Unique Magazine 57 (Preview)

Page 1

facebook.com БРОЈ 57, август 2014 · 35 ден

стара цена 90 ден.

тренинг

мени

Вистинската храна за видливи мускули

Megan

БРОЈ 57 август 2014

NEW Beauty trend

ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД Како да го постигнете?

toП

!

летни романи

alarm

Коктелот на плажа може да ве убие!

fox

selfie

Најсексапилната жена не знае како да го зачини сексот!

10 може да ви донесе отказ!

добитници на годишни претплати

unique август 2014 35 ДЕНАРИ


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


2014

август

Моден едиторијал

Интервју Даниел Кајмакоски

45

Најдобра 20 Огледалце, огледалце, кој е најсреќен на светот?

18 Вреди ли ризикот

Ботокс за постар изглед? 35 Опасен алкохол

Што ако таа чашка може да ве убие?

8

Трендови 2014

Пеперутки и во долга врска

задолжително прочитајте

24

Selfie отказ

?

87 Нова секс фобија

Не сакам да се врзам за еден! 100 Контрацептивни пилули

Кои се ризиците?

6 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •

22 Online нервен слом: можно ли е да ви се случи и вам? 26 Како ја трошите платата за 5 дена?

ВО НЕГОВИОТ УМ

38 Дали сте на иста секс страна? 40 Згоден дечко 41 Прашајте го било што

BEAUTY 67 Убави и без make up 70 Најдобрите водоотпорни маскари

unique за јулскиот

Тревата е секогаш позелена во комшискиот двор...

32

82

Bue ...или не? Кога сте со стаж од неколку години во долга врска лесно е да се уверите дека на сите други им е поинтересно доколку ги слушате или пак ги набљудувате како се однесуваат на Facebook. Текстот од минатиот број „Јас и ти како Victoria + David Beckham“ ме увери дека и други девојки ги имаат сличните мисли за таквите идеални парови, но кога врската ќе прекине, кога вистината ќе излезе на виделина, сфаќаат дека и не им е така лошо со момчето со кое се во врска, а се чини дека го знаат цел живот. На крајот сепак испаѓа дека секоја приказна е различна, треба да научиме да не завидуваме. Мартина

На лизгав терен

71 Вашата beauty летна листа

ТИ И ТОЈ 86 Дали претерувате со состанувања? 90 Новиот секс речник 92 Дали е љубов или... не?

LIVING 94 Зошто бисексуалците имаат поголеми здравствени ризици? 96 Тренинг мени 104 Дали функционира вашиот нутритивен план? 110 Зошто постојано сум уморна?

Позајмувањето пари никогаш не ми било јака страна: кога треба да позајмам имам големо чувство на непријатност, а уште поголемо доколку се најдам во позиција да си ги барам парите што сум ги позајмила. Текстот „А да ми ги вратеше парите?“ ја препозна оваа моја непријатност и ме наведе на техники што секако ќе ги применам во иднина. Фала Unique, Јасмина, Скопје

Дали сте знаеле дека... 1/3 од жените апстинираат од секс за да го казнат партнер. Уште интересни податоци за спроведување моќ во сексот ќе најдете на страна 84. Контактирајте нѐ на:

contact@uniquemag.mk


UNIQUEyounique

Mohиtop ТВ Olivia Pope (ја толкува талентираната Kerry Washington) - дамата од која сите се плашат, но без која не можат. Таа знае да се соочи со сите кризи, да ги амортизира сите скандали и да го заштити угледот на администрацијата на Вашингтон. Единствената контрадикторност на професионализмот што го демонстрира е аферата со нејзиниот поранешен шеф, претседателот на Соединетите Американски Држави. Напишана од креаторот на Grey’s Anatomy, Shonda Rhimes, третата сезона ветува многу повеќе од претходните две. Слично како и со Breaking Bad, потребни беа неколку сезони за серијата да ја достигне популарноста што ја заслужува. Доволно е да ѝ дадете шанса и ќе се заразите. Тргнувајќи од брзите мудри дијалози, пријателското забодување

scandal а Забелешки з

нож во грб од речиси сите во шоуто, а да не ги споменуваме неколкуте секси сцени (ни помалку ни повеќе туку во канцеларија) – серијата е одлична тема за социјализирање со пријателките. Во срцето на шоуто секако е самоуверената Olivia Pope, која не само што е похрабра од било која жена, маж или корумпиран политичар, таа е и синоним за гламур и тогаш кога пие вино со виклери во коса. 14 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •

МУЗИКА

Старо име

ново CD

La Roux / Trouble in Paradise После 5 годишна креативна пауза, поп пејачката се враќа со сексапилен и експериментален звук. Препознатливиот фалсет (висок пискав глас) повторно е тука заедно со заразниот ритам. Музичките критичари веруваат дека Kiss And Not Tell ќе биде број 1.


UNIQUEyounique

ФИЛМ

СТИЛСКА СКАЛА

Од бал до состанок, Olivia Pope е Првата дама на стилот

КНИГИ

Ако имате тање... и ч а з е м е вр

1

Четириесет правила на љубовта

Елиф Шафак

Boyhood

На почеток ќе се запознаете со Mason Jr. (Ellar Coltrane) кој има шест години и неговиот оддалечен татко (Ethan Hawke) кој се враќа дома, а потоа ќе го дознаете целиот негов живот. Интересно е тоа што режисерот Richard Linklater го снимал филмот цели 12 години, со паузи, со цел буквално да го долови растењето на децата. Резултатот е фасцинантен, уникатен експеримент; вистински уникат.

x Во класична бела тоалета, нејзината заштитна боја.

Becky (Georgia Maguire) работи како телефонски маркетинг агент во фирма во Reading (град во Англија), покрај несимпатичниот шеф кој ветува дека ќе ѝ го покаже „неоткриениот“ кварт на градот. И покрај сѐ таа го доживува за привлечен. Зошто? Бидејќи ова е филм што разбира колку животот може да се заплетка кога не сте во форма.

2

Патување од сто чекори

Ричард С. Морејс

x Сиво виолетов мантил на Max Mara.

Love Me Till Monday

3 Ела Рубинстајн е 40 годишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за романот за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник, Шемс од Тебриз. Заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара - фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

x Еве како се носи шапка, толку шик што тешко ќе можете да се фокусирате на филмот.

x А кога сака да се релаксира, тогаш сѐ е во знакот на кашмир и свила или Donna Karan.

3 Откако ненадејната трагедија во големото семејство на Хасан Хаџи ќе го протера од Индија, барајќи утеха во локалната храна низ Европа, тоа конечно се вдомува во тивкото село Лумиер на француските Алпи. Новоотворениот и бучен индиски ресторан е трн во окото на мадам Малори, сопственичката на елитниот француски ресторан отспротива. Нивната кулинарска војна кулминира со кобна пресметка во која затечениот Хасан за малку ќе настрада. Двете страни ја закопуваат секирата и младиот готвач ја прифаќа неповторливата понуда на славната готвачка – да го воведе во тајните на француската кујна. Оттаму судбината го води во безброј нови авантури во Париз, светската престолнина на гастрономијата.

3

Роман за прељубата

Исидора Бјелица 3 Преку приказната за три сестри - Бјелица се фаќа во костец со една од најболните теми - прељубата. Низ вистински приказни, телефонски пораки, како и шокантни податоци за користењето на црната магија во борбата за освојување на мажите, Исидора разоткрива еден необичен свет на прељубници и изневерени жени... Има ли љубов по прељубата? Како да се победи во љубовта и како да не се полуди од страст?

• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 15


sотказ elfie UNIQUEкариера

Кога селфи фотографијата нема да помине добро кај претпоставените го имате оној момент: со свој камен по своја глава. Луѓе средете си го Facebook и Instagram профилот додека барате работа, бидејќи од него почна директно да зависи дали ќе го поминете конкурсот или не. Дојде време кога претпоставените задолжително му се обраќаат на Google за препорака. Една ваша фотографија со превртени очи е доволна за да го избрише просекот 9.5. Да има и доста перверзни газди што ќе ве вработат токму поради кусото здолниште, но не радувајте се предвреме, бидејќи ако вашиот капацитет никогаш не го засени сексапилот (поради кој ве вработија) ќе сакате да избегате од таму. Радарот во моментов е насочен на селфи фотографиите, тие можеби ја забрзаа кариерата на Kim Kardashian, но тие напумпани усни како на патка можат да ги уништат сите ваши шанси да го смените статусот невработен. „Селфи со ва-

24 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •

шите пријатели во град (сѐ додека сте пристојни) покажува дека знаете да се социјализирате, но безброј фотографии додека позирате во спална делува детски. Кога ќе видам профил на 28-годишна девојка со безброј селфи фотографии, дури и во бања, едноставно не смеам да си дозволам да вработам таква личност,“ изјави анонимен регрут на економисти од Њујорк. На сериозните компании им се потребни вредни индивидуи кои не ја следат толпата. Да, има и такви кои го гледаат токму спротивното. Колку бев изненадена кога другарка ми бесна му се дереше на момчето да направи профил на FB, бидејќи една наша фирма одби да го вработи со изговорот: „Тоа што немате FB профил покажува дека не сте комуникативен човек и не сте во тек со светот, секогаш ќе заостанувате пред останатите во ти-

мот.“ Се прашувам што ќе пропушти, нова фотографија од колешката во мини здолниште која цел ден кружи меѓу колегите? Нашиот графички дизајнер нема FB профил па е во тек со сѐ. Знаете на FB може да сурфате и без да имате профил и без да ја откриете приватноста. Претприемачите се согласуваат дека луѓето кои постојано се сликаат себеси, најчесто се оние кои постојано се жалат и често се разболуваат. Опсесијата со себеси

Lindsay L o остана бе han можеби ќари нов з градник, но пријател

изразена преку фотографија е всушност потреба да ја освоите и да ѝ се допаднете на толпата, а за професионалците тоа сигнализира слабост и недоволно самодоверба. Jenna Keen-Haudi од Hays Marketing вели дека прегледувањето на кандидатот онлајн пред да дојде на интервју е задолжителна норма. Таа вели: „Работодавачите се во потрага по личност што ќе се вклопи во нивната организација, неколку внимателно објавени фотографии можат да ги натераат да ве повикаат токму вам. Важно е да не оставите впечаток дека немате попаметна работа во животот освен да висите на социјалните мрежи.“

СЕЛФИ ИЛИ НЕ

Kim Kardashian се пофали на Instagram со својата фигура после пораѓањето

Amy Child s, слобод но м наречем ожеме да ја е кралиц „патка“ ф а на ацата

Не само што селфи фотографијата може да ве исфрли од трката за работната позиција, истата може да ви донесе отказ. „Класичен случај: вработениот се јавува дека ќе отсуствува, бидејќи е болен, а на нет се појавува фотографија од минатиот ден додека се лади покрај базен,“ вели Andrew Cross, корпоративен инспектор за Answer Investigates. „Голем број вработени се заплеткуваат во својата мрежа од лаги – запомнете, иако вашиот профил е приватен, вашите пријатели не се.“ Очигледно треба да се претвориме во Horatio Cane, да внимаваме на секој таг, пост, статус – на сопствениот и на туѓите. Медиумските компании или редакции оправдано бараат луѓе што знаат да манипулираат со моќта на медиумите,


бидејќи денес вестите се протнуваат преку социјалните мрежи, тука се стекнуваат читатели и се проширува мрежата на контакти. Dan French, ко-основач на мулти бренд компанијата Clifford French, вели дека очекува неговите вработени да се гордеат со својот изглед, а селфи фотографиите го покажуваат токму тоа. Хммм, а дали вработените треба да позираат со гардероба од неговите дуќани? „Мојата агенција за вработување бара луѓе кои се опседнати со медиумите и популарната култура,“ објаснува тој. „Селфи фотографиите се забавни, модерни и тука ќе останат додека не се појави нешто ново.“ Треба да сте од друга планета за да не го видите постот на Ellen DeGeneres за Оскарите. Токму такви вработени ни требаат, оние што се во тек.“ Никогаш нема да погрешите ако поставите линија помеѓу професионализмот и приватноста. Научете се да ги сервирате информациите што само ќе ви донесат поени плус во кариерата (во зависност од нејзината природа) остатокот задржете го за себе, за да не ве искористат и да не ве откријат кога треба да лажете по секоја цена.

ПОЈАВАТА НА СЕЛФИ ЗАВИСНОСТ

gram insta ШТО ВЕЛИ ЗА ВАС?

СЕЛФИ ВО САЛА На прва: вие сте вредна личност, но скриената порака вреска од его и сексуалност. Место поза во сала за вежбање кажете, „Како мислиш изгледам секси во ликра?“

ХРАНА Голем домашен оброк демонстрира искреност и добродушност. Но, зад вкусната пита може да се крие бездушна душа. Најверојатно сте одлични во убедување.

СО НЕКОЈ ПОЗНАТ За некои луѓе моќта е длабока потреба – изгледате како да сакате да импресионирате некого или да го подобрите статусот што го уживате.

ВРЕМЕ Е ЗА ЗАБАВА Вакво славно мени асоцира на авантуристички дух со силни семејни вредности. Ќе оставите впечаток дека вие сте меурчето во канцеларија.

ПОСТ ЗА УБАВИНА Ова гласи: високо влијание, високо одржување. Алфа животните се најнегувани во групата, па иако делува површно, покажува дека се сметате себеси за лидер.

ЛАБАВЕЊЕ Фотографиите од одмор поттикнуваат завист и сугерираат дека сте опседнати со материјалниот статус. Искачувањето некоја планина ќе има спротивен ефект.

УМЕТНОСТ Уметничките фотографии демонстрираат длабока личност. Вие пуштате траг, не се откривате премногу и чекате да видите како публиката ќе ве дефинира.

МАНТРА Длабоките мисли ќе ве дефинираат како силен анализатор, но со нешто слатко и површно ќе делувате ноншалантно. Можно е луѓето да помислат дека ви недостасуваат идеи.

ПИЈАЛАК Пијалакот испраќа порака: „Добредојден си да ми се придружиш,“ што асоцира дека сте социјални. Но доколку е пренагласено, оставате простор за сомнеж...

Првиот случај на „зависност од селфи“ заврши во медиумите откако 19 годишниот Danny Bowman призна дека неговата навика да се фотографира себеси 200 пати дневнo го чинела исфрлување од училиште. Како последица од ваквата зависност се јавува депресија, изолација и проблеми со спиење, вели Д-р Nerina Ramlakhan од Capio Nightingale клиниката во Лондон, која ги третира

пациентите со зависност од технологии. Но откажувањето од телефонот не мора да биде стресно. „Поврзете го телефонот со дишењето,“ вели Д-р Ramlakhan. „Секогаш кога ќе почувствувате потреба да го проверите уредот (телефонот, профилот...)вдишете и дозволете му на воздухот да го исполни стомакот. Запрашајте се, ‘Дали навистина имам потреба од телефонот во моментов?’“

UNIQUEкариера

b Во слободно време изработувам накит, го објавувам на мојата страна на Facebook и оттука примам нарачки. Освен објавите на изработките, дали можам нешто да сторам за да ја проширам мрежата на купувачи? А Социјалните медиуми се одлична бизнис алатка и простор за рекламирање, но маркетингот е многу повеќе од објавување постови. Едноставните нешта како бизнис картичка можат да направат да делувате професионално. Креирајте профил исклучиво за накитот што го изработувате, приватните фотографии се непотребни. Замолете ги потрошувачките да ги објават своите комбинации со вашиот накит, бидејќи потрошувачот е најдобрата реклама за производот. По можност патентирајте го производот за да ја поткренете неговата ексклузивност. Искористете ги контактите за да го претставите својот талент во некоја ТВ емисија или во списание. Бидете трпеливи и секогаш нудете нешто ново, не работете по истиот шаблон, бидејќи ќе се најде некој што ќе ве засени. Манипулирајте со попусти или понуди како: купи 2 добиј го третото гратис.

• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 25


UNIQUEнајдобра

megan

fox

Неверојатни гени, главна улога во претстоен летен филмски хит, две прекрасни деца и сопруг од соништата кој со задоволство менува пелени: што уште да посака оваа актерка? Добро, освен малку повеќе слободно време за секс...

Megan Fox откако стана мајка кариерата ја стави во втор план, пред два месеци го роди вториот син Bodhi, постариот Noah постојано го бара нејзиното внимание, додека нејзиниот 9 годишен партнер Brian Austin Green (David Silver од хит серијата Beverly Hills, 90210) потполно е запоставен. „Навистина ми е жал за него, повеќе немаме интимност. Во некои денови едвај разменуваме по некој збор, бидејќи јас го чувам Bodhi, тој го чува Noah, а потоа се менуваме. Стално се тешиме дека ќе појдеме во некоја хотелска соба да си надоместиме додека децата спијат, но тоа сѐ уште се нема случено. Нашиот сексуален живот е ставен во мирување.“ 28 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •

Megan отсекогаш била искрена и токму поради тоа луѓето ја сакаат. Таа не го обожува богатиот снобовски живот, комплетно сака да ја одигра улогата мајка иако тоа подразбира запоставување на брачните обврски, но еј, така им е на сите жени. Годинава конечно ќе ја видиме и на филмското платно во филмот Teenage Mutant Ninja Turtles.

Како ја одржуваш страста во бракот покрај две мали деца? 3 Јас не сум вистинскиот човек за ваков тип на совет! Joe Gorga од The Real Housewives од New Jersey велеше дека бил „полн со отров“ и требал да има секс со жена му за да се ослободи. Тоа секогаш ме смееше, бидејќи е вистина, изненадена сум што Brian сѐ уште не искусил токсичен шок синдром. Ова значи дека не излегувате на состаноци? 3 Откако се роди Noah излеговме три пати. Навистина ми е тешко да одвојам два часа да се подготвам, а потоа да

заминам на вечера. Кога се работи за професионален ангажман, свесна сум дека мора да најдам време. Сѐ останато ми е многу комплицирано и непотребно.

Што е потребно за врската да успее после долги години? 3 Неопходно е да најдете човек што ќе ја сака, што ќе може да ја поднесе и вашата најлоша страна, затоа што не можете да бидете актерка во секој момент, засекогаш. Brian и јас направивме сѐ што може да се направи за да се уништи една врска и сѐ уште се сакаме. Не сакам да се перчам и да велам дека никогаш нема да се разведеме, но искрено не можам да замислам сценарио што не би можеле да го пребродиме. Кое е лепилото во вашата врска? 3 Голем дел игра тоа што се почитуваме како родители. Жал ми и за жените кои имаат чувство дека се сами откако ќе родат дете, бидејќи мажите креваат раце од обврски. Про-

мената што како жени ја доживуваме е навистина тешка, но не е наменета само за нас. Brian е подготвен на секаква жртва за да нѐ усреќи. Кога ќе ме види преморена, вели: „Оди одмори, јас ќе се погрижам за двајцата.“ Поради тоа сакам вечно да му бидам сопруга. Околу тоа како да го одржувам сексуалниот живот, помогнете ми вие.

Дали имаш високи очекувања кога сексот е во прашање? 3 Би рекла дека и двајцата имаме ниски очекувања, но по природа тој е среќен кога дава, сака повеќе да се труди, а јас не се противам на тоа. Кое е најлудото место каде што сте имале секс? 3 Brian цел живот е мета на медиумите, така што не постои такво место, бидејќи едноставно е многу совесен за да си дозволи таква екскурзија. Јас пак се плашам и кога сме во хотелска соба. Ги повлекувам завесите, ги покривам клучалките со пешкир, да не случајно некој се обиде да ѕирка.


За доживотна љубов ви треба човек што ќе ја сака и најлошата верзија од вас!


cekc...

ctpaha?

Дали сте на иста

Ви нудиме тест што гарантирано ќе ви помогне да ги усогласите секс желбите и да дојдете до врвно задоволство.

38 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •


UNIQUEвонеговиотум

СПРЕМНИ Ако сте за жежок секс СЕГА за почеток решете го тестов. Ако не е наведена вашата потајна сексуална активност на листата, додадете ја кај празните полиња...

Сонувате за подолготрајна предигра? А колку би ве усреќил доколку после оргазмот ви понуди уште една партија орален? А што би помислил доколку му предложите да вклучите некоја секс играчка во чинот, дали тоа би го навредило? Да, жените имаат навика да си зборуваат сами со себе и без оглед со колкава сексуална самодоверба располагате, за некои интимни дискусии навистина е потребна храброст. Но, зошто се срамиме да зборуваме за нашите најдлабоки желби и фантазии и со човекот што со години е покрај нас? Секс експертот и автор на Sex Made Easy, Debby Herbenick вели: „Сексуалниот срам и табуата ги тера луѓето да се грижат и да се запрашаат дали нивните желби се нормални, додека студиите покажуваат дека здравото сексуално однесување премногу се разликува од човек до човек. Уште поважно, кога желбите се јавни ќе успеете да ги разберете меѓусебните потреби и ќе станете поблиски.“ Овој испит за сексуална компатибилност ќе ви ја задоволи потребата за „срамниот“ разговор, тестирајте се за да дознаете каде лежи вашата вистинска сексуална љубопитност. Земете пенкало и наизменично оценете колку сте заинтересирани за активностите наведени во листата десно ( 1 = не доаѓа во предвид; 2 = не многу заинтересирани; 3 = умерено заинтересирани; 4 = многу заинтересирани). Забрането ви е да ги погледнете одговорите, затоа ви сугерирам да ја препишете листата на уште еден лист, па откако и двајцата ќе завршите споредете ги.

1

Орално да го задоволите

17

Сува пенетрација

2

Орално да ве задоволат

18

Праќање валкани секс пораки

3

Да играте стриптиз за партнерот

19

Секс на отворено

4

Секс играчки

20

Јадење храна еден од друг

5

Секс во бања или под туш

21

Брз, краток секс

6

Да гледате порно филм заедно

22

Да го заврзете партнерот

7

Вие озгора

23

Партнерот да ве заврзе

8

Кучешка поза

24

Сензуална масажа

9

Взаемен орален секс поза 69

25

Да се снимате додека имате секс

10

Секси долна облека

26

Секс со улоги (вие докторка, тој пациент)

11

Најмалку 30 минути предигра

27

Секс повеќе од еднаш дневно

12

Секс во тројка

28

Споделување на фантазиите, еротска фикција

13

Стимулирајќи го таму долу со прсти

29

Бакнување најмалку 30 мин.

14

Взаемна, истовремена мастурбација

30

Анален секс

15

Да се плескате по задник

31

__________________ __________________

16

Да ве плескаат

32

__________________ __________________

Штом си ги споделите одговорите ќе забележите каде се поклопуваат вашите секс интереси – искористете го ова како стартна (но, не и единствена) точка до пожежок секс,“ советува Debby. „Размислете што може да преземете за да го зачините сексот, особено ако едната страна високо оценила одредена активност, а другата ` вдахнете живот на таа не. Размислете како можете да и активност, а при тоа и вие да уживате.“Хм, јас би рекла една компензација ќе заврши работа: ти мене орален, јас тебе стриптиз. • АВГУСТ 2014 • UNIQUE 39


NostalGic Summer in

BoHo BoHo stylE stylE

• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 45


• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 49


50 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •


• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 51


имаме 4 модели кои треба да се најдат во вашиот плакар ова лето

За сите зависнички ниски сандали

D&G

балетанки

62 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •

Valentino


UNIQUEfashion

од

добри чевли Fendi

потпетици Isabel Marant

сандали со плута

• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 63


Last summer Pashley

Принт

Tropical

Jil Sander

внимателно Бирајте ги додатоците Parfois 2.690 ден.

64 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •


trends! Romantic

UNIQUEfashion

фатете ги последните трендови за ова лето и комбинирајте ги паметно

Тантела

Modern

Preen

внимателно Бирајте ги додатоците

• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 65


UNIQUEliving

Бонбони или пилули за контрацепција што е поштетно?

Вистината: Ризикот од срцев

удар при константно користење на пилули е 0.01 проценти. Изненадување: Исхраната богата

со шеќер го зголемува ризикот од срцев удар за околу 300 проценти. Но, контрацептивните пилули се оние кои имаат лоша репутација. И нашите мајки се сеќаваат на ризиците поврзани со нивното користење. Илјадници наслови од кои одекнуваат алармантните статистики. А приказните што се пренесуваат од колено на колено меѓу колешките, пријателките, на Facebook само го продолжуваат стравот и за следните генерации. Затоа, група на експерти точно ги определија вистинските ризици од хормоналната контрацепција кои се реални, но многу поретки отколку што мислите.

100 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •


UNIQUEliving

Грижата

Дали пилулата за контрацепција ќе го зголеми мојот ризик од срцев удар?

Грижата Дали пилулата се поврзува со рак на дојката?

Грижата

реалност

Во последно време, интернетот е преплавен со приказни кои се потпираат на истражувањата во New England Journal of Medicine кои сугерираат дека оралните контрацептиви кои содржат и естроген и прогестрон можат да го зголемат ризикот од срцев удар кај жените за цели 80 проценти, најверојатно поради присуството на естроген. Но, сè е до контектстот. „Дури и доколку сте на комбинирана пилула, ризикот од срцев удар е сè уште 100 пати помал од 1 процент доколку сте млади и немате дополнителни ризик фактори,“ вели Margaret Polaneczky, доктор и професор по клиничко акушерство и гинекологија на Weill Cornell Medical College. „Овие истражувања треба да им овозможат мир на девојките, а не грижа, бидејќи стигаат до докази за тоа колку навистина се безбедни пилулите.“

реалност

Некои истражувања сугерираат дека оралните контрацептиви можат незначително да го зголемат ризикот од рак на дојката (од 1 на 4.000 на 1 на 2.700.) Но, „ризикот е екстремно мал, а младите жени што е најверојатно дека ќе користат пилула, имаат најнизок ризик од овој тип на рак,“ вели Д-р Polaneczky. „Секој зголемен ризик исчезнува кога ќе прекинете да ги земате пилулите, затоа не грижете се дека некогаш ќе добиете рак на дојка доколку се штитите од бременост денес. Воедно, докажано е дека пилулите за контрацепција го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево и матката, а ги намалуваат шансите за рак на јајчниците за околу 80 проценти,“ додава Д-р Polaneczky. Конечен суд

Конечен суд

Освен доколку не патите од дијабетес, срцева болест или хипертензија - за што би требало да разговарате со лекарот за намалување на ризиците при одредување на контрацептивна терапија - нема причина да се одрекувате од комбинираната контрацептивна пилула особено доколку се покажала како ефективна.

Контрацепцијата ме прави склона на инфекции?

Грижата

Дури и доколку имате историја со рак на дојка во семејството, не мора да ги прекинете пилулите. „Всушност, често пати препорачуваме носителите на BRCA генот да ги користат бидејќи тоа може да го намали ризикот од рак на јајчниците што пак кај жените со мутации во гените е поверојатно дека ќе се развие,“ вели Д-р Polaneczky.

Дали навистина пилулата може да предизвика слепило?

реалност

Не, пилулите за контрацепција нема да ве ослепат. Но ризикот од глауком – очна болест што може да доведе до слепило доколку не се третира – е зголемен од 2.5 проценти кај обичното население на 5 проценти кај жените кои земаат орални контрацептиви повеќе од 3 години, според истражувањето спроведено на University of California во San Francisco. „Ослободувањето на естроген кај жените се чини дека ги штити од оштетување нервните клетки на окото што води до глауком, но контрацептивните пилули го потиснуваат ослободувањето на естроген што ве прави делумно поранливи на очната болест,“ вели авторот на истражувањето Д-р Shan Lin, директор на Glaucoma Service. Конечен суд

„Ако користите контрацептивни пилули повеќе од три години и сте загрижени, може да закажете основен преглед за глауком и да договорите дополнителни контролни прегледи по препорака на вашиот лекар,“ вели Д-р Lin.

Грижата

Дали вакцината предизвикува остеопороза?

реалност

Жените што користат хормонална контрацепција, е два пати поверојатно да носат стафилококни бактерии во споредба со жените што не се на ваква терапија, според истражувањето во списанието Clinical Infectious Diseases. Што звучи застрашувачки додека не дознаете дека носењето на бактерија, не значи и развивање на болест. Повеќе од 30% од популацијата ја носи оваа бактерија, а голем дел од нив никогаш немале некакви здравствени проблеми. „Носењето на бактерија е ризичен фактор за инфекција кај одредени болнички пациенти кои подлегнуваат на сериозни медицински процедури,“ вели Dennis Nurjadi, доктор и истражувач на институтот во Tubingen.

реалност

Контрацептивните средства што се инјектираат можат да предизвикаат 1 до 4 проценти губиток на густината на коските што ги зголемува грижите дека жените кои го користат се под ризик од фрактури на коските и остеопороза подоцна во животот. За среќа, ваквиот губиток е реверсибилен: „Густината на коските се враќа на старото ниво кога ќе прекинете со инјекциите, а не постои доказ дека жените што земале вакви контрацептиви се посклони на фрактури или остеопороза,“ вели Д-р Anne Burke, професор по гинекологија и акушерство на Johns Hopkins University School of Medicine. Конечен суд

Конечен суд

Истражувањето открива како хормоналното ниво влијае на имуниот систем. „Овие хормонални промени се дел од нормален, здрав живот – како бременост, пубертет и менструалниот циклус,“ вели Д –р Nurjadi. Прекинувањето на терапијата нема да ве спречи да бидете носител на бактеријата и понатаму. А најдобриот начин да се спречи инфекција? Мијте ги рацете со топла вода и сапун.

Подобностите од ваквите контрацептиви далеку ги надминуваат ризиците од остеопороза, особено кај жените што патат од полицистични јајчници, ендометриоза или тешки и болни месечни циклуси кај кои инјекцијата е единствената помош. „Единствено не би ја препишала на жени со нарушувања во исхраната бидејќи тие имаат зголемен ризик од порозни и кршливи коски,“ вели Д-р Burke. • АВГУСТ 2014 • UNIQUE 101


c k ce UNIQUEти&тој

речник

Нов

а го its требаше д ef en b h it w s то d n знаете негово у години frie к го л о о р ек б н о д ед е р еќ п ии Доколку к, денес в ва со зборов мин во речни ту р га те о о к зб а е к с те о н бара ње. јднев ечникот секо нивното значе го те ј а зн о значење. Но р д ни со сексот фрази поврза

Pornocchio

Аха, значи вчера имаше секс 5 пати, 11 оргазми при тоа и безброј нови пози? Хм, сигурно станува збор за т.н. Порнокио кој повеќе се изморува од кажување лаги отколку од вистинска секс-акција.

Give and go

Буквално би се превело дава и си заминува или во послободен превод - удри, бегај. Се разликува од сексот на брзина (quickie) по тоа што иако и двата имаат временска рамка, дневниот распоред на партнерите што следи по сексот на брзина е непознат. По give and go сексот, и обата учесници во него продолжуваат со своите индивидуални активности – веројатно со широки насмевки.

Booty grazing

Сигурно, барем еднаш до сега сте добиле порака, доцна навечер со содржина: „Што правиш?“ или „Кој ти е планот за вечерва?“ Навидум нејасна, но со јасна цел зошто е испратена. Но, имате ли чувство дека не сте единствената девојка што ќе ја добие идентичната порака од истиот испраќач? Ништо чудно со оглед на тоа дека барањето плен (booty grazing) е токму тоа - испраќање пораки до повеќе лица со надеж дека барем еден ќе загризе на мамката. Романтично, во никој случај, но знаете што велат за упорноста...

Cereal sex

Кога сте во сушен период, cereal sex е моментот што долго го очекувавте – најчесто секс за една вечер. Но, исто како и овесните мусли за појадок – навистина добри - сѐ до 11 часот кога повторно сте прегладнети, а не знаете кога допрва ќе имате ручек. Ја сфаќате аналогијата, нели? 90 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •

Fertilising

Иако почесто може да се чуе од мажите отколку од жените, наѓубрувањето не е непознат поим. „Тој подразбира контактирање со некого преку телефон/порака/меил со кого потоа ќе исконтактирате доцна навечер за - секс. Значи, вложување труд сега за тоа да вроди со плод подоцна,“ вели таа. Мажите се согласуваат дека најдобар период за fertilising е средината на неделата – нема да падне договор за излегување тој ден, туку се постила теренот за по неколку денови, кога е помала веројатноста дека ќе бидат одбиени од девојката во 23 часот.

SUI

Swiping under the influence или пијан секс во послободен превод. Алкохолизираната состојба ве довела до одлуки за кои утре можеби ќе се каете. Погрижете се happy hour понудите, навистина да бидат среќни, не обратно.


Grey ratio

Сивиот сооднос нема ама баш никаква поврзаност со Christian Grey. Всушност и нема никаква сексуална поврзаност, туку служи за одредување на балансот во врската – барем текстуално. Системот за пораки (на iPhone, WhatsApp) ги покажува пораките што сте ги испратиле со сина или зелена боја, а оние што сте ги примиле со сива боја. Погледнете ги пораките во целост – идеалниот сооднос на зелена, односно сина и сива боја е 50:50 (реципроцитет во комуникацијата). Комплетно сивите пораки покажуваат дека желбата да ја видите личноста што ви ги испраќа истите пораки гола, е еднаков на нула.

Sexnology

Како што самото име секснологија кажува, станува збор за технологијата што се користи за да се стигне до задоволство од вибратори, па сѐ до кибер-секс. Пример? Ја чувам секснологијата на горната, затскриена полица.

Sorbet sex

Или шербет секс или сексорцизам (sexorcism). „Ова е сексот за преболување кој комплетно го отстранува вкусот на последната врска,“ објаснува секс едукаторот Allison England.

Procrasterbate

Туку што завршивте со епизодата од омилената серија и ви останува уште час и половина во кој не знаете што би направиле... Перењето на садовите е неопходно, но по радо би се задоволиле себеси... ова одложување има уште една варијација: „halfterbation – мастурбирање (но не до точка на оргазам) пред состанок за да се зголеми возбудата,“ вели сексологот Д-р Jessica O’Reilly.

FWB 2

При friends with benefits акцијата, интересот брзо се губи кога ќе сфатите дека не добивате нешто повеќе од сексот со пријателот, отколку од оној со типот што едвај го познавате или од соло акцијата. Чекор напред е FWB верзија 2.0 – feedback with benefits. Замислата е кога веќе се разголувате со некој со кој се чувствувате комплетно слободни при разговорот, зошто да не дадете и примите мислење поврзано со секс изведбата.

Pre Cop

Договорот пред копулација, или предсекс договорот се потпира на правилата на предбрачниот договор. Само наместо да се договарате кој колку пари, имот и покуќнина ќе земе, се договарате со цел да ги заштитите чувствата. „Стравот е голем дел од општеството што не сака обврски: „се бориме и плашиме од одбивање, а имаме потреба да бидеме сакани,“ објаснува Rachel McCoy, секс терапевт и советник на брендот за возрасни We-Vibe. „Искрениот договор за однесувањето по сексот го ограничува емоционалното несогласување што би можело да настане,“ додава таа.

Half-night stand

Поточно, измолкнување од секс за една вечер пред личноста со која сте спиеле да се разбуди. Тоа е единствената прилика во животот кога snooze копчето на телефонот дефинитивно нема да ви помогне и послужи. • АВГУСТ 2014 • UNIQUE 91


UNIQUEliving Не можете да ја заборавите девојката со дефиниран стомак што 10 дена гордо парадираше на плажа, додека вие се потевте во целосниот костим за капење? Сигурно мислите дека се убива од вежбање? Бидете сигурни дека се убива и од јадење, бидејќи за мускули се потребни протеини, а не диета. Been Coomber е спортски нутриционист и добро е да го следите неговиот план за исхрана ако сакате затегната половина. Вежбајте напорно, хранете се правилно и не чекајте да дојде септември.

ПОЈАДОК

Ако сакате мускули на стомакот, мора да скршите некое јајце. Направете кајгана од 2-3 јајца со чили пиперки, пржете ги во маслиново масло.

01 ЈАЈЦА

Нивните протеини ќе ви помогнат да ги пораснете мускулите. За да се согорат јајцата, телото ќе потроши повеќе калории во однос на јаглеродните хидрати, што значи за појадок барајте нешто што ќе го израмни (вовлече) стомакот, место за леб нема! Been не потенцира дека треба да ги исфрлите жолчките. 96 UNIQUE • АВГУСТ 2014 •

02 ЗЕЛЕН ЧАЈ

Навиката за утринско кафе е во директен конфликт со намерата да го зацврстите трупот (грбот, стомакот и градите). Исто како и кафето, зелениот чај го поттикнува метаболизмот, но тоа нема да си поигра со вашето енергетско ниво, да ве расони па драстично да ве кутне, а уште помалку ќе предизвика тахикардија.

03 ЛУШПА ОД ПОРТОКАЛ

Не ви се допаѓа вкусот на зелениот чај? Додајте малку кора од портокал и ќе додадете цитрусна свежина. Добро е да знаете дека пектинот што го има во лушпата го контролира апетитот. Со сигурност нема да ви се јаде наредните 4 часа.

04 ПОРТОКАЛ

Каснете портокал после омлетот. И не, не го измисливме ова за да не го фрлите портокалот од погоре. Ако веќе барате причина: менито што се базира на витамин Ц ќе ви помогне да согорите дополнителни 25% масти додека вежбате, се вели во студијата на Arizona State University.

05 ЦРВЕНИ ПИПЕРЧИЊА

Ако сакате екстра витамин Ц, потрудете се да не го чепкате шеќерното ниво и тука на мени доаѓаат пиперките. Зошто чили, а не обични? Бидејќи тие содржат повеќе аскорбинска киселина, и во однос на портокалите. Но погрижете се да бидат крцкави – претераната термичка обработка го уништува нивниот ефект.


UNIQUEliving

01 СКУША

Сигурно многупати сте чуле дека омега-3 масните киселини се добри за телото. Бидејќи ја регулираат енергијата, ја дефинираат мускулната маса и го поттикнуваат центарот за мотивација во мозокот, би рекле дека се идеални за креирање на стомачните мускули.

02 БРАЗИЛСКИ ОРЕВИ

Содржат селен кој ја поддржува работата на тироидната жлезда и игра клучна улога во одржувањето на метаболизмот. Една рака бразилски ореви содржи 10 пати повеќе селен од дневно препорачаната доза. Што значи ако сте редовни, доволно е да јадете по 2-3 оревчиња.

03 ЗЕЛЕНИ И ЦРВЕНИ ПИПЕРКИ

Не постои некое посебно откритие кога станува збор за пиперките. Пиперките се ниско калорична варијанта да го збогатите оброкот. Научно е докажано дека визуелниот знак директно влијае на ситоста, па колку поголем сад со салата толку посит мозок.

04 КОРНИШОНИ

Мит е дека нивните калории не се добри и дека дополнително ќе ве огладнат. Корнишоните можат да се пофалат со многу растителни влакна и содржат многу вода. Го регулираат ослободувањето на енергија од останатата храна.

05 ЗЕЛЕН ЧАЈ

Токму така, уште една шолја и постои добра причина зошто ви треба репете. Една јапонска државна студија потврди дека редовното консумирање зелен чај го подобрува капацитетот за вежбање најмалку 8%, а може да стаса и до 25%. Дали сте жедни сега?

РУЧЕК

Фрлете ги сите овие состојки во еден длабок сад за салата ако сакате цврста половина. Добрата вест: нема да сте депримирани како кога сте на диета, а ќе бидете сити до 14:00.

• АВГУСТ 2014 • UNIQUE 97


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.