете камперски оган, соберете ги пријателите, пејте, свирете и чекајте го изгрејсонцето


UNIQUEyounique

Филм

Реално шоу

Masterminds

Fashion Police

Оваа урнебесна акциона комедија е базирана на вистинити настани. Во центарот на приказната е David (Zach Galifianakis) кој ќе го открие вистинското значење на авантурата која е далеку полуда од сѐ што може да замисли. Тој е обичен човек заглавен во монотоното секојдневие. Ден за ден превезува милиони долари придружуван со силно обезбедување и без можност за бегање. Единствената интересна работа што му се случува е флертот со неговата колешка Kelly (Kristen Wiig) која ќе го наведе во интрига која ќе ја памети цел живот. Заедно со група неискусни и по малку глупави криминалци водени од Steve (Owen Wilson) и нивниот неверојатно апсурден план за кражба, David го прави невозможното и успева да избега со 17 милиони долари. Единствениот проблем е што тој несмасно им ги предава парите на останатите членови на бандата кои сакаат да го измамат. Но, трагите се насекаде. Премиерата на овој филм се очекува на 19.08.

Ова реално шоу доживеа многу потреси во текот на изминатата сезона. Сѐ започна со смртта Joan Rivers, кога опстанокот на ова шоу стоеше на стаклени нозе. Потоа, на почетокот на петтата сезона следуваше драматичното напуштање на Kelly Osbourne и последна новост е оставката на Kathy Griffin (после само седум епизоди). Се прашувате како ќе продолжи ова шоу? Не грижете се. И понатаму ќе може да уживаме во едночасовно критикување и фалење на модата на славните. На тимот на Giuliana Rancic и Brad Goreski ќе се приклучи и ќерката на Joan Rivers, Melissa Rivers. Очекувајте многу забава, остри критики и хумор во вториот дел од петтата сезона на Fashion Police која премиерно ќе се емитува на 31.08 на E!.

Албум

I cry when I laugh Jess Glynne

Младата британска музичарка Jess Glynne го најави својот прв албум. Успехот кој го постигна со нејзините хитови Right Here и Real Love кои се најдоа на листата на UK Top10 и нејзиниот моментален број 1 хит Hold My Hand, беше очекувано да се круниса со албум. 14 хитови кои нема да може да ги извадите од глава (веќе си ја потпевнувате Hold my hand зар не?) И не само тоа, промоцијата на албумот ќе биде проследена со турнеја низ Велика Британија и САД која ќе биде именувана како „Ain't Got Far To Go Tour.“ Сосема заслужено Jess, твоите хитови дефинитивно го одбележаа летово! Албумот се очекува да излезе на 21.08.

Настан

Orange Fest Ви недостига добра забава? Обележете го ова лето со посета на првиот Orange Festival кој ќе се одржи на Nemo плажата во Охрид. Атмосферата ќе ја загрее познатиот германски DJ Tom Novy на 1ви август, а следниот ден забавата ќе продолжи со британскиот бенд Rudimental. Влезниците се веќе пуштени во продажба: за првата вечер чинат 200 денари, додека за втората 500 денари.

• август 2015 • UNIQUE 17


UNIQUEyounique

Сaкaтe Добра идеја! Но прво...

?

Љубов на прв поглед - топка од крзно, мили очи. Ви доаѓа веднаш да го носите дома, без размислување и да почнете да правите слатки фотографии за на Instagram. Но, подалеку од животинчето доколку не сте размислиле добро. си ги поставите пред Прашања што треба да да вдомите миленик:

1

Дали сум спремна за години (10, 15, па дури и 20) исполнети со постојана грижа, обврска и нега?

4

Дали сум способна да го дресирам? Животните не доаѓаат со упатство за употреба или?!

Колку чини мaлото домaшно другaрче

2

Колку време треба да одвојам за мојот миленик да има забавен и исполнет живот?

5

Дали просторот во кој живеам е погоден за негување на домашен миленик и каков? И дали луѓето со кој го делам мојот животен простор се согласуваат со идејата?

3

Каков е мојот начин на живот, па според тоа каков вид на домашен миленик најмногу ми прилега?

6

Дали финансиски сум способна да ги поднесам сите трошоци што се потребни за нега дури и во случај на сериозно заболување?

Годишно

од до

4000 7000 Денaри

Годишно

од до

3000 6000 Денaри

???

Од трошоци за ветеринар до играчки...во зависност од видот и големината на миленикот, просечно трошоците изнесуваат: 18 UNIQUE • август 2015 •

храна • ампули против крлежи и болви • вакцина • козметика • играчки

храна • песок • ампули против паразити • вакцина • козметика

Тим за помош: ветеринар, фризер, бебиситер (во рамки на пансионите „Зоо Вивариум,“ „Киско“ или приватно лице), шетач на кучиња.

Мачињата сакаат да поминуваат време со вас. Тие не сакаат да бидат осамени. Очекувајте да ви бидат лути доколку повеќе од пет ноќи ги оставите сами.


UNIQUEyounique

Инстант дресура

„На почеток, ограничете му го просторот на движење на миленикот, за да разбере дека не му е дозволено да лежи на креветите.“

Причини повеќе за да вдомите миленик

Одлучивте дa посвоите миленик што е следно?

1 посетете го најблискиот стационар за животни.

2 обратете се кај некој кој подарува. 3 соберете искуства и совети од луѓе кои чуваат ист миленик како што сакате вие да посвоите.

Совет од специјалист

„Иако сте му сè на светот на вашиот миленик, не дозволувајте и тој на вас да ви биде сѐ. Тоа не е добро ниту за вас, ниту за вашиот миленик. Мора да најдете баланс,“ вели Andrea Arden - дресер за миленици.

Вие и вaшиот пaртнер ќе вдомите миленик ПРЕСЛАТКО

Вљубени сте и сега сакате да проверите дали заедно можете да се грижите за нешто друго освен за себеси (можеби бебе?)

ТОЈ САКА ЛАБРАДОР, ВИЕ ПУДЛИЦА

Без караници ве молам! Најдете компромис, одлучете се за раса која и на двајцата ви одговара. Така ќе бидете сигурни дека и двајцата ќе му давате љубов на вашиот миленик и нема да се лутите еден на друг.

БИДЕТЕ ТИМ

Работете заедно, а не еден против друг. Доколку сте во постојана борба, миленикот ќе биде збунет.

*ќе спасите живот *ќе се чувствувате подобро *никогаш нема да се чувствувате осамени *милениците се главни виновнци за насмевка *константно ќе ви даваат безусловна љубов *галењето на вашата мачка може да го намали високиот крвен притисок *ќе добиете бесконечно благодарен пријател Еј! Мене ме заборавивте? И јас можам да ви станам миленик!

БАЈКАТА ЗАВРШИ, КОЈ ЌЕ ГО ДОБИЕ МИЛЕНИКОТ?

Предбрачен договор, звучи смешно, но мора да разговарате и да се договорите. Ако не ви успее, фер би било да го поделите старателството.

Безброј слатки животинчиња во исчекување да бидат вдомени, повеќе на: http://vdomimilenik.com/ или http://www. anima-mundi.org.mk/

• август 2015 • UNIQUE 19


Чекaј, што те прaшaa? Планирате ли да имате деца?

Резервирано за кандидатот

Имате ли можеби момче за сериозно?

Колку години имате? Од каде потекнувате?

Дали сте во брак?

28 UNIQUE • август 2015 •


UNIQUEкариера

Прво интервју за работа, возбудена влегувам во зградата, претпријатието личи на оние холивудски холдинзи. Големи простории, беспрекорно средени вработени. Да не зборувам за позицијата за која аплицирам - маркетинг асистент. Ме најавуваат, интервјуто започнува да тече беспрекорно, кога одеднаш: „Дали сте спремни да потпишете договор дека нема да останете бремена наредниве 3 години? филмско сценарио или реалност? нтервјуата за работа знаат датот, подразбира дискриминација што да бидат непријатни...многу е строго забранета кај нас. Во превод, трема, комплицирани прапротивзаконски е да ве прашаат: „Колку шања, трик прашања, нечесто одите во црква/џамија?“ или „Кои пријатни прашања, но знапразници ги празнувате?“ освен ако тоа ете ли дека некои од нив не е директно поврзано со позицијата за е нелегално да ви бидат која ве интервјуираат. поставени? Границата помеѓу пријателски настроено Приватен живот и неприкладно прашање кое задира во Со кого (маж или жена) и каде вашата приватност, понекогаш знае да спиете е ваша лична работа. Дали пубиде многу тенка. Во тој случај, размисшите цигари кампањски или редовно лете дали воопшто прашањето е релеисто така е ваша работа, сѐ додека сте вантно за позицијата за која аплицирате. подготвени да ги прифатите правилата Пред да нападнете со сарказам и на фирмата во однос на пушачите. дрскост, потрудете се да препоДали често излегувате или Вербално, знаете дали можеби работоработите на случајот дете, невербално или давецот на сосем погрешен е повеќе од ваша лична физичко однесување од полов карактер е начин се труди да го скрши работа и тоа законски регузаконски забрането. Секој ледот? Можеби неговите лирана! Едно е да ве пракандидат за вработување прашања се добронамерни, шаат за тоа кои се вашите заслужува достоинствен и етички однос од страна во функција да поттикнат да долгорочни цели во поглед на неговиот иден се опуштите и да верувате на кариерата, претпоставеработодавач. дека се наоѓате во пријателски ните имаат право да добијат настроена средина. За да не мора претстава дали професионалниот да се двоумите во иднина, дознајте напредок го замислувате во нивните кога законот е строго на ваша страна... канцеларии, но нешто сосем друго е да ве прашаат дали ќе се вратите на работа Здравствена состојба после породилното отсуство. Законот Нормално е вашиот иден рабоособено ги штити идните мајки, тие иматодавец да го интересира дали сте споат ист третман што се однесува до приссобни да ја извршувате работата за која тапот и условите за вработување. аплицирате, но навлегување во вашата лична здравствена состојба и прашања КАКО ДА ПОСТАПИТЕ од типот: „Дали имате дијабетес во сеДоколку се соочите со некој од следниве мејството?“ не смеат да бидат поставени. примери секако дека не треба веднаш Работодавецот не смее да ве третира да избувнете и да влезете во конфликт. различно од другите кандидати за враБидете достоинствени и задржете го ваботување во поглед на здравствената шето ниво на култура. За кого и каде расостојба. Во спротивно, ризикува да го ботите е важен фактор за вашата среќа, прекрши законот. сепак 8 часа полно работно време треба да поминувате со вашите претпоставени. Религија Затоа секогаш бидете внимателни во одКандидатите се еднакви во понос на првиот впечаток кој ќе го добиете глед на расната, етничката и религина интервјуто за работа. Гледајте на тоа озната определба. Било кое прашање како на прв состанок. Ако коментарите што задира во личниот избор на кандии прашањата не ви се допаѓаат или пак

3

1

2

односот на претпоставените бил непристоен, немојте да чувствувате притисок дека мора да се помирите со ситуацијата и да ја прифатите работата по секоја цена. Секогаш има подобро! Доколку пак оцените дека сте биле предмет на сериозна дискриминација, случајот секогаш можете да го пријавите до надлежните органи и да барате надомест на штета кој ви следува според законот за облигациони односи.

Трик прашања Одговорете дипломатски и добијте ја работата ТИЕ ПРАШАА „Дали планирате во брзо време да имате деца?“ На ова прашање не се одговара со Да и Не. Одговорете така што ќе ги затскриете деталите, на пример: „Без оглед дали ќе имам семејство или не, планирам да продолжам да работам и во иднина.“ ТИЕ ПРАШАА „Дали планирате да отсуствувате поради некој религиски празник?“ Освен ако знаете дека вашите религиски уверувања ќе влијаат на кариерата, колку ќе откриете за верата е ваша одлука. Не, не мора сите да знаат дека сте на пост! Изјавата во стилот: „Никогаш не сум имала проблем да ја почитувам политиката на фирмата во поглед на неработни денови и кога ми е дозволено да користам слободни денови и одмор, така што верувам дека нема да имам и проблем со вас,“ ќе заврши работа. ТИЕ ПРАШАА „Што работи вашиот партнер?“ Голема е веројатноста да се трудат да ја откријат вашата сексуална ориентација, одговорете им без да ја напуштите својата комфорна зона – откријте онолку детали колку што сметате дека треба. На пример: „Мојот партнер (пак не се знае дали е маж или жена) во моментов работи во приватна маркетинг агенција.“

• август 2015 • UNIQUE 29


UNIQUEинтервју

Портрет на една дама

Пишува Ивет царо

О

нака добро како што таа знае да ги постави работите на платно, не би се осудила ни да се обидам да ја портретирам. Но, користејќи го моево платно, сликам секвенца од средбата со грацилната македонска уметница Анкица Влашиќ, бидејќи само толку од нејзината убавина, софистицираност и елеганција можат да бидат насликани со зборови. Привилегијата да бидам гостинка во нејзиниот дом кој уште на самиот праг одлично ја доловува нејзината смиреност и спокој преку топлите и светли тонови и внимателно избраните елементи, е совршена увертира во која е отсликана самата Анкица. А потоа, во даден миг неизбежно е вниманието да ви го привлечат ѕидовите украсени со нејзини платна. Така, на светот останувате само вие и секоја слика посебно и како што преминувате од една слика на друга, навлегувате во различни светови, со различни емоции кои поттикнуваат различни дискусии. Тогаш, ви се јавува чувството на возбуда – како кога не можете до крај да земете воздух, како да не можете да се заситите од тој совршен хибрид на бои кои ви ја будат фантазијата. И кога ги гледате нејзините

22 UNIQUE • август 2015 •

слики, како за момент да ја замислувате сум лично таква.“ Уметноста и желбата за во своето парче рај како на платно става истата не се нешто со кое се будиш едно дел од своето сеќавање. утро и на кое решаваш да се посветиш Анкица Влашиќ е уметница не само во максимално. Веројатно таа тлее уште од поглед на сликањето, туку и кога станусамото раѓање. На почетоците не можеше ва збор за однесувањето, зборувањето, точно да се сети, токму од оваа причина. смеењето и движењето. Сѐ околу неа е Љубовта кон уметноста не се раѓа преку обоено со некаква естетска привлечност ноќ. Но, како и секој редок цвет, така и која ќе ви го наполни окото. Разговаафинитетот кон истата треба да се негува. равме за неа како уметник, за уметноста „Во моето семејство немало традиција да како убавина и за убавината како дел од се оди на изложби. Ниту пак ме воделе на секојдневното живеење. Некаде попатно изложби со цел да ми се роди таква желги споменавме првиот цртеж, ба. Но, отсекогаш постоело првата продадена слика, некое негување на естетика првата изложба – првите и со тоа можеби ми оставиле искуства. некој впечаток дека треба Креативноста е во истражуда се занимавам со нешто вањата, а со секоја нејзина малку попрефинето. Некако Секогаш сум имала слика таа ја продлабочува и спонтано се занимавам со поддршка од истражува својата креативова откако сум дете.“ - објассемејството. Моите родители никогаш не нува Анкица. А бидејќи ност и ги турка границите поставиле прашање на својата работа. Како прољубовта кон убавото кај неа зошто сакам со ова фесионална деформација, се јавува уште од самото да се занимавам и креативноста се обидува да детство, неизбежно ми беше не ја ставиле оваа моја одлука на ја примени и во секојдневнида ја прашам дали се сеќаот живот велејќи: „Се трудам дискусија. Дали треба ва на првиот цртеж што го или не треба, колку е да го живеам живот и да ми нацртала како дете и дали профитабилно или не. биде малку покреативен. Тие се моите најголеми можеби го чува. Следуваше Да не се чувствувам како да најискрениот одговор кој обожаватели. имам автопилот во мене. Јас некогаш сум го добила: „Не,


UNIQUEинтервју

• август 2015 • UNIQUE 23


UNIQUEвонеговиотум

Трaјче ски Андреев

тен и со ден. Елеган дот главен о зг и н е ш е Усп сипе ва н стил. Вело беспрекоре к. На прв поглед потсету то а д о со моден д мци кои лијански мо на оние ита го освојуваат Рим. На оени и своите весп ци во беспрекорно скр и ј ул о скопските а го сретнете Трајче к д одела може т како негово главното о д е п си о евно оди до со вел ство секојдн д е ср о зн о в пре тно место. своето рабо

Костим и велосипед. Кој вели дека не одат заедно?!

Детство на велосипед Вози од 4 годишна возраст. Раскажува дека посакувал мал детски велосипед, но неговите родители му купиле поубав кој нему му изгледал многу гломазно. Сепак, брзо научил да го вози и од тогаш до сега сменил само 4 велосипеди. Неговата пасија за велосипедите започнала уште кога бил дете, низ дружба со неговите другари, кога велосипедот им бил главно средство за дружење и зголемување на мобилноста низ градот. За Трајче велосипедот сè уште е најубавото превозно средство. Иако има автомобил, претпочита возење со велосипед бидејќи како што вели тој: „Се чувствувам помобилен, побрз и во контакт со градот.“

Европска навика Навиката да вози велосипед низ град ја добил кога студирал во Стразбур, Франција. Вели дека таму велосипед возат сите - од студенти до професори. Правејќи споредба меѓу Стразбур и Скопје, вели дека нема некоја голема разлика, бидејќи ни таму ни тука нема велосипедски патеки насекаде. Единствена разлика гледа во поглед на почитување на сообраќајните правила. Сепак, смета дека Скопје е погоден за велосипедисти поради својата големина, не толку густиот сообраќај и културата на возење велосипед. На прашањето дали би тргнал на подолга дестинација со велосипед вели дека иако има многу убави предели кои можат да се видат со велосипед, сепак за него велосипедот е врзан за движење низ град.

На велосипед бидејќи... Вози велосипед поради брзината на пристигнување, едноставното паркирање, мобилноста, економичноста. Смета дека велосипедизмот е добар за животната средина и националната економија. 30 UNIQUE • август 2015 •

и ц Mом Пишува Теодора а крстевск

екорниот р п с е б и а т елеганција ење велосипед? а к е д е т и л с Ми но со воз омци ќе ви ја д е а з т а д о стил не но. Овие м осипедизмот. р о т в о п е т е Размисл ната на вел а р т с и с к е с покажат


UNIQUEвонеговиотум

н Слобода и к с в о к ј а Тр

змот во велосипеди ој ретко за а ув р о зб жар к Кога се појавува и ч о олство те и в го не ан. Со задов и ж е л е б за е н тувањата останува ажува за па и љубов раск минати на велосипед. по искуствата

Велосипедот како Mercedes Слободан својот прв, како што вели тој, сериозен велосипед го купил во мај 2008. Претходно возел обичен, стар велосипед па првото качување на новиот велосипед го опишува како возење Mercedes. Веднаш потоа на покана на момците од „Енерџи“ учествувал на првата тура на Китка.

Неразделна љубов Велосипедот го користи како главно превозно средство, особено низ град, бидејќи според него тоа е најбрзиот, најевтиниот и најбезбедниот начин да се стигне до посакуваната локација. Човекот кој за еден ден има поминато најмногу 183км, обожува да патува и слободното време го користи за да излезе од градот и да се упати на места каде никогаш не бил. Годишно на велосипед поминува и до 13.000 км, а до сега има поминато вкупно 100.000 км.

Авантурист кој зрачи со позитивна енергија.

Tour de France Негова најдолга велосипедска експедиција е Париз, каде ја гледал последната етапа на Tour de France. Оваа година ќе учествува на петтата по ред „Macedonian Tour de France Expedition,“ каде се вклучени 1.500 км. низ француските и италијанските Алпи, вкупна висина од 25.000 м. и 10 планински превои. Експедицијата досега има искачено преку 30 превои на Алпите и посетено 20тина етапи на Tour de France.

Патувањето е ослободување Слободан го претпочита својот авантуристички наспроти натпреварувачки дух: „Јас едноставно сакам да патувам и тоа е сè!“ Според него, условите во Скопје се во ред, но проблемот е во непочитувањето сообраќајни правила и велосипедисти од страна на другите учесници во сообраќајот. Како главна препорака го наведува фактот дека ниту едно превозно средство не носи толку придобивки за луѓето како што тоа го прави велосипедот. Од штедливост и брзина до креативност и релаксација. „На велосипед не гледате напнати луѓе. Тоа се опуштени луѓе кои знаат да уживаат и во град и на пат и во природа.“

Велосипедизмот е шанса за нови познанства

Mavrovo Off-Road Experience: Enter The Wilderness Искуство „На фестивалот работам 365 дена во годината. Но месеците пред фестивалот, а посебно во текот на мај колабирам по три пати дневно. Тоа е едно екстремно мачно, напорно и исцрпувачко искуство, но воедно и многу ме исполнува.“

Исполнетост „Кога ќе дојде денот и кога ќе ги видам гостите во кампот, сфаќам дека имам многу пријатели и луѓе кои ме подржуваат и им се заблагодарувам од срце за поддршката што ми ја даваат. Оваа година имавме 800 гости на настанот.“

Забава „Возевме, трчавме, трениравме, планинаревме, ручавме, имавме тројца диџеи и бенд, како и проекција на филмови. Знам дека сме на вистинскиот пат она што го правиме во Мариово да прерасне во настан на позитивна енергија и љубов.“ • август 2015 • UNIQUE 31


UNIQUEвонеговиотум

Со велосипедот и во Тексас

к Вљубени вo природата искуство „Интересно ам а д го посоч кое можам тура што ја а е последнав ето преубаво ш а возев во н вме прекрасни ти е Б рово. Посе и места каде и д а п водо од о занемува човек прост о високите погледот в и.“ планин

32 UNIQUE • август 2015 •


UNIQUEвонеговиотум

нко е т а З н а Ив

божува од љубов, о ижи за и о н в ти а е Вози рекр та и се гр ува природа ко, да ја истраж дина. Урбан, млад деч е ср со та и а н е от. Пл животн и елосипедизм вљубен во в ргија која неретко мам е н е а о н н в е р ти е зи оув по еди кога сам в женски погл елосипедот низ нашио в ј о со к а а н ув нер, помин ински инже зила и ш а м н е д И . град рни во пак, та му е мото иако струка му се голема љубов се от зм те и и д л е сип автомоби избира вело го о в ст л о в со задо билизмот. пред автомо

Прва љубов Неговиот прв успешен обид да вози велосипед бил на 5 годишна возраст. Во истиот момент почувствувал некаква енергија која сѐ уште не го напушта и е присутна секој пат кога ќе седне на велосипед. На 12 годишна возраст го купил својот прв личен велосипед со својата заштеда и тоа претставувало огромно задоволство за него. Како негов главен мотив за користење на велосипед е тоа што може полесно, побрзо и поекономично да стигне до посакуваната дестинација. Околу условите за велосипедисти во Скопје вели дека последниве неколку години се направени големи промени (направени се нови и реконструирани се старите патеки за возење велосипед), но сепак смета дека би било совршено, како што расте бројот на велосипедисти на нашите простори, да расте и бројот на означени велосипедски патеки, места за паркирање на велосипедите и свеста на граѓаните кои се дел од сообраќајот.

Тексас, САД Велосипедот го користел и кога бил на студентски престој во Тексас, Америка. Таму секојдневно возел велосипед, по 6 часа дневно. Раскажува дека иако во Америка нема многу велосипедски патеки, улиците се широки, а возачите не возат повеќе од 50км/ч. Токму во Тексас ја има извозено најдолгата релација, која изнесувала 140км. Иако има учествувано на неколку натпревари во Америка и Македонија (каде што има освоено прво место на државно ниво,) претпочита велосипедот да го вози само рекреативно.

Возењето е неопходно Неговата главна препорака е: „Доколку сте во можност возете велосипед секојдневно, така никогаш нема да се чувствувате без енергија! Велосипедот не ја загадува околината и е досега најевтиното измислено превозно средство.“

Иван Бачовски

Одлучен, храбар и со натпреварувачки дух

вистински велосипед е етски а н е ч м о м Ова и атл сок, згоден Натпреварувачки дух спортист. Ви офесионално се р Мотивот да започне да се занимава со граден, кој п кеј. хо велосипедизам биле неговите пријазанимава со

Спортист од мали нозе Прв пат научил да вози велосипед кога имал 6 години и тогаш се родила и неговата љубов кон велосипедизмот. Главен виновник за пасијата е неговиот татко, кој го научил на сите спортови вклучувајќи и возење велосипед.

Скопје бара промена Велосипедот го користи како главно превозно средство, така што ретко одлучува да посегне по автомобилот. Иван воопшто не е задоволен од условите за велосипедисти во Скопје и смета дека освен специјалната патека на кеј, други патеки ретко каде може да се забележат.

тели кои многу често организирале тури низ Македонија. Неколку пати учествувал на истите со позајмен велосипед, а потоа купил свој и оттогаш не пропушта ниту една тура. Обожува натпревари и претпочита спортско пред рекреативно возење. Неговата најдолга релација помината со велосипед е Скопје- Охрид и изнесува 180км.

Згодни на велосипед Кога го прашав што би им препорачал на читателките, тој без размислување одговори „Зошто да возат велосипед? Едноставно, за да бидат згодни!“ Својот изглед го одржува со редовно спортување, здрава исхрана и се разбира, возење велосипед! • август 2015 • UNIQUE 33


Summer Pin-up Искористете ги последните жешки денови од летото со полна пареа и стил. Инспирацијата е насекаде. Зграпчете ја можноста за уживање


Модел: Јана Јосковска / Модна Агенција: Моделс Ин / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотографија: Ани Дими / Шминка: Дарко Мишовски / Фризура: Адо Мурис Хамзиќ Hairdo салон/




46 UNIQUE • август 2015 •


• август 2015 • UNIQUE 47


Sun kissed Без разлика дали е жешко црвен, елегантен или пак романтичен, првото нешто на кое асоцира долгиот свилен фустан е долга летна ноќ. Можеби ве очекува коктел забава доцна попладне или пак вечера со пријателите? Долгиот фустан е секогаш полн погодок.

48 UNIQUE • август 2015 •


Зарем постои нешто што подобро ќе ги истакне вашите совршено потемнети нозе од ултра кратко фустанче во боите на летото? Држете се до лесните материјали и светлите бои за да го истакнете бронзениот тен. Вашиот стилски заштитен знак за ова лето? Тексас елече.

Модел: Верица Радоешка / Агенција: Моделс Ин / Стајлинг: Милена Танаскоска / Фотографија: Ани Дими / Фризура: Михаил Тодоровски Сашо и Мики Ексклузив / Шминка: Глигор Бадев

• август 2015 • UNIQUE 49


t urban makeup

раскажуваме една урбана приказна за егзотичниот турбан и сите негови комбинации

шминка: зоран шурбевски Модел: Марија Магдалена Стојчовска

Деликатна приказна

Понежната варијанта на овој глорифициран моден додаток, дозволува поинтензивен мејкап кој ги нагласува усните. За истите, користете кармин во бледо црвена боја, додека природната боја на очите нагласете ја со моливче под окото.

62 UNIQUE • август 2015 •


Контрастно жешко

Тоновите на праска се особено модерни оваа сезона и се подеднакво жешки како и летните денови. Затоа, одлучете се за некоја омбре варијанта на целото лице: на очите ставете посветли тонови на праска, златно и портокалово, а на устата потемни тонови. На крај додадете турбан во контрастна боја (во случајов кралска сина) за совршен финиш.

• август 2015 • UNIQUE 63


Смело црвено

Не секој може да си го дозволи овој луксуз. Интензивниот црвен кармин не е никаква новина, но комбиниран со црвено моливче кое ги истакнува очите знае да биде потег исклучиво за храбрите. Ако веќе се одлучите за оваа комбинација, погрижете се турбанот да е во едноставна земјена нијанса.

64 UNIQUE • август 2015 •


Интензивна убавина

Кога одбраниот турбан изобилува со поинтензивни, јаки и топли бои, слободно дозволете си и мејкапот да го одведете во таа насока. Секако, доколку решите да ги истакнете очите со темно моливче и сенка, устата треба да има неутрален тон.

Модел: Марија Магдалена Стојчовска / Шминка: Зоран Шурбевски / Фотографија: Ани Дими

• август 2015 • UNIQUE 65


UNIQUEти&тој

сингЛ vs Што е подобро? Не, не се работи за трик прашање бидејќи статусот влијае на скоро сите аспекти од животот, од здравје и среќа до кариера и пари. Што би одбрале вие? 86 UNIQUE • август 2015 •

П

оследниве две години скоро сите мои пријателки стапија во брак, навистина не ми се брза со оглед на моите планови да го прошетам светот. Но, кога ќе се сетам дека немам ниту еден сериозен кандидат на повидок, а во август полнам 29 години, почнувам да се плашам да не останам сама. Дали навистина ни годи сингл статусот? Вреди да се запрашаме, бидејќи сѐ повеќе слободни девојки се шетаат низ град. Според државниот завод за статистика, минатата година биле склучени 13.813 бракови (за 1,2% помалку од 2013.) Ако нашите мајки беа прогласени за стари моми на 20, денес ретко кој стапува во брак под 26 години. И додека бројот на склучени бракови се намалува, бројот на разведени се зголемува (за цели 8,1% и изнесува 2.210). Дали ова значи дека престанавме да ја поврзуваме среќата


UNIQUEти&тој

bo bpcka и просперитетот со партнерот? Дали почнавме да стануваме нација на слободни и успешни жени? Како што велеа Pussycat Dolls- I don't need a men to make me happy!

возраст помеѓу 18 и 34 години, страдаат од депресија затоа што се чувствуваат осамено. Дел од нив признале дека дури немаат ниту пријатели на кои можат да им се пожалат за состојбата. Barbara Bloomfield претпоставува дека Среќа многу жени се кочат поради негативнаПостојат докази што сугерираат дека та атмосфера што владее во однос на сепак на жените им е поубаво да бидат врските. „Сѐ уште постојат инсинуации во врска. Истражувањето на Relate и дека поголемиот дел од луѓето се сингл, YouGov во кое биле вклучени 5.000 луѓе, бидејќи немаат капацитет да се поврзат откри дека 81% од испитаниците кои се и да издржат во врска, што е тотално во брак или живеат со партнерот, се попогрешно верување.“ среќни во споредба со 69% кои се сингл. Дефинитивно дојде до промена на Како и да е, треба да се работи за приставовите. Да се биде сингл е тотално лично добра и стабилна врска, потенпозитивен избор, а оние што рано се цира Barbara Bloomfield, ко-автор на одлучуваат за брак се доживуваат како извештајот The Way We Are Now. „Луѓето недоволно прошетани и со закоравени кои се наоѓаат во просечна врска се сфаќања. „Да се биде сингл е супер! помалку среќни отколку Повеќе забава, време за оние што се сингл.“ Сингл девојките себе и пријателите, да не Осаменоста исто така зборувам пак за сексот. се посреќни игра голема улога. СтуВо врска бев 2 години и во споредба дијата на фондацијата ниту еден момент не бев со оние во Mental Health откри дека просечна врска среќна како што сум сега!“ 54 проценти од луѓето на - вели Маја.

• август 2015 • UNIQUE 87


UNIQUEТи&тој

Секс от

Споделувањето сексуални доживувања со најдобрите пријателки е едно од најубавите задоволства во животот. Секако, додека некој не се заљуби...

Колку ли е прекрасен животот кога излегувате на само еден пијалак со пријателките, а завршувате со цел бокал Маргарити во омилениот ресторан до доцна во ноќта. Најдобриот дел од вечерта? Сочните приказни за сексуалните искуства кои со задоволство ги споделувате и за истите се смеете до солзи. „Тој имал микропенис.“ „Оној имал анаконда во панталоните “ „Типот од пред две недели што не можел да добие ерекција, како и баксузот од пред недела дена што не може да издржи.“ А кога ќе почнете да разговарате за оралните задоволувања, дури и самата Charlotte и нејзиниот „понеделник до петок кунилингус фраер“ можат да ви позавидат. И доброто и лошото и смешното и незгодното – сѐ се поставува отворено на масата и е објаснето до последен детаљ. И тоа е секако така, додека врската е тазе, флертот е жежок и работите горе – долу несериозни. Но, во моментот кога ќе сфатите дека сте се 94 UNIQUE • август 2015 •


UNIQUEТи&тој

заљубиле, нештата ќе се променат. Одеднаш разговорите за сексот стануваат сѐ потаинствени. Тогаш кога поголемиот дел од вас ќе влезат во сериозни врски, темата на разговор се префрлува од рецепт за подобар секс во рецептот на мама за тирамису. И настапува грозната тишина и оддалечувањето, па наместо да ја прашате пријателката: „Го направивте ли тоа на венчавката кај братучетка ти?“ ја прашувате: „Ти и Марко, добри сте?“ Кога еднаш ќе се впуштите во сериозна врска, разговорот се дели на два дела – сексот за кој разговарате со вашите пријателки и оној за кој мудро молчите. Влегувањето во нова врска е ново експериментирање и истражување. Така, додека го запознавате човекот со кој сте во врска (како физички, така и психички) паралелно ги споделувате сексуалните искуства со него со своите пријателки, бидејќи тоа е една можност да истражувате, да бидете љубопитни и да го испитате теренот на што е нормално, а што не. Кога веќе ќе навлезете длабоко во врската, почнувате да ја цените повеќе истата и јачината на вашиот глас како раскажувате за сексуалниот живот одеднаш е ставена на mute. Сепак, да го опишувате неговиот пенис во агол од 45 степени е непријатно и не толку гламурозно, кога пенисот му припаѓа на вашиот свршеник.

Секс за кој от

молчиме

Освен тоа, по извесно време почнувате да се чувствувате непријатно. Сакате вашите пријателки да го запознаат човекот кој ве прави среќна, со кој имате разбирање, но од друга страна, тие знаат за чудните фаци кои тој ги прави за време на оргазмот?! Таа информација е потполно непотребна. Сепак, зборуваме за истиот оној кој треба да ве придружува на венчавката кај вашата најдобра пријателка. А тоа е голема работа. Но, има и една друга димензија на проблематиката „зошто- не- треба- да разговарате- со пријателките- засѐ.“ Имавте голема кавга со вашиот партнер во врска со сексот, заштитата и СПБ, го споделувате тоа со пријателките и по два дена се смиривте со партнерот и сите нешта легнаа на брашно?! Па не баш сите. Часовите плачење пред пријателките и жалење за сите грозни работи кои успеале да ви се случат во спалната соба во рок од 30 минути се нешто со кое вие, сакале или не, сте го обоиле впечатокот на пријателките за вашето момче. Тогаш имате две опции: да го оставите оној кој толку ве повредил на толку деликатно поле, или едноставно да продолжите со него и да не размислувате како ќе го гледаат вашите пријателки следниот пат кога ќе ручате во парови. Непријатноста е неизбежна. Избегнувањето на разговорот за сексот со пријателките е постепена работа за која и не сме толку свесни, но се јавува од една сосема оправдана причина. Тргнете го социјалниот аспект на страна и како вашите пријателки ќе го гледаат вашиот избраник и фокусирајте се на неговите чувства. Разговорот за вашиот секс со партнерот со кој сте интимно и емотивно поврзани е на некој начин предавство. Пандан на вашите вечери исполнети со коктели и ки-

котење со пријателките, се и нивните (машките) вечери исполнети со пиво и далеку погрозни муабети за женскиот пол општо. Голема е веројатноста дека не сакате вашиот сексуален живот да се најде некаде меѓу тие теми. (Жените и онака знаат да бидат доволно несигурни во своето тело. Ваков луксуз, не ви е потребен.) Затоа, не правете му го и вие тоа нему. Некои работи треба да останат на перницата, меѓу чаршафите. Кога сте дел од сериозна врска почнувате да ја гледате таа врска како заедница, како школка, како нешто што со големо внимание сакате да го заштитите, па дури и ако вашиот партнер прави некои нешта кои знаат да бидат чудни во кревет, а вам ви се допаѓаат. Е сега, голема е веројатноста дека кога размената на урнебесни/бедни сексуални искуства ќе замре, ќе исчезне и споделувањето корисни секс совети. Па, ако сите нешта ги заклучите во сеф, верувајте дека ќе оставате впечаток (и пред самите себе) дека сексот секогаш е прекрасен во врска, а кога не е – за тоа не се зборува. Ако сметате дека вие и вашето момче немате доволно секс, на следната средба со вашите пријателки, запрашајте ги за зачестеноста на нивните сексуални активности. Голема е веројатноста дека и тие се наоѓаат на иста бранова должина и некогаш е убаво да знаете дека не сте сами во нешто и да дознаете што е нормално. Сосема е разбирливо да разговарате со пријателките ако сте загрижени за нешто вакво и уште поразбирливо е ако не сакате да разговарате за анален секс со нив. Сепак, споделувањето на некои одбрани искуства, може и да ви го подобрат сексуалниот живот. На крајот, вие одлучувате што за вас е нормално. • август 2015 • UNIQUE 95


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.