7 minute read

ИНТЕРВЈУ

34

МЕТОДИЈА МИНОСКИ

Advertisement

РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНА СРЕДИНА, ПРОКРЕДИТ БАНКА

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА СЕ САМО ДЕЛ ОД НАШИОТ ОДРЖЛИВ МОДЕЛ НА УПРАВУВАЊЕ

Освен електромобилноста, користиме обновливи извори на енергија, применуваме високи технички стандарди при изборот на материјали за изградба и реновирање на нашите објекти, избираме опрема со највисок степен на ефикасност, соодветно го селектираме отпадот кој го креираме во Банката и работиме на редовна едукација на нашите вработени во овој домен. Ваквиот пристап придонесува, во континуитет, секоја година да ја намалуваме употребата на енергија, хартија, вода, гориво, при континуиран раст на нашите бизнис операции

ПроКредит Банка е една од првите компании во Македонија со значаен возен парк од електрични возила. Може ли да ни кажете повеќе за почетоците и колку долго користите електрични возила во секојдневното работење? Електромобилноста ја носи новата ера во придвижувањето на возилата. Технологијата не е нова, меѓутоа покрај возилата на внатрешно согорување, електромобилноста не можеше да добие реална шанса за да се позиционира на пазарот како транспорт со алтернативен извор на енергија. Во ПроКредит Банка првите електрични возила ги набавивме уште во 2015, по претходно позитивно искуство со хибридно возило кои го имавме уште од 2013 година. Во минатото возевме возила исклучиво придвижувани од фосилни горива, за да веќе во последните 6 години полека се преориентираме, а сега веќе доминантно се придвижуваме кон користење електрични возила. Почетоците на нашата електромобилност не беа едноставни, од причина што возилата не беа застапени на нашиот пазар, дополнително и немаше развиено инфраструктура за нивно сервисирање. Исто така, беше предизвик мрежата за попатно полнење, која не е доволно развиена, со што бевме и до одреден степен и сѐ уште сме ограничени да ги користиме на релативно кратки дестинации. Во првата година купивме четири возила и постепено ја зголемувавме бројката за сега веќе возниот парк да ни брои 10 електрични и 1 хибридно или 70% од нашиот вкупен возен парк. Какво е вашето искуство со електричните возила? Возилата доминантно ги употребуваме во градска средина или средини оддалечени до 100 километри во еден правец. Ова се должи пред сѐ на автономијата која нашите возила ја имаат во моментов, како и не доволно распространетата мрежа на брзи полначници со еднонасочна струја. Со електричните и хибридните возила до сега поминуваме под 40% од вкупните километри кои годишно ги правиме. Меѓутоа, како што новата технологија овозможува поголема автономија на движење со едно полнење на батеријата, така и овие возила ќе можат да се користат и на подолги релации. Мрежата за полнење на електричните возила дополнително влијае на нивната употреба. Со развојот на мрежата на полначници на електричните возила дополнително ќе се стимулира употребата на овие возила, а во овој домен ПроКредит Банка има поставено 3 полначници за јавна употреба кои се поставени на две локации во Скопје. Во прилог на електромобилноста во Македонија одат и најавите на пазарот од заинтересирани компании за инвестиции во брзи полначници. ПроКредит Банка го набави новиот модел на Фолксваген ИД 3, може ли да ни кажете нешто повеќе за ова? Овој месец возниот парк го обновивме со две нови електрични возила од марката Фолксваген ИД 3. ПроКредит Банка е првата компанија која ги воведува овие возила во сопствениот возен парк, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. Со едно полнење се очекува да се поминат преку 400 километри, со што ова возило комплетно ги задоволува нашите потреби на патување, дури и да немаме потреба или опција за дополнување на батеријата додека сме на пат.

За ПроКредит Банка грижата за животната средина и заложбите за намалувањето на нашиот негативен импакт кон опкружувањето беше основната причина да започнеме со менување на нашиот возен парк. Во нашата банка негуваме еден одржлив модел на управување во кој еколошката и општествената одговорност одат рака под рака со

деловните остварувања.“, вели Миноски.

35

Каков е ефектот на опкружувањето на електричните возила во однос на возилата со внатрешно согорување? Емисијата на штетни гасови кои се ослободуваат при согорување на горивото има значаен негативен импакт кон климатските промени и глобалното затоплување но и директно врз степенот на загадување на воздухот со ПМ честички. Електромобилноста во овој домен помага, но, не е помалку важно кој е изворот на електричната енергија која се користи за придвижување на електричните возила. Струјата произведена согорувајќи јаглен преку термоелектраните исто така придонесува за емисија на стакленички гасови и аеро загадување. Затоа, за да не замениме едно фосилно гориво (нафтата) со друго (јагленот) најдобар импакт кон опкружувањето се остварува доколку струјата за електричните возила се произведува од обновливи извори на енергија. Во ПроКредит Банка имаме сопствена фотоволтаична централа за производство на струја, од која 25% од вкупната произведената струја целосно ги задоволува потребите за нашиот електричен возен парк. Доколку на аеро - загадувањето се додаде и бучавата која се создава возејќи конвенционални возила и ефектот на здравјето, има многу причини зошто треба да размислуваме на примена на електричните возила. Од каде произлезе иницијалната идејата на ПроКредит Банка за купување на електрични возила? За ПроКредит Банка грижата за животната средина и заложбите за намалувањето на нашиот негативен импакт кон опкружувањето беше основната причина

36

Овој месец ПроКредит Банка го обнови возниот парк со две нови електрични возила од марката Фолксваген ИД 3. ПроКредит Банка е првата компанија која ги воведува овие возила во сопствениот возен парк, не само во Македонија, туку и пошироко во регионот.

да започнеме со менување на нашиот возен парк. Во нашата банка негуваме еден одржлив модел на управување во кој еколошката и општествената одговорност одат рака под рака со деловните остварувања. Свесни сме за нашето влијание кон околината и системски пристапуваме кон подобрување на нашиот еколошки придонес. Она што нас нè издвојува од останатите, ова не го правиме декларативно, но издвојуваме сериозни ресурси и во институцијата постои организациска поставеност, која активно се грижи за управувањето на ПроКредит Банка со животната средина. Нашиот систем за управување со животната средина е сертифициран со меѓународниот сертификат ISO 14001 и преставуваме првата Банка на пазарот со овој сертификат. Освен електромобилноста, користиме обновливи извори на енергија, применуваме високи технички стандарди при изборот на материјали за изградба и реновирање на нашите објекти, избираме опрема со највисок степен на ефикасност, соодветно го селектираме отпадот кој го креираме во Банката и работиме на редовна едукација на нашите вработени во овој домен. Ваквиот пристап придонесува, во континуитет, секоја година да ја намалуваме употребата на енергија, хартија, вода, гориво, при континуиран раст на нашите бизнис операции. Дали вашиот систем за управување на животната средина се рефлектира и на клиентите со кои соработувате? Освен мерките кои ги применуваме во нашето интерно делување, за една банка влијанието кон животната средина не застанува тука. Преку соработката со нашите клиенти имаме огромен индиректен импакт кон опкружувањето. Од една страна, преку кредитните пласмани на Зелени кредити ги стимулираме клиентите за еколошки подобни инвестиции. Во моментов 17% од нашето кредитно портфолио е пласирано во инвестиции кои носат енергетска ефикасност, производство на енергија од обновливи извори или придонесуваат кон еколошки заштита. Од друга страна многу внимателно го проценуваме еколошкиот и општествениот ризик кој го носи секој еден проект и клиент кој го финансираме. Дополнително Банката има развиено листа на бизнис активности со чии компании не влегуваме во деловна активност заради нивниот негативен импакт на опкружувањето. Свесни сме дека ова значи губење на бизнис можности на и онака малиот пазар на кој работиме, но преку ова се покажува нашата темелна посветеност на одржливиот модел за развој на ПроКредит Банка. Во последната година ПроКредит Банка е активна и преку кампањата #Се грижам, делувам, менувам, може ли да ни објасните за што точно станува збор? Се грижам, делувам, менувам е платформа преку која нашата грижа за опкружувањето ја реализираме во средините во кои делуваме, преку општествено одговорни мерки и активности. Станува збор за различен тип на настани како што се едукативни, пошумување, собирање отпад на јавни локации или донации кои имаат за цел пред сѐ, да влијаат на степенот на еколошката и социјалната свесност и да преставуваат пример како за останатите компании, така и за сите останати во Македонија. Настаните се така организирани да нашите вработени со членовите од нивните семејства имаат можност да земат активно учество и сопствен придонес во грижата, делувањето и менувањето на нашите еколошки и општествени навики.

This article is from: