Unique Magazine 17 (април 2011)

Page 1

facebook.com


ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Април 2011

Avon Super Enchnant

50 Владимир

маскара 249 ден.

83 Заводлив поглед за оваа пролет

Крстевски - Франц

Bourjois

сенка за очи 490 ден.

87 Очи во

„Ќе бидам многу посветен татко“

БОЈА!

69 РЕТРО

YOUNIQUE

LIVING

11 Start Up вести 16 Хороскоп

104 8 алергиски поттикнувачи 105 Кога се работи за повеќе од само ПМС 109 Ако се обидувате да забремените...

НАЈДОБРА 20 Славните музи на

ГРОЗНИЦА

Accessorize ланче 740 ден.

светските дизајнери

25 „Диеталните пилули ќе не убиеја за влакно“ Исповед од реалниот живот

28 Sarah Jessica Parker „Со години се

Lady GAGA

обидував да останам бремена“

39

Miss Sixty сандали 7.290 ден.

Ed

Westwick

„Најголема слабост ми е женскиот врат“

ВО НЕГОВИОТ УМ 38 Онлајн неверство Најголемата закана за вашиот брак

42 „Извини“ на машки начин 44 Вашиот сексуален потпис

САМОДОВЕРБА 45 Дувнавте 30 свеќички? Тукушто започна најубавата декада од вашиот живот!

47 Препознајте ја жената што сака да ви го украде партнерот

48 Natalie Portman „Би се откажала од сѐ поради тие што ги сакам“

FASHION 56 Моден едиторијал 88 Последните модни идеи на македонските креатори

ТИ & ТОЈ

90 Сите лица на љубовта 95

Еволуција на една врска Канцелариско искушение Дали таа му е само колешка? Adam's Shoes балетанки 2.690 ден.


Alexa Chung Често изјавува дека чевлите се нејзината пасија и дека нај­ мно­гу мрази да носи стандардни модели. Овој пат се одлучила за сребрени чизми украсени со бисери.

Emma Roberts

Тие одлучија ДАЧЕКОРАТ ПОИНАКУ! По совет на нивните стилисти

или поради личен избор, како и да е, овие celebrity зачекорија во нестандардни високи потпетици. Понекогаш е доволно да облечете наједноставна гардероба и впечатливи чевли за да изгледате модерно. Погледнете како се прави тоа со вкус.

Внуката на една од најплатените актерки во Холивуд, Julia Roberts, присуствува на премиерата на „It’s Kind of a Funny Story“, облечена и во не толку впечатливо сиво фустанче. Но, получизмите ја поправија целата слика.

Heidi Klum Секогаш зрачи со префинета женственост за разлика од помладите генерации на супермодели кои се зависни од таканаречениот „street look“. Но, тоа не значи дека не се осмелува да оди по работ.

Leighton Meester

Главната ѕвезда на серијата „Gossip Girl“, донесе вистинска свежина во модата на црвениот тепих. Овој пат ја издвоивме поради модерните чизми со отворени прсти кои ги носеше во комбинација со тесно фустанче.

Rose McGowan Emmy Rossum

Актерката Emmy Rossum пристигнува на црвениот тепих на CNN Heroes, облечена во пудра боја фустанче со златни додатоци. Нејзината варијанта на получизми со отворени прсти внесоа грубост во елеганцијата.

Речиси и да нема настан, а таа да не се појави во било каква нијанса на зелено. Нам впечаток ни оставија нејзините високи потпетици во месо боја. Додека сите останати се одлучуваа за класични салонки, Rose посегна по нешто поексцентрично.

Mandy Moore

Фустанчето со боја на циклама, актерката го носеше со златни получизми отворени на средина, на премиерата на „Tangled.“


носта. Постојано одложува работи што мислам дека би му помогнале во животот; дури и одби шефовска позиција затоа што се плашеше дека не е доволно одговорен. Имам 27 години и ниту малку време за губење, а и сите ми велат дека повеќе се грижам за него отколку за себе. Имаат право – тотално се запуштив. Во периодот кога треба веќе да одгледувам деца, јас морам да водам сметка за 30-годишен маж кој сѐ уште се однесува како мало дете. Тоа нека го прави некоја друга, јас завршив... KittyKat

искрени &з

абавни

g o a м c u П Кој е мажот во вашата врска?

Смачено ми е да бидам мажот во врската. Смачено ми е да водам сметка за работи кои не би требало да ме засегаат до таа мера, и се нервирам кога од мене се очекуваат работи што реално не се моја обврска. На крајот на краиштата, не знам дали сум мажот во врската; можеби повеќе сум му како мајка. Ова е тоа што најмалку го посакував во животот – да бидам во врска со маж кој зависи од мене и моите постапки. Не се жалам за тоа што морам да му ја менувам постелата и да му ја прередувам облеката; не бегам од тие обврски без оглед на тоа што сѐ уште не живееме заедно. Но ми пречи тоа што морам да водам сметка за неговите обврски и одговорности, да го будам за да стигне на време на работа или да го потсетам дека треба да учи за испит. И се прашувам: како ќе ми биде кога ќе имаме деца? Ќе треба сѐ да правам сама додека тој игра покер со другарите? Знам дека длабоко во себе е грижлив и внимателен, но не знам колку е подготвен да се соочи со реал-

18 UNIQUEАПРИЛ 2011

Љубомората е вашиот најголем непријател

Мислам дека сум болна... болна од љубомора. Мојата врска беше прекрасна – првите три месеци од неа ги доживеав најубавите моменти во својот живот. И тогаш – ме изневери. Му простив бидејќи тоа што ми го направи го видов со свои очи, и знам колку алкохолот му го имаше поматено умот. Се колнеше дека ме сака и дека никогаш не сакал да ме повреди, и продолживме да се гледаме. Но, има еден проблем – не заборавив. Иако поминаа повеќе од 5 години, сѐ уште не можам да ја избришам сликата како ја бакнува таа девојка. Тој е нов човек, но тоа сега не ми вреди затоа што знам дека никогаш нема да имам нормална врска со него. Не затоа што ме изневери, туку затоа што решив да останам во таа врска. Со години наназад му го проверувам телефонот штом заспие, му ги читам пораките, му го проверувам компјутерот... и некако успевам целиот бес да го задржам во себе. Цревата ми се превртуваат кога ќе ми каже дека бившата му се јавила, и полудувам кога се смешка со колешките. Но, тој не знае за ова. Се прашувам до кога ќе издржам, можеби ќе станам премногу очигледна па самиот ќе забележи. Како и да е, не го обвинувам затоа што ме изневери; се обвинувам самата себе затоа што си дозволив да потонам во ова неподносливо чувство... Soooonja

www.notformen.com

ИЗЈАВИ...

Заеднички живот пред брак ... заедно заработуваме нешто повеќе од 20 000 денари и наскоро планираме да се преселиме во мало станче... Кики

... би живеела со него пред да стапиме во брак, но само ако имам добра финансиска потпора... Fanija_D

...со оглед на тоа каква е ситуацијата и фактот што не сум вработена и покрај тоа што имам високо образование, мислам дека нема да почнеме да живееме заедно наскоро... butterflyeffect

Вашите родители и партнерот ...мајка ми го сака како свој син, но знам дека длабоко во себе посакува нешто подобро за мене... skorpija84

...моите не сакаат да го видат и тоа ужасно ме боли. Како да останам во добри односи со нив кога не сакаат ниту да слушнат дека се свршивме... annaTH

Само една вистинска љубов?! ...нема такво нешто како љубов до крајот на животот. Времето и темпото со кое живееме налага луѓето да се менуваат од ден за ден... 236532

...нема само една, но сигурно постои. Потребно е само време и емотивна зрелост за да бидете свесни за тоа зошто сте со одредена личност... Hippie_A

...не знам што е тоа вистинска љубов. Со секој со кој сум била сум имала различно чувство; секој е посебен на свој начин... killahbabe


UNIQUEНАЈДОБРА

СЕКС СТАТИСТИКА:

КОЛКУ Е НОРМАЛЕН ВАШИОТ СЕКСУАЛЕН ЖИВОТ? 20% од жените велат дека фантазиите на партнерот што вклучуваат друга жена ги сметаат за неверство.

14% уживаат

во прегратки еднаш месечно

прават еднаш неделно.

Следната статистика е наменета за да ве натера да се подзамислите. Имено 1 во 10 жени барем еднаш била заразена со некоја сексуално пренослива болест. Тоа и не е така голема бројка ако се земе предвид дека 1/3 од жените имале незаштитен однос со нов партнер, а 1 во 10 жени постојано има незаштитени авантури за една ноќ. Како последица на ова, 48% биле принудени да се напијат таблетка за утрото потоа, а една во десет жени тоа го направила дури три пати. в н а та

КОЛКУ ЧЕСТО ?

ПАРАЈЛИИТЕ НЕ СЕ ВО МОДА Прекумерната тежина на партнерот може значително да влијае на вашата желба за секс со него, но тоа не е најчестата причина поради која жените ги одбиваат мажите. Според истражувањата, лошата телесна миризба е тоа што прво може да ве одврати од помислата да легнете со некој. На второ место се големите машки гради, а на трето големиот стомак или влакнестиот грб. Големината на пенисот не е нешто што може да влијае на вашето сексуално расположение – само 16% од жените велат дека малиот пенис може да ги разочара. Можеби ќе се изненадите, но на прашањето „Што барате во еден маж?“, речиси ниту една жена нема да ви одговори дека сака самоуверен, успешен и згоден партнер. Тоа што навистина им е важно на жените, е да се компатибилни со партнерот и заедно да се забавуваат. Половина од нив сакаат партнер кој ќе успее да ги насмее, ¼ бараат физичка хемија, а останатите само копнеат по идентични гледишта на светот.

50% од жените имале среќа да најдат партнер кој иницира секс почесто од нив. 15% велат дека нивните партнери поретко покажуваат желба за секс од нив. 26 UNIQUEАПРИЛ 2011

од жените кои се во долга врска велат дека им е потребно повеќе секс.

6 од 10 жени

сметаат дека се одлични во кревет.

15%

20%

24%

Гла а преку н и гр жаод женитес 5 0 % е ме на с е к з а в р оа к а к о е т даат. изг ле

се препуштаат на страстите 2 до 3 пати неделно

ат без секс неколку пати неделно.

31% тоа го

Подобро да се спречи, отколку да се лечи

имаат секс еднаш неделно

25% се милува-

Две од десет жени велат дека самата помисла на партнерот за секс со друга жена може да се смета како неверство, а 2 од 5 жени се чувствуваат изневерени и тогаш кога партнерот емотивно ќе се оддалечи од нив. Плус, 4 од 5 жени се против секси СМС пораки, затоа што ги поистоветуваат со физички контакт.

29%

Глума ДА, но надвор од креветот!

уживаат во сексот 4 до 5 пати неделно

МИЛУВАЊЕ БЕЗ СЕКС

имаат време за нежности еднаш или два пати месечно

лат дека имаат навика да разменуваат нежности секое утро и секоја вечер, без истите да завршат со секс.

водат љубов помалку од еднаш месечно

30% од паровите ве-

9%

Ако посакувате задоволителен секс, постои едно нешто што не треба да го правите – да глумите оргазам. Сепак, дури три од пет жени го прават тоа. Третина од нив велат дека не сакаат да го разочараат партнерот и да му признаат дека не го достигнале врвот, четвртина сакаат лошиот секс да заврши што е можно побрзо, а оние кои живеат со партнерот најчесто глумат оргазам кога се уморни. Ако сумирате, глумењето оргазам се сведува на едно – обид да не го повредите неговото его. Ова е многу погрешно, затоа што тој решил да има секс со вас под сите услови, а лажејќи го ќе го спречите да научи што ве задоволува, колку отприлика сакате да трае сексот, во која поза се чувствувате најудобно, и ред други работи што значително може да влијаат на вашата врска. Талентот за глума искористете го во предиграта, а потоа препуштете им се на вистинските чувства.


те Еве уш мче о едно мдо би му ра на кое ле да ја про од и а дозволпнатата гумиозен у р мени дбилот. Со се а, негов автомо што заробу тело е погледо совршено ричина вот лна п те. о в о д сосем да го засака за

и к с в Геле


UNIQUEВОНЕГОВИОТУМ

Online НEBEPCТBO

НАЈГОЛЕМАТА ЗАКАНА ЗА ВАШИОТ БРАК За прв пат во историјата на светот можно е да го изневерувате вашиот партнер додека лежите еден покрај друг. Бидете искрени: колку пати ви се случило тој да заспие покрај вас, а вие скришно да го вклучите лап топот и да го побарате шармантниот колега на Facebook? Интернетот и социјалните мрежи се најлесен начин да најдете забавна и интересна личност со која ќе ја исполните потребата за флерт која најчесто ви се чини безопасна, но некои истражувања го покажуваат спротивното. Лесно е да се верува дека интернет контактите се безопасни и не значат ништо, затоа што на крајот на краиштата, немате физички контакт со личноста со која комуницирате. Сепак, понекогаш не е потребен допир за да се воспостави емоционална врска. Проблемот е во тоа што ги откривате своите мисли, тајни и чувства на некој што не го познавате, што може да создаде лажен впечаток на некаква интимна поврзаност. Доволно е само една средба лице во лице со таа личност, и следниот чекор можеби ќе биде неверство. Онлајн неверството денес има влијание на повеќе од 70% од врските, а истражувањата спроведени неодамна покажале дека 60% од разводите се случиле поради Facebook. Ако вашиот партнер има развиено необично блиска врска со својот компјутер, не е исклучено да ве „изневерува на Интернет“. Но, никогаш не е доцна да проверите, како што направиле овие две девојки:

Милена Станоевска (39) вели:

Катина Илиевска (32) вели:

Никогаш не бев зависна од интернет, ниту пак мојот сега поранешен сопруг. Меѓутоа, кога Facebook почна да станува мода, и двајцата решивме да направиме профили; сепак не бевме толку стари за да го изоставиме новото „интернет чудо“. Мене бргу ми здодеа, но тој не стануваше од компјутерот. Не беше тешко да сфатам дека нешто се случува и неколку пати се обидов да разговарам со него на таа тема. Непознатите, мистериозни девојки што ги наоѓаше на интернет му беа многу поинтересни од мене, а така ја најде и својата нова девојка. Сега сме разведени и тој повеќе не е со неа. Живее сам, во еднособен стан, со мизерната мисла дека ја оплеска работата.

Слики од непознати голи жени, пораки со изјави на „љубов“, флертување до раните утрински часови - тоа беше неговото секојдневие. Не верувајте му ако ви каже дека ако нема секс со нив, значи дека не ве изневерува. Тоа е најголемата лага на светот. Токму од таа реченица ми дојде преку глава и неодамна побарав развод. Постојано ми вели дека не е виновен затоа што немал физички контакт со ниту една од тие жени, но нема да го примам назад. Понижувачки е да ги открива своите најинтимни фантазии на некоја непозната девојка, а со мене, неговата сопруга, да нема секс ниту еднаш неделно. Штом тие го задоволуваат повеќе, нека живее со нив. Мене таков маж не ми е потребен.

38 UNIQUEАПРИЛ 2011


UNIQUEСАМОДОВЕРБА

Препознајте ја

жената што

сака да ви го украде

ПАРТНЕРОТ „Децата ретко имаат можност да погледнат филм во кој нивните родители вистински се заљубуваат“ – Angelina Jolie призна дека таа и Brad се заљубиле долго пред тој да ја остави Jennifer Aniston. Ова признание не наиде на којзнае какво одобрување од светската јавност; таа беше и остана најпознатата крадачка на мажи.

O

ткако ќе се рашири веста за најновиот холивудски развод, шпекулациите дека тоа се случило поради трета личност ја заобиколуваат планетата за секунда. Дури и да нема никаков повод за тоа, медиумите ќе се потрудат да најдат дупка во приказната и веднаш ќе најдат виновник. Понекогаш овие шпекулации се вистинити, понекогаш не, но за вам да ви се замеша трето лице во врската не мора да сте дел од Холивуд. На жалост, тоа може да се случи во животот на секој обичен смртник – да стане жртва на некој зол лик што ќе се обиде да го преземе партнерот. Но тука не се работи за оние очајнички, патетични обиди да се придобие некој само затоа што поминува низ критичен период

48 UNIQUEАПРИЛ 2011

во својата врска; зборуваме за жените кои имаат доволно смелост и самодоверба да се обидат да ја уништат вашата врска или брак без оглед на нивната стабилност. Сакале или не, постојат жени кои не бираат средства за да го добијат тоа што сакаат. Нив не им е важно дали сте со партнерот 2 месеци или 20 години; тие се жедни за свеж плен, што ќе го украдат токму од вас. Но, како да ја препознаете ваквата жена ако се најде во ваша близина? Таа е неизмерно заљубена во самата себе, атрактивна е и самоуверена, но за да се чувствува исполнето мора постојано да ја тестира својата моќ ­на привлекување. На работното место не се срами да кокетира со секој што ќе ѝ фати око, и ужива во валкани игри. Секако, не може постојано да контролирате што се случува на работното место на вашиот партнер и дали од соседното биро му се смешка токму ваква жена, но лесно може да ѝ ја расипете играта. Бидејќи таа не гледа на уништувањето на туѓа врска како на нешто сериозно и недозволиво, флертувањето со вашиот партнер ќе биде повеќе од очигледно. Ќе најде начин да поминува повеќе време со него, притоа постојано забележувајќи му колку секси изгледа. Допирите се неминовни кога станува збор за нејзината тактика на освојување, што него, да бидеме искрени, воопшто не му пречи. Жените имаат силна интуиција, ваквата крадачка на мажи не може, а да не ја забележите. Најлесниот начин да се осигурате дека се сомневате во вистинската личност е да поч-

нете да му зборувате на партнерот за неа. Секој пат кога ќе прашате за неа тој ќе скокне во нејзина одбрана, со цел да сокрие колку нејзиното отворено флертување му годи на неговото его. Токму поради тоа се чувствува виновен и не признава дека постои жена која очајно сака да му се пикне в панталони. Штом ќе си потврдите дека вашиот сакан станал мета, мора да реагирате веднаш. Покажете му дека не ѝ верувате, во овој случај на неговата колешка, и дајте му на знаење дека кога вам би ви се случило истото, не сте сигурни дали би одолеале на комплиментите. Со малку среќа, тој ќе почне да ја замислува обратната ситуација; онаа во која вашиот колега флертува со вас, а вие размислувате за тоа да му возвратите. Ако вистински му значите, оваа помисла лесно ќе го излуди, и ако е доволно зрел од емотивен аспект ќе сфати дека треба веднаш да се оддалечи од неа. Во екстремни случаи, дозволено ви е да му поставите ултиматум: или вие, или таа. Добра идеја е да си ја одбележите својата територија: еден ден во неделата појдете на неговото работно место и одведете го на ручек. Ако ја сретнете, рамнодушно поздравете ја, и во зависност од ситуацијата најдете начин да ѝ покажете дека овој пат избрала погрешна цел. Дозволете ѝ да види дека вие и вашиот партнер сте блиски и заљубени како првиот ден, и дека таа не е ништо друго освен ваш непријател. Освен ако не сака дополнителни проблеми, таа ќе тргне во потрага по полесен плен. 


50 UNIQUEАПРИЛ 2011

„Ќе бидам многу посветен татко“

Владимир Крстевски - Франц


UNIQUEСАМОДОВЕРБА

Мислам дека ќе бидам многу посветен татко, затоа што тоа за мене е најголемата титула што може да ја добие еден маж. Со тоа нема играње, се работи за огромна одговорност што мора да се испочитува до крај. Имам прекрасен татко и не смеам да бидам под негово ниво. Што мислиш, во нашето општество е полесно да се воспитува машко или 1. На првиот соста женско дете? нок со девојка... Не би знаел да ка11. Врската не мо же да опстане бе 2. Жените ги импр з: жам, мислам дека е есионирам... подеднакво тешко, а 3. Не разбирам зо јас би сакал да имам и што жените... машко и женско дете. 4. Патувањето шт Кој период од животот о секогаш ќе го па 12. Верувам во метам... ти бил најтежок? Како се справуваш со рабо5. Мојата најголема тите кога ќе излезат желба... надвор од контрола? Најтешко ми беше пред 13. Кога ќе се по 6. Најмногу се пр дн ап околу четири години, ија м, најчесто: онаоѓам во песнат а... кога имав еден стресен 7. Најмногу се плаш период од животот. ам од... Се бавев со бизнис и 8. Знаеш дека таа тогаш си реков дека тоа е вистинската кога. .. 14. Особината шт не е за мене. Подоцна о најмногу ме не рвира кај луѓето е: повторно се вратив на 9. Кај себе најмно старите патеки и живогу го ценам... тот ми тргна. Музиката 10. Никогаш не би е мојата пасија и профеме привлекла: сија и никогаш повторно нема да си дозволам да 15. Помеѓу моит избегам во други води. е песни има и не колку автобиографски: бро на љубовен план. Секој има да сподели свое искуство и затоа се тука родителите и другарите. Кои се најважните женски ликови во твојот живот?

СУМ МНОГУ ФИН.

Мајка ми, двете мои покојни баби, девојка ми и Sade. Се замислуваш ли наскоро како семеен човек? Што мислиш, каков татко ќе бидеш?

А) РАЗБИРАЊЕ Б) СЕКС В) ВЕРНОСТ НЕ САКААТ ДА РАЗБЕР Г) АТ. ДРУГО (НАВЕДИ) LOS ANGELES, BARCELON A, А) ВРСКА НА ДАЛЕЧИНА ERUSALIM... Б) ЉУБОВ НА ПРВ ОГЛЕД В) ВРСКА БЕЗ ОБВРСПКА ЌЕ СЕ ОСТВАРИ ЗА МНО ГУ Г) ДРУГО (НАВЕДИ) БРЗО ВРЕМЕ. А) ПОВЕЌЕ ЗБ ВА ИМА МНОГУ! М Б) ВЕДНАШ СИОРУ Л ЕГ Н В) СЕ РАСПРАВАМ УВАМ ЛАКОМОСТА НА ЛУЃЕТ О. Г) ДРУГО (НАВЕДИ) ЌЕ ЈА ВИДИШ, УШТЕ ВО ПРВАТА СЕКУНДА. А) МРЗЕЛИВОСТА Б) ДРСКОСТА СВОЈОТ ИНТЕЛЕКТ. В) АРОГАНЦИЈАТА А)ДЕВОЈКА СО Г) НЕТРПЕЛИВОСТА ЛЕКСИ Б) ЉУБОМОРНАКОДМЕВПОЈ Д) ДРУГО (НАВЕДИ ) В)ЗДОДЕВНА ДЕВОЈКА КА Г) ДРУГО (НАВЕДИ) А)ДА 52 UNIQUEАПРИЛ 2011 Б) НЕ

СО СПОНТАНОСТ.

Животот има некоја амплитуда кај сите, нели? Некогаш сме горе, а некогаш... Наброј три работи што те прават екстремно среќен. Љубов, музика и спорт. Што правиш во слободно време? Имаш ли друга љубов покрај музиката? Многу сакам да патувам, да читам, да гледам филмови, инаку многу ретко гледам ТВ, сакам да возам велосипед и ролери, вежбам јога, tai chi chuan и кунг фу. Во последнава година почнав и со фитнес, но не сум баш редовен. Колку се грижиш за тоа што јадеш и што пиеш? Каде најмногу сакаш да ручаш и кое е јадењето без кое не може да помине ниту една недела? Многу голем гурман сум и сакам секаква кујна, но човек мора многу да внимава што јаде затоа што нема никаква добивка од дебелината. Во моментот сум само на посна храна, ништо од животинско потекло цели 6-7 недели. Моите готват како мајстори, а во Македонија има толку многу добри ресторани и кафеани што во тој поглед може светот да ни позавиди. Се врзуваш ли за подароци или предмети? Има ли некој предмет што никогаш нема да го фрлиш? Гитарите, никако не можам без инструментите! 


Женствени во

светлото на денот

Модели: Ана Коцева / Модна агенција: Мак Моделс / Шминка и фризура: Студио Диенси/ Шминкано со: Bourjois / Фотограф: Марко Маркоски




ОВА Е СКРАТЕНА ВЕРЗИЈА НА СПИСАНИЕТО

ЗА ЖЕНИ - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


ЏИНС ЗАСЕКОГАШ

UNIQUEFashion

Модели: Елена Гугоска / Модна агенција: Подиум/ Шминка и фризура: Студио Диенси/ Шминкано со: Bourjois / Фотограф: Марко Маркоски


UNIQUEFashion


UNIQUEFashion

o в и н ж e H a j o б a p д пу

те и дречливи и ен р а ш д о а в а гл Ако ви е преку ете нешто вакво. Смирено парчиња... Одбер во боја на пудра и нежно


Л eтнuoт xuт ТРОПА НА СИТЕ ВРАТИ! Цветовите се неизбежни за секоја пролет, но оваа освен што посакуваме да ги гледаме како ја разубавуваат природата, пожелно е да го разубават и нашиот гардеробер. Тие се насекаде, во секој излог и се толку шарени што не можеме, а да не ги забележиме.



UNIQUEFashion

Mодна uлустрација

Тие се слатки, неодоливи и одлични за секоја пригода. Во ком­би­на­ ци­ја со сако за на работа, со кратки панталончиња за на кафе, а со припиено здолниште со висок струк - одлични за во диско


UNIQUEFashion

Coнцeтo ВО БОИТЕ НА

Сонцето не прави посреќни, порадосни и посебно расположени. А кога сме такви ние сакаме да носиме ведри бои што не враќаат во детството


UNIQUEFashion

Пpaшajтe гu МОДНИТЕ

уредници

Бојана Максимовска моден уредник во Unique

Даниела Милеска

фризер од фризерско - козметичкото студио Диенси

СТИЛИСТОТ ВЕЛИ:

ФРИЗЕРОТ ВЕЛИ:

Морнарската комбинација не е единствена што можете да ја направите со бело-сините панталони. Најлесно и наједноставно е да ги носите со бела блуза, маица или пуловер. Но, ако сакате да бидете права морнарка, облечете ги со црвена или со тегет блуза. Ако ги носите со тегет, не заборавајте да ставите црвен детаљ, како брош, шнола, капа и слично. Внимавајте да не се натрупате премногу па да изгледате како да сте задоцниле со маската за 1-ви април. Безбедни сте доколку ја користите црвената боја преку деталите, но тоа не значи дека не може да направите комбинација во ист стил со доминантна црвена боја. Облечете црвено здолниште или панталони, сино-бела маичка во пруги и бел кардиган.

Посветлата нијанса совршено би се вклопила со вашите темно зелени очи и вашиот бел тен. Но, бидејќи имате темни веѓи, не препорачувам да експериментирате со премногу светли бои. Најсоодветна и најсигурна е бојата на мед во комбинација со посветли прамени. Совршено би ви стоела и црвена боја на коса, како најактуелна и најбарана сезонава. Мој предлог за вашите зелени очи е бакарната нијанса. Ако не ви е во план да ја менувате природната боја на коса, но сепак сте желни за мали промени и освежување на изгледот, шатирањето е најдобрата опција. Кажете му на вашиот фризер, на долниот дел од косата да издвои подебели прамени, а на горниот потенки. Доколку имате шишки, задолжително прамените нека бидат почести во тој дел, но нека не бидат премногу светли. На тој начин ќе добиете убав и егзотичен изглед.

Гледам дека во бутиците се почесто носат морнарска гардероба. Дома имам бели панталони со сини линии, па дали ќе биде смешно да ги облечам? Не знам како целосно да го дополнам изгледот?

64 UNIQUEАПРИЛ 2011

Имам бел тен, темно зелени очи, темни веѓи, а природната боја на коса ми е темно кафена. Дали мојот тен може да поднесе посветла боја и која би била таа?

Снежана Богатиновска козметичар од фризерско - козметичкото студио Диенси

КОЗМЕТИЧАРОТ ВЕЛИ: Акните на телото, не се разликуваат многу од акните на лицето. Тие можат да бидат генетски, па доколку еден од членовите на семејството има проблем со акни, можноста да ги имате и вие е многу голема. Грбот и деколтето, важат за подрачја најсклони на акни, но далеку посериозни бидејќи порите на овој дел од телото се поголеми, а кожата подебела. Зголеменото лачење на себум, наталожените мртви клетки и присуството на бактерии се само дел од причините за настанување на акните на деколтето. Маснотиите и мртвите клетки ги затвораат порите, а кога на истото место ќе се најдат и бактерии, тогаш настануваат митесери кои полека се претвораат во акни. За да се отстрани овој проблем, потребно е да се внимава на дневната хигиена како на лицето така и на телото. Редовно правете пилинг и користете тоник за да одржувате хидратација, а воедно да ја отстраните целата нечистотија од порите за да може кожата да дише.

На градите почнаа да ми излегуваат мозолчиња што не беше случај претходно. Дали треба да ги третирам на ист начин како оние на лицето?


Чucтaтa KO Ж A ceкoгaш вo MOДA

3

а соодветно да ја отстраните шминката сѐ што ви треба е тоник или млеко за вадење шминка. Целта не е да го истриете лицето додека да ве заболи. Не заборавајте да го измиете делот каде почнува косата и каде завршува вилицата, посебно ако користите пудра. Еве неколку совети кои треба да ги практикувате.

Мијте го лицето пред спиење

... посебно ако имате шминка на лицето. Ако сакате да имате убава и сјајна кожа кога ќе се разбудите тогаш мора да ја извадите шминката. Повеќето жени користат тоник бидејќи чувствуваат како им ги отстранува сите траги на нечистотија, маснотија и шминка. Меѓутоа повеќето експерти за убавина се согласуваат дека тониците се непотребни. Повеќето прочистувачи кои денес се продаваат

82 UNIQUEАПРИЛ 2011

Bourjois Demaquilllant отстранувач на шминка околу очи 290 ден.

завршуваат подобра работа при отстранување на сета нечистотија дури и по најтешките неуспеси со шминка. Додека тонерот покрај шминката отстранува и природни масла, прочистувачот ја отстранува само шминката и ви ја остава вашата кожа убава и мазна.

Не користете влажни марамчиња

Avon Anew Platinum 250 ден.

Жените мислат дека влажните марамчиња се направени да бидат нежни за бебешката кожа, па според тоа би требало да бидат нежни и за лицето. Но, кожата на бебињата не е покриена со шми­нка за која треба специјални состојки за да ја отстранат. Одберете го L’occitane Immortelle прочистувачот споотстранувач на ред типот на кожа. шминка 1.050 ден. Ако имате многу сува кожа, од­бе­рете прочистувач во вид на масло, а ако имате масна кожа, размислете за прочистувач во вид на пена.

L'Occitane Angelica гел за

Oriflame Essentials 3 in 1

чистење лице 1.050 ден.

гел за чистење лице 189 ден.

Avon Solutions гелови за чистење лице 229 ден.


очи во БОЈА

UNIQUEFashion

Барем на кратко заборавете на едноставната шминка и црната боја. Оваа сезона треба да се нашминкате со јаки и интензивни тонови, храбро и беспрекорно да ги истакнете очите и заводливиот поглед што го имате. Ние ќе ви дадеме неколку предлози што се надеваме дека во прва прилика ќе ги искористите, само храбро и без двоумење.

Bourjois

Max Factor Xperience

сенка за очи 490 ден.

маскара 760 ден.

Avon Fresh Jade

двобојни сенки за очи 249 ден.

Essence Colour&Shine сенка за очи 195 ден.

Max Factor Smokey Eyes сенки за очи 600 ден.

Deborah Glitter

Bourjois

туш за очи 450 ден.

сенка за очи 490 ден.

Max Factor Smokey Eyes Givenchy Le Prisme

сенки за очи 600 ден.

сенка за очи 1.400 ден.

Artdeco Perfect Definition маскара 820 ден.

Essence

сенка за очи 139 ден.

Essence Duo

двобојни сенки за очи 179 ден.

 АПРИЛ 2011 UNIQUЕ 87


UNIQUEFashion

за Тренд рапорот2011 пролет/лет

ПОСЛЕДНИТЕ

МОДНИ ИДЕИ НА ДОМАШНИТЕ ДИЗАЈНЕРИ

Заземете го вашето место во прв ред и дознајте ги сезонски најактуелните комбинации што продефилираа на модните ревии.

Ристо Бимбиловски

Pre - Fall 2011, колекцијата на нашиот најуспешен дизајнер чија работа е добро позната во Париз, Милано и Њујорк, претставува продлабочување на претходните колекции. Геометрија на природата, аплицирана во современа гардероба изработена од лесни материјали во повеќе бои меѓу кои најмногу доминираа сината, виолетовата, розовата, црната и крем. На креациите можеа да се забележат и рачно изработени плетени додатоци.

Олгица Ѓеоргиева

Најновата колекција наречена „9“ претставува креативна варијанта на софистициран футуризам. Во колекцијата може да се забележи специфичниот спој на бои изразен преку деталите кое секое парче го прави неповторливо. Особено ги издвојуваме целосните панталони со впечатлив ремен на половината, како задолжително парче облека за пролетната сезона.

Ludus Loves Fashion

и нејзините основачи Елена Апостоловска и Драган Христов, излегоа со новата пролетна колекција именувана како „Lost to Love“. Во колекцијата доминираат куси здолништа и фустани во бела и портокалова боја со дискретни црни детали и впечатливи панталони до колена. Во колекцијата ќе се препознаат и љубителите на класиката и оние кои сакаат доза на ексцентричност.

88 UNIQUEАПРИЛ 2011


UNIQUETИ&TOJ

Сите лица на

ЉУБОВТА Зошто страста од првиот ден не е со ист интензитет?

Да се биде во врска е исто како да се возите на ролеркостер, никогаш не знаете кога ќе налетате на кривина, надолнина или стрмнина. Но, тоа неповторливо чувство поседува исклучителен магнетизам кое ви дава поттик да пребродите сѐ.

P

аботите ќе беа многу поедноставни доколку животниот пат на љубовта беше праволински. Почнувате од точка А - се заљубувате,продолжувате кон точка Б - станувате пар и на крај стасувате до последната точка - среќни до крајот на животот. Но, во реалноста, љубовниот пат подразбира безброј сопки. Разнишана доверба, кавги, маани, неподнослив карактер... одеднаш паднавте во недоумица. Дали можеби завршивте со тотално погрешен тип??? До пред некој ден вашата врска се чинеше совршена. Дали се работи само за минлив период? Нема да дознаете додека не си дадете шанса, а љубовта секогаш го заслужува тоа. Врските се циклични и соочувањето со кризите не само што е неизбежно, туку е неопходно. Длабочината на емоциите и поврзаноста

90 UNIQUEАПРИЛ 2011

ја градат пребродените кавги, а да не зборуваме колку добар секс паѓа после расправија.

...на почеток на врската

Првото поврзување со новата љубов значи и селидба на нова планета. Тој е совршен, без маани, од устата му излегуваат само златници, нема сличен на него. Секој состанок е поинаков од претходниот и тој навистина знае како да ве засмее. Имате чувство дека сте во екстаза, не ви се јаде многу, денот сакате да трае подолго, а мозокот едноставно одбива да размислува рационално. Мистериозна и мистична е фазата на затрескување (обично трае од 3 до 6 месеци), но всушност постои научно објаснување за тоа: во прашање се хормоните. Тој не прави ништо особено, пие кафе, но и покрај тоа вие не можете да ги сопрете пеперутките во стомакот гледајќи го , ви звучи познато? Во една

студија, 84% од жените се сетиле на точните зборови на нивниот партнер уште од почетокот на врската, а 90% од нив секојдневно сонуваат да ги вратат тие денови. Дали ќе го ставите на пиедестал, ќе бидете по цел ден со него, ќе подзаборавите на пријателките, ќе ја занемарите кариерата, на стартот сѐ е прифатливо. Не смее да помине незабележан фактот дека сте ја пронашле љубовта, бидејќи за кусо време таа ќе ја смени формата. Колку и да звучи неверно, луѓето покажуваат тенденција да заборават кои беа добрите страни на саканиот, но ако го набљудувате од позиција на странец, многу брзо ќе се сетите зошто всушност се заљубивте во него.

...по шестиот месец

И што се случува после 6-тиот месец? Повеќе не го пишувате неговото име во срце на секое ливче што ќе го најдете на бирото, а водењето љубов по цела ноќ стана премногу напорно и ви донесе опомена од работа за доцнење. Сега одите кај него со намера да гледате филм и заспивате после првите 10 минути. Ако сте поодморени, може и да го наградите со една партија секс и веднаш после тоа го терате да ве

носи дома. Повторно не остана време за милување. Што се случи? Дали се презаситивте од него или неговите одвратни навики ви сметаат повеќе отколку што мислевте? Научното објаснување гласи дека престанало да се лачи адреналин, а тоа ги зголемува шансите да посакате да раскинете. Зар мислевте дека рајските денови ќе траат вечно, не залудно ви велевме да ги искористите до максимум. Колку и да звучи разочарувачки, ова е одлична фаза за да се вратите на планета Земја и реално да размислите дали човекот покрај вас вреди да остане. Можеби сексот не е првата работа што ви паѓа на памет кога ќе го видите, што не беше случај претходно, но тоа само отвора прилики за подобро да го запознаете. Ова е проверено успешен


UNIQUETИ&TOJ

пат за една врска да созрее. Еве пробајте да го запознаете со пријателките или колешките од работа, ќе видете страна од неговиот карактер што никогаш немаше да ја дознаете ако не одлучевте да излезете од спалната.

...по една година

По силните бранови, следува пловидба по мирно море. Вие влеговте во зоната на комфор и сигурност. Упорното зјапање во досадниот филм трае само поради тоа што не сакате да го прекинете лежењето во неговите прегратки. Демоните и стравовите не ви можат ништо се додека е тука, покрај вас. Повеќе не се заморувате со тоа каква ви е косата и дали убаво сте ги покриле мозолчињата на челото. Тој ја запозна вашата

природна убавина и му се допаднавте заедно со бенките по телото кои толку многу ги мразите на себе. Ова е време кога треба да се вратите на приоритетите што ги имавте пред да влезете во врска. Ако на почетокот работата трпеше поради него, дојде денот кога тој треба да покаже разбирање поради вашите обврски. Тоа што не сте се виделе неколку дена по ред не треба да ве загрижува во моментот кога ќе треба да му се јавите и да му кажете дека повторно нема да можете да се видите. Кавгите ќе бидат поретки и од празниците ако не ја штедите сопствената љубов и ако воспоставите баланс во животот. Ниту една сфера не треба во целост да го окупира вашето внимание бидејќи секогаш останатите ќе страдаат.

...по пет години

Толку убаво ги поставивте нештата во односот, што тој не ни помислува да се побуни што го откачивте поради кафе средба со пријателките. Кога ќе подразмислите, вие повеќе наликувате на најдобри пријатели отколку на љубовници кои постојано имаат за нешто да преговараат. Каде е онаа доза на љубомора што ви даваше на знаење дека сѐ уште сте најважната личност во неговиот живот? Повеќе нема страст, нема нелогични кавги, нема секс за помирување, навидум сѐ изгледа совршено, а не е, бидејќи вам никогаш не ви било подосадно. Се прашувате дали станавте од оние парови кои го одржува навиката, а не пасијата? Едноличноста во врската е логична по-

следица на комфорната зона. Голема е веројатноста вие да сте станале досадни, а не врската. Тоа најчесто им се случува не девојките кои забораваат да ги негуваат пријателствата во погорните фази од врската, а тие се неопходен извор на енергија кои ве прават забавни партнери. Можеби дојде време да се позанимавате со некое хоби или да излегувате на поинакви места од оние до сега.

...до крајот на животот

Уште многу среќни и несреќни моменти, кавги и секс средби. Љубовта ќе ја менува формата, ќе станува позрела и стабилна, но се додека е тука, нема да има простор да мислите на крај. 

 АПРИЛ 2011 UNIQUЕ 91


Што да читате овој месец? Unique препорачува: РАЗУМ И ЧУВСТВИТЕЛНОСТ

Џејн Остин

Андре Бретон

Андре Бретон

Нараторот, Андре, станува обземен од жената која случајно ја сретнува на улица, и со која веднаш започнува разговор. Станува зависен од секојдневните средби со неа, кои понекогаш завршуваат со по некој бакнеж. Тој е навистина фасциниран од нејзините погледи на светот, и со секој нов разговор дознава нови работи кои познанството го носат во неочекувана насока.

ПОЛИЊА СО ДИВИ НАРЦИСИ

Винка Саздова

Писмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непроменливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека во-

ORLANDO

НАДЈА

ORLANDO

Orlando - Ânajdolgoto i najsimpati~noto qubovno pismo vo literaturata∏, se protega niz tri veka ispolneti so avanturi. Na po~etokot na romanot, Orlando e mlad angliski blagorodnik koj `ivee vo vremeto na Elizabeta Prva. Kon sredinata na romanot, kako ambasador vo Konstantinopol, se budi edno utro i sfa}a deka stanal `ena. Romanot, niz ironija i farsa, ja razgleduva ulogata na `enite vo 18-tiot i 19-tiot vek. Na krajot od knigata, vo 1928 godina, Orlando - sega sopruga i majka - stoi na ~ekor od idninata koja{to nosi nova nade` i vetuvawa za `enite.

VIRXINIJA VULF

cyan magenta yallow black

нАдЈА

VIRXINIJA VULF

Naslovna Orlando 2 indd 1

општо ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?

РАСПРАВА ВО ТРОЈКА

Џулијан Барнс

Оригинален роман со безвременска тема - прељубата. Во овој љубовен триаголник, трите лика наизменично ја раскажуваат приказната од своја перспектива, во прво лице. Стјуарт Хјуз и Оливер Расел се најдобри пријатели од мали нозе, а се сосема различни карактери: банкарот Стјуарт е помалку несигурен и здодевен, а пак професорот Оливер е духовит, речит и помпезен. Но кога Стјуарт ја запознава убавата, а приземна реставраторка Џилијан Вајат, Оливер просто не може да поверува. Со потајна мисла дека Џилијан заслужува некој како него, тој се влече по вљубениот пар на нивните рандевуа па дури и прифаќа да им

cyan magenta yallow black

„Разум и чувствителност “- е една чудесно забавна приказна за младешкиот живот на две сестри, Елеонора и Маријана. Тие се сосема различни по карактер - едната е разумна, претпазлива и мирна, а другата емотивна и диво романтична. И двете се во потрага по сопруг, но ниту разумноста на Елеонора, ниту страста на Маријана не можат да им донесат совршена среќа - Маријана се заљубува во нескрупулозен неранимајко, а Елеонора се приврзува кон човек што е веќе свршен. Возбудливи тајни, неочекувани пресврти и сурови предавства стануваат дел од игрите што треба да ги доведат до брак.

24 09 2009 11:12:46

биде кум на свадбата. Но набргу по свадбата, кумот го прави најнеочекуваното, ѝ изјавува љубов на жената на својот најдобар пријател. Тогаш двајцата најдобри пријатели стануваат најголеми ривали.

ОРЛАНДО

Вирџинија Вулф

„Најдолгото и најсимпатичното љубовно писмо во литературата“, се протега низ три века исполнети со авантури. На почетокот на романот, Орландо е млад англиски благородник кој живее во времето на Елизабета Прва. Кон средината на романот, како амбасадор во Константинопол, се буди едно утро и сфаќа дека станал жена. Романот, низ иронија и фарса, ја разгледува улогата на жените во 18-тиот и 19-тиот век. На крајот од книгата, во 1928 година, Орландо - сега сопруга и мајка - стои на чекор од иднината којашто носи нова надеж и ветувања за жените.  АПРИЛ 2011 UNIQUЕ 97


Living

3

ПАТИ почесто жените посетуваат доктор од мажите

Вашите здравств ени

30 кога –

30 ТОГАШ Мамурлак, забоболка, воочливи подочници, возне­ми­ре­ност – научете како да си помогнете во ва­кви ситуации без да повикате 194.

1

КОГА: Носот ви тече како чешма ТОГАШ: Наполнете ја дланката со обична вода

во која ќе ставите малку сол. Шмркнете од водата и издувајте го носот. Ќе биде чист во следните неколку часа.

2

КОГА: Имате грчеви во стомакот ТОГАШ: Загрејте памучна крпа и поставете ја

на стомакот. Ќе ги олабави грчевите додека почне да дејствува апчето против болка.

3

КОГА: Сте мамурни по журот од мината-

та вечер и чувствувате дека ќе повратите секој момент ТОГАШ: Наполнете чаша вода и ставете малку мелен ѓумбир. Промешајте и испијте ја, ѓумбирот го смирува стомакот за миг.

4

КОГА: Го чувствувате забниот плак, но немате четка за заби за да го отстраните ТОГАШ: Каснете крцкаво овошје или зеленчук. Јаболкото и морковот се одлично решение во вакви ситуации.

102 UNIQUEАПРИЛ 2011


Living

Моите навики

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Се хранам здраво и пак сум дебела!

Зошто?

Неодамнешната студија вели дека мозокот е виновен што луѓето се дебелат и покрај тоа што исклучиво се хранат здраво. Кога некоја храна ќе го добие епитетот здрава, мозокот по автоматизам заклучува дека таа не заситува, што не е случај ако помислите на чоколада. Токму затоа луѓето јадат повеќе од вообичаено кога пред нив се наоѓа само сад со салата. Затоа не фокусирајте се на етикетата „здрава“, туку само на вкусот – велат нутриционистите.

Кој е попаметен избор?

Пробиотик + инулин

Совршена комбинација против остеопороза

Чоколадни колачи

410 kcal МАСТИ: 24 грама КАЛОРИИ:

Иако нема некоја нутритивна вредност, сепак тие се помалку калорични и само 7% од вкупно 24 грама масти се заситени.

Сладолед

КАЛОРИИ: 540 kcal

МАСТИ: 30 грама

Благодарение на млекото, ова е десерт што изобилува со калциум. Но, дури 22% од присутните масти се заситени и штетни за организмот.

се зголемува нивото на тестостерон кај мажите кои земаат суплементи во комбинација од цинк, магнезиум и витамин Б6.

ПОЛНИОТ МОЧЕН МЕУР нé прави помудри Истражувачите не се согласуваат со тезата дека полесно се размислува со полн стомак. Доколку морате да донесете важна одлука од која зависи вашата среќа во иднина, сторете го тоа со полн мочен меур. Додека го контролирате мочниот меур полесно ја контролирате и личната способност за одлучување - велат истражувачите. Mirjam Tuk од универзитетот во Холандија, сакала да открие што се случува со луѓето кои имаат од-

106 UNIQUEАПРИЛ 2011

лична контрола врз мочниот меур. Во истражувањето биле вклучени две групи на луѓе кои биле замолени да испијат 7,5 децилитри вода. На течноста и се потребни 40 минути да дојде до мочниот меур, исто толку време им било дадено на испитаниците за да донесат 8 одлуки. Секоја од нив била поврзана со мала награда која можеле веднаш да ја освојат, а следувала и поголема за оние кои решиле да размислат.

И официјално е потврдено, комбинацијата од пробиотик и инулин го подобрува имунитетот. Ваквата комбинација, особено им се препорачува на жените во зрелите години бидејќи е одличен сојузник во борбата против остеопороза. Инулинот го поттикнува искористувањето на калциумот и магнезиумот кои се важни за одржувањето на коските. Пробиотикот ја зголемува отпорноста на слузницата на цревата на бактерии и габи, кои најчесто предизвикуваат заболувања и овозможува подобро искористување на минералите и останатите здрави состојки од исхраната. Една чаша дневно од Вива јогуртот што ја содржи неопходната имуноформула, ќе придонесе за силен имунитет кон кој тежнеете.


Living

Жени,

МАЖИ,

алкохол...

Има ли посилна половина кога се работи за алкохолни пијалаци?

H

а средина на неделата вие веќе почнавте да размислувате каде ќе одите за викенд. Не, не зборуваме за романтично патување; за голем број од македонските жени поинтересно стана „алкохолизирањето“ за викенд со пријателките, отколку патување надвор од градот со партнерот. Чувството што го имате во петок штом помине 16 часот е незаменливо, и нетрпеливо очекувате да пристигнете дома за да се дотерате. За среќа, една од вашите пријателки остана сама, па ќе може да пиете на раат. Само ѕидовите знаат што се случува помеѓу нив. Раскажете им го ова сценарио на вашите родители и гарантираме дека ќе следува двочасовна дебата за тоа дали на жените им прилега да пијат. Новите истражувања не даваат одговор на ова прашање, но одлично го образложуваат односот на мажите и жените со алкохолот. Како и на сите други полиња, така и на ова значително се разликуваме од посилниот пол. Ако имате обичај да излезете и да се напиете со партнерот, претпоставуваме дека откако забавата ќе заврши се карате кој да вози накај дома. Тој ве убедува дека е способен да седне зад воланот и безбедно да ве довезе дома, но едноставно не сакате да верувате во тоа. Застрашувачки е фактот дека луѓето воопшто се осмелуваат да пијат кога знаат дека на

крајот треба да влезат во автомобил, а ако често практикувате да пиете и да возите, се надеваме дека знаете колку сте среќни што сега го читате ова. Како и да е, американските истражувања покажале дека жените пијат алкохол со поголема доза на одговорност од мажите, односно поверојатно е пијана жена да дозволи да ја вози некој трезен или да повика такси. Ова, секако, не значи дека жените не може да станат проблематични под дејство на алкохол; напротив, некои жени и тоа како знаат да направат скандал после чашка повеќе. Но колку во просек пијат жените? Истражувањата покажале дека просечна жена пие најмногу шест чаши алкохолен пијалак неделно, додека мажите пијат две повеќе од нив. Оттука може да се заклучи дека жените трошат помалку време и помалку пари на алкохол. Знаете, за мажите алкохолот може да стане нешто слично на хоби, па во една недела еден маж троши барем двојно повеќе пари на алкохол од една жена. Просечниот човек, пак, без разлика на полот, смета дека 6 пијачки во една вечер е прекумерно консумирање на алкохол. Мажите почесто пијат сами, а 70% од нив признаваат дека може да испијат 2-3 чашки додека уживаат покрај некој шанк. Жените пијат помалку кога се сами, но затоа кога се во друштво случајот е поинаков. Освен тоа што постои можност „здраво“ да се напијат во друштво на пријателките, 13% признале дека дошле мамурни на работното место, наспроти 21%

од жените тврдат дека за добра забава потребно им е да се напијат. 16% од мажите го потврдиле истото.

110 UNIQUEАПРИЛ 2011

од мажите кои рекле дека го направиле тоа. Секако, не смееме да ги заборавиме оние кои воопшто не успеале да стигнат на работното место – 19% од жените кажале дека се онесвестиле, повраќале или завршиле на чистење на стомакот барем еднаш во животот. Мажите не се исклучок, односно двата пола идентично реагираат на алкохолот. Негативните ефекти се јавуваат и кај мажите и кај жените, иако владее мислењето дека жените се посклони на последиците од пиење алкохол. Каде сте и со кого има големо влијание на тоа колку ќе испиете. Добрата вест е тоа што жените покрај тоа што повеќе се контролираат, голем дел од нив не пијат алкохол на семејни собири, пред деца или на работното место. Поточно, секаде каде што може да се засрамат. Сакаме да веруваме дека успевате желбата за пиење да ја одржите во нормала, ако воопшто ја имате. Експертите не тераат да мислиме дека една чашка алкохол, односно вино на ден е добра за здравјето, но социјалните околности лесно може да ве убедат дека потребно ви е повеќе. И така, додека се свртите, може да завршите во некој јавен тоалет во прегратка со ВЦ – школката. Навистина не ви е потребно тоа, нели? 

ПОСЕТИТЕЛКИТЕ НА notformen.mk РЕКОА:

Колку често консумирате алкохол? За викенд 57% Не консумирам 35% Скоро секој ден 7,2%


ОВА БЕШЕ САМО МАЛ ДЕЛ ОД НОВИОТ БРОЈ НА

СПИСАНИЕТО - UNIQUE

ПОБАРАЈ ГО КОМПЛЕТНОТО СПИСАНИЕ НА НАЈБЛИСКАТА ТРАФИКА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.